Мирослав Грчев - шарен револуционер, во акција со качулка и детска играчка.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е НАВИСТИНА ТОЛЕРАНТЕН ВО НЕДОГЛЕД, ДУРИ ДО САМОУНИШТУВАЊЕ

**************

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Со доаѓањето на СДСМ на власт,  Република Македонија  се претвора во рамно поле по која се влечкаат криминалци, велепредавници, злосторници, "Зомби" и туѓи платеници. Тие би требало да бидат безмилосно и со секакви  средства одстранети, или Македонија, наскоро, нема да  е биде, а македонскиот народ ќе се обезличи до степен на непрепознатливост. До колку со таквата констатација не се сложуваме и се' уште во неа   не веруваме, тогаш нема ништо добро ниту да очекуваме. Зошто злото, а уште помалку доброто, без наша помош сами не доаѓаат. 

Заканите по нашата иднина се стварни и секое не чинење да ги спречиме, е злосторство  спрема нашите претци,  нашите сегашни и идни генерации, од чие проклетство нема ниту во нашите гробови да најдеме спокој.

На денешната гарнитура во власта на Македонија, која  ја води државата и македонското општество во амбис, не смее да му се дозволи остварување на нивните пеколни цели. Тоа е  долг спрема нашите претци и идните македонски генерации. Одрекнувањето од  нашето име,  историјата, културата, книжевноста, јазикот со кој описменивме милиони евроазиски народи, да би можеле да комуницираат меѓу себе и да го примат Христијанството, не смее да ни биде никаква опција.  Не смееме да дозволиме да не пикнат во ЕУ и НАТО  како слепци или како топовско месо за туѓи интереси. Да им се задоволуваат неразумните и болни експанзионистички амбиции на нашите вчерашни и денешни смртни непријатели и учесници во распарчувањето на македонската територија, во протерувањата и асимилацијата на македонскиот народ.   

Срам голем е за нас да си дозволуваме, едно национално малцинство, со тешки непријателски бремиња  спрема нас, Македонците, да ни одлучува како ќе се викаме и што ќе пишуваме во нашата историја и школските учебници на нашите деца. Срам голем е за нас да си дозволуваме нашите непријатели од соседството да ни ги контролираат нашите учебници и медиумите македонски, чии раце се се' уште крвави од раните на нашите деца, мајки и татковци дедовци кои умираа под нивните ножеви, само затоа што беа Македонци...

Насловите по медиумите кои катадневно ги читаме се самите  по себе застрашувачки, а текстовите под нив, обвинувачки. Обвинувачки, зошто само се констатации на свршените дејствија на СДСМ и оние кои ни доаѓаат. И се', дури тоа не го сватиме доволно сериозно како вистинска закана, ние колективно  и' одобруваме на власта да чини, во наше име, се' што сака, со што самите сме соучесници во сопственото самоубиство  и самоуништување, што би бил своеврстен преседан во историските анали, за самозлосторства.

Само еден пример за злосторничките накани на владата на Зоран Заев ќе ни биде доволен, за да се увериме во нивните одвратни планови и политички потези, со кои најискрено ни ветуваат ичезнување од картата на народите во Европа и во светот, до колку не им се спротивставиме со сите сили, кои ни стоат на располагање. Тоа е Архитектот  Мирослав Грчев, перјаницата и гласноговорникот на СДСМ со неговата омраза и бездушност спрема својот сопствен народ. Од неговите непромислени зли негирања на македонството на нашата нација и држава, дури, и неговите најблиски пријатели и членови на семејството се срамат и згрозуваат.  Неговите монструозни изјави имаат тежина  за сите нас кои се чувствуваме  Македонци, но најповеќе  за неговите претци и најблиски, во чија средина се родил, израснал и на крајот постанал злосторник. Изливот на толкава горчина и непријателство спрема македонскиот народ и неговите вековни достигања за кои посегнуваат сите кои никогаш  и не беа кадри да му се приближат, па и денес  со  лавовска помош на "Меѓународната заедница", НАТО и ЕУ, во најмала рака се одраз на психолошка збрканост, а не на здрав разум.

"Македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија". Вели архитектот Грчев.

"Македонската држава е буквално измислена во Југославија, а со неа и нацијата, јазикот и нејзината култура". Заклучува еден од мозоците на СДСМ.

Ево тоа е се' што  овај  "уметниk" кој изводи  "перформанс", на мостот преку Вардар, за време оргиите и уништувањето на Скопје од Шарената револуција, може да му понуди на народот кој го отшколувал и ставил на ноsе за да му биде од помош и гордост, а тој се претворил во монструм и најголем злосторник.  

Ова е ставот на Мирослав Грчев даден за проектoт наречен "Музеј на Југославија", каде што се собрани видео искази од интелектуалци од сите држави - наследнички на СФРЈ.

Министерството за култура не одговори на барањата на Сител за коментар на ваквите изјави на Грчев. Тој, во ова Министерство ја предводи работната група за ревизија на проектот Скопје 2014та.

Токму Грчев деновиве беше актуелен со најавите за отстранување и дислокација на дел од спомениците. Недавно и Министерството за култура потврди дека се разгледуваат ваквите можности, што потврдува дека СДСМ системски е уништува Република Македонија во полза на странски интереси, за "парче злато", како што ни вели нашиот покоен пеач и голем патриот Гоце Арнаудов, осудувајќи ги предавниците на својот народ.

Од владата пак велат дека изјавата на Грчев не била целосно и веродостојно пренесена!?

Опозицијата очекува по ваквите ставови, Грчев да поднесе оставка на сите функции на кои е платен од државата. Доколку тоа не го стори, очекуваат да биде разрешен од министерот за култура.

"Грчев е олицетворение на деструктивните, антимакедонски политики на СДСМ и Заев. Мирослав Грчев е алтер его на Зоран Заев и актуелното раководство на СДСМ. Мирослав Грчев е мегафон преку кој се соопштуваат ставовите и размислувањата на врвот на партијата, нивните идеолози и стратези. Затоа тој е награден да води тело кое што  ќе треба да ги урива спомен обележјата, негирајќи ја македонската историја. Срамно и недолично е човек што зема пари од граѓаните на ваков начин да го негира и оспорува нивниот идентитет. Македонија и Македонците не се творба на коминтерната на Тито, стои во реакцијата на ВМРО - ДПМНЕ."

Па зарем вакви малоумни и недоветни мангупи можат да бидат универзитетски професори и да ја одгојуваат македонската младина? На вакви психопати и злосторници местото им е во умоболна институција, а не во Владата на македонската држава! 

Бидејќи, дури, и горе реченото не е доволно да би се согледала личноста и интелектуалните вредности на архитектот Мирослав Грчев, во продолжение на мојов скромен текст ќе покушам да го дополнам и проширам со видео записите од Васко Ефтов, уредник и водител на ТВ-говорнатa емисија во "ЦЕНТАР" и  колумната  од "Македонска Нација".  

> Сотир Гроздановски < 

Џејсон Мико

АКТУЕЛНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО СО ГРЦИТЕ И СО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА РАБОТИ НА ТОА ДА ГО ИЗБРИШЕ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

**************************

МАКЕДОНИЈО ДО ТЕБЕ Е ДА ГИ ЗАПРЕШ

svest.mk / 12 ноември  2017

Пишува: Џејсон Мико

 

Во интервју за грчкиот весник Катимерини, министерот за надворешни работи Никос Коsијас изјави дека "спорот за името би требало да биде решен во првата половина од 2018 година, а ако не биде така, ќе има големи тешкотии. Доколку спорот биде решен, по договорот ќе има три до четири месеци бирократски процедури во Обединетите нации. Како резултат на тоа, прашањето може да се разреши до крајот на 2018 година".

 

Дали знаете што ќе се случи во тие "три до четири месеци?" Тоа го дознавме од грчкиот сајт Диферњуз, кој ни дава навестување за процедурите во наведените "три до четири месеци". Погледнете го, на пример, овој "бисер" од преговорите за името: "Вториот пат е за изведените придавки, кратенки и трговски имиња. Изведените придавки го вклучуваат идентитетот и јазикот, елементи кои го допираат јадрото на  "македонизмот" и иредентизмот на Скопје. Решение со кое би се избрале словенски термини за идентитет и јазик можеби ќе понуди излез...".

Ова е крупен проект за менување на идентитетот и треба да го отпакуваме и да видиме што се' има во него. Овој "втор пат" се однесува на период од "три до четири месеци" во текот на кои Грците ќе вршат притисок врз секретаријатот на Обединетите нации да се измислат придавки со кои светот ќе им се обраќа на Македонците. Македонија нема да има право на глас во ова прашање - барем доколку сака да продолжи по патот и Грција да го крене ветото за влез во НАТО. Како што велев и порано, Грците работаат нон - стоп со цел да го укинат идентитетот на македонскиот народ.

Пред 11 години, во октомври 2016 година, тогашниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер испратил телеграма објавена на Викиликс од која јасно се гледа дека Грците никогаш нема да прифатат употреба на придавката "македонски". Според оваа телеграма, "грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани го смета последниот предлог на Нимиц како целосно неприфатлив за Грција, особено во поглед на прашањето на опсегот на употреба на новото име и на придавката 'македонски' за опишување на националната припадност". 

Оваа телеграма исто така укажува на фактот дека уште во 2006 година, сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров знаел дека се преговара за идентитетот на Македонија. Рикер вели: "Димитров го гледа Груевски како човек кој е повеќе мотивиран од стравот дека во историјата ќе биде запишан како политичар кој го загубил името и идентитетот на Македонија; овие се круцијални за евро-атлантската интеграција".

ОВА МОРА ДА СЕ ЗАПОМНИ: не можете да загубите нешто  ако не преговарате за тоа, или ако не ја отворите можноста да го загубите тоа нешто, ако преговарате.

Понатаму, тука е посредникот во преговорите, Метју Нимиц, кој им помага на Грците (и на "меѓународната") во обидите да се отстрани македонскиот идентитет. Од неговото интервју со Би-би-си од 02 август 2017 година, објавено под наслов "Човекот кој посвети 23 години на еден збор" , дознавме оти Нимиц смета дека "еден од начините за излез од состојбата е да ги охрабриме граѓаните да не гледаат на спорот како на прашање, кое го засега националниот идентитет.

"Еден обичен  граѓанин во Скопје еднаш ми кажа дека кога ќе стане наутро и ќе почне да се бричи во огледалото си вели дека е Македонец. Утре, кога ќе се бричам, очекуваш да кажам дека сум Нов Македонец или Горен Македонец? Му одговорив дека неговата загриженост е разбирлива, но дека е погрешно да се гледа на таков начин на прашањето. Ние само зборуваме за формулирање на име за државата кое ќе се користи во дипломатски цели. Тоа нема да влијае на обичниот граѓанин. Не преговараме за идентитетот. Да стануваше збор за преговори за идентитетот, јас ќе ги напуштев" вели Нимиц.

Оваа изјава на Нимиц е провидна финта и има неколку проблеми поврзани со неа.

Еден од проблемите со оваа изјава е "работниот документ" од 08 октомври 2008 година, кој амбасадорот Нимиц им го претставил на Македонците и на Грците, од кој е многу јасно дека "за потребите на официјалното обраќање во Обединетите нации, секретаријатот на оваа организација ќе усвои соодветни изрази кои ќе се користат како придавки за втората страна (Македонија) во согласност со вообичаените процеси".

Оттаму, кога амбасадорот Нимиц тврди дека "не преговараме за идентитетот", тој ја кажува вистината гледано буквалистички, но тоа апсолутно е катастрофална невистина, ако се погледне духот на договорот. Македонскиот идентитет ќе биде дел од било кој договор што ќе го постигнат Македонија и Грција - ова не мора да се разбере. Било какво референдумско прашање кое македонската Влада, евентуално, ќе го постави пред граѓаните, најверојатно нема да го споменува идентитетот, но во конечните преговори меѓу Македонија и Грција ќе стане дел од меѓународното право.

Со децении и други го повторувале ова - Грците, Брајан Хојт Ји, амбасадорот Џес Бејли, некои Македонци ..."Не преговараме за идентитетот". Секако, ова е безобразна лага. 

АКТУЕЛНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА, ЗАЕДНО СО ГРЦИТЕ И СО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА, РАБОТИ НА ТОА ДА ГО ИЗБРИШЕ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ.

************************

МАКЕДОНИЈО!

ДО ТЕБЕ Е ДА ГИ СПРЕЧИШ

"СВЕКРВА"

СО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ВМРО - ДПМНЕ ОД ВЛАСТ ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА КУЛТУРАТА

*******************

"Македонска Нација"

 

СВЕКРВА 

Деновиве имавме уште еден удар по македонското национално битие, кое за жал не доѓа од надвор, туку од врхушката на СДСМ. Имено, Мирослав Гречев, кој ја предводи комисијата при Министерството за култура, за ревизија и дислокација на повеќе историски споменици од проектот Скопје 2014, за српските медиуми ќе изјави:

"Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманципирана и македонската нација, македонската култура, македонскиот јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања".

Скандалозната и срамна изјава на архитектот Мирослав Грчев со која отворено се негира постоењето на македонскиот народ и култура, се само дел од стратегијата која ја спроведува марионетската влада на чело со премиерот Зоран Заев, со цел Македонија да влезе во НАТО.

За да го реши спорот со името со Атина, сегашната актуелна власт на СДСМ презема секакви активности. Така, што прифаќањето на Тиранската платформа и потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, премиерот Заев превзема нови чекори со кои се брише македонското име и идентитет. Се најавува рушење на историските споменици од проектот Скопје 2014, а се' повеќе  медиуми се обидуваат да докажат дека македонски народ не постој.

Со доаѓањето на Зоран Заев на власт, времето на градење престана, а се најави време на уривање. Всушност, со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, заврши времето на културата, а по доаѓањето на СДСМ на власт, започна времето на вандализмот. А негов промотор е Мирослав Грчев, кој со својата изјава зададе сериозен удар по националните интереси, на македонската држава.

Дека врхушката на СДСМ се припрема да ја свитка кичмата и да го смени името, а со тоа и идентитетот на македонскиот народ, не говори само изјавата на Грчев, туку потврди доаѓаат и од Атина. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коsиас, за грчкиот весник изјави дека новата Влада има намера да го реши спорот со името на Македонија во  текот на првата половина на 2018 година, инаку ќе има "големи компликации".

Изјавата на Коsиас дека, или ќе се реши името или ќе има големи компликации укажува дека, меѓу Атина и Скопје постои некаков договор и дека со оглед на црвените линии на Грција ни претсоти тензично време, во кое ќе се вршат притисоци и заплашување на македонскиот народ, со цел да ги прифати договорените промени.

Во тој контекст, може да се гледа амнестијата на повеќе криминалци, кои денес слободно шетаат низ главниот град и се однесуваат како во Дивиот Запад. Грабежите, оружените пресметки и убиства во последно време стануваат се' почести. Исто така, по пресудата за учесниците на терористичката група во Диво насеље, тензиите дополнително се креваат.

Во процесот за креирање на страв и несигурност меѓу населението, СДСМ го  надополнува со изјавата за можно вмешување на Русија за да се спречи Македонија да стане членка на НАТО. Во интервјуто за црногорското радио "Антена М", премиерот Зоран Заев вели дека Русија најверојатно жестоко ќе реагира кога ќе дојде време Македонија да влезе во НАТО, но дека тој е подготвен, бидејќи Македонија друга алтернатива нема освен влез во НАТО.

Меѓутоа, СДСМ заборава дека цената која ќе ја плати македонскиот народ е премногу голема. Со оглед дека ваквата стратегија се спроведува веќе подолго време (шарената револуција, т.н. бомби, Пржино 1 и 2), по што успешната влада на ВМРО-ДПМНЕ која не сакаше да ја витка кичмата беше со сила симната од власт, тогаш не е ни чудо што младите масовно бегаат од земјата, што нема нови инвестиции и македонската економија тоне.

Ако се има во превид искуството на грчките трговци, потоа на искусната дипломатија на Атина, тогаш со ваквата стратегија на Заев, македонскиот народ ќе остане со куси ракави, односно ќе дојде време кога ќе треба самиот да се избрише од картата на Европа.

Меѓутоа, надежта последна умира. Мудроста на македонскиот народ е голема и тој е свесен за своето потекло и за својот идентитет. Тој нема да дозволи некој друг да му ја крои иднината. Македонското сонце повторно ќе изгрее на целата територија на Македонија.

Времето на ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ќе се врати, а вандалите на чело со Грчев ќе заминат во историјата како предавници, за секогаш!

> Свекрва <

Хојт и Џес Бејли

МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ САД ДА ЈА ПОЧИТУВААТ СВОЈАТА ОДЛУКА ОД 4 НОЕМВРИ 2004 ГОДИНА СО КОЈА  ЈА ПРИЗНАА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

****************

08 ноември 2017, Брисел, Белгија

 

Светскиот Македонски Конгрес со индигнација ја отфрла изјавата на заменик-помошникот американски државен секретар Хојт Брајан Ји во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, дека "прашањето за името на Македонија е прашање за нејзината безбедност и треба веднаш да се реши".

СМК потсетува дека токму државата Македонија е фактор за мирот и стабилноста во регионот, но промената на нејзиното име и идентитетот на нацијата ќе ја подели Македонската нација и долгорочно ќе го дестабилизира Балканот во целина.

Македонците во светот бараат Соединетите Американски Држави и нејзините државни службеници да се придржуваат на признавањето на државното име Македонија од 4 ноември 2004 година и да се откажат од притисок, контролирана нестабилност и дестабилизација на Македонија со цел промена на името на државата Македонија и идентитетот на нацијата заради грчкото вето за членство на Македонија во ЕУ и НАТО!

 

> СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС<

Билет во еден правец

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Петта

ДЕЛ 55

**********

Пишува: Наум Пејов

(продолжение)

 

2. Теророт 1945 - 1946 година

 

За македонскиот народ од Егејска Македонија како историјата да се повторува секогаш, кога треба да се соочи со пречекот на неговата земја, грчката власт и армијата. По спогодбата во Варкиза пролетта 1945 година, со самото проширување на својата власт во Егејска Македонија, почна остер натисок над голоракото македонско население. Но како што е нагласено и во првиот дел, грчката десница немаше доволно сили да ја воспостави власта во целата земја, непосредно по спогодбата во Варкиза. Затоа, во подрастична мера, токму тука, во Егејска македонија, ги мобилизира соработниците на окупаторот - четите на Коларас, Пападопулос, Антон Чауш и други и ги пушти во разузден терор да го убиваат и плачкосуваат македонското население. Тоа беше таков поход (1945-1946), кој идните историчари ќе треба навистина да го одбележат како еден, колку злобен, толку и вешт маневар на грчката буржуазија да создаде јаз и омраза меѓу Грците и Македонците и да направи своја опора кај грчкиот елемент.

Еве што изјавуваат живите сведоци на таа недогледна трагедија низ цела Егејска Македонија. {5. Во личната архива на авторот се наоѓаат изјавите кои лично тие или нивните другари ги собираа од бегалците за да се евидентира теророт на грчките власти и башибузукот на населението во Егејска Македонија. Некои изјави се дадени во врска со работата и истрагата на Анкетната комисија на Обединетите нации, која анкетираше на Балканот за време на Граѓанската војна. Но, уште еднаш треба да се повлече дека ни оддалеку не се изнесени сите неизмерни страдања на кои беше изложен македонскиот народ од грчките монархофашисти по Втората светска војна.}

Прв со новата трагедија се соочи нашиот напатен народ од Источна Македонија. Тука беа четите на Андон Чауш, кои дејствуваа во служба на Германците и можеа да се зафатат веднаш со работа.

 

> Теророт во ДРАМСКО <

"На 18 април 1945 година, ноќта, една чета владина војска на чело со капетанот Кукатис од село Алистрати, го опколи селото Зрново, Драмско - опишува Коста Кундаков од истото село. Штом се раздени, нападнаа на куќите да вршат претрес и плачка, за да го исплашат населението, истовремено пукаа од митралески оружја. Тој ден пребија со ќотек повеќе селани - мажи и жени и убија двајца селани. Димитар Богоев и Пандо Сулов на 65 годишна возраст".

За настанот на 18 април, делегацијата од селани, дојде кај англиските воени власти. Но тие смеејќи  се им одговорија: "Е, па вие сте Бугари, треба да си одите"! Но и кога си отидоа, кога си одеа од своето родно огниште, требаше да платат крвав данок. Натоварувајќи го на коли преостанатиот имот, селаните, но повеќе жени од селото Зрново, зашто мажите мораа да ја префрлуваат границата преку планините, се упатија кон бугарската граница да ги спасат своите голи животи. Селанките Катерина Божова и Јана Савова, бегајќи, наидоа на една вооружена чета. Ги симнаа од коњите двете жени, им ги изплачкаа сите предмети, па дури и  облеките и така голи, избодени со ножеви ги оставија да лежат на патот, каде од раните умираа.

Истата судбина тие денови ја доживеа и селото Старчиште. Тука, покрај плачкосувањата и масовното малтретирање, беа убиени и селаните Георги Киров, Ванчо Имиров и Димитар Загинов.

"Во месец април 1945 година, една ноќ,  грчките владини војски ни ги убија 95 годишниот татко - раскажува Велик Ѓеорги Печаров, од село Плевна - Драмско. Истата вечер војските извршија претрес во целото село и оплачкаа што им дојде до рака, запалија три куќи и ја ранија жената на Јани Божиков".

Бегалецот Димитар Богданов, го раскажува истото за селото Просачани - Драмско, а бегалката Магда Иванова за селото Горенци. Дедото Димитар вака ги опишува своите маки: "Јас, како стар човек, си седев дома без да се мешам во ништо. По договорот во Варкиза и откако партизаните го предадо оружјето, наидоа владини војски и почнаа да не мачат сите нас Македонците, да бараат  од нас оружје  - пушки, бомби. Една ноќ, беше април 1945 година, во селото дојдоа бурантари {бурантари ги викаа грчките владини војски, по името на злогласниот командант на Атина за време на окупацијата - Бурантас, познат по своите редовни рации и злосторства над населението.} и упаднаа во мојата куќа. Ме фатија и откако ми ја затнаа устата да не викам, почнаа да ме тепаат и да ме влечат по земјата, ми зедоа 243.000 лева и ме однесоа во шталата, каде ме затворија. Потоа ја фатија мојата 70 годишна стара, ја малтретираа да им даде пари. Бидејќи немаше што да им даде, со ножеви и ги избодија двете раце. Во меѓувреме, дури едни тепаа, други ја  плачкосуваа куќата. На крајот ни викаа "да ве снема од тука оти ќе ве убиеме".

Слична трагедија се случуваше ширум цела Македонија и токму затоа во пролетта 1945 година имавме масовно бегање. Села со илјадници жители беа опустеле пред опасноста да бидат ликвидирани од уништувачкиот терор.

Во Кукушко и Солунско ситуацијата не беше подобра. Но онаму каде македонското население беше покомпактно, таму нападот беше понасочен, а теророт пожесток. Во Кукушко и Солунско таа сметка ја расчистија башибузукот од 1913 година, сега тоа требаше да се стори во останатите реони.

 

> Теророт во ГУМЕНИЧКО <

Бегалците од селата Баровица - Гуменичко, ја преживееја истата трагедија на белиот терор. По спогодбата во Варкиза и разоружувањето на ЕЛАС, затворениците беа преземени од владините војски и Англичаните. Така беше преземен и затворот во град Бер, каде, покрај останатите 50-60 соработници на окупаторот, беше и лицето Мицо Дујамов, од селото Баровида. Затворениците од Бер, откако во март ги презедоа Англичаните, наскоро по тоа ги ослободија и ги вооружаа. Во јуни 1945 година се појави во својата околија Мицо Дујамов, на чело на една вооружена чета и почна да крстосува по селата, да плачкосува, пали и убива, исто онака како што тоа го правеше за време на окупацијата. Марија Ајдова од село Баровица, која есента 1946 година беше принудена да пребега во Југославија, раскажуваше како мајките од село Баровица ја преживееа трагедијата на 9 те свои синови: Под знакот на теророт, немаше само бегалци преку границите. За да го избегнат бесот на башибузукот што упаѓаше ноќе по селата, мажите дење работеа на своите ниви, а ноќе остануваа во шума. Имаше и млади луѓе кои како припадници на организацијата и учесници во борбата против окупаторот, исто така седеа в шума за да го избегнат бесот на новиот окупатор. Така беше и со младинците од село Баровица кои еден ноемвриски ден 1945 година беа предадени и опколени од монархофашистичката војска и ликвидирани.

Георги Евангелос Кехајов, од село Баровица, на следниов начин го опишува својот случај и случајот на некои негови соселани: "По договорот во Варкиза, кога му се гарантираше на секого да живее слободно, ние, учесниците во движењето на отпорот бевме жестоко прогонувани. Секојпат кога  ќе слушневме дека идат војници, требаше да бегаме за да го избегнеме теророт.

Летото 1946 година мојот брачед Ѓорѓи Тантов, учесник во борбите против окупаторот на пат за пазар во Гуменџе го убија без икаква причина. Истиот ден убијците на брачет ми, владините чети дојдоа во селото и откако направија неколку зулуми, кренаа во планината да ги гонат партизаните. Бидејќи партизани не открија, тогаш недалеку од селото убија две мали деца што си ги пасеа свињите. Тоа беа Јован на 14 години и Пено Даутов на 20 годишна возраст. Им ги отсекоа главите и кога се вратија во селото ги носеа в раце. Ги свикаа селаните в црква и со главите в раце им се закануваа: "така ќе ви ги отсечеме главите на сите"! И како дивјаци се нафрлија врз мирните селани да ги тепаат. По овој терор голем број селани го напуштија селото и преку границата дојдоа во Југославија".

Марија Бету од село Карпи, Гуменичко, мајка на 4 деца, вели дека и таа била принудена заедно со другите селани да бега, зашто не можело да се издржи теророт од монархофашистите. Кога првпат дојдоа во селото владините војски, ја уапсиле и неа, а ја ослободиле откако неа и нејзиното најмало дете ги држеле и малтретирале цела недела. А кога втор пат дошла во селото владината војска, го уапсија нејзиниот свекор Георги Бетов заедно со неговата жена Велика и ги интернирале на островите, а куќата ја плачкосувале и разурнале до темел.

Малиот бегалец Проди Петар Ристов, од село Купа, Гуменичко, на своја 12 годишна возраст со неговите четири помали браќа и сестри ја доживееја трагедијата на бегалец. Една ноќ во месец октомври 1946 година селото Купи пак го посетила една владина чета. Тие секој пат кога го "посетувале", ја посетувале и куќата на малиот  Проди, го застрашувале барајќи од него да го поткаже неговиот татко. Но, овој пат тие постапиле уште пожестоко. Ја уапсиле неговата мајка Маса и ја одвеле пред училиштето. Децата од жал оделе до неа и плачеле, но џелатите не обsирајќи се на детскиот плач, пред нив ја претепале до смрт. После неколку дена, мајката умрела, а бидејќи во меѓувреме запалиле повеќе куќи, меѓу кои и куќата на петте сирачиња, тие станаа мали бегалци.

Муров Дионис Анастасов, од село Бресловци, Караџовско, ги опишува маките на своите селани и како неговиот брат од многу физичко злоставување останал сакат.

Андонија Личева од село Лугонци, Гуменичко, зборува за тоа како неколку пати во нејзиното село владините војски извршиле рации од пролетта 1945 до есента 1946 година, кога го запалиле селото и таа заедно со останатите селани била принудена да пребегне во Југославија. При една рација, пукајќи со автоматско оружје за да ги исплашат селаните, го раниле младинецот Христофор Балцов. Истиот ден сред село ги собрале сите селани - мажи, жени и девојки и со митралези насочени кон нив барале да им дадат податоци за партизаните.

Бегалците од Црна Река, Гуменичко, кога ја преминуваа границата еднодушно изјавуваа:"бегаме и си го оставаме родното место, куќите и имотите, за да го избегнема дивјачкиот монархофашистички терор". Јован Бечов вели: "Бев принуден да го оставам родното место и својот имот, затоа што не можеше да се издржи грчкиот терор. Го бараа сина ми, но знаев ако им се јави, ќе го интернираат на пустите острва. Заради тоа, постојано ме тероризираа мене и мојата сопруга. На крајот ми претстоеше интернација и тогаш се одлучив да бегам".

Ванѓел Жаров, од истото село, Црна Река, Гуменичко, пребегна затоа што владините разбојнички чети не можеа да го уапсат сина му, кој беше учесник во ослободителното движение и му определија рок во кој или да го пронајде синот или во спротивно тој ќе биде интерниран. На 29 септември 1946 година група војници му ја запалија куќата со сета покуќнина и тогаш беше принуден да бега.

На 01 октомври 1946 година беше извршена рација во селото Црна Река, беше уапсен голем број селани, кои ги одведоа во затворот во Гуменџе.

Во селото Лумница, Гуменичко, веднаш по договорт во Варкиза беше воспоставена џандармеријска станица и  седиште на воена единица. Селаните немаа право без полициска дозвола да одат на пазар или во поблиските села, па дури и на своите ниви. Во ноември 1946 година беа уапсени 8 души, меѓу кои Димостени Меши, Тома Пифа и други. Во текот на ноември истата година беше нападната, од партизаните џандармеријата и воената единица. Тогаш изгореа повеќе од сто куќи и селаните беа принудени да бегаат, едни преминаа во Југославија, а други во гратчето Бојмица.

На 08 мај 1945 година, англиски и грчки војници извршија рација во селото Радомир, Ениџевардарско, поапсија голем број селани, ги одведоа надвор од селото крај реката и ги положија на нечовечки маки. Меѓу уапсените беа и селаните Атанас Капасузов, Ристо Козаров, Божин Стаменковски и Сотир Жупов.

 

> Продолжуваме <

Борис Сарафов 1872 - 1907

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 55

МАКЕДОНИЈА ВО XIX ВЕК

 

6. Основањето на Македонскиот комитет во Бугарија и неговите први акции

 

Македонскиот комитет во Бугарија се појавил во улога на раководно тело на организираната македонска емиграција, чија политика формално се определувала на годишните конгреси на братствата. Македонскиот комитет бил избран на Првиот конгрес на македонските друштва, одржан на 19 март 1895 година во Софија. Малку подоцна, по оставката на Стамболов, во мај истата година, емиграцијата организирала  масовни митинзи на кои, преку резолуции и други акции, еуфорично и гласно, на цела Европа и' се дало на знаење дека борбата за ослободувањето на Македонија веќе започнала. Со апели до Бугарската влада и до владите на другите балкански земји и на големите сили и, на крајот, со општо "преземање на мерки диктирани од условите", т.е. со оружје, требало да се создадат кризи и клима за интервенција на големите сили во полза на барањата од Македонскиот комитет за автономија на Македонија, произлезени од чл. 23 од Берлинскиот конгрес. Маѓутоа, последица на  речиси сите акции на емиграцијата, преземени во текот на 1894-1895 година,  била - компромитација на автохтоната борба за автономија што македонскиот народ ја започнувал во својата земја токму во тоа време, под раководство на своја организација. Испраќањето  конгресна телеграма до рускиот цар Николај II, до грофот Игнатиев - творецот на санстефанска Бугарија, специјално до  бугарскиот кнез Фердинанд, кој бил прогласен за "врховен поглавар на бугарскиот народ", пропагандата против Османлиската Империја со која Стамболов дотогаш одржувал мошне добри односи, како и прокровителскиот однос спрема "братот роб" во Македонија, кој систематски се градел и се негувал меѓу сите субјекти во Кнежевството, почнувајќи од кнезот, биле факти што јасно укажувале дека прашањето за "ослободувањето" на Македонија, создадено во Бугарија по нејзиното ослободување, започнало да добива нови и опасни димензии во политичкиот живот на државата, а тоа крајно негативно ќе се рефлектира на ослободителните напори на тукушто создадената Внатрешна револуционерна организација на Македонија.

Со Првиот конгрес на емиграцијата и со формирањето  на Македонскиот комитет и неговите први акции била дадена и официјална гласност на  една, во суштина, антимакедонска политика на комитетите во Бугарија, која се водела во името на македонската емиграција, но и во името на Македонија. Оваа политика добила екстремна форма уште во почетокот, со уфрлувањето чети од Бугарија во Македонија при крајот на јуни 1895 година. По иницијатива на Стоилов, претседател на Бугарската влада, Борис Сарафов заедно со други офицери и во соработка со Трајко Китанчев, претседател на Македонскиот комитет, организирал и префрлил четири чети во Македонија, со задача да кренат востание.

Трајко Китанчев 1858 - 1895

Само четвртиот одред, на чело со Сарафов, успеал да го заземе Мелник и да изврши "успешно патриотско дело". Другите биле поразени и растурени од османлиските сили и вратени во Бугарија.

Овие испровоцирани оружени акции го означиле почетокот на оруженото мешање на балканските држави во македонските работи и имале силен одглас во Турција и во Европа. Бугарија нив ги искористила, преку притисок врз Цариград, да издејствува привилегии за својата пропаганда во Македонија, како и да издејствува признание на кнезот од страна на Русија. Односот на Грција и на Србија кон оружениот упад во Македонија бил крајно негативен, додека реакцијата на ЦК на Внатрешната организација била остро изразена со протестно писмо до Македонскиот комитет и со категорично барање и предупредување дека ќе биде "безмилосна спрема сите оние... што против нејзината согласност навлегуваат вооружени во нејзината територија".

Големата врева што се кренала во Бугарија во  текот на 1894 и 1895 година, заедно со оружената интервенција на македонската територија, ќе имаат фатални последици за идниот развиток на македонското револуционерно движењ, па дури и за судбината на Македонија.

> Продолжува <

Проф., д-р Томе Саздов

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********************

МИЛАДИНОВЦИ

Избрани текстови

Приредил д-р Томе Саздов

 

Професор д-р Томе Саздов е роден во Скопје на 8 февруари 1934 година. Основно училиште, гимназија и Филозофски факултет завршил во родниот град. Докторирал во Скопје со дисертацијата "Марко Цепенков како  собирач на македонски народни умотворби" (1969).

Потесната научна област на професорот д-р Томе Саздов е македонската книжевна историја и народната книжевност. Автор е на поголем број студии од овие научни области, меѓу кои и на книгите "Македонската народна поезија" (1966 и 1976); "Преглед на македонската народна проза" (1970 и 1981); "Студии за македонската народна книжевност"  (1978 и 1980); "Марко Цепенков како собирач на македонски народни умотворби" (1974) ; Монографиите  за Кузман Шапкарев (1975) и Стефан Верковиќ (1976) и антологиите "Грива тресе, бисер рони" - епски народни песни (1970); Македонски народни приказни  (1972); Збирка на народни песни од Југословенска Македонија (Атина, 1979); "Македонска народна лирика" (Ниш, 1981) и "Марко Цепенков" (на српскохрватски, англиски, француски и руски јазик, 1979).

Приредувач е на Избраните дела на К. Шапкарев (во пет томови, 1976) и на "Јужномакедонските народни приказни" на С. Верковиќ ( во два тома, 1977), како и еден од редакторите на десеттомната едиција Собрани дела на Марко Цепенков (1972 и 1980).

  • Константин Миладинов 1830-1862

    СИРМА ВОЈВОДКА

    Дека се чудо видело,
    Мома војвода да бидит,
    На седумдесет сејмени,
    На тија гори зелени,
    На тија води студени?
    Мома им веле говоре:
    "Това сос љуба не биват,
    Това сос срдба не биват!
    Земајте прстен од р'ка,
    Врзејте прстен на бука,
    Фрлејте редом на нишан;
    Кој ќе удрит прстенот,
    Тој ќе си бидит Војвода,
    И мене ќе ме кердосат."
    Сите фрљаа со редом,
    Никој ми прстен не удри.
    Мома си веле, говоре:
    "Подај ми чауш, пушката!"
    Пушката пукна от р'ка,
    Падна ми прстен од бука,
    Пак мома веле, говоре:
    "Земајте камен фрлејте,
    Кој ќе ме мене натфрлит,
    Тој мене нека кердосат,
    Тој млад Војвода да бидет."
    Сите ми се редом фрљаа,
    Никој се камен не натфрли;
    Сирма ми камен натфрли
    Десет чекори потамо;
    И седамдесет дружина
    Одбраа Сирма Војвода.

  • Димитар Миладинов 1810-1862

    ЦАР АЛЕКСАНДАР -

    Преданија -

    Цар Александар сакаше да ходит да земит безсмртна вода. Но кој одеше никој не се врашташе назад; зашто дури да стигнат некој до неа, требаше да п'туват три дни все во вошна темнина, во која луѓето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александар зеде со себе си кобила и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојание што можит да се чует гласот врза ждребе; потамо кобила, после ждребе и така подалеку дури стигна до безсмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои 'ржеха, находвеше п'тот и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напиет на утрината во недеља; и' нар'ча на сестра му да вардит, да не некако истурит безсмртната вода. Сестра му метеештем не догледа и скрши шишето. Цар Александар кога чу това, страшно се наљути; а сестра му ибегвештем љутината негова, се фрли во море и се претвори во делфин, кои, кога чует Александровото име, се криет в морските глобини.

    **************

Kind regards : 15 ноември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 107