Ф.Г. "НИКОЛА КАРЕВ" - Мелбурн, Австралија

Сотир Гроздановски

МОЖНО ЛИ Е ЕДЕН ЧОВЕК ДА НИ ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА, ИСТОРИЈАТА, КУЛТУРАТА, НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ БЕЗ КУРШУМ ДА ИСПУКА, А НИЕ ДА ГЛЕДАМЕ КАКО ЗОМБИ?

*******************

ИЗГЛЕДА ДА МОЖЕ!

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Внимателно анализирајќи ги брзите настани кои се одвиваат пред нашите очи можеме да заклучиме дека со црното сценарио, за разнебитување на македонскиот народ и македонската држава, "нашите стратешки партнери" мудро  настојуваат да не  демобилизираат и направат немоќни пред офанзивата на Зоран Заев и неговата  "Гарда".

Стравот од она, со што ни се заканува СДСМ, дека би ни се случило до колку тргнеме по патот зацртан од поранешната влада на ВМРО-ДПНЕ, а тоа е, ко бајаги "не решавањето на горливите прашања" во општеството, е продавање магла наменет  за  неинформираниот дел од македонскиот народ.

Тоа би не парализирало во секој поглед и би не вратило во меѓународна изолација, што не треба да постане македонска опција. Но во секој случај, патот по кој СДСМ ја води државата, со зачудувачка брзина, е уште поопасна   опција, бидејќи за сигурно ја води Македонија во амбис за да постане единствена банана Република на Балканот и во Европа, а македонскиот народ безимена аморфна маса, со која цел свет би се шегувал.

Ова што Зоран Заев го чини, повеќе зад грбот на својот сопствен народ, е дело на политичар аматер, образовно плиток и здраствено пореметен, но пред се' уплашен човек. Тој е сосема не сигурен во себе си за да излезе пред македонскиот народ и аргументирано да ги брани своите постапки. И како таков, тој е туѓа марионета контролирана со  аудио-видео средства за комуникација. Работи како модерен Зомби, управуван од надворешни сили и свои лични и нездрави пориви.

Тоа е чиста велеиздаја и кривично дело казниво по секоја основа и кое не застарева. На крајот на краевите, господине премиере на македонската влада, ова е Македонија и пред се' национална држава на македонскиот народ, а после на сите  други национални малцинства. Без обзир што некој подруго мисли, сметајќи не за своја колонија, или јавна куќа.

Зошто го споменувам ова како дел од текстов пред нас? Не затоа да би ги маргинаризирале малцинствата, како што е случај со Грција, Бугарија и Албанија,  туку да не ствараме од некои од нив државнотворни со 15% од вкупниот број на населението во Република Македонија, и со криминално-непријателски опашки зад нив  на сметка на Македонците и другите лојални граѓани, со вкупно над 85%, туку затоа, зошто тоа е не' фер и понижувачка игра спрема нив. Но особено спрема Македонците, како едини автохтон дел во Државата со континуитет и идентитет македонски и едини   без луксуз да има резервно засолниште, во случај на било каква потреба. 

Но, за се' има решение, па и за стекнување положај во македонското општество и спрема тоа во правата кои му припаѓаат. Тоа е пописот, кој од некои причини упорно се избегнува, со подршка на големите политички партии во земјата. На тој начин, играта  би била  законска, фер  и чесна:  Колку пари, толку музика, што се вели! Но пошто политичките партии си ги присвоија правата кои не им припаѓаат па ја приватизираат државата, денес имаме ситуација која може да не истреби од сопствената земја.

Деновиве се слушаат гласови од албански националисти и криминалци, дека тие биле над 50 % во Македонија и биле фактор кој одлучува дали Македонија ќе ја биде или не. Па господо Албанци! И ако е од вас,  премногу  е за да се проголта од сите нас Македонците, било каде  и да сме. Што би им се случило на Македонците во Албанија, кои впрочем се на својата  сопствена отуѓена земја од времето на Балканските воини и дарежливоста на големите империјалистички сили во Европа и подалеку, кога така рогасто би се однесувале спрема властите во Албанија, како вие во Република Македонија?

Што би им се случило на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија или Егејскиот дел од Македонија кога би почнале на таков арогантен и примитивен начин да предизвикуваат крвопролевање?

Тоа не вие паметно драги сограѓани. Впрочем, уште по малку  паметно и на сите оние Македонци кои ги ставаат вашите преамбициозни барања и закани изнад националните интереси на македонскиот народ и интересите на македонската држава. Се' се можи, но со дикат и мера! А вие, по се' изгледа, тој пат се' уште не сте го изодиле!

Медиумите во Македонија, во поголема мера, постанаа гласноговорници на владеачката гарнитура и се' повеќе бранители на "исправната политика" на Зоран Заев, што е злосторство и кукавичлук, ставајќи ги своите материјални интереси над националните и свесно сврстувајќи се во таборот на традиционалните македонски предавници, од времињата што се зад нас. Барем така мислам!

Политиката која ја води господинот Заев, како "македонски суверен" e фашистичка и фундаментално штетна и погубна за македонскиот народ и за македонската држава. Политиката на застрашување и поткупување на луѓе кои се во материјални потешкотии ќе ви се разбие од главата, било кога. Еден цел народ не можете да го застрашувате, поткупувате, потценувате, лажете дека поарно ќе му биде кога ќе му ја продадете државата, Црквата, името, јазикот односно националниот идентитет за влез во некои меѓународни организации како на пример ЕУ и НАТО, зошто тоа би постанал злосторнички преседан на самоубојство.

Секоја распродажба на национален имот има своја висока цена. Ќе можете ли, вие, господине претседателе на македонската влада да ја платите? Да ја платите заедно со своите безимени "земјани", "византијци" и "ќенеф" научници и професори од редовите на македонската "интелигенција"? Земјани со глави од земја или земја во нивните глави?

ЌЕ ТРЕБА ДА ПОЧЕКАМЕ ЗА ДА ВИДИМЕ!

МОЖЕБИ ДОТОГАШ И ВИЕ ЌЕ ПРОГЛЕДАТЕ!

Теодора Толева 1968-2011 година

АЛБАНЦИТЕ СЕ ВЕШТАЧКИ СТВОРЕН НАРОД

*****

Миленко Неделковски

 

Албанците никогаш не постоеле како единствен народ, туку како народ биле создадени по иницијатива на австроунгарски договор, да ги соедини различните племиња, да создаде еден јазик и сето тоа потпомогнато со пари, за да, пред се', го намали српското влијание и тежина во ослободувањето на сите српски земји, од кои добар дел се наоѓале под контрола на Австроунгарија. На долга патека, цел овој проект имал за задача  овој дел од Европа, кој излегува на Медитеранот се намали, и на тој начин да се влијае на Русија.

Ова тврдење предизвика големи полемики и интересирање кај научните кругови во Европа, а изнесена е во докторат на починатата бугарска историчарка Теодора Толева (1968-2011). Трудот под име "Влијание на Австроунгарската империја за создавање албанска нација (1896-1908)" е заснован врз прочуениот документ во Царската архива во Виена, од кои, за многумина во тоа време бил најстрога чувана тајна.

Толева со текот на истражувањето и потрагата за документи за меѓуетничките односи во Отоманската империја во царската архива во Виена пронашла документи во врска со тајните состаноци на австроунгарскиот двор одржани во 1896 година, во кој е договорено создавање на компактна албанска нација.

Меморандум за четири состаноци кои се одржани, покажува дека на крајот на деветнаесеттиот век, албанската нација сеуште не постоела и дека Виена ќе направи конкретни напори да ја изгради, хомогенизирајќи ги жителите, промовирајќи единство меѓу католичките и муслиманските кланови, помагајќи го новинарството и образованието на народот, издаваштвото на националистичките публикации, создавање на еден унифициран книжевен јазик и така натаму.

Мотивите на Австроунгарската империја се сосема јасни: да краткорочно вложи притисок на Србија и Црна Гора, а долгорочно на Русија.

Докторатот на Толева е објавен на шпански јазик под името "La influencia del Imperio Austro-Hungaro en la construccion nacional albanesa  (1896-1908)" и она во фактографскиот богат научен труд поделен во десет поглавја ги објаснува своите прогнози и развој на албанската нација во периодот меѓуу 19 и 20 век.

Бугарската издавачка куќа Сиела постхумно го објавила нејзиниот труд и на бугарски јазик, во декември 2013 година, а истиот е објавен во германски превод под името "Der Einfluss Osterreich-Ungars aud die Bildung der albanischen Nation 1896-1908".

Треба да се каже дека своето име во бугарската историографија Теодора го изградила со вреднуваните истражувачки дејности професионално високите стандарди, вонсериските полиглоти (говорела шпански, португалски, француски, италијански, руски, англиски, германски).

Освен тоа го сврте вниманието, во 2006 година, со капиталниот труд "Надворешна политика Тјуле Андрашија и македонското прашање" , а наскоро се очекува постхумно објавување на нејзината трета книга "Геноцид и судбина наа Јермените 1905".

Основната теза е дека Виена ќе направи се' да ги обедини различните албански племиња и кланови кои во втората половина на 19-тиот век, според нејзе, немале развиена национална свест, туку била расцепкана. Односно дека виенската дипломатија активно ги помагала и создавала унифициран книжевен албански јазик, издаваштво на албански национални публикации и развој на новинарството и образованието.

Мотивите на Австроунгарија за тоа со спречување на конкурентската Србија и Италија, а индивидуално, преку спречување на Србите, тоа било спречување на ширењето на Русите кон Медитеранот.

Толева во 1999 година за прв пат ја посетува Виена, империјалниот архив, за да собере податоци од архивската документација за македонското прашање. Трагајќи за документи, еден ден сосема случајно, во една фиока, открива досега необјавен меморандум за четирите тајни конференции одржани во дворот во Виена 1896 година, а по повод планирањето за создавање на тогаш непостоечката албанска нација.

Инаку, на тие состаноци се споменува и документот "Die Albanienpolitik Osterreich-Ungars un italiens 1877-1908 de Hans Dieter Schanderl" од 1971 што наведува и Толева во фуснотата на 28 страна на бугарското издание.

Миленко Неделковски

Почетната точка на нејзиното истражување е во 1896 година кога Виена одлучува за активното делување на просторот на јужниот Јадран, а завршната во 1908 година, кога Младотурското движење ја превзема власта, што се менува дотогашниот контекст за делување на Австроунгарија кон отоманското наследство.

Првото поглавје под името "Организација на надворешната политика" се однесува на објаснување на надворешната политика на Австроунгарија. Толева објаснува: "Целта на ова поглавје е да ја покаже традицијата на надворешната политика на Империјата и нејзината организација и работа на тајната конференција во смисла на реалното управување".

Таа ја објаснува структурата, функцијата и прерогативниот министер за надворешни работи. Според австриските истражувачи, Министерството за надворешни работи досега никогаш не е изучувано. Толева наведува две причини. Прво, Министерството почнува да претставува истражувачки интерес сосема одскоро, во потрага по одговорноста за ултиматумот кој води до избувнување на Првата светска војна, а кога се сватени фактите дека Министерството работело во полза на сопствените цели и по свои сопствени механизми. А другата е, специфичност на самото министерство.

Според Хелмут Римплер, сеуште не постои ниту една студија која ја открива суштината на Министерството за надворешни работи како институција, односно која е директно врзана меѓу неговата организација и неговата активност, нагласува Толева.

Второто поглавје е особено значајно, а се нарекува "План за Албанија или виенска рационалност или ирационалност", во кое Толева експлицитно пишува дека  сузбивањето на Србите е еден од рационалните елементи на Меморандумот со кои се опфатени четирите тајни конференции, но и дека било ирационално да се допушти еден проект на изградба на нација, затоа што тоа е тешка задача, во спротивност со воените мислења.

Трето поглавје "Прифаќање на планот-дипломатски ризици и долгорочни предвидувања" зборува за несогласувањето со планот на претставниците на австроунгарскиот генерал штаб или поедини дипломати, на кои им е јасно дека таквиот план ги крши одредени меѓународни норми. Но, планот е прифатен и покрај гласовите кои беа против.

Четвртото поглавје под името "Иницијатива на Виена пред Османлиската империја или грижа на еден народ меѓу две империи", говори со конкретно завземање на австроунгарскиот конзул за заведување на албанските племиња пред турските власти, затоа што ни Портата не имала високо мислење за разбојништвата и клановите.

  • Албанци Косовари

  • Тајниот Протокол за состаноци на австроунгарскиот двор, ноември 1896 г.

Петтото поглавје "Патување на австроунгарскиот конзул низ албаномуслиманското друштво или почеток на една романтична конспирација", зборува за воспоставување  врска на австроунгарскиот конзул со водачот на албанските муслимански племиња.

Во шестото поглавје Толева говори за "заштита на вероисповедувања". Разработува таканаречени Културпротекторат.

Во седмото поглавје темата е албански јазик, кој до тогаш е пишуван на дваесет различни начини (грчки, латински и со арабски букви), но од 1908 година, се стандардизира, во која главна улога ја има генералниот конзул на Австроунгарија.

Осмото поглавје се занимава со образованието, а деветто е насловено "Печатот или како Виена почнува да пишува на албански". Толева нагласува дека печатот на различни материјали е необично високо ниво, изработено со цел да развива национални чувства кај Албанците во склоп со заклучоците на Меморандумот на тајната конференција од 1896 година. Во главно станува збор за календари, граматики, историски книги. Се прават многубројни образовни иницијативи.

Во десеттото поглавје, Толева ја расветлува улогата на римокатоличкиот монсињор Прима Доџија, кој имал план на создавање на северноалбанска книжевност, каде главна улога би имало племето Мирдита. Толева приложила и цела низа на необјавени документи, кои ја поткрепуваат нејзината теза дека албанската национална ренесанса, всушност, почнува од геополитички мотив "Ka und Ka monarhija"

Таа наведува дека постои албански комитет во Букурешт и во Софија, а особено прави осврт на создавање на албанските школи во Италија и италијанските во Албанија. Интересно е тоа што се споменува Романецот Алберт Џике, кој себе си се смета за потомак на Скендербег, кој активно лобира за албанската работа.

Во заклучоците на книгата Толева наведува и други геополитички околности. На пример вели дека Германија не зема учество во овие австриски акции, но е наклонета на Албанците (од своите геополитички причини) додека од редот на Бекташија, ја подржува Младотурската револуција. 

**********  

проф., Билјана Ванковска

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА И ЗАКОНОТ ЗА  ДВОЈАЗИЧНОСТ ЈА ДРЖАТ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА

*************

Пишува : Билјана Ванковска

 

Клучниот успех со цел опстанок на оваа Влада е новиот закон за употреба на јазиците, за што изминатото шестмесечие Заев ревносно се потруди да го истурка, вели професорката Билјана Ванковска за ТВ Нова.

Според Ванковска, Заев е слаб премиер, нема можност да го зголеми парламентарното мнозинство, па мора да ги исполни сите барања на помалите коалициони партии. Едно од овие барања е и тиранската платформа, која што за професорката е барање засновано на етнополитичка фоскула и нема ништо демократско во тоа, но како што вели таа, СДСМ е македонскиот партнер на Владата и тие мораат да испорачаат, колку и да се барањата големи, дрски или безобразни.

Истовремено, при гостувањето во "Отворено Студио" на ТВ Нова, Ванковска додаде дека Заев и СДСМ направиле чекор понапред во унапредувањето на албанските национални интереси, со што го искористија нарушениот углед на ДУИ и посегнаа по албанското гласачко тело.

- Албанците беа разочарани од таа партија и поверуваа дека нивните етнички барања ќе бидат задоволени од овој премиер и неговата политичка партија. И на база на тоа, тие успеаја да добијат подобар резултат, и ако ВМРО-ДПМНЕ доби повеќе гласови, истакна професорката.

 

Преземено од kurir.mk

Никола Карев, 1877-1905

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 58

МАКЕДОНИЈА ВО XIX ВЕК

 

9. Илинденското востание

 

Македонската интелигенција што застанала на чело на ослободителното движење, и покрај сложените услови за револуционерна дејност, од Организацијата создала политички фактор способен да поведе дури едно такво востание што многумина ќе ги изненади и силно ќе ги загрижи соседните претенденти на македонската земја. За таа и таквата организација во интервјуто дадено за парискиот "Le matin" (од 27 ноември 1904 година) Хилми-паша изјавил: 

"Тука веќе осум години е создадена една тајна организација која е разгранета не само во големите градови туку и по селата... Нивното нефаќање и неказнување на нејзиното членство е обезбедено и од фактот што е подржана од интелигенцијата насекаде во земјата каде што доминира... Фанатизираните револуционери се 10% најмногу 15%. За жал, ова мало малцинство е составено од мудри и образовани луѓе, кои се наметнуваат со терористички средства."

Ова делумно и донекаде објективно признание за автохтониот карактер на Организацијата изгледа претставува, барем засега, во основа единствениот познат пример на изнесување реална оцена за едно толку сериозно прашање како што се десеттегодишни подготовки и обиди за ослободување на Македонија од еден толку висок и компетентен османлиски државен функционер.

Развитокот на револуционерното движење во Македонија, појавата, ширењето и масовизирањето на Организацијата, идејното созревање и вооружувањето на членството, накусо речено со големи тешкотии и пречки  (чести провали и други проблеми), успешното подготвување на народот за востание, за што не' мала заслуга имале малубројните македонски социјалисти (Никола Карев, В. Марков, Н. Русински и други) вклучени во Организацијата, сето тоа се одвивало напоредно со речиси  перманентните конфликти со османлиските власти, со органите на соседните пропаганди и пред се' со органите на бугарската држава, застапувани во лицето на Врховниот комитет. Преку Врховниот комитет бугарските влади се обидувале да се наметнат како врховен раководен фактор врз македонското движење и при тоа не избирале средства - од пријателско додворување и давање материјална помош до оружени конфронтации и подмолни убиства на видни членови на Внатрешната организација, завладување на погранични реони и нивно преобразување во бази за натамошна пенетрација во внатрешноста на земјата и за потчинување на Организацијата или нејзино елиминирање.

Вербалните конфронтации меѓу Внатрешната организација и Македонскиот, односно Врховниот комитет, кои започнале веднаш по формирањето на Комитетот во март 1895 година, биле перманентни и главно имале идејно-политички, во суштина национален карактер. Тие особено се заостриле и се прелевале во отворен и доста широк оружен судир по 1901 година, по доаѓањето на Стојан Михајловски и генералот  Цончев на чело на Врховниот комитет, на барање и со помош на бугарскиот кнез.

Поволни услови за таквиот развиток на настаните, всушност, биле создадени по Солунската провала во јануари 1901 година, апсењето на речиси целиот состав на ЦК и доаѓање на чело на Организацијата на Иван Гарванов, осведочен противник на Организацијата и кој до скоро, како претседател на т.н. Револуционерно братство, се борел со  разни средства, дури и недозволени, раководството на македонското движење да го стави под команда на Врховниот комитет, што значи под команда на Бугарската влада.

 

> Продолжува <

Македонско село.

 

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Петта

ДЕЛ 58

***********

 

 

 

 

Пишува: Наум Пејов

(Продолжение)

2. Теророт 1945 - 1946

 

> Теророт во Кајларско <

Злогласникот и соработник на окупаторот Коларас со својата чета, познат е особено во Кајларско и Костурско. Тој ги запали селата Загоричани, Бобишта, Мокрени и други. Тој на 18 септември 1944 година, уште кога Германците се наоѓаа во земјата, со својата вооружена чета го блокира Кајлари, го собра населението и веднаш побара да се одвојат Македонците од Грците. Откако се одделија Македонците, ги построи и почна да ги малтретира барајќи да го предадат оружјето, да прекинат да ги помагаат партизаните ит.н.т. Ги издвоија од стројот Илија Коџа, Кољо и Киро Паскови и пред очите на селаните почнаа страшно да ги мачат. По спогодбата во Варкиза, штом дојдоа монархофашистичките единици, почнаа веднаш да ги прогонуваат Македонците и демократски расположените Грци. Во мај 1945 година беа уапсени повеќе Македонци, меѓу кои Јани Велјанов, Поп-Хаџи Каравелчев, Леонид Бабалоку и др.

Во октомври 1944 година четата на Коларас навлезе во селото Дорутово, го уапси и стрела Трендафил Иванов, а неговиот брат Борис Иванов, откако го измачија го заклаа со нож. Истиот ден го убија и синот на Трендафила Андреа. Потоа навлегоа во куќите и плачкаа скапоцености и на крајот запалија 14 куќи. Населението исплашено од препадите на Коларасовата чета, пребегнаа во планината и се вратија по неколку дена, откако Народноослободителната војска го ослободи селото. Но, мирниот живот на селаните потраја кратко време. Пролетта 1945 година на сцената пак се појави Коларас со својата чета. На 10 мај 1945 година со помош од соработниците на окупаторот блокирано е селото, уапсени 13 селани и одведени во затвор.

Во март 1945 година Доларис од селото Галатија, припадник на контрашите на Коларас, со група вооружени бандити го нападнаа селото Ракита, ги собраа селаните и од нив побараа да соберат и да му предадат 150 златни наполеони. Во спротивно ќе дојде со целата банда на Коларас. Исплашени, селаните собраа поголема сума пари и му ги предадоа. Но и тоа ништо не помогна. Во текот на мај 1945 година во селото дојдоа Англичани на моторни возила во придружба на џандармериски офицери од Кајлари, истите оние кои доаѓаа и за времето на окупацијата. Тој ден уапсија повеќе селани и ги испратија во затворот во Лариса. Меѓу уапсените беа Стефан Чуков, Ѓорѓи Јанев, Димитар Кирков, Леонида Корованов, Симо Муцаров и Димитар Муцаров. Во август селото беше одново блокирано од вооружени контраши, припадници на бандите на Доларис, Коларас и џандармеријата. Го оплачкаа селото и ги уапсјиа следните селани: Никола Маткаров, Вангел Мончов, Јордан Митов, Ѓорги Бојков, Ставро Куркитов, Крум Поп Димитров, Ѓорѓи Венков кои беа одведени во затвор во градот Кожани. По оваа акција на монархофашистите во селото беше поставена џандармериска станица чиј командир беше познатиот гестаповец Манолис Карабелас. Овој гестаповец направи големи злодела во селото. Тешко беа малтретирани селаните: Евгенија Гајтанова, Невена Илиева Атанасова, Антула Раденкова, Трпа Лазарова, Тола Лазарова и други.

Во јуни 1946 година, по сите села во Кајларско вршено е апсење на младината која потоа е жестоко малтретирана. Од селото Ракита беа уапсени  75 младинци и младинки, од селото Палиор 120 души и одведени во џандармериската станица во селоото Ракита. Уапсени беа младинци и младинки од селата Емборе, Добница, Кобој, Пердика и Налбан. Во селото Налбан беше убиен и Минче Минчев во моментот кога си ораше на нивата затоа што за време на  окупацијата беше претседател на НОО во селото.

 

> Продолжува <

Гордана Димовска, десно

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************************

ГОРДАНА ДИМОВСКА

 

 

Гордана Димовска е долгогодишен соработник на Литературниот клуб Љубители на литературата, културата и науката - Св. Висарион од Демир Хисар. Таа потекнува од с. Оптичари, Битолско, а во Австралија е од 1993 година. Гордана е автор на повеќе книжевни дела, меѓу кои е и "Вечна светлина над Македонија". 

Неодамна, овај литературен клуб пред читателите се претстави со ново објавеното дело на Гордана Димовска, "Вечна светлина над Македонија". Гордана живее и твори во Мелбурн, Австралија и е една од најистакнатите македонски книжевни дејци, надвор од Македонија. Промоцијата на споменатото дело се одржа во градската библиотека "Григор Прличев" a нејзините промотори беа  професорот Вангелко Лозановски и Љубица Чифлигаровска. Делови од книгата читаа учениците Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературната секција од О.У. Кочо Рацина од Охрид.

Сите заедно се потрудија, со својата вештина, да ја пренесат содржината на делото во кое авторката, Гордана Димовска, со голема љубов и храброст, се бори за зачувување на македонскиот јазик кај новите македонски поколенија, во далечниот свет, надвор од границите на нашата Македонија.

Авторката за своето дело вели: "Низ текстовите во книгата е одразена борбата за зачувување на македонските национални вредности кои го создаваат македонскиот идентитетт и кои не смеат да се рушат под никакви услови ни цена. Се навраќаме во минатото за да стигнеме до сегашноста и да изградиме нови патеки по кои Македонија сигурно и смело ќе чекори кон светла иднина".

Здружението и издавач на книгата, Св. Висарион, во освртот кон нејзиното дело пишува:

И денес создаваме жива историја и светли и горди примери како се сака и бори за Македонија. Нејзините научни и литературни дела зборуваат за минатото, сегашноста и иднината на родната Македонија. Таа секогаш со голема почит зборува за нејзините корени со тоа, што е чест дописник на наши, македонски списанија, весници кои се печатат во нашава татковина и светот. Таа е светол и восхитувачки пример за Македонки и Македонци од Македонија во светот. Само тие кои не ја напуштиле Македонија немаат доживеано што е болка, тага, копнеж и носталгија за родната земја. Таа е еден од нашите најблиски и најуспешни соработници од дијаспората.

Гордана се појавува како истакната поетеса, есеист, научник, публицист, новинар и просветен работник на македонските ученици во Мелбурн. Бидејќи промоцијата се изведуваше без присуство на авторот, тука беа присутни нејзините блиски роднини од Битола, кои со гордост го претставуваа семејството на авторката.

 

Сотир Гроздановски

Извор за текстот : "Македонска Нација" ( mn.mk )

  • РАНЕТА ПТИЦА

    Белата птица падна на земја ранета
    Изгуби сјај, надеж и сила
    Ко да нема веќе крила,
    не може да ја ужива слободата мила.
    Не може да пее песна во гората блиска
    песна за пролетни цветови со опоен мирис
    песни за јунаци, борци,
    песна за зелените лисја што шумолат и зборат
    крај изворот горски.
    Ангелот - чувар слезе до неа
    тивко и нежно утеха и дава:
    "Верувај во мене птицо бела
    Верувај и чудо ќе се случи,
    ти повторно ќе се вивнеш
    ти повторно ќе леташ на небото сино!"
    А птицата тажна рече:
    "Но јас сум ранета и без крила
    не можам да летам
    не сакам некој повторно да ме рани".
    Исправи се силно и рашири ги твоите крила

  • Ако паднеш јас ќе те кренам
    Секогаш има некој да те чува
    Можеби некој ќе те рани
    Можеби повторно ќе паднеш,
    Но верувај во себе
    Ти имаш сила повторно да станеш
    Да запееш песни во гората блиска
    за пролетни цветови со опоен мирис
    песни за јунаци, борци,
    песни за зелените лисја што шумолат и зборат
    крај изворот горски.

    Автор: Гордана Димовска

ЦИТАТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

*******************

"Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот на Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот. Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно."

Ова го запишал рускиот славист Виктор Григорович при посетата на Македонија во 1844 - 1845 година.

*******

"Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи, што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски."

Од текстот јасно се гледа дека не постои видлива разлика меѓу античка Македонија и Македонија од тоа време (1860 г.) односно дека се едно те исто.

Запишано во "Цариградски весник" од   03 март 1860 година

*******

Во преамбулата на правилата на македонскиот востанички комитет на Кресенското (Македонското) востание од 1878 година востаниците се споредуваа со војската на Александар Македонски: "Пoзнато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија, поради причини за егоистички цели од страна на големите сили, и' е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа, дојде во одделни области на нашата татковина до многу крвави сцени , познати на секого. Со желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза - Слобода или смрт!"

*******

Во својата книга  "Македонска песнарка" од 1879 година, Марко Цепенков запишал : "Дали сте чуле, Македонци, стари људи што говорат? Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е. Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско. Та спроти старих вие сега да следувате!"

Со овој текст Марко Цепенков јасно и недвосмислено покажува дека смета оти кралевите Филип и Александар се наши, македонски кралеви.

*******

По повод 1000 годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже: "Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методиј, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!" 

Како што може да се прочита Григор Прличев не само што Александар Македонски го смета за македонски син, туку и заедно со Светите Кирил и Методиј го вбројува меѓу најголемите.

 

 

  • Марко Цепенков

  • Григор Прличев

Истата та година, Коста Шахов во весникот "Македонија" број 4 запишал:

"Денеска, секој Македонец, кога го споменува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална горсост!"

 

за "Macedonian timline"

Подготвила Гордана Димовска,

 

*******

Kind regards : 01 декември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 110