МАКЕДОНИЈО НЕ ТЕ ДАВАМЕ

Доцент д-р Оливер Андонов

ПЛАН ЗА ПОТПОЛНА ДЕСТРУКЦИЈА

НА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕВЕТ ЧЕКОРИ

Пишува: Доцент

д-р Оливер Андонов

************

Кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски зборуваше за пеколниот план за Заев и ги предупредуваше македонските граѓани, дел од нив не му веруваа и ако пред нивни очи Заев најавуваше па одрекуваше дека токму ова што сега го прави со Македонија и планира и понатаму да го прави.

******

Можам да ги разберам македонските граѓани дека едноставно не поверуваа, бидејќи беа под силен (цели три години) добро испланиран и координиран притисок за перење на мозоците. Тоа подразбираше спинови, наместени ситуации, невистини, дезинформации и активности од страна на таканаречени граѓански активисти платени од Сорос и странски служби. Граѓаните беа замајани со "бомбите" на црпнатиот, монтирани, нелегално прислушувани материјали кои се користеа за уривање на угледот и кредибилитетот на Груевски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ и целата политичка структура на партијата на власт.

За разлика од тогаш, денес имаме малку поразлична состојба која неможе да биде по очигледна, но за која сепак "кој има очи ќе види и кој има уши ќе слушне". Токму оваа состојба покажува како Црпко со неговата предавничка булумента сака според планот 3-6-9 во само девет чекори да ја деструира нашата татковина, Македонија.

Она што се обидува да ни го продаде како шарена лага и лижавче е дека во рамките на 3-6-9 ќе ја врател Македонија на евро-атланскиот пат. Како да Македонија се откажа од членството во НАТО и ЕУ и сега дојде предавникот да со велепредавство не "врати на европскиот пат".

Во збирот на лаги и кокретни постапки се обидов да ги детерминирам деветте чекори кои за девет месеци или една година ќе ја деструираат Македонија и како што напишав во мојата предходна колумна ќе се разбудиме за една година од сонот на "животот во Македонија со СДС" и ќе се запрашаме каде тоа живееме ние и каде ни замина нашата татковина.

Но, да преминеме на анализата и описот на деветте црпнати и предавнички чекори од кои некои веќе се реализираа, некои се во тек, а некои се најавени или се препознаваат во однос на конкретните дејствувања на предавничката банда на СДС.

1. Договорот со Бугарија - договор на штета на македонскиот народ, македонскиот јазик и Република Македонија. Црпнатиот ја отвори вратата да може Бугарија односно секоја бугарска влада да не уценува во однос на идното членство во ЕУ и НАТО, но особено да не понижува и да манипулира во меѓународните односи и тоа да манипулира со појмот македонска нација и македонски јазик. Последиците од овој понижувачки договор ќе ги почувствуваме во иднина и тоа со генерации во билатералните односи со секој од соседите поодделно, а особено со Република Бугарија. Овој договор е само пробен чекор за да се види реакцијата на македонските граѓани, особено на македонскиот народ. Искрено се надевам, дека многу бргу ќе има таква реакција со демократски постапки, сепак, наскоро ќе има локални избори.

2. Двојазичноста во Република Македонија -  ова е вовед во бинационална држава, повторно преку посреден пристап, односно преку воведување на противуставен закон за јазици и фаворизација на албанскиот јазик. Целта на оваа операција, која Црпко со узурпаторот Џафери и недостојниот Аљи треба да ја спроведат, е да веднаш по локалните избори се усвои овој закон и отвори пат за ново преуредување на Македонија, односно до дефинитивната кантонизација да се подготви состојбата на терен, практично да се воспостави оваа состојба на почетокот преку целосна употреба на албанскиот јазик на униформите на полицијата, војската и на парите. Тоа е всушност реализација на ветувањата кои Црпко Веле предавнички ги даде во Швајцарија на албанската дијаспора, а е одработување на Тиранската  Великоалбанска платформа. Резултатите од оваа операција ќе ги видиме некаде на почетокот на 2018 година, а крајните резултати за 2-3 години.

3. Подготовка за "добивање" на локалната власт во градот Скопје - претставува една од ургентните цели на СДС предавничка. Свесни се тие дека тоа е неостварливо за нив без да ги мобилизираат на своја страна гласовите на албанското малцинство и тоа до последен глас. Токму затоа и побрзаа со законот за јазиците за да имаат аргумент за мобилизација на албанското малцинство, како гласачка машина. Резултатот треба да биде добивање на главниот град под нивна управа, а сметката ќе се плати, колку и да чини не е важно, нема Црпко и предавничко СДС да ја плати, ќе ја платиме сите ние, само да се оневозможи ВМРО-ДПМНЕ да добие сила, бидејќи тогаш ќе се види силата на македонските граѓани. Впрочем ние сме на потег, ајде да излеземе на локални избори и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За подобра Македонија" и нивниот кандидат за градоначалник и нивната советничка листа што би било јасно покажување на волјата на граѓаните на Скопје, во однос на политиката на СДС.

4. Организиран грабеж на Република Македонија - ова е паралелна цел која СДС, криминалната банда, сака да ја оствари под мотото "и така отиде државата, ајде кога ја распродаваме, да заработиме некоја пара за нас и така ќе си одиме оттука". Тука како непосредни реализатори треба да ги гледаме нивните СДС "експерти".

Кумот Костиќ се обидува насилно и вон правните процедури да ги инсталира во државните претпријатија и да ја партизираат државата (сите кои ги поставија на функција се претседатели на општински организации на СДС или членови на највисоки партиски тела на СДС, но нема збор за нивната професионалност и искуство во областите, како  ни за соодветноста во образованието). Резултатите од овие операции треба интензивно да се реализираат во текот на предизборието за да се залаже јавноста преокупирана со локалните избори и да не забележи како ќе се врши грабежот на државата.

5. Либерализација на пазарот на електрична енергија - за да се задоволат интересите на Анѓушев, да се направи повторно "бонбона бизнис за Рада" и демократски да се краде од граѓаните преку скапи енергенси со медиумска подршка на Драган Антоновски и бизнис -  медиумска подршка на Љупчо Зиков (сите овие беа експерти, независни, де). Резултатите од овој чекор на СДС ќе ги почувствуваме сите и тоа набргу по локалните избори. И да не се залажуваме, ќе бидат безкомпромисни, не етични и нечовечни за сите нас, бидејќи ќе ги интересира само личниот профит.

6. Партиско јавно обвинителство - ова започна со сменувањето на Зврлевски и со искористување на нивниот непартиски кадар кои се дел од Советот на јавни обвинители (нели партизиран од ВМРО-ДПМНЕ, а сега стануваат директори на МЕПСО под владата на СДС Предавничка) да инсталираат предавничко Јавно обвинителство кое во спрега со СЈО на Катица ќе треба да продолжи со прогон на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството и членството на партијата. Оваа операција е во тек и по смената на Зврлевски многу бргу ќе ги видиме резултатите, а јавните обвинители кои не се по мера на Црпко, тоа ќе го почувствуваат на своја кожа. Дури тогаш ќе видиме што е тоа партизација на јавното обвинителство и партиски од СДС нарачани прогони.

7. Реизбор на судството - како продолжение на подготовките за прогон на ВМРО-ДПМНЕ и монтирани судски процеси. Штом Фрчковски ќе раководи со судските реформи, тогаш е јасно. Допрва граѓаните ќе се соочат со корупцијата и партиското влијание во судството, а потоа ќе биде видливо и во Уставниот суд кој ќе треба да го аминува противуставното и противзаконитото растурање на државата и нејизино претворање во бинационална и кантонална држава.

8.Со прогонот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ - видливо е противуставното делување на Апелација  со прифаќањето на лажни, монтирани и нелегално стекнати прислушувани материјали кои треба да се употребат во процес како доказ. Ова е вовед во можноста за воведување на судска пракса која е девијантна и тоталитарна и во која во иднина секој ќе може да поднесе како доказ нелегално стекнати прислушувани или тајно снимани материјали, а што е основ за отворање на можноста за креирање монтирани процеси насочени кон сите политички противници на СДС и на сите чесни македонски граѓани кои не се согласуваат со предавството на Црпко и СДС и кои си ја сакаат татковината. Резултатите од овој чекор се двострани:

Прво, дисциплинирање на граѓанството со втерување страв од прогони формално судски поткрепени и

Второ, обезглавување на ВМРО- ДПМНЕ како единствена и кохезирачка сила преточена во Груевски со целиот негов авторитет, со цел да се спречи политички организирана борба на македонските граѓани против Црпко Предавнички и СДС Предавничка.

9. Промена на името на државата - крајна цел во следните девет месеци до една година. Преку узурпација на државната власт и кражба на државата и уште очекуваниот обид да се украдат локалните избори СДС предавнички многу бргу ќе може да го реализира и овој последен чекор, а преку употреба на механизмите на власта на сите нивоа и притисок врз граѓаните. Резултатот е јасен, уставно ќе станеме безимена аморфна маса на збир од неидентификуван народ во безимена држава која ќе има бугарска историја и мнозинство од 20% хомогенизирано малцинство Албанци и некакво си описно име со географска одредница што никако нема да асоцира, а не пак директно да укажува на национална држава на македонскиот народ. Впрочем погледнето го однесувањето на Љупчо Георгиевски и од оваа временска дистанца ќе ни стане јасно и неговото однесување во 2001 година и наводното лутење на потпишувањето на Охридскиот рамковен дооговор и тоа поврзете го со однесувањето на Љубчо, Љубе и Стојанче на изборите 2016 и нивната улога за одвлекување на 20 илјади гласови потенцијални за ВМРО-ДПМНЕ. Нема да ме изненади доколку и Слободан и Павле Богоевски добијат некое место како отплата на наградата за уништување на Македонија.

По реализацијата на овие девет чекори за девет месеци до една година, Црпко ќе може комотно да ја кантонизира државата и потоа да исчезне. Да не заборавиме, ние то му го овозможивме неверувајќи во зборовите на Груевски во предизборието, неверувајќи му на претседателот Иванов, неверувајќи на сите научно и прагматично докажани ставови кои ги изнесував и јас и моите колеги колумнисти и доколку продолжиме дасе однесуваме "космополитски" и амбивалентно како да не се работи за наша татковина и наша иднина, потполно ќе му го отвориме патот.

Последната шанса за демократски расплет и враќање на Македонија во рацете на нејзините граѓани и на мнозинскиот народ кој си ја сакаат својата татковина, како унитарна и демократска држава, се

ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА 15-ти ОКТОМВРИ 2017.

Преку гласањето за ВМРО-ДПМНЕ на овие избори и одлучна победа на коалицијата "За подобра Македонија", ќе се покрене иницијатива за предвремени парламентарни избори и ќе се сопрат деветте разурнувачки чекори на предавничката СДС.

Сакам да напоменам дека по предвремените Парламентарни избори и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За подобра Македонија", ќе биде тешко, но во оваа фаза и не е неизводливо да се вратат работите наназад, односно да се врати достоинството на Македонија на меѓународната сцена и да се сочува државата. Предавниците и сите нивни слуги кои ја предадоа татковината и кои ги прекршија уставот и законите, ќе одговараат по закон. Тоа не им бега.

Да не ја испуштиме последната шанса за Македонија и за сите нас 15-ти октомври, бидејќи вакви шанси не се секојдневие за потоа да не велиме дека некој не ни кажал.

 

Доцент д-р Оливер Андонов

puls 24.mk

 

Тодор ПЕТРОВ

 

 

ЕДНО Е УПОТРЕБА НА МАЈЧИН ЈАЗИК,

 А ДРУГО Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО ДРЖАВНАТА

И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

***********

Пишува: Тодор ПЕТРОВ

 

Едно е јавна употреба на мајчин јазик, а друго е службен јазик во државната и јавната администрација на целата територија на држвата и во нејзините меѓународни односи!

Законот за јазиците најдобро го илустрира Али Ахмети, кој никогаш и никаде не зборува македонски јазик, ако сакате да го разберете, задолжителен ви е преведувач!

Се навикнавме на една тирада: Кога власта ќе згреши, оправдание бара во опозицијата, со зборовите "Кога опозицијата беше на власт и тие го сторија истото!"

Па, заради тоа е смената на власта, новата Влада да не ги повторува грешките на предходната, што заминала!

Што се однесува до Предлог-Законот за јазиците на СДСМ и ДУИ, манипулаторите велат: "Двојазичноста во државата ја воведе ВМРО-ДПМНЕ во Законот за употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, што Собранието го донесе на седницата одржана на 4 август 2008 година?!

Ако Предлог-Законот за јазиците од СДСМ и Дуи е ист со Законот за употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа што Собранието на Македонија го донесе на седницата одржана на 4 август 2008 година на предлог на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Дуи, тогаш зошто се предлага нов Закон во 2017 година? Вистината е, дека очигледно не станува збор за ист Закон за јазичните права, туку за решениа во кои е уредено многу повеќе од предходниот Закон, за жал, или за несреќа, во спротивност со Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Да нема недоразбирања и манипулации во јавноста, треба да биде јасно: Едно е право на говор на мајчин јазик и негова употреба во јавната комуникација, друго е службен јазик како обврска на државната и јавната администрација на целата територија  на Републиката и во нејзините меѓународни односи!

Едно е службена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Македонија во општините каде што се најмалку 20% од граѓаните во општината, а сосема друго е јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Македонија да биде службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи!

Едно е јавна употреба во образованието, културата, информирањето, вероисповеста на мајчин јазик, но сосема друго е тој мајчин јазик да биде службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи!

Правото пратениците да може да говорат на пленарна седница и на седница на работните тела на Собранието не е двојазичност во државата!

Ќе виде некој патоказ на македонски јазик и на албански јазик и веднаш ќе искоментира: Аха, двојазичност! Ќе види некој банкомат со упатства на македонски јазик и на албански јазик и веднаш ќе искоментира: Аха, двојазичност! ТОА НЕ Е ДВОЈАЗИЧНОСТ!

Двојазичност е ако јазик различен од македонскиот јазик стане службен јазик во сите институции, во државната и јавната администрација на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи!

А, јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Македонија, да биде службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи, значи сите институции, нотари, извршители, на целата територија на Републиката задолжително да имаат преведувачи на албански јазик, затоа што казната е 4,000 - 5,000 евра за институцијата и 1,200 - 1,500 евра за службеното и одговорното лице, доколку на оној кој ќе се обрати на албански јазик, нему се одговори на албански јазик, односно не му се "овозможи" користење, употреба и примена на албанскиот јазик и писмо во било која постапка како и спроведување на тие постапки на тој службен јазик и писмо!

Да се надмине овој дизбаланс од потребните преведувачи, лектори, редактори на албански јазик во институциите низ државата, Владата предлага формирање на Агенција за преведување, која мора да има неколку стотини вработени, најмалку, во почетокот, затоа што се албанизира целата држава Македонија! Целата коресподенција мора да биде двојазична! Ваква лудост не предлагаат богати држави во Европската Унија, Канада, Австралија, САД, Јапонија, Кина, Руската Федерација...Ама, еве Зоран Заев и неговите ментори сметаат дека тоа е можно во експериментот Македонија!

Значи, не станува збор за унапредување на албанскиот јазик, туку за обврска на албански јазик да го говорат само Албанците, а Македонците и припадниците на другите малцински етнички заедници да го знаат албанскиот јазик за да им возвратат на истиот јазик.

Зошто казни за Македонците? А, зошто не исти казни за сите Албанци во државната и јавната администрација, ако им се обрати Македонец и припадник на друга малцинска етничка заедница, на македонски јазик, или на друг мајчин јазик, а тие не им одговараат на македонски јазик, затоа што не го знаат, односно не го зборуваат македонскиот јазик!?

Дали Владата има информација за процентот на Албанците во државната и јавната администрација кои не го познаваат односно не го зборуваат македонскиот јазик, кој е службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи? А, е голем! Што со тие државни и јавни службеници, избрани и именувани носители на јавни функции? И, знаете зошто е тој јаз? Бидејќи сепарацијата е институционализирана во образованието, а македонскиот јазик не се учи од прво одделение во школите каде наставата се изведува на друг јазик различен од македонскиот јазик! Таа системска деформација се мултиплицира до крајот на животот, децата Албанчиња повеќе не го зборуваат македонскиот јазик до крајот на својот живот! Предметот македонски јазик во наставата станува пародија!

Дали некој е свесен во каква авантура, односно системска и систематска блокада Владата на СДСМ и ДУИ ја туркаат државата и општеството во целина, односно државната и јавната администрација? Можеби истиот текст на Закон за јазиците го договарале и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ?! Но тоа, не ја оправдува ниту Владата на СДСМ и ДУИ, ниту ВМРО-ДПМНЕ!

Законот за јазиците на Владата на СДСМ и ДУИ практично воведува обврска за албанскиот јазик да го знаат сите државни и јавни службеници, а Албанците воопшто и да не мора да  го знаат или зборуваат македонскиот јазик, како што тоа многу практично го демонстрира Али Ахмети! Али Ахмети никогаш и никаде пред медиуми и во институциите не зборува македонски јазик, воопшто! Таа проекција е реалност во Македонија!

Предлог -Законот за јазиците не го унапредува албанскиот јазик, туку Албанците ги гетоизира! Предлог-Законот за јазиците значи системска и систематска мајоризација врз нацијата во целина, од страна на едно албанско малцинство!

А, практично треба, прво секој да полага македонски јазик и тој што не го знае или не го зборува, да изгуби лиценца да биде државен или јавен службеник, односно да не може да работи и да се вработи во државнаата и јавната администрација на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

И уште нешто, а многу важно: Ако странките поседуваат ист документ на македонски јазик и на албански јазик, за жал, нема да се исти поради лошиот превод. Бидејќи и македонскиот јазик и албанскиот јазик се еднакви, кој документ на кој јазик ќе биде важечки во судска, управна и извршна постапка?

Ваков експеримент со Предлог-Законот за јазиците во Македонија е неуспешен дури и со сета можна алхемија, што не постои!

Плус, ваков закон се носи на реципроцитетна основа меѓу две држави: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија! Некој ќе додаде, Македонците во Албанија немаат кадровски капацитет! Немаат затоа што таму Тирана признава само 5.000 - 6.000 Македонци во девет села во областа Мала Преспа. Тирана не ги признава Македонците на целата територија на Албанија. Таа судбина е иста за сите припадници на националните малцинства во Албанија - Македонци, Грци, Власи, Роми, Срби, Црногорци, Бошњаци и Еѓиптјани. 

Во Албанија до вчера имаше казни за сите кои на попис се декларираат било што друго освен Албанци. Тирана не признава дека во таа држава бројот на припадниците на националните малцинства е речиси 40% од вкупното население! Репресијата и дискриминацијата за не-Албанците во Албанија го сториле своето!

Предлог-Законот за јазиците на Владата на СДСМ и ДУИ, не смее да се донесе, затоа што ја руши државноста на Македонија и е вовед во башибозук!

 

Македонска нација.мк

*************************

ОХРИД

ОХРИД НЕМА

МЕСТО ЗА МИГРАНТИТЕ

 

Советот на Општина Охрид го одби нацрт стратегијата за бегалци и странци. Со 14 гласа против, сите од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека од советниците на СДСМ дел не гласа, а дел ја напуштија седницата на советот.

Феномен некој ќе се случи, но јас не верувам . Јас ќе ве замолам да гласаме консензуларно, кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ангел Јанев, пред гласањето.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Арнаудоски кажа дека Охрид не е спремен да ги прими мигрантите.

- На поголем дел од општините е пратено писмо да ја разгледаат можноста за изградба на стамбени единици за мигрантите, значи и во случај да дојде такво писмо, со оваа одлука ние го задолжуваме градоначалникот. Очигледно е дека и општините се зафатени и мора да донесеме ваква одлука, за да не почне изградба. Јас се сожалувам за судбината на овие луѓе, но Охрид не е подготвен за да ги прими. Се покажа на коридорот каде што поминуваат мигрантите само направија хаос, изјави Арнаудоски.

То даде и примери за проблемите кои ги прават мигрантите, како на пример што било силувано 7 годишно девојче од мигрантите.

Со 14 гласа против Советот ја одби нацрт стратегијата, гласаа само советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците од СДСМ, еден дел не гласаа, додека еден дел ја напушти седницата на советот.

 

Орхан I (1326 - 1359)

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

**************************

ДЕЛ 38

МАКЕДОНИЈА ПОД

ОСМАНЛИСКА ВЛАСТ

( од  XIV  до крајот на XVIII век)

*************************

1. Појавата на Османлиите на Балканот

Кога во 1352 година Сулејман, синот на османлискиот водач Орхан (1326-1359), ја освоил тврдината Цимпе на европскиот дел од Дарданелите, никој и не помислувал дека за помалку од половина век речиси целиот Балкански Полуостров ќе биде под османлиска контрола. Инвазијата што уследила веднаш по овој настан сигурно е еден од најкрупните и најсудбоносни настани во бурната историја на овој полуостров. Таа го означила почетокот на новите историски процеси кои што од корен ги измениле старите политички, културно-социјални и верски односи на Балканот, оставајќи долготрајно наследство и неизбришливи траги во многу аспекти од животот на овие простори. На местото на старите христијански држави било создадено ново муслиманско царство, познато под името Османлиска Империја, кое во следните неколку века било едно од најголемите политички фактори во Европа што ја диктирале судбината на сите балкански народи. Историјата на оваа држава започнува во Мала Азија.

Османлиската Империја изникнала од беглакот (кнежевството) на Ертогрул, припадник на номадското племе Каја, кое во подоцнежните легенди е претставено како најблагородно од племињата што им припаѓале на Турците-Огузи. Според традицијата, еден дел од племето Каја, уште пред наездата на Монголите во средината на XIII век, се преселил од Средна Азија во Анадолија. Во почетокот тие за место на преселба го избрале реонот Караџадаг, западно од денешна Анкара. Токму од овие места Ертогрул, бегајќи пред налетот на Монголите, со 400 до 500 шатори се упатил на запад, кон поседите на селџучкиот султан Алаедин Кејкубад I. Тука успеал да ја добие на управување пограничната област (уџ) на западната граница од Селџучкото Царство кон Византија. По неговата смрт, на чело на заедницата дошол неговиот млад и воинствен син Осман (1289 - 1326), по кого неговите следбеници, подоцна, биле наречени османлии (име што ќе прерасне, со текот на времето, во синоним на Турците, припадници на Османлиската Империја - Османлии). Користејќи ја местоположбата на својот беглак, Осман наскоро почнал да ги шири своите територии на сметка на немоќната Византија. Неговото кнежевство, всушност, било тампон зона што ги разделувала Византиското и Селџучкото Царство. Тука веќе имало голема концентрација на муслиманско население кое,  во најголем дел, било номадско или полуномадско и кое во голема мера било задоено со идејата за "света војна",газа, против христијаните. 

Првите водачи на тоа население, користејќи ја таа ситуација, создале цврсти и лесно подвижни воени одреди кои, поттикнати од воениот плен, постојано ги напаѓале териториите на се' послабата и политички разединета Византија. Од друга страна, нивната заднина била безбедна од причини  што Селџучкиот Султанат постоел само формално, како вазална држава на Монголите. Сето тоа му овозможило на Осман, во почетокот на XIV век, да ги удри темелите на османлиската држава. Според легендите, во 1299 година, кога селџучкиот султан Алаедин Кејкубад II побегнал од својата престолнина под налетот на своите разбунтувани поданици, Осман објавил самостојност на својата територија, а себе си се прогласил за независен владател. Веќе во текот на наредните неколку години османлиите значително ја прошириле својата територија.

Првиот поголем византиски град кој што паднал во османлиски раце бил денешниот град Бурса (Бруса). Градот бил освоен во април 1326 година, по речиси десетгодишна опсада, од страна на Орхан (1326 - 1359), синот на Осман. Тој ја претворил Бурса во своја престолнина, а од 1327 година овде започнало да се кове првата османлиска сребрена монета - акче. Тоа значело дека процесот на преобразба на Ертогруловиот беглак во независна државна творба бил завршен.

Патот на Османлиите кон балканските територии бил отворен по освојувањето на Никеја (1330 г.) и Никомедија (1337 г.), по што биле завладеани областите северно од Измитскиот Залив, се' до Босфорот. Со тоа Османлиите избиле на Црно и на Мраморното Море, од каде преминувањата на балканските брегови станале честа појава. Нападите веќе не се одвивале само на бреговите, туку и во внатреноста на полуостровот. Станувало се' појасно дека периодот на задоволувањето на Османлиите само со пљачкање се ближел кон  својот крај и дека нивното трајно населување на европската почва било само прашање на време.

Кога византискиот император Јован Кантакузен, 1352 година, ги повикал Османлиите да му помогнат во борбата против здружените српски и бугарски војски, синот на Орхан, Сулејман, на својот пат кон Тракија ја освоил крајбрежната тврдина Цимпе на Галиполскиот Полуостров. Веднаш потоа, за засилување на ова упориште, Осналиите во него донеле доселеници од Анадолија, не обрнување внимание на барањата на Јован Кантакузен за напуштање на тврдината. Искористувајќи го земјотресот што се случи ноќта помеѓу 1 и 2 март 1354 година, Османлиите без многу мака го освоиле и Галиполе на западниот брег од Дарданелите, здобивајќи се, на тој начин, со уште посилно упориште од каде што тргнале во систематско освојување на балканските простори. За кратко време тие максимално ги искористиле минималните предности што ги имале наспрама меѓусебно раскараните и внатрешно разединетите  балкански држави. Преселувајќи муслимани од Анадолија во новоосвоените територии, особено сточари-номади кои брзо се прилагодувале на новите услови на живеење, Османлиите ја обезбедувале заднината на војската која, по освојувањето на Галиполе, веднаш продолжила со своите походи на север. Во тие походи прва на удар се нашла Тракија. Во 1356 година, силна војска под команда на Сулејман, синот на Орхан, се упатила кох Одрин. Но, поради ненадејната смрт на Сулејман (1357 г.), целта не бола остварена. Воените операции биле обновени под раководство на вториот Орханов син, Мурат, кој во историјата влегол под името султан Мурат I (1359 - 1389). Всушност, со него започнало и освојувањето на Балканот.

Во првите години од неговото владеење биле освоени најголемите градови во Тракија: Димотика, Одрин и Пловдив. Веднаш потоа османлиската престолнина била пренесена прво во Димотика, а потоа во Одрин, со што османлиската држава се најавила како европска држава. Балканските христијански држави, поради меѓусебните политичко-територијални несогласувања, не ја согледале вистинската опасност што им се заканувала од новите освојувачи ниту, пак, потребата за воено обединување и заеднички настап против нив. Во исто време османлиската опасност се' уште била далеку од поголемите европски држави кои, исто така, не презеле никакви акции против новодојденците. Ваквиот недостиг од заеднички настап и воено обединување, пред се' на балканските држави, бил една од главните причини за брзото напредување на Османлиите на Балканот. Добро организираните и лесно подвижни османлиски одреди лесно го кршеле отпорот на разединетите балкански владатели. Краен резултат на Муратовото воинствено владеење било сведувањето на територијата на Византиската Империја само на околината на Цариград, а битката на Косово Поле (1389 г.), и покрај смртта на султанот Мурат, им ги отворила вратите на Османлиите за освојување на Србија, која станала нивни вазал. Слична судбина го снашла и Бугарското Царство, чија стара престолнина Трново дефинитивно паднала во османлиски раце (1393  г.). Судбината, пак, на Македонија била одредена нешто порано, по битката на Марица (1371 г.).

 

Продолжува

**************

Софулис Темистоклис

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

*********************

ДЕЛ 13

Глава Втора

Пишува: Наум ПЕЈОВ

 

Реставрација на Монархијата

******

1. Парламентарните избори и Плебисцитот

Откако контрареволуционерните сили во земјата со помош на англиските окупациони војски им беа задале силен удар на демократските сили, ги подготвија фалсификуваните изборни списоци, а ги придобија на своја страна и либералите на Софулис (кон крајот на 1945 година беше формиран кабинетот на Софулис Темистоклис), контрареволуционерите се почувствуваа подготвени да ги одржат изборите на 31 март 1946 година. Борбата на демократските сили, а во демократските партии  и организации за ревизија на изборните списоци, за прекинување  на теророт и меѓународната контрола на изборите од четирите големи сили: САД, СССР, Англија и Франција, останаа без успех. Не обsирајќи се на огорчените протести на демократските сили во земјата и демократското јавно мислење, контрареволуционерните сили во Грција, со помошта на империјалистичките кругови од странство, ги одржаа изборите и избраа парламент кој им беше нужен за понатамошната борба и зацврстување на своите позиции. Од изборните списоци бе исклучени илјадници демократски граѓани. Во земјата владееше беззаконие и насилие на оружените органи на власта и десничарските организации. Спроти изборите теророт се засили и десетина илјади граѓани беа затворени или прогонети.

И навистина, грчката десница својата замисла ја постигна. Од изборите апстинираа коалицијата на ЕАМ (со тоа и КПГ, партијата на Цудерос, на Кафандарис, групата на Карталис, групата на левите либерали и ЕЛД на Зволос).

Апстиненцијата овозможи многу полесно да се изврши фалсификацијата. Не треба и да се докажува дека апстинираа над 55% од бирачите и покрај теророт, но тоа не им попречи на фалсификаторите да го преиначат резултатот зошто немаше кој да ги контролира. Имаше контролна комисија и тоа делегирана од ООН, но таа комисија поправо им беше од помош на фалсификаторите. Комисијата за контрола на изборите беше составена не од четирите, ами од трите големи сили: Англија, САД и Франција. Советскиот Сојуз не се согласи да учествува во комисијата, истакнувајќи дека е тоа "мешање во внатрешните работи на Грција". Се разбира дека би било смешно неколку екипи од луѓе да можат во целата земја да ја контролирааат слободата на изборите, или уште повеќе да го докажуваат процентот на гласовите или да тврдат дека не е направена фалсификација. Но ете, комисијата од претставници на САД, Англија и Франција "најодговорно" и "најавторитетно" ги потврдија резултатите од изборите и го легализираа режимот кој дотогаш беше на власт.

Во новиот парламент влегоа освен либералите со 84 пратеници, кои беа камуфлирани монархисти, сите останати беа монархисти. Ете зошто и' појде од рака на популистичката партија да формира влада, да организира во текот на 1946 година и плебисцит и го врати кралот.

Плебисцитот кој се одржа на 1 септември 1946 година беше спроведен во ситуација на уште поголема анархија и терор во земјата.

Прво, поради тоа што добивајќи "законско" овластување со изборите од 31 март 1946 година, контрареволувионерните сили со уште поголема жестина се нафрлија против демократските сили. Беа ликвидирани сите провинциски бироа на организациите ЕАМ и КПГ и демократските весници.

Второ, по парламентарните избори и засилувањето на теророт граѓанската војна навлезе во нова фаза. Имено, почна отворен вооружен отпор во земјата, така што плебисцитот фактички се одржа во услови на граѓанска војна.

Од Плебисцитот не апстинираа демократските организации и воопшто левицата. Но кој можеше сега да се сомнева во успехот на монархијата? Ако фалсификацијата можеше да успее во парламентарните избори, тогаш зошто таков успех да не се постигне при плебисцитот? И навистина, на очиглед на целиот свет на 1 септември 1946 година во Грција е извршен втор масовен фалсификат и одново е реставрирана монархијата.

Најкарактеристични моменти за овој период се следниве:

- Контрареволуционерните сили систематски го засилуваат теророт врз демократското движење;

- Граѓанските партии, во овој број и либералната на Софулис, како претставник на либералната боржуазија, преминува на страната на монархистите. Тоа го потврдува нивното десолидаризирање со левицата-коалицијата на ЕАМ, Кафиндариса и некои други групи, учеството во изборите и држењето при плебисцитот за реставрација на монархијата;

- Кај левицата провејува колебање за можните патишта за развој на работите во Грција. Поради теророт во планините се повеќе одметнуваат прогонувани борци на отпорот.

- Грчкото прашање се поставува пред ООН и станува предмет на меѓународни расправи.

Продолжува

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО 

ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

*****************

Блаже КОНЕСКИ

  • ВЕЗИЛКА

    Везилке, кажи како да се роди
    проста и строга македонска песна
    од ова срце што со себе води
    разговор ноќен во тревога бесна?

    - Два конца парај од срцето, драги,
    едниот црн е, а другиот црвен,
    едниот буди морничави траги,
    другиот копнеж и светол и стрвен.

    Па со нив вези еднолична низа,
    песна од копнеж и песна од мака,
    ко јас што везам на ленена риза
    ракав за бела невестинска рака.

    Судбинско нешто се плело за века
    од двете ниски, два созвучни збора,
    едната буди темница што штрека,
    другата буди вкрвавена зора.

  • Везилке, крени наведена лика,
    погледај внебо во претпладне златно:
    се зари таму и чудесна блиа
    твојата везба на синото платно.

    За тебе нема ни вечерен запад,
    ти - морно око на трепетна срна,
    две бои таму ти горат и капат,
    две шарки твои - црвена и црна.

    Зар не се плашиш јаркоста нивна,
    и најмал спомен дека ќе ти згасат?
    Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
    дните ти минат, прокоби се гласат.

    - И најмил спомен што в душа ми блесна
    се гаси од нив ко цвеќе без боја.
    Но ти што ловиш звук на чудна песна,
    ти си ја кажа судбината своја.

    Блаже Конески, автор

Kind regards : 20 август 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 90