БОЖИДАР ДИМИТРОВ:

************************

МАКЕДОНИЈА ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА?

ТЕШКАТА ПРОВОКАЦИЈА НА БОЖИДАР ДИМИТРОВ

ЗАЕВ ЈА НАПРАВИ ВИСТИНА :

МАКЕДОНИЈА ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА

 

И дури нашите мудреци од секоја врста и од секој "интелектуален" сегмент на македонското општество го залажуваат македонскиот народ со разни славопејки и длабоки историски корени кои никој неможе да ги искорне, еден недоветен криминалец, Зоран Заев, но мораме да му признаеме дека е способен со неговата слаткоречивост и ораторство , на кое дури и Демостен може да му подзавиди, во две недели да ја продаде Македонија и не направи Бугари сите, нас македонските наивци , а македонската држава  втора бугарска држава.

Конечно, вели господинот Божидар Димитров, бугарски политичар и историчар, дека доживеал некој од Скопје да рече дека сме ние, Бугарите  и Македонците   еден ист народ и со потпишувањето на договорот за добрососедски односи на Илинден, 2 август 2017 година на "Мечкин Камен", престанува Македонизмот, а Македонија потоа  се трансформира во втора бугарска држава. (погледаите ги долните Видеа).

Нека ние наздравје мој народе!

Неверувајќи и самиот дека ќе се најде некој од Скопје кој ќе им ја предаде својата сопствена земја на тацна, овој контраверзен бугарски историчар, само недела или две пред овој "историски настан", веќе изнајде ново име за Македонија, а тоа било: "југозападна Бугарија". Ова го пренесува "новини.бг".

Понатака, овој бугарски контраверзен политичар и историчар продолжува со своите провокации и не провоциран со ништо од македонска страна, а македонскиот "faktor.mk" пренесува:

- Предлагам историска референца за имињата кои ги носела територијата на денешна Република македонија од антиката наваму. И така, во антиката Македонија источно од Вардар го носела името Пеонија, по името на племето Пеони кое живеело таму.

Во Западна Македонија живеел и друг антички народ - Илири. Се тврди дека државата им се нарекувала Илирида или Дарданија. По создавањето на бугарската држава во македонската земја во 681 година од Хан Кубер, нејзиното име беш Бугарија. Тоа често доведува до забуна за информациите кои се објавени од византиските хроничари за воени дејствија меѓу Бугарија и Византија. Тие се препишуваат на Дунавска Бугарија, иако изгледаат невозможни. Така во 688 година бугарски војници незабележано требало да тргнат од Стара Планина, да дојдат во околината на Серес и таму да ги разбијат византиските војски. Очигледно тоа е невозможно. 

По пристапувањето на оваа Втора бугарска држаа кон Дунавска Бугарија, што според македонските археолози, како проф. Иван Никулчиќ, станало во времето на Хан Крум во 812 - 813 година, а според наши археолози и историчари во времето на Хан Персивал во 837 година, овој дел на бугарските земји носел различни имиња. Во различни хроники се забележуваат имињата Долна Земја, Долна Мизија, Кутмичевица. Кога во 1018 година таа територија ја окупираат византиските војници и ја претвораат во административна област, која се нарекува тема ("тема" е област) Бугарија.

Тема Македонија исто така има и таа е во Источна Тракија, од Едрене до Константинопол. Во првите векови на османлиското владеење оваа земја продолжува да се нарекува Бугарија и од Турците и од странските автори. Крале Марко, кој е Србин, се нарекува бугарски крал, едноставно затоа што населението на државата му е бугарско.

Дури во XVIII - XIX век европските хуманисти го враќаат античкото име Македонија и на овие простори. Нејзините граници се дефинирани сосема случајно. Така, за источна граница на Македонија се прифаќа реката Места, која во Гоцеделчевската долина е широка десетина метри. Дали некој сериозно смета дека во селото на десниот брег на реката живеат Македонци, а на левиот брег, на десет метри растојание, - Бугари.

Смешно, тврди Димитров!

Ова е што го тврди само  "нашиот утрешен сонародник", а кога ќе ги слушнете небулозите на сегашните наши изроди Љубомир Фрчковски, Мирослав Грчев и некои други во видеото на Ел Џазира под наслов "Ugrožena većina"  или "Загрозено мнозинство", ќе се уверите, драги мои браќа и сестри, со какви монструми и човеколики мајмуни се среќавате по македонските улици и кафулиња.

 

  • Мирослав Грчев

  • Љубомир Фрчковски

Но, што велат мудреците од Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ) за овие работи и за многу други од витален интерес за македонскиот народ? - ништо! Тој и понатака мрсно ги плаќа,  за на крајот да биде  ефтино продаден и длабоко навреден, заедно со илјадници наши претци, кои за сигурно се вртат во гробовите и стрептат од наездата на Бугарите, Грците, Србите, Албанците. Стрептат, да не им ги сквернават и ископаат  лежиштата во земјата, за која ги дадоа своите животи.

Ваш Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

Македонија (црвена боја)

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИТЕ

ДЕЛ 26

 

3. Првите напади на Словените во Македонија

и опсадите на Тесалоника

  • Појавата на Аварите и обезбедената доминација во Панонската Низина во 60-тите години на VI век имале суштинска рефлексија на констелацијата на Балканот. Охрабрени и поттикнати од успесите на Аварите, Словените презеле нов поход во 578 година, пробивајќи се од Дунав, преку Тракија до Елада. Јован Ефески го евидентирал новиот напад на "проклетиот народ на Словените", кои од 581 година експресно ги поминале цела Елада, областа на Тесалоника и цела Тракија, потчинувајќи многу градови и тврдини, заседнувајќи на земјата "како на своја, без страв како господари".
    Континуираниот четиригодишен поход на Словените (581-584), регистриран од Јован Ефески, коинцидира со првиот словенски напад на градот Тесалоника, евидентиран во Чудата на св. Димитрија од архиепископот Јован. Како очевидец на настаните, архиепископот Јован известува за ненадејниот напад на Тесалоника, извршен од 5.000 избрани и искусни словенски војници (584 г.). Независно од неуспешниот исход на нападот, самото негово организирање укажува на сериозните планови на Словените за нивно утврдување во просторот на Македонија и пошироко на Балканаот. Иако изворите експлицитно не соопштуваат, не е исклучено од овој период да биле преземени и првите обиди за перманентно населување на групи Словени во одделни региони на Балканот, вклучително и во Македонија. Ваквите населувања, сепак, биле стихијни, без плански карактер и имале ограничен територијален опсег. По 584 година, најголем дел од Словените се вратиле во

  • домовите зад Дунав, триумфално носејќи го со себе стекнатиот богат плен.Во текот на 568 година Македонија одново била загрозена од Словените кои, овој пат здружено со Аварите,
    походот преку Дунав го насочиле директно кон Тесалоника. Архиепископот Јован од Тесалоника во првата збирка на чудата на св. Димитрија идентификува стоилјадна словенско-аварска војска, која ја опсаднала Тесалоника. Заслугата за одбивањето на седумдневната опсада од море и од копно, што се одвивала во септември 586 година, архиепископот Јован директно ја припишал на "храброста на Македонците", поттикната од св. Димитрија. Отсуството на перфектот на Илирик во Тесалоника имплицира дека одбраната се должела на самоорганизирањето на граѓаните, најверојатно под раководство на архиепископот. Ваквата состојба ја илустрира континуираната закана за градот, манифестирана и со фактот што солуњаните можеле од далечина да распознаат "одредени звуци од варварската бука". Областите околу Тесалоника, како и други делови од Македонија, несомнено биле изложени на грабежи од Аварите и од Словените при нивното повлекување кон Дунав. Археолошките наоди упатуваат на прекин на животот во одделни македонски градови кон крајот на VI век и во почетокот на VII век. Папата Григориј I во своите писма ја илустрира несигурната состојба во Македонија и во Илирик, манифестирана и преку бегството на епископите од нивните седишта.

    ***************

ТЕСАЛОНИКА - СОЛУН

4. Населувањето на Словените во Македонија и 

обидите за нивно политичко обединување

  • Византиската офанзивна кампања на Дунав во 90-те години на VI век резултирала со краткотрајно отсуство на словенски напади на Балканот. По смртта на императорот Маврикиј 602 г., настапил целосен колапс на дунавската граница. Нападите на Словените биле обновени во текот на првите години од владеењето на императорот Ираклиј (610-641), со таа разлика што тие овој пат биле мотивирани од планското и перманентно населување на освоените територии. Анонимниот автор на II збирка на Чудата на св. Димитрија во 515/516 година го регистрита новиот напад на Словените врз градот Тесалоника. Тој за првпат поименично идентификува одделни групи Словени : Драговити, Сагудати, Велегезити, Вајунити и Берзити, кои веќе биле населени во Македонија и пошироката околина на Тесалоника. Обединувањето на овие словенски племиња во сојуз предводен од кнезот Хацон за да се освои Тесалоника ја илустрира тенденцијата за нивно здружено военополитичко организирање. Сепак, sидините на градот и овој пат останале несовладливи за Словените, а граѓаните успеале да го заробат и да го ликвидираат кнезот Хацон. Анонимниот автор на Чудата ја разоткрива и епизодата во која видни личности на градот го сокривале Хацон од граѓаните. Овој сегмент ги илустрира рано воспоставената комуникација и интеракција помеѓу солуњаните и Словените од околината на градот, чии носители биле елитите од двете страни. Неуспешниот исход за нападот упатува на отсуството на соодветна стратегија за преземање на Тесалоника, но и на претпоставеното лабаво единство помеѓу словенските субјекти. Тоа било причина и за неуспехот на првиот обид за перманентно политичко обединување на Словените во просторот на Македонија, чиј што главен мотив бил преземањето на Тесалоника.

    Во втората збирка на Чудата на св. Димитрија за прв пат се споменува и интенцијата на Словените по освојувањето на Тесалоника да се ''населат во градот, носејќи ги со себе и семејствата". Ваквата констатација на анонимниот автор, кој воедно ги идентификува напаѓачите како "наши соседи Словени", имплицира дека низ изминатите години групи на Словени постепено се утврдиле на поголемиот дел од територијата на Македонија, концентрирајќи ги своите населби во пошироката околина на Тесалоника. Населените словенски територии во Македонија, покрај со поединечните племенски имиња, во византиските извори биле идентификувани со општото име "склавини". Исидор од Севилја констатира дека во овј период "Словените ја одзеле Грција" од Византија, што упатува на општата загрозеност на византиските позиции на Балканот.

    Новиот напад на Словените на Тесалоника следел во 618 година, по предходно обезбедената логистичка подршка од Аварите. Силниот отпор на солуњаните, обезбедените залихи на жито и храна, како и протокот од море, биле пресудни фактори што го предодредиле неуспехот на оваа краткотрајна словенско-аварска опсада на Тесалоника. Во 30-те години од VII век Словените презеле уште еден неуспешен обид да се пробијат во Тесалоника, користејќи го земјотресот што го погодил градот. Анонимниот автор на Чудата на св. Димитрија регистрира уште еден важен момент, укажувајќи дека "оние од споменатите Словени, кои што беа близу до нас, ги обзнануваа со песни чудата, кои се извршија од спасителот на градот и победоносецот". Тој појаснува дека во тоа време "речиси секоја година градот се собираше спокојно во храмот спасител на душите на својот покровител, откако ги спомнуваше со химни тие неискажани чуда, со радост обзнанувани и од варварите". Ваквите сведоштва посочуваат дека култот на св. Димитрија во Тесалоника започнал да продира меѓу Словените во околината на градот уште во текот на 30-те години од VII век. Култот,всушност, претставувал првобитна етапа во процесот на христијанизацијата на македонските Словени, одигрувајќи важна улога во интеракцијата помеѓу солуњаните и Словените.

    Тенденцијата за политичка и воена мобилизација на македонските Словени за освојување на Тесалоника во текот на 70-те години од VII век со сета сериозност се манифестирала со формирањето на новиот воено-политички сојуз, предводен од " кралот" (Rex) на склавинијата на Ринхините, Пребонд. Во сојузот, покрај Ринхините, учествувале и Стримонците (Струмјаните), кон кои се приклучиле и Сегудатите и Драговитите. Овој пат Словените многу поподготвено пристапиле кон планирањето на нападот врз Тесалоника, што илустрира значително повисоко ниво на политичка организираност во и помеѓу самите склавини. Тоа го алармирало солунскиот префект, кој со измама го заробил Пребонд при неговиот престој во Тесалоника. Претходното слободно движење на Пребонд во Тесалоника потврдува дека во изминатиот период била воспоставена мирна коегзистенција и интеракција

  • помеѓу елитите во Тесалоника и во склавините.
    Потврда за тоа е петицијата од претставниците на словенските и од солунските водечки луѓе до императорот Константин IV (668-685) за ослободување на Пребонд.
    Прифатените директни преговори помеѓу императорот и словенските лидери воедно ја илустрираат сериозноста со која византискиот двор му пристапувал на политичкото организирање на Словените во Македонија. Тоа го потврдува и општиот аларм во Византија, настанат по двете последователни бегства на Пребонд од заточеништво, по што следела и неговата ликвидација. Ваквата постапка на Византија го предизвикала гневот на сојузените склавинии, кои на 25 јули 677 година извршиле опсежен напад на Тесалоника од море и од копно. Овој пат Словените биле воено-стратегиски многу попоготвени, располагајќи и со сопствено направени опсадни справи. Меѓутоа, пројавеното неединство во самиот сојуз, манифестирано и со повлекувањето на Струмјаните непосредно пред нападот, како и обезббедените испораки на жито од Велегезите во Тесалија, се одразило на неуспехот и на овој последен, изворно регистриран, обид на Словените за освојување на Тесалоника..

    Силната мобилизација на македонските Словени и политичките цели изразени преку сојузувањето за освојување на Тесалоника, со евидентна тендеција за оформување единствен политички и државен субјект во Македонија, ја навел Византија на неодложна воена интервенција. Успешната кампања на византискиот император Константин IV против склавиниите во јужна Македонија (678 г.) резултирала со стабилизирање на контролата на Византија над страгегиски важната патна комуникација Виа Егнатија. Индикатор за тоа е присуството на солунскиот архиепископ, заедно со епископите на Стоби, Едеса, Амфипол и Филипи на Шестиот вселенски собир во Константинопол (680/681 г.).

    Византија во исто време се соочила со нова опасност од Бугарите кои, преминувајќи го Дунав навлегле и се утврдиле во просторот на Тракија. Формирањето на новата бугарска држава, која Византија била принудена да ја признае во 681 година, значително ја променило констелацијата на Балканот. Тоа ја принудило Византија на уште позасилен ангажман во утврдувањето на позициите во Македонија што, пак, ја усложнувало реализацијата на тенденциите да се оформи единствен независен политички субјект на македонската територија. Во текот на 680 година следел и краткотрајниот упад во Македонија од групата предводена од Бугаринот Кувер, нарекувана Сермесијани, која ја отфрлила подреденоста на Аварите и навлегла до "Керамиското поле" (веројатно во Пелагонија). Доделувањето титули на Кувер и на неговиот соработник Мавро, како и помошта во храна од Драговитите по барање на императорорт, ја рефлектира тенденцијата на византискиот двор, преку различни механизми, да се справи со проблемот во Македонија. Амбицијата на Кувер и на Мавро за преземање на градот Тесалоника, која не се реализирала поради византиската интервенција, ја покажала ризичноста на стратегијата што Византија била приморана да ја применува во немоќ за реставрирање на власта во Македонија. Во секој случај, македонските склавини го задржале своето политичко организирање, еден дел од нив како независни, а друг дел со формален суверенитет на Византија.

    Новиот византиски император Јустинијан II (685-695; 705-711) во текот на 687/688 г. директно го насочил походот кон Македонија, кој резултирал со пробив до самиот град Тесалоника. Кампањата завршила со трансферирање на околу 30.000 заробени Словени во Мала Азија. Намалувањето на бројноста на Словените во регионот источно од Тесалоника овозможило извесна стабилизација на позициите на Византија во вој дел од Македонија. Стратегиското значење на овој регион се потврдило во текот на 688/689 година, кога Јустинијан II наредил да се утврдат планинските приоди и клисури по должината на реката Стримон (Струма). Константин Порфирогенит, кој ја регистрира ваквата мерка на Јустинијан II, посочува дека "наместо Македонци", во планините на Струма и околу приодите на клисурите биле населени "Скити". најверојатно Словени. Византија, евидентно, тргнувала од намерата да воспостави цврста контрола во Македонија, по должината на реката Струма, која била третирана како своевидна "црвена линија" со бугарската држава. Ваквата мерка создала основа за формирање на воено-управната единица - Стримонската Клисура, а подоцна и на истоимена тема. Неспорната идентификација на античките Македонци во територијата на Македонија од Константин Порфирогенит и населувањето Словени на нивно место кај реката Струма воедно укажуваат дека политиката divide et imperi била активно применувана од Византија спрема македонските склавинии и Македонците.

    Продолжува

Тихомир КАРАНФИЛОВ

КОНТРАВЕРЗНА ТЕОРИЈА ЗА

ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ

Пишува во "Македонска Нација"

Тихомир Каранфилов

*************

 

Петтиот и шестиот век од нашата ера, официјалната светска историја го третира како време кога навлегуваат освојувачите или како време на "Големата преселба на народите". Поставувајќи ја тезата за Големата преселба на народите, како историска догма која не смее да се менува, историчарите на Западната цивилизација, иако свесни за контраверзните податоци со кои располагаат, арогантно ги отфрлаат најновите археолошки и лингвистички откритија, иако даваат ново светло на овој период.

Во историјата на човештвото-Големите цивилизации на средниот век, издадена во седумдесеттите години, француските историчари под раководство на Gaston Wiet, опишувајќи го периодот на "Големата преселба на народите", ќе наведат дека густа магла го обвиткува потеклото на словенските народи. Според нив, сето тоа се должи на скудната документација со која се располага, како што се неколкуте записи кои ги даваат византиските и франкиските историографи и чии известувања се слаби, не се секогаш меѓусебно складни и недоволно ги осветлуваат настаните кои се поврзани со Словените.

Според нив, несомнено е дека Словените најмалку илјада години пред 3 век п.н.е. биле населени во своите првобитни живеалишта кои 'најверојатно' се простирале помеѓу Карпатите, Балтичкото Море, Одра и Дњепар. Потоа во поглавјето кое е поврзано со преселбата на Словените ќе наведат дека во 1 и 2 век од н.е. се пробиле према Дунав, во третиот век, стигнале во Панонската низина, а веќе во 5 век влегле на Балканскиот полуостров. Словените ги претставуваат како неорганизиран народ кој му служел на Аварите како маневарска маса при нивните напади на Солун и Цариград. Напоменувајќи дека Аварите се повлекле од Балканот, после последниот неуспешен поход на Цариград во 626 година, историчаритее ќе нагласат дека Словените останале и во средината на 7 век го "преплавиле целиот Балкан". Тука тие се населиле засекогаш, а помеѓу нив и грчките староседелци се воспоставил некаков модус вивенди.

Анализирајќи ја вака поставената официјална историја за таканаречената "Голема преселба на народите", во однос на доаѓањето на Словените на Балканот, ќе видиме дека најчесто тие оперираат со претпоставки, па нивното толкување на историјата . веднаш паѓаат во очи клучни реченици како "густа магла го обвива потеклото на словенските народи", "недостаток на документација која тоа може да го потврди", а тие што постојат "меѓусебно не се потврдуваат". Исто така ќе наидеме на клучни зборови како 'најверојатно', 'се претпоставува' и слично, а  врз кои подоцна се извлекуваат некакви заклучоци. Но сепак најконтраверзна е констатацијата дека Словените го преплавиле целиот Балкан која драстично се разликува од една предходна дадена во друго поглавје во истата книга, во која се вели дека Европа немаше големи освојувачки групи.

Истите автори ќе забележат: "Треба да се избегне лажењето на западните писатели кои спремно поверуваа дека Европа ја преплавија неизмерно мноштво на луѓе.  Кога Вандалите го организираа својот премин од Шпанија во Северна Африка, тие се пребројаа. Вклучувајќи жени, деца, старци и робови, беа вкупно на број едвај 80.000 луѓе. Од овде може да се извлече заклучок за аналогни количини за други народи. Тешко е да се оцени релативната вредност на тие бројки во однос спрема нападнатите народи. Дали во Шпанија наспроти 100.000 до 200.000 Визиготи било 6 до 8 милиони староседелци. Ваква претпоставка се чини дека е смела. Меѓутоа сигурно е, дека освојувачите во Европа беа неголемо малцинство".

Ваквиот заклучок дека не постои Голема преселба на народите во Европа, овие автори ја демантираат во делот каде пишуваат дека Словените го преплавиле Балканот. Конфузијата на нивните заклучоци станува потполна во нивното објаснување кога велат дека единствено Кина и Византија, како сили и организирани држави, успеале да го амортизираат навлегувањето на освојувачите, за потоа да заклучат, дека само единствено источниот дел на Византија бил поштеден од навлегувањето на освојувачите, иако тие напредувале од исток на запад.

 

СЛОВЕНИТЕ КОИ НИКОГАШ НЕ СТИГНАЛЕ ДО БАЛКАНОТ

Контраверзните заклучоци на западните историчари за Големата преселба на народите, во овој случај на Словените, кои се темелат врз недоволно поткрепени докази, како пишани така и археолошки, неминовно наметнуваат прашања: Колкав број на Словени дошле од зад Карпатите за да можат да го поплавата Балканот? Како успеала дива  , при тоа неписмена маса да ги премине неколкуте големи реки, посебно Дунав? Како успеале да поминат покрај првата одбранбена линија на византиската погранична војска распоредена покрај Дунав и втората одбранбена линија која ја држи помошната византиска војска, а која го брани пристапот до Цариград и Солун!? Зошто нема материјални докази за Словените помеѓу 6 и 9 век?

Споредбено со бројот на Вандалите при нивното преминување од Европа во Африка, бројот на Словените кои  го преминале Дунав не би можел да биде поголем од 100.000 до 200.000 луѓе. Меѓутоа, тие сигурно не наишле на празен простор. Можеби преоптимистички звучи, но ако претпоставиме дека на просторот на Балканот во тоа време живееле околу 4 до 5 милиони  луѓе, како е можно, стотина или двеста илјади словенски преселеници, "диви и неписмени" да го преплават Балканот и притоа да ја претопат и збришат една стара цивилизација која со векови опстојувала на Балканот? Како е можно помалубројните "диви и неписмени" Словени да извршат асимилација на цивилизирано население за тоа да се откаже од своите богови, од својот јазик, а да ја прифати словенската култура, традиции и јазик? Како е можно неорганизирана, неписмена и слабовооружена словенска маса , без познати водачи, слободно да го помине Дунав и да навлези, непречено, дури до најјужниот дел на Пелопонез?

Според званичната истрориографија, првите напади на Словените на Балканскиот полуостров започнале кон крајот на 5-от век и траеле до времето на Јустинијан (527 - 565). За прв пат Словените се забележани во 517/518 година, за време на катастрофалниот земјотрес кој разрушил повеќе утврдени градови меѓу кои и Скупи (Скопје). Се смета дека Словените за прв пат презимиле на територијата на Македонија во урнатините на Скупи!? Дел од нив минале низ Македонија Прима и Македонија Секунда, Тесалија, Епир и стигнале дури до Термопилите. Во 548 година, според Прокопиј Кесариски, Словените го преминале Дунав и навлегле во Драч, следени од 15.000 византиски војници кои не се осмелиле да влезат во битка со нив!? Навлегуваат во 550 - 551 година до Ниш. Нападите на Словените со намера да го освојат Солун (Тесалоника) продолжиле дури до 581-та година, кога 100.000 луѓе го поминале Дунав и три години подоцна  одред од 5000 словенски војници пробале да го освојат градот. Во 586-та година, пак, околу 100.000 Словени го препливале, или поминале Дунав, доаѓајќи во Солунската област.

Во Чудата на св. Димитрја, за нападот на Аварите и Словените на Солун во 586 година стои запишано: "Мили мои, тоа беше најголемата војска што сме ја виделе во наши времиња. Според едни таа изнесуваше повеќе од стоилјади тешко вооружени мажи, според други помал број, а спорд трети многу повеќе... Како да гледаме нова војска. Ксерксова или војска од Етиопјани или Либијци, кои што порано војувале со Јудеите...И така, огромното множество добиле наредба да го изминат патот со таква брзина, што ние не дознавме за нивното пристигнување, се' до пред еден ден: затоа што за нивното доаѓање стана познато во неделата на 22 септември. И додека граѓаните се сомневаа дали тие ќе можат да пристигнат во овие краишта дури по четири или пет дена, а поради тоа што беа понемарни за заштитата на градот, тие пристигнаа безгласно пред градските зидишта уште во понеделникот утрината."

Во продолжение на оваа сторија од Чудата на св.Димитрија можеме да прочитаме дека Солун го бранеле Македонци, Тесалијци и Ахајци и дека на нивниот повик да им се придружат, мнозина од словенските напаѓачи преминале  во градот и биле сместени во градските бањи кои не биле во употреба. Брзото појавување на словенската војска пред зидините на Солун, за само еден ден наместо за 4-5 дена и придружувањето на голем број на Словени кон бранителите на Солун само дава претпоставка, дека се работи за локалните племиња кои можат брзо да пристигнат до Солун и кои добро се познаваат со жителите на Солун.

Ако ги проследиме другите фактори ќе видиме дека во 5 и 6 век нема Голема преселба на народите на балканот. Самата преселба на словенскиот народ од зад Карпатите не е едноставна работа, посебно ако во колоната има деца, жени, старци и робови кои со себе носат храна, стока и потребна покуќнина натоварена на воловските запреги. Посебно не е едноставна ваква преселба да се случи преку голема река како што е Дунав, а без дозвола од Византискиот цар или помош на византиските власти кои ја контролираат границата и поседуваат пловни средства. Смешна е теоријата за поминување на Дунав со цевки за дишење направени од трска. Интересно е што не постои никаков запис од воените византиски власти или од тогашните историографи, кои сигурно би забележале поголеми воени  активности на границата или дозволи за населување на Словените во византиската земја, како што постојат за други народи.

Иако официјалните историчари, западни, источни или домашни, признаваат дека сведоштва на византиски автори за некакви словенски племиња на Балканот нема или се многу оскудни, тие како љубители и застапници на тезата за Големата преселба на Словените на Балканот тврдат дека постојат некакви сведоштва за некои племиња дојдени од зад Карпатите во областа околу Солун. Тука ни се сервираат имињата на македонските племиња Драгувити, Сагудати, Велегезити, Вајунити, Берзити и др. Меѓутоа се' поголем  број на познати историчари укажуваат дека зад овие имиња се кријат старите автохтони племиња Пајоните, Пелазгите и Бригите кои со векови тука живееле, а чии племенски имиња се модифицирале со различните изговори или преводи од Латините, Готите или Грците. За нив, името и локацијата на новите доселени племиња се поклопува со старите племиња, а со тоа се докажува континуитетот на ист народ со векови.

Што навистина се случува во периодот од 6 до 9 век за време на доаѓањето на т.н. македонски Словени, можеби ќе го расветли одговорот на прашањето поврзано со вечната борба за приматот на Константинопол и Рим започната уште во 4 век на територијата на Македонија и која се одвива се' до конечната поделба на христијанството на Источно и Западно во 1054 година. Случајно или не, првото доаѓање на македонските Словени во 518 година се совпаѓа со годината кога Солунскиот викаријат, формиран од страна на Рим во 412 година се приближува кон Константинопол!? Не случајно, македонскиот селанец, византискиот император Јустинијан кој сака да го обедини римското царство, во 535 година  ќе ја формира Архиепископијата Јустинијана Прима, на која подоцна ќе се надоврзе Охридската архиепископија. Сето ова посочува дека на Балканот во овој период се одвиваат други процеси за кои е потребна посебна елаборација, но секако не станува збор за преселба на народи и доаѓње на некакви македонски словенски племиња.

Измислената теорија за доселувањето на Словените на Балканот од западно-европската историографија пред повеќе од стотина години, која ја прифаќаат руските и балканските историчари имаа одредена цел со која се затскриваа вистинските настани на Балканот, а истовремено поставуваат основа со која ги поткрепуваат нивните вековни експанзионистички аспирации кон Балканскиот полуостров и излез на Егејско Море. Секој обид за ревизија на теоријата за доселување на Словените на Балканот, ќе отвори низа прашања за промена на целокупната современа историја. Ваквите промени кои опфаќаат државни и црковни интереси, никако не им одат во прилог не само на нашите соседи, туку и пошироко. Не се случајни проблемите со кои се соочува Македонија и Македонската православна црква.

И покрај сите обиди да се негира правото на македонскиот народ на континуитет се' повеќе на површина излегуваат доказите кои потврдуваат дека македонскиот народ има длабоки корени во македонската земја кои се многу постари од корените на нашите соседи, па дури и од Грците. Затоа, жалосни се сите оние обиди на гласно говорниците на старите теории кои се обидуваат повторно својот народ да го поделат на антиквизирани Македонци и Славомакедонци.

Автор: Тихомор Каранфилов

 

 

ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

ДЕЛ  02

Пишува: Наум ПЕЈОВ

 

X Пленум на ЦК на КПГ

 

 

 

На Пленумот на ЦК на КПГ, одржан во јануари 1944 година, меѓу целите прокламирани со решенијата на ЦК карактеристично може да се забалежи следното:

"Се бориме за целосно воспоставување на интегритетот на Грција, стратешко обезбедување на границите од какво и да е надворешно посегање. За мирно спогодување и коегзистенција со народите кои веруваат во истите начела и во прв ред со соседите".

Истата прокламација го содржи и следното:

"Затоа Комунистичката партија на Грција го усвојува и подржува предлогот на Централниот комитет на ЕАМ за формирање  привремена влада на национално единство и ослободување те од сите партии, организации, личности кои ќе го превземат раководството по завршувањето на војната да обезбедат слободно изразување на народната волја". 

*** "Четириесет години на КПГ - 1918 - 1958 стр, 504-506 - избрани документи", издание на ЦК на КПГ.

Паѓа во очи дека не се согледува потребата од хегемонија на пролетеријатот и водството на КПГ во борбата и потребата врз урнатините на стариот и окупаторски државен апарат да се гради нов. Да се гради народна власт.

Нема став за правата на потиснатите народи и посебно на Македонците и македонското национално прашање. Напротив, се прокламира ставот за "стратешко обезбедување на границите", идеја зад која се кријеа претензиите и големогрчките аспирации за нови, туѓи територии.

Раководството на КПГ премногу полагаше на собирање на поранешните сили      ( политички лидери и воени личности), кои во новосоздадените услови немаа влијание во широките маси од градот и селото.

Таквата идејно-политичка збрка се огледаше во концесиите како од принципиелна, така и практично политичка природа.

Тие концесии доидоа до израз при формирањето на највисоките органи на ЕАМ и Политичкиот комитет за национално ослободување на земјата и при кадровскиот состав и тактиката на вооружената сила на востанието - ЕЛАС. Развитокот на вооружената борба и на ЕЛАС премногу се потпираше врз помошта во оружје и воен материјал од западните сојузници, наместо низ оганот на борбите да се кали како револуционерна армија. Конечно, тоа дојде до израз во конкретната соработка и аранжмани со Сојузничката команда за Средниот Исток, спогодбите и односот со некои националистички движења во земјата и спогодбите за формирање на "Привремена влада на национално единство"

На 18 јуни 1943 година, вели командантот на Главниот штаб на ЕЛАС - генералот Сарафис, со шефот на англиската мисија при главниот штаб на ЕЛАС - полковникот Еди, потпишавме декларација согласно со која ЕЛАС е сојузничка војска под раководство на командата на Средниот Исток и операциите што ги изведува ќе се спроведуваат по наредба на таа команда (стр. 120 во книгата ЕЛАС од Стефанос Сарафис).

Стефанос Сарафис

Како резултат на оваа спогодба, англиската команда влијаеше врз развојот на ЕЛАС, во одредувањето на неговите операции и односи со националистичките формации на ЕДЕС и АККА кои, иако не беа никаква значајна сила, му се наметнаа на ЕЛАС како партнери и во режија на англиските претставници беа потпишани две спогодби: спогодбата во Плака и спогодбата во Казерта, кои наполно го ограничуваа самостојното дејствување на ЕЛАС во најрешавачките моменти (види ги прилозите "Протокол на спогодбата од советување на Плака" и "Спогодбата во Казерта").

Спогодбите на воен план беа резултат на политичката ориентација и платформа на борбата. Политичкото раководство не се ориентира кон масовно вооружено востание со народноослободителни, туку со тесни националноослободителни цели. Не сакаше да стапи во тесна врска со народноослободителните движења на Балканот, особено со тоа на Југославија, туку се потпре врз помошта на Англичаните, ја потцени силата на национално потиснатите Македонци и другите народности.

Пролетта 1944 година беше формиран Политички комиет за национално ослободување - ПЕЕА. За претседател беше избран социјалдемократот Александрос Зволос. Делегацијата на чело со Зволос стапи во преговори со емигрантската грчка влада и во мај беше потпишан протокол-познат како "Договор Либан". И покрај изричните инструкции на делегацијата, во владата движењето на отпорот т.е. ЕАМ да учествува со 50% од ресорите, се согласија пет од ресорите на владата да им бидат дадени на претставниците на ЕАМ (види во прилог Договор во Либан). {Во самата спогодба во Либан нема податоци за составот на "Владата на национално единство", бидејќи имаше спорни прашања: бројот на министерствата кои требаше да му припадната на ЕАМ, т.е. на ПЕЕА; кои од министерствата на владата, а и самата личност на претседателот.

Делегацијата на ПЕЕА, според инструкциите, бараше поголем број одредени клучни ресори и сменување на претседателот Георгиос Папандреу со друга поприфатлива личност. Конечно со решение на ЦК на ЕАМ од 15 август 1944 година беше одлучено, ЕАМ да учествува во владата  на Георгиос Папандреу со  пет ресори: финансискиот, сообраќајот, земјоделството, националната економика и трудот. Такви обврски презедоа претставниците на ЕАМ и ПЕЕА непосредно пред потпишувањето на "Националната конвенција" - како што го нарекоа Договорот во Либан.} Така, спроти истерувањето на окупаторот од Грција, есента 1944 година, иако ЕАМ беше огромна масовна организација, ЕЛАС многупати побројна оружена сила (броеше 70.000 борци) од сите други оружени формации со кои можеше врз основа на постигнатите спогодби да раководи  со "Владата на националното единство", движењето на отпорот беше доведено во декември 1944 година до вооружен конфликт во Атина и се согласи со капитулантската спогодба и разоружување.

Постојат непобитни докази дека Зервас соработува со окупаторот, но Англичаните не само што не дозволуваат тој да биде истиснат од единиците на ЕЛАС, туку и го помагаа, како што ја помагаа и ПАО {ПАО - (се'грчка ослободителна организација) која беше националистичка организација, која во почетокот се претставуваше како ослободителна. Но за разлика од ЕДЕС и ЕККА, кои имаа герилски единици, таа такви немаше. Но нејзините членови имаа задача герилското движење на ЕЛАС да го подриват одвнатре. Кога дојде до провала на тие настојувања, ПАО отворено се изјасни против партизанското движење  во земјата и организирара вооружени чети во служба на окупаторот. Вооружените формации на ПАО беа од голема помош за Германците, особено при отстапувањето есента 1944 година и против нив во завршната фаза на германската окупација, ЕЛАС водеше огорчени борби.}

Емигрантската влада, со седиште во Каиро, презеде драконски мерки против грчките единици кои се бореа во составот на сојузничките армии да ги елиминира приврзаниците на ЕАМ. Според тоа, не требаше да се има доверба во другата страна. Напротив, требаше да бидат преземени сите потребни мерки за јакнење на сопствените вооружени сили и обезбедување на позиции според подржката на масите и придонесот во борбата.

Спогодбата во Плака, како и оние во Либан и Казерта не беа никаков одраз на соодносот на силите. Противниците, меѓутоа, не се придржуваа ни на тие спогодби, со цел да ги прошират своите позиции. Опирајќи се на правата кои произлегуваа од горните спогодби, англиската команда издала наредба не само да не се нападнат Германците во Атина, туку и по нивното отстапување да не се нападнат нити квинслишките баталјони на безбедноста (квинслишки формации). Доследен на тие спогодби - ЕЛАС, не презеде операции иако при отстапувањето на Германците на 12 октомври 1944 година се навоѓаше во околината на Атина. Во Атина, по повлекувањето на Германците дојдоа англиски единици, а потоа и владата. Англиската команда и претседателот  на владата Георгиос Папандреу почнаа систематски да ги кршат и така неповолните спогодби со ЕАМ-ЕЛАС, очигледно инсистирајќи да се разоружа ЕЛАС, пред да се разоружаат другите вооружени формации. Паралелно со овој притисок врз ЕЛАС, забрзано се вршеа подготовки за формирање и вооружување нови единици од десничарските елементи, ги забрануваат манифестациите на ЕАМ, дури и пукаат на манифестантите.

 

Георгиос ПАПАНДРЕУ

На 29 ноември 1944 година министрите од коалицијата на ЕАМ во владата прават последни напори да се избегне судирот и поднесуваат целосен предлог за спроведувањето на спогодбата во Либан. Но, на апелите од министрите на ЕАМ, Папандреу овој пат се оглуши.

На 1 декември 1944 година Скоби (командата на англиските единици) објави заповед со кој бараше припадниците на ЕЛАС да го предадат оружјето. А во исто време Георгиос Папандреу изјавуваше: "Неможе да се прифати предлогот на министрите на ЕАМ за истовремено разоружување на сите доброволни единици и формирање на единствена формација". Истата вечер, т.е. на 1 декември 1944 година доцна во ноќта, министрите на ЕАМ поднесоа оставки и борбите пламнаа.

Главниот штаб на  ЕЛАС се реорганизира во Централен комитет на ЕЛАС и со проглас до народот на Атина и Пиреја стапи во акција. Паралелно на 3 декември се организира сенароден митинг, но полицијата пука во манифестантите и убива и ранува повеќе лица.

Следеа триесет и три крвави денови во Атина, познати под името "Декемвриски настани од 1944 година".

Борбите прекратија во почетокот на јануари, а на 12 февруари беше потпишана спогодбата во Варкиза (Види го прилогот "Спогодбата во Варкиза"). Исходот на борбите во Атина и спогодбата во Варкиза не само што не го решија судирот, туку затоа што на задоволителен начин не го решија основното прашање, судрувањата значеа увод во една нова граѓанска војна. До судрување дојде поради тоа, што привремената влада на Папандреу бараше веднаш да се разоружаат единиците на ЕЛАС, формациите што дојдоа од Средниот исток да добијат полна воена опрема. Судирот во декември ова прашање го реши на штета на ЕЛАС.

Членот шест од спогодбата во Варкиџа гласеше: "Демобилизација".

Веднаш по публикувањето на оваа спогодба воените сили на отпорот да бидат демобилисани, а особено на ЕЛАС, како регуларниот така и резервниот, ЕЛАН и националната милиција. Демобилизацијата и предавањето на оружјето треба да стане согласно подробностите на протоколот составен од експертите на комисиите..."

Навистина, во оваа спогодба постоеја и одредби кои ветуваа демократски развиток, но тоа се покажа празно ветување.

Непобитно е утврдено, дека десницата и Англичаните сакаа да го наведат народноослободителното движење и конкретно единиците на ЕЛАС на вооружени инциденти и тоа уште веднаш по истерувањето на окупаторот од земјата, за да  им послужи како повод веднаш да го разоружаат.

За да се здогледа таа намера на Англичаните не требаше никаква политичка мудрост. Меѓутоа, политичка мудрост требаше за да се одреди стратегијата и тактиката во таа ситуација. Англичаните се плашеа од судирање во цела Грција. Но токму тоа, од што се плашеа им помогна со својот став раководството на КПГ. Борбата беше ограничена само во Атина и по тие борби се согласи со условите неприфатливи за демократското движење, со спогодбата во Варкиза. Затоа што оваа спогодба значеше само легална позиција на владата во Атина во која повеќе немаше претставници на ЕАМ, да ја продолжи фактички војната против демократските сили.

 

Продолжува

Kind regards : 25 јуни 2017

Sotir Grozdanovski broj 77