НИЕ СМЕ МАКЕДОНКИ

НЕ СЕ ИГРАЈТЕ СО НАШИТЕ ИМИЊА

************************************** 

д-р Игор ЈАНЕВ

 

*************************************** 

БАРАЊА ОД СИТЕ РЕЛЕВАНТНИ ФАКТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЗА ПРЕКИН НА РАЗГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА И

ОТКАЖУВАЊЕ

ОД ЕВЕНТУАЛНОТО 

"ЗБРАТИМУВАЊЕ" СО БУГАРИЈА

 

"Македонски Манифест" и

"Светски  Македонски Конгрес"

===============================

 Пишува: Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

 

 

Недолго  после  11 декември 2017 година, од како завршија предвремените парламентарни избори во Република Македонија, со сила и неправда на странските фактори и непријатели од ЕУ, НАТО и другите наши "докажани стратешки партнери", устоличена е новата влада на чело со Зоран Заев и Али Ахмети.

Зоран Заев, претседател на СДС (без 'M' бидејќи народот не ја смета за македонска политичка партија туку за квислиншка групација на "шарени" Соросови платеници) и Али Ахмети, претседател на ДУИ и еден од командантите на албанските терористи собрани во така наречената ОНА, или Албанска Ослободителна Армија, која во војната од 2001 година зави во црно многу македонски мајки  и татковци.

Toj и ако  изборен губитник, со помош на надворешните фактори и албанските политички партии во Македонија, како коалициски партнери со одлучувачки статус стана победник и успеа да влезе и во Собранието и во просториите на македонската влада и да ја започне својата  платеничка улога, за туѓи интереси.

Да биде се' во согласност на времето во кое живееме, новата влада доби и свое име: "Реформска"!- што значи дека одма ќе ја реформира македонската држава, на грчки-бугарскo-албански и најверојатно и на српски начин, демек, спрема сваќањата на Заев затоа, што сме сите "еден народ", само што живееме во различни држави.  

Срамотен и за жалење е фактот што Зоран Заев, како аспирант за еден од трите највисоки државни положаи во Македонија, Владата, се послужи со лаги и измами насочени кон Птретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со цел да изнуди мандат за состав на Влада. Му донесе писмена изјава дека се одрекнува од Тиранската платформа, приложувајќи му и список од над 60 потписи од собраниски пратеници, што беше услов за давање на мандатот, но се толерираше неговото криминално однесување како предводник на "шарената револуција", едно агресивно и деструктивно соросово платеничко движење, насочено кон чинење големи материјални штети врз општествениот имот ширум градовите и селата на Македонија.

Инаку до оваа ситуација дојде откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да формира влада  заради одбивањето да подлегне на уцените и неприфатливите барања од страна на својот долгогодишен коалициски партнер ДУИ и враќањето мандатот  со надеж, дека Иванов  ќе распише нови избори и попис на населението и од таму да се крене напред, во решавање на долгата политичка криза во државата. Но тоа не се случи од се' уште недоволно јасни причини.

Мислејќи дека конечно дојде време за мир на Земјата и просперитет на народите во свои цивилизирани национални заедници и меѓусебна доверба, алчноста на старите ривали одново, како вулкан со својата немилосрдна лава, ја сотра надежта за поарно и помирно утре.

Одново над македонското небо се надвиснаа црни облаци и страв во душите на луѓето и тоа не само од надворешни опасности, туку најповеќе од домашните  предавници и безсрамни изроди. Како да не ни беа доста сите четири волци од минатото, па своето сопствено битисување доброволно, алчни за власт, моќ и пари, го засиливме со "пријателската помош" на најрадикалните Албанци, од  домашното  малцинство.

И така конечно, овој обичен лажко,  аболиран криминалец и странски платеник постана Претседател на македонската влада, а за Претседател на македонското законодавно тело, македонското Собрание,  еден од докажаните македономрзци, двоен  воен  дезертер на ЈНА и  АРМ  и  злосторник во војната од 2001 година, Талат Џафери.

И сега, со законодавната и извршната власт во рацете, лавовски подпомогнат од Европската унија, НАТО, другите  надворешни фактори и најрадикалните Албанци, господинот Заев ја започна својата квислиншка улога, со разнебитување на македонската држава, како предуслов за влез во евроатланските интеграции. Барем така мисли господинот. 

Оваа валкана и нечесна работа, набрзина беше поделен помеѓу него и Никола Димитров, министер за надворешни работи. Првиот за одрекнување од македонскиот јазик, култура и историја во полза на Бугарија, а  вториот да се погрижи за името на Македонија  во полза на Грција, а во полза на Србија, што ќе преостане од како ќе се задоволат апетите на Албанците.

И едниот и другиот, тотални аматери во суштината и важноста на одговорните должности кои со помош на своите наредбодавци ги заседнаа, одеднаш се затрчаа и на првиот камен се сопнаа. Министерот за надворешни работи се прошета до Атина, ѓоамти, да го преведе жеден преку река тамошниот министер Коsијас, па се врати назад во Скопје со свиткана опашка. Претседателот на владата, пак, Зоран Заев, се прошета до Софија да се  поклони на споменикот на цар Самуил-бугарски, верувајќи дека тој е македонскиот средновековен цар, чија статуа е на плоштадот во Скопје, а после тоа,  се впушти во една своја сопствена авантура, продавање на македонскиот народ  и потенцијално, учествувајќи во уништувањето на македонизмот  и стварање на "втора бугарска држава", не така брзо, ама постепено и за сигурно, како иронично и со кикотење се изрази, контраверзниот бугарски историчар Божидар Димитров, преку бугарската ТВ и на YouTube.

Како "круна" на Заевата предавничка работа, беше декларацијата за добрососедство со Бугарија, чија вистинска содржина се' уште на македонскиот народ не му е позната, а му послужи да го покани  бугарскиот владател, Бојко Борисов, да ја  посети Македонија на  2 август, 2017 година за заеднички да го прославеле "бугарско-македонското" востание од 1903 година, најсветлиот македонски празник Илинден, а потоа да ја потпишат и со тоа конечно Македонецот и Бугаринот да постанат едно, односно, да ни се отвори патот кон евроатланските интеграции, демек, сега како "ист" народ во две држави (бугарски). Овој "свечен" настан би требало да биде и настан на бришење на историјата за фашистичка Бугарија од македонските школски учебници, но и бугарските  злосторства за време на Втората светска војна врз Македонија и македонскиот народ. Да не се споменува, во јавноста, дека Бугарите  дојдоа  во Македонија како окупатори и убијци на македонскиот народ, арамии на националните богатства, силување на македонските жени, палење на македонските села и градови ...туку како "ослободители" и "сонародници". Е, тоа неможе да помине кај Македонците кои ги искусиле на своите кожи бугарските "доброчинителства и љубов" кои доваѓаа од "братјата и добрите соседи". 

Ех, кога би му тргнале само работите со Грција и на министерот за надворешни работи, господинот Никола Димитров, кога неговиот грчки колега ќе го посети СКОПЈЕ при крајот на август месец оваа година, ништо повеќе нема да ни фали : Македонија ќе биде во потполност  реформирана и редефинирана, а Македонците ќе бидат сместени во шатори, како подарок од меѓународната "пријателска" заедница, среде  Сахарската пустиња,  каде трошоците за дрва и ќумур ќе им бидат занемарливи.

Но сепак, спрема зборовите на Тодор Петров,  на предавниците и планетата ќе им биде тесна, кога македонскиот народ ќе тргне да си ги наплатува сметките, а историјата да оди уште подлабоко, одбивајќи да им остане должна.

А сега, и покрај толку многу зборови  сместени во текстов, не се сетивме да го запрашаме  шефот на македонската држава, господинот Ѓорге Иванов, како последна одбрамбена линија на народот и државата во која се' уште има некоја надеж и доверба, што' тој мисли за сето ова што се случува во Република Македонија и дали има некое решение пред  Зоран Заев одново да го превесла преку Вардар и се', во согласност со  македонскиот Устав.

Убаво се изнамуабетивме за плановите на Зоран Заев, Никола Димитров и целата албанска тајфа заедно со "пријателската" меѓународна заедница, како ќе не докусурат како Македонци и ќе не остават без име, без јазик, култура, историја и без држава,  неми, слепи,  глуви и како аморфна маса   пикнати во некое ќоше од ЕУ и НАТО, каде "тече" само мед и млеко и каде никој нема да не вознемирува, зошто нема да знаат кои сме, што сме и како да не викаат, а ич  при тоа, да ни текне да се запрашаме: - имаме ли ние, како народ,  поарен план од сите нив  за самоорганизирање и самозаштита? Велам дека имаме, само не го сваќаме сериозно, туку и кога гледаме дека не носат и фрлаат во амбис за да нестанеме, чекаме милост од нашите џелати. 

Деновиве ја разгледував Википедија и наидов на познато име и подолг текст, интересен за нас Македонците од сите страни сардисани, прашувајќи "кој пат води за Мориово".

Знам дека многу од вас сте  чуле за нашиот сонародник Игор Јанев, па, спомнувајќи се на зборовите од една семејна пријателка, инаку Прилепчанка, "си реков со умов", зошто не би ги споделил  сознанијата  со моите верни читатели  од Facebook? Белким и во нивните умови ќе се изродат слични или поарни идеи за нашиот заеднички спас од крволочниците кои не опкружуваат, подолго време, без да им покажеме дека и ние  имаме остри заби и бистри умови, покрај традиционалната толеранција. Па, да почнеме.

Господинот Игор ЈАНЕВ е роден 1964 година во Белград, Србија.  Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд - Харварад) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за меѓународно право и меѓународни односи, меѓу кои се ASIL и ACUNS.

Д-р Јанев е член на Њујоршката академија на науките  (NYAS). Од 2000 година бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисоката научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

 

СПОР ЗА ИМЕТО СО ГРЦИЈА

 

Во македонските историски движења познато е дека д-р Игор Јанев бил Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998 година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обединетите нации. Овој исклучителен научен придонес бил објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентирал и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012 година, кога го искажал ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија била условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Повелбата на ОН.

 

 

 

Салата на Генералното Собрание на ОН во Њу Јорк, САД

Зградата на ОН во Њу Јорк, САД.

Д-р Јанев вели дека таквите услови,  посебни во случајот со македонскиот прием, се противни на Повелбата на ОН (член 4 од овој основен документ), според Советодавното мислење на Меѓународниот суда на правда (од Хаг) од 1948 година, во кое е искажан ставот, дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948 година, како толкување на член 4 на Повелбата.

По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија, со нелегалните дополнителни услови, Игор Јанев предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајќи од Советодавното мислење на Меѓународниот суд од 1948 година и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифаќајќи ги ставовите на Меѓународниот суд од 1948 година, со просто мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948 година), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајќи ја референцата, односно деноминацијата "the former Yugoslav Republic of Macedonia").

Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден меѓу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН  до Меѓународниот суд за правда, слично како 1947 година за тоа дали се специфичните услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавно мислење на Меѓународниот суд дека условите се дополнителни, односно дека референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia" и преговорите за името се нелегални, при прифаќањето на таквото мислење од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Ставовите на Игор Јанев биле прифатени во научната периодика во светските научни списанија. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на д-р Јанев биле објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во други меѓународни списанија.

Попат да споменеме, дека нашиот сонародник, д-р Игор Јанев, не е човек кој само чекори а не остава стапалки за себе: Има објавено над 160 научни трудови, пред се' во меѓународни списанија надвор од Македонија, како и 18 книги и монографии од областите на меѓународната политика, надворешната политика и на меѓународното право и организации. Меѓу другото, Игор Јанев е и основач на Релационистичко-дијалектичка теорија, во општата Онтологија (филозофија).

Основното филозофско прашање на постоењето е идентификувано како: Одкаде се' што постој? Јанев доби соодветно решение на ова филозофско прашање со преформулацијата во формата: Одкаде се' што постој, во однос на "Ништо"? Со негација на овој парадокс, поставувајќи прашање: Во кои услови вакво прашање е нелогично? Јанев покажа дека еден од двата аспекта е нужно невозможен, односно дека полот означен како "Ништо" е невозможен. Решението е најдено во нужната релација меѓу "Ништо" и (спротивно на тоа) "Нешто", кои се во системска врска. Како што заклучил Јанев, од ова произлегува дека основната релација е по фундаментална од елементите, односно половите на било која релација.

Оваа филозофска концепција е и основа на новата релационистичка теорија на меѓународните односи, која ја застапува Игор Јанев.

После сето ова, неминовно се поставува прашањето: Зошто луѓето кои ја водат оваа држава, македонската и народот македонски, до сега не го поставија ова барање пред Обединетите Нации и ги прекинаа непотребните кафе разговори и договори со Грција, туку не влечкаат за нос толку и кусур години, освен што Претседателот на државата, Ѓорге Иваном, во својот говор на 67-то Генерално Собрание на ОН го спомна прашањето со нашето име, а без да покрене вистински чекори со цел еднаш  за секогаш да се расчисти тоа прашање со Грција, а бога ми и со другите белосветски трчајлажговци, како што препорачува д-р Игор Јанев?

Прво: Се работи ли за незнаење, а при тоа неприфаќање рака за помош од тие што знаат и се подготвени во тоа да помогнат? Или Второ: Можеби намерно се работи постепено да се реализираат историските желби за разнебитување на македонската држава и ставање крај на "македонското прашање", за секогаш?  И Трето: Се чекаше ли погоден безкичмењак да се појави во средината на македонскиот народ кој доброволно, но секако за некоја примамлива награда, да ја заврши туѓата муфлосана работа и потоа со перење рацете, да ги обвинат Македонците за самоуништувањето?

Ако е тоа така, а така е, тогаш инсталирање на македонска влада како оваа на господинот Зоран Заев и Али Ахмети, е тоа што го чекаше "Меѓународната заедница", луѓе безкичмењаци секогаш подготвени да ги реализираат демонските планови на сите наши надворешни "пријатели".

********************************

 

 

ЛОНДОНСКИ ДОГОВОР

1913

***

 

Со Лондонскиот мировен договор, потпишан на 30 мај 1913 година, звршила Првата балканска војна (1912 - 1913), но поради незадоволството помеѓу балканските сојузници, Грција, Србија и Бугарија,  од распределбата на отстапените територии од страна на Турција, набрзо започнала Втората балканска војна (1913 г.)

Лондонската конференција започнала на 16 декември 1912 година со цел потпишување на договор меѓу победничките во Првата балканска војна и поразената Турција, која со намера да задржи што поголема територија на Балканот, предложила на Македонија и Албанија да им се даде автономија под суверенитет на Турција.

Албанија на 28 декември 1912 година е призната за независна држава, а предлогот за независност на Македонија не е прифатен.

Србија и Грција уште пред војната тајно се договориле дека нема да дозволат создавање на самостојна Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните граници на Србија и Грција. И Бугарија го одбила турскиот предлог за создавање на автономна Македонија.

Бугарија и Грција ги заостриле односите уште во почетокот на Првата балканска војна, особено откако грчката војска го зазела Солун. Грција во нотите од 3 и 18 ноември 1912 година и од 22 април 1913 година, предлагала да се реши прашањето на границата. Бугарија ги отфрлила предлозите како претерани, но не дала свои противпредлози. Со потпишувањето на Лондонскиот мир на 30 мај 1913 година со Турција, односите меѓу балканските држави уште повеќе се заостриле.

Во тоа време, сојузниците ги окупирале оние територии што ги зазеле во војната против Турција. Меѓу Србија и Бугарија уште во време на војната била создадена привремена демаркациона линија: Патарица - Руен - сртот на Осоговските Планини - Злетовска река - Брегалница, до сливот на Крива Лакавица - сртот Плавуш - Дојранско Езеро. На таа линија започнало префрлувањето на бугарската војска од Тракија и истовремена концентрација на силите кон Грција.

Тоа било причина на 1 јуни 1913 година Србија и Грција да склучат договор за пријателство и одбранбен сојуз против Бугарија. Покрај тоа, Србија добила право на слободно користење на пристаништето во Солун во траење од 50 години. Истиот ден била потпишана и Воената конвенција, во која биле регулирани меѓусебните воени обврски и соработката меѓу Србија и Грција во случај на напад од Бугарија очо на некоја друга држава.

По тие настани, големите сили, со оглед на сопствените интереси кон Балканот, развиле широка дипломатска активност. Русија настојувала да го зачува Балканскиот сојуз како пречка на австро-германското продирање на Балканот, а Австро-Унгарија тежнеела да се разбие овој сојуз и ја подржувала Бугарија да не попушта во своите барања.

За да го спречи избувнувањето на нова, меѓусојузничка војна, Русија ги повикала сојузниците да го решат спорот по мирен начин и ги предупредила Србија и Бугарија на руската арбитража предвидена со Српско-бугарскиот договор. На рускиот апел двете страни одговориле условно: српската влада дека ја прифаќа арбитражата на Русија, доколку се прифати нејзиното барање за ревизија на договорот, а бугарската влада арбитражата ја прифаќала доколку се почитува договорот, односно воспоставената поделба на територијата. Со оглед на тоа дека двете влади не отстапувале од своите барања, Русија се откажала од натамошната арбитража. Со тоа го забрзала почетокот на Втората балканска војна, новата поделба на Македонија и воспоставување нови граници по пат на сила.

www.mn.mk

 

 

Цар САМУИЛ

***********************

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 31

***

СОЗДАВАЊЕТО НА СРЕДНОВЕКОВНАТА

ДРЖАВА ВО МАКЕДОНИЈА

1. Востанијата против Бугарија и Византија

и создавањето на државата

 **********

Поволниот амбиент за реализација на културните, социјалните и духовните тенденции преку создавање независен политички субјект во Македонија бил создаден по смртта на бугарскиот цар Петар (969 г.) Истата година синовите на кнезот Никола, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, кренале востание против бугарската власт, кое резултирало со создавање посебна средновековна држава во Македонија. Јадрото на новиот политички ентитет го сочинувала поранешната склавинија Берзитија, со силно гравитирање кон Охридско-преспанските области, каде што предходно биле концентрирани дејноста на Климент и Наум како и богомилското движење. По отфрлањето на бугарската власт, на поголем простор во Македонија комитопулите воспоставиле организирана воено-политичка и црковна власт, со што биле задоволени неопходните функционални елементи на новата држава. Ослабената бугарска држава, притисната истовремено од Русија и од Византија, немале капацитет да го спречи воспоставувањето и етаблирањето на новиот политички субјект во Македонија.

Комитопулите постепено ја консолидирале и ја зајакнувале власта во поголемиот дел од Македонија, наидувајќи на подршка кај македонското население.  Користејќи ја незасегнатоста на Македонија од воените дејства, коминопулите за кратко време воспоставиле стабилна административна управа, во чии рамки рамноправно раководеле со државата. При воспоставувањето на власта, комитопулите сигурно се потпирале и на македонската елита произлезена  и  од  Охридската книжевна школа. Градот Преспа, кој се наоѓал на островот Ахил во Мала Преспа, бил промовиран во престолнина на македонската држава, во која било концентрирано и средиштето на независната црква. Со тоа, за кратко време се етаблирала новата политичка и црковна елита, со што биле задоволени главните компоненти на државноста.

 

Самоилово Царство

Македонската држава ја продолжила егзистенцијата и по ликвидирањето на Бугарското Царство (971 г.) од страна на Византија, што било проследено со симнувањето на царските обележја на Борис Први. Цената за натамошното опстојување на новата македонска држава била признавањето на врховната власт на Византија во 971 г. Тоа подразбирало губење на суверенитетот, но не и на државниот субјективитет на Македонија. Евидентно, Византија се задоволила со успехот во ликвидирањето на Бугарското Царство, одложувајќи го справувањето со новата држава на коминопулите. Меѓутоа, Византија го потценила новиот политички ентитет во Македонија, кој ги црпел посебноста, моќта и опстојбата од долговековните македонски културно-историски традиции.

Воспоставените коректни односи со византискиот император Јован Цимискиј (969-976) им овозможиле на комитопулите да развиваат дипломатска активност. Двајца од комитопулите, едниот од нив веројатно Самуил, во (973 г.) присуствувале на дворот на германскиот император Отон Први во Кведлинбург, што било искористено за меѓународна афирмација на македонската држава. Значењето на ваквата дипломатска активност дошла до израз кон крајот на X век, кога во напорите за меѓународното легитимирање на државата, Самуил се потпрел на Западната римска црква.

Во услови на значителна консолидација на државата, комитопулите ја искористиле смртта на Јован Цимискиј (976 г.) за отфрлање на договорот со Византија. Новото востание, овој пат против византиската власт, било подолго време подготвувано, што резултирало со максимален ефект, односно со експресно издејствување на државна независност. Тоа било проследено  со проширување на опсегот на границите на државата до Сер и по горниот тек на реката Струма. Истата 976 г. следел и неуспешниот обид на детронизираниот бугарски цар Борис Втори и неговиот брат Роман, по бегството од византискиот двор , да ја оспорат власта на комитопулите. Борис Втори случајно загинал, додека Роман морал да се задоволи со релативно ниската политичка функција, што му ја довериле комитопулите.

 

Продолжува

 

 

 

***************

ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

ДЕЛ 06

Пишува: Наум ПЕЈОВ

( Грчките барања за територијално проширувања)

Продолжение

 

Лично верувам, дека како организаторите на "Конгресот на националните права" така и говорниците и учесниците, на него, ако кај нив останало елементарна мерка на реалност, и самите не можеа да веруваат во задоволувањето на таквите лудачки аспирации на мировните конференции, за сметка на соседите. Но она што е точно е фактот, дека се тие непоправливи шовинисти. Во Грција, каде општествената криза дојде до израз уште пред Втората светска војна и беше задушена со воведувањето на крвавата фашистичка диктатура на Метаксас од 1936 година, пламна во време на војната и окупацијата, што се изрази во Народно-ослободителната борба, а по војната го постави прашањето на патот по кој ќе тргне Грција, дали ќе избере нов, или ќе оди по стариот? Ќе победат ли новите општествени сили или ќе останат на власт старите? Како што е познато, со помошта од странската интервенција, во Грција се реставрира старата власт. Но, на неа и' беше потребно создавање на извесна основа и база во масите. А токму тоа сакаа да го создадат преку оваа пропаганда, преку пропагандата за "националните права". Сакаа да ги заведат масите со примамливи пароли за проширување на плодни територии кои и "историски" им припаѓале.

Целата 1945 година мина и во знак на одредување на времето за одржување на парламентарни избори и плебисцит за тоа, дали изборите за парламент или плебисцитот воопшто ќе се одржат и каков да биде системот на изборите. Во името на тоа, во текот на таа бескрајна анархија која владееше во целата земја, за време на владата на Вулгарис беа подготвени изборните списоци, кои всушност претставуваа нечуен и без преседан масовен фалсификат.

Откако административната влада на Вулгарис доследно ја изврши својата задача, во почетокот на 1946 година истата беше заменета со владата на водачот на Либералната партија на Темистоклес Софулис. И оваа промена не е од мало тактичко значење во смислените потези, како што ќе видиме понатаму, на грчката буржуазија во нејзините усилби со комбинација на насилство и фалсификат да ја зацврсти својата власт и пред светското јавно мислење да се претстави како "законита".

ОЦЕНИТЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА КПГ

На 25 јуни 1945 година беше одржан 12-от Пленум на ЦК КПГ. Во Резолуцијата меѓу другото може да се прочита и следново:

"Пленумот на ЦК КПГ констатира сериозно влошување на внатрешната ситуација од 11-от Пленум до денес. Владата се покажа неспособна да воспостави внатрешен ред и не ја покажа својата зрелост за денешните критични моменти. Терористите на десницата на чело со Воениот сојуз кој дејствува како помошник на олигархијата на крупната буржуазија, со смислената толеранција од владата и извесни кругови од странство и помошта на државните органи (националната гарда, жандармеријата, градската полиција) се готови да извршат фашистички пуч и да воспостават фашистичка диктатура. Подготвуваат меѓународни вооружени авантури. Имаат регистрирано десетина илјади демократски граѓани за да ги стрелаат првата ноќ на пучот.

Грција е единствена земја во Европа од таборот на победниците каде фашисти, соработници на окупаторот, квислинзи и предавници одново ја задушувуаат демократијата. Движењето на отпорот се наоѓа во жестоко прогонство. Стотици лица се убиени и се убиваат. Десетина илјади се наоѓаат во затвор. Стотици илјади се наоѓаат во прогонство. Тоа е белег на еден политички авантуризам кој управува со земјата и ја тера во внатрешни и надворешни катастрофи".

По наведената констатација, под заглавие "Спасението на народот" се вели:

"Пленумот на ЦК КПГ констатира, дека само коалициониот демократски свет во земјата, земајќи го во свои раце и управувањето со земјата, може да ја спаси ситуацијата. Политичката коалиција на партиите од ЕАМ, која го претставува поголемиот и демократски дел од народот, треба да го подигне високо и решително знамето на борбата за да ги собере сите демократски сили во една приемлива програма за заштита на Републиката и воспоставување демократски ред во нашата земја. Пленумот нагласува, дека одбивањето на бившите демократски и политички припадници за една елементарна демократска соработка и конкретните напори што чинат од одделни нивни фактори за да се разбијат единствените демократски организации, во основата претставуваат кршење на секое демократско начело и морална норма. Тоа и' користи само на реакцијата, дури и сега и дава поткрепа, мошне ја охрабри и ја направи дрска. Нагласуваме, дека истата тактика во есента 1935 година доведе до пучот и "плебисцитот" на Кондилис и до враќањето на Глизгбурк, до Метаксас, до 4 август, до предавството и капитулацијата. Истата опасност се испречува одново непосредно, како резултат од разбивањето на демократските сили, што ќе му послужат на Глигзбурк за неговото враќање".

 

Продолжува

 

 

********************************

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

Никола ВАПЦАРОВ

 

  • ЗЕМЈА

    Оваа земја, сега што ја чекорам,
    оваа земја која пролетен ветер ја буди,
    оваа земја не е моја земја,
    оваа земја простете е туѓа.

    В зори тргам.
    По фабричен друм
    безбројните рубашки минат.

    Ние сме слеани со срце,
    со ум, но земјата..за своја не ја имам.

    Над мојата земја
    напролет зраци сеат сјај
    и грмат водопади
    од сонце над роден ми крај.

    Чувствуваш длабоко
    срцето на земната град
    и гледаш цвеќа безбројни
    скокум како раснат.


  • ПИРИН ПЛАНИНА

    Над мојата земја
    в небото опира Пирин
    Облаците в бура
    илинденски прикаски пејат,
    охридскиот лазур е
    бескрајно син и ширен,
    а надолу уште
    изгрејсонце го грее.

    Си спомнам ли само -
    и ете надојдува крвта
    во срцето, кое
    се топи од некаква нежност...

    Земјо моја! Прекрасна земјо моја!
    Поена со крв,
    лулеана в тешки метежи.

    По Беласица телени мрежи

    Никола ВАПЦАРОВ
    Во Софија 1939.

Kind regards : 20 јули 2017

Sotir Grozdanovski broj 82