ПРОЦЕСОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НЕГОВАТА ДРЖАВА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕДИНАЕСЕТ ТОЧКИ

 

1. Груевски го променија само поради неспремноста да ја прекрсти државата. Ако го свиткаше 'рбетот и се согласеше да се разнебити македонскиот народ, што е недискутабилната цел на Вашингтон, затскриена зад името на државата, ќе го подржуваа уште 10, 20 ... години. Затоа, после Букурешт 2008, нашиот маневарски простор се намалуваше, нашата меѓународна позиција постојано слабееше. Како резултат на блокадата, уцената и ултиматумот - прво името, потоа членство, без соодветно да се реагира. Паралелно и трпението на САД истекуваше по многубројните неуспеси за името. Крајно наивно, дури и недоветно е да се верува, дека новата политика на НАТО, по 2008, на ширум затворени врати за наше членство е грчко дело.

Во Букурешт немаше вето, туку целосен и драстичен пресврт во политиката на САД кон нашата земја. Почна да им пука трпението заради неспремноста да ги следиме нивните балкански интереси во кои нема место за Македонците. По изборите од 2014, процесот кулминира и се' уште трае, со длабока криза што е класичен за рушење на непослушни режими.

2. Џорџ Буш навистина сакаше да не внесе во НАТО со референцата, ама неговите соработници го спречија тоа. Не Атина. Ако не беше на крајот од мандатот, тој најверојатно ќе успееше. Има два клучни докази дека беше така - а) ако Грција поставеше вето или ја креираше новата политика на НАТО, неизбежно ќе се спротивставеше Турција, која немаше да дозволи концензус за блокада на Македонија. Анкара, меѓутоа, не беше спремна да се конфронтира со САД поради нас, што е сосема логично; и б) свесен за својот пораз, Буш ги покани Црвенковски и Груевски на средба во Загреб, како некаква утешна награда. Тоа беше крајно невообичаен дипломатски потег кој може да се сфати дури и како одредено негово извинување за неправдата кон нашата земја. Потпишан беше и Меморандум...

3. Македонија не беше примена во Букурешт 2008 година со референцата, иако САД го гарантираа тоа со Привремената спогодба, бидејќи тоа неизбежно ќе значеше крај на обидите да не прекрстат. А тоа е клучен и апсолутен американски приоритет во однос на земјава, според нивните долгорочни планови за регионот. Кога би биле внатре, прекрстувањето би било практички невозможно. Месец дена пред самитот во Букурешт, тоа ни го најави Нимиц, во интервју за радиото Гласот на Америка.

4. Ако САД навистина сака Македонија да влезе во НАТО со референцата, тоа ќе се случеше уште во Букурешт или кога било и никој не можеше да ги спречи. Да се верува дека Атина или Париз, Брисел, Берлин...та дури и сите тие заедно, не му дозволуваат на Вашингтон да ги реализира своите планови во НАТО е - чиста глупост. САД покриваат преку 70% на сите трошоци на алијансата и затоа прават што сакаат. Своите интереси некогаш ги наметнуваат и на непринципиелен начин. Впрочем, нелегално ги бомбардираа Либија, Србија (Белград!), Сирија...и долга листа други земји и никогаш не водат сметка за интересите на другите, најмалку на "мравка" како Грција, доколку не се и наивни.

5. Сите досегашни влади го потценуваа прашањето за името, а ние немаме поголем и поприоритетен проблем. Знаеја што не смеат, ама никој не бараше решение. Затоа, итно мора да се тргне во офанзива, ама во никој случај не смеат да се жртвуваат нашите фундаментални интереси. Амбасадорите на САД во Скопје, како и функционери од Стејт департментот, во неколку пригоди, јавно не прашуваа - која е вашата црвена линија, која е вашата позиција...? Ние молчевме. Беше одбран најлошиот пат - да не се бранува. Предлози не смеевме да даваме бидејќи би биле злоупотребени, ама беше неопходна наша иницијатива. Дури и радикална - да се врати случајот во СБ на ООН од каде што тргна. Ништо од такво нешто. Исклучок е апликацијата во Хаг, која брилијантно ја добивме, ама не презедовме ништо да ја материјализираме.

6. Кризата кај нас која токму САД ја контролираат, има единствена цел сега и веднаш да се прекрсти Македонија и со тоа неизбежно да се избрише македонскиот народ. Така се отвора и патот за наше членство во НАТО и оневозможува евентуален руски продор. Имаше неколку невообичаени контакти меѓу Коsијас и Нимиц (во Луксембург!). Кери патуваше во Атина. Ципрас во Вашингтон, се среќаваше со Кери и Обама, чија последна службена посета, воопшто не случајно, беше токму на Атина. Главната тема, без никакво сомневање, беше - името. САД цврсто решија бргу да го затворат "македонското прашање" и ќе  биде навистина тешко да се спротивставиме. Булдождерот тргна кон Македонија. На 7 април, во Загреб, Хојт Ји изјави дека Македонија ќе има нова влада која ќе го реши проблемот со името. Врз основа на што беше цврсто уверен и без дилеми? Деновиве (крај е мај) истото го изјави и Нимиц. Мораме до крај да се бориме. Секој што ќе работи против Македонците, скапо ќе плати. Без да го чека судот на историјата.

7. Решението, САД (ќе) го наметнуваат преку нивна формула која е катастрофална за нас и во никој случај не смее да се прифати. Одлучно ја одбива и Грција ама зад тоа се крие и одредена тактика за полесно да не пренесат жедни преку вода. Грчката политика на ерга омнес, име за севкупна употреба, е чиста небулоза. Тоа сите го знаат. И да не окупираат, тешко ќе постигнат да не прекрстат и дома. Но, нивната позиција е логична бидејќи е пракса, во вакви ситуации,  максимално да се претставува како минимално. Или тоа, или ништо. Така се оптимализира сопствената позиција. Сепак, оваа "ЦРВЕНА ЛИНИЈА" има широка подршка во Грција и нема да им биде лесно да ја приспособуваат, макар и несуштински и привремено, иако САД сега жестоко ги притискаат.

8. Американската формула е тешка и опасна измама за нас. Не уверуваат дека работаат во наш интерес, а вистинската цел им е да го избришат македонскиот народ. Да бидеме - "граѓани на државата таа и таа", како веќе ќе ја прекрстат. Аморфна маса без национална припадност. Не залажуваат со некаква замена на нелегалната и силеџиски наметнатата референца од Советот за безбедност на ООН, која се' помалку се користи и со време ќе се избриши. Ние никогаш не ја прифативме неа, ја игнорираме и таа нас воопшто не не' обврзува. Таа е навреда за нас и е американска нелегална измислица од СБ на ООН што некои земји крајно некоректно и непринципиелно ја користат. А сега, крајно лицемерно, божем сакаат да не спасат од неа, а за возврат ни подметнуваат капитулација. Сакаат да ја промениме со ново и трајно име, ама со наша согласност. Демек, само за меѓународна употреба! Место неа, што ја одбиваме со индигнација, треба официјално да ја замениме со - прекрстување! Да се откажеме од самите себе! Можна ли е поголема подвала? А очекуваат дури и наша благодарност! Зарем изгледаме толку забегани? Токму на тоа се сведува американската формула за името. Страшно, зарем не? Да потсетиме дека наш најсилен аргумент во спорот е дека никој не може да не' прекрсти без наша согласност. Затоа се сите овие подмолни комбинаторики.

Неспорни факти, кои потврдуваат дека се' е токму така, се следните - а) ако прифатиме прекрстување, новото име ќе не обврзува и ќе мораме сегде да го користиме. Набргу и дома; б) кратко име (Франција, Белгија, Данска...), како сите други земји во светот, нема да имаме. Ќе бидеме трајно обележени дека - "не сме со сите"; в) се' што излегува од земјава, ќе мора да го носи новото име, вклучувајќи не' и нас самите. Сме прифатиле, нели, новото име да го користиме во странство. До граница ќе бидеме едно, потоа друго; г) царинските документи, сите изводи од матични  и други книги...сите наши репрезентации...ќе мора да го носат новото име. Спортистите и дома ќе играат со него, бидејќи така ќе бидат регистрирани. Под тоа име ќе бидеме и на конференциите кои се одржуваат кај нас...не само во странство; д) и пасошите нема да се прифаќаат, ако не се со новото име; ѓ) сето тоа неизбежно ќе води до промена на Уставот, бидејќи името на државата е таму прецизирано и користење на друго е тешко кривично дело...Тоа ќе биде крај на "официјалното" постоење на Македонците.

9. По кусо време, ако ги прифатиме кукавичните јајаца од американската формула за името, ќе бидеме присилени секојдневно самите да се прекрстуваме што ќе биде ужас без крај. На почетокот, многу веројатно, ништо од горе спомнатото и уште многу други за нас крајно понижувачки ситуации нема веднаш да се активираат и ќе не "пуштат" да се залажуваме дека се' е во ред. По мал интеррегнум, по шест ил 12 месеци, се' ќе почне да се менува. Ќе следат ултиматум по ултиматум. Прво, најверојатно, ќе постават услов да се променат царинските документи без кои нема да има извоз. Притисокот ќе биде неиздржлив и од дома и од надвор и избор нема да имаме. Секој ден ќе следи по нешто ново за да се стигне до пасошите, како најчувствителни. Официјално ќе не известат дека компјутерите на границите не ги прифаќаат старите пасоши поради името! Нели сме нешто друго за странство? Ќе ни дадат некој рок да издадеме нови и ќе следат други понижувања...

10. Ако некој мисли дека ова е нереално и невозможно, нека се присети - истите САД не ја признаваат хашката пресуда, иако цело време зборуваат за владеење на правото; на нелегалната референца за која ни рекоа дека ќе трае неколку месеци, а еве помина веќе четврт век; во Букурешт 2008 година го игнорираа единственото што беше во наша корист од Привремената спогодба, која тие ја подготвија и со што ни гарантираа непречено членство во НАТО и ЕУ; само привремено и делумно ни го признаа уставното име (2004) со единствена цел трајно да се албанизираат делови од Македонија со новата административна поделба. САД ќе бидат првите што ќе го прифатат новото име. Тоа јавно го кажуваат...И овие примери се доволни за да се сфати дека Вашингтон, слепо следен од Брисел, користи двојни стандарди кон Македонија и дека секоја наша влада мора да биде многу внимателна. Во спротивно, нема да има Македонци.

11. Пред нас е период кој ќе покаже дали ќе опстанеме како народ или не. Поголем предизвик тешко дека може да има за било која влада. За да не не сотрат, треба итно да се формира штаб што на дневна основа ќе се занимава со проблемите сврзани со името во кој ќе се ангажираат и врвни странски експерти. Со нив треба веднаш да се подготви стратегија со која би се обиделе да го спречиме уништувањето на вековниот македонски народ. Со нив победивме во Хаг. Историската одговорност е огромна и не смее да се потцени.

За среќа, се' уште постојат начини за спас на македонскиот народ, бидејќи токму тој е во прашање.

НАШЕ Е ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ!

Никос КОSИЈАС

ПРВО СМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ

А ПОТОА ВЛЕЗ ВО НАТО И ЕУ

**************

 Да запрат со иредентизмот и да ги прифатат неопходните измени во уставното име, категорична е пораката што завчера до македонските власти ја испрати актуелниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коsијас.

 

Тој во обраќањето пред приврзаниците на неговото политичко движење "Прато" во градот Кожани, на два дена пред средбата со македонскиот колега Никола Димитров, потенцира дека грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на Македонија во НАТО под привремената референца, како што интензивно периодов се слуша од разни политички и медиумски извори и во двете држави. Ваквиот став, како што додаде Коsијас, ќе му биде пренесен на Димитров со кој, освен за проблемот за името, ќе разговара и за процесот на воспоставување на мерките за доверба меѓу двете земји.

- Сакаме решение на проблемите и решение на прашањето за името. Но, нашите пријатели Европејци ги галеа и им велеа - не правете компромиси. Сега кога работите се стабилизираа, повторно ќе дојдат некои (европски политичари) и ќе кажат:"За да ја стабилизираме дополнително државата, да ја внесеме во НАТО и ЕУ?" Ние немаме ништо против, но тие треба да ги исполнат своите обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името - изјави Коsијас во Кожани додавајќи дека македонските политичари мора да ги прифатат европските вредности и да покажат култура на компромис.

Според него, се' уште е рано да се зборува дали двете држави се поблиску до решение за името.

- В среда доаѓа министерот за надворешни работи на БЈРМ за да дискутираме за тоа како можеме да ги развиеме нашите врски, имаме предлози за дополнителни мерки за градење доверба и да дискутираме за тоа како може да разговараме за спорот за името. Нема да зборуваме за името, туку ќе зборуваме за методот - кажа Коsијас.

Според грчкиот министер, новите изјави на македонската влада кон Грција имаат пријателски тон, но од разговорот ќе се процени дали тој е суштински или е само обид да се олеснат работите, бидејќи македонската влада смета дека без промена на името може да влезе во меѓународните организации.

Коsијас вели дека Грција сака Македонија да биде стабилна и поради тоа и работи на мерките за градење доверба со неа.

- Доколку не е стабилна, некои други соседни држави би можеле да предизвикаат дополнителни проблеми и дестабилизација во регионот - потенцира тој-

До средбата Коsијас - Димитров, која ќе биде прва официјална посета на новоизбраниот македонски министер, доаѓа по предходна покана на грчкиот колега. Никола Димитров во неодамнешното интервју за "Блумберг" рече дека ќе ги заживее разговорите со Грција и дека за секое решение ќе се гласа на референдум. Министерот, кој беше и преговарач во спорот за името, рече:

- Важно е да се постигне решение што граѓаните ќе го прифатат и со кое нема да се чувствуваат понижено.

Предходно, во други јавни настани по изборот за шеф на дипломатијата, Никола Димитров рече дека работа на дипломатијата е да гради мостови, да прави пријателства и да отвора врата и перспективи.

- Бидејќи нашиот најголем предизвик за евро-атланските интеграции се токму односите со Атина, сакам прво во Грција да го претставам новото лице на Република Македонија. Убеден сум, дека имаме многу заеднички интереси. Убеден сум дека и Грција има интерес за европска Република Македонија.

Од друга страна, македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за Македонска телевезија рече дека се надева оти ќе ја убеди Грција да не ја блокира Македонија во нејзините евро-атлански интеграции.

- Се надевам дека Грција ќе дозволи во НАТО да влеземе под референцата - рече Заев.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Коsијас не одат во прилог на добрососедството.

 

Изјавите на шефот на грчката дипломатија Никос Коsијас во кои се повторуваат црвените линии на Република Грција не одат во прилог на добрососедските односи, реагира вчера ВМРО-ДПМНЕ.

- Со изјавата дека Република Македонија ќе може да стане членка на НАТО дури кога ќе се реши проблемот што Грција го има со нашето име, Коsијас не придонесува за надминување на проблемот. Напомнувањето дека Грција нема да потклекне под притисоците за зачленување на Република Македонија во НАТО под привремената референца, може да доведе до дополнително закопување на двете страни во сопствените ровови. Зоран Заев и новата влада им ветија на граѓаните дека многу бргу ќе ја внесат Република Македонија во НАТО и ЕУ. Зоран Заев и СДС мора да ги исполнат ветувањата токму како што беа дадени. Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО што побргу, но притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се склучуваат договори на штета на македонскиот народ и држава-се потенцира во партиското соопштение.

Од оваа партија потсетуваат, дека Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт.

- Само поради непринципиелната блокада од страна на Република Грција во моментот Македонија не е членка на НАТО. - се наведува во соопштението.

******************

Сотир КОСТОВ

МЕРИЛ СТРИП ГИ БРАНИ

"СКОПЈЕ 2014" И МАКЕДОНИЗМОТ

(Кон книгата "Мерил Стрип... во Скопје 2014")

 

Од петокот 9 јуни 2017 година македонската читателска публика е побогата за уште една книга - "Мерил Стрип ... во Скопје 2014 - Утрински он и оф лајн" на авторот Аљоша Симјановски, во издание на ЗОЈДЕР, Скопје. Книгата е избор и приказ на педесетина колумни на тема култура, медиумите и комуникациите, политиката и кинематографијата. Авторот ни ги презентира своите теоретски опсервации низ визурите на медиумската оптика, кои се плод на неговото долгогодишно, богат и разновидно, работно и животно искуство. Ова дело се појавува во едно пресвртничко време кога се води битка за одбрана и зачувување на Македонија од агресивната наезда за нејзино распарчување.  

Во едно духовно невреме, време  кога сите вредности ја изгубиле својата вредност, во време кога се' е изместено од својот зглоб, Аљоша Симјановски успева македонски да мисли и во вид на записи ни ги понудува своите размисли, ставови и стојалишта за историјата македонска, за Македонците во неа, во револуционерни времиња, но и времиња транзициски и, секако, времиња на градење и создавање нови вредности. Само така и ја сваќам метафората "Мерил Стрип...во Скопје 2014" како најголема докажана филмска вредност, на која единствено и' прилега да игра во филм за македонската историја, култура и најголемите македонски вредности, како што се Македонски народен театар, Македонска филхармонија, Архиолошкиот музеј на Македонија, Музејот на револуционерната борба, паметниците на Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, на Крсте Мисирков, на Гоце Делче, Питу Гули, Јане Сандански, Даме Груев, на АСНОМ, на гемиџиите...и на многу други. Само докажана вредност може да ни посочи кои се најголемите македонски вредности.

Во своето индивидуално изразување Аљоша Симјановски се води од својата историска интуиција, го користи духовниот етос што го поседува и се потпира на својот егзистенционален патос. Читајќи го неговото најново колумнистичко чедо "Мерил Стрип ...во Скопје 2014-Утрински он и оф лајн", чувствуваме дека авторот доживува експлозија на свеста и преку една раскошна есеистичка реч ни ги нуди своите размисли. Тоа се размисли што ја осмислуваат нашата национална и државна егзистенција. Рефлексијата на авторот длаби во филозофијата на македонското постоење и во парадоксите на нашето живеење и опстанување - духовно, културно, општествено, политичко, државно.

Неодоливо е чувството дека Аљоша преку, своите есеи, преку својата македонска приказна, ни ги исцртува безбројните ликови на Homo balcanicus и Homo Macedonicus.

Toj преку својот македонски логос ни го приближува духот на Македонците низ вековите, кодот и ДНК, што не' одржале. Тоа го прави енергично, ангажирани и жестоко. Ама чисто и чесно. Предрасудите ги отфрла, а стереотипите не ги прифаќа. Затоа и сите есеи, поместени во книгата, се всушност неговиот  интелектуален бунт. Дел од нив се рожба на неговиот мисловен немир, а некои просто и изблици на темпераментот негов.

Пишувајќи за проектот "Скопје 2014", Аљоша Симјановски не се занимава со површинскиот сјај на архитектурата или уметноста. Напротив. Како вистински уметник, режисер и автор тој ја анализира суштината, т.е. есенцијата на тој и таков проект. Тоа е неговата стрела во центарот на метата, тоа е неговиот погодок in Media res.

При тоа, Симјановски се служи со една, за мене, митска слика за нас Македонците кога во еден запис ќе запише "првпат во историјата скромните Македонци Трајче, Мирче, Страше...се исправаат и гордо се сликаат со Гоце, Јане, Питу, 'Воиниот на коњ', Карпош..." Во тој контекст поентира дека "Скопје 2014" израснува во вистински бедем на македонската гордост, самопочит, себечувство и вечност. 

Авторот книгата ја започнува во стилот на Данте велејќи ни дека Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски не знам кој пат западнале во пеколот сакајќи да ни  кажат дека револуциите и политиките ги јадат своите деца, но нашата транзициска револуција трајно ќе ги наруши (изеде) судбините на нашите дела. 

Тука, содржината на книгата се вмешува во судбината на сите нас. Тоа не не' остава спокојни, туку иницира во нас многу размисли и ломови, нови самоиспитувања и длабоки катарзи.

Крајот, пак, на книгата е со "рески, цртки, книги, драма и плоча на македонски", преку кои, со стил на еден Блаже Конески, ни посочува дека македонскиот јазик помина голем и долг пат, се судираше со сцили и харибди и разноразни премрежиња, ама денес се наоѓа високо на листата на современи јазици. Притоа не потсетува на сцена од праизведбата на "Македонска крвава свадба" (Војдан Чернодрински) во 1900 година во Софија...на прашањето на Гоце Делчев "Толку ли нема  да напише барем една книга на македонски?", поставено во 1902 година...и на знаменитата книга на "За македонцките работи" на Крсте Мисирков од 1903 година.

Аљоша Симјановски поентира, дека јазикот, писменоста и верата не' одржале како народ и тогаш, кога не сме имале наша сопствена држава, кога сме биле поделени, покорени и поробувани.

Тука некаде е неговото  авторско крешендо, кога констатира дека и во такви тешки услови македонскиот јазик бил нашата единствена комплетна татковина. Секако знаеме дека меѓите на таа татковина најпрвин ги втемелија светите Кирил и Методиј, ги зацврстија нивните ученици Наум и Климент, а ги продолжија и раширија на македонски јазик, светиот тајнопис, многубројни духовни и световни дејци, поети, писатели и уметници. 

Јас, оваа книга ја доживувам како битка за Македонија ( "Чија е Јовано, Јованке?") и одбрана на духот на македонизмот ("Духот и баучот на македонизмот кружат над ридестиот Балкан") од ловците во матно, кои неуморно и пакосно дејствуваат против Македонија. За мене, таа е светлина во темно и патоказ на раскрсница со многу патишта, но само едно џаде - македонското. 

Сите се сеќаваме на култниот филм "Валтер го брани Сарајево". За мене "Мерил Стрип...во Скопје 2014" е Валтер на Аљоша Симјановски - ангелот чувар на Македонија и се' што е македонско. Значи, еден вид македонска колумнистичка фаланга (борбен ред построен во повеќе редици), новосоздаден интердисциплинарен жанр во кој голем број читатели објавуваат мислења, впечатоци, критики, квалификации и дисквалификации. И ти се интегрален текст на книгата. 

Симјановски, објавувајќи ги нив, без да интервенира било што во нив покажува единствен, само нему својствен демократски капацитет за воспоставување отворен и динамичен дијалог со читателите. Тоа е афирмација на комуникацијата и на журнализмот како прегнантен чин на авторска и читателска интеракција, динамично дејство со дискретен драмски набој.

Аљоша Симјановски е режисер, документарист, новинар публицист, композитор. Роден во Скопје, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, вработен во Македонската радиот телевизија 39 години во која бил уредник на редакција, орговорен уредник на документарната програма, контактно-рекреативна програма, одговорен уредник на Првиот програмски сервис, в.д. извршен директор на МРТВ.

Симјановски е  автор и режисер на повеќе документарни филмови, меѓу кои и  "Сестри" (1992), "Менка" (1996), "Чедо" (2009), на краткиот игран филм "Мојата љубов Чарли Паркер" (1994) и на играните филмови "Пикасо" (1987) и  "Стапица" (2007), како и на книгата  "Хиперживот" (2012).

Во својство на режисер потписник е на над 2.500 (двеиполилјади) ТВ наслови од сите видови програми - ддокументарни и играни филмови, контактно рекреативни, забавни, образовни, културни програми, директни преноси, меѓународни проекти, видеомостови, програми од информативниот сектор, особено забележителни во периодот на осамостојувањето и референдумското изјаснување. Како автор на документарни филмови и проекти, над 150 документарни единици во продукција на Македонската телевизија, "Вардар филм".

Аљоша Симјановски учествувал во официјални селекции на фестивали во Амстердам, Берлин, Токио, Петербург, Букурешт, Билбао, Бијариц, Тајпеј, Краков. Добитник е на повеќе награди како "Бронзен змеј" на фестивалот од прва категорија во Краков 1992 година, специјална награда за документарен филм на фестивалот во Токио 1994. Активно учество во сите форми на организирање и дејствување во МРТ и во јавниот живот, комисии, колегиуми, делегации и сл.

Како публицист и новинар дваесетина години објавува во дневниот и неделниот печат, текстови и есеи (над 300 колумни) од сферата на политиката, културата и комуникациите, теоретски опсервации низ медиумска оптика, плод на долгогодишно богато и разновидно искуство. Објавувал во "Дневник", "Време", "Македонија денес", во неделниците "Форук", "Денес", интерактивно учество на форумот на "Џез-тајмс".

Последниве четири години е редовен колумнист во "Утрински весник". И на крајот да заклучам:

Со својата книга Аљоша Симјановски ни вели Еcce Historia! Ecce Macedonia! - само ние Македонците можеме да ги одбраниме.

 

Пишува: Сотир КОСТОВ

******************************

Михаило Митев Апостолски, академик

НОВ ИСТОРИСКИ СЕРИЈАЛ

 

МАКЕДОНЦИТЕ

И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

ПРЕДГОВОР

 

Во трудот "Македонците и граѓанската војна во Грција" авторот Наум Пејов, како како непосреден учесник во Народно-ослободителната борба во Грција против нацистичката и фашистичката окупација, (против германските. италијанските и бугарските фашистички војски), и со оглед на можноста непосредно да ги следи настаните на граѓанската војна, на читателите им дава краток, но доста јасен увид за текот на граѓанската војна во Грција и за местото и улогата на Македонците во неа.

Сосема е разбирливо, со оглед на фактот што се располага со релативно мала изворна документација, како и со релативно мал број мемоарски материјал, што авторот не бил во состојба, нити имал такви претензии, да даде полна обработка на целиот тек на граѓанската војна во Грција и местото на македонскиот народ што го имал во истата. Ова е прв труд кој што ги третира настаните и проблемите и дава еден увид на граѓанската војна во Грција.

Со оглед на личното познавање на движењето, авторот не можел насекаде да ја избегне емотивната страна, што честопати се чувствува со самиот стил. Меѓутоа, независно од недоволната документација, од стегнатиот обем на излагањето, читателите ќе можат да согледаат дека причините за граѓанската војна лежат во погрешните стратегиски концепции на раководството на Гршката комунистичка партија за водење на борбата во периодот на народноослободителната војна против германските, италијанските и бугарските окупатори, што довеле до реставрација на монархијата, до голема политичка нестабилност на новиот грчки режим, до избивање на површина дури и на такви елементи што сораборувале со фашистичките окупатори.

И во граѓанската војна раководството на Комунистичката партина на Грција немаше јасни политички и стратегиски концепции чија неминовна последица беше познатиот нејзин исход, макар што демократското движење беше подржано од најголемиот дел на гршкиот и другите народи што живеат во Грција.

Македонскиот народ под грчка власт зеде масовно учество во борбите против италијанската агресија врз Грција во народноослободителната борба во Грција (1941- 1944) и во граѓанската војна, со увереност дека со ослободувањето и тојќе биде ослободен. Големи се неговите морални и материјални жртви, а особено жртвите во луѓе - борци против фашистичката окупација и реакционерните сили во Грција. Но, резултатите беа поразителни. Грчките режими посли овие војни не ги признаа националните права на македонскиот народ. Македонците беа повторно прогонувани. 

Додека после Првата светска војна Македонците под ненародните грчки режими се иселуваа во Бугарија и во земјите преку Океанот (Америка, Канада и др.) во текот и по граѓанската војна, Македонците од Егејска македонија, како политички изгнаници и бегалци, се најдоа во голем број европски земји. Со нив, овојпат, се најдоа и голем број прогресивни Грци - патриоти.

Прилозите што авторот ги дава во превод се посебно интересни и од истите  може да се види судбината на амкедонскиот народ по граѓанската војна.

 

Академик Михаило Апостолски

 

ЗБОР ДВА ОД АВТОРОТ 

***********

Од почит спрема читателот нека ми биде дозволено уште во почетокот да соопштам некои работи кои можат да придонесат да се сфатат напорите на овој труд.

1. Пред се' треба да се знае дека овој труд е пишуван во времето 1953/1955 година и на крајот на 1955 година ракописот му е отстапен на Институтот за национална историја во Скопје. Според тоа, пишуван е во времето, речиси непосредно по завршувањето на Граѓанската војна, во услови на остер напад од тогашните раководители на КП на Грција врз македонското раководство, следен со клевети и инсинуации.

2. При сегашната обработка за објавување, задржувајќи ја во целост структурата и методологијата на изложувањето, направени се интервенции со цел да се скуси и да се изнесат нови факти кои станаа достапни или познати подоцна, а одат во прилогот на оцените за политичката ситуација или се во прилог за расветлување на тезите на овој труд.

3.Целта со овој труд не беше да ја напишам историјата на Граѓанската војна во Грција, впрочем тоа не е моја задача и е надвор од моите можности.

Целите на овој труд беа и останаа: а) Низ анализа на тогашната општествено-политичка и воено-политичка ситуација на Грција и на Балканот да се откријат причините за текот на настаните и исходот на Граѓанската војна, и

б) Да се изнесе положбата, улогата и придонесот на Македонците во Егејска Македонија во таа гигантска борба на прогрсивните сили со силите на неофашизмот во Грција и империјалистичките интереси.

Положбата, улогата и придонесот на Македонците во оваа војна се омаловажува, се премолчува или фалсификува од многу "пријатели" и непријатели на македонскиот народ.

За неполни дваесет години од крајот на Граѓанската војна во Грција е воведена една нова монструозна диктатура која на наородот му ги одзеде најелементарните демократски права. Земјата е фактички фрлена во една нова граѓанска војна. Одново островите и затворите се полни со интернирци и затвореници, чија единствена вина е политичкото убедување или националната припадност. По примерот на фашистичката диктатура на Метаксас од пред Втората светска војна, денес во Грција на Македонците им се забранува мајчиниот јазик и се создаваат корпуси од полицајци и свештеници кои треба да ги "превоспитаат" , односно да ги денационализираат. Ова е уште една сурова потврда дека борбата против тиранијата беше и си останува чест и достоинство на нашиот народ.

 

Од авторот, Наум ПЕЈОВ

Скопје, ноември 1967 година

 

Продолжува

 

 

Словени во нивната пра татковина.

ИНСТИТУТ

ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА 

МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 24

 

Македонија и Словените

од средината на  VI  до средината на IX век

 

1. Појавата на Словените на историската сцена

 

Мноштвото традиционални теории за  потеклото на Словените ги идентификуваат првобитните словенски населби зад Карпатите, претежно во областите околу мочуриштата на реката Припет. Определувањето на т.н. "прататковина" на Словените, далеку зад реката Дунав, генерално се темели на интершретацијата на сведоштвото на Јорданес во контекст на потврдување на старото потекло на Словените и на Антите преку нивното поистоветување со Венетите.

Поврзувањето на Јорданесовата употреба на терминот Венети, содржан и во делата на Плиниј Стариот, Тацит и Птоломеј, создало предуслови во традиционалната историографија историјата на Словените директно да се поврзе со историјата на старите Венети, лоцирани на просторот помеѓу Балтичкото Море, Карпатите и рекат Висла. Мешутоа, појавата на новите историско-археолошки студии за Словените (Ф.Курта, В. Пол, Б. Бардфорд) го иницира трендот на напуштање на досегашните теории за нивната "прататковина", за античкото потекло на Словените и за нивната миграција.

Критичката анализа на Јорданесовата Гетика упатува на забележливата тенденција на Јорданес да користи постари извори при интерпретацијата на потеклото на Словените и за нивно сместување во конкретен историски и географски контекст. Компарацијата со другите сведоштва за Словените, засновани и на личната перцепција со другите сведоштва за Словените, засновани и на личната перцепција и искуство на Прокопиј Кесариски, ја наметнуваат потребата од напуштање на традиционалното историографско поимање на Словените. Оттаму, конкретното дефинирање на релевантната појава на Словените на исторкста сцена хронолошки треба да се помести во почетокот на VI век. Отсуството на археолошка потврда за некаква депопуцаја во наводната првобитна татковина на Словените и непостоењето на археолошки артефакти кои би упатиле на поврзаноста, како и на некоја постара култура од онаа формирана на долниот тек на реката Дунав во VI век, дополнително ја аргументираат потребата на напуштање на миграциската теорија.

Експлицитни изворни сведоштва кои упатуваат на растечкиот проблем со новите непријатели, идентификувани со името Словени (Склавени), постојат дури од времето на императорот Јустинијан I (527-565), но во нив тие се лоцираат во областите северно од реката Дунав, а не зад Карпатите.

 

Продолжува

  • НЕ ЛИ БЕВМЕ

    Не ли бевме, не ли бевме
    два галеба - бели, бели
    вишно високо летнале?

    Кој ни скрши, кој ни скрши
    крилца бели, та паднавме!

    Не ли бевме, не ли бевме
    трендафили два румени
    еден до друг, еден до друг?

    Како никна, како никна
    трнот, што нас не раздели!

    Не ли бевме, не ли бевме
    дрва другара - верни, верни
    една душа - една мисла?

  • Како капна, како капна
    отров - што ни душа отру!

    Не ли бевме, не ли бевме
    еден поглед од две очи
    в ден утрешен двата впиле?
    Кој направи, кој направи
    утре да сме - на две страни!

    Не ли бевме, не ли бевме
    еден за друг радост силна,
    радост лумна и поштумна?

    Како стана, како стана
    еден за друг - да сме рана!

    Кочо РАЦИН

Kind regards : 15 јуни 2017

Sotir Grozdanovski broj 75