САМО НАРОДОТ Е СУВЕРЕН ВО МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

"САКАМЕ ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАТО И ЕУ

НО ПРАВИЛАТА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ"

Ни порачува господинот 

КОSИЈАС

 

Во "Нова Македонија", од 31 август 2017 година, беше поместена редакциска колумна под горниот наслов, во која се зборува долго и на широко за средбата помеѓу министрите на Република Грција, Никос Коsијас и на Република Македонија, Никола Димитров.

Веднаш на почетокот на конференцијата за печат македонскиот министер за надворешни работи, господинот Никола Димитров, гордо истакна дека Грција ќе ја препознаела новата реалност во Република Македонија и желбата за искрено пријателство. Потоа продолжи со "должна" понизност кон гостинот и "добриот сосед" ете баш вака: "Очекуваме и се надеваме на помош и подршка во нашите европски интеграции и сакаме едeн во друг да гледаме пријател и иден сојузник и да не се надмудруваме". Рече нашиот дипломат Димитров

Очигледно македонскиот министер, Димитров, сите овие години од независноста на Република Македонија, па до времето кога седна, заедно со својот газда Заев, на македонскиот трон ги преспа негде, во некоја далечна земја до каде не допираат вестите за сите изминати надмудрувања, по меѓу Грците и Македонците?

Не се сеќава ли нашиот министер на  заканите, уцените, проблемите на македонските граѓани со грчките граничари и полицаици, оштетувањата  на особните возила и премачкувањата на возачките таблички заради македонските ознаки, понижувањата на истераните Македонци  при покушајот легално да ја поминат грчката граница и да си ги видат нивните родни села и градови? Потоа ембаргата, прелетувањата на македонската државна територија со се' уште не отплатените американски супер авиони, "молејќи за добрососедство и искрено пријателство"? Па зарем сето тоа и уште многу од тоа, мирно и добрососедски поднесено од македонскиот народ и на едната и другата страна на границата не беше доказ на желба за добрососедски и пријателски односи, па сега треба  да се надеваме дека ќе ја согледаат македонската желба за пријателство и некое сојузништво за кое нашиот дипломат зборува?

Зарем не дипломатското и примитивно однесување на  господинот Коsијас заслужува понизност и газење на сопственото национално достоинство, молејќи за некоја помош во напорите за евроатланска интеграција на НЕКОЈА ЗЕМЈА за која вели: "државата во која што се наоѓам денеска има и европско лидерство и европска Влада и европска перспектива, но елемент на европската перспектива е да се почитуваат одлуките и правилата". Па зарем Грција ќе не подсетува на правилата кои би требало да се почитуваат, а ние како некои мали мачиња слушаме и понизно им ги извршуваме болните желби спротивни на сите меѓународни правила и правни норми? Такво однесување Никола Груевски не би му прифатил! Јас сум уверен, дека би добил и големо македонско - СИКТЕР! Македонскиот народ опстојувал и преживувал со векови на овие простори со своето исконско македонско име и ќе продолжи и понатака со векови, по секоја цена. Макединците не се дрво без корен!

И понатака: "Што се однесува до НАТО, постоат одлуките од Букурешт и со тие одлуки и нивното реализирање ОВАА ЗЕМЈА ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа МАЛА НАША СЕВЕРНА ЗЕМЈА и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО". Па каква помош од овој надувенко очекуваме кога се' зависи од некој друг? Па каква помош очекуваме и од Бугарија? Господине министре?

Па господине министре од новата "македонска реформска" Влада, да имавте и малку човечко а не дипломатско достоинство, требаше после овие длабоко навредливи и не достоини изјави на вашиот колега изречени во срцето на македонската држава пристојно да го испратите што подалеку од нашата света македонска татковина за никогаш повеќе да не се враќа назад. Па што било и да биде, зошто без име македонско, идентитет македонски, јазик, култура, историја и споменици на македонските створители, ниту НАТО, ниту ЕВРОПСКАТА УНИЈА на Македонците  им се потребни.

Да не се враќа никогаш повеќе и да ни ја валка земјата македонска, а најмалку да зборува за нашето разнебитување кое го планираат  домашните ни предавници, заедно со вас.

 

Ваш Сотир Гроздановски

**************************

Проф., д-р Татјана Стојановска-Иванова

МИГРАНТИ "АЗУЛАНТИ"

АРБАЈТЕРИ И ГАСТАРБАЈТЕРИ

***************

Македонската политичка партија ГРОМ - граѓанска опција за Македонија, во својот состав има повеќе истакнати интелектуални личности со високи академски имиња, од кои македонскиот народ, оној кој плаќал и се' уште плаќа високи цени за нивното образование, со право очекува нешто за возврат. Има и СДС такви звучни имиња, да ги земеме за пример Љубомир Фрчковски, Мирјана Најчевска, за која Македонија е ќенеф, Гордан Калајџиев, Мирослав Грчев и многу други, да не ги набројуваме сега сите, зошто историјата на македонскиот народ и така ги има во предвид за идните генерации да учат од нив и од нивните дела. Сите овие наброени и не наброени, оставија и се' уште оставаат траги зад себе по кои македонскиот народ и те како ќе ги препознава, а историјата за идните генерации, за сигурно. Освен ако самите си ја напишат.

Денес ќе зборуваме, на кусо, за Татјана Стојановска-Иванова, професоркa и д-р по Социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Ќе зборуваме за нејзината колумна во FAKTOR.MK под горниот изазовен наслов, со кои сите нас, надвор од Македонија, не потсетува на времињата кога и нам ни требала љубов и разбирање за болките кои сме ги поднесувале, напуштајќи ги нашите родни огништа.

Па се разбира дека за време на годините кога беснееше намерно иницираната, така наречена Граѓанска војна во Грција од 1945 до 1949, со цел да се истера македонското население од македонската земја, анексирана  од Грција за време на балканските воини од 1912 и 1913 година, не им донесе добро и на повеќе илјадните деца бегалци. За сигурно не им беше лесно ниту весело бегајќи преку вештачката граница која ни ја поставија нашите денешни стратешки партнери и пријатели. Но компарацијата со денешните бегалци, претежно млади луѓе и повеќето од нив борци на било која завојувана страна на Блискиот Исток, Африка, Азија е безпредметна. Меѓу нив има и вистински страдалници со дечиња и немоќни постари членови на нивните семејства кои бегаат , како што и самите велите "трбухом за крухом" и не претставуваат никаква опасност за никого и треба да им се помогне. Меѓутоа, ако ги погледнете фотографиите од минатата масовна навала на грчко-македонската граница и ги погледнете кои се тие страдалници и со какви намери бараат слободен премин во туѓи територии, ќе видите со кого имате работа. Такви не им се потребни на никого, а најмалку на Македонија.

Македонскиот народ е и пре добар и пре чувствителен за туѓите судбини, па затоа и дојде во положба да си ја изгуби, дури, и својата држава. Македонското национално ткиво постана преосетливо за таква масовна и не контролирана навала од  луѓе со не баш пријателски намери. Таквите негативни ефекти се чувствуваат денес на секаде по Европа. Насилства, Силувања, терористички дејствија, убиства, а најмалку благодарност за гостопримството и пружањето кров над главите. 

Македонскиот народ има добри искуства од својата хуманост. Да се потсетиме на 1990- етите години, кога неконтролирано навлегоа на македонска територија над 350.000 Албанци и други националности од Босна и Херцеговина и за кратко време постанаа државјани со сите права, но не и со обврски спрема Македонците и македонската држава. Погледнете денес како ја враќаат таа хуманост. Не ја признаваат Македонија како суверена држава, туку ја нарекуваат со погрдното и "привремената" рефернца ФИРОМ, плукаат на македонското знаме, се нарекуваат "автохтон народ" со право да ја делат државата, бараат права на двојазичност, вработување преку ред, не се вклопуваат во македонското општество него пливаат како зејтин над вода, не го почитуваат официјалниот јазик во Македонија, ги злоупотребуваат правата на политичко организирање, вооружено одат против македонскиот народ и македонската држава т.нт.

Е, кога ќе го анализираме сето ова како последица на нерегулирано влегување во земјата на голем број туѓинци за кои не знаеме ни кои се ни од каде се и зошто баш  ја одабрале Македонија да останат и ги добијат сите привлегии кои неможат да ги добијат ниту самите носители на сувереноста на Република Македонија, тогаш нема да зборуваме, почитувана професорице Стојановска, само емоционално во духот на вашата Партија, туку во интерес прво на граѓаните на Република Македонија и нивните можности да апсорбираат толкав број луѓе, за чија судбина македонскиот народ не  е одговорен, ни најмалку.

Со проблемот за кои така убаво зборувате и ги критикувате неистомислениците со вас, неможе да се справи ниту цела Европа, односно тие кои имаат најголема обврска спрема тие несреќници заради разнебитувањата на нивните домови и вековни држави во кои си имале свои мир , соживот и просперитет, спрема нивните можности, традици и навики, се разбира.

Вие барате, почитувана професорке Стојановска, Македонија да ја преземе обврската и одговорноста над нивните судбини во времиња кога и самата е фрлена на колена заради својата доброта и сочувства за судбината на другите,  со помош од никаде, а со закани од секаде и од секого. Зошто?

"Туѓината пуста да остане ...Кога тргнав Цвето во туѓина...Проклета да е Америка и златото што сјае...е колку многу рефрени за туѓината, животот далеку од родниот крај и болката за истиот што довека се носи, се испеани и до ден денешен се леат од грлата на луѓето при прослави и други поводи. И секогаш неизоставен белег на тие песни се солзите радосници или таговници кои се слеваат од лицата на оние, кои понесени од звуците на тапанот и гајдата, орно пеат и плачат, присетувајќи се на некој нивен ближен што далеку од нив, далеку од родната грутка. Навистина е болно кога мајка се разделува од чедото, кога родителот ги остава децата и заминува на печалба, кога вљубените, кои се' уште не го вкусиле доволно сладострастието на љубовта, мора да се разделат и едниот да замине далеку по парче леб.

Тие слики и спомени ми навираат и денес и навистина е болно чувството, посебно кај мене, кога ќе се присетам на тоа, а уште поболно е кога ќе си споменам дека некои од луѓето кои тагувале и ги пееле, денес се први против мигрантите и посекоја цена настојуваат да ги навредат, лепејќи им низа етикети и погрдни зборови. Постојано се навраќам на прашањето-зошто луѓето толку брзо ја забораваат болката, зошто се претвораат во личности кои омаловажуваат, нанесуваат несреќа, иритираат и подбуцнуваат, а исто така да заборавиле дека болката навистина боли, но кога е сопствена, а за туѓата апсолутно не ни е гајле".

Горе споменатото, почитувана Стојановска, е сосема точно и познат ми е патот и голготата на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија до многу славјански земји во Европа и поранешниот СССР, но и во многу земји попат на Канада, Австралија, па и САД. Но изедначувањата не ви се точни. Македонците каде да доидоа, секаде се чувствуваа како туѓинци, но со почит спрема доброчинителите и не пливаја како зејтин во вода. Настојуваа што побргу да се вклопат во новите општества, а при тоа да си ги сочуваат и своите национални белези: јазикот, фолклорот, културата, обичаите. Почитувањето на државните белези никогаш не дошло во прашање кај Македонците и избегавање на изазовите кои новата средина ги поставуваше пред нив, пред нас и вас, исто така не доваѓаа во прашање, а станување со оружје против народот и државата која не примила под своите крила и ни пружила прилика за нов живот, само на некој недоумен би му паднало на памет.

Па затоа, почитувана професорке Стојановска, јас секогаш стојам на страната на немоќните, помалку среќните  и оние кои бараат поарни можности за живот, па и надвор од нивните вековни склоништа. Меѓутоа стојам и на страната на редот, почитување на законите и можностите на општествата да им ги задоволат сите тие потреби, а најмалку  не стихијно и насилно заземање туѓи територии, при тоа спротивставувајќи им се, и со оружје,  на безбедносните органи со цел да добијат слободен премин низ обработените полиња до однапред посакуваните одредишта низ Европа, но и масовно да останат во Македонија и добијат, многу повеќе, од она што ниту нивните земји не се во можност да им обезбедат.

 

Ваш Сотир Гроздановски

**************************

 

ОВА ЛИ СЕ МИРОЉУБИВИ "БЕГАЛЦИ" КОИ БИ ТРЕБАЛО ДА НИ БИДАТ СОСЕДИ, СПРЕМА ПЛАНОВИТЕ НА ВЛАДЕАЧКАТА ГАРНИТУРА НА СДС И ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ?

Проф., д-р Тања Каракамишева-Јовановска

ПРАВОТО ЌЕ ГО ПОБЕДИ НАСИЛНИЧКОТО

РАСИПНИЧКОТО И ПРЕДАВНИЧКОТО ДЕЛУВАЊЕ НА

СДС

************************

Пишува : Проф., д-р

Тања Каракамишева-Јовановска

Почнувајќи од криминалното непризнавање на изборните резултати од страна на Црпко на 27 април 2014 година, преку неуставното поднесување оставки на пратениците на СДС во Собранието, од една, и незаконското и неделовничко земање плата цели 15 месеци без еден ден поминати во Собранието, од друга страна, незаконието и неуставното делување на СДС продолжи со несмален интензитет, низ разни форми, на клеветење и лажно обвинување пред дипломатите и во странските организации дека во Македонија има евидентирано над 500.000 фантоми во избирачкиот список кои наводно секој изборен циклус гласале во полза на ВМРО-ДПМНЕ и дека токму тоа била причината, зошто оваа партија победувала, 11 пати во континуитет.

Незаконското, неуставното и предавничкото делување продолжи и преку скандалозното откривање на есдеесовската и Чаушовата фабрика за печатење лажни лични карти, фалсификат банкарски сметки и други документи за потребите на тајфата, а со цел оцрнување на раководните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од раководните луѓе на СДС беа индиректно вклучени и во помагање на групата терористи во кумановското "Диво Насеље". Црпко и Оливер не се криеја во давањето подршка. Горди и насмеани правеја селфи со сомнителни типови на местото каде пред само неколку часа беа загинале осуммина македонски полицајци бранејќи ги Уставот и законите на државата.

СДС е партија што во континуитет го повредува правото во земјата. Тоа го направи кога јавно обзнани дека не го признава легитимитетот и легалитетот на сите државни институции и органи, вклучително и судството преку нивното хистерично инсистирање во правниот систем да се внесат неуставни органи од типот на СЈО, некакви измислени дополнителни или технички министри со право на вето, разни други измисленици од типот на Влада за спроведување на избори, гласање на дијаспора по неуставни правила. Сите закони донесени во периодот 2015-2016 година, а кои произлегоа од договорите во Пржино беа неуставни и спротивни на сите европски практики, но поради инсистирање на чадорот, а со тоа и на СДС и платената ергела од шарени "револуционери", тие станаа македонска реалност. Со нивното брутално, уценувачко и насилно внесување во системот беше извршено класично силување на правно-политичкиот систем во земјата.

Во многу наврати сум пишувала за сите аномалии на овие квази органи и практики и сум изнела низа констатации дека ниту една од овие експериментални творби нема никаква допирна точка со нашиот правен систем. Сум пишувала и чија творба е СЈО, која е основната цел и намена на овој орган. Три години Македонците и државата Република Македонија се заложници на група политички насилници и криминалци кои не бирајќи начин и средства да дојдат на власт практично насилнички се наметнаа во државата, како некакво нужно зло. Заеднички содржател на сите нивни политики и политички дејствувања е насилство, неуставност и незконитост. Овие политички делувања, спротивни на правото, треба да се изучуваат како студии на случаи како не треба да се практикува правото и како не треба да "владее правото", од сите помлади генерации студенти на правните факултети во земјата, но и пошироко.

Повеќе од јасно е дека политичката криза во Македонија беше вештачки наметната со цел реализација на неколку конкретни планови поврзани со земјата. Местер планот секако беше поврзан со брзата смена на власта која не одговараше на потребите на чадорот со цел непречена реализација на дамнешната идеја за промена на уставното име, промена на идентитетот на Македонците, внесување на сите елементи зацртани во Тиранската платформа и најбрзо што може внесување на таквата осакатена земја во НАТО. За членство во ЕУ веројатно земјата ќе попричека уште бааги подолг период со оглед дека сите активности што се случуваат на терен се во прилог на дамнешната идеја на Меркел, земјите од Западен Балкан да бидат покриени со некакви договори за привилегирано партнерство со ЕУ со кои ем ЕУ ќе ги користи сите бенефити од земјите на Западен Балкан, ем овие земји ќе останат надвор од членството во Унијата, а сепак доволно близу до неа.

Имајќи предвид дека пред нас се тешките и мачни преговори за членство, ЕУ веројатно уште долго ќе остане со затворени врати за Македонија. Дури и да ги започнеме преговорите за членство денес, процесите ќе одат бавно и со калкулирање на поединечните интереси, пред се", на земјите-членки на ЕУ. Оттаму, примарната цел на чадорот е брзо приклучување на земјата во НАТО структурата, со што би се затворила дури и теоретската можност за какво било влијание на Русија во нашата држава, а со тоа и заокружување на интересите на Америка во овој дел од Балканот. Откако Америка ќе ја оствари зацртаната мисија Македонија да ја зачлени во НАТО, природно е да се очекува дека ќе опадне и актуелната подршка на оваа влада од дел од американската администрација. Со реализацијата на мисијата Црпнатиот најверојатно ќе ја доживее истата судбина како и многумина лидери кои биле донесени на власт не од страна на народот и од избирачите, туку од странски центри на моќ. Да потсетиме на судбината на Гадафи, Садам Хусеин, Мадуро, но и на други "славни" лидери со еднократна и краткотрајна употерба. Употребени и фрлени во буништето на срамот за сторено предавство на сопствениот народ. Предавниците никој не ги почитува, ниту ги игра на подолг период. Посебно тоа важи за политичари што си го предале сопствениот народ за остварување на свои болни амбиции и себични интереси. Политичари што сакаат преку труповите на своите сограѓани, прку структурата на својата држава да доживеат некаква замислена, во нивните глави, голема слава за да си ги лечат комплексите на пониска вредност, што никој не ги почитува и никој не им верува.

Со такви луѓе никој не прави долгоророчни политички пријателства и сојузи затоа, што и другата страна е свесна дека може лесно да биде излагана, превеслана од предавникот. Кога предавникот е кадарен да се сврти против својот народ, тогаш што го спречува да се заврти и против сопствениот креатор. Старо правило што им е добро познато на старите и искусни политички волци. Токму затоа, креаторите на овие инстант лидери, кои служат исклучиво на нивните интереси ги користат до максимум и за многу брзо време ги фрлаат. Прашањето е не дали Црпко ќе биде фрлен во буништето на срамот од страна на неговиот креатор, туку кога ќе биде направено тоа и каква ќе биде неговата судбина потоа? Што ќе прави тој потоа откако ги направи сите правни преседани во земјата, откако ја погази и ничкоса секоја правна норма, откако го преврте на глава целиот правен систем за да им ги "скине главите" на омразените му политички непријатели? Црпнатиот заборава дека правниот систем, колку и од петни жили да се труди во моментов, нема да може целосно да го воспостави по негова мерка за да добие заштита тогаш кога ќе му биде најпотребна, тогаш кога "пријателот" ќе реши да се ослободи од него. Нема да може да ги скрои сите судски и јавнообвинителски "реформи" по негова мерка затоа, што тоа практично е невозможно. Кривичните законици и квалификациите на кривичните дела се горе -долу исти во сите европски држави. Судската пракса, исто така. Тоа значи дека еден ден кога целата прашина и еуфорија на "голема слава" ќе се спушти на подот, одговорност за секое сторено кривично дело од страна на Црпко и неговите пајдаши, ќе има.

Политичката хајка што сега Црпко им ја прави на многу луѓе од ВМРО-ДПМНЕ со директни закани и уцени за затворски казни ќе му се врати како бумеранг.  Тоа што на други му го прави спротивно на закон, спротивно на Устав, еден ден ќе му се удри по глава. Еден ден кога со заеднички сили ќе успееме правната држава повторно да ја вратиме со полн сјај, во неа нема да има место за нови политички реваншизми и нови правни преседани. Едноставно шпилот карти на правната сцена ќе се намести така, што повеќе никој нема да може да игра надвор од правилата на правото. Правото ќе биде единствената сила, чиј што збор ќе биде последен. Ниту Црпко, ниту кој било други нема да може таа сила да ја помести од централната ложа. Е, дури тогаш ќе можеме да кажеме дека имаме правна држава и дека имаме држава со вистински ред и поредок. За таква држава вреди да се бориме сите и почнувајќи од денес, со целата енергија и расположливо знаење што го имаме како нација, за да им оставиме на идните генерации здрав политичко-правен организам, кој нема да може да биде инфициран од ниту еден нов црпнат вирус, од ниту една нова или стара политичка или некој друг вид криминална бактерија. Да се избориме заеднички за имуна правна држава, во која секој грешник ќе одговара за стореното противправно дело. Во реорганизираната нова правна држава, место ќе нема за анархија што ја направи Црпко кога влезе во кабинетот на премиерот и со уцена го услови да ја напушти Владата во рок од три дена. Место ќе нема за јавно обвинителство кое ќе одмолчува вакви или други слични криминални настани и дејствија. Место ќе нема за Уставен суд што одлучува да молчи во клучни моменти за државата кога му се "шетаат" во системот, буквално, пред очи неуставни закони и незаконски акти, а тој не прави ништо. Место ќе нема за истражни органи што молчат за лажни обвинувања дека во Македонија имало незаконски изборни резултати со кои директно се има за цел да се ништи вистинската волја на македоснките гласачи. Место ќе нема за уцени и притисоци со незаконски креирани материјали, притисоци од страна на странски амбасадори, подземни пресметки. Место ќе нема за насилен избор на претседател на Собрание, или за било кој друг функционер. Место ќе нема за луѓе кои ќе ја преземаат власта како дивјаци, кои ќе ги окупираат институциите со криминалци и послушници, кои незаконски менуваат професионални кадри со насилници и подземни типови. Место ќе нема за партиски послушници во администрацијата, место ќе нема за притиснати судии уценети да судат не по Устав и по закон, туку по директна партиска директива. Место ќе нема за Катици и слични приучени правници, за кандидати за државен јавен обвинител кои зборуваат за селективна правда и за уште поселективна одговорност. Место ќе нема за кандидати кои уште не седнати на  јавнообвинителска фотеља зборуваат само за стореното физичко, но не и за стореното политичко насилство врз државата,  кандидати за јавен обвинител кои не можат да го видат апла извршениот државен удар во земјата на 27 април 2017 година. Место ќе има само  за Уставот, за законите, како и за неспорните меѓународни договори. Оние меѓународни договори што се спротивни на интересите на Македонците, нема да бидат ратификувани и нема да имаат правна вредност.

 

курир.мк, 27 август 2017 година. 

СВЕКРВА - "Македонска Нација"

ВЕЛАТ КОЈ СИ ИГРА СО МЕЧ

ОД НЕГО ЌЕ ПОГИНЕ

Пишува : Свекрва

******

 

Светот беше запрепастен и ужаснет од терористички напад во Барцелона што се случи кон средината на август месец 2017 година, а во кој смртно настрадаа над десет лица и околу стотина беа повредени. Од сите страни на светот, меѓу кои и од нашата земја, пристигнаа пораки на подршка и солидарност, но и осуда на безумниот чин во кои настрадаа невини луѓе.

По овој напад, терористички напади имаше и во други европски градови, што предизвикува жалење за жртвите, но и раѓа се' поголема меѓуверска и меѓуетничка омраза. Меѓутоа, никој не се запрашал што ги предизвикало и мотивирало тие луѓе да извршуваат вакви чинови во кои гинат невини деца, жени, старци ит.н.

Воените интервенции на западот во деведесеттите години на минатиот век во Југославија, потоа во Ирак, Авганистан, Либија и Сирија, како и поттикнувањето на арапската пролет, пред десетина години, го отворија патот кон пеколот. Во некогаш мирните и релативно стабилни држави започнаа војни во кои загинаа стотици илјади невино население. Наместо мир и демократија, воените дејствија резултираа со продолжени конфликти и терористички активности. Во Ирак, Авганистан, Либија и Сирија и ден денес гинат голем број цивили во терористички акции на разни спротивставени групи. 

Вообичаено тероризмот се дефинира како незаконито користење на сила и насилство од страна на поединци или групи, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди населението или било кој друг сегмент од општеството во остварување на одредени цели. Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Тие добиваат финансиска помош, обука и заштита од една или повеќе влади.

Ваквите групи кои беа финансирани од центрите на моќ, дел им останаа верни и дел се одметнаа, свртувајќи се против дотогашните сојузници. Окривувајќи го западот за жртвите во нивните земји, тие војната ја пренесоа во Европа. Велат:  кој си игра со меч, од него ќе погине. За жал, не гинат вистинските виновници, туку обичниот народ.

Во последно време, особено по поразите во Сирија, голем број радикализирани борци на Исламската држава (ИД), искористувајќи го бегалско-мигрантскиот бран се префрлија во Европа. Денес тие сеат страв и ја тестираат издржливоста на Европа. Честата фреквенција на овие напади само укажува дека тие можат да станат секојдневие.

Повикот на лидерите на ИД нивните борци да планираат и делуваат насекаде, како и да се користат со средства кои тешко се откриваат, ја отежнува работата на европските безбедносни служби. Оттука и нивната неефикасност во спречувањето на терористичките напади, при користење на превозни средства, мачети и т.н.т.

Во Европа, речиси да нема недела дена во која припадниците на ИД да не извршиле некој терористички акт. Таквата состојба ги присили западните политичари да го променат мислењето за Сирија и нејзиниот претседател Башар ал Асад. Дури и САД ја менува политиката и престанува со подршката на противниците на сирискиот претседател, и ако официјално е против останувањето на власт на Асад.

Вашингтон се двоуми, но согледувајќи дека џихадистите на ИСИС и Ал Каеда стануваат закана, ја менува политиката. Новата политика на САД се' повеќе се приближува кон политиката на Москва, која од самиот почеток го подржува Асад.

Многумина него посакуваат приближувањето на Вашингтон и Москва. Меѓутоа, до колку се случи, како што предупредуваат американските аналитичари, светот ќе се соочи со многу посуров, побрутален тероризам. Ова што денес се случува ќе биде само увертира на поголеми масакри на теренот на Европа.

Поголем број борци на ИД потекнуваат од Балканот (Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија). Некои од нив кои ги преживееа оружените конфликти се вратија во своите домови. Но, тие денес се реална закана за целиот регион, вклучувајќи ја и Македонија. Никој не може да каже кога тие радикализирани исламисти повторно ќе се активираат.

Македонија досега успешно се справуваше со заканите. Така на пример, во мај 2015 година, во акција на безбедносните сили беше спречена криминално - терористчка група во Куманово, која имала намера да изведе повеќе терористички активности на територијата на земјата. Меѓутоа, по политичките турболенции во земјата и зголемениот број на повратници од конфликтните зони, денес е потребна многу поголема будност на сите безбедносни структури. Едноставно, ѓаволот ни ора ни копа, само го тера светот во војна, луѓето меѓусебно да се уништуваат.

"Македонска Нација"

 

 

 

 

Султан Сулејман -Величанствени и Роксана - Хурем

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНААЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

******************************

ДЕЛ 41

МАКЕДОНИЈА ПОД ОСМАНЛИСКА ВЛАСТ

(од XIV до крајот на XVIII век) 

 

4. Османлискиот феудализам

Османлиската држава била организирана врз систем на воен феудализам, наречен тимарско-спахисхи систем, кој се темелел врз државната сопственост на земјата. Имено, за врховен сопственик на обработливото земјиште во Османлиската Империја се сметала државата, персонифицирана во султанот. Користењето на тоа земјиште се остварувало преку формата спахилак, а се состоела од доделување земјишни поседи на лица што за уживањето на плодовите од поседите биле должни да извршуваат определена државна, а пред се' воена обврска. Обработката на добиената земја била должност на селаните што живееле на неа и кои им плаќале даноци на поседникот-спахијата и државата. Всушност, во тимарско-спахискиот систем владеел принципот на поделена своина. Право на иста земја, во исто време, имале "вторите" поседници на земјата. Земјишното лено што го добивале спахиите се јавува во три вида со различен годишен приход: тимари, со годишен приход од 2.000 до 19.999 акчиња; зеамите со приход меѓу 19.999 и 99.999; и хасови, со годишни приходи преку 100.000 акчиња. Висината на приходот ја одредувала големината на воената обврска на спахиите. Поседниците на најмалите тимари  биле задолжени самите со своја опрема да учествуваат во воените походи, додека оние со поголем тимари морале со себе да носат и определен број помошници, како и да ги опремат со одредена воена опрема. Спахиите немале право да ги отуѓуваат своите тимари и зеамите ниту со купопродажба ниту со отстапување или подарување. Тие, всушност, располагале со приходот од земјата, а не со самата земја. Тимарот можел да биде наследен од синот само до колку тој ги преземал воените обврски од својот татко. Ваквиот воен феудализам потполно се инсталирал на територијата на Македонија кон средината на XV век, каде што преовладувале малите тимари со гоидишен приход од 2.000 до 6.000 акчиња.

Во раниот период од османлиската доминација во Македонија имало и спахии-христијани што поседувале тимари. Тоа биле, всушност, припадници на старата христијанска феудална класа, а припадноста кон таа класа било главниот критериум за добивање тимар. Вклучувањето на овие христијани  во османлиската војска била смислена политика на османлиската држава со цел новоосвоените територии да бидат побрзо и полесно смирени, а домашната феудална класа неутрализирана. Во средината на XV век, во Прилепската и Кичевската нахија, во рацете на христијаните имало 27 тимари и еден зеамет, а во 1466/1467 година во Дебарската област бројот на христијанските тимари изнесувал 18. Зеаметот, што го држел Герг Степан, субашика на Кичево, покрај Кичево во себе вклучувал и 29 села, 23 мезри и еден манастир и носел годишен приход од 50.200 акчиња. Со текот на времето бројот на христијанските-спахии бил во постојано опаѓање и веќе во XVI век тие речиси целосно изчезнале. Нивното изчезнување нејчесто се должело на прифаќањето на исламот и претопувањето во муслиманската феудална класа или, пак, со губење на своите феудални имоти, тие станувале обична раја.

На територијата на Македонија имало и хасови, кои биле најкрупни, но многу ретки имоти во Османлиската Империја. Некои од најбогатите извори на приходи во Македонија, како што биле Кратовските рудници, риболовот во Охридското Езеро и околните реки,  Струга со неколку околни села, плодното земјиште во Солунско, Битолско, биле всушност хасови на султанот. Покрај султанот, со хасови располагале и везирите и другите високи функционери во државата. Познатиот скопски краишник Иса-бег бил еден од најголемите феудалци на Балканот во XV  век, а хасот со кој располагал, без градот Скопје, му носел годишен приход од 763.000 акчиња.

Третиот условен поседник на државната земја и нејзиниот главен обработувач биле селаните кои, без разлика на нивната верска припадност, го носеле заедничкото име раја. Во своето најшироко значење, поимот раја ги означувал поданиците-производители кои, за разлика од припадниците на воената класа, плаќале даноци.  Во подоцнежниот период овој термин се'  повеќе се однесувал само на христијаните. Селаните држеле ограничена површина земја чија големина се движела од 70 до 150 донуми, што зависело од квалитетот на земјиштето. Кај христијаните таа земја се нарекувала со стариот словенски збор баштина, а кај муслиманите чифлиг, од османлискиот збор чифт-пар, а е поврзан со чифтот волови (sевгар) потребен за обработка на еден чифлиг или една баштина. За добивање баштина (чифлиг), селанецот му плаќал определена такса на феудалниот господар на земјата, односно спахијата. Со тоа, селанецот се здобивал со тапија за земјата, која не можела да му биде одземена се' додека редовно и потполно ги исполнувал своите обврски што произлегувале од владеењето на добиената земја. Со дозвола на спахијата тие можеле да ја наследуваат или да го продаваат правото на користење на таа земја. Новиот поседник морал да ги прифати сите феудални обврски на претходниот поседник. Со закон било забрането рајата самоволно да го напуштат своето место на живеење и да оди на друго место. Спахијата имал законска можност во рок од 15 години да го присили пребегнатиот селанец да се врати на неговата земја. На тој начин рајата била двојно врзана и за земјата и за феудалецот-спахија. Таа не можела да го промени својот статус затоа што со правни норми било строго утврдено, дека "синот на рајата е раја".

Економската потчинетост на рајата се изразувала преку феудалната рента што селаните им ја давале и на феудалецот и на државата. Имало три вида феудална рента: работна (ангарија), натурална (продуктивна) и парична. Отпрвин преовладувала натуралната рента која, со текот на времето, била заменета со парична.  Најслабо била застапена работната рента, која најчесто била во полза на државата. Селанецот бил должен, заедно со неговиот добиток, да учествува во изградба  и поправка на патишта, тврдини, мостови и други јавни објекти, потоа да транспортира храна, оружје и опрема за војската и сл. Во многу поограничени размери, селаните работеле ангарија и во полза на феудалецот. Тие биле должни да му изградат куќа и амбар на спахијата, да го пренесат до амбарот или до пазарот делот од производството што на име на десеток требало да му го дадат на спахијата, како и неколку дена без надомест да работаат на неговиот имот.

Натуралните давачки, повеќе на број, најчесто оделе во полза на непосредните феудални господари. Основен натурален данок бил десетокот (ушур), кој се земал од различни земјоделски и градинарски производи. Од некои продукти десетокот често бил земан во пари, што  било резултат на настојувањата на феудалците, спротивно на законот, натуралната рента да ја претворат во парична. По законски пат, во вид на парична рента, феудалецот го земал данокот испенџе, што го плаќале сите работноспособни христијани. Полниот износ на овој данок  бил  25 акчиња, додека висината на истиот данок земан од муслиманите  и наречен ресми чифт изнесувал 22 акчиња. Во пари биле земани и давачките за домашните животни како што биле овците и свињите, потоа за летните и зимските пасишта, за воденици, валавници, самокови и др. Спахијата земал и други парични такси што не биле поврзани со производството, какви што биле свадбарината, глобата за престапи, за наследство и др.

И државата учествувала во собирање на парична рента. Најзначаен од овој вид даноци бил арачот или џизието. Него го плаќала само немуслиманската раја, односно христијаните и Евреите, како замена за неслужење воена обврска и како доказ за нивната лојалност кон државата. Иако познат и под името главарина, до крајот на XVII век, овој данок се наплатувал од семејството (хане).  Неговата висина зависела од имотната состојба на обврзникот и од финансиските потреби на државата, меѓутоа, тој постојано растел и од 140 акчиња во XVI век, во почетокот на наредното столетие пораснал на 400-500 акчиња.

Посебно тежок за христијанската раја бил т.н. данок во крв (девширме). Тој се состоел од собирање на најздравите деца од христијанската раја,  кои потоа биле водени во Истанбул, преведувани во Ислам и подложувани на спцијален режим на воспитување. Најнадарените од овие деца, наречени ич оглани (внатрешни деца), биле избирани и тренирани во една од царските палати, со цел да станат лична придружба на султанот. Повеќето од другите деца (аџеми оглан) станувале  припадници на јаничарскиот корпус. 

Јаничарите биле воспитувани во духот  на милитантниот ислам и биле тесно поврзани со Бекташискиот дервишки ред. Уживале голем број привилегии, што им овозможувало да заземат високи позиции во државната хиерархија. За време на војна, служеле како пешадија, заземајќи ја централната позиција во воената формација и штитејќи го султанот. Во времето на Сулејман Величенствениот (1520-1566) нивниот број изнесувал 12.000. Биле укинати со султански акт донесен 1826 година откако го изгубиле своето воено значење, претворајќи се во деструктивна неконтролирана сила. Се смета дека девширмето било укинато кон средината на XVII век.

Иако сите тие што биле немуслимани во Османлиската Империја биле класифицирани како "заштитена раја" , преку арачот и девширмето најочигледно ја изразувале  верската дискриминација и нерамноравниот третман на немуслиманите во однос на муслиманите. Освен овие најважни даноци, државата во одредени периоди користела и редица вонредни даночни обврски (avarizi-i divaniyye ve tekalif-i orfiyye), кои уште повеќе и' ја отежувале положбата на рајата.

Еден дел од рајата бил зафатен со извршување на разни специјални служби во полза на државата, поради што уживал некои даночни олеснувања. Во градовите, каде со текот на времето занаетчиството забележало силен подем, тоа најчесто биле специјализирани занаетчии, особено оние што биле задолжени за изработка, одржување и поправки на оружјето во градските тврдини и сл. Така, целото муслиманско и христијанско население на Солун било ослободено од сите вонредни давачки во замена за чување на дваесет и четирите морски кули во Солунскиот Залив. И жителите на Охрид, исто така, биле ослободени од вонредните давачки во замена за одржување на Охридската тврдина.

Сред селското население се резвиле неколку такви специјални задолженија и служби кои биле извршувани во полза на државата. Овие специјални задолженија им овозможувале на нивните извршители извесни даночни олеснувања. Тоа биле: војнуците, дервенџиите, мартолозите, соколарите, оризарите и др. Војнуците биле припадници на посебен војнички ред во османлиската војска. Биле вооружени со копја и, како помошни одреди, најчесто во улога на предходница, учествувале во воените походи. Обичните војнуци биле христијани, додека повисокиот старешински кадар им припаѓал на муслиманите. Најраширени во Македонија биле дервенџиите, кои биле задолжени да ги обезбедуваат и одржуваат тешко проодните и опасни места на јавните патишта. Ваквата служба најчесто ја вршеле христијаните од селата во близина до премините, кои со чукање во тапан им давале до знаење на патниците дали патот е слободен и прооден. Поради даночните олеснувања, припадниците на овие посебни групи население биле познати под името "привилегирана раја".

 

Продолжува 

 

Грчкиот крал Ѓорѓи II

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 -1949

************************

ДЕЛ 16

Глава Втора

Пишува: Наум Пејов

 

3. Настаните од септември 1947 година

Со фалсификуваниот плебисцит, кој беше одржан во септември 1946 година, во Грција се реставрира монархијата. На престолот дојде Ѓорѓи II, со лоша репутација во грчкиот политички живот, но со големо влијание во контрареволуционерните кругови на Грција. Ѓорѓи II со владата на Константин Цалцарис не можеше да помисли  на друго освен на едно решение: задушување на движењето на отпорот со сила. Такво решение не можеше да бара со други, освен со насилни средства, со војна. Затоа и својата тактика ја насочи кон пресметување со демократското движење на воено поле. И кога во декември 1946 година се обрна до ООН, токму на тој план ја поставуваше работата, имено дека се работи за "вооружен бунт потпомогнат однадвор" за да ја оправда војната против демократските сили во земјата.

Ставот на КПГ, пак од друга страна беше дека вооружената борба треба да се зајакне, но без намера со сила да ја урне владата и да ја заземе власта, туку да послужи како средство на натисок, да се принуди владата на повлекување и мирно - парламентарно решение. Овој став на раководството на КПГ е во сила до октомври 1947 година и произлегуваше од оценката дека: "односот на силите во земјата дозволува, а и меѓународните услови созреаја за мирно решение на грчкото прашање". Меѓутоа, меѓународните услови се свртија против "мирното решение", затоа што токму во тој период имаме поларизирање на силите на меѓународен план и се' повеќе се нарушуваше коалициониот дух од војната.

Определената цел на владата на Цалдарис, по враќањето на кралот во земјата, се повеќе и повеќе се спроведуваше: растеше теророт против демократските сили, а тоа од своја страна дејствуваше за масовизирање на вооружениот отпор во земјата, каде владееше економски хаос и работничките штрајкови беа редовна појава. Есента 1946 година постигната е спогодба за обединување на вооружените партизански сили на грчката левица со силите на НОФ (Народно-ослободителен фронт на Македонците во Егејска Македонија кој дотогаш делуваше во несогласност со КПГ). 

Оваа спогодба имаше многу позитивно дејство за масовизирање на вооружената борба во цела земја. Од малите партизански групи, по обединувањето израснаа големи партизански одреди и регуларни единици, а ударите против кралските сили стануваа се посилни.

Продолжува

Марко К. ЦЕПЕНКОВ

ОД МАКЕДОНСКОТО

НАРОДНО ТВОРЕШТВO

*****

Марко.К. ЦЕПЕНКОВ

**

 

Егумено што 'и учил кауѓерите со

карар да пијат вино и ракија

 

Дошло време да се берат лозјата од некој манастир и откоа 'и обрале, го туриле грозјето во бочвите што 'и полнеле секоја година. Спроти ланцката година, помалце вино се турило, чунки не се родило таа година колку другата.

- Годинава, оче егумене - му рекле кауѓерите - многу сме подолу со вино од ланцката година, кој знае дали ќе ни втаса?

Откоа и' ислушал умнио егумен, му рекол:

- Ако го пиеме као имање (животното), ќе ни втаса, а пак ако го пиеме као луѓе, нема да ни втаса.

- Ха, ха, ха,! - се изнасмејаа кауѓерите на тие зборои од егумено дека рече "ако го пиеме као имањето, ќе ни втаса, а пак ако го пиеме као луѓе, нема да ни втаса.

- Е, прао што је прао, оче егумене, за тоа се изнасмеавме - му рекле.- Ако сме го пијале као гоедата виното, ќе ни втасало, а пак ако сме го пијале као луѓе, не ќе ни втасало.

- Да, зер не ви текнува оти така је? Слушајте сега да ви кажам како је тоа што ви реков така: еден вол, али една крава, да го однесиш на река да го напиеш вода, откоа ќе си изнапие, моли колку да сакаш да се принапие, не је чаре поеќе да пие; а пак ние луѓето откоа ќе се изнапиеме, на ручек, али на вечерата, штом не' помолат, па ќе се принапиеме и са ноќ да ни даваат вино и па ќе си пиеме. Ете како је као што велам јас.

Откоа го ислушаа калуѓерите егумено, сите му кандисаа на зборо негов и си почнаале да си пијат вино со мера и му втасало и му превтасало за целата година.

******************* 

Отишол еден чоек у свата си на гости и на ручекот му давал свато вино и ракија на гостино. Гостино пил вино и ракија, дури му било слатко. Арно ама свато го терал сосила да пие:

- Де, де, пи, де повели, свату, добре ми дошол; дај да се чукниме, де бујрум, напи се! - му велел.

При сета молба што го молел свато, тој не му пиел. Седел што седел и би гост и помина; си зел магаренцето и си  тргнал да си оди и пак свато зел едно грне вино да го испраќа до негде и коа дошле до река, се наведнало магарето да пие вода.  Откоа се изнапило се тргнало, арно ама чоеко го терал сосила да пие.

- Море, крши му глаа на магарето, свату - му рекол - не моли го да пие, ами заповедај ти, земи го грнево и напи се.

Чоеко неќел да го земи, а пак тој му се тоарил и најпосле му рекол: -Е, не приоли ме, бре свату, оти јас не бидуам подолу од магарево мое, чунки ти сам виде оти го молив едночудо да се принапие вода, а па тоа не се напи нити еден драм. Ете затоа треба и ние да сме поумни од магарињата и да не пиеме поеќе отколку што ни  се пие.

Слушајќи тие зборои свато од свата си и видуајќи го магарето оти не пие поеќе вода отколку што му се пиеше, беше се остаил од таа севда да и' молит гостите да пијат вино и ракија и самиот тој си пиел со карар.

*********************

 

Kind regards : 05 септември 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 93