Лицето на повампирените Комунисти.

 

СДСМ ГО ДОПРЕ СВОЕТО ДНО

СЕ ЈАДЕ САМ СЕБЕ СИ

**************

Пишува : Сотир Гроздановски

 

Стивна еуфоријата, стивна и уличниот кошмар! "Шарената револуција" си замина  во историјата на злото. Фарбањето и уништувањето на   македонските  национални  белези и симболи  навидум престана. Боите на шарените револуционери пролеани  по патиштата, фасадите на државните институции и плоштадите, ги избришаа дождовите. Останаа само спомените за деструктивната цивилизација и за настаните во кои луѓето  се јадеа и  уништуваа како диви sверови, верувајќи,  сепак, дека утрешниот ден ќе биде поарен.  Дека ќе потече мед и млеко на секаде, ќе има се' што душа ќе ни посака. Дека дечињата безгрижно ќе се играат во детските градинки и кога ќе огладнат, ќе бидат послужени со здрава и вкусна  храна, како во бајките. А пак кога ќе се вратат во своите семејни домови, ќе ги пречекаат прегратките на нивните среќни родители. И така секој ден, до времето кога ќе порастат и бидат добри луѓе,  ќе ги почитуваат своите деца и своите, веќе, остарени родители. Ќе си ја сакаат својата Татковина и ќе се борат за нејзината внатрешна и надворешна безбедност и безбедноста на својот народ. И кога ќе им дојде времето, негде во божјиот рај,  ќе ги сретнат и своите претци со радост, гордост и насмевка на  лицата. 

Но сонот на водачите од тогашната политичка опозиција да ја урнат "ненародната" власт во Македонија и да го сменат "режимот" на "диктаторот" Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ја сотра  омразата во нивните затруени души и срца. На крајот и тој им се оствари. Ја добија "несебичната" подржка од меѓународната заедница и особено "безрезервната" помош на "најголемиот" пријател и стратешки партнер Џес Бејли, кој  им организира и спроведе две изборни победи и така заедно со албанските "вековни" пријатели, Зоран Заев и СДСМ после долги години, седнаа на македонскиот престол. Не заради самите себе си, туку "само" заради граѓаните во Република Македонија. Да им овозможат живот, каков што никогаш немале среќа да го почувствуваат и се' во духот на нивниот пропаганден слоган:  : "Живот за сите".

Нај истакнатите "револуционери" од "шарената револуција", од Соросовите невладини платенички организации и "пријателските" злосторници и убијци од УЧКА и ОНА  од 2001 година си ги заседнаа своите "заслужени" позиции во органите на власта. На општо "задоволство" и среќа, пак, највисокиот законодавен дом на Република Македонија, Собранието, го "прегрна" војниот дезертер од ЈНА и АРМ и висок убиец на чедата на македонските мајки и татковци, Талат Џафери. Го "прегрна" заедно со неговите албански знаменца на големата  маса во кабинетот на претседателот на овој висок македонски претставнички дом и му "посака" добродошлица од името на последниот Албанец во Македонија, но и на Еди Рама, нумкото и творецот на тиранската платформа, за "препород" на Република Македонија.

И така започна програмата на Зоран Заев, водач и идеолог на препородот на Македонија и на новиот животен поредок во кој ќе најде среќа секој кој молчи, голта и се гуши од срам за загубеното достоинство и македонската гордост. Кој молчи и внимателно извршува се' спрема одредбите во неговата Програма за "препород" и интеграција во евроатланската заедница на народите и народностите, во која мора да се влезе, па макар и безимен и обезглавен. Затоа, што друго чаре ни "нема". 

Добрососедскиот договор со Бугарија набргу беше потписан, со кој на нашиот нај "верен" сосед, пријател а сега дури и "сојузник" ( и ако никој не знае каков сојузник освен Заев) му беше предадена македонската историја, културата, традициите, обичаите, образованието на нашите деца и јазикот, зошто постанавме еден народ, нели, како и "секогаш" што сме биле, a нема ниту да ни се потребни откога наскоро ќе ни го промени и името кое ни ги подготвува со Грците. А тогаш и така нема да има  Македонци ниту во егејскиот дел на (поранешна Македонија), ниту во Бугарија, а најмалку во Албанија.

Но, сите слободоумни или поточно безумни универзитетски професори и некои други уште "поугледни" високодостојници од македонската академска заедница, што би рекле, "кремот" од "кремовите" од типот на Фрчковски, Најчевска, Калајџиев, архитектот Мирослав Грчев, академичката Ќулакова (за која македонскиот јазик е и така мртов јазик за разлика од албанскиот)  и редица други македонски земјени глави или глави полни со земја, кои му се придружија на СДСМ и Зоран Заев, не помислија  во тој случај, дека на новите газди над сите нас и духовно и физички такви какви нив нема да им се потребни, повеќе.  Би требало барем  да се толку интелигентни колку не се за да би знаеле дека никој не сака во својата средина да има предавници на својот сопствен народ, на својата татковина, на културата на своите претци, на историјата, јазикот и редица други работи што човекот го прават човек, а не животно,  sвер. Или анационален човеколик мајмун - земјанин, или припадник на некоја друга, се' уште неоткриена  "ќенеф" планета.

За малку ќе заборавев и не ќе ги споменев и нашите владици, заедно со нивната глава, архиепископот г.г. Стефан кои побрзаа и тие, заедно, со своето "верно стадо" и чеда во Господа : македонските православни верници, да побараат од бугарската православна црква да им биде мајка, да не останат сираци, откако ќе си ја изгубат својата сопствена македонска држава и  Црква, заедно со Македонците во неа.

Зоран Заев со неговата предавничка тајфа го излага не само македонскиот народ дека ќе им биде поарно ако го следат  него и неговата фашистичка номенклатура, отколку  ВМРО-ДПМНЕ,  тој ги излага и младите и старите и високо образованите и сите други кои го донесоа на положај баш тој да им биде водач и пример во животот. Идол, што би се рекло! Тој ги излага и некои од најангажираните, нај експонираните директни учесници во неговите пропагандни настапи и деструктивните операции на "шарената револуција". И најпосле, Зоран Заев го "излага" дури и претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов.

Случајно ми падна враце едно од најтрогателните писма кое икогаш сум имал прилика да го читам од почетокот, до неговиот крај. Писмо од не идентификувана, млада 29 годишна жена, во кое јавно се исповедува дека била  излагана, како и многу други млади верувајќи дека со победата на СДСМ и доваѓањето на Зоран Заев на чело на владата на Република Македонија, ќе се промени и нејзиниот живот, на поарно. Ќе се промени со тоа, што ќе биде вработена и нема повеќе да се чувствува  како камен околу вратот на своите родители, туку нивна поткрепа сега, кога тоа им е најпотребно. Да биде барем вработена и ако не била понеубава ниту по малку образована од нејзините колешки.

Писмото е насловено до нејзините довчерашни колешки и колеги во сите дејствија на СДСМ во изминатиот период и тоа: Богац, Туфегџиќ, Боки 13, Сања - директорица, Ивана Хаџиевска и Павле Богоевски, кои сега и' ги вртат плеќите и кога ќе ја сретнеле со солзи на очите, немале време ниту да поразговараат со неја.  Писмото започнува со : Од врсничка и соборец!

- Веќе пола саат ги гледам патиките со кои истерав, барем 50 протести. За Нешковски, за А1, за студентски пленум, за "Шарена револуција", за СЈО. За митинзите на Заев и "Живот за сите".

И се осеќам некако бедно. Се осеќам искористена. Мизерно. Како предадена. Ми се скрши филмот, ми се скршија идеалите. Емотивно сум празна. Вели младата и навистина излагана и предадена млада жена и продолжува со својата тажна приказна на цели седум страници.

- Полека почнувам да ги замразувам ликовите со кои до вчера ги делевме улиците. Ме нервираат во пакет, секој ден се' повеќе. Ми се дига притисокот, зашто тие живот живеат, зашто станаа пратеници и пратенички, советници во влада, а јас морам и понатаму да барам 150 денари од мајка ми, за да можам да искочам у град.

- Јас немам 1.000 евра за да му поклонам 1.000 ружи на Боки 13. Ми  се гади од неговите Луј Витон, Гучи, Прада и Бурбери. Неговите патики вредат колку платата на мајка ми.

Тоа ли е социјалдемократија? Тоа ли е солидарност? Другари, лесно ви е вас да се заебавате со 1.000, 2.000 или 3.000 евра месечно. Јас тие пари ги немам ниту видено и мене би ми било срамота тие брендови и таа гардероба да ги постирам на Фејсбук.

- Јас не мрзнев пред Собрание и не одев во сред лето пред Влада за Богац, Туфегџиќ, Сања директорица и Павле да изиграваат функционери, а Боки 13 да изиграва Мајка Тереза со Луј Витон ташни.

Не утепав шест години по протести за Заев да се поздравува со убиецот на Мартин Нешковски. Кој ви дава право да ги ослободувате убијците на  децата од Смилковското Езеро? Ве гласавме за да го амнестирате кримминалот на ДУИ? Па ДУИ беше верна половина на режимот и сега за нив треба да аплаудираме?

Јас не сум гласачка машинерија за секои избори. Јас не сум топовско месо за вашите кариери. Јас не сум бројка туку личност со име и презиме. Со свое достоинство. Со свои надежи и очекувања.

Јас сум емотивно празна. Со празни џебови и со празен живот. Вие имате плати, кариери, функции... Само за себе се борите. Само за себе работите. Оваа битка водете ја сами. Без мене, лицемерни едни.

ШАРЕНИ БОРЦИ НА СОЦИОДЕМОКРАТИЈАТА НА СДМ

Но на мојата приказна за излаганите од СДСМ и предавничката тајфа на криминалецот Зоран Заев не завршува тука. Има уште многу да се зборува, зошто со неговото стапување на власт за кусо време  многу штети се направени против македонската држава и националните интереси на македонскиот народ. И  тоа не само во Република Македонија, туку и надвор од неа, во цел свет. Оставени се Македонците, како неидентификувана маса на луѓе што живеат во Бугарија, во Албанија, во Србија, во Грција сами да се борат за своите основни малцински права и да бидат одново мета за отстрел или за прогон, како и во минатото кога македонската држава не постоеше, за да ги брани.

И ќе завршиме со нашето последно предавство на своите борбени другари и соборци од редовите на така наречените "обезправени" за времето на поранешните влади на ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за цело едно друштво на ветерани од времето на војната со албанските терористи и сепаратисти од редовите на УЧК и ОНА, предводени од денешните коалициони партнери на Заев.

Се работи за "ДОСТОИНСТВО" и предавството на нивниот претседател,  поранешниот генерал Стојанче Ангелов, за советничко место во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. За него уште на 31 март 2015 година излезе во НЕТПРЕС.МК кус текст и графити, во кој тој гордо изјавил дека заедно со УЧК сакал да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ, што предизвикал реакции кај граѓаните. Следното утро осамнале и графити, со кои граѓаните јавно покажаа што мислат за ваквите изјави на Ангелов.

 

КАКВО ЛИ ДОСТОИНСТВО ОД ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЛ, СТАРЕШИНА НА ПОЛИЦИСКА ЕДИНИЦА ЗАДОЛЖЕН ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ТЕРОСТИЧКИТЕ АЛБАНСКИ ЕДИНИЦИ ВО ВОЈНАТА ОД 2001.

 

 

Мирка Велиновска, колумнистка

Мирка Велиновска

ВРЕМЕТО НА НОВИТЕ МАКЕДОНСКИ СВЕТИ ИКОНИ

***********************

 

Значи, овај Бејли-Хојт - овиот уметнички перформанс по цијашкото сценарио што го изведува дружината на црпнати гуски од кокошарниците на Сорос и Гулен, а штедро потпомогнати од бриселската полит-профитерска мафија, цапна во жива кал. Пак. Ем во Македонија. 

Сега, западниве дегенерици што Балканот го тарашкаа со векови и го претворија во депонија со своите игри за власт и пари и го накитија со мит за јок месо на кое не виреел пристоен свет, учат во живо дека едно е да окупираш туѓ простор а сосема друго да владееш со него. Прашањето ми е до окупаторот, на Кале. Што е мајмуне? Не врви како што си испланирал, а! Не само во Македонија, туку каде и да се опулиш : Во Авганистан, во Камбоџа, Бурма, на Филипини, во Сирија, Либан, Арабија, Палестина, Мали, Нигер, Конго, Украина. Овде кај нас, организираше шарена револуција, изврши пржински преврат, намести две рала избори, поеба Устав, рамковен. Сјеба и Уставен суд и килави уставни судии. Напука приучени курсисти  и шкопени судии и обвинители во окупаторска Правда, збриша црковен синод, доведе пропаганда како во времето на Гебелс, го посра граѓанскиот активизам, ги пушти глутниците гангстери и маалски искомплексирани хитлерчиња по улиците за да го оживееш американскиот див запад, во апсаана , преку твоите истренирани сороспии во СЈО и новата СС полиција ги пикаш сите за кои во твојата умоболна главурда си мислиш дека со апсењето на луѓе со интегритет и несомнен македонски, автохтон интегритет, ќе го спречиш неминовното. Ќе ти кажам јас. Што и да правиш, колку и да тероризираш, македонскиот народ, Македонците, патриотите, нормалното население, ментално здравиот народ ниту ќе го кутнеш, ниту ќе го освоиш, ниту ќе го збришеш. Те дробат Македонците со песна, со пркос, со презир. Име ќе им менуваш ти, а тие кротко ќе гледаат. Така мислиш нели? Еј бре копито дегенерисано! Никому не му успеало да уништи пиреј! Се' што до сега успеа е да ни напишеш неколку страни болна национална историја и да си го одредиш своето место во неа. Ги викаме диво месо. Неуспешни абортуси. Бројлери. Апси бате колку сакаш! Тука сме. Убивај. Тука сме. И мртви ќе светиме оти ни ги пишувате биографиите и епитафите. Така било, така ќе е и сега. Се' што ти успева е да создадеш историски маркери. Луѓе светилници за човештвото да гледа Аурелиј, Џингис кан, со Сулејман, со Наполеон, па Хитлер...

А многу е просто. Јас и Миленко ви го кажавме тоа уште во 2009 година. Рековме дека вашиот свет ќе пропадне, а новиот што ќе се роди. ќе биде сосема различен од се' предходно. Го соопштивме крајот на постојната политичка елита во САД и ЕУ и појавата на самопрајски политичари од редот на самопрајските богаташи во првата генерација, односно, на општествени маргиналци според вашата општествено - статусна стратификација. Ете, дојде крајот за  вашиот свет. Се истроши вашиот вредносен систем. Парадигмата ви дегенерираше од алчност, безсовесност и кусогледост. Едноставно, не нудите нови вредности достојни на човек. Го доведовте во страотна опасност опстанокот на човечкиот вид со вашата политика на разбивање на колективните идентитети, со измислување на ментално нездрави проекции за нови 68 идентитети. Смислено ги ништите биолошките одредености на видот, ги чипирате, и труете, ги загадувате, ги дрогирате, ги убивате и сакатите. Ги горите држвите како парцели во Калифорнија за да ги продадете одново, за профит. Ништо не сте научиле ниту разбрале. Вие не сте богови, ниту сте Господ. Господ нема да ви ја спаси оваа и ваквата Америка. И вака загадената ЕУ. Ќе ги спржи како Содома и Гомора оти тој знае како Креатор што е мочуриште кое мора да го исуши или поплави. Човекотт Ное го разбира тоа секогаш. Оти Ное општи со универзумот како природен дел од него. Вакви абдали како тебе не  умеат тоа оти не се дел од сојот.

Ајде пак да ти кажам кога тоа не ти го кажуваат црпнатите, штрапаните во умот или локалните евнуси - контрактори како Ордановски, Фрчковски, Најчевска. Оти тие морални "фрикови" инстиктивно чувствуваат дека крајот ги чека во заседа, па сега јавно ни глумат незадоволство од "животот кој дојде" со квинслишката влада. Ти и сите твои кукли во Македонија, твојот театар, ќе    изгорите во пламен како трупци. Нема тиранска платформа, нема бугарска козметика ниту грчка крштевка. Ќе има само ваш погреб во македонска јама. Македонија ќе си остане Македонија, Македонците ќе си бидат Македонци, ќе зборуваат, пишуваат, мислат и дишат како Македонци. Напросто осудени сте да гледате како се раѓа новиот свет на новото ослободено човештво. Не е лесно, нема да биде безболно, но до таму каде што не доведовте, сосема ни е јасно дека следи борба на многу фронтови, со многу акрепи, ама победата ќе е на човештвото, кое  сака да мириса и дише слобода. 

Затоа Бејли, еби се !

 

29 Ноември 2017 година

infomax.mk

Академик, Ѓорѓи Поп Атанасов

Академик  Ѓорѓи Поп - Атанасов

АКО СЕ ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ТОА ЌЕ БИДЕ КРАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА

******************

 

Албанизација на територијата на цела Македонија ќе предизвика изгласувањето на предлог-законот за употреба на јазиците. Тоа е закон за албанскиот јазик и треба да се прогласи за официјален на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај, вели во интервјуто за Факултети.мк, академик Ѓорѓи Поп Атанасов, теолог, изучувач на старословенската книжевност и на старите ракописи. Тој е постојан член на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите, а тесна специјалност му се македонска  црковна книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија, хариографија.

 

Кога институциите во нашето соседство и од светот ќе кажат, ќе напишат дека старите ракописи што ги изложувате се македонски ракописи?

 

- Изгледа ќе напишат кога ние ќе станеме добри Македонци. Бидејќи ние не сме добри Македонци. На едно место напишав дека кај дел од етничките Македонци национаалната свест е на катастрофално ниско ниво. На Балканот сите соседи, сите држави успеале кај своите народи да изградат силна национална свест. Кој Бугарин се смета за Србин?! Тој е Бугарин и готово! Србинот е Србин, Албанецот а Албанец. А од Македонец можеш се' да направиш само Македонец неможеш да направиш.

Да го видам дедо Стефан, ќе му речам: "Дедо Стефан, ние треба да се потпреме само на својот народ. Бидејќи народот е црквата. Но, треба да се погрижиме на тој народ да му ја зајакнеме нционалната свест. Ако имаме свесни Македонци, цврсти Македонци, непоколебливи Македонци, тогаш ќе ја зачуваме државата, црквата, ќе ги зачуваме и идентитето и јазикот". Оти на сите соседи, па и на овие од Запад, и на овие во Америка им пречи македонскиот национален идентитет. Кога ќе го збришат идентитетот, се' друго паѓа. А, ако нема Македонци, нема македонски јазик. Зошто да има потреба да има македонска држава? Нема македонска црква, нема книжевна традиција, нема ништо. На сите им пречи идентитетот. Ние треба да си го зачуваме идентитетот.

 

Предлог-законот за употреба на јазиците, и покрај сите реакции, влезе во собраниска процедура...

 

- Го читав тој предлог-закон, тоа не е закон за јазици. Има 32 или 34 члена и секоj член почнува со : "Јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението, јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението, јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто..." Секој член почнува со таа реченица. Значи тоа е закон за албанскиот јазик. А со тој закон албанскиот јазик треба да се прогласи за официјален на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај.

 

ПРЕДЛОГ- ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ

Член 1

( 1 ) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо.

( 2 ) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански казик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

( 3 ) Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан пред неколку дена порача дека овој закон не е приоритет за интеграцијата на Македонија во ЕУ, дека може да почека. Сепак, законот е веќе во собраниска процедура, ќе дојде време и ќе треба да се гласа...

 

- Целта е нешто друго. Фактички, не само што се сака тој јазик да се наметне на целата територија на државата, туку се става и над македонскиот јазик. Зашто во Закон за употреба на македонскиот јазик нема санкции за оној што не го зборува македонскиот јазик. А ние имаме политичар кој збор не кажал на македонски јазик. Како треба да го казнат него? Додека во овј предлог-закон за јазици, кој не е закон за јазици, туку за "јазикот што го зборуваат најмалку 20% од населението", уште во првиот член е наведено кој се' треба да го употребува. Сите државни органи, јавни институции, претпријатија. Еден човек да има во некоја институција, ќе треба да се овозможат услови да се применува тој јазик. Ако не се спроведе, ќе бидат блокирани сите институции, ќе бидат парализирани, нема да може ништо да функционира. И државата ќе почне сама  по себе да се распаѓа. И на таа држава што се распаѓа, треба да дојде друга над неа, да биде друга држава.

 

- Што се' ќе предизвика донесувањето на овој предлог-закон?

 

- Ако во Берово треба секој документ да се преведе на тој јазик, треба да отвориш таков орган, да донесеш неколку луѓе. Ако е органот официјален, тие луѓе ќе живеат таму, ќе однесат семејство. Ако е тоа официјален јазик, ќе треба да се учи во основните училишта. Во секое основно училиште во Македонија ќе треба да однесеш учители. Тие што се во Македонија нема да бидат доволни, па ќе треба да увезите од Косово и од Албанија. Така ќе дојде до комплетна албанизација на целата територија на Македонија. Тоа е целта. А целта се знае која е.

 

( 3 ) Во институциите од член 1 став 3 од овој закон на државната власт во Република Македонија службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е и јазикот кој го зборуваат најмалку 20%  од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо во : комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои што ја сочинуваат државната власт ( Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство), Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејсност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.

 

- Дали Република Македонија се соочува со најкритичниот период во поновата историја?

 

Можам да кажам дека бевме посамостојни во бившата федерација зашто тогаш можевме да опстанеме како народ и како држава, во рамките на една друга федерација. Ние се покажавме како неспособни да изградиме држава. Да бевме како Словенците, ќе имавме држава. Опстанокот на македонската држава е загрозен. Се најавува промена на името, а името на државата е идентитетот. Така е кодиран македонскиот идентитет. Ако го промениш името на државата, го менуваш и идентитетот на народот. Има многу политичари, па и дел од македонскиот народ што смета дека може да се промени името. Што е тоа важно?! Името како ништо да не значи. Пред голема опасност сме да се изгубиме и како народ, и како држава, и како традиција. Им пречи, на пример, древната наша историја, што значи дека се' што се случувало на територијата на Македонија, што е дел од нашата историја. Па и античките Македонци се дел од нашата историја, како и сите што живееле некогаш тука. Не можеме ние да ги прогласиме Александар или Филип дека се Грци, кога Демостен во "Филипики", во тие говори што се сочувани против Филип, вели : "Не само што не е Елин, туку е најобичен варварин - Македонец". Современик на Филип вели дека тој не е Грк, а сега, 2300 години подоцна, бидејќи така политиката им диктира, велат дека тој бил Грк.

 

- Како го коментирате односот на нашите политичари?

 

- Тоа е работата, што тие две наши македонски партии се така замразени, секој ден се напаѓаат, што едноставно ќе ја изгубат државата, идентитетот, се' ќе пропадне. И на кого ќе бидат потоа Влада, на кого ќе бидат политичари ? Наместо да седнат, да стават се' зад себе, да речат: Загрозен е опстанокот на нашата држава, на нашиот народ, идентитетот, се' што е македонско. Ние не сме важни, важна е Македонија. Ние сме денеска, утре ќе не' нема. Но, Македонија треба да остане и после нас, на нашите поколенија. Како не им доаѓа тоа во паметот?! Како да се тие поважни од Македонија, од се'! Тоа е неворајатна работа ! Тиранската платформа е технички направена од владата во Тирана, не од нашите партии. Се врши една агресија врз статусот на Македонија. Тоа е надворешна агресија и не смее да се прифати воопшто. Треба да се одбие без размислување. А, тие тука се'  прифатија, па внесоа албански знамиња во парламентот. Па потоа три збора на албански, еден на македонски... тоа е циркус, не личи на Собрание. Не е добро тоа.

 

- Како ги оценувате правата на албанското малцинско население во Република Македонија ?

 

- А тие толку права имаат, нека кажат дали некаде во регионот или во светот има некое малцинство што има толку многу права? Нема никаде! Загрозен а фактички опстанокот на Македонците во нивната матична држава, загрозен е опстанокот на Македонците. Затоа се потпишуваат такви договори, како со Бугарија. Па тоа е катастрофа, таму не ни го признават јазикот. Бугарија со Црна Гора потпишува договори на бугарски јазик и на црногорски јазик. Каков е тој јазик ?! Македонски нема, а црногорски има?! Зошто нашите политичари тоа не ги прашаат политичарите од Бугарија ? Многу е комплицирана оваа ситуација. Луѓето се жртвувале, гинеле за Македонија, а ние тука се' правиме само за да не си го нарушиме комодитетот.

старт.мк

Гоце Делчев 1872-1903.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 60

МАКЕДОНИЈА ВО XIX ВЕК

 

9. Илинденското востание

 ( Продолжение )

 

По врховистичкото востание македонската криза сериозно се заострила. Врховистите постојано повикувале на ново и "поголемо востание". Виена и Петроград се раздвижиле за да ја смирата ситуацијата и да го спасуваат договорениот статус кво од 1897 година. Министерот за надворешни работи на Русија, грофот Ламсдорф, ги посетил Бугарија и Србија за да им порача да останат мирни. Следеле  познатите февруарски реформи 1903 година, кои не дале никакви резултати.

По Горноџумајското "востание", против кое застанал и ЦК на Организацијата, настанал пресврт во ставот кај еден дел од раководството на чело со Гарванов во врска со кревањето "големо востание". Голем придонес во насочување на курсот кон востание имале и новите задгранични претставници Христо Татарчев и Христо Матов, кои само што пристигнале во Софија при крајот на есента 1902 година, го поставиле прашањето за "помирување"  на Внатрешната организација и Врховниот комитет, прифаќајќи ја иницијативата на Гарванов за ново востание. Но за востание водено заедно со врховистите. Во врска со решавањето на овој судбоносен проблем, Христо Татарчев контактирал и со претседателот на Бугарската влада.

За да може решението да добие легален карактер, Гарванов го свикал Солунскиот конгрес (3-4-јануари 1903 година) на кој присуствувале 17 "делегати", главно второстепени , повеќето легални и попатни учесници во движењето. Без некои сериозни разногласија, служејќи се во расправата и со невистини, Гарванов успеал да добие согласност напролет да се крене востание. Предлогот за востание испратен во Софија за сондирање на мислењето на таму затекнатите видни дејци на Организацијата бил решително одбиен од мнозинството окoлу Гоце Делчев, додека од малцинското околу Татарчев и Матов бил прифатен. Меѓутоа, во меѓувреме пристигнала нова информација во која стоело дека Солунскиот конгрес веќе се определил за востание.

Обидите преку акции на македонскиот терен да се анулира солунското решение завршиле неуспешно. Гоце Делчев, неспорниот авторитет што евентуално би можел да го сврти текот на настаните, трагично го изгубил животот (Баница, 4 мај 1903 г.), откако претходно на средба со Даме Груев во Солун го добил "последниот удар" од Груев, кој му рекол на Делчев дека застанал на страната на Гарванов по ова судбоносно прашање од историјата на Македонија. 

Груев и' го задал "последниот удар" и на Македонија на Битолскиот окружен конгрес (2-4 мај 1903 г.) одржан во с. Смилево токму кога се' уште не било оладено телото на Гоце, определувајќи се на страната на Сарафов за востание, за кое секој нормално мислечки човек требало да знае дека при тогашните внатрешни и меѓународни услови тоа ќе биде жестоко задушено, без шанси за постигнување на какви било видни резултати.

Во меѓувреме на оние што биле за востание и за создавање на предвостаничка клима, неочекувано им стасал во прилог еден крупен настан - Солунските атентати (28 април), проследени со одмаздничкиот терор на аскерот во Солун, Битола, Велес и на други  места.

> Продолжува <

Костур - Егејска Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Петта

ДЕЛ 60

********

Пишува : Наум Пејов

 (Продолжение)

 

 

2. Теророт 1945 - 1946

 > Теророт во Костурско <

 

Во март 1945 година вооружени цивили од селото Света Недела и Ошени, извршија препад врз селото Д'мбени и опљачкаа 300 глави овци. Истите вооружени цивили надвор од селото ноќе ги убија селаните Елена Мушки и нејзината ќерка Левтера. На 25 март 1946 година беа уапсени од џандармеријата и одведени во станицата (во селото имаше џандармериска станица), Христо Трповски, Циљо Скивински, Спасо Караманов, Насо Кондов, Циљо Ралев, Лазо Ламбуров, Марко Вивков, Мито Пачков и други.

Во јули 1946 година, кога ги пасеше селските говеда, Димитар Блахов на sверски начин беше мачен до смрт, а потоа запален. Тоа злосторство го изврши четата на грчката војска стационирана во селото Габреш. Во јули 1946 година беа уапсени и интернирани на островот Крв : Олга Трповска, жена на Лазо Трповски, познат антифашист и истакнат револуционер во Егејска Македонија, кој загина 1943 година, Донка Калкова, Слава Мангова, Софа Грбова, Нуша Кенкова, Фиљо Ралев, Марко Вивков, Ставро Нолков и Павле Калковски. Исто така беа подложени на маки, од ошто умре Кољо Чочов. Во исто време беа уапсени и одведени во селото Кономлати селаните Циљо Ризов, Крсте  Шекров, Ѓорѓи Балев, Ристо Журчев и Андрико Кенков. Во џандармери беа повикани и подложени на мачења повеќе жени, меѓу кои: Грка Ралева, Цвета Ралева, Димана Трповска, Софа Нолкова, Лена Вивкова, Зоја Сидерова, Лена Пачкова, Лина Чонкова и др.

Еден пролетен ден 1946 година беше извршена рација во селото Габреш-Костурско од единицита на грчката војска. Собрани беа селаните на сред село, во долната маала, беа подложени на тортура. Сите присутни мажи ги натераа да направат полукруг, да клекнат на колена и  да ги крената рацете горе. Потоа неколку души  извлекоа од скупот и почнаа да ги тепаат со стапови исечени за таа цел од големото дабово дрво во селските гробишта. При оваа блокада на селото најмногу беа тепани Левтер Битовски, Ванчо Скендеровски и Ѓорѓи Шолдовски, кој падна во несвест.

На 6 јуни од село Габрош беа уапсени : Лена Макриева, Стоја Диклова, Пандо Робовски, Ристо Робовски, Тодор Робовски и други. Ги одведоа во џандармериската станица во село Кономлати и ги подложија на физичка тортура. По некој ден беа ослободени, но не сите. Некои беа задржани во затвор до крајот на граѓанската војна.

Само по кратко време од горниот настан во селото беше уапсен Ванчо Кизевски. Него не го одведоа во затвор, ниту го изведоа пред суд. Го подложија на дивечко тепање до смрт во просториите на седиштето на воената единица на грчката војска.Кога се уверија дека ќе умре од болките, ја повикаа неговата фамилија да си го земе. Веднаш потоа умре.

Податоците од непотполната анкета на организацијата на НОФ за теророт од април 1945 година до мај 1947 година изнесени во рефератот на претседателот на Главното раководство на НОФ Михаил Керамитчиев на Конференцијата на НОФ, одржана на 20 мај 1947 година на Кајмакчалан, ја дадоа следнава слика за теророт над Македонците во четири окрузи:

1. Костурски : Уапсени 596; Пресудени: 320; Осудени: 285; Интернирани: 122; Убиени без пресуда: 56; Малтретирани: 1369; Полудени од ќотек: 5; Наполно изгорени села: 0; Изгорени куќи: 110; Ограбени села: 10; Ограбени куќи: 215; Насилно евакуирани села: 0; Насилно евакуирано население: 300;

2. Лерински : Уапсени : 3000; Пресудени : 1.500; Осудени: 1.200; Интернирани: 500; Убиени без пресуда: 90; Малтретирани: 10.000; Полудени од ќотек: 5; Наполно изгорени села: 6; Изгорени куќи: 968; Ограбени села: 60; Ограбени куќи: 1.000; Насилно евакуирани села: 10; Насилно евакуирано население: 4.500;

3. Ениџе Вардарски : Уапсени : 810; Пресудени : 430; Осудени : 430; Интернирани : 115; Убиени без пресуда : 48; Малтретирани : 1.080; Полудени од ќотек : 1; Наполно изгорени села : 0; Изгорени куќи : 0; Ограбени села : 10; Ограбени куќи : 100; Насилно  евакуирани села : 10; Насилно евакуирано население : 1.190;

4. Воденски : Уапсени : 2.050; Пресудени : 1.950; Осудени : 1.300; Интернирани : 550; Убиени без пресуда : 74; Малтретирани : 1.080; Полудени од ќотек : 2; Наполно изгорени села : 0; Изгорени куќи : 813; Ограбени села : 0; Ограбени куќи : 38; Насилно евакуирани села : 25; Насилно евакуирано населениа : 7.818.

 

Според тоа човек никаде немаше мир : ниту на нива, ниту на пат. Никаде неговиот живот, чест и достоинство не беа поштедени од органите на власта, која како збир на терористи беше издигната на степен на државна власт.

Изнесено е само дел од оној неизмерен, сестран и најразновиден терор што се вршеше во Егејска Македонија по Варкиза, теророт кој не престана ни кога беше истеран германскиот окупато, ни за времето на Граѓанската војна. Ова е дел само затоа што не остана град, село или населба, куќа и колиба македонска да не биде засегната. Не остана македонско семејство да не биде измачено и да не настрадало. Примерите на теророт од периодот 1945 до 1946 година покажуваат:

Прво, во каква положба се најде македонскиот народ по истерувањето на германскиот окупатор, односно по спогодбата во Варкиза во февруари 1945 година, со враќањето на старата власт, за да се согледа што го натера нашиот народ да емигрира и со оружје да се спротивстави на sверскиот напаѓач. Тука може да се најде објаснение за ставот на македонскиот народ, на организацијата на НОФ и развојниот пат на работите во Егејска Македонија.

Второ, Анкетната комисија на ООН, која анкетираше на Балканот и Грција во почетокот на 1947 година, добро се запозна со таквата ситуација, но таа остана индифирентна кон овие човечки патила. Токму затоа грчките монархофашисти охрабрени од поткрепата на меѓународната реакција, можеа да станат носители на мачилишта, какви што станаа Макрониос и Јарос, пред кои отстапуваат сите досега познати човечки мачилишта. Тука, покрај Грците, антифашисти, тешки денови поминаа илјадници Македонци, а стотина најдоа маченичка смрт.

 

> Продолжува <

 

Македонски поговорки.

 

 

 

 МАКЕДОНСКИ

НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

****************

 

 

 

 

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатотот. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се' она што не опкружува.

Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука.

**********

Кој сее добрина - жнее добрина.

Гатала бабата да нема мраз, а изутрина снег до колена.

Водата спие, душманот не спие.

Види го прво дрвото, та после седни под него.

Едно кројат глувците, а друго крои мачорот.

Кој рано рани, две среќи граби.

Она што не го сакаш за себе, не го мисли на друг.

Гостинот и рибата третиот ден смрдат.

Магарето на магарето му е подобро од арапскиот коњ.

Поубава е чучулигата во рацете отколку тетребот на дрвото.

Подобро е никогаш да не се почне, отколку никогаш да не се заврши.

Помеѓу зборовите и делата, долг е патот.

Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната.

Добрите дела тешко одат, а злите sвонат како sвонци.

Вистината е посјајна од сонцето.

Чесната смрт сиот живот ќе го прослави.

Здравјето е најголемо богатство на човекот.

Ништо не користи да се трча - треба навреме да се тргне.

Мелницата не меле со водата која веќе истекла.

Орелот се вие во височината, а на свињата местото и' е на буништето.

Ново сито на клин виси.

Лозјето не бара молитва, бара мотика.

Секоја страна на тревата има своја капка роса.

Пријателот во неволја вреди злато.

Пријателот во невоља се познава.

**************

ТОЛКУ ЗА СЕГА - ДРУГ ПАТ ПОВЕЌЕ

 

 

Славко Крстевски

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************************

СЛАВКО КРСТЕВСКИ

  • АМАНЕТ

    Не ме затворајте
    в црна - темна пештера
    вечност бескрајна
    в темница пуста црнеам
    очите паралдисани,
    сонцето потемнето
    немам сонце за гледање
    сонце одамна не ме грее
    ***
    Одозгора на гробот студен
    маките да ми ги напишите
    и... не ми клавајте
    алов - катмер каранфил
    наредете ми две киски :
    кај главата - босилова,
    на градите - пелинова
    во рацете
    две јаболка - ѓулабија
    со себе да понесам
    два ангели ме чекаат
    понада да однесам
    и не ме оплакувајте
    со риданија и солзи

  • скршено срце
    не ми лекувајте.

    Запејте песна македонска
    прекријте ме со
    мека и лесна
    земја библиска
    со себе да си ја понесам
    таткојната исконска.

    Автор : Славко Крстевски

Kind regards : 10 декември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 112