Денешниот претседател на македонската влада Зоран Заев, како предводник на деструктивната "шарена револуција".

ПОЧИТУВАНИ БРАЌА И СЕСТРИ

МАКЕДОНЦИ

********

 

Нашата татковина е загрозена од сите страни, а најповеќе од внатре, и тоа од група предавници, од сите бои, собрани околу СДС, предводена од најголемиот предавник во нашата историја и изродник, Зоран Заев.

Тој во спрега со своите наредбодавци и ментори од кругови на "Меѓународната заедница", отворени непријатели на Република Македонија и нејзиниот опстој како суверена и независна држава на македонскиот народ и нејзините национални малцинства, тргна во отворена војна, со цел тотална деструкција на Република Македонија, како унитарна и мултинационална општествено-политичка и демократска заедница.

Своите, и на круговите околу него, интереси, ги стави над интересите на Република Македонија,  како пред услов за влез во НАТО и ЕУ. Во неговите 100 дена во фотељата на претседател на македонската влада успеа да направи толку далекусежни злосторства по темелните вредности на македонскиот народ и неговата држава, за кои нему се доста,  на паметен човек,  повеќе столетија да ги исправи и да ја доведе државата во состојба вредна на нејзиното свето и повеќе милениумско име, Македонија.

ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА 15 ОКТОМВРИ СЕ НАЈСИЛНОТО ЛЕГАЛНО И ДЕМОКРАТСКО СРЕДСТВО ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДОВИ И СЕЛА, СО ЧИЈА МОЌ И ВИСТИНСКА ЉУБОВ КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА ЈА РАЗВЛАСТИМЕ СЕГАШНАТА НЕ ЛЕГАЛНА И НЕ НАРОДНА ВЛАСТ НА ЗОРАН ЗАЕВ И ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ЕДИНА И ВИСТИНСКА ТАТКОВИНА ОД АМБИСОТ ВО КОЈ НЕ ТУРКААТ СЕГАШНИТЕ НЕДОВЕТНИ МАЛОУМНИЦИ И КРИМИНАЛЦИ.

ВЛАДАТА НА СДС И НЕГОВАТА "ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА", КОЈА БЕЗМИЛОСНО ЈА УНИШТУВАШЕ МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИОТ СКАПОЦЕН ИМОТ, СЕ ОДРЕКНА ОД МАКЕДОНСКОТО ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО ВО ПОЛЗА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА, СО ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА ЈА ПОДГОТВУВА ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА НА ДВА ДЕЛА, АЛБАНСКИ И МАКЕДОНСКИ, ПРОМЕНА НА ИМЕТО СО ГРЦИЈА, НЕ Е ВЛАДА КОЈА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЈА ЗАСЛУЖУВА, НИТУ ПАК ЈА САКА. 

НА 15 ОКТОМВРИ СИТЕ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НЕГОВОТО КИРИЛСКО ПИСМО КАКО  КОХЕЗИВНО СРЕДСТВО ЗА СОЧУВУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА И ЗАЕДНИЧКА ДРЖАВА НА СИТЕ НЕЈЗИНИ ГРАЃАНИ И ПРОТИВ ПОДИГНУВАЊЕ НА ЕДНО МАЛЦИНСТВО ( АЛБАНСКОТО ) СО ПОМАЛКУ ОД 17% ВО ВКУПНИОТ БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ДРЖАВАТА НА ПИЕДЕСТАЛ ЗАЕДНО СО МНОЗИНСКИОТ НАРОД, МАКЕДОНСКИОТ, И ДРУГИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. 

СПРЕМА ПРИДОНЕСИТЕ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА  ВО ОПШТИОТ РАЗВОЈ НА  МАКЕДОНИЈА И НЕГОВАТА ЛОЈАЛНОСТ СПРЕМА ИНСТИТУЦИИТЕ И ТЕМЕЛНИТЕ ДРЖАВНИ И НАЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ, ПРАВАТА КОИ ГИ УЖИВААТ СЕ НАД СИТЕ ПРАВА КОИ СПРЕМА МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРОПИСИ ИМ СЕ ЗАГАРАНТИРАНИ НА МАЛЦИНСТВАТА ВО СВЕТОТ.  

ЗАТОА, 15 ОКТОМВРИ НЕКА БИДЕ ДАТУМ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА СЕГАШНАТА НЕ НАРОДНА И ДЕСТРУКТИВНА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА И НОВ ПОЧЕТОК НА СРЕДУВАЊЕ НА НАШИОТ ЗАЕДНИЧКИ  И ВИСТИНСКИ ДОМ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ваш Сотир Гроздановски

Стојан КОЧОВ

СЕ ВРАТИВ ДА УМРАМ

НА СВОЈАТА ЗЕМЈА

**************************

Автор Стојан Кочов

 

Се разнесоа гласови дека Лабро Линин, мажот на прочуената убавица Лина се врати од Америка. Тој без никаква врева се прибра до селото Габреш, припиено за планината Мали-Мади. Беше пустеливо. Се чинеше дека тој беше единствениот жител на Корештата. "Кога одиш сам, патот се чини подолг", си помисли Лабро и седна во затревеното гумно да се нагледа на ширното поле или како што велеше тој:

"Мојата мила Корешта". Така си ја викаше и за неа тагуваше и боледуваше. Седеше скутлен, цврст, но одеднаш се разнежи и небаре ќе го совладаше некаков плач, што му извираше како понор од длабината на душата и во еден момент му допреа солзите и песната од минатото. Се присети како момите се враќаа од вода со разнобојните стомни, кокетирајќи пред ергените. Го однесе мислата далеку, како заробеник, па заборави на се' и запеа сосема сам, со силен треперлив глас:

 

Лино мори севдалино,

Лапка (јаболко) ќе фрла по тебе мори чупо

Ти ќе се врниш да гледаш

Ќе ти го видам лицето,

Лицето бело, Лино

Лино, мори чрвено...

 ..

 

Стана и се фати за стожерот, го сврти погледот кон плевната, вратите зјапаа. Под нозете сети испогазена млада трева, немаше мирис од премаз на лепешка, вилите беа изгниени, се' беше оставено како од војска која логорувала и отишла... 

Тоа претпладне небото над Корештанската рамнина беше шарено, со бели сини облаци. До него допираше шумот од реката и песната на птиците. Се вртеше силно околу стожерот. Му се сврти и свеста, го врати во младоста, мислата му посака да sирне што повеќе во спомените што ги носеше избледени, потиснати и уништени од патилата. Но, човекот кој страсно си го сака татковото огниште, ги чува спомените најдлабоко во тајното скривалиште на душата - се' до смртта.

Му се пристори дека ја гледа Лина на бел коњ, во невестинска руба, со бело венче и спуштени телови од бела срма, покриена со бел проsирен дулбен. Лицето и' беше бело како снег и сега на Лабро му се губеше низ болните солзи. Небаре Лина му се поклони како на стопан, по нашински, но тој не издржа и ги рашири рацете, а Лина грациозно, како да не згазнува и така му се предава во прегратка... Ја милува... и ја губи за вечно како сопатник во Граѓанската војна, кога и беа отсечени, од граната, двете нозе на планината Мали-Мади. Лина беше голем македонски војник... умирајќи го бараше Лабро, не сакаше лесно да и' се предаде на смртта. Го молеше на разделба, но ете по таа голема љубов, Лабро доаѓа доцна, но не по негова вина.

Тој се врати за да им бидат коските заедно. Лабро знаеше дека Лина го очекува.

Престана да му се врти свеста, си го избриша оросеното чело и лежеше како ранета sверка се' до зајдисонце, а кога го покри сенката од планината, небаре му се пристори дека е покривка од дебело валано црно веленце, воздивна : "Ех, љубовта е како црв, гризе по малку, подјадува катадневно, ти одронува од животот... Љубовта е тиранин...".

Лежеше така замислен за животот што бил во таа земја кога беше полна со луѓе, со песна, со плод и здравје.

Според раскажувањето на старите луѓе од селото, Лабро Линин, беше скромно и убаво момче, одвоен од секаква политика и неук. Тој се интересираше само за своето парче земја на кое израсна  како ластар, од старите, длабоки корени на неговите Бочкаровци. Сега Американец, мистер Лем, дојде да умре на тоа парче земја. Тука да подигне светилник. Така и стана. Плановите ги имаше скроено одамна и на селаните им објаснуваше како ќе изгледа сето тоа, а тие гледаа вчудено во него. Некои од нив дури велеа дека е врлав (нетокму) и дека за него ќе биде спас ако оди и се фрли во д'мбенското дуло. Но, кога почна да гради, му се придружија и оние кои беа на подбивање. Мистер Лем, се разбира, им плати за трудот двојно, но повеќето од нив сакаа да работаат доброволно...

Градителите ги облече во бела руба, а и светилникот го обликува со бел гранитен камен. "Моите црни патила сакам да ги претворам во бело... Нашиот корен е тука, во оваа земја. Тој е длабок и бел. Способен е пак да даде род". Им зборуваше, Ламбро Линин.

Темелите ги ископаа длабоки. Полека веќе се наsираше обликот на градбата што ја градеа макотрпно само ноќе. "И мора да изникне од темнината", објаснуваше тој. Се извишуваше, тоа необично здание, а никој не можеше  да одгатне точно што ќе биде; дали црква или музеј, споменик или хотел. Некои велеа дури дека може да биде и вселенска станица. Така нагодуваа, се' додека не почна да се крева највисоката кула, со три ќошиња дури и над врвот на планината Мали-Мади. Мајсторите работеа неуморно. Еден ден јавија дека од горе веќе се гледаат планините Пелистер и Пирин. Мистер Лем посака сам да се увери во тоа што беше наумил пред да почне градбата. Кога се искачи на највисокото, извика на сиот глас:

- Луѓе! Браќа! И од ова црнило сега можеме да ги видиме нашите браќа. Кој сака да си ја види судбината? - се загледа во длабочината кон Југ и викна: - Сега може човек во оваа земја да го види пустошот, гробовите.

Се' му беше обезличено, подивено...

Областа Корешта. Обезличена и подивена!

- Кој сака да им соопшти за сето ова на своите браќа, на светот, нека се искачи! - имвикна на оние што го чекаа долу да слезе.

- Ете, тоа е нашава земја! Гледајте! Таа самата пред очите ти се предава, тажна. Но, е најубава земја на светот!

Родна земјо! Лабро е твој... Гледај какви луѓе сме! Како мравките - пак сме собрани на куп. Ние сме со тебе и дење ноќе и кога сме далеку од тебе... Ние се грижиме за тебе, те галиме со мислите како наша мајка. Земјо! Твоите луѓе се нападени по светот, но тие плачат по тебе.

Слезе возвишен и горд. Ги покани сите што сакаа да се искачат. Не помина многу време, доаѓаа: орачи, косачи, овчари, стари и млади. Свеченоста ја отвори Лабро. Всушност тој се искачи на високата кула и го запали вечниот пламен. Тоа беше сета церемонија. Луѓето очекуваа говор, но тој кога слезе, заплака од радост.

- Нека, нека луѓе! Над нашата Корешта нека гори овој вечен пламен. Нека над сите наши гробови, биде една заедничка светлина.

Сега сета Корешта беше залеана со светлина. Некаква ноќна птица прелета над главата на Лабро. Тој ја проследи со погледот, додека таа не се изгуби спрема изгрејсонцето...

- Каде ли брза толку? - се зачуди Лабро и нишна со главата, радувајќи се на нејзината слобода. - Летај, птицо! И кажи му на светот за оваа наша веселба...

Веселбата толку многу се разгоре, што ечеше цела Корешта; сите играа, пееја облечени во носии, што ги чувале за најубавите дни.

Меѓу луѓето се разнесоа гласови дека ги снемало гркоманите: Синот на куцата Кирица и Ването на Дурови.

Некој ги видел како се смушнале накај Бериќ, трчаа задишани да стигнат до Костур за да јават на власта, но веселбата се распламтуваше се' повеќе, дури толку многу, што луѓето паѓаа во некаков транс, небаре им се здиви крвта.

Приквечерината, дојдоа наоружани хорофилаци*. Го бараа мистер Лем, Американецот. Жолчниот астоном, господинот Мицотакис со коњско лице, нестрпливо тупкаше со ногата и нареди по секоја цена да му го донесат, мистер Лем.

Но, кога се врати хорофилакот Парцалакис  му рече: - имам чест да Ви соопштам, дека мистер Лем порача Вие да повелете кај него на орото.

Астиномот, сега уште побесен, стана и со војнички чекори се доближи до мистер Лем.

- Кога вие скотови ќе престанете да се враќате! Вие сте одамна отпишани, согласно декретот број 2536, му се обрна тој на мистер Лем.

- Одговарајте!!

Мистер Лем, потскокна спрема ритамот на орото, се сврте, го измери со погледот и не сакаше да му рече ништо, но на другото потскокнување, со потсмев го праша:

- Што ве измачува господине? Повелете, веселете се, денес ми е празник на душата. За се', јас плаќам... Уилју плиз, меј... Среќен сум што дојдовте на мојата веселба... господине, еј, господине, овој е мој роден крај. Гледате, се' ми е мило и орото и јзикот, пријателите, улиците. Сите места ми се ...

- Вие сте Американец! Тоа го покажуваат наводите и твојот роден крај, барај го таму!

- Господине, јас добро се чувствувам во Америка, но тој крај е избран по моја невола и колку да го сакам, не може да ми биде како овој, вистинскиот. Овој се носи во душава, во срцето, господине!

- Вие сте за нас туѓинец!

- Немојте господине да бидете толку... Што мислите, вие! Сега оваа убавина, толку лесно се брише од сеќавањето... ?

Не, не! Денес светот има сосема друго разбирање. Тоа од ваша страна е грубо, насилно на човека да му го одземаш најмилото.

Ти, на пример: зошто си го сакаш твојот Крит. Мене, тој твој крај ми е туѓ. Со него ниту сакам да си ги мачам мислите...

- Мистер, Лем! Не ми се потребни... Јас ве прашувам што можете да кажете во своја одбрана.

- Тоа, дека не сум виновен. Јас се вратив да умрам на моево парче земја. Ако ми е вината голема, молам свикајте меѓународен суд.

Мицотакис се втурна врз него со крената сабја.

- А, ете што било!? Ти не ја признаваш нашата власт.

- Вие, господине нас не не признавате во сопствената земја. Што сакате, да ви го признам вашиот пустош?

Погледнете ја Корештата!... Но нашиот корен е тука и јас дојдов да умрам тука! Ете, тука!

- Само тоа не! Ако останат твоите коски тука, тогаш тоа истото ќе го прави и твојот род...

- Токму тоа ми е целта, господине. За да се бараме вечно во оваа земја. Такви се нашите исконски преданија, како кај Јагулите...

- Тоа не мже! Јас сум власт!

Македонски прогнаници од нивната земја - Македонија.

- Вие, господине Мицотакис, можеби повеќе се разбирате во меѓународното право, но јас сум сопственик на ова гумно... Колку што знам, во светот секаде е така, па и во твојот Крит, зар не? И вие, господине, немате право да ми ги терате гостите од ова мое парче земја. Оваа земја јас сум ја орал. Пред мене ја орале дедо ми и татко ми. Тука во оваа земја е закопан дедо ми, прославен Илинденец, покосен од ваш жандармериски куршум. Во илјададеветстоидваесетипрвата година го облековте татко ми војник за да ги остави коските во Мала Азија, за вашата голема Елада! Во илјададеветстотриесетидеветата ги облековте војници и моите браќа за да ја бранат голема Елада од Италијаните и не се вратија од Тепелени! Ех, мој господине! Потоа ме изгонивте и мене. Ете, зошто денес ми е празник на душата. Гледате, секој ден ни се заканувате, а каде ви е вашата рекламирана цивилизација? Не слушаш што ти велам, а? Тука се оженив за мојата Лина. Тука ми се родија и децата и од оваа земја вие ги прогонивте во источните земји. Ете, по овој пат што води кон гробиштата моите пријатели ја носеа во бел сандак мојата Лина. Гледаш зошто толку се радувам? Денес од светилникот си ја видов целата татковина... Ме разбираш ли човеку, астиноме? На, напиј се за душа! Остави ја политиката...

- Не зборувај така мистер Лем. Ќе бидете приморани на ...

- Не ми викајте, Лем, туку Лабро Бочкаровски! Јас сум син на Циљо и Веса, внук на дедо Крсто Војводата! Роден сум, ете, таму во ќошот на урнатините. Присилно иселен! Не сум бегалец па да ми е срам да се вратам, туку изгонет.

Вашите документи, мистер Лем. И ви забранувам да зборувате на славофонскиот јазик. Вие за нас не постоите.

- Немам документи. Ги закопав во темелите. Јас дојдов да умрам на својата земја.

- Тоа не може! Ние ќе треба жив да ве извадиме од нашата Хелада. Не заборавај, ти си Американец, мистер Лем.

- Но јас, господине, таму цел живот работев, само за да го изградам овој светилник и тоа ми причинува големо задоволство да умрам на своето парче земја. Мое човеково право е каде ќе го положам мојот живот...

- Вие уште си зематe за право да го наречете светилник...?

- Да, господине, оти досега најтешко ми беше кога требаше да се крстам на туѓи светилници. Не заборавајте! И ние имаме светли ликови. Сакаш да ти ги набројам? Јас веќе им го одредив местото тука на сите нив. Што мислиш, зарем тие малку сторија за својот народ? Тие и во народот веруваа... и ние имаме светци, господине, родени од нашиот народ, а што лошо сторив јас, само им оддадов почит пред да умрам, тоа е човекова должност и наша традиција. Не ме донесоа овде никакви ветрови, туку срцето...

Вие, значи, се разбирате и во револуција? Вие знаете што ве очекува, мистер Лем?

Обајцата стоеја еден спроти друг лице в лице.

- Господине, нашиот народ вели: подобро е да умреш убиен, отколку смртно исплашен. Во мојата земја, сепак, гробот е најсигурно место против мојата судбина...

- Аха, така значи, стари!

Зад нив Ването на Дурови и синот на куцата Кираца ги триеја рацете.

- Пљусни го, кирие астиноме, оти тој ги наврти селаните, да му ја заштитат оваа  бела лепа к'шта!

Ете, од тука натаму се одвива историјата на Лабро Линин, сета мака, сета жед за справедливоста, сите страдања на неговите предци, се чинеше се сплотиле во него. Во достоинствен изблик на гордост, облечен во бела руба, Лабро ги крена кон небото растреперените раце и се самозапали.

Гореше без да падне и така го предаде својот живот, на саканата земја.

 

Стојан КОЧОВ,

во спомен на сите изгнаници и страдалници

за Македонија, посебно на оние, од Егејскиот

дел на Македонија.

*******************

Албанец - арнаут

 

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА АЛБАНЦИТЕ

И НИВНОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

*******************

Албанско населување во Полог

 

Почетокот на албанското населување т.е. заземање на Полог почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се' до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал Албанци од северна Албанија {Ј. Трифуноски, Полог, стр. 71-74.}. Голем дел од староседелското македонско население на Полог било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум {Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.}. Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.

Албанците од с. Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; Албанците од с. Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с. Длабочица, с. Стража и с. Култино Албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци {Материјали (Софија), 437, 439, 446/447}.

Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.

Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К'нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а во 1890 година опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои исто така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част прва. Народи во Македонија. Арнаути, стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување ( Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.

Ево неколку потресни вистински историски приказни, како врз Македонците од Полог бил вршен етногеноцид.

Во с. Лопушник, кон крајот на 18 век се доселиле тројца Албанци и со "зулум" купиле земја од селаните во Лопушник, плаќајќи им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото {Ј. Трифуноски, Полог, 183.}.

Македонците од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на 19 век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните {Ј. Трифуноски, Полог, 191.}.

Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабеле стоката { Ј. Трифуноски, Полог, 210.}. Во тогашното македонско село Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дојденци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите Калуѓери, освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени. Игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот 1936 година бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 година {Ј. Трифуноски, Полог, 213.}.

И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години, било чисто македонско село, со манастир св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" {муслимански Албанци} го запалиле манастирот заедно со селаните. {Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347}.

 

Продолжува

Албански БАЛИСТИ

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

*************************

ДЕЛ 46

Македонија под османлиска власт

(од XIV до крајот на XVIII век)

******

 

 

8. Период на анархија и разбојништво

Трансформацијата на феудалните односи во Османлиската Империја го означила длабокото растројство на класичното Османлиско општествено уредување. На надворешен план, Империјата се' почесто трпела порази во судирите со модерните европски војски, губејќи територии со секој нов мировен договор и се' повеќе потпаѓајќи под економска и политичка зависност на западноевропските држави.

На внатрешен план, ситуацијата уште повеќе се усложнувала со своеволијата на засилените месни феудалци. Тие толку се засилиле, што некои од нив држеле и своја сопствена војска и воделе независна политика во однос на владата во Истанбул. Централната власт не била моќна да го контролира ниту процесот на ширењето на чифлизите, што уште повеќе го зголемувало незадоволството како кај ситните тимариоти и јаничарите, така и кај обичната раја. Државата, на чие чело се' почесто доаѓале неспособни султани, започнала да запаѓа во анархија и хаос, губејќи ја постепено контролата врз својата територија.

Ваквата анархична ситуација во Империјата се одразила и во Македонија. Во почетокот на XVIII век, во нејзините северозападни делови се' уште се чувствувале последиците од Австро-турската војна (1683-1699). Мнозина од населението што во борбите против османлиската војска учествувале на страната на Османлиите ги напуштиле своите огништа. Голем број села запустиле, а земјата останала необработена. Калуѓерот Јеротиј Рачанин, минувајќи 1704 година низ Овче Поле, запишал: "...И дојдовме на тринаесеттиот конак во Горобинце на Овче Поле...Тука од едно место избројавме четиринаесет големи цркви од бел камен...а сега сите се пусти...".

Од друга страна, во истиот период на територијата на Македонија крстареле бројни разбојнички групи кои соработувале со државните службеници. Овие, претежно албански арамиски дружини, составени од по неколку стотици лица правеле особено големи штети во западните и централните делови на Македонија. Тие напаѓале патници, каравани, манастири, влегувале во градовите и селата и безмилосно пљачкале и убивале. Нивната моќ и смелост била толку голема, што тие често напаѓале и поголеми градови. Познато е дека во текот на 1711 година околу 1.000 арамии од Мат (Албанија), со подршка на мутиселимот на Охрид, неколку пати ја нападнале Битола. Кон овие банди се' почесто се придружувале и мартолозите кои, всушност, биле должни да се грижат за мирот и кои требало да ги гонат разбојниците. Таков бил одметникот мартолозбашија Хибетулах, кој шест години тероризирал во Леринско, Воденско, Костурско, Битолско и Прилепско се' додека не бил убиен (1711 г.) од страна на нерегуларните војски испратени од централната власт. Меѓутоа, по неговото ликвидирање, припадниците на овие војски продолжиле да го малтретираат населението во Битолско. Колкав бил размерот на овие разбојнички активности покажува и податокот дека бил запален и манастирот Рила (1778 г.), а во 1780 година албански арамии од областа Колоња го ограбиле манастирот Слепче во Битолско. Мерките што ги преземала централната власт биле недоволни за да се спречат насилствата, арамиството и општата несигурност раширена низ цела Македонија.

Благодарение токму на овие арамиски групи кои, исто така, играле улога и на наемни платени војски, на територијата на Македонија во XVIII век успеале да се осамостојат неколку крупни феудалци. Околу Дојран, Петрич и Мелник се рашириле имотите на Абдил-ага Шабандероглу, додека во Серската област се осамостоиле семејствата на Али-бег и на Исмаил-бег. Нивната власт била поткрепена од 6.000 Албанци-платеници. Во Охридско, Дебарско и Скопско владеел одметнатиот скадарски феудалец Кара Махмуд-паша Бушатлија, во Тетовско, Гостиварско и Кичевско власта ја контролирале т.н. тетовски паши, а во Охрид Џеладин-бег. Еден од најмоќните одметнати феудалци на Балканот во ова време, чија власт се чувствувала во југозападните краеви на Македонија, бил Али-паша Јанински (Тепеделенли), со седиште во Јанина. Во 1788 година тој ограбил и уништил повеќе влашки населби во епир, меѓу кои и познатиот град Москополе, чии жители, бегајќи пред неговите орди, се населиле во Битола, Крушево, Солун. Дури во третата деценија од XIX век централната османлиска власт успеала да ја стави под контрола ситуацијата, ликвидирајќи некои од овие моќници.

Анархичната состојба во Македонија и на Балканот уште повеќе ја усложнувало и присуството на тн. крџалии, односно планински разбојници, кои се криеле по планините. Тие се рашириле на Балканот по војната што Османлиската Империја ја водела со Австрија и со Русија во периодот од 1787 до 1792 година. Во Македонија свои засолништа имале на Шар Планина, Скопска Црна Гора, Родопите, Огражден и на Плачковица. Овие групи, составени главно од воени дезертери, биле добро вооружени и многубројни, достигнувајќи, понекогаш, и до 7.000 луѓе. Нивни цели на напад биле села, градови, манастири и сите оние места каде што можело да се дојде до богат плен. Во текот на 1792 година, група од 2.000 крџалии од Дебарско првин ја ограбиле Прилепската каза, а потоа градовите Велес и Штип. Во кодексот на струшката црква Св. Ѓоргија стои записано дека во Струга дошле близу 3.000 крџалии со војските на локалните ајани, вршејќи големи зулуми. Ваквата анархична ситуација во османлиската држава продолжила и во првите децении од XIX век, се' додека државните реформи, до извесен степен, не ја смириле ситуацијата.

 

Продолжува

Хари С. Труман

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

*******************

ДЕЛ 21

Глава Втора

Пишува: Наум Пејов

 

По повод присуството на војските на Англија на територијата на Грција, Советот за безбедност ги зеде предвид изјавите што ги изнесоа делегациите на Советскиот сојуз, Велика Британија, Грција, како и изразените мислења од делегациите на другите сили. Изјавите се внесени во документите на Советот, кој на тој начин го смета прашањето за завршено.

********

Непосредно по оваа, односно додека уште се одигруваа овие настани на меѓународен план, во Грција беа распишани парламентарните избори, кои се одржаа на 31 март 1946 година. Од изборите апстинира коалицијата на ЕАМ и некои помали буржуаско-демократски странки. Но изборите беа одржани. Иако беа фалсификувани, тие ја легализираа власта на контрареволуционерните сили. На грчката буржуазија и' беше потребна меѓународна закрила за тоа "дека изборите се слободни". Така помош доби во лицето на комисиите за изборите составени од трите големи сили: САД, Велика Британија и Франција. Овој пат, значи, меѓународната интервенција дојде од Англо-американците, бидејќи ја сметаа како неопходна за да ги сочуваат своите империјалистички позиции во Грција. Откако на изборите од 31 март беше избрана "легална" влада и со плебисцитот од септември 1946 година вратен на престолот кралот Ѓорги II, а едностраната граѓанска војна во Грција со постепениот отпор на масите се претвори во вистинска граѓанска војна во Грција, грчката влада се обраќа одново кон ООН за помош. Така, на 3 декември 1946 година грчката делегацијa при ООН (овој пат таа) "одново го покренува грчкото прашање со едно свое писмо до Советот за безбедност со мотивација дека: "борбата која ја водат во Грција бунтовниците, ја помагаат северните соседи на Грција и со тоа е повредено меѓународното право и е доведен во опасност мирот на Балканот". Оваа жалба на грчката влада беше набрзина ставена на дискусиј во Советот за безбедност и со поткрепата на Англо-американците на 19 декември беше донесено решение за формирање на Анкетна комисија, која на лице место ќе ја испита ситуацијата. Анкетната комисија се состоеше од 11 претставници на Советот за безбедност, а како застапници на заинтересираните страни беа делегати на четирите балкански земји - Југославија, Албанија и Бугарија од една страна и Грција од друга страна. Анкетната комисија започна со работа на 29 јануари 1947 година, кога пристигна во Атина. Таа имаше право да анкетира на лице место и за таа цел, откако од 19 јануари до 15 февруари се задржа во Атина, се префрли во Солун, а поодделни екипи престојуваа како од едната, така и од другата страна на грчката северна граница. 

На 24 март комисијата замина за Софија и Белград, а една нејзина екипа во Скопје, каде остана до 2 април 1947 година и главно се задржа на испитување на сведоци. Пред комисијата пристапија делегации на КПГ и ЕАМ, а една екипа дојде во контакт и со командантот на Главниот штаб на Демократската армија генерал Маркос. Од 17 април до 23 мај 1947 година Анкетната комисија се повлече во Женева за да го подготви извештајот. Се разбира, извештајот не можеше да биде непристрасен, затоа и не беше едногласно примен. Но со мнозинството од 8 гласови во извештајот беше внесена констатацијата:

"Врз основа на фактите кои Комисијата ги констатира-прави заклучок дека Југославија и во помала мера Албанија и Бугарија, ја потпомагаат бунтовничката војна во Грција".

Таа констатација им беше потребна на носителите и заштитниците на грчкиот режим за да ја мобилизираат ООН да и' помогне на грчката влада, односно да го оправда натамошното стационирање на британските воени сили и помошта на Американците од една,  а од друга страна да ја спречат помошта на партизанското движење како "опасност по мирот на Балканот" и "повреда на меѓународното право". Додуша со работата на Анкетната комисија се чу гласот и на демократските сили и во голема мера се мобилизира демократското јавно мислење. Зашто навистина имаше на што да се згрози кога се изнесоа  фактите за неизмерниот терор, бројот на затворениците од 70.000 души, кои не само што не соработувале со окупаторот, туку биле борци на движењето на отпорот, стотици стрелани, испретепани итн. И во таа смисла демократските сили однесоа морална победа.

Врз основа на споменатата констатација на Анкетната комисија, во името на таа констатација и за камуфлирани зад неа, уште пред да ја заврши својата прва анкета, беше одредена нова Анкетна комисија, позната под името "Балканска комисија". Оваа комисија никогаш не беше признаена од балканските земји - Југославија, Бугарија и Албанија, земјите обвинети за тоа дека ја "помагаат бунтовничката војна" и никогаш не беше пуштена на нивните територии. Но, без оглед на тоа, Комисијата постојано прибираше "факти" за тоа дека "северните соседи на Грција ја загрозуваат нејзината независност". Оваа Комисија претставуваше морален фактор на грчката буржуазија, која во текот на 1947 година преживуваше голема криза.

Но моралната подршка не беше доволна за да се задуши партизанското движење, беше потребна и материјална помош. Велика Британија тежината на зголемените потреби во Грција не беше во состојба да ги поднесе и тогаш прискочија и САД. Во март 1947 година тогашниот претседател на САД Хари С. Труман, отворено изјави дека е решен "да ја помогне Грција во очувувањето на нејзината независност". 

Оваа Труманова изјава пред американскиот Конгрес позната како "Труманова доктрина", беше спасителна даска на грчката буржуазија. Врз основа на таквиот став на американската влада, почна отворена американска интервенција во граѓанската војна на Грција. Испратена е воена помош од 300.000.000 долари за 1947 година и таа практика продолжи за целото време на граѓанската војна во Грција, па и по неа. Покрај материјалната помош во воена опрема, грчката армија беше потпомогната и со американски воени експерти. Есента 1947 година беше формиран еден вид заеднички генералштаб под командата на американскиот генерал Ван Флит, а во сите поголеми оперативни единици беа доделени американски офицери. Но, оваа интервенција имаше "легален" карактер. Таа доаѓаше да ја помогне "законитата" влада "законитиот режим во Грција" против "субверзивните елементи".

Американската помош дојде во време кога грчката буржуазија запаѓаше во тешка ситуација. Пред доделувањето на спомената помош, дел од грчката буржуазија почна да се колеба во успехот на една динамична политика што ја спроведуваше владата на Популистичката партија со својот шеф и претседател на владата, Константин Цалдарис.

Темистоклис Софулис, шеф на либералите со своите пратеници во парламентот беше во опозиција и ја критикуваше владата и партизанското движење, како две крајности, и се залагаше "за спогодба", "за мир" итн. Американската помош имаше такво дејство, што целата либерална буржуазија, откако ја поздрави помошта во септември 1947 година, стапи во  коалиција со владата, потоа застана на чело на таа коалициона влада и ја поведе војната против Демократската армија со многу поголема умешност.

Врз основа на два извештаја на Балканската комисија "со факти за намерата на северните соседи", грчкото прашање остана на дневен ред на Советот за безбедност во текот на целото лето 1947 година. Но поради постоењето на вето што го вложуваше советската делегација, секогаш кога за то сметаше да е нужно, на 20 август 1947 година американската делегација со писмо до Генералниот секретар на ООН бараше грчкото прашање да се внесе на заседанието на Генералното собрание, кое требаше да се свика на 17 декември 1947 година во Њу Јорк, со тема "загрозување на националната независност и територијалната целост на Грција". Покренувањето на грчкото прашање од страна на американската делегација во август 1947 година имаше големо значение; претставуваше и охрабрување на контрареволуционерните сили во земјата.

Во текот на август 1947 година во Грција избувна владина криза, но благодарејќи на меѓународниот, а во прв ред, американскиот фактор, постигната е согласност и' е доверен мандат за состав на владата на шефот на дотогашната парламентарна опозиција, Темистоклис  Софулис, кој за Американците како во земјата така и на меѓународен план беше  последен, но доста добар адут. 

Резултат од одново покренатото грчко прашање во Генералното собрание на ООН во текот на октомври 1947 година беше, да се  донесе решение со задача Балканската комисија да и' помогне на грчката влада во задушувањето на движењето. Оваа Комисија, составена од претставници на САД, Велика Британија, Франција, Австралија, Бразилија, Мексико, Пакистан, Кина (куомингтанг) и Холандија, во текот на ноември 1947 година се истовари во Грција и откако неколку дена се задржаа во Атина, се настани во Солун, а свои поткомисии и екипи испраќаше на разни пунктови на самата гранична линија.

Комисијата во Грција се задржа се' до мај 1948 година, кога се повлече во Женева. Балканската комисија стана добар закрилник на грчката буржуазија. Таа редовно настојуваше да не дојде до поефикасна материјална помош на демократското движење од демократските земји; делуваше морално-политички во корист на буржуаската влада како во земјата, така и на меѓународен план. 

Кога на 24 декември 1947 година беше објавено формирањето на Демократската влада со генерал Маркос на чело, Комисијата прва притрча да ги предупреди балканските земји дека "секое признавање на Демократската влада, со генерал Маркос на чело е спротивно на одлуките на ООН", итн. Така "меѓународната интервенција" во грчкото прашање, фактички се разви во корист на грчката контрареволуција.

 

Продолжува

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************************

Славко Јаневски

ЕДЕН ЗАБОРАВЕН ПЕЧАЛБАР

ТАГУВА ЗА СВОЈОТ ВИЛАЕТ

  • Печалбар

    Љубени селани,
    дебрани,
    класје - од безмеѓа црница никнати,
    искри - од дедовско огниште бликнати,
    јаблани,
    еве ви пишувам - стиснат зад неколку јаблани.

    Наслушнав - слава на горниот
    луѓе и вие сте станале,
    на нозе пак сте застанале,
    негде, од земјата студена,
    со крвје што сте ја поеле,
    за себе мера и' кроеле
    секоја бразда со скрвавен чекор и' броеле,
    никнале, ко ден и по деница,
    амбари полни со пченица.

    Роднини родени,
    в румена зорница зачнати,
    луто од бездушник начнати, в гора од омраза водени,
    крвави чекори жито ви завева,
    мене на туѓина - чемер ме навева.

    Дваес' и втора година,
    одкако заминав
    на пат - од својата родина.

    Пустиња, брате, е ова,
    нова Америка,
    горка чемерика.

    Живееш, патиш и сивееш,
    та ил' ќе загинеш
    ил' ќе подивееш.

    Туку и нешто на вера:
    гладните луѓе на секаде
    некако сили си мерат.

    За гуша гладта ги стиснала-
    тие се кренале в стачка,
    крвта ко дождница плиснала
    бојот со црната плјачка.

    Расправа еден од вилает -
    (да ми е довека жив)

  • некогаш Карл Маркс ни нарачал:
    скини го синџирот сив.
    Ако го скршиме врагот
    рај ќе е кај што е пекол -
    -вели - леб ќе се најде
    за сите луѓе на веков!!!

    Ако е така, ќе најдам место
    во таа атака, поарно в битка да зајдам
    одошто да тлеам во мака.

    Зошто да сокривам -
    гладувам,
    ниту за залак спечалувам.

    Еј, радост крилена-милена,
    на сон во дебарско наминав,
    вашите стада ги посретнав
    прснати сегде по планина.

    Пустињо стопанска,
    срцето солзи одронува,
    вие в село се смеете:
    гладниот и просо сонува!

    Туку -
    сполај на господа -
    има и полошо в светов,
    знаете - стрико ми Никодин...
    тој како од ум да се сметнал.

    Нема ни куќа ни куќиште,
    в болка изгорува,
    живее негде на буниште
    самиот со себе зборува:
    Господи душава земи ја,
    или пак дома испрати ме
    светиниколската гемија!

    Потаму што да ви напишам?
    Писмово до вас го испраќам
    некако за да се издишам.

    В словава небаре
    тагата ќе ја оставам.
    Простете.

    Вашиот секогаш
    Илија Илиевски - дебарец


    Славко ЈАНЕВСКИ

Kind regards : 01 октомври 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 98