MACEDONIA IS NOT FOR SALE!

МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЗА ПРОДАВАЊЕ!

Зоран Заев

 

Сотир Гроздановски

КОЈ Е ЗОРАН ЗАЕВ?

 

Македонија нема претседател на Влада , туку џамбаз, предавник, суштество без и малку човекоvo достоинство,  хулиган и слуга од најдолна категорија, на Сорос, ЕУ и да не набројувам уште други кои стојат зад него. Стојат зад него  се' дури не ги изврши сите  нивни недолични и криминални работи против неговиот сопствен народ и македонската држава. Да ги изврши и да нестане како и многу како него, без трага и во некој ендек.

Овие зборови и мене ми тежат на душа, зошто не се за споменување во овие  свети празнички денови, кога секој треба да се радува , а не да се плаши дали ќе го биде или нема да го биде утре, или дали ќе го биде утре таков каков што вчера не бил. Овие зборови се недолични да се изречат за човек кој  ја води државата во прогрес, а народот во мир и  благосостојба. Во мир  и благосостојба, но и  горд  што е безбеден, зошто го чуваат негови луѓе на кои им верува, а не  туѓинци, против кои нашите претци и сегашни генерации се бореле и гинеле.

Но, пошто тоа не е така, се' е дозволено да се каже,  во духот на "демократијата". Зошто тоа не е така? Затоа што владеачката гарнитура предводена од Зоран Заев,   ги изневери и излага, дури, и оние чесни и вистински неинформирани и осиромашени луѓе кои му ја дадоа својата доверба верувајќи му на зборовите и ветувањата дека ќе ја води земјата македонска во  права насока. Ќе ја води и чува од амбис, од кој тешко се излегува одново на пат, достоен за народ кои со море крв и после илјада години  ја обновил својата славна, македонска, држава како пиемонт за обединување, а не за нестанување. 

Но, раката на срце, треба да се срамат и сите оние кои покрај така наречената "меѓународна заедница", наивни како деца,  полакомени  по ветените слатки во излог недостижен за нив, и за ситни трошки,   им го свртија грбот на својот народ и на својата едина татковина и' го поставија овој монструм  "живи да ги јади" и пред нивните очи да им ги краде и  продава домовите, државата, културата, мајчиниот јазик, историјата, а тие безволно и парализирани  како Зомби гледаат во празно, како ништо да не се случува околу нив.

Зарем уште некој мисли дека после овие случувања ќе има  за нив место во Македонија или пак сите ќе се преселат во земјата на филмските соништа и така ќе се ослободат од вината и грижата на совеста, до колку ја имаат? No way! Се плашам дека ќе се  повтори историјата како и секогаш во случаеви на предавства,  на националните интереси. Тоа било кога немавме своја држава, тоа може да се случи и сега, кога се прават многу потешки злодела спрема народот македонски. Нашиот народ секогаш имал одбрамбени механизми во случај на потреба, како денес, кога се' ни е ставено на маса за распродажба, и тоа не од Бугарите, не од Грците, Албанците или Србите, туку од домашниве предавници сместени во политичка партија, чии претходници ги вградиле своите животи во се', што денес имаме. 

Не е до мене да ве учам што вие да чините дури се' уште имате време да се освестите. Да ве учам вас, повеќето од македонската академска заедница, корисници на привилегии кои нашиот осиромашен народ ви ги дал за да ги учите и воспитувате младите македонски поколенија како да се сакаат самите себе си, својот народ и својата држава? Да ве учам вас, правниците, докторите, архитектите, судиите, политичарите, режисерите, глумците, полицаиците, воиниците и...како се сака татковината и народот свој? Ако е тоа така, во тој случај вас не  ве треба ниту народот македонски во татковината, а уште помалку надвор од неа. Зошто? Затоа што во вас,    повеќе доверба нема  !

Но сепак, има случаеви на освестување! На некој кои имаат  храброст самите себе си да си докажат дека бегање од својот сопствен народ, кога сте му најпотребни, е злочин над злочините. Дека е злочин за пари, ситни пари, но сепак пари, да се продава душата на својот народ, јазикот, неговата историја, култура, сопствениот дом, името на  татковината. 

Некои, "излагани" од господинот "премиер", кој спротивно на многу вистински лидери во светот, деновиве кога требаше да ги сподели со својот народ, тој во Грција даваше интервјуа и правеше планови како да ја разнебити државата, која би, впрочем, требало да ја брани, како лав, од разни напади на соседите кои се шегуваат со него како со недораснато дете, ги напуштија своите подарени положаи во неговата влада. Ги напуштија, ама штетата по нив самите е веќе недонакнадива. Една од нив е и нашата "шарена глумица",  Мирјана Најчевска,  и огнена говорничка во полза на "новите времиња" кои доваѓаат со власта на Зоран Заев. Човекот, кој навистина почна да јаде "живи луѓе" и да турка разни измислени "терористи" по затвори, како би ја ослабел тупаницата на македонскиот народ која, веќе, му виси над неговата  глава.

Затоа, сепак, мојата препорака до "грешниците" пред да им потоне бродот кој веќе се оддалечува од брегот на Македонија, во некој непознат простор од окенаската пучина каде заедно со својот газда ќе нестанат за секогаш без трага и без спомен над  главите, е: вратете се  од каде побегнавте, до колку сакате да имате некоја каква таква иднина, и покрај тоа што ќе бидете за секогаш  обележани  како предавници, или предавнички, на својот народ и на својата држава. Вклучете се во одбраната на националните вредности и интереси на  својот народ и македонската држава, за да си ја смирите својата совест. Некои веќе ја здогледаа замката која Заев им ја постави со "шарената револуција" и со разни розови ветувања за "убав" живот стекнат врз погрбавените плеќи на нашиот народ. Немоите да бидете последни и вистински губитници. Еднаш, можеби и тие гревови народот ќе ви ги опрости, но никогаш нема да  ви ги заборави.

Верувајќи дека е поарно да се биде безимен "земјанин" или "византиец" во ЕУ и НАТО од чесен па и сиромашен Македонец,   во својата исконска земја, е опција само на мал број алчни и луѓе со ум, но не и со разум. 

Кој е Зоран Заев? Човек, кој се' уште не сум го сретнал на ниту  една страница на македонската, а најмалку на светската историја. 

Никој нему е равен по злоделата кој им ги прави на сопствениот народ со плановите да му ја продаде државата, да му го одземе идентитетот на македонскиот народ, да му го смени исконското име со еден потпис и на крајот, да покуша да се скрие негде како штакор, за никој да не го пронајде. Но, досега никој не побегнал од раката на народот, па ни господинот Зоран Заев и многу  други како него.

Наскоро ќе се увериме сите, кој е Зоран Заев! Злосторник или Херој, кој го чул гласот на својот народ!

 

**************

 

м-р Анета Стојановска-Стефанова

М-р Анета Стојановска-Стефанова член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

         ПОЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е КЛУЧЕН ИНТЕГРАТИВЕН ФАКТОР ВО МАКЕДОНИЈА

 

Иако во предизборието од партијата на власт се најавуваше дека се залагаат за демократичност, отвореност и дебата и дека се' што планираат да имплементираат ќе биде во консултација со народот и стручната јавност, за жал ветувањето не само што не го одржаа, туку целата лоша итрина во исполнување на "списокот со домашни задачи" се сведе на брзоплето и тајно наметнување на проекти, погазувајќи го Уставот и работејќи спротивно на волјата на народот.

Владата го објави предлог - законот за употреба на јазиците, а истиот се очекува да се најде и на Собраниска седница пред пратениците.

Предложениот закон има третман на закон важен за европските интеграции, што значи се бара да се усвојува во скратена процедура, односно по тридневна расправа во Собранието, иако со законот не се врши хармонизација на домашното со правото на Европската Унија, ниту пак се вградува определена ЕУ Директива.

Напротив, може да се каже дека предложениот закон за јазиците дури и се противи на европските препораки. Имено, на 10 април 2006 година, Европскиот Парламент од Одборот за образование, наука и култура (Расправа од 9 седница ДОК: 10837) добил препорака за регионалните и малцинските јазици во образовните системи во ЕУ. Во Извештајот од Одборот за образование, наука и култура помеѓу останатото се укажува и на ова: "Пожелно е колку што може повеќе млади европјани да се поттикнуваат да го учат својот мајчин јазик кога тоа не е службениот јазик на нивната земја; Должност на секој  млад европјанин е да го научи службениот јазик на земјата чиј е граѓанин; Во општествата во Европа секојдневната употреба на службениот јазик е основен предуслов за интеграција на децата чиј главен јазик се разликува од службениот јазик на земјата и тн".

Една од препораките на ЕУ вели - "секојдневната употреба на службениот јазик е основен предуслов за интеграција на децата чиј мајчин јазик се разликува од службениот јазик во земјата".

Во духот на препораките, јасно е дека познавањето на македонскиот (службениот) јазик е клучен интегративен фактор и мост за комуникација помеѓу граѓаните од сите заедници кои се не мнозински, а живеат на територијата на Република Македонија, а ова особно се однесува на најмладите. Во иднина ако сакаме  полесно да се разбираме сите ние кои живееме обединети под едно знаме, ќе треба да ја јакнеме соработката преку познавањето на македонскиот јазик од страна на сите граѓани кои живеат на оваа територија. Властодржците треба длабоко да размислат како во иднина ќе се разбираат младите луѓе од различни етникуми ако ги стимулираме да зборуваат секој на својот мајчин јазик, а ако македонскиот јазик, кој е официјален на територијата на Република Македонија, го познаваат делумно. Европското знаме кое  го користи владата е синоним за "Обединување во различноста", затоа власта треба да покаже капацитет и да потврди дека Република Македонија го живее европскиот сон и дека луѓето се обединети во различноста, а не да носи закони со кои се прават нови поделби.

Во предложениот закон кој беше објавен во јавноста, во член 1, став 2 стој "друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон".

Со ова јасно е дека предложениот закон има за цел да го издигне албанскиот јазик на ниво на македонскиот јазик кој е службен јазик на територијата на Република Македонија, а со тоа директно да изврши прекршување на Уставот и амандманот 5. 

Амандманот 5 не содржи обврски, за должности за задолжителна примена на албанскиот јазик, ова го потврдува и ставот 4, каде пишува : "Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо". Терминот "може" значи можност, но не и обврска.

Затоа предлог-законот за употреба на јазиците се коси и со Уставот, бидејќи со него прецизно се утврдува службена должност за примена на втор службен јазик (албанскиот). Ова поедноставено би значело дека во сите органи наведени во законот, се воведува обврска за примена на албанскиот јазик како службен јазик.

Со овој предлог, албанскиот јазик се издвојува како посебен и истовремено се врши дискриминација над останатите јазици кои ги зборуваат најмалку 20% од граѓаните што припаѓаат на другите не мнозински заедници во Република Македонија (турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите). Ваквите предлози стручната јавност со право ги гледа како отворена закана за создавање на бинационална држава, бидејќи се косат и со уставот и со унитарниот карактер на нашата држава.

Предлог-законот врши обид да го прошири уставот, што е недозволиво во правото, понизок акт (во случајов предлог-законот) да уредува повисок акт (во случајов Уставот на РМ).

Предлог-законот во себе, покрај дискриминација кон останатите немнозински заедници, крије мајоризација (надгласување) на волјата на мнозинството од страна на малцинството.

Предложениот закон предвидува и високи глоби (казни), а не укажува колку точно преведувачи, толкувачи, дактилографи и друг кадар е потребно да се вработи во некој гломазен бирократски апарат и од кои средства истиот ќе се плаќа, како би се овозможила примена на текстот.

Предлог текстот во членот 8 предвидува книжните и кованите пари и поштенските марки да содржат симболи кои го претставуваат културното наследство на јазикот кој го зборуваат најмалку 20%, предвидено е и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите на институциите да бидат и на вториот службен јазик. Истото се однесува и на униформите на полицајците, пожарникарите и сдравствените работници. Во предложениот закон во член 9, 10, 11 и 12 се предвидува и судските извештаи, нотарските исправи, белешките од извршителите и изводите од матичните служби исто така да бидат и на вториот службен јазик.

Со предлог-законот за воведување на втор службен јазик и прекршувајќи го Уставот, власта на СДС отвора пандорина кутија и за промени кај меѓународните идентитетски обележја на Република Македонија.

Законот за јазиците со недореченостите кои ги крие, задира и во основните обележја на нашата држава како субјект на меѓународното право и меѓународните односи. Познати правни критериуми за постоење на државата како субјект на меѓународното право се постојано население, дефинирана територија, суверена власт, правен капацитет да влегува во односи со други субјекти, а името, јазикот, уставот, знамето, химната, грбот, се идентитетските обележја на државата во меѓународните односи со други држави и организации. 

Со Уставот на РМ и според Охридскиот (Рамковен) договор, официјален е единствено македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, што го одразува унитарниот карактер на нашата држава.Така, во Амандманот 5 став 1 стои: "На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо".

Уставот неможе да се менува со ниту еден закон, бидејќи е највисок правен акт во државата и сите закони треба да се усогласат со него, а јазичната политика во никој случај не смее да биде предмет на интерни партиски договори.

Пред нас е времето кое ќе посведочи дали писмените гаранции дадени на претседателот Иванов имаат значење и колку им тежи дадениот збор пред јавноста.

Оттука, особено важно е да се води грижа што се договара и предлага и што се гласа од страна на владејачкото мнозинство, затоа што вакви недоречени закони, нејасни и збунувачки по уставниот поредок, може да значат вовед во нови фази, после кои нема поправен испит, а Република Македонија може да стане земја со радикален мултикултурализам и држава со безброј хендикепи.

 

 http://press24.mk

03 јануари 2018.

 

                             

 

проф., д-р Тања Каракамишева -Јовановска

 

проф. д-р Тања Каракамишева

"ПРЖИНО 3" ЗА ДА СЕ ДОПРЖИМЕ

 

Како на филмска лента се редат настани и одлуки кои ја носат државата Република Mакедонија и mакедонскиот народ во неповрат. Погледнато од временска дистанца, од еден до друг Божиќ, се чини работите повторно се ставени на грешната лента каде најверојатно повторно ќе се рециклираат истите губитнички чекори кои сигурна сум, убедена сум, нема да донесат ништо добро за државата и за mакедонскиот народ.

Ако минатиот Божиќ бевме принудени како статисти да ги гледаме однадвор стокмените елементи на злосторничката стратегија за распад на унитарниот карактер на државата, на овој Божиќ, или можеби некој ден подоцна (зависно кога ќе се постигне договор во грчката влада за некакво за нив прифатливо решение за "нашето име"!?) повторно во својство на статисти ќе бидеме принудени, гледајќи на надвор да ги следиме новите стокмени елементи на веќе скроената контура на "нашата" нова држава која е веќе договоренa (во европските кулоари и неформални средби!) да произлезе од веќе распаднатата држава Македонија. Распадната држава? Веројатно ќе биде вашето следно прашање. Како распадната држава Македонија? Па Република Македонија и натаму постои, еве ја гледаме, ја има, реалност е.

Ако некој се' уште мисли или има некаква надеж дека Македонија е истата држава од пред неколку години, или дека е нормална и правна држава како сите останати држави во светот ќе мора итно да се пробуди од сонот, или ако не сака да се буди, ќе треба итно да посети психијтриски специјалист за да му ги среди халуцинациите и лажните слики.

Македонија, драги мои, ниту е правна, ниту е нормална држава споредено со која сакате друга држава во светов. Зошто? Па многу едноставно. Затоа што дозволивме да  и' бидат срушени трите столба врз кои се заснива секоја нормална држава.

Првиот столб е територијата, вториот е населението, суверените граѓани и третиот е од народот избраната власт. Да почнеме од територијата. Формално - правно Македонија има какви такви дефинирани граници. Но, дали е тоа доволно за да се потврди дека Македонија има своја суверена територијa на која суверено ја остварува власта? Не, не, јалнаш е таа слика и претстава. Македонија може де факто и де јуре да има своја територија не само ако докаже дека има исцртани граници кои ја делат од соседните држави, туку ако со дела докаже дека има автохтон капацитет да ја одбрани својата целовитост од разно-разни политички и други влијанија, како и од реализацијата на некои идеи содржани во странски договори, скици, платформи, стратегии и слични марифетлуци кои имаат за цел да ја деформираат нејзината целост.

Македонија се' уште има минимална шанса да докаже на дело дека има своја суверена територија, но само ако застане на патот и ако го спречи договореното раскрчмување, ако го стопира веќе започнатиот процес на скицирање нова територијална мапа и нова територијална распределба на "нејзиното суверено тло".  Иако лично не гледам сила која ќе застане на патот на таквиот процес, не гледам никаква политичка акција, а уште помалку политичка волја која ќе се спротивстави на ваквата ујдурма, сепак, нели, така велат старите надежта последна умира.

Одиме на населението. Овој столб на државата е одамна ставен под знак прашање, посебно по неуспешниот обид да се заврши започнатиот попис во државата за да конечно се преброиме и да видиме колку сме. Оти бројките од пописот ќе мора да се отсликаат и на параметрите по кои се делат работните места, како се крои и функционира третиот столб на државата - власта. Вистината што ќе произлезе од пописот ќе ја стави на мака "Рамковната" Македонија од 2001 година, но и директните странски сценаристи-експерименталисти кои ќе треба од почеток да го објаснуваат и оправдуваат деценискиот политички инжињеринг што го правеја во државата.  Ќе треба да отпаднат многу од рамковните квоти, ќе треба да се изврши ревизија и на уставните одредби кои ни беа на сила наметнати во системот.  Структурите на власта ќе треба да претрпат сериозна реорганизација согласно новиот концепт на поделба на колачот што ќе се наметне како природен елемент посебно по паѓањето во вода на сите вештачки критериуми кои насила ги "варевме" последните децении. Власта ќе мора да претрпи сериозно декомпонирање. И не  е само пописот.

Нормалната држава се цени и според бројни други стандарди и критериуми, а не само по етничкиот критериум кој  за жал кај нас е клучен при дефинирањето на учеството во власта.

Нормалната држава се цени и според исполнетоста на демократските стандарди во изборниот процес. Колку граѓаните навистина одлучуваат и ги избираат своите претставници. Колку изборите се ослободени од секакви влијанија, притисоци, уцени, купување на гласови, мито, корупција. Колку изборите се вистинска слика за подршката што власт ја има кај граѓаните. Во овој елемент, Македонија дефинитивно не е нормална држава.

Понатаму, нормална држава е онаа што ги почитува и заштитува од повреди основните човекови права и слободи на граѓаните. Македонија и по овој параметар не е нормална држава, бидејќи во 21 век дозволува флагрантно кршење на човековите права, ни помалку ни повеќе, од сопствените државни органи на власта. Државните органи на власта измислуваат обвиненија и товарат невини граѓани за тероризам против уставниот поредок во услови кога самата власт сторува терористичко загрозување на уставниот поредок на државата. Власта пред очите на целата јавност го киднапираше и го силуваше уставниот поредок на државата на 27 април 2017 година, а не притворените за тероризам. Сегашната власт прво ги испогани Уставот, Деловникот на Собранието, законот, кога го исценира и оствари оној злосторнички чин на "избор на претседател на Собранието на РМ". Тој "избор" беше кукавички и насилнички чин насочен против  Уставот на државата, и против уставниот поредок на државата. Поредок креиран надвор од рамката и одредбите на Уставот не може да се дефинира како уставен поредок. И уште попарадоксално, оние што го изместија уставниот поредок од нормалното лежиште сега имаат образ да ги обвинуваат уставобранителите за тероризам!? За враќање на нормалните патеки, Македонија ќе мора прво да го расчисти овој Гордиев јазол, бидејќи од таму почна се', и од таму мора да заврши се' во државата. Ако не се расчисти ова злосторство, Македонија забрзано ќе ита кон пропаст. 

Многу е важно и како ќе се решава овој процес. Ако се вратиме повторно на чекорите од "Пржино", мав ни е работата. Ново Пржино ќе ги допржи и доуништи и оние елементи што евентуално успеале да останат живи и нормални од оваа голема политичка играрија што ни се наметна однадвор во земјата. А се ми се чини дека е на повидок некакво ново "Пржино 3" како капак на и онака растурената Македонија!

За да ни потврдат дека сами си се испрживме, дека никој од надвор не ние крив!!!

 

http://kurir.mk

04 јануари 2018.

 

 

Зоран Заев

Зоран Заев  за грчката ТВ АЛФА 

 НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ ДЕКА  СКОПЈЕ Е ЕДИНСТВЕНИОТ  НАСЛЕДНИК НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ

 

За името и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија, меѓу другото, говори македонскиот премиер во интервјуто за грчката ТВ Алфа, според кусата најава што ја објави самата телевизија. Емитувањето, јавува дописникот  на МИА од Атина, закажано е за недела, на Божиќ, а интервјуто или како што Алфа го нарекува "божиќното обраќање", истовремено, според грчката ТВ, ќе го пренесува и една македонска телевизија.

Македонскиот премиер говори за заедничкиот интерес на двете земји, како и за Алексис Ципрас, за коалициониот партнер во владата Панос Каменос, за лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Открива, според Алфа, што имаат заедничко со грчкиот премиер и го пренесува неговото мислење дека "можеби Господ ги донесе така работите, за изнаоѓање решение на прашањето за името".

- Зоран Заев ги отфрла практиките на неговиот предходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со опозицијата на предходните премиери дека "Скопјаните се единствените наследници на Александар Велики", наведува телевизијата во најавата за интервјуто, објавена на нејзиниот сајт и додава дека од разговорот се откриваат намерите на Скопје и до кој степен е подготвено да направи отстапки.

 

http://press24.mk

04 јануари 2018 година

Професорката Мирјана Најчевска

 

 

Мирјана Најчевска

НЕМАМ НАМЕРА ДА СЛУЖАМ ЗА ЗАЛАЖУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Професорката Мирјана Најчевска објави дека се повлекува од Советот за реформи во правосудството.

 

 

Мирјана Најчевска испратила писмо до министерот за правда и членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор со кое поднесува оставка на функцијата во ова тело.

- Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само какао параван за решенија кои се носат на друго место и служат за создавање лажна слика дека некаков експертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството. Фактички, ова тело нема достап до никакви информации, нема удел во ниту едно реформско решение и не учествува во анализите на законите кои се менуваат. Јас, како независен експерт и како универзитетски професор немам намера да служам за залажување на граѓаните и не дозволувам моето име да биде искористено во политичките промени кои се нарекуваат правни, напиша таа на Фејсбук.

Професорката Најчевска додаде и дека не ги видела законските текстови кои се влезени во собраниска процедура.

 

http://kurir.mk

06 јануари 2018 година

Заев и Бутарис

Бутарис за грчките медиуми

ЗАЕВ САМ СЕ ПОКАНИ НА ПРОСЛАВА ВО СОЛУН

 

"Во суштина јас не го поканив, тој се покани сам", вели за То Вима градоначалникот на Солун Бутарис, откако вчера владата и официјално потврди дека премиерот Зоран Заев на покана на солунскиот градоначалник, новогодишните празници приватно ќе ги помине во Солун.

Во изјавата за То Вима Бутарис објаснува:

"Кога го посетив Скопје, во ноември 2017 година, се сретнав со него и тој ми рече дека сака да ја помине Нова Година во Солун. Јас му реков да дојде, времето е добро и ќе има убав престој. Како можев да претпоставам дека тој тоа ќе го разбере како официјална покана? Сега разбрав дека 15-сетина пријатели на неговите пријатели резервирале соби во хотелот "Македонија палас". Јас не сум инволвиран во тоа. Ако ми се јави ќе одам да се видам со него. Ако не ми се јави, тогаш тој ќе ја помине новогодишната ноќ со неговите пријатели".

Од владата денеска велат: "Претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, како што најавивме ќе оди во приватна посета во Солун, Република Грција за време на новогодишните празници. За време на посетата ќе има и заедничка вечера со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис".

 За поканата од Бутарис сведочи и видео записот од прес конференцијата на премиерот и градоначалникот по средбата.

"Го поканив премиерот Заев да дојде приватно и заедно да ги поминеме новогодишните празници во Солун", изјави тогаш Бутарис.

Ова не е прв пат солунскиот градоначалник да дава целосно спротивни изјави во Македонија и во Грција, за што често е на тапет на грчките медиуми, посебно кога во земјава ги користи термините Македонија, Македонци, македонски јазик, а во Грција се правда дека не бил разбран или лошо се изразил, и се враќа на познатиот вокабулар за домашната јавност.

Единствено што е сигурно од новогордишната прослава на Заев во Солун е дека на неа, како што беше замислено, нема да присуствува грчкиот премиер Ципрас, бидејќи бил зафатен.

 

http://kurir.mk

05 јануари 2018 година

 

КОЛУМНА ОД НЕПОЗНАТ АВТОР

ЛАВОВИ !

 

На почетокот бев одбојно расположен спрема паравојската на тогаш владејачката партија. Ја признавам својата аверзија спрема "партијските војници" уште од времето на т.н. комунизам. А за онаа спрема т.н. Schutzstaffel на НСДАП, попознати како SS-трупи и да не зборуваме.

Мојот однос спрема вмровските војници се промени кога видов дека тие се едни од ретките бранители на запустената земјичка пред налетот на "убијците и разбојниците" на Робертсон.

Од пред некое време, "лавовите" се тема на денот. Јас, за жал, не познавам ниеден лав. Имам еден постдипломец од некаква слична формација, но тој, сосема несоодвено на својот изглед, ти бил "волк".

Еднаш во кино "Центар" едно младо, не особено крупно момче, замоли да седне покрај мене. Се претстави како редовен читател на моите колумни и - збор по збор - дознав дека и самиот е во некоја специјална единица. "И вие сте, значи, волк?", го прашав, а тој, како од пушка: "Јас сум тигар!". Кротко момче, не личеше многу на тигар, но не реков ништо: ни мојот постдипломец нема ништо волчешко во себе. Како што, впрочем, ни многу "екселенции" не ги краси никакво одличие, никаква (пре) возвишеност. И така, додека во животот запознав едно чудо вакви екселенции, за жал, не познавам ниту еден единствен "лав". Барем не од овие наши, актуелниве. И можеби токму затоа и ме заинтересира нивната приказна.

Несомнено е дека на почетокот бев одбојно расположен спрема нив, паравојската на тогаш владејачката партија. Ја признавам својата аверзија спрема "партиските војници"  уште од времето на т.н. комунизам. А за онаа спрема т.н. Schutzstaffel на SDAP (попознати како SS-трупи)  и да не зборуваме. Затоа, од првиот миг не ме бендиса озновањето на нашите "лавови", ниту пак нивното подоцнешно вклучување во редовите на полицијата. И така таа моја одбојност спрема оваа формација живееше се' до велепредавничкиот бунт на припадниците на етносот чие име е табу во Македонија.

Што се случуваше, како се случуваше во тие недамнешни времиња не е не важно, ни беззначајно. Македонија пред светот се претстави во мошне грда светлина, но во иста светлина се претстави и светот пред Македонија: се виде дека новата држава не изградила одбранбен систем, а меѓународната заедница - општоприменлив морален кодекс. Така, додека никому во таа заедница не му паѓа на памет, на Израел да му ги мери осветничките потфати против Палестинците за самоубиствените (и други) напади врз израелски цели, нам таа катадневно ни пропишуваше колку кафени лажички одбрана смееме да примениме спрема "убијците и разбојниците"  на лордот Робертсон. Ни даваа и календарски определени рокови во кои треба да излеземе на крај со нив(!?). Да му определеа такви рокови на Израел, земјината топка ќе се распукнеше од смеа. Во Македонија, се' минува!

Без оглед на се', факт е дека во 2001 година не се прославивме кој знае како и тоа не само затоа што и во армијата и во полицијата имавме будна петта колона, регрутирана според етнички клуч, која, потпомогната од сателитската логистика на непозната светска  велесила во секое време можеше да ги пренесе ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБА сите доверливи податоци за движењето на нашите борци. Така и се случи најголемиот број бранители на Македонија да го загубат животот не во борби, туку во чудесно добро наместени заседи. Од друга страна, немаше никаква координација на дејствата меѓу армијата и полицијата, на кои - дотогаш - ни на крај памет не им паѓаше дека војната е нешто што им се случува само на другите. Просто речено: не се знаеше кој пие ни кој плаќа.

Приказна за себе е и регрутацијата! Кога армијата се обиде да ги засили своите редови со млади регрути, огромна маса на нашата млада популација формално ја снема од Македонија (иако кафулињата, диско-баровите и другите свратилишта на младите воопшто не бележеа намалување на посетеноста). 

Младите едноставно "скубнаа" пред регрутацијата. Главно ги немаше ни под дрво ни под камен. И тогаш, фати да се менува мојот личен однос спрема вмровските војници на партијата именувани како "лавови" : врти-сучи излезе дека тие се, ако не единствените, тоа секако едни од ретките бранители на запустената земјичка пред налетот на "убијците и разбојниците" на (од неодамна благородниот) Робертсон. Ќе треба човек да има образ дебел како ѓон од алпинистички цокули за да не ја согледа оваа реалност, а камоли да се обиде да ја негира.

И - бидна што бидна! "Убијците и разбојниците" на генералниот секретар на НАТО првин се претворија во "вооружени групи", сетне во борци за човекови права, а барањата од нивните "комуникатиња" станаа платформа за преговори помеѓу политичките претставници на заедницата чие име е срамота да се изговори и славомакедонските поробувачи.

Крајот на приказната за "убијците и разбојниците" e типично македонски: не само што никој и никогаш од нив не беше изведен пред лицето на правдата (синтагма толку омилена во говорите на Џорџ  Дабалју Буш), туку почнавме и не така пополека да гледаме како волците стануваат чувари на шарпланинските јагниња.

А "лавовите" ? Е, тое е друга приказна. Зад нив не стои ни "меѓународната" ни Џорџ Дабалју (иако ни еден од нив не е на неговата црна листа, а оние другите, богами, се). А "ДУИ бара лавовите да се распуштат": Тоа што важи за нив (оние што ја наметнаа војната!), не може да важи за тие што беа принудени да ја прифатат (!?) И наместо да се занимаваат со тој аспект на проблемот на справедливоста, нашите бистроумни медиуми се отепаа мавтајќи ни пред носот со бројот на кривични и прекршочни пријави поднесени против "лавчињата". За нив нема амнестија, за нив нема помилување, за нив, едноставно речено, не смее да има правда, справедливост, како елементарно признание за она што објективно (колку што можеа) го сторија за земјичкава.

Ако е тоа правда, јас себеси и официјално ќе се прогласам за св. Ѓорѓија (зимски или летен, мрсен или посен, сеедно), а вие смејте ми се колку што сакате.

 

iNFOMAX.mk

12 декември 2017 година

Поделена Македонија

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 66

*********

МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ

(1912 - 1941)

 

 

 

2. Балканските војни и судбината на Македонија

 

Пазарењето за границите на соседните "племиња" - Бугари, Срби и Грци во Македонија и на Балканот веднаш по завршувањето на Берлинскиот конгрес (1878 г.) ќе израсне во една од најважните политички цели во која се преплетувале интересите на трите веќе воспоставени држави на Балканот. Со различен интензитет и со релативни прекини, пазарењето за делењето на Македонија и на други делови на Балканот започнале помеѓу Србија и Грција.

При крајот на XIX век на површината се појавила идејата за создавање балкански сојуз. Тогаш, (1897 г.) бил постигнат и првиот договор помеѓу Србија и Бугарија за поделбата на Македонија на сфери на владение. Од тогаш, па до моментот на потпишувањето на сојузничкиот договор помеѓу Бугарија и Србија, цели 15 години (1897 - 1912 г.), со повремени прекини, биле водени разговори за дефинирање на интересите на двете држави во Македонија. Разговорите што довеле до конечно потпишување на сојузничкиот договор помеѓу двете држави започнале во октомври 1911 година и завршиле на 13 март 1912 г. Тогаш бил потпишан Договорот за пријателство и сојуз на Царството Бугарија и Кралството Србија. Меѓутоа, напоредно со овој договор, кој бил од јавен карактер, на 29 април 1912 г. во Софија бил потпишан Таен анекс  кон актот. Во чл.2 од Анексот се обележани границите на Македонија, без да се спомнува нејзиното име. Во Анексот, меѓу другото, се прецизира уште дека доколку се дојде до сознание дека оваа неспомната, но територијално прецизирана географска област, "поради заедничките бугарски и српски интереси или од други причини не е возможно...да биде организирана во една одвоена автономна област", предвидена е и границата на нејзината  поделба помеѓу двете земји. Значи, токму територијата на Македонија, чии граници - без да се спомнува биле точно прецизирани, која била прецизно поделена во случај ако двете страни не можат да се договорат неа да ја организираат како автономна област, метафорично била означена како "спорна и неспорна", за чие божемно разграничување било договорено да се побара арбитража од рускиот цар.

Кон потпишаниот Српско-Бугарски договор, кој е основата на Балканскиот сојуз, подоцна се приклучиле Грција и Црна Гора. Со нив биле потпишани билатерални договори, но во договорите нема ниту збор за некакви територијални проблеми.

Првата балканска војна започнала на 18 октомври 1912 година со нападот на Црна Гора врз Османлиската Империја. Тоа, во исто време, го означило почетокот на долгата шестгодишна војна на Балканот, од 1912 до 1918 г. Во неа Македонија станала едно од главните војувалишта.

Првата балканска војна, технички гледано, траела еден и пол месец. Со неа завршила едновековната агонија на османлискиот феудализам и на Османлиската Империја. Пропаѓањето на Империјата, заедно со себе го повлекло и распаѓањето на етно-политичкото единство на Македонија. Најважните битки во Првата балканска војна се одиграле на теритотијата на Македонија  (кај Куманово и кај Бакарно Гумно, потоа во близина на Битола) и на Тракискиот фронт. Српската војска пристигнала до Лерин и до Гевгелија, ги окупирала најголемиот дел од Вардарска Македонија и речиси цела Албанија. Бугарската војска ги окупирала источна Македонија на линијата Горна Џумаја  (сега Благоевград) - Штип - Гевгелија - Солун - Кавала и голем дел од Тракија. Преостанатиот дел од Македонија заедно со Лерин, го окупирала Грција. Во Солун истовремено влегле грчката и бугарската војска, но османската команда градот им го предала на Грците.

На 4 декември 1912 г. било потшишано примирје. Веќе на 16 декември 1912 г. во Лондон започнале преговорите за мир помеѓу завојуваните страни. Главни фактори за мировните преговори биле амбасадорите на големите европски сили: Русија, Англија, Франција, Австро - Унгарија, Германија и Италија. Преговорите се одвивале во напната атмосфера, особено кога на 27 ноември 1912 г.било решено  Србија да се повлече од Албанија. Потоа биле прекинати поради обновениот судир помеѓу Бугарија и Османлиската Империја, продолжиле на 17 април 1913 г., а на 30 мај 1913 г. бил потпишан Договор за мир помеѓу Балканскиот сојуз и Империјата.

Потпишаниот мировен договор во Лондон помеѓу завојуваните страни не ја решил судбината на освоените територии, т.е. со него не било извршено разграничување помеѓу членките на Балканскиот сојуз. Тој проблем му бил оставен тие сами да го решаваат меѓу себе. А токму во тоа лежела и причината за започнување на Втората балканска војна.

Не е ниту малку случајно што во договорот за сојузништво склучен помеѓу членките на Балканскиот сојуз не било договорено како и накој начин, во случај на победа, ќе се организира или ќе се подели освоената територија. Во текот на разговорите за склучување на мир со Османлиската Империја, во Лондон се воделе и билатерални разговори  помеѓу Грција и Србија за меѓусебното разграничување во Македонија и за потпишување договор за сојуз. Целта била двете земји да ја принудат Бугарија на територијални отстапки на еден дел од заземените територии од нејзината војска. Проблемот се заострил кога Србија, на сметка за нејзиното принудно повлекување од Албанија, побарала соодветна компензација. Бугарија не само што не помислувала да отстапи дел од окупираната македонска териториј од нејзина страна, туку сметала дека ситуацијата била зрела прашањето за Македонија, еднаш и засекогаш, да го реши во своја полза преку воен судир со своите ривали. Убедена во својата проценка дека ќе биде победничка на бојното поле против сојузниците Србија и Грција, таа им наредила на своите војски, на 29 јуни 1913 г. да ги нападнат силите на Србија и Грција. Така започнала Втората  меѓусојузничка  балканска војна. Десетина дена подоцна, на 10-ти и 14-ти јули, во војната против Бугарија се вклучиле Романија и Османлиската Империја. Поразена на бојното поле, Бугарија капитулирала.

Во текот на Втората балканска војна во  изливот на меѓусебниот гнев и неподношливост, омразата и оружјето направиле пустош. Сето тоа паднало врз грбот на македонскиот народ. Пример за тоа биле битките на Брегалница и во Овче Поле, безмилосно уништување на градовите Кукуш, Дојран, Гевгелија, Струмица. Со каква жестокост и омраза се однесувале војските на туѓинците во Македонија најдобро сведочат информациите на Карнегиевата комисија и тоа само за егејскиот дел на Македонија. Тука биле уништени, изгорени ит.н. околу 170 села и 16.000 куќи. Под притисокот на грчките воени и паравоени формации, над 100.000 луѓе биле принудени да ги напуштат нивните домови.

По капитулацијата на Бугарија, од 28 јули до 10 август 1913 г. во Букурешт се одржала Мировна конференција. На 10 август бил потпишан договор за мир меѓу завојуваните страни, во историјата познат како Букурешки договор. Овој договор веќе сто години во свеста на македонскиот народ се доживува како синоним на етничкото и територијално черечење на Македонија. Тој е трагично финале за целоста на Македонија, но и за односите меѓу балканските народи. Тоа е крајот на аспирациите за поделба или завладување на цела Македонија, започнати по Берлинскиот договор (1878 г.). Објективно погледнато, во сите комбинации на водените разговори за судбината на Македонија и македонскиот народ, немало место, за неговите аспирации по примерот на своите соседи да создаде своја македонска држава. 

Потпишувањето на Мировниот договор во Букурешт не значело и крај на воените судири на Балканот и особено во Македонија. Имено, на 29 јули 1914 г. Австро - Унгарија и' објавила војна на Србија и тоа е почетокот на Првата светска војна. Тоа бил судир помеѓу двата противставена блока на големите сили во Европа. На иста страна биле Англија и Русија. Кон нив, по 1915 г. се приклучила и Италија, а нешто подоцна кон нив пристапиле Јапонија и САД. Другиот, Централниот блок го сочинувале Германија, Австро - Унгарија и Италија до 1915 г. Истата година кон овој блок се приклучиле Бугарија и Турција. Во суштина, судирот помеѓу двата блока произлегол од тоа кој да ја има контролата на светските поморски патишта, а се барала и нова распределба на колониите, за што се залагале силите од Централниот блок, на чело со Германија.

За учеството на Бугарија на страната на едниот или другиот блок се воделе долги пазарења. Решението за нејзиното приклучување кон Централниот блок било последица на процената дека сојузот со овој блок и' ја гарантира Македонија.

Со нападот на Србија, есента 1915 година, Бугарија се вклучила во Првата светска војна. За кусо време нејзината војска ја окупирала територијата на Вардарска Македонија и избила на границата помеѓу Грција и Србија, определена со договорот во Букурешт. Со мали поместувања на југ кон Лерин или на север кон Битола, во тек на три години тоа ќе биде линија на Македонскиот фронт помеѓу завојуваните два блока. Од обете страни на фронтот кон крајот на војната биле распоредени околу еден милион и двесто илјади војници. Цели три години на обете страни од фронтот територијата на Македонија била подложена на пустошење. Градовите Дојран, Битола, Воден, Лерин, Ениџе Вардар, Гуменџе, Костур биле катадневна мета на топовите. Многу села биле разурнати или изгорени, засекогаш избришани од лицето на земјата.

Пресвртот во Првата светска војна започнал на Македонскиот фронт. Овде силите на Антантата, во втората половина на 1918 година тргнале во голема офанзива против силите на Централниот сојуз. Поразена, на 17 септември 1918 година, Бугарија капитулирала. Потоа, една по друга, капитулирале Турција и Австро - Унгарија, а најпосле, во почетокот на ноември, капитулирала и Германија. Со тоа бил ставен крајот на Првата светска војна, а истовремено тоа бил и завршница на шестогодишните војувања на територијата на Македонија (1912 - 1918).

 

Продолжува

Македонки борци на НОФ во Грција

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Седма

ОДНОСИТЕ НА НОФ СО КПГ

ДЕЛ 66

 

Пишува : Наум Пејов

3. Првиот конгрес на НОФ

 

И покрај сериозните слабости на демократското движење и во односите на КПГ и НОФ, вооружената борба во Грција по спогодбата, доживеа брз развој. Силите на атинскиот режим пролетта 1947 година, под притисок на се' посилните удари од партизанската војска, се најдоа принудени да евакуираат цели реони и да се концентрираат за одбрана во градските и сообраќајните центри. Така на пример, пролетта 1947 година беше евакуиран реонот на Преспа, кој со масивот на планината Вич до Грамос, стана поврзана слободна територија. Планинскиот масив на Кајмакчалан, Џена и Пајак, исто така беше слободен. Слободен беше и масивот на Каракамен (Вермион). Во Источна Македонија исто така беа создадени слободни територии. Вооруженото востание успешно се ширеше и во цела Грција, Централен и Јужен Пелопонез и на островите.

Учеството на македонскиот народ беше сенародно. Тоа создаде благопријатни политички услови на 13 јануари 1948 година да се одржи Првиот Конгрес на НОФ и да се донесе Програма и Статут на организацијата.

До Конгресот во редовите на Демократската армија имаше вкупно 10.147 партизани Македонци, 9.477 мажи и 670 жени.

Организацијата располагаше со професионален заднински организатори од 25 мажи и 12 жени окружни организатори; 61 маж и 23 жени реонски организатори и 16 мажи организатори на сектори. Организацијата издаваше свој печат и тоа: "Непокор", орган на Главниот одбор на НОФ, весникот "Победа", орган на Воденскиот округ, весникот "Зора" орган на Леринскиот округ и весникот "Единство" орган на Кострускиот округ. Eкономски организацијата исто така стоеше многу добро (според податоците во рефератот поднесен на Првиот Конгрес на НОФ).

I - ШТО Е НОФ? 

Тоа е Народноослободителен Фронт (НОФ)

Конгресот на НОФ, исто така беше историски настан во борбата на Македонскиот народ за слобода, и затоа, што на него беа донесени два историски документи: Програмата и Статутот на организацијата. 

ПРОГРАМАТА - на НОФ на Македонците од Егејска Македонија содржи објаснувања за идејните основи и условите во кои се појави Организацијата, основите и посебните цели на вооружената борба. Еве некои карактеристични поставки на Програмата:

"Народноослободителниот Фронт (НОФ) се појави како сенародно антифашистичко движење на македонскиот народ, како одговор на отворената интервенција на англоамериканскиот империјализам во внатрешните работи на нашата земја и варварскиот напад на монархофашизмот против демократските сили во земјата и особено против македонскиот народ. Народноослободителната борба која во последните години ја водеше  македонскиот народ, заедно со народните антифашистички сили на грчкиот народ, против политиката на националното угнетување, која ја води владејачката капиталистичка олигархија на товар на македонскиот народ. Исто така, таа е продолжение на борбата што ја водеа заеднички - грчкиот и македонскиот народ, против фашистичката окупација.

 

Продолжува

Васил Чакаларов

 

 

 

 

 

 

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

СТРАЖАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БИДНИНА И НЕПОКОР

 

Саво Костадиноски

 

 

Инспириран според говорот на Манојло-Мане Јаковлевски одржан на 2 август 2017 година во Крушево

 

 

  • Биди горда земјо на твојот народ
    стражари те чуваат од памтивек од века,
    биди ни спокојна и спокојно живеј
    и верувај дека светла иднина те чека.

    Слогата во нас најмногу ни вреди
    слогата во нас е најјаката сила
    а тоа е аманетот на нашите предци
    аманет за живот и слобода мила.

    Ние сме народ со име, јазик и култура
    и не даваме никој ништо да ни оспорува,
    штом светот не' знае за древна земја
    затоа истрајот наш секогаш победува.

    А така не учеше вечниот комитски глас
    како татковината да ја сакаме и да ја браниме,
    заедно и сложно со востанички дух
    за секогаш славно да ја одбраниме.

    Не замолкнува ехото на вечниот глас
    штом со љубовта на срцето се слуша,
    а тоа е љубовта кон татковината
    со слободарска комитска душа.

    Обврска е на сите да бидеме будни
    татковинската љубов да не ни побледува,
    со стамени чекори да одиме напред
    правдата секогаш има да победува.



  • Македонствувај така народе македонски
    во душата и срцето со непокор и истрај,
    секој да се чувствува ко горд патриот
    и тогаш кога неправдите си немаат крај.

    Биди горда земјо со твојот народ
    те чувале, те чуваме и ќе те чуваат,
    твоите комити, илинденци и асномци борци
    во свеста со непокор и да не порекнуваат.

    Верујте дека и ова безумно премрежје
    засекогаш во неповрат ќе мине,
    ќе дојде и часот гласно да запееме
    МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ!
    ********

    Саво КОСТАДИНОСКИ, поет.

Kind regards : 10 јануари 2018

Sotir Grozdanovski Broj 118