МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА - МАКЕДОНСКА

12 - ет годишниот Вејчеслав Поповски, сега веќе познат и дома и надвор од Македонија, во Македонската опера и балет ја пее македонската химна : "Денес над Македонија се раѓа". Вејчеслав е инаку внук на нашата пријателка Горица Поповска. Ви благодариме, Горица! Сотир

СВЕТСКИ ШАМПИОН И МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР: ВЕЈЧАСЛАВ ПОПОВСКИ.

Миленко Неделковски

 

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ

- ОТКРОВЕНИЕ -

 

Имав лани, во мај, еден текст под наслов: "Кога на Македонците му било лесно"? - си стој тој текст се' уште, од збор до збор

************

 

Живееме во времиња каде ние како граѓани, заедно и секој од нас поединечно, доживуваме revelation, откако 50-тина години отспавме низ комунизмот, а 25-години живеевме бајка низ независноста. И ете, сега доживуваме ОТКРОВЕНИЕ.

Ни станува јасно, зошто Македонија никогаш не била рамноправен дел на геостратешките договори и поделби на Балканот, ами исклучиво била мени' за малите соседи и големите сили. Нам сега ни станува јасно зошто Крушевската република траела само 10 дена, а Илинденското востание само едно лето. Ни станува на сите јасно зошто Македонија никогаш (од Александар наваму) немала единствен, апсолутен и долготраен лидер, а и кога имало некој со таков капацитет, му била отсекувана главата. Ете, сега е јасно, зошто "најмасовната" организираност на отпорот против окупаторот била во тројки. Да, да -тројки, три луѓе а не дивизии!

Ете, се' пополека ни стана јасно. Видовме на сопствена кожа, а не преку преданија за илинденците или партизаните. Видовме во реален живот, а не низ историски книшки и музејски постановки или документарни филмови и играни серијали.

Ситуацијата во моментов колку и да е драматична, поразителна, ужасна - сепак не е нешто од што треба да се плашиме. Не е безизлезна - напротив. Не е нешто што ние како народ не сме го доживеале низ историјата. Не ни е прво искуство. Не сме љумфери во ова. Сето ова е видено. Видено и поминато. Поминато и победено.

ЦРКВАТА

Атаците врз црквата, на пример.  Србите ја сакаат под себе, а Бугарите инсталирале импланти од типот на расколникот и развратник Партениј (ископувањата околу Бигорски манастир можат да потврдат колку тела на новородени и абортирани суштества се закопани таму). Овдека е "современо", односно ново, "ликот и делото" на заштитникот на олигарсите, струмичкиот Владика Наум (и кај неговите манастири распространето е чедоморството), човек кој се стави на страна на богаташите и оние кои оставија народија без работа и леб на улица, а влезе во служба на поробителот Џес Бејли. Наум со грчки пасош и државјанство и со имоти во Бугарија. Да, да тој Наум, со глисери, ролекси, најскапи ајфони, самсунзи и бесни возила.

Но нашата црква видела и полошо од Наум и Партениј, Вранишковски или српските владици. Првата Христова црква во Европа, на првиот народ во Европа што го примил Христа во себе, му беше одземена, украдена, отфикарена. Со години, со векови, колку и да е тоа гротескно, требаше Тито да се појави за црковната неправда да се исправи.

Сите окупации на нашите цркви и манастири од српски, бугарски, грчки и цариградски свештени лица кои траеа со векови, со столетија, не успеаја да ја избришат вербата на Македонецот во својата Македонска вера и црква.

Така ќе биде и сега. Можеш да го имаш Партениј и неговото фрик монаштво, можеш да го имаш Наум и неговите свињски угоени богаташи, можеш да го имаш и Заев што ќе потпише било што - ама црквата ќе си остане и биде наша. Оти црквата е во нас самите, така Христос вели. Од нашите (моите) гради, срце, душа никој не може да ги отстрани. Не се родил таков Жан Митрев. Нема таква медицина. Нема ни да има.

ТЕРИТОРИЈАТА

Атаците на нашата територија не се од сега. Од после Александар наваму трајат. Општествено-државно уредување е апстрактна форма. Релативна и привремена. Ако на пример марсовци дојдат со свемирски брод во нашата орбита (до колку, нели, Земјата е топка), тие, кога ќе не посматраат не можат да видат дека има граница помеѓу Северна и Јужна  Кореја, помеѓу Канада и САД, помеѓу Македонија и Грција....

Или, пред само 100 години на планетава постоеле моќни држави што изгледале непобедиви и неуништиви, со цврсто бранети и утврдени граници а сега веќе не постоат: Австро-унгарија, Руското царство, Отоманската империја, Папската држава, Британската империја... Биле, па сега ги нема. Или, пред тој период. Кој можел да замисли во време на Христа дека Римското царство ќе се распадне ко лајно на дожд?! Траело, траело и пред пет-и-пол века се распаднало.

Па така оваа "закана" дека албанците и бугарите ќе ја поделеле Македонија на пола, дека ќе ја окупирале и слично, од историски аспект е пувеж у торнадо.

Македонија ја парчеле, делеле, ја праеле "санстефанска", "букурешка", секаква - ама останала Македонија. Толку од тоа име и територија и од овој народ пиреј, не можат да се откачат нашите сатрапи, што се откажаа од првичната тактика да не' негираат, ами сега и тие се македонци и нивните земји, патишта, аеродроми се Македонија. И Александар бил нивен. И така... Македонија е вечна. Тоа е вистината. Границите на кралството СХС, на Фашистичкото Бугарско кралство, на "социјалистичките републики" - е времена, минлива работа.

Сме виделе вакви абдали и досега.

ИМЕТО

Е, да и името! Ќе ни го менеле. Хартија трпи се', а името останува вечно. Никаква будала, ко Божидар Димитров, никаков грчки абдал ниту сенилен старец ко Нимиц не можат да го избришат божјиот запис за светото име што го има овој свет народ.

Нимиц е под покровителство на ООН. Пред ООН постоеше Лига на народи. Па и таа ја снема. Исчезна. Сите исчезнуваат оти се вештачки, фиктвивни творби. Остануваат само светите и вечни имиња. Тоа ООН не е, ама Македонија е.

ТРОЈКИТЕ - ОТПОРОТ 

Сведоци сме дека отпор нема. Мала група на луѓе, не повеќе од неколку стотини повикувани од различни организатори излегуваат да "протестираат". Првата грешка што ја прават организаторите е што велат дојдете на "мирен протест". Знаето што? Тие два збора не одат еден по друг. Тоа е тврда вода, челичен памук,  одличен кецарош... Протест значи револт, несогласување, бунт - па со самото тоа не може да се нарача каков ќе биде. На пример "мирен". Ебате протестот, ако е мирен.

Ако е мирен протестот пред Собранието, собраните на улица по што се разликуваат од избраните во Собранието? И тие во Собранието, на кои фејсбучки им се лутиме, се за "мирно" решавање преку глумење "moderate opposition". Модерејт опозишн, модерејт протестер, поданичка влада - идеална држава за робовласникот Џес Бејли.

СКРОМНИОТ КАПАЦИТЕТ

И на крајот за малиот капацитет, а големи амбиции.

За некој, било кој, да докаже дека му е до Македонија, до јазикот, до црквата, до историјата, до државата - треба да покаже дека е достоен за тоа. Како? Па едноставно така што ќе покаже дека неговите политички амбиции и човечки желби нема да ги стави пред интересите на државата и народот. За жал, такви ликови нема. Ликови со потпросечен интелект и безгранични амбиции како Тодор Петров, Јанко Бачев, Владимир Голубовски и купишта други кои се "тепаат" да се качат на бина да го заробат микрофонот и да го умрат народот со досаден, монотон и безличен говор, своите вечни амбиции да бидат "некој и нешто" задолжително ги ставаат пред интересите на својот народ и држава. Тие и такви (ги има и пред и во Собранието) никако да ја стават државата пред себе си. Никако и никогаш. Не знам дали разбираат или не (нивен проблем), но нивното инсистирање на појавување, "обраќање" при секој обид за движење, протест или било што - му носат загарантирана пропаст на инвентот. Да не бидам и јас па наивен до крај, некои од тие тоа го прават како членови и службеници, односно соработници на полицијата и тајните служби. Или, како што би констатирал еден простосмртен Македонец и постојан "протестант" : Ако сакаш нешто да не успее, викни го Тодор Петров.

Скромноста и самокритиката се одамна изумрени вредности на овие простори. "Ја па ја" е современото мото.

И уште нешто. Ако се бара од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се освежат во собранискиот состав, локалната самоуправа, органите на партијата - како тоа "надвор" од говорниците и повикувачите на промени остануваат исти? Некако не им текнува да дадатпример со своето однесување. Но, не. Сите да бидат сменети, само тие не.

И СЕА ШО?

И сеа нишо! Ниту лидер, ниту движење, нити преврат, ниту револуција не се купува во Тинекс, Рамстор или Веро. Го нема да се купи ни во Парндорф или Палманова.

Историјата покажува дека партии и лидери доаѓале и си заминувале. Останувале небитни во историска смисла. Само ретки останале вечни и по својата смрт. Зошто? Затоа што биле романтичари а не прагматичари. Затоа што биле спремни да се жртвуваат себе си и се' најмило околу себе за својата цел, народ и држава.

Македонија имаше шанса да добие таков национале лидер, но за жал, не доби. Сега ќе чекаме "втора мајка".

Од она што го има како понуда, таков лик не гледам. Се' некои прагматичари. Ниту еден романтичар.

ПОУКА ОД АВТОРОТ:

Сите големи луѓе, мислители, водачи, интелектуалци инсистирале на тоа дека мора да се мечтае, да се чувствува, да се верува. 

Никој од нив прагма не споменува.

********************

Стефан Влахов-Мицов

 

КРАТКО, АМА УБИТАЧНО

Пишува: Стефан Влахов - Мицов

Дудинка, 19.08.2017

*******

 

НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА

Илинденското востание било најмасовно во Битолскиот револуционерен округ. По поразот, во мај 1904 година, тогашните македонски лидери се собрале на Конгрес. Османлиската власт го знаела местото на собирот и учесниците, па дури и најавила за тоа во вилаетскиот весник во Солун. Можела сите да ги ликвидира, но не го направила тоа, затоа што по истрошените лидери, од кои македонскиот народ се разочарал, можело да се јават нови и поопасни. Ете зошто власта ги оставила македонските челници да се тепаат и уништуваат меѓусебно, кое што тие почнале да го прават во идните години.

Од 1991 година до денес, партиските лидери се многу попаметни. Наместо да пукаат еден во друг, независно од имињата на партиските бои, заеднички пукаат врз македонскиот народ. Не се убиваат, дури не се стават во затвор, туку го убиваат народот. Барем 70 од сто од денешните затвореници се ситни крадци - кој украл паричник, кој стока од продавница. Истовремено, големите криминалци се милионери или партиски лидери, или крупни бизнисмени, кои ги финансираат партиите. Па според тоа, заеднички управуваат со народот.

ЗАТОА НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА

- Прво, дека Иванов, Груевски, Заев или било кој друг од функционерите ќе го брани било народот, било државата. Сите тие се подметнати фаци од надвор, од САД и нивното ѓубре ЕУ и целосно ги спроведуваат нивните наредби.

- Второ, дека моментално има автентични македонски партии, кои се спремни да се борат за македонското име (идентитет) и против терористите и надворешните окупатори. Истото е и со пратениците во Собранието од тие партии - лигуши и предавници.

- Трето, дека алтернатива на СДСМ и ДПМНЕ можат да создадат истрошени партиски фаци со поткрепа на бизнисмени криминалци. Тие намерно ја компромитираат потребата од алтернатива за да го разочараат по кој знае кој пат македонскиот народ, како што успешно го направија со ГДОМ, Заедничка Македонија и т.н.т. Кратко кажано:

СЕ' ШТО СЕ ОРГАНИЗИРА ПО ИНИЦИЈАТИВА НА СДСМ И ДПМНЕ, ЈАВНО ИЛИ ТАЈНО, Е НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗАТОА ШТО ТИЕ СЕ СПРОВЕДНИЦИ НА ТУЃИ, АНТИМАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ.

- Четврто, дека борците за Македонија ќе бидат од средините на македонските интелектуалци. Интелектуалците во најдобриот случај можат да пишуваат само колумни и да бидат стрелани за нив како на пример во минатото со Димо Хаџи Димов. Кој од вистинските македонски револуционери беше интелектуалец? Дали Гоце Делчев (офицер), дали гемиџиите, Питу Гули, Сандански, Ќосето? Или пак пред нив Пулевски, дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев - Беровски?

По симнувањето на Тодор Живков во Бугарија, не претпазливо кажав, преку државното радио, дека државата може да стане нормална само, ако биде целосно разчистена од околу 15 илјади функционери. Едвај останав жив, затоа што и тогашната наводна опозиција прокламираше мирна транзиција, без жртви.

Тогаш Бугарија броеше 9,009.018 луѓе. Моментално таму живеат 5,230.000. Само во периодот 2009 - 2017 (владите на Борисов), умреле 1,075.085 луѓе (според официјалната статистика), имигрирале повеќе од 2 милиони. Тоа е резултатот од "мирната" транзиција. Тоа е "слобода" да умираш тивко од глад, далеку од медиумите, т.е. да изчезнеш не забележливо.

Слично е и во Македонија. Државата може да биде уништена, како и што се случува. Народот може да изумре или да имигрира, тоа не е проблем. Затоа медиумите не пишуваат - ни владините, ни опозициските (со исклучок на ДУДИНКА - напомена од редакцијата). 

Зијадин Села

Ама ако терористот Села е претепан во Собранието кога извршува Пуч против државата, тоа веќе е државен проблем. И ако во него (Собранието) се веат странски  (албански, М.З ) знамиња и се пее странска (албанска, М.З.) химна. Државен проблем е и кога државните институции не ги спречуваат во тоа.

ПРОБЛЕМ ПАК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е КОГА ДОЗВОЛИ ПАРТИИТЕ ДА ЈА УНИШТУВААТ ДРЖАВАТА.

Од пред неколку години Македонија личи на човек болен од рак, во напреднат стадиум. Мора итна и радикална операција, при која шансите за спас не се повеќе од 30 - 40 %. Во спротивно, без операција - уште малку агонија и дефинитивен крај. Попусто зборување и пишување. Владејачката, тогаш ДПМНЕ, ја одбра втората варијанта и резултатот го гледаме.

ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА И НИЕ, ГРАЃАНИТЕ СМЕ ВИНОВНИ, ДУРИ ПОВИНОВНИ ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ. КОЛКУ СЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ? - ГРСТ ЛУЃЕ, КОИ УПРАВУВААТ СО 2 МИЛИЈУНИ! АМА ТИЕ ИМАЛЕ РЕПРЕСИВНИ ОРГАНИ, ПОЛИЦИЈА, СУДИИ, ВОЈСКА. ПА НЕЛИ ЛУЃЕТО ВО ТИЕ ОРГАНИ СЕ КАКО НАС "ОБИЧНИ" ГРАЃАНИ (БЕЗ НАЧАЛНИЦИТЕ)?

Што можи Спасовски со неколку началници, ако полицајците откажат да ги тепаат граѓаните? Што може Иванов, ако војниците откажат да бидат окупатори на странски земји како орудија на НАТО?

ЗНАЧИ НИЕ ДОЗВОЛУВАМЕ ГРСТ ЛУЃЕ ДА НЕ МАЛТРЕТИРААТ И ДА НЕ УНИШТУВААТ ВО НАШЕ ИМЕ, А ПОТОА СЕ ЖАЛИМЕ. МЕЃУТОА, ТАА Е СТАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА БОЛЕСТ.

Затоа чекаме некој друг или Господ да не спаси. Некој друг - јавна личност, партија, странска држава. Делчев ја гледал таа очајна потрага по лидери, затоа сакал да го направи македонскиот народ, лидерски народ. Народ во кој сите се лидери. Наместо да бараме спас во другиот, секој од нас  да каже: Кој, ако не јас? Кога, ако не сега?

Нашата работа никогаш нема да биде завршена во наш интерес и како што сакаме, кога чекаме да нија завршат други. Секој се бори заради својот национален интерес и има шански само тој, кој ризикува. Дилма Русеф во Бразил изгуби, затоа што немаше храброст да се бори. Ердоган, Мадуро, Дуерте имаат шанси, затоа што се спремни да се борат до крај. И за личната и државната кауза. Асад, во Сирија ја добива војната не само заради поткрепата на Русија. Русија беше спремна да го поткрепи и Јанукович во Украина, ама тој избега без борба. За да бараш поткрепа од голема сила се потребни две работи: да покажеш борбеност до последен здив и моменталните интереси на Русија и Кина да се совпаѓаат со твоите. Вториот услов кај нас го има (зачувување на македонската држава и идентитет), но го нема македонскиот Ердоган, Мадуро, Дуерте. Да не зборуваме за севернокорејскиот лидер Ким Чен-ун, кој може уште до крајот на август да го започне големиот светски пресврт, користејќи ги за мотив воените случувања на САД и Јужна Кореа од 21 до 31 август.

Додека Русија и Кина се надмудруваат со Американците, Давид може смртоносно да удри на Голијат. Не врз островот Гујам или врз некој американски град, туку врз Сан Андреас или вулканот Јелоустон.

КОГА СЕ БРАНИ ДРЖАВАТА И ИМАШ СМРТЕН НЕПРИЈАТЕЛ И ЗАЛОГОТ МОРА ДА БИДЕ НАЈГОЛЕМ. ТОА НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ ПО ЕПОХАТА НА ЦАРОТ САМУИЛ СМЕ  ГО ЗАБОРАВИЛЕ И ДОСЕГА НИКАКО ДА СЕ ОПАМЕТИМЕ.

 

Дудинка, 19 август 2017 година

 

Шиптар

*************************************

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА

АЛБАНЦИТЕ

И НИВНОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО

МАКЕДОНИЈА

*************************************

 

АЛБАНСКО НАСЕЛУВАЊЕ ВО

СКОПСКАТА ОБЛАСТ

 

Во отомански документи од 1595 година за прв пат е забележано присуство на "арнаутски разбојнички групи" во скопската област, но без албанско населување. Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материјали, 536./ "АРНАУТИ" Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика"  со  11 карти, издава бугарското книжевно дружество во Софија, 1900 година, Част прва. Народи во Македонија. Арнаути, стр. 83 - 100).

Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село.  Во Љуботен, Албанците навлегле на карјот на 18 век. Германскиот патувач Хан, во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни Албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868, стр.70).

До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр.523./ Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част прва. Народи во Македонија. Арнаути. Стр. 83-100).

Во Скопското поле првите Албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал Албанци од северна Албанија {Ј. Трифуновски, Скопско Поље,358.}

 

Продолжува

ИНСТИТУТ

ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

***************************

ДЕЛ 44

МАКЕДОНИЈА ПОД ОСМАНЛИСКА

ВЛАСТ

( Од XIV до крајот на XVIII век )

 

6. Социјалната структура на населението

ТУРСКИ ГАЗДИ И МАКЕДОНСКА РАЈА

Поданиците на османлиската држава, во поглед на својата општествена позиција и функција, генерално биле поделени на две класи: војничка класа, т.е. аскер и обични поданици, односно раја. Припадниците на аскерот ("војската") биле граѓани што се наоѓале на високи административни позиции, без оглед дали биле во вооружените сили или биле членови на улемата, односно верската, образовната и административната власт на државата. Овде припаѓале и високите претставници на христијанското општество, како што биле патријарсите и другите црковни великодостоинственици и функционери. Под нив се наоѓале поданиците, односно рајата, во која спаѓало мнозинството од населението, без разлика на верската припадност. Припадниците на оваа група и муслиманите и не муслиманите, плаќале даноци и биле подложени на разни  ограничувања во однос на начинот на живеењето. Тие работеле, произведувале и плаќале даноци за да им го обезбедат високиот животен стандард на припадниците на класата на аскерот, кои биле обединети во една привилегирана социјална класа. Ваквата поделеност на класи на османлиското општество била строго почитувана и преминувањето од пониска во повисока класа било речиси невозможно. Само во исклучителни случаи рајата можела да го промени својот статус и да премине во аскер.

Сепак, со оглед на силниот теократски карактер на османлиската држава, во која исламот била официјална и привилегирана религија, социјалната положба на поединецот во општеството во голема мера зависела од неговата верска припадност. Немуслиманите имале јасно дефинирано место во општеството и законски тие не биле рамноправни со муслиманите. Тие плаќале повеќе и повисоко даноци и не можеле да извршуваат служби во државната администрација и во војската. Редок исклучок во почетниот период биле спомнатите христијани спахии и некои помошни и  полувоени служби. Официјалните државни службеници, командантите на вооружените сили, земјопоседниците, сите биле припадници на муслиманскиот корпус. Според тоа, верската нерамноправност на немуслиманското население во османлиската држава негативно се одразувала врз неговата социјална полжба. Сепак, некои домашни црковни извори од XV век сведочат дека во почетниот период на османлиското владеење и христијанското население во Македонија имало своја богата класа. Во неколку записи од манастирот Матка крај Скопје се споменува семејството на велможата Тошник од Скопје, а во Кратовско, во XV и XVI век, живееле кнежевските семејства Бојкиќ и Пепиќ. Во подоцнежните извори оваа стара христијанска аристократија веќе не се споменува, но како припадници на повисоките социјални слоеви од христијанската заедница останале функционерите на Охридската архиепископија (архиепископите, митрополитите, епископите). Таа била единствената феудална институција од предосманлискиот период што продолжила да опстојува во новото политичко уредување. И покрај запустувањето на многу цркви, манастири и одземање имоти. Охридската архиепископија останала крупен феудален поседник.

Кон побогатите христијани се вбројувале и припадниците на христијанската раја со посебен статус, кои извршувале разни служби за државата или служеле во помошните воени одреди. За таа своја служба тие биле ослободувани од одредени даноци, а најчесто од т.н. вонредни државни даноци, што ја правело нивната економска положба поповолна. Кон оваа група можат да бидат приклучени и христијанските занаетчии и трговци, кои живееле во поголемите градови. Градската раја, без разлика на верата, живеела подобро и побезбедно од селската. Феудалната зависност во градот се чувствувала многу послабо, особено во поголемите градови. Со развиеното занаетчиско стопанство, градот нудел големи професионални можности и помали обврски кон државата.

На дното од социјалните општествени скалила се наоѓала сиромаштијата: просјаците, слугите и робовите, без разлика на нивната верска припадност. Овие лица, за одржување на сопствениот живот, или ги  работеле најтешките и најнедоходовни работи или се прехранувале со бесплатни оброци од верските институции и просјачеле. Во имаретите на поголемите градови редовно работеле јавни кујни во кои меѓу другите, бесплатна храна добивала и градската сиромаштија.

 

Продолжува 

 

Македонки - партизанки

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

********************

ДЕЛ 19

Глава Втора

Пишува : Наум Пејов

 

 

Продолжение

 

Демократските сили во овој период борбата против режимот ја водеа на два начина: со политички средства и воеоно партизанска вооружена борба.

Политичката борба ја водеа партиите на левицата, а вооружената борба партизанските единици кои подоцна израснаа во Демократска армија. ЕАМ се бореше против теророт во земјата, за очувување и проширување на демократските права и право на живот и делување на своите партии и организации. Таа борба повеќе се одвиваше на агитационото поле, преку печатот, затоа што со масовното апсење на средниот и најактивниот кадар, режимот фактички ги онеспособи организациите за организациона работа сред масите. Ставот на ЕАМ беше смирување, компромисно решение, учество во владата за мирен развиток и изградба на земјата, чистење на државниот апарат и војската од фашистички елементи и спроведување слободни демократски избори (тоа беше ставот на КПГ).

Ставот на ЕАМ по однос на вооружениот отпор беше дека тој е резултат на непосредниот терор во земјата. Паралелно со тоа директивите од КПГ гласеа: "кого го застрашува опасност од апсење, да стапува во редовите на партизанските единици".

За време делувањето на Анкетната комисија, КПГ организираше по градовите и селата истапување пред Комисијата на поединци и групи со разни меморандуми и жалби. Мислењето кое преовладуваше тогаш во редовите на партијата беше дека созреале условите во меѓународен однос за мирно решение на грчкото прашање.

Со доаѓањето на Наполеон Зервас за министер на јавната безбедност во март 1947 година и со воведувањето на масовен свиреп терор, организациите на КПГ и ЕАМ престанаа потполно јавно да делуваат во градовите. Вооружената борба и партизанските единици, како објективна потреба, постојано растат; доаѓаат нови борци од редовите на демократските организации, од оние што можеа и сакаа да го избегнат апсењето од државните органи. Особено замав движењето добива по април 1947 година, кога кралскиот генералштаб издаде наредба за повлекување во центрите  и организација за одбрана на истите. 

Но и ако бројчано Демократската армија во тој период порасна и ги одбиваше од време на време нападите на владините сили против слободните реони, таа не разви потребен револуционерен замав за наполно да ја земе иницијативата во свои раце и да премине во општа офанзива. Кралската армија пролетта 1947 година во востанатите реони на Македонија, Тесалија и Епир беше принудена да се повлече во градските и комуникационите центри ( бидејќи повеќе пати спомнав "комуникациони центри", треба да се има предвид дека во Грција не беа обновени комуникационите железнички врски разурнати во текот на војната. Така, на пример, не работеше линијата Солун - Лерин, Солун -Цариград и тнт.). Во овие ценнтри немаше одбрамбени објекти, па моралот на  кралската армија опадна, додека моралот на борците од ДАГ беше на високо ниво. ДАГ, меѓутоа, не го искористи тој период кој даваше многумповолни услови силите решавачки да превагнат на страната на револуцијата. Не знаеме што мислеле тогаш раководителите на ДАГ кои бе во планина. Но факт е дека условите беа најповолни за премин во офанзива и проширување на слободната територија на целата област од Северозападна Грција - Западна Македонија, Епир и дел од Тесалија.

Тоа што левицата не капетализира на оваа ситуација може да се објасни ако се имаат предвид овие моменти:

- на вооруженото востание се' уште се гледаше како на средство не за одлучна победа над  непријателот, туку како на средство непријателот да се принуди на компромис;

- иако се' повеќе тежиштето се префрлуваше на вооружена борба, се' уште раководството на ЕАМ, во тој број и на КПГ, живееше легално.  Со тоа силите на револуцијата беа поделени; нејзиното раководство не беше единствено на позициите кои го бараа потребите на револуцијата.

- поради овие моменти, линијата на борбата не можеше да биде јасна во смисла таа да стане сознание на масите и на вооружените востаници.;

Во редовите на ДАГ во прилична мера провејуваше духот и тактиката на ЕЛАС, на штедење на силите.

Затоа, периодот од летото 1947 година измина без оние одлучни удари кои можеше да бидат зададени на државната машина од страна на силите на револуцијата. Всушност од тогаш се наsираа белезите на позициона борба. На блокадата, на пример, од страна на атинската влада на слободните реони, Демократската армија одговори со контра - блокада, а од тоа можеше да има штетасамо револуцијата. Оваа грешка беше согледана по неколку месеци. Но токму тие неколку месеци му беа потребни на противникот солидно да ја организира својата одбрана во некои  критички пунктови на неговите позиции.

Во овој период, кој беше најповолен за применување на тактиката за прибирање партизански сили за одлучна надмоќност над непријателот и напад во неговите центри, не беше применета, а ДАГ во летото 1947 година имаше доволно сили да може на непријателот да му задава такви удари.

Еве зошто владината криза во август 1947 година, која траеше преку 10 дена ( во услови на граѓанска војна, Грција беше без влада) не предизвика дезорганизација. За ова има заслуга и странскиот фактор што сестрано го помагше атинскиот режим. Но и фактот што револуционерните сили не беа во офанзива, па монархофашистичкиот режим да ја преживее оваа, можеби, најтешка криза во граѓанскаѕа војна.

Во времето на владината криза во Грција, август 1947 година, Главниот штаб на Демократската армија издаде свое комунике со кое ја прогласуваше Грција за "независна Република". Во комуникетот натаму се соопштува дека Главниот штаб ја врши врховната, законодавна и извршна власт до формирање на демократската влада.

 

Продолжува

 

Блаже КОНЕСКИ 1921 - 1993

ОД МАКЕДОНСКОТО  ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*******************************

СОНЧЕВА КОЛОНА

- Балада -

  • Заседа волча во матна зора
    крај горски пат...
    И краток пукот и одек громок,
    а после - мир и барутен чад...
    ...Седумте борци паднати в зора
    ги носат во Прилеп на плоштад.
    Одеднаш веста -
    црна птица
    писна над градот со жален крик.
    Здивен и злорад
    низ улиците крвник мине.
    Штик по штик
    го гризе камен за петиците,
    го стрела смртно од сите лица
    градот бунтовник.
    И дочул тажна вест за сина
    нема да престапи таткото праг,
    ни брат со мрачен лик ке мине
    за да види мртвиот брат.
    Не!
    Стаил болка што срце кине,
    одмазда спрема тој в машка град!
    Но клета мајка како да трае?
    Ја клукна змија,
    болка ја сви...
    Шамија црна врзува таа
    и трча таму со издив стаен
    за задно збогум со својот син...
    Денот е мрачен. Навира дождец.
    Попуст и потих е плоштадот.
    Седмина лежат во крвав ред.
    Стражари стражар изsемнат над нив,
    цинично свети бајонот,
    ете таа дотрча таму,
    запре над нив,
    ја зави мрак...
    Но ако в очи магла и падна,
    со срце мајка го позна страдна,
    го виде мртов сина си млад.
    Ги изви таа во ужас прстите
    прекри лик.

  • Се стресе сета ко слаба трска
    напна гради...
    Но од градите
    не се чу силен, раздирлив вик.
    И само солза низ образ ливна
    над мртов строј...
    И в миг ко веда
    ја светна силно
    безумна мисла,
    но мисла дивна:
    Да! Не е тој!
    И тогаш мајка раствори очи,
    поглед што мине над труп и кал,
    и како жерав без пат и почин
    што тоне в небо со тивка жал.

    Се топи всрце тешкиот камен,
    гледа мајка нов, чуден крај,
    и жив го гледа сина си таму
    како во сонот што си го тај.

    Го виде таа во зора рана
    по горски срт,
    од сите прв, -
    колона кај што од партизани
    достига вишен планински врв...

    Се лула под нив просторот син.
    Во утрен пурпур небото тоне.
    И светнал таму нејниот син
    пред румен изгрев
    во орлов лет...
    Се гласи песна -
    горите sвонат,
    изгрева сонце,
    стапува в ред...
    Сонцето оди пред таа колона!

    Автор, Блаже КОНЕСКИ

Kind regards: 20 септември 2017 година

Sotir Grozdanovski 96

ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ!

ИСКУСЕН ХАКЕР, СИГУРНО ОД РЕДОВИТЕ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ НА "МАКЕДОНСКИ ЗБОР" И ЛИЧНО НА НЕГОВИОТ УРЕДНИК СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ, ОД ПООДАМНА ГИ ВОЗНЕМИРУВА ЧИТАТЕЛИТЕ СО ВИДЕО ЗАПИСИ КОРИСТЕЈЌИ ГО ПРОФИЛОТ НА СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ. СОДРЖИНАТА НА ВИДЕО ЗАПИСИТЕ Е ВОЗНЕМИРУВАЧКИ И СЕКОГАШ ПОСЛЕ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА "МАКЕДОНСКИ ЗБОР" ИМ ГО ИСПРАЌА НА ПРИЈАТЕЛИТЕ ОД ЛИСТАТА НА СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ И ПОШИРОКО.

ПРИЈАТЕЛСКИ ВЕ ПРЕДУПРЕДУВАМЕ, ДА НЕ ГО ОТВОРАТЕ, ЗОШТО ВЕРОЈАТНО СОДРЖИ И ВИРУСИ. ВИДЕОТО НЕ Е ДЕЛО НА СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ, ТУКУ НА ОБИЧЕН ЗЛОСТОРНИК КОЈ МУ ГО УКРАДЕ ИДЕНТИТЕТОТ И ГО КОРИСТИ ЗА НЕКОИ СВОИ ЦЕЛИ.

МОМЕНТАЛНО СИМБОЛОТ НА ПРОФИЛОТ НА СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ Е ЛАВ.

Поздрав, Сотир