Јанис Бутарис, градоначалник на Солун

 МАКЕДОНЕЦУ,  НЕ МУ ВЕРУВАЈ НА ГРКОТ И КОГА ДАРОВИ ТИ НОСИ !

**********************

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Мојата констатација за ситуацијата во Македонија изнесена во минатиот број на "Македонски Збор" дека "Македонскиот народ е навистина толерантен во недоглед, дури до самоубојство", стои и денес. Таа е иста и треба одново да се спомене, зошто опозицијата,  како да не ги зема сериозно пораките и стравувањата на своите членови и мнозинството Македонци. Кучињата си лајат, а Зајакот си трча ли, трча!   За судбината на Македонија и народот македонски, било каде и да живее, на никого не му е гајле, а најмалку на ВМРО-ДПМНЕ. Се однесуваат како преплашени деца од некоја детска градинка, а не луѓе поставени во македонското Собрание да ги бранат националните интереси  и безбедноста на македонскиот народ од внатрешни и надворешни непријатели. Светот не плука, а македонските политичари, интелектуалците, па дури и претседателот на Република Македонија  мисли дека врне дожд. За чудење работа!

Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, спротивно, со своите неодговорни постапки ни покажуваат дека се подготвени и за смрт, како би им ги исплатиле долговите на нивните надворешни наредбодавци: - дезинтеграција на македонската држава и нејзино бришење од европскиот и светски регистер на народите и државите.  Па макар и по цена на  граѓанска војна , која е на повидок.

Но што после тоа, господо? Ќе има ли негде безбедно место за вас и за вашите семејства? 

Понатака, врвот на ВМРО-ДПМНЕ како потајно и нечесно да се насладува и храни од криминалните потези на Владата, очекувајќи потполн нестанок на македонската држава, за утре да рече: "Ние ви рековме дека оваа Влада погрешно работи и ќе не однесе во несакана иднина". Но, господо, македонскиот народ одамна ве прочитал. Не верува во вашите зборови и  празните закани и констатации, молчеливо одобрувајќи ги дејствијата  на владеачката гарнитура на СДСМ. Вие цврсто седите на вашите собраниски фотелји, смртно уплашени да покренете акции за кои народот ве овластил и масно ве плаќа.

Народот верувал и секогаш ќе верува во својата темелна општонародна ВМРО 1893, но, таа мора да се реорганизира и да се врати на своите цели за кои нашите тогашни врвни патриоти и интелектуалци  се собрале во Солун  и и'  ги поставиле нејзините темели.

Не е ли апсурд тоа што ВМРО-ДПМНЕ денес му го прави на народот, од кој многу години добиваше, скоро, неограничена подршка, очекувајќи и верувајќи   во поарно и по безбедно утре?  Без никаков отпор препуштајќи им ја државата и народот македонски на странските фактори и на нивните пулени од таборот на СДСМ, криминална организација која предходно ја уништи Социјалистичка Република Македонија и нејзината привреда, каква таква,  при тоа фрлајќи  половина од македонската работна сила и нивните семејства   на улица беше доказ, дека народот е длабоко излаган. Само се чекаше времето за отрезнување, за да  се увериме дека   Царот ни бил  лажен и гол. 

Како се вика некој кој му ја држи вреќата на арамијата дури  ограбува нечии имот? Соучесник! Нели? Ете така! Но, што понатака? Пресици секој ден и празни закани некој друг да ги реализира? Тое не е лидерство, туку капитулантство и предавство на својот сопствен народ.

Не би сакал да одам и подлабоко во ова што сум го започнал, бидејќи македонскиот народ е свестен што треба да чини во вакви услови на живеење. Тој се' уште се надева дека ќе се  најде јунак кој ќе рече: доста е и ве повикувам на вистински отпор и истребување на предавниците надвор од Македонија, зошто и така лошо  ни се пишува!

Па затоа, ќе продолжам со посетата на Скопје од страна на солунската делегација на чело со нивниот градоначалник, Јанис Бутарис, да слушнеме што тој има да ни каже и зошто е дојден во оваа убава и богата словенска земја со своја историја, култура, добра храна, музика и...

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој ни ја нарече оваa наша "слoвeнска земја со богата слoвeнска историја, од која ние сме се одрекле", со името Македонија, не е така наивен и неискусен политичар, како што на прв поглед може да се стекне некој дојам. Тој е вистински дипломат и на привидум многу флексибилен, но сепак, фокусиран на својата задача која ја добил од својата влада, во Атина. А нам, малку ни треба да се израдуваме  и да извикнеме: "Победаaa, им ја свиткавме кичмата на Грците"! Или како што Заев во Софија на еден интервју за бугарската телевизија за едно турско кафе изјавува дека Гоце Делчев и Јане Сандански се наши заеднички  херои (двајцата ликвидирани од предавници) и дека со тоа ние само се збогатуваме, добиваме и ништо не губиме, зошто сега со Бугарите ние несме само пријатели, ами и сојузници. Во што, Зоране?

Но, кога сме кај овој "докажан" пријател на нашата земја, Јанис Бутарис, кој  ја нарече, Македонија, колку да не развесели, не е на одмет да споменам и тоа, дека потекнува од Крушево, Влав по националност кој незнае ни влашки ниту збор македонски, ама добро знае дека ние треба да се држиме до нашиот Словенски корен и да му ја оставиме Македонија на оние на кои им припаѓа - Грците, пријателски и сосема мудро не спушта одма таму каде вистински и мисли  треба  да бидеме.

"Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, денеска (16 ноември 2017 г.) додека даваше изјава по средбата со премиерот Зоран Заев, ја нарече нашата земја Македонија.

'Се надевам и ќе го предложам тоа, следната средба на двајцата премиери, на Грција и на Македонија, да се случи во Солун' - рекол Бутарис  спрема новинарот на faktor.mk и продолжува: 

Инаку Бутарис во 2013 година беше критикуван во Грција затоа што кажал дека во нашата земја се зборува македонски.

Истата година градоначалникот во Скопје одржа прес-конференција пред банер на кој пишуваше 'Стопанска комора на Македонија'. Од 'Златна зора' поради ова го нарекоа предавник".

Ево пак што пишува "Нова Македонија" од 17 ноември 2017 година за посетата на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис:

"Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис за време на посетата на Скопје повторно го употреби името 'Македонија', означувајќи ја соседната земја, коментираат денеска грчките медиуми.

Зборувајќи на англиски пред новинарите, Бутарис, по средбата со премиерот Зоран Заев, предложи следната средба на премиерите на Грција и Македонија да се одржи во Солун, посочуваат грчките медиуми.

Тие потсетуваат дека Бутарис и за време на минатогодишната посета го употребил името Македонија во интервју за телевизиска станица.

Бутарис вчера престојуваше во Скопје во рамките на обидите за имплементирање мерки на доверба меѓу двете земји и притоа оствари средби со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Грчките медиуми денеска, меѓу другото, информираат и за средбата на посредникот на ОН во разговоротите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември, во Брисел". 

Што ќе ни донесат наредните денови, недели и месеци, ќе видиме, а до тогаш, ви посакувам добро читање и главата горе!

 

> Сотир Гроздановски

Метју Нимиц

ОТСТАПКИ САМО ОД МАКЕДОНИЈА, А ВЕТА И ЕМБАРГА ОД ГРЦИЈА

**********************

Нова Македонија

18 ноември 2017 година

 

Средбата на претставниците на Грција и на Македонија во преговорите за наметнатиот спор за името со посредникот Метју Нимиц што требаше да биде одржана на 20 или 21 ноември во Њу Јорк е презакажана и ќе се одржи во Брисел на 11 и 12 декември. Како што се наведува во соопштението од канцеларијата на Нимиц, средбата е дел од напорите на ОН за да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето за името. Во контекст на овие актуелни случувања, позитивни очекувања за решавање на проблемот и тоа во релативно краток рок стигнуваат од политичарите и од двете земји. Премиерот Заев изрази надеж дека наскоро би можело да се најде решение, а грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коsијас, неодамна изјави дека сака да го реши спорот со Македонија во првата половина на 2018 година.

Во меѓувреме, министерот за култура, Роберт Алаѓосовски,  неодамна најави дека елаборатите за три споменици од проектот "Скопје 2014" - "Андон Јанев-Ќосето", "Мајка Тереза" и "Воин на коњ" на плоштадот "Македонија" се при крај и ќе бидат предадени на разгледување во Владата. Медиумите пишуваат дека се можни две опции - дислокација или уривање, а речиси истовремено во јавноста излезе и идејата за преименување на аеродромот "Александар Велики" во Киро Глигоров.

Добро упатените дипломати во оваа проблематика брифираат дека хронолошки гледано наназад, ова не се единствените отстапки на македонската страна во спорот за името, кој влезе во својата трета деценија на постоење. Нашата земја на 13 септември 1995 година прифати промена на државното знаме со симболот на сонцето од Вергина и го смени Уставот во делот, кој, според Грција, содржеше иредентистички позиции. Натаму се согласивме за користење на привремената референца БЈРМ во меѓународната комуникација и јасно изразивме државна определба дека нема да имаме територијални претензии кон нашиот сосед.

Од друга страна, Грција во спорот не презеде слични силни отстапки од свои црвени линии како Македонија. Вреден за нотирање е единствено чинот што вели дека по промената на нашето знаме, Атина се согласи да биде ставен крај  и на 18-месечното трговско амбарго што таа во 1990-тите го воведе еднострано кон Македонија. За разлика од овој чин, Атина на 3 април 2008 година го блокира приемот на Македонија во воената Алијанса.

Дипломатот и истражувач на државно-правната историја на Македонија, Виктор Габер, коментира дека ако се погледне спорот за името, кој сега веќе влегува во својата трета деценија од постоењето може да се забележи практика во која нашиот јужен сосед не ги презема своите дипломатски компромиси околу решавање на спорот во иста мера како што тоа, на пример, го има сторено Македонија. Тој смета дека решението на проблемот меѓу двете држави не лежи во практикувањето национална политика конструирана за домашни услови туку во употреба на прагматична политика и дипломатија, која ќе се базира на потребите на меѓународните односи и релации.

Поранешниот амбасадор, Благој Зашов, во изјава за македонскиот сервис на РСЕ на слична тема тврди дека тоа е она што Македонија може да го понуди како гест на добра волја од своја страна, а тоа треба да го стори и Грција.

Тој инзистира дека до компромис не може да се дојде само на овој начин, бидејќи е неопходно такви потези да повлече и официјална Атина.

А.С.

*****************

 

Стефан Влахов-Мицов

КАКО ДА СЕ СПАСИМЕ ОД БОРДЕЛОТ НАТО И ЕУ ?

Пишува : Стефан Влахов - Мицов

 

Рускиот писател Достоевски во својот Дневник од 1877 година пророчки пишува: "Русија мора одговорно да се соочи со фактот дека сите ослободени Словени со фанатизам ќе трчаат кон Европа до губење на сопствениот идентитет, ќе ги прифатат европските политички и социјални вируси и ќе бидат спремни да добијат европска безличност наместо да ја развиваат и бранат својата словенска улога во светската цивилизација"

Повеќе од 10 века словенските народи се трн  во око на англосаксонскиот свет кој сака да ги направи свои робови, но тие опфатени од стокхолмскиот синдром имаат желба да се гушкаат со него. Затоа што, како што вели Достоевски, имаат комплекс од Русите. Тоа се однесува и од Балканот зашто Русите го ослободија од Османлиите, а како што се знае "нема неказнето добро". Од друга страна, вредноста на денешните Словени е зависна од моќта на Русија. Ако Русија е слаба и тие не чинат ни пет пари.

Во споредба со другите балкански и словенски народи, ние, Македонците, немаме мотив за комплекс од другите. Уште повеќе, затоа што во 1722 година по наредба на рускиот император Петар Велики била преведена книгата "Царството на Словените" од Мавро Орбини, во која Русите се изедначени со античките Македонци, кои не биле Грци, туку Словени. За преведувачот на Библијата на руски јазик бил избран Анастасиј Македонецот од Негуш. Да се потсетиме и дека Александар Македонски ги остварил своите походи и својата империја во цивилиизираниот Исток, а не во дивата и непросветена Западна Европа.

За жал, од 17 век до денес македонските лидери слично на комплексираните и идиотизирани Балканци и Словени, трчаат кон нивните природни непријатели во Западна Европа наместо да имаат пријателство со Русија. Трчаат како безпаметни, независно што досега од Западна Европа ние Македонците се соочуваме само со зло. Да започнеме само од уништувањето на Скопје од австрискиот генерал Пиколомини во 1689 година, со кое почнува албанската експанзија во Македонија, па минеме преку германско-италијанската окупација во 20 век (нивните сојузници Бугарите) и стигнеме до сегашното уништување на Македонија.

Со нашата безпаметна глупост наместо да ја надградиме руската благонаклоност кон Македонија од времето на Петар Велики, со нашата еврозабеганост ние ги натеравме Русите да создадат вештачка бугарска нација на Балканот и да не вклопат во неа со цел да го освојат Балканот. Македонската држава се обнови дури во 1944 година, исклучиво заради нашите катастрофални потфати.

Во изминатите 27 години ние ја изгубивме државата заради истата забеганост кон САД, НАТО и ЕУ. Таа забеганост во 19 век не чинеше одземање на античкото македонско минато од западниот миленик Грција, одземање на македонски територии од страна на Грција, Бугарија, Албанија во 20 век. Денес таа ќе не чини одземање на македонското име, јазик и идентитет.

Денес македонските политички лидери до еден се предавници, а македонскиот народ е парализиран и зомбиран. Исто како во балканските и Првата светска војна кога лееше крв за туѓи интереси. И тогаш македонските лидери беа марионети на соседите. По убиството на Јане Сандански има само два цврсти исклучоци: Димитрија Чуповски и Димитар Благоев. Чуповски од Русија ја бомбардира Европа со вистината за Македонија и македонскиот идентитет. Македонецот Благоев го прави тоа од трибината на Бугарското собрание. На 10 декември 1917 година Благоев, роден во Загоричане, Костурско изјавува дека не е Бугарин, туку Македонски Словен: "Јас сум за Македонија како земја која ќе си има своја сопствена управа". Во тоа време Македонија целосно била окупирана од Бугарија, а нејзините културни богатства украдени.

Денес хунтата на Заев (слично како фашистичка Бугарија) секојдневно ја провоцира Русија за да се додвори на Вашингтон и Брисел. И за да ја фрли врз неа вината за договореното со Западот, уништување на Македонија. Ниту еднаш во последните 27 години, ниту еден македонски политичар не се обрати за помош и стратешки сојуз со Русија. Дури во време на терористичката војна во 2001 година. Зато што и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се мајкапродавачи, а не македонски патриоти. Затоа што тие две партии се чир за македонскиот народ, кој ќе го свати тоа дури тогаш, кога ќе биде земен на отстрел од Бугари, Грци и Шиптари.

Русија како и досега слободно може да ја биде без Македонија, Србија и останатите џуџиња надвор од Балканот. И тие можат да бидат без Русија, но само како робови на Западот - без држави, без идентитет, без какви и да било човекови права, без историја. Времето за дефинитивен пресврт во светската цивилизација брзо доаѓа. И само големите слепци не го гледаат тоа. Ние, Македонците, по жална традиција се вбројуваме меѓу слепците.

Светските глупаци безуспешно се обидуваат да ги декодираат пророштвата на Нострадамус, а аналтичари и јасновидци секојдневно трескаат глупости. Македонските новинари не се исклучок. Меѓутоа, неодамна рускиот претседател Путин само со една реченица, наводно по друг повод, кажа се' за денешново време. На прашање дали би скокнал од голема височина во вода, тој одговори: "Можам да скокнам од три метри. Три, пет или седум, но веројатно не по високо".

Таа реченица ја содржи и мисијата на Путин и таа на Русија, потфатите за нејзиното реализирање, карактерот на идниот светски судир, времето кога ќе се случи и крајните резултати. Идиотите ќе разберат што кажа Путин, дури кога тоа ќе се случи.

Како заклучок што да правиме со нашите аутсајдери од раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Тие секако ја отуѓуваат македонската држава, затоа што им го дозволивме тоа. Тоа може да биде спречено само од светски судир кој ќе ја надмине целосната македонска капитулација. Но и тој услов не е доволен. Потребно е создавање на вистинска патриотска партија за единствена Македонија. Партија за борба на живот и смрт за македонското име, јазик, идентитет и територијална целост. А тоа значи, партија против САД, НАТО и ЕУ, партија за стратешки сојуз со Русија, за зачувување на историските македонски вредности.

 

> СТЕФАН ВЛАХОВ - МИЦОВ

 

 

 

Ѓорче Петров 1865-1921

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 56

МАКЕДОНИЈА ВО XIX век

 

7. Македонската револуционерна организација по Солунскиот конгрес (1896 г.)

 

Солунскиот конгрес на Организацијата се одржал во март 1896 година, малку повеќе од две години по нејзиното формирање. Но, и покрај тоа, поради значењето што го имал, од Ѓорче Петров бил наречен "собрание", кое, "така да се рече беше основачко. Од тогаш датира Солунската организација, тогаш веќе Централниот комитет се призна. Таму се истакна потребата од уставот и правилник". Татарчев за овој собир рекол дека имал "основачки и законодавен карактер".

На Конгресот зеле учество највидните раководители на Организацијата. Во дискусијата што се развила, биле разгледани сите проблеми што ја преокупирале Организацијата и бил усвоен заклучок да се донесат Уставот и Правилник, како основни документи, врз кои би лежела идната дејност на движењето.

Уставот и Правилникот биле напишани во 1897 година и веднаш биле објавени по формирањето на Задграничното претставништво на Организацијата во Бугарија. Нив ги подготвил Ѓорче Петров и Гоце Делчев, кои се и први задгранични претставници. Во овие документи совршено јасно биле внесени целта на Организацијата и средствата со кои таа би се остварила. Уставот на Организацијата и' поставил да решава чисто македонски задачи. Тој предвидувал создавање на македонска организација, таа би требало да биде сопственост на целото обесправено население а тоа, преку заедничка борба (револуција) требало да се избори за политичка автономија на Македонија.

Сведоштвата на Ѓорче Петров и на д-р Татарчев наведуваат на заклучок дека на Солунскиот конгрес Македонската револуционерна организација (првото име на оваа организација според Татарчев) официјално била санкционирана, заедно со нејзината македонска идеологија и пропаганда, чија крајна цел била ослободување на земјата. И во Уставот и во Правилникот и во револуционерната литература потоа, како и во официјалниот назив на Организацијата (ТМОРО), исклучиво фигурира македонско име, силно, директно или индиректно во пропагандата биле истакнувани и биле негувани македонскиот патриотизам и независноста на Организацијата. Административно организацијата била поделена на осум окрузи. Подоцна како окрузи останале: Солунскиот, Битолскиот, Скопскиот, Струмичкиот и Серскиот плус Одринскиот.

Уставот подготвен од П.П. Арсов, би требало да биде прв, изгласан на една од првите средби на шесте основачи на МРО, по се' изгледа ги содржел основните принципи (цел, средства и сл.) неопходни за мобилизирањето на народот и за функционирањето на ЦК. Инаку, како би можело да се објасни фактот дека уште на Ресенското советување (август 1894 г.) биле донесени многу значајни решенија за развитокот на Организацијата, а се гледа дека во првиот устав нив ги немало.

Значи, не случајно Солунскиот конгрес за Ѓорче Петров бил "Собрание", кое "така да се рече беше основачко...", а за Татарчев тој имал "основачки и законодавен карактер", Организацијата, значи, до тогаш се развивала значително побрзо отколку што ја следеле правната регулатива. "Слобода!" и "Автономија", иако се само два збора, тие биле доволно мотивирачки за привлекување во движењето на големото мнозинство од покорените македонски слоеви, без многу убедување, но не и без размислување во почетокот за ризикот што го прифаќале, но набрзо потоа да прашаат - кај ви е оружјето, дајте пушки!

 

> Продолжува

 

Мајка бегалка со своите деца.

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Петта

ДЕЛ 56

*********

Пишува: Наум Пејов

(продолжение)

 

2. Теророт 1945 - 1946 година

 

> Теророт во ГУМЕНИЧКО <>

Во јули 1945 година англиски и грчки војници извршија рација во селото Црна Река, Гуменичко, откако ја претресоа планината барајќи партизани, во близината на селото сретнаа четворица селани и тоа: Мино Чатков, Ристо Жаров, Ѓорѓи Дурчов и Иван Попов, кои со својата волска запрега возеа дрвени греди в село. Ги уапсија, ги однесоа во селото и ги затворија во една селска крчма, каде ги подложија на страшни тортури. Откако направија и други зулуми во селото, тргнаа за Гуменџе, а со нив ги однесоа и споменатите селани. Во октомври 1945 година селото Црна Река беше повторно блокирано од грчки војници и џандари. Георги Танов и Атанас Танов, кои беа кренале на пазар во Гуменџе, ги уапсија и ги одведоа всред село. Веднаш Ѓорѓи го слекоа гол и пред очите на другите селани почнаа да го тепаат. Го тепаа до онесвестување. Истиот ден покрај другите злодела и тепања, тешко беше тепана и девојката Лиса Дурчева.

Во месец април 1945 година од англиски и грчки владини војници беше блокирано селото Мачуково, Кукушко. Откако извршија претрес во селото, уапсија и одведоа во затвор повеќе луѓе, меѓу кои: Ѓорги и Митко Безирови, Париз Толев, Ристо Ристачев Ристо Делиџаков.

Во октомври 1946 година, при една блокада на селото Карпи, Гуменичко, војниците пукаа во насобраните селани, при што е ранета Марија Настева, а на Вангел Божинов му ги отсекоа рацете.

> Теророт во ВОДЕНСКО

Теророт во Воденско не заостануваше зад оној во другите места. Грчките "цивилизатори" и тука си ги покажаа своите лица. Од Воденско ќе наведеме само неколку примери, бидејќи целосен преглед на тие sверства немаме.

Во месец мај 1946 година беше блокирано селото Саракиново. Откако варварите го оплачкаа селото и претепаа со ќотек кого што стигнаа, почнаа да ги напаѓаат жените. " "Пред опасноста да биде погазена нашата чест, ние бевме принудени да бегаме во Југославија" - раскажуваат бегалките од село Саракиново Гица Терзиева и Тина Манолчева. Старата бегалка Нуша Манолчева од селото Саракиново, раскажува дека варварскиот терор ја натерал да стане бегалка на стари години. Селото Саракиново беше блокирано и во месец август 1946 година и плачкосано од грчката владина војска. Оплачканата стока ја натовариле на коњи, а селаните ги натерале да ги водат коњите до Соботско. Сите оние што ги воделе коњите биле затворени. Истиот ден умреа како последица од физички терор над нив: Ване Манолчев, сопруг на бегалката Нуша Манолчева, Стојан Крајнов, од село Саракиново имаше мобилизирано син во грчките војски. Но тоа не им пречеше на грчките џандари кога одеа во селото да го тепаат и Стојана. Тие едноставно прашуваа "каде е твојот син"?, а одговорот не им беше важен. Иако одговорот гласеше дека синот му е во војска, тие и спрема Стојана постапуваа исто така како и спрема другите селани, поради што бил принуден и тој да стане бегалец.

Селото Волкојаново повеќе пати беше блокирано и плачкосувано од единиците на грчката војска и џандармерија на чело со офицерите Бафас и Талаганис.

На 6 јули 1946 година, блокирано  е и плачкосано селото Ошин, а беа уапсени петмина селани: Јорго Иоани, Делис Мора, Димо Мурџов, Бошана Самара и Васил Самара. Од неиздржливиот ќотек умре Јорго Иоани.

Во јануари 1946 година една џандармериска чета водена од офицерот Комајнус, го блокира селото Кронцелево. Ги собраа сите селани во училиштето и почнаа да вршат сослушување. Тој ден претепаа повеќе луѓе, меѓу кои и Ефемија Атанасова и нејзината золва Гица Атанасова. Теророт во селото Кронцелово го преживееа и бегалците: Сава Димитрова Стојанова и Лена Ристова  Георгиева. Тие со одвратност ги опишуваат монархофашистчките терористички методи.

На 15 април 1945 година група од 40 вооружени грчки вонјници, меѓу кои и тројца Англичани, го опколија селото Струпино, Воденско испукувајќи неколку митролески рафали за да го заплашат населението. Во моментот кога се блокираше селото 55 - годишниот Ристо Качаров излегуваше од својата куќа. Војниците кои крстареа низ селото испукаа во него  еден рафал и тешко го ранија. Откако цел  ден вршеа претрес и терор, вечерта се повлекоа во селото Пожар, а со нив одведоа осуммина селани. Пред опасноста да бидат уапсени и малтретирани, група млади селани, учесници во движењето на отпорот беа принудени веднаш на 17 април да емигрираат во Југославија. Бегалката Елефтерија Христова Чапова, која во селото остана до крајот на 1946 година, доживеа многу поголеми страданија. "Беше августовски ден 1946 година. Група од 15 грчки џандари крстареа во околината на селото Горно и Долно Пожарско. Недалеку од селото 17 - годишно момче, Кољо Митрев Јанчев го пасеше добитокот. Група вооружени џандари се добраа во близината и му викнаа "горе рацете"! Коле ги крена рацете и чекаше да го уапсат или извршат претрес, кога еден од џандарите му извикува "бегај ќе те убијат"!. Детето исплашено почна да бега, а џандарите испукаа неколку рафали и детето падна мртво. Ова го раскажа Петре Кацаровски од село Пожарско, кој ја гледал целата таа сцена, орајќи на својата нива. Истиот ден споменатата група го уапси Ѓорѓи Ристов Кацаров од село Горно Пожарско на 20-годишна возраст, во моментот кога си работел на својата нива и на пат за Соботско го стрела.

"На Крстовден 1946 година дојдоа од Соботско џандари и го блокираа селото Горно Пожарско. Во селото почнаа да плачкосуваат и да го тепаат народот, затоа што беа антифашисти. Мојот 19-годишен син Трајко си доаѓаше од работа и штом стигна во селото го уапсија и уште истата вечер го однесоа во Соботско. Другиот ден, со другото дете појдов во Соботско да го барам, уапсениот син. На пат ме сретна кметот на нашата општина Христо Вецков и ми вели: "Детето го убија, туку да гледаме да се спасиме ние живите. Јас повеќе не се вратив дома, стигнав во планината и оттаму кренав кон границата и дојдов во Југославија". Лена Крстева не беше сама. Со неа во Југославија поминаа и други селанки и селани од Горно и Долно Пожарско, од Тресино и другите села на Воденско.

На Камена Христова Трпкова, од село Долно Пожарско не и е подобра судбината. Таа остана вдовица во месец септември 1946 година. Нејзиниот маж едно септемвриско утро, како и секое утро, излезе на  реката која течеше во близината на нивната куќа да се измие. Тоа утро беше блокирано селото од грчките џандари. Веднаш беше уапсен, немилосрдно тепан од што и умре. Затоа и Камена стана бегалка.

Лена Костадинова Киравакова, од село Пиперја е бегалка со сета фамилија, зошто не можеше да го издржи теророт на грчките власти. Летото 1945 година беше задржана 10 дена во Соботскиот затвор, каде до изнемоглост беше злоставувана.

Во мај 1945 година, sверски беше убиен Кириако Мариузани од село Бахаво - Караџовско, од вооружена цивилна единица на власта, бивши соработници на окупаторот, во моментот кога си работеше но својата нива.

Георги Жоглевски од селото Жерва, ја остави својата фамилија со 6 малолетни деца и пребега во Југославија, затоа што не беше сигурен за својот живот. Властите сакаа да го уапсат затоа што беше антифашист и учесник во движението на отпорот. На 25 октомври ја оплачкаа неговата куќа, а неговата жена и стариот татко тешко го измачија. Истиот ден од селото Жерви беа уапсени и 10 жени и девојки.

 

> Продолжува

 

Палестинскиот амбасадор во Скопје и Панде Манојлов.

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************************

Панде Манајлов

 

Панде Манојлов е македонски поет, раскажувач и новинар, роден на 02 мај 1948 годинина во с. Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје, вработен во редакцијата на весникот "Битолски весник", Битола. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Негово значајно дело е Песната за Палестина, напишана 1982 година, прв пат  објавена во "Нова Македонија". Денес песната е химна на арапскиот свет.

Од перото на  овој наш плоден книжевен деец, настанаа многу поетско прозни дела. Па така, започнувајќи во далечната 1971 година со  својот поетски дел, ја издал песната: "Црвен немир во црвено пламти", па така се' до 2014 година (до кога успеав да пронајдам дела од неговото творештво) со расказот "Последна корида на душата".

Панде Манојлов е добитник на наградите:

- "4 Ноември" на градот Битола,

- "Ванчо Николески" - Битола,

- "Струшко слово" од Културниот центар "Бран" и ревијата за книжевност "Бранувања",

- Признание од државата Палестина.

 

"На овој плоден и познат македонски книжевник, на 21 март 2017 година од страна на неговата екселенција амбасадорот на Палестина", во Скопје му беше врачено големо признание од Палестина,  вели репортерката Неда Маретиќ и продолжува:

- Признанието е и за мојот град и за мојата Македонија! Благодарам Палестина! - истакна Манојлов на доделувањето.

Периодов, во издание на реномираната издавачка куќа "Силсонс" од Скопје, излезе од печат најновата книга раскази за деца и млади, "Сонот на детството". Ова негово најново книжевно дело содржи четириесет раскази поделени во два циклуси: "Јазикот на другарството" и "Куфер со соништа".

Поетската арапска одисеја на Панде Манојлов започна, некаде, во 1982 година со песната Палестина, која беше објавена во весникот "Нова Македонија". Таа денес е една од најобјавуваните песни во арапскиот свет. Застапена е во нивните учебници и во повеќе антологиски избори, вели Неда Маретиќ.

Во јануари минатата година, Манојлов бил примен како почесен член на Дрштвото на писателите во Калифорнија.

Манојлов досега објавил над 20 книги поезија, проза и театарска критика. Годинава тој ја одбележува 46-та годишнина од излегувањето на првата збирка поезија (1971 г.) "Црвен немир во црвено пламти).

"Само од почетокот на оваа година до денес, со свои творби е застапен во четири антологиски избори. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, член на Независните писатели на Бугарија и на Асоцијацијата на писателите од Калифорнија, САД", завршува нашата новинарка Неда Маретиќ.

  • КРЧМА БЕЗ КРЧМАР

    Знаев дека во кафеаните,
    знаев дека во меаните,
    се порачува јадење
    се порачува и пијалак,
    се порачува и на некоја сметка
    без крчмар,
    но не знаев дека
    во кафеаните,
    во меаните,
    во луксузните хотели
    со порачува
    држава на послужавник,
    се порачува Народ
    надробен во македонска салата
    за со тап нож да се сече,
    да се парчи
    и од тоа парче што останало,
    што останало од Македонија
    да се дораспарчи
    како старо парче сирење
    за да се изренда
    на некоја нова
    европска салата...
    Пак крчма
    без крчмар,
    пак воскрес на мртви идеали
    во Букурешт некогаш,
    или денес во Солун
    во луксузните одаи
    на некоја нова,


  • тукушто неумрена Европа,
    а ние Македонците
    пак живи мртовци
    на жртвена софра
    со крвав чаршав поставени!
    Само едно,
    едно да не заборават
    лиотите балкански,
    да не го заборават Орцето,
    Кирков, Мечев, Маџунков,
    Арсов, Шатев да не го заборават,
    да не ги заборават Гемиџиите
    зашто динамитот
    сеуште во смртта нивна
    тлее незапален!

    Автор: Панде Манојлов
    13 јули 2017 година

    *********************

Kind regards : 20 ноември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 108