Сотир Гроздановски

 

Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

ВО ПРЕСРЕТ НА УШТЕ ЕДЕН КОНГРЕС

*******************

 

Во македонскиот туристички центар Валандово од 22 - 23 декември 2017 година ќе се одржи 16-от вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе се решава судбината на оваа политичка партија. Ќе  се бира  нов претседател за да го покрене кормилото на овој се' народен "кораб" во права насока, насока, која може да ја спаси македонската држава и македонскиот народ од несакани и неорганизирани безредија, кои  што туку  не почнале.

ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија со бројно членство од над 150.000 луѓе но и со многу други Македонци, ширум светот, кои ја симпатизираат и подржуват како стожер на македонството во Република Македонија.  Па затоа и од овој вонреден нејзин конгрес се очекува многу. Се очекува од делегатите, нив над 540 да изберат нова личност за свој претседател, кој и понатака ќе претставува центрипетална сила која ќе го држи македонскиот народ заедно и секогаш подготвен да ја брани македонската држава од надворешни и внатрешни непријатели.

Мораме да бидеме чесни и отворени кога зборуваме за успесите и неуспесите на оваа македонска политичка партија, со корени  од далечната 1893 година, од  времињата на Османлиската Империја. Од  времињата кога и без своја сопствена држава и политичка инфраструктура знаеше да се грижи за својот народ. Да се грижи не само со празни зборови, декларации, мирни и неефикасни протести од една страна и потајно преговарање со своите сопствени непријатели,  Турците, Грците, Србите или Бугарите, од друга страна, туку со смелост да влезе и во отворени воени пресметки со  посилниот непријател од себе, кога беше потребно.

Тогаш, како и сега, македонскиот народ беше загрозен од сите страни. Прво  од турските завојувачи и повеќе вековни окупатори на македонската територија, а второ,  и од своите соседи, коi наоѓајќи се во поповолни економско - политички услови, беа секогаш подготвени да грабнат парче од нашата територија за себе. Тие секогаш  користеле лаги и нечесни трикови со кои се  претставувале пред Македонците како нивни пријатели и Христијани, а не волци. И секогаш успевале да ја злоупотребат македонската традиционална човечност и доброта, да не речам наивност. 

За сето тоа  поопширно зборуваме во нашите историски текстови , па затоа во интерес на просторов, ќе се задржиме во сегашниве времиња, во нашата самостојна Република Македонија. Самостојна, но сепак опкружена од истите соседи, со истите нивни желби и нездрави непријателски соништа, како и през изминатите, над 100 години. Години, во кои имавме и угорнини и надолнини, и секогаш водени од духот на ВМРО вгнезден длабоко во нашите срца и души, држејќи не сложни заедно и непобедиви.

Со распаѓањето на заедничката држава, СФРЈ, во која за прв пат после повеќе столетија со  сопствени сили  воспоставивме своја  национална држава Република Македонија,  проблемите од минатото одново ни се вратија и донесоа со себе немир и не сигурност во нашето катадневно живеење. Очекувајќи ја нашата ранливост  надвор од многу поголемата заедница која ни служеше како одбранбен штит,  соседите со помош на големите сили, сега "стратешки партнери" и НАТО, одново посегнаа кон нас со желба да не растргаат и докусурат еднаш за секогаш. Да не докусурат и така да ги задоволат своите апетити и коначно да го решат "македонското прашање", во своја полза. Ама и да ги задоволат интересите на своите ментори и надворешни газди.  

Не е на одмет да се спомене дека во минатото големите сили скоро да го решија "македонското прашање". Барем така си мислеа!  Со распарчувањето на Македонија и македонскиот народ.

Наградувајќи ги  нашите соседи  со парчиња од македонската територија како делови од некоја нивна голема чоколадна торта, а народот македонски, како дел од некое трло со овци, без овчар, веруваа дека работата е за секогаш завршена. Но се излагаа, зошто неможеа да предвидат дека Втората светска војна ќе донесе подруга рамнотежа на силите во светот и на Балканот. Не можеа да предвидат во своите експанзионистички планови што ќе стане со  старата југословенска заедница составена само од три народи: Србите, Хрватите и Словенците. Дали таа  ќе  се трансформира во Федерација  составена од сите народи и народности на Балканот, вклучувајќи го и делот од Македонија , подарен на Србија, како посебна Република Македонија,  или пак ќе остане се' по старо, што подоцна и се случило, за  нивна несреќа и незадоволство.

И се' би било совршено добро. токму како и порано, да во 1990-тите не се распаднеше на делови од која таа Федeрација беше составена, и од кои се родија нови закрвавени меѓу себе самостојни и "независни" државички веќе купени и под доминација на големите сили и Европската Унија.

Република Македонија, сега  одново постана  "проблем" за сите, а особено за Грците и Бугарите, како најголеми злосторници на македонскиот народ.  Дојде времето за наплата на долговите, си помислија тие, па ајде  да се пресметаме поарно сега, од ошто утре. Така се роди и проблемот со името на македонската држава, за почеток, како кобајаги тоа бил условот  за интеграција во евроатланските асосијации, кој Грција ги бара од нас, а нашите политички партии, прва од нив СДС, оберачки го гризнаа мамецот како мал и безболен. 

И така по ред цел четврт век тргни повлечи до ден денешен, како би не турнале надвор од возот со кој мислевме дека ќе успееме  да стигнеме до мир и соживот во Европа, каде од секогаш сме припаѓале и придонесувале за нејзиниот развој и благосостојба.

Но, изгледа не било така лесно и без отпор, како и во изминатите векови. А отпор од никаде, зошто со државата управуваа водствата на политичките партии, цврсто поврзани со надворешни фактори. Сега, големите сили, чувствувајќи се "изиграни и понижени" што не успеале во проектот за разнебитување и потполно уништување на Македонија, се вклучија во уште една заедничка деструктивна акција, не бирајќи средства, ни начини. 

Корупцијата одигра голема улога во сета оваа валкана игра. Наседнаа скоро сите политички елити, алчни за лесен и угоден живот, не водејќи сметка ниту грижа за народот и државата македонска. Не беа имуни ни левите, ни десните, ниту пак средните. Ниту пак кремот на македонската интелектуална елита, која би требала секогаш да биде авангарда во заштитата на народот и својата држава. Непостој ниту еден сегмент во општествената конструкција на Република Македонија, која не е зафатена со поткуп и доброволно служење на надворешните македонски непријатели вклучени во нејзиното конечно разнебитување  и бришење на се' што е македонско од искона. При тоа, сите "верувајќи" во своите чесни намери и желби за поарна иднина на "граѓаните". За живот и соживот на сите со секого, во евроатланската заедница на народите и народностите, како некогаш. Се разбира, по секоја цена, па макар и обезличени до непрепознатливост како народ и македонска нација.

Ете така, со надворешното инсталирање на новата власт во Македонија предводена од СДС, на чело со Зоран Заев како премиер и "врховен командант" на се' што се случува, дојдовме до последната фаза на нашето распаѓање. Се вршат апсења на сите и на секого кои мислат подруго од нив, дури и пратеници  во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, се донесуваат против уставни закони во Собранието со цел да се редефинира државата во дво национална, двојазична;  против уставно се подигнува едно национално малцинство, албанското, на рамниште,  дури и изнад македонското мнозинство, а народот оставен сам да се снајдува како знае и умее.

ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и немоќен да даде одговор за настаните во земјата, а најмалку подготвен да ја преземе улогата на заштитник на народот. Причините се очигледни за тоа, а доказите тек треба да се изнајдат, но откако ќе заврши 16-от вонреден конгрес на 23 декември оваа година, со изборот на  новиот претседател на  Партијата, во која македонскиот народ се' уште верува. Верува  дека ќе можеме да се извлечкаме од долгогодишната криза во Македонија, активно иницирана и потхранувана од надворешни фактори со помош на домашни предавници,  марионети и квислинзи, до колку ќе се избере личност не извалкана со криминални и нечесни афери, образована и смела да го земе партиското кормило цврсто во своите раце и да биде достоен водач на партиското членство и уплашениот македонски народ.

За шест седум месеци, Зоран Заев ја кутна Македонија и македонскиот народ толку ниску, пониску и од Турците за целото нивно пет вековно владеење.  И за тоа секојдневно добива пофалби и честитки од неговите газди. Тоа што ним не им успеало да направат во изминатите десетлетија, на Заев и неговата злосторничка банда им успеа за неполна година и тоа се' "легално" и во духот на "демократијата". 

Толку ниску на колена, да од срам и кукавичлук не ќе можеме, сите заедно, за долго да се опоравиме и како некогаш  пред светот да речеме дека сме Македонци, наследници на Филипа и Александра Македонски. 

За да се врати угледот на македонската држава и достоинството на македонскиот народ, потребен е јунак над сегашните предавници, кои ќе има доволно смелост да стане пред Заев и неговата разбојничка банда,  и да му рече дека е доста со неговите глупости и авантуристчки експерименти со народот и неговата држава. Да престане да "јаде живи луѓе", зошто како дива sверка, ќе биде одстранет на исти начин како и што се појавил, во оваа света земја.  

Сега е историскиот момент за ВМРО-ДПМНЕ да избере свој вистински водач кој ќе умее да ја реформира Организацијата, да го покрене своето членство заедно со сите нас кои се чувствуваме Македонци и да му овозможи на Македонија да стане на ноsе и пак да ја крене главата горе, зошто нема што повеќе да изгуби. Може само да добие : самиот себе си и нашето достоинство!

 

ЌЕ МОЖЕ ЛИ ТОА ДА ГО НАПРАВИ ИЛИ ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА, КАКО ПОСРАМЕН ГУБИТНИК ЗА СЕКОГАШ?

Стефан Влахов-Мицов

 СТЕФАН ВЛАХОВ - МИЦОВ

ЖИВИ ГЛУВЦИ ИЛИ МРТВИ ЛАВОВИ

*****************

 Меѓу главните причини, за период од три илјади години, да имаме малку време своја држава и да ја изгубиме прогласената, во 1991 година, независност е дека секогаш ЖИВИТЕ ГЛУВЦИ во Македонија биле многу повеќе, од МРТВИТЕ ХЕРОИ.

 

Ние ги славиме хероите, но од глупости, како и намерно,  не го следиме нивниот пример. Затоа, од една страна се правдаме дека сега не било 1893 или 1941 година и дека тогаш се бореле за држава со оружје, а денес борбата била со пенкало на избори. Од Друга страна, пак,  деградираме вистинско херојство, со лажни херои.

Кои се најголемите македонски борци за слобода во последните 150 години? Ѓорѓи Пулевски, дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев-Беровски, Гоце Делчев, Гемиџиите, Питу Гули, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски, Јане Сандански, Кочо Рацин, Никола Вапцаров, Кузман Јосифовски-Питу. Само што кон овие великани беа додадени мноштво Фалшиви (лажни), кои го компромитираат ослободителното движење како Македонско. Во времето на османлиското владеење беше создаден митот за Крали Марко, како компензација за недостасувањето на вистински Македонски херои. Проблем е дека и кога имаме херои, ние ги менуваме за наводни херои на принципот "коњ за кокошка".

Не е чудно што во изминатите 27 години ВМРО-ДПМНЕ води капитулантска политика. Кога во Македонската историја партија со наслов ВМРО водела борба за Македонска Македонија? Никогаш! Затоа и Законот за Илинденски пензии од 1946 година го опфаќа само периодот 1893-1908 година, кога постои Македонска Револуционерна Организација со Делчев и Сандански. ВМРО од нејзината појава до 1934 година, кога е забранета, е пробугарска организација. Затоа и по превратот во Бугарија, на 19 мај 1934 кога се забрануваат политичките организации, раководителот на ВМРО Иван (Ванчо) Михајлов излегува со проглас: "Во врска со сменетата, на 19 мај 1934, ситуација на управување во Бугарија и спроведување од новата влада, член 14 од Манифестот кон бугарскиот народ, ВМРО изјавува дека согласно одлуките на нејзиниот конгрес во 1931 година нејзините членови се распуштаат и мора да станат лојални граѓани на државата".

ВМРО доброволно се распушта без да испука ниту еден патрон против бугарската влада, затоа што е марионета на Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ исто така е марионета (на САД и ЕУ), затоа и таа партија ја предаде државата без никаков отпор. Против газдите не се пружа отпор. Затоа нормален човек не може да очекува дека натаму ВМРО-ДПМНЕ ќе ја брани Македонија, ако не ја бранеше кога ја имаше целата власт - и централна и локална, кога ги имаше институциите, вклучително армијата и полицијата. Тогаш што можеме да очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ во блиска иднина?

Дефинитивна капитулација! 

Прво, при скорешното ратификување на договорот со Бугарија во Македонското Собрание, уште повеќе што  голем број од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и од раководството на Партјата, надвор од матичниот пасош, имаат и втор Бугарски пасош. Тогаш за каква борба може да станува збор?

Второ, до крајот на годината раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати Рамковен договор за менување на името и за кантонизација на Македонија (Законот за двојазичност е дел од таа кантонизација).

Трето, сето тоа ќе биде продолжеток на признавањето на владата на Заев и на локалните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ. А целото тоа признавање е разултат, пак, на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за доброволно и мирно предавање на власта, со гарант -  САД. Тогаш зошто 330.000 на локалните избори гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, кога гледаат дека во последните три години истовремено со СДСМ ја руши државата? Или од глупост или се прават недоветни како тие 450.000 кои гласаа за СДСМ. Вистината е дека и едните и другите се прават недоветни за да ја скријат својата неподготвеност да се борат за опстојување на македонската држава.

Неодамна, бугарскиот премиер Борисов се обрати со потсмев кон бугарскиот народ: "Јас сум прост човек и вие сте прости луѓе. Затоа ви се допаѓам и ме подржувате." Бугарија е докажано најкорумпираната држава во Европа, а Борисов ужива трет мандат како премиер. 

Грција е одамна фалшива држава, а Албанија и Косово се управуваат од бандитски кланови. И замислете, ние капитулираме пред сите овие ѓубриња, им се поклонуваме. И бараме добрососедство со нив. Ако нам, на Македонците ни се допаѓаат итромани и калкуланти како Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Борис Трајковски, Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Зоран Заев, излегува дека и ние сме од истата сорта, како што Бугарите се иста сорта со Борисов, Црногорците со Ѓукановиќ, Србите со Вучиќ, големи сме на зборови, на кафански ентузијазам и патриотизам кој стига најмногу до мирни протести. Но со серџилак и со празен курназлак не се брани држава, која е опколена со непријатели.

Овие денови една бараба, Хојт Ли, го заплаши српскиот претседател Вучиќ дека политичката му кариера ќе заврши како на хрватскиот Санадер, на италијанскиот Берлускони, германскиот Шредер, македонскиот Груевски - четворицата поранешни премиери во своите држави. Општото  меѓу сите нив беше дека се држеа како марионети на САД. Посебното кај Груевски е веќе официјалниот став дека е политички труп. Слично како и останатите -доброволно.

Тука повторно ќе се вратам на алтернативата: живи глувци - мртви лавови. Груевски и спомнатите политичари се од сортата европски "бројлери" кои немаат храброст да го бранат тоа што го зборуваат. Таков испадна пред неколку години Ципрас во Грција, а сега Пучдемон во Каталонија.

Тие ја исцрпуваат енергијата на своите народи, а потоа ги предаваат. На тој начин се демотивираат и оние патриоти кои се спремни да се борат за своите држави. Јас не верувам во  анкети, затоа што анкетираните во голем дел се прилагодуваат кон тие кои ги прават. Сепак, една анкета на Галуп Интернејшенал од пред неколку месеци покажа дека народите во Блискиот Исток и Северна Африка се најспремни да се борат за својата држава - 83%.

Потоа следуваат Турците со 73%, Кинезите - 71%, Евреите - 66%, Русите, ит.н.т. За Македонците процентот е 38%, според мене мора да биде симнат 10 пати.

Добро, за Каталонија е дека нејзиното Собрание најде храброст да изгласа независност пред укинување на автономијата од Шпанија. Затоа што и да биде ставена под штабска контрола, Каталонија ќе се смета за окупирана земја. За жал, според меѓународните стандарди ние не сме официјално окупирани како во Втората светска војна. Одлуките за нашето укинување, како држава, ги носат македонските политички партии. Притоа со целосен концензус. Тоа значи дека и по светскиот пресврт кој скоро ќе дојде, ние нема да имаме шанса да бараме враќање на државата, ако барем една политичка партија во Македонија не се спротивстави на реалната, но не и правна окупација. Така како што во 1941 година се спротивстави македонската комунистчка партија. Затоа македонските непријатели го користат моменталниот ропски дух на политичари, партии и народ за да добијат доброволно укинување на македонското име, идентитет и држава со концензус.

 

А ОД ТАКВА КАТАСТРОФА, ВРАЌАЊЕ НЕМА!

http://www.dudinka.org

29 октомври 2017

 

Дарко Јаневски

 

ДАРКО ЈАНЕВСКИ

КАКО И КОГО СЕ' УБИВАЛ АНДОН ЈАНЕВ ЌОСЕТО, ВКЛУЧИТЕЛНО И СВОЈОТ БРАТ

****************

 

Каква личност бил македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето, бездруго, најдобро се согледува од самите негови спомени  запишани во 1931 година од историчарот Љубомир Милетиќ.

Од неговите сведоштва најдобро се гледа како кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век се создавала Македонската револуционерна организација и каква била неговата непосредна улога. Особено тоа, какви се' задолженија исполнувал, како добивал наредби од Гоце Делчев, Даме Груев ... и други највисоки водачи на организацијата и кои бескомпромисно ги извршувал. За каква личност станува збор, се чини, најдобро покажува сведоштвото со кое Ќосето самиот побарал да се ликвидира неговиот роден брат Никола, кој тогаш им се ставил на услуга на турските власти. Ликвидацијата со која требало да се спречи предавство на организацијата, која набрзо и се случила.

Овој и другите настани  детаљно се забележани во неговите спомени чиј дел пренесуваме, а се однесува на периодот на првите години по основањето на ВМРО, односно на првите години по 1893 година.

 

Ако правам штета и мене треба да ме убиете

Турците ме барале во Велес. Го поткупиле мојот повозрастен брат, му ветиле нешто и дознале дека сум во Солун. Но не знаеја како изгледам. Затоа Турците го довеле брат ми во Солун и почнале да ме бараат. Во Солун во тоа време имаше еден учител, Пејчиновиќ, стана и директор на српското училиште. Тој беше и орудие на Турците. Турците го запознаа со мојот брат и двајцата почнаа да ме бараат. Власта исто ме бараше. Но наместо тие да ме фатат, јас го фатив брат ми и со измама го донесов кај Татарчев, каде што го држев преку ден. За тоа што се случи  го известив Дамјан Груев. И Груев и д-р Татарчев, кои беа членови на Централниот комитет, не можеа да дадат дозвола за ликвидирање на брат ми. Поради тоа, им предложив јас да го отстранам. Ако го пуштам, им реков, за мене тука веќе нема место. Тие се согласија со мене и ми рекоа: Прави како што мислиш дека е најдобро.

Направивме план. "Земи три лири и дај му ги на мајка кога ќе стигнеш во Велес", му реков. Го испративме скромно, со други луѓе. Го беа облекле во нова облека. Ајде, те водиме на друго место, му кажале. По убиството, веднаш му соопштиле на Даме и тој почна да ми се извинува. Јас му одговорив: Што, да се јадосуваме за еден човек што се изгубил? Ако јас правам штета и мене треба да ме убиете.

Оттогаш, бев човек со голема доверба. Средбите веќе не ги одржував со Тано Мурџиев, туку директно и лично со Даме Груев.

Јас предложив да му бидам пајтонџија на д-р Татарчев, а истовремено ги исполнував и наредуваните терористички акции од организацијата. Пајтонот го возев само кога д-р Татарчев требаше да оди негде. Ми беше наредено да го убијам Пејчиновиќ. Ми рекоа да го сторам тоа, макар подготовката била бавна, но и да бидам внимателен, да не ме фатат или убијат... Нашите ми рекоа: "Гледај да не настрадаш. Многу си ни потребен..."

Го сретнавме Пејчиновиќ, кој се движеше пеш кон училиштето. Тој одеше многу бргу: ние и да трчавме, не можевме да го стигнеме. Мите беше најбрз. Носеше црно палто и еден карадачки пиштол. Стигнувајќи, Пејчиновиќ се сврте со главата и куршумот му го однесе челото. Ние се свртивме и избегавме...

Вечерта отидов кај д-р Татарчев. Другиот ден властите ги свикаа сите доктори во Солун. Отиде и д-р Татарчев. Нареди да се впрегне коњот, да ставам ракави и цилиндер каков што беа должни да носат сите пајтонџии во Солун. Докторот се качи на пајтонот и јас дојдов точно пред училишната порта, каде што го застрелавме Пејчиновиќ, Татарчев слезе од пајтонот и го прегледа Пејчиновиќ. Во тоа време Турците го подржуваа српското училиште... Со Татарчев се вративме. Го прашав дали ќе го биде мојот пријател. Нема, ми рече. Да сакаа да го биде, немаше така да го најадат. Докторот велеше дека ништо не знае. Србите го зедоа Пејчиновиќ за да го однесат во Белград, но по пат им починал...

 

Никој не смее да го знае моето родно место 

Имав слушано за Делчев, но лично не го познавав. За моето родно место знаеше само Даме Груев. Му имав кажано: Ако сакаш да останеме пријатели, не треба никому да му кажуваш каде сум роден, инаку ќе те убијам. Тогаш, Даме се насмеа и ме праша: Дали би посегнал по мене, Андоне? Му реков дека и тоа би го извршил. И Даме ја сочува до крај тајната на моето село, до својата смрт.

Тајно дојдов до с. Брод. Ме сретна  еден човек кој требаше да ме скрие. Тогаш добив писмо од Гоце Делчев, и ако не се познававме. Во тоа време во Брод имаше еден мудурин, не се сеќавам на името и Делчев ми пишуваше во писмото да го убијам. Ми го покажаа други луѓе. Но полицијата беше блиску до него, па кога ќе ја завршам работата, ќе нема каде да бегам. А ноќе, немам како да ја завршам работата. Тогаш ми стигна второ писмо од Делчев во кое ми пишува да го оставам убиството на мудурот, а да отидам кај дедо Илија Крчовалијата. Ќе го сретнеш - велеше Гоце во писмото - јас му пишував за тебе. Заедно со него ќе влезете во селото, ќе го фатите жив Петар Шишко, ќе му ги земете парите и потоа ќе го убиете, зашто пари ни требаат...

 

 

Од лево: Андреј Докурчев, Андон-Ќосето и Марко Христов

На плоштадот во Брод имаше чешма, а крај чешмата аскер. Со дедо Илија решивме уште вечерта да ја решиме работата со Петар Шишков... Кога влеговме (во дуќанот) Петар Шишков стоеше на тезгата и имаше чашка во рацете со која наздравуваше со другите. Кога влеговме, чашката му падна од рацете. Дедо Илија го фати за рамото. Ајде бај Петар и го изведоа надвор. Јас им се обратив на другите од крчмата: Никој да не мрднал!... Дедо Илија му рече: Не се плаши Петре, нема да те убиеме. Пари сакаме. Пари ли?, праша Шишко - пари ќе ви дадам. Тоа го слушнаа горе и ете ги како носат цела тепсија со пари. Но едновремено се појави и полицијата. Попе ја крена пушката и го уби на место. Припукаа и на нас, но избегавме...

 

Бегството на киднапираниот

Назим-бег

Гоце нареди: еден од Малешевијата бил осуден, па од Берово ќе го носеле во Скопје. Јас по наредба на Гоце требаше да ја удрам стражата. Ја минавме границата кај Елешница. Фативме двајца аскери и ги убивме... Потоа се вративме во Ќустендил, се разбира, пак по наредба на Гоце, кој ни имаше кажано сега да не преземаме никаква акција... По извесно време, откако се здруживме со Попето, кај нас дојде Делчев, кој веќе беше во илегала. Нашата група не беше голема - броеше пет шест души. Решивме и Делчев се согласи да го заробиме Назим-бег. Но како ?... Туку што се наближивме до Василево, гледаме, бегот излегува од селото јавајќи коњ, а гавазот оди по него. Тој беше зет на солунскиот паша. Почнавме да се караме со Делчев. "Не не - викам - така да му платиш". "Јас не сум зел ништо" - викаше Делчев. Се караме и одиме. И токму кога бегот минуваше крај нас, Делчев ги фати дизгините на коњот и викна: "Држете!"... Бегот го извади пиштолот и токму кога требаше да грмне во градите на Делчев, Попето му ја фати раката и куршумот го погоди во ременикот. Така Делчев се спаси... Откако се одморивме еден ден, почнавме да правиме планови за водење преговори за пари. Определивме откупот да биди 10.000 лири. После, откако ги почнавме преговорите, ја намаливме откупната сума на 5.000 лири. Се разбира, се' беше под диктат на Делчев.  Беа определени и денот и местото каде треба да бидат донесени парите во два дела по 2.500 лири... Јас отидов да ги чекам парите. Гоце остана со двајца другари милиционери во колибата со бегот. Во тоа време Делчев имаше болки во стомакот. Болките го надвјасале, но кога малку се смириле, заспал. Тогаш бегот му кажал на еден од милиционерите да запали оган, зашто било студено. Милиционерот отишол по дрва, но го заборавил револверот. За тоа време бегот успеал да ја извлече камата на Делчев да го одврзе јажето и така ги ослободил рацете. Потоа го зел и револверот на Делчев. Било темно и станал за да излезе низ вратата на колибата. На излегување стрелал во стражарот и го ранил во раката и избегал кон с. Нивичани, каде што му беше чифликот. Потоа тргнал кон Струмица и ги сретнал луѓето што ги носеле парите. Им рекол да се вратат зашто тој избегал и успеал да се спаси...

 

Во шумата јас сум господар

Настапи есента, а по неа дојде и зимата. Ние се врткаме на Кожуф планина. Тука имаше околу 500 луѓе, кои правеа ќумур. Тоа беше во Мариовска Гора. Имаше многу колиби. Работниците се пазареа од Митровден до Ѓурѓовден и беа многу слабо платени. Претприемачи беа двајца бегови. Едниот со седиште во Цариград, а другиот во Солун. Целиот ќумур минуваше преку нив. Кога стигнавме во колибите во  Мариовска Гора, беше дојден плаќачот, кој ги собрал сите ќумурџии. Како што веќе реков, ќумурџиите броеја 500-600 луѓе. Ние и сега бевме со Попето. Што да се прави? Ги собравме ќумурџиите и им го предложивме следното: "Слушајте, досега како сте се пазареле, сте се пазареле, но од сега натаму, од денес до Ѓурѓовден има еден месец. Ќе пресметате и ќе исечете толку дрва и ќе направите толку ќумур колку што може да се направи од исечените дрва. Повеќе нема да се пазарите. Кој ќе го стори тоа, ќе го заковам на буките. Ако ве повикаат да се пазарите, вие ќе кажете, не можам да се пазарам, зашто ни е страв од комитите. Ќе ги кажете и нашите имиња, Михаил Попето и Андон Ќосето.

Кога наближи крајот на месецот, солунскиот бег ги повика да се пазарат. Ќумурџиите одбиле да преговараат за цената на ќумурот. Потоа бегот испратил свои луѓе и пазарил во Прилеп 500 секири (се мисли на дрвосечачи, н.з.) и им дал капар од по една лира. Разбрав дека од Прилеп ќе дојдат работници и ги чекам. И еден ден од прилепско јавија дека ќумурџиие тргнале за гевгелиско. Од Градско сакале да се качат до Мариовска Гора и оттаму сакале да тргнат за на планина.

Отидов до Крива Река и кај еден од говедарниците поставив заседа. Тие влегле во заседата и ги запрев. Им реков да се вратат од кај што дошле. "Ама зедовме по една лира капар", ми одговорија тие. Им реков: "Ќе се вратите преку планината без да запирате никаде. Ако застаните, ќе ве заколам сите до еден!"

Не помина многу време и за ова се разбра и во Солун. Од многу трговци почнав да добивам писма во кои ме молеа да ја ослободам гората зашто цел Солун се снабдува со ќумур од таа шума. И тоа беше точно. Ама јас намислив таа шума да ја користат локалните селани, а не двајцата бегови. Балкан со илјадници квадратни метри. На првото писмо не одговоривме. На следното, второто писмо, напишавме дека прашањето може да се среди преку "преговори". "Кој има брада, ќе треба да си обезбеди и чешел!". "Во шумата, им напишав, јас сум господар!"

По тоа Турците организираа три потери од по 60 луѓе. Ги облекоа во жолти комитски алишта, им ставија качкети на главите и ги пуштија да н' гонат. Во сите села поставија аскер, во случај да н' откријат, аскерот да притекне во помош. Скитаа, скитаа и за шест месеци не можеа да направат ништо, не можеа да н' откријат. По извесно време јас заминав во ениџенско, село Ошин, едно влашко село Ливада, кое се наоѓа меѓу Ениџе и Гевгелија...

По едно време бегот посака да преговара. Побара да се види лично со мене. Од с. Серменин, Гевгелиско, ме информираа дека истиот бег дошол во селото и по секоја цена сакал да се сретне со мене , дури го ризикувал и својот живот. Јас одбив и наредив дека оној што ќе се осмели да го донесе бегот кај мене, ќе го убијам. Не поминаа неколку дена и добив писмо од гевгелискиот кајмакам. Во писмото го пишуваше следново: "Капетан ефенди, ослободи ја шумата ослободи го Балканот, за да прават ќумур. Ако ти требаат облека за другарите ти - ќе ти го дадам пари, ако треба - ќе ти испратам, што сакаш да ти дадам? Зошто го осудуваш целиот град Солун?"

 

Бакшиш од Цариград

Писмото беше напишано на француски јазик. Туше од с. Богданци беше мој секретар и знаеше француски. На првото писмо јас не му одговорив. Поминаа неколку дена и стигна голема молба за одговор. Тогаш јас му испратив писмо со следна содржина: "Го добив твоето писмо, ти пишувам зашто ме молиш многу и сакаш да слушнеш одговор од мене. Немој да мислиш дека јас ја чувам шумата за да се кријам во неа. За мене и шумата и полето се едно исто. Храна имам, облека - исто, ама и храбри другари имам. Но знај едно нешто, ти си кајкамакот во градот Гевгелија, а јас сум цар на шумата и на Балканот и на полето. Јас не седам во шумата за да се кријам во неа, туку затоа што полето ќе остане без вода!"

Поминаа десетина дена, сепак одговор не добив. Малку подоцна, добив писмо од Цариград. Цариградскиот бег ми пишуваше: "Ти праќам шест сребрени часовници, од кавкаско сребро, со позлатени вратички, како и шест кордона за часовници. Ти испраќам и шест кутии со сребрени чибуци, а исто толку и лажици, виљушки и ножеви". Понатаму пишуваше: "Те молам, капетане ефенди, ти го испраќам овој бакшиш, но ќе те молам да дозволиш да работаат пет секири, колку за мене".

Му одговорив следново: "Ти благодарам што си ми напишал. Бакшиш добив и ја разбрав твојата молба. Ама јас само едно нешто предлагам: не пет, и педесет секири ќе ослободам, но под еден услов - ти сам да дојдеш да работиш!"

И така беше прекината секаква комуникација. Одлучивме да ја поделиме шумата меѓу сите села и определивме цена на ќумурот и тоа на следниов начин: за товар магарешки - 15 гроша, за товар коњски - 20 гроша. Тоа беа минималните цени. Над овие цени секој колку сакаше можеше да наддава, ама ако некој продава по пониска од пропишаната, се казнуваше со смрт. 

 

http://start.mk

21 септември 2014 година

Џејсон Мико

 

Џејсон Мико

ВЕТРИШТА И БРАНОВИ

************

 

Овој пат работите се поинакви. Овој пат, мислам дека сите знаат, на сите им е јасно, дека влоговите во играта се високи. Како што часовникот отчукува, и светот влегува во неговиот финален чин, овој пат има свест дека борбата за правдината мора да се добие. Ова не важи за Македонија, туку за целиот свет. Минатиот викенд видовме две различни страни од оваа борба.  Во Австрија битката ја добија борците за индивидуални слободи, лична одговорност, суверенитетот, ограничената власт, традиционалното семејство, слободната пазарна економија и силната национална одбрана. Во Македонија, битката ја добија тие што застапуваат сосем спротивни вредности. Уште полошо, тие се подготвени да се откажат од Македонија и од се' што таа претставува.

Точно е, и порано во Македонија имало избори во кои едната страна ја победувала другата, за потоа работите да се свртат. Но, овојпат ситуацијата е поинаква. Зошто? Да го земеме на пример левијатанот наречен ЕУ. Имаме милиони луѓе во Европа кои имаат интерес да продолжи проширувањето како на ЕУ така и на нејзината моќ. Тука имаме избрани политичари, бирократи кои не се избрани од никого, невладини организации, тинк тенкови, академски институции и секако многумина во медиумите. Тие имаат своја сопствена моќ, престиж, финансиски успех и сето тоа им е поврзано со успехот на европскиот проект. Дури и кога ЕУ се соочува со Брегзит, Каталонија и Шпанија, со повиците од Унгарија, Полска и Чешка за повеќе суверенитет, ЕУ сепак се обидува да привлече други држави во својата орбита во обидот да ја создаде својата "постојано поцврста унија" и секогаш и во се' бара "повеќе Европа", на сметка на националниот суверенитет и индивидуалниот идентитет. Но, бидејќи оваа визија е загрозена, тие што имаат личен интерес во реализирањето на ваквата визија се борат со сите средства кои им се на располагање. 

"Ерата на национализмот заврши". Вака вели Зоран Заев, кој како папагал порачува што неговите западни газди му кажуваат, и со суптилност ги потсетува Македонците дека бидејќи мораме да влеземе во "клубот" на ЕУ, Maкeдонија треба да се откаже од своето име и идентитет. Заев ја прогласува желбата да се бранат македонските интереси, нејзиното име и идентитет за "национализам". Ова, секако не важи за коалициските партнери на Заев во Владата, албанските партии во кои нема ништо друго освен национализам. Никој никогаш не ги слушнал овие партии да вметнат било какво идеолошко прашање во нивните политички платформи или политички структури. Поради тоа, албанските партии во Македонија доаѓаат и си одат како ветрот (за ова ќе зборуваме во друга колумна). Нив единствено ги интересира "што Владата ќе направи за мојата етничка група?" Така не може да се води држава. Заев вели дека "ерата на национализмот е завршена". Но, тоа не важи за Бугарите и Грците кои ќе продолжат да прават се' што можат за да го поткопаат македонскиот идеал.

Никола Димитров, во изјава за медиумите рече: "ајде да ја направиме Македонија европска, праведна и успешна. Тоа нема да биде лесно, но нашата генерација доби втора шанса. Минатата недела побарав поволен ветер од Европа, но ветерот додје од мојот дом. Нема посилен ветер од денешните изборни резултати".

Има неколку проблеми со оваа изјава. Прво, Македонија веќе е европска. Последен пат кога проверив, Македонија беше во Европа, тргуваше со Европа, беше вклучена во европските спортски натпревари, во европската уметност... Второ, неговата изјава јасно е координирана со други лица како него. Ерван Фуере, поранешниот европски претставник во Македонија, напиша текст за Балкан Инсајт под наслов "Европа мора да го подржи ветерот на промените во Македонија". Фуере вели дека "во четирите месеци додека Зоран Заев е премиер на Македонија, на чело на коалиција предводена од неговата партија СДСМ, ветрот на промени се пренесе преку земјата".

Слично на него, Радио Слободна Европа, за кое се надевам дека ќе биде укинато од страна на администрацијата на Доналд Трамп, го цитираше  НВО (Не владина организација) активистот Андреја Стојковски, кој очигледно ги добил истите инструкции и кој вели дека "Македонија се буди во нова зора, а изборните резултати носат поволен ветер за реформи и за демократија".

Овие луѓе се либерални фашисти, ако смеам да позајмам израз од американскиот конзервативен автор Џон Голдберг. Зошто? Затоа што сакаат разновидност и диверзитет за сите, но само доколку сите размислуваат како што тие размислуваат. Сакаат конформитет, но само за свој начин на размислување, за нивните ставови, за нивната агенда. Сакаат еднакви исходи за сите, а не еднакви шанси  за успех. Во случајот на Македонија, нивната агенда е Македонија да прави како што тие ќе кажат. Нема простор за дискусија, дебати, несогласувања. Има само еден пат - нивниот пат.

Да дојдеме и до прашањето за брановите. Разговарајќи за изборите во Македонија, еден мој пријател ме праша дали дошло до изборен бран - целосна победа на СДСМ. "Да", му одговорив, а потоа го прашав, "што прават брановите?" "Тие се превртуваат и потоа се кршат. Ветровите и брановите, одвоени или заедно предизвикуваат урагани, циклони, торнада и тропски бури. Тие шират огнови, превртуваат бродови, уништуваат и не можат да бидат скротени или контролирани.

Според Фуере, десницата во Македонија мора да исчезне. Тој пишува дека "денес, Груевски и неговата партија се најголемите пречки за враќање на нормалноста и владеењето на правото во Македонија".

Весела Чернева, директорка во Европскиот Совет за Надворешни Работи и поранешна портпаролка на бугарското Министерство за Надворешни Работи напиша дека "ЕУ не треба да дозволува лидери како Груевски да остануваат на власт толку долго во земјите кои се кандидатки за членство во ЕУ". Значи, освен што поранешен висок ЕУ дипломат и поранешна претставничка на Министерство за надворешни работи на земја членка на ЕУ бараат десницата во Македонија да биде уништена и тоа преку интервенција на ЕУ (што само по себе не е многу во согласност со владеењето на правото), има и други гласови кои повикуваат на ова и слават поради исходот на локалните избори. Сепак, морам да го цитирам Марк Твен - "вестите за мојата смрт се исклучително претерани".

Занесувањето е опасна работа. Станавте премногу гласни и самоуверени. Станавте себични. Се занесувате и станавте невнимателни. А потоа ќе бидете поразени.

 

http://www.svest.mk

18 октомври 2017 година

 

Питу Гули 1865 - 1903

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 62

МАКЕДОНИЈА ВО XIX ВЕК

*******************

9.1. Задушувањето на Востанието

 

Првата задача на Високата Порта при задушувањето на Востанието била преземањето на Крушево. Акцијата била добро подготвена, на градот Бахтијар-паша тргнал со голема сила, се воделе борби насекаде околу него, но по своите димензии и жестина, покрај судирот кај   Слива, борбата на Мечкин Камен ги надминала не само оние борби што се воделе за да се одбрани слободата на Крушево, туку и битките водени на секаде низ Македонија во текот на 1903 година. Таа борба претставува епопеја сама за себе и затоа е врежана длабоко во свеста на нашиот народ, како симбол на неговото јунаштво и саможртва. Главниот војвода и јунак на борбата е Питу Гули. По битката кај Мечкин Камен, Крушево било покорено на 13 август.

Општата офанзива против Востанието во Битолскиот округ започнала на 25 август и траела околу два месеца. Краткотрајната и жестока пресметка завршила со мошне тешки последици за севкупниот живот на македонскиот народ. Затоа што тоа била војна не само против вооружените сили на Организацијата, туку и против целокупното македонско население.

Во текот на Востанието настрадале 16 околии со 200 населени места, биле изгорени 12.400 куќи, без покрив останале близу 71.000 луѓе, родните места ги напуштиле околу 30.000 жители. Биле убиени над 8.800 луѓе, пред се' селско население.

Илинденското востание е македонско востание. Тоа било Востание на македонскиот народ и, пошироко, на мнозинството од христијанското население, без разлика во која црква се молело, во какви училишта учело и кое (национално -б.м.) име го носело. "Имаме словенско востание во Македонија", возбудено го информирал познатиот Јон Драгумис својот татко во Атина... Целото славофоно (македонско - б.м.) население го следи Комитетот - и православни (патријаршисти - б.м.) и шизматици (егзархисти - б.м.) и тоа поголемиот дел доброволно..."

Илинденското востание и последиците од него имале значаен одглас во Европа и во Америка. Ставот на соседните балкански држави во врска со востанието бил негативен и непријателски. Заинтересирани исклучиво за завладување и поделба на Македонија, владаечките кругови на Грција, на Бугарија и на Србија можеле да бидат задоволни единствено со поразот на востанието. Заинтересирани да се зачува договорениот статус кво на Балканот, големите сили го одобриле и го очекувале поразот на востанието. Австро-Унгарија и Русија побарале од Османлиската влада да воспостави 'ред" во земјата, а тоа значело признавање право на Турција да употреби сила според потребите. А Високата Порта знаела како да ја употреби силата. Велика Британија и Франција, па и Италија, во извесна мера, поинаку гледале на настаните во Македонија. Грофот Ленсдаун сметал дека Европа повеќе не треба да остане индиферентна кон настаните во Македонија. Тој предлагал преземање средства што ќе ја окончаат "жалната" положба во Македонија. Резултат на таквата политика се познатите Мирцштерски реформи, составени и прокламирани од рускиот и австроунгарскиот цар во октомври 1903 година, со одобрение и на другите големи сили.

Големата саможртва на востанатиот народ, потоа жестокоста со која османлиската власт го задушила востанието, предизвикале сочувство и жалење кај пошироката јавност на Европа и на Америка. Биле формирани разни македонски комитети што ја ширеле вистината за Македонија и собирале помош за настрадалото население. Во тие акции учествувале и некои славни имиња на епохата: Лав Толстој, Анатол Франс, Виктор Берар и други. Помошта стасувала од повеќе земји на Европа и на Америк, но посебно место во историското паметење на македонскиот народ има помошта испратена од англискиот народ. Во акцијата за спасување на луѓето што останале под ведро небо, како да учествувало целото англиско општество. Секретарот  на Комитетот за помош, Хенри Ноел Брејлсфорд, заедно со својата сопруга, пристигнал во Битола во октомври 1903 година лично да раководи со распределбата на помошта. Балканскиот комитет продолжил да испраќа помош и во текот на целата 1904 година. 

Илинденското востание и сето она што следувало по него создале нова, квалитетно поинаква политичка ситуација во Македонија. Со востанието , всушност, завршила една ера од историјата на Македонија, дури и од историјата на Османлиската Империја и започнала нова. Тоа ја означило зафршната фаза од распаѓачкиот процес на Османлиската држава и го најавило нејзиното изчезнување од Балканскиот Полуостров. Илинденските трагични настани го предизвикале првото сериозно вмешување на големите сили во внатрешните работи на Империјата по Берлинскиот конгрес.

Националноослободителната борба во периодот на Илинден претставува пресвртница во историскиот процес на развитокот на македонската национална свест. Прогласувајќи го автономниот принцип како самоцел, Мобилизирајќи ги масите во името на тој принцип, негувајќи ја и упорно бранејќи ја автохтоноста и автономноста на Организацијата, накусо речено, водејќи битка на сите фронтови, против сите противници на македонската посебност, поведувајќи го народот во оружено востание за извојување сопствена државност, МРО објективно придонела за развитокот и зацврстувањето на свеста кај народот во однос на македонскиот простор како одделна историска заокружена територија и сопственост на одделен народ, како негова татковина со славно минато, но и дека само преку сопствена саможртва, сега и тука каде што опстојува се векови, ќе треба за себе да обезбеди слобода и да создаде нормални услови за живот преку извојување автономија - сопствена држава! 

 

 >Продолжува <

Партизанска колона

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Шеста

ОТПОРОТ НА НОВИОТ ПРИТИСОК

ДЕЛ 62

*********

Пишува: Наум Пејов

2. Активност на НОФ во периодот 1945 - 1946 година

 

 

НОФ политички се разијдуваше во своите цели и организационо беше одвоен од КПГ се'  до спогодбата од октомври 1946 година. Но тој, сепак, не беше слободен и независен во своите акции и ставови. Своите акции и ставови требаше, во голема мера, да ги сообразува и усогласува со ставовите и линијата на КПГ. По потпишувањето на спогодбата во Варкиза, разоружувањето на ЕЛАС и проширувањето на реакционерната власт на атинскиот режим врз цела територија од земјата, буржуаската влада од Атина се' повеќе го засилуваше теророт над демократските организации, нивните припадници и институции во земјата. Тој факт се' повеќе говореше во прилог на тоа, дека во Грција десницата која дојде на власт, не само дека не мисли да ги исполни обврските за мирен и демократски соживот, туку, напротив, од ден на ден стануваше се' појасно дека и парламентарните избори се исклучени. 

Организацијата на НОФ, својата организациона активност ја развиваше токму под горната претпоставка. На тоа ја тераа и специјалните истребувачки мерки на грчките власти спрема македонскиот народ и нејзиниот статус на илегална Организација. Речено е дека Организацијата на НОФ, уште пред да го добие своето формално име, во времето кога делуваше како "Политичка комисија за Егејска Македонија", имаше свои заднински организатори и разви жива организациона активност. Н по потпишувањето на спогодбата во Варкиза и проширувањето власта на атинскиот режим на целата територија на Егејска Македонија и воедно со тоа на преземање истребувачки мерки во однос над нашиот народ, Организационата, политичката и воената активност на НОФ силно се зголемува и добива поодредена физиономија. Во тоа време, всушност се одржува и споменатиот состанок на Политичката комисија за Егејска Македонија од април 1945 година и конструирањето на НОФ. Во Воденско, Леринско и во Костурско во текот на 1945 година се формирани одбори на НОФ речиси во сите македонски села и по градовите. Исто така, поставени се организациони бази во многу села во Ениџе  - Вардарско, Гуменичко и во одделни реони во Источна Македонија. Во споменатите окрузи во Воденско, Леринско, Костурско и Гуменичко организациите располагаат со свои раководства и доволен број илегални професионални работници на Организацијата. Извршена беше организациона поделба и формирани организациони комитети не само на НОФ, туку и на НОМС и АФЖ.  

Правилна претстава за цврстината, авторитетот и влијанието на НОФ не може да се има ако таа се сфати само како фронтовска Организација. Таа кај Македонците беше единствена Организација која со своите политички ставови се спротивставуваше на ставовите на КПГ и успешно ја ширеше својата организациона мрежа и политичко влијание.

Основа за тоа и' даваше моралнополитичката расположба на масите и неуморната и самопрегорна борба на нејзините организатори на теренот, кои не жалеа труд и жртви. Во текот на 1945 и 1946 година до спогодбата со КПГ, Организацијата беше во состојба на свој повик да го крене во борба целото членство. Но, како што ќе видиме, ако за таков повик организационо и политички беше подготвен НОФ, не беше КПГ. Просто не природно Организацијата мораше да го запира развојот на вооружената борба, токму поради усогласувањето на својата политичка линија и акции со линијата и акциите на КПГ.

Еве примери за такви настојувања, судрувања со раководството на КПГ и движење во склпо на овие противречности.

Поради објективните услови во кои се одвиваше организационата активност во Егејска Македонија, а заради потребата од интензивна организациона активност со цел за кратко време да се опфати целиот терен и да се заврсти Организацијата, беше неопходно да се ангажираат голем број организатори. Бројот на кадрите во овој округ, во текот на 1945 - 1946 година на професионалната заднинаска работа изнесуваше 20 до 30, па и 40 души. Сите овие работници-илегалци беа вооружени и тоа не само со пиштоли, туку во повеќето случаи со шмајзери и пушки. Покрај нив, за сузбивање на теророт од вооружените регуларни и нерегуларни чети на грчкиот режим, Организацијата се најде принудена да формира вооружени групи. Такви групи постоееја во Лерински, Костурски, Воденски, Гуменички, Ениџе - Вардарски округ. Но, специјално по прашањето на вооружените групи, нивната задача и перспектива се доаѓаше до најголеми расправии со раководителите на КПГ. Самите групи тежеа да растат за полесно да ја извршуваат својата задача и да се пресметаат со непријателот. Наклоноста на Организацијата НОФ и нејзиното членство беше на истотот становиште. Но, тука недостигаше согласноста одозгора. Групите не можеа да вршат мобилизација на нови борци, поради  што тоа беше сврзано со општиот  став за перспективите на движењето во општогрчки размери, во склад со ставот на раководството на КПГ. Оружје, пак, на теренот иако имаше, тоа беше во рацете на организациите на КПГ и не им беше достапно на групите на НОФ и воопшто на нивните организации. Ете зoшто вооружените судрувања на партизанските групи на НОФ со непријателот во текот на 1945 година беа ограничени. Заднинските организатори на НОФ на теренот, беа за решителен замав на вооружената борба и во своите извештаи постојано укажуваа на тоа. Во еден свој извештај до Главното раководство на НОФ, секретарот на Леринскиот округ со псевдоним Сандански не 6 јули 1945 година во врска со тоа го пишува следново: "Мое мислење  е дека треба да удриме по решително, ако сакаме тоа што направивме во тек на еден месец да го удесетостручиме.

Грчката влада по укажување на месната реакција има намера да ги окупира најрасфрлените населени места. Затоа сега се подготвува да ги фати и граничните линии, со намера потоа да почне со општи истребувачки акции, а со цел да ги уништи нашите групи, да воспостави полициски станици во овие планински села во кои такви постоеја пред војната, за да го заплашат и оплачкаат населението, како би го натерале да подлегне на маките, или да бега во Вардарска Македонија. Ситуацијата сега станува многу покритична. Треба бездруго да ја спречиме грчката влада да ја оствари оваа цел, во спротивно ќе имаме големи загуби."

Но, поради споменатите причини - за усогласување ставот на НОФ и КПГ не само не се даваше директива ниту се преземаа мерки за јакнеење на вооружената борба, туку, напротив, во август 1945 година на партизанските групи им се даде директива да ги избегнуваат вооружените судрувања со непријателот. Како резултат на таква директива имаме засилени акции на непријателот, а опаѓање на борбениот дух кај населението. Еве што во врска со тоа можеме да прочитаме во еден извештај од Џоџо од 25 август 1945 година, за положбата во Леринско.

 

> Продолжува <

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

  • ТАТУНЧО

    Не ме колни, не ме жали!
    Не ми нижи низа клетви!
    Камен тежок живот ми е
    а по тежок одзив пусти
    по народни думи свети!

    Ако куќа не направив
    со високи шимшир порти,
    куќа цел свет братски ми е
    братски срце што отвора,
    срце - порта највисока,
    срце - куќа најширока.

    Ако жена не донесов
    ѓул-трендафил во одаја
    верна, добра млада љуба -
    не ме к'лни, не ме жали;
    во борбата другарката
    с'лнце сјае, с'лнце трепти!

    Ако млади си години
    по друмишта, по патишта
    в младост горка распосејав -
    погледни ми право в очи:
    ти ли беше што пееше
    "Ајдутин мајка не рани..."

    И ако не умрам дома
    туку кај што стии пиштат
    в борба искри кај што л'штат
    блазе, речи на душата -
    има зошто душа да е!

    Автор: Кочо Рацин

  • НА КИНИСУВАЊЕ

    Позапри, мајко, затрај се,
    доста ме, леле, испраќа,
    доста си солзи излеа
    по тија пусти патишта.

    А туку, мајко, погледај,
    погледај, леле, послушај,
    како ми пилци запреа
    песни сред пролет радосна,

    како ми вода затраа,
    темни ми карпи писнаа,
    а гора лисја пророни
    од твојте тажни гласови.

    Јас, мајко, тргнав, заминав,
    куса си пушка нарамив,
    планина Пирин развила,
    бајрак се вее сред неа:

    Јас ќе го, мајко, дофанам,
    над село ќе го развеам,
    та ќе те, мајко, куртулам
    од тоа ропство крваво.

    Автор: Коле Неделковски

Kind regards : 20 декември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 114