МАКЕДОНСКА БОЖИЌНА ТРПЕЗА

Типична Божиќна трепеза по македонските традиционални обичаи.

Македонски зелник

БОЖИЌНАТА ТРПЕЗА ПО НАРОДНОТО ВЕРУВАЊЕ МОРА ДА БИДЕ ПОЛНА И ОБИЛНА!

 

Божиќ, кој се слави секоја година на 7 јануари, е најрадосниот христијански празник кај Православните верници, кој го симболизира споменот на денот на раѓањето на Господ Исус Христос, Синот Божји, Спасителот на светот.

Божиќ е празник на раѓањето на нов живот, празник на децата и детството, празник на татковците и мајчинството, украсен со најубави верски обичаи и обреди. Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. 

Кај нас, Македонците, Божиќниот ручек е вистински мрсен оброк, после долгиот пост, и секогаш е богат и разновиден. Него го одбележуваат два неизбежни елементи: Божиќно лепче и печењето. Божиќната трпеза, по народното верување, мора да биде полна и обилна. Печењето е почесна должност на домаќинот. Тој го  сече   внимателно, и со почит спрема жртвата, го посложува на посебен послужавник.  Покрај  ова, за прославата на раѓањето на Христос, за Божиќната трпеза се подготвува сарма, супа, како и разноврсни салати.  Неизбежни се колачите и тортите, а  најчесто се пие црно вино и домашна ракија. На Божиќната трпеза неопходна е и Божиќната свеќа.

 

 

 *******************

НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ, БИЛО КАДЕ ДА СЕ, ИМ ГИ ЧЕСТИТАМЕ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ И ИМ ПОСАКУВАМЕ МИР И СПОКОЈСТВО ВО НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, А ВО НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА, ЕДИНСТВО И ВЕЧНА СПЛОТЕНОСТ

*******************

"Македонски Збор"

Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски

СРАМОТА Е АЛБАНЦИТЕ ДА ТРГУВААТ СО ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

 

Срамота е од Албанците да тргуваат со името Македонија, зошто тие не беа подготвени орлето на знамето да го поместат ни милиметар ниту лево, ниту десно, ниту погоре, ниту подоле за да се разликува од знамето на Република Албанија. Беа спремни да гинат, беа спремни војна да водиме и сега срамота е тие да тргуваат со нашето име. Па дури имаме и министри и потпретседатели на влада кои што преговараат за името на Република Македонија и тоа сметам дека е крајно некоректно, изјави претседателот на Гром, Стевчо Јакимовски во емисијата "Отворено студио" на телевизија НОВА.

Според него, Албанците се пример за непопусливост за разликување на знамето на Албанците од Република Македонија, од знамето на Албанците во Република Албанија. Тој додаде дека Албанците сугерираат да се прифати промена на името што според него како Македонец е некоректно, неприфатливо, нечовечко и срамно. Како што изјави , за да има промена на името, да се интервенира во идентитетот, да се десеткува јазикот, црквата да има друга мајка е лошо за соживотот.

Јакимовски додаде дека никој  Македонец не треба да прифати да се разговара за промена на името на Република Македонија.

Најголемата наша придобивка е, како мал народ, што сме биле на страна на антифашистичките сили, пазете, на страната на победникот на најголемото зло на 20-тиот век и ние сега од таа придобивка се откажуваме, рече Јакимовски.

Јакимовски запраша ако се откажеме од сите историски придобивки тогаш, ние како мал народ, на што ќе ја темелиме нашата историја? Дали тогаш доаѓа тезата дека ние сме творба на коминтерната и дали тогаш се потврдуваат исказите на некои бугарски политичари дека Македонците и Бугарите се еден народ кој живее на теритоја на две држави?

http://press24.mk

2 јануари 2018 година

Миленко Неделковски

 

Миленко Неделковски

***

ЗАВРШИ 2017-та ГОДИНА

 

Во текот на 2017-та Македонија влезе во класичен тоталитаризам и фашизам. Не важат закони, не важи устав, не важат процедури, не важи гласање, НЕ ВАЖИ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ.

Полицијата, двете обвинителства и судот едните ги гони до изнемоштеност, дури замандулува апсолутно мирољубиви и ненасилни луѓе... Другите ги ослободуваат иако имаат дела против човештвото, уставот, самостојноста. Плус, до недоглед, заради процедурални ситници, се одложува судењето за оној, абдал, што судот не го признаваше.

Кога вака, на крајот на годината, ќе си стави човек прст на глава да размисли, навистина се поставува чудно прашање! Не е прашањето "Зошто ова вака ни се дешава". Не. Прашањето е "Кој и каква порака ни праќа со оваа идиотштина што нија наметна  како власт"?

Од страна гледано, апсолутно се неспоредливи габаритите, способноста, работливоста и изработеното на Кендо, Коце, Ставревски, Љупчо Димовски, Груевски со од спротивната страна идиотите Сугарески, ШиШегов, Бруто-Нето Данска, Љупчо Николовски, Заев.

Вака, кога ќе се погледне сликата, не е логично овие, сегашниве, на избори да ги тепале оние бившите.

Е, демек, краделе. Тоа не е докажано, но евидентно е дека "Данска" министерот веќе ја задолжи Македонија за скоро ЕДНА МИЛИЈАРДА евра.  А само 7-8 месеци е во кабинет. Не знам дали краделе, ама дека граделе се гледа. Дека нафтата беше супер ефтина, дека струјата беше поднослива, дека парното беше примамливо, дека градежништвото беше потентно, дека земјоделците беа задоволни, дека како - така, се чуваа националните интереси и симболи, дека криминалците беа исчистени од улиците - се гледаше.

Е, зошто е тогаш ова вака? Кој и каква порака сака на нас, народот, да ни пренесе. Што сака креаторот на инжињерингот да ни порача?

Одговорот на прашањето "кој", е едноставен. Амбасадорот на длабоката држава, не на САД, Џес Бејли и неговите Вашингтонски наредбодавци.

"Зошто"? - it's tricky question.

Вака, од оваа перспектива гледано, најсилната држава во светот, со својата најагресивна дипломатија во светот и со најмилитантна армија во светот сакаа и сакаат да ни избришат било каква верба дека Македонецот може да има лидер, идеолози, политичари што успешно ќе ја водат и градат оваа држава.

Порака, секако забиберена со немање основна безбедносна култура на ликовите од тонските записи во "бомбите", и гнасотиите што таму ги слушнавме, е следна:

Оние што во предходната деценија 10 пати, по ред, си ги биравме се поголемо ѓубре од овие што сега се на власт! Кога оваа група на пијаници (Шилегов), педери (Николовски, Боки 13, Павле...), глупаци (Заев) и криминалци (Анѓушев, Шеќеринска) може да се добере до власт, тогаш оние пред нив биле ДАМБЕТЕР.

Тоа е пораката. Отепајте се вие Македонски народе, оти сте го глорифицирале Груевски, подржувале Коце, одобрувале Ставревски... Отепајте се, оти со изборов на новиве се покажува дека старите биле се', само не она што вие како народец сте си помислувале.

На оваа порака од длабоката држава има и "додадена вредност", а тоа е пораката: А за да видите дека сте биле грешни што толку убедливо ги биравте, бившите ќе ги месиме, кршиме, малтретираме до ниво се' да прифатат, се' да потпишат и се' да попуштат. Да видите дека тое не биле стамени политичари,  ами обична шикишаана кој може во секој момент да биде уценета и секогаш кога ќе им се рече да мора да го спроведат она што ќе им каже газдата од Кале.

Ете, мене ми се чини дека е ова пораката на Џес Бејли и неговите шефови до мене и нас Македонците. За кратко време успеаја да елиминираат било каква еуфорија кај граѓаните на оваа држава од разубавување на градот, поставување споменици на нашите славни предци, градење на патишта и автопатишта, заштита на името.

 

http://www.dudinka.org

31 декември 2017 година

 

Стевчо Јакимовски

ХАОС!

Колумна на Стевчо Јакимовски

 

Ви велам јас дека на Америка не и цутат ружи. Во Обединетите нации освен Австралија и Канада, останатите земји членки на Советот за безбедност не ја подржаа одлуката на Трамп да го прогласи Ерусалим за главен град на Израел, кон оваа одлука се приклучи и стратешкиот партнер на САД - ФИРОМ. Хаос! Не знаеш дали навистина сме против Израелците или сме против Американците. Веројатно ние сме за Сорос. Па бидејќи Сорос одработува против Трамп, па и ние да му удриме контра.

Шегата настрана, ова е голем пораз за САД. Го губи влијанието во Јужното Кинеско море. Оној тенџерко од Северна Кореја бува не го пецка, на секој 40 дена им испраќа по една ракета и како што тој вели, веќе неговите нуклеарни ракети имаат дострел и до 10.000 километри.

Сирија е завршена приказна. Операцијата "Арапска пролет" не успеа до крај. Што би рекол мојот покоен чичко - во Сирија добија по музиката (муцката). Ај што Русија им одржа лекција, туку и го прошири своето влијание во Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Катар и сега отвора воена база во Египет. Најинтересно е што на сите овие земји Русија им продава оружје.

Соборувањето на Таип Ердоган не им појде од рака. Напротив, го разлутија и сега Турција се вооружи со ракети С-400 и тоа од руско производство и се во голема љубов со Владимир Владимирович Путин. Мадуро не им се дава во Венецуела дури и ќе менува валута, ќе преминува на биткоин. Тука на Баалканот, Вучиќ си ги работи стручно. Додик во Српска не ги ферма, а Додиќ им отчита лекција дека нема да го слуша Хојт Ји Ли кој е пак заменик на помошникот, односно на стрина ми золва - деверичина. Дачиќ вели, ако сакаат да ни кажат нешто, нека дојде Трамп. Како што доаѓа Кси Џинпинг, Медведев или Путин. И чао.

Орбан игра своја игра во Унгарија. Во Украина операцијата не им успеа, да седнат на прагот на Москва, во Крим, трпат порази во Доњецк и Луганск. Тоа значи дека Американскиот хаос се' повеќе ќе излегува на виделина затоа што светот веќе не е еднополарен, туку мултиполарен. Колку и да сака САД, ова не може да го издржи. Илјада милијарди воен буџет, се многу за целиот свет, а не пак за една земја како што е Америка. Како и да е на долг рок тие огромни воени трошоци ќе станат неиздржливи како беа неиздржливи и за СССР, па мораше да повлече 500.000 војска и да го растури Варшавскиот пакт.

Затоа треба да се издржат притисоците во Македонија. Ќе си имаат тие во 2018-та поголеми маки од Македонските, времето ќе биде наш сојузник, а потоа треба да си го   гледаме  нашиот интерес.

Отстапките на Бугарија и на Грција не треба да им се направат, името не смее да се даде и договорот за добрососедство со Бугарија треба да се отфрли. Ќе се сменат работите.

Опозицијата ако по овие прашања, особено околу името биде конструктивна, кооперативна со владата за да ја подели одговорноста со нејзе и ако учествува во предавството на Македонија граѓаните ќе ја маргинализираат. Активни ќе останат само патриотските сили во Република Македонија.

 

http://infomax.mk

29 декември 2017 година.

 

 

 

 

Миленко Неделковски

         

 

Миленко Неделковски

СМЕ ГИ ЗАКЛАЛЕ ГРЦИВЕ КО СТОКА

 

Еден од најголемите докази дека Македонците немале никакви етнички и биолошки врски со Грците, дава токму големиот грчки мислител од тоа време Демостен. Тој ги нарекол Македонците "варвари", за Филип Втори вели дека не само што не бил Грк, туку немал ништо заедничко со Грците. За Демостен, Филип бил само "обично шугаво суштество од Македонија", кој ја опишува како земја од која "не можеш да доведеш ниту еден роб кој вреди за нешто". Во чест на Демостен е изграден споменик во Атина на чија плоча стој запишано: "само до колку твојата сила беше еднаква на твојата мудрост, никогаш Елада не ќе беше управувана од Македонци".

Интересно е и тоа што Елините ја ставаат Македонија надвор од нивната Елада. Постојат многу грчки записи дека не само што Елините и Македонците биле различни по крв, туку биле и големи непријатели. Историјата до сега запишала многу нивни меѓусебни битки. Ако биле еден народ, како што денес кажуваат современите Грци, зошто тогаш тие меѓусебно војувале, зошто Елините ги опишувале Македонците како окупатори на нивната Елада? Античките историчари дури ги набљудуваат како две различни раси.

Нешто подоцна, слично пишуваат и римските историчари, кои гледаат значајна разлика меѓу двата народа. Повеќепати е запишано дека Македонците вршеле невидени масакри врз Елините. Оттука, зачудуваат грчките тези дека станува збор за еден ист народ. 

Плутарх своевремено запишал и дека Елините ги мразеле Македонците и Александар. Александар бил непожелна личност и заради тоа што настојувал неговите луѓе, телохранителите и војниците да зборуваат на нивниот мајчин македонски јазик.

Очигледно е дека денешните Грци се обидуваат да го изградат својот нов етнички идентитет врз коските на македонските кралеви, заборавајќи  дека се тие нешто сосема друго, дека доаѓаат од субсахарска Африка, дека нивните претци се племињата од Етиопија и Буркина Фасо, од кои го наследиле црниот тен на нивната кожа, а не русите коси на Александар.

 

Александар убива шест илјади Грци во Теба

Дека и самите Грци признавале дека меѓу нив и Македонците постоеле огромни разлики, покажуваат бројните историски сведоштва дека уште пред времето на Филип, Елините ги нарекувале Македонците "варвари". Имало и периоди кога двата народа не војувале меѓу себе, но омразата постоела. Зарем еден народ сам себе ќе се мрази?

Денешните грчки историчари прават се' само да ги искриват сфаќањата на Демостен и другите грчки мислители од тоа време.  Според нив, Демостен ги одвојувал Елините од Македонците само од културолошка гледна точка. Тоа е навистина смешно. Постојат и многу светски научници кои потврдуваат дека поимот "варварин", Грците го употребувале за луѓе кои зборувале на јазик различен од грчкиот и не разбирлив за Грците. Тоа е уште еден доказ дека Македонците зборувале на македонски, а не на грчки јазик.

Но покрај Демостен постоеле и други Грци кои нашите претци ги нарекувале со понизни зборови. Таков е на пример грчкиот историчар Исократ, потоа мислителот Разимах. Тоа се луѓе кои живееле двесте години пред раѓањето на Александар. Очигледно дека древните Елини имале вродена омраза против античките Македонци. Понатаму, ако Филип Втори бил Грк, зошто Грците во сите нивни градови биле радосни кога разбрале дека македонскиот крал е мртов, па дури и славеле? Напротив, ако тој бил Грк, како што тврдат денешните Грци, тие требало да го оплакуваат, да го жалат. Но, тие мислеле дека конечно со неговата смрт ќе се ослободат од македонското ропство.

На сцената доаѓа Александар Македонски, кој пред походот на Персија задушил многу грчки бунтови. Најпознат е оној во Теба, кога Александар и неговата војска ја рушат до темел. Тогаш биле убиени речиси шест илјади Грци во таа област. Останатите избегале во Атина. Власта во Атина вчудовидена од силата и моќта на македонската армија, почнала да му се понижува на Александар Македонски и да ги оправдува неговите походи. Тоа било знак на стравопочит, со цел да се спасат самите себе од копјата на Македонците. Александар имал многу битки против Грците, а една од посериозните била онаа при влегувањето во Персија.

Историчарот Артур Вајгал запишал: "најпосле Грците, опколени од целата македонска војска биле обесхрабрени и заклани како стока, останале живи само две илјади, но и нив ги заробиле...".

http://www.dudinka.org

30 декември 2017 година

 

Мајкл Спрингман

МАКЕДОНЦИ!

ЗБИЈТЕ ГИ РЕДОВИТЕ И ПОЧНЕТЕ ДА ДЕЈСТВУВАТЕ

 Мајкл  Спрингман,човекот кој ја обелодени стратегијата на САД со тренирање на терористи на кој тој имал наредба да им издава визи додека бил аташе во американската амбасада на САД, испрати писмо со повик до народот на Македонија

 

"МАКЕДОНЦИ, забележете добро што се планира за вас. САД, преку нивните дипломати во Скопје и во Стејт Департментот во Вашингтон имаат намера да ја растурат вашата држава преку поделба на нејзината територија на Албаниија и Бугарија. Само потсетете се што САД и нивната творба НАТО и' направи на Југославија. Незадоволни со овааа деструкција, Америка сега наоѓа начини за поголеми активности на Балканот: повторно напад на Србија и уништување на она што останува од Македонија се' со цел да се задоволат Грците и да се блокира било какво Руско или Кинеско влијание.

Секако Џорџ Сорос, милијардерот и човекот позади шарените револуции, ќе биде единствениот кој ќе профитира од оваа катастрофа, исто онака како што тоа го направија неговите Невладини организации (НВО) со мигрантската криза.

Знаете дека актуелниот амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли е остаток од старата администрација на Обама. Колку што сум информиран, истиот е близок до Викторија Нуланд, инжињерот на нео-нацистичкиот пуч во Украина. Негов најверoјатен наследник ќе биде Хојт Брајан Ли. Се сеќавате на него? Неколку пати доаѓаше во Скопје во функција на заменик помошник секретар во бирото за Европски и Евроазиски работи. Истиот неколку пати беше присутен во Скопје за да изврши притисок врз раководството на државата со цел инсталирање на екстремистот и екс-терорист Талат Џафери, како претседател на Собранието.

Кога Македонскиот народ и парламентарците, лојални на својата земја, се побунија и влегоа во Собранието, Заев, во стилот на Адолф Хитлер, ги затвори и тоа со објаснување дека тие биле терористи. Со ова се покажа дека премиерот, Специјалното и Јавното обвинителство работаат надвор од законот.

Затоа, зацврстете ги редовите и реагирајте!"- Пишува во отворениот повик Мајкл Спрингман, поранешен дипломат на САД во амбасадата во Саудиска Арабија и човекот кој по наредба на неговите препоставени ја издал визата на Осама Бин Ладен во процесот на формирање на терористичката група, Ал Каеда.

 

30 декември 2017 година

http://infomax.mk

Македонија

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 65

***********

 МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ  

( 1912 - 1941 )

 

 

1. Борбата на македонскиот народ за ослободување и создавање автономна македонска држава - една од причините за почеток на Балканските војни

 

Првата балканска војна е последица на бројни причини, а две од нив се особено важни. Едната има внатрешен, а другата меѓународен карактер.

Причините од внатрешен карактер претставуваат сплет од бројни проблеми што ги продуцирале османлискиот општествено-политички систем и мултиетничкиот и мултиверски карактер на Империјата. Прва и основна причина е долгото и болно распаѓање на османлискиот феудализам, неговата неспособност за промени и за прилагодување на потребите на времето за развој и модернизација на производството, особено на индустријата, решавањето на сопственичките односи во аграрот, т.е. аграрното прашање, опаѓањето на земјоделското производство, зголемувањето на зависноста на државата од увозот на храна и на индустриски производи, лошата и корумпирана државна администрација, големиот невоен апарат, големата задолженост на државата од стратегискиот капитал итн.

Другата значајна причина за пропаѓањето на Османлиската Империја произлегла од бројните противречности во сферата на меѓунационалните односи и неспособноста на државата да ги разрешува. И покрај вешто смислената административно-територијална организација на државата, која го оневозможила територијалното групирање на различните нации во нејзините граници, власта не можела да го спречи националното обединување на одделните народи, ниту да ги задуши нивните стремежи за ослободување и за создавање свои држави. Таа појава е присутна во целиот тек на XIX век кога, меѓу другото, биле создадени некои од соседните држави на Македонија: Грција, Србија, Бугарија. За тоа сведочат бројните востанија  на потиснатите народи, речиси во сите делови на опширната Османлиска Империја, меѓу кои и на македонскиот во почетокот на XIX век.

Значајно место во разбирањето на причините за Балканските војни им припаѓа на стремежите на македонскиот народ за свое ослободување и за создавање сопствена автономна држава. Стремежите на македонскиот народ кон слободата во меѓународните односи на Балканот и пошироко во Европа ќе бидат синтетизирани во метафората за нерешеното македонско прашање. Во оваа синтагма биле сместувани националните аспирации на македонскиот народ, но и интересите на соседните балкански држави, формулирани како нерешено балканско прашање. Токму таа противречност меѓу стремежите на македонскиот народ за една и неподелена и стремежите на соседните држави да се поседува цела или поделена Македонија ќе биде еден од клучните фактори што по Берлинскиот конгрес од 1878 година ќе води кон судир и ќе доведе до Балканските војни од 1912 - 1913 година.

 

> Продолжува <

 

Павле Раковски

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 -1949

Глава Седма

ОДНОСИТЕ НА НОФ СО КПГ

ДЕЛ 65

 

 

Пишува: Наум Пејов

2. Спогодба меѓу НОФ и КПГ

 

Интересите на борбата бараa полна согласност по сите прашања. Полна усогласеност на мислењата и акциите на КПГ и НОФ. Тоа стануваше поочигледно - императивно со течение на времето, со заострувањето на кризата и се' по широкото разгорување на граѓанската војна. Но, да се дојде до спогодба требаше да се пребродат голем број пречки. Не беше доволна само единствената оцена на ситуацијата и единствен став по прашањето на формата на борбата која треба да се поведе во земјата која ги разделуваше КПГ и НОФ, но кое беше решено со промената на ставот на КПГ за потребата од вооружена борба. Требаше да се реши прашањето на односите меѓу организацијата на НОФ и КПГ, нејзиниот статус, прашањето за развојот на партизанските единици итнт. За сите тие работи беше тешко, како што ќе видиме, да се постигне спогодба до толку повеќе, што поради лошото искуство во минатото кај Македонците и НОФ владееше голема недоверба. Од друга страна, двегодишните разидувања беа проследени колку со една приципиелна, толку и една непринципиелна кампања, општи и лични навреди. Раководителите на КПГ развија широка кампања во текот на 1945 година против организацијата на НОФ, така што пресвртот не можеше лесно да се направи.

За да се избришат и заборават непријателствата, откако стана очигледно дека тоа само на класниот и општ непријател може да му користи, се дојде до решението за спогодба и обединување, требаше од двете страни да се направат максимални усилби на добра волја, а од страна на раководителите на КПГ, како раководна организација, да се преземат и такви мерки, кои навистина немаше да остават никакви сомневања кај НОФ и македонскиот народ за намерите и искреноста на раководителите на КПГ. Меѓутоа, случајот не беше таков. Раководството на КПГ не му пристапи на ова прашање комунистички. Кога еднаш се дојде до констатација дека НОФ е реален факт, без кој не може да се замисли учеството на македонскиот народ во заедничката борба против општиот непријател-грчката контрареволуција и странските интервенти, требаше да ја признае целата безпринципиелност на тогашниот однос спрема НОФ, и не само да ја признае, туку со натамошните мерки да докаже дека се откажува од таквата политика, само тогаш можеа да се очекуваат плодни резултати од спогодбата.

Кога раководството на КПГ се согласи со потребата од постоењето на НОФ во Егејска Македонија, а се согласи да разговара со нејзиното раководство и да постигнат спогодба, требаше да биде доследно и искрено спрема НОФ. Затоа што во случајот не се работи за некоја идеолошки и класно туѓа организација  и привремен сопатник со КПГ, ами за една народна, национална организација раководена од социјалистичките принципи, со определена цел во тој правец. До толку повеќе беше потребно раководството на КПГ да му пристапи на горниот начин по тоа прашање, затоа што дотогашното непријателство и ставот по македонското национално прашање од темел ја разниша довербата на македонскиот народ во раководството на КПГ и самата Комунистичка партија на Грција како таква. Токму затоа македонскиот народ од Егејска Македонија се собра така масовно и цврсто околу својата организација и смело ги бранеше нејзините принципи. Затоа раководството на КПГ требаше да води сметка за тие факти ако искрено, без задни намери и револуционерно гледаше на тоа прашање.

За успехот на борбата против општиот непријател, за поуспешно организирање на широките македонски маси и за закрепување на довербата на македонскиот народ спрема КПГ, беше нужна една таква политика спрема НОФ, која ќе значеше олицетворение не само на формалната, туку и вистинската независност на организацијата, нејзиното идејно и организационо јакнење и афирмација  на оној раководен кадар кој дотогаш беше застанат на чело на организацијата, кадарот кој идеолошки му припаѓаше на НОФ. Но раководителите на КПГ не постапија на горниот начин,  ами спротивно. Тие ја гледаа потребата од спогодување и обединување со НОФ во вооружената борба која се' повеќе  се разгоруваше. Но токму затоа што ова станало нужда, од која не можеше да се избегне, бараа НОФ безусловно да се стави под раководство на КПГ.

Контакти за заеднички политички акции на КПГ и НОФ постигнати се уште за време на парламентарните избори во март 1946 година, а по тоа и за некои воени акции на теренот. Но тие контакти беа одржувани на теренот за конкретизирање на тактичките задачи. До средба на претставник на Главното раководство на НОФ со секретарот на КПГ, кога веќе беше постигната начелна согласност за обединување, дојде дури во летото 1946 година. Согласно на таа начелна спогодба, членовите на Главното раководство на НОФ се заложија да ги спроведат тие решенија во живот. 

Во втората половина на септември 1946 година Марко Вафијадис, тогаш партиски функционер, подоцна командант на Демократската армија и претседател на привремената демократска влада, на раководството на НОФ му ги соопшти условите врз кои требаше да се врши обединувањето.

Условите се состоеја во следното:

1. Да се расформираат постојните македонски партизански групи и борците да се приклучат кон одредите на ЕЛАС. Бидејќи спрема мислењето на КПГ постоењето на македонски партизански групи ја слабеат контролата на Партијата над нив, (пред два месеци при начелната спогодба, КПГ се согласуваше во Егејска Македонија да постојат посебни македонски единици со свои штабови, а таму каде би имало и грчки единици, да се формираат заеднички повисоки штабови).

2. По прашањето за составот на раководствата и командите на воените единици КПГ си го задржуваше правото да постави "добри команданти" во кои има полна доверба КПГ. Тие можат да бидат Грци, а пак групите што ќе ги водат, да бидат наполно составени од Македонци,  ако Партијата ги најде за погодни - беше ставот на КПГ.

3. По однос на кооптирањето на Македонци од НОФ во раководството на КПГ во македонските провинции кое можеше да биде како израз на одредено влијание на НОФ во раководството, ставот на КПГ гласеше: "не мора во македонските области меѓу раководните партиски органи да има бездруго и Македонци раководители. Важно е кои се поспособни и кои имаат повеќе доверба во Партијата".

Лесно може да се замисли, на основа таквите ставови на раководителите на КПГ, каква можеше да биде положбата на НОФ, на Македонецот - борец во редовите на ДАГ и судбината на македонскиот народ. Тоа беше положба на една подредена организација, на нерамноправен борец во целина исполнета со неизвесност.

Со споменатите услови не можеше да се согласи ни последниот член на организацијата на НОФ и вооружен македонски герилец, но сепак таа спогодба конечно беше спроведена.

Другарите на НОФ, кои беа добиле задача да го спроведат првобитниот договор - тој од јули 1946 година, кога отидоа на теренот наидоа на други ставови, се сретнаа со студениот натисок од претставниците на КПГ.

На 25 август 1946 година беше одржан состанок меѓу претставници на Окружниот комитет на КПГ за Леринско и претставници од раководството на НОФ на планината Вич. На тој состанок претставниците на НОФ настојуваа да се спроведе првобитнтата спогодба, но претставниците на КПГ одбиваа. Тие не се согласуваа да се создаде заеднички штаб, туку бараа македонските единици да се расформираат. Командниот кадар на партизанските единици ќе требаше  да го одреди КПГ, а НОФ ќе требаше да престане да има било какво влијание во војската - беше ставот на преставниците на КПГ.

Ист беше случајот на планините Кајмакчалан и Пајак. Еве, што во врска со тие тешкотити се вели во извештајот на Главното раководство на НОФ од 27 септември 1946 година.:

"1. Во Пајак - Ениџевардарско и Гуменичко, претставник на КПГ е другарот Статис. Овој другар како услов за соработка и заедничка дејност во воените единици го постави растурањето на македонските групи и нивното сврстување во грчките. Нека се одбележи дека таму 115 партизани се повеќе наши и 100 Грци под команда на Статис. Неговот предлог не беше прифатен од другарот Павле Раковски и тој тогаш се закани со прекинување на секакви односи и оттогаш наваму не сака никаква соработка. При сето тоа, по наредба на другарот Павле Раковски, нашите јавки и организации го опслужуваат, бидејќи во  овие места нема други организации освен НОФ, кои правилно функционираат.

Истиот другар, борците на НОФ ги нарече предавници на КПГ и  органи на Охраната и на Интелиџенс-сервис и отворено го спроведува ова со јасна цел, да посее смут и фанатизам меѓу грчките маси...

2. Другарот Панос е инструктор на Покраинскиот комитет во околиите Воден, Ениџе Вардар, Гумениџе, Негош. Овој другар пред неколку дена стигна на Кајмакчалан каде што македонските партизани се 200, а Грците 30 и се обиде да ги растури македонските групи, заплашувајќи го Џоџо дека ќе теба да се потчини. Истовремено отворено ги напаѓаше кадрите на НОФ дека се под влијание од КПЈ и дека тоа нема да им излезе на добро.

3. Тругарот Тасо, инструктор на Покраинскиот комитет за Западна Македонија, Костур, Лерин, Гревена, Кожани, во разговор и состаноци што ги имаше со разни другари кажа дека не гледа никаква причина да постој одделна антифашистичка организација на Славо-Македонците т.е. НОФ. Неговото мислење било да се растури "и сигурно ќе се растури", а пак Славо-Македонците да влезат во грчките антифашистички организации...

4. Другарот Фотис Пападимитрију, секретар на Окружниот комитет на КПГ на еден состанок што го имал со другарот Павле Дувалевски, член на Окружниот одбор на нашата организација за Костурско, во доверба му предложи да го напушти НОФ и да премине во ЕАМ и во КПГ. Му рекол дека во таков случај ќе биде член на Окружниот комитет за Костурско. 'На овој начин ќе се распаднат НОФ-итите и ќе се растурат' - рекол тој, јавува другарот Дувалевски. Истиот Фотис конспиративно пропагира, Македонците да не се организираат во НОФ, а пак јавно агитира дека не било задолжително Македонците да се организираат во НОФ."

Цитирав поголем дел од овој извештај, затоа што има директна врска со крајот на оваа драма на македонскиот народ. Тој не беше сојузник во борбата, ами просто се третираше како неплатен наемник. Може ова да звучи чудно, но тоа беше така!

Како што се гледа од изнесеното, раководителите на КПГ од првиот момент сакаа потполно да го обезглават македонското движење. Тие не сакаа да допуштат македонски партизани т.е. не сакаа да остават во рацете на НОФ сила. А без воена сила во условите на вооружена борба, организацијата НОФ можеше да претставува само послушен орган.

Раководителите на КПГ од првиот момент и непосредно до повлекувањето на Демократската армија и крајот на вооружената борба во Грција, систематски работеа врз подривањето на организацијата на НОФ, на лишувањето од каква и да е независност - лишувањето по тој начин, во суштина, на организацијата од нејзината душа.

Македонските партизани во редовите на ДАГ беа обесправени и спрема нив се вршеше дискриминација. Специјално се омаловажуваа оние Македонци, кои како припадници на НОФ, кога тој делуваше во несогласност со КПГ, се истакнаа со својата дејност за развојот на организацијата и мобилизацијата на македонскиот народ во борбата против своите непријатели. Но, и покрај тие сериозни недостатоци и слабости, по спогодбата и по одлучниот курс за вооружена борба, имаме широк замав на востание. Пролетта 1947 година, имаме ослободени цели реони во Егејска Македонија. Годината 1947 мина под знакот на успон на револуцијата во Грција, а тоа особено беше видливо, во Егејска Македонија.

> Продолжува <

 

Славко Јаневски 1920 - 2000

 

 

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********************

 

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

  • ЧЕЛНИК ПЕЈО



    Левен Пејо на долама лежи,
    пуштил перче преку веѓи вити,
    ранет лежи не станува јунак,
    на тамбура бие жици китни.

    Песна лета. Гласовите жици
    надзборуват во седала птици:

    "Чуј ме, чето, чујте, борци - рисој,
    девет дена, девет ноќи лежам,
    коњ ме жали, сокол сив ме плаче,
    леат солзи, лута жад ми гаснат -
    горам в жешка треска што ме мачи.

    Чујте, борци, девет гори минав,
    девет сабји скршив в девет боја,
    вас ве барав, сега болен лежам
    и со солзи гола земја појам.

    Не се солзи што за здравје капат,
    ни се солзи за алено вино,
    но се солзи за пустава земја -
    на долж, на шир грабач што ја мине.

  • Болен лежам, а солзите те капат,
    за чапкунче коњче огновито,
    за скшена сабја боевита,
    за далјанка пушка кременица,
    за соколче в гора-изгорица...

    Чуј ме, чето, ако не ме чуеш -
    песна ке ми чујат сури орли,
    чуј ме, чето, и ако ме чуеш -
    однеси ме преку девет гора.

    Сирачиња од маки да бранам,
    и да гаснам в пусти села пламен,
    дојди, чето, заздрави ми рани
    и земи ме под своето знаме".

    Автор: Славко Јаневски

Kind regards : 05 јануари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 117