ДЕЦА! УМ ВО ГЛАВИТЕ 

*****************************

Стефан Влахов-Мицов

******************

ПОЛИТИЧАРИТЕ ГИ ИЗЕДОА

МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

Пишува Стефан Влахов Мицов

************

Кога Питу Гули одел кон својата Голгота на Мечкин Камен,  на 13 август 1903 година, го пречекала жена му Евгенија со четирите дечиња со прашањето: "Кому ги оставаш децата?" - "На Македонија", остро одговорил Питу и го продолжил патот без повраток.

Заев, уште пред неколку години изјави: "Живи луѓе ќе јадиме!" И тоа веќе го прави. Го правеа и неговите предходници кога исфрлија на улица и уништија неколку стотини илјади македонски животи. Само тие тоа не го ветуваа. Заев држи до зборот - ветува и остварува: - плански  ликвидирање на Македонија преку "пријателска" окупација од Бугарија, преку двојаззичноста и кантонизацијата, преку менување на името... Ветуваа но ветуваат и од ДПМНЕ: "Нема да допуштиме разнебитување на државата, криминалец за премиер, терористи во власта" ит.н.т. Ветуваат, ама не остваруваат.

Антимакедонизмот и антидржавноста дејствуваат практично. Наводниот Македонизам и државноста се бранат вербално, преку секојдневни пресконференции и панел-дискусии, а македонскиот народ е растргнат меѓу директни убијци и наводни бранители.

Моменталните вредности на ДПМНЕ личат на една проста споредба. Обрнете внимание, со каква жестина нивните пратеници го бранат Зврлески. Прекинување на собраниските седници, вербални напади и едвај без тепачки во Собранието, споредувајќи го нивното држење за време на изборот, на терористот Џафери, за претседател на Собранието на Република Македонија, за време на потпишувањето на капитулантскиот договор со Бугарија. По се изгледа, сето тоа ќе се повтори и за време на расправите за двојазничноста, кантонизацијата и менување на името.

ЗА ЕДЕН ЧОВЕК ВОЈНА А ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА - НИШТО!

Да, ама Зврлески е главен јавен обвинител, а тоа значи дека на раководството на ДПМНЕ не му е гајле за државата и народот, туку само за нивната сопствена кожа. Македонскиот народ е пуштен низ вода и затоа локалните избори бе распишани  без проблеми за 15 октомви, договорот со Бугарија беше потписан без фанфари и проблеми, а на владината седница помина и законот за двојазичноста.

Квинслишката влада на Заев заедно со СДСМ не се плашат од ДПМНЕ. Во спротивно, никогаш немаше да ја уништуваат државата јавно и со таква брзина. Не се плашат ни од народот, зошто кај сите политичари во Македонија постој капитулантски концензус, а народот нема алтернатива на следните локални избори. Се' е предавнички! Сите сакаат да го однесат во НАТО и ЕУ и да го уништат. Но и да не гласа, градоначалници пак ќе се изберат независно од бројката гласови. Што тогаш? - бунт, востание, револуција? Со кого? - Револуционери нема, затоа што македонските политичари перманентно ги јадат и мртвите и живите. Мртвите преку глупи биографии и идиотски прослави, на кои владее партиски наместо револуционерен дух. Живите, во минатото преку затвори, а во последниве децении преку потиснување, понижување или преку партиски разврат.

Во 2001 година имавме терористичка војна против нашата држава. На некои од паднатите херои им беа подигнати споменици. А што стана со живите? Ги заборавија, ги запуштија, а Јохан Тарчуловски ја доби "функцијата"  да ја води свечената коњичка колона до Мечкин Камен. Сега, кога се одсекаде минирани, ДПМНЕ ќе го кандидира Тарчуловски за градоначалник.

Целта на владеачките партии во последните 27 години им беше да нема луѓе со бунтовен дух. Или ги смируваа партиски или ги изолираа. Ако пак такви се јавуваа во зависност од историската состојба (на пример војната во 2001 година), потоа намерно ги потиснуваа. Раководствата на партиите бараат послушна членска маса, која ја манипулираат во свој интерес и пак во свој интерес ја продаваат на САД и ЕУ. Затоа по целата партиска хиерархија на СДСМ и ДПМНЕ од горе до долу се ставени пудлици, и послушници. Затоа и сите парламентарни македонски "јаничари" се оградија од патриотите на 27 април 2017 година и на секаков начин ја спречуваа  нивната поткрепа пред судот. Затоа ги натераа своите членови да избегаат од прославата на националниот празник 2 август и да го препуштат на бугарските окупатори и албанските терористи, независно од тоа што и пред судот и пред Илинден, и на самиот Илинден, имаше разбудени Македонци кои протестираа и нивниот број ќе биде се' поголем, наспроти тортурата на партиите и медиумите.

Во македонското минато имало револуционери, а денес на место нив има функционери. Деградацијата оди по линијата револуционери - политичари - политиканти (функционери). Нема успешен политичар, кој во еден или во друг случај не бил револуционер. Во Македонија од 1991 година има смешни политичари и тие се уште посмешни, затоа што глумат револуционерни потфати и манири. Какви политичари можеа да бидат 24 годишниот Љупчо Георгиевски и 29 годишниот Црвенковски? Или пак Трајковски, Костов, Бучковски, Груевски, Димитров, Иванов, Заев? Да не зборуваме за министрите за надворешни работи како Милошовски, Попоски, Димитров. Нивното "искуство" и досега е да читаат од книгата за државата, за меѓународните односи, за македонските соседи и.т.н. Шетаат низ цел свет, ама ништо не гледаат и сваќаат. Се исто како да си пуштил пиле од инкубатор на улица. Веднаш ќе го згазат.

Минатата година, три месеци пред изборите на 11 декември, му кажав на Груевски дека резултатите нема да бидат такви, какви ги очекува. Се вознемири. Сите анкети покажувале предност за ДПМНЕ со повеќе од 100.000 гласа. Сега, два месеца пред изборите велам дека од досегашните 56 градоначалници, ДПМНЕ ако се избори за 25-30, ќе може тоа да го смета за фантастичен успех: 

Прво, од општините во Скопје, сигурна е само победата во Илинден на Жика Стојановски. Тарчуловски (ако е тој) има шанси во Кисела Вода, ДПМНЕ има шанси и во Гази Баба и Бутел. Коневски во Аеродром ќе изгуби, истото ќе се случи и во Ѓорче Петров, а секојдневните колумни на Стевче Јакимовски нема да му помогнат во Карпош. Коце Трајановски има не големи шанси и тие се поврзани со евентуална победа во првиот круг.

Второ, ДПМНЕ има шанси само таму каде што ќе успее да добие градоначалник во првиот круг. Тоа значи дека сите поголеми градови ќе бидат изгубени, заради досегашните фотељаши-феудалци. И затоа што ДПМНЕ нема да извади конкурентни кандидати. Новиот склопен состав на ИК на ДПМНЕ веќе покажа дека досегашната тенденција за вработување на партиски марионети продолжува.

Трето, избирачката активност ќе биде мала (заради немањето алтернатива), а тоа ќе биде уште еден удар врз ДПМНЕ. Денешната состојба во Македонија неме чуди, зошто гледаме повторување од 1941 година. Кај нас прилагодивите секогаш биле премногу, спремните за борба - поединци, а наводни патриоти скриени по куќите - колку сакате. Таквите денес се храбри само по социјалните мрежи, притоа анонимно работите ќе се сменат целосно  наскоро, како во 1942, 1943 и натаму.

МАКЕДОНСКАТА ПРИЛАГОДЛИВА ПСИХА МОРА ДА СЕ ИЗЛЕЧИ ИНАКУ СЕ Е' ЏАБЕ. ВЕЌЕ УПРОПАСТИВМЕ ЕДНА ГОТОВА ДРЖАВА!

 

Стефан Влахов - Мицов

**************************

Слободан Томиќ

ТРГНЕТЕ ГИ

ВАЛКАНИТЕ ПРСТИ ОД

МАКЕДОНИЈА

********

Пишува: Слободан Томиќ

Ме инспирира фејсбук - пораката на Боте Алексовска која вели:"Немање љубов кон татковината е суштинскиот проблем во нашето општество. Луѓето станаа материјалисти, ги интересираат само парите и се' што носат тие. Не ги интересираат духовните и интелектуалните вредности, вклучително и познавањето на сопствената историја, култура, уметност, патриотските чувства..."

*******

Оваа силна порака треба секој да ја вклесе на своето чело и срце, но пред се' во умот! 

Сте се запрашале воопшто: до каде води ова лудило од непочитување и не признавање на националните вредности, а пред се' на татковината Македонија? Дали Македонија е нечија лична сопственост, од која што некој сака да направи се', освен заеднички дом, или куќа,  во која ќе живееме сите заедно? Конечно, во сите овие изминати дваесет и седум години, од почетокот на "плурализмот", докажавме дека сме канибали и осветољубиви, а најмалку Македонци, во вистинаската смисла на зборот!

Македонецот се радува на добри дела и на добра иницијатива. Македонецот не мисли лошо никому; Македонецот знае да проштева и да прифати што е добро а што е лошо за него кажано, претходно, како критика! Македонецот знае, пред се', да си ги сака семејството, верата и државата! Ова свето тројство му е, над се'! Македонецот не му забива нож на својот брат и на својот близок! Македонецот гине за државата и за идеалите на македонизмот: Името, идентитетот, јазикот и се' друго што значи -МАКЕДОНИЈА!

Каде сме ние сите во сето ова? Прашувам од едноставна причина, бидејќи до досега виденото ниту "M" од македонството! Лесно е да се удираш в гради дека си Македонец, а тешко е да си го чуваш и сочуваш македонството!

Дали распродажбата на основните и светли симболи на државата ве прави моќни, недопирливи и недостижни? Не, не лажете се, доколку поверувате во овие гнасни нешта што си ги поставивте пред себе си, остварувајќи ги и реализирајќи ги најнечесните работи во штета на Македонија!

Во Македонија нема услови за плурализам или демократија. Македонија е Мека и Медина само за еднопартиски систем или малоумие, бидејќи така се снаоѓавме во минатото, кога стануваше збор за разнебитување и раскрчмување на Македонија! Затоа турите пепел врз играриите и политиката. Се' уште не сте дораснати за оваа професија и наука. Политиката не може секој да ја практикува или да се занимава со неа!

Политиката во Македонија се' уште ќе биде и ќе претставува кукла која што функционира под диктатот на кукларите или поедноставено речено, Македонија ја направивте "марионета" диригирана и раковдена од страна на мајсторите на хаосот, кои по секоја цена сакаат Македонија да ја (с) нема.

Но, во едно сум убеден, дека таквите сценарија нема да му успеат никому! Дури и на егзибиционистите кои си поигруваат со силата на зборот Македонија и македонската историја, култура, јазик и наследство!

Тргнете ги валканите прсти од Македонија!

iNFOMAX.MK, 14 август 2017 година.

Цар ДУШАН

*****************

ИНСТИТУТ ЗА

НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

************************

ДЕЛ 37

 

3. Српските завладувања во Македонија 

(од крајот на XIII - средината на XIV век)

 

Користејќи ја немоќта на реставрираната Византиска Империја да ги одржи позициите на Балканот, српскиот владател Милутин од 1282 г. фокусирал експанзионистичките походи кон Македонија, кои до 1299 г. резултирале со поместување на границата со Византија по должината на појасот Охрид-Штип-Струмица. Србија, воедно, имала најголема корист од судирите помеѓу регионалните сили на Балканот. По крупната победа над Бугарите во битката кај Велбужд 1330 година, Србија успеала да издејствува нови територијални придобивки во Македонија. Најголема експанзија Србија достигнала за време владеењето на Стефан Душан 1331-1355, кој до 1334 година успеал да ја наметне српската власт на поголем дел од Македонија и од Албанија. Политичко-религиската концепција на Душан во Македонија се засновала на придобивањето на Охридската архиепископија во напорите за консолидирање на власта. Во таа насока, Стефан Душан и' ги потврдил дотогашните права и и' доделил нови привилегии на Охридската архиепископија, а се потпрел и на локалната елита за поефикасно владеење со новите територии. 

Јакнеењето на српската држава коинцидирало со крупното востание во Солун, кое избувнало во 1342 година, иницирано од политичката групација именувана како зилоти. Тоа му овозможило на Душан до 1345 година да ја прошири власта на речиси целата територија на Македонија, без Солун. Својата доминација Душан ја заокружил со крунисувањето за цар во Скопје 1346 година, што било легитимирано  од Српската архиепископија, од Охридската архиепископија и од Бугарската патријаршија. Душан започнал да се титулира како цар на "Ромеите и Србите" и како "македонски цар", амбициозно најавувајќи ги плановите за освојување и на самиот Константинопол. Тој морал да се справува и со засилената богомилска активност во Македонија и на Балканот, чија дејност била казнено санкционирана со Душановиот законик публикуван во Скопје 1349 година.

 

4. Формирањето на независните држави на

Волкашин и Углеша

Ненадејната смрт на царот Душан 1355 година била проследена со интензивен процес на фрагментација на српската држава, поттикната и од меѓудинастичките судири. Ваквата состојба ја искористиле повеќемина феудалци за востановување на сопствена независна власт во Македонија. Како резултат на тоа, во 50-тите години од XIV век, територијата на Македонија била поделена на повеќе области, контролирани од независни феудалци.

Трендот на феудалниот сепаратизам во Македонија и антипицирањето на незадоволството кај македонското население придобиле карактер на поефективно политичко организирање, што било манифестирано со создавањето на две моќни држави во Македонија до крајот на 1365 година, раководени од браќата Јован Углеша и Волкашин.

Углеша (1365-1371) создал независна држава концентрирана на територијата јужно од седиштето во Сер, стекнувајќи деспотска титула. Волкашин (1365-1371) ја етаблирал опширната држава со седиште во Прилеп, која добила и кралска титуларна форма.Во рамките на Волкашиновото Кралство, од седиштето во Прилеп била контролирана поширока македонска територија, вклучувајќи ги градовите Битола, Преспа, Скопје и Охрид.

Волкашин се погрижил и за востановување кралска династија, прогласувајќи го својот син Марко за совладател во 1370 година. Со тенденција за натамошно утврдување и легитимирање на Кралството, Волкашин се потпрел на Охридската архиепископија, лишувајќи го пеќкиот патријарх од јуриздикцијата врз Скопската и Призренската митрополија. 

Деспотот Јован Углеша, пак, го отстранил српскиот митрополит Сава од Серската митрополија и на негово место го поставил приврзаникот за црковно помирување со Константинопол, Теодосиј; кој бил по потекло од Македонија. 

Интегрален дел од црковната политика на браќата Волкашин и Углеша било подигањето цркви и манастири, меѓу кои посебно репрезентативен е манастирот Св. Димитрија во с. Сушица, Скопско. Здружените војски на Волкашин и Углеша успешно излегувале на крај и со офанзивните планови на српскиот цар Урош V. Меѓутоа, воениот капацитет на двете држави не бил доволен за посериозно спротивставување на Османлиите, кои го започнале својот незапирлив пробив на Балканот.

 

Продолжува

Јоанис МЕТАКСАС

**************

МАКЕДОНЦИТЕ

И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

**********************

ДЕЛ 12

Пишува: Наум ПЕЈОВ

3. Кризата на буржуаското општество во текот на 1945 година

 

Со веведувањето на фашистичката диктатура на Метаксас во Грција во 1939 година, сите политички партии беа растурени. Петгодишниот период на таа диктатура, а особено периодот на окупацијата, од основа го разниша лицемерјето на буржуаските партии и нивната доверба кај широките маси. По истерувањето на окупаторот двете најголеми буржуаски партии познати од времето на парламентарните игри во Грција:

- Популистичката и Либералната - тешко можеа да се совземат. На Популистичката партија, како отворена монархистичка, со помошта на власта полесно и' појде од рака да ги прибере околу себе остатоците од Метаксовата фашистичка диктатура, соработниците на окупаторот и неофашистите. Додека Либералната се разби на неколку групи. Најголема беше онаа под раководството на Софулис, потоа следеа групата на Стилианос Гонатас и групата на водството на Софоклис Венизелос. Натаму, беше обновена Партијата  на прогресивните либерали на Кафандарис и Социјал демократската партија на Георги Папандреу. Потоа постоеа и други партии, како Национална партија на Грција на Наполеон Зрвас, Национална унионистичка партија на Панајотис Канелопулос итнт.

Во текот на 1945 година (заправо од октомври 1944 година) во Грција станаа шест промени во владите. На 18 октомври 1944 година имигрантската влада на Георги Папандреу од Каиро дојде во Грција. Во неа учествуваа и 5 министри од коалицијата на ЕАМ. На 24 октомври беше извршена реорганизација на владата, а на први декември поднесуваат оставка министрите на ЕАМ. По крвавите настани во декември, на 3 јануари 1945 година формирана е владата на Николаос Пластирас, владата што го потпиша примирјето и договорот во Варкиза. Но по неполни два месеци владата на Пластирас, која свечено се обврзуваше да ја спроведе спогодбата во Варкиза, поднесува оставка затоа што во земјата не владееше владата, ами беззаконието; дејствуваа "црностотињашите". 

На регентовото застапништво на кралот Георгиос II му беше потребна влада која најмногу ќе одговара на тогашните потреби - немилосрдно да се пресмета со демократските сили во земјата. Такво решение најдоа со формирањето на "административната влада" на поморскиот офицер Петрос Вулгарис. Владата на Петрос Вулгарис беше орган на крајната десница.. Таа и' овозможи на крајната десница да мине во општ напад против демократските организации. Од неговата владавина се "уплашија" дури и либералите и бараа други решенија.

На 11 август владата на Вулгарис претрпува извесна реорганизација, но на 17 октомври 1945 година паѓа и со владата раководи регентот, архиепископот Дамаскиност. На 1 ноември е формирана владата на Георгиос Канелопулос, која остана на власт само до 22 ноември, кога е формирана владата на Темистоклис Софулис.

Софулис беше шеф на партијата која во периодот меѓу двете светски воини    се афирмира како противмонархистичка-републиканска партија, макар што таква доследно не беше. Но, важно е дека  таа со таквата легитимација можеше да се користи благодарејќи и на оценките на раководството на КПГ, дека Либералната партија не е претставник на круната, ами на ситната буржуазија, еден дел од интелигенцијата, чиновништвото, иако на раководството на КПГ добро му беа познати следниве факти:

Прво, дека либералите и тоа под водството на Софулис во текот на политичката криза во Грција во 1935 година го изневерија договорот за парламентарната соработка меѓу КПГ и либералите и го расчистија патот за повторно воспоставување на монархијата.;

Второ, дека во 1936 година Либералната парламентарна група и тоа под водството на Софулис  и изгласаа доверба на владата на генерал Метаксас и фактички го легализираа на власта за да може да воведе фашистичка диктатура;

Трето, дека либералот Софулис одбиваше секоја изборна соработка со КПГ за спречување реставрацијата на монархијата во Грција.

Четврто, дека либералите му предлагаа на регенството да се востанови парламентот од 1936 година, во кој можеа да учествуваат и фашистите, а само неколку пратеници на КПГ.

Либералната буржуазија во Грција всушност тргна по неминовниот пат, имено: секогаш кога буржуаското општество во Грција запаѓаше во криза, во најсудбоносните моменти се определуваше против револуцијата. Лениновите мисли изнесени во неговиот труд "Поука од револуцијата" (што се однесува на првата руска револуција 1905 година), како да се пишувани и за односот на грчката буржуазија.

"Кога револуцијата стапи во одлучна борба со царот, во декемвриското востание 1905 година, либералите, сите од ред, подло ја предадоа слободата на народот, се повлекоа од борбата. Царското самодржавие го искористи предавството на народната слобода од оние што им веруваа на либералите и ги разби работниците кои го дигнаа востанието. А кога пролетеријатот беше разбиен, никакви Думи, никакви слатки зборови на кадетите, никакви нивни ветувања не го задржаа царот самодржавјето и семоќта на феудалоспахиите".

Раководството на КПГ, меѓутоа како да заборавило на овие вистини. Заборавило дека буржуазијата, па и либералите, кога се во прашање одлучни пресметувања. Затоа, не случајно либералите од петни жили ја критикуваа со своите постапки крајната десница да не предизвика отпор, револуција - она од што најмногу се плаши буржуазијата. Затоа повикуваше на "мир и ред" и ги подржуваше  паролите на КПГ и ЕАМ, само со една "ситна" разлика: во коалиционата влада да не учествува ЕАМ, туку главниот збор да го има "центарот".

Откако на стотина места со резолуции и статии се констатира дека во земјата беснее "еднострана граѓанска војна" и фактички таква владе и тоа со повеќе жртви отколку "обострана", откако се констатира дека се подготвени фалсификувани изборни списоци, доаѓањето на Софулис за шеф на владата, раководството на КПГ не го оценува како успешна маневра на Обединетата десница. Во декемврискиот број на "Комунистички преглед", во рубриката "Внатрешен преглед", откако на кратко ги опишува заткулисните игри на владата и после тоа, карактеристично пишува:"Владата на водачот на либералитег. Софулис ја има во начело подршката, согласно и на неколкукратни поранешни изјави на КПГ и целата ЕАМ на левица.

Понатаму се вели:

"Составувањето на владата на г. Софулис ќе наиде на огорчена реакција и отворна акција на монархофашистичката десница: Црниот фронт, САН, Кситосите и компанија. Целиот демократски свет, како граѓаните, така и оние што се наоѓаат во вооружените сили, имаат денес врховен национален долг со сите средства да го спречат пучот на монархофашистичката десница, слушајќи ги и следејќи ги директивите на кабинетот на Софулис".

Понатаму Резолуцијата продолжува:

"Што се однесува до владата на г. Софулис, Политбирото на ЦК КПГ изјавува дека ќе подржува секоја мерка на владата на Софулис, што ќе оди кон тоа во Грција да воспостави рамноправност, ред и мир, со крајна цел што поскоро да дојдеме до слободни избори. Политбирото на ЦК КПГ, имајќи во предвид дека навистина катастрофална е за земјаата економската ситуација, дава дополнителна изјава дека до изборите ќе ги поткрепи владините напори за економската стабилност, ако тежината се подели рамномерно т.е. ако се принудат да платат и експлоататорите што се збогатија и се богатат. Политбирото на ЦК КПГ констатира дека отстранувањето на неговото свештенство - владиката од регенството претставува суштествен елемент за внатрешниот ред и спокојство и за воспоставување на морален ред во политичкиот живот, кој толку многу опадна во времето на неговото регенство. Плитбирото на ЦК КПГ им дава директива на сите партиски организации својата работа веднаш да ја усогласат со духот на оваа резолуција..."

Сметам дека беше потребно да се дадат сите погорни извадоци од Резолуцијата на ЦК КПГ, затоа што на тој начин  најрељефно се изразува ставот на раководството на КПГ кон крајот на 1945 година. Се гледа ставот спрема кабинетот на Софулис, спрема кабинетот за време на чие владеење се одржаа изборите од 31 март 1946 година, со помошта на кои се легализира и се "озакони" беззаконието и се отвори патот кон реставрација на монархијата и повторно зацврстување на власта на контрареволуцијата во Грција.

Продолжува

Григор ПРЛИЧЕВ
1830/31 - 1893

********************

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

**************************

Григор ПРЛИЧЕВ

"СЕРДАРОТ"

Григор Прличев е роден во Охрид, во сиромашно семејство, 1838/31, а починал во 1893 година. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семејството паднала врз мајка му. Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст, од некој стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги.

Освен овие податоци, во својата "Автобиографија" Прличев го опишува и основното училиште и тогашните учители, како и доаѓањето на Димитар Миладинов за учител на кого "мед му течел од устата" кога зборувал.

Григор Прличев во 1850 година се запишал на Медицинскиот факултет во Атина, кој никогаш него завршил, но тогаш за прв пат дознал за конкурс  за поема. По 10 години се вратил во Атина, да ги заврши студиите, а всушност дошол да се пријави на конкурсот.

Со поемата "Сердарот" ("O Armatolos"), Прличев го освоил првото место - ловоровиот венец, паричната награда и бил прогласен за втор Хомер (1860 г.) Во наградата спаѓало и студирање во Берлин или Оксфорд, но таа награда можел да ја добие само ако се откажел од се' словенско во него - и тој ја одбил.

Следната година повторно се пријавил на конкурсот со поемата "Скендер Бег", но таа година, по некој случај, конкурсот не се одржал.

Григор Прличев своите последни години од животот ги поминал во родниот град Охрид, речиси сосема осамен и  разочаран.

  • "СЕРДАРОТ"

    Да, така беше тоа. Девојка, пак, тажна дома
    во собата и сама е.
    По либе таа тажи...Чија ли е таа мома
    чии клепки толку лични, се?

    Свршеницата е таа; Марија, и една надеж
    на Томе, својот татко стар.
    Тој женски ред-занаети со сновалка и даде
    и тоа беше негов дар.

    Не пристигна свршеникот си мртов да го кити
    со росен погребен букет,
    бидејќи не тажат во Река момите, па нити
    го видел тој срам овој свет!

    Пред свадбата девојките, затворени ко пилци,
    сред мечтите се носат рој.
    Нив бог ги гледа. В sидот, пак, ко вкафез птички крилца
    го кршат тие гласот свој.

    Ткаејќи, таа слушна плач. И мисла црна нејзе
    и блесна в глава како нож.
    Ко гласник на несреќата при неа Толе влезе,
    леејќи солзи како дожд.

    - "За плач е час.. Свршеникот непријател го уби
    трпејќи пораз во Стан.
    Го тажат жените, променети во црни руби,
    а плачот - железен е бран."

    И жал и мака скри девојката; и мирно седна
    пред својот нежен татко стар,
    Не заплака, а мени боја, проsирна и бледна,
    пожолтена во калибар.

    А старецот си излезе, оддалечи, мислејќи,
    за кого да ја мажи друг.
    Ој, кутриот? Тој никогаш, па и ако копнејќи,
    не ќе стисне во преград внук.

    ...Штом сама остана, шамијата ја сметна в трепет
    и пушти веднаш жален вик.
    Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел:
    го презре својот убав лик.

    И писна в плач; - "О дни во кои несреќа се лее!
    Та тажен ли е живот клет;
    од денес полн со болки, низа крвава тој ќе е
    од солзи, преполн маки сет.

    И само в гоб јас кутрата, за мојта болна душа
    ќе најдам сладок балсам...
    Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш?
    Те прашам: кај ме напушти?...

    Не ќе видам да носиш пак на коњот трофеј боен,
    да стигнеш гордо, в роден крај.
    Ни на опо, сред младите, ќе видам, либе мое,
    да блеска твојот пусат в сјај.

    О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи,
    да летнев како јунак в бој!
    И место тебе, стрела албанска пречекувајќи,
    ко заштитник да паднев твој.

    А Гегата крволочен јас, бесна ко Менада,
    би го раскинала со заб.
    Но што!...Од огнот борбен момата се плаши млада;
    нејзиниот е мускул слаб.

  • СЕДМА ПЕСНА

    Со солзи жешки, да ме чуе, молби богу пратив
    пред светиот му моќен трон.
    И може творецот на светов жив да ми те врати
    штом мојот ќе го чуе стон!

    Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек?
    Се' уште силен е Харон...
    Природните ги создал господ закони за довек
    за мене не ги мени он!

    Ќе служам јас во домот божји и во црна руба
    ќе бидам вечно тажна јас.
    Не ќе примнам друг в постела и колку да е убав,
    се дури трае мојот час.

    Со плач ќе те смилостувам. ..О слушај ме, ти можеш
    да слушаш крик мој секој пат:
    Час побргу ти сврзи ме со либето, мој боже,
    во твојот рајски светол кат!

    Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи
    - во сонот ќе ми блеснеш ти
    сред тишината, во сиот сјај што целата ме
    опи, ко оние што блесна дни.

    О сонце, колку светлина ти прскаш уште рано,
    и како лееш светол зрак!
    Штом Кузман не го чувствуваш ти згасни в океанот
    да не грееш и над нас пак!"

    Проговори...И целата покуќнина од темел
    ја претури од силен јад.
    А јадот толку растеше...Го исплака без време
    избраникот на својта град.
    ******************

    ОСМА ПЕСНА

    Крај Галичник постој ритченце малечко, свето
    врби насадено сето.
    И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи,
    кристални води леејќи.

    Светлината сончева одвај приsирнува таму.
    В сенчести гранчиња тука
    кукајца се вести штом пролет ќе наближи само,
    таговно в пресрет и кука.

    И изморен патник замислено седнува овде,
    потпрен под некоја врба.
    Слушајќи го чрчорот птичји што достига довде, целиот пролетен брбор -

    На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
    го пее ова просјак сед;
    а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
    го запишав од ред до ред.

    Григор ПРЛИЧЕВ, автор

    К Р А Ј

Kind regards : 15 август 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 89