Споменик на тешките времиња и почетокот на будењето.

Метју Нимиц, претставник на ОН.

НЕОФИЦИЈАЛНО

АКО БЕВ МАКЕДОНЕЦ

НЕ БИ ПРЕГОВАРАЛ ЗА МОЕТО ИМЕ

 

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, им го изјавил на претставниците на Македонското меѓународно движење за човекови права следново: "Неофицијално, ако бев Македонец, не би преговарал за моето име".

Првиот медијатор за спорот за името, Робин О'Нил, повеќе пати нагласи дека е против преговорите за името и ја замолил Македонија да ги прекине тие преговори. И ако Нимиц напомена дека неговите коментари се "неофицијални", ММДЧП го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои што всушност претставуваат, како што рече Робин О'Нил, напад врз најосновните права на Македонија. Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања до колку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: "Никакви. Не верувам дека би имало било какви последици". Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт депармент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои што значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската Унија, НАТО и САД.

ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот "спор за името" додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите.

Како што кампањата на ММДЧП

"НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА" вели

"КОЈ ТИ ГО ДАДЕ ПРАВОТО ДА ПРЕГОВАРАШ ЗА МОЕТО ИМЕ?"

Барајте почит за Македонија. Сегаш и веднаш!

 

Преземено од www.mn.mk

 

 

СПОМЕНИЦИТЕ СЕ ИСТОРИЈА

МИНИСТРЕ

БЕЗ НЕА СМЕ НИШТО

Никола Димитров

Нам не ни требаат стотина споменици на плоштадот во Скопје за да бидеме горди Македонци. Оваа Македонија им пристапува на своите соседи без предрасуди и страв, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за хрватската редакција на телевизијата Н1.

 

Господине министре, Македонија през минатите векови беше достоинствена државна заедница на македонскиот народ водена од храбри и достоинствени луѓе. Храбри водачи, кои не ги виткале кичмите за влез во некои асосијации, туку биле водачи на такви сојузи и никогаш не молеле за ништо. И затоа биле почитувани се' до овие срамотни времиња на кукавичлук и на водачи, безкичмењаци.

Македонија никогаш не била продавана и понижувана како во овие "демократски" времиња на изроди и предавници од типот на архитектот Мирослав Грчев, правникот Љубомир Фрчковски, аболираниот криминалец Зоран Заев, устоличен  властодржец во Македонија, "земјанката" Најчевска која својата сопствена земја ја нарекува "ќенеф", а сепак не и' се гади неговата содржина и редица други, да не ги споменувам пред светската јавност, зошто сепак и тие се само наши изроди и хендикепираници кои мораме да ги толерираме, од хумани причини.

Македонија секогаш ќе има доста слободни места за споменици и обележја на нашите заслужни претци кои ги дале своите животи за ова што вие денес не давате пет пари и така лесно го распродавате, мој почитуван министре,  Никола Димитров.

Македонскиот народ секогаш ќе најде достојно место во своите срца за своите херои од сите времиња на нашето постоење, но без вас, зошто  вие и така не им сте рамни ниту до колена. 

Вашата работа не  е да се грижите  за спомениците на нашите претци колку ги има на плоштадот во Скопје и на многу други плоштади низ нашата татковина, како би спрема нивниот број  и големина ги проценувале нашата љубов спрема нив и нашата  гордост што сме ги имале и се' уште ги имаме.   Вашата работа е да ги штитите интересите на македонскиот народ и сите други граѓани кои ја сочинуваат македонската нација,  без фрлање  дрва и камења по своите колеги од поранешните влади.

Со вашето грчко фијаско, уверени дека ве сметаат за поголема личност од поранешните  спрема која би требало адекватно да се однесуваат, не само што самите себе се потценивте, ами и сите нас.

Ветувањата дека сегашната "реформска" влада се' ќе направела за да ги исправи грешките од минатото "со цел побрзо да кренеме  кон евроатлантските интеграции" не е начин како се победува противник кој сака да ве уништи за секогаш. Тој е начин на капитулација и немоќ.

Вашето однесување во интервјуто пред хрватската јавност е исто така под нивоото на културната височина на македонскиот народ. Македонскиот народ него заслужува тоа од такви како вас. Едно е како се однесувате дома, а друго е надвор каде ја претставувате македонската држава и народот македонски. Историјата не почнува со вас, господине министре, ниту со вашата предавничка партија. Има илјадници кои и пред вас и пред мене и пред моите предци кои воделе грижа и за себе и за сите други до ден денешен и оставиле нешто вредно зад себе со што треба да се гордееме и да го надградуваме, за кога и ние ќе постанеме тоа што нашите претци се денес за нас, да и ние бидеме тие со кои нашите наследници ќе се гордеат и ќе бидат поносни.

Сигурен сум дека сте чуле и за судската пресуда против Грција за кршење на "привремената" спогодба со која се обврза пред Обединетите нации дека ќе ја почитува и нема да ја попречува Република Македонија во желбите за пристап во меѓународните организации, меѓу кои спаѓаат ЕУ и НАТО. Сигурен сум дека знаете и за резултатот после тоа и дека Грција пет пари не даде за неа како меѓународен акт кој се очекува секоја држава да го респектира. Па сепак мислевте дека господинот  Коsијас едвај чекаше да ве види во Атина и со солзи радосници да ве прегрне и да ви ги задоволи вашите оптимистички очекувања и младеначки желби, за да го казни ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот ваш колега Никола Поповски и Никола Груевски, што не му дозволија да седат пред него со свиена опашка, ами достоинствено како прави и достоини наследници на нашите претци.

Кога би ја познавале малку подобро македонската историја и македонско грчките односи през вековите за кои, изгледа, вие и вашите од СДС не берете гајле, како и за спомениците,  ќе знаевте дека немате работа со Грција, туку со нејзините господари и нивните интереси, а дека таа  е само параван, зад која тие вешто се кријат како волци.

Па спрема тоа господине министре, вашите пораки и молби за подршка и милост упатени до Грците не држат вода и не допираат до нивните уши, а камо ли до нивните срца.  Тие, со кои треба да се борите се многу подалеку од македонско грчката граница и имаат свои сопствени планови, внатре во нивните стогодишни планови. 

За решавање на "македонското прашање", ним не им е гајле за нашето име, туку  докусурувањето на Република Македонија, како грешка од минатото, која им се оттргна од нивната контрола, неочекувано и мудро.

Ох, се' е можно, но требате да бидете послушни и да успеете да не наговорите, сите нас Македонците во и надвор од Македонија, колективно да одиме во реката Јордан и да го замолиме св. Јован Крстител (ако е се' уште таму некаде) да не прекрсти заедно со нашата исконска и библиска земја и тек после да влеземе потполно чисти и невини во НАТО и Европската Унија. Ќе можете ли тоа да го направите? Се сомневам!

Господине министре, лично би ве замолил "месото" кое сте го ставиле на   костурот за кои зборувате, поарно ќе биде до колку му го дадете на некој друг, кој ќе ја препознае  вашата љубов и добра намера и ќе ви биде вечен пријател. А на господинот Коsијас поклонете му една добра и лута буковска пиперка, за побргу да се врати во Атина заедно со едно македонско големо "СИКТЕР", како што тој убаво ве испрати од Атина со своето големо "НЕ", и со препорака  да му се вратите кога ќе му ја донесете Македонија на тацна, како вашиот водач Заев на бугарскиот мудрец, Борисов. 

До тогаш, бидете ми добри, здрави и не им верувајте на Грците и кога подарок ви носат.

 

Ваш Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

****************************

Сотир КОСТОВ

СМРДЕАТА ОД НЕИСЧИСТЕНИТЕ

АВГИЕВИ ШТАЛИ НА БУГАРСКАТА

ИСТОРИОГРАФИЈА

Пишува: Сотир КОСТОВ

 

Испровоциран од перфидната игра на Бојко Борисов, како експонент на денешната бугарска државна политика, за "заедничката историја на Бугарија и Македонија и за заедничкото славење на истата", притоа, замаскирана со лажното лице на пријателство и добрососедство која наивниот или програмираниот Зоран Заев, веќе, ја прифати, но и револтиран од крајно тенденциозните и понижувачки изјави на Божидар Димитров за формирањето на македонската нација и македонскиот јазик, одлучив да напишам краток серијал колумни, како моја одлучна и енергична реакција на нивната политизација на историјата, пројавена како голема и срамна лага.

Воден сум само со една и единствена цел - да ја изнесам историската вистина, која не потекнува ниту од референдумско потврдувачката 1991 година, ниту од државотворната и АСНОМ-ска 1944 година, ниту пак од славната, револуционерна и Илинденска 1903 година. Напротив. Нејзините современи корени датираат од последната декада на 18 век, па до 1840 година, кога се напишани и објавени првите текстови на македонски јазик од Даниел Москополец, Теодосије Синаетски, Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ.

Тоа е периодот на будење на македонската национална свест.

Потоа продолжува во втората половина на 19 век, кога најпрвин се издадени првите учебници од Јордан Хаџи Константинов - Џинот и Кузман Шапкаров, па со раѓањето на новата македонска литература на Димитар и Константин Миладиновци, Григор Прличев, Рајко Жинзифов кога се  напишани  и првите граматики и национални публикации од Ѓорѓи Пулевски, Димитрија Чуповски, па се' до плејадата од крајот на векот и почетокот на следниот - Петар Поп Арсов, Војдан Чернодрински, и, се разбира, највпечатливиот афирматор на македонската посебност, Крсте Петков Мисирков.

А можеме ли да не го споменеме и Коста Рацин, Венко Марковски и Блаже Конески, од првата половина на 20 век и останатите, како  Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јаневски, Коле Чашуле, од првата повоена генерација литерални дејци, па Анте Поповски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, од втората генерација, и Живко Чинго, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Миле Неделковски, Евтим Клетников, Венко Андоновски, Горан Стефановски, и ... и...уште толкумина други и многу повеќе, поради кои не сме народ и нација без национална свест, национална идеја, мисла и национален пишан збор. 

Овие корифеи на творбите на македонскиот дух, преку своите литературни дела и низ најразлични јавни пројавувања - истражувања, мемоари, есеи, публикации, епистоларија - сите до еден се согласија енергично и ангажирано, чесно и жестоко и ја деблокираа историската вистина, со цел да се осветли историската темна инерција и заблуда околу нашето име, идентитет, народ и држава. 

Сите тие и многу други знајни и незнајни, се стамени воини на/за единствената македонска вистина. Поради сите нив, повеќе од 200 години не сме анонимен дел од светот, повеќе од 70 години Македонија не е веќе тера инкогнита. Се во функција на одбрана на македонството - видено, разбрано, сватено и прифатено како позиција на разум, на цивилизациска суштина и на културна комуникација.

А сега, нешто повеќе и по конкретно за негаторите на оваа македонска кауза и противниците на македонската истрајба и опстојба. Тоа е делот од бугарските историчари, автори на бугарската историографија, кои ги создадоа нај искривоколчените историски идеи, мисли и записи за нас Македонците и нашата Македонија, но и за себе самите. Сите, од првата, до последната - идеа, мисла, запис - се најголеми невистини, од причина што не се поткрепени со издржливи аргументи, а веродостоините факти им недостасуваат. Како такви, се чисти и голи лаги. 

Почнувам со констатацијата дека бугарската историографија, во однос на Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик отсекогаш била во функција на великобугарската државна политика. Надополнувам, дека слепо бранејќи ги великобугарските аспирации кон македонскиот народ, македонската територија, македонскиот јазик и  македонската држава отстапуваше од научните стандарди и историските факти и аргументи и се претвораше во пропаганден сервис на великобугарската политика за дневно политички потреби.

Кога е збор за Македонија и македонското прашање, безмалку од 150 години бугарските историчари ја пишуваат историјата според потребите, интересите и диктатот на бугарските политичари. Секако, има чесни исклучоци, но тие се многу малку, на број.

Ако ја анализираме бугарската историографија, т.е. што се' пишувале бугарските историчари за Македонија и како со тек на времето се менувале нивните ставови во врска со историското минато на македонскиот народ ќе забележиме, дека бугарската историографија, во најголема мера, е јавна слугинка на дневната политика во Бугарија. За потврда на оваа констатација ќе дадам примери, поткрепени со факти и аргументи, за историографијата на Бугарија од 1944 година, па се' до денес. Истата, можеме условно да ја поделиме на три периоди:

Првиот од 1944 до 1948 година, до Петтиот Конгрес на бугарската комунистичка партија. Вториот од 1948 до 1958 година, до Седмиот Конгрес на бугарската комунистичка партија. И Третиот од 1958 година па наваму.

Основна карактеристика на првиот период е што по 9 сптември 1944 година, после победата на прогресивните сили на бугарското општество, создадени се услови за развој на историската наука врз научни основи. Треба да се има во предвид дека бугарската историографија од предходниот период, а значи тое е периодот на Балканските воини, Првата и Втората светска војна, обработувајќи го историското минато на бугарскиот народ од идеалистички, романтичарски и фашистички позиции, имаше направено такви искривувања и фалсификати за историските настани, личности и севкупни случувања, што слободно може да се каже, дека пред бугарските историчари се постави задачата да ги исчистат нечистотиите од Авгиевите штали на бугарската историографија. Тој е период кога најголемиот дел од бугарските историчари поведоа борба против се' уште присатната фашистичка идеологија во бугарското опшество, против искривувањето на историјата, против великобугарскиот шовинизам,  кои беа еден вид  целосна и заокружена идеологија на дотогашната бугарска државна политика за територијални заграбувања, за негирање на македонскиот народ и македонскиот јазик.

Во таа смисла, историчарот Јарослав Јоцов анализирајќи ги настаните од блиското минато, во статијата "Балканска војна" (0бјавена во списанието "Историски преглед", за година 1946 - 1947, книга 4-5), пишува: "Надворешната политика на Бугарија од ослободувањето од Отоманската империја до Балканската војна, земајќи, сообразно со меѓународната ситуација и силата и можностите на земјата во моментот,  различни форми, упорно говореше една цел - подготовка за завладување на Македонија. Барајќи го пријателството со султанот, каква што беше политиката на Стамболов, или поткрепата на царска Русија, каква што беше политиката на Стоилов, бугарската буржуазија, преку своите политички партии на власт, ја имаше пред очи секогаш Македонија. И пријателството со Султанот и потпирањето на царска Русија, бугарската буржуазија ги ползуваше за засилување на своето влијание во Македонија. Средствата на таа политика беа Егзархијата и училиштата. На своите завојувачки цели, меѓутоа, бугарската буржуазија им даваше форма на национално обединување. Со тоа таа сакаше да ги вовлече народните маси во вештачки создадениот, од неа, национализам... Буржуазијата и дворецот имаа само едно средство, да го оттргнат вниманието на народните маси од актуелните прашања на внатрешната политика, а тоа беше активната агресивна надворешна политика за територијално разрешување и војна, која требаше да ги реализира целите на таа политика..."

Завршувајќи ја својата статија, овој историчар заклучува: "Но Балканските монарси и балканската буржуазија, опфатени од своите династички и тесно класни интереси, не се покажаа способни да ја решат таа историска задача...". Истиот историчар, во една друга статија, "Вмешувањето на Бугарија во првата светска војна", печатена во "Исторически преглед", година IV, книга 4-5, го пишува следното: "Бугарската буржуазија, исполнувајќи го блиското сродство на бугарскиот и македонскиот народ, ја прикриваше својата империјалистичка политика за господство над Балканот со фалшивата политика за национално обединување на другите, според неа, под туѓо ропство делови на бугарскиот народ. Навистина, меѓутоа, во текот на Балканската и Првата светска војна, Бугарите го покажаа вистинското лице на бугарската буржуазија".

Од тој период значајна е статијата на историчарот Јоно Митев "Формирањето на бугарската нација", објавена во "Исторически преглед". година IV, книга 3, во која тој прави строго разграничување, временско и територијално, во формирањето на бугарската и македонската нација. Во таа смисла, тој ќе напише: "Не може да не се одбележи колку антинаучни се сваќањата на некои бугарски историчари и социолози, кои истакнуваат дека 'изникнувањето на националниот живот претставува бактериска микро фауна, која му донесува само понижување на сопственото културно ниво и создава политички хаос во светот' (Христо Гандев, "Националната идеја на бугарскиот историопис", 1940, книга II, страна 149). Според буржуаските историчари и социолози, малите нации, како Македонците, Словенците, Австријанците и другите, не постојат. Тие се само делови од големите нации - Бугари, Срби, Германци и други. Со тие свои теории, бугарските историчари му служат наполно на велико шовинизмот и фашизмот".

Разгледувакќи го оформувањето на ново бугарскиот јазик, овој историчар ги дава и границите на територијата каде што се простира тој јазик - меѓу Дунав и Белото Море и на запад до линијата Пирин - Деве Баир - Пирот - Тимок. Истовремено истакнува дека според големо бугарските шовинисти, македонскиот јазик е само една дијалектна разновидност на бугарскиот јазик. Тие додаваат, дека границите на бугарската нација стигаат до Костур.

Истакнувајќи ја апсурдноста на оваа теорија на бугарските буржуаски историчари и социолози, историчарот Јоно Митев тврди дека преку споредбата на старите зборници на народни песни, македонски и бугарски, со сигурност може да се утврди дека во текот на многу векови се формирал одделен бугарски национален јазик и одделен македонски  национален. Слична споредба може да се направи помеѓу поезијата на Петко Славејков и на константин Миладинов, што ќе потврди дека бугарскиот и македонскиот јазик со тек на времето се оддалечиле еден од друг. Овај историчар објаснува и дека територијата на една нација се оцртува и според економскиот и политичкиот живот. Тврди, дека ако ја проследиме економската историја на Бугарите и Македонците, ќе видиме дека Македонија уште порано се оформила, до некад, во одделна економска област во центрите Скопје, Битола и Солун. 

Во поглед на политичкиот живот, за Бугарија вели дека се развило едно силно револуционерно движење и не е случајно што револуционерната организација на Левски не се простирала во Македонија. Крајната точка на оваа организација, основана од Левски, на југозапад е Горна Џумаја.

Подоцна и во Македонија се формира Внатрешна револуционерна организација која дејствува само на територијата на етничка Македонија. На крајот, овој историчар заклучува дека историски факт е постоењето на македонската нација, која си има своја држава, своја власт и свој културен живот. И додава, обединувањето на Македонците надвор од македонската држава е прашање на време.

Двајцата напред наведени историчари, Јарослав Јоцов и Јоно Митев оценуваат, дека им претстои сериозна задача на бугарските историчари од старата школа самите да направат проценка на своите дотогашни ставови, со цел да ги отстранат своите идеалистички, романтичарски и реакционерни сваќања. Само на тој начин ќе се направи расчистување на Авгиевите штали на големобугарскиот шовинизам.  Повеќе од јасно е дека бугарските историчари во периодот од 1944  до 1948 година не само што го признаваат фактот на постоење на македонската нација и на македонскиот јазик како нешто одделно од бугарската нација и бугарскиот јазик, туку пишуваат и  за развојот на македонската нација и јазик, како историски појави од почетокот и средината на 19 век.

Бугарските историчари, наместо да го држат овој курс во историографијата и понатаму да го втемелуваат врз  основа на научни  и историски вистини, тие, во периодот што следува, полека, ама сигурно, почнуваат да го менуваат правецот, што значеше враќање во поранешна состојба, а тоа се позициите на историски фалсификати за настаните, личностите и севкупните случувања во истријата, кое водеше кон романтичарски национализам и потонување во глибот на великобугарскиот експанзионизам и шовинизам.

 

Преземено од "курир.мк"

Божидар Димитров

****************************************

БУГАРСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ

БИЛЕ ИСТ НАРОД

А МАКЕДОНИЈА СО ТЕК НА ВРЕМЕТО

ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА

 

"Bаба лаже, трапот не лаже", вели народната поговорка. А да го потврдиме  дека  тоа e така, ќе ве замолиме, прво, да го прочитате текстов, а потоа да го споредите со видео записот и зборовите на нашиот јунак, бугарскиот контраверзен историчар, Божидар Димитров.

Македонскиот претседател на владата, Зоран Заев, е навистина слаткоречив, една врста, да речеме,  модерен оратор, но во повеќето случаеви недоволно одговорен за положајот кој, за наша несреќа, го зазема во македонската држава. Во кусо време не направи ем Срби, ем Албанци, ем Бугари, а нема да помине долго и Грци. Меѓутоа, сега темата ни е да речеме збор два за  неговата посета на Бугарија и средбата со Борисов, бугарскиот претседател на владата и коментарот на Божидар Димитров, во приложениот видеозапис.

Искрено очекував дека некои од моите читатели ќе реагира на  приложениов видеозапис, но тоа не се случи. Па затоа, не ќе биде на одмет ако одново заедно се вратиме назад и внимателно заприметиме во што е важноста на моево враќање и негово дообјаснување. Прво, да ги преведеме зборовите на господинот Димитров од бугарски на македонски и после да видиме што ни кажува неговата широка насмевка, упатена директно в лице на Зоран Заев, но и на целиот македонски народ. Па, да почнеме:

"Мислев дека нема да го доживеам тој ден, кога ќе дојде   македонски политичар од Скопје,  по изјавата од пред еден месец, а тоа беше господинот Зоран Заев кој кажа, дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто... ехе, ехе...

И сега ќе се потпише договор. Договорот има една клаузула, на прв поглед не испробана, но ако се исполни договорот, ако се потпише, тоа означува крај на македонизмот и навистина претворување на Македонија во втора бугарска држава. Не така наеднаш, туку постепено." 

Е, сега да видиме што не забележавме во минатиот број на "Македонски Збор". Не ја забележавме   ароганцијата на овој бугарски историчар, со која отворено потврди, дека се' што до тој ден бугарската научна елита тврдеше дека бугарскиот и македонскиот народ се еден те ист народ, во две држави, е голема лага, на која наседна Зоран Заев и покажа дека е незрел малолетник, а не' зрел државник, со кој може сериозно да се разговараат, државнички работи.

Дека новата "реформска" влада на Зоран Заев e недорасната за сериозни односи со денешниот светски политички естаблишмент заедно со него, како челник на СДС, докажа и нивниот министер за надворешни работи, господинот Никола Димитров, со својата неславна посета на Грција, пред некои ден.

Ваш Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

****************************

св.св.Кирил и Методиј

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 28

 МАКЕДОНИЈА 

ЈАДРО НА КУЛТУРНИТЕ И ДУХОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

од средината на IX - до средината на X век

**************************************

 

1. Константин-Кирил и Методиј и создавањето на

словенската азбука во Македонија

 

Непосредната опасност од зајакнатата бугарска држава го принудила византискиот двор на активна политика за придобивање на словенската елита преку доделување привилегии, што вклучувало и нивно назначување за управници (архонти) во одделни склавинии. Воведувањето на христијанството меѓу Словените претставувало интегрален дел од византиската политичка стратегија. Ваквиот тренд ги предодредил византиските воено-дипломатски мисии во Македонија, чија што реализација им била доверена на солунските браќа Константин и Методиј.

Kонстантин и Методиј биле родум од Тесалоника и произлегувале од угледно семејство. Нивниот татко Лав ја извршувал високата воена функција друнгар (подстратег) на Темата Солун, додека мајката Марија исто така била од влијателно семејство. Исклучителното познавање на словенскиот јазик на Константин и Методиј, посведочено лично од императорот Михаил III во Методиевото панонско житие, како и прифаќањето на нивната подоцнежна управителска и мисионерска дејност од страна на Словените, упатува на нивното, најверојатно, словенско потекло. Фактот што браќата потекнувале од Тесалоника, каде што во изминатиот период се одвивала активна интеракција помеѓу Македонците и Словените, несомнено ги правело најпогодни личности за византискиот двор при имплементацијата на мисиите во истоветната средина во Македонија. Во тој контекст, мошне апликативно е сведоштвото на Јован Каменијат, кој во почетокот на X век го идентификува својот роден град Тесалоника како "прв град на Македонците".

 

 

СОЛУН, РОДНИОТ ГРАД НА СВ.СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Константин бил роден 827 година, додека раѓањето на Методиј како постар брат веројатно претходело во 825 година. Високите позиции на нивниот татко им ја обезбедиле наобразбата на Константин и на Методиј во престижни училишта во Тесалоника. Методиј, со пројавените воени способности, мошне рано бил забележан на византискиот двор на кој, веројатно, било следено школувањето на солунските браќа, антиципирајќи ја потребата од спроведување мисионерска дејност меѓу македонските Словени. Согласно со  неговото Проложно  и  Панонско житие,  Методиј на 20-годишна возраст бил поставен од Византија  за "кнез на Словените", со задача да управува  "словенско кнежевство". Податоците од т.н. Вистинска повест, како и оние од народното предание во струмичкиот крај од XIX век, дека кнежевството на Методиј ја опфаќало територијата на Стримонската склавинија и било концентрирано во струмичко-брегалничките краишта. Стратегиската местоположба на кнежевството, што веројатно кореспондирала со локацијата на Стримонска Клисура, се состоела во тесната поврзаност на регионот со заштитата на Македонија и на градот Тесалоника од антипизираните концентрирани напади на Бугарија. Токму во тоа се состоела и политичко-воената мисија на Методиј, чија приоритетна цел била да се зајакнат византиските одбрамбени позиции по должината на реката Струма со помош на македонските Словени. Меѓутоа, Методиј се соочил со разни тешкотии при десетгодишното управување (845-855), особено во сегментот на дисциплината и мотивацијата на словенската војска. Тргнувајќи од тоа, Методиј пристапил кон преведување и составување кодекс, познат како Законн за судење на луѓето, со кој примарно се регулирале воените прашања. Законот бил напишан на словенски јазик со грчки букви и се вбројува меѓу првите дела во словенската литература.

Сложенарта дејност на Методиј изискувала и умешност во ширењето на византиската политичка идеологија, заснована на христијанството како симбол на императорската власт. За пополнување на овој значаен сегмент од дејноста на Методиј, византискиот двор, во самиот почеток на 50-тите години на  IX век, во Македонија го испратил и Константин. Со својот исклучителен талент за совладување на филозофските и филолошките науки, Константин на 20-годишна возраст ја завршил Магнаурската школа, под менторство на најпознатите филозофи од тоа време - Лав Филозоф и Фотиј, по што наскоро бил промовиран и во професор по филозофија. Константин, несомнено, бил најпогодната личност за извршување на мисионерската дејност во словенското кнежевство, комплементарна со управата на неговиот брат Методиј.

Неколкугодишната мисионерска дејност Константин ја фокусирал на Словените што го населувале текот на реката Брегалница. Анализата на Краткото Кирилово Житие, Солунската легенда, За буквите од Црноризец Храбар, Пространото Климентово житие овозможува да се реконструктуира дејноста на Константин, чијшто краен исход било создавањето   на словенската азбука (855 г.), позната како глаголица, за потребите на македонските Словени. Константин составил и повеќе "книги на словенски јазик", а во христијанската вера вовел мноштво Словени, чија бројност во Краткото Кирилово житие е регистрирана на 54.000 луѓе. Логистичка подршка и конкретна помош при реализирањето на  Константиновата Брегалничка мисија несомнено му давал и Методиј. Откриените локалитети кај Крупиште археолошки ја аргументираат мисијата на Константин во Брегалничкиот регион, што резултирало со креирањето со креирањето на првиот словенски литературен јазик на почвата на Македонија. Потврда дека словенската азбука им била наменета на македонските Словени е неспорниот факт дека таа била креирана врз основа на македонскиот говор од Тесалоника и неговата околина.

Преземените политичко-воени и мисионерски мисии на браќата Константин и Методиј, сепак, не биле доволни да го спречат пробивот на Бугарите во источна Македонија. Непосредната бугарска опасност влијаела дејноста на Методиј и Константин да биде прекината кон крајот на 855 година. Со активно пројавената дејност во Македонија, Константин и Методиј создале основа за културна мобилизација на македонските Словени, внесувајќи нов суштински елемент во групниот идентитетски процес, во кој активно биле инволвирани и Македонците. Масовното прифаќање на создадената словенска азбука, заснована на македонскиот говор од Тесалоника и околината, претставува јасен индикатор дека процесот на етничка и културна интеракција помеѓу домородните Македонци и македонските Словени бил проследен со доминација на словенскиот јазик и со восприемање на христијанството, како заеднички елементи на етничкиот идентитет. Тоа постепено имало соодветна рефлексија и врз топонимијата. Воедно, интегрирањето на македонските традиции имало суштинско влијание за одржување на идентитетската посебност на Македонците, од аспект на бугарските завладувачки походи во Македонија, кои следеле од средината на IX век. До 864 година, во опсегот на бугарските освојувања се нашле источна, централна и југозападна Македонија, како и еден дел од јужна Албанија, додека територијата на јужна Македонија со Тесалија останала под власта на Византија.

Во текот на наредните години Константин и Методиј се посветиле на усовршувањето на словенската азбука и на преведувањето книги на словенски јазик на планината Олимп, додека нивниот мисионерски потенцијал бил користен од византиската дипломатија.

Клучната мисионерска дејност браќата Константин и Методиј ја реализирале во словенското кнежевство Моравија, почнувајќи од 863 година, претходно дополнувајќи ја и прилагодувајќи ја за потребите на Моравците создадената азбука во Македонија. Користејќи го интересот на Римското папство, кое претендирало да востанови свој духовен авторитет меѓу словенскиот свет, Константин и Методиј во Рим во 867 година издејствувале јавна служба на света литургија на словенски јазик. Со тоа, словенската богослужба добила и официјално признание, а словенскиот јазик бил вброен меѓу еднаквите по ранг јазици. Меѓутоа, Константин-Кирил заболел и во февруари 869 година во Рим го завршил својот живот, оставајќи го Методиј да го продолжи заедничкото сесловенско дело. 

Дејноста на Методиј како папски легат и архиепископ на Панонија во текот на наредните години била проследена со силни опструкции од страна на германски свештеници. Се' до смртта во Моравија 885 година, Методиј пожртвувано работел на развојот на црковниот систем и на воведувањето на словенската богослужба. Размерот на кирилометодијевската мисија во Моравија, која резултирала со поширока афирмација на словенскиот јазик во Европа, не се совпаѓа со првично утврдените дипломатски цели на Византија. Дотолку повеќе што тоа создало основа за креирање на посебна политичка култура на словенската елита, што не било византиска интенција. Тоа непосредно дошло до израз во Македонија, каде што Кирило-Методиевото наследство се инкорпорирало во дејноста на нивните врвни ученици Климент и Наум, кои во текот на последните децении од IX век развиле опсежна духовна и културно-просветителска дејност во родната земја.

Продолжува

****************************************************************

 

ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА

  • Гоце Делчев, кон Македонија

    ******

    Постара си од гороцветот и ножот
    - И тоа е се'.

    Во една твоја црква
    Откопан е зборот востание.

    Еве го и најдревниот глужд
    Со твоето име.

    Заградена си од време
    И свртена кон едно друго време.

    Те молам,
    Благословиме за покорник
    На твојата религија на недојденото.


    Анте ПОПОВСКИ , автор

  • ДОЈДИ В ОХРИД



    Во мугрите кога ги растури исток
    по небото темно златестите зракој;
    штом сонцето тргна проблеснато, чисто,
    по пресните следи на ноќта и мракот;
    езерните далги во утринен блесок
    го гушкаат мило крајбрежниот песок,
    - тогаш дојди в Охрид!

    Кипаристот висок, дабјето крај патот
    со ветерот кога ќе запеат песна,
    во полето кога се лулее злато,
    Дрим разлутен бега под врбите ресни,
    Галичица кога ред приказни реди
    и мирот со шепот и трепет го следи,
    - тогаш дојди в Охрид!

  • Темнината кога пласт кадифен фрли
    и избега денот зад врските снежни;
    штом зативне sвонот од блиските трла,
    врз небото темно sвездената мрежа
    се дипли, а светот в сон потонал длабок,
    сал негде е слушно шумолење слабо,
    - тогаш дојди в Охрид!

    Во тихата вечер притаена, мирна,
    штом месецот тргне по сводот да шета,
    и некаде, таму в недоглед ширен,
    сакана sвезда тој среќен ја срети;
    во облесок чуден езерото сјае,
    а околу светот се занемел, трае,
    - тогаш дојди в Охрид!


    Гане ТОДОРОВСКИ, автор

************************************************

Kind regards : 05 јули 2017

Sotir Grozdanovski broj 79