15 ОКТОМВРИ КРАЈ НА ХАОСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Проф.,д-р Тања Каракамишева-Јовановска

ШТО САКА ПРИБЕ

ОД МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО?

********

Замислете, Прибе зборува за потребата од независност и самостојност на македонското судство, а прва негова вест во врска со тоа прашање е дека бил разочаран што досега немало ниту една осудителна пресуда за лица опфатени со предметите на СЈО!?

 

Човеков бил разочаран затоа што немало осудителни судски пресуди??? Боже Господе, овде се' полудело! Па мајка му стара, кој во оваа држава не е токму, сите ние или сите тие? Или кај нас без да ни соопштат, се тестира некаква нова единица мерка на издржливост по тресната глупост или сме тотално пролупани па можеме да слушаме се' и сешто без грам критичност кон слушнатото само затоа што доаѓа од некакви "свети" европски експерти.

Чекајте бре европски експерти, чекајте бре домашни експерти, нели европските стандарди инсистираат никој надвор од судството да не смее да прејудицира и да "навива" да се носат осудителни или ослободителни судски одлуки? Нели е тоа дискрециона одлука на судијата/судиите обврзани да ги ценат доказите за секој предмет посебно согласно сопствената слободна оценка на доказите и согласно начелото на слободно судско уверување?

Нели судиите секаде, па и во Македонија треба да се независни и самостојни? Нели секое прејудицирање на судски одлуки без разлика од кого, од кој доаѓа треба да се смета за најдиректен притисок врз судиите, или, можеби, кај нас постој посебно правило дека прејудицирањето искажано од устата на кој било европски експерт е само добронамерна препорака, а никако и притисок?

Како е можно од уста на реформатор, од човек што постојано зборува за потребата од примена на европски стандарди во судството да излезе ваква изјава? Како е можно реформатор, пред судот воопшто да ги има завршено постапките, но и пред да се оствари правото на жалба на лицата кои евентуално би биле незадоволни од првостепените, а можеби и од второстепените пресуди, да си дозволи ваква еклатантна екскурзија по нашите подмочани медиуми без никаков критички коментар? Зар Прибе не е свесен дека неговата изјава е директен притисок врз македонските судии да одлучат така как што Прибе им вели? Или токму тоа е целта на изјавата? Од типот кажи мајко, сети се снао.

Ако ова не е брутален притисок врз судството, тогаш навистина не знам што друго може и треба да се смета за притисок.

Каде е во вашата изјава, господине Прибе, заштитатата на пресумпцијата на невиност на обвинетите лица, каде е загарантираната самостојност и интегритетот во работата на секој судија, каде е меѓународно гарантираното начело на заштита на човековите права и слободи пред независен и непристрасен суд, каде е тука владеењето на правото?

Ги оставивте на хартиите?

Проф., д-р- Тања Каракамишева-Јовановска

Кури.мк 16 септември 2017 година

**********

ПРИБЕ

СВИ БИ ДА ВАС ЈЕБЕ ПРИБЕ

- САНДРА -

 

Добро де, безобразан е наслов, не надизајте одма. Инспирација ми дојде слушајќи га Ајс Нигрутина и нема туј ништо спорно. Он репуе, ја краду. Уствари, ја не краду, а Прибе па реагира.

А кој е уствари Прибе?

Македонска нација од средину на јуни и фрижидер да отвори, ќе га слушне његово име, па ред е да га објаснимо човека, за да знаемо дали да ги следимо његови препоруке или "драпај си мео" да биде работа.

Рајнхард Прибе е пензионер човек. Цел живот од пенкало потешко не е дигнаја. Роден е 1949 у Данке Дојчланд. По године е комај врс на маму, ама мама на 57 године се пензионира сас 5 године бенефициран стаж од внатрешни, а Прибе малтене до и чера е 'рмбаја по дипломатки хард корови. Кој му е крив што не си е работаја по службе куде за едну добиваш две године у ПИОМ?

Приебе - напишано на оригинал немачки, завршија Правни факултет и биднаја судија. Пет године студираја. Пред да биде судија, мораја да полага државни испити, ти реков - ми рече и к'де докторираја, седнаја да дели правду у Управан суд. По бурму на руку, гледа се дека е женет. За жену ваљда, све е у игру.

И, добро...

Докторира Прибе и од т'ј д'н, он се добро углави у некои комисија за земјоделие и трактори, па бидне шеф на оној, шеф на овој и како што се лепи в'шка на в'шку, а пара на пару, на Приебета му се прилепи функција Шеф на Генералан Секретаријат за проширување на ЕУ за државе кои они ги нејќев и такој он научи све живо за овија простори, гледајќи не' преку округли наочарке како што е носија Херман Геринг на времето.

И, туј се закува наша каша.

Ќешке Приебе да не биднаја тој за проширување на европски вене и до коцку да не е бија запознаен сас наши рак ране, попут злоупотреба на власт, корупција и немање базичну општествену одговорност и свест, не ќе имасмо с'га потребу, од јуни навамо, сваку втору реченицу да гу почнемо сас фразу: Ама согласно препораките на Прибе, ама Прибе такој кажа, не ме нервирај, ќе те кажу на Прибета.

Т'ј исти Прибе што га споменуемо бетер од оној "нели" на Љубчу, како на серију "Вратиќе се роде", онакој пензиониран и сас едну ногу у гроб, седне и напише 20 стране "Оче наш", пошто ебу ли га, па преко ебу ли га, после  Рамкован договор кој е иначе најштетан договор икад постигнат на Балкан, дојде им на Европјани од нас преко Тасета.

Све што ми текнује у даден момент е само една работа:

Добро бе, зашто мораше да ни се деси Прибе и тија препоруке, кои за волју на истину, су базирани на добро скенирану ситуацију на терен и на сметку на доверљиви информације прибавени од разговори сас високи државни претставници, да ни фрљав љагу на образ за да не можемо да пркнемо даље?

Дваесе године се копешкамо како усерени, време за кое бивша СФРЈ успеа да изгради државу за да накрај завршимо на дереџе да дојде некој си Прибе и да не потсети дека не треба да се злоупотребује слобода на говор, на медиуми, делување на УБК, да не потсети дека суд је суд, а ќуд је ќуд...

Зашто ни га требаше Прибе да не врати у нормалу и милион , и нешто, после цел имигриран народ од Македонију, да не шамара сас препоруке и свак втор  д'н да ни доваѓа Владичин Хан и да ги седнује до ниедно време онија четворица кои имасва и имав обврску да извадив народ од гомна?

Што проклет народ ќе бесмо?

Има ли у овуј државу некој да мисли добро за мене, за наши деца, за наши потомци или све е удрило на назадицу, водејќи се од максиму "Што ги ебам, ќе ги сечам"?

После све, па ќе се врату на реченицу на моега татка, иначе члан на СКМ од 1963, а тој е: мене не ми треба ни полиција, ни суд, ни антикорупциска. Чист образ - миран с'н.

Е мој "комуњару"...

Док на нас не ни требав сви тија што цицав од државну цицку, дојде' Прибе и како што изгледа, сви ќе не трти за сметку на несовесни и неморални лица кои јутре па ќе си здиплив од Македонију, остављајќи не нас да се превртуемо од први до први, мислејќи се дали ќе имамо довољно паре да платимо сметке, док чекамо Влада сас ваучер да потврди дека наочаре на Премиера су купени од Алиахметиекспрес за 12 долара.

А ти Прибе, извини на наслов и речник, ама, нејќу тебе, пошто ми кои поштуемо закон и ред, твои препоруке, си ги имамо инсталирано у ментални код и ти најмалко ни требаш да ни изиграваш потсетник ала он'ј што га ми жене заокружуесмо на времето к'д треба да ни дојде.

 

off.net.mk

 

ТЕШКОТО

НЕГОВИТЕ КОРЕНИ

РОЖБАТА ...

********************

Играорецот од Лазарополе е уникатен во својот играчки израз. Тој умее и ги решава најсложените проблеми на орото. Крајно свесен, со вчудноневидувачка енергија се нафрла и го доградува "Тешкото". Тој и не е свесен, не знае, не може ниту да претпостави дека неговиот производ ќе ја извиши сопствената земја со тоа што неговото духовно богатство Тешкото ќе се обнароди. Печатот на една цивилизација, а внатре во неа на едно време, може да се отслика во една игра, во едно оро. Содржината на играта на Тешкото е печат на начинот на живеењето на луѓето и воопшто на општественото уредување.

Врз темелите на анализираната градба на Тешкото може да се тврди дека сите култури имаат свое потекло и во играта. Нагонот, потребата за игра значи и целосно реализирање на севкупното човеково опстојување. Тоа сепак е лоцирано и во границите на уметноста. Или како што вели Шилер: "Човекот игра само тогаш кога е во вистинското значење на зборот човек, или и тој е потполно човек само кога игра."

Полната слобода за човекот постои единствено во играта.

Хераклит е творецот на дијалектиката. Основата на неговата филозофија е мислата дека светот се наоѓа во состојба на непрекинато создавање и уништување, дека дека се' тече и е подложено на преобразување, дека во борбата на спротивностите е изворот на развојот и напредокот. Но, тоа никако не значи дека во неа владее хаосот. Зашто овај исконски дијалектички процес се одигрува според одредени правила кои што Храклит ги нарекува логос. (Светски ум или светски закон, збор, говорум, разум, моќ да се размислува, да се просудува.)

Вметнувањето на Хераклитовата дијалектика во овој текст има само една смисла: да укаже дека Тешкото е создадено за на век. Нема негово уништување. Има само надградување.

Уште од древните времиња човекот се стремел да создава и песни и опа, за преку нив да ја наслика стварноста на живеењето, битисувањето, во сета нејзина автентичност. Впрочем, нашето големо фолклорно богатство и не е производ на еден човек.

Тоа претставува врв на колективни креации во кои вткајувале секој по нештво за на крајот како финални производ да излезе, да се покаже совршенството. Во галеријата на таквите совршенства, на таквите ремек - дела на македонскиот културен простор, секако спаѓа и орото Тешкото. А тоа пак немаше да се роди, да созрее, ако пред тоа на просторите на кои живеат Мијаците, во селата на Малореканскиот предел, не се играа Лесното, Чивте Чамче и особено Манукот. Од чекорите на овие ора беше создадено Тешкото.

Од сите Мијаци за Лазареовците се вели дека се најдуховити. Тие умеат да го насмеат најсериозниот човек, правејќи се при тоа наивни. Многу се отворени. Скоро и да не се загрижени. Другите, Мијаците ги опишуваат како многу духовити луѓе. Врз база на анализа точно ја забележуваат карактерната црта на својот соселанец, сосед или пријател, за потоа да му измислат прекар, најчесто шеговит. По карактер се подбивни, но секој пат на суптилен начин. На својот сопствен јазик, наречен бошкачки, му даваат свои досетки, го збогатуваат, се смеат во себе, без да почувствува или, пак, да се навреди оној кому му се потсмеваат. Знаат, лазаровци, меѓу себе и отворено да се мајтапат. Меѓу сите Мијаци се познати како луѓе особено надарени за песна, оро, правење мајтапи на своја сметка, со еден збор, препознатливи. За меракот кон орото, како илустрација, ќе го приведам пишувањето на Ристо Бужаровски во книгата "Галичка повест" печатена во 1976 година. "Галичаните се приврзани повеќе кон песната. За орото поголеми мајстори се играорците од Лазарополе."

Како анегдота се раскажува дека во минатото, кога печалбарството било масовно кај Мијаците често по патиштата на Бистра планина демнеле арамиски банди, особено биле присутни во месеците кога печалбарските тајфи се враќале од гурбет, а со себе ја носеле целата заштеда. Никогаш не биле напаѓани, а со тоа и ограбувани Лазаровци. Скоро секој пат тоа се случувало на печалбарите од другите мијачки села. А како ги препознавале организираните арамиски банди? Велат на многу лесен начин. Најискусниот водач на . бандата ги поучувал своите од дружината:

- Печалбарите што минуваат по патот слушајте ги за што муабетат. Ако зборуваат за домаќинлок, за тоа кој колку спечалил, колку овци има намера да купи, тоа се галишани. Ако водат учен разговор, тоа е тресончанин. Ако темата на муабетот им е алкохолот и жените, се гарчани. Ако пак зборуваат за невести, убави девојки и притоа се договараат како ќе го играат Тешкото на празникот кој се наближува, тоа се лазаровци. Тие и најмалку имаат спечалено затоа и не треба да се ограбуваат.

Има и дообјаснување на оваа анегдотска итрина за препознавањето на Мијаците - печалбари. Ако патуваат на коњ - продолжува главатарот на бандата, галичанецот го води за оглав, тресончанецот го тера со прачка, гарчанецот го тера со песна, а лазаровецот е качен и при товар го јава коњот на страна.

Орото и песната односно фолклорната традиција можеби најсилно се рефлектирала и дошла до израз за време на турското ропство, односно за време на печалбарството.

За фолклорната уметност, како впрочем и за уметноста во целост барањето на нови патишта е сосема нормална појава. Но секогаш секој сака да создава потпирајќи се врз темелите на претходното искуство. Во Лазарополе ергените плаќале и ги виеле танците. До нив во орото се фаќале младите моми. Во продолжение се невестите омажени последната година, фатени строго по редослед како која се свршила во текот на годината. Во орото нема предност ниедна невеста. Овде не важело правилото на убавината, богатството на носијата, социјален статус ниту пак умешност на играње. Правилото било само редоследот на свршувачката. Прва е невестата што е прва свршена во текот на годината и така со ред. Свршениците пак немале пристап до орото. Тие можеле само да гледаат. И не одблизу, туку од прозорците на околните куќи. Постарите невести имале право да се фаќаат (со посредство на свекрвата) во орото каде било. И кога ги споменувам непишаните правила за лазароското оро, треба да кажам дека гостин од туѓото село без најава и дозвола не можел да свие танц-оро.

А сега и неколкуте непишани правила што се практикуваат при играњето на тешкото.

- Само ороводецот изведува итроштини, клекнува или се врти, го исклучува или успорува темпото на орото.

- И жените во Лазарополе го играат ова оро. Тоа значи дека не е тоа исклучиво машко оро. Но, како надополна уште треба да се каже дека женскиот свет се фаќа во вториот дел од неговото исполнување, кога орото се забрзува и уште на крајот од танецот.

-Играорецот од Лазарополе, ороводецот, никогаш не се качил на тапанот. Тоа е лична креација на Шпире Жикоски - Јариче. Тоа негова надградба, негов придонес во дефинитивното формирање на Тешкото.

- На топанот се топа со двете раце. Во левата рака е прачката, во десната топанарката. Со прачката се удира се' дотогаш додека не се фати ритамот на ороводецот, во кого сите играорци се загледани и ги следат неговите чекори.

- Кога се игра Тешкото изразот на лицата кај сите играорци е сериозен и никој не се смее. Како да сакаат со тоа да кажат дека играта, а преку неа и настаните што ги соопштуваат се многу сериозни.

- Има играорци што го практикувале Тешкото и во тепсија, но само Ичко Ковачевски бил виртуоз. Можеби како што веќе рековме и негов зачетник. Ако се просудува по презимето кое говори дека по занаетот бил како и зурлаџиите и тапанарите, може да се извлече паралела дека рожбата на Тешкото како и на ковачкиот занает во Лазарополе, се случува во исто време.. А нивни автори се домашарите, луѓето што се плашат од печалба, но ја доживуваат на свој начин. Мијаците преку писменоста што ја зрачеле по манастиритњ Свето Јован Бигорски и Света Пречиста Кичевска, преку ликовната уметност презентирана во делата на зографите и копаничарските тајфи, преку архитектурата на мијачките неимари, преку црковната музика запишана со неумски знаци и со своите фолклорни креации и традиции, остварија наднационален универзален придонес.

И како што рековме, во почетокот на вековите што останаа зад нас преживеаја единствено културните настани, односно нивните творби. Се зачува само креативниот дух што ги има создадено делата, како што е Тешкото, таа духовна светлина што зрачи. А Мијаците знаат да ја негиваат традицијата.

Од книгата "Тешкото од Лазарополе"

од Блаже Смилески, 2006 година.

**********

 

 

Проф., Ангелина Маркус

ХИПОКРАТОВАТА ЗАКЛЕТВА 

Професорка

Ангелина Маркус

ДЕЛ 01 

Во времето на Хипкрат, медицината се' уште беше привилегија на одредени познати медицински семејства и се' уште ја одразуваше врската со филозофијата. Лекарот е филозоф, како Хипократ, а филозофот е лекар како Аристотел. И двајцата припаѓаат на лекарски семејства со генерации.

Во IV век пред Христа и филозофијата и медицината беа посветени тајни школи што знаењата ги откривале на тесен круг роднини и со заклетва се обврзувале да ги кријат таините од непосветените. Мистериите и таините од Питагорината школа се прифатија и се спроведоа во медицината и во Асклепијадите. Како што содржината на космолошката филозофија се протна во медицината, исто така етичката проблематика си најде примена во заклетвата. Целиот тој систем на лечење и лекарската филозофија, како привилегирана професија, немаше да им таков ефект ако не беше ставена под заштита на македонските царски семејства. Царската династија застапуваше лекарски династии со именување на царски лекар. Можеме да ги посочиме по име и род сите лекари по македонските градови на државата од Александрија, до Рим. И ќе го сториме тоа.

 

  • Питагора р.ц. 570 - 490 п.н.е.

  • Хипократ 460 - 370 п.н.е.

  • Асклепије IV век п.н.е. Бог на медицината

Ако се запрашаме кога и каде е пишувана медицинската заклетва, одговорот ќе го најдеме испишуван во биографијата на самиот Хипократ. Од Беломорските острови Кос и Книд патувал насекаде низ Македонија. Одбил да оди во Персија.

Атина по Пелопонеските војни и тиранијата на триесетмината не била место ни за живеење, а камо ли за научна работа. Особено од како биле убиени и протерани многу негови лични пријатели: Сократ, Тукидит, Анаксагора... Тој, како и други се населиле во Лариса, во близина на македонските престолнини, од каде што и како царски и како патувачки лекари вршеле работа низ многу широки области. Тесалија, во тоа време, била македонска област. До каде што оделе и живееле македонците, до таму стасувала и науката и медицината. Искуствата низ војната и ранетите, го зголемувала и медицинското искуство. Разновидното и комплетно живеење во Македонија е главната подлога за севкупното творештво, па и медицинското. Влијанијата едни на други луѓе бил друг вид предизвик за соработка.

Хипократ го познавал етичкото учење на Сократ и бил воодушевен од неговите морални доблести, што Атина ги губела со убивањето на толку учени луѓе, дојдени да ја просветуваат. Набрзо во Македонија се собрале голем број од тие што биле протерани. Архелај им дал и заштита и услови за работа. Кај Архелај дошол Хипократ со сето лекарско семејство: со синот Тесал и Дракон, зетот Полиб и другите. Дошол и останал повеќе од половина од својот живот во најплодните творечки години, да живее по македонските престолнини, да ги лечи македонските цареви се' до Аминта, таткото на Филип II. Тука е напишана Заклетвата за потребите на царското македонско семејство. Тука се спроведува терапија во болнички услови и тука се пишувани сите медицински книги. Тука, во Македонија, густо се збиени Асклепијадите и светилиштата каде што била најсилна и присутна древната традиција на секој вид училишта. Податоците зборуваат дека и пред Архелај, Хипократ го лечел и Пердика II.

По Аминта, синовите покрај Аристотел ја продолжиле професијата царски лекари кај Филип II и Александар Македонски. Особено Тесал, во придружба на фалангата патувал до Индија и се вратил во Пела. Пото, уште долго медицината со Хипократовата заклетва се движела по светот до денешни денови како основно кредо за медицински морал. Значи изворот за заклетвата е македонската традиција и царство. Македонската филозофија на моралните норми и соработката на луѓе од сите профили што допринеле за сите форми на свеста да се развијат на највисоко ниво. Филозофијата, медицината, сите науки во уметничкото творештво, општествените настани, се ' тоа поединечно и воопштено, остави траги како трајни сведоштва за Македонците. Сепак, фармацевсткиот знак со змијата и Медицинската заклетва ги прифати цел свет како симболи на хуманост од Македонија. Не е случајно тоа што во секој откопан град пронајдуваме статуи на Асклепие.

 Заклетвата, таквата каква што ја имаме сега по sидовите на амбулантите не е онаа истата. Промени претрпела и медицината и текстот и моралната зрелост на лекарите. Хипократовата заклетва се негува по светот повеќе како морална обврска, како свечен чин, а за нас Македонците има историско значење на филозофското архе или прапочетокот во медицината. 

Содржината на Заклетвата ја изговара секој лекар кога ја почнува медицинската практика. За да ја знаат сите, ја приложуваме.

 

ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА

Во часот кога стапувам меѓу членовите на лекарската професија свечено се обврзувам дека својот живот ќе го ставам во служба на хуманоста.

Кон своите учители ќе покажувам должна благодарност и почитување.

Својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено.

Најголема грижа ќе ми биде здравјето на мојот пациент.

Ќе ги почитувам таините на тие што ќе ми се доверат.

Со сета своја сила ќе ги одржувам честа и благородните традиции на лекарската професија. 

Моите колеги ќе бидат мои браќа.

Во вршењето на должностите кон болните на мене нема да делуваат никакви обзири, вера, националност, раса, политичка или класна припадност.

Од почетокот апсолутно ќе го почитувам човечкиот живот.

И под закана нема да дозволам моите медицински знаења да се искористат спротивно на законите за хуманоста.

Ова го ветувам свечено, повикувајќи се на својата чест.

***************

Една варијанта на заклетвата ни зборуватокму за нашето образложение. Се работи за заклетвата поместена во книгата "Бошествена медицина" од д-р Петар Станковиќ, пишувана 1941 година, издадена 1988 година во "Култура" Белград.

 

Автор, проф. Ангелина Маркус

Сулејман Величенствени 6.XI.1494 - 7.IX.1566

ИНСТИТУТ

ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

**************************

ДЕЛ 45

МАКЕДОНИЈА ПОД ОСМАНЛИСКА

ВЛАСТ

( од XIV до крајот на XVIII век )

 

7. Опаѓањето на Империјата и промените

во тимарско-спахискиот систем

 

Владеењето на султанот Сулејман Законодавецот ( 1520 - 1566 ) се смета за зенит на моќта на Османлиската Империја. Нејзината територија се проширила  и се зацврстила на три континенти, вклучувајќи во себе повеќе од 20 милиони жители, со што во тој момент станала една од најмоќните светски сили. Но, токму во тој период се појавиле и првите симптоми на процесот на нејзиното опаѓање. Првите знаци на тој процес се појавиле со неуспехот на Сулејман во походот на Виена и неговата смрт ( 1566 г. ). Од тринаесетте султани што владееле во периодот од  1566 до 1718 година, само двајца, Мурат IV (1623-1640) и Мустафа II (1695-1703), биле способни да владеат. Селим II (1566-1574) бил пијаница; неговиот син Мурат III (1574-1595) задавил пет свои браќа и поминал 20 години во својот харем, имајќи вкупно 103 деца; Мехмед III (1595-1603), за да го обезбеди престолот, ликвидирал 19 свои браќа. Од друга страна, целиот XVII век бил век исполнет со војни кои, честопати истовремено, се воделе и на европскиот и на азискиот фронт. Долгогодишната Кандиска војна (1645-1669) завршила со зацртана цел, освојување на Крит, но со огромни човечки и материјални загуби. Од неколкуте војни што во втората половина на XVII век се воделе на европска почва против Полска, Русија и Австрија, најтешки последици за Империјата имала војната со Австрија. Величенствениот поход на Виена, кој започнал помпезно во 1683 година, завршил катастрофално со мирот во Карловци од 1699 година. Со овој мир Османлиската Империја ги претрпела најголемите територијални загуби во својата историја. И во следниот, XVIII век, главната политичка историја на Османлиската Империја се одвивала на бојното поле. Повторно нејзини главни противници биле Австрија, се' почесто Русија, како и Иран. Од војните во овој век, како предводник на антиосманлиската политика се намметнала Русија, која во XIX век имала главна улога во подршката на борбата на балканските православни христијани за ослободување од османлиската доминација.

Воено-политичката криза на Империјата била проследена и засилена со длабоки промени што го зафатиле и тимарско-спахискиот систем. Позтепеното нарушување на недвижниот карактер на тимарот како воено лено и неговото се' почесто преминување во рацете на лица што не му припаѓале на  спахискиот ред биле основна причина за настанатите промени. Се' повеќе други лица, припадници на аристократијата, чиновници, лихвари и трговци, служејќи се со мито и со фалсификувани документи, станувале  господари на спахиската земја, без да ги извршуваат  воените обврски што произлегувале од поседувањето на таа земја. На нивно место во воените походи тие испраќале свои заменици, кои често не биле обучени за војна, ниту пак биле соодветно опремени. Одземањето на тимарите преку фалсификувани берати од законските поседници постепено ја руинирало структурата на ситните спахии-тимариоти и го поткопувало целокупниот тимарско-спахиски систем. Бројот на  спахиите, од 87.000 во времето на Сулејман Законодавецот, во 1609 година се намалил на 45.000. Во исто време Портата се обидела со зголемување на бројот на јаничарите и со нивно распрснување во гарнизони низ целата земја, да ја засили својата моќ. Меѓутоа, ниту јаничарите веќе не биле дисциплинирани и фанатична војска како во почетокот на нивното формирање. Нивните редови се' повеќе се пополнувале од лица што не биле регрутирани по пат на девширме, а во градовите во кои биле распоредени, тие се' помалку ја извршувале својата војничка должност, а се' повеќе се занимавале со трговија, лихварство, занаетчиство, претворајќи се во влијателна политичка сила.

Меѓу резултатите на кризата во тимарско-спахискиот систем била појавата на чифлизите, како нов вид  феудална сопственост. Создавањето на чифлизите било овозможено со правото на рајата под определени услови да го отуѓува, продава, подарува и наследува својот посед. На тој начин раинската земја била ставена во економски промет што овозможило  таа да преминува во сопственост на лица што не биле земјоделци. Како сопственици на раинската земја, започнале да се јавуваат лица од редовите на феудалната класа и од војската. Тие, со купување и спојување на мали имоти, со текот на времето станувале крупни земјовладатели - чифликсајбии, а селаните што работеле на тие имоти  биле нарекувани чифчии. Всушност, чифликсајбијата бил трето лице кое се вовлекло меѓу рајата и спахијата и кое го презело правото на поседување на земјата од селанецот. Лишени од својата земја, покрај давачките кон спахијата, селаните морале да го даваат и делот што одел во полза на чифликсајбијата. Во Македонија процесот на узурпација на раинската  државна земја може да се следи уште од крајот на XVI век и веќе до крајот на следниот век чифлизите станале доминантна форма на земјопосед. Во наредниот период овој процес уште повеќе се засилил, што довело до потполна доминација на чифлигарството во Империјата и до укинување на тимарсхо-спахискиот систем во XIX век. Спротивставувањето на спахиите и обидите на централната власт да го спречи ширењето на чифлизите, немале никаков ефект.

Кризата во османлиското општество и во тимарско-спахискиот систем најмногу ја почувствувале селаните. Поради дефицитот во државната благајна, централната власт го засилила економскиот притисок врз рајата, зголемувајќи ги висината и бројот на даноците. Како пример за зголемувањето на даноците можат да послужат податоците за арачот и за вонредните давачки чии износи, во 1582 година, се движеле меѓу 50 и 70 акчиња, односно од 40 до 60 акчиња, но кои веќе на крајот од XVI век се зголемиле на 240, односно на 300 акчиња. Притисокот врз рајата уште посилно се чувствувал особено за време на војните. Тогаш се зголемувал откупот на земјоделските производи за пониски цени дури и од оние што биле ослободени од вонредните давачки. Ваквата ситуација често била користена од локалните моќници кои понекогаш и по двапати годишно собирале данок. Друг начин на се' поизразеното експлоатирање на селаните биле паричните позајмици кон кои тие морале да прибегнуваат за да ги исполнат даночните обврски. Гаранција за заемот најчесто била земјата, а тоа бил еден од начините за обезземјување на селаните, кои не секогаш успевале да го вратат заемот, кој обично бил со многу  високи камати. Понекогаш селаните поради неможноста да го вратат заемот бегале од земјата, како што бил случајот со рајата од Охридската каза, која во текот на 1606 година ги напуштила селата поради прекумерните камати што им биле земани од страна на лихварите. Избеганата раја најчесто заминувала во најблиските градски центри кои, во наредните векови, поради зголемениот прилив, постепено го зголемувале бројот на христијанските жители.

 

Продолжува

 

Винстон Черчил 1879 - 1965 година

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

********************

ДЕЛ 20

Глава Втора

Пишува: Наум Пејов

 

4. Меѓународна интервенција

Меѓународната интервеницја во Грција всушност почна уште во текот на Втората светска војна, кога Англија под изговор на помош на движењето на отпорот во земјата го помагаше колаборационистот Зервас, а го запираше масовизирањето на вооружениот отпор под раководството на ЕАМ. Но, тоа сепак беше скриена интервенција, додека не дојде откриената англиска намера во декември 1944 година. Тоа беше кулминацијата која непобитно потврдуваше, дека грчката десница се наоѓа во крајна нужда и пред опасност наполно да ги изгуби своите позиции, да биде симната од власта.

Декемвриските настани беа во  својот разгор кога во Атина пристигна претседателот на англиската влада Черчил во придружба на министерот за надворешни работи Иден, командантот на силите на Средниот Исток Александар и министерот за Средниот исток Макмилан. На 26 и 27 декември 1944 година во Министерството за надворешни работи на Грција, под заштита на англиските тенкови, се одржа конференцијата на која присуствуваа претставници на политичките партии, претседателот на грчката влада во оставка, Георгис Папандреу, кандидатот за регент атинскиот архиепископ Дамаскинос и Николаос Пластирас (кандидат за претседател на грчката влада). Од страна на КПГ и ЕАМ присуствуваше секретарот на ЕАМ и член на Политбирото на ЦК КПГ Димитриос Парцалидис. На состанокот исто така присуствуваа и претставници на двата големи сојузници: амбасадорот на САД во Атина, Мак Ви и претставникот на Советскиот сојуз, полковникот Попов.

И самото доаѓање на Черчил говореше дека со интервенцијата која ја презеде, англиската влада беше доведена во крајно незгодна ситуација, како во својата земја исто така и во светот кој живееше во атмосферата на коалицијата. Од друга страна ова говори и тоа дека грчката десница беше во крајна опасност; ако борбата се развие во сегрчки размери би имало опасност да ја изгуби битката. На овој состанок не се постигна согласност, па борбите и натаму продолжија и завршија, како што е речено, со спогодбата во Варкиза.

По оваа меѓународна сцена во грчкото прашање, работите тргнаа по патот на еднострана граѓанска војна со морална и материјална помош на грчката десница од англиските воени сили, кои останаа во Грција по завршувањето на Втората светска војна.

Во текот на целата 1945 година грчкото прашање не стана предмет на меѓународни расправи.

Во намера да и' се помогне на ЕАМ, која се наоѓаше во тешко прогонство во земјата, уште во почетокот на 1946 година на 21 јануари советската делегација во ООН го покрена грчкото прашање во Советот за безбедност со барање да се донесе резолуција за "повлекување на англиските окупаторски сили во Грција". Но таквата резолуција наиде на огорчен отпор како кај англиската, исто така и кај американската, француската и други делегации од западните сили. Покренувањето на грчкото прашање од страна на советската делегација по долги дискусии во Советот за безбедност, заврши на 6 февруари 1946 година со една неодредена резолуција во која меѓу другото се вели: "Советот за безбедност ги зеде предвид изјавите што ги изнесоа делегациите на Советскиот сојуз, Велика Британија, Грција, како и изразените мислења на другите сили по однос присуството на британските војски во Грција. Изјавите се внесени во документите на Советот, кој на тој начин го смета прашањето за завршено".

 

Продолжува

 

Кочо РАЦИН
Род., 22.XII.1908 Велес
Убијен 13.Vi.1943 Kичево

********************************

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************************

 

САНДАНСКИ

- ПОЕМА-

  • Пирин национален парк

    Од село бил.
    Сиромав.
    За маки селски тој знал
    и за борби селски -
    од мал.

    Со шупелка свирел
    овци пасел
    и замаен -
    често слушал ветерот веел
    гора лулеел
    и в букви чести ајдучки песни
    пеел...

    Пирин Планина,
    ајдучка мајка,
    со млеко го прва
    доила;
    Пирин Планина,
    ајдучка мајка,
    за борба го прва
    учила!

    Со шупелка свирел
    и раснал орел -
    Ел Тепе гордо
    на Пирин бел -
    Со шупелка свирел
    и овци пасел
    и дете уште -
    видел:

    Татко му
    бајрактар
    по Пирин Планина
    ајдучко знаме развел,
    од Кресна и Разлог
    народот селски
    на ворба
    повел...

    А после прокуден
    од тиранин проклет
    оставил в пепел
    мајчин кат,
    и скитник со свои
    по белиот свет,
    се прибрал
    пролетер
    в далечен
    град.

    И с чеканче в рака -
    од мугра до мрак -
    тој клинци на кондури
    ковал,
    и горки неволи
    на живот недраг
    през огнени сништа
    сновал.

    Живеел
    в маки
    и кална пот
    сред ропство и срам
    и дни без надежни,
    но орел - сам -
    сред тој живот -

  • Јане Сандански

    тој назрел висини
    врвои снежни;
    распалил гради
    и в занос цел,
    Чернишевски,
    Писарев,
    тој жедно чел.

    И в бујна младост
    за Гоце узнал, за дело народно свето,
    тој следел по стапка му -
    верен другар -
    живот и смрт
    за делото
    дал.
    И срамно намразил
    ропство мрак
    и смртно заљубил
    Родина,
    тој вивнал,
    на ропство згазил,
    тргнал
    титан по Пирин Планина.

    Во секое село,
    во секој град
    го знае стар
    и млад:
    Сандански цар
    Пирински!

    По Разлог и Банско,
    Неврокоп, Серско
    царство му ширно
    слава голема -
    што цар ниеден ја нема:
    на сето робје
    е мајка,
    за душмани е -
    стра
    трепет!

    На бој ли тргне -
    ала се крева
    и веда м'ска
    и змија с'ска.
    Битка ли бие -
    луња се вие!

    Срце му топла
    пазува братска
    за секој -
    под гнет и јад:
    рисјанин, Турчин,
    Грк и Вла -
    за него е
    равен брат.

    А рака машка
    веда е лута
    што паѓа
    над тиран клет,
    слаб да поткрепи,
    прав да одбрани,
    да одмазди
    зло - за зло.

    Автор, Коста РАЦИН

Kind regards : 25 септември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 97