ЕВО ШТО НИ ПОДГОТВУВА

ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА НА ЗОРАН ЗАЕВ

 

Ристо Никовски

Ристо Никовски

МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ НАЈРАНО ПО 2030-ТАТА

********

Деновиве, наголемо се лицитира со прекрстување на државата што неминовно води во промена на националниот идентитет, поточно во разнебитување на македонскиот народ. Еден од главните "аргументи" зошто треба да се откажеме од самите себе е брзото започнување на преговорите и членство во ЕУ. Тоа е тешка измама.

Нашата заслепеност со НАТО и ЕУ се базира врз целосно погрешни елементи и факти. Ние сме спремни за стратегиски отстапки, со непресметливи последици, без нашите политичари да сфатат дека и утре да се прексрстиме, и се' да се одвива со најголема брзина и најповолно, Македонија не може да влезе во ЕУ пред 2030 година.  Тоа не смее да се  крие од народот. За следните најмалку 13  години, можат да се случат  незамисливи промени и во Унијата и на Балканот и во Македонија кои можат целосно да го обезвредат нашето само поништување како народ. Во декември 2017 година, нам познатиот Хан ни порача од Брисел дека првите од регионов во Унијата ќе влезат во 2025 година. Многу е веројатно дека тое ќе биде само Црна Гора. Ем ќе демонстрираат проширување, ем малата држава нема ништо да им промени. Ова е одлична опомена да водиме сметка какви отстапки правиме бидејќи уште долго нема да имаме ништо за земање. Почнувањето на преговорите за членство  не е и не може да биде никаков повод за да го обезличиме сопствениот народ. Преговорите можат да траат бесконечно. Така и' се случува на Турција. Преговара од 2005 и затворила само едно поглавје од 35. Впрочем, Македонија не смее во никој случај да се прекрстува заради некакво членство во НАТО и ЕУ та таму и мед и млеко да тече. Тоа би бил катастрофален, срамен и недостојанствен чин, истирски погрешен.

Меѓутоа, треба интензивно да се работи на доближување до стандардите на Унијата, бидејќи е тоа наш интерес, ама без никаква еуфорија. До евентуалниот прием, периодот е многу долг и неизвесен, без никаква гаранција дека работите ќе се развиваат позитивно. Со понижувачкото прекрстување нема во никој случај да завршат нашите маки и голготи. Напротив, тие неизбежно ќе се мултиплицираат. Исто како што се случи и со ОРД кој веќе преку 16  години ја руши државата. Откако ќе се прекрстиме, ако веќе направиме таква цивилизациска глупост, ќе пораснат апетитите на сите соседи и подалечни земји. Кога некој ќе се наведне, редицата на заинтересирани е обично долга. Апсолутно ќе биде така и во нашава ситуација, ако дозволиме тоа да се случи. Аспирациите ќе се шират во недоглед. За членство во ЕУ се преговараат 35 поглавја и за тие да се затвораат потребна е согласност од сите членки. Кога е Македонија во прашање, голем дел од соседите ќе се однесуваат како мршојадци. И, не само тие.

Интересот на Македонија за влез во ЕУ е оправдана стратегиска определба и треба да се подржи. Спорен е, само, односот на Унијата кон Македонија. Од причини кои бараат длабинско истражување, пред Македонија долго време се поставуваат непристојни услови за членство. Грчките историски синдроми, и сличните во Бугарија, со кои се негира постоењето на Македонците, ни се добро познати. Меѓутоа, тие во никој случај не се и не можат да бидат доволна причина за негаторскиот однос на Брисел кон нашата земја. На крајно насилен, нелегален и неприфатлив начин, од таму ни поставуваат блокада, уцена и ултиматум - прво името, потоа членство. Тоа се политики од 19 век. Овие две соседни земји немаат капацитет да го диктираат тоа. Значи, мора да има уште нешто во позадината, многу поважно. Македонија не мрдна со прст за да ги открие причините за блокадата, а уште помалку за да ги промени тие неприфатливи стереотипи на Унијата, иако и судот во Хаг ни даде за право. Се залажуваме со лагите од Атина, наменети за тамошната јавност, дека тие поставиле вето во Букурешт (2008), што воопшто не е точно. Блокадата и уцената ги постави алијансата, а многу добро знаеме кој раководи со неа. Ние, пак, ги прифаќаме неповолните решенија како нешто неспорно со кое мораме да се помириме. Сите арументи се на наша страна, а ние си молчиме.

Во Унијата апсолутно се свесни дека не им служи на чест односот кон нашата земја. Тоа е за нив поголем проблем отколку за нас и се многу заинтересирани да го решат. Не се спремни за отстапки, бидејќи тоа не зависи од нив. Причината е сосема јасна - не одлучува Брисел туку Вашингтон, кој е вистинскиот креатор на сите политики кон нашата земја. Унијата е немоќна пред единствената супер сила, која е по секоја цена решена да го прекрсти македонскиот народ. Во Брисел, сите клучни одлуки се донесуваат прво во НАТО, каде се знае кој е царот, а потоа, по автоматизам, важат и за ЕУ. Истите земји седат во двете и затоа прво се влегува во алијансата, а потоа во Унијата.

Тоа е причината зошто во Брисел максимално се цени спремноста на нашата нова влада да капитулира пред Софија и Атина. Се решава нивни клучен проблем. Затоа постојано не фалат, а премиерот доби врвен протокол при неодамнешната посета. Тие не го сменија својот нецивилизациски однос кон Македонија, а мораа, туку ние го виткаме 'рбетот и голтаме кнедли кои ќе ни донесат несогледливи последици. А протоколот и пофалбите нив ништо не ги чинат. Тие се сведуваат на мижи да те мамам. Се' заедно, да ти е срам колку ефтино се продаваме. Така не третираат бидејќи гледаат дека не не бива. Банда петоколонаши и платеници постојано труби дека сме на прав пат и дека одиме напред. Не споменуваат - во амбис. Парите го прават своето.

 Ова се објективните изгледи за наше приближување кон Брисел. А таму, нема никаква визија ниту за иднината на самата Унија, камоли за преостанатите балкански земји, кои навредливо ги нарекуваат "Западен Балкан". Ако сме ние "Западен" каде е "Источниот" ? ЕУ нема никаков ориентир - што понатака со нас. Во февруари (2018) ќе објават некаква стратегија која нема ништо да донесе освен да го потврди погоре спомнатото - проширување по 2030-тата. Компактноста им е сериозно загрозена и моментално се вртат во маѓепсан круг. Во јули 2017 година се лансираше идејата за формирање на Балканска царинска унија, како предворје на Брисел. Се смета дека тоа е целта на ткн. "Берлински процес" кој го започна Меркел. Во неа би биле Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија. Остатокот од Југославија и Албанија. Идејата нема шанса да успее, ама јасно покажува дека Брисел е загубен во бирократијата. Дека е така потврдува и податокот од 2012 година ("ЕУ ја поздравува идејата за балкански Бенелукс", "Нова Македонија", 18 јули 2012), кога Тирана и Косово ја реафимираа својата стара идеа за создавање на АЛМАКОС - заедница на Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора (Која не е во кратенката). Брисел ја поздрави идејата. Тоа е фактичка "Голема Албанија" ама со друго име. Нема дилеми дека е тоа замисла на Вашингтон, а Брисел, по обичај, нема свој став.

Договор со Грција многу тешко ќе се постигне. Тоа е реална опција и покрај нашето само резилење. Грција воопшто не е спремна за договор и не го посакува ама е под жесток американски притисок. Ќе направат се' до него да не дојде. Затоа, Атина ќе бара многу не само од нас туку и од Вашингтон и од Брисел. За разлика, ние се' даваме гратис. Опциите се разни ама ние мораме да бидем спремни за секаков расплет. Ако нема решениее, дадените отстапки ќе обврзуваат и ќе бидат на маса и за комбинаториките кои ќе следат. Тие ќе бидат почетни позиции во следните пазарења. Тука нема пишман аџии. Влогот останува.

Во колумна во Утрински - "Вратите на ЕУ се отворени, дали лидерството е подготвено да влезе", од 8 март 2017, потпретседателката на ЕУ, Федерика Могерини, нанижа едно чудо лаги,  почнувајќи од самиот наслов. Таа добро знае дека, по Букурешт (2008), вратите на ЕУ за Македонија се ширум затворени. И покрај тоа, таа додаде - "не само што се отворени туку и сакаме да влеземе"! Нејзино право е да се прави недоветна, ама зошто и нас не меша. Како да сме паднати од Марс, таа ни објаснува - "духот на демократијата и владеењето на правото се камен темелник на нашите европски општества и тие никогаш не смеат никогаш да бидат прекршени"!? Ова да го зборуваше во Малта, па ќе речеш дека заборавила што прави Унијата во Македонија, ама да го пишуваш во Скопје, е навистина врвна бесрамност. Друго име нема, бидејќи таа знае дека нелегално не блокираат и уценуваат, а пресудата од Хаг ја игнорираат... Каде има тука "дух на демократијата..."?

 Не третираат полошо од протекторат и банана држава,бидејќи самите даваме повод за тоа. Ако самиот не се цениш, никој не те есапи. А нашите политичари, изгледа сите без исклучок, во разговорите со странците очигледно не можат да ги контролираат или сокријат своите лични и национални комплекси. Резултатите тоа јасно го потврдуваат. Впрочем, ние самите дома ја користиме референцата од ООН, дури и нејзината бесмислена и навредлива кратенка, со што го кршиме Уставот и самите се прекрстуваме и обезличуваме. Ако ни се толкави капацитетите како народ, повеќе и не сме заслужиле. Македонија има блескави личности кои не доаѓаат до израз бидејќи селекцијата на кадри е пострашна и од комунизмот, кој токму заради тоа и пропадна.

 

http://www.dudinka.org

14 јануари 2018.

 

 

Алдо Климан

Алдо Климан

ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е СОВРШЕНО И НИКАКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА !

*****

Метју Нимиц нема нова идеја за името и вели оти немало волшебни решенија. Има, господине Нимиц. Наједноставно, волшебно и совршено решение за името на нашата држава е  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Се' друго е обична ступидна грчка измислица за тридецениско меѓународно тормозење на македонскиот народ, особено кога надворешната политика нија води еден дипломатски и морално изгубен случај како министерот Никола Димитров.

 **

Тажна е оваа земја македонска, кога е осудена да ги слуша и да ги поднесува неподносливите глупости на Никола Димитров, таа дипломатско-пимпломатска карикатура, на која слатко би и' се смееле да не ни се плаче од она што тој во својот, всушност, сосема приватен Маерлинг со Никос Коѕиас по грчките хотели, но на наша сметка, им го готви на македонскиот народ и на Република Македонија. А станува збор за тенка кисела чорбичка, од најобични трици.

Димитров вака мудрува: "Не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави".

Прво, господине Димитров, тој "регион" (го користам вашиот  "дипломатски" термин) што има историско име Македонија се наоѓа не во три, ами во четири држави (Република Македонија, потоа егејскиот дел на Македонија во Република Грција, пиринскиот дел на Македонија во Република Бугарија и најзападниот дел на Македонија во Република Албанија). Тој факт не може да го сменат ниту вашата "дипломатска" глупост и недостоинство, ниту бугарските, грчките и албанските лаги и квази-историски фалсификати.

Второ, тој "регион" што се вика Македонија е распослан во неколку држави не затоа што така географски разделена ја дал Господ, туку затоа што во освојувачките Балкански војни во 1912 и 1913 година безмилосно и ограбувачки е парчосана од освојувачите Грција, Бугарија и Србија, а делот во Албанија и' е доделен на таа држава во рамките на наметнатите меѓународни  договори со кои државно-правно е санкциониран тој територијален грабеж. И сега, бидејќи тој "голем регион", како што го нарекувате, инаку, во историјата општопозната како Македонија, во еден определен воено-политички и историски момент од сите страни ни е ограбен, и така поделен денес постои во повеќе држави, вие мудро пимпломатски ни советувате токму ние Македонците да се откажеме од името Македонија, или пак да го нагрдиме со некоја префиксна или суфиксна лепешка, а другите да си го користат според сопствената волја. Е па, тоа ви е супер ! Веројатно мислите дека таа ваша надреална глупост не се гледа и од меѓународната вселенска станица, а не само вака од блиску.

Трето, во тој "регион", господине "дипломат" Димитров, во другите три држави (Грција, Бугарија и Албанија) - можеби ќе се изненадите и зачудите! - освен во нашата матична татковина Република Македонија, живее и многуброен македонски народ што вие во вашите "регионални" визии за општа среќа на овие балкански простори воопшто не го гледате ниту ви текнува да го споменете. Но, господине "дипломат" Димитров, тоа се наши луѓе, наша крв, наши Македонци, неизмерни страдалници поради лудилото на столетните историски вртолуми и поради "дипломатското" лудило и слепило на таквите бесчувствителни полит-хедонисти како вас, кои не само кога немавме своја држава, туку и денес кога си ја имаме својата тешко содадена и уште потешко зачувана, независна, самостојна и суверена, меѓународно  измачувана и измачена но горда Република Македонија, не смеат да уживаат во елементарните, меѓународно загарантирани човекови права слободно да го носат своето национално име Македонка и Македонец и да се служат со својот мајчин македонски јазик, впиен длабоко во душата од нивното раѓање, од колепката, нишана под нивното македонско небо, независно од тоа на која држава денас тоа и' припаѓа. Кој ви го дава тоа право така бедно да ги пречкртувате од нашиот национален хабитус, лажен господине, лажен дипломату?! Македонскиот народ не е ваша приватна сопственост!

Четврто, и во едно најмалко семејство, од неколку членови, па и за најмали дневни договори, се седнува  на заедничка маса, во кругот на домашните и стрпливо и со усул се прават планови и се договара се'. Најголемо семејство, пак, длабински, историски, културолошки, етнички и јазично поврзано е Народот. Нашето најголемо македонско семејство е македонскиот народ. А вие, вашиот квинслишки премиер Заев и вие лично, господине предавнички "дипломату", како некои пијани трговски патници сте се распашале и сте се растрчале наоколу, од врата до врата, кај соседите што 150 години не' уништожуваа и што и денес не можат да не' видат и не уништожуваат, ("лицем светци, срцем вл'ци", како што вели нашиот голем поет Григор Прличев), и како што ќе ви "пр..не" на ум правите понижувачки и смртоносни зделки за нашето големо семејство - за македонскиот народ. Па, што вие вам? Знаете ли како завршуваат тие авантури? Ако знаете, тогаш треба да ви биде јасно, како ќе заврши и таа ваша авантура?

Тоа што сега, кога за само неколку месеци од меѓународното инсталирање на оваа предавничка власт, најстравотно и непоправливо ја оплескавте на сите страни и со бедниот и понижувачки договор со Бугарија и со внатрешните големоалбански шовинистички партнери на кои ширум им го отворивте патот за целосна безобѕирна албанизација и длабинско разградување на државата - мачно е и да се спомнува! - а вие, пак, како некој безгрижен патник, во самечко купе на овој  тажен Балкански-експрес дојден од Европа, надуено си се клацкате кон последната, веќе сосема блиска станица што се вика Хиперглупост и од ручек до вечера со нашите ништители работите на тоа да ни се смени името, нашето свето име Македонка, Македонец, Република Македонија - сега, велам, кога ја дотуркавте работата до крај, сега ви текна низ заби да процедите дека во одлучувањето за името ќе биде вклучена и опозицијата.

Не, не, господине "демократски дипломат" Димитров и сите вие господа квислинзи во "демократската" влада, вам сега само ви треба национално алиби за непоправливиот и непростливиот злостор и грев што го направивте против македонскиот народ и против Република Македонија. Единствената "инклузивност" (вклученост на другите) што така проѕирно ја "промовира" предавничкиот премиер Заев, а вие, и купот ваши големоалбански партнери од типот на Бујар Османи, Артан Груби, Талат Џафери и Али Ахмети, сите од ред стручњаци за името на македонската држава, со него го споделувате тој "префинет демократски стил" - единствената ваша "инклузивност" се состоеше и се состои во тоа вие неколкумина сами, без каков и да е разговор и договор со политичките опоненти во државата, со научната и воопшто пошироката општествена јавност - а за национален концензус и да не зборуваме ! - зад затворени врати да бидете "инклузивни" кон претставниците на други земји (Бугарија, Албанија, Грција) и хистерично брзопотезно да го договарате сето она што значи целосно поништување на Република Македонија и на македонскиот народ.

Затоа, господине "дипломат" Димитров, и сите вие господа квислинзи во владата, вие сте сосема прочитана книга, и е многу, многу големо прашање дали сегашната политичка опозиција ќе се фати на таа ваша подмолна отровна мамка, или, како што треба, ќе ве пушти да си се удавите во сопствената внатрешнополитичка и меѓународна беда, што апсолутно ве чека, независно од тоа како ќе заврши оваа ужасно бесмислена и непотребна трагична национална сага со нашето убаво име Република Македонија и со сето она што тоа го претставува и што ги симболизира за македонскиот народ и за пошироката меѓународна заесница.

 

http://kurir.mk

19 јануари 2018. 

Ламбе Арнаудов

 

Ламбе Арнаудов

МАКЕДОНЕЦОТ ПРОСТУМ ПРЕД ОЛТАРОТ НА ЧЕСТА

************

 

Џеси меси, Џеси премеси, Џеси размеси и Џеси замеси, фурнаџии испечи, неразбрани трговци продади, исплашениот, сиромашен и прегладнет народ, изеди. Вака среќно денес се живее во златниот кафез што уште некое време ќе се вика Македонија и е најзапоставениот дел од глобалната зоолошка градина што се нарекува слободен демократски свет. Згора на тоа нашиот кафез е уникатен.

Иако е проектиран од неповикан надворешен, светски познат, универзален архитект, изграден е од наши неимари, мајстори и слободни ѕидари на само наш својствен начин. Без милиметар отстапување од генералниот и детален урбанистички план, нашите градители доброволно скелињата ги поставиле одвнатре, сами сме се самозаѕидале, без влезни и излезни врати, со прозорци од затемнети дуплекс стакла, низ кои од внатре према надвор ништо живо не се гледа, а од надвор постојано не набљудува нашиот доброчинител за веднаш да реагира и да не дозволи нешто да не ни недостасува. Испусниот канал за луѓето со чиста духовна политичка и идеолошка хигиена е многу мал и строго контролиран за никој незабележан да не може да излезе и да се исчисти од калта и од гнасотијата. Тоа многу лесно се мие, ама срамот и образот на тие што ќе останат внатре ни сите сапуни, детерџенти и други хигиенски средства не можат да го измијат.

МАКЕДОНЕЦУ, сега ТИ е вистинскиот момент да се соочиш лице в лице самиот со себе, исправен простум, секој пред сопствениот олтар на честа.

Ќе мислиш или ќе ти го смислат, ќе стоиш или ќе коленичиш, ќе одиш или ќе лазиш, ќе зборуваш или ќе те замолчат, ќе се бориш или ќе се лигавиш, ќе газиш или ќе бидеш згазнат, ќе водиш или ќе те водат, ќе јадеш или ќе те товат, ќе си нормален или кукавица, ќе учиш или ќе те научат, ќе бидеш човек или биоробот и конечно ќе си некој или никој. Дали ќе го земеш и љубоморно ќе го чуваш она што го сакаш или ќе го засакаш она што со сила ќе ти го дадат, одбери.

Имаш мозок во главата и нозе во чевлите па сам одбери си го патот по кој ќе тргнеш. 

Твојата татковина се распаѓа, твојот народ исчезнува, а ти сеуште си на трибините. Никој не може дома да ти дојде, да те понижи и да те победи.

Не надевај се на така наречената авангарда, нацијата ја создаваат и чуваат сиромашни, обични и едноставни луѓе.

Одбери дали ќе припаднеш на генерацијата која храбро ќе ги прегрми овие бурни и решавачки денови или и ти ќе се изгубиш, ќе исчезнеш во празнината на прескочената, себична изгубена и пропадната генерација која сопствениот народ ќе го претвори во азилантска орда, во својата татковина што безобзирно ќе дозволиш да изчезне засекогаш пропуштајќи ја низ твоите лизгави прсти. Стегни ја тупаницата и сочувај ја тоа ти е света должност кон предците и кон  иднината што на ваков начин насилно ќе им ја одземеш и своите сонародници ќе ги направиш безимени за време на животот и без спомен над нивните  надгробни плочи. Омразените квинслинзи на фирерот му предаваа коридори, патишта, дел од својата војска, суровини и енергетски материјали, ама никој како овие не ги испорачале народот и татковината.

Презрените и омразени денешни политичари од власта, некрофили кои својот народ го сакаат само мртов, а од живите се обожуваат само себе си. Браво за симфонискиот оркестар на СДСМ и нивниот диригент за маестралната изведба на ТОТЕНФАЕР прославата на смртта на сопствениот народ за што публиката неколку пати на бис ве врати на сцената задоволувајќи ги своите уметнички апетити изразени преку канибалско проголтување на цели народи.

За ова, со задоволство би ве задавиле и Мајка Тереза и Махатма Ганди, но ваквиот крај нема да го дочекате затоа што за вас тоа би било избавување. Вас, на долгиот пат до деветте пеколски кругови ве чекаат деведесет земски кругови на измачување, процес кој ќе биде претворен во постепено и успорено самоубиство.

Само за разлика, многубројните странски туристи кога го посетуваат Париз, се воодушевуваат од неговите знаменитости, Лувр, Монмартр, Шанзелизе, Мулен Руж, операта, Ајфеловата кула и др. Спротивно на ова Французите од внатрешноста кога доаѓаат во Париз прво го посетуваат Домот на инвалидите што го изградил Наполеон во чест, слава и благодарност кон  неговите војници, патриоти и родољуби и на таков начин цела нација им ја искажува заслужената почит. Антоним на Домот на инвалидите во Париз во Скопје е Домот на инвалидизираните пратеници од власта.

Но, не ги кривам само нив, по малку се успавме и не фатија на една нога. Бргу заборавивме и како да не верувавме дека можат повторно да бидат толку брутални, опасни, сурови и одмаздољубиви, иако во минатото честопати ни приредувале вакви претстави. Ама, поставувајќи им многу пречки на народот така го прават посилен и поотпорен и со многу повеќе елан и енергија го оспособуваат да го живее животот и тогаш кога не е поднослив за живеење. Тогаш полесно се препознаваат вистинските вредности, се изразува поголема почит и се препознава патот за нивно достигнување и нивна примена за посреќен живот.

Многу брзо и најголемите скептици ќе разберат дека со народ нема играње, центарот на гравитационата моќ е тој, а сето останатото се врти во неговата орбита кој поблиску кој подалеку, ама секогаш сите можат лесно да бидат откачени од гравитацијата и да се испратат во вечниот заборав и срам.

И тоа не е се, внимавајте строго на наредните поставени бусии. Во првата веќе паднавме, проектот превентива им успеа, затворија невини луѓе за да го заплашат народот и се одбранат од неговиот револт. Втората бусија е Сан Моне. Прокопајте малку по историјата ќе видите што ни донел Париз со своите предградија, порано Версај, сега Сан Моне и уште малку порано источниот или мал Париз - Букурешт. Третата бусија ќе продадеме пет деликатесни вредности име, јазик, идентитет, историја и народ, а ништо за возврат нема да добиеме. Се' ќе застане при верификацијата која ќе треба да се донесе поодделно од некој парламентарни буништа. Последната, најопасна. Референдум. Ако бевме сведоци на предизборен, изборен и пост изборен инжињеринг зошто да не ни се случи, предреферендумски, референдумски и постреферендумски инжињеринг.

Баталете инжињери, тие се да прават трактори и машини, ти верувај му на трајно воспоставената генетска репродукциска врска која немој да ја прекинуваш од дедо ти, татко ти  преку тебе до децата и внуците. Навидум многу лесно и природно ама во овие времиња тешко изводливо. Ќе теба максимално да се потрудиш.

Господине Заев мислев или бар така ми се причинуваше дека излегуваш од типичното, стандардно клише на коминтерновските остатоци од СДСМ. Се радувам кога те гледам постојано дека си во друштво со црковните Големодостоинственици им бакнуваш рака, се поклонуваш и се прегрнуваш, се уверивме дека си дарежлив донатор дури и ктитор. Затоа немој да го заборавиш првото начело на кодексот на христијанството, простувањето, кое е закон над сите закони. Ако од некого со радост си примил дар должен си со срце и душа да го даруваш на секого. Еднаш пред десет години ти таков дар прими, ред е сега да го даруваш на другите. Во овој момент тоа ќе ги смири затворените патриоти, нивните семејства, ќе те смири и тебе самиот, но најмногу ќе допринесе на смирување на политичките тензии во Република Македонија. Не е закана, само за отрезнување и освестување твојот народ е во постојана политичка, идеолошка и психолошка граѓанска војна која лесно може да се претвори во вистинска. Не дај Боже. Спречи го најлошото, најмоќен си и најодговорен. Во овој момент најважно е да го оставиш настрана, навредливиот прекар, Западен Балкан што во превод значи магарешка клупа од училишните денови и кој се води со најнечовечките принципи на законот на посилниот-дарвинизмот.

Кога сме веќе кај религијата. Господо свештеници, монаси, игумени, архиереи и Господин Господин Поглавар и сиот останат клер ви порачувам. Продадејте ги луксузните автомобили и скапи џипови. Нема да ви требаат. За многу историски кусо време, Вас и верниците на литургија до голем број светилишта кој ќе бидат оградени со телени мрежи и чувани од туѓинци во униформи ќе ве возат во тенкови и други борбени возила, во конвои и со наоружена придружба и тоа само на големи празници со благовремено прибавена дозвола зошто инаку може да бидете одбиени.

Ги има многумина, мислам дека седум или осум, а можеби и многу повеќе дури десет, кажуваат, дека пишувам глупости. Близу сте ама не во центарот. Јас пишувам за вие глупаците да се препознаате во текстот и сами да се соголите и да бидете исплукани и каменувани од сопствениот народ. Не ви се лутам, ама и на маслат не ве ставам. Јас никогаш не пишувам што сте вие, туку што не сум јас.

 

http://kurir.mk

17 јануари 2018.

Александар Џеповски

 

Александар Џеповски

ИСУС ИМАЛ ЕДЕН ЈУДА А НИЕ 43

***********

 

Фамозни 43 под контрола на Рама. Од нешто што беше најзаостанато и најпримитивно во Европа, а денес центар на каубојизмот и одгледување и препродавање на дрога, ценетата им Албанија на Јенките... дојдовме до најниско дереџе да ни крои капа никој друг, туку дрогиран премиер на споменатата земја, облечен во одело и патики.

Овие 43 "наши" кретени дозволија дури и јавно да бидат исмејувани од Рама и Албанците затоа што дозволија самите епитет да им се залепи - 43 Јуди. Исус имал еден Јуда, а Ние 43.

Толку е голема нашата болка и мака во овие моменти.

Капак на се' е и изјавата на плејбојот Димитров, кој, замислете го "охрабрувал многу" Нимиц да ни даде, демек, име. На татко му е Македонија, а црквата на Заев мајка му, па сега охрабдуваат и молат за чивија да им влезе. Па дури и опозицијата ја советува да се приклучела во компромисот од кои треба тие да профитираат, а Македонија да изгуби.

Едно нешто е приметливо за целиот свет.

Македонија од Империја на Александар, па со тапија докажано од Турците Османлии дека е цела со Егеј, Пирин и Вардар, сега ете се разделува на уште два дела... па самите се прашуваат каде е тој "иредентизам" на Македонија? Да му одземеш се' на некого и да го судиш дека тој ќе ти земе или поточно си го бара своето, тоа е безобразлук и најголем цинизам.

Господи Боже, сега се е буквално во твои раце.

Ти виде грдни маки од еден Јуда, додека Ние ги тргаме истите маки од 43 Јуди.

Ќе реагираш или треба да умре Македонија па да воскресне?

Ако умре, бар да воскресне исто така за 3 дена... не за подолго.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА. АМИН !!!

 

http://mn.mk

 

Македонски бегалци

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 68

*********

 

 Македонија во периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912 - 1941)

 

 

4. Крајот на војните - нова етапа во развојот на борбата на македонскиот народ

за ослободување и за државно конституирање

 

На 29 септември 1918 година во Солун, Бугарија потпишала безусловна капитулација пред силите на Антантата. Тоа е крајот на Првата светска војна на територијата на Македонија. Во исто време, тоа значело и крај на шестгодишното разурнување на материјалните и човекови богатства на Македонија и македонскиот народ.

Грубата реалност, по потпишувањето на капитулацијата на Бугарија, предизвикала бројни, речиси нерешливи проблеми од економски, демографски и политички карактер пред македонското ослободително движење и македонскиот народ. Покрај огромните пустошења на македонските градови и села, покрај големиот број човекови жртви, дадени без секаква смисла и за туѓи интереси, од Македонија потекла река на протерани бегалци, барајќи спас за голиот живот. Најголемиот број бегалци се упатиле кон Бугарија. Според податоците на Карнегиевата комисија, само како резултат на Балканските војни и другите пустошења, од Македонија во Бугарија пребегнале околу 50.000 лица. Емигрирањето од Македонија продолжило и во периодот на Првата светска војна (1914-1918), но и по неа. Последново се однесува на егејскиот дел на Македонија и било последица на потпишаната (29 септември 1919) таканаречена  "Конвенција за доброволна размена на населението меѓу Грција и Бугарија". Врз основа на таа конвенција, Грција од егејскиот дел на Македонија протерала околу 33.000 Македонци во Бугарија. За жал, со договорот за регулирање на имотните проблеми на "доброволно" протераните Македонци бугарската држава на Грците им ги продала, покрај селата, куќите, земјиштето, уште и црквите и гробиштата.

Објективните статистички информации говорат дека во првите 30 години од XX век во Бугарија спас побарале околу 100.000 бегалци од Македонија. Тие се населиле во околу 1.600 населби во земјата. Населувањето било тежок, болен процес. Во прашање била бегалска маса од која 75 % биле бедни селани, земјоделци. Тие во Бугарија доаѓале без никакби средства за живот. Биле изложени на разни болести и на епидемии.

Крајот на војните и она што следело по нив пред македонското ослободително движење го наметнало прашањето каде и по кој пат, со какви цели и средства ќе се продолжи борбата за ослободување на Македонија. Ситуацијата била крајно драматична. На Конференцијата за мир во Букурешт (август 1913 г.), македонското ослободително движење било исклучено од разговорите. Македонија се третирала како парче земја на Балканот за кое ривалите спореле како да се подели и кој дел кому да му припадне. На крајот на Првата светска војна пред македонските субјективни сили стоела нова Конференција за мир - Париската. Се поставило прашањето како да се избегне Букурешт, како и на кој начин да се презентираат стремежите на Македонците, како на светот да му се докаже дека во изминатите војни нивната вина се состоела само во тоа што татковинската грутка на која живеат се вика Македонија, за чие што владение се бореле сите соседи. Од своја страна, ситуацијата во Европа пред претстојната Конференција за мир во Париз битно се разликувала од ситуацијата пред Букурешт. Прво, по војните било сосема јасно дека Европа заедно со Балканот повеќе не се тоа што  биле пред почетокот на Балканските и Светската војна. Во еден дел на Европа, во Русија, есента 1917 година се случила Октомвриска револуција. На исцрпените народи им се обратил Ленин, со апел за безусловен мир. Нему објективно му се придружил американскиот претседател Вудроу Вилсон, кој се застапувал за почитување на личните и колективните права на луѓето. Сето тоа, во пресрет на Мировната конференција во Париз, но и поради политичката состојба во Бугарија и положбата на десетиците илјади македонски бегалци, подгрејувало надежи, охрабрувало и поттикнувало на дејност за одбрана на сопствените, македонски права на живот. Повторно се профилирале двата македонски проекта. На површината повторно дошле до израз ставовите на двете спротивставени групации за иднината на Македонија. На една страна  се нашла левата демократска определба, која се организирала во единствена организација, наречена Привремено претставништво на бившата Обединета внатрешна македонска револуционерна организација, а на другата десната преокупација, која го активирала раководството на Исполнителниот комитет на македонските братства во Бугарија, зад кој стоеле Тодор Александров и Александар Протогеров, тесно поврзани со факторите на моќта во Бугарија.

И двата блока, секој со својата проекција за иднината на Македонија, настапиле на Мировната конференција во Париз. Привременото претставништво, како свој претставник на Мировната конференција во Париз, го испратило архимандритот Пол Христов. Тој на 10 април 1919 година упатил Меморандум до претседателот на Мировната конференција, Жорж Клемансо, и до претседателот на Британската влада, Лојд Џорџ. Во овој акт тој апелирал за автономија на Македонија и побарал, во "име на Македонија а не Бугарија или како Бугарин, да им го изнесе барањето на македонскиот народ". Од своја страна, десната опција во првиот свој настап пред Мировната конференција побарала "неподелена Македонија да се приклучи кон Бугарија". Станувајќи свесни за својата глупост, Задграничното претставништво на ВМРО, под раководство на Тодор Александров и на Александар Протогеров, во името на македонските Бугари, испратило Меморандум во кој се барало автономија на Македонија. На 19 јануари 1919 година до Мировната конференција се обратила и македонската емиграција во Истанбул, која барала Македонија да се организира како автономна политичка единица по примерот на Швајцарија.

Меѓу бројните барања  упатени до Мировната конференција во Париз внимание привлекува апелот на Генералниот совет на македонската емиграција во Швајцарија упатен до светската јавност  (јуни 1919 година). Тоа е еден од ретките документи во кој јасно и прецизно се брани правото на македонскиот народ на национално самоопределување, втемелено врз сознанието за постоење на самостоен културно-национален субјективитет. Суштината на овој опширен апел се состој во следново:

"Ние Македонците, бараме ова неприкосновено право (правото на самоопределување и незвисност - б.м.) да се почитува кога ќе стане збор за Македонија. Македонскиот народ ги има неопходните и потребните способности за да може да се самоуправува, бидејќи тој не е аморфна маса ниту несвесна заедница како што многумина заинтересирани писатели сакаат да не уверат во тоа. Напротив, под овој привиден хаос се крие духовно единство засновано на цврсти психолошки врски како што се: постојаните и масовни револуции, заедничките маки и болки под ист јарем. Една од главните врски на ова духовно единство е токму овој возвишен самопрегор на масите на македонскиот народ за независност на нивната земја, кој во сите времиња во Македонија создавал херои, апостоли и маченици". 

Сеедно, барањата испратени од разни македонски асоцијации и од двата политички блока на македонското националноослободително движење до Мировната конференција во Париз, во крајна линија, останале без одглас. Поделбата на Македонија во Букурешт, со некои мали промени, била санкционирана. Под притисок на Франција и на кралска Југославија, не успеале ниту обидите на некои добронамерни делегации - италијанската, англиската и др., Македонците во Грција и во кралска Југославиа да добијат малцински права.

Впрочем во Букурешт, како и во Париз, македонскиот народ немал право да ги брани своите интереси. Дебатите во некои тела на Мировната конференција во Париз во врска со македонскиот проблем биле водени без присуство на претставници од Македонија и не дале никаков резултат.

Борбата за афирмација на сопствениот културно-национален индивидуалитет, јасно и конкретно формулирана во апелот на Генералниот совет на македонската емиграција во Швајцарија, допрва, во периодот меѓу двете големи светски војни, ќе се процесуира во акциа.

 

Продолжува

 

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Седма

ОДНОСИТЕ НА НОФ СО КПГ

ДЕЛ 68

 

Пишува: Наум Пејов

II. ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА НОФ

 

2. Национална рамноправност

На Првиот Конгрес на НОФ, оваа тенденција на ракоодителите на КПГ дојде до полн израз. Тие се погрижија  да уфрлат во раководството луѓе како Малјос, Госопулос и други, кои не само што немаа ништо заедничко со Ноф и националните стремежи на македонскиот народ, ами напротив, беа познати полемичари на идејата на НОФ. Од делегатите неможеше да се скрие фактот дека раководителите на КПГ сакаат да наметнат во раководството на организацијата луѓе доверливи на КПГ, а да го дезавуираат дотогашното раководство на НОФ. Главното раководство на НОФ до  Првиот Конгрес од јануари 1948 година произлезе од  Политичката комисија за Егејска Македонија, но во него не беа вклучени сите членови, туку само четворица: Михаил Кирамитчиев - претседател, Паскал Митревски - секретар, Павле Раковски и Џоџо Урдов - членови и некои новокооптирани.

Слабостите на ова раководство се состоеше во тоа што не  умееше  да ги собере околу себе револуционерните кадри и што немаше единство.

Израснат како антитеза на ставот на раководството на КПГ по македонското национално прашање, на НОФ како на младо револуционерно движење му беше потребна мобилизација на сите оние кадри кои цврсто стоеја на платформата на ова движење и тоа од сите реони на Егејска Македонија.

Иако имаше напори од одделни членови на ова раководство да се исправат наведените слабости, се водеше секташка и лична политика која му нанесе многу големи штети на НОФ. Не можеше да се сфати едноставната вистина дека никој не може да се наметне со својот авторитет од простата причина што движењето се создаваше од дотогаш посебни и одвоени отпори по одделни реони во Егејска Македонија и нужно се налагаше да се почитуваат сите овие "авторитети" во едно заедничко раководство. Таквата состојба во раководството - отсуството на многу одани кадри и неединството - ги слабееше позициите на НОФ во односит со раководството на КПГ, кое и самото не беше на интернационалистичка висина.

(Павле Раковски го загрижува наведената состојба во НОФ и на една седница на раководството, во јуни 1946 година, остро му забележува на секретарот и меѓу другото  го истакнува следново: "Јас не го доживеав и не го познавам костурското движење, како што го доживеав и како што го познавам движењето во Воденско. Но сега дури дознавам дека од седумдесетмина предходници на нашето движење - караорманците, како што ги викаат, ниеден не бил во нашето движење".

Раковски се прашува дали е тоа "детска болест" и забележува дека ако не се промени кадровската политика, "детската болест ќе не следи до старост". Според белешките на Раковски, кои во оригинал се наоѓаат во Институтот за национална историја - Скопје).

Единство во тоа раководство немаше како тогаш кога НОФ делуваше во несогласност со КПГ, така и после. Единство немаше дури ни меѓу секретарот и претседателот. По спогодбата со КПГ, раководителите на КПГ ги потхрануваа овие несогласици до таа степен, што во летото 1948 година ги исклучат од раководството како "фракционери". Бидејќи немаше гаранциа дека ќе биде изгласана предложената листа, беше потребно за кандидатите да се "проагитира". За жал се најдоа и такви поединци од тогашното раководство на НОФ кои не само што не се спротивставија на оваа штетна тенденција на раководството на КПГ, туку отворено се заложија во раководството да бидат избрани споменатите довчерашни полемичари на НОФ. На овој начин на Првиот Конгрес на НОФ и' беше нанесен сериозен удар на организацијата.

Намерите на Захаријадис и неговите истомисленици беа познати: преку уфрлување во раководството на овие луѓе, наполно да ја потчинат организацијата на НОФ на своите национално-политички цели. Овој чин е до толку повеќе за осуда што објективните военополитички услови беа поволни за НОФ да освои нови позиции, а не да ги загуби и дотогашните.

- Политичката линија за формата на борбата не им беше дала право на оценките на Захаријадис.

- Над 10.000 Македонци и Македонки се бореа во  редовите на ДАГ.

- Организацијата НОФ цврсто организирана, беше неопходна политичка поткрепа во борбата на Демократската армија.

- Под раководство на НОФ заднината на ДАГ и слободната територија во реоните кои ги зафаќаше НОФ, беше претворена во работилница за потребите на ДАГ.

Огромното мнозинство делегати беа вистински претставници на македонскиот народ и тие беа готови да ја подржат секоја иницијатива која одеше на линијата да се обезбеди вистинска рамноправност на Македонците во таа борба. Но тие очекуваа иницијатива од своите раководители.

Беше време да му се кажи решително "не" на Захаријадис и неговите истомисленици, Беше време не само да не се избираат во раководството на НОФ луѓе "доверливи" на раководителите на КПГ, туку да се издигнат и политички и воени кадрови од редовите на оние Македонци кои ги изразуваат стремежите на македонскиот народ кој се бореше. Не смееше да се дозволи народ кој се бори , народ кој умее да даде десет, а подоцна и дваесет илјади герилци, да нема свое воено и политичко раководство. Колку таа нерешителност и тој непринципиелен компромис се покажа кобна потврдија настаните кои уследија.

Во јуни 1948 година изби и конфликтот помеѓу Коминформ и Југославија, што остави тежок печат врз демократското движење во Грција. Тој конфликт имаше влијание и на односите помеѓу КПГ и НОФ. Раководителите на КПГ и порано, кога односите помеѓу КПГ и КПЈ беа добри гледаше со недоверба кон НОФ, поради односите на НОФ кон НР Македонија. А сега кога дојде до конфликтот меѓу Југославија и Коминформ ги засилија своите усилби за потполно освојување на раководството на организацијата НОФ и нејзиното ставање во потполна организациона и политичка контрола и зависност. Користејќи се со своите здобиени позиции на Првиот Конгрес на НОФ со избирањето во раководството на свои луѓе, раководителите на КПГ во август 1948 година свикаа Пленум на Главниот одбор на НОФ, на кој го суспендираа дотогашното раководство и на чело ги поставија своите приврзаници. Тој акт заедно со целукпната политика спрема НОФ и настанатите односи со Југославија дејствуваа негативно кај македонските борци во редовите на ДАГ. Од тој момент па се до повлекувањето на Демократската армија и по тоа односите на КПГ према НОФ минаа под знакот на потполно нејзино подјармување и дискредитирање. Дури стигнаа до положба да го обвинуваат нејзиното раководство како "одговорно" за поразот во вооружената борба.

Во тој период гледаме некои спектуларни потези кои се во спротивност со акциите потребни, а и со практиката во односот спрема Македонците, спрема НОФ и неговото раководство. Под тој знак минаа подготовките и работата на Вториот Конгрес на НОФ, кој се оджа кон крајот на март 1949 година и работите по Конгресот и крајот на Граѓанската војна.

Во весникот "Прос ти ники", дневник на Демократската армија на Грција во бр.12 од 27 февруари 1949 година, под наслов "Пленум на Централниот одбор на НОФ" и под наслов "Подолу објавуваме делови од решенијата за Вториот Конгрес на Централниот одбор на НОФ што се состана на 3 февруари 1949 година на слободниот Вич.

На Пленумот присуствуваше и генералниот секретар на КПГ др. Никос Захаријадис" меѓу другото читаме:

" 5. Одлучи да се свика Вториот Конгрес на НОФ во текот на март 1949 година. Вториот Конгрес на НОФ ќе биде Конгрес кој ќе го прокламира сенародното учество на славомакедонскиот народ во заедничката со грчкиот народ демократска борба. Мобилизирајќи ги сите свои човечки сили, економски и духовни на македонскиот народ за неговото учество во борбата на ДАГ, ќе ги прокламира огромните придобивки на македонскиот народ на национален, политички, општествен, културен и економски план. Вториот Конгрес ќе биде Конгрес на прокламирање новите програмски начела на НОФ, начела кои се вековна желба на нашиот народ, ќе прокламира соединување на Македонија во една единствена независна, рамноправна македонска држава, во народно-демократска федерација на балканските народи, што е остварување на долгогодишните крвави борби..."

Уште поспектуларно ова беше изнесено преку радиостаницата "Слободна Грција" и при тогашната состојба на Балканот предизвика живо интересирање на јавноста и остро реагирање на атинската влада, така што Извршниот одбор на НОФ се најде принуден на 9 март да издаде посебно соопштение, кое беше објавено во бр. 23 од 10 март  1949 година во весникот "Прост ти ники" во кое помеѓу другото се вели: "Се шират гласови дека Вториот Конгрес на НОФ  се очекува  да прогласи создавање на единствена македонска држава, дека таа држава ќе се приклучи кон Југославија, кон Бугарија, кон Грција или Балканската комунистичка или Демократска федерација. Нашите непријатели секој пат го одбираат оноа што мислат дека поарно им служи.

Вистината меѓутоа, е поинаква. Вториот Конгрес на НОФ е воен Конгрес, е Конгрес на натамошно покренување, а не разбивач на единството. Конгрес на организирањето на победата.

Десетици илјади мажи и жени, младинци и младинки, деца и девојки на народот се бореа со пушка во рака и во заднина за слободата, за народната демократија, за полно национално востановување на македонскиот народ. Илјадници наши деца ги дадоа своите животи во оваа борба. Да ги истераме туѓинците, да ги уништиме монархофашистичките убијци, да обезбедиме слободен и независен живот, народната демократија.

Тоа е цел на нашиот Конгрес. Никаква непријателска клевета и разбивачко подривање не може да не отклони од оваа цел.

Нашиот народ даде се' за оваа борба. И како резултат на големите жртви, и заедничката победа ќе биде да се здобие со своја слобода и да го уреди својот живот, државното и оштествено устројство онака, како тој сака - обединет со своите браќа во пријателство, соработка и заемно помагање на сите демократски народи.

На Вториот Конгрес на НОФ учествуваа 700 делегати. На конгресот присуствуваше и тогашниот генерален секретар на КПГ Никос Захаријадис и генералот Карагиорис, како претставник на Главниот штаб на Демократската армија. Двајцата одржаа говори и му оддадоа високо признание на македонскиот народ за неговото учество во вооружената борба. Од Конгресот беше усвоена прокламација во која се повикуваше македонскиот народ на натамошни напори во борбата. По однос на целите на борбата во прокламацијата се вели: "Македонскиот народ со неговата борба и жртви во досегашните придобивки го прокламира своето решение да се бори за свето национално ослободување, за реалзирање на слободен национален и општествен живот онака како што тој сака". Овој став беше изнесен и во говорот на Захаријадис и како што се гледа е прилично разводнет, а ставот за прогласување на "независна македонска држава" објавен пред Конгресот - беше напуштен, зошто беше пресметан само во стратегијата на нападите против Југославија.

Вториот Конгрес не ги даде очекуваните резултати.

Конгресот се одржуваше во напрегната политичка и воена атмосфера. Вршена е и натаму мобилизација на нови сили и во редовите на Демократската армија. Се регрутираа малолетници, жени и стари. Во тој однос се премина дури и дозволената граница, бидејќи и најопшта мобилизација на Македонците не можеше да го реши прашањето на потребните резерви на Демократската армија.

Покрај тоа, по Конгресот продолжи и се засилија неоснованите напади против Југославија и врз Македонците - борци и раководители на НОФ кои се спротивставуваа на таквата политика или не се вклучуваа во нападите против НР Македонија и воопшто Југославија. Раководството на КПГ отиде толку далеку во тој однос, што и оние раководители на НОФ кои потклекнаа на притисокот и се вклучија во тие напади против раководителите на НР Македонија и Југославија, по повлекувањето на Демократската армија во Албанија ги обвини  за поразот и ги изложи на понижување!

Во овој период формирана е Комунистичка организација за Егејска Македонија - КОЕМ. Но, се настојуваше раководството да се користи како оружје во рацете на тогашните раководители на КПГ. Тоа се гледа и од таму , што покрај ЦК КПГ и раководството на КОЕМ побрза да донесе резолуција против група раководители на НОФ, а фактички се изјаснуваше против НР Македонија и Југославија и на груб начин се изопачуваше вистината, така како што му конвенираше на Захаријадис. (На овој начин Захаријадис успеа да го разбие и онака ослабнатото единство во потесното раководство на НОФ, што имаше големо и негативно влијание врз борците).

Искреноста, пак, на потезите на Захаријадис во 1949 година може да се процени кога ќе се види неговиот однос и практика кон македонската емиграција во источните земји.

Кога Демократската армија се повлече, беа ликвидирани и НОФ и КОЕМ.

Подоцна беше формирана орданизација "Илинден". Меѓутоа, по кусо време и таа беше расформирана.

Се поставува прашањето: зошто Македонците во емиграција беа лишени од своите организации? Може ли еден народ да се бори за свои национални права без своја сопствена национална организација?

Продолжува

Полковник Живко Деспотовски

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

Полковник Живко Деспотовски

Началник на Ј-4/ГШ на АРМ

 

Полковникот Живко Деспотовски е роден во Скопје на 16 април 1967 година, Република Македонија.

 

Образование:

* Воена гимназија (1981-1985);

* Воена Академија (1985-1990);

* Командно Штабна Академија, Скопје 2005;

* НАТО, Одбранбен колеџ во Тартy, Естонија, 2016.

 

Унапредувања:

* Поручник (1990);

* Капетан (1994);

* Капетан I класа (1998);

* Мајор (2002);

* Потполковник (2007);

* Полковник (2013);

 

Одликувања:

* Сребрена значка за долгогодишна служба во АРМ;

* Златна значка на АРМ.

 

  • ДОДЕКА СТОИШ ТУКА

    Стоиш сама на ова место
    сум стоел и јас,
    испраќајќи го татка
    на печалба,
    расплакан често, знаев, нема да се врати.

    Во душава страдна
    гласот негов,
    постојано в немир
    ме тера,
    нескротен, див ли е,
    зборот на утринска жега.

    Времето без да сетам
    одминало ете,
    по овој пат болештини
    јадови збрано,
    дојде ли време
    од тебе да бегам за навек,
    сликите на гради ги стегаш само.

    Стоиш тука на ова место
    погледот кон завиок втренчен,
    сенките живи силуети ги гледаш,
    во движење поглед стуткан
    пред тебе мамурлив ли е,
    или заспан лик на патов сенчен.

  • Денови, ноќи минале
    небројни се' знам,
    на трупецот стуткана седиш сама,
    од пазуви вадиш слика бледа
    на чедото свое ликот детски го гледаш.

    И по некоја солза капнува само
    со рацете ковчести ја бришеш милно,
    чиниш од далечина
    гласот негов го слушаш,
    низ сливниците скриен,
    довикуваш тивко
    дојди дете мое мило.

    Болештини те надвиснале
    ни сама не знаеш какви се,
    ти, и натаму на ова место стоиш
    времето притаена друшка ти е,
    стар часовник в рака држиш
    стрелките ги гледаш,
    воздишките ги броиш.

    Силата те напуштила
    прикрај е,
    снагата истоштена во замор тоне,
    секој миг е долга вечност
    завиена тага во мигот матен.

    О, Боже дајми сила
    синот да си го видам,
    па макар во мигов се' да замре,
    низ тревјено спржено
    снага да си легнам,
    виделија пред мене да има
    само да го видам.

    Автор: Живко Деспотовски

    Macedonian timeline
    *************************

Kind regards : 21 јануари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 120