"НЕ" ЗА МИГРАНТСКИ НАСЕЛБИ ВО МАКЕДОНИЈА

Мирка ВЕЛИНОВА

ДЕРАТИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

ПОЧНУВА ВО ОКТОМВРИ

Пишува за "Дудинка"

Мирка ВЕЛИНОВСКА

*********

 

Големиот јужноамерикански раскажувач и мислител Маркез доживеа, релативно, брзо ревизија на точноста на неговата констатација дека на планетата само во САД не е возможна смена на режимот со преврат, а причината е што само во САД не постој институт "американска амбасада"

 

Минатонеделната фингерајка во Шарлотсвил каде се судрија "десните" расисти и неонацисти и "левите" АНТИФА "демократи" е многу значајна за идните светски собитија. А, е многу важна и за нас, Македонците, кои минуваме низ значајна фаза на политичко и национално зреење. 

Американската нација, која системски и систематски се индоктринира преку Холивуд и медиумска пропаганда и затоа нема блага врска со реалноста во светот, релативно брзо, за тамошни стандарди, разбра дека во една јужна провинцијална вукојебина (енклава) фактички НЕКОЈ сакал да исфингира повод за почеток на граѓанска војна. И, оп, на луѓето му се отворија чакрите, се активираа сликите од превратот во Украина, фамозното "украинско сценарио" по кое пекаше напредниот "демократ" Бранко Геровски. Констатираа дека мајденската фингерајка како јајце на јајце се изведува во Паланка Шарлотсвил. Абе реков јас дека тоа кројките на "Бурда" ќе ја уништат шивалната ЦИА или уметнички именована како "дип стејт", односно по македонски кажано стаорско дувло. Не мина ни седмица, а ете кај разбравме дека учесници во крвавиот локален судир биле платени глумци без работа преправени во спротивставени демонстранти. Изнајмени од организаторот биле Евреи Афроамериканци, емигранти Кинези, демократи, ултранационалисти, бели супрематисти и неонацисти. Платени биле по 25 долари на саат. Вежбани на топли и ладни проби од режисерите и координирани од одговорните за мизансценот. Да заклучам. Продуцент на калакурницава е "филантропот" Џорџ Сорос, а нарачател на фингерајкава? - кој друг ако не ЦИА. Впрочем, како  во сите дејства со кои е соочен светов. Како во Украина, во Сирија, во Либија, во Турција, во Венецуела, на Филипини и секако за нас најважно, во Македонија.

Нема да ве дрвам со детали и преповторување, ами, ќе ги повторам заклучоците од преживеаните догодовштини.

На фашизмот, во сите негови форми, мора да се гледа како на смртоносна болештина, која го дегенерира и убива човечкото битие. Фашизмот го напаѓа здравиот разум и со стимуланси, како што е пропагандата,  ги потхранува и развива инстинктите, нагоните и потиснатите девијации. Фашизмот се дијагностицира во раната фаза и ефикасно се отстранува со решителна општествена акција, односно, со радикална превентива и куратива. Тоа не се преговори, договори, демократски процедури, туку решително замавнување со мечот и ефектно пресекување на гордиевиот јазол. Од многу политичарење и ѓоа експертско гомнојадење, од политички фразерај и активистички куплерај, од гледање на настаните низ фамозните романтичарски тренди розови наочари, Македонија денес е под целосна окупација на ЦИА, со сиот домашен и соседски "украински десен центар". Џес Бејли е во моментов самодржецот на цијашкото криминално подземје, кој ја има Македонија под свои нозе. Со неа управува преку извршни одлуки, кои ги спроведува локалниот контракторски општествен отпад и политичко-експертско-медиумски шљам. Ние ги именуваме како соросоиди и бројлери.

Македонските институции се полни со декоративни фикуси и паразити со партиски книшки. Што покажува дека овде долго и успешно се копале подзени штакорски коридори. Не случајно ЦИА ја има ставено Македонија на листата на пропаднати (растурени) држави како Судан, Етиопија, Конго, Либија, Украина. Циа фашизмот, кој е директен наследник на Хитлеровиот, во својата доктрина промовирана во 1953 година, запишал дека за своите операции ширум светот користи тактика на препознавање, собирање и одгледување на ментално неурамнотежените психопати и социопати, неморални, глупави, недоправени, отчовечени, мегаломани, егоцентрици, искомплексирани, неспособни, а дрчни.

Кратко - ЦИА работи со човечко ѓубре.

Ако го нема доволно, го одгледува преку калемење или дресирање на интензивни курсеви. И фино го гледате сево ова во Македонија после превратот. Ѓубрето ви парадира како ѓоа власт, министри на ѓоа вести секој ден, секој саат, секоја минута. Ви се блуе. Се чувствувате немоќни. Мислите дека сте оставени на цедило од политичката авангарда. Барате очајнички некој да ви биде водач. Немоите, ве молам, розовите наочари да ги замените со црни! ЦИА, Бејли како нејзин службеник и квислинзите на купче сметаат на македонската колективна апатија и депресија. Сега е моментот кога работите се гледаат директно, без помагала. Така ќе го разбудиме имунитетот, кој во апатија опаѓа и не прави подложни на смртоносната болест. Немоите пак да го молите  бога да ви фрли добитна "сречка" или да го чекате Ѓорѓи Сугаре да ве куртули, така што самиот крвта ќе си ја пролее откако ќе види дека никој од оние што го викале не му се придружил, односно, не го извадил кубурот за зорт-заман. Опулени во реалноста и без наочари, разберете дека секоја борба почнува со самиот себе.

Не очекуваите некоја партија да ја брани Македонија. Оти нема таква. Партиите денес немаат идеологија. Нема ни леви ни десни. Сите се "демократски", сите го сметаат народот за стадо стока за различна употреба. Тоа се интересовни заедници, кои се борат за свои парцијални интереси. За моќ, привилегии и пари. За своите газиња. Партии кои се оградуваат со соопштенија и изјави од сопствениот народ, од својот СУВЕРЕН, од своите гласачи, не се негови спасители. Ако македонскиот народ има намера и сака да си ја спаси куќата Македонија, земјата Македонија, државата Македонија, треба да е самосвесен и самоуверен. Македонскиот народ поединечно и на купче е единствениот и одлучувачки фактор, кој ќе ја води и добие војната со цијашкото подземје и домашниот шљам. Оние што глумат демократија и цивилизирана процедура сред инсталирани фашистички диктаторски режим не се македонска надеж, туку една од цијашките холивудски креации како сиријската ослободителна армија, ал нусра, ал каеда и други такви цијашки ад хок дркотници.

Како завршуваат?

Па, иако сме под евроатланска медиумска цензура, белким гледате на интернет. Ги нема бре! Разбуцани се како куп гомна. Претстојните локални избори ви се кажува уште од сега дека ќе бидат чиста фингерајка. Како последната пучистичка играрија, која тргна со бомбите на Заев, преку куртон револуцијата и пржинската гротеска до постизборниот преврат. Партиите од наводната опозиција веќе не се ништо друго туку обично средство за легализирање на фашизмот како божемен  избор на македонскиот гласач. ЦИА преку Бејли калкулира дека таа ќе победи, вака или онака. ДИК е негова алатка. Ако разочараниот народ не отиде на избирачките места, Бејли и неговиот тим нема да мора да полни многу кутии и да увезува Албанци и Бугари. Ако, пак, народот излезе во значителен број, Бејли ги има спремно големоалбанските фантоми, а сега богами и големобугарските, плус мигрантите, кои ќе добијат државјанства и кои ќе ги надополнат отсутните македонски гласачи. Бејли им го има дадено веќе и списокот на градови, кои ќе добијат црпнат градоначалник. По волја на "народот". На ДПМНЕ началството му има веќе приложено и конструктивен пораз со тек - тук победа во Чашка, Сопиште, некое свирипичино и евентуално една скопска периферна општина...

На фашизмот му треба освојување на теренот. Инаку се' е џабе како во Авганистан. Што е чарето? Чарето е силна демонстрација на македонската колективна волја. Во вакви услови на окупација нужност е создавање паралелна жива и функционално организирана македонска држава со сите нишани. Стопостотен излез и гласање за себе, за листа на кандидати кои  се веродостојни, кои во своите средини важат за авторитети, за луѓе со достоинство и интегритет. За луѓе кои не се дрчни за пари, не се кариеристи, не се превртачи, карактерно лабилни, плашливи и без идеали. Личности, кои не ги сметаат ЕУ и НАТО за свети крави, такви кои ќе нудат излезни решенија од гомнаријава во која не' внесоа сите досегашни политичари. Меѓу таквите ќе ги препознаеме потенцијалните водачи. Од таквите фашистите најмногу се плашат. Со таквите се организира и брани теренот. Не заборавајте, како секој штакор и ЦИА се плаши од одлучна и мотивирана локална маса. Стравот и својата ранливост ја манифестира така што станува агресивна и крволочна. Преку сеење страв и со силна пропаганда сака да не' обесхрабри и пасивизира. Не верувајте во она што ви го прикажува Холивуд. Верувајте во себе. Оваа борба е над сите борби. Си ја браниме секоја педа од нашата земја. Секоја куќа и улица. Оваа борба е тешка, но е вистинско излезно решение. Ни го покажа тоа народот на Венецуела и Боливија и Исланд и Сирија, а сега и Филипини. И во САД оваа борба е почната. На сите страни самосвесните народи се подготвуваат за генерално чистење. Парадирањето на до заби вооружени американски војници низ Европа и на Балканот не значи ама баш ништо. Така се курчат само слабаци. Така се курчеше и Хитлер. Додека неговите не побегнаа во американското и европското подземје. Тоа е неминовно како што и победата над ЦИА фашизмот со експоненти, како Џорџ Сорос, разно разни нуланди, мекејни, бајдени е неизбежна.

 

Автор: Мирка Велиновска за Дудинка

***********************************************

 

 

ГРАЃАНИТЕ  ОД 17 ОПШТИНИ ПРОТИВ

ИМИГРАНТСКАТА СТРАТЕГИЈА НА СДСМ

netpress.com.mk

**********

Граѓаните масовно го изразуваат својот револт против плановите на СДСМ во Македонија да се градат живеалишта за мигранти

 

Жителите на Куманово, Кавадарци и Охрид  ги доставија своите потписи за реферндум против изградбата на живеалишта за мигрантите.

"Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува, во наше име, порачуваат граѓаните".

Потписи веќе се собираат во 17 општини: Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип.

Додека граѓаните даваат црвено светло за оваа идеја на СДСМ, партијата на Зоран Заев ги повлекува своите советници кога треба  да се гласа за стратегијата. Тие даваат подршка за живеалиштата за мигранти, па не учествуваат на седници каде се гласа против.

ЗАРЕМ ЗА ОВИЕ НАСИЛНИЦИ МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГРАДИ ЖИВЕАЛИШТА ПО НАШИТЕ ГРАДОВИ И СЕЛА И ОД НИВ ДА ПРАВИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ? НЕ ИЗВЛЕКОВМЕ ЛИ ПОУКИ ОД АЛБАНСКИТЕ "БЕГАЛЦИ" НАД ЧИИ СУДБИНИ СИТЕ ЗАЕДНО ПЛАЧЕВМЕ И СЕ СОЖАЛУВАВМЕ А ДЕНЕС СЕ БАШ ТИЕ НАЈГОЛЕМИТЕ НЕЗАДОВОЛНИЦИ И ДЕСТАБИЛИЗАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА?

д-р Марјан ПОПЕСКИ

ПРОНАЈДЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

Од докторската дисертација на

д-р Марјан ПОПЕСКИ

*************

 

За проблемот со наметнатиот спор од страна на Грција во врска со нашето уставно име, во ЕУ, поточно пред словенската јавност, беше претставено меѓународноправно издржано решение. Тоа е содржано во докторската дисертација на д-р Марјан Попески. Имено, тезите во докторатот беа одбранети во Словенија, пред тим врвни меѓународно познати и признати експерти.

Во понуденото решение се заштитува македонскиот народ и неговото основно човеково право на самоопределување, а со тоа и уставното име на државата Република Македонија. Правото државата сама да си избере име, е дел од правото на самоопределување што се идентификува во правната норма ius cogens. Дејството на нормата ius cogens во меѓународното право е генеричко и исклучиво силно, а договорите склучени по меѓународен пат, кои се спротивни на ius cogens се ништовни.

Токму зад оваа теза содржана во дисертацијата под наслов: "Проблемот со името на државата Република Македонија во меѓународното право", застанува врвот на словенечката наука; преку комисијата што го одобрила докторатот во состав: проф. д-р Ернест Петрич (ментор), проф. д-р Петар Јамбрек (претседател на комисијата),  проф. д-р Милан Јазбец (член) и проф. д-р Татјана Петрушевска (член од Македонија).

Проф. д-р Ернест Петрич е еден од најугледните меѓународни правници на светот. Бил претседател за меѓународно право на ОН и денес е член во трет мандат, претседател на Меѓународната агенција за атомска енергија при ОН, член на меѓународно тело од девет меѓународни угледни правници што ги предлага судиите за Меѓународниот кривичен суд, претседател на Уставниот суд на Република Словенија и над 20 години амбасадор. Проф. д-р Петер Јамбрек бил прв словенечки судија на Европскиот суд за човекови права, прв претседател на Уставниот суд на Република Словенија, член на Венецијанската комисија и еден од авторите на словенечкиот Устав.

Проф. д-р Милан Јазбец е долгогодишен дипломат, кој докторирал во Австрија, а од скоро е амбасадор во Македонија. Меѓународната правна верификација преку еден ваков тим со кој не само што се зачувува уставното име на државата, туку со силата на правните аргументи ќе се принуди Грција да не ословува како Република Македонија и наедно, ќе се одблокираат процесите за наше членство во НАТО и ЕУ. Тоа е сосема доволна новинарска провокација, како весник, да ја презентираме докторската дисертација пред пошироката македонска јавност. Затоа, на страниците на "Нова Македонија" ќе објавиме серијал текстови, делови од докторатот на д-р Марјан Попески. Целта ни е преку објавување на овој научен труд да отвориме и поширока стручна дебата за најгорливото политичко прашање што изминативе декади ги оптоварува државата и граѓаните, нанесувајќи ни ненадоместливи штети на сите полиња.

Нашиот став е дека се' што може да придонесе за решавање на наметнатиот спор, за брза реализација на меѓународните правни алатки и брза интеграција на Македонија во евроатланските институции е вредно да се анализира и да му се посвети внимание. Причина повеќе е што проблемот со Грција во врска со нашето име повеќе од две децении се води во рамките на ОН преку посредникот Метју Нимиц, но без видливи разултати. Ниту пак пресудата на Меѓународниот суд за правда, во полза на Република Македонија, не го придвижи процесот па Македонија и понатаму е надвор од евроатланските структури, соочена со постојани притисоци за промена на името. Од друга страна, менторот на комисијата што го одобрува трудот со кој се заштитува нашето уставно име, Ернест Петрич, пак, бил претседател на Комисијата за меѓународно право на ОН и денес е член во трет мандат. Во истата таа ОН, која посредува во спорот со Грција преку специјалниот пратеник Метју Нимиц.

Сепак, клучната разлика што ја нагласуваат правните експерти е дека Нимиц, како посредник на ОН, не е должен да го почитува меѓународното право, туку само се обидува да изнајде некакво политичко решение. Од друга страна, словото на законите и на меѓународното право се егзактна наука и не може да бидат "растеглива категорија" во зависност од политички потреби и интереси. Токму во тоа е и тежината на докторатот - "Проблемот со името на државата Република Македонија во меѓународното право", кој се темели исклучиво на меѓународните правни норми. И во кој се дава меѓународна правна верификација во заштита на уставното име на државата.

Дали конечно ќе се стави точка на геноцидните практики што Грција ги практикува врз Македонија и македонскиот народ? Тоа е обврска на сите нас, а пред се' на меѓународното право, кое е токму создадено за воспоставување на принципот на владеењето на правото во меѓународни рамки како ултимативна цел за обезбедување на универзалните човекови тежнеења за сеопшт просперитет и благосостојба.

Прилог "Нова Македонија"

****************************

 

 

 

проф., д-р Александра Ѓуркова (лево) и проф., д-р Симона Груевска-Маџоска (десно)

 ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Е

ШТЕТЕН ЗА ЈАЗИЧНАТА ПОЛИТИКА

Приговор на професорки од Институтот за

Македонски Јазик - СКОПЈЕ

**************

 

 

Конечно за македонцките работи реагираат македонистите: Бараме повлекување на Предлог-законот за јазиците!

 

Професорките Симона Груевска - Маџоска и Александра Ѓуркова од Институтот  за македонски јазик упатија приговор до Кабинетот на премиерот Зоран Заев и до Собранието на Република Македонија во врска со Предлог - законот за употреба на јазиците. Тие посочуваат дека во предлог-законот има пропусти од стручен аспект, дека го крши Уставот на Република Македонија и излегува од договореното со Охридскиот договор. Повикуваат да се повлече предлог-законот и да се отвори широка јавна дебата.

- Се надеваме дека Владата нема да ја следи предходната со избрзано донесување закони и дека ќе успее да ги постави вистинските приоритети за што поскоро застанување на здрави нозе на нашата држава за доброто на сите - посочуваат професорките.

Го пренесуваме приговорот во целост:

 

Почитувани,

Како лингвисти, академски граѓани вклучени во работата на Институтот за Македонски јазик "Крсте Мисирков"- Скопје, поднесуваме приговор кон Предлог-законот за употреба на јазиците кој што беше објавен на 07 август 2017 година на веб-страницата на Министерството за правда на Република Македонија, во медиумите и на интернет порталите. Имаме намера да ви го свртиме вниманието од стручен аспект кон неколку точки во Предлог-законот кои што се правно и суштински штетни за јазичната политика и за државните интереси на Република Македонија.

 

1. Закон за јазиците што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ 

 

На почеток, мора да го повториме повеќекратно искажаниот став дека мора да се надмине терминолошката мешаница кој што се јавува во законите што ја третираат оваа материја - официјален јазик, службен јазик, јазик во службена употреба.

Мора да се назначи дека на целата територија на Република Македонија, како и во меѓународните односи, според Уставот на РМ, како и според Охридскиот рамковен договор, е официјален само и единствено македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, што произлегува од унитарното уредување на нашата држава, а другите јазици можат да бидат во службена употреба во законски предвидените случаи. Таква е јазичната политика во светот - повеќе официјални јазици има во држави во кои има повеќе автономни делови, а Република Македонија нема такво уредување.

Проблематичен е и самиот наслов на Предлог-законот, со кој што, всушност, се имплицира дека македонскиот јазик е само еден од јазиците во РМ. Натаму, со наведувањето само на албанскиот јазик во загради во ставот 2 од членот 1, пак, во позадина се создава впечатокот дека во РМ треба да бидат и (ли) се во употреба единствено македонскиот и албанскиот јазик. На ваков начин се создава дискриминација кон другите граѓани кои, како што е наведено во амандманот IV од Уставот на РМ (Службен весник на РМ, бр. 91, год. LVII, 20.11.2001), се "дел од турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и други", кои живеат и се државјани на РМ. Предлагаме, заради расчистување на овие дилеми и заради избегнување на двојство во толкувањето, Предлог-законот да го носи називот Закон за јазиците што ги зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ.

 

2. Правно заштитен механизам за македонскиот јазик и неговата задолжителна употреба во меѓународните односи.

 

Второ, уште на почетокот со став 2 од членот 1 се доведува во прашање искажаното во став 1 од членот 1, конкретно, дека на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Со формулацијата во став 2 не е јасно дали јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и   неговото писмо се смета за службен јазик и во меѓународните односи на РМ. Ако е така, што ќе значи тоа за комуникацијата при воспоставувањето на меѓународни односи, особено со земјите во регионот и дали тогаш не треба да се   воспостави правно заштитен механизам за македонскиот јазик и неговата задолжителна употреба во меѓународните односи, без разлика дали носителот на функцијата како прв јазик го зборува македонскиот или некој друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ.

 

3. Манипулација и дискриминација на припадниците на другите народи што живеат во РМ во единиците на локалната самоуправа.

 

Трето, во членот 1 став 2 покрај формулата "најмалку 20% од граѓаните", која што, инаку, е произлезена од Рамковниот договор склучен во август 2001 година во Охрид и чија автентична верзија е единствено онаа на англиски (http://www.ucd.ie/.../files.../Ohrid%20Framework%20Agreement.pdf), во загради е споменат САМО и единствено албанскиот јазик. На ваков начин,  како што беше споменато погоре, се занемаруваат правата на граѓаните припадници на другите народи во РМ. Истовремено, како дискриминирачки се оценува и делот во став 4 од членот 1 во кој се одредува дека "За употребата на јазиците и писмата што ги зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на локалната самоуправа". На ваков начин, , во единиците на локалната самоуправа има големи можности за манипулација и дискриминација во однос на припадниците на другите народи што живеат во РМ, а не се предвидува заштитен механизам или контрола на тој процес.

 

4. Во институциите ќе се зборува само македонски и албански

 

Четврто, во членот 2 е уредено дека граѓаните имаат право да употребуваат кој било од наведените службени јазици и нивните писма од член 1 став 1 и 2 од овој закон, а институциите од член 1 став 3 од овој закон, како и другите институции имаат обврска да им овозможат на граѓаните користење, употреба и примена на тие службени јазици и нивните писма во која било постапка. Ако се навратиме на членот 1 можеме да видиме дека се споменати само македонскиот и албанскиот јазик, што значи повторно има место за дискриминација кон припадниците на другите народи и кон нивните јазици.

 

5. Предлог-законот излегува од рамките на Охридскиот договор.

 

Петто, во членот 8 е уредена материјата за јаззикот на поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став 3 и член 2 став 3 од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став 3 и член 2 став 3 од овој закон и бандеролите. Понатаму, книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните  што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Во став 3 е пропишано дека униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо. Имајќи во предвид бројните искажувања на јавноста дека, всушност, во овој Предлог-закон се вклучуваат аспектите од Рамковниот договор од 2001 година, укажуваме дека материјата што е овде наведена не спаѓа во содржината опфатена со Рамковниот договор.

Да потсетиме дека голем дел од опфатената материја во овој Предлог-закон е веќе опфатена и регулирана со Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ и во единиците на локалната самоуправа (Службен весник бр.101, 13.08.2008). Сосем друго, но и легитимно прашање е на каков начин и досега е спроведуван и почитуван овој закон, особено во јавните натписи, патните ознаки, топонимите, означувањето на институциите ит.н., особено во единиците на локалната самоуправа каде што мнозинството употребува јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ. Потребно е темелно истражување и релевантна анализа на постоечката состојба, за да може да се донесе соодветно законско решение. Особено, дали во советите на единиците на локалната самоуправа во кои мнозинството советници зборува јазик различен од македонскиот е обезбеден превод на македонски, дали на натписите и таблите е запазен редот на јазиците и дали воопшто го има македонскиот ит.н. Дали, можеби, веќе имате некоја пообемна анализа за овие прашања? Потребна е јавна дебата, при што ќе се опфатат сите аспекти и ќе бидат вклучени стручни лица: правници и лингвисти кои што со својата научна работа ќе можат да дадат значаен придонес во унапредувањето на односите меѓу сите граѓани на РМ, без разлика на нивната национална припадност или на јазикот што го зборуваат.

Зошто е потребно набрзина да се третира ваква сложена и обемна регулатива? Сметаме дека е завршено времето на носење сензитивни закони по кратка постапка, во екот на годишните одмори или пак во 3 часот по полноќ! Ги паметиме тие времиња, кои штотуку изминаа и сметаме дека тоа не треба да биде одлика на една граѓанска влада.

 

6. Албанскиот јазик се издига над сите останати јазици во РМ, вклучително и македонскиот.

 

Шесто, со членот 18 се пропишува основање Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице. Навистина, важно е да се има контролен механизам и да се следи спроведување на еден закон. Натаму читаме дека во членот 19 се пропишани надлежностите на Агенцијата и тоа: - подршка на институциите во остварувањето на обврските од овој закон вклучувајќи превод и лекторирање документи; - лекторирање на сите акти што се објавуваат во Службен весник на Република Македонија; - промовира и презема мерки за унапредување на употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонијаит.н. Новина е дека со овој закон се формира Инспекторатот за употреба на јазиците во состав на Министерството за правда со својство на правно лице. Со овој член, албанскиот јазик се издига над сите останати јазици во РМ, вклучително и македонскиот, кои немаат посебна агенција и инспекторат со вакви надлежности.

Првиот и најважен аспект, кој веруваме му е пред очи на секој граѓанин е: зошто треба постојано да се генерира администрација во РМ која потоа ќе биде средство за манипулација, прашање за кое во вашите заложби како Влада на РМ се застапувате за спротивниот модел. И не само тоа, со овој Предлог-закон се предвидува двојазичност во сите државни институции, јавни установи (член 9), но и нотари, извршители ит.н. (член 10), што значи дека секаде ќе мора да има преведувачи на албански јазик, инаку ќе бидат казнети со високи глоби(од 4000 до 5000 евра). Тука е и двојазичноста на официјалните веб-страници на установите и институциите, за која што сами ќе треба да си најдат средства (член 6, став 4). Треба да се направи увид колку од овие институции и установи имаат воопшто финансиски средства да ги ажурираат и еднојазичните веб-страници.

Да направиме сега куса паралела со Законот за употреба на македонскиот јазик донесен во 1998 година. (Службен весник бр.5, 30.01.1998) и неговото спроведување. Во него во членот 1 се пропишува дека се уредува употребата на македонскиот јазик како службен јазик во РМ, а со членот 4 се утврдува дека не се ограничува правото на припадниците на националностите на службена употреба на јазикот и писмото на националностите во единиците на локалната самоуправа. Натаму, со членот 7 се уредува проблематиката на лекторирање на службените текстови и текстовите во медиумите, печатени изданија ит.н. Со членот 8 се уредува основање на Совет за македонски јазик во рамките на Министерството за култура на РМ, кој што може да дава мислења, предлози и препораки за употребата на македонскиот јазик, да издава публикации, да предлага програми за заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик во сите области ит.н. Со членот 10 се основа Комисија за полагање лекторски испит која што се грижи за спроведувањето на испитите, издавање на уверенијата за лектор и сл. Како управен надзор за спроведување на овој закон е наведено Министерството за култура член 12, односно инспекторите во Министерството.

Денешната состојба со спроведувањето на овој Закон е следнава: со години наназад при барања за проверки во врска со објавени нелекторирани текстови, изданија и сл. Министерството за култура давало одговор дека нивните инспектори не се во доволен број за да ја покријат соодветната материја. Тоа доведе до едно целосно самоволие во издавачката дејност, во електронските медиуми и во голем дел кај интернет-порталите на македонски јазик. Во врска со полагањето лекторски испит, на 30.12.2013 година во Службен весник излезе  Законот за измена и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, а во 2015 година и уште две измени и дополнувања, со што се предвидиуваше електронско полагање на лекторскиот испит, при што беа формирани две комисии за составување и верификување на базата со прашања, кои навремено ја завршија работата, но ваквиот начин на полагање никогаш не профункционира. Комисијата за верификување на прашањата достави приговор до Министерството за култура дека ваквиот начин на полагање лекторски испит е не соодветен,  но никогаш не доби повратен одговор. Епилогот е дека веќе не може да се полага лекторски испит по македонски јазик во РМ. Дали е ова соодветна грижа за македонскиот јазик во Република Македонија? Дали, можеби, во РМ не се веќе потребни лектори по македонски јазик? Министерството за култура треба под итно да расгледа и да понуди решенија за ова прашање. Советот, пак, од друга страна се сведе на едно административно тело кое и онака нема својство на правно лице, па во последниот период (читај четири до осум години) ни една државна институција не го смета за релативен субјект за советување и за спроведување на Законот за употребата на македонскиот јазик.

 

Законот за употребата на македонскиот јазик е непримерен и штетен за јазичната политика во Република Македонија.

 

Гледано од перспектива на предложениот Закон за употреба на јазиците, овој однос во врска со спроведувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик е, благо речено, непримерен и штетен за јазичната политика во Република Македонија. Се поткопува и онака, тешко воспоставената рамнотежа опфатена со оваа законска регулатива.

Укажуваме, уште еднаш, на потребата за подолга подготовка во обработката на засегнатата материја со Предлог-законот и вклучување на сите релевантни државни субјекти кои можат да помогнат со научната работа и со своите анализи. Бараме повлекување на Предлог-законот во интерес на организирање поширока јавна дебата во врска со употребата на сите јазици во РМ и начините за соодветна правна регулатива соодветно на Уставот на РМ и на законите што ја опфаќаат оваа материја, зашто со овој Предлог-закон се крши и Уставот на РМ и се додаваат измени кои воопшто не се предвидени со Охридскиот рамковен договор.

Почитувани, 

од сите нас зависи во какво општество ќе живееме. На македонското општество веќе не му се потребни краткотрајни решенија, мотивирани од ефемерни меѓупартиски интереси. Јазичната политика на една држава не смее да биде заложник на политички и партиски договори, а македонскиот јазик треба да се свати единствено како кохезивно средство за сите граѓани на Република Македонија, а не како средство за поделби.

 

Со почит,

проф. д-р Симона Груевска-Маџоска

проф. д-р Александра Ѓуркова

 

"Нова Македонија" 9 август 2017.

 

Турски ДИВАН

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

*********************

ДЕЛ 40

МАКЕДОНИЈА ПОД 

ОСМАНЛИСКА ВЛАСТ

(од XIV до крајот на XVIII век)

 

3. Административно-територијално уредување на Македонија во османлиската држава

 

Внатрешната организација на Османлиската Империја била изградена врз наследството на неколку држави кои постоеле на просторот на блискиот и Средниот Исток. Во прв ред тоа било наследството од Селџучкото и Византиското Царство, а биле преземени искуства и од другите средновековни балкански држави. Османлиската Империја, како и другите источни деспотства, била теократска држава. Врховен владател бил султанот, кој имал неограничени права во поглед на политичките, воените и државните прашања и за своите постапки одговарал само пред Алах. Својата власт султанот ја спроведувал преку Царскиот Совет или Диванот, во кој членувале највисоките државни функционери.. Посебно место во Диванот имал првиот везир, кој бил главен советник и помошник на султанот и во чие име ја извршувал политичко-извршната власт. Секое лице, без оглед на класната или верската припадност, имало право да му се обрати усно или писмено на Диванот, како на највисоко тело во државата. За поважни прашања и жалби рајата тоа најчесто го правела со испраќање свои делегации. Основен закон во Османлиската Империја врз кој се темелела правдата бил шеријатот, односно исламскиот верски закон. Но, исто така, постоеле и бројни султански закони, т.н. кануни, кои третирале прашања за кои шеријатот не можел да даде одговор, но кои при нивното донесување морале да бидат усогласени со него.

Уште за време на првите султани, османлиската држава посебно внимание посветувала на административно-територијалната поделба и на управата во новоосвоените територии. Во почетокот, тие територии биле поделени на неколку окрузи, т.н. санџаци или ливи, на чие чело стоеле санџакбегови или мирливи. Кога османлиските владеења се зацврстиле на Балканот, бил создаден Румелискиот беглербеглак, со што сите освоени европски територии биле ставени под единствена управа. Седиштето на оваа најголема управно-политичка единица најпрво било во Едрене, а потоа во Софија. Пандан на овој прв беглербеглак  на Балканот бил Анадолскиот беглербеглак на азиска почва. Подоцна биле создадени и други беглербеглаци, чиј број во втората половина на XVI век изнесувал 16. Овие управно-административни единици ги опфатиле санџаците, кои биле составени од уште помали управни единици, т.н. кази. Казите, всушност, биле судско-територијални единици на чие подрачје се протегале ингеренциите на еден кадија. Најмали управни единици на кои биле поделени казите биле т.н. вилаети и нахии. Поделбата на вилаети била привремена и нив постепено ги заменувале редовни административни единици - нахии. Нахијата на Балканот многу често одговарала на предосманлиската "жупа", чија територија останувала иста, но сега со ново име - нахија. Ваквата административно-територијална поделба на османлиската држава, со извесни промени, повеќе формални, останала се' до крајот на нејзиното постоење и играла важна улога во успешното функционирање и во контролата на централната врз локалната власт.

Македонија, во поглед на административната припадност, постојано била дел од Румелискиот беглербеглак, а нејзината територија влегувала во состав на повеќе санџаци. Во XV и XVI век имало вкупно седум санџаци, формирани во различно време, кои целосно или делумно се простирале на територијата на Македонија. Тоа биле санџаците: Паша, Ќустендилски, Охридски, Солунски, Скопски, Јанински и, привремено, Лерински санџак.

Еден од најстарите и најголеми санџаци во Румелискиот беглербеглак бил Одринскиот санџак со кој директно управувал румелискиот беглербег, со титула паша, поради  што го добил називот Паша санџак. Овој санџак зафаќал и најголем дел од територијата на јужна и северна Македонија. Во првите децении на XVI век нему му припаѓале градовите, кои истовремено биле и центри на кази и на нахии: Драма, Зихна, Неврокоп, Демир Хисар, Аврет Хисар, Сер, Солун, Ениџе Вардар, Сидерокапса, Бер, Серфиџе, Хрупишта, Костур, Биглишта, Скопје, Тетово, Кичево, Велес, Прилеп и Битола. Поради неговата големина, овој снаџак станал неподобен за управување и во наредните години, со одземање територии од него, биле создадени дава нови санџака: Солунскиот и Скопскиот, кои го поделиле Паша санџакот во два неповрзани дела.

Ќустендилскиот санџак се простирал на македонска, српска и бугарска територија, а се смета дека бил создаден по загинувањето на Константин Драгаш (1395 г.), кој ја држел оваа област како османлиски вазал со центар во Ќустендил. Во неговиот состав влегувала цела северноисточна Македонија, со териториите и административните центри: Кратово, Нагоричане, Славиште, Штип, Кочани, Пијанец, Малешево, Струмица, Петрич, Мелник, Дојран, Бојмија, Конче, Тиквеш, а делумно и Мариово и Пчиња.

Почетокот на постоењето на Охридскиот санџак, исто така, се поврзува со 1395 година и загинувањето на кралот Марко во битката кај Ровине. Во рамките на овој санџак, со центар во Охрид, влегувал само мал дел од западна Македонија, додека неговата територија, во најголем дел, се простирала во Албанија. Кон крајот на XVI век од македонска територија кон овој санџак припаѓале казите Охрид, Дебар и Старова, во чиј состав влегувале нахиите : Охрид, Преспа, Дебарца, Горни Дебар, Река, Жупа, Долго (Голо) Брдо, Мокра и Гора.

Солунскиот санџак бил создаден со одземање територии од огромниот Паша санџак. Точното време на настанување на овој санџак не се знае, но кон средината на XVI век, кога тој се зацврстил како управна единица, во него влегувале казите: Солун, Бер, Аврет Хисар, Ениџе Вардар, а нешто подоцна  Воден и Сидерокаоса. Карактеристично за овој санџак е тоа што тој се простирал исклучиво на македонска територија.

Скопскиот санџак, со центар во Скопје, бил создаден најдоцна во 1553 година, кога за првпат оваа област се спомнува како санџак на чело со санџакбег. Кон него припаѓале казите кои порано биле во состав на Паша санџакот: Скопје, Тетово, Прилеп и Кичево. И овој санџак, кој со мал исклучок на север ја опфаќал нахијата Качаник, се простирал исклучиво на македонска територија и не претрпел некои позначајни промени во однос на неговиот состав.

Освен горенаведените санџаци, во југозападна Македонија навлегувал санџакот Јанина, кој од македонска територија во себе ја вклучувал казата Гребена (Гревена). Исто така, за еден краток период, меѓу 1520 и 1530 година, на територијата на Македонија постоел и Леринскиот санџак, кој се поклопувал со територијата на казата Лерин. Но, околу 1530 годинатој бил укинат и повторно сведен на каза, која била приклучена кон Паша санџакот.

Ваквата административна поделба на територијата на Македонија се задржала и во наредните векови на османлиската доминација. И покрај тоа што границите на државата постепено се поместувале на север, овие санџаци не претрпеле никакви позначајни територијални промени. За еден подолг период тие постоеле во овие граници и функционирале како цврсти административни управни единици.

Продолжува

 

 

Генерал МАРКОС

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

**********************

ДЕЛ 15

Глава Втора

Пишува: Наум Пејов

 

Реставрација на Монархијата

**************

2. Ставовите на левицата - продолжение

Како што се гледа од извештајот на партизанската група на Пајак-Кајмакчалан, подготовки за вооружен отпор во земјата се вршени уште од почетокот на 1946 година, поточно: поради прогоните на борците на отпорот илегални групи има ширум цела Грција. Но се' до крајот на изборите не се презема никаква вооружена акција.

На 31март 1946 година, не само што се апстинира од изборите, туку една вооружена партизанска група врши вооружен напад во Литохоро на Олимп и со што се означува објавувањето на вооружената борба од страна на припадниците на левицата, кои се наоѓаат во состојба на постојано прогонство и терор.

Во наредните месеци зачестија вооружените судири во сите реони на земјата и постојано растеа партизанските групи. На 28 октомври 1946 година формиран е Главен штаб на Демократската армија. Но и при оваа положба тешко е да се определи што мислеше раководството, која форма на борба ја сметаше за главна: вооружената или политичката т.е.парламентарната иако не беше во парламентот, бидејќи сметаше дека ќе дојде до поништување на одржаните парламентарни избори и одржување на нови "слободни". Впрочем тоа го потврдува и ставот по плебисцитетот фактички се одржуваше во услови на граѓанска војна.

Фактички двоумењето ќе продолжи до октомври 1947 година. Затоа може да се заклучи дека политичката борба се сметаше основна форма на борба, а вооружениот отпор средство за притисок врз десницата да се согласи на компромис, на повлекување ит.н.

Така може да се објасни и фактот што вооружената борба му е доверена на кадар кој беше гонет, без да се почувствува раководната улога на КПГ. За ставот према вооружената борба, може да се суди и по следниов податок: "Во октомври 1946 година, кога излегов во планина, вооружените групи кои дејствуваа беа : во Грамос една група од 65 борци на чело со Г. Јанулис и 350 борци на Вич. Во сета останата Грција имаше уште 1.200 борци... За формирањето на Главен Штаб, што се изврши на 28 октомви немаше никаква директива. (Според искажувањата на генерал Маркос на седницата на VII Пленум на ЦК КПГ во 1957 година, објавен во списанието "Неос Козмос" од април-мај 1957 година стр. 53).

Дури во октомви 1947 година, кога е одржан III Пленум на ЦК КПГ, заземен е јасен курс за вооружено востание изразен во следниот став:

"Американската интервенција во Грција го затвори патот за спогодба на двете противнички страни, се поставува прашањето за подигање народот на вооружена борба". Понатаму поставува како цел "ослободување на земјата, осигурување на нејзината независност и демократски развиток" и како непосредна задача "создавање поголема слободна територија и формирање демократска влада. За таа цел Демократската армија да изврши мобилизација и бројчано порасте; да се подигне борбеноста; да се изработи генерален план за напаѓање и да се спроведе тактика на постојани офанзиви; да ги прошири и зголеми ударите; да не се штетат сили како досега".

Ево зошто е занимлив развојот на настаните до изнесениот став од Октомври 1947 година - односот на силите во земјата, борбата и тактиката на спротивните табори и местото на грчкото прашање на меѓународен план.

Продолжува

ОД МАКЕДОНСКОТО

ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

***************

Славко ЈАНЕВСКИ

 

  • АЈДУЧКА ЛЕГЕНДА

    Позаспале села в модри сонои,
    под заглавје зрак им послал свила,
    месечина под бран речен рони,
    одморува в покој бели крилја...

    Натежнале необрани лозја,
    под копита негде друмот sвони,
    Џин - ајдутин, луг и силен Козјак,
    неспокојно коњ по мракот гони.

    Иде јунак, заминува гори,
    левен другар седум ноќи бара,
    седма вечер в челникови дворои
    се наведна пред мајка му стара:

    "Кажи, мајко, син ти љубен кај е?
    Сто соколци за соколец жалат,
    в пресечени грла клетва трае,
    дење - ноќе сонце не се пали.

    Од лелејка твојот син го раснев,
    кажи, мајка, кажи син ти кај е?
    В мајчините очи светлост гасне,
    наведена пред јунакот трае.

    Ноќ е, ветрец над лист дабов мине,
    лебед пиле попаднало в поток,
    ноќ е, славеј в песна срце кине,
    на друм сребрен слегол месец кроток.

  • Ноќ е...Тогаш под сламната стреа
    тажен борец пред мајката стапна;
    "Син ти падна!.." - и наведе глава-
    да сокрие солзи што му капат.

    Писна мајка за мртвото чедо:
    "Кој на пролет по бразди ќе сее,
    кој ќе сее, кој снопје ќе реди,
    чие око на ден ќе се смее?

    Кој на оро ќе надува гајди,
    кој на покоп стара ќе ме плаче,
    кој по гора утре ќе се најде -
    да го брани мојот народ мачен?

    Писна мајка, Козјак стемне в лице,
    од очите молскавица плисна,
    луто здивна, за пушка с е фати -
    тажно срце во машки гради стисна...

    Мајчината солза кај што капна -
    тука никна китка горчлив пелин,
    кај што Козјак в темницата стапна -
    запрскаа жар и искри врели,
    кај што крвје прокапаа челад -
    пораснаа житовити села...

    Славко Јаневски, автор

    ******************************

Kind regards : 01 септември 2017

Sotir Grozdanovski broj 92

ВИДЕОТЕКА

ОВА Е СИЛАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР - ХУЛИГАН, КОИ ДОНЕСУВААТ СУДБИНСКИ ОДЛУКИ ЗА : ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА, ЈАЗИКОТ, ИСТОРИЈАТА, КУЛТУРАТА, ИДНИНАТА НА СИТЕ НАС КАКО МАКЕДОНЦИ.... ОВА ЛИ Е ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ КРЕМ НА МАКЕДОНИЈА?
ОВИЕ ЛИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ ГЛАСАА ЗА СДСМ И ГО ДОВЕДОА ЗОРАН ЗАЕВ ДА ЈА РАЗНЕБИТИ МАКЕДОНИЈА? КОИ СЕ СРАМАТ ДА БИДАТ ПАТРИОТИ ЗОШТО НЕ ИМ ДОЛИКУВА ДА ЈА САКААТ СВОЈАТА СОПСТВЕНА ТАТКОВИНА И ДЕДОВИНА? ПА НЕКА СЕ СРАМАТ, ДО КОЛКУ И СРАМОТ НЕМА СРАМ! ОВИЕ СЕ НАЈНИСКИОТ СЛОЈ НА ЗЛОСТОРНИЦИ А НЕ "БОРЦИ" ЗА ПРАВА!

НЕКОИ ОД ОВИЕ ГНИДИ ДЕНЕС СЕДАТ ВО СОБРАНИСКИТЕ ФОТЕЉИ И НИ ОДЛУЧУВААТ ЗА СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА И СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ БИЛО КАДЕ И ДА СЕ НАОЃА. ОД ОВИЕ РАЗБОИНИЦИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОЧЕКУВА ПОАРЕН ЖИВОТ ИЛИ ГУБЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ТАКВА, КАКВА ЈА ЗНАЕМЕ. МАКЕДОНИЈА Е НАПАДНАТА И ЗАТОА И' ТРЕБА ПОМОШ ЗА ДА СЕ ОДБРАНИ!