ОВА ЛИ Е МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА? БЛАГОДАРАМ, ЌЕ РАЗМИСЛАМ!

ПОТРЕБНА Е СТРУЧНА И НАУЧНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

ИНСИСТИРА МАНУ

****

Размислувањата и изјавите на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, господинот Таки Фити, поранешен министер за финансии во владата на СДСМ дека тиранската платформа била прифатлива, со ставот на МАНУ како институција, се спротивни.   Не мислејќи доволно зрело, но и непознавајќи ја македонската историја, тој, за да дава мериторни мислења за неа без конзултации со мериторни стручњаци, како челник на една врвна научна македонска институција, не треба самоволно да дава изјави дека  тиранската платформа не е вовед во редефинирање на Македонија од унитарна во федерална држава. Со такви изјави, тој отворено им се спротивставува  на мнозинството граѓани и на стручната јавност во македонската држава.

Господинот Таки Фити, во името на МАНУ изјави дека тиранската платформа е прифатлива и дека тој во неа не гледа никаква загрозеност на македонскиот јазик. Тој стана на становиште, дека МАНУ не гледа никаква загрозеност на македонскиот јазик во таа платформа и дека нема да прифати решенија што се надвор од македонскиот Устав.

Спрема пишувањето на Република. мк, тој "наместо да го слушне гласот на десетиците илјади граѓани, кои секојдневно протестираат во градовите низ Македонија, меѓу кои има голем  дел кои својот глас го дале за СДСМ и Зоран Заев, Таки Фити срамно одработува за интересите на опозицијата, која е подготвена и по цена на тргување со националните интереси да се дограби до власта".

Чудно и несватливо постанува размислувањето на Таки Фити дека македонскиот јазик не бил со ништо загрозен и покрај првата точка од тиранската платформа во која отворено се бара македонскиот јазик да не биде единствен официјален јазик во Република Македонија. Со неа се постигнува целосна јазична еднаквост, зошто се бара употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Се бара Уставот на Република Македонија да утврди дека "македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија".

Ваквите ставови на челниците на албанските политички партии во Македонија ги делат и идеолозите на СДСМ, меѓу кои се најгрлатите,  Зоран Заев и Љубомир Фрчковски, но и многу други нивни истомисленици, кои исто така мислат и во своите изјави истакнуваа дека "работите кои СДСМ ги прифатил за да дојде на власт, а што значат поткопување на темелите на државата,  не се никаков проблем".

Но многу важно е да се истакне, дека во МАНУ не се сите такви кои лесно ја продаваат државата и нејзините темелни национални интереси и вредности. Особено не на едно национално малцинство кое , фактички, не е ниту 15% од населението во Република Македонија, спрема изјавата на господинот Владимир Голубовски, претседател на ВМРО-ДП во една дебата на програмата Click-Plus при TВ 21, во која учествуваше заедно  со  Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Скопје и претседател на невладината организација "Човекот пред се' " и градоначалникот на Куманово, господинот Зоран Дамјановски. 

На една од седниците на МАНУ, на која на дневен ред била и тиранската платформа, академикот Милан Ѓурчинов истакнал дека "платформата во овој момент е недопустливо да се лансира бидејќи, како што рекол, е запалива и може да предизвика несовладлив оган".

Академикот Витомир Митевски, пак, истакнал дека "државниот статус на македонскиот јазик во својата матична земја не смее да биде загрозен во ниту еден поглед". Тој понатака истакнал, дека "македонскиот јазик во својата матична земја не смее да биде загрозен во ниту еден поглед од страна на малцинските јазици во Република Македонија. Во таа смисла е потребно, ургентно, усогласување на нашето законодавство за употреба на малцинските јазици според стандардите на унитарните земји, во Европската унија".

Според академикот Митко Маџунков, платформата ги повредува чувствата на Македонците, под закрила на меѓународната заедница, и сега е ред на Албанците да се извинат за тоа. За Манџуков сите точки на платформата се ултранационалистички и неприфатливи и тоа е акт за формирање голема Албанија, која треба да биде отфрлена од Ману како акт, во кој се чувствува експанзионистичката политика од Призренската лига.

 

 

МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ - СКОПЈЕ.

И понатака, МАНУ смета дека пред усвојувањето на Предлог-законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија, потребно е да се отвори стручна и научна расправа за одделни прашања што ги регулира ова законско решение со учество на експерти од различен профил - лингвисти (македонисти, албанолози, специјалисти од областа на реалната лингвистика), правници, социолозии и  сл.

Стручна и научна дебата, спрема соопштението од МАНУ, ќе придонесе подобро да се разберат предложените решенија, да се расчистат одделни недоречености што можат да создаваат проблеми при примената на Законот во практиката, да се разјаснат некои различни толкувања што се појавија во досегашната расправа и сл. Според МАНУ, за сите отворени прашања и дилеми поврзани со оваа проблематика пратениците во Собранието, респектирајќи ги стручните мислења, треба да иницираат конструктивна дебата, заснована врз принципите на отвореност, толерантност, заемно уважување и избегнување секаков вид ултимативност и исклучивост, сеедно од која страна тие и да доаѓаат.

-Јазичниот плурализам е иманентна карактеристика на мултикултуралното општество. Оттука, легитимни се инсистирањата на заедниците за унапредување на нивните јазични права. Македонците треба да го почитуваат тоа и да покажат интерес за јазиците на нивните сограѓани и за унапредување на нивните јазични права, култура и традиции. Но, и обратно - претставниците на другите заедници мора да покажат разбирање, толерантност и респект за македонскиот јазик, како јазик на мнозинскиот народ и за неговата интегративна, обединувачка функција, се вели во соопштението од МАНУ.

- Македонската академија на науките и уметностите цврсто стои на гледиштето дека Република Македонија треба да ја градиме и да ја развиваме како демократско, економско просперитетно и европски ориентирано мултиетничко и мултикултурно општество, се вели во соопштението од Претседателството на МАНУ по повод Предлог  законот за употреба на јазиците.

И на крајот да завршиме: Гледајќи ги придонесите на сите национални малцинства во развојот на Република Македонија, во нејзината безбедност и еконмска стабилност, треба ли посебно фаворизирање на само едно етничко малцинство, албанското, над сите други и зошто? Треба ли албанското малцинство да се земе за пример над сите други малцинства по нивната лојалност, интегрираност во македонското општество, мирољубивоста, борбата за безбедност од надворешни разурнувачки и дестабилизирачки сили и почит кон државните симболи и законите на Република Македонија? Треба ли посебна награда за сите непријателски однесувања спрема македонскиот народ во изминатите времиња кога организирани и вооружени групи немилосрдно ги уништуваа и ограбуваа нивните имоти и масакрираа невини луѓе? Треба ли посебни награди и признанија за 2001? За палење на македонските државни симболи и.....?

Сето набројаното не е повик на освета или масовни освети! Не и нипошто! Само повик на разум, освестување од лакомоста по нешто што е стварано со столетија за заедничка употреба и заеднички и мирен соживот на сите на кои им е мила и драга Република Македонија. Но и воопшто,  Македонија!

 

Сотир Гроздановски

Извор за текстот, Република . мк од 

6 април и 12 септември 2017 година.

Православна црква.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 51

МАКЕДОНИЈА ВО XIX ВЕК

*****

 

2. Борбите за народна црква и просвета

Формирањето, односно одвојувањето на општините како основни самоуправни институции во турското општество од системот на патријархиската структура, отворањето на училишта на народен јазик, воведувањето на црковнословенскиот јазик во црквите наместо грчкиот, издавањето на учебници на македонското "наречие" и сл. ја претставуваат основната содржина на т.н. црковна борба на македонското граѓанство за народносно диференцирање (еманципирање) од грцизмот, како почетен пробив на идејата на македонскиот елемент, како посебна народносна единка во словенскиот свет.

Во стопанскиот живот на Македонија, особено во трговијата, доминирале грчкиот, влашкиот и еврејскиот елемент. Грчкиот и влашкиот елемент биле тесно поврзани со црквата, па така доминирале и во општествениот живот, кој бил раководен и насочуван од Грчката црква и имал грчка содржина. Просветата , каква таква, имала главно грчки карактер. Таа, во прво време, се развивала во голема мера стихијно, но во првата половина на XIX век, по ослободувањето на Грција, започнала да добива организиран карактер. Во јануари 1844 година, во Грчкиот парламент била прокламирана познатата државна политика за создавање на "Голема Грција" (т.н. "мегали идеја"). За постигнувањето на таа цел, Атина и Фенр ги впрегнале сите сили, а нивниот материјален извор бил грчкиот капитал во Турција и во Грција, пред се' крупниот.

Македонското граѓанство, со самата своја појава, заинтересирано за стекнување свои општествени и економски позиции во земјата, морало да поведе борба и да го истисне од стекнатите привилегии, пред се' во чаршијата, грчко-влашкиот елемент. Тоа можело да го направи преку директна конфронтација со Грчката црква, под чија капа, согласно привилегиите што ги имала добиено од султанот, се наоѓал не само општествениот туку во значителна мера и економскиот живот на православното население со различно етничко потекло. Таа, уште пред создавањето на грчката држава, преку специјална директива побарала од своите потчинети институции да ги шират грчката писменост и просвета меѓу сите православни народи на османлискиот Балкан. А тоа значело, преку системска работа, грцизирање пред се' на македонското православно население, како доминантен елемент во Македонија.

Први што и' се спротивставиле на елинизаторската политика на Вселенската патријаршија биле Димитар Миладинов, Григор прличев, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и др.

Започнатиот отпор против великогрчката политика на Патријаршијата постепено прераснал  во движење на голем дел од македонскиот нардо, чија основна цел беше извојување на сопствена црква, просвета и култура. Во османлиската теократска држава, каде што после државата црквата имала решавачка улога во . речиси сите сектори од општествениот живот, сопствен културно-просветен живот можеле да реализираат само оние христијански народи што имале своја црква призната од султанот. Таква црква беше само Вцеленската патријаршија, која во деветнаесеттиот век се беше претворила во грчка националистичка институција. Основното брање на македонското антипатријаршиско движење беше обновата на Охриската архиепископија, укината во 1767 година. Бидејќи таквото барање немало изгледи да биде прифатено, граѓаните на Кукуш во текот на 1859 година ги прекинале односите со Патријаршијата и го признале за свој верски главатар римскиот папа, создавајќи унија со Католичката црква. Со тоа го стекнале правото да го употребуваат својот мајчин јазик во црквата и училиштата без да бидат променети православните догми во богослужбата. И Кукушката унија и т.н. Втора унија (1873-1874), која имаше пошироки димензии, иако беа религиозни институции, во својата суштина имале националнополитичка содржина.

Црковните борби, кои истовремено се воделе и во Бугарија, завршија со прокламирањето на султановиот ферман ( 28 февруари 1870 г.) за формирање нова црква - Бугарската егзархија. Во административните граници на Егзархијата, покрај бугарските епархии, била приклучена и една македонска - Велешката епархија. Членот 10 од ферманот предвидувал, преку двотретинско изјаснување на верниците, да можат и други епархии да се приклучат кон новата црква. Тоа, малку подоцна, се случило и со Скопската и со Охридската епархија.

Во текот на цковните борби во Македонија немало доволно сили, но не боле создадени ни меѓународни услови, црковното прашање да се реши преку обновувањето на Охридската архиепископија. Македонските општини што се отцепиле од Патријаршијата и новоформираните морале да избираат меѓу двете цркви. Зашто, за да се стекнат со легален статус пред власта, тие биле должни да се сместат во рамките на некоја од црквите што биле признати од државата. Така, еден добар дел од македонскиот народ останал под Патријаршијата, а друг значаен дел и' се приклучил на Егзархијата. Согласно со законите во Империјата, кои верата ја изедначувале со народноста, покрај графата "Рум милет" (грчки народ), за оние што ја признале Егзархијата во определената државна документација се отворила и графата "Бугар милет". Така, припадници на еден ист народ, дури и припадници на едно исто семејство, во зависност од тоа која црква ја признале, ќе бидат Грци или Бугари, а подоцна и Срби.

Црковното прашање, значи, се решило во интерес на бугарската национална идеја. Една од основните задачи на Бугарската егзархија била да го шири бугарското национално и политичко влијание во Македонија. Преку отворањето на бројни училишта и цркви и преку наложувањето на бугарскиот литературен јазик во училиштата и во администрацијата, преку воведувањето нови, типично бугарски обреди, обичаи, празници и сл., од оние што ја прифатиле Егзархијата во Македонија требало да се создадат национално свесни Бугари, кои требало да послужат како аргумент за третирање на Македонија како бугарска земја. Токму така како што тоа го правела Грчката црква со своите силогоси, а потоа и Српската.

До појавата на организираните пропаганди во почетокот на втората половина на деветнаесеттиот век, во Македонија се забележуваат стремежи и обиди за  развиток на просветата и културата меѓу христијанското население, кое во големо мнозинство било македонско. Првите отворени училишта биле грчки. Тие во првите децении од деветнаесеттиот век се' уште се развивале стихијно и имале слабо изграден кадар. Во Битола, на пример, во 1809 и во 1818 година се споменуваат само  по едно грчко училиште со по  еден учител, мошне малку луѓе меѓу Македонците и Власите (Грци немало) знаеле грчки јазик и писмо. По ослободувањето на Грција се градела политика за експанзија и ширење на грчкото влијание надвор од границите на Грчкото Кралство. Покрај Патријаршијата, сега во . грчката пропагандна акција се вклучила и новосоздадената грчка држава со својот материјален, политички и морален капитал. Од "туѓојазичното" православно население (Православни Македонци, Власи, Албанци) со сите средства требало да се создадаваат Грци. Наспрема целокупното население на Македонија грчкото одвај изнесувало 8-10%.

До средината на деветнаесеттиот век, најраспространетите и  речиси единствени центри на македонската писменост биле келијните училишта. Но, религиозното образование што го давале овие училишта не одговарало на новото време. Новите потреби ја предизвикале појавата на новите, т.н. световни училишта. Некои македонски градови за функционирањето на новите училишта започнале да ангажираат учители од Србија и од Бугарија, но и домашни, кои своето образование го стекнале надвор, особено во Русија. Првите световни училишта биле отворени во Велес, во Скопје, во Прилеп и во Штип.

Странските учители во наставата употребувале свои учебници - српски односно бугарски. Меѓутоа, брзо се појавиле и учебници на македонски јазик, од македонски автори. Најпознати македонски учебникари биле: Партениј Зографски, Кузман Шапкарев, Димитриј Миладинов, Ѓорѓи Пулевски и др. Појавата на македонските учебници била пресретната со силен отпор од страна на бугарската пропаганда, чии раководни центри биле Цариградското читалиште и Македонско-бугарската дружина во Цариград. Со цел да ги истиснат македонските учебници од употреба, носителите на бугарската пропаганда своите учебници честопати ги делеле бесплатно. Но, и покрај тоа, македонските граѓани во голем број ги претпочитале домашните учебници како поразбирливи за децата, и ако морале да ги плаќаат.

Напоредно со развитокот на македонското народно просветно дело, се појавиле и с е развиле литературата и уметноста. Интересот на творците најмногу бил насочен кон собирање и објавување на народното етничко наслаедство. Најплодна и успешна активност на ова поле  појавиле главно истите личности што се занимавале и со учебникарство. Сепак, од сите нив, треба да се издвојата Димитар и Константин Миладинови, Марко Цепенков, Григор Прличев и некои други, чии имиња се посебно втиснати во меморијата на македонскиот човек поради постигнатите резултати - Константин Миладинов со објавувањето на Зборникот на македонски народни песни, Григор Прличев со целокупната дејност што ја развил по добивањето на високата награда од Атинскиот универзитет (каде што студирал) за поемата "Сердарот"  ("O Armatolos"), а Цепенков со собирањето и зачувувањето од заборав на огромен дел од наследената народна раскажувачка традиција.

Познато е дека процесот на одвојувањето на македонското население од општата христијанска православна маса, т.е. од елинизмот, започнал со словенското име. Македонските будители својата борба против фанариотската просветно-културна доминација ја повеле како Словени. Сите преродбеници се гордееле со своето словенско потекло. И народните училишта и народниот јазик честопати ја носела ознаката словенски.

Познато е,  исто така, дека браќата Миладинови и некои други нивни современици се самонарекувале "Словенобугари" или "Бугари". Непристрасната научна мисла, меѓутоа, докажува дека во тоа време терминот "Бугарин" не означувал свест на народносна припадност. "Тогаш ни на кој и да е на ум не му паѓаше, ни на Миладинов, народниот бугарски прогрес, ниту беше возможно да се помисли на нешто слично во овие времиња и места...", пишува Шапкарев. Бугарскиот публицист Атанас Шопов тврди дека "во Македонија немало народна пробуда се' до Руско-турската војна 1877-1878 година... Кај македонските Бугари речиси отсуствуваше народносното самоосознавање, а верата играше важна улога, која беше во исто време и народност за Македонците", тврди Шопов.

При едно такво време, кога христијанската солидарност, а потоа и словенската солидарност, во голема мера, биле основните алки што го поврзувале нашиот народ со другите словенски народи на Балканот и пошироко, бил издаден Зборникот на браќата Миладинови во Загреб (1861 г.) со насловот "Б'лгарски народни песни". Пред тоа, Миладинови пишуваа дека имаат македонски песни за објавување: "... и јас имам многу македонски песни, кои сакам да ги издадам малку подоцна...", стој во едно писмо од К. Миладинов од 8 јануари 1859 година.

Пред влегувањето во печат на Зборникот, К. Миладинов го замолил својот колега од студиите во Москва, бугарскиот фолклорист Васил Чолаков, да му  даде 100 бугарски песни со што би можел, како што самиот Чолаков пишува, "да и' даде на својата збирка име 'Б'лгарски народни песни' ". Нели е тоа доказ дека К. Миладинов правел разлика меѓу македонските и бугарските народни песни? Неговото инсистирање во збирката да има определен број бугарски песни како услов таа да  го  добие   насловот "бугарски" е факт што го потврдува познатото мислење дека доста македонски интелектуалци се "чувале" од именувањето "македонски", бидејќи грчката пропаганда успеала, преку фалсификати и со помош на некои "елинофили", тоа именување да го наметне како грчко, за разлика, на пр., од бугарското, кое се сметало за словенско, иако мнозина Македонци, поради етнонимот Татари, кога станувало збор за Бугарите, ним им го оспорувале словенското потекло.

Создавањето на Егзархијата ја затекнала Македонија во значителна мера со развиена сопствена просвета и култура, во значителна мера ослободена од грчкото црковно и културно влијание и во значителна мера во судир со бугарската пропаганда, која упорно настојувала да го наметне своето, пред се', национално влијание во општествениот живот на Македонија. Доста интензивното објавување учебници на македонското "наречје" и нивната употреба во македонските училишта претставувале најочевиден израз и сведоштво за автохтоната македонска народносна појава, која се самодокажувала со употребата на својот јазик во училиштата и со развивањето на свои самоуправни органи во општествениот живот. Првите удари на Егзархијата, по нејзината појава на политичката и религиозна сцена, биле насочени токму кон потчинувањето и вклучувањето во својата националнопропагандна шема на сите затекнати институции што развива дејност која не се совпаѓала со нејзината програма за создавање свесни Бугари во Македонија. Иако во тоа постигнала успеси, сепак се јавил отпор против таквата егзархиска политика, која доста брзо ќе се прелее во општиот ослободителен напор наречен Македонска револуционерна организација (МРО).

 

Продолжува

Албанци - доселеници

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА АЛБАНЦИТЕ И НИВНОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

*****

Населување на Албанците на Македонскиот Полуостров (Балканот) во 11 век

2. Населувањето на Албанците во Драч и драчката област.

 

Албанците од 11 век до 1280 година живееле исклучиво во областа Арбан, откога почнале да ја напаѓаат и населуваат драчката област. Кон крајот на 13 век е датиран првиот историски податок за албанско присуство во Драч, кога албанците го нападнале и ограбиле, а потоа го напуштиле (Ibidem, 1 p.357).

Историскиот доказ вели дека тие не биле домороден народ во Драч, бидејќи дошле, го опљачкале и потоа заминале од него.

Некаде во 1280 година имало земјотрес во Драч, кој го разурнал градот и староседелското населени од Драч се иселило, а тогаш прв пат Албанците го населиле Драч (Pachymeres, Georgii. De Michaele et Andronico Palaelologis. 1 Bonnae, 1835, p.508). Драч бил голема македонска колонија, кој бил во рацете на македонскиот господар Ивец, еден од првенците на царот Самуил. Ромејските средновековни хроничари опишуваат како македонскиот војвода Ивец имал голем дворец, наречен Проништа, на драчката планина Врохот (така се нарекувала во тие времиња). Појужните области на денешна Албанија ги владеел македонскиот господар Николица, исто така првенец на Самуил (Скилица-Кедрин, ГИБИ, 7, ст.. 292.).

3. Населување на Албанците на југ од Драч

Византискиот историчар Лаоник Халкокондил сведочи дека Албанците откога го зазеле и населиле Драч, почнале постепено да се селат на југ во 14 век (Веселаго, Е. Известија Лаоника Халкокондила, ББ,10, 1956, ст. 140).

Воедно и Јоан Кантакузен, друг византиски хроничар, пак опишува дека Албанците, како номади, за прв пат почнале да доаѓаат во областите на Белград (денешен Берат), Канина и Колонија во 30-те години на 19 век. ( Cantacuzeni, I. Eximperatoris Historiarum, Bonnae, 1, 1828, p. 279/280. 450, 474, 495.)

Но, тоа не била права и масовна колонизација на Албанци во овие места, зошто според турскиот попис од 1431 година имало само неколку албански семејства во споменатите области (Stanescu, E,La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e - 13e siecles, 7, 1979.).

Продолжува

Последица од воините во Македонија.

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

 Глава Петта

ДЕЛ 51

************

Пишува Наум Пејов

СИСТЕМСКИ ПРОГОН НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

1. Положбата на Македонците под грчка власт

 

За да се свати ставот на Македонците во Граѓанската војна, нужно е да се знае во општо црти  неговата положба во границите на Грција. 

Македонскиот народ по направи и обичаи, јазично и етнички и' е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржуазија од првиот момент кога ја прошири својата власт над Егејска Македонија,  изгради политика на физичко истребување на нашиот народ и менување на етнолошкиот состав во своја корист. Тоа го прифати како основно средство до толку повеќе што обилните материјални средства дотогаш растурани преку Патријаршијата и училиштата во Македонија не го дадоа бараниот резултат. Ете каде треба да бараме објаснение, поред останатото, за истребувачките мерки спрема македонскиот народ и целата политика на грчката буржуазија, спрема Македонија.

Со самото настапување во времето на Балканската војна, грчката армија ја опустоши Централна Македонија и десетици илјади Македонци принуди да ги напуштат своите огништа и да бегаат во соседните земји.

По Првата светска војна и Грчко-турската војна од 1920 - 1922 година, Грција направи неколку чекори  во служба на нејзината основна цел: - истребување на македонскиот народ. Во ноември 1919 година меѓу Грција и Бугарија беше потпишана Конвенција за "доброволно иселување на Бугарите од Грција" - тоа се однесува на нас Македонците кои им служиме како пара за поткусурување. Оваа Конвенција ја продолжија неколку пати со цел да се реализира што поголем број иселеници. Како резултат од тие конвенции и воените дејствија од Балканските и Првата светска  војна, во Бугарија се иселија над 95.000 Македонци.

На 30 јануари 1923 година, по поразот на грчката армија во Мала Азија, од страна на Турците во Лозана е потпишана Конвенција меѓу Турција и Грција. Како резултат од оваа Конвенција 538.000 Грци и други христијански припадности се населија во Егејска Македонија и заедно со порано уселените (во текот на војните и после тоа) други 100.000  или вкупно 638.000 лица се населија во Егејска Македонија. (Според необјавениот труд "Миграционите движења во Егејска Македонија од Балканските до Втората светска војна" на Тодор Симовски, соработник на Институтот  за национална историја -Скопје). Впрочем изнесените констатации за миграционите движења во Егејска Македонија и измената на етнолошките услови се слични на сите истражувачи на овој проблем. Тоа се познатите меѓународни акции на Грција да го измени етнолошкиот состав на Егејска Македонија во своја полза. Меѓутоа, грчката буржуазија не се запре на ова. Таа презеде и други мерки со намера да го уништи, истреби или денационализира македонскиот народ. На Македонците во Егејска македонија за цело време под грчка власт не им е признато правото на посебна националност. Секогаш биле малтретирани, омаловажувани и жестоко експлоатирани и прогонувани.

Грчката буржуазија во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија, во ноември 1926 година донесе закон за измена на имињата на селата и градовите, називите на планините, реките и.т.н.т. со грчки. Тој закон е објавен во службен лист на грчката влада "Ефимерис тис кивернисеос" бр. 332 од 21 ноември 1926 година, а во истиот лист бр.346 објавени се новите грчки имиња. (стр. 231 од книгата на Лазар Мојсов "Околу прашањето за македонското национално малцинство во Грција"- Скопје 1954 година).

Во 1929 година, за време кога на чело на грчката влада стоеше познатиот политичар Елефтерос Венизелос, во Грција е донесен закон "за мерки за безбедност на општествениот поредок и заштита на слободата на граѓаните" (Идионимон). Тој закон всушност беше исто што и Законот за заштитата на државата во Југославија. Според овој закон за големопредавство се сметаше секој оној кој се бори за самоопределување на туѓите националности. Фактички овој закон беше насочен против Комунистичката партија и Македонците.

Кога на власт 1936 година во Грција дојде германскиот воспитаник, генералот во пензија Јоанис Метаксас, незадоволен од тогашните мерки против Македонците, со закон го забрани македонскиот јазик и го праќаше во прогонство секој што ќе прозбори и еден македонски збор.

За возрасните кои не знаеа грчки, отворија вечерни училишта во кои на стари години требаше да го учат грчкиот, а да го заборават мајчиниот јазик. Активноста за сузбивање на македонскиот јазик, која беше системска, за бришење на секаков белег што потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија грчките властодршци ги одведе толку далеку, што дури ни мртвите во гробиштата не ги оставаат на мир "Ги бришат словенските натписи на крстовите и ги вадат коските од гробовите и ги спалуваат". {Лазо Мојсов во својата книга : "Околу прашањето за македонското национално малцинство во Грција" - Скопје 1954 на стр. 235-236 го цитира Англичанецот В. Хил, кој патувал во Егејска Македонија 1928 година, а во врска со односот на грчките власти спрема Македонците го напишал следното: "Грците ги гонат не само живите Словени, кои што еднаш ги наречуваат "бугарофили", вторпат "славофони", туку и сите мртви Словени чии гробови се растурени по цела Македонија. Тие дури во гробот не им даваат мир: ги бришат словенските натписи по крстовите, ги вадат коските од гробовите и ги спалуваат".}

Тие и таквите мерки го оставија нашиот народ во економска немаштина, во културна и национална заостанатост. Македонската младина беше воспитувана, колку-толку само во грчки дух, што услови во минатото и сега, масовно емигрирање во туѓина.

 

Продолжува

Виолета Танчева - Златева

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************************

ВИОЛЕТА ТАНЧЕВА - ЗЛАТЕВА

 

Виолета Танчева -Златева е родена на 25 април 1968 година во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Пишува поезија, проза и есеи. Член е на ДПМ од 2000 година. Добитник е на наградата "Браќа Миладиновци" на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2015 година.

Ги објавила следните книги проза: Книга за сонот 1992 година; Враќања 1993; Враќајќи се во Бориево 1999; Шарени писма 2008; како и стихозбирките Мојот Пикасо 2007; Заробеници на молкот 2010; и др.

  • ПРАВ

    Не ми треба многу кога на друго место преспивам
    Само здрав покрив над главата
    и чиста постела врз рамен душек.

    Секако и вода.
    Дома сум попребилива.

    На таванот се излупила варта
    колку врвот на малото нокте,
    Чаршафот не е убаво оптегнат од десната страна
    или не е свежо истресен од ноќните кошмари,
    а меѓу плочките во бањата,
    sирнало окце црнило...


  • Господи,

    за какви се' работи ја трошиме енергијата,
    што штедро си ни ја дарил за разумна употреба.

    Ја растураме на безполезни дреболии,
    заборавајќи на поважните работи
    и си ги абиме снагите низ годините
    во залудна борба, со правта.

    Како да сакаме да заборавиме,
    дека на крајот, само правта останува.

    Автор, Виолета Танчева, Златева

    *************

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

Бисери на мудроста

******

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се' она што не опкружува. Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука.

 

********** 

 

 

  • Арниот јунак дома не умира.

    Арно братство помило од богатство.

    Болеста лесно доаѓа, а лесно не си оде.

    Викај по волкот дури не влегол во булукот.

    Во секое село треба да имаш по еден пријател.

    Далеку оди, ама и за дома мисли.

    Да растуриш е лесно, а да направиш е мачно.

  • Два лешника еден орев кршат.

    Два пати помисли, еднаш прозборуј.

    Пријателот во невоља се познава.

    Ништо не користи да се трча - треба на време да се тргне.

    Орелот се вие во височината, а на свињата местото и' е на буниште.

    Чесната смрт сиот живот ќе го прослави.

    ****************

Kind regards : 25 октомври 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 103

Деца бевме, на кого му згрешивме? Портите ни ги затворија, а светот за нас ништо не учини! (Песна за децата протерани од нивните домови во Егејска Македонија).