МАКЕДОНИЈА ВЧЕРА, ДЕНЕС И ЗА СЕКОГАШ

================================

Ненад Мирчевски

ЌЕ ГИ БРОИМЕ ПРЕДАВСТВАТА ИЛИ ЌЕ

ЗАСТАНЕМЕ ПРЕД ПРЕДАВНИЦИТЕ ?

 

Под овој страотен и реално загрижувачки наслов, новинарот Ненад Мирчевски деновиве во "Република" објави својa поопширна колумна чии содржај би требало секој освестен Македонец надвор и внатре во Република Македонија да го стресе и покрене во одбрана на нашата сегашност и на нашата иднина. Нашата татковина, дедовина...Македонија е загрозена. Непријателите не се веќе надвор, тие се внатре и се множат како вон земјани и Зомби. Тие не се повеќе предавници, туку окупатори не само на власта во македонската држава, туку на Македонија. Македонија нема повеќе своја Армија, своја Полиција, свои судски, законодавни, или извршни органи врз кои Македонците и сите малцинства можат да се потпрат и да очекуваат ефективна  безбедност, а уште помалку безбедност за македонската држава, без која сме никој и ништо. 

"Заев реализира уште едно предизборно ветување - Тиранската платформа стана реалност. И уште еднаш го предаде својот народ без око да му трепне. Марионетата на Бејли ги пополнува црните страници на македонската историја со молскавична брзина, а Македонија под негова власт ги живее најопасните и најсрамните денови од своето постоење. Народот пак, збунет гледа и се прашува: како еден патолошки лажго, еден предавник успеа да ја продаде Државата? Па не е можно! Еден човек ова неможе да го направи колку да е вешт во своите лаги, а Зоран е очајно лош и провиден манипулатор кој сам себе се демантира за половина час".

Со овој параграф Ненад го започнува својот текст, но и не го завршува само тек така.

 

НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ! ЗА ОВИЕ НЕДОРАСНАТИ И НЕДОВЕТНИ КРИМИНАЛЦИ ГЛАСАВТЕ ДА НИ ЈА ВОДАТ МАКЕДОНИЈА? ДА ЈА РЕФОРМИРААТ? ПА ЕТО, ГИ ИСПОЛНУВААТ ДАДЕНИТЕ ВЕТУВАЊА!

"Зоран е доволно неинтелигентен да се нафати да биде грдото лице на предавството на македонскиот народ. Да, тој е стебло без корен и тело без душа. Без принципи и без почит кон никој и ништо. Исклучително лицемерен да лаже без мерка и неверојатно бескрупулозен за да тргува со туѓото. Безобразно сервилен пред моќниците, бесчувствителен и брутално агресивен кон послабите. Сепак, не и доволно моќен сам да продаде цел еден народ колку и да има помош од гувернаторот Бејли и "дип стејт".

..."зад него вешто се затскрива цела армија со подеднакво грди лица, како неговото, кои пет пари не даваат за Македонија и македонското. Во овј кош ставете ги слободно сите оние кои ќе го изгласаат овој закон во Собранието, сите оние кои ќе го одобрат и парафираат, сите судии и обвинители кои нема да се водат по уставот и законите за да го спречат предавството, туку ги следат наредбите на гувернаторот, сите оние кои го одобруваат со премолчување од страв или срам дека гласале на избори за нив, сите новинари и аналитичари кои од петтни жили од денес ќе го правдаат и релативизираат предавството за да ги оправдаат парите и бенефициите што ги добиваат за тоа..."

Продолжувајќи го текстот, Ненад Мирчевски кон нас се обраќа со желбата изразена преку зборовите кои обвинуаваат: "Сега би сакал да ги чујам што мислат оние кои гласаа за СДС и седеа на тоа уво дека Тиранската платформа е само во главите на вмровците, дека Зоран ги "вози" Албанците за да го урне "режимот"... дека ВМРО, ако биле вистински патриоти, и од опозиција ќе го спречеле воведувањето целосна двојазичност затоа што требало двотретинско мнозинство. Сега не само што ќе биде заобиколена опозицијата, туку законот ќе има европско знаменце, што значи било какво негово менување ќе значи итна реакција од Брисел и блокирање на интеграциите во ЕУ. Венецијанската комисија ќе има задача да го оправда пред јавноста наместо соросовите експерти кои веќе немаат никакво влијание кај огромното мнозинство, а уставниот суд пак, под притисок на гувернаторот ќе мора да премолчи уште едно газење на уставот.

И сега што правиме бе луѓе? Пак Груевски ќе биде виновен? Сега и на клада да го ставиме нема да нија олесни совеста ни нам што предупредувавме ни вам што не верувавте. Нам што не успеавме да ве убедиме, а вам затоа што не сакавте да ги отворите очите на време. Затоа што не сакавте да му верувате на Заев кој ветуваше редефинирање на државата, а му верувавте на Зоран кој тврдеше дека тоа се вмровски лаги. Затоа што за нереални ветувања, реално му дадовте можност да ја уништи државата. Сега верувале вие или не, Тиранската платформа станува реалност.

Реалност е и дека за нецела недела и Зоран и Заев потпишаа едно предавство во форма на договор со Бугарија во кое ги жртвуваа македонскиот народ, јазик и историја на "јазик согласно уставот на Македонија", а четири дена потоа, квинслишката влада што тој ја раководи соопшти дека албанскиот јазик го прогласува за официјален јазик на целата територија на државата.

Пред неколку дена се откажа од македонското културно и историско наследство во корист на Бугарија, а сега се погрижи албанското културно наследство да се најде на македонските банкноти и поштенски марки. Од куманово до Гевгелија и од Тетово до Струмица албанскиот јазик ќе биде официјален јазик во сите институции во Македонија.

Со овој закон сите табли и обележја на државните институции ќе бидат и на албански, како и улици, мостови, обележја низ цело Скопје - како во Чаир и Сарај, така и во Центар и во Карпош. Двојазчни ќе бидат и униформите на полицијата, пожарникарите, лекарите...

Празниот Мечкин Камен не му беше доволна порака на Заев дека народот е против оваа предавничка власт. Но, очигледно  е и  дека  Заев се обидува пред локалните избори да ги задоволи амбасадорите што го ставија на власт, а не народот, очекувајќи гувернерот и странските дипломати да му ја надоместат недовербата кај гласачите на локалните избори. Ова остава сомнеж дека или од нив ќе бара да му ги одложат изборите или да му ги наместат како претходниот пат. Вољата на народот повторно ќе биде исклучена. Време е да се разбудиме за да не се чудиме еден ден каде не разденило. Ако се претвориме во аморфна маса која немо ги следи предавствата на сопствена држава, ќе станеме соучесници во истите. Тогаш сите ќе станеме Зорановци. И со право. Затоа отворено ја прашувам целата јавност - уште ќе ги броиме предавствата или ќе ги сопреме предавниците?"

Очигледно и со право загрижен заради брзите настани кои ги следиме секој ден насочени кон разградување на македонската држава и македонското општество, Ненад Мирчевски го заврши својот текст,  верувајќи дека се' уште има време да ја свртиме неповолната ситуација во земјата, во наша полза. 

И јас се сложувам дека се' уште имаме време да си ја вратиме  земјата назад и да се решиме еднаш за секогаш од овој олош, ако поверуваме  во себе и нашата моќ, која не е така мала  и неважна.  

Така неважна, како би сакале некој да не прикажат со помош на домашните квислинзи и продадени души. До колку некогаш ги имале!

 

Ваш Сотир Гроздановски

Алексиј I. Комнен (1081 - 1118)

*************

ИНСТИТУТ ЗА 

НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

********************** 

ДЕЛ 36

 2. Македонија во фокусот на судирите меѓу

новите балкански сили

 

Основачот на новата византиска династија, Алексиј I Комнен 1081 - 1118, пристапил кон реорганизација на администрацијата во западен Баалкан, во чии рамки клучната позиција ја стекнала Охридската архиепископија. Идентификацијата на архиепископот Теофилакт на населението во Охрид и пошироко во Македонија како "варварска екумена" најдобро ја илустрира тенденцијата на Византија за поефективно востанување на своето политичко и црковно влијание во Македонија и пошироко на Балканот. Тоа коинцидирало и со новиот подем на богомилството, што резултирало со рапиден пораст на неговите следбеници во југозападна Македонија, како и со распространување на ова учење од Македонија во соседните балкански земји и пошироко во Византија, вклучително и меѓу аристократските кругови во Константинопол, а посредно и во земјите на западна Европа.

Византија во периодот 1081 -1085 г. била принудена да се справува со краткотрајната инвазија на Норманите на Балканот, од која била засегната и територијата на југозападна Македонија. Инволвирањето на европслите крстоносци во пресметката со Турците-Селџуци во текот на 1096 г. влијаело опустошувачки на територијата на југозападна Македонија, преку која се движеле делови од крстоносните војски. Агресивната дипломатија што следела од Византија резултирала со утврдување на позициите во северен Балкан и на Јадранското Море. Внатрешната стабилност се одразила и на засилената културна активност на Комненската династија, манифестирана со изградба на цркви низ Македонија (Солун, Охрид, Вероја, Едеса, Сер, Струмичко, Преспанско и др.).  Особено впечатлива е црквата Св. Пантелејмон во Нерези кај Скопје со репрезентативни фрески на византиската уметност. Во овој период подем забележале поголемите македонски градови, посебно Солун, Охрид и Скопје, што било проследено и со натамошниот пораст на крупните поседи. Иако византиското влијание преку Охридската архиепископија имало ограничувачки ефект врз словенската книжевна дејност во Македонија, со постепеното истиснување на глаголицата и со доминацијата и афирмацијата на кирилицата, македонската културна традиција продолжила да се развива. Тоа било манифестирано и со издиференцирањето на македонските јазични особености во книжевните ракописи од XI и XII век од кирилска провиниенција, кои се идентификуваат како македонска јазична редакција. Од XII век, наспроти традиционално во Охрид, книжевната дејност постепено почнала да се концентрира во североисточна Македонија, каде што во наредниот период се етаблирала Кратовската книжевна школа преку манастирските средишта Св. Гаврило Лесновски, Св. Јоаким Осоговски и Св. Прохор Пчински.

 

  • Св. Гаврило Лесновски

  • Св. Јоаким Осоговски

  • Св. Прохор Пчински

Династичкиот преврат во Византија од 1185 г. и утврдувањето на династијата Ангели биле проследени со ерозија на византиските позиции на Балканот и со краткотрајно губење на власта во Солун од Норманите. Византија била принудена да јапризнае новата бугарска држава, како и да јапризнае независноста на српската држава. Настаните во непосредното соседство неминовно се рефлектирале и врз Македонија. Неможноста за политичко организирање и обединување, поради концентрацијата на византиската политичка и црковна власт во Скопје, Охрид и во Солун, била заменета со појави на индивидуален политички сепаратизам во Македонија. Крупниот феудалец Добромир Хтиз во 1185 г. се осамостоил во градот Струмица и во соседната тврдина  Просек. Утврдувањето на стратегиската локација му овозможило на Хриз не само да ја оджи својата власт во незвисното кнежество туку и, користејќи ги несогласувањата во византиското императорско семејство, да ја прошири власта во Пелагонија и во Прилеп. Дури во текот на 1202 г. Византија успеала да го ликвидира независниот ентитет на Хриз и да ја реставрира власта.

Опаѓачкиот престиж на Византија се потврдил во 1204 г. кога Константинопол бил освоен од европските крстоносци. Периодот на егзистирање на Латинската Империја на местото на привремено ликвидираната Византиска Империја (1204-1261) бил одбележан со континуирани судири помеѓу новите регионални држави што биле концентрирани на Балканот. Различните амбиции и стратегиски цели на новите династии довеле до создавањето на нова посебна држава со седиште во Солун, позната како Солунско Кралство, во која била инкорпорирана територијата на Македонија. Фрагментацијата, проследена со судирите помеѓу новите латински државни ентитети, била искористена од бугарската држава,  која до 1207 г. успеала да ја преземе од Солунското Кралство територијата на поголем дел од Македонија, пробивајќи се до околината на Солун. Меѓутоа, од 1208 дошло до осетно  слабеење на Бугарија и на Солунското Кралство, што било искористено од феудалната елита за реализирање на сепаратистичките политички тенденции во Македонија. Меѓу нив биле Стрез и Алексиј Слав кои, по судирот со бугарската владеачка елита, се осамосталиле во просторот на Македонија. Користејќо ја обезбедената логистичка подршка од Србија и од локалните управници  на македонските градови, во 1208 г. Стрез ја отфрлил бугарската власт и се осамостоил во градот Просек, по што ја наметнал власта и  во Охрид. Тој воспоставил пријателски врски и со Алексиј Слав кој, во меѓувреме се осамостоил во Мелник. Умешното дипломатско маневрирање на Стрез му овозможило преку Просек да ја одржува контролата на пошироката област до 1214 г., кога бил убиен. Стрезовото кнежество било инкорпорирано во епирската држава, која до 1215 г. успеала да преземе поголем дел од Македонија.

Во такви услови, етаблирањето на власта на Алексиј Слав во Мелник и пошироката околина, за сметка на Бугарија, се должело на неговите сојузнички односи со Латинската Империја. Трансферирањето на лојалноста кон зајакнатата епирска држава по 1216 г. му овозможило на Алексиј Слав и наредните години да ја одржува независноста. Во прилог на Слав биле и амбициите на епирскиот владател Теодор Комнен Ангел за освојување на Солун, што било реализирано во 1224 г. и го означило крајот на Солунското Кралство. Теодор Комнен ја концентрирал црковната политика во Охридската архиепископија, од која го обезбедил и крунисувањето за императот 1227 г. Тоа ја потврдило истакнатата улога што ја имала Охридската архиепископија во легитимирањето на императорските тенденции и повикувањето на византиските традиции.

Последен пат Алексиј Слав изворно е регистриран во 1229 г., без податоци за неговата судбина. Териториите под негова власт биле инкорпорирани во рамките на бугарската држава, во периодот на офанзивните походи што следеле по клучната победа над епирската војска 1230 г. На крајот, сепак, својата супериорност на Балканот ја наметнала Никејската Империја која, за сметка на Бугарија, до 1246 г. успеала да ја наложи власта на поголем дел од Македонија, преземајќи го и градот Солун. Георгиј Акрополит оценува дека македонското население во овј период, во отсуство на сопствена политичка репрезентациј, единствено се грижело да го "избегнува нивното уништување и да го зачува поголемиот дел од својот имот". Тоа влијаело на лојалноста на локалната македонска елита, која се менувала во зависност од променливата воено-политичка состојба на теренот. 

По освојувањето на Константинопол 1261 г., никејскиот императот Михаил VIII Палеолог (1259 - 1282)  ги обновил византиските традиции, со што Македонија повторно била инкорпорирана во рамките на Византиската Империја.

 

Продолжува

Арис Велухиотис (Атанас Кларас) 1905 - 1945

*************

МАКЕДОНЦИТЕ

И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

**********************

ДЕЛ 11

Пишува : Наум ПЕЈОВ

 

"Оружјето не го предаваме зошто неја исполнивме светата клетва и на народот не му донесовме слобода"

(Арис Велухиотис)

 

По спогодбата во Варкиза оружјето не го предаде комесарот на ЕЛАС - првиот организатор на партизанскиот отпор во Грција - Арис Велухиотис (Атанас Кларас). Тој во еден свој говор во Лариса отворено ја осуди безобзирната терористичка политика на десницата и истакна дека "оружјето не треба да го предадеме, затоа што не ја исполнивме светата заклетва што ја дадовме пред нашиот народ да му донесеме слобода и посреќен живот". И навистина, со тој идеал и загина. Арис него предаде оружјето.

Со една група од стотина борци се одметна во планина и крена во правец на Македонија. Во април 1945 година, кога Арис дојде во Костурско, во селото Калевишта, се судри со владините единици и поради фактот што не му беше позната ситуацијата на север: Корештата - Вичо и Кајмакчалан, тој одново крена на југ, таму каде што теренот му беше познат и каде што дејствуваше за време на германската окупација. Арис сакаше да знае и за ставот на соседните комунистички партии и за таа цел премина во Албанија. Но во Албанија не беше примен од одговорните функционери, ниту беше даден јасен одговор за неговиот став.

Откако Арис разви прилична активност во реонот на Коница и Џумерка, во текот на мај и првите денови на јуни, на 10 јуни беше опколен од два баталјона на "Националната гарда" и на другиот ден, на 11 јуни 1945 година, Арис и многу од неговите блиски соработници храбро загинаа.

Се тврди дека пред да биде заробен, се самоубил.

Со уништувањето на Арис, грчката десница навистина ликуваше. Окружниот управител на Трикала го извести со следната телеграма Министерството за внатрешни работи: "Радосна вест, бандата на Арис е растурена и уништена. Од рано утро двете глави се обесени и јавно се изложени во Трикала..."

Со смртта на Арис, Грција го изгуби човекот кој навреме ги согледа последиците од капитулантската спогодба во Варкиза, човекот што ја согледа неопходноста од продолжување на востанието до крајна победа. Многу е карактеристичен фактот што раководството на ЕАМ Ариса го зеде во заштита, а раководството на КПГ го осуди. Раководството на КПГ се плашеше (она фатално плашење) за да не го обвини буржуазијата и тоа онаа најреакционерната, која беше на власт, за "екстремизам". А раководството на ЕАМ добро го процени расположението на демократските маси спрема Ариса - на новите општествени сили во земјата кои се бореа за една нова Грција. Тие нови општествени сили, пролетерите од градот, сиромасите од селото и сите оние борци на отпорот кои беа подложени на жесток прогон од контрареволуционерните сили. Тие беа убедени дека само отворена, одлучна и тоа вооружена борба, а не спогодувачката политика во тогашните услови во Грција, може да доведе до конечна победа; тие самоуверено гледаа во своите сили. Но политичката линија им ги врзуваше рацете.

Договорот во Варкиза го предвидуваше и правото на властите да ги апсат и да ги држат 6 месеци во истражен затвор сите оние кои "непосредно учествуваа во злосторствата". Со овој мотив беа апсени илјадници борци на отпорот. Со овој мотив можеше да биде уапсен и суден и Арис. Размерите на тие апсења и теророт беа зеле таков замав што протестираа дури и претставниците на "буржуаскиот-демократски центар". Ете како ја опишува таа состојба во месец јули списанието "Комунистички преглед" (месечен политичко-теоретски орган на ЦК КПГ) во своето издание од август 1945 година, во рубриката "внатрешни прегледи".

"Најважниот настан во месецот е судското гонење на ДВИЖЕЊЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ ОТПОР. Констатирано е дека 20.000 борци се држат во затвор. Исто така задржувањето во притвор повеќе од 6 месеци и покрај договорот во Варкиза, се мотивира со смешното обвинение за "грабежи" и на сите им го залепуваат тоа обвинение, бидејќи не се нагласува изрично во спогодбата во Варкиза".

Во изданието на ЦК КПГ 1952 година "Хроника на борбата" за ситуацијата во земјата по Варкиза читаме:"Декември 1945 година": "Монархофашистичка организација во целата земја. Во текот на првите девет месеци во спогодбата во Варкиза се извршени 1.000 убиства. Бројот на задржаните во притвор достигна 75.000 души, а преследуваните со судска потерница за апсење 65.000 души..."

Има ли поочигледни факти за тоа како десницата ја спроведуваше Варкиза и дали требаше да се ревидира тактиката на "исчекување", на барање "Коалициона влада" и "слободни избори"?!

Откако дојде до судрувањето во Атина во декември 1944 година меѓу ЕЛАС и десницата и како резултат на тоа беше потпишана спогодбата во Варкиза со одредбите кои таа ги содржеше, при тогашната констелација и односот на силите во Грција беше јасно дека беа одлучени условите за "мирен развиток", условите за "слободни избори" и "коалициона влада". Грчката десница ја усвои линијата на свиреп и безобзирен терор против револуционерните сили.

 

Продолжува

Григор Прличев 1830/31 - 1893

**************

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

*************************

Григор Прличев

"СЕРДАРОТ"

Григор Прличев е роден во Охрид, во сиромашно семејство, 1830/31, а починал во 1893 година. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семејството паднала врз мајка му. Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст, од некој стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги.

Освен овие податоци, во својата "Автобиографија" Прличев го опишува и основното училиште и тогашните учители, како и доаѓањето на Димитар Миладинов за учител на кого "мед му течел од устата" кога зборувал.

Григор Прличев во 1850 година се запишал на Медицинскиот факултет во Атина, кој никогаш не го завршил, но тогаш за прв пат дознал за конкурс за поема. По 10 години се вратил во Атина, да ги заврши студиите, а всушност дошол да се пријави на конкурсот.

Со поемата "Сердарот" ("O Armatolos"), Прличев го освоил првото место - ловоровиот венец, паричната награда и бил прогласен за втор Хомер (1860 г.). Во наградата спаѓало и студирање во Берлин или Оксфорд, но таа награда можел да ја добие само ако се откажел од се' словенско во него - и тој ја одбил.

Следната година повторно се пријавил на конкурсот со поемата "Скендер Бег", но таа година, по некој случај, конкурсот не се одржал.

Григор Прличев своите последни години од животот ги поминал во родниот град Охрид, речиси сосема осамен и разочаран.

 

  • "СЕРДАРОРТ"

    Јуначкото тело на Кузмана беше од рани
    лути ишарано цело,
    што беа се пробиле лесно низ ребрата збрани
    се' до внатрешните делој.

    Од крвта ненаситен, се' уште водеше битка,
    лутина гневна дишејќи;
    од раните бликаше крвта, но се' уште бритка
    мавташе сабја, беснејќи.

    Под секири дабот, што бури победувал, така
    смртно под рани се веде,
    а потоа паѓа од моќната дрварска рака,
    ама- врз дрварот беден..."

    Албанецот тоа го раскажа. Мајката која
    беше изумена сета,
    штом ова го слушна, над маката бескрајна своја
    затажи, припадна клета.

    Одненадеж народот врати со плач на плачојте
    како бран врз бран во брегот.
    Штом примолка плачот, Албанецот, пак меѓу своите,
    продолжи повтор за него.

    - "Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи
    господ во рајот го пратил;
    неизмерни сласти му нуди;
    и само плачејки душата ти му ја матиш,

    бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив
    херојски земјата мачна,
    а не како злосторник кого Темида го гони,
    фрла во јамата мрачна,

    и не како задушен од наказ, ил' прогниет, гладен,
    не како жена што потајно болест ја јаде,-
    туку од јуначки рани...

    Да, не од недостојна смрт...За насилнички дела
    отплатник беше, знаејќи
    да одмазди смртно за својата дружина цела,
    голем страв сегде ширекќи.

    Во страшна борба тој отепа не еден Гега...
    Јас ќе ти раскажам за нив,
    за нашите најарни херои кои подлегнаа сега
    сите под лутите рани:

    во борба непобедлив широкоградниот Јакуп
    којшто со подвижност лесна
    за папукот Карала беше го фатил ко кален
    на земја беше го треснал.

    Утробата сал му ја растурил...Потоа Рушит,
    сиот во позлата бојна,
    од чија што песна и свирба трепереа уши:
    опитен човек во војна.

    И Селман брадатиот, татко му кому му пратил
    поздрав, без веќе да жали,
    бидејќи за крвта на барата си беше го фатил,
    - глава му одзел на Алманах.

    И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така
    некојси кадија грешен
    врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака,
    да ја обесчест решен...

    Абдурахман, "куршум чиј наместо секогаш паѓал,
    најди му рамен во светот:
    без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал
    малечки птички во летот.

    Оловниот куршум не погоди овојпат ништо.
    Сиот избезумен, мажи
    да паѓаат виде. И падна во вечните сништа,
    остави мајка да тажи.

    Живееше тој во Малезија, каде што секој
    кога ќе тропне на врата
    наоѓаше заштита, ако на стопанот некој
    од нив му убил и брата.

    Скриениот може и султанот да му го бара,
    заплашувајќи со колеж,
    па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат
    онега помош што молел...

    И Сулејман, којшто го продал имањето сето,
    гонет од младиот порив;
    за сабја дамасклија немаше веќе на светот
    она што не би го сторил...

    И Емин, што рипна во реката Дримот та чија
    матица брзо го свлечка
    бидејќи со невооружени врази, а пијан
    некогаш беше се спречкал.

    А тогаш од водата некаков рибар што минал
    беше го спасил со сила.
    Но жицата Кузман од животот негов ја скина:
    судбата таква му била!...

    Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чија што често
    беше во секое време
    за сите отворена...Роден во планинско место
    каде што живее племе

    Од смртници смешни: веруваат во Алах и Христа,
    мешано празници слават;
    и оџа и поп на гробиштата заедно исти
    обреди свештени прават.

    Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага -
    в натпревар кога ќе збесни ластавичка беше,
    без малку да остави трага
    в правта под нозете лесни.

    Но ни малку нему помогнаа нозете, ете!
    И животворните зраци
    изгаснаа; остави вдовица млада со дете,
    малечко детенце в раце...

    И најпосле, дивиот Махмуд, кој беше во сешто
    бик меѓу стадото бесно.
    Го викавме војвода, господ...штом наумил нешто
    - веднаш го вршеше лесно.

    Нам водачи тие ни беа; без бог да ги штити
    смртта ги однесе ледна.
    Јас неможам да ти ги изредам сите, па нити,
    жено, да слушаш ти седна!

    Од крвта на стомина борци сред викови диви
    земјата прокисна меко.
    Останавме само четворица Албанци живи
    што го избегнавме секот.

    За награда ни е од Стан го донесовме син ти,
    толку нажалени сите:
    да не биде храна на птиците грабливи, нити
    плен да им стане на пците.

    Та нему му прилега погребението свето!
    Нека не разбере Неда
    јуначкото како го цени Албанецот сето!...
    ...Често од Одрин ги гледав

    зачудено Русите. Восхитен бев од синоите
    кои Елада ги даде.
    Служејќи му на Шкодралијата, каде што минав
    - гробови видов. Но каде

    да одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек,
    жено, од сина ти сакан.
    И блажени нека се твоите гради се довек
    што го охраниле така.

    За твоето млеко се покажа достојно чедо,
    венчан од славата трајна,
    и никако не го посрамоти родот ти, Недо,
    и скут на победата сјајна...

    А куќата што ќе ги чуе плачовите твои
    света ќе остане за нас.
    На твојата порта не ќе тропнат Албанци, кои
    бараат гозби и храна.

    За Гегата рајата трпеза полна ќе даде;
    рајата има, се гледа.
    Јас секогаш ќе го почитувам покривот каде
    Кузман го родила Неда

    и каде што таа поднесува голема тага.
    Пред тебе клетва ќе ветам;
    Албанецот нема да згазне на зборот и лага
    не ќе е клетвата света"!

    Со почит, пред телото мртво Кузманово, рака
    Гегите кренаа веднаш.
    Тупаница стиснаа силно; пред мртвиот вака
    клетва изрекоа една:

    - "Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја
    да не ја нажали Гега.
    И нема да позволам, еве, на зборот си стојам,
    смртник да пречи од сега".

    Се колнеа Гегите, колено чисто на тие
    Пелазги славни. А Неда
    со закован поглед в кој омраза - молња се скрие
    гледа во водачот бледа.

    Ко втрештена беше. Молчалива - риба! Но бликна
    одеднаш болката пуста.
    И тежеше в гради. Ја натера гневот, та викна
    луто мајчината уста:

    - "Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни,
    скитници, грабливи страчки?!
    Зар пак, о, разбојници, кроите некакви волни
    убиства, кражби и пљачки?

    Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака
    како ве разори, смачка?
    Ил' диво се смеете син ми што загина сакан
    мислите: час е за пљачка!

    Но и други борци ќе воскресне Река и водач
    нивни ќе излезам в гора.
    По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам...
    Јас да ве уништам морам,

    ил' мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога син ми неодмазден ке е?
    Во бојот ќе побарам смрт. Но по желба на бога
    може и трумф да грее!

    Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи;
    сили со радост ќе зберам.
    Но залудо ти ми го фалиш ко јунак, бидејќи
    враг си му нему по вера.

    Дароите на врагот се омразни. Храброста нема
    што да ја фалите вие.
    Го нејќам јас венецот никаквец што и го спрема,
    помисли други што крије.

    Расплакана Албанка, косите што си ги куби,
    фалби на Кузман му плете,
    бидејќи во оваа слава и подвиг и убил
    можеби маж или дете.

    Од кротката раја, во нашата клетва се вели,
    Гегите храна ќе зберат.
    Сал мојата куќа ќе била чествувана, нели?
    Клетви ви несе за вера!

    Со таквите клетви и зборови немој да мамиш!
    Света е куќата моја:
    со барут и железо полна е; не ќе ја срами
    Неда родината своја.

    Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни,-
    вас ќе ве дочека смело,
    со божјата помош во борба со душмани крвни
    в крв ќе запечати дело.

    Ти велев често: "Кузмане не ризикуј ти живот,
    не влегувај во бојот пак"!
    Но ти опасноста ја презре и во пресрет, диво,
    на болниот му летна знак.

    ...Но, на рамо вие го носевте сина ми довде,
    голем пат вие сте прошле...
    Знам, нечесно ќе е да почнам со играта овде,
    зашто со милост сте дошле.

    И затоа нека во верност се заколне секој,
    нека се заколне дека не ќе врши грабежи,
    се' дури постој веков,
    во намачената Река.

    Земете ја, инаку, клетвата назад и така
    денес да почнеме битка!
    Јас неможам среќна да бидам се' дури во мака
    страдниот народ се витка"!

  • ШЕСТА ПЕСНА

    Им рече...ја гледаат збунето Гегите неа:
    лик на природата сама...
    А луѓето, сите со трепет, замаени беа
    од необичната драма.

    И од како дадоа збор Арнаутите, секој
    од нив се заколна дека не ќе врши грабежи,
    се' дури постој веков,
    во намачената Река.

    Го поткрена Неда мртовецот, - тешкиот товар
    во мајчина прегратка лесен...
    Плачејќи, во бранови луѓе го гледаат ова...
    Околу патот е тесен.

    Големото портиште скрцна ко бикова рика.
    Дворот се начичка добро до народот
    и од неговата таговна вика.
    (сите пак, не ги ни собра.)

    Сред плачот се стегаше народот надвор и благо
    секој на мртвото тело
    Кузманово сакаше да у се приближи: да го
    бакне неговото чело.

    А Неда, носејќи го на раце лесниот товар,
    силно офкајќи, се качи
    по ретките високи скали, гологлава...Нова
    стихија разнесе плачој.

    На пстела таа го стави мртовецот, каде
    жена во црнина цела,
    рамнодушно чекаше. Врз глава таа му кладе
    крпа, копринена, бела.

    Ти која си, жено, што можешда стоишсред
    врело
    плачови студена тука?
    Калуѓерка таа е, Фотина, чие што челик -
    срце во градите чука.

    В гроб темен испратила мнозина Фотина клета.
    Нејната студена душа,
    гледајќи ја одблизу смртта - замрзнала сета.
    Страшниот писок го слуша,

    недостапна сала за солзи. Но, ете ја, стои
    - карпа пред јароста бурна;
    нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои
    идат од душата тмурни.

    Мртовецот таа го соблече...Крвави порој,
    лута и не една рана...
    А мајката, браздите кога ги виде, без број
    ко поулавена стана.

    Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи,
    в пот се изоблеа ладна:
    Еринија чиниш ја збрка; со глава, ко лисје нишајќи,
    таа полумртва падна.

    Надојдоа жени; од подот се кренаа тие
    нејното немоќно тело,
    и почна со студена водица некој да трие
    Недино високо чело.

    Но откако дојде на себе си кутрата Неда -
    отвори полека очи.
    Штом покрена поглед, започнаа пак да се редат
    тажачки, солзи без почин.

    А Фотина мртвиот в корито беше го клала;
    вода го потури млака
    што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку
    жив да се искапи така.

    Го искапа бабата. Кога го вршеше ова
    среде тишината темна,
    монотоно сите ги редеше маки на Јован,
    в потсмев кон сладоста земна.

    Ко лице и песната бестрасна беше, но река
    в кристално корито, чинам,
    што тече низ песок, гонејќи ја полека-лека
    жедтта на тие штот аму
    собрани беа, а само

    утехата стои пред кутрата мајка ко стена,
    болката неа ја скрши.
    Свршуваше песната...Ама опитната жена
    и со капењето сврши

    на многутажениот мртовец, херој од Река.
    И Кузмановото тело
    се провикна за да го кренат... Па видоа дека
    телото - цвет беше бело.

    А мајката прва се спушти и лесно го крена
    како од фиданка гранка.
    Му облече кошула веднага опитната жена,
    риза- пајажина танка.

    А потем, позлатени дреи што Кузман на празник
    само ги носеше голем.
    Да, така младоженец ружаат моми со разни
    обредни песни во пролет.

    Го пренесе мајката, накитен сиот во злато,
    на чардак - резбарско дело.
    Го кладоа в постела: Неда по тажачки прати,
    најарни тажачки в село.

    За тажење, досега нигде неслушнато, Неда
    најпрво знакот го даде;
    И расплете коси, над мртвото затажи чедо...
    Рацете таа ги кладе

    врз Кузман...- "Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека
    како младоженец в зора
    девојките ќе ми те облечат;
    тука ќе екнат весели, свадбени ора.

    Го украси резбар со цвеќиња таванов, - рече,-
    од младоженската стаја.
    Канејќи не бочвата сите на свадбена вечер -
    врие од виното таа.

    И' пративме дарови на свршеницата твоја;
    прстенот таа го смени.
    Ни наближи часот за венчило...Злосторна моја
    судбино, како се мени!

    Но место да чуеш ти радосна свадбена песна
    - тажачка слушаш да пекам.
    И наместо одаја брачна, ох! - јамата тесна
    бездушно тебе те чека!

    На рацете нема да залулам внуче, а ете,
    каде ме остави, каде?!
    Се изгасна родот, а друго освен тебе дете
    немам, не остана надеж.

    Го остави творецот земен со еден и родот
    на чествуваниот Раде.
    А мракот на смртта ја голтна без милост и таа
    фиданка вог што ја даде.

    На радета Стајко му беше единствено дете;
    Ти, пак, Стајковата надеж.
    Во бирките смртта на сите вам венец ви сплете
    на гради камен ми кладе.

    Та новата рана ја отвори старата; денес,
    кутра , да не бидам жива -
    над синот и мажот оплакувам одеднаш! Мене
    срцето в бол ми се свива.

    Се чуди со ужас и денес албанското племе
    што јунак татко ти беше;
    со славата побратен, сердар, тој целото време
    беше на херојство решен.

    Ги плашеше како што зајак се плаши, кој бива
    гонет од изгладнет орел...
    Тој падна во Дебарца кај што со Муча на живот
    и на смрт беше се борел!

    Ти остана детенце, утеха една во жалост,
    бујно ко фиданка в гора,
    За подвигот татков со восхит ти,
    и ако мало, сакаше јас да ти зборам.

    Штом слушаше ти за неговото убиство, твојот
    поглед плануваше а ужас;
    и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својот
    гнев - дека одмазда ружаш.

    Бегајќи од шумот на твоите врсници, често
    нешто во мисли те влече:
    во сонот ги гледаше битките, а најаве место
    играчки - имаше мечој.

    Со опашан, тежок меч често те гледав да шеташ,
    пламено нешто шепнејќи.
    За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ,
    невидлив бој ти водејќи.

    Но, откако порасна направи дела од кои
    душмански племиња в страва
    се стресоа... За тебе слушнав од душмани твои
    фалби што тебе те слават...

    Штом татко ти загина, сабјата твоја
    повторно ја прероди Река
    ко пиле што пиштела в орлови нокти, во која
    Геги ја навредил сека

    домаќинска куќа... Ти брзаш, мој сине, да земеш
    венец од лаври во крајот
    на блаженства, кај што не се знае болка и
    време, каде што таму, во рајот,

    од приказни можеш да сретнеш задоволства толку...
    Песни се нижат од гласој -
    што не ги чул досега смртник...И бескрајно, колку
    векови минат ко часој!

    Сред ливада, таму и татко и син ќе се сретат;
    таткото сина ќе гушне.
    Во борбите диви што сторила твојата чета
    од тебе тогаш ќе слушне.

    Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна,
    радосен ќе ми те баци...
    А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна
    ќе ми подадете раце..."

    Го изрече ова...Безсолзните очи од тешка
    тага ко жарови беа;
    бидејќи го пресуши изворот тагата жешка
    - немаше солзи да леат.

    Во истото време подзедоа жените болно
    тажења, в припев редејќи,
    а од надвор им пригласуваше, липаше волно
    народот збиен, плачејќи.

    И едно по друго од другите жени два хора,
    одгласувајќи ко sвона,
    за животи редеа што рекол Кузман и сторил.
    Кој ќе го раскаже она

    што жените, кога тажат над мртов, го редат?
    ...Дојдоа мајките чие
    што чеда со Кузмана паднале; потем со Неда
    Кузман го тажеа тие.

    Жалејќи го Кузмана, тие над своето блиско
    толку неизмерно плачат:
    да не стане пљаќка на птиците...А лелек и пискот
    сегде во куќата јачат.

    Но еднаш Неда истрчува горе ко елен,
    народот гневно го кори:
    - "Ој, орачи, мажи, не тажете вие! - им вели!
    слушајте што ви . се збори!

    В безполезно плачење зошто венеете така?
    Плачот остајте го еднаш!
    Кому му се нозете лесни и снагата јака
    нека биволите веднаш

    ги впрегне во коли и тргне во Стан. Та и сами
    знаете: в прашина мртви,
    десетмина јунаци лежат што смртта ги смами,
    скапи за земјава жртви!

    Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки
    нека ги истажат барем.
    Тажењето за нив е награда: оплакувајќи
    мајките ќе им ја дарат"!

    Им рече...И рипнаа четири момчиња млади;
    веднаш истрчаа спроти
    Недината куќа, та право отидоа каде
    многуимотниот Фоти.

    Од крајната сушина колите сосема лесни
    тие ги свлечкаа по нив.
    По нешто поправија и во дупчињата тесни
    катран намачкаа они.

    И впрегнаа три чивта близнаци биволи црни.
    Чесно молеиќи се богу,
    одејќи пристигнаа се' до планините стрми,
    толку надиплени многу.

    Брзајќи биволите спотнаа. Се' уште така
    крцкот се слуша по ридје.
    Ги водеше колите опитен старец што в мака
    препател многу и видел.

    Григор ПРЛИЧЕВ, автор

    Продолжува



Kind regards : 12 август 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 88

ВНИМАНИЕ!

Се' уште некој упорно настојува со валкање на моето име да му нашкоди и на "МАКЕДОНСКИ ЗБОР". Се' уште испраќа до нашите пријатели ВИДЕА со порно-материјали под името "СОТИР". Сметаите го за ВИРУС, зошто јас немам ништо заедничко со нив и други како него или нив!

Ваш Сотир Гроздановски

************

PLEASE BE AWARE OF VIDEO UNDER THE NAME OF "SOTIR" IT MIGHT BE A VIRUS! I HAVE NOTHING TO DO WITH IT! THANK YOU.

Yours, Sotir Grozdanovski