Прослава во чест на Јане Сандански.

Стојко СТОЈКОВ

 

ГРЦИЈА И БУГАРИЈА

ЗАЕДНО ПРОТИВ

МАКЕДОНЦИТЕ

*********

Стојко Стојков, претседател на ОМО Илинден-Пирин

 

Во интервјуто за Телеграф.мк, претседателот на се' уште не регистрираната организација на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, ОМО Илинден-Пирин, изјави, дека суштината на спорот меѓу Бугарија и Македонија и на договорот за добрососедство е токму непризнавањето на Македонците во Пиринска Македонија и ширум бугарската држава како посебен народ и малцинство во Бугарија. Тој понатака додава, дека третманот на Македонците во Бугарија не е билатерално прашање меѓу двете држави, туку е проблем кој произлегува од негирањето на основните човекови права на македонското малцинство во Бугарија. Стојко Стојков понатака тврди, дека Бугарија не може вечно да го игнорира ова прашање и дека полека се стеснува кругот, по што ќе мора да признаат дека во земјата живеат Македонци.

Деновиве е актуелна темата околу Комитетот на министри на Советот на Европа кој се очекува сериозно да ја примора Бугарија да ја регистрира ОМО Илинден-Пирин. Очекувате ли властите во Софија да дозволат партија на Македонците?

- Партија сега за сега не. Но се надеваме, дека наскоро ќе може да се регистрираат македонски организации. Досега не е регистрирана ниту една! Последната одлука на Комитетот на министрите е насочена во овај смер.

Кои се причините за тоа? Власта постојано повторува дека проблемот е правен, а не политички и дека вие, всушност, намерно не сакате да се регистрирате, за да имате што да зборувате во јавноста?

- Причината е проста - негирањето на македонското малцинство во Бугарија, кое е дел од поголемиот проблем на негирањето на постоењето на македонската нација. Штом малцинството не постој, не би требало да има ни македонски организации. Властите во Бугарија едноставно се трудат на сите можни  начини да ги остават Македонците во Бугарија надвор од општествениот живот и од политичките дебати. Проблемот е политички и идеолошки, а е и правен, само ако е во прашање дискриминација. ОМО Илинден-Пирин ги собра  неопходните потписи за партија, собра дури повеќе од неопходното - 6.000, но сепак не беше регистрирана. Членовите три пати беа викани во полиција и заплашувани. Дека проблемот не е во некакви потписи, се гледа несомнено и од фактот дека не се регистрираат ни организации, а за нив се потребни само 6 члена. Тоа што само во последните две-три години десет македонски организации се обиделе да се регистрираат јасно зборува, дали Македонците во Бугарија сакаат регистрација или не. Фактот што сите обиди, без исклучок, се одбиени од државата недвосмислено покажува, кој не сака да има регистрирани македонски организации.

Тешко ли е да се биде Македонец во Бугарија?

- Во Бугарија во моментов е тешко да се биде се' освен мафијаш. Но да се биде Македонец, се смета уште и за понижувачко. Да изјавиш гласно дека си Македонец е еднакво на тоа да бидеш репресиран.

Сметате ли дека постој некаков таен договор помеѓу Бугарија и Грција за третманот на македонското малцинство во овие земји?

 - Меѓу Бугарија и Грција постој тесна соработка против Македонците. Тоа се однесува не само на координирани дејствија против евроинтеграцијата на Македонија, туку и на соработка против македоснките малцинства, при што двете земји си помагаат. Го почувствувавме тоа врз свој грб. Грчките претставници секогаш ја подржуваат Бугарија во Комитетот на министрите и во други меѓународни тела против барањата на македонското малцинство за права. Пример за тоа беше и конфискувањето на предизборните материјали на "Виножито", што беше извршено од бугарските власти, кои ги задржаа додека не поминаа изборите во Грција.

Бугарија бара од Македонија да се потпише договор за добрососедство во кој една од точките е и македонското малцинство. Кое е вашето мислење за договорот?

- Бугарија инсистира Македонија да се откаже да го заштитува македонското малцинство, без притоа да преземе обврска да се откаже од заштитата на луѓето со бугарска самосвест во Македонија. Само тоа барање е признание дека Бугарија го дискриминира македонското малцинство. Но Бугарија многу се лаже во своите сметки. Положбата на Македонците во Бугарија не е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија. Нашето негирање е проблем на човековите права и како такво е фундаментално и универзално, а не билатерално и не може да се ограничи со никаков двостран договор. Бугарија неизбежно ќе се обиде да ја искористи својата надмоќна моментна позиција за да ја уцени Македонија со нерамноправен договор. Проблемот меѓу Бугарија и Македонија е токму во бугарското негирање на македонската нација и малцинство и според тоа, проблемот не е меѓу двете држави, туку е внатре во Бугарија и таму треба да се реши. Со признавањето на македонското малцинство, кон што је насочена нашата борба, може да се реши и проблемот меѓу двете земји.

 

Извор: Телеграф.мк и пулс24.мк 

Мирослав ГРЧЕВ
Универзитетски професор.

 

ДОМАШНИТЕ  СЕ ПООПАСНИ

ОД НАДВОРЕШНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

******************

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Некој ќе рече зошто ни се домашните поопасни од надворешните. Па затоа, што ни се вовлечени во сите пори на општеството и несметано работаат  против  националните интереси и безбедноста на македонската држава. Шират секакви не вистини за состојбата во земјата и без  објаснувања на причините. И тоа не само дома, ами и надвор во соседните земји, коа бајаги ја шират вистината и дека со тоа и' помагаат на Македонија "побргу" да ги оствари своите национални цели, а тоа, во овие времиња се евроатлантските интеграции, како "крајна и без алтернативна цел".

Тоа е прво, а второ и најопасно, мнозинството од тие изродници и арогантно отворени непријатели на Република Македонија се дел од македонскиот образовен и научен систем, близок до најосетливата млада популација во државата, која, во повеќето случаеви им верува, зошто со право сметаат, дека од нив им зависи и нивната иднина. Демек, од оние, кои ја "собрале целата светска мудрост", и чии секој збор се смета за вистина и треба да се следи. Доказ за овие констатации се имитациите на секакви протести и демонстрации кои се случуваат во земјите на "западната демократија", организирани од демонските сили на подземјето, олицетворени во: - шарените деструктивни револуции, уривање на се' што ни е свето и од непроценлива вредност за идентитетот, угледот и достоинството на македонскиот народ и македонската држава, преземање на власта во земјата и моделирање на државниот систем по мерка на надворешните големо корпорациски сили, како творци и координатори на поредокот за свет без нации, национални култури, традиции, со еден збор широки савани со безброј бизони без чувство на припадност, без минато и  иднина,  за слободен отстрел    и немоќ за одбрана. 

Верувам дека приказнава ви е позната, зошто се случи во нашата татковина неодамна. Актерите на сета оваа небулоза која се развива пред нашите очи се под контрола на  "македонскиот реформатор" Зоран Заев со неговата албанска коалиција, а сите заедно, марионети на силите кои ги поставија да владеат во нивна корист, вклучувајќи ги и излажените 350.000   избирачи  и учесници во дробењето на својата сопствена и едина вистинска татковина, Македонија.

По се' изгледа  дека и овој пат бевеме добро насамарени, зошто поверувавме дека времињата се променија и луѓето со нив и дека нема повеќе од кои да се плашиме за нашата безбедност. Меѓутоа, заборавивме дека интересите на истите светски играчи останаа, само нивното извршување имаше задоцнета капсула која ни експлодира пред нашите лица  со помош на СДС, за кои Македонија им е роба за продавање.  

Македонија и ова ќе го надживее, но ќе остане горчината во нашите души од чувството, што во овие предавства активно учествуваа и многу кадрови  во кои вложивме многу средства и надежи дека со нивна помош ќе се издигнеме уште повисоко и дека со олеснување ќе ги оставиме зад себе  црнилата од минатото и алчноста на нашите соседи.

Во поткрепа и на оваа моја прикаска приложувам два видеозаписи со кои ќе ни биде многу појасно кои се тие домашни предавници од македонската универзитетска заедница, заправо неколку од најгласните и најопасните "воспитувачи" на македонската млада популација, чија  интелигенција е на застрашувачко ниско ниво за да би воопшто заслужиле да бидат воспитувачи, а камо ли универзитетски професори, во македонскиот образовен систем.

Па да почнеме со прилогот на Васко Ефтов и да завршиме со прилогот на Албанците во Алјазира:

 

ВАШ СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ

Фереос РИГАС, поет 1757-1798

**************************************

КОЈ ЈА СОЗДАДЕ ГОЛЕМА ГРЦИЈА

Извор: Facebook

 

Идеја за една нова голема Грција на Балканот, во границите на некогашна Византија, се појавила уште во мислите на Ригас и била разработена од "Етеријата" (1821), врз основа на која потоа израснала грчката националистичка пропаганда во Македонија, што во определени видови живее се' до денеска. Целта била да се создаде голема Грција која ќе биде на два континенти (Европа и Азија) и пет мориња (Егејско, Јонско, Црно, Мраморно и Средоземно Море).

Грчкото востание за независност од Османската Империја започнало во март 1821 година. Грците имале голема подршка како од европските така и од балканските земји. Во востанието на страната на Османската Империја застанал Египет, а на страната на Грција застанала Франција, Велика Бротанија и Руската Империја. Голем број на доброволци од Европа пристигнале да се борат за независна Грција, меѓу кои англискиот поет Џорџ Гордон Бајрон. Грција добила независност во 1831 година, а  за нејзин владар доаѓа кралот Ото I, седумнаесетгодишен син на кралот на германската држава Баварија, Лудвиг I.

Границите на  независна Грција скоро и да не се разликувале од границите на грчките полиси од антиката. Проширувањето, во 1863 година, било изведено по доваѓањето на чело на Грција синот на данскиот крал Константин IX, Георг, кој како крал на Грција го добил името Георгис I (владател до 1913 година). Негова сопруга била принцезата Олга Константинова (1851 - 1926) од руската династија Романови.

Новиот грчки крал, Георгиос I, успева значително да ја прошири територијата на Грција како на грчки, така и на не грчки територии, според следниов редослед: 1864 година ги добила Јонските Острови од Британија; 1881 година ја добила Тесалија и мал дел од Епир од Османската Империја.

Во 1909 година на чело на грчката влада доаѓа Елефтерос Венизелос. Грција учествува во  Балканските воини. Во Првата балканска војна на страна на Бугарија, Србија и Црна Гора, а во Втората балканска војна од 1913 година, против Бугарија, кога  добива 51% од македонската територија (Егејска Македонија), Крит, острови во Егејско Море и поголемиот дел од Епир. Со ова Грција, како планинска земја, ги добила плодните полиња од северот, заедно со Солунското, што ќе придонесе за нејзиниот забрзан развој, во сите области.

После Првата светска војна, со Нејскиот договор  од 1919 година, Грција од поразената Бугарија  ја добила Западна Тракија. Со договорот во Севр, во 1920 година, поразената Турција во Првата светска војна, и' ја отстапила Источна Тракија и регионот Смирна.

Како гаранција Турција да ги почитува овие договори, Грција ја започна и Грчко-Турската војна 1920 - 1922, но била поразена и во 1923 година и' го вратила регионот Смирна и мал дел од Источна Тракија назад на Турција, во 1947 година.

Во 1947 година, во Втората светска војна поразената Италија и' ги отстапила Додеканските острови на Грција, со што настапила грчката асимилитаторска и денационализаторска политика на населението (Greek History). Истата таа политика се проширила на Македонија и нејзиното население.

Картата на Грција во 1831 година под црвената линија и денес, со сите проширувања на сметка, најповеќе, на Македонија од над 51%.

Етничкото чистење Грција го спроведувала со следните постапки: Со Конвенцијата од 1919 година со Бугарија за "доброволно" иселување на населението и тоа Македонците од Егејскиот дел на Македонија  и Бугарите од Западна Тракија во Бугарија, а Грците од Бугарија да се вратат во Грција. Ова "доброволно иселување" станало присилно, па така, 86,000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија се иселило во Бугарија. Со Лозанскиот договор меѓу Турција и Грција била задолжителна размената на населението по верска основа и тоа, Христијаните од Турција во Грција, а Муслиманите од Грција во Турција.

Со ваквата насилничка и нехумана преселба на народите на Балканот од Грција заминале за Турција 350.000 Муслимани, од кои 40,000 биле Македонци, а од Турција стасале 618.000 Грци, со кои ја колонизирале окупираната Македонија.

Во 1926 година бил донесен закон за промена на топонимите во егејскиот дел на Македонија, со што на сите села, градови, реки, езера, планини и др. им биле заменети вековните македонски имиња со грчки. Па така, Солун станал Тесалоники, Кукуш станал Килкис и т.н.т. Македонците биле, исто така, принудени да ги погрчат своите лични имиња и презимиња.

Со воведување на диктатурата на Метакса, во 1936 година, била забранета употребата на "словенскиот јазик" не само надвор, во јавниот простор и во комуникацијата со државните институции, ами и во приватниот животен простор, во семејствата на Македонците.

Потоа биле отворени вечерни училишта во кои без разлика на старосна возраст, Македонците биле принудени да го учат грчкиот јазик, за побрза асимилација и денационализација. Била воспоставена крајно нехумана и не  цивилизирана ноќна контрола на македонскиот животен простор со прислушкување на меѓусебната комуникација во македонските семејства. За комуникација со нивниот мајчин македонски јазик, "прекршителите" биле тешко казнувани. Па така, заради овие прекршоци на законите на метаксовата власт, над 5,000 Македонци биле осудени и затварани. Покрај ваквите насилства над македонскиот народ во нивната сопствена татковина, сега под грчка сурова окупација, постоеле и други не хумани мерки на присила со цел да ги биде што помалку во новата грчка "еднонационална држава". Па така,  за време на грчко-италијанската војна, голем број Македонци биле присилно мобилизирани да се борат на страната на Грција, особено во битките кај Морава, Иван Планина и другде. По поразот на ДАГ, во граѓанската војна 30,000 Македонци и многу Грци емигрирале во источните земји.

И на крајот од текстов не смееме, а да  не ги споменеме и  20,000-те Македонци, кои во таканаречената граѓанска војна ги положиле своите животи, за слободата  на Грција. 

Исправки и дополнување на фактите,

Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

Бегалци од Македонија

 

 

*******************************

ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

ДЕЛ 04

Пишува: Наум ПЕЈОВ

 

 

1. Ситуацијата по спогодбата во

    Варкиза и потезите на десницата

   (продолжение)

 

Покрај споменатиот терор на најразличните вооружени групи, почна и "легален" терор од самите органи на власта; и тој се' повеќе растеше во зависност од тоа како се ширеше и зацврстуваше самата власт од центарот кон периферијата. Така, бројот на уапсените, затворени и интернирани борци на отпорот во текот на 1945 година достигна на десетина илјади. Заедно со теророт од башибузукот и органите на власта - полицијата и војската, се поттикнаа и десничарските елементи да пристапат кон политичка консолидација на своите сили со формирање на разни организации - младински, професионални, разни сојузи и т.н.т.

Натаму, почна интензивно зајакнување на полицијата и воопшто државниот апарат со најшовинистичките елементи во земјата, припадници на бившата полиција на Метаксас и сл. Исто така се постапи и при формирањето на војската. Во прв ред целата војска беше очистена од демократски настроените офицери. Во секоја воена единица беше создадена воена полиција. При мобилизацијата се пристапуваше по системот на поединечно повикување што им овозможуваше на органите на владата да повикаат поголем број свои луѓе или неактивни односно и неопределени лица. Доколку и покрај сите овие мерки на предострожност во војската се инфилтрираа некои борбени демократски елементи, тогаш воената полиција вршеше последна чистка на тој начин, што "сомнителните елементи" ги разоружуваше и ги користеше за помошни служби или ги упатуваше во интернација на егејските острови, Макронисос и др.

Во спроведувањето на гореспоменатите мерки грчката буржуазија имаше сестрана материјална и морална поткрепа од англиските окупацски сили во земјата, а организацијата на грчката полиција и војската беше доверена на англиски офицери. Покрај тоа, во политички цели обилно се користеше помошта на УНРА, која во Грција беше далеку поголема, отколку во другите земји.

Како резултат на оваа еднострана граѓанска војна во Грција, што ја водеше грчката десница против демократските сили, во текот на 1945 година дојде до економски хаос во државата. Не беа направени ниту најосновните чекори за обнова на земјата и зголемување на производството. Единствено помошта во хранителни продукти и стока за широка потрошувачка од УНРА, служеше да се одржи опстанокот на народот.

Но, грчката буржуазија умешно манипулираше со таквата положба во земјата во своја корист, користејќи ја меѓународната ситуација - првата половина на 1945 година додека уште траеше Втората светска војна, а втората половина како период кој следи непосредно по војната, сите напори ги насочи кон експанзионистичките територијални барања; на тој план ја префрли  дури и борбата со демократските сили во земјата, обвинувајќи ги како "предавници на националните интереси".

По Втората светска војна, можеби, нема друг подрастичен пример на безосновани анексионистички апетити во  однос на своите соседи од тој на грчката буржуазија. Разгорувајќи ги во масите со десетлетија всадуваните  шовинистички настроенија во однос на соседните народи и идејата за "Мегали Елада" (Голема Грција), грчките властодршци сисестаматски ја труеја политичката атмосфера во земјата.

Доминантна политичка парола наметната од десницата беше "национални барања". Не беа ретки  случаевите да се одржуваат митинзи  и демонстрации под паролата "Тирана-Софија-Москва". Дневните весници и специјални публикации ја разработуваа темата на "националните аспирации" и ги труеја масите со анексионистички апетити. Евеја во превод насловната страна на една брошура:

"Од Георги Н. Василиу

е.е. м потпуковник на инжинеријата

Грчкиот проблем

(како го разбираат северните Грци)

Нашите национални барања

 

ПОВИК

од грчкиот народ до Конгресот на мирот

и нашите територијални барања".

 

Откако во брошурата авторот ги образложува барањата, дава табеларен преглед на "Голема Грција", на територијата и населението.

Од табеларниот преглед се гледаат барањата спрема Албанија, Југославија, Бугарија, Турција, Италија и Англија. Потоа колонии од Италија и Велика Британија во Африка и на крајот барање за присилно иселување на милион и половина "Словени" од Грција. Според мислење на овој потполковник, изнесено во брошурата, Грција од земја, која според пописот од 1940 година зафаќала површина од 129.879,8 км2, со население од 7,335.672 души и 56,5 жители на еден км2 би станала земја со површина од 1,745.413,5 км2, со население од 21,763.926 односно, 12,5 жители на еден км2.

На 28 октомври 1945 година во Солун одржан е собир, така наречен "Конгрес за националните права". На тој собир свој реферат поднесоа двајца професори - Кирајикидис и Воѓазидис, во кој се потрудија да ги образложат "историски" и "научно" грчките аспирации према соседите.

На "Конгресот за национални права"  покрај останатите, одржа говор и генерал Лумбас, кој 1946 година излезе во брошурка под наслов "Потребната стратегиска реформа на грчките граници". Лумбас, својот говор го почнува со зборовите:"Нашите граници кон север определени се со договорите во Букурешт и во Нејги и договорот во Флоренца. Определувањето се изврши без да биде земен предвид општиот принцип за обезбедувањето поволни услови за сигурност на заинтересираните страни".

Откако генералот ги образложува "потребите" од измена на границите, за "сигурни граници на Грција" предлага: "Поради тоа, граничната линија спрема Албанија, според горното, треба да оди како следува: остров Сашо, линијата која ги дели водите на реките Шкумби и Аржан до котата 1425, каде што се сретнува со споменатата погоре наша линија на сигурност спрема Албанија".

 

Продолжува

 

 

Св. Наум и Св. Климент Охридски

************************** 

 ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 29

 МАКЕДОНИЈА ЈАДРО

НА КУЛТУРНИТЕ И ДУХОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

од средината на IX до средината на X век

 

 

 

2. Дејноста на Климент и Наум

    и создавањето на

    Охридската книжевна школа

 

По прогонството од Моравија од германските свештеници, кои презеле радикални мерки за искоренување на словеската богослужба, Кирило-Методиевите ученици Климент, Наум и Ангелариј се упатиле кон Македонија. Меѓутоа, по нивното пристигнување во Белград, тие веднаш биле префрлени во Плиска, каде што биле пречекани со висока почест од бугарскиот владател Борис I (852-889). Тој, во овие исклучително образовани луѓе и искусни мисионери, видел шанса за реализирање на сопствената политика. Тоа, како и фактот што Климент бил од македонско потекло, го правеле исклучително погодна личност во плановите на Борис за консолидирање на бугарската власт во новоосвоените територии во југозападна Македонија, како и во освоениот дел од јужна Албанија. Целта на Борис била да го оневозможи византиското влијание, кое струело од главните византиски центри Тесалоника и Драч, како и поефикасно да ги интегрира македонските Словени во бугарската држава. Тоа било своевиден обид за копирање на византиската дипломатија за воспоставување превласт преку воведувањето на христијанската идеологија и низ културната асимилација на новите поданици. Итното испраќање на Климент во мисија во Македонија имплицира дека Борис се соочувал со сериозни тешкотии при консолидирањето  на власта во Македонија и дека наидувал на отпор кај елитата од поранешните кнежевства, која се противставувала на новата бугарска власт. Климент ја прифатил доверената задача но тој, како своевремено Константин-Кирил и Методиј, тргнувал од поинакви мотиви и интенции за реализирање на мисијата меѓу своите сонародници, што довело до тоа крајниот исход на неговата дејност да биде во спротивност со бугарските интереси.

Климент во 886 година официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица, чија што локација врз основа на средишните места на неговата дејност - Охрид, Девол и Главиница, може да се идентификува со територијата на југозападна Македонија и јужна Албанија, поконкретно регионот кој гравитирал околу Охридското Езеро. Новината што ја применил Климент при мисионерската дејност  во Кутмичевица била ставање приоритет на образовниот сегмент, напоредно со христијанската конверзија и воведувањето на словенската богослужба. Посветеноста на Климент во издигнувањето на образовната култура кај македонското население, проследена со неговата неуморна црковна дејност, резултиреле со создавање броен високообразовен и свештенички кадар. Климентовиот житиеписец Теофилакт Охридски ја регистрира и конкретната бројка од над 3.500 ученици, кои во Охрид се стекнале со едукативна наобразба од страна на Климент. На тој начин Климент, всушност, ја промовирал високообразовната Охридска книжевна школа, со која овој македонски град се вбројува меѓу првите универзитетски центри во Европа. Во духот на приоритетната просветителска дејност, самиот Климент составил над педесетина дела на словенски јазик. Заживувањето на културната и духовната дејност во Охрид било манифрстирано и со подигањето на манастирот Св. Пантелејмон крај Охридското Езеро. Сето тоа ги воздигнало Охрид и Македонија во средишта на словенското просветителство и христијанство.

Доследното придржување до изворната кирилометодиевската традиција од страна на Климент било одразено со употребата на глаголската азбука во писменото општење во Охридската книжевна школа. Компарацијата со напоредната тенденција на бугарскиот двор во Преслав, која се манифестирала со брзо напуштање на глаголското писмо за сметка на неговата поблиска адаптација на грчкиот унцијал, подоцна познато како кирилско писмо, јасно упатува на диференцијацијата на културолошките проекти во Македонија и во Бугарија, директно сообразени со различните потреби на населението. Културното соперништво помеѓу Охрид и Преслав мошне илустративно е прикажано во делото на анонимниот автор Црноризец Храбар "За буквите", каде што во исклучително остар полемичен тон се истапува во одбрана на глаголицата во Македонија како изворна кирилометодиевска традиција. Македонија и Бугарија ја манифестирале различноста не само во контекст на скрипторската практика, туку и во употребата на словенската лексика, што се одразило и на доследната употреба на глаголицата во книжевното творештво во Македонија, во наредните две столетија.

Пројавената тенденција во Македонија и широкиот размер на мисијата на Климент, кои резултирале со силна културна и духовна мобилизација на македонското население, биле некомпатибилни со интересите на Бугарија. Веројатно во тоа се состоел и поводот новиот бугарски владател Симеон (893-927) да нареди прекинување на мисијата на Климент во Кутмичевица, а него да го постави на нова епископска должност. На испразнетото место во Кутмичевица бил назначен Наум кој дотогаш, најверојатно, престојувал во Плиска. Климентовиот повеќегодишен епископат (893-916) најверојатно бил концентриран во Струмичката епархија, која ги опфаќала струмичко-брегалничките области, на што упатуваат и археолошките наоди. Назначувањето на Климент за словенски епископ во овој регион имало и воено-стратегиска димензија од аспект на освојувачките планови на Симеон, манифестирани со бугарскиот пробив на само 22 км од Тесалоника во почетокот на X век.

Офанзивните пробиви на Бугарите коинцидирале и со краткотрајното освојување на Тесалоника од Арабјаните во 904 година. Климентовото епископување веројатно влијаело ограничувачки на неговата образовна дејност. Културното и просветното жариште продолжило да биде концентрирано во Охрид, што ги објаснува континуираните тежненија на Климент за посета на овој македонски град и подршката на Наумовата учителска дејност. Наум, од своја страна, доследно ја продолжил Климентовата дејност, давајќи им приоритет на просветителската дејност и раководењето со Охридската книжевна школа, напоредно со развојот на црковната дејност.

Смртта на Наум (910 г.) и на Климент (916 г.) не значело и прекинување на нивното дело. Високообразовниот кадар произлезен од Охридската книжевна школа станал основа за издигнување на една нова македонска елита, која постепено започнала да пројавува активни тенденции за посебно политичко, културно и религиозно самоорганизирање во Македонија, независно од Бугарија и од Византија. Оттаму, Климентовата дејност влела нова, квалитативна димензија во процесот на заокружувањето на заедничкото идентитетско поврзување на македонските Словени и домородните Македонци, овозможено со предходната  коегзистенција и симбиоза на македонската почва. Овој процес се здобил со тенденции за независна политичка, религиозна и културна репрезентација на пошироките интереси во рамките на Македонија, како обединувачки етнички и географски именител. Оттаму, освојувачките походи на Бугарите, кои биле проследени со укинувањето на формалната самоуправа што ја уживале македонските Склавинии до средината на IX век, толерирана во извесна смисла од Византија, всушност, само дополнително ја предизвикале мобилизацијата на македонската елита за креирање посебна политичка култура. Во таа смисла, посебно иницирачки повлијаела дејноста на Климент и Наум, која придонела да се создаде ново културно и духовно интегрирано јадро на Македонците кое, освен традиционално околу Тесалоника, започнало се' повеќе да гравитира околу охридските краишта.

 

Продолжува 

 

 **********************************

ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА

 

  • ОЧИ

    Три дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка на погледот срцен
    и секоја капка на твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.

    Другарите беа и морни и гладни
    со згорени грла и свиени плеќи
    со тап бол се впија во очите ладни
    и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

    Но јас знаев оти пак ќе вивнат в жарој
    и борците под нив ќе цветат и раснат,
    в студените утра ќе греат ко сонце
    и никогаш нема да стијнат и згаснат.

    Последната вечер в планинското село,
    кај борците беа со дрипава дреа,
    со пликови жешки на стапал тешки,
    и смрштени чела - згасени, мразни
    ко нивните пушки укочени, празни,
    и нечујно, глуво, ко здушена реја
    се точеше шепот од уво до уво:
    "Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
    а ние сме малку, - сал неколку души..."

    И кога игла ти прободе уши -
    ти растресе снага и размолска тага,
    со луњени очи широки и волни
    ги расече в ноќта здивените молњи!

  • Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
    в смрзнатата вечер на пролетта рана,
    кај нашата младост и првата радост
    ја косеше луто куршумната слана,
    а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
    и летна во ноќта крвава и црна, -
    со своите очи што ригаа пламен
    ги растопи чашкум челичните зрна...

    И после! И после - во последната вечер...
    Јас нејќам да мислам што потаму стана,
    прошталниот шепот ти замрзна в усни,
    ти гореа очи под веѓите густи!
    Со нивниот пламен и со клетва света,
    на заседа тргнав сред мојата чета.

    А утринта кога зрив чела ни спраши
    ти не беше веќе в редовите наши,
    но скипеа борци со одмазда жолчна,
    и видов! о видов - кога бојот почна
    развихреа сите со твојата сила -
    ко елени брзи и лесни ко птица.

    А твоите очи се искреа гневно
    во нивните потни, распалени лица...

    Три дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка во погледот срчен,
    и секоја капка од твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.

    Ацо ШОПОВ, автор

Kind regards : 11 јули 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 80