НЕ СМЕ ЗА ПРОДАВАЊЕ

АКЦИЈА "НАТО"

 

АТИНА И СКОПЈЕ

МОРААТ ДА ГО РЕШАТ  СПОРОТ СО ИМЕТО

ЗА ДА СЕ ОСЛАБИ РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ

(Главниот тајник на НАТО на пат за Македонија)

 

Јутарњи лист, 10 јуни 2017, Загреб

*************

Планот за промена на името на Македонија бил подготвен во Брисел, но за влез во НАТО и ПЈРМ би било доволно, а пак до влезот во Европската Унија, да се пронајде конечно решение во разговорите со Грција, јавува хрватскиот новинар Жељко Тркањец за дневникот Јутарњи лист од  саботата,10 јуни 2017 година.

"Со доваѓањето на  Зоран Заев на премиерскиот положај во владата на Македонија, би можело да се покрене и горливиот проблем и најголемата пречка за влез во евроатланските интеграции на Македонија, нејзиното име." Пишува во својот уводник, Тркањец.

Понатаму,  "Јутарњи лист" известува дека "новиот македонски премиер, Зоран Заев, ветил дека ќе го забрза патот на својата земја кон ЕУ и НАТО и за тоа веќе зборувал со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кого покрај овај проблем на глава ја имал и финансиската криза во неговата земја, Грција."

Во својот текст, Жељко Тркањец, го споменува и проблемот со насилното влегување во македонското Собрание на 27 април о.г. па вели: "Неодамна беа објавени документи на македонските и на некои други тајни служби, дека во протестите на македонските граѓани од 'За заедничка Македонија' учествувале и припадници на српските тајни служби, но и дека во дестабилизацијата на Македонија биле активни и руските тајни служби, поттикнувајќи сукоби на Албанците и Македонците. Русија влезот на Црна Гора во НАТО тешко го примила, бидејќи со тоа изгубила една коцкица повеќе од својот 'puzzle' - ребус во своите интересни планови на западниот  Балкан, а Македонија, била предвидена да биде дел од руската интересна сфера. Па така, одлуката на НАТО да ја прими Македонија во своите редови со референцата Поранешна југословенска Република Македонија, а подоцна,  со Грција  да се изнајде конечно решение за нејззиното име, потполно разбирлива."

Со ваа одлука, наводно, се сложил и Заев, сметајќи дека ќе има доста време за изнајдување конечно решение, бидејќи на разговорите за влез во Европската Унија и така не им се гледа почетокот во блиска иднина.

Во меѓу време, Заев разговарал и со грчкиот премиер и примил честитки за неговиот  премиерски избор, но и му рекол дека за Атина и понатака не е прифатливо името Македонија, но ПЈРМ или некое друго сложено име, би било. 

Инаку како знаеме и од порано, Република Македонија е призната со нејзиното уставно име од Русија, Кина, САД и уште 140 други држави. Добро е да се спомене и фактот, дека и сите земји членки на НАТО и ЕУ влезени во овие интеграции после 1990 те години Република Македонија ја признаа со нејзиното уставно име. Се вели во хрватскиот весник Јутарњи лист.

И на крајот, ево ги предлозите за евентуално ново име на нашата татковина, за кои би се разговарало без одобрение на македонскиот народ, како изгледа од однесувањето на меѓународната заедница, но и од новопоставената влада на СДС и на Албанците во Македонија:

Република Македонија (Скопје), СлавоМакедонија, Славенско-албанска Македонија, Горна Република Македонија, Независна Република Македонија и Република Скопје.

 

Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

 

Шеснаесет-зрачното сонце со кралската розета во сончевата топка-симбол на античките Македонци и античкото Македонско кралство.

АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА  ВЛАДИТЕ НА СДСМ ЛДП И ВМРО-НП

 

Античките историчари кои живееле во времето кога суштествувале античките или древните Македонци тврдат, дека античкиот македонски народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Гнеј Трог Помпеј, еден од најголемите експерти по старомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога старите Македонци биле поробени од Римјаните, вели "Македонците се од пелазгиски производ" (Justin VII,1,3).

Најголемиот антички географ Страбон (63/64 г.п.н.е. - 24 г.н.е.), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбон, стр.221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини - Грци, туку со Пелазги - свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија.

Херодот, античко-елински историчар пак пишува дека порано и цела Елада - Грција, била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите биле асимилирани во тој дел на Балканот, но се' уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57/58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада, сепак, останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Тит Ливиј, книга XXX, стр.29).

И покрај премногу историски извори и докази за потеклото и јазикот на античките Македонци, сепак и денес сме сведоци, не само од страни негатори на потеклото, јазикот, културата, обичаите ...на античките Македонци, а со тоа и на потеклото и културното наследство на современите Македонци, туку за жал и за потполно чудење, од домашни универзитетски професори, академици, политичари, архитекти и да не набројувам уште кои и какви се' не функционери, активисти или симпатизери од тајфата на СДСМ, ЛДП и ВМРО-НП.

За чудење и не верување е ваквото не само непатриотско, туку и отворено непријателско однесување на дел од македонските културни и интелектуални кругови спрема историјата и културното наследство на македонскиот народ, фрлајќи дрвја и камења против оживувањето и актуализирањето на античко македонската историја, преку Проектот Скопје 2014.

Ваквите артикулации опфаќаат широк дијапазон, почнувајќи од обиди за негирање на нашите врски со древните Македонци, преку омаловажување на ликови од античко македонската историја, па се' до талибански изјави во кои се навестува рушење на спомениците со античка содржина. Ваква перверзија - некој да си ја плука сопствената древна историја, не постој кај ниту еден друг народ во светот. Овие субјекти го измислија и ретардираниот поим "антиквизација". Според нивната логика, денешните Македонци се "чисти Словени", а Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги направи "антички Македонци".

Но, тоа е обична лага и потполно не познавање на македонската историја, посебно древната македонска историја, која е достапна за обичните средношколци, а камоли за овие сите кои ги набројавме и кои би требало нашите млади поколенија да ги воспитуваат.

Како прво, Македонците не можат да бидат "чисти потомци" на ниту еден народ, вклучително ни на Словените, затоа што никаде во светот не постојат народи со чисто етничко потекло. Оттаму, ваквите ставови на денешните насилници од однадвор поставените владатели на македонската држава здружени со најрадикалните албанско-балистички делови од албанското малцинство во Република Македонија, содржат елементи на расизам

Како второ, владата на ВМРО-ДПМНЕ со ништо и никогаш нема изјавено дека Македонците се чисти потомци на древните Македонци, туку само се погрижи да ја исправи историската неправда, а тоа е тенденциозно и злонамерно запоставување на античкото-македонската историја и античките Македонци како составен дел од етногенезата на македонската нација. Да поедноставиме: - Никој доволно образован Македонец, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ, не тврди дека античките Македонци се единствените претци на денешните Македонци, туку дека и античките Македонци го дале својот крвен и културен придонес во денешната македонска нација. Истото го тврди и Македонската Православна Црква, Охридска Архиепископија, која некоректно беше нападната дека се "откажала" од св. Климент Охридски и сл.(ако се откажала, тогаш зошто се' уште во нејзиниот наслов стој неговото име?).

Современиот македонски народ е успешна симбиоза од Словени и Македонци, така наречена (Мutualizm) или обострано - трајна и обострано корисна заедница, на два народи.

СЛОВЕНИ + ДРЕВНИ МАКЕДОНЦИ = МАКЕДОНСКА НАЦИЈА

А сега нешто за учебниците споменати во нашиот наслов, кои претрпеа девијации и од корисни средства за осознавање со нашето славно историско и културно минато, до средство за поделби во академската заедница во Македонија, кои им се закануваат на македонскиот народ со губење на националниот идентитет, но и македонската држава, каква е знаеме. 

Затоа, сакаме да ја потсетиме македонската јавност за една вистина,   а таа е, дека во времињата пред овие, сега, кога СДСМ одново, под сомнителни и не легални околности, ја зазеде зградата и фотелјите на Владата на Република Македонија, официјално се тврдеше и од СДСМ и од ЛДП и од ВМРО-НП дека древните Македонци се составен дел од денешната македонска нација и во исто време се глорифицираше славната античка историја и неизините славни водачи Филип II Македонски и неговиот  син Александар III Македонски.

Меѓутоа, исто така сакаме да ја информираме македонската јавност и за фактот, дека од истите тие актери од минатото, кои, барем за тие времиња зборуваа богоугодни вистини, денес се слушаат спротивни и застрашувачки закани, дека таа вистина повеќе не е вистина и дека со стапувањето на власт во македонската држава, ќе ги отстранат од лицето на македонската земја сите спомени од славното македонско минато, заедно со сите споменици на македонските великани, "зошто тие немалe ништо заедничко со македонската историја и дека тие се и најголемата пречка на патот кон Европската унија и НАТО, како едини гаранти на македонската иднина и безбедноста".

Како доказ и сведоци на нивната превртливост и неверодостоиност, се' уште можат да ни послужат учебниците по историја за основно и средно образование од изминатите времиња  на нивните режими. Познато е дека учебниците по историја се одраз на официјалните ставови во однос на историјата на секоја влада, која истите ги финансира преку Министерството за образование.

Едноставно, авторите на овие учебници се професионалци, кои чесно си ја завршиле работата и чии дела (учебници) биле прифатени од страна на тогашните влади.

Ако е тоа така, тогаш кои се причините за ваков пресврт во однесувањето спрема сопствената национална историја која е цврсто поврзана со името на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ?

Спрема пишувањето во текстот отпечатен во Дневник од 19 јуни 2015 година се вели, дека во сите учебници што биле стручно прегледани недвосмислено се тврди дека античките Македонци се составен дел од современата македонска нација, што е во согласност со тврдењата на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено во овие учебници драстично е зголемен обемот на изучување на античка Македонија со забележливо глофицирање на ликот и делото на Александар Велики Македонски и на неговиот татко Филип Втори.

Па така, на пример, во учебникот "Историја за I клас" (Природно-математичка гимназија и правна струка, "Просветно дело", Скопје, 1996) од авторите: проф. д-р Бранко Панов, д-р Симо Младеновски и д-р Светозар Наумовски на стр. 162 читаме:

"Од измешаните Словени и Македонци постепено во втората половина на X век бил создаден новиот македонски народ...Древните Македонци им ги пренеле на Словените не само својата култура, обичаите, христијанската религија, туку и називите Македонија и Македонци со што ги издвоиле од другите балкански народи. Словените од своја страна ослободиле голем дел од староседелците Македонци, кои живееле како робови и ги претвориле во слободни луѓе."

Во текстот се споменува дека ова е објавено во официјален учебник по историја, наменет за македонските ученици и финансиран од владата на СДСМ во 1996 година, кога министерки за образование беа Емилија Симоска и Софија Тодорова од СДСМ.

 

Затекнати антички Македонци

 

Уште подецидно и недвосмислено потенцирање на фактот дека античките Македонци се составен дел од денешниот македонски народ е претставено во учебникот по историја за прва година гимназиско образование ("Просветно дело", Скопје, 2006) од група автори. Овде читаме:

"По населувањето, Словените во Македонија ги затекнале античките Македонци. Во почетокот односите биле лоши, но постепено се подобрувале. Македонците биле христијани и со повисока култура. Словените за новата татковина го прифатиле името Македонија и почнале да се нарекуваат Македонци, а староседелците Македонци го прифатиле словенскиот јазик, а подоцна и словенското писмо. Со Меѓусебно мешање постепено се формирал македонскиот народ".

Овој учебник е објавен пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во него е издвоена посебна тематска целина за античка Македонија.

Фактот дека античките Македонци ги внеле своите крв и култура во денешната македонска нација, уште подрастично е спомнат и во учебникот :Историја за I година гимназија" од Милан Бошкоски, Виктор Лилчиќ и Јордан Илиоски (Институт за национална историја, Скопје, јули 2002) во тематската единица "Доселување на Словените во Македонија", на стр. 164 и 165 читаме:

"За време на доселувањето на Словените во Македонија, најголемиот број од жителите биле Македонци. И покрај силното влијание на римската култура и населувањето на варварските народи за време на преселбата на народите, античките Македонци за време на населувањето на Словените, ги сочувале своите етнички белези... Набргу по населувањето почнало меѓусебното влијание помеѓу античките Македонци и Словените. Античките Македонци одиграле важна улога во издигнувањето на цивилизациското ниво на Словените во многу области од животот и обичаите, начинот на обработката на земјата, занаетчиството, трговијата, сточарството и др. Тие им го наметнале името Македонци на Словените, а за новата татковина името Македонија. Од своја страна, пак, по христијанизацијата Словените им го наметнале словенскиот јазик и писмо на античките Македонци. Во етногенетскиот процес кој траел повеќе векови, дошло до формирање на македонскиот народ врз античкото културно наследство, христијанската култура и словенската јазична основа."

Во време на објавувањето на овој учебник, министер за образование е д-р Ненад Новковски од предходната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ. Практично, тогашната ВМРО-ДПМНЕ финансирала официјален учебник во кој се тврдело дека денешниот македонски народ е создаден "врз античко културно наследство".

Истото тврдење е застапено и во учебникот "Историја за шесто одделение" од проф. д-р Бранко Панов, Андон Ѓорчевски и Мирослав Бошковиќ ("Просветно дело", Скопје, август 2001, стр. 47), кој исто така е објавен и финансиран од Владата на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Овде читаме:

"Пред и за време на населувањето на Словените во Македонија најбројно староседелско население биле древните Македонци...Од измешаните Словени и Македонци подоцна, во вторта половина на X век бил создаден новиот македонски народ...Древните Македонци на Словените им ги пренеле не само својата култура, обичаите, туку и имињата Македонија и Македонци, со што се разликувале од другите соседни балкански народи".

 

Посебен народ со посебен јазик

 

Што се однесува до третманот на античка Македонија во учебниците по историја објавени од страна на СДСМ, веднаш ќе кажеме дека во учебниците по историја на античка Македонија е отстапен драстично поголем простор во однос на нејзиното изучување за време на југословенската држава. Во учебникот "Историја за I клас" (Природно-математичка гимназија и правна струка), објавен во "Просветно дело" (Скопје, 1996)од авторите: проф. д-р Бранко Панов, д-р Симо Младеновски и д-р Светозар Наумовски за карактерот на античките Македонци (стр. 72), читаме:

"Античките Македонци биле посебен народ кој се оформил по долготраен процес од повеќето македонски племиња, расположени на природните заокружени области на Македонија...Античките Македонци имале свој посебен јазик од индоевропско потекло, свои обичаи, начин на живеење и облекување, свои верувања и религија..."

Во тематската единица "Улогата и значењето на македонската држава", јасно е потенцирана величината на најславниот македонски цар Александар Трети Македонски. Овде читаме:

"Александар Трети Македонски бил прогласен за цар на царевите. Имал намера да ја проширува својата држава и кон Апенинскиот Полуостров. Планирал нови походи, тежнејќи да изгради светска заедница на рамноправни народи. Но, ненадејната смрт ги прекинала неговите натамошни освојувачки планови. Се смета дека починал од маларија во 323 година пред новата ера, кога имал само 33 години, далеку од својата татковина Македонија, чие име го прославил во светот."

Каде е логиката на СДСМ кога од една страна сами финансирале учебник по историја наменет за десетици илјади македонски деца, во кој убаво пишува дека Александар Македонски го прославил името на Македонија во светот, а од друга нивни сегашни активисти се спротивставуваат на градењето на неговиот споменик, односно неговото рушење,

Каде е логиката и историскиот експертизам на Љупчо Георгиевски, сегашен лидер на ВМРО-НП и поранешен претседател на македонската влада кога со полна и запенета уста негира се' македонско во полза на Бугарите, Грците, Албанците и Србите тврдејќи, дека Александар Македонски бил Грк и дека на секаде и секогаш го ширел Хеленизмот а не Македонизмот. Со какво историско познавање за античките Македонци, а и за Словените расплага, па да ги негира дури и најпознатите светски експерти по античка историја кои тврдат спротивно и се на страната на Македонците а не на Грците...?

За пример, Eugene N. Borza,  тврди, дека неможиме ништо повеќе да очекуваме од изворите за античка Македонија, зошто скоро се' што Грците пронашле во македонската земја, која ја окупирале со помош на нивните западни сојузници и штитеници, од времето на античката македонска цивилизација или е скриено или потполно уништено од погледот на меѓународната јавност.

Во учебникот "Историја за петто одделение" (IV то изменето издание, "Просветно дело", Скопје, 1995) од д-р Симо Младеновски објавени се шест обемни лекции посветени на античка Македонија. Во предговорот на оваа тематска целина читаме:

"Најголемо територијално проширување и процут државата на античките Македонци доживеала во времето на кралот Филип II и Александар III Македонски. Од мала балканска држава тие ја издигнале во балканска велесила и потоа во најмоќна држава во стариот свет, простирајќи се од Јадранско Море до Индија и Египет".

Во првата лекција во врска со настанокот на името Македонија, читаме:

"Името Македонија доаѓа од старомакедонските зборови макос- широк - голем, и дон - земја, а според името на земјата биле именувани и античките Македонци и нивната древна држава што настанала на тоа подрачје".

Во врска со карактерот на античките Македонци, овде читаме:

"Античките Македонци, како посебен народ имале сопствен јазик и култура, а се одликувале од другите племиња и по својата облека, обичаите и начинот на живеењето".

Овде гледаме драстично спротивставување на грчките ставови кои зборовите "макос" и "дон" ги сметаат за "грчки", a античките Македонци за "Грци".

Во истиот учебник (стр. 102) во врска со ликот на најславниот македонски цар, истакнати се неговата величина, патриотизмот и космополитизмот:

"Александар III Македонски (336 - 323 година пр.н.е.), подоцна наречен Велики, ја издигнал Македонија во светска сила, освојувајќи ги областите од Македонија до Египет и Индија. Тој сакал да создаде светско царство на рамноправни народи".

Во учебникот по историја за V то одделение од авторите Борче Миревски и Тодор Тодоровски ("Македонска искра", Скопје 2005) исто така е застапена посебна тематска целина посветена на античка Македонија. Во воведниот дел, меѓу другото, читаме нешто што ќе претставува студен туш за некои денешни сдсмовци:

"Вистински процут Македонија доживеала во време кога на престолот се наоѓале кралевите Филип II и неговиот син Александар III Македонски. Филип ги покорил и ги ставил под своја власт грчките полиси, а неговиот син Алекдандар, од битка во битка, нижел победи и ја проширувал својата држава се', до реката Инд на исток" 

Тешко на СДСМ ако денес Грците дознаат дека оваа партија во 2005 година финансирала учебник преку кој ги подучувала македонските деца дека Филип Втори ги "покорил Грците"! Доколку некој од грчката амбасада во Скопје го прочита овој текст (а сега и проширен со нови податоци, С.Г.) ќе ми биде драго ако ја запознае грчката влада со ставовите на СДСМ во 2005 година во однос на античко-македонската историја. Во продолжение во врска со величината на Александар Велики Македонски, читаме:

"Времето на Филип II и Александар III Македонски оставило неизбришливи белези не само во македонската, туку и во историјата на човештвото...

 

Обвинувања кон сопствената партија

 

По изнесувањето на овие факти, сега би требало да се очекува активистите на СДСМ заедно со "шарените револуционери" (човеколиките мајмуни - уметници), да ја обвинат сопствената партија за "антиквизација" на учебниците по историја што самите ги финансирале. Ова истото важи и за дел од претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а секако и на ЛДП. Некои од нив денес ги застапуваат грчките ставови според кои античките Македонци биле "Грци"  и дека денешните Македонци немаат врска со нив, а кога беа на власт, финансираа учебници по историја во кои јасно пишува дека античките Македонци не биле Грци и дека истите биле составен дел од денешната македонска нација.

 

ПОФАЛНА РЕЦЕНЗИЈА НА ЕЛЕОНОРА ПЕТРОВА

Заслугите на Александар Велики Македонски се потенцирани и во учебникот "Историја за петто одделение" од група автори, чиј рецензент е д-р Елеонора Петрова - Митевска (во тоа време член на најтесното раководство на СДСМ, а потоа член на Советот за култура на оваа партија), објавен во издание на "Табернакул" (Скопје, 2005).

Во овој учебник посветена е посебна лекција за ликот на Александар III Македонски, во која читаме:

"Александар бил најголем војсководец и освојувач во историјата. Со своите походи тој надалеку го раширил и прославил името на Македонија. ... Поради неговите освојувања, подоцна Римјаните му го дале прекарот Велики.

 

Текстот  е преземен од Дневник.мк, а за "Македонски Збор"

го прилагодил и уредил Сотир Гроздановски.

***************

 

Алдо Климан

КРИМИКРАТИЈА И ДЕМОКРАТУРА

Пишува: Алдо Климан

 

Секој морал има свои пет минути. Така и неморалниот политички дилетант Зоран Заев и неговата предавничка партиска и коалициска големоалбанска клика мангупски се дограбија до својата бедна петминутна слава на владатели. 

Тоа дрвце неоти ќе роди нешто, како што велимакедонската народна поговорка, бидејќи не беше кадарно само, по природенпат, од домашна плодна семка да никне, ниту пак да пушти здрав корен и да израсне од срцевината на македонскиот народ и од неговиот богат национален хуманистички дух, туку со мачни тегавења, буткања, натегања и туркања со сите сили и севозможни притисоци и гнетења од страна на безмилосни странски замешатели што веќе со години политички ни ја копачат и ни ја преоруваат Македонија и како пијани милијардери со жолти жолтици го купуваат поткупливиот дел од македонскиот политички и медиумски простор, едвај успеа да вирне од црното приземје и подземје, опасно морално заѓубрувано и заѓубрено, загадувано и загадено до непрепознатливост од истите тие што ни го отруја народот до самоомраза и до самоистребување.

Така, како некогашните мрачни латиноамериканските хунти, државата ни ја опседнаа криминалци и корумпирани луѓе со сомително минато и матна сегашност. Иако тоа инструментално лудило и сите ние самите со сопствени очи го гледаме среде бел ден, нема зошто исцело и без задршка да не му веруваме и на добро информираниот инсајдер Зеќирија Ибрахими од Движењето Беса, кој во македонскиот парламент офоцојално изјави, а и пошироко образложи, дека владата на Зоран Заев е полна со корупција и криминал. А ние веднаш додаваме: првиот и најистакнатиот меѓу нив е Баш Зоран Заев, кој, притоа, како премиер на само половина народ, ете, има уште и таков сериозен политички дефект да биде само полупремиер. Сите го помниме, нели, неговиот незаборавен уметнички лик на бесрамен и невоспитан криминалец и изнудувач од долгиот мачен документарен филм на струмички дијалект, ремек-дело на седмата уметност од макединскиот црн бран под оскаровски наслов "Зоран Заев бара поткуп". Ги молам оние македонски граѓани што се' уште не го гледале, а и другите заинтересирани, веднаш да си го побараат на интернет (https://www.youtube.com/watch?v=5ptCYSaLFRI) каде што тој генијален филм континуирано со успех се прикажува и досега го имаат видено 205.511 гледачи, а таа бројка секој момент незаписрливо се зголемува.

Уживањето ви е сосема безплатно и е многу поучно. Па, зошто таа криминална хорор-приказна со Зоран Заев како главен лик, сегашен премиер на половина народ, некој да ви ја прераскажува?

Веднаш до него ете ти го и конвертитетот со уметничка брада Талат Џафери (прво ЈНА, па АРМ, па  ОНА, а сега којзнае што), прославен со криминалното учество во државниот удар од 27 април 2017, по што без срам и перде незаконски и комплескашки си заседна на претседателското столче во македонското Собрание, веднаш пучистички воведувајќи во пракса низа незаконски и противуставни постапки и протоколи, од топорењето на албанското знаме во официјалниот кабинет на собранискиот спикер што тој дрско го узурпира, до обраќањето на албански јазик од местото на претседател на македонскиот законодавен дом.

Затоа е сосема разбирливо што херојската галерија карикатури и креатури што едноумно, во цврст, никогаш нераскинлив меѓуетнички блок си се наредија во македонското собрание и во македонската влада зад овие двајца корифеи и високодостојници на современата македонско-албанска кримикратија, веднаш доби и одглас во познатата македонска народна песна "Шарен паша", која оди вака:

Ајде ред се редат, мале, црните пучисти, компартијци, мале се' големоалбанци.

На чело им седит, мале, Зијадине Села, до него ми седит, мале, Талат Џафер бегот, а до него, мила мале, Зоран паша Заев.

Кафе пијат, молчат молкум, јадат шеќер локум.

Проговарат црни Заев: "Нема, бре, платформа, Хуриет ви давам, браќа, с мојава програма".

Одговара Села јунак: "Не лудуј, Зоран-паша!

Ферман дојде од Тирана, тирански тефтери, ти ни даде љута беса-Хуриет за златна кеса!"

Збор збореа за барјакот в одајата на спикерот.

Тивко шептит Шарен-паша: "Ако згрешил Џафер-бегот, ќе си тргне црвен барјак с орловите до две глави".

Се намурти Џафер-бегот: "Заев-паша, шарен-паша, од Муртино сарај-село с високи чардаци, дилми бевме црни браќа при државен удар, ме прегрна, прв ме гушна, од синија не те делам.

Како сега така збориш: Ако згрешил Џафер-бегот?

Добро да си чуваш, Заев, овој орел сос две глави!

Едната е моја, другата е твоја!"

Инаку, почитувани читатели, за оние на кои случајно не им е позната таа информација, веднаш да речемедека големоалбанскиот качак Зијадин Села што се појавува опеан во уводниот дел од цитираната епска песна, од пијаните големоалбанци нарекуван и "нов Хасан Приштина" и хистерично поздравуван со масовно пукање во воздух (што е сосема во духот на значајната реформска најава на премиерот на полојна народ Зоран Заев дека "ќе се пука!"), е многу познат и јавно докажан хиперактивен шовинист и мрзител на македонскиот народ, кому му е мрско се' што е македонско: и македонскиот идентитет и името Македонец и македонското знаме и македонскиот грб и македонската химна, ама баш се', освен, се разбира - како и на сите непоколебливи тираноплатформисти - македонската пратеничка фотејла и пратеничката плата во денари, печатени на македонски јазик.

Бидејќи премиерот на полојна народ Зоран Заев, како што видовме, е голем љубител на македоснката скриена кинематографија, ќе продолжам уште малку со седмата уметност.

За таквите како него и неговата најблиска предавничка и големоалбанска братија, кои со политичко насилство и уништувачки шарени и други дејанија привремено се искачија на власт, уверени дека од никој и ништо наеднаш станале некој и нешто, големиот италијански режисер Бернардо Бертолучи веќе одамна го сними својот прочуен филм "Дваесетти век", кој го опишува подемот на фашизмот во Италија кога, под маска на социјална авангарда, уличниот џган, насилници, комплексаши, мрсуловци и луѓе неуспешни на секој можен начин поради некои сложени историски и општествено-политички околности преку ноќ успеваат да се издигнат во средината и да се наметнат како моќни фактори во јавниот и во секојдневниот живот на обичните нормални луѓе. Насекаде царува само нивниот, сега ослободен бес, изживување и одмазда. Но, нивниот крај е беден. Бертолучи ја даде универзалната слика на подемот и падот на таа општествена мизерија, со врвно одиграната ролја на Доналд Сатерленд.

Но, во случајот на Сатерленд тоа сепак беше само една уметничка ролја, за разлика од галеријата најшарени ликови и калапи од нашата кримикратија кои се апсолутно реални и застрашувачки слични со оние од славниот филм на Бертолучи.

И еве уште малку филм. Како да не се случило ништо, како да се штотуку излезени од најпрестижни светски универзитети и успешно се искачуваат по скалилата на својата јавна и политичка кариера, а не како да се тоа што се - лица што уриваат и уништуваат се' околу себе додека беа во опозиција, други, пак, со крваво оружје в рака одвнатре насилно атакуваа врз Република Македонија и го поткопуваа и го уриваа македонскиот државен поредок, а потоа сите заедно учествуваа во најгнасните валканици на меѓународната заедница против Македонија и македонскиот народ, сервилно, сесрдно, бедно предавнички трчајќи како продадени душички од амбасада до амбасада по ништителски, антидржавни и антинационални инструкции и совети и, најпосле, учествуваа во мрачниот, сквернителен државен удар во срцето на македонската државност, во Собранието на Република Македонија.  

Тие, што цело време одеа по работ на политичкиот и идниот криминал, а најчесто и сосема од другата страна на законот, сега сакаат ние наеднаш да ги доживееме како уважени граѓани, како господа во фракови и цилиндри и со пеперутка-машни, само затоа, што седнале во државните фотелји, пуштиле уметничка брада, или летале со аероплан во Брисел.

Тоа ништо не значи!

Не си вообразуваите дека некого сте импресионирале.

За таквите, ете, и Френсис Форд Копола има снимено филм под наслов "Кум". Сигурно сте ги гледале сите три продолженија. Но неговите ликови, свесни за својата длабока потонатост во криминал и подмолност, настојуваат лека-полека, но дури во третото генерациско колено да излезат од сенката на својот валкан финансиски и јавен, граѓански подем. И сепак не успеваат! За секогаш остануваат во маѓепсаниот круг  на своите безбројни мафијашки гадотии и злодела. А господата од нашиот актуелен владетелски политички филм би сакале некако веднаш, веќе денес, како ништо да не се случило вчера, да ги доживееме како наши најблагородни јавни претставници со кои сите се гордееме, во татковината и во светот! Па ние умираме од срам што ве имаме такви, а пред очите живо ни се вртат сите ваши довчерашни и сегашни предавнички гадости што ги направивте и што ги правите и натаму со цел да ја уништите нашата прекрасна земја Македонија и да и' гo одземете славното име, достоинственото минато и иднината и да му ги одземете името и душата на македонскиот народ.

И токму за таквите расипани како вас Френсис Форд Копола го сними својот филм со универзална порака што, еве, стаса и до пред вашите врати. Но вие се' уште сте во првото продолжение на филмот, кога ги правите најподземните и највалкани работи, и ако, како и кај Копола, ниту во третиот дел од филмот никако не би можеле да станете господа, затоа што едноставно не сте тоа, туку она сосема спротивното.

На ова место на нашата црна фарса низ мислите наеднаш ми пролета и онаа историски важна порака на демократорот Заев, искажана само неколку минути пред да стане премиер на половина народ, кога авторитетно, дури авторитарно, а секако демократурно им порача на оние што ќе бидат на високите, како и на оние на пониските, па дури и на оние на најниските функции: "Да ми водите грижа за граѓаните, оти ќе има оставки и разрешувања".

И така, со еден мал граматички детаљ, со една банална заменка "ми", Заев како некаков си царски баќушка, уште непрогласен за премиер на половина народ, си ги присвои македонските граѓани.

Ево, тој момент во пленарната сала на парламентот наеднаш се слушна стравотното тропање, клопотење, чкрипотење и тресење на коските на сите потенцијални високи функционери, функционерчиња и функционерченца заради таа голема и застрашувачка закана од страна на малото македонско предавниче Заев, кое само пет минути подоцна, пред црната полноќ на Македонија, ќе стане премиер на половина народ. А особено страшно се исплашија неговите големоалбански партнери, од една страна затоа што си спомнаа колку беше ептем тешко да се преговара со него за тиранската платформа која тој едвај ја прифати за една минутка, а и затоа што некои од нив или читале од книгите во кои поранешниот офицер на ЈНА, Талат Џафери,  дури ги имаат и во живо сеќавање историските зборови на Слободан Милошевиќ кога пред триесет години во Косово Поле на илјадници Срби кои викаа "бију нас!" им порача: "Нико не сме да вас бије!" (иманентното продолжение на таа реченица беше: Ја сам ту да вас браним! - А општо познато е како ги одбрани).

Затоа би било подобро Заев да не ја користи онаа присвојна заменка и да не не' брани од себе и од своите продадени и големоалбански министри, иако сега знаеме дека барем половината македонски граѓани некое време ќе можат да си живеат безгрижно, во мир, зашто се под директна партиска и партнерска закрила на шарениот државник Зоран Заев кој, видовме, на сите страни се заканува со страв и трепет.  

Другата половина народ нека му мисли. Веќе се виде дека треба да му мислат дури и зградите и спомениците и оградите што ќе се уриваат. Нека му мислат и писателите и стотиците книги, новинарите и весниците печатени во последните десетини години, надвор од досегливото креативно време на демократорот Заев! И при тоа особено се изложени на погубна опасност старите весници по градските библиотеки, по таваните, по контејнерите и секаде каде што ги има, зашто според примерот на Хитлер и Сталин, се очекува премиерот на половина народ Заев наскоро да формира и стручно тело (таен проект "Ножици") за сечење на сите непожелни написи и фотографии на омразените луѓе во досега објавените годишта.

Гнилата конзервативна национална историја на Македонија мора итно да се уништи и да се тргне од пред очите на новите шарени граѓански поколенија без идентитет. Тој прочуен сталинистички метод за бришење на неподобната историја истакнатиот српски есеист Јовица Аќин го нарече Фотоморгана.

Е, под оваа и вака склепана власт на половина народ, власт однапред евтино продадена на меѓународната заедница,  нејзините центри на моќ и на големоалбанските планери, Македонија може да стане само таква фотоморгана: исечена од историјата и од стварноста.

Многу не избламираа, не понижија и натаму не понижуваат тие уличарски неранимајковци. Но, сакан мој народе, крени ја главата. И ова зло ќе помине. Што и да се обидат да ни направат, па дури и да успеат да направат уште поголем зијан од овој што досега го направија, ќе најдеме сили тоа да го поправиме. И особено доколку и онаа таговна половина народ што се' уште слепо му верува на Заев итно се свести и сфати, колку е прекрасно чувството кога стануваш од коленици.

 

Зоран Заев - Премиер криминалец

Гај Аурелије Валерије -Диоклецијан род.
244 - 311 пок.

****************************************

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

Дел 23

МАКЕДОНИЈА ПОМЕЃУ

ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ

(IV - V век)

 

1. Македонија во периодот на тетрархијата

 

Периодот на Pax romana бил нарушен во средината на III-век кога Готите, за кратко време, се наметнале како сериозна опасност, од чии што напади директно била засегната и територијата на Македонија. Неколкудецениската управна и економска криза што настанала во Римската Империја била надмината за време на императорот Диоклецијан (284-305). Неговата иновација со воведувањето на тетрахриското уредување ја истакнала позицијата на цезарот и наследник Максимијан Галериј (293-311), кому му била доверена во владение провинцијата Македонија, инкорпорирана во новоформираната диоцеза Мизија. Тенденцијата на Галериј за поистоветување со Александар Македонски и за придавање тежишна улога  на Македонија во амбициозните империјалистички планови била манифестирана низ изборот на Тесалоника за негово главно седиште (298 г.). Со одлука на Галериј, во почетните години од IV век, биле формирани новите провинции Тесалија и Нов Епир, чие што издвојување од провинцијата Македонија била следено со реоформување на историските граници на Македонија. Меѓутоа, амбицијата на Галериј го довела во директна конфронтација со другите владатели, со што Римската Империја се претворила во арена на жестоки судири. Во екот на воените пресметки, кои довеле до распад на тетрархијата, Галериј ненадејно заболел и починал (311 г.). Непосредно пред смртта, Галериј го објавил едиктот за толеранција спрема христијаните, што бил навестен почетокот на спроведувањето на новата идеолошка политика во Империјата, во која Македонија добила централна позиција на Балканот.

Константин I

2. Македонија за време на Константин I (306-337)

и неговите наследници

 

Во воените пресметки помеѓу тетрархиските  владатели,      како не прикосновени лидери на Западот и Истокот се наметнале Константин I (306-337) и Лициниј (308-324). Во текот на 317 година Константин успеал да ја наметне власта на поголемиот дел од Балканот, вклучително и во Македонија. Концентрацијата на политичката и воената власт во новото седиште Тесалоника, како и примената на толерантната религиска политика, заснована на Миланскиот едикт од 313 г., му обезбедиле на Константин I брзо да ги консолидира позициита во Македонија. Црковните автори го акцентираат фактот дека Македонците, како и другите народи, можеле слободно да ја почитуваат својата вера, благодарејќи на Константин I.

Издигнувањето на Константин како неоспорен владател во Империјата, по супериорната победа на Лициниј (324 г.) било проследено со заокружувањето на административните и религиските реформи. Тоа директно се одразило  врз издигнувањето на административниот статус на Македонија и нејзиното промовирање во диоцеза во 325 г. Зголемениот политички статус на Македонија бил проследен и со нејзиното растечко значење во  религиската политика, манифестирано преку престижната позиција на македонските епископски центри при утврдувањето на догматското дефинирање на христијанството на Вселенскиот собор во Никеја (325 г.)

Со тенденција да го обезбеди единството во сложениот регион на Балканот, Константин  I, непосредно пред смртта, ја инкорпорирал Македонија како диоцеза во рамките на новокомпонираната централна префектура Италија-Илирик-Африка. Меѓутоа, мошне брзо и со сета жестина се појавила неодржливоста на единството на Римската Империја во династичкиот судир помеѓу синовите на Константин, кои ги спротивставиле различните политички и идеолошки концепти на Западот и Истокот. Ваквите тенденции посебно се рефлектирале врз Македонија која, влегувајќи во политичко-идеолошката орбита на Западот, се нашла на самата граница на новите  сфери на влијание. Цврсто застанувајќи зад Никејската догма и зад позициите на Западната црква, Македонија не отстапувала од црковната определба ниту во периодот на доминацијата на аријанството за време на самостојното владеење на императорот Констанциј II (337-361), ниту при краткотрајниот обид на императорот Јулијан (361-363) да го реставрира паганството. По краткотрајното владеење на императорот Јовијан (362-364), одбележано со реставрирањето на позициите на христијанството, од 364 г. Македонија повторно влегла во политичката сфера на западните императори.

 

Теодосиј I р.347 пр.395

3. Теодосиј I (379-395) и Македонија

 

Инфилтрирањето на Готите во Тракија, по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол (378 г.), значително ја променило констелацијата на Балканот. Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот император Грацијан (367-383) за нов источен император го назначи Теодосиј I (379-395). За таа цел, покрај источниот дел од Империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура Илирик. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Македонија, промовирајќи го Тесалоника по привремено императорско седиште (379 г.). Истовремено во Тесалоника било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум.

По првичниот успех во воениот ангажман против Готите во Македонија, пролетта 380 г., Теодосиј претрпел понижувачки пораз. Есента истата година заболениот император во Тесалоника лично бил покрстен од епископот Ахолиј. Ваквиот чин бил комплементирен со Теодосиевиот едикт публикуван во Тесалоника (февруари 380 г.), што претставувало промоција на доминацијата на Никејската догма во Империјата. По повлекувањето на Теодосиј во Константинопол (ноември 380 г), одговорноста во разрешувањето на готската криза во Македонија и во администрирањето со префектурата Илирик ја презел западниот император, во согласност со предходниот договор.

Дејноста на Теодосиј се одразила низ растечкото значење на Македонија за империјалните и црковните интереси за Западот и Истокот. Тоа се потврдило во 387 г., кога новиот западен император Валентинијан II, по бегството од Италија поради узурпаторот Максим, го востановил императорското седиште во Тесалоника. Тоа било проследено со трансформирање на седиштето на префектурата Илирик од Милано во Тесалоника. Воено-политичкиот сојуз помеѓу Теодосиј и Валентијан II, склучен во Тесалоника, летото 387 г., резултирал со санкционирање на перманентниот трансфер на префектурата Илирик во политичките граници на источната империја. Преземањето на политичката одговорност за префектурата Илирик директно се одразило врз административната поделба на Македонија на две провинции - Македонија Прима, со седиште во Тесалоника и Македонија Салутарис, со седиште во Стоби, што со одлука на Теодосиј била ефектуирана во 388 г.

Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминантна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација во Македонија, како и крупното востание што избило во Тесалоника (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз Солуњаните на кој Теодосиј се решил во 390 г., што резултирало со 7.000 жртви, го довел императорот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амброзиј, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква во Македонија. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Успешната воена кампања против Готите во Македонија му овозможила на Теодосиј и формално да го промовира Илирик во самостојна и перманентна префектура (392 г.) со седиште во Тесалоника. Меѓутоа, предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западна Римска Империја, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови на Хонориј и Аркадиј.

 

  • ХОНОРИЈ син на Теодосиј I и цар на Западната Римска Империја (395-423 г.)

  • АРКАДИЈ син на Теодосиј I и цар на Источната Римска Империја (Византија 395-405)

Недефинираното политичко-идеолошко разграничување помеѓу двете империи го предодредило жестокиот судир за политичка и црковна доминација, кој се концентрирал на Балканот, посебно во Македонија.

4. Македонија помеѓу Византија и Западната Римска Империја

 

Прашањето околу управата над Источен Илирик предизвикало отворена воена конфронтација помеѓу двете империи. Со директното инволвирање на Готите предводени од Аларих, византискиот двор успеал да ја обезбеди контролата во оспорениот дел од Балканот. Поттикнувајќи го походот на Аларих во Италија 401 г., Византија умешно се ослободила од готскотот присуство. Истата година византискиот двор ја укинал провинцијата Македонија Салутарис, воспоставувајќи единствена провинција Македонија. Насочувањето на Готите кон Италија и освојувањето на Рим 401 г. го означиле релативно мирниот период за Византија. Во такви услови,претходната воено-политичка конфронтација помеѓу Византија и Западмата Римска Империја била заменета со засилениот судир за религиска супремација на Балканот. Исходот бил детерминиран од актот на папата Инокентиј I од 412 г. со кој Тесалоника бил промовиран во Папски викаријат, со широка јурисдикција на просторот на Балканот. Тоа дополнително ја истакнало позицијата на Тесалоника, кој претставувал политички центар на Византија на Балканот и црковно средиште на Рим во регионот. Македонија во овој период забележала и силен економски развој, што се одразило и на подемот на градовите Тесалоника, Филипи, Амфипол, Стоби, ХераклејаЛинкестиска, Баргала, Лихнид, Скупи, Едеса, Сервија, Бероја, кои имале и статус на епископски центри. Големите фортификации, базилики, вили, јавни и приватни градби, илустрираат развиен и богат градски живот во македонските градови во овј период.

Македонија повторно се нашла во фокусот на настаните кога новиот византиски император Теодосиј II (408-450) директно се инволвирал во династичките промени во Западната Римска Империја. Обезбеденото инкорпорирање на Западен Илирик, како и мотивацијата на Теодосиј II за воспоставување црковно влијание на Балканот како противтежа на Римскиот викаријат во Тесалоника, биле причина за трансформирањето на седиштето на префектурата од Тесалоника во Сирмиум (Сремска Митровица) во 437/8 г. Меѓутоа, налетот на Хуните на Балканот ја оневозможил реализацијата на плановите на Византија, бидејќи седиштето на префектурата Илирик повторно било вратено во Тесалоника (440/1 г.) по бегството на префектот од Сирмиум. Пробивот на Хуните на Балканот го принудил византискиот двор да иницира нови административни промени во текот на 448 г. со кои провинцијата Македонија била поделена на Македонија Прима и Македонија Секунда. Интегрален дел од новата политика на Византија на Балкнаот била и иницијативата за креирање нов култ на св. Димитрија во Тесалоника во средината на V век. Тоа се реализирало преку креирањето нова легенда за св. Димитрија во Тесалоника, која претставувала модификација претходната Сирмиумска легенда за св. Димитрија со интегрирање на религиските традиции на античките Македонци во тесалоника. Замената на претходното паганско божество Кабири со новиот христијански херој била прифатлива за Македонците во периодот на глобалната религиска традиција, како начин за изразување на античките традиции и идентитет. Новата византиска црковна политика била институционализирана  со изградбата на црквата Св. Димитрија во средината на V век, а тоа се одразило на постепеното слабеење на влијанието на Римскиот викаријат во Тесалоника.

По ослободувањето од хунската опасност со смртта на Атила (453 г.), Македонија наскоро била соочена со нови напади, овој пат од Источните Готи. Особено сериозни биле походите на Готите во Македонија во текот на 473/ и 478/9 г. кога биле разурнати градовите Стоби и Хераклеја Линкестис, што било проследено и со избувнување на антивизантиски востанија во Тесалоника. Дипломатските напори на Византија, сепак, резултирале со спречување на утврдувањето на Готите во просторот на Македонија, кои се насочиле кон Италија во 488 г.

Во периодот на готските напади во Македонија посебно дошла до израз улогата на црковната елита, која ја презела политичката репрезентација на граѓаните во македонските градови. Веројатните ветени привилегии од Византија повлијаеле за откажување на лојалноста кон Рим од страна на македонските епископи за врме на шизмата помеѓу западните и источните цркви во периодот 484-518 г. Привременото престанување на гункционирањето на Римскиот викаријат во Тесалоника претставувало директна последица на промената во црковната политика на македонската црковна елита. Судирот за поделба на сферите на влијание помеѓу Византија и Западната Римска Империја, фокусиран на Балканот, евидентно се рефлектирал низ зголемениот политички и црковен статус на Македонија.

 

Продолжува

 

Марко К.ЦЕПЕНКОВ

MАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ

*************

 618

СОЗДАНИЕ НЕБОТО И ЗЕМЊАТА

    Кога ја напраил Господ Земњава, сопрво била плосната. После напраил небото и клал на Земњата згора како вршник над црепна. Кога видел, сполај му на Господ, Земњава била поголема од небото. Думал, думал и издумал. Ја ватил со обете раце Земњата и ја притиснал од сите страни за да ја збери, за да дојдит тркалеста. Ја притиснал од една страна, а од друга страна је го клак небото згора; дошло таман и го остаил како што си го глеаме сега над нас.

     А пак Сонцето, Месечината и sвездите 'и обесил Господ за небото, како некои кандила за некој таван. И секогаш 'и палат ангелите, како кандилонавтите во црквата.

**********

619

 КАКО СЕ СТОРИЛЕ СОНЦЕТО И SВЕЗДИТЕ

     Уште коа не бил веков напраен, Христос бил роден. Бидејќи бил малечок, се' покрај Бога си одел и за пола му се држел. Кај ќе одел Господ, сполај му, по него одел и Христос. Дури мака му му било на Бога дека се' по него одело малечок Христос.

   - Не туку иди по мене, а чедо, - му велел Господ,- седни си наземи, поиграј си нешто, како сите деца што си играат.

     Кога чу тој збор Христос од Бога, веднаш беше му се истаил од коленото и си седнал наземи да си поиграт. Првата играчка му била на Христа да си копа земја со тесла и да си напраит кал, а од калта си напраил едночудо чудесни топчиња, како туталиња и си 'и клал на гирамитчиња да му се сушат.

     Одил, шетал Господ и наминал кај што му бил син му Христос, да го види што праит. Коа го видел извалкан од калта во рацете и во алиштата, се  застојал да види што праел, што се извалкал толку од кал.

     - Море што така си се обацал, бре синко? - му рекол Господ Бог. - Што е таа кал што си напраил пред тебе?

     - Топчиња за играње си праам, тате - му рекол Христос.

     - Арно си напраил топчињата, бре чедо - му рекол Господ - ами чуму ти се толку чудо топчиња, што сакаш да 'и праиш?

     - Ќе си 'и врлам, тате, наугоре како топки за да си играм со нив.

    - Е, лели така ќе си играл со нив - му рекол Господ - ај врли онаа топка поголемата наугоре да видиме дури кај ќе ја врлиш.

    Со радост голема Христос беше го послушал татка си, та грабнало големата топка и ја метнало наугоре вишно небо. По Божи блаосов беше отишла топката многу далеку и застанала на едно место, та се сторило Сонце. На часот беше светнало како некое сонце утрено, кога да блесни во чоечките очи и да неможи во него да се опулит. Туку си клало Христос обете рачиња на очите да не му се земи здракот од сонцето.

     - Еј синче, видиш големата топка како ти ја направив да свети како сонце? Ај расфрли 'и сите топчиња наугоре за и тие како неа да се напраат.

   - Ќе 'и врлам, тате, сите - му рекол Христос ама те молам да не ми 'и напраиш како големата топка, да свети толку многу за да не можам во неа да се пулам.

   - Мошне арно, чедо, ај ти врли 'и топчињата, да јас знам како ќе ти 'и напраам - му рекол Господ.

      Веднаш 'и грабнал Христос сите топчиња со двете раце 'и исврлил едни на десно, а други на лево, едни угоре, други удолу. Сите се распрснаа по широкото небо и секое топче и топка се застојала на местото кај што ја блаосоил Господ. Од тие топки и топчиња Господ 'и блаосоил за едни да бидат Месечина, друзи - големи sвезди и најмалите - помалите sвезди.

      Коа виде Христос оти сите топчиња му застанаа на високо и коа виде оти немат со што да си играт, грабна од земјата со раце и се расврла во sвездите со земјата на нив, за да 'и турнит; арно ама Господ и земјата беше му ја блаосоал, тики му се сторила sвезди ситни. Од таа земја била Кумоата слама, ѓоамити.

      Ете така се створил веков.

 

 

Kind regards : 10 јуни 2017.

Sotir Grozdanovski broj 74