Прокопис Павлопулос

ГОСПОДИНЕ ПАВЛОПУЛОС! САКАТЕ СРЕДБА КАЈ ХЕРОНЕЈА? НЕ УШТЕ!

*************

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Не е прв, ниту последен пат Грците да им се закануваат на Македонците. Не е прв и последен пат да го лажат светот дека тие им ја дале демократијата и сестраната наука. Не е прв, ниту последен пат да тонат во калта и да ја докажуваат својата немоќ и мизерија. Да се соочат со своите неспособности да имаат своја сопствена држава и уште повеќе од тоа, дека не се способни со неа да управуваат. Не е прв и последен пат да им солат памет на балканските народи дека се баш тие од кои зависи нивната сегашност, иднина и приближувањето кон евроатланските интеграции, како би преживееле. Не е прв и последен пат несвесно да ни докажуваат дека нивната, така наречена, грчка цивилизација е мртва и на никого не му служи за  пример кој би бил вреден да се следи. Но исто така неможат еднаш да сватат дека нивната држава за прв пат составена од парчиња туѓи земји и со помош на Англија, Франција, Америка а најповеќе Баварија и Лудвиг Први, баварски, никогаш не би го добила името Грција, за прв пат во историјата на човештвото, пак без нивна помош. За секогаш би останале  расфрлени гратчиња со човеколики суштества, кои и денес би се јаделе едни со други.

Секако би требало да се каже и фактот, дека секогаш би биле купувани и препродавани како топовско месо на странските армии за освојување на туѓи територии, меѓу кои и на сопствените, заедно со нивната Атина како предводник на злото, а не на културата стварана од грст добри и навистина способни, интелигентни и цивилизирани луѓе, кои на крајот на краевите биле истребувани од глупите, како и денес.

Но, за факт може да се земе и неспособноста да се справат со Македонците, кога би им станале доволно цврсто на малиот прст. Тоа тие  многу добро го знаат, па сега од кога нивните газди им ја направија погачата од туѓо брашно и им се наполнија забите со доволно леб, широко ја отворија смрдливата уста и ги загадуваат балканските простори заканувајќи им се, прво на Македонците, па на Турците, па Албанците и на крајот на Бугарите дека ќе ги сотрат сите заедно за навек. 

Зошто го набројав сето ова од погоре, ќе се запраша некој кој не размислува како јас или многу како јас. Па затоа, зошто веќе до нос ми дојде овој Прокопис Павлопулос, наречен претседател на Грција со неговите постојани закани и примитивни и нецивилизирани тропорења со нивната воена сила, а не со мудроста грчка, со која целиот свет се, коабајаги, "гордеел".

Злоупотребувајќи ги слабостите на македонскиот народ во Република Македонија да избере здрави и чесни луѓе за  водачи, бараат нешто што неможе да се оствари и за подолго време да потрае. Бараат обезличување на државата, народот, културата, јазикот, традициите, вековното наследство, што би рекле целото наше живеење како Македонци на македонска територија и сето тоа запишано  во најстарата книга на Христијанството и Јудеизмот, Библијата, а посебно во македоската и светската историографија.

Иронијата и ароганцијата со која се служат во нивните однесувања е гнасна и недостојна работа, која човек со просечна интелигенција и наобразба  неби требало ниту да помисли да ја прифати како појдовна точка за разговор, а посебно не за донесување одлуки или правење компромиси, како популарно денес се нагласува од некои белосветски хохштаплери и примитивци.

Секој политичар со и малку здрав ум и разум, не би требало да седне на заедничка маса да преговара за некоја сериозна работа со луѓе како нивниот Коsијас, Прокопис Павлопулос или било кој недоветен грчки "мудрец" што се служи со зборови навредувачки по достоинството и најинтимните човекови чувства, уште повеќе, кој отворено го понижува еден цел народ што внесол во светската цивилизација многу повеќе од Грците или било кој други од нашето соседство, а тоа се Македонците.

За илустрација на моите констатации и искрен гнев, ќе наведам изреки, понижувачки за секој горд Македонец на оваа земјина топка, а доваѓаат од највисоките и најодговорните личности на денешното грчко општество. Ќе ги наведам затоа, што се мирно примени од македонската влада на Зоран Заев, кој и понатака инсистира на разговори со Грците, како и со Бугарите или Албанците, при тоа спокојно и гордо нанесувајќи  бол врз  телата и душите на денешните и сите идни генерации, Македонци.

- И' велиме на БЈРМ, подаваме рака на пријателство, но нема шанси да толерираме, тоа е јасно, и тоа ние јасно го имаме ставено до знаење. Не е само фалсификувањето на историјата, затоа што Македонија беше, е и ќе остане грчка. Тоа го знаеме сите. Не само што не прифаќаме фалсификување на историјата, не прифаќаме иредентистички тензии кои повторно би го направиле Балканот буре барут во Европа - порача Павлопулос. (Зарем ние сме криви за сите војни што придонесоа поделба на Македонија и нејзиниот народ? С.Г.)

Понатака, тој благонаклоно и "пријателски" им соопштува на сите балкански народи, а особено на Македонија и Македонците дека "најискрено" ги подржува нивните европски перспективи, но конкретно, за Македонија порача дека мора да го почитува европското право!? Па продолжува:

- Кога имаш една држава која не само што ја фалсификува историјата, туку се појавува и со име кое не и' припаѓа, таа изразува иредентистички тензии. Односно во суштина, го оспорува статусот кво на границите на Балканот, во главно границите со Грција. 

Запомнете, вели Прокопис Павлопулос, дека европското право, исклучува секаков вид на оспорување на границите и смета дека државата која дури и на индиректен начин преку изразување иредентизам ги оспорува границите, го прекршува европското законодавство, а со тоа самата си ја поткопува европската перспектива - рече грчкиот претседател во обраќањето на свечената вечера во Офицерскиот клуб во Солун.

Овој највисок грчки водач досега повеќе пати има испратено вакви и слични пораки и обвинувања до Македонија при говори во различни градови низ Грција, подгревувајќи ја јавноста со омраза  и веројатно подготвувајќи ја својата војска за пресметка со северниот сосед, до колку не ги прифати нивните барања за тотална капитулација и нестанок од светската сцена. Зошто? Затоа што тој така мисли дека е најдобро за Грција! Најверојатно!

Што е тоа толку посвето од љубовта и лојалноста кон својот народ и својата татковина, за да би некој плукнал на  нивното достоинството,  да  прифати разговор со монструми кои изговараат вакви зборови, да остане мирен, да истрае, и при тоа   жив да  не  пропадне в земја и да не умре од срам?

 

ТОА МОЖАТ САМО ИСТО ТАКВИ МОНСТРУМИ И ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ГРЧКО-МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА!

Ах! Ќе забораев за средбата кај Херонеја: -да, и тоа ќе биде, кога времето ќе пристаса и кога други јунаци како Филип и Александар ќе се родат!

 

Ваш Сотир Гроздановски

Јованка Кенеска

КОХЕЗИВНОСТА ПРЕКУ ЈАЗИКОТ

***************

Критиката на предложениот закон, как што е наречен, за јазиците, поаѓа од европските и светски практики кога се определува местото на националниот јазик и релацијата што ја има со јазиците на припадниците на малцинствата во мултиетничките општества. 

Македонската држава со своето конституирање има свој титулар во македонскиот народ, а македонскиот јазик е официјален јазик како и при создавањето на македонската нацијаја, речиси, од пред два века, која како политичка заедница има граѓански карактер и од таму се заснива врз индивидуалните и колективни права на граѓаните, според меѓународните правни регулативи. Меѓутоа, со Законот ова се превидува така, што секој сегмент од политичкиот и од правниот систем се опфаќа со употребата на албанскиот јазик, појдувајќи од тезата, дека албанскиот јазик е потребно да биде во службена употреба во целата држава, толкувајќи ја одредбата од амандманот 5 на чл. 7 од Уставот на СРМ за 20% од говорниците на албанскиот јазик.

Со проблематичната теза за конститутивноста на албанскиот народ во државата, како постојана претенциозност за максимални барања, проникнувањето на етникумите и сплотувањето, да се гледа само преку решенија за застапување на албанскиот јазик,  се превидува дека во заедничката постојбина сврзникот е, токму, македонскиот јазик и изградената култура врз него.

Затоа што јазикот нема само техничка улога во комуникацијата, туку тој во нацијата е говор. Ја искажува севкупната општествена стварност и повратно влијае да се разбираат состојбите. Крсте Мисирков ја определува духовноста, како основна крактеристика на јазикот.

Токму изоставувањето на духовноста, како суштествен начин на сплотеност, таа се негира со воспоставување на sидови и различни светови врз јазична основа, кои консенквентно ја разнебитуваат целовитоста на опоштественото ткиво и сплотеноста, доведувајќи ги, при тоа, под прашање правата  на македонскиот народ во  развојот на неговата духовност, и истовремено редефинирање на македонската држава во име на "практичното" решавање на албанските барања, за комуникација на својот јазик.

Покрај тоа, сосема е јасно  дека и социолошкиот, филозофскиот, па и политиколошкиот приод се изоставуваат, со што не се признава легитимитетот на социјалната теорија, филозофијата па и политикологијата, токму каде лежат одговорите за кохезивноста и демократичноста во нашето општество.

Потребно е да се направи разлика помеѓу природното право на поединецот да говори на својот јазик и правото на колективитетот за нивна регулација. Дискусиите и во МАНУ, покрај заложби apriori и на поединци филозофи околу природните права на човекот, што   се како  хуманистичка визија прокламирани со француското просветителство, од 18-от век, ја превидуваат политичката теорија и пракса дефинирани како граѓански права, што токму го усложнија определувањето на позицијата на македонскиот во релација со албанскиот јазик. Па, и ако намерата беше да се постигне сплотеност помеѓу припадниците на албанскиот етникум со македонскиот народ, пледирајќи на афирмација на природното право на поединецот за употреба на етничкиот јазик, искажувајќи ја и нереалната визија да се поврати патријархалната практика на односи, познати преку синтагмата "порти капиџик", се превиде сета изодена практика на слетствените политички облици на организацијата на општествените заедници и на политичката теорија, која укажува на начинот на кој се регулираат адекватните односи во јазичната сфера на современите заедници, според Декларацијата за јазиците и соодветните конвенции.

Поучни се сознанијата од историскиот момент кој е претпоставен во создавањето на Европската заедница со постигнувањето на договорот за Алзас и Лорена помеѓу Германија и Франција, надминувајќи го нивното непријателство, причината за војните и за државната супремација над областите. Во овие области, во кои се говори старогермански јазик, со влегувањето во француската територија, официјален јазик е францускиот јазик. Но, она што притоа е индикативно, е, имено, препознатливото општествено ткиво во кое се споени различните култури. Француската питоресктност и германската организираност.

Можеме ли ние да препознаеме дека во Македонија се одвиваат процеси на вистински соживот кои што се пројавуваат и врз културата на заедничкото живеење? Или дека, наместо тоа, градиме само sидови при што така наречената официјализација на албанскиот јазик на ниво на целата држава, ќе го подели дефинитивно општеството. Така што наместо кохезивност, се создава хаос во комуникациите. Со правни и процедурални нерегуларности и без секаква финансиска сомереност, што не го прават и најразвиените држави во светот.

 

Пишува: Јованка Кенеска

www.svest.mk

 

 

 

Проф., д-р Тања Каракамишева-Јовановска

СУРОВА РЕАЛНОСТ

*************

д-р Тања Каракамишева-Јовановска

 

Деценија и кусур потоа, работите не се помрднати ни милиметар на подобро. Гледаме исти,  па дури и полоши тенденции и настани кои не' враќаат на темното транзициско време, во кое криминалците доминираа на политичката сцена и во кое токму тие криминогени структури ја беа запоседнале целокупната политичка, правна и економска содржина, на системот.

Македонија и после се' останува заробена држава од политичките елити и нивните послушници кои наместо да работаат за доброто на сите, упорно си го полнат чекмеџето за лични интереси и сметки, а цената ја плаќаме ние, обичните граѓани.

Пустиот народец поделен, осиромашен, затруен од партиската омраза што како реа се шири на сите страни, остана со прстот во уста. Од сите страни сардисан. Во недостаток на програма, на проекти за граѓаните, владејачката структура се зафати со воскреснување на старите и проверени криминални постапки на купување гласови, мизерни подмитувања на гласачите за зејтин, брашно, огревни дрва и други намирници, како и многу пари во ќеш кои не се криеше во јавноста. Повторно на сцена е малтретирањето на ранливите категории граѓани кои поради немаштијата најмногу се подложни на овие форми на уцени и закани. Повторно на сцена се старите финти на СДС, ако не гласаш за нас ќе бидеш набркан од работа, ќе ти настрада целото семејство. ќе ти се случи ова, ќе ти се случи она.

Од друга страна, државните изборни органи сосе дел од полицијата и обвинителството заслужуваат да бидат ставени на комплетна ревизија во работењето поради непреземањето ништо во насока на почитување на Уствот, на законите, на правниот поредок во земјата.

Тие се должни да реагираат на секоја незаконитост, а не да бидат соучесници во криминалот. За жал, и посебното одделение при ОЈО за изборни нерегуларности остана нем  набљудувач на криминалот што се случуваше, и се' уште се случува на овие локални избори. Кобајаги никој ништо не виде, сите се прават недоветни и со замижени очи, а всушност, сите видоа се'. И сите молчат. Сите се плашат да ја кажат вистината од разно-разни лични, субјективни или други причини. Всушност, целата јавност е замолкната уште пред да почнат изборите. Замолкнувањето се правеше тенденциозно и со причина. Со доаѓањето на владата на СДС замре критиката. Таа просто напросто е забранета, или таму каде што мора да ја има се "толерира"  со инструирани и планирани напади од сите страни на оние т.н. борци на слободата, а со вистинско име познати како платени твитерџии. Медиумите се притиснати до sид и принудени да молчат и да се прават на Тошо, новинарите се ставени во истиот ќош, се глуми слобода и демократија, а на секој чекор владее тоталитаризам, диктатура, цензура, самоцензура.

Откако шарените се напикаа по државните институции наеднаш државните органи се одлични за нив. Она што до вчера го бојадисуваа, плукаа, истураа омраза врз се' што постоеше небаре стануваше збор за смртни непријатели, сега е удобен простор за креативност и "иновативност". Државните органи им станаа топло место во кое тие си ја најдоа слободата за нивниот живот. Никаде ги нема збор да гукнат за изборните нерегуларности, за секојдневното осиромашување на државата, за теророт што го трпат граѓаните од несоодветните политики на нивните партиски компањони, молчат и траат во новите гнезда, гувејат како мустри пред венчавка.

Полицијата ја одбра страната на партиски војник. Сите критики што СДС ги упатуваше како опозиција веќе не важат. Сега, кога тие ги запоседнаа државните структури, и кога го практикуваат како  владеење сето она што до вчера го плукаа и го опсипуваа со омраза и гнев, мора да биде поздравено од сите и од секого. Не смее да се изусти ни збор критика против Црпко, Рада и останатиот елитистички свет, не смее да се изусти ни буква револт. Отсуствува се' присутната критика од меѓународната заедница кога предходната власт организираше избори. И не само тогаш. А проблемите се исти, или слични. И тие европски или светски лепотани мижат, ги затвораат очите во знак на солидарност за Црпко за конечно да ја оствари нивната цел во Македонија. Да не преименуваат сите топтан. А после, после сигурно ќе биде послан на црпната постела, нокаутиран токму од неговите сегашни бранители, но кој ќар ќе го има Македонија и Македонците од таквиот негов нокдаун. Замерлушени, продадени, предадени, оставени без ништо, ние Македонците ќе треба од почеток да градиме нови столбови на државата, затоа што од постојната нема да остане ништо.

Од нив веќе сега нема ништо!

 

Објавено во

www.kurir.mk

29 октомври 2017.

БОРЦИ ЗА "ПРАВДА"!?

ВИСТИНАТА ЗА ОНИЕ КОИ ДО ВЧЕРА КРШЕА ИНСТИТУЦИИ А ДЕНЕС СЕ НИВНИ ДОМАЌИНИ!

******

 

Крајностите во политиката создаваат радикални групи во општеството. Говорот на омраза кон политичкиот противник или едноставно кон оној што поинаку размислува од другиот раѓа повеќе омраза, желба за одмазда и поголемо зло.

 

 

Борците за слобода на говор кои воедно го носеа дресот на противници на говорот на омраза станаа извор на истиот тој говор на омраза против кој се "бореа" и најголеми цензори на модерното живеење. Многумина поверуваа во приказните за некоја си имагинарна режимска и заробена Република Македонија, а никој не се сети дека луѓето што ги гнасеа и кршеа државните институции, денес гордо се нивни домаќини. Ако квалитетната политичка понуда се бира по тоа колку може да ги предадеш принципите кои жестоко си ги бранел, тогаш шарените функционери би владееле вечно. Единствено што треба да им се признае е тоа, дека по некоја извитоперена смисла за морал, шарените однапред најавија и кажаа се' што ќе прават. Прогони, жигосувања, црна пропаганда, неработење и празни зборови станаа "боите"  на нивното владеење. Во неколку прилики, членовите на нивната политичка елита говореа за правдата и како  еден невин во затвор е полошо од десет криминалци на слобода. Тоа и се случи, криминалците излегоа на слобода и добија партнер во водството на нашата "слободарска" Македонија.

Сите разумни луѓе знаат дека политиката е превртлив занает и нужно зло во општественото живеење. Народот е секогаш мудар и го бира она помалото зло, за доброто на повеќето. Тоа се случи во Македонија и на последните избори. Народот го кажа своето, па сценаристот мораше да интервенира за да го заштити својот играч. Исто така, сакам да ги потсетам оние кои покрај се', се' уште веруваат во приказната на овие гладни политички марионети кои ја уживаат вашата подршка, пред некое време ги срушија етничките бариери и коалиции во политиката, гордо го бранат законот за употреба на јазиците и отворено заговараат двојазичност во Република Македонија. Ете, за да не речете дека таа тема е ВМРО-вска измислица и причина за разгорување на национални чувства за добивање политички поени, во кратки црти сакам да ви укажам на апсурдноста на ова зконско решение. Покрај тоа што овој т.н. закон за јазици, во кој всушност се крие само еден јазик, го руши концептот за Заедничка Крушевска Македонија, која е еден од најубавите концепти за заедничко мултиетничко општество, тој е едно крајно нерационално, непрактично и противуставно решение. Ете и да ги тргнеме настрана бурните реакции на професорите, политичарите и македонскиот народ, овој закон ќе ни го отежнува секојдневниот живот, ќе ја успори правдата, ќе ја зголеми недовербата во институциите и ќе направи големи трошоци.

За крај би сакал само да се осврнам кон една тема на која шарените функционери гордо милуваа да поентираат. Слободата на медиумите, слободата на медиумите, слободата на медиумите. За оваа тема народот слушаше повеќе од рекламите на поранешната Влада, а денес живееме во земја во кое имаме Министерство за вистина со еден куп вработени, небаре живееме во Северна Кореа и се снимаат пропагандистички серии финансирани од странски амбасади, небаре се вредности од животно значење. Медиуми се затвараат,  осиромашуваат и гонат, а постој и тело кое им дели воспитни на националните медиуми ако кажат ВМРО повеќе од дневно дозволеното. За да биде иронијата поголема, некои во одбрана на режимот во раѓање велат дека ова е само друга страна на паричката, а и самите не знаат дека веќе почнаа да се коваат парички само со нивната страна на паричката. 

ДОЛУ РЕЖИМОТ! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

 

 

05 октомври 2017 година,

puls24.mk

 

Шеќеринска, министрерка за одбрана на Р. Македонија и Заев Премиер на Р. Македонија со своја тајфа во "слободарска" акција против државните институции.

Блаже Миневски

АНТИЧКИТЕ И СРЕДНОВЕКОВНИТЕ МАКЕДОНЦИ ЗБОРУВАЛЕ ИСТ ЈАЗИК

КНИГА ЗА ГРЦИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ ОБЈАВЕНА ВО ВЕНЕЦИЈА ВО 1532-ТА ГОДИНА

***********

Пишува Блаже Миневски

 

Во оваа исклучително интересна книга што се чува во НУБ "Св. Климент Охридски", професорот Винко Прибојевиќ, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот кој што го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.

Винко Прибојевиќ како исклучително учен човек, за тоа време, одличен познавач на античката класична историја е роден на островот Хвар, каде што завршил основно образование, потоа заминал во Италија , најпрво на студии по теологија, за подоцна да специјализира и да стане еден од најугледните професори по теологија, во тоа време.

Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекувал Македонскиот полуостров, Прибојевиќ во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири. Токму затоа во воведното обраќање до својот пријател Петар, Патрициј и заповедник на Галија, кој најверојатно го платил печатењето на книгата, меѓу другото бара книгата "да биде издадена за општа полза на сите, но без да се исфрлаат цитатите на писателите наведени паралелно со главниот текст отстрана".

И според цитатите и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека  Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик.

Самиот Тукидид, вели Прибојевиќ, во 1525-та година кога ја пишува книгата тврди дека "Македонија зафаќа простор од Византија, Тракија, Мизија и Илирија", а "разликата меѓу Грците и Македонците веднаш се воочува од карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност во карактерите и обичаите не може да стане збор дека Грците и Македонците се ист народ".

Оттука, продолжува Прибојевиќ во својата книга од почетокот на 16-от век, "кога атињанинот Диоскип требало да се пресмета во двобој со Македонецот Хорат, меѓу војниците на Александар, како што пренесува Квинт Курциј, Грците биле тие што го бодреле својот Диоскип.

Зошто, вели Прибојевиќ, "ако Македонците биле Грци, грчките војници не го бодреле Македонецот Хорат, како што го бодреле Гркот Диоскип?" Самиот Прибојевиќ поставува уште многу вакви прашања, користејќи изворни сведоштва што ги собрал истражувајќи за историјата на автохтоните народи на Македонскиот полуостров.

 

Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!?

 

Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевиќ користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот кој што го зборувале и таа 1525 -та година, кога тој ја пишува својата книга. Значи, според него, Македонците живееле на овие простори и во тоа време, во почетокот на 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.

 

Винко Прибојевиќ 15 -ти век, после 1532, на островот Хвар,

Ваквото тврдење на Винко Прибојевиќ секако не и' лежи на срце на македонската петта колона која тврди дека имало голема празнина, без Македонци, од времето на апостол Павле до книгата на Крсте Петков Мисирков во 1903-та година, односно дека Македонците исчезнале заедно со јазикот, обичаите, традицијата и својата историја. Дека тоа е обична измислица на оние што не се чувствуваат, и никогаш не се чувствувале Македонци, може да се види кај Прибојевиќ уште во 1525-та година, а не денес.

Имено, тој тврди дека Македонците во тоа време, во времето во кое тој живеел, го зборувале "истиот свој јазик каков што користеле и пред 1500 години, кога Грците не можеле да ги разберат што зборуваат па морало да се преведува". Еве што вели професорот од Венеција од 16-ти век: "Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга "Делата на Александар Велики".

Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можел да го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: 'Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик', а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да ме разберат. Тогаш Александар веднаш додал дека Филота го мрази својот мајчин јазик".

Ако Македонците биле Грци, тогаш овој проблем воопшто не би бил проблем, зошто сите би зборувале грчки јазик. Фактот дека мајчиниот јазик на Македонците се разликувал од оној на Грците во војската на Александар Македонски, јасно покажува дека Македонците никогаш не се чувствувале Грци, бидејќи припадноста на  еден народ, како што вели Прибојевиќ, најдобро се докажува со единственоста на јазикот, па " за припадници на еден народ ги сметаме оние кои уште од најрана доба заедно со мајчиното млеко го примаат истиот јазик".

Ако Македонците и Грците биле ист народ, смета Прибојевиќ, тогаш немало потреба Александар Велики да се нарекува крал на Македонците и Грците, туку само крал на Грците. Значи, вели тој во својата книга стара пет века, бидејќи Македонците имаат свој јазик, а тој јазик не паднал од небо, јасно е дека тие отсекогаш па и денес, како што сведочи и големиот Филип од Бергамо, го имале истиот јазик што го говорат и сега.

Ако е така во 1525-та година, кога е кажано и напишано од Прибојевиќ, тогаш сосема е веројатно дека Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик, оној што го зборувале Македонците отсекогаш. Според Прибојевиќ, Александар, Самуил и свети Климент, на пример, во 1525 година би се разбрале меѓу себе на својот мајчин јазик!

 

Немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците!

 

Според Прибојевиќ, "немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците", па "голем дел од нивната најстара историја по Александар Македонски останала  непозната". Но, сепак и оние податоци, кои, макар и против своја волја, како што вели, ги пружале другите автори, доволно јасно укажуваат на тоа дека ниту во воената слава, ниту во поседувањето на многу земји, подоцнежните таканаречени Словени не заостануваат зад ниту еден народ, туку, напротив, со своето славно потекло им заповедале на други народи.

Записите на Јулиј Капитолин, Требелиј Полион, Флавиј Вописк, Секс Аурелиј Виктор, Еутропија, ѓакон Павле и многу други по нив, пишува Прибојевиќ, потврдуваат дека многу римски цареви и многу папи се таканаречени Словени. Но, кога и само накратко би ги раскажал нивните дела, вели тој, би морал да напишам многу томови. Притоа, вели професорот од Венеција, не можам молчејќи да поминам преку овие факти: "Кога битките биле на море или на копно, Словените секогаш или ги совладувале своите непријатели или во машка борба ја наоѓале својата смрт.

Ништо кај нив не се смета пославно и подостоинствено од тоа да се победи или да се загине во јуначка борба. Затоа, кога сакаат нешто да им веруваат, се колнат со зборовите "Да умрам веднаш, ако тоа не е така". Словените сметаат дека не е важно дали ќе загинат или ќе победат, доколку тргнат напред со својата желба за слава.

Можеби е чудно, пишува Прибојевиќ, "но сепак треба да се знае вистината дека дури и турскиот султан неверојатно многу ги ценел луѓето од македонско потекло, и затоа токму од нив ги именувал речиси сите главни команданти на војската, па така од нив формира силен одред од 20.000 луѓе за лична стража.

Затоа, за жал, фактите зборуваат, особено во она наше несретно време, пишува Прибојевиќ во 1525-та година, дека Отоманските окупатори, со помош на вакви одреди, совладуваат кралства, заземаат царства, освојуваат утврдени градови и со сите сили настојуваат да го срушат римското царство и да ја сотрат вистинската вера.

И не само Отоманската, сега, туку и Млетачката република која била некогаш страв и трепет за своите непријатели, особено на море, најсилна била тогаш, кога во своите редови имала словенски војници. Всушност, никој никогаш не видел овие народи, кои подоцна биле наречени Словени, да бидат млитави за борба или да веднат глава пред својот непријател", завршува професорот Прибојевиќ.

 

Римјаните измислуваа провинции, само да го снема името Македонија! 

 

Во својата книга за Македонскиот полуостров и неговата историја, но онаа историја што не ја прекроиле или искривиле противниците на балканските народи, почнувајќи од антиката па се' до таа 1525-та година, кога ја пишувал книгата, Прибојевиќ изнесува стотици цитати кои ги користи како извори за да ја поткрепи својата теза за прекинатата историја на народот кој на Балканскиот полуостров се доселил, наводно, дури во шестиот век.

Според него, таканаречените Словени, се разбира под други имиња, отсекогаш биле тука, а преселбата е измислена само за да се поништи континуитетот на опстојувањето на древниот народ низ вековите. За Прибојевиќ, кој е роден на островот Хвар, сите поделби на овој дел од Европа биле правени само за да се поништи автохтоноста на народот што живеел на своите вековни огништа, со илјадници години.

Затоа тој тврди дека треба да се напушти старата поделба на покраини, која непријателите успеале да им ја врежат на таканаречените Словени, и повторно да се користи единствено точната и природна граница на народите што живеат, како што вели, на Македонскиот полуостров. Зборувајќи како Далматинец за Далмација, ја опишува и нејзината граница која на "запад оди до Истра, на исток граничи со Епир и Македонија, на север се простира до Босна и Хрватска, а на југ е Јадранското Море". 

 

СРЕДНА ДАЛМАЦИЈА

Тоа се границите кои од секогаш биле природни граници на полуостровот и кои обичните луѓе на Хвар ги знаеле и во почетокот на 16-от век, како што вели Прибојевиќ. Иако Македонија, како држава, во тоа време не постоела, границите останале да се помнат како граници на Македонија. Интересно е тоа, што Прибојевиќ никаде во својата книга не ја споменува Бугарија и Бугарите како дел од таканаречените Словени на Македонскиот полуостров.

Всушност, само на едно место има некаква асоцијација дека "целата земја до Црното Море е македонска земја која подоцна е прекрстувана со разни имиња, за да се покрие трагот на вистината за Македонија".

 

Значајни факти за потиснатата историја на Балканот

 

Примерок од книгата на Винко Прибојевиќ, објавена во Венеција во 1532 година била пронајдена дури во 1922-та година од страна на академик Новак Грга, кој во 1951 година бил член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.

Благодарејќи му нему во 1951 година книгата е објавена прв и последен пат двојазично, односно латинскиот оригинал што бил печатен во Венеција во 1532-та година и преводот на српско-хрватски јазик, направен во 1951-та година. Интересно е тоа што Народната библиотека во Скопје книгата ја добила во 1952-та година, значи една година по објавувањето, а според печатите на првата страница нејзиното заведување преку ревизии во библиотечниот фонд била правена три пати.

Од печатите на книгата може да се види дека била пререгистрирана во 1957, во 1965 и во 2002-та година. Според академикот Новак Грга, делото на Винко Прибојевиќ во својата концепција и со своите ставови е од "епохална важност, затоа што открива значајни потиснати факти за славата на таканаречените Словени" на Балканот. Оттука, смета тој, делото на Прибојевиќ е едно од најважните дела на балканската историографија и заслужува посебно место и во меѓународната историографија.

За академик Грга, и покрај некои грешки во цитатите на старите автори, Прибојевиќ "без сомнение е многу добар познавач на класичната историја, а можел да користи и грчки и латински извори. Исто така, одлично ги познава и делата на светите апостоли, но и делата на Аристотел, Августин, Тома Аквински и други", или, како што вели академикот Грга, тој е "многу учен човек кој владеел со тогашната литература, ги познавал сите тогашни големи историски дела, кои не само што ги читал, туку и внимателно ги проучувал".

Oд друга страна, академикот на ЈАЗУ, кој напишал и предговор за изданието во 1951-та година, вели дека Прибојевиќ се служел  и со сите тогашни енциклопедии, во прв ред со енциклопедиите на Калепин, Бергомас, Изидор и Бионд. Сето тоа, констатира академик Грга, го употребил во своето дело, кое така добива научна форма карактеристична за времето во кое ја пишувал својата книга, која, во првата фаза, всушност била говор што го одржал пред учените луѓе на Хвар.

 

Папата наредил да се спали книгата што користела цитати од Прибојевиќ!

 

Мошне интерсно е тоа што Винко Прибојевиќ, односно неговата книга за Македонците, и нивната историја, која на латински јазик била отпечатена во 1532 година, извршила огромно влијание врз Мавро Орбини, кој ги прифатил неговите тези и во 1544 година во Рим објавил своја книга од оваа област.

За жал, книгата веднаш била забранета, а папата наредил да се спали до последниот примерок. Сепак, еден примерок, најверојатно, некако бил спасен, па делото на Орбини повторно е печатено во 1601 година, а во неа се разработени сите главни насоки од книгата на професор Винко Прибојевиќ.

Во секој случај, како што вели академик Грга, прибојевиќ бил голем патриот, кој прв ја изнел концепцијата за големината на Македонците, за народот на Македонскиот полуостров од антички времиња до средината на 16-ти век, настојувајќи тоа и научно да го докаже.

Колку успеал во тоа, и колку оваа негова книга може да се смета за научна, треба да каже науката, а единствениот примерок од неа постој и се чува во НУБ свети Климент Охридски, во Скопје.

 

 

Блаже Миневски

*******************

 

 

 

Партизанки од Егејска Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Петта

ДЕЛ 53

**********

Пишува Наум Пејов

 

 

СИСТЕМСКИ ПРОГОН НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

1. Положбата на македонскиот народ под грчка власт

Продолжение

 

Македонците од Егејска Македонија беа доследен сојузник на работничката класа на Грција во нејзината борба за едно поправедно општествено уредување, за едно демократско општество и на тој начин да ги оствари своите национални идеали. Раководството на Комунистичката партија не најдуваше, секогаш, начин доследен во политичката акција и организационата практика за да ги мобилизира силите на македонскиот народ, очигледно плашејќи се од владеачката буржуаска идеологија  и националистичко-шовинистичките идеи за "Голема Грција",  фанатично проповедувана и всадувана во Грција. 

Комунистичката партија на Грција и работничкото движење имаше силна подршка во Македонија и Македонците кои ја делеа судбината на тоа движење, во плимата и осеките.

До средината на триесеттите години, поточно до 1935 година, ставот на КПГ по македонското национално прашање беше единствен со ставот на другите балкански партии и III-та Интернационала т.е. за обединета и независна Македонија и Тракија.

Во решенијата на VI Пленум на ЦК КПГ, од јануари 1934 година "за ситуацијата во Грција и задачите на партијата" стои: "...национално самоопределување на потиснатите Македонци и Тракијци, полна национална рамноправност на Евреите". {стр. 347 од изданието на КПГ - 1918-1958 избрани документи, ноември 1958 година}.

По рефератот на V Конгрес на КПГ одржан 1934 година, за активноста на ЦК "Револуционерниот успех и борбата против фашизмот и војната" прифатен  едногласно, во резолуцијата на Конгресот стој:

"Подршката и помошта на револуционерните организации на националните малцинства за зацврстување на нивните организациони позиции, во катадневната борба за сите прашања,  како на пример национално-економското угнетување во буржуаско-феудална Грција, и признавањето   право на самоопределување до државно отцепување, на КПГ  ќе и' овозможи да ја здобие довербата на потиснатите малцинства и да ги направи сојузници на пролетаријатот во очекуваната револуција, во нашата земја.

КПГ треба да се бори решително за сузбивање на грчкиот големонационализам и неговите манифестации во нејзините редови и за интернационалистичко воспитивање на грчките работници и земјоделци" {Стр. 363 - Четириесет години на КПГ 1918-1958 година}.

Но, веќе во решенијата на III Пленум на ЦК КПГ кој се одржа во април 1935 година, стои следното:

"По пучот од март нашата Партија на место на лозинката "обединета и независна Македонија и Тракија" ја истакна лозинката "полна рамноправност на малцинствата". 

Оваа промена на лозинката по однос на националните малцинства во нашата земја  не значи негација на марксистичко-лењинистичкото начело за самоопределување на националните малцинства. Замената на старата лозинка "обединета и независна Македонија и Тракија" ја наложува измената на националниот состав во грчкиот дел од Македонија во тесна врска со промената на условите во кои денеска се развива револуционерното движење на Балканот и посебно во нашата земја, со основна задача антифафашистичка борба и борба против војната". {стр. 426-427 Четириесет години на КПГ - 1918-1958 година}.

Откако ги потцртува зголемените одговорности на КПГ да ја помогне борбата на малцинствата, во истото поглавје на крајотт е запишано следното: "Нашата партија не престанува на нагласува дека конечно и дефинитивно македонското прашање ќе се реши братски по победата на советската власт на Балканот, која ќе ги раскине нечесните спогодби за размена на населението и ќе гипреземе сите практични мерки да се ликвидираат империјалистичките неправди. Само тогаш македонскиот народ ќе најде целосно национално воспоставување." {стр.426-427 Четириесет години на КПГ -1918-1958 година }. (Впрочем, измената на етнолошкиот состав не може да го замени економскиот принцип и економската нациобална целина).

Раководството на КПГ за време на Народноослободителната борба на Балканот заборави на истакнатите револуционерни обврски и направи груби грешки во политичката активност и организационите мерки како во времето на НОБ, така и за време на граѓанската војна и потоа - земајќи во предвид: дека работничкото двишење не е имуно и од сопствени деформации и дегенерации и дека треба да ги преземе сите мерки од нив да се обезбеди, особено тогаш кога го сема кормилото на судбината на народот во своите раце. Бидејќи тогаш во практиката можат да се проверат ставовите од конгресите и пленумските резолуции. Ниту бугарското ниту грчкото раководство не постапи така, затоа западнаа во сопствена противречност.

> Продолжува <

Петар Д. Драганов 1857 - 1928 Руски Филолог

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 53

МАКЕДОНИЈА ВО XIX  ВЕК

******************

4. Афирмацијата на македонскиот национален идентитет во Кресенското востание

 

Во годините по Берлинскиот конгрес растела и се образувала онаа македонска генерација која, по силата на историските околности, ќе биде предодредена да учествува и да раководи со последните и решавачки револуционерни борби на македонскиот народ за слобода и зачувување на единството на земјата. Тоа е времето кога пушката речиси мирувала, но затоа, пак, историските процеси кои се развивале на македонската територија ги создавале оние неопходни политички претпоставки што го условија продолжувањето на ослободителните борби прекинати во 1881 година.

Токму во овој период, благодарение на натпреварувачкиот карактер на религиозно-просветните пропаганди (покрај другото), Македонија се "збогатила" со бројна интелигенција, нешто за кое дотогаш никој не можел да го претпоставува. Се разбира, таа била создавана за потребите на оние што ја создавале. Но без разлика на плановите, желбите и очекувањата на егзархот или на патријархот,  големото мнозинство од таа интелигенција си останало македонско и се ставило во служба на својот народ - во служба на неговите стремежи и аспирации за слобода.

Напоредо со разбивачките и асимилаторски акции на странските пропаганди се развивал и отпорот против нив, а во зависност од таквите услови, својот пат го пробивала и македонската национална самосвест. Родена во почетните години на преродбата, таа постојано ќе биде присутна во разни форми, особено во вид на отпор против носителите на бугарската и грчката политика за доминација во духовниот и општествениот живот на христијаните во Македонија, а се интензивирала по формирањето на Бугарската егзархија со која, создадена од султанот 1870 година, бугарската пропаганда и официјално го стекнала правото да го управува и да го насочува духовниот живот на оној дел од македонските христијани што ја признале нејзината религиозна власт, претпочитувајќи ја неа како словенска пред Грчката патријаршија.

Бидејќи немало услови за обновување на Охридската архиепископија како македонска црква, националната духовна идеја била ставена во ситуација да се пробива и да се развива во мошне сложени услови. Во шеријатската Турција националната активност била право и привилегија на признатите од Портата црковно-пропагандни институции, какви што биле Егзархијата и Патријаршијата. Овие, пак, де факто станале органи на надворешните сили (држави) и работеле во нивни интерес. Значи, фактички легална, македонска национална духовна активност во земјата била оневозможена од двете цркви кои работеле во интерес на Бугарија и на Грција, а револуционерната борба, пак, како националноослободителна акција што имала сосема поинаков карактер, поради средствата што ги применувала (за автономија и државност), нормално не била прифатлива, дејствувала илегално и била во жесток судир со османлиската власт: Борбата за национална слобода била насочена, на прво место, против османлиската доминација, а потоа и против оние сили што го цепеле народот и го прогласувале за свој, измислувајќи аргументи за да ја оправдуваат политиката за делење и завладување на Македонија.

Македонското ослободително дело, национално и политичко по своите стремежи, објективните услови го принудиле јавно да се промовира најпрво во странство и од некои странци што , престојувајќи претходно во Македонија, аргументите за градење на својот став ги црпеле лично од самиот терен!

Петте и нешто повеќе години пред формирањето на Македонската револувионерна организација (1893 г.) се особено богати со настани мошне значајни за развитокот на македонското национално движење. Во овој периот рред балканската и поширика научно-политичка јавност јавно била изнесена вистината за Македонците како одделен словенски ентитет и тоа од еден истакнат Бугарина, Петар Д. Драганов, инаку познат руски научник - славист, лингвист, демограф. Тој се јавил со тврдењето дека Македонците се посебен словенски народ, со што предизвикал бурни реакции кај заинтересираните научно-политички кругови во Бугарија и во Србија. Во дискусијата што се развила по ова важно прашање се вклучиле и руски научни работници.

Во својата книга "Народноста на македонските Словени" (1890 г.) Австриецот Карл Хрон ќе подвлече: "Во моите сопствени студии ... дојдов до убедување дека Македонците, како по својата историја така и по својот јазик, се посебен народ..."

Значи, македонското прашање како национално веќе било поставено пред научните кругови на Европа, а особен интерес и бура предизвикало во Бугарија и во Србија.

Во Бугарија, при редуцирани демократски слободи, се раздвижила и македонската емиграција (во времето на Стамболов), која во почетокот испровоцирала дискусија околу судбината на Македонија. Приближно во истото време кога жестоко се реагирало на ставовите на Драганов, во в. "Македонија" на К. Шахов се развила интензивна дискусија за иднината на Македонија. Во овој весник се појавиле разни идеи, предлози, полемики и изливи на македонскиот патриотизам, но и жалење по санстефанска Бугарија. Значи, се поставило прашањето за ослободувањето на Македонија и за средствата за неговото реализирање.

Од гласилата што биле отворени носители на бугарската анексионистичка политика спрема Македонија може да се добијат повеќе информации за тоа кон што, всушност, се стремела патриотски ориентираната македонска интелигенција отколку, на пример, од весникот "Македонија". Така, на пример, весникот "Југозападна Б'лгарија" сеел отров против сите противници на неговата политика - Македонија да стане југозападна провинција на Бугарското Кнежевство. Со самото тоа тој, всушност, ги жигосувал оние сили што објективно ја афирмирале македонската национална кауза, која со големи тешкотии си го пробивала својот пат. Тоа особено го правел владиниот весник "Свобода", кој со полициска прецизност ги следел сите македонски јавни или тајни ослободителни манифестации и ги изнесувал пред јавноста како антибугарски.

Во овие години на јавни национални пројави и акции, на јавни дебати и полемики околу прашањето за ослободувањето на Македонија, во Бугарија изникнале тајни и јавни македонски здруженија меѓу кои по своето значење се издвоила Младата македонска книжовна дружина (1891 г.) со нејзиниот печатен орган "Лоза". Таа била формирана главно од оние ученици и студенти што биле незадоволни од егзархиските училишта па затоа пребегале од Македонија во Србија (1888-1889), а незадоволни и од српските власти, немајќи друг избор, преминале во Софија.

Младите "Лозари", како што пишува Мисирков, сакале да ги "одделат интересите на Македонците од бугарските со воведување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци". Тоа што "лозарите"  настапиле под "маската бугарска" не можело  да ги заблуди противниците, бидејќи во содржината на "Лоза" лесно можела да се препознае македонската национална суштина - во неа многу се пишувало за Македонија како "своја татковина", koja повикува на помош за спас од посегањата на соседите, што значи за спас и од Бугарите. Прогласена од . режимот за непријателска, Дружината во јуни 1892 година била забранета. Повеќе членови од Дружината ќе земат учество во формирањето и изградбата на Внатрешната организација, а најистакната личност меѓу нив бил Петар Поп Арсов.

Малку подоцна, национални друштва на македонски младинци биле формирани и во Србија. Во текот на 1893 година било формирано друштвото "Вардар", а подоцна, 1902 г., бил формиран Македонскиот клуб, кој го  издавал неделникот "Балкански гласник". Тоа е првото гласило во кое македонските национални дејци успеале во тие години пред пошироката јавност толку јасно да ја дефинираат својата национална и политичка програма за решавање на македонското национално прашање. 

Внатре во Македонија, најкрупна национална појава во годините непосредно пред формирањето на Македонската револуционерна организација било движењето во Скопската епархија за црковно осамостојување на Македонија преку обновување на Охридската архиепископија. На чело на ова движење застанал егзархискиот митрополит Теодосиј Гологанов (Теодосиј Скопски). Поврзувајќи се со истомислениците, тој презел низ мерки за отстранување на воспоставениот егзархиски апарат и за негова замена со свои мерки за отстранување на бугарскиот јазик и сл. Целата политика што ја спроведувал Теодосиј водела кон црковно осамостојување не само на Скопската епархија туку и на цела Македонија. Тој се обидол тоа да го постигне преку унија со папата. Во декември 1891 година лично се сретнал во Скопје со претставникот на Римската црква во Цариград, Бонети, пред кого ги изнел условите за премин во унија.

Решавањето на црковното прашање според планот и барањата на Теодосиј поставени пред Бонети, всушност, значело решавање и на македонското национално прашање. Таквата политика и дејност на митрополитот предизвикале огорченост не само кај Егзархијата и Патријаршијата, туку и кај српската пропаганда. Егзархот со помош на османлиската власт успеал да го отстрани владиката во Скопје, со што бил провален и овој сериозен обид со помош на Римската црква историјата на Македонија да тргне по патеките што воделе кон националното ослободување. Веќе станало очевидно дека се' што се случувало во Македонија, особено безкрупулозното мешање на соседите во македонските работи, па и начинот на водењето на османлиската политика, која доста успешно го користела познатото средство - раздели па владеј, водело  единствено кон еден резултат - поделба и грабеж на Македонија.

 

> Продолжува <

Кочо Рацин 1908-1943

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************************

КОЧО РАЦИН

 

Коста Апостолов Солев е роден на 22 декември 1908 година во Велес, во семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев. Имал гладно и сиромашно детство во кое многу работел и учел. Рано го сватил ропскиот живот на македонскиот народ и затоа уште во детството кај него се јавила омраза кон експлоататорите. Поради сиромаштијата го прекинал школувањето во II клас нижа гимназија и му се посветил на татковиот, грнчарскиот занает. Но, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот и учејќи на свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози, писатели и мислители.

Меѓу двете светски војни станал член на Комунистичката партија на Југославија.

Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски јазик стихозбирката "Бели Мугри". Книгата била забранета, но сепак брзо се раширила меѓу македонското население. !941 година Рацин работал во Софија, но по смртта на Коле Неделковски, бил гонет од софиската полиција, па избегал во Скопје. Тука работел во Народната библиотека, а живеел илегално. Малку подоцна се вклучил во партизанските одреди. Го издавал весникот "Илинденски пат". Работел во партизанската печатница и подготвувал нова книга за печатење. Загинал несреќно (?) на 13 јуни 1943 година, на планината Лопушник.

Поетско творештво

Кај Рацин јасно се издвојуваат две фази во неговото творештво. Првата фаза опфаќа песни напишани на српски и бугарски јазик, а втората на македонски.

Првата фаза ги опфаќа песните посветени на невозвратената љубов што тој ја чувствувал кон Рахилка Фирфова-Раца. Тој и' пишувал картички со љубовни изливи, а некои од нив ги напиша со сопствена крв.

Овие песни, вкупно 24 (19 на српски и 5 на бугарски јазик) како и 31 картичка го сочинуваат поетскиот ракопис "Антологија на болката". Во картичката од 6 октомври 1928 година, тој ќе напише:

"Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката...и мое портре ако побараш...Капки крв од моето тело и душа - ја имаш веќе...Моето идно име - ме врзува за секогаш со тебе...

....Прости ми или проколнувај - сеедно.

А јас те љубам, ти проштевам и не заборавам...

Едно само жалам: што не ја чув Смислата преку звукот на твоите зборови...или барем нивната трага со мастило...

Таа никогаш не му одговорила на неговите љубовни изливи. Освен овие песни, во првата фаза спаѓа и обидот да напише романн "Афион" или "Опиум", на српски јазик, кој не го довршил, а ракописот бил запален при неговото апсење во 1934 година. 

Во 1932 година добива награда од хрватското списание "Литература" за новелата "Во каменоломот". Тој ги напишал и расказите: "Резултат", "Златен занает", "Татко", "Тутуноберачи", "Пладне", "Еден живот", "Радоста е голема", "Јулус", "Новак".

Во втората фаза, Рацин ќе биде преокупиран со животот и експлоатацијата на македонскиот народ и ќе пишува на македонски јазик.

Ќе ја напише и објави стихозбирката "Бели мугри", како и неколку есеи, критики и историски осврти.

  • ПРОШТАВАЊЕ

    На печалбарите

    Не ли ти кажав, не ли ти кажав, не ли ти реков на проштавање?
    Ич не ме чекај ич не ме пекај
    Белград е ламња, во Белград ја роб,
    снага по туѓи палати оставам,
    снага во усти несити клавам,
    и дома - дома не ќе се вратам,
    не ќе ги пијам очите твои
    не ќе ја галам снагата твоја -
    далеку негде сувата рака
    по тебе, Вело, пустата мака
    пуста ќе остане...

    Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
    знам оти чеиз и ти не везеш,
    знам, Вело, пусто остана сичко -
    не ли си и ти аргатка клета?
    Тутуни садиш, тутуни нижеш,
    тутун таговно у монопол редиш,
    ме споменуваш и ем си жалиш
    денови - крепи тешки си редиш -
    Величко, мори, другачко златна!

    Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
    Не ми се, Вело, жали и клети!

  • Подигни очи - очи засвети
    онија очи, што душа горат!
    Тој што ни, Вело, однесе сичко -
    тој ни остави од темно темен
    веков за мака - но и за борба.
    Има на овој свет како нас многу!

    Има ги, има - мачат се, копат,
    копачи копат по темнината,
    копачи копат и тунел дупат.

    И има, има - радост голема
    радост длабока во темнината:
    да светиш, Вело, жар да се стопиш
    во борба гроб ти душа не зема!

    Кочо Рацин

Kind regards : 05 ноември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 105