ЗАЕДНО ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

СОТИР

КАКО  КАПКА ЗЕЈТИН 

ВО ЧАША СО ВОДА

*********

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Од како добивме нова "реформска" влада, со Зоран Заев како Премиер, потоа претседател на македонското Собрание од редовите на поранешните албански терористички формации  на ОНА и УЧК и уште пред тоа двоен воен дезертер од ЈНА и АРМ, Талал Џафери, те буљук министри и други високи функционери, од истата тајфа, како испомош на премиерот Заев за исполнување на неговата "реформска" програма, многу нешта се променија во Република Македонија.

За жал, и ако мнозинството на македонскиот народ не веруваше дека СДС - предавничка, како некој со право знаат да ја нарекуваат, има некои капацитети да направи нешто од ветувањата на оваа неприродна коалиција, СДС-ДУИ, сепак нешто и сторија. Тоа што досега  го видовме, е заправо  тоа и што ни го ветуваше господинот Заев, а ние нему верувавме дека тоа и ќе го исполни. Но набргу се покажа дека ние не бевме во право, а тој беше "искрен" и човек од збор, само што ние го потценивме и неможевме да ги разбереме неговите злосторнички накани спрема сопствената држава и својот народ. Неможевме да сватиме дека постоат и такви умови и тоа тука, околу нас и сосема блиску до нас. Изроди, пар екселанс.

Како услов да го добие мандатот за формирање на новата влада беше чување на унитарноста на Македонија заедно со нејзиното уставно име, идентитетот со македонскиот јазик, културата, историјата и отфрлање на така наречената Тиранска платформа со која Албанците бараат редефинирање на државата, федерализација, двојазичност на целата територија на Македонија и обавезно учење на албанскиот јазик под казнена закана и т.н.т.

Со газење на  писмената потврда и ветувањата кои му ги предаде на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Зоран Заев изврши кривично дело злоупотреба и превара во своја корист, а на штета на македонските граѓани и на македонската држава, кои би биле санкционирани во некоја друга земја, во која владее правото и правдата.

Охрабрен од не делувањето на најодговорните институции, вклучувајќи го и самиот Претседател на државата, господинот Ѓорге Иванов, Зоран Заев, недолго после формирањето на својата мешана влада скокна до Софија, се избаци со бугарскиот премиер Борисов, му се поклони на Царот Самуил, на чии споменик пишува дека е цар бугарски, к'сна некој бугарски ќебап со лути бугарски чушки и ајвар, како прилог, сигурно се напи малку повеќе од што душата му крепеше и  во пријателски разговор со домаќинот, Борисов,  му ја предаде на добро калајнисана тепсија македонската култура, македонскиот јазик, македонската историја, македонскиот идентитет и згора на тоа, го покани  на 2-ри август да ни дојди на гости во Скопје, а потоа на Мечкин Камен, за да го прослават заеднички "најголемото бугарско востание", Илинден 1903, и да го потпишат договорот за "добрососедски" односи помеѓу Бугарија и Македонија, како еден од предусловите за нашето "евроатланско интегрирање".

И навистина сето тоа бидна, се' по ред и како Заев си испланира и тоа без некои големи фанфари или чувства на некоја грижа на совеста и на "општо задоволство" на македонскиот народ, не верувајќи и сам дека и тоа е можно да се направи и тоа преку ноќ, што би се рекло.

Охрабрен од овој голем политички успех, одма им се пофали на своите наредбодавци во Европа и оние малку подалеку од неа дека работата му тргна, откако го превесла жеден преку река и Ѓорге Иванов,  и сега се подготвува да ги суреди и другите делови од макро планот на нашите стратешки партнери, како на пример името на Македонија и на македонскиот народ со "пријателска" Грција, па двојазичноста со Албанците и така натака, се' дури има уште нешто за продавање од македонската држава и така да се реши еднаш за секогаш со "македонското прашање", но и со македонскиот народ. Сето тоа, што ним во последните 100 години не им одеше од рака.

Ох, прескочив, требаше да ви речам дека пред ова што го реков, требаше да ви речам дека треба да му изгради на "пријателските" мигранти од сите азиско - афрички земји, кои нетрпеливо чекаат на нашата јужна граница, нови станови, да им даде државјанства, па здравствена заштита, училишта и детски градинки, а ако сакаат да ги вработи и во јавната администрација и ако него знаат македонскиот јазик. Па што, каква разлика. Ако Албанците тука родени не сакаат да го учат официјалниот државен јазик во земјата, македонскиот јазик, зошто би требало нив да ги дискриминираме, нели?

И така, можеме да редиме уште доста "убави" работи што ни се случуваат, секојдневно, како резултат од залагањата на Заев да ја докусури Македонија, која очигледно нему лежи на срце и не се чувствува комотен во средината на која и' нанесува страв и несигурност. Но, би сакал да кажам неколку зборови и за однесувањето на нашите сограѓани, Албанците и нивните водачи, кои незнаат до каде може да се оди со барањата во македонската мултиетничка држава и во случај на повредувањето на националните црвени линии, кои сепак и се' уште постоат, што би можело да се случи, и какви последици од тоа би настанале, кои би ги почувствувале сите граѓани на ова последно слободно македонско парче земја.

Македонците, како носители на државотворноста и одговорноста пред меѓународната заедница за безбедноста и малцинските права на сите граѓани во Република Македонија, имаат и свои интереси, кои се неприкосновени и кои ќе се бранат со сите можни богом дадени сили.

Македонците немаат втора или трета држава каде би побегнале, драги соседи, кои ја мрзите Македонија и посакувате да ја снема со вашите се' повеќе барања, а вие имате, па затоа преку лебот од секогаш сте барале и се' уште барате погача.

Не би било за сите поарно кога би се угледале  на другите национални малцинства во нашата заедничка Македонија и еднаш за секогаш, наместо капка зејтин која плива над водата вистински се интегрирате во македонското општество и сите заедно ствараме поарна иднина за себе и за идните поколенија? 

Одлуката е на вас, зошто помалку од 20% неможат да владеат со 80%.

Доцент д-р Оливер Андонов

 

ПОВТОРУВАЊЕ

НА ИСТОРИЈАТА

*******

Пишува Доцент

д-р Оливер АНДОНОВ

 

Како по некое злокобно правило за Македонија и Македонците, во последните 200 години историјата се повторува циклично, на периоди од по 30 - 40 години, а потоа на секои 100 - 110 години, со исклучок настани кои оставаат траен белег врз Македонија и врз регионалната геополитика, а особено врз колективната меморија на македонскиот народ и сите кои живеат на ова парче земја. Потоа, повторно следува период на засилена недоверба кон Европа и соседите и внатрешни пресметки и пак борба одново да се издигнеме.

****

 Секогаш кога требало да се одлучува за Македонија и Македонците, тоа го правеле големите европски сили, некоја друга голема сила или соседните држави под патронат на големите сили, но никогаш тоа не го правеле Македонците.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, како Премиер, на никого во соседството не му паѓаше на памет да организира средба на највисоко ниво на која ќе се расправа за Република Македонија и уште згора средба подржана од претставници на ЕУ, а да нема претставници од Македонија. Тоа беше така од две птичини,

Прво - што Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ има изградено цврст став и однос во неѓународната заедница, особено во регионот и беа респектирани како политичка сила и личност со став и национална цврста определба и патриотизам и

Второ - затоа што сите однадвор (особено соседите) беа свесни дека државата Македонија на чело со коалицијата "За подобра Македонија" ги обединуваше најголемиот дел од граѓаните околу основните и клучни државни и национални интереси. Поаѓајќи од овие причини на соседите, пред се', им беше јасно дека нема да им успее ваква политичка авантура и дека во очите на ЕУ и големите сили ќе испаднат анахрони и смешни.

За жал, сега имаме поинаква ситуација. За оваа состојба многу говорев и јас лично, но доколку се вратите наназад само десетина месеци, пред изборите во Декември 2016 година ќе се потсетите на зборовите на Груевски и јавно декларираната, во сите аспекти, национално определена политика на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што може да ни се случи доколку Заев формира влада.

Ете Заев, како што го дал Господ "Црпнат", формира влада и само месец и половина подоцна можеме да ги видиме неговите реформски резултати. Очигледно е според однесувањето на нашите соседи и ЕУ дека со тоа што го виделе во неговиот ум (дали воопшто има ум и разум ???) и гледајќи го неговиот непатриотизам (како што и самиот кажа дека ним и на СДС не им личи да бидат патриоти), неговата неконзистентна трчи-лажи удварачка меѓународна политика и внатрешна политика заснована врз идејата за лично богатење, истите тие соседи се решиле да тргнат во повторување на историјата, а со единствена цел: "Еднаш за секогаш да го затворат и според нивните мерила да го решат Македонското прашање", отворено поради нивната грабечка политика за никогаш да не се затвори и во време и услови кога постој меѓународно правен субјект, Република Македонија. 

Во реалзацијата на идејата за нов "Трилатерален Балкански сојуз" во кој активно ќе се приклучи и Албанија (всушност веќе ја имаме Тиранската платформа како искажување на целите на Албанија) сесрдно  помага нашиот Црпко кој лажно се претставува за Премиер, подржан од узурпаторите од ДУИ.

За разлика од Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, која имаше цврста национална политика и економски развојна ориентација, СДС со Заев на чело на државата се однесуваат како колективно да се црпнати (видете го настапот на Тевдовски во Собранието, "шармирањето" во меѓународните односи на Димитров или огромните успеси на МВР кои за еден месец успеаа да го извадат фамозниот Мерцедес од гаражата или на оној Рашковски со кој самиот раководи и многу други "успеси" и претставувања на државата).

И токму поради овие показатели ни се случува трилатерална средба на највисоко ниво на соседите на Македонија со подржка на ЕУ. Треба да ни биде јасно дека службите на сите наши соседи, на сите регионални и глобални актери не се занимаваат само со формирање на резидентури и агентури во Македонија, туку секојдневно ги следат јавните политики и конкретните активности на Владата во целост, а особено на поедини нејзини членови, притоа народски кажано, мерејќи им го умот и детерминирајќи ги нивните интереси, личните пред се'.

Очигледно е дека многу бргу од страна на  нашите соседи (веројатно уште пред неколку години) е измерен умот и капацитетот на оваа влада на СДС со Заев. Затоа и побрзаа по Трст да се сретнат во Солун и да си се договорат како понатаму да го прејдат македонскиот народ и на среден рок со здружени сили да ја деструираат Република Македонија и на тој начин да го решат "Македонското прашање". Во оваа намера или поточно кажано нивна стратешка национална цел сесрдно им помага Заев со колективот на анти патриоти и црпнати од СДС-то.

Тоа што не очекува во иднина, е нестабилност, неизвесност и посилни негаторски изјави од трите соседи, а внатрешен притисок за редефинирање на државата мотивиран од четвртиот и петтиот сосед. Сите тие имаат свои клучни национални интереси и ќе покажат максимална тенденција, за нивно остварување.

Национални интереси има и Република Македонија и македонскиот народ, но нив ниту ги знае, ниту ги препознава, ниту пак го интересира СДС и Заев, а камо ли да ги остваруваат. Нивниот интерес е како да заработаат од државата, а врз грбот на народот, некој тендер повеќе. За нив  тоа е највисок интерес. Се потврдува моето тврдење дека СДС не си ја сака државата и таа за нив претставува само гол финансиски интерес и се' друго што зборуваат се само флоскули и збир на празни ветувања.

Токму ова го имаат препознаено и анализирано и соседните ни држави, регионалните и глобалните актери и затоа преземаат мерки за брза реализација на нивните интереси. Кога нема кој од позиција на власт да ја заштитува државата, а внатрешниот раздор е постигнат по повеќе нивоа, тогаш е најдоброто време за уривање на државата. Уште згора на тоа и ако имаме безидеен Заев и СДС, подржан од разни асоцијални групи со чија подржка долгорочно може да се урне традиционалното македонско општество и перцепцијата за држава и утврдени конзервативни базични човекови и христијански вредности, тогаш патот кон решавање на "Македонското прашање", според нивниот терк, е отворен и тоа не на долг период, туку за многу брзо времe, односно додека може да го одржуваат Заев на власт, тоа треба да го сработаат.

Оваа кратка анализа на влијанието на внатреполитичките случувања и владеењето на СДС-то врз однесувањето на регионалните актери и креирањето на регионалната политика само ја покажуваат насушната потреба од етнополитичка мобилизација на сите граѓани на Република Македонија, втемелена врз македонската нација (бидејќи сите ние сме Македонци, без разлика на етничкото потекло и треба да се обединиме околу македонската нација) кои си ја сакаат татковината и на кои им е животно важно Република Македонија да опстои. 

Потребата е видлива, видејќи тие кои по функција треба да ја штитат државата и да се грижат за зачувување на националните интереси и со тоа и за безбедноста на граѓаните, тоа не го прават. Луѓето на Заев и тој лично се зафатени со други, лични и персонално-политички прашања, немаат време да се погрижат за државата и нацијата, па тоа го оставаат на нашите соседи и бирократијата на ЕУ, а тие очигледно знаат што треба да работаат и добро ги читаат знаците на времињата и знаејќи со каква власт во Македонија си имаат работа, брзаат да ја зграбчат шансата.

 

Доцент д-р Оливер АНДОНОВ, автор

puls24.mk

 

Свекрва

КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНЦИТЕ

ОБЕДИНЕТИ ДА ЗАСТАНАТ ВО ОДБРАНА

НА СВОЈАТА СУВЕРЕНА И НЕЗАВИСНА ДРЖАВА

*******

Пишува нашата Свекрва

од "Македонска Нација''

 

Македонскиот народ кој во својата држава почна да се чувствува како граѓанин од втор ред, без разлика колку тој е поделен по одредени прашања, нема да се предаде така лесно. Почитувајќи ги максимално правата на малцинствата, нивните стекнати права, Македонците обединети ќе застанат во одбрана на своето право да имаат своја суверена и независна држава и ќе го спречат секој обид за нејзино распарчување.

Во Македонија, покрај Македонците живеат Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и други. Македонскиот јазик е тој што ги интегрира, а воведувањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик на целата територија на земјата, не само што е противуставен чин, туку ги дискриминира останатите заедници и води кон дезинтеграција на државата.

Рамковниот договор од Охрид од 2001, територијалната поделба од 2004 година и сега Законот за јазиците со кои треба да се унапреди употребата на албанскиот јазик, а без притоа да се направи попис на населението, можат целосно да ја сменат сликата на македонската држава.

Според претставниците на албанската заедница, тие очекуваат употреба на албанскиот јазик не само на целата територија на земјата, туку и двојазичност на униформите на полицијата и војската, како и на банкнотите. Тоа е редефинирање на државата, спротивно на Уставот и ги надминува рамките на Рамковниот договор од Охрид.

Со Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на земјата од 2008 година, беше уредено ова прашање. Меѓутоа, со новиот Закон за јазиците се предвидува да се продлабочи употребата на албанскиот јазик на целата територија на земјата, односно воведување на двојазичност.

Прифаќањето на Законот за јазиците, кој е заснован на албанската платформа од Тирана, а преставен, божем, како приоритетен за евроатланските интеграции, може само да ја уништи Македонија како самостојна и унитарна држава и да го избрише македонскиот народ, неговиот јазик, идентитет, историја и култура.

Голема е одговорноста на актуелната власт за донесување на еден ваков Закон за јазици, со кој се нарушува интегритетот на земјата, особено ако се има во предвид дека за да го добие мандатот гарантираше за заштита на унитарноста на државата, суверенитетот и државните интереси, не доведувајќи ја Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава.

Овој Закон е спротивен на Уставот на земјата и непроизлегува ниту од него, ниту од Охридскиот рамковен договор. Направен е само за албанското, а ги дискриминира сите други национални малцинства и нивните права. Неговото прифаќање  нанесува силен удар врз кохезивниот елемент на Република Македонија, а тоа е македонскиот јазик, како официјален на целата територија на државата и во меѓународните односи. (с.г.)

Со донесувањето на овој Закон за употреба на јазиците, кој наводно има за цел унапредување на меѓуетничките односи во земјата, всушност државата влегува во процес на федерализација и до поделба на Македонија. Во овој правец земјата ја туркаат одредени ценри на моќ, кои имаат инсталирано сигурни алатки за спроведувањето на своите замисли.

Овие инсталации, кои само заради својата лична корист лесно се одрекнуваат од својот, македонскиот народ, (во земјата и во соседството) и ги запоставуваат другите етнички заедници, потоа се откажуваат од името, идентитетот, историјата, јазикот и културата на македонскиот народ, директно ја водат земјата кон пропаст, во правец од каде нема враќање.

По промената на власта, од ветувањата за подобра иднина, поголеми плати, пензии, вработувања нема ниту јота. Но затоа, се спроведуваат активности,  спротивни на интересите на мнозинскиот народ. Разочараноста од потезите на новата гарнитура, која наместо кон интеграција, ја турка земјата кон дезинтеграција, станува се поголема.

Народот е на штрек, но покажува мудрост, одраз на стекнатото искуство од воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата. Согледувајќи дека пред очи им се руши државата, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, интелектуалците и граѓаните полека, но, се' повеќе креваат глас. Социјалните мрежи вријат, а нивното неспокојство се очекува да кулминира на локалните избори кога ќе се изјаснат во каква држава сакаат да живеат.

Македонскиот народ, кој во својата држава почна да се чувствува како граѓанин од втор ред, без разлика колку тој е поделен по одредени прашања, нема да се предаде така лесно. Почитувајќи ги максимално правата на малцинствата, нивните стекнати права.

Крајно време е Македонците обединети да застанат во одбрана на својата суверена и независна држава и да го спречат секој обид за нејзино распарчување.

 ****************************

Крал Волкашин

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

*****************************

ДЕЛ 39

МАКЕДОНИЈА ПОД

ОСМАНЛИСКА ВЛАСТ

(од XIV до крајот на XVIII век)

***********************

2. Паѓањето на Македонија под османлиска власт

Непосредно пред Маричката битка двајцата најкрупни владатели на територијата на Македонија биле браќата Волкашин и Углеша. Османлиските напади прв ги почувствувал Углеша, кој се обидувал на секаков начин да ги собере околните господари за заедничка акција против непријателот. За таа цел и со намера да ја одоброволи Византија за склучување сојуз, деспотот Углеша го осудил прогласувањето на Душановото Царство и издигнувањето на Српската архиепископија во ранг на патријаршија, со што биле загрозени интересите на Цариградската патријаршија. Со овој чин, Углеша и' ги признал поранешните права на Цариградската патријаршија на неговата територија, издавајќи за тоа повелба во март 1368 година. Меѓутоа, на овој чин Византија не реагирала така како што очекувал Углеша и одговорот дошол дури по три години (1371 г.) кога византиската страна го потврдила ова црковно помирување. Политиката на Углеша за привлекување на Византија во воен сојуз против Османлиите не успеала. Всушност, во таа своја намера тој успеал да го придобие само својот брат, кралот Волкашин. Двајцата браќа, откако ги обединиле силите, се упатиле кон Одрин. Дознавајќи за нивното движење, румелискиот беглербег Лалашахин веднаш реагирал и упатил војска против нив. За да го искористи факторот изненадување поради својата малубројност, Лалашахин, ноќта помеѓу 25 и 26 септември 1371 година, извршил ненадеан напад врз војските на браќата, кои биле стационирани во близина на Одрин, кај местото Черномен, на реката Марица. Благодарение на целосното изненадување, Османлиите однеле неочекувано лесна и, во исто време, значајна победа, уништувајќи ја христијанската војска и убивајќи ги двајцата браќа. На тој начин оваа краткотрајна, но со далекусежни последици битка, им ја донеле на Османлиите најзначајната победа на Балканот, со што започнала агонијата на сите други самостојни христијански држави на полуостровот.

Во рамките на тие две децении биле освоени речиси сите градови на територијата на Македонија, иако за многу од нив се' уште неможе со точност да се утврди времето и начинот на освојување. Општ впечаток е дека веднаш по битката кај Марица Османлиите се задоволиле само со пљачкашки походи, задржувајќи за себе само мал дел од територијата на уништената држава на деспотот Углеша, во нејзиниот источен граничен појас. Југозападниот дел од оваа област бил приграбен од византискиот управник на Солун, Маноил II, синот на византискиот цар Јован V Палеолог, кој во ноември 1371 година го презел Сер, додека северните области ги зазеле браќата Јован и Константин Драгаш, синови на деспотот Дејан. Но, по битката кај Черномен, токму териториите на браќата Драгаш биле првата цел на османлиските напади. Браќата, чие седиште бил денешниот град Ќустендил, го избрале помалото зло и го прифатиле вазалниот статус спрема силниот непријател, кој подразбирал плаќање определен годишен данок на султанот, како и учество со воени сили на страна на османлиската војска кога и да го барал тоа султанот. Со оглед на тоа што добар дел од владенијата на браќата Драгаш се простирале на територијата на источна Македонија, може да се претпостави дека во некои градови на таа територија веќе кон крајот на 1371 и во почетокот на 1372 година биле стационирани османлиски гарнизони. На тој начин, се чини, Османлиите се обезбедиле во источниот дел од Македонија да не се случат никакви изненадувања за време на нивниот следен освојувачки поход, кој бил насочен во правец на југозападна Македонија и кој започнал во почетокот од 80-тите години на XIV век.

 

Државата на кралот Волкашин и Деспотот Углеша

Во југозападна Македонија, по смртта на Волкашин, биле создадени повеќе самостојни владенија. Титулата крал од таткото Волкашин сега ја презел неговиот син Марко. Неговите браќа Андрејаш, Димитар и Иваниш не располагале со некои значајни поседи и неможеле да играат битна улога во натамошниот тек на настаните. Делови од Волкашиновото Кралство на територијата на Македонија приграбиле феудалецот Никола Алтомановиќ, кој го презел Костур на југ, Вук Бранковиќ, кој најдоцна во 1377 година загосподарил со Скопје и неговата околина, како и големиот жупан Андреја Гропа, кој се зацврстил во Охрид. На таков начин, границите на владенијатаа на синовите на Волкашин биле сведени на тесен простор во западна Македонија: на запад до Охрид, на исток до Вардар, со исклушок на долниот тек на реката Црна, кој им припаѓал на Драгашите, а на север до Скопје и Шар Планина. На таа територија се чувствувала политичката улога на двајцата браќа Марко и Андрејаш, кои ковале свои пари и граделе манастири.

Османлиските освојувачи, пред да ги нападнат владенијата на кралот Марко, најпрвин расчистиле со остатоците од државата на деспотот Углеша. На чело на походот против овие територии стоеле неколку прочуени османлиски војсководци: Евренос-бег, Дели Балабан и Лала-шахин. Во периодот од 1382 до 1384 година тие освоиле неколку значајни тврдини и градови во источна Егејска Македонија: Кавала, Марулија (Аврет Хисар), Драма, Зихна, Бер и, најзначајниот меѓу нив,Сер, кој паднал на 19 септември 1383 година. Со тоа Османлиите успеале да ја покорат целата поранешна држава на деспотот Углеша, а ако се земе во предвид дека браќата Драгаш веќе биле нивни вазали, тогаш станува јасно дека тие восппоставиле контрола над речиси половината од територијата на Македонија.

Новаѕа воена кампања, чија цел била преостанатиот дел од Македонија, западно од реката Вардар, кој бил во рацете на Волкашиновиот син Марко, започнала во 1385 година под водство на румелискиот беглербег Тимурташ-паша. Тој, откако собрал голема војска, најпрвин се упатил кон Прилеп и Битола, двата најголеми града во Пелагонија. Пробивот најверојатно бил извршен преку вазалната територија на Константин Драгаш. Со оглед на тоа што главната цел на овој поход било ликвидирањето на владенијата на кралот Марко, најпрвин бил нападнат и заземен градот Прилеп, кој се предал без борба. Веднаш по паѓањето на Прилеп, била опсадена и Битола која, за разлика од Прилеп, давала силен отпор. По извесно време градот конечно бил освоен, пошто бил подложен на пљачка поради непослушноста за негово мирно предавање. На тој начин, со освојувањето на овие два града, била ликвидирана самостојноста на Марковото Кралство и, се чини, дека токму како последица на овие османлиски освојувања можело да следи и воспоставувањето на вазалниот однос на кралот Марко спрема султанот.

Кампањата на Тимурташ-паша ја почувствувал и најголемиот град во Македонија, Солун, кој се нашол на удар на османлиските сили за време на нивното враќање од походот во Албанија. Меѓутоа, овој обид за негово освојување не донел резултат, што не значело и откажување од страна на Османлиите  од идејата за заземање на најголемиот македонски град. Конечно во 1387 година, по речиси двегодишно измачување на градот, тој паднал во рацете на Хајредин-паша. Но тоа не било неговото дефинитивно покорување. Во него бил стациониран само мал османлиски одред, кој требало да го гарантира плаќањето на арачот што бил одреден со договорот за признавање на врховната султанова власт од страна на градските власти. Меѓутоа, овој одред бил во градот само три години и во 1390 година бил повлечен за набргу, 1391 или најдоцна 1394 година, повторно да биде вратен со што овој најважен приморски центар на Македонија веќе во последната деценија на XIV век бил под директна османлиска управа.

Османлискиот поход од 1385 година не значел само освојување на централна Македонија. Во годините што следеле (до 1391/1392) биле освоени речиси сите позначајни градови во западна и на северна Македонија: Воден, Охрид, Костур, Кратово, Скопје, кое им давало силен отпор на освојувачите пред тие конечно да успеат да влезат во него и потоа да го претворат во силна воена база за своето натамошно напредување на север, во Србија и во Босна.

Скопје, по се' изгледа, бил последниот пункт од каде им бил даван отпор на новите освојувачи Неговото паѓање значело и целосно покорување на Македонија. Вазалните територии на кралот Марко и на Константин Драгаш биле само мали острови што опстојувале во османлиското море. Нивната агонија траела до 1395 година, кога и двајцата како вазали на султанот загинале во битката кај Ровине против влашкиот војвода Мирче. Исто така, ниту краткотрајното ослободување на Солун (1403-1430), издејствувано од страна на византискиот император Маноил II во почетокот на интеррегнумот во Османлиската Империја (1402-1413), немало никакво значење за Македонија, која била цврсто стегната во рамките на новата држава. Новите закони и норми веќе почнале да го менуваат дотогашниот начин на живеење.

 

Продолжува

Захаријадис

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

********************

ДЕЛ 14

Глава Втора

Пишува: Наум Пејов

 

Реставрација на Монархијата

********** 

2. Ставовите на левицата

Доаѓањето на кабинетот на Темистоклис Софулис на власт во ноември 1945 година, како што се гледа и од ставот на Политбирото на ЦК КПГ заземен непосредно по неговото доаѓање, беше не основано оценето како победа на демократските сили и неосновано се полагаше надеж дека тоа ќе доведе до смирување во земјата, слободни избори итнт. Софулис, неколку месеци откако дојде на власт лажираше како што им е својствено на либералите во таква ситуација, така што тоа сееше уште поголема неизвесност и илузии. Но во исто време, теророт од органите на власта не само што не престануваше, туку стануваше се посистематски и посеопфатен.

Сепак, Софулис успеваше да лажира непосредно се' до изборите, кога мораше отворено да застане против демократскиот табор и да изјави дека изборите секако ќе бидат одржани. Затоа дури тогаш можевме да прочитаме во партискиот печат, наспроти комуникето на Политбирото од 24 ноември 1945 година, написи како овој:"За сојузничките набљудувачи. Во нашиот град пристигнаа сојузничките набљудувачи  што ќе ги набљудуваат изборите што сака да ги одржи Софулис на 31 март". (Ники од 16 март 1946 година орган на ЕАМ за Леринско). Или : "Никој на избори. Секој демократски граѓанин од градот и селото треба да се крене и апстиненцијата да стане гроб на изборниот пуч" (Ники, од 28 март 1946 година). Треба да се одбележи дека овој весник, во тоа време се издаваше илегално. Истиот весник од 16 февруари 1946 година објави статија (тогаш легален) под наслов: "Под кои услови ќе учествуваме на изборите"?, а потоа во статијата ги набројува тие услови.

На 12 февруари 1946 година, на Вториот пленум на ЦК КПГ, Захаријадис меѓу другото рече:

"...Без никакво сомнение ќе треба денеска да истакнеме уште еднаш дека договорот во Варкиза беше правилен, зошто наполно одговараше на националните, демократските и народните интереси".

Јасно е дека со таквиот став се стоеше на становиште за "мирен развиток". Но рељефно состојбата се гледа и од еден извештај на партизанската група на планината Пајак-Кајмакчалан:

"Јануари: народот на Пајак се бори за чесни и слободни избори; се бори против плановите на Англичаните и САД, кои со сите средства подготвуваат изборен пуч. Се поставуваше неодложно задачата за одбрана со сите средства од плановите на монархофашистите. Месецот измина без никаква организирана работа и без акција, чекајќи на развитокот на ситуацијата.

Февруари: Ситуацијата во реонот останува иста и истите проблеми го интересираат народот. Се врши извесна организациона подготовка за дочекување на секој евентуален пуч. Во последните десет дена се формира комитет за народна самоодбрана во Воденски округ и зема живо учество во движењето за организирање на самоодбрана. Тешко е комитетот да се движи колку е потребно, поради условите кои владеат, а основно поради тоа, што не можеше да обезбеди врска со раководството.

Март: Објективната ситуација на Пајак се влошува. Монархофашизмот води кон изборен пуч. Народот се бори под најтешки услови на терор. Комитетот за самоодбрана доаѓа во врска со раководството, се поставуваат задачи и настојуваме да дадеме садржај на масовна народна самоодбрана. Почнува со проучувањето на проблемот на евентуален пуч. Добивме врска со селата и работиме за подигање духот за самоодбрана и во селата го средуваме оружјето.

Април: Со резултатие од изборниот пуч збеснетиот монархофашизам со неизмерна суровост се нафрла против демократските организации и демократскиот народ..."

Од изложеното, ми се чини, јасно се гледа ситуацијата која владееше, а исто така и двоумењето и исчекувањето на "развитокот на ситуацијата". Не е случајно и тоа што не се презема никаква вооружена акција пред изборите, заправо се чекаше "пуч" или како се вели во анализата "изборен пуч", дури тогаш да влезе во дејство "масовната народна самоодбрана". 

Формално пуч значи, антипарламентарни и вонпарламентарни решенија за заземање на власта. Но, ете така грчката буржуазија, иако е искусна и во тие игри, не го стори тоа, туку направи "парламентарен пуч", го освои парламентот по пат на фаслификувани избори.

Продолжува

 

Марко К. ЦЕПЕНКОВ 1829 - 1920

ОД МАКЕДОНСКОТО

НАРОДНО ТВОРЕШТВО

************

Марко К. ЦЕПЕНКОВ

 

 

КАКО ГРАДОТ СКОПЈЕ

ГО ДОБИЛ ИМЕТО

********************

Народната традиција  за името на градот по населувањето на Словените создала своја легенда. Градот - тврдина, кој се наоѓал на денешното Скопско Кале бил заштитен со високи sидови, поради што тешко можело да се влезе внатре. Требало да се војува со стрели и копја. При нападот на утврдениот град, водачот на словенската војска командувал: "Со копја да се напаѓа тврдината".

Командните зборови "со копја" (скопја) водачот на Словените ги повторувал повеќепати. Зборовите на водачот останале долго во сеѓавање на војниците и населението. Така градот почнале да го викаат Скопја, Скопие или Скопје.

 

ИТАР ПЕЈО ЗНАЕ

ДА ЗБОРУВА ТУРСКИ

***********************

Дошол еден Турчин во Мариово. Ги собрал Мариовците и ги прашал да му дадат за коњот сено. Тие не можеле да го разберат, па кметот му рекол на протуѓерот: - Викај го Итар Пејо! Тој знае Турски за зборува, зошто понекогаш одеше во град кај Турците.

Дошол Итар Пејо и му рекол на агата:

- Што бараш? 

- Сено за коњот.

Тоа рече Турчинот и му покажа на кровот на една куќа што била покриена со слама и со трева зараснат, а Пејо им вели на Мариовци:

- Агата рекол коњот да му го качиме на авлијата горе!

И зеле Мариовците коњот да му го качуваат врз куќата озгора, за да ја паси сламата!

 

*****************

Kind regards : 25 август 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 91