ЗОШТО СЕ МЕСИ ЛЕПЧЕ СО ПАРИЧКА НА ВАСИЛИЦА 

МАКЕДОНСКО ЛЕПЧЕ СО ПАРИЧКА

СРЕЌНА ПРАВОСЛАВНА НОВА 2018 ГОДИНА!

********

 

Во времето кога Божјиот  угодник св. Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападакија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.

Кога на св. Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, св. Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограбил градот.

Тој никогаш повеќе не се ни  вратил, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накити и златници. На денот на Новата година, кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.

За спомен на овој настан, до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така, што првото парче е наменето за спомен на Господ Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделувало на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката, го добива благословот на свети Василиј Велики, за престојната година.

Се разбира дека овој обичај е подруг во секое македонско место или град, но срцевината на овој традиционален обичај е на секаде ист.

********

ПА ЗАТОА И ОД "МАКЕДОНСКИ ЗБОР" И СЕМЕЈСТВОТО ГРОЗДАНОВСКИ ПО ПОВОД ПРАВОСЛАВНАТА НОВА 2018 ГОДИНА ВАМ, НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ НА СЕКАДЕ КАДЕ И ДА СТЕ  ВИ ПОСАКУВАМЕ   ДОБРО ЗДРАВЈЕ МИР И СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВАТА И ВО НАШАТА  ЕДИНА  ТАТКОВИНА, МАКЕДОНИЈА!

СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА

Претседателот Ѓорге Иванов

 

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ГО ДОБИ УКАЗОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

 

Во оваа фаза, пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани само за она на што укажал Иванов. За да биде изгласан повторно законот, ќе бидат потребни мнозинството гласови од вкупниот број пратеници, а Иванов ќе биде должен да го потпише указот. Рокот кој сега го има претседателот за да одлучи дали ќе потпише или не е седум дена.

Пратениците вчера со 69 гласа "за" го изгласаа законот, а неизвесноста за тоа каква ќе биде одлуката на претседателот доаѓа и по критиките кој тој ги упате во неговото годишно обраќање во Собранието на 26 декември минатата година.

"Реформаторот можеби е во право за она што е погрешно, но, не секогаш е во право за она што е правилно. Едно од тие прашања е Законот за употреба на јазиците. Со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и Македонскиот народ. Прво, барањето за двојазичност е апсолвирано со амандманот 5 од Уставот, кој произлезе од Рамковниот договот, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република македонија", рече Иванов.

"Законот  е репресивен. Оние кои тврдат дека предлог - законот е во согласност со Уставот и законите, ќе ги прашам: во согласност со чиј Устав и чии закони? Како претседател во мојот Кабинет имав консултации со правни експерти, уставни судии, академици, универзитетски професори, лингвисти. По извршените консултации можам да кажам дека Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик. Тој претставува закана по унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставот", посочи Иванов, додавајќи дека се носат закони без политички дијалог и без вклученост на научната и експертската јавност.

http://www.mkd.mk

 

Димитрис Sанакопулос

 

Сотир Гроздановски

ДО КОГА РАЗНИ ЖОЛТОКЛУНЦИ И ПРОБИСВЕТИ  ЌЕ СЕ ИЗИГРУВААТ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД?

 

Кој е овој жолтоклунец од трезорот на грчките неранимајковци кој им се заканува на македонскиот народ со потполно уништување, до колку не им  ги исполниме сите недоветни желби на  грчките националисти и иредентисти? Зарем неговиот положај во владата на господинот Ципрас му дава такво право дури и да се потсмева со сите нас и вели дека: -  море не само за надворешна употреба, туку ќе го смените и вашиот Устав и името и за внатрешна употреба, зошто тоа се нашите црвени линии, и уште повеќе, од кои ние не отстапуваме! Тој дословно вели, со доза на длабока ароганција и презир спрема нас, Македонците : "Нашата позиција е едно име, ерга омнес, што ќе се користи за сите, а нашите соседи ќе го користат во внатрешноста, односно ќе постои промена на уставното име за да можеме да се најдеме во полето за решение", рече  Sанакопулос во интервјуто за радио Солун 94.5, потврдувајќи дека разговорите се засилуваат, и дека од своите позиции  грчката Влада, нема намера да отстапи.

Со своите закани и нескриени желби да ја прикаже Грција како некоја велесила,  од која зависи вистинскиот опстој на македонскиот народ , тој продолжува понатака: "Грчките гаранции дека ќе дојде до решение зависат само од јасната заложба од страна на нашите соседи дека ќе ги остават зад себе сите иредентистички и ултранационалистички ставови, што во минатото беа користени од нивна страна и во рамки на преговорите и во рамки на градењето на една национална свест".

Ве молам, овај надувенко и тотален незналица на својата сопствена историја се осмелува да зборува за градење на некоја национална свест кај Македонците? Па македонската национална свест, и ако дури и кај некои наши луѓе не допира длабоко заради нивната индоктринација од пропагандите на соседите, особено Бугарија, таа е втисната длабоко во меморијата на македонскиот народ и забележана во културните наследства од нашите претци.  Македонија, мој самобендисан Димитрис, од памтивек го носи своето име и затоа е записана во Библијата и во многу други записи,  дури и од старогрчките мудреци  кои секогаш добивале по задникот кога барале повеќе од она што им припаѓало. Баш така! Вас не ви треба многу, за да потонете уште подлабоко. Само да се одлепат од вас, за некое време, вашите богати газди. 

Ево само неколку примери од кои може да се заклучи што мисли  историјата за вас: 

Во книгата "Модерна Грција" од Томас Галант, Лондон 2001 на страна 68, пред војната за независност од 1821 година, Грците немале национална свест, а уште помалку свест дека се наследници на антички народ. Најмногу се идентификувале како Ромеи, христијани или според местото на живеење. 

За овај дел од нивната историја најсликовито и веродостојно се зборува во една расправа на видни научници од повеќе образовни светски центри и од самата Грција, под наслов "ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА". Имав привилегија да го пронајдам тој документарец и за нашите луѓе кои имаа потешкотии со англискиот јазик, успеав, најдобро што можев, да им го преведам на македонски. 

За секој случај, ви го испратив како вонреден број 35 користен порано, кој ќе ви ги освежи сознанијата за предметов за кои сега зборуваме. 

Просторот не ни дозволува да ви изнесам повеќе од споменатиот текст за создавањето на  грчката држава и раѓањето на  нивната нацонална свест, па затоа ќе ви пренесам само еден дел од почетокот на подолгата приказна изнесена во документарецот кој ја шокира грчката јавност, но и целиот научен свет. Па ево како започнува споменатата приказна за новата грчка држава, во која се изнародија вакви жолтоклунци како господинот Димитрис  Sанакопулос, но и како нашиот премиер Зоран Заев, на другата страна од сегашната граница.

.... На 27 септември 1831 година на главниот пат за Нафплиос (пристаниште и прва грчка престолнина), беше убиен Јоанис Каподистриа, првиот претседател на новата грчка држава. Со неговото убиство, земјата одново ја зафати циклус на граѓански војни. Наскоро потоа постана јасно, дека сите напори на грчкиот претседател да створи нова функционална, независна и при тоа снажна држава, останаа безплодни. Излезе на виделина, дека Грците не се кадри да имаат држава, а камоли со неа успешно да владеат, до ден денешен.

Овие беа најискрените воведни зборови на еден  смел и чесен Грк од новата генерација, водител од грчката ТВ СКАЈ. Тој, поведувајќи не низ историските настани со слики и зборови, сознавме многу за создавањето на денешната грчка држава по прв пат со името Грција и продолжи, понатака... 

Но, ние сепак ќе завршиме тука, трпеливо чекајќи да превладее умот, но и разумот. Прво кај нашите властодршци, а потоа кај оние кои ни се закануваат со својата, навидум, голема сила и моќ.

 

Ваш Сотир Гроздановски

Тони Науновски

Тони Науновски

МАКЕДОНСКИ НАРОД ИЛИ "ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА"

 

Неподносливо е да се слуша и чита, секојдневно и насекаде, понижување на припадниците на Македонскиот народ, изразено преку говор и текст во кои ние, Македонскиот народ, се нарекуваме "етничка заедница". 

Одамна е јасно дека тоа не е случајно, туку дека е аспект од нечии систематски планови за уништување на историскиот бекграунд на Македонците, наше "мрднување" од светско-цивилизацискиот Ум, изразено преку вербално-фонетската димензија на потиснување и репресија. 

Коските во гробовите на нашите претци кои загинале со зборовите "слобода за Македонскиот народ", а такви има безброј, веќе се превртуваат од 16-годишното понижување, кое како историско ехо допира и до нив. До кога напатениот Македонски народ ќе трпи свое означување како некаква "етничка заедница" и тоа во својата, макотрпно и со многу пролеана крв здобиена национална држава?! Не можам ниту да замислам како денес би се чувствувале Македонските херои, кои заминувале со оружје да се борат против окупаторите со идеалот и зборовите "Македонска држава и народ", кога би слушнале дека денес некои од нивните потомци, нас, не жигосуваат, стигматизираат, не нарекуваат славомакедонци, припадници на етничка заедница (а не народ кој конечно го реализирал милениумскиот сон за своја современа, демократска држава во која важат највисоките меѓународни стандарди во правниот систем). И за да биде историската иронија уште поголема, тоа да биде кажувано од министри во влада на државата, Република Македонија!

Како што секој може да прочита, во Амандманот 4 на Уставот на Република Македонија, кој според официјалниот документ, потпишан од тогашниот претседател на Собранието на РМ Стојан Андов на 16 ноември 2001 година станал (заедно со други амандмани) составен дел на Уставот на РМ, има две точки:

Во првата точка пишува - "Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите..." Во втората точка пишува - "Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата на Уставот од Република Македонија".

Во таа смисла, како и во сите современи унитарни држави, и РМ има две категории за експликација на својата национална структура (покрај онаа "граѓани", во смисла на граѓанско општество во кое законите ќе важат подеднакво и за сите граѓани), со прецизно и дефинирано значење - Народ, и "делови од народ" што е синоним за "национални малцинства". Значи, дури и во овој актуелен, "рамковен" Устав кој мора да се делегализира/поништи токму во тој "рамковен" дел преку враќање на АСНОМ-ската Преамбула, сосема прецизно и еднозначно е истакната разликата помеѓу категориите (зборовите, термините, поимите) "македонски народ", и "дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите". 

Тоа е вистината, основата, изразот на историската но и актуелната реалност во оваа држава. Со сета почит кон сите граѓани, односно "делови од народ", Уставниот статус мора да се преслика во секојдневната јавна и политичка терминологија, која најчесто некои припадници на политички партии од делови на народ кои живеат на оваа територија не ја почитуваат и со тоа директно го навредуваат македонскиот народ, секој припадник на македонскиот народ, поединечно, по име и презиме. Време е еднаш засекогаш да научат тие, таквите што секојдневно не навредуваат - Македонија била, е, и ќе остане држава на македонскиот народ и повеќе национални малцинства ("делови од народи") кои имаат свои матични, национални држави. Тие треба, како и сите национални малцинства во светот, да ги почитуваат законите кои им ги гарантираат нивните малцински права во националната држава на македонскиот народ (а кои права, патем кажано, се апсолутно над стандардите кои ги практикуваат, буквално, сите држави во светот).

Да не дозволуваме повеќе македонскиот политички јазик да го претвораат во голема лудница. Лудница на зборови кои немаат свое потекло и свое автентично значење - шизофен јазик во функција на антагонизам кон автентичните историски процеси што резултираат дури и во актуелниот Устав на РМ.

Не може во 21 век да се поднесуваат примитивни Калигули кои со меч среде нашиот национален молк ќе извршат декапитација на јазикот, како симбол на гордиот македонски народ. Водени од националистички мотиви и со дрско игнорирање на суштината на политичкиот јазик тие насилно воведоа манипулирање со јазикот, долги 16 години. Во него, во нивниот јазик, веќе нема ниту трага на основната логика на здравиот разум. Јазикот го инструментализираат, го деформираат во средство за репресија, за деструкција, во апологија на сопствените политички фантазмагории. Таквиот јазик е само посредник на други големи програми кој го докрајчуваат онтолошкиот статус на македонскиот народ. 

Грешат оние Македонци кои сеуште, по масакрот кај Вејце и Диво насеље бараат некаква неможна хармонизација на историските значења со неприродни, наметнати трендови кои се насочени токму кон укинување на значењата кои ја одредуваат смислата на колективната егзистенција на нас самите, македонскиот народ!

Денес Македонците мора да остварат радикален пресврт во самиот пристап кон политичкиот јазик, и него од длабочината на вековите од гордото минато на жртви да го наместат во длабочината на вековите од нашата иднина како победници. Простотилакот на секојдневието, насилната практика која се доживува како баналност мора да го добие својот одговор од длабочината, од нас, кои можеме да го слушнеме зборот-гласот на македонското минато! Ние нема да ги изгубиме своите извори, среде овој голем судир што се случува во овој, токму овој историски миг, кога уште еднаш ги пронаоѓаме своите македонски основи! Да го продолжиме патот, кој во нашиот извор веќе е означен и да го изодиме во определени значења и разбирање на неговите последици во нашата судбина како Македонци во 21 век. Историјата и актуелноста на македонскиот јавно-политички говор, на јазикот македонски, е всушност нашата историја на националниот дух.

Во тој контекст, мора уште еднаш да го поставиме барањето до македонските политичари и медиуми - веднаш да ги исфрлат од јавна употреба сите термини кои се фалсификување на историјата, реалноста, на Уставот на РМ. Предолги 16 години систематски доминира јавен говор кој од подлабока перспектива и доколку се анализира од светско-историските но и актуелни практики (и соодветно, законски решенија), претставува нова форма на говор на омраза кон македонскиот народ. 

Упатеноста кон подлабоките, најсуштинските структурни елементи кои ја креираат реалноста и иднината денес мора да биде нашата нова цел, а токму јазичната делегитимација и демистификација на ваквиот современ говор на омраза кон македонскиот народ е многу важен аспект.

 

http://dudinka.org

8 јануари 2018.

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов

Студентите бараат

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ДА СТАВИ ВЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

 

Од студентскиот парламент при "Универзитетот Св.Кирил и Методиј"(СПУКИМ) денеска преку јавно писмо во кое, како што велат, им се обраќаат на студентите, претставниците во законодавниот дом, на целата македонска јавност и бараат итно повлекување на Законот за употреба на јазиците.

"Чувствуваме одговорност да упатиме јавно писмо во врска со неодамнешното гласање на Закон за употреба на јазиците, бидејќи нашето индиректно право на глас, овозможено преку пратениците како наши претставници кои би требало да ги штитат нашите интереси, ние скратено",  истакнуваат од СПУКИМ.

Оттаму ги повикуваат народните пратеници да носат закони во согласност со Уставот и додаваат дека владеењето на правото мора да биде главен епитет во работењето, а не, како што велат, шверцерски со знаменце на Европската Унија да се носат антиевропски закони кои ја нарушуваат меѓуетничката хармонија, го суспендираат Уставот и ги рушат основните белези на државата.

Од студентскиот парламент на УКИМ воедно истакнуваат дека ги споделуваат и подржуваат ставовите и аргументите од отвореното псмо до пратениците кое го упатија професорката Гордана Силјановска, Катица Ќулафкова и Симона Груевска - Маџовска.

"Овој закон нема врска со евроинтеграцијата на РМ, ниту значи хармонизација со правото на ЕУ. Овој закон не е приоритетен. Овој закон не е дел од Рамковниот договор, ниту е во неговиот дух. Овој закон не е конкретизација на амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Впрочем, правото на едниот завршува онаму, каде што започнува правото на другиот. Законот за употреба на Македонскиот јазик налага, меѓу другото и негова заштита", наведуваат од СПУКИМ.

Понатаму истакнуваат дека во членот 2 од Законот за употреба на македонскиот јазик е утврдено дека: македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење на Републиката и додаваат дека според нив Законот за јазиците не е соодветен начин за негување, чување и заштита на посебното културно и историско значење на Републиката.

"Овој закон е противуставен, директно ја нарушува унитарноста на Република Македонија, целосно го суспендира Законот за употреба на македонскиот јазик и најдиректно го урива статусот на македонскиот јазик како основа за меѓусебното разбирање", велат од СПУКИМ.

Оттаму го повикуваат претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во име на неговата функција како претседател на оваа држава, но и како почитуван професор на правниот факултет на УКИМ, да ги заштити и брани националните интереси и суверенитетот на Република Македонија и да го употреби правото на вето за овој закон.

На крајот, од Студентскиот парламент при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" истакнуваат дека нивното обраќање е резултат на многубројните примени реакции од страна на студентите, кои се обратиле до нив и ги контактирале по повод донесувањето на Законот за двојазичност.

 

http://kurir.mk

12 јануари 2018. 

Македонија никогаш грчка!

Османлиските Архиви докажаа

МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА!

 

Архивите на Турција, како наследничка на Отоманската Империја, располагаат со преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. Кај нас тие датотеки, речиси, воопшто и не се истражуваат. Не располагавме ниту создававме кадар кој знае турски, воопшто, пак, да чита турски со арапско писмо, пред воведувањети на латиницата.

Во 1993 година помошникот началник на Генералштабот на Турција, генерал Кармај Башканлиги заедно со генералот Ердоган Ознал во Анкара ја издадоа книгата под наслов : "МАКЕДОНИЈА НЕ Е ГРЧКА"

Во оваа книга на 81 страница авторите претставуваат дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Османлиската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеат во Македонија и колкав е бројот на жителите поодделно за секој од нив.

Авторите на книгата "Македонија не е грчка" зборуваат и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го сметаат за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејскиот дел на Македонија, под Грција.

Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, присилно истерани во Бугарија. Истерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесери 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итнт.

Според податоци, само во периодот од 1913 до 1928 година од Македонија биле присилно раселени 86.582 Македонци во Бугарија, а на нивните огништа доселени Египќани, Евреи и Власи. По ова може слободно да се каже дека Македонците го имале во овој временски период доживеано првиот егзодус. Во нивното протерување била применета сила, а околу 8.000 Македонци биле стрелани затоа, што се спротивставиле на прогонството.

Според турските архиви, Македонија во периодот од 1513 година па се' до 1928 година се простирала на територија од 69.000 км2 или поточно 34.000 км2 Егејскиот дел на Македонија, 27.000 км2 Вардарскиот дел и 8.000 км2 Пиринскиот дел на Македонија.

 

http://infomax.mk

Јане Сандански 1872 - 1915

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 67

*********

МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ

(1912 -1941)

 

 

 

3. Македонскиот народ на крстопат во времето на војните 1912 - 1918 година и по нив

Еден мирен аналитичен поглед врз она што му се случувало на македонскиот народ, почнувајќи од Младотурската револуција, потоа во Балканските војни, па се' до Првата светска војна и во времето по неа, на дневен ред поставува многу прашања. Прво и особено значајно прашање е: како можело, по крвавото задушување на Илинденското востание и жестоките репресалии врз опустошените села по востанието, во првите неколку месеци по Младотурската револуција во Македонија да се создаде дотогаш невидена атмосфера на помирување помеѓу македонскиот народ и другите етноси и конфесии. Помирување што ги понело безмалку сите структури во македонското ослободително движење, помирување што создало верба дека ќе настапи период на мир и спокојство и ќе се создаде можност за остварување на аспирациите за автономна Македонија во рамките на демократизираната и децентрализирана Османлиска Империја. И како било можно, само две години по помирувањето да дојде до рециклирање на ситуацијата од пред Младотурската револуција, што довело до општо разочарување и до барање спас во воена акција на соседите против Османлиската Империја. И што е особено чудно, не само што тоа го барале силите на македонското националноослободително движење поврзани со политичките интереси на соседните држави, туку и силите околу Јане Сандански и некои други кои цврсто верувале и искрено се залагале да се осигура целоста на Македонија во рамките на демократизираната Османлиска Империја. Ним им било јасно дека секоја друга политика спротивна на тоа би водела кон поделба на Македонија, кон денационализација и асимилација на македонскиот народ.

За еден ваков развој на настаните имало значајни причини, меѓу кои најчесто се наведуваат: Законот против политичките партии, отоманизаијата на неосманлиските народи, Законот за обезоружување на населението, Законот против печатот итнт. Тие навистина биле значајни за подигнување на тензијата помеѓу македонскиот народ и режимот на младотурците. Но, погледнато објективно, спомнатите и други акти сепак немале примарно значење. Искуството од Младотурската револуција и од сите други настани по неа говори нешто друго: дека најголемо влијание за таквиот од на настаните имале неразвиените процеси за трансформација на општествениот развој, потребата за промена на сопственичките односи (случајот со аграрот), економската неразвиеност и зависноста на земјата. Гломазната и непродуктивна  државна администрација и војска, закочувањето на демократските процеси, заострувањето на меѓунационалните односи, сецесионизмот, влошените меѓународни односи, жилавиот отпор  на противниците на  промените, стравот од распаѓањето на државата итнт. исто така  имале свое влијание. Од друга страна, потиснатите и експлоатирани народи, особено македонскиот, немале време за чекање. Тие барале брзо подобрување на нивната положба, која била далеку зад положбата, на соседните слободни народи. Сето тоа и уште безброј други остатоци од претходниот систем во секојдневниот живот, како корупција, кодошењето, нерамноправноста итнт. биле причини за активна промена - од позитивна политичка атмосфера на подршка на младоосманлискиот режим до создавање атмосфера на гнев и непријателство, до свесна потреба за менување на положбата, без оглед што ќе се случи потоа.

Токму поради тоа,  во последните години од владеењето на Османлиската држава, пред македонскиот народ се поставила дилемата каде, по кој пат и со кого понатаму. За оние сегменти од македонската популација што се наоѓале под влијание на шовинистичките пропаганди, во тој поглед не постоеле проблеми. Тие целосно се ставиле во услуга на армиите на нивните ментори. За придобивање на сомничавите, на неверните Томи, била проширена информацијата дека при потпишувањето на Сојузот Србија и Бугарија се обврзале на територијата на ослободена Македонија да создадат автономна Македонија. Таа лага служела да го олесни привлекувањето на оној дел од македонското ослободителното движење кој што за ништо на светот не сакаат да се откажат од својата идеја за автномна Македонија. Таков бил случајот со Јане Сандански. Тој и неговите приврзаници ја голтнале јадицата, па и' се придружиле на бугарската војска во војната против Османлиската Империја. Иако Сандански со неговата единица влегол во војната како независен фактор, неговата позиција не била поинаква од онаа на "партизанските одреди" на Александар Протогеров и Петар Дарвингов, ставени под команндата на бугарската армија.

Во Македонија дејствувале околу 2000 македонски борци кои и' биле од голема помош на бугарската војска. Тие единици ги ослободиле градовите: Мелник, Банско, Неврокоп, Крушево, Кукуш, Лерин, Гуменџе, Велес и Охрид и во нив формирале месни органи на власта, кои функционирале до доаѓањето на сојузничките војски. За жал, успесите што ги постигнале единиците на македонските борци биле, ако може така да се каже, само од техничка природа. Во Македонија тие не носеле македонски обележја, ниту, пак, прокламирале македонски политички цели во духот на Илинденското востание. Исклучок на таа смисла биле одредите на Сандански. Во својата Македонија македонските борци дејствувале во "партизански одреди" што немале име. Затоа во Тракија, каде што бил испратен респективен број македонски војници, тие се бореле под името "Македонско-одринско ополчение".

Главно вербално, во Првата балканска војна македонските борци дејствувале за две различни програмски цели. Едната, дефинирана од ЦК на ВМРО во декември 1912 година била - "да се спаси цела, неподелена Македонија за бугарскиот народ", а втората, повеќе емотивна отколку реална, се содржела во борбата на Јане Сандански за автономна Македонија.

Балканските војни, особено периодот меѓу Првата и Втората, предизвикале комплетна конфузија во редовите на македонското ослободително движење. Таа состојба продолжила до крајот на Првата светска војна. Реално гледано, македонското ослободително движење, со сите свои поделени структури, во овие војни учествувало во полза на остварувањето на бугарските аспирации спрема Македонија. Секако, тоа не значи дека немало противење, протести, петиции, со еден збор акции од страна на групи што биле против поделбата на Македонија и "за нејзиното организирање како самостојна автономна единица на Балканот". Таква акција била и обидот на групата на Чуповски во Солун,Скопје и Велес, во текот на зимата 1912/1913 година, како што вели Мартулков. Но, носителите на оваа група биле прогонети. На 1 март 1913 година, далеку на Балканот, групата на Чуповски испратила Меморандум до Конференцијата на амбасадорите во Лондон со барање да се создаде македонска држава на територијата на ослободената Македонија, која ќе ги има сите политички, културни и верски атрибути.

Непосредно пред почетокот на Втората балканска војна Македонската колонија во Петроград, на 7 јуни 1913 година, испратила Меморандум до владите и општественото мислење на сојузните балкански држави со јасна програмска определба за создавање македонска држава. Но, тоа изнесено во јавноста далеку од Македонија, како барање на група македонски интелектуалци, останало без ехо.

Најхрабро во тој поглед постапил Јане Сандански. На банкетот на бугарската војска во Солун, тој во својата здравица без страв се заложил за автономија на Македонија. Но, и тоа завршило само како инцидент кој, повеќе од сигурно, го зголемил контото на гневот против залагањата на Јане за независна Македонија, заради што и бил убиен на 21 април 1915 година по наредба на Фердинанд.

Во Балканските војни Македонија доживеела невидено пустошење и обезличување. Втората балканска војна, иако кратка, зад себе оставила пустош, пепел и прогонство од татковите огништа на десетици илјади луѓе во емиграција.

 Со сеењето илузии и омраза во Балканските војни биле испровоцирани две востанија: Тиквешкото, во периодот меѓу двете балкански и Охридското, по потпишувањето на Договорот за мир во Букурешт. Нивното задушување било спроведено крајно sверски.

Меѓутоа, напоредно со уривањето и палењето на материјалните богатства на луѓето и уништувањето на нивните животи, она што особено тешко го погодило македонското националноослободително движење било губењето на вербата во себе, во способноста самостојно да се избори за подобрување на својата положба, од една страна, но и идејното дефизиономирање на сопствената националнослободителна борба, од друга страна. Поразот во Балканските војни довел речиси до целосна капитулација на сите идејни структури. Некои сегменти од интелектуалците на левицата ги приспособиле и ги изедначиле своите погледи за ослободителните цели на македонскиот народ со тие на бугарската држава. Своевидни пример за тоа претставува вклучувањето на значајни  интелектуални и идејни умови на македонското ослободително движење во административната машинерија на бугарската окупаторска администрација (Ѓорче  Петров, Димитар Влахов и др.). Уште покарактеристичен пример е драмата на Крсте Петков Мисирков, кој во текот на Балканските војни јавно ги формулирал државните и културно-националните цели на македонската ослободителна борба. Но, во исто време, интимно во себе и во писмата упатени до значајни личности на руската култура и наука пројавува колебања во однос на решавањето на македонското прашање. Колку и да изгледа тоа денес чудно и несфатливо, не бил ниту прв ниту последен случај на менување на чувства и погледи во политиката и науката во текот на драматични процеси при конституирањето на еден национален субјект, каков што бил македонскиот или при процес на длабоки општествени, политички и економски промени. Такви појави секогаш имало, а се присутни и денес.

Освен досега констатираните различни идејни структури во македонското ослободително движење, главно поврзани со бугарската политика во Македонија, во текот на јуни 1917 година на конференцијата на КРФ, на која се разговарало за обединувањето на југословенските народи, за прв пат се наметнало прашањето што да се прави со Македонија. Поконкретно за тоа  се разговарало во јули 1918 година на седницата на Југословенскиот одбор. Овој разговор коинцидирал со објавувањето на една декларација од страна на една група македонски интелектуалци кои, на чело со Глигор Хаџи Ташковиќ, побарале во Крфската декларација да се опфати и Македонија, а Југословенскиот одбор како свои членови да прими Македонци што живеат надвор од границите на Србија. Во декларацијата се вели дека Македонците како југословенско племе се солидарни со сите југословенски стремежи и дека ги прифаќаат единството со другите југословени и демократското уредување на идната заедница на чело со династијата Караѓорѓевиќ.

Продолжува 

 

Захаријадис

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Седма 

ОДНОСИТЕ НА НОФ СО КПГ

ДЕЛ 67

 

Пишува: Наум Пејов

II - ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА НОФ

 

1. Независност - демократија

Англискиот империјализам со вооружената интервенција во декември 1944 година ја згази националната независност и демократијата на нашата земја и го натури монархофашистичкиот режим на терор, насилие и уништување на народот во Грција. Македонскиот народ особено ги чувствува уништувачките големогрчки мерки и варварското физичко истребување од страна на монархофашистичката големогрчка реакција. Народноослободителниот фронт (НОФ), како главна цел има, на чело на македонскиот народ и во борбен сојуз со грчкиот народ, да се бори за независност и демократија во нашата земја.

Оваа борба за спасување на нашиот народ, борба за национално и физичко постоење. Оваа борба за слободен национален и културен развиток, за слобода и за правата на нашиот народ во рамките на Демократска Грција. Ослободувањето на Грција и народнодемократското  разрешување на грчкото прашање, цел за која се бори грчкиот народ во редовите на сенародниот и демократски фронт (ЕАМ), ја претставува истовремено политиката и стремежите на НОФ. Мирот, нормализацијата и слободнодемократскиот развиток на нашата земја - работи за кои се бореа (ЕАМ), се основни барања на НОФ.

2. Национална рамноправност

Извојувањето на националната рамноправност и признавањето на националните права на нашиот народ ја составува втората основна цел за која се бори Народноослободителниот фронт - НОФ.

Реализирањето на националната рамноправност, му ја гарантира на нашиот народ и на другите малцинства што живеат во нашата земја можноста, да ја сочуваат и развијат својата национална култура, јазик, училишта, сите права и обичаи и нивните национални и народни добра. Овие се демократските права кои ги бараше секој пат нашиот народ со неговата борба и за кои и грчкиот народ смело се бори и ги заштитува.

Во Третата глава на Програмата истакната е потребата од единство во борбата на грчкиот и македонскиот народ за успехот на народната револуција.

Во Четвртата глава е разработен односот на организацијата спрема вооружената борба на Демократската армија и народната власт, а во глава Пет и последна, разработен е односот спрема народно-демократските задачи на револуцијата во Грција и се изјаснува за решавање на општествено-економските и социјалните проблеми во Грција.

Како што се гледа, акционата програма на НОФ е наполно во соодветност со барањата на демократското движење во Грција, а посебното е во тоа, што ги поставува основните демократски права на Македонците како посебна националност. Впрочем, тоа е израз на настојувањата на Македонците, нивните акциони цели да бидат сместени во реалните услови на времето. 

Статутот на НОФ од Егејска Македонија донесен на Првиот Конгрес ги содржи сите начела на една општофронтовска организација, но во услови на вооружена борба и со нагласен демократски централизам што е од посебно значење. Од посебна важност е фактот што преку овие документи се еманципираше борбата на македонскиот народ.

Првиот Конгрес на НОФ имаше, како што е природно, благопријатно влијание врз вооружената борба на македонскиот народ. Во решенијата донесени на Конгресот за народните задачи како централна цел е поставена максимална мобилизација на сите сили во редовите на Демократска армија и во служба на вооружената борба. И навистина, организацијата НОФ ги вложи сите свои сили доследно да ја исполни таа задача.  Непосредно по Конгресот, беа мобилизирани нови борци, мажи и жени, членови на НОФ, во редовите на ДАГ и нивниот број достигнува до 20.000 борци и тие биваат испраќани на фронтот не само на македонската територија, туку длабоко на југ во Грција.

Меѓутоа, на Првиот Конгрес на НОФ, покрај крупните постигања, на организацијата и' беше нанесен сериозен удар. Удар, кој ќе го отвори патот организацијата наполно да се потчини на волјата за Захаријадис и од раководството да направи послушен инструмент уште во текот на борбата, а подоцна во емиграција, да ликвидира секаква самостојност на македонското движење.

При самата спогодба меѓу КПГ и НОФ, се истакна проблемот на односите, односно местото на организацијата НОФ во револуцијата. Исто така ги видовме и настојувањата на КПГ од НОФ да направи потполно зависен орган без и најмала политичка и организациона самостојност. За да го осигураат и тоа, раководителите на КПГ не можеа да се задоволат само со така поставените организациони и политички односи, туку сакаа, пред се' организацијата да ја освојат од внатре. Да ги освојат раководствата на организацијата: Главното и окружните, по пат на инфилтрирање во овие раководства луѓе довчерашни полемичари на идејата на НОФ. За таа цел раководителите на КПГ систематски го деградираа кадарот на НОФ. Може слободно да се рече дека за критериум во издигнувањето и во војската и во политичката организација, не се земаше оданоста кон револуцијата, ами дали е тесно поврзан со КПГ или е идеен припадник на НОФ. Таа тенденција од раководителите на КПГ не можеше да се скрие од членството и од кадарот, затоа што често и јавно се манифестираше,доаѓаше до мали или поголеми инциденти ит.н. и на тоа слично. Кај членството на НОФ, земено во целост, во политичките организации и во војската - отпорот на таквата политика на раководителите на КПГ беше спонтана. Не требаше некој да го поттикнува па тоа да се види. Тоа беше резултат од дотогашното искуство и историјата на лоши односи.

 

Продолжува

 

 

 

 

Константин Миладинов 1830 - 1862

 

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ

  • Т'га за Југ

    Орелски крилја как да си метнех
    и в наши ст'рни да си прелетнех!
    На наши места ја да си идам,
    да видим Стамбол, Кукуш да видам,
    Да видам дали с'нцето и тамо
    мрачно угревјат, како и вамо.

    Ако как овде с'нцето ме стретит,
    ако пак мрачно с'нцето светит:
    На п'т далечни ја ке се стегнам,
    и в други ст'рни кеси побегнам,
    каде с'нцето светло угревјат,
    каде небото sвезди посевјатз.

    Овде је мрачно и мрак м'обвива
    и темна м'гла земја покрива:
    мразој и снегој и пепелници,
    силни ветришта и вијулици,


  • Околу м'гли и мразој земни,
    а в'гради студој и мисли темни.

    Не, ја не можам овде да седам!
    Не, ја не можам мразој да гледам!
    Дајте ми крилја ја да си метнам
    и в наши ст'рни да си прелетнам:
    на наши места ја да си идам,
    да видам Охрид, Струга да видам.

    Тамо зората греит душата
    и с'нце светло зајдвит в гората.
    Тамо дарбите природна сила
    со с'та раскош ги растурила:
    Бистро езеро, гледаш, белеит
    или од ветар синотемнеит:
    поле погледниш или планина
    сегде Божева хубавина.
    Тамо по с'рце в кавал да свирам,
    с'нце да зајдвит, ја да умирам!

Kind regards : 15 јануари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 119