ЗАЕВ НЕ Е ОВЛАСТЕН ДА ЈА ПРОДАВА МАКЕДОНИЈА

Гордана Попсимонова

Сотир Гроздановски

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО УДАРНАТА СИЛА НА "ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА"

**************

ЗА КОГО БРМЧАТ ХЕЛИКОПТЕРИТЕ

( ТОГАШ)

 

"И секое  утро ги слушам хеликоптерите. Нивното брмчење како да сака да ми даде до знаење дека треба да си седам мирна и да не се занесувам дека нешто може да се смени во мојата држава. Дека, всушност, оваа држава и не е моја, дека мојот живот не е мој, дека мојата судбина не е моја и дека мојата слобода не е моја."

Еве вака, ја започнува својата колумна Гордана Попсимонова во Глобус пред скоро 9 месеци , поточно на 02 мај 2017 година, "ронејќи" при тоа  дробни солзи заради вооружените престрелки и загинатите млади животи кои ја завија "нејзината" држава во црно. Но за жал, не споменувајќи ја војната со истите тие Албанско-балистички вооружени формации од 2001 година кои ја завија Македонија во уште поголемо црнило, за што постојат крвави последици кои никогаш несмеат да се заборават, а најмалку да се наградуваат. 

Грешна сте, другарке Попсимонова. Сето тоа е и ваше и наше и на сите оние пред и на сите оние кои ќе дојдат после нас. Затоа не смееме да плачеме кога посакуваме да биде се' само наше, а некои на тоа се спротивставува и не ви дава за право да биде само ваше. Се е можно да се промени, до колку сметаме дека е надвор од рамките на можното, правното и праведното. Но, прво секој од нас кога ќе ги прифати тие норми на подносливо однесување.

Но што е за жалење, и да се не заборави, нашата "шарена" професорка со секој нејзин "хуман" збор се' уште стој на страната на "невините" борци за човекови права кои денес со истите тие од СДСМ и "шарената" активно учествуваат во разнебитувањето на  Република Македонија.

Зборови и размислувања за нашата заедничка татковина веќе слушнати од високата македонска интелектуална елита за времето на нивното дивеење низ македонските градови и села, во улога на "шарени револуционери", а сега покајници и кукавици, префрлувајќи ја својата вина врз оние со кои рака под рака правеа злодела и ја доведоа Македонија во длабок амбис. Зарем сега барате прочка од некого за вашата наивност, лакомост, нечесност и пред се' не благодараност спрема својот сопствен македонски народ кои со својата макотрпна работа да направи од вас добри и лојални граѓани на Македонија и воспитувачи на  достојанствени и лојални чувари на културното и историското наследство, погрешно  направи предавници и сопствени непријатели од кои може само да се срами пред себе си и пред целиот свет.

Бидејќи нејзиниот текст навистина ме заинтригира да размислам, всушност, во што е работата, одлучив да го пренесам во целост, во овој број на "Македонски Збор", заедно со  вториот текст од  15 јанауари 2018 година, како би ја сватил поарно нејзината цел и пораката која сака да ни ја испрати на сите нас. На целиот македонски народ во овие вистински опасни и деструктивни времиња, во чие стварање и реализирање и самата активно учествувала, но и самата со "добра намера" рушела се' пред себе како да е туѓо, а не на сите нас и на нашите претци.

Но најповеќе од се' заради фактот, што  и покрај сите зла во која учествувала спротив својот сопствен народ, барајќи тој да се промени а не таа и сите како неа, таа сепак не се откажува од својот "идол" туку е љубоморна на своите колеги и колешки "борци" за тоа што  "постигнале повеќе" од неа во поделбата на македонскиот колач. Затоа ли се боревте, професорке Гордана?

Таа не е сама во оваа свршена работа која со своите злосторства и на своите плеќи ја инсталира предавничкава сегашна "народна" власт која ни донесе "вистински живот и благосостојба". Ги има доста "шарени револуционери", покајници и наивци кои и денес шетаат околу наоколу по соседните Радио и ТВ станици валкајќи ја безсрамно својата сопствена земја и народ, небаре некој ќе им се сожали и додели некое суво парче "леб".

Баш така, и тоа не   обични луѓе кои со своите извалкани раце по македонските полиња и преостанатите фабрики заработувале и заработуаваат за своите животи. Туку од оние од кои обичните луѓе чекале да им донесат мир и поарен живот и добро воспитување на нивните деца. Од огромен број универзитетски професори, правници, доктори, архитекти, академици, па и свештени лица, кои од своја сопствена алчност ја продаваат дури и македонската црква.

Да ни ги воспитуваат новите македонски поколенија како се сака и брани  татковината, но да  се почитуваат и човековите права на сограѓаните од повеќето национални малцинства со кои ги споделуваат заедничките простори, на Република Македонија.

Се надевам дека ќе имате трпение заедно со мене да ја споделите "еуфоријата" за новите времиња кои луѓето на Зоран Заев ни ја донесоа но и "среќата" од заминувањето на поранешната "ненародна" власт на Груевски.

Па ево, да продолжиме со првиот текст на нашата професорка, Гордана Попсимонова:

"Пред речиси две години, по повод случувањата во кумановско Диво насеље, напишав текст со наслов 'Камбаните бијат за тебе'. Во длабока констернација од последиците на вооружената престрелка која мојата држава ја зави во црно, бидејќи загинаа млади луѓе, го наведов следново: - Верува ли некој од акционерското друштво наречено Влада на Република Македонија, дека непроживеаните радости и таги, неостварени планови и неотсонувани соништа на изгубените животи, вредат 100 илјади евра? Верува ли некој дека власта вреди повеќе од насилно прекинати човечки судбини? И затоа, јас можам да му порачам на Груевски дека ќе продолжам да протестирам пред Владата. Стоејќи и чекајќи. Додека не ги чујам камбаните".

А сега ги слушам хеликоптерите. Секое утро ме будат како предупредување и како закана. Како најава за некои поинакви биења на камбаните. Ме вознемируваат и до заби вооружените полицајци и снајперисти, кои заедно со борните коли за Велигден не чуваа од некаков замислен и измислен непријател.

Ги слушам и Груевски и Иванов и лидерите на "заедничарите" западнати во делириум од замислена и измислена опасност за државата. Знам дека не глумат лудило додека се закануваат со војна и насилство. Во име на одбрана на нешто што не е нападнато, ниту загрозено.

Ги слушам и вестите за некакви крвави сценарија, прогласување воени состојби и активирање на некакви подземни командни скривници за далечинско управување со фингирани конфликти.

Ги слушам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои бараат од СДСМ да се откажат од нешто што не е негово. Нивната театрална хистерија, исполнета со закани и навреди и силување на собранискиот деловник во функција на блокирање на волјата на мнозинството гласачи, опасно ме иритира затоа шро е одбрана на криминалот. И ништо повеќе од тоа.

Ги слушам и најавите од САД и од ЕУ дека ќе воведат казнени мерки за предизвикувачите на кризата во Македонија, а се знае кои се тие. Најавуваат и финансиски мерки против државата.

Слушам уште многу информации, која од која поцрна за Македонија: дека буџетот е празен, дека по истекувањето на мандатот на градоначалниците, илјадници вработени ќе останат без плата, дека државата тоне во презадолженост и беда, дека на земјоделците нема кој и од што да им ги исплати субвенциите, дека стопанството е пред колапс, дека во прашање е исплатата на пензиите и слично.

И секое утро ги слушам хеликоптерите. Нивното брмчење како да сака да ми даде до знаење дека треба да си седам мирна и да не се занесувам дека нешто може да се смени во мојата држава. Дека, всушност, оваа држава и не е моја, дека мојот живот не е мој, дека мојата судбина не е моја и дека мојата слобода не е моја. Дека таа им припаѓа на хеликоптерите, борните коли, специјалците, снајперистите, на лутите "заедничари", нивните уште полути модератори, односно на бандитите и разбојниците кои командуваат со нив.

А тоа ме вознемирува и ме чини гневна, затоа што никогаш не сум ни сонувала дека мојата држава еден ден ќе стане заложник на една криминална структура. Оттаму, никогаш во животот не сум била поуверена дека сум на вистинската страна. Никогаш не сум била посигурна во себе, во своите намери, цели и идеали.

И токму затоа, наместо порака до Груевски и неговите извршители, исполнители, слуги и измеќари, ќе интервенирам во една строфа од поемата "За кого бијат камбаните" од познатиот средновековен англиски поет, Џон Дон (John Donne), која подоцна станува предговор по познатиот истоимен роман на Хемингвеј:

Со смртта на секој човек

Умира дел од мене

Затоа што јас сум дел од човештвото

Затоа не прашувај за кого брмчат хеликоптерите

Тие брмчат за тебе.

*********************

"Глобус" ,

02 мај 2017 година

 

 

Професорката Гордана Попсимонова

Гордана Попсимонова

ЗА ШТО СЕ БОРЕВМЕ ?

************

15 јануари 2018 година

(СЕГА)

 

 

 

 

Професорката Гордана Попсимонова одново незадоволна и огорчена од положбата во "нејзината држава", сечилото на својот меч, сега, го впери во своите довчерашни соборци со прашањето: "За што се боревме".

За овој дел од своето незадоволство го избра новопојавениот македонски медии "Независен весник", преносник на "суперсовремени" идеи од врвни колумнисти и луѓе од перото, но не и пријателски настроени спрема својата сопствена земја и народ и  македонските национални интереси. Зошто? Па затоа што не ја чувствуваат Република Македонија како своја вистинска "домовина", а најмалку татковина и ако родени во неа и прифатени како нејзини чеда, од кои се очекува љубов и респект.

Ево што вели нашата другарка Гордана за себе од како беше отфрлена од многу кои ја почитуваа кога лицето и' беше украсено со секакви бои на современите демони:

"Многу сум лута на себе. Се чувствувам изневерена, изиграна, измамена и безнадежно наивна. Како мало дете, кое спротивно на сопствениот темперамент се труди да биде мирно, да не прави бељи, да учи, да биде послушно, да дава се'  од себе и... на крај да не го добие ветеното или очекуваното. Или како возрасен човек кој го напушта комодитетот на сопствениот дом и професијата која ја сака, да се фати во коштец со еден авторитарен режим и својата личност, чест, гордост и достоинство да го стави на подбив на разни курирци и ним слични, да го заокружуваат неговиот лик на фотографиите од протестите, да му чепкаат во интимата, да му се закануваат со пораки, да биде во постојан конфликт со средината, да му се налутат роднините, да изгуби другари, да си го напушти раатот, а на крајот да не го добие она што го барал - чесна власт, која ќе испорача слобода, правда и демократија.

Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за компетентност и стручност е партиската книшка?

За партиски членови на разни комисии кои се делат дневници и вишоци како ќе им текне? Или, пак, за оние патувања по Јужна Америка со прва класа за да се види како изгледа авантуристички туризам? Или за рекетирањето фирми од разни агенции за обезбедување кои се претставуваат како вам блиски?

А тоа се случува, тоа го гледам и го слушам и тоа ме прави гневна. И токму затоа, дечки од СДСМ, имам да ви соопштам неколку битни работи. Нека ве боли колку сака.

Прво! Дечки од СДСМ, вие не го симнавте Груевски со ваши програми, идеи и проекти. Да бидеме искрени, ги немавте. Го урнавте со "бомбите" на Заев. А зад нив, зад снимените разговори, стојат неколку доблесни и храбри мажи кои си ги ризикуваа здравјето и животот за да го изнесат на виделина монструозното лице на претходната власт. Им рековте ли барем "благодарам" ? Знаете ли кои се и помисливте ли како да им возвратите?

Второ! Дечки од СДСМ, вие како партија не го урнавте Груевски. Не ве биваше. Партијата ви беше партал, што од внатрешни фракциски борби (фала на прашање - сега се поводливи и помногубројни од кога било), што од мрза да изработите ефективна и ефикасна стратегија за мобилизирање на граѓаните, што од систематското деструктивно дејство на ВМРО-ДПМНЕ. Јавна тајна е дека огромен дел од вашите сегашни јастреби, имаа добра (да не кажам - плодна) соработка со партијата која сега е во опозиција и по која едногласно плукаат.

Трето! Дечки од СДСМ, барем половина од гласовите, со кои на 11 декември 2016 година освоивте 49 пратеници, не се од ваши членови. Како што барем половина од оние што протестираа изминатите три години не се ваши членови. Како што барем половина од присутните на најголемиот антивладин митинг во мај 2015 година не беа ваши членови. Како што 90 отсто од студентските, професорските, средношколските или новинарските пленуми кои го покренаа грашанскиот отпор не беа ваши членови. Вие само како муви ѕунѕари се прилепивте на веќе артикулираниот граѓански активизам, давајќи му партиска боја.

Четврто! Дечки од СДСМ, тоа што во власта инкорпориравте дел од НВО сектор или од "Шарената револуција" не вие никакво алиби за лошиот старт. Стартот ви е ужасно лош. Се' (скандал до скандал и тоа за ситнокорупциски глупости. А за долгоочекуваните и на сите можни фанфари најавувани длабоки реформи во правосудството, безбедносниот сектор, администрацијата или медиумите кои се сведоа на плитки бразди, нема да арчам зборови. Доволни се реакциите од угледни експерти кои членуваат во нив.

Дечки од СДСМ! Јас и илјадници како мене, по следот на околностите и под принуда на ситуацијата, се најдовме на иста страна. Си ја врзавме судбината со вашата партија и бевме таму каде што требаше да се биде, за да се стори тоа што требаше да се направи, кога беше најтешко. Токму затоа, бараме само едно од Вас - да не бидете како нив. За тоа се боревме"! 

Човек да не им верува на своите сопствени уши и на разумот на професоркава Гордана, која се' уште ги воспитува младите генерации на Македонија во идеологијата на Зоран Заев и СДСМ до последен здив, при тоа никој  братски да ја погали по рамената и да и' рече дека е многу грешна што бара од волкот да го остави јагнето на мир, затоа што овчарот го предупредува. Да не бидат како нив, зошто се бореле за тоа!?

Па другарке Гордана се боревте за ова што го прави Зоран Заев со Македонија во полза на нашите вековни непријатели и злосторници на илјадници Македонци во егејскиот дел на Македонија. За овој  злосторник кои не заслужува ништо друго освен проклетство негово и на неговиот род до каде и да е проширен? За овој криминалец од најлош вид кој ја продаде македонската историја, дозволе двојазичност и федерализација  и на крај дојде до полно разнебитување на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ и око да не му трепне?  Па вие, несте ништо поарна од него, професорке. Вие сте изгубена во времето. ВМРО е грешна партија, ама барем има некое сочувство за нашите претци и наследството што ни го оставиле во аманет да го чуваме и со него да се гордееме. Имала грешки, ама не ја продавале македонската држава и нејзините  темелни национални вредности. Имала грешки, ама не ги затварала своите противници за да го уплаши својот сопствен народ од понатамошни дестабилизаторски дејности за време на "шарената револуција", во која сте учествувале и со тоа и денес се гордеете и тнтн.

Многу убаво срочена приказна за "пријателско" неверство и неисполнети желби, меѓутоа, тоа се случува кога  и на ѓаволот му се верува,  за власт, па и по цена на разнебитување на својата  држава, а посебно на својот сопствен народ за туѓи интереси.

И сега што ќе правиме, другарке Гордана? Имате ли некое попаметно решение како да ја спасиме нашава сопствена држава и образот наш македонски пред светската јавност која ни веруваше дека имаме покрај предавници, како и секогаш, и нешто чесни кои би можеле да ја сочуваат Република Македонија и за идните поколенија? 

Многу од нас ја знаат историјата на постисториската ВМРО со додавката ДПМНЕ на чело со Љупчо Гергиевски.  Тоа прашање зависи од нејзините членови, како да го решат до колку таму има такви сили кои ќе бидат толку чесни и способни да им се спротивстават на пробугарските елементи кои ја разнебитуваат македонската држава од внатре, а не да ги отвораат вратите на партијата на предавници од ликот на Љупчо Георгиевски и редица други, знаени и потскриени. На ист начин како таканаречениот СДСМ, како легло и клуб на албанските националистички елементи кои веќе длабоко ја повредија Македонија и од внатре и од надвор.

Оваа приказна е болна и затоа, што наликува на брачна врска од интерес, а не љубов или  како приказна дека во бракот ќе биде сексот центарот на светот, без кој нема живот, кога тој еднаш ќе се истроши. Или уште нешто, со што мојот помлад брат знаеше често пати да не насмејува при нашите семејни средби, кои морам да признам, беа секогаш весели и интересни, во негова присатност.

А бре братко, му рекол еден од   бројното сиромашно семејство, така поседнати околу  софрата на која секогаш недостасуваше доволно храна, не ли тие срам што  го земаш најголемото парче месо, а за нас ги оставаш малечките и коските? Засрамен што беше фатен во небрано, што би рекле кај нас во селото, одговорил "нечесниот": па ми е срам! Ами што би направил ти братко на мое место? Па јас би го зел најмалкото парче. Па еве ти го, затоа ти го и оставив, да биде по твое! Се изнасмеало семејство и си продолжиле со вечерата, таква, каква и секогаш била: весела!

А сега, почитувана моја професорке Гордана, уште нешто ќе ви кажам и научете го еднаш  за секогаш. Работите не се секогаш такви, како на око ни се чинат да се! 

 

Сотир Гроздановски 

 

15 јануари 2018

Користен текстот од

http://kurir.mk

 

Порфесорка Гордана Сиљановска

 

 

Гордана Сиљановска

РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО СЕ ДИРЕКТНО ВМЕШУВАЊЕ ВО СУВЕРЕНИТЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ГРЦИЈА.

ИМЕТО Е НАЈВАЖНИОТ ИДЕНТИТЕТСКИ ЗНАК

 

 

 

Професорката Гордана Сиљановска вели дека со разговорите за името Грција се вмешува директно во внатрешните работи на Македонија. Било која друга држава не би се усудила да на овој начин  се вмешува во внатрешните работи на една држава, бидејќи името на внатрешен план е дел од суверенитетот на  државата заедно со знамето, химната и јазикот. Тие се  дел од правото на самоопределување на една држава. Со привремената спогодба Грција посредно ја има признаено Македонија.

Македонија под уставното име е признаена од 137 држави, а барањето за ерго омнес на Грција е игнорирање, додаде таа.

Сиљановска истакна дека има големи резерви во однос на географска одредница за името, бидејќи според неа се работи за конфликт на деноминација.

Смешно е да се тврди оти било каква промена на името со географска одредница нема врска со идентитетот, тие две нешта се неразделни. Правнички кажано, името е најважниот идентитетски знак. Во однос на ситуацијата што и'  се случува на Македонија во моментот ја окарактеризира како отсуство на државничко однесување и го критикуваше не посегањето по внатрешен концензус за прашање за името. 

Според професорката со промената на името на аеродромот и автопатот кое го најави Заев директно се наштетува на преговарачката позиција на Македонија во спорот.

Со тоа, Македонија потврди дека не верува во пресудата од Хаг. Меѓународниот суд на правдата докажал оти Македонија не е страната која ја прекрши привремената спогодба со Грција, ниту со спомениците, ниту со имињата на автопатот или пак аеродромот, рече Сиљановска.

Сиљановска за крај додаде "Се сеќавам на време кога аеродромот во Солун се викаше Микра, а  универзитетот, универзитет  во Солун. Сега аеродромот се вика Македонија, а универзитетот Аристотел".

 

25 јануари 2018 година

http://kurir.mk

 

Зоран Заев

 

ЗАЕВ СМЕНИ ИСТОРИЈА, ПРИФАТИ ДВОЈАЗИЧНОСТ И МЕНУВА ИМЕ НА ДРЖАВАТА

************* 

 

 

 

Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ со силни удари врз македонскиот народ и Република Македонија.

*** 

Без никаква грижа за националните интереси, Заев си спроведува штетни политики погазувајќи ги македонските граѓани. Додека премиерот "при очи ги прави слепи" граѓаните и молчи додека ја распродава државата, медијаторот Нимиц беше директен и искрен откривајќи ни дека нема да се смени само името, туку се преговара за многу повеќе од тоа.

Нимиц вели, дека освен за името, ќе се преговара и за идентитетот, историјата и учебниците! Освен прашањето за името има и други "помошни" прашања кои се тема на разговор на средбите со македонските власти, вели долгогодишниот медијатор Метју Нимиц за грчката национална телевизија.

- Има и други помошни прашања покрај прашањето за името, како неговата употреба, прашањето за идентитетот, нешто што е причина за сериозна загриженост од страна на северниот сосед и сите треба  да сме исклучително чувствителни за тоа. Има загриженост и во Грција, за историското наследство, за учебниците. Ово се дополнителни прашања кои ги знаеме, се важни, но јас мислам дека има решенија за нив, вели Нимиц.

Иако Заев ја убедува целокупната македонска јавност дека идентитетот не е тема на разговор, сепак ратификувањето на договорот со Бугарија каде и се откажавме од нашата историја во корист на Бугарија, како и од македонското малцинство кое живее на територијата на Бугарија, не дава оптимизам дека идентитетот не е дел од овие преговори.

 Исто она што е интересно во оваа изјава е и можното менување на историјата и учебниците во корист на Грција. Постапките што планира да ги направи владата на Заев се речиси исти како со Бугарија. Промена и прифаќање на речиси сите услови што се поставени од другата страна се' со цел за конечно срамно обезличување на Македонија и македонскиот народ.

 

Носечкиот столб на Тиранската платформа падна на грбот на граѓаните: Заев ја прави Македонија двојазична 

 

Условот кој Ахмети му го постави на Заев за да станат коалициони партнери се исполнува на очиглед на целата македонска јавност. Двојазичноста, согласни се експертите, нема да донесе ништо добро за Македонија. Таа е единствено добра за со неа премиерот да им се додворува на албанските партии без кои никогаш немаше да формира Влада.

Двојазични униформи на полицајците, пожарникарите, лекарите и медицинските сестри како и двојазични судски процеси. Ова станува законска обврска. Ќе се интервенира и на македонскиот денар -  и книжните и кованите пари ќе добијат албански симболи, анализира ТВ Алфа.

Судовите, обвинителствата, како и сите институции ќе бидат обврзани да овозможат користење и примена на албански јазик. Униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 % од населението ќе бидат двојазични.

Законот за употреба на јазиците кој беше изгласан, предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Предвидено е и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.

Ќе се менуваат и денарите - и книжните и кованите, како и поштенските марки. Законот предвидува тие да содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го  зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и неговото писмо односно албанскиот, анализираше Алфа. 

И додека коалициските партнери Заев и Ахмети во тајност ги држеа условите за коалиција, Бујар Османи во интервју на ТВ 24, потврди се' што сега беше изгласано со Законот за употреба на јазиците.

- Изедначувањето на албанскиот со македонскиот јазик ќе значи и промена на Уставот, а за тоа постојано предупредуваше и професорската фела. Социјалдемократите за цело време стоеја на ставот дека Уставот не се прекршува и покрај тоа што по откривањето на деталите за Тиранската платформа и условите за коалицирање, огромен број граѓани со месеци ги полнеа улиците низ Македонија во знак на револт. Сегашниот премиер, тогаш во опозиција и пред албанската дијаспора пред две години отворено говореше за еднаквоста при употребата на јазиците. Обраќајќи им се на гласачите Албанци Заев не ја исклучи намерата да се менува и Уставот. За да не биде воведена двојазичност гаранција побара и претседателот Иванов. По долги натегања мандаторот Заев ја донесе истата и се обврза дека ќе ја почитува, но тоа не се случи. Првиот човек на СДСМ досега веќе неколкупати јавно говореше за воведувањето на двојазичноста, па беа отворени и двојазични партиски штабови, а соопштенијата од партијата се испраќаа и на македонски и на албански, објавува Алфа.

Законот за јазиците кој покрена бура од реакции во јавноста,  беше носечкиот столб во Тиранската платформа како и услов за коалицирање во новата Влада.

По 26 години од донесувањето на првиот Устав на Македонија, повторно се отвора пандорината кутија со употребата на јазиците во земјава. Иако при создавањето јасно било утврдено дека македонскиот е службен јазик во Република Македонија, по повеќе од две децении повторно се актуелизира ова прашање, па со изгласувањето на законот и албанскиот станува официјален јазик.

 

Неуставниот закон за двојазичност е на штета на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се' за одбрана на државните и националните интереси

 

Инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија. Одлуката на Владата да не го повлече законот и да не отвори конструктивна расправа околу законот може да предизвика долгорочни последици по државата и да ја наруши кохезивноста меѓу граѓаните, истакна Митко Јанчев, потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес конференција.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на страна на граѓаните и Република Македонија и затоа ќе стори се' во одбрана на државните и национални интереси.

- Затоа ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе сторат се' што е во наша моќ за да се спречи ваквата деструктивна политика. Пратеничката група ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го  превентира донесувањето на неуставниот закон. Преку нашето присуство во парламентот ќе се обидеме уште еднаш да ги убедиме пратениците од парламентарното мнозинство во ризикот од последиците на носење на овој закон, кој не само што излегува надвор од рамките на Уставот и охридскиот договор, туку ги става во подредена позиција Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и припадниците на сите останати етнички заедници во Република Македонија. Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Републиката и од МАНУ. Сигурни сме дека ваквата дебата ќе придонесеше за подигнување на довербата и демократската атмосфера кои ќе резултираа со отстранување на неуставните елементи на овој закон за јазиците, рече вчера Јанчев.

Подпретседателот на партијата додава дека сосема непотребно двојазичноста се спроведува на целата територија на Република Македонија. Тоа единствено носи товар за буџетот, а не во корист за граѓаните. Со овој закон целосно се деградира употребата на македонскиот јазик.

- Токму од тие причини ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во Собраниската расправа и да предложи суштински амандмани за подобрување на законот и отстранување на штетните и неуставни делови. Сметаме дека власта не смее на сила да го изведе повторното гласање и мора да го слушне гласот на јавноста. Власта ја занемари и експертската фела која е во се' погласна и ги нотира неуставните точки на законот. Граѓаните имаат потреба од реални мерки и проекти, кои ќе го унапредат животот и ќе влијаат на економскиот и технолошкиот развој. Но во никој случај не ни требаат закони кои носат подвојување. Бидејќи од тоа  корист нема никој  во Република Македонија, вели Јанчев.

 

Заев за почеток ќе го менува името на аеродромот и автопатот, следува името на државата

 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кажа дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и дека решението за името треба да важи ерга омнес, по вчерашната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос. Заев, на заедничката прес-конференција најави дека Владата ќе го промени името (Александар Велики) на аеродромот и автопатот.

-Автопатот ќе се вика "Пријателство", откри Заев.

"Ние сме нова генерација прогресивни премиери. Знам дека денеска многу луѓе не' гледаат.  Некои со скептицизам, други со оптимизам. Сакаме да ги решиме прашањата прагматично и одговорно. Го кажувам ова бидејќи само не, што сакаме да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на взаемна доверба. Да се справиме со сите форми на иредентизам, да не оставиме дупки, за да се осигураме дека нема да се појават слични предизвици во иднина. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашања, за да можат да продолжат напред евроатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерго  омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Паралелно се согласивме дека треба да продолжат мерките за градење доверба, кажа Ципрас.

Заев изјави:"Двете земји се на вистинскиот пат да постигнат добрососедски односи кои ќе придонесат за стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион. Мнозинството граѓани во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи. Сакаме да станеме еднакви партнери во ЕУ и НАТО. Покажавме во минатото дека можеме да работиме заедно за меѓусебен интерес. Ние како премиери имаме политичка визија и одговорност да работиме на надминување на долгогодишниот спор . Редно време е да се најде решение бидејќи тоа е клучно за нашите евроатлантски перспективи. Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Решението мора да биде во заштита на националниот дигнитет и идентитет на нашите народи. За да покажеме дека сме посветени на наоѓање решение, Владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика "Пријателство". Ова сведочи за фактот дека немаме никакви територијални претензии кон нашиот сосед. Остануваме посветени на преговарачкиот процес предводен од медијаторот на ОН Метју Нимиц. Ќе го кренеме нивото на преговори на министри за надворешни работи со нивните тимови. Ова ќе дозволи поголема динамика и суштина".

 

СИТЕЛ: Промената на името ќе биде во три фази - последната подразбира промена на Устав и на лични документи.

 

Во предлогот од медијаторот Метју Нимиц во спорот за името со Грција се дефинирани три фази на употреба и имплементација на финалното решение кое би го постигнале Македонија и Грција. Според дипломатски извори до кои дојде Сител, се вели дека имплементацијата би одела во три фази. Крајна фаза е промена на Уставот и сите лични документи на граѓаните.

Во првата фаза новото име, за кое што би се постигнала согласност, би важела како замена на референцата ФИРОМ, онаму, каде што ФИРОМ се користи во моментов. Во втората фаза, односно по членството на земјата во НАТО, Македонија би била должна да ги извести сите земји кои што ја признале под уставното име дека тоа е новото име кое што е договорено помеѓу двете земји, односно новото име би влегло во употреба буквално во сите меѓународни релации на Република Македонија.

Во третата фаза, како што велат брифинзите, името би требало да влезе и во Уставот, односно да биде и за внатрешна употреба и тогаш целосно би се имплементирало, на барање на Грција, за употреба ерга омнес.

Според дипломатски извори на маса се пет решенија. Се работи за Република Северна Македонја, Република Горна Македонија, Република Нова Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје). Нимиц е оптимист дека од овие пет решенија двете страни ќе можат да пронајдат заеднички прифатливо решение. Предлог имињата се испишани на македонски јазик, односно се со македонска транскрипција. Јазикот и националната припадност исто така се испишани на македонски јазик, со македонска транскрипција без превод на англиски јазик.

 

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставното име и идентитетот на нацијата

 

ВМРО-ДПМНЕ во моментов е надвор од процесот за решавање на спорот со името бидејќи никој не го поканил да биде дел од процесот, ниту има каква било информација што се случува официјално, ниту неофицијално, ова на почетокот од месецов го потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во отвореното студио на МТВ.

-Она што ВМРО-ДПМНЕ го добива како информација од процесот е од конференции, натписи по медиумите, полувистини, а можеби и вистини и не знаеме како да ги квалификуваме бидејќи немаме реални суштински информации и не сме дел од тој процес, вели Мицкоски.

Тој вели дека годинава започнала бурно и има доста разговори помеѓу Заев и Ципрас и информации за неформални вечери во Солун, но сето тоа е она што тие го дознаваат од медиумите и затоа не може да говори за овој процес.

-ВМРО-ДПМНЕ не учествува во тој процес бидејќи претпоставувам од страна на Владата на СДСМ е одбрана оваа методологиј на начин на преговарање.

ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот и промена на уставното име Република Македонија, а тоа е и мој став како Христијан Мицкоски, како и  против промена на идентитетот на нацијата на Република Македонија, истакна Мицкоски.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

24 јануари 2018 година

htpp://kurir.mk

Ламбе Арнаудов

 

 

Ламбе Арнаудов

КРВТА НА ПАТРИОТИТЕ НЕ Е ЗА МЕШАЊЕ КАЛ

********** 

 

 

Низ многувековниот гибел на мојот храбер, честит и непорочен  народ крвта на патриотите се пролевала постојано и насекаде низ целата наша татковина.

 

Ја потопувала црната земја, ги поцрвенувала белите каменишта, во потоци течела низ црните кремења и сивите калдрми, штедро ги поливала сувите чукари. Но, никогаш, ама никогаш со ништо не се помешала. Останала  чиста, скапоцена и благородна. Затоа што само така можела да послужи за она што судбински однапред била предодредена. Дрвото на слободата на Македонија да се залева со крвта на патриотите за никогаш да не се исуши.

Погледајте денес господо од власта, на што ја трошите крвта на патриотите!? Да го полевате и наводнувате најтешкиот и најцрн облик на тероризам - државниот тероризам. Најтежок затоа што е многу јак, суров, несразмерно надмоќен, организиран од многу луѓе, богато опремен со најмодерна техника и технологија, заштитен од сите државни, правосудни, законодавни и институциите на извршната власт, наспроти немоќните и невини поединци кои немаат никаква шанса и можност да се одбранат.

Најцрн затоа што терористите од овој вид секогаш остануваат неказнети за своите злодела, освен по некоја лустрација или самоказнување во редок наплив на грижа на совест. Нашиот православен човек, верен христијанин дури и се моли нивните грешни души да не ги стигне Божјата казна.

Затоа, во оваа нерамноправна пресметка на силната држава против немоќниот поединец секогаш ќе застанам на страната на поединецот.

Ако продолжите со ваква жестокост да ја трошите крвта на патриотите, чија крв потоа ќе ја пролевате? На кукавиците!? За што таа ќе ви послужи? Нивната крв е зла, високоотровна и кал ќе падне све ќе исуши.

Посакуваме членство во НАТО. Кој војник од Алијансата ќе сака кукавица за соборец или уште полошо - Не дај Боже, да се остварат црните но реално остварливи прогнози за нова, многу поголема апокалиптична дестабилизација на земјите од Западен Балкан. Со кого ќе се бориме и како ќе се  одбраниме? Со кукавици!? Не така одамна овој сој го видовме на дело. Место да ја бранат својата загрозена татковина тие масовно заминаа да го освојуваат Егејот до заби наоружани со сламени шешири, очила за сонце, заштитни кремови, костими за капење и други летни реквизити.

Настрана од ова, патриотска крв што ќе се пролева за Татковината секогаш ќе има во доволно количество. Тоа е ИСКОН. Но, проблемот е во тоа што ниедна капка крв нема каде да падне а веќе таа земја да не биде оросена, натопена или преплавена од оваа скапцена течност. Напатената страдна земја македонска неможе повеќе да ја прими. Презаситена е од крвта на своите синови патриоти.

Возљубени Вмровци сега како никогаш досега ви е неопходно потребно единство и сплотеност. Судбоносно високиот степен на предизвик со кој сте соочени бара од сите вас храбро, мудро и достоинствено да го совладате на начин и во корист на сите луѓе што тоа од вас со право го очекуваат, а и на задоволство на сите граѓани на Република Македонија. Притоа, чувствувам за потреба да ви упатам еден пријателски и добронамерен совет, се надевам дека нема да се налутите. Сега е моментот и затоа Ве молам добро, добро да го проучите, изанализирате, умно да го разберете и правилно да го протолкувате феноменот наречен Груевизам. Трпеливо, истрајно, длабински и максимално реално, ќе ви биде од голема корист за неопходното заедништво. Да не дозволите непријателите на Никола Груевски, ВМРО и Македонија пресликани во ликовите на СДСМ која е историска аномалија на македонското општество, разни врховни, многубожни жреци и сега повампирени ситни племенски врачеви на кои им се придружија неуспешните лабораториски експерименти на згура реформаторите, ножевите и ножињата за среќа 'рѓосани, тапи и изабени од долгото криење во каниите далеку од очите на јавноста, на Вмровците и Лидерот и останатите борџиски вештери и вештерки да ги палат и гаснат вашите патриотски, идеолошки, партиски и државни чувства и убедувања. Не заради што се сомневам во вас, туку  затоа што го познавам нивниот ментален склоп. Се здружиле слаби, послаби и најслаби против јакиот. Да не беше така, нема да се здружеа. Не им верувајте на нивните крокодилски солзи за судбината на ВМРО, лажни се како солзи на дете и старец на кои никој не верува. Тие кои денес бликаат  со лажни грижи и ви кажуваат какво ВМРО ДПМНЕ сакаат и колку ВМРО треба сега да се разликува од времето на Никола е само скриена пуста желба од ВМРО да нема ни трага ни глас. Нивното лигавење е само вешто поставена стапица за вас, за партијата и за Македонија, нагазна мина што треба да ве разнесе. Посакуваат дури нешто полошо - декоративно ВМРО. кое наместо да ја игра својата доверена историско заветна улога, да биде преторијанска гарда на Македонија и македонскиот народ, да се претвори во ВМРО што сега ќе расправа за многу важни и клучни прашања и проблеми од интерес на Македонија, како на пример: Дали делфините кои се еденствени цицачи кај рибите кога ќе стекнат полнолетство ќе можат да пијат вино?

Да помогнам и да недолжам - феноменот Груевски во следниве сто години нема да се повтори. За 14 години раководење со Партијата, 10 пати надмоќно да го победиш својот политички противник и како Премиер да постигнеш такви резултати на економски, социјален, политички и безбедносен план и притоа да бидеш столб на одбраната на државните интереси, името, идентитетот, јазикот, историјата и народот е дострел за највисока почит. Сите подеднакво и вистински почитувачи на неговото дело и оние медиокритети кои го мразат кога ќе го видат на слика на ТВ или во живо, сите од ред посакуваат да личат на НЕГО. Како бесни пци ќе пиштат, ќе цвичат и ќе лаат овие другиве дека не е така ама длабоко во себе сите ќе признаат дека е. Тоа е исто како некој петтокласен фудбалер да не сонува дека може да биде Роналдо. Роналдо пет победи најдобар за 20 години, Никола Груевски десет победи за 14 години.

Почитувани Вмровци, со Референдум или без Референдум, со вистински стројници, сватови и кумови или колџии, сејмени и разбојници, 2018 година се подготвува да биде година во која преубавата млада невеста од чичко Митко Врапчето ќе биде погребана. Иронијата е во тоа, што власта и нејзините темни сателити подржани од меѓународната заедница Погребот сакаат да ни го прикажат како весела Свадба.

Во безпоштедната до истребување политичка војна наметната од СДСМ, почитувани Вмровци немате избор. Грозните птици ругалки мене ми наденаа име Ламбе Спартанецот. Ве уверувам од денес понатаму се' ќе биде во духот на Стартанството. Со штитот или на него!!!

 

 

 

24 јануари 2018 година

http://kurir.mk

 

 

 

 

 

 

Зоран Заев и Шеќеринска лидери на "шарената револуција"

Унгарски портал "888"

ЗОРАН ЗАЕВ Е ЧОВЕК НА СОРОС И ТОА СЕ' ПОВЕЌЕ СЕ ГЛЕДА ВО НЕСРЕЌНАТА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА

 

Унгарскиот портал "888" објавува дека Зоран Заев е човек на Сорорс и тоа во текот на изминатите неколку години се' повеќе се гледа во несреќната балканска земја.

Под наслов "Македонија полека се движи кон целосно самоуништување", бидејќи "Александар Велики е основа на македонскиот идентитет", унгарскиот десничарски портал "888" во својот коментар пишува за најавите од Давос дека ќе бидат преименувани аеродромот и главниот автопат во државава.

"Македонската левица диктира силно темпо. Есента се зборуваше дека Македонија ќе го промени своето име заради Грците, а објавувањето на новото име се очекува оваа пролет. Сега стигна вест и дека тиe ќе го преименуваат нивниот аеродром, па дури и автопатoт. Зошто? Бидејќи го носат името на Александар Велики, а тоа не им се допаѓа на Грците. Ова само по себе е проблематично, бидејќи главната основа на македонскиот национален идентитет е Александар Велики. Ако бидат одбиени, а, сепак, земјата биде преименувана, што ќе остане? Земја со малку повеќе од половината население Македонци, а останатите се Албанци, Турци, Роми, Власи и Срби. Судбината на Македонија ни покажува каков сон има Џорџ Сорос.

Во земјата, во името на големите идеали - да се биде членка на НАТО и на ЕУ - прават се' што можат за да се откажат од се', но 'светата цел', едноставно, не ги сака. Во меѓувреме, националниот идентитет е елиминиран и нема ништо друго освен мулти-култи маса, која дури може и да се нарекува некако, само за да се преправаме дека никој не е вознемирен", пишува во коментарот.

 

26 јануари 2018 година

http://kurir.mk

Потврдена поделбата на Македонија на 27 ноември 1919 во Неј, на Сена.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛАНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 69

**********

Македонија по периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912 - 1941)

 

 

5. Македонија по Мировната конференција во Париз

 

На 27 ноември 1919 година во Неј на Сена бил потпишан Мировен договор меѓу сојузничките здружени сили и Бугарија. Со овој договор биле санкционирани одредбите на Букурешкиот  мировен договор од 1913 година со кои Македонија била поделена помеѓу Србија, Грција и Бугарија. Букурешкиот мировен договор претрпел само мали корекции, главно во југоисточна Македонија. Струмица и нејзината околина и' биле одземени на Бугарија и приклучени кон новососздаденото кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Со оваа корекција, не сметајќи ги незначајните исправки на границата со Албанија кај Дебар и со манастирот Св. Наум, Македонија, повторно поделена, се нашла во следнава положба:

- на Грција и' припаднал најголем дел : 35.169 км2;

- на Кралството на СХС: 25.774 км2;

- на Бугарија: 6.798 км2;

- еден мал дел од територијата на Македонија останал во границите на Албанија.

На тој начин, целоста на Македонија, која во своите географски граници - што главно одговараат и на етнографските - се простира на површина од 67.741 км2, била разбиена. Со тоа била разбиена и нејзината економска и национална компактност и бил оневозможен нормалниот демографски, општествен, еконоски, културен и национален развој на македонскиот народ.

Македонскиот народ се нашол под власта на три различни  културни и историски традиции, економски неразвиении исцрпени, со тешки трауми од шестгодишните војни (1912 - 1918) и од уште една војна помеѓу Грција и Турција (1919 - 1922). Сите три држави се задушувале од тешки социјални и политички проблеми. Тоа е време кога Балканот и Европа, по Октомвриската револуција и завршената Прва светска војна, биле заплиснати од силен револуционерен бран.

Уште со првите чекори од своето владеење на деловите од Македонија туѓите власти си поставиле за цел брза и ефикасна денационализација и асимилација на македонскиот народ. За таа цел, Грција и Србија вовеле драконски мерки со кои се забранувале и се прогонувале сите појави на македонски јазични и етнички белези, како и сите контакти помеѓу Македонците од поделените делови на земјата.

 

6. Положбата на Македонците под Кралството на СХС -

Кралството Југославија

 

И во Грција и во кралска Југославија, при спроведувањето на политиката на денационализација и асимилација, најмногу внимание се посветувало на промената на демографските карактеристики на населението. Во кралска Југославија се настојувало тоа да се постигне преку колонизација на население од други делови на Југославија. Во Македонија нив ги населувале на места со стратегиско значење. Целта на таа мерка била да се контролира движењето на македонското население, но и успешно да се влијае на процесот на неговата србизација. Целокупната активност на државните органи на Југославја во вардарскиот дел на Македонија била потчинета на остварувањето на таа цел. Во економијата селскиот труд бил подложен на безмилосни даноци и глоби, немало инвестиции за развој на индустријата, на патната инфраструктура итнт.

Особено образовната политика била во служба на асимилаторските цели. Освен основно образование, кое било донекаде организирано, имало и средно, на кое му се посветувало многу мало внимание, додека стручно средно образование воопшто и не постоело. Од високото образование постоеле само Филозофскиот факултет во Скопје, како клон на Белградскиот универзитет. Образовната програма исклучиво и' била подредена на намерата да се создаде српска свест кај младите поколенија. Наставата се изведувала исклучиво на српски јазик, и то предимно со наставен кадар доведен од други делови на земјата. Просветниот кадар од македонско потекло циклично бил преселуван во Србија и во Црна Гора.

Фактички, од почетокот на 1921 година со воведувањето на вонредната уредба, таканаречената "Обзнана", па се' до 6 јануари 1929 година, во вардарскиот дел на Македонија постоел воен режим. Тука бил концентриран огромен број од безбедносните сили, во прв ред од жандармеријата. На сите поважни места низ Македонија биле изградени жандармериски станици. Напоредно со жандармаеријата и војската постоеле бројни паравоени организации, како таа на Јован Бабунски и други. На одредени места во некои региони било забрането секакво движење на луѓето, од зајдисонце до изгрев. Владеел безмилосен терор и биле организирани масовни судски процеси. Типичен пример во тој поглед претставуваат судските процеси по убиството на еден српски генерал во Штип,  против група студенти во Скопје (1928 година), процесот во Ресен, бројните политички убиства итнт.

За состојбите што владееле во овој дел на Македонија најдобро зборуваат следниве податоци. Во 1924 година владата на Љуба Давидовиќ во Македонија амнестирала 18.000 затвореници. Од воспоставувањето на српската власт во Македонија до 1930 година за политички дела биле обвинети 50.000 лица. За десет години биле извршени 1.400 политички убиства, а 14 села биле запалени од жандармеријата и контрачетите. Парадигма на тероризмот претставува нападот на 3 март 1923 година на селото Гарван во Радовишко, извршен по наредба на жупанот Добрица Матковиќ. Тогаш биле убиени 28 селани.

Без оглед на комплексноста на политиката на децентрализација и асимилација, за чие спроведување биле ангажирани сите сегменти на српскиот политички, образовен, паравоен, економски итнт. систем, посакуваната цел не била постигната. Најдобра потврда за тоа претставуваат употребата на масовниот терор, огромната концентрација на војска, на жандармерија и на други паравоени сили, забраната на секаква невладина политичка активност итнт. Но тоа не било карактеристично  само за ситуацијата во вардарскиот дел на Македонија. Истото се случувало и во другите несрпски делови на кралска Југославија. Поради тоа, во почетокот на 1929 година, режимот во вонредната уредба донесена во 1921 година бил заменет со воведувањето на познатата Шестојануарска диктатура. Со неа во земјата биле забранети сите политички активности, дури и активноста на прорежимските српски партии. Со прогласувањето на Шестојануарската диктатура (1929 година) од политичката сцена исчезнале и сите дотогаш форми на децентрализацијата и асимилацијата. Тоа не значи дека била напуштена политиката на денационализација и асимилација. Таа во практиката била заменета со обид тоа да се постигне затскриено, низ пројугословенска и космополитска содржина. Се создале нови друштва и здруженија со нови имиња, без национални обележја итнт. Но практиката на прогонување и преселување на учителите Македонци во други делови на кралска Југославија и обратно продолжила. Не само учителите туку и малубројните македонски интелектуалци, писатели, публицисти, лица со високо образование, кои пројавувале храброст и наоѓале начин да го афирмираат културното наследство на македонскиот народ, биле протерувани во други делови на земјата. Таков е случајот со членовите на Редакцијата на списанието "Луч", потота со интелектуалците од редовите на МАНАПО итнт.

 

Продолжува

Македонски борци во ДАГ

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Осма

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЦЕТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА 

ДЕЛ 69

Пишува : Наум Пејов

 

Македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија поради тешкото минато под власта на грчките шовинисти и денационализатори, сваќајќи ја војната со сојузничките сили против фашизмот како ослободителна, зеде активно учество  и поднесе тешки жртви. Откако беше изневерен во своите очекувања, по победата над фашистичкиот окупатор да добие и своја слобода, раководен од својата ослободителна организација беше способен да им се спротивстави на истребувачките мерки на властодршците од Атина, кои, земајќи ја власта по спогодбата во Варкиза во февруари 1945 година, воведоа нечуен масовен терор над демократските сили во земјата и над Македонците, посебно.

За да се заштитат животите на голоракото население уште во текот на 1945 година беа исфрлени партизански единици на НОФ. Овие вооружени единици фактички беа јадрото на вооружените сили на Демократската армија.

Половината од ефективите на демократската армија за целото време на граѓанската војна во Грција беа Македонци. Македонците-партизани и партизанки во редовие на ДАГ не се бореа само на теренот на Егејска Македонија, туку и длабоко на југ од Грција до самата околина на Атина.

Со сопствени сили Македонците партизани создадоа слободни територии долж цела Егејска Македонија од албанската граница на запад до Тракија на Исток. За целото време на граѓанската војна, практички долж Егејска Македонија се протегаше линијата на фронтот. Слободните територии во Егејска Македонија поради географската положба како заднина на Демократската армија, беа претворени во воени работилници, каде старо и младдо, машко и женско беше ставено исклучиво во служба за потребите на Демократската армија.

За учеството на Македонците во вооружената борба во Грција, еве што говорат грчките раководители на движењето:

" 4. Прилогот на Славомакедонката.

Одделно место во големата борба заземаат Славомакедонките, херојските жени на славомакедонскиот народ, кои со години тешко се тероризирани од фашистичката тиранија. Со уште поголемо зло и бес ги подгонија Славомакенките, фашистите од новата окупација, но тие стоеја гордо, борејќи се организирани во својот Антифашистички фронт - АФЖ.

Прва во целата земја паѓа од куршумите на новата окупација, Ирина Гинова, хероиња и миленичката на целиот славомакедонски народ и на цела Грција Мирка и со својот пример го отвори патот на борбата. Со нажежани железа полицијата ги гореше двајцата борци: Катина и Аспасија Срезови, за да им извлече податоци, но тие умираа без уста да отворат...Масовна е борбата на Славомакедонката. На илјади Славомакедонки, ценети колони на борбата, тргнаа од Вич за Грамос, пешачејќи со денови товарени  во пламенот на огнот. 3.500 Славомакедонки работеа во изведувањето на фортификационите објекти на Вич под дожд од гранати и го направија бастионот на слободата. 

(Во објаснението на грчки воопшто не се споменува дека Мирка е била истакната раководителка на НОФ ами стои: "Ирини Гини. Млада учителка која беше осудена од вонредниот суд и егзекутирана во Јаница, пред плебисцитот заедно со уште шест осудени. Беше првата жена егзекутирана во поновата грчка историја. Пресудата и егзекуцијата ја следеја и многу други.")

Го носат големиот товар на нашата борба со трпеливост и сила, секој ден ги бомбардираат нивните села, многу села напуштија зашто станаа мета на непријателската артилерија; сите домашни се на фронтот и таа нема ниту минута за одмор и покрај сето тоа, има и други како стариот борец-мајка на Јованка Мијанова, која има 6 синови и 1 ќерка во Демократската армија, а и самата дење и ноќе работи за борбата, како млада невеста.

Карактеристични се и давачките што ги даваат за војската, го делат парчето леб и го даруваат на Демократската армија - својот добиток, житото, својот чеиз. "Се' за борбата затоа што се' ќе ни донесе победа", велат тие на своите конференции.

Достојна е Славомакедонката-борец, и голем е нејзиниот придонес на полето на народната власт. Во Костур до последните избори во 53 народни одбори имаше 78 жени, во 15 народни судови 53 жени, 2 жени во Околискиот одбор и една во Окружниот суд, во своето решително-мнозинство, Славомакедонки.

На тој начин, со својата борба и храброст Славомакедонките и целиот славомакедонски народ си го извојуваа правото по ослободувањето да живеат онака како тие сакаат, создавајќи ја својата независна државна егзистенција. {Одломка од рефератот на секретарот на Сегрчкиот сојуз на жените Рула Кукулу, одржан на Конференцијата на Сојузот од 1 - 3 март 1949 година.}

Ево што во тоа време велеше и самиот Захаријадис и неговите соработници:

"Македонскиот народ, особено во регионот на Вич, во борбата даде она што имаше и стана вистинска жртва. Ги даде своите деца, своите ќерки, својот имот. Оваа натчовечка жртва предизвика и извесни тешкоти и треба да ги надминеме. Овие тешкотии произлегуваат од војната, од  пренапрегнатоста на силите. Тоа се тешкотии од војната. Но покрај нив, имаме и други, субјективни, што гги наголемуваат и ни создаваат нови пречки. Народот овде дава се' што има за борбата. Но борецот или интендантот стига до терор и тоа го разбива единството.

...Народот има и други тешкотии. Едно од нив е и мобилизацијата на девојките. Сите разбирате дека никој од нас не ја гледа оваа работа со добро око. Не е правилно да ги испраќаме девојките да се осакатуваат.  Не е природно, ниту човечно, но ете таква една мерка се покажа како нужна, ни ја наложи врховниот интерес на нашите два народи, ни ја наложи борбата. Оваа мерка, поради големото незадоволство многу ја искористи и непријателот. Но во борбата за слобода треба да дадеме се'. Само низ таква призма македонскиот народ треба да ја гледа погорната мерка. Да извлече нова храброст и својата болка да ја потчини на интересот на борбата.

Други тешкотии се гладот, бомбардирањата, страдањата, студот итнт.." {Од говорот на Захаријадис на Вториот Конгрес на НОФ на Егејска Македонија, објавен во дневниот весник на Демократската армија "Прос ти ники" од 30 март 1949 година.} 

На Вториот Конгрес на НОФ говореше и претставникот на Демократската армија генералот Костас Караѓорѓис, кој меѓу другото го рече и следното:

"Славомакедонскиот народ со својата борба, со своите жртви, со своето учество во големата ослободителна антиимперијалистичка борба на грчкиот народ, го има практички спечалено правото на самооопределување и своја слобода". {Од говорот на Караѓорѓи на Вториот Конгрес на НОФ, објавен во дневниот весник на Демократската армија "Прос ти ники" од 29 март 1949 година.}

Учеството на македонскиот народ навистина беше масовно придружено со тешки човекови, материјални и национални жртви. Во една ваква публикација не можат да се дадат исцрпни податоци за тоа, но ќе се обидеме со уште неколку реда тоа да го илустрираме иако целосни податоци за човековите жртви и материјалните штети немаме.

Македонците секогаш во текот на борбата претставуваа половина од ефективите на ДАГ. Ако се има предвид дека таа достига 40.000 борци, а половината од тој состав беа Македонци, тоа значи дека 6-7% од вкупниот број на македонското население (280.000 - 300.000) учествувале во Даг, додека тој процент за Грците изнесува 0,40%. Само овој податок може да ја илустрира масовноста на учеството на Македонците во вооружените единици на ДАГ. {7. Грчките власти не признаваат дека спроти Втората светска војна, за време на НОД и Граѓанската војна постоеле 280.000 до 300.000 Македонци. Тие во официјалните статистики ги бележат како луѓе со туѓ јазик "Славофони Грци" до 40.000, а други, пак, признаваат дека ги имало до 80.000. Ист е случајот и со изјавите на грчките официјални личности. Меѓутоа, сите објективни истражувачи на овој проблем дојдоа до констатација дека спроти Втората светска војна во Егејска Македонија имаше 280.000 до 300.000, па дури и 330.000 Македонци. Впрочем ако нивниот број беше 40.000, па и 80.000, тогаш немаше да го дочекаат крајот на Граѓанската војна. Тие немаше да претставуваат никаква значајна сила, немаше да дадат 20.000 борци и над десет илјади жртви. Впрочем, против кого пред Втората светска војна, по неа и сега се преземаат драконските денационализаторски и истребувачки мерки ако Македонците не постојат? Ако е така, грчките властодршци се Дон Кихот! Но, тоа не е така. Затоа што Македонците постојат, тие и сега создаваат пропагандни корпуси од попови и полицајци, противречат во своите изјави и водат уништувачка политика на геноци.}

Натаму треба да се подвлече дека Македонците како национална група беа подложни на специјален истребувачки терор. Затоа, покрај жртвите дадени од вооружените борци во редовите на Демократската армија, големи се и другите маки, страданија и последици за македонскиот народ. Практично, во оваа војна не остана незасегнато ниедно македонско семејство. Веднаш со воспоставувањето на власта 1945 година, како што се гледа од изнесеното, регуларни и нерегуларни вооружени сили на власта во секое село и населено место каде што навлегуваа вршеа  рации, го тепаа и го пљачкаа населението, вршеа по некое диво убиство или апсење. Кога на тоа македонскиот народ почна да се спротивставува, отпочнаа  масовни апсења. На илјадници изнесува бројот на Македонците што беа испратени во грчките затвори и интернации на пустите острови во Егејското Море.

Поради тоа што за цело време на траењето на вооружената граѓанска војна, за да се избегнат жртвите од нападите на непријателската авијација во текот на 1948-1949 година, беа евакуирани илјадници деца од Егејска Македонија во соседните и подалечните источноевропски земји. Некои од овие деца беа на едногодишна возраст и не ги познаваа своите родители. И денес се' уште има деца кои не се сретнале со своите родители.

Во текот и пред крајот на граѓанската војна во 1949 година настана масовно емигрирање. Бројот на емигрантите во Југославија и источноевропските земји надминува 50.000 Македонци кои зад себе го оставија сиот подвижен и неподвижен имто.

Според официјалните статистички податоци од пописот во 1951 година во Грција, не се споменуваат  46 македонски села со население од 20.913 жители, според пописот од 1940 година. Само неколку села и тоа само  со мал број жители, од тие што се водат како ненаселени во пописот од 1951 година, подоцна се обновени од некои жители кои се вратија од затворите или беа евакуирани за време на Граѓанската војна.

Според истиот попис во повеќето македонски села и населби бројот на македонското население мошне опадна. Карактеристично е да се одбележи дека, следејќи го статистичкото движење на населението на селата населени со Македонци и селата населени со Грци и доселеници од Мала Азија, може да се констатира дека за истиот период и во исти реони, селата населени со Грци и доселеници од Мала Азија не само не бележат опаѓање на населението, туку обратно: се зголемува бројот на населението во 1951 година во однос на пописот од 1940 година.

Кога се земе во предвид сето изнесено може основано да се тврди дека врз Македонците во Грција се вршел и се врши злочинот - геноцид.

 Целите за кои македонскиот народ ги поднесе и овие жртви не се остварија. Вооружената борба за победа на демократијата и едно поправедно општествео во Грција беше изгубена. Правото, меѓутоа на живот во својата земја, на демократија и национална слобода на Македонците си останува. Од тие свои права македонскиот народ нема никогаш да се откаже.

 

Продолжува

 

Кочо Рацин

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

КОЧО РАЦИН 

  • ДА БИДЕШ ЧОВЕК

    Да бидеш човек, да имаш топла крв
    Да мислиш со ум и создаваш со рака
    Па да си нечие нешто.

    Низ сиот живот ден и ноќ
    Болно да венееш покрај челичната машина!
    Да сонуваш за среќа
    И да ја создаваш за друг
    А самиот да си среќен - никогаш.
    Да можеш се'
    Со грч во болка да создаваш
    Па да си ништо пак.

    Да си ги продадеш крвта, мускулите и умот
    И да живееш - со животот на добиток!
    Да бидеш милион,
    Милион бледи лица и стиснати шаки,

  • И да си мртов предмет:
    Да бидеш лопата и дикел
    Да копаш
    Патишта рамни
    Некому за рај!
    А за себе да си коваш метален оков
    На срамот и на бедата!..

    О,
    Да се плукне, да се плукне гадот валкан!
    Да се отвори устата, да се искoпаат очите
    И ноќите ослепен
    Од стхијата на зелениот јад!...


    Автор: Кочо Рацин
    *******************
    Macedonian timeline

Kind regards : 26 јануари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 121