Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

 

 

ЗОРАН ЗАЕВ ИЛИ НЕЗНАЕ СО КОГО ИМА РАБОТА КОГА ПРЕГОВАРА СО ГРЦИТЕ, ИЛИ ГО ЛАЖЕ СВОЈОТ СОПСТВЕН НАРОД И САМИОТ СЕБЕ СИ!

******

ГРЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС И' ПОРАЧА НА АЛБАНИЈА ДА ЗАБОРАВИ НА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА АКО...

 

Грчката држава не е товар и проблем, само, за самата себе си, туку срам и понижување и за Европската Унија и за Меѓународната заедница.  Нејзиното  членство  во  ЕУ и НАТО е само деградација на европските вредности, што ја прави таа заедница непривлечна  за било која европска држава, која и малку држи до своето национално достоинство.

Со своето не примерено однесување, Грција не е никаков позитивен пример. Нејзините политичари и учени луѓе во неа,  не поседуваат особини за цивилизирана прилагодба во заедница, каква би требала да е Европската Унија и НАТО савезот, кон која секоја европска држава би требала да тежи и да најде безбедност и економски напредок. 

Неподносливата ароганција на нејзините политичари, подржувани од  исти такви сили на моќ кои денес претендираат да се навистина семоќни , пополека, но сигурно ги  поткопуваат темелите на една европска заедница замислена да рефлектира вистинско заедништво, во добро и зло и пример, како треба светот да живее.

Англиското напуштање на ЕУ е еден од доказите дека, угледот и вредностите кои таа ги промовираше не се тие, кои Англиската држава ги очекуваше да ги доживее. Нередот и самоволието на самоизбраните европски лидери, заедно со такви членки на Унијата како што е  Грција, им го покажуваат патот надвор од неа и на други членки, како    што е Англија.

Но, и ако имам уште многу да кажам, јас би се концентрирал на она, што ме наведе да ги напишам овие редови кои следат. 

Имено, поднасловот на мојов текст ме испровоцира да го коментирам неговиот содржај, се разбира, не затоа што Албанците заслужуваат или пак бараат било каква одбрана од моја страна, туку  затоа, што грчката политика и лично изјавите и недоличните закани на  претседателот  Прокопис Павлопулос постанаа опасни по светскиот мир, а особено по мирот и соживотот на балканскиве простори.

Сиромаштијата и незадоволствата на грчкиот народ од неспособноста на политичарите да ја извлечкаат грчката држава   од вечната економска и општествена криза, не треба да ги влошуваат добрососедските односи во регионот со барање дежурен Педро, кај секого надвор од Грција. 

Неодамнешните закани на Прокопис Павлопулос упатени, сега, и спрема Албанија, ја докажуваат и потврдуваат грчката агресивна политика, како политика на аматери,  злонамерници и матикаши на Балканот.

На собирот одржан на островот Крф, по повод сеќавањата на грчкиот политичар Јоанис Каподистриас,  тој му порача на Албанија да заборави на влез во ЕУ "поради незадоволството на неговата земја од однесувањето на албанските власти во врска со имотот на грчкото малцинство во приморското гратче Химара". Тој рекол и дека "бруталното однесување врз човековите права не може да се толерира".

 

Јоанис Каподистриас (1776 - 1831)

Каподистриас, според шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос, бил пример на голем лидер не само за Грција, туку и за цела Европа. Инаку споменатиот Јоанис Каподистриас бил грчки политичар роден во 1776 година на Крф и министер за надворешни работи на Кралството Русија, пред да се врати во што туку ослободената територија од 400 вековното турско ропство. Тој во Грција се слави како втемелител на државата, нејзината самостојност и нејзин прв претседател. Бил убиен пред православната црква Св. Спиридон во Нефплион 1831 година од грчки "патриоти" со куршум во главата и нож во градите. Убијците биле браќа, едниот бил на место убиен, а вториот фатен и стрелан. Но, пред да биде ликвидиран, се разбира како грчки "јунак и патриот", ги замолил своите егзекутори да не му пукале во лицето, за пред да падне погоден да извикне: "нека биде мир браќа"!

"Тоа треба да го имаат во предвид Грците, но и оние кои се стремат да се приклучат во Европската Унија. Рекол претседателот Павлопулос. Ова го велам за нашиот сосед Албанија, земја со која сакаме секогаш да имаме добри односи. Но авантуристичкото однесување, како она што го гледаме меѓу Тирана и Приштина е брутално однесување со кое се кршат човековите права, во случајот на малцинствата со правото на имот. Ние нема да стоиме индиферентни наспроти ваквото однесување". 

Ваквото однесување на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос би било сосема во ред, до колку не би било оптоварено со грчките злосторства над македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија. Спрема неговото разбирање на поимот злосторство, неправда, кршење на човековите права на малцинствата, грозоморното не цивилизирано етничко чистење на македонскиот народ од нивната вековна татковина, размена на населението со Бугарите и Турците, конфискување на нивните имоти без наплата те протеривање на над 30.000 Македончиња и ликвидирање на нивните родители ит.н.т боли само кога им се враќа како бумеранг по нивните плеќи.

Овие не цивилизирани истапи на грчките највисоки политичари не се насочени само спрема Албанија, туку и спрема Република Македонија, од поодамна. Историјата на македонскиот народ им е трн в' око и се' би сториле да ја избришат до темел, заедно со името на македонската држава. Да го направат сето тоа, како би ја скинале одговорноста за се' што го рековме. Да ја скинат одговорноста пред светската јавност на лесен едноставен и безплатен начин со помош на нашите нови властодршци. Но, тоа се' уште не е дојдено на ред. Ќе дојде и тоа и уште многу неубави работи и за Македонија и за сите нас Македонците, но и за сите други национални малцинства кои живеат во неа, до колку народот, не политичките партии и нивните однародени лидери, не им стане на пат на денешните узурпатори на власта во Република Македонија.

Но, крајот на сегашната приказна не мора така драстично да заврши, до колку другарот Зоран Заев и неговата влада  научат од своите грчки , бугарски и албански, пријатели , како се чуваат националните, државните и интересите на своите граѓани од посегања од надвор. Да  научат да ги бранат интересите и имотите на Македонците во Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Албанија. И дури не научат да  ги бранат човековите и малцинските права на Македонците, на начин како секоја држава си ги брани  своите луѓе,  ќе бидат осудувани  како велепредавници и соработници со непријателите на македонсктата држава и на македонскиот народ.

Се' уште има време за размислување и премислување за грешките кои се направени и за оние за кои се размислува, да се направат. 

 

НАРОДОТ Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО!

НЕ СЕ ИГРАЈТЕ СО НЕГОВАТА ТРПЕЛИВОСТ!

 

Сотир Гроздановски

Георги Кастриоти - Скендербег (1405 - 1468 г.)

СТОРИЈАТА ЗА СКЕНДЕРБЕГ КЛАСИЧЕН ПРИМЕР КАКО СЕ МЕНУВА ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА!

*******

Во светот ништо не се променило. Додека другите се обидуваат да приграбат што повеќе од туѓата, македонскиот народ почнува да си ја распродава сопствената историја. Денес, македонскиот народ е исправен пред ревидирање на својата историја. На барање на соседите, сегашната влада предводена од СДСМ, наводно за да излезе земајата од меѓународна изолација, договара измени во македонските историски учебници. Меѓутоа, сегашната влада како да неможе да разбере дека било какво откажување  од сопствената вистина, значи негирање на македонските корени и сечење на гранката, на која седиме.

Албанската историја за Георги Кастриоти претставува класичен пример како, заради политички интереси, се менува историјата. Впрочем, ставовите на албанските историчари се дека Георги Кастриоти, Скендербег (1405-1468)  е етнички Албанец и дека Кастриотите биле етнички Албанци. Но тие не се базирани на аргументи, бидејќи за тоа нема докази. Дури и самиот Георги Кастриоти не се изјаснувал дека е Албанец, туку дека е од Епир, подрачје каде живееле Македонци, Грци и Албански доселеници. Од друга страна, пак, во други извори се сретнува дека тој потекнува од Ематија, која според Јустин, е најстарото име на Македонија.

Албанските историчари досега немаат некои аргументирани докази за албанското етничко потекло на феудалната куќа на Кастриотите, освен што кон крајот на XIV и почетокот на XV  век, како и во текот на втората половина на истиот век, таткото Иван (Јован) и синот Георге Кастриот владееле со своето кнежество во средна Албанија и дел од дебарската област. Тоа што го приложуваат албанските историчари, секако дека не може да биде доказ за нивното исклучиво, албанско, етничко потекло. Напротив, документите говорат нешто друго, дека тој е православен владател, син на Иван и на Воисава од Полог, а последните истражувања на оригиналните латински текстови се' повеќе потврдуваат дека има македонско потекло.

Меѓутоа, не' сите албански историчари се држат до теоријата за албанското потекло на Георги Кастриоти - Скендербег. Сега починатиот албански историчар и албанолог од Тирана Аридан Клоси (1957 - 2012) во една  ТВ емисија на албанската јавност и' ги открива малку познатите детали од животот на Скендербег, за чие семејство вели дека е православно и славјанско:

"Значи беше едно необично востание затоа што на крај на краевите бил владател на релативно мала територија каде се борел против една супер сила на, тоа време, (Османската Империја). Како е можно неговото востание да трае 25 години? Тоа се случило зошто на теренот на кој владеел тој најголемите упоришта биле планините и шумите. Меѓутоа, Скендербег немал никогаш власт во градовите. Кроја практично ја држел до 1450 година кога морал да се повлече пред силата на Султан Мурат II. Тогаш се удружил со Неаполитанското кралство и станал нивен вазал. Овие работи нашата историографија ги премолчува. И тој се предава на Неаполитанското кралство и се брани со свои и нивни војници и секако околината на Кроја. Понатаму, Скендербег и самиот знаеше...

Водителот: меѓутоа, овие работи воопшто не се наоѓаат во аалбанската историографија?

Апсолутно! Се говори дека, божем, потпишал договор со нив, а всушност беше вазал на Неополскиот крал Алфонсо и да споменам уште една работа, а тоа е Леска лига. Ова е уште една теза која јасно не излегла на видело и теза која провоцира од причини бидејќи се верува дела Леска лига е едно друштво на албански благородници која е формирана како национално здружение па и национална влада. Всушност, Леска лига според документите не е едно обично здружување. Членовите на таа лига не се споменуваат како принцеви, туку како господа, како Музакај, Топија, Рамити, но и Црноевиќ! Биле и други властодршци кои не биле Албанци! Оттука почнува етничкото прашање. Нациите не постоеле во тоа време, во XV век, ниту етничка народност каква се појавува во XIX век, и оттука настанува најголемото недоразбирање... Самиот татко на Скендербег, Иван или Јован, доаѓа од дедна мешовита средина. Според книгите тој некаде се споменува дека бил Албанец, Србин... Факт е, дека тој се оженил со една жена од една позната српска лоза Бранковиќ, која се викала Воислава. И самите нивни деца имале или Византиски, како Константин и Ѓерѓ или славјански. Репош, Станиша, Мамица, Влајка, Јела. Оава нешто предизвика некои големи реакции што навистина е смешно, зошто во тоа време не постоеле национални поделби какви што постојат денес. Понатаму, уште една важна теза е знамето. Какво знаме подигнал Скендербег? Овде се говори дека тој го подигнал албанското народно знаме. Не! Тој го зел Византиското знаме! Потоа се преобратил во христијанство.

Водителот: што бил по вероисповест Скендербег?

Православен! Тие се едно типично православно семејство. Зошто? Неговиот брат бил монах во православен манастир, каде го завршил и својот живот.

Водителот: дали Скендербег го прифатил католицизмот?

Не! Не постој тоа во документите. Меѓутоа, тој секогаш се приближувал на Западот. Тоа е друга работа. Затоа неговите сојузници беа: Неапол, Бенедикт кој бил католички крал. И најблиските сојузници на Скендербег во дипломатијата биле претставници на високите католички клерици од Арбрија (област во северна Албанија) како Анџели, Џорџо Пелини и други. Потоа и да не заборавиме дека Скендербег го направил планот за Крстоносната војна. Командант на овој поход би бил тој, како Александар (Скендербег) Македонски. Сето ова беше голема замисла помеѓу Георги Кастриоти и Католичкиот свет." (https://www.youtube.com/watch?v=I5qWJTRm5aU) .

Инаку, Аридан Клоси , кој бил општествено активен, граѓански активист, наводно страдал од тешки напади на депресија и двапати се обидувал да се самоубие, пред да го заврши животот со тоа што се обесил во неговиот стан. Клоси изврши самоубиство во Тирана на 26 април 2012 година.

Може да се забележи дека по прашањето за потеклото на Скендербег клучна била првата деценија од дваесеттиот век, кога повеќето историчари за него сметале дека има славјанско потекло и година по овој период, кога според австро-германската историја се говори за албанско потекло. Имено, на почетокот на 20 век толкувањето на австро-унгарските научни кругови по прашањето на Скендербег се сметаат за водачи на историографијата на балканските народи. Тоа е време на голема експанзија и амбиција на Австроунгарската империја да завладее со балканските народи, како и време на анти-славјанската политика, која е пренесена во историската наука.

Иако ваквите теории не се вклопуваат и многу европски историчари говорат за славјанско потекло на Скендербег, толкувањето на австроуунгарските научници подоцна беше преземено од албанските историчари.

Тука, има политички аспекти, кои влијаеле и на расправиите за родословието на Кастриот и потомците на Георги Кастриот - Скендербег во Италија и Шпанија во доказите, кои се директни линии на неговите потомци, бидејќи, сегашниот устав на Албанија ја остави можноста за враќање на монархијата, па така повторно на површина излегоа династичките амбиции, а со тоа и дискусии, за директните наследници на Георги Кастриот - Скендербег.

Ова е класичен пример како заради политички интереси се менува историјата. Ова е пример како се убива историската вистина и како се замолкуваат нивните гласноговорници.

И навистина, во светот ништо не се променило. Додека другите се обидуваат да приграбат што повеќе од туѓата, македонскиот народ почнува да си ја распродава, и тоа малку што останало од, сопствената историја.

Денес, македонскиот народ е исправен пред ревидирање на својата историја. На барање на соседите, сегашната влада, предводена од СДСМ, наводно за да излезе земјата од меѓународна изолација, договара измени во македонските историски учебниви. Меѓутоа, сегашната влада како да неможе да разбере дека било какво откажување од сопствената вистина, значи да си ги бришеме сопствените корени, да си ја исечеме гранката на која седиме.

 

Македонска нација

Среда, 11 октомври 2017 година.

ЈАНИЧАРИ

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА 

НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 50

МАКЕДОНИЈА ВО  XIX ВЕК

***********************

 

1. Распаѓање на османлискиот феудален систем во Македонија и раѓањето на новиот систем - капитализмот

 

Процесот на распаѓањето на османлискиот воено-феудален систем, а заедно со тоа и опаѓањето на моќта на Османлиската Империја, започнати во изминатиот период се прелеале и во деветнаесеттиот век. Иако овие процеси се одвивале бавно, тоа незапирливо водело кон дефинитивниот распад на Империјата. Засилените обиди преку реформирање да се модернизира, а со тоа и да се спаси веќе остарената држава, само го одложувале нејзиниот крај.

Спахиската структура на Османлиската Империја била економски и политички доминантна низ еден долг период од нејзината историја. Зголемувањето на нејзината економска и политичка моќ  условило во нејзините повеќеслојни  редови (војска, дворска бирократија и воопшто оние во моќниот државен апарат) да се појават тенденции за отцепување и за осамостојување од централната власт. Моќни великодостојници, како што биле Али-паша Јанински, тетовските и скопските паши, дебарските и некои други бегови, се прогласиле за самостојни владатели и, стремејќи се кон богатење, сееле пустош низ Македонија. Тоа било време за кое еден современик запишал дека скоро целата европска Турција претставувала ужасна "глетка на безредие, бунтови и варварство. Разбојнички банди-крџалии ги напаѓаат градовите и селата...и вршат невидени sверства."

Ваквата сериозна кризна ситуација султаните се обиделе да ја надминат преку применување на некои реформи и со употребата на сила. Прво султанот Селим III (1789-1807) решил да ја укине спахиската структура како војничка формација, да ги ликвидира јаничарските корпуси и да воведе модерни воени сили по примерот на западните земји.

Неговиот наследник Мехмед II, а по него и Абдул Меџид, успеале да ги растурат јаничарите и нивните помошни институции, а во значителна мера и други институции на стариот поредок. Со тоа го отвориле патот за афирмација на реформите што ќе бидат прифатени подоцна. Така, преку употребата на делумни социјално-економски и класни промени се очекувало да бидат подобрени воената и економската способност на Империјата, како и да зајакнат централната власт и управа. Промената на старата спахиска структура со нова во Македонија се одвивала главно преку формирањето на чифлигарскиот систем. Процесот на создавањето на чифлизите може да се следи уште од шеснаесеттиот век, но чифлигарството, како систем, надвладеало дури во деветнаесеттиот век. За да се оствари тоа многу помогнало дефинитивното укинување на спахиството (1864 г.).

Победата на чифлигарскиот систем значело, речиси,  целосно експроприрање на селаните и уште поголемо нивно подложување на експлоатација и осиромашување. Најбројниот работен селански слој биле наполичарите, оптоварени со големи давачки и даноци кон  чифликсајбиите и државата. Положбата на втората по број селани - чифлигари (момоците) била уште потешка.  Ниту положбата на слободните селани, кои живееле на сопствена земја, не била значајно подобра.

Спроведените реформи имале  придонес во формирањето на новиот економски поредок, кој се темелел врз стоковнопаричниот начин на производство, што водело до создавање на модерна капиталистичка класа и до ново капиталистичко општество во Империјата.

Речиси сите промени што се одвивале во државата имале за резултат влошување на положбата на селаните. Селското население било принудено да ги напушти вечните огништа и својот спас да го побара во градовите, кои обезбедувале поголема сигурност  и нуделе подобра животна егзистенција. Тоа придонело македонските градови, населени претежно со турско население, да се  зголемуваат и постепено да се преобразуваат главно во македонски христијански населби. Миграцијата село-град, сузбивањето на анархијата и прокламирањето на новите реформи што биле насочени кон ликвидирањето на тимарско-спахискиот систем, како и донесувањето на Ѓулханскиот хатишериф (1839 г.), кој предвидувал  полна рамноправност на сите граѓани пред законите, без разлика на нивната вера и народност, целосната гаранција на животот и имотот на сите поданици на султанот, го поттикнувале брзиот развиток на градското стопанство и позитивно се одразило врз целокупниот развиток на државата. Во февруари 1856 година, по познатата Кримска војна, бил прогласен и Хати-хумајунот, акт кој уште повеќе ги изедначувал во правата и должностите сите жители на Империјата и кој ги прокламирал најголемите можни слободи. Од воведувањето на овие промени се очекувало османлиската држава да се преобрази во модерна држава од западен тип.

Новонастанатите односи ги исфрлиле извозно ориентираното производство при што особено место заземало кожарството, а заедно со тоа и извозната трговија. Низ македонските градови се појавиле пазарни денови, а во одделни градови (Прилеп, Сер, Неврокоп и др.) се организирале и панаѓури.

Заедно со стопанскиот развиток на земјата се раѓала и се создавала новата буржуаска класа, која во Македонија била разновидна.

Сепак, и при новите општествено-економски односи што се создавале и се одвивале, распоредот на силите, нивната моќ и нивното влијание тешко се менувале. Политичката власт во Македонија останувала и натаму исклучиво во рацете на муслиманите, а религиозно-просветната во рацете на Вселенската (грчката) патријаршија. Поради тоа македонскиот елемент мошне тешко се пробивал и во стопанскиот и во општествениот живот, иако по својот број бил доминантен во земјата. Некои важни општествени права што му припаѓале по силата на шеријатското уредување на државата, а сега санкционирани и проширени со султановите реформи, македонското граѓанство морало да ги стекнува низ упорна борба.

 

Продолжува  

Татковината на Албанците

 

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА

АЛБАНЦИТЕ И НИВНОТО

НАСЕЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

*****

Населување на Албанците на Македонскиот Полуостров

(Балканот) во 11-тиот век

 

Која е татковината на Албанците? Албанците се кавкаски народ, кој потекнува од кавказка Албанија. Прво биле освоени од Александар Македонски и Македонците после битката на Гавгамела 331 п.н.е. Потоа според нив, кавкаските Албанци биле нападнати, заробени и одведени од страна на Арапите како арапски војници во Италија, при арапските напади на Италија во 11 век. Дел од Албанците биле заселени од арапите крај италијанскиот град Тоска, па се поврзува името на албанското племе Тоски со нивното привремено живеалиште во Италија. Од тука е присуството на латинските позајмици во албанскиот јазик, но и во подоцнежните албанско-влашки контакти и албанизацијата на епирските Власи.

 

КОНСТАНТИНОПОЛ  Т.Е. ИСТОЧНОТО РИМСКО ЦАРСТВО - РОМЕИ 

(ВИЗАНТИЈА - НАЗИВОТ ВИЗАНТИЈА ПРВ ПАТ СЕ КОРИСТИ ВО 1557 ГОДИНА)

**********

Нешто повеќе од 100 години по падот на Константинопол - Византија, спрема германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело (Corpus Historiae Bizantinae), kojа во тоа време ја контролираше и Јужна Италија, ја одбрани оваа територија од арапите и нив ги протера. Во "Historia, Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae. Impensis ed. Neberi, Bonnae" е објаснето дека Ромејскиот воен лидер Michael Ataliotos во 1042 година ги пренел Албанците од Јужна Италија на македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан (денешна Албанија), на тромеѓето меѓу Македонците, Србите и Црногорците, за да ги прекине и ослаби овие народи и нивните врски. Значи, како резултат на ова населување настанале Црногорците, Рашките, па потоа Србите, а коренот им бил Македонија.

За кавкаското потекло на Албанците може да се надоврзат и топонимите во кавкаскиот регион. Во денешна Грузија, во земјата на некогашниот аварски каганат, постојат топоними исти како и имињата на албанските племиња. Така, постои село Бушати во Грузија, а воедно Бушати е име на албанско племе заселено околу Скадар. Во Грузија воедно постојат села со имиња како Гегути, Гегени и Геги. Гегите се северните Албанци. Исто така, мноштво албански зборови се исти или имаат ист корен како и кавкаските јазици од Чеченија, Дагестан, Грузија ит.н.т. Ако на ова се додаде дека прв пат писмени документи на албански јазик се јавуваат дури во 15 и 16 век, несомнена е нивната средновековна колонизација на Македонскиот Полуостров.

 

1. Населување во областа Арбан.

Прв пат историските извори споменуваат присуство на Албанци/ арвани- арбани на Македонскиот Полуостров - Балканот, во втората половина на 11 век.

Византискиот хроничар Скилица, пишувајќи за историски настани од 1078 година, прват во историјата споменува Албанци на Македонскиот Полуостров - Балканот, (ГИБИ VI, ц. 338 - 339 г.). Михаил Аталиат исто така  споменува Албанци во втората половина 11 век.

Византиската принцеза Ана Комнена ги лоцира Албанците во 11 век во областа Арбан (Северна Албанија); Ферјанчиќ, Б. Албанци у византијским изворима, Б: Илири и Албанци, Београд 1988, 287-292...

Пред втората половина на 11 век никаде не се споменува народ Албанци или било кое од другите имиња користени за овој народ на Македонскиот Полуостров -Балканот, а не се споменува и областа Арбан. Затоа Албанците, може да кажеме дека, се најдоцните колонизатори на Македонскиот Полуостров - Балканот. 

Историски пишани извори утврдуваат дека до 1280 година немало Албанци во други делови на територијата на денешна Албанија, освен во областа Арбан.

 

Продолжува

 

Македонче.

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Четврта

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКАТА

АРМИЈА

ДЕЛ 25

Пишува Наум Пејов

 

2. Поважните настани во 1949 година

 

Врз основата и поставените задачи на Петтиот Пленум на ЦК КПГ, се направија обиди да се развијат борбите во текот на 1949 година. Демократската армија требаше да ги осуети целите на непријателот, кој користејќи го опитот од 1948 година, се подготвуваше за нови офанзиви, во текот на 1949 година. И навистина, Демократската армија во текот на зимата и раната пролет 1949 година, разви широка офанзивна активност, во  цела Грција.

Во текот на месец јануари единиците на ДАГ го нападнаа и го зазедоа градот Негуш во Егејска Македонија. Нападот и заземањето на Негуш беше добар успех, и ако не можеше да биде задржан од единиците на Демократската армија. Тој напад го подигна моралот на ДАГ, а опадна кај непријателот. Од Негуш стапија во редовите на ДАГ нови борци. Тоа беше единствениот начин со кој можеше да се врши поширока мобилизација  од територијата, контролирана од непријателот. Во текот на месец јануари беше заземено и извесно време задржано, гратчето Карпениси во Румели.

Овие напади зачестија и во текот на месец февруари со нападот на Лерин. Но нападот на Лерин не само што не успеа, туку беа дадени голем број жртви од ДАГ, што претставуваше и морален удар за единиците на ДАГ, на овој терен.

Со настапувањето на пролетта 1949 година почнаа изменични напада на ДАГ и на атинскиот режим, кој постепено ја преземаа иницијативата во свои раце на тој начин што истовремено преземаа офанзива на Грамос, Источна Македонија и ја засилуваа офанзивата во Пелопонез и Тесалија. Пролетната офанзива на атинскиот режим во Грамос не успева да ги измести единиците на Демократскта армија.

Пролетта 1949 година Привремената демократска влада презеде мировна иницијатива. На 26 април печатот на ДАГ го објави на првата страница под крупни наслови апелот од Привремената демократска влада до "Генералното собрание на ООН, Светскиот конгрес на приврзениците на мирот, демократите од целиот свет". Текстот изнесен во весникот "Прос ти ники" гласеше:

"Привремената демократска влада на својата вонредна седница од 20 април 1949 година, денот кога отпочна Светскиот конгрес на приврзаниците на мирот, го објави следниот апел:

"Минаа три години од денот кога туѓите господари заедно со монархофашистички лакеи го турнаа грчкиот народ одново да ги земе пушките за да ја брани слободата и независноста, за да ги брани своите права на еден мирен живот, правото да работи за своите деца и доброто на својата татковина.

Во овие три години непријателите на мирот и демократијата ги мобилизираа сите свои сили за да го уништат нашиот народен отпор. Но нашиот народ остана непобедлив. И Грција ќе живееше денеска спокојно и мирно ако ги немаше странците, оние што го потпалуваат огинот на граѓанската војна во нашето место.

Трите години што изминаа ја турнаа Грција во уште поголем глад. Десетици илјади мажи и жени ги изгубија своите животи во овој период. Привремената демократска влада за да тури крај на оваа трагедија, многу пати предлагаше да престанат воените операции и да се постигне една демократска спогодба. Но сите тие наши предлози секој пат се одбиваа и така во нашата земја продолжува катастрофата и крвопролитието.

Ние денеска ја пруживме нашата рака на нашите противници. Треба да престане драмата на еден милион обездомени селани што се истерани од нивните домови за да мизеруваат по градовите; треба да престане трагедијата на стотина илјади голи, гладни и напуштени деца;  време е да се вратат при своите фамилии, своите домови, своите нивје, војниците кои војуваат. Доста веќе крвопролитие во Грција. Нека згасне пожарот.

За да постигнеме мир и спокојство во Грција, готови сме да направиме најголеми отстапки. Ја правиме оваа изјава иако Демократската армија на Грција останува непобедлива и му нанесува успешни удари на својот противник. Не раководат исклучиво интересите на народот во Грција и мирот.

Ви повикуваме сите вас да ни помогнете во ова дело. Готови сме да ја запреме војната веднаш кога Грција ќе  осигури можност секој да живее без страв од смртта, веднаш штом престанат масовните стрелања, штом се даде општа амнестија и се осигураат најелементарните демократски права на човекот и граѓанинот.

Во последно време официјални претставници од Атина говорат за нуждата во Грција да се одржат нови парламентарни избори. Готови сме да придонесеме за едно такво мирно демократско решение на внатрешните прашања во Грција, за да престане крвопролитието, за народот да добие спокојство, за да се зајакне светскиот мир.

Слободна Грција, 20 април 1949 година.

Привремена Демократска влада".

 

Го изнесов целиот текст на овој документ за да се согледаат сите важни моменти во него.

Грчката влада во Атина категорички одби да преговара врз база предлозите од страна на привремената демократска влада. Од предлозите атинскиот режим направи пропагандно оружје дека тоа го чинат од слабост и ги засили своите напади против Демократската армија.

Летото 1949 година силите на атинската влада, по повеќемесечните борби успееја да ги разбијат единиците на ДАГ во Пелопонез, а постепено и во Централна Грција, така што во голема мера можеа да ги конценнтрираат своите напади во Македонија, Епир и Тракија. Во јуни 1949 година нападнати беа единици на ДАГ во Пајак и Кајмакчалан и по неколкудневни тешки борби ги исфрли од нивните положаи, голем број од кои се беа повлекле на југословенска територија. По ова, своите сили ги концентрира за напад против двете главни упоришта од слободни територии - Вич и Грамос.

Подготовките за напад на слободната територија на Вич бе очигледни.

 Во една своја статија под наслов  "Во една решителна супер напнатост" објавена на 10 јуни 1949 година во печатот на ДАГ, Захаријадис меѓу другото го пишува и следното:

"На Вич се ближат големи битки. Ако монархофашизмот не сака отворено да го признае своето банкротство, тогаш е принуден да ја направи својата голема офанзива на Вич. Инаку е загубен. Ја губи војната - го губи и мирот. Во моментот кога сака да се прикаже како семоќен и победник, ќе признае дека на Вич не е способен да се измери со ДАГ.  Токму затоа е принуден да дојде на Вич, го притиска политичката, војничка и моралната нужда. Затоа, сакајќи или не, ќе ја испие горчливата чаша, што се вика Вич.

А во друга статија, пак, објавена исто во печатот на ДАГ од 6 јуни 1949 година, под наслов "На Вич непријателот нема да стапне", Захаријадис завршува со зборовите:

"Наша парола е:

Непријателот на Вич нема да стапне. На Вич ќе му ги скршиме крилата на Папагос. На Вич ќе ја направиме 1949 година решителна година на победа".

Предвидувањата на Захаријадис дека непријателот на Вич ќе нападне се обистинија, но паролата не се оствари. Вич беше нападнат и заземен. Тука не беше даден ниту посериозен отпор, а поголемите жртви од ДАГ беа  дадени при теснината меѓу Малото и Големото Преспанско Езеро, единствен пат за отстапување кон Албанија (бидејќи на војниците и цивилите им беше забрането да се повлекуваат кон Југославија. Во Југославија се беа повлекле само тие единици, кои споменатиот премин дури да отстапат, го најдоа заземен од непријателот).

Единиците на ДАГ, кои беа отстапиле од Вич, брзо беа упатени во Грамос, во очекување дека сега непријателот ќе преземе офанзива и таму. И навистина во текот на октомври непријателот презема офанзива на Грамос и ги потисна единиците на ДАГ.

Во октомври 1949 година главнината на Демократската армија се повлече во Албанија. Некои од нејзините единици од Источна Македонија и Тракија во Бугарија, а некои единици од Централна и Западна Македонија се повлекоа во Југославија уште во текот на борбите преку летото 1949 година. При крајот на 1949 година фактички во Грција останаа само мал број партизански групи од оние кои делуваа во заднина на непријателот, таканаречените групи на политичките комесари.

Така, за неполни пет години Народно-ослободителното движење во Грција претрпе втор пораз и покрај натчовечките напори на демократските сили во земјата, тешките борби на борците од ДАГ и тешките маки и страданија на илјадници интернирци и затвореници по грчките острови и затвори.

Соопштението кое по повлекувањето на единиците на Демократската армија го издаде Врховниот штаб и Привремената демократска влада, меѓу другото гласеше дека ДАГ не е победена, но се повлече само да тури крај на крвопролевањата и да придонесе земјата да крене кон мирен развиток.

Во врска со ова соопштение и исходот на граѓанската војна во Грција заслужува да се одбележи дека во Грција одамна општествените спротивности се изострени до таа мера, што наложуваат промени. До такви промени не дојде поради грубата воена интервенција на империјалистичките сили.  

Во декември 1944 година интервенираа силите на Велика Британија и ја задржаа на власт буржуаската влада која немаше никаква подршка во масите. Во текот на Граѓанската војна, кога товарот на големите издатоци со цел да се задуши герилското движење, Велика Британија не можеше да го поднесе, на сцената се појавија американските империјалисти.

Победата над ДАГ е постигната со помошта од странство и тоа во прв ред од САД. Иако Демократската армија беше натерана на повлекување, не беше совладано и демократското движење. Затоа и грчката буржуазија и солдатеска во времето кое уследи  по Граѓанската војна, тесно ќе се врзе зад колата на американскиот империјализам и ќе ги следи неговите интереси. Грција беше од оние земји, кои учествуваа во војната во Кореја на страната на САД. Со САД 1953 година е потпишана воена спогодба, според која на САД им се отстапуваат воено-поморски бази. Грција е ревносна членка на Атланскиот пакт.

Цената со која грчката буржуазија ја плати помошта од странските империјалисти е губењето секаква независност и достоинство. Грција стана орудие во рацете на странските империјалисти, пред чии груби интереси ја ништи и сопствената основа.

Грција треба  одново да се бори за својата независност, да го отфрли јаремот на империјализмот и воената диктатура.

 

Продолжува

 

 

 

Петре Мито Андреевски 1934 - 2006

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************************

ПЕТРЕ МИТО АНДРЕЕВСКИ

Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието "Разгледи". Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, а во 1983 година бил и негов претседател.

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, храватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски и т.н.т. Во два наврати 1984 и 2002 година биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.

Петре Мито Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Од неговото богато творештво, за вас ја избравме  творба, ДЕНИЦИЈА од 1968 г.

 

  • ДЕНИЦИЈА

    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да му пронајдував брзина и на каменот,
    како да ја одделував душата од телото,
    како да го палев барутот,
    на тилот од смилот и трендафилот.

  • Кога ја љубев Дениција,
    како да внесував летен воздух во воздухот
    зимен,
    како да ги откривав сите ридници на злато,
    како да добивав телефонска врска со сонот
    од сите успани работници.

    Оти ја љубев Дениција,
    како што ги отворив пролетните аптеки,
    сместени во гласот од славејот,
    како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    како што таа ми ја одземаше тежината,
    додека трчав кон неа,
    как што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додека јас умирав,
    како што и јас не знаев како би умрел,
    ако таа не се родеше.

    Петре М. Андреевски

Kind regards : 20 октомври 2017 година.

Sotir Grozdanovski broj 102

Оштра дебата за актуелните настани во македонската држава и општество и истрчувањето и недоветноста на луѓе од општествено-политичките кругови во Македонија, кои сметаат дека македонскиот народ се буљук овци за продавање.

Реакција на недоветните истрчувања на македономрзецот и големиот албано љубец и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.