Стефан Влахов Мицов

НЕМА СПАС КОГА САМ ЌЕ СЕ ЗАФРКНЕШ

*****************************

Стефан Влахов Мицов

22 октомври 2017

 

Во сабота вечер на ТВ "АЛФА" го слушнав од Груевски најголемиот виц за последниве 10 години: било отворено досие "Македонски екстремизам и тероризам" и сега македонските служби прислушкувале 100 функционери од ВМРО-ДПМНЕ.  Супер виц, затоа што за цело време управување на Груевски не сме забележале (за жал) ниту еден "екстремист" функционер од ВМРО-ДПМНЕ, да не зборуваме за 100. Сите до еден се лажни патриоти и лигуши. Лажниот патриотизам се разоткри целосно последниве три години, но тој е присутен во целата историја на таа партија од нејзиното создавање во 1990 година до денес. Кажете ми во кој момент таа партија излезе да ги брани македонските национални  и државни интереси надвор од трибини и митинзи? Дали при приемот на Република Македонија во Обединетите Нации со срамната референца? Дали по гласањето на законот за територијална поделба или пак при потпишувањето на капитулансткиот договор со Бугарија, неодамна? Во последниов случај дури немаше ниту протестен митинг, да не зборуваме за терористичката војна против Македонија кога Георгиевски и Трајковски не извршија мобилизација, ниту побараа воена помош од Русија.

Повеќе пати сум кажал дека антимакедонската партија како СДСМ мора да биде забранета. Но, ВМРО-ДПМНЕ таква каква што е, е штетна за Македонија заради нејзините реални предавства. Запомнете: тоа не се грешки, не се слабости, тоа се предавства. Во 1991 година, таа партија беше создадена како филијала на бугарската националистичка ВМРО-СМД, формирана половина година пред тоа. Затоа и македонската ВМРО и до денес е турлитава од бугаромани, поранешни комунисти, страшливи или поткупени луѓе, селектирани од нејзиното раководство. Затоа таму секогаш имало и има калкулации меѓу разните крила, со општо додворување на странците и на домашните петоколонаши. Таа партија не е хомогена, а уште помалку хомогена со цврсти македонски национални ставови. Како и СДСМ и таа беше создадена преку политички инжинеринг (странски). Затоа и повиците за враќање кон оснивачите на партијата се глупави. Враќање кон бугароманството на Георгиевски? Или пак избор меѓу странските марионети Милошовски, Попоски, Ѓорѓев, американските "реформатори".

Со сите нив,  заедно со Груевски до катастрофа. Уште во 2010 година во најпознатиот роман "Свирци" на Блаже Миневски се карактеризира, детално, психолошки оркестриран погреб на Македонија во состав: зурлаџијата Киро Глигоров, шупелкарот Бранко Црвенковски, тамбурашот Љупчо Георгиевски, тапанарот Никола Груевски, свирачот на дудук Зоран Заев. Овај оркестар ја погреба Македонија, а ние уште не сме го сватиле тоа.

Затоа најдоброто за Македонија е ВМРО-ДПМНЕ да се распадне на своите првични делови и радикалните македонски партиоти во таа партија, заедно со останатите нормални во СДСМ  и со досега беспартијците да создадат нова партија - Македонски Национален Фронт (МНФ). Партија, ниту лева, ниту десна, а само Македонска по дух и радикална по дејствие. Партија за борба против НАТО, ЕУ, домашните предавници и албанските екстремисти. Партија за македонска Македонија, во која суверен е македонскиот народ, а малцинствата уживаат права доколку го почитуваат тој суверенитет и се сметаат за дел од македонската нација. Партија која ќе се бори за воена неутралност на Македонија и потпишување на стратешки сојуз со Русија и Кина. Партија која ќе се бори за забрана на сите организации кои се против тримилениумската македонска историја, против македонското име, идентитет, јазик и култура. Партија која ќе се бори за НОВ МАКЕДОНСКИ УСТАВ на силна социјална основа и со реципроцитетен однос кон сите македонски соседи. Партија која ќе ја врати смртната казна во Македонија.

За да се создаде и биде успешна таква партија која не се плаши да влезе во секаков судир и војна за одбрана на народот и државата, од почеток мора да признаеме дека ние, македонскиот народ, имаме голема вина, за загубата на државата.

Прво, уште во неревидираниот Устав од 1991 година заложивме бомба за уништување на државата кога практично ги изедначивме малцинствата со македонскиот суверен. Наместо да направиме македонски национале Устав, направивме Устав сличен на југословенскиот. Зошто тогаш баравме независност?

Второ, неможе истовремено повеќе од 70% од македонскиот народ да бара зачувување на името и идентитетот и влез во НАТО и ЕУ. Тоа се неспоредливи работи дури и ако тие не сакаат да не уништат. Затоа и странците не прекоруваат дека не знаеме што сакаме.

Трето, не може да си ја сакаш државата и истовремено да земаш масовно бугарски пасоши. Економскиот мотив не е оправдување, затоа што е бегство наместо борба.

Четврто, во изминативе три години ние мирно гледавме како функционерите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја уништуваат македонската држава. Се оправдуваме дека немало кој да не поведе, а во суштина стравуваме.

Петто и најбитно. Преку глава ми е од кафански патриотизам, од комитски вечери без комити, од песни за името и државата кои се без покритие. Груевски итроманства дека бил спремен да биде уапсен со останатиот дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а во суштина се пазарат да не бидат затворени. Ако сакаше да умре во битка за Македонија и да биде херој, имаше доволно време да го направи тоа.

На крај, сите мора да знаеме дека држава се брани со многу крв и жртви. Ние не го свативме тоа затоа што државата ни беше подарена во 1991 година и не испукавме ниту куршум за неа како Србите, Хрватите, Бошњаците. Навикнавме да бидеме полтрони, да се плашиме од судири, чекаме на готово некој да не ослободува и да умре наместо нас. 

За да имаме држава, мора да ја заслужиме. Ние во овој момент не покажуваме дека ја заслужуваме!

Стефан Влахов Мицов

www.dudinka.org

 

СВЕКРВА

 

 

ВМРО - ДПМНЕ МОРА ДА ГО МОБИЛИЗИРА ЧЛЕНСТВОТО А ПРЕД СЕ' ВЕТЕРАНИТЕ НА ПАРТИЈАТА

************

 

 

СВЕКРВА - Македонска Нација

Македонците  наскоро ќе ги почувствуваат последиците од гласањето на локалните избори од 15 октомври 2017 година.

По првиот круг на локалните избори македонскиот народ беше поразен. Центррите на моќ, со помош на лидерот на СДС Зоран Заев, го завршија политичкиот проект за редефинирање на Македонија. Наместо обединет за да се спротивстави во последната битка на локално ниво, македонскиот народ збунет и уплашен наседна на лажните ветувања за подобар живот. Со тоа се отвори патот за промена на името, идентитетот, јазикот, па и поделба на земјата!

Уште од времето на крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога низ Македонија дејствуваа српската, бугарската и грчката пропаганда, не се памети ваква антимакедонска кампања каква што се случува во последните неколку  години. Како и тогаш, така и денес главните актери се од македонскиот народ кои за пари беа подготвени да си го продадат и мајчиното млеко. Многу касно ќе биде кога ќе сватат, што направиле.

Грешките беа направени кога пред три години се дозволи Зоран Заев непречено да уценува со бомбите, потоа кога се дозволи да се објавуваат нелегално стекнатите прислушувани разговори и така наречени бомби, кога се дозволи странците да се замешаат со Пржино 1 и 2, како и кога вон уставно се формира Специјално јавно обвинителство. Исто така, сето тоа, во режија на надворешните центри на моќ, потоа беше ставено во служба на специјалната  психолошка војна која требаше да го смени мислењето на јавноста за ВМРО-ДПМНЕ и од успешна партија да ја претстави како криминогена терористичка организација.

Отсуството на соодветен и навремен одговор во тоа  време, потоа резултира не само во губење на централната власт, туку и со губење на поголемиот дел од единиците на локалната самоуправа. Тоа во иднина му ги отвора вратите на актуелната власт да преговара за промена на името, јазикот и идентитетот на македонскиот народ, потоа за воведување на двојазичност на целата територија на земјата, по што ќе следува федерализација, како и можеби нејзина поделба меѓу две соседни земји на исток и западот.

На локалните избори 2017 година, македонскиот народ во најголем дел им ја даде довербата на социјалдемократите. Но последиците од гласањето македонскиот народ наскоро ќе ги почувствува. Тогаш нема потреба да се жали, зошто сами ја скроија својата судбина.

Во предизборието на парламентарните и локалните избори многумина ја свиткаа кичмата, беа заведени од СДС дека ќе имаат плата од 500 евра, а други беа купени од нив за пари. Речиси да не се свесни дека не само што нема да го  добијат ветеното, туку уште ќе мораат да ги вратат средствата преку разно разни давачки и да останат без работа, без име и идентитет, без образ.

Сепак, како меѓународната заедница и СДС да заборавија дека со ваквиот инжињеринг со кој ВМРО - ДПМНЕ е симнат од политичката сцена може истата да ја радикализира и да ја врати партијата на старите основи - ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА, која што силно ќе го брани името и идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да се деморализира и да ја свитка кичмата заради македонскиот народ, заради македонското име, историја, традиција и култура.Таа не смее да стане сервилна кон центрите на моќ, не смее да се откаже од нашето име, од нашите корени, заради нашите деца, заради нашата иднина.

ВМРО-ДПМНЕ мора да го мобилизира членството, а пред се' Ветераните на партијата, за да се бори и да бара повеќе бидејќи:

"Ако не бараме, никој нема да ни даде. Ако не се бориме, од никого нема да се ослободиме, или пак него поставиме прашањето за целосно разрешување на македонското прашање, никој нема за нас да го постави, ниту да го разреши. Ако  'нашата пушка денес не грмне' за целосно соединување на Македонија, никој тоа соединување нема да ни го подари. Ако ние се задоволуваме со разрешување на македонското прашање на парче, тогаш поделбата на Македонија еднаш за секогаш ќе биде санкционирана. А такво нешто ќе има несогледиви последици не само по македонскиот народ, туку и по сите балкански народи."

Овој извор од приговорот на АНОК на манифестот на ГШ на НОВ во декември 1943 година, е само продолжение за сето она за што се бореа македонските револуционери и дејци во текот на борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава. Тоа е аманет на нашите претци да продолжиме со нашата борба за да не исчезнеме од картата на Европа.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ мора да се мобилизира и во вториот круг да направи се' што е можно, за да се добие уште некој градоначалник на локална самоуправа, повеќе. Тие ќе бидат потпора, од каде ќе се тргне кон нови победи.

 

www.mn.mk

 

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

ЗА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА СДС НЕМА ПОТРЕБА ВЕЌЕ НИ ДА СЕ ЗБОРУВА, ТИЕ СЕ ИЗГУБЕНИ ВО ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО

***********

Македонскиот гласач изигран, наместен, поткупен, купен...

Има ли друга реченица со која може да се започне една исповест на искрен патриот?

 

За приврзаниците на СДС нема потреба, веќе, ни да се  зборува, тие се изгубени во просторот и времето, водени само од омраза кон се' што е патриотско, се' што е македонско. 

Испрани мали мозоци, позомбени битија со единствена цел цицање на македонска крв. Тие кутрите и не знаат, веќе, што се случува, застанаа на фразата "ќе си лежите" и не се ни трудат да дознаат нешто повеќе. Сега знаат дека ги добија локалните избори, имаат апсолутна власт и точка. Се' завршува тука.

За оние другите, патриотите, односно оние што вистинските патриоти ги издигнаа, ги направија луѓе, тие сега имаат проблем, ама се' уште не се свесни, изгледа, за големината на тој проблем.

Одат од крајност во крајност:

Прво, го оставаат својот народ на цедило, оној народ кој ги избра и им го даде барјакот, кој два месеци ја бранеше македонштинаата. Тогаш овие беа глуви и неми, се оградуваа и тие од смрдливите и пијани патриоти. Па нели врхушката има бели, јаки и дебели кожени фотелји, не се ни дружат, веќе, со "смрдлив" народ.

Тие, белите јаки, гледаа како ни наметнуваат нелегитимна влада, ама тие пееја ли пееја...

Тие, белите јаки, се оградија од луѓето што искажаа непокор, љубов кон Македонија. Нели, белите јаки се културни, демократи, абе глас не дигаат, толку многу се фини и во филм. А тие, патриотите, парталави, насилни, гласни...

И на крај, белите јаки, заедно со зомбите го направија најголемиот фалсификат на сите времиња. Совршен не, бидејќи не беше воопшто совршен.

Така, за да си ја тргнат одговорноста, белите јаки кажаа срамежливо дека изборите се наместени, демократски честитања, нели, тие се гооолеми демократи. И ајдееее опозиција ќе ти биле, силна и конструктивна. А што бре ќе опонирате, кога сите сте во истата попара? Вие пак во Собранието, а народот на улица. Опозиционери...

Од каде знаеме?

Уште не се оладила состојбата од тоталното фијаско, тие референдум ти бараат и тоа за договорот со Бугарија. Која хипокризија, луѓе. Не успеав само да разберам дали со овие последни чекори, како барање за ослободување на осудените од 27 април 2017 година, патетичната исповед на лидерот, и сега овој референдум се фаќа давеникот за сламка, или навистина мислат дека ќе се спасат.

Салоника

Македонска Нација

 

Димитар Поп-Георгиев 1840-1907

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 52

МАКЕДОНИЈА ВО XIX ВЕК

*********

3. Ослободителните борби во втората половина на IX век

Обидите на Османлиската влада преку реформи да ги намали противречностите меѓу владеачката класа и угнетуваните и обесправени народи на Балканскиот Полуостров не ги дале очекуваните резултати. Противречностите растеле и прераснале во востанија на покорените народи против османлиската власт. Првиот оружен сигнал бил даден во Босна и Херцеговина, летото 1875 година, со што, всушност, била отворена големата источна криза, која завршила со крупни промени на Балканскиот Полуостров и пошироко.

Огнот брзо се проширил речиси низ целиот полуостров - во Македонија, Бугарија, Србија. Во Македонија започнале да се формираат тајни комитети и да се вршат подготовки за борба. На 29 мај 1876 година се кренало Разловечкото востание под водството на Димитар Поп Георгиев и селскиот поп Стојан. По првите востанички успеси аскерот успеал  да го задуши отпорот. Пред тоа, во почетокот на мај, во Македонија се случил еден настан, што имал силен одглас во Европа.

Масакрирањето на германскиот и францускиот конзул Хенри Абот и Жил Мулен од толпа фанатизирани муслимани при обидот двајцата европски претставници да помогнат во ослободувањето на младата девојка Стефана од Богданци, донесена во Солун со цел да биде "потурчена" и омажена за еден солунски бег, предизвикало огромна вчудоневиденост во цела Македонија и неверување во Европа. Мирот во Солун бил обезбеден со помош на пристигнатите османлиски и европски воени бродови и 5000 морнари. Револуционерниот вриеж и особено трагичните солунски настани придонесле Македонија да добие статус на сериозно кризно подрачје што го загрозува мирот во регионот.

Својата кулминација кризната ситуација ја достигнала по пристигнувањето на вестите за Бугарското востание (20 април-2 мај 1876 г.) и жестината со која тоа било здушено. Можноста од воена интервенција на Европа станувала, веќе, реалност, за што станувале свесни и владаечките кругови во Цариград. Како виновник за ваквата ситуација бил прогласен султанот. Муслиманските екстремисти, зад кои застанале и младотурците предводени од Митхид-паша, го детонирале Абдул Азис и на престолот го довеле Мурат V.  Три месеци по оваа промена бил отстранет и Мурат V, а на престолот бил доведен Абдул Хамид II (1876-1909), под чие владеење Империјата го заокружила процесот на распаѓање и најпосле се распаднала.

Промените во Цариград немале никакво влијание врз подобрување на ситуацијата на Балканот. Напротив, на предлог на Британската влада била одржана познатата Цариградска конференција на големите сили на која биле подготвени доста радикални реформи, чија примена значително би ја подобрила ситуацијата во критичните области, со што би се избегнале поголеми конфликти. Конференцијата, во присуство на претставници на Османлиската Империја, започнала на 23 декември 1876 година. Истиот ден јавно било огласено дека во Империјата во сила се воведува устав со кој државата од апсолутистичка станува уставна монархија. Со тоа, всушност, се давало на знаење дека предложените реформи од големите сили биле непотребни, бидејќи ќе се реформирала целата држава во согласност со "подарениот" устав од султанот. И покрај тоа, расправата околу предложените реформи продолжила  до 20 јануари 1877 година, кога се заклучило дека Конференцијата  ја завршила работата без постигнување резултати. Други средства за мирно решавање на кризата немало. Останало тоа да го стори војната.

На 24 април 1877 година Русија и' објавила војна на Османлиската Империја. Во војната против Империјата учествувале и Србија и Црна Гора. Учество зеле и голем број доброволци, меѓу кои и значаен број од Македонија. По жестоките борби со наизменичен успех и големи жртви од двете страни, османлиската војска била поразена. Војната завршила со Одринското примирје од 31 јануари 1878 година и со Санстефанскиот мир од 3 март истата година. Со овој мир, покрај другото, била создадена автономна бугарска држава, во чии граници влегувале уште и Врањскиот округ, Корча и цела Македонија. Со овие граници на создадената држава, освен Русија и Бугарија, никој друг не бил задоволен. Под притисок на големите сили бил одржан Берлинскиот конгрес (13 јуни - 13 јули 1878 г.) на кој во значителна мера бил ревидиран Санстефанскиот мировен договор. Бугарија била поделена два дела: на територијата од Дунав до Стара Планина било создадено автономното кнежество Бугарија, а од јужна Бугарија - автономната област Источна Румелија. Македонија останала под власта на султанот. Србија, Црна Гора и Романија биле прогласени  за независни, за Босна и Херцеговина било решено да биде окупирана од Австро-Унгарија. На Грција и' биле отстапени Тесалија и Епир, а Велика Британија го добила островот Кипар. Членот 23, во кој се предвидувало да се спроведат реформи, се однесувал  и на Македонија, но тој никогаш не бил реализиран.

Децениите по Берлинскиот конгрес претставувале нова фаза во развитокот на Македонија и на македонскиот народ. Општата положба на христијанското население била  влошена поради опаѓањето на стопанството и зголемувањето на експлоатацијата од сопствениците на средствата за производство и од државата чии потреби, особено за сместувањето на десетиците илјади маџири што се преселиле во Македонија, бегајќи од териториите што Турција ги изгубила во војните и со решенијата на Берлинскиот конгрес, како и за издржавањето на бројната армија и бројниот бирократски апарат. Се појавило големо незадоволство меѓу македонскиот народ, а како последица на тоа незадоволство, започнало неговото револуционизирање и организирање, т.е. прераснување на дотогаш главно спонтаниот отпор, во организирана ослободителна борба.

Првиот посериозен оруженоослободителен обид бил Кресенското востание.

Иницијативата за оружени акции во Македонија се родила во Бугарија. Според иницијаторите, тие акции требало да претставуваат отпор на населението против неповолните решенија за Бугарија, донесени на Берлинскиот конгрес. За таа цел биле создадени така наречени благотворителни комитети "Единство", кои биле предводени од Софискиот и Џумајскиот комитет. Планот бил востанието да започне со уфрлување чети од Бугарија во Македонија, кои би повлекле во борба дел од месното население. Првите две чети на чело со козачкиот капетан Калмиков и Полјакот Л. Војткович, при обидот да влезат во Македонија (крај на септември 1878 г.), биле разбиени од аскерот.

Станало јасно дека однадвор не можело да се предизвика бунт. Набрзо потоа на сцената настапиле месните, домашните револуционерни сили. Во кресенската клисура се собрале повеќе чети кои, под водството на војводата Стојан Карастоилов, на 5 октомври (17 октомври 1878 г.) го нападнале локалниот аскер и го заробиле. Со тоа бил означен почетокот на Кресенското востание. Горноџумајскиот комитет веднаш по овој успех го добил од Димитар Беровски следново писмо: "Ние, македонските востаници го следиме нашето дело. Вечерва водиме битка 18 часа со два булука регуларна турска војска. Од наша страна е убиен еден и тројца се ранети, а од Турците - 9 убиени, 11 ранети и заробени 119 војници и 2 офицери..." 

По успехот кај Кресна биле ослободени повеќе села и се создала слободна територија. Тука било формирано и првото востаничко раководно тело - "Штаб на востаниците македонски", на чело со  Димитар Поп Георгиев - Беровски, со Стојан Карастоилов како прв војвода. а Калмиков, кој учествувал во борбите со свој одред, бил наречен атаман на востаниците.

Кресенското востание е првата сериозна и помасовна македонска националнореволуционерна ослободителна и државотворна пројава во деветнаесеттиот век. Во врска  со целите на востанието неговото раководство  дошло во остар судир со оние што диригирале од Софија. "Штабот на востаниците македонски" сметал дека целта на востанието би требало да биде ослободување на Македонија, а Софискиот комитет инсистирал да се крене врева со оружје како протест против решението во Берлин Македонија да биде "откината" од санстефанска Бугарија.

Во основа поради тие причини настанал судир меѓу раководството на Македонското востание (внатрешните) и тие што сакале да ги насочуваат и раководат акциите од Бугарија (надворешните). Комитетските фактори во Бугарија, меѓу кои важна личност бил познатиот митрополит Натанаил, решиле да го преземат водството над востанието преку разни интриги и убиства. Беровски бил уапсен , а војводата Стојан подло убиен, било формирано ново раководство, но раздорот што бил предизвикан во востаничката средина и непријателскиот однос на комитетите во Бугарија спрема ослободителниот карактер на движењето, како и некои други сериозни причини, придонесле востанието до април-мај 1879 година да биде задушено.

Кресенското востание и по своите главни и директни носители што се бореле и по целите што сакале непосредно да ги постигнат, било македонско востание. Тоа се гледа, покрај другото, и од документите што ги донело раководството (Македонски востанички комитет) во врска со уредувањето на ослободената територија. Се работи за Правилата кои содржеле 211 члена и кои ги опфатиле сите прашања што требало да ги реши востанието: државотворни, национални, општествени, воени, економски, политички - комплетно се' што наметнувал животот во една слободна, организирана држава. "Ние востанавме како поборници на слободата, со нашата крв што ја пролеавме...ние и' служиме како македонска војска на Александар Македонски на слободата со девизата: Слобода или смрт!", стои меѓу другото во краткиот вовед на Правилата.

Но и по задушувањето на Кресенското востание, борбите не престанале. Во југозападна Македонија, во регионот на Кичево и Прилеп, до оној меѓу Битола и Охрид, бил направен обид за организирање и вооружување за да им се даде отпор на големите своеволија на властите и на теророт спроведуван од разни качачки банди. Оваа револуционерна заговорничка мрежа траела до крајот на 1878 па се' до пролетта 1881 година, кога била откриена и жестоко уништена од властите. На крајот се одржало големо судење на кое од 700-ната затворени лица само неколкумина биле осудени, а другите ослободени.

Во меѓувреме се појавило сериозно вооружено движење во јужна Македонија. Како резултат на неговата дејност, настанало формирање на Привремена влада на Македонија од страна на Народно Собрание, а настанот се одржал на 2 јуни 1880 година на планината Грамос. Во протоколот потпишан од 32-цата членови,  присутни на Собранието како претставници на речиси целокупна Македонија, се содржани основните барања на организаторите на оваа акција. Имено, се барало создавање единство на народот и единство на земјата, а борбата да биде инспирирана исклучиво од македонските интереси и права. Тоа биле обиди на македонското ослободително движење преку апели, па и закани упатени до големите сили да се издејствува остварувањето на чл. 23 од Берлинскиот договор, при што би се нашло место за барањата изнесени во Протоколот за правата и устројството на Македонија.

Речиси напоредо со формирањето на Привремената влада, во Бугарија, осум војводи, како претставници на 1.800 поранешни македонски борци, ја создале Македонската лига, на чело со Главен штаб, како Привремена управа на Македонија. Лигата застанала зад девизата "Слобода на Македонија или смрт!" Привремената управа изготвила свој Органски устав за идното уредување на Македонија, кој имал 103 члена. Во Уставот се предвидувало Македонија да биде автономна, вазална област составена од македонските етнички територии на чело со генерал-губернатор. Лигата била воена организација и имала задача да организира востание во Македонија за постигнување на својата цел. За регуларно водење на борбите таа подготвила посебна Воена инструкција за устројството на македонската војска во автономната држава Македонија. На 29 јуни 1880 година, Главниот штаб испратил Манифест од Пирин, со кој го повикувал македонскиот народ на општо востание доколку големите сили не го усвојат предложениот устав. Со помош на Манифестот, Лигата се поврзала со претставникот на  Привремената влада, Леонидас Вулгарис. Двете страни се договориле да ги здружат силите во борбата за ослободување на Македонија, но меѓународните услови веќе не биле поволни за да се реализира еден таков преамбициозен план-општомакедонско востание.

Со откривањето и уништувањето на заговорничката мрежа во западна Македонија, пролетта 1881 година, згаснале бројните револуционерни и ослободителни акции и се смета дека со тоа завршила револуционерната криза во Македонија и дека настапил релативен мир, кој ќе трае приближно петнаесетина години, до појавата на Македонската револуционерна организација во 90-тите години на деветнаесеттиот век. Сите настани што се случиле во годините на големата источна криза (1875-1881) потврдуваат дека македонскиот народ влегол во една комплексна и продолжителна борба за ослободување, т.е. за создавање сопствена држава, преку која тој  би ја постигнал својата политичка и национална еманципација, со што би биле реализирани државотворните стремежи кон кои се насочувало македонското ослободително движење, а тоа се раѓаше, растеше и се афирмираше како историска и автохтона појава наспроти големите пречки и отпори на кои беше изложено од страна на веќе организационо оформените и со конкретни програми настапувачки пропаганди на соседните држави. Како основно "програмско" барање на нивните стремежи било истакнувано "неотуѓивото право за национално обединување". "Националното обединување" по Берлинскиот конгрес станало стил на размислување и на живеење во сите три соседни земји на Македонија. Тие измислувале и создавале свои "теории" кои требало да им помогнат при аргументирањето на "правото" на сопственост врз Македонија, преку повикување на историјата, етнологијата (разни статистики), религијата, антропологијата...Словенскиот карактер и сличноста на јазикот со јазикот на мнозинското население во Македонија биле истакнувани како еден од важните аргументи за докажување на бугарскиот, односно на српскиот карактер на Македонија; понатаму бил посочуван ферманот за создавањето  на Егзархијата, но кој, впрочем, не ги определувал бугарските национални граници во Македонија, била посочувана и Цариградската конференција, иако таа не се раководела од етничките критериуми при определувањето на границите во чии рамки требало да се извршат реформите ниту, пак, ги санкционирала  предложените реформи. Србите се повикувале на историјата и на нивниот цар Душан, додека Грците, кои неможеле да истакнат некоја племенска блискост со македонското население, Македонија ја прогласувале за своја, главно, врз основа на некои "историски права", сметајќи ја неа за свое античко наследство, при што воопшто не им пречел општопознатиот факт дека во времето на нивните етнички "предци" и Македонија и Македонците ги сметале за варварски земја и народ, т.е. за туѓинци и непријатели на Елините.

Сепак, од припадноста на народот кон Православната црква грчката пропаганда го извлекувала своето "право" да претендира врз тој народ и врз територијата на која живеел. Православната црква, до средината на деветнаесеттиот век, при немањето друга на овие простори, ја признавале како своја сите православни народи-Македонци, Власи, Албанци. На чело на таа црква, по сила на историските околности, стоела хиерархија од грчко потекло - факт, што бил искористен за да може тие народи, во изминатиот период, во еден нивен не мал дел, пред се' во најјужните реони, да биде погрчен.

Продолжува

Aлбанци, исламизирани.

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА АЛБАНЦИТЕ И НИВНОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

********

Населувањето на Албанците на Македонскиот Полуостров (Балканот) во 11 век

4. Населување на Албанците во областите на Коњух (турски Елбасан), Горица (турски Корча) и Белград (турски Берат).

 

Според турскиот попис од 1431 година, нема присуство на Албанци околу градовите и во самите градови Коњух, Горица и Белград ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e 13e siecles, BF, 7, 1979). Овие места почнуваат мали групи албански номади да ги населуваат дури во 17 век, но нестанаа  албански доминантни места се' до крајот на 19 век.

Турските податоци за Албанците до 15 век ни кажуваат дека во 15 век Албанци живееле само во турскиот санџак Арванид, а географски тоа е поречието на реките Шкумбин и Матија, околу рамнината на Кроја. За тоа сведочи и пописот на населението од 1431-1432 година, каде Албанци се забележуваат во санџак Арванид, но не и во другите места на територијата на денешна Албанија, со исклучок на неколку семејства (inalcik, H. Higri 835 Tarihli Suret-i Defter-i Sancak-i Arvanid. Ankara, 1954.)

Според сите историски извори, може да забележиме дека албанската експанзија и албанизација на македонското домородно население од територијата на денешна Албанија започнува од 17 век, со исламизација на албанците и нивно зајакнување како отомански исламски сојузници, против христијаните, староседелци.

ШКРЕТИ - етнички Македонци кои го прифатиле албанскиот јазик.

ШКРЕТИ - е македонски назив за етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше - Маврово).

Етимологијата на македонскиот збор ШКРЕТ потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен.

Самите Албанци (Геги) ги нарекуваат етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. Словени, за да се разликуваат од етничките Албанци. Но, ШКРЕТИ нема само во Горна Река, туку албанизирани Македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од отоманите во Елбасан). Белград во Берат, Горица во Корча, Бобовишта, Поградец, Девол ит.н.т.

По конкретно, ШКЈА е термин кои Гегите (Албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. 

Српскиот етнограф ЦВИЈИЌ забележал дека Албанците ги нарекуваат и Србите и Црногорците само ШКЈА, СКЈА и никако поинаку (Ј. Цвијиќ, Балканско Полуострово, Београд 1931, II, 31 и д., 61). Според етимолошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор SHQA (ШКЈА) означува Словен (Петар Скок, Етимологијски рјечник хрватског или српског језика, ЈАЗУ, Загреб 1973).

Општо познато е дека Македонците, како христијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните Албанци, кои биле главни отомански сојузници на Македонскиот Полуостров - Балканот. Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од Македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните ШКРЕТИ. Многу од нив со тек на време се исламизирале, па целосно се претвориле во Албанци. Денеска исламизираните ШКРЕТИ од Горна Река се сметаат исклучиво Албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува, дека ШКРЕТИТЕ го прифатиле албанскиот јазик во 19 век.

Постојат белгиски сведоштва од 19 век кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички Македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита.

Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик, некаде околу 1870 година, првенците на педесеттина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania" Bruxelles, 15-30 Juni 1898, p. 32).

Пишаните историски извори и факти ни откриваат, дека голем број од денешните Албанци имаат, македонско етничко потекло. 

КРАЈ (за сега).

ТИТО 1892-1980

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Петта

ДЕЛ 52

*********

 

 

Пишува Наум Пејов

СИСТЕМСКИ ПРОГОН НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

1. Положбата на македонскиот народ под грчка власт

Продолжение 

И покрај сите споменати истребувачки и дискриминаторски мерки на Грција против Македонците од Егејска Македонија сообразно со условите, во текот на три десетлетијата од Балканските до Втората светска војна, тие жилаво се бореа и опстанаа, се сочуваа и во Централна и во Источна Македонија и како компактна маса во Демирхисарско, Ениџевардарско, Гуменичко, Воденско, Леринско и Костурско. Тие не само се сочуваа во живот, туку успеа да го сочуваат својот национален бит иако национално-ослоободени не заживеа, бидејќи петвековното отоманско ропство го наследи грчкото, уште по варварско. Македонците само во две работи беа рамноправни во Грција: да служат војска и да се борат на фронтовите во сите војни што ги водеше грчката владеачка класа и да плаќаат даноци.

По поделбата на Македонија во Балканските војни, борбата на Македонците за национална слобода стана далеку посложена и потешка.  Во условите на поделена Македонија, националноослободително движење на македонскиот народ се поставуваше во поинакви-балкански рамки. По Првата светска војна кога на меѓународната сцена, со победа на Великата октомвриска револуција во Русија, работничкото движење израснува како решавачки фактор, национално ослободителното движење на национално поробените и колонијални народи, станува составен дел на борбата на работничката класа и сиромашното селанство.

Национално ослободителното движење на Македонците поради поделеноста на Македонија, степенот на оштествениот развој на Македонија и развојот на работничкото движење на Балканот, тесно се поврза со работничкото движење.

Национално обесправените и експлоатирани работнички и широки селански маси во Македонија поучени од дотогашното искуство од политиката и практиката на балканските буржуазии, не можеа да сметаат како на свој сојузник ни на една друга општествена сила, освен на работничката класа. Еве зошто можеме да забележиме една општа карактеристика на сите три дела на поделена Македонија - ориентацијата на Македонците кон работничкото движење и нивните организирани одреди - комунистичките партии.

Ниедна друга политичка партија во Југославија, Бугарија и Грција немаше запишано во својата програма она што тежеа да го остварат Македонците освен комунистичките партии и Третата Интернационала. Тука може да се најде објаснение и за односот на ВМРО (обединета) со Третата Интернационала и комунистичките партии на Балканот. Но, како што е познато, не се остварија до крај програмските цели истакнувани во Третата Интернационала и комунистичките партии на Балканот. Доследно го оствари, во новосоздадени услови во текот на Народноослободителната војна, програмското ветување само Комунистичката партија на Југославија под раководството на Тито и како резултат на Народната револуција се конституира националната република на Македонците - како Федерална единица на југословенската федерација.

Раководството на комунистичката партија на Бугарија имаше променлив став по македонското национално прашање. Како и останатите комунистички партии таа го подржуваше ставот на Третата Интернационала. Меѓутоа, во текот на народноослободителните војни на Балканот и по заземањето на власта се' уште не најде сила да остане доследна на револуционерните позиции по тоа прашање, очигледно, подлегнувајќи на великобугарскиот национализам. Исклучок од тоа прави времето кога на чело на ова раководство беше големиот Ѓорѓи Димитров. Како вистински револуционер тој можеше уште во текот на војната да ја согледа огромната преломна улога на Народната револуција на југословенските народи за општествениот и политички развиток на Балканот. Решението на националното прашање во Југославија претставуваше фундаментална содржина на нова Југославија. Конституирањето на Федерална Република Македонија беше основата за нови односи меѓу балканските народи, односи врз демократска и рамноправна национална основа на сите балкански народи, а во тој број и Македонците како народ дотогаш обесправен од балканските династии и балканските буржуазии. Правилното согледување на овој голем чин на Балканот остварен со победата на Народната револуција на југолсовенските народи најде израз во Бледската спогодба од 1947 година. Таа спогодба означуваше нова ера во односите на Балканот и со најголемо воодушевување го поздравија балканските народи. Годините кои уследија по резолуцијата на Коминформ и смртта на Ѓорѓи Димитров, раководството на Бугарската комунистичка партија ги искористи во основа да го измени својот став по македонското национално прашање. Подлегна на притисокот од големобугарската идеологија и дозволи одново да добијат право на граѓанство великобугарските сваќања по националното прашање. Се повампири старата буржуаска историографија и се негира постоењето на македонската нација, не им се признаваат националните права  на Македонците во Пиринска Македонија, отстапија од спогодбата во Блед и Евксиногард како сигурен пат на трајна соработка и дружба на јужнословенските и сите народи на Балканот. Македонскиот народ е огорчен на таквиот став и политика на бугарското раководство, посебно се огорчени Македонците од Егејска Македонија кои водат тешки борби за своите национални права во Грција, борците кои заради тие  со оружје во рака се бореа за време на Втората светска војна и за време на Граѓанската војна во Грција. Во годините на Граѓанската војна БКП во одреден период имаше поинакво гледање. Еве ги ставовите на БКП во резолуцијата на Десеттиот Пленум на ЦК од август 1946 година по македонското прашање:

"1. Бугарската работничка партија (комунисти) смета дека основниот дел на македонскиот народ се организира државно и национално во рамките на ФНРЈ како Народна Република Македонија. Обединувањето на другиот дел на македонскиот народ претстој да се изврши врз базата  на македонската народна Република и во рамките на ФНР Југославија.

2. Бугарската работничка партија (комунисти) смета дека приготвувањето на неопходните услови за тоа обединување, а имено, присоединување на Пиринскиот крај кон НР Македонија, пред се, е работа на самите Македонци, но е општа задача и на отечественофронтовска Бугарија и Федеративна Република Југославија.

3. Бугарската работничка партија (комунисти) смета за неопходно, во периодот до присоединувањето на Пиринскиот крај кон НР Македонија, систематски да се работи на културното зближување на македонското население од тој крај со НР Македонија, на популаризирањето во нивната средина, работата и постигањата на македонската Народна Република, македонскиот јазик и македонската литература, на запознавањето со историјата на македонскиот народ како што се предава во Македонија, да се олеснат граничните услови помеѓу Македонија (Југославија) и Пиринскиот крај за широко взаемно општење на македонското населеније од едната и другата  земјата и воопшто да се преземат мерки по линија на културна автономија, кои што би придонесле за развојот на националната свест на македонското население и би го олесниле неговото обединување со основниот дел на македонскиот народ во НР Македонија.

4. БРП (k) смета дека при соединувањето на Пиринскиот крај кон НР Македонија треба да биде врз базата на сојузен договор помеѓу Југославија и Бугарија, кој што ќе ги одреди точните граници на присоединувањето на Пиринскиот крај, земајќи ја предвид земјата и општите интереси на македонскиот народ како и правото на кооптирање бугарско државјанство за жителите на Пиринскиот крај, кои сакаат да го искористат тоа право. Со тој договор ќе се реши враќањето на западните покраини на Бугарија кои што сега се наоѓаат во Југославија.

5. КРП (k) смета дека е во интерес на македонскиот народ, како и на Бугарија и Југославија, присоединувањето на Пиринскиот крај кон Македонската Република Македонија да се изврши на таков начин, што фактички да не постој царинска или друга граница помеѓу Македонија и Бугарија, како што таква не постој помеѓу НР Македонија и другите единици на ФНРЈ. Присоединувањето на Пиринскиот крај треба не само да не ги отежи стопанските и културните врски помеѓу присоединетиот дел и Бугарија, туку напротив, уште повеќе да ги зацврсти тие врски помеѓу Македонија (Југославија) и Бугарија.

БРП (k) ги задолжува сите членови на Партијата, пред се членовите од Пиринскиот крај, најстрого да ја исполнуваат и практички да ја спроведуваат таа директива на Партијата по македонското прашање и упорно и препорачува на македонската емиграција во Бугарија сестрано да соработува во зацврстувањето на братската македонска република, како и во подготовките за обединување со неа на македонското население од Пиринскиот крај врз базата  на сојузот меѓу Отеченственофронтовска Бугарија и ФНР Југославија". (Од книгата "Пиринска Македонија во борба за национално ослободување" стр. 302 до 304 од Димитар Митрев, Скопје, 1950 година.).

 

Продолжува

 

 

АЦО ШОПОВ 1923-1982

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************************

АЦО ШОПОВ

Ацо шопов е роден во Штип на 20 декември 1923 година, каде го помина детството со браќата Димитар 1920-1972 и Борислав 1927-1996, татко му Ѓорѓи Зафиров-Шопов 1893-1944 и мајка му Костадинка Русева 1897-1942, на коja и' ги должи љубовта кон поезијата и творечката дарба. 

По војната, Ацо Шопов матурира во родниот град и заминува за Скопје, каде што ќе ги заврши студиите на Филозофскиот факултет, отсек чиста Филозофија. Уредник во литературните списанија и весници "Нов ден", "Млад борец", "Иднина", "Хоризонт", "Современост". Тој работи и како главен уредник на сатиричниот неделник "Остен", што ќе го поттикне да објави серија сатирични песни, подоцна групирани во збирката "Јус-универзум" 1968 година.

Ацо Шопов е еден од основоположниците на модерната македонска литература. Неговата прва збирка Песни (1944 г. ) е прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија -ДПМ и негов член од оснивањето во 1947 година, прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Член на Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ од нејзиното основање - 1967 година. Член на македонскиот ПЕН центар. Долгогодишен директор на издавачката куќа Македонска книга, главен уредник на повеќе списанија, меѓу кои и сатиричниот весник "ОСТЕН". Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал - 1971- 1975. Тој ја завршува својата кариера како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство.

Ацо Шопов на 18 август 1967 година е избран за член на МАНУ, а една година подоцна и за дописен член на Српската академија. Добитник на највисокото југословенско признание АВНОЈ - 1970 година, како и на литературните награди : "Кочо Рацин", "11 октомври", "Змаеви детски игри", "Браќа Миладиновци".

Ацо Шопов почина во Скопје, на 20 април 1982 година, после кратко боледување-

 

КОН ГАЛЕБОТ ШТО КРУЖИ

НАД МОЈАТА ГЛАВА

*****

  • Галебе мој,
    не слетувај на моите очи.
    На тие брегови откинати ниеден пристан нема.

    Зарони во сите длабочини,
    надлетај над сите височини
    и дај виделина да земам!
    Галебе мој, јас очи веќе немам.

    Не слетувај на моето срце.
    Галебе мој, срцето не е мое:
    мини низ сите предели
    неминати,
    кај сите живи, непознати, загинати.

  • Загледај во сите осамени, сите разделени,
    и сите ледени врвои и сите ливади зелени,
    и чуј -
    додека твоето крило над нив морно се вие -
    како немирно во нив моето срце бие.

    Не слетувај галебе мој,
    врати се пак во јатото.
    Јас сум лотка, осудена
    на судир со непознатото.

    Автор, Ацо Шопов

Kind regards : 01 ноември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 104