ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Еди Рама

ДРЖАВОТВОРНОСТА КАЈ АЛБАНЦИТЕ

СЕ КУПУВА НА КАНТАР

 

Во овој број имаме доста материјали поврзани со Албанците како "државотворен народ" во секоја балканска држава, a посебно во Република Македонија, каде по оценките на нивните "учени" луѓе, ги имало од 35 до 40 %  од вкупното население што од малцинство, по некој автоматизам, постануваат "државотворен народ", рамни со Македонците, во нивната сопствена држава. Чудно, но за нив е тоа обичен настан, што се постигнува со раѓање на буљук деца, но и со неприроден прилив на бегалци од Косово и Албанија за време на воени  и други недозволени настани, повеќето криминални и терористички.

Ајде да речеме дека сето тоа може и да се прифати, ама сепак доваѓаме до нешто, што  никако здрав ум да го разбере, зошто оваа земја од секогаш била Македонија. Многу столетија пред името Албанија и Албанци да се споменат на овие простори. Второ, државотворен народ може да биде некој кој ја створил оваа македонска држава; кој ја сака; ја почитува; не крева рака за да ја руши; да го убива својот народ за "човекови права" кои ги има и повеќе koи на човека му се потребни; кој ја брани од надворешни непријатели и без обзир на припадност на друг народ, се идентификува со името на државата во која живее, а тоа е Македонија.

Може ли некој да биде државотворен ако тоа не е, зошто мрази све околу себе, своите соседи кои не се исти како него, не признава институции, не ја признава државата, државните симболи, Македонците ги нарекува со погрдни имиња...

Ах! Може ли уште нешто да се каже за да би се докажала "државотворноста" на некои кои, заправо не заслужува да ја гази оваа света библиска земја, а најмалку со својата погана уста да и' го погани нејзиното име: Македонија? 

Лојалност! Лојалноста е најсветлата особина кај човека, како и дадениот збор. Да живееш во земјата во која си се родил, или на некој начин си се прибрал под нејзините топли пазуви, а да му бидеш лојален на некој од надвор, кои не ти овозможува средства за живот и за живот на твоето семејство. Зарем тоа го прави некого "државотворен"?

Лидерот на социјалистичката партија и актуелен претседател на владата на Република Албанија, Еди Рама, постојано го минимизира бројот на македонската етничка заедница во неговата земја и се фали со правата што тие ги уживале, споредувајќи ги со оние на Албанците во Република Македонија, а при тоа да не умри од срам. 

- Ја користам оваа прилика да изразам  задоволство од фактот дека и во соседната земја  работите добиваат нормална насока. Јас сум многу среќен што сме дале одличен пример, како Социјалистичка партија, како влада на Социјалистичката партија, една мала заедница, заедницата со многу мал број жители да биде посебна општина, им го признавме правото да бидат посебна општина, бидејќи ние го почитуваме фактот дека тие се како нас и различни од нас.

Го почитуваме фактот дека тие се едно мало семејство Македонци што ги имаме меѓу нас и давајќи го примерот дека ги почитуваме како да се дел од нас, ние им кажуваме на нашите соседи за толку малку ваши луѓе тука, ние ги почитуваме исто како и нашите луѓе, но за толку многу наши луѓе таму вие што правите!? Затоа што Албанците во Македонија не се малцинство, тие се државотворен ентитет, изјави Рама.

За да Ви биде на сите, мои драги читатели, уште појасно за што зборувам во моево кусо излагање,  во кое ја споменувам "државотворноста" на Албанците во Република Македонија, изнајдов повеќе пригодни материјали од наши истакнати новинари,  политички, но и историски аналитичари и Ви ги приложив како додаток, на писаните текстови. 

А сега, Ви посакувам добро читање и развивање на уште поблизок соживот со сите оние кои плукаат и по нас и по се' околу нив, "за да се чувствуваме убаво и безбедни".

 

Ваш Сотир ГРОЗДАНОВСКИ

 

Владимир Путин

 

МАКЕДОНСКОТО ПОТЕКЛО НА КИРИЛИЦАТА

ТРН В ОКО НА БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ

****************

Неодамнeшната посета на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на Руската федерација и средбата со претседателот Владимир Путин, имаше значаен одзив како во руската, така и во македонската јавност, но мораме да признаеме, најповеќе во јавноста на Бугарија.

Спрема пишувањето на Васил Василев, бугарски новинар и доктор на правни науки, изјавата на Путин за потеклото на кирилицата имала "исклучителна стратешка цел". 

Васил Василев за својата реакција на изјавата на Валдимир Путин се послужи со бугарскиот портал "Поглед", во кој вели:

"Историската неправда, полувистините и извртувањето на фактите се постојани инструменти во светската политика. Тоа воопшто не ме чуди. Нема смисла да се објаснува колку Путин греши, да се објаснува дека не е во право и чии биле тие земји, па уште и тоа како им заби нож во грб на русофилите. Да не се лажеме, Путин одлично знае дека неговата оценка за нас е неприфатлива, дека со таа реченица ги руши надежите за нова етапа во односите со нас. Згора на тоа, тој го вели тоа јавно на 24 мај 2017 година, сите да слушнеме и најмногу да не' здоболи. Тие зборови беа повеќе за нас отколку за Ѓоге Иванов, претседател на Македонија", вели Василев.

Понатаму Васил Василев вели, дека целите на Путин изнесени во неговата изјава биле следните:

Прво, Русија се откажа од обновувањето на прекинатите односи со Бугарија. Односно, ја заврши приказната со нас, како што ние ја завршивме нашата со неа, малку порано.

Второ, Русија најавува заобиколување на Бугарија, сметајќи на нов коридор кон Европа преку Грција, Македонија и Србија, а "вие, Бугари, потпирајте се на Американците, ЕУ,  на било кого сакате".

"Јас те створив, јас ќе те убијам", се зборовите кои му се припишуваат на Иван Грозни пред да го убие синот, пишува Василев. Така и Русија ни дава на знаење дека не' остава на милост и немилост на Турција".

"Единствено што сега може да не' утеши е тоа што Русија, како голема сила, никогаш не го кажува последниот збор. Но за да слушнеме нешто друго од неа, нешто позитивно за нас, неопходно е да се вложат огромни напори за да не се струполиме во провалијата која ни ја направи Бојко Борисов", завршува Васил Василев.

 

 Подготвено за"Македонски Збор"

 врз  текстот на "Фаланга"- Австралија

Миленко Неделковски

 

СИ МИНА КОНГРЕСОТ

НА СДС ШИПТАРСКА

Пишува: Миленко Неделковски

***********

 Партиските органи уште еднаш си избраа нетокму човек за лидер

 

Можеше да се види дека во оваа дијагноза, а не партија, нема никакви промени уште од времето на формирањето. Тоа е собир на луѓе со тешка дијагноза на ментално попреметување кои не ги интересира држава, нација, народ, правда, докази, историја, иднина, институции...Оваа дијагноза од организација би да суди, коле, беси без закон, докази, правдина...Оваа дијагноза е иста денеска како и во времето на Панта Марина, Коле Чашуле и Лазар Мојсов - сатрапите на Ченто.

Како и до сега, во СДСШ се е на флоскули, зборови без дела, ала-бала муабети.

Како и досега, бараат странски посредници, олеснувачи и тутори за да завладеат (формираат влада) со државата.

Како и до сега повторно соработуваат со гниди и гнаси кои ја предале националната ВМРО-вска опција. Порано тоа беше Борис Стојменов, сега се тоа Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче.

Како и до сега, "интелектуалците" им се фашисти пар екселанс: Фрчковски, Грчев, Ордановски, Милчин...

Како и до сега, се борат за губење на националниот идентитет и интегритет.

Како и до сега, инсистираат за промена на името.

Како и до сега, единствена опција им е да си добијат стопан. Во 40-тите тоа беше Москва, потоа повеќе од половина век тоа беше Белград. Еве сега тоа е брисел.

Како и до сега, партијата им е полна со промискуитетни фрикови и муслимански радикални терористи.

Како и до сега, политиката им ја предводат комуњарски метузалеми од типот на Малевски, Митрова, Спасов, Гошев...

Е, ама, како и до сега, ние сме виновни што им дозволивме да влезат во институциите на државата. Ние им дозволивме 10 години да се слиперси, па сега да букнат. Ние дозволивме Емил Стојменов и Иван Мирчевски да не бидат казнети и одстранети - дефакторизирани. Ние дозволивме Зоран Димитриевски Жоро да е долгогодишен "наш" уредник на Нова Македонија и Дневник.

Ние дозволивме да ни е  главен бизнис партнер во доменот на набавка на електрична енергија идниот потпредседател на владата Кочо Анѓушев. Ние дозволивме неуставно и незаконско имплементирање на платформи од Прибе, потпишување на договори во Пржино, давање мандат и многу пари на СЈО и Јанева. Ние дозволивме да биде пробиен безбедносниот систем во МВР, пред се' ДБК и БЈБ. Ние дозволивме радикални СДСШ-овци да се вгнездат во Алфите, да се на надзорните камери во Собранието, да се низ безбедносните органи на државата. И крајно, ние дозволивме шиптарите терористи да не се судат за 4-те Хашки случаи, туку да станат Министри, за одбрана на пример. Ние дозволивме да го загубиме Тачи како сојузник, а да го имаме Али Ахмети како диво месо.

Ние дозволивме низ Скопје да се чувствуваме ко прасе во Техеран.

НИЕ?! Кога пишувам ние, секако не мислам само на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Не, уште повеќе мислам на НАС кои сме гласале со години за неа. Јас лично ниту сум имал, ниту имам партиска книшка. Од било која партија. Не сум член на ВМРО-ДПМНЕ. Но, редовно гласам за таа партија. НИЕ, како гласачи и симпатизери со нашето колебливо гласање и НИЕ како партија и партиски раководители - дозволивме ОВА ДА НИ СЕ СЛУЧИ.

Не, не е Заев и неговото друштво со дијагноза виновно. Тие си се борат за власт. Со сите средства. Неморално, нелегитимно - секако. Не, нам не ни се виновни ниту шиптарите. Тие си се борат за својата голема кауза Голема Албанија.

Не, не - НИЕ сме си самите виновни. Колку порано тоа го свариме, толку побрзо ќе биде избришана од лицето на земјата СДСШ.

Но уште од сега, уште од оваа опозициска позиција, треба да е јасно дека ако има некој нов Влатко Ѓорчев да се беси по оградите на СДСШ олигарсите, богаташите и моќниците - тогаш тоа значи дека сите тие зад тие огради ќе треба да бидат процесуирани, а имотите конфискувани. Уште од сега треба да се знае дека нема да може партии (Стоиљковиќ, Sинго, Амди, Стевче ...) да се шлепаат на гласовите, инфраструктурата, теренската работа и активностите на ВМРО. Туку самостојно ќе треба да се изборат за гласови и пратеници со кои подоцна ќе влезат, до колку сакаат, во коалиција. Вака како до сега шлепање за да си лапнат функции да заборават. Уште од сега треба да се знае дали воопшто ќе се има албански партнер и кој ќе е тој.

Грешките од 10 годишното менаџирање со државата не смее да се повторат. Не смее пак да се доведеме во ситуација изграденото, стореното, формираното, обновеното, разубавеното да го дадеме на милост и немилост на оние што дојдоа на Конгресот вчера со француски клучеви.

И да, не смее НИЕ како народ да ја повториме грешката од 27 април 2017 година. Кога веќе се влегува, се оди до крај и се завршува таа работа еднаш за секогаш. Еднаш пред деценија и пол, заради колебливоста на Трајковски и предавството на Бучковски, не влеговме во Арачиново да го збришеме тоа гнездо еднаш за секогаш. Еве, на 27-ми април повторно заради нерешителност не се расчисти кукавичјето гнездо во Собранието.

Ние браќа и сестри немаме друга идеа сем идеата на ВМРО. Ние во Македонија немаме друга опција за гласање на избори сем ВМРО-ДПМНЕ. Ние немаме друг лидер, сем оној со најголема доверба - Никола Груевски. Да, во членството и во гласачкото тело има разочараност, голема разочараност. Но, тоа е минлив процес. Тоа е човеково чувство. После тоа чувство следи рехабилитација, мотивација, мобилизација... Следи исправање, соочување со проблемите и непријателот. Следи прочистување на сопствените редови - и следи БОРБА. Борба, која нема да е ниту лесна, ниту кратка, ниту без жртви.

Таква борба бара мажи. Таква борба бара жени, а не кол грли. Таква борба бара МАКЕДОНЦИ. Таа и таква борба бара луѓе што не можат да бидат притиснати или уценети со снимени разговори. Таа борба бара чисти срца и души.

Сме имале многу окупатори. НАТО е следниот. Ниту еден не ја надживеал Македонија, ниту пак македонскиот народ.

Името, јазикот, државата се во нас. Внатре длабоко во крвта, срцето, душата, умот. Тој простор е неосвоива тврдина. Нема за тој простор ниту оружје, ниту трупи, ниту пари со кои може да биде совладан. Така било под римско - византиско, турско, бугарско, српско, комуњарско - така е и ќе биде и под ЏесБејлиевско.

Нема предавање, нема разочарување сестри и браќа Македонци.

Со организација која не е партија ами дијагноза, мора со конкретни медицински решенија да се делува. Јас, вака, медицински и лаички предлагам АМПУТАЦИЈА.

 

Фарма Мечкоец

28.05.2017.

 

 

Стефан Влахов-Мицов

 

 

ПАТРИОТИ И ТЕРОРИСТИ

**********

Во својата книга "1984", Џорџ Орвел проникливо пишува за времето кога светските вредности ќе бидат превртени за 180 степени: "војната е мир, слободата е ропство, глупоста е моќ".

Орвел во 1948 година пишува за иднината на западниот свет, затоа што веќе била искажана од Далес (Allen Welsh Dulles) познатата доктрина на САД за перење на  човековите мозоци.

Денес, суштината на таа доктрина е применета и кај нас во Македонија, а таа гласи: патриотите се терористи, терористите се патриоти.

Значи, таа доктрина се спроведува за уривање на македонската држава уште на самиот нејзин почеток, за време на нејзиното осамостојување во 1991 година. Тоа значи дека е во корелација со македонски политичари и нивното активно соучество. На тој начин, тие ја минираат државата. Не случајно, странските непријатели на Република Македонија уште тогаш тврдеа дека таа ќе може да опстане не' повеќе од 25-30 години и затоа ги подметнаа македонските "лидери" за да биде полесно излажан македонскиот народ; на исти начин со кои се служеа и во минатото.

Уривањето на државата минуваше преку скопениот Устав кој не' еднаш беше ревидиран, но сето тоа продолжи и преку скопените закони кои што, исто така, беа повеќе пати менувани. На тој начин, индиректно се пропагираше дека во Македонија е се' минливо (за споредба со Велика Британија каде има закони со над 700 години неменливост), дека државата е нестабилна.

Целта им беше, Македонците да бидат одвратени од својата држава, да бидат натерани да емигрираат, но тие што ќе останат, да бидат задоени со лажен патриотизам.

Љупчо Георгиевски ги лажеше Македонците дека идниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во Солун.

Киро Глигоров и Стојан Андов лажеа за референцата ПЈРМ дека ќе биде привремена само за неколку месеци.

И СДС и ВМРО-вците од почетокот до денес се колнат во САД и НАТО и на тој начин македонските непријатели се прогласени за пријатели, фашистичкиот Запад за демократски, терористите од Косово борци за човекови права...

Во 2001 година злокобната децениска пропаганда вроди плодови: - македонската држава капитулира, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го потпишаа предавничкиот охридски рамковен договор, а терористите се самопрогласија во борци за права на Албанците и се трансформираа во ДУИ - Демократска унија за интеграција - две лаги во три збора! Влегоа во владата на СДСМ, а потоа и во владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешното преземање на целата власт во Собранието и во владата на Република Македонија од страна на албанските екстремисти и терористи е логичен резултат од предавничкатта политика на двете македонски партии. Тоа е резултат, но и понижување на македонскиот народ до најниските можни црвени линии. Понижување на вистинските македонски патриоти и бранители кои војуваа во 2001 година против истите тие терористи кои денес седат во Собранието и во владата на Република Македонија.

Тогаш, на семејствата на загинатите македонски синови од државата-маштеја, им беше дадено по  250.000 денари или по 4000 евра, а подоцна им беа земени и тоа со камати. Така - наречениот Закон за бранителите беше дополнуван три пати, во 2003, 2004 и 2007 година и ја имаше практичната цел да го декласира македонското херојство, наместо да го воздигне. Наспротив тоа, терористите влегоа во власта и пред да бидат амнестирани, добија фотелји, семејствата им беа вработени без цензус. Нивните "команданти", бандити, се величаат, им се прават споменици, а македонските бранители свесно и намерно се понижуваат, исмејуваат, малтретираат. Целта е јасна: македонскиот народ по мирен начин треба да ја прифати окупацијата врз својата држава и нејзиното обезличување.

Потврда за тоа е и судењето на македонските патриоти од 27 април 2017, кои со голи раце влегоа во Собранието  за да ја одбранат честа на македонската држава и да попречат пратениците на СДС на чело на највисокиот законодавен дом на Република Македонија да постават двоен воен дезертер и организатор на монструозен злочин над припадници на македонските безбедносни сили, во необјавената кукавичка војна во 2001 година. Да го постават албанскиот терорист Талат Џафери од ДУИ, еден од командантите на злосторничката ОНА.

Дел од тие патриоти веќе беа осудени, додека ОЈО уште "собира" докази за нелегитимниот избор на Претседател и за пучот во Собранието. Уставниот суд веќе 18 месеци собира докази за неуставноста на СЈО (Специјално јавно обвинителство).

Во изминатите 26 години сите македонски институции беа наполнети со одродени Македонци, колаборационисти и квислинзи. Како последица, немаме македонска држава, додека во кабинетот на Џафери се вее знамето на Албанија и се слуша албанската државна химна, а не македонската.

Во однос на практичниот патриотизам, наводните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ доживееа целосна катастрофа. Груевски ги изедначи дејствијата на патриотите и на терористите во Собранието, а претседателот Иванов изјави дека демонстрантите "биле заведени од толпи или од емоции". Само што патриотизмот не се емоции, туку долг спрема татковината, господине Претседателе!

Емоција е да одржуваш помпезни партиски митинзи; да се сликаш со тупаница; да шириш лажни зборови од видот "нема да дозволиме", а потоа да се криеш како глушец. Тоа дури не се ни емоции, туку дволичност. Против демонстрантите во Собранието беа користени шок-бомби, имаше десетици повредени. Народот беше sверски тепан во присуство на странски амбасадори, кои го поттикнуваа и охрабруваа Пучот. Зошто нема казни за полицајците, за тие странски амбасадори? Зошто се молчи дека дел од тепачи на народот биле регрути од Косово во македонски униформи? Наместо тоа е уапсен некој кој наводно оставил петарда во Собранието на 27 април, а таа едвај била откриена дури на 2 мај. Молкот е заради тоа што министер на МВР беше Албанец од ДУИ, а тие  се' уште беа во коалиција во техничката влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Не прашувам зошто овие денови американскиот пучист Џес Бејли, по кој знае кој пат, ја прави македонската Влада. Зошто не појде до Филипини да направи влада кај Дутерте, во Венецуела кај Мадуро? Или пак во Северна Кореја, во Сирија? Затоа што таму ќе остане без глава, а тука е третиран како Господ од нашите политички суртуци и мочковци.

Веќе неколку пати кажав и напишав: во иднина 27 април 2017 година ќе се слави како и 11 октомври 1941 година, како почеток на борбата против новиот фашизам, бализам и тероризам кој што ја окупира Македонија. Ќе биде државен празник во една вистинска слободна и суверена Македонија без марионети, политички џуџиња.

Многу од нас, можеби нема да го доживеат тој ден, но без сомнеж, во таа и вистински суверена  Македонија не ќе има место за внатрешни македонски непријатели или коалиции со докажани терористи.

Стефан Влахов - Мицов

Св. Апостол ПАВЛЕ

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

Дел 22

МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ

НА РИМСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ

( 168 г.пр.н.е. до крајот на III век )

*************

 

5. Македонија - прва христијанска земја во Европа

 

Кога во 49 г.од н.е. апостолот Павле ја започнал мисијата за пренесување на христијанското учење во Европа, првата земја што ја посетил била Македонија. Во Библијата е посведочено дека Павле ја избрал Македонија заради видението во кое Македонците го повикувале да дојде во нивната земја за да им помогне. Тој и неговите придружници веднаш се упатиле кон Македонија за да му го проповедаат "евангелието на тамошниот народ". Кон крајот на 49 г. Павле Пристигнал во македонскиот град Филипи, каде ја одржал и првата христијанска проповед на европска почва.  Климент Александриски истакнува дека со тоа "Павле станал пренесувач на божествениот глас при обраќањето на Македонците", основач на првата христијанска заедница во Македонија и воопшто во Европа. По разоткривањето на мисијата, Павле бил принуден да го продолжи мисионерското патување кон Тесалоника. Христијанската мисија на Павле наишла на широк прием кај граѓаните, кои во "големи маки, со радост" го примиле христијанството. По принудното напуштање на Тесалоника, поради протестот на Евреите, Павле и неговите придружници ја продолжиле христијанската мисија во Бероја. Во тамошната еврејска синагога Павле продолжил да го проповеда христијанството, но наскоро бил принуден да ја прекине апостолската мисија поради протестот на граѓаните, поттикнат од Евреите од Тесалоника. Иако оневозможен во целост да ја оствари апостолската мисија во Македонија, Павле ги поставил зачетоците на христијансткото организирање во Македонија, а со тоа и во Европа. На тоа упатуваат и посланијата на Павле до црквите во Филипи и во Тесалоника, како и неговото повторно присуство во Македонија ( 56 и 57 г.).

Меѓу продолжувачите на делото на апостол Павле во Македонија биле неговите придружници Јасон, Аристарх и Секунд, кои подоцна биле прогласени за светци. Македонецот Аристарх, според запишаната црковна традиција, бил првиот епископ на Тесалоника што маченички настрадал за време на императорот Нерон. Прифаќањето на христијанството од Македонците, сепак, се одвивало низ постепен процес,  во исто време со широкото почитување на паганските божества.

 

6. Македонија во периодот на Римските граѓански војни

( 49 - 31 г.пр.н.е.)

 

Од 49 г.пр.н.е. Македонија се нашла во средиштето на Првата римска граѓанска војна, која избувнала по распадот на сојузот помеѓу Цезар и Помпеј. По бегството од Рим, Помпеј пристигнал во Македонија во зимата 49 г.пр.н.е., концентрирајќи го своето политичко седиште во Тесалоника, каде што бил трансфериран речиси целиот состав на Римскиот сенат. Немоќни за  сопствено воено-политичко организирање, Македонците активно се вклучиле во војската на Помпеј, заедно со повеќе народи и племиња. Стратешката мотивација на Помпеј, за што подоцна бил обвинет во Сенатот, била "да создаде сопствено царство во Македонија", што упатува на обезбедената силна подршка од Македонците. Во решавачкиот судир со Цезар кај Фарсала во Тесалија ( 48 г.пр.н.е.), војската на Помпеј била целосно разбиена. Преземајќи ја управата на Македонија, Цезар се вмешал и во династичкиот судир на македонската династија Птолемеиди, промовирајќи ја Клеопатра VII за нова египетска царица.

По убиството на Цезар ( март 44 г.пр.н.е.), Македонија повторно се нашла во фокусот на интересот на римската политичка елита. По напуштањето на Италија,  заговорниците на Марк Јуниј  Брут и Гај Касиј Лонгин се насочиле кон богатите провинции Македонија и Сирија. Пристигнувањето на Брут во Македонија (кон крајот на 44 г. пр.н.е.) резултирало со брзо обезбедување на подршката од Македонија, од кои "формирал две легии, кои ги обучувал за војна на римски начин". Дион проценува, дека активното учество на Македонците во војската на Брут било мотивирано од добивањето "корист за нивната земја", што ги илустрира нивните амбициозни очекувања од исходот на граѓанската војна. Меѓутоа, Брут направил стратешка грешка по заминувањето во Сирија, со намера да ги здружи војските со Касиј. Тоа на сојузниците Антониј, Октавијан и Лепид им овозможило да ја превземат контролата над Македонија. Во двете последователни битки кај градот Филипи ( есента, 42 г.пр.н.е.)  Касиј и Брут биле поразени, по што извршиле самоубиство. Македонците и овој пат не ги оствариле планираните цели, иако во завршниот период од граѓанската војна ги подржувале Антониј и Октавијан, што во извесна мера го одредил и нејзиниот краен исход. Сепак, Тесалоника бил промовиран во слободен град (civitates liderae) што дополнително ја истакнало неговата позиција како водечки македонски град. Воедно Римјаните започнале да спроведуваат организирана колонизаторска политика во Македонија, концентрирана во градовите Касандреја , Дион, Филипи, Пела и Скупи.

Преку женидбата со египетската царица Клеопатра VII ( 37 г.пр.н.е.), која била единствениот претставник на македонската династија Птолемеиди, Антониј ги навестил своите империјалистички планови, кои ја вклучувале и Македонија. 

Амбициите на Антониј и неговиот сојуз со Клеопатра предизвикале категоричен воен одговор на Октавијан, кој резултирал со крупна победа во клучната поморска битка кај Акциј (31 г.пр.н.е.). Тоа му овозможило на Октавијан мошне брзо да воспостави власт во Македонија и на Балканот.

По пресметката со Антониј и со Клеопатра VII, кои си го одзеле животот, Октавијан го освојил Египет (30 г.пр.н.е.), а со тоа и' ставил крај на последната македонска династија, Птоломеиди.

 

7. Македонија во периодот на РAX ROMANA 

По 31 г.пред н.е. во Римската Империја настапил период на т.н. Римски мир (Pax romana). Фаворизирањето на македонскиот коинон од страна на Октавијан Август, придонесувало за постепено смирување на сепаристичките тенденции на Македонците. Политиката на Рим да се создаде престава за слободно политичко изразување придонесувала за постепено интегрирање на Македонците во римската заедница, што било проследено со зачувување на етничкиот идентитет и традиции. Тоа мошне илустративно го покажува честа што му ја укажувале солуњаните на провинцискиот управник Калпурниј Пизон-Понтифекс со дозволата да ја носи македонската капа каусија од времето на Александар затоа што го одбранил градот од Тракијците (11 г.пр.н.е.).

Од I век од н.е. единството на Македонците, меѓу другото, било симболизирано и преку главниот македонски град Тесалоника, кој го стекнал епитетот "Мајка на цела Mакедонија". На одржувањето на компактноста на Македонците влијаела и тенденцијата на императорските династии во Рим од II и од III век за имитирање на Александар (imitatio Alexandri), која се одразила на нивниот силен интерес за Македонија.

Императорот Хадријан (117 - 138) лично ја посетил Македонија (132 г.) и престојувал во градот Пела. Почитувањето на Александар Македонски посебно дошло до израз кај династијата Севери (193-235). Императорот Марк Антониј Каракала (211-217) поставувал Македонци на високи функции само поради нивното етничко потекло. Тој формирал шеснаесетилјадна фаланга, "составена исклучиво од Македонци", која ја нарекоl  "Александрова фаланга".

Истоветна тендеција споделувал и императорот Александар Север (222-235), кој во Македонија формирал "фаланга од 3000 луѓе, на која и' наредил да се нарекуваат фалангарии".

Ваквата римска политика кореспондирала со одржувањето на колективната меморија кај Македонците за нивните цареви  Филип и за Александар, што претставувало значаен сегмент во зачувувањето на етничката посебност и културните традиции во периодот на римското владеење.

 

Продолжува

Буковско семејство од 1940 - те години

БУКОВО

СЕЛО ВО ОПШТИНА БИТОЛА

*************

Селото Буково се наоѓа во јужниот дел на Општина Битола, на оддалеченост од 5 километри од градот Битола, на источните огранки на Пелистер (баба планина).

Буково е ридско село, распoложено на надморска височина од 720 метри. Поради близината со градот Битола, Буково е дел од неговата урбана зона, односно тоа е населбата Буковски Ливади во подножјето на Баба Планина, веднаш под селото Буково. Атарот на Буково зафаќа површина од 17,9 км2, од кои обработливо земјиште 913 ха, пасишта 591,8 ха и шуми 146,3 ха. Во непосредна близина на селото Буково се наоѓа aрхеолошкото наоѓалиште на античкиот град Хераклеја, основан од Филип II Македонски, таткото на Александар III Македонски.

 

ИСТОРИЈА

Како легенда се пренесува, дека првите семејства биле населени од многу поодамна изгореното село Неољани, што се наоѓало во близина од околу еден километар западно од сегашното Буково, во почетокот сместено во подножјето на буковските планини - Стар Забел и Неолица, покрај реката Киндирка, што се формира од прочуените извори на Дванаесетте Кладенци. Има остатоци и од стара црква, за која постојат податоци. Се претпоставува дека горната десна маала на Буково била населувана и од жители, од старото, многу одамна иселено село Магарево, од кое и денес можат да се забележат распаднати sидишта. Таа месност сега е под ливади и се вика Магарешки Ливади, а се наоѓа покрај Стара Река, што извира во буковско-ореовските планини, на околу 1,5 километри над сегашното Орехово, кое исто така е населено од жителите на Магарево. Ова дотолку повеќе е за верување, оти Орехово во ништо не се разликува од Буково, ни по говорни особини, ни по обичаи ниту пак по било што друго. Има верзија што е, исто така за верување, дека сегашното Буково, посебно, неговата долна маала, била населена од старото иселено село викано Селиште, што се наоѓа десно од Стара Река, непосредно од сегашната црква - капела викана "Пречиста". И тука сега можат да се сретнат остатоци од sидишта. За населувањето на долните маала на селото Буково можат да се сретнат исто така остатоци од sидишта.

Се верува, дека Буково било населувано и од избегани жители од античкиот грд Хераклеја по неговиот земјотрес, по кое и територијата од тој град станала сопственост на селото Буково. Првите пишани историски документи во кои се споменува Буково се турските сиџили од 26 јуни 1607 година, во кој се споменува земањето заем на жител - железар од селото.

Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов-Џинот, во својот напис "Манастир (Битоља)", објавен во "Цариградски весник" на 8 јануари 1855 година споменува, дека градот Битола, кој е најдревниот град во Македонија Пелагониска, после Христа, од словенските цареви го добил името Манастир и Буково, а не Битола, кое е непознато име во старините (историските извори).

Голема е веројатноста, Јордан Хаџи-Константинов-Џинот, да ја извел оваа претпоставка поради непосредната близина и поставеноста на остатоците од древниот град Хераклеја Линкестис токму помеѓу градот Битола и селото Буково.

Понатаму, во написот за селото Буково стои, дека тоа се наоѓа на 1/2 час од градот Манастир (Битола) и во него е прекрасниот манастир со храмот на Успение на пресвета Богородица, соsидан од царот Стефан Силни (Душан). Сите манастирлии (битолчани), христијани и Турци, во летно време повеќе таму одат на прошетки и веселби. Во тој манастир имало повеќе од 20 товари стари ракописи, но во тоа време ни славјански свештеник не сакале, а камо ли славјанска книга да остане со нашите пергаменти. Во тоа време во Буково постоело грчко пеење (богослужба) со еден свештеник, родом Цинцарин (Влав).

Буково, во својот најсветол период,  имало 5000 жители, а училиштето над 600 ученици. 

Во Кралска Југославија, Буково било општина и било два пати посетено од југословенскиот цар Александар I, како најуредно село во Југославија. Во првата половина на XX век и дел од втората, поголемиот дел од населението заминува на печалба во Австралија, САД, Канада и европските земји.

Ова е верзијата која се употребувала во периодот кога Македонија била во рамките на Југославија, заради тогашното комунистичко владеење и дискриминација на искажување на етничка припадност и самоопределба.

На овој простор живеел народ и пред тоа, односно историските корени водат од иселувањето на античкиот град Хераклеја. 

При крајот на VI век животот во Хераклеја згаснува со доаѓањето на Словените и се создава едно мешање на народите и населување на просторите околу Буково, заради што во подоцнежниот период на жителите на Буково стануваат големи земјопоседници, вклучувајќи ја и самата Хераклеја и голем дел од Пелагонија, градот Битола и шумскиот простор над Буково. Заради својата стратешка местоположба и бројноста на жители, Буково било окупирано од сите окупатори, кои оставиле свои белези, како на пример бугарски и француски конзулат, грчка школа, српска тортура и асимилација.

Во Буково, исто така, останала и чешмата која се наоѓа на средина на селото која е подигната во спомен на убиените во втората светска војна.

За славното минато и материјалното богатство на жителите на Буково сведочи и архитектурата на некои од постарите куќи, која е градска и во барокен стил, како куќите на Широк Сокак во Битола. Останатите куќи кои се изградени од делкан камен исто така се забележителни со својата импозантна големина од 2 и 3 ката.

За духовното и културното минато на Буково сведочи буковскиот манастир "Свето Преображение" , кој, иако е возобновен во 1837 година на темели на постара црква, се споменува во записи од XVI и XVII век.

За потеклото на името на Буково, најверојатна е претпоставката дека тоа потекнува од името на дрвото бука, кое го има во изобилство на падините на Пелистер, околу самото село Буково.

Според пописот од 2002 година, селото Буково брои 3494 жители од кои:

- 3456 Македонци (98,99 %)

- 14 Турци

- 11 Албанци

- 6 Срби

- 1 Влав

- 6 Останати.

 РОДОВИ

Во Буково од секогаш живеат исклучиво православни Македонци. Според народното сваќање, старинци се оние родови кои слават "Свети Димитрија", а тоа се:

Брутовци, Лингуровци, Кушовци, Калиновци, Сајдовци, Кирковци, Бојлевци, Мафиловци, Мандровци, Босилковци, Какарачовци, Канџевци, Прчовци, Папазовци, Кушариовци, Пустараковци, Секуловци и Костовци. 

Останати православни македонски родови кои се доселени, но со непознато потекло се: Огненовци, Мачковци, Врклевци, Јосифовци, Бучковци, Кочовци, Трпчевци, Гроздановци (Кречовци), Зенговци, Маневци, Новачевци, Соклевци, Попиловци, Кунови, Цилеви, Мицеви, Бегајци, Лазаровци, Крагуевци (сите слават "Свети Никола").

Цицковци, Зипевци, Сивкаровци, Кимевци, Пачковци, Мондовци, Недевци, Даковци, Рапешовци (можно е да се по потекло од с. Рапеш), Зинзовци, Станковци, Фиовци, Чорбевци, Бабкиновци ( сите слават "Воведение на Пресвета Богородица").

Балтовци, Јаревци, Ѓоревци, Главеевци, Гламчевци, Кабревци, Бимбиловци, Селанковци, Чукалевци, Шиковци, Баџовци, Фудловци, Мурџевци, Штраклевци, Чачовци, Долиновци, Таушаневци, Јаревци, Брајановци, Василовци, Старевци, Пискуловци, Ушлиновци ( сите слават "Свети Ѓорѓија" зимен).

Брешовци, Ќипровци, Ќераловци, Маљановци, Кашовци, Пуплиновци, Милевци, Пачевци, Мусовци, Танчевци, Тумачевци (сите слават "Свети Арханѓел").

Пупучовци, Трифуновци, Манговци, Мандевци, Каровци, Башовци (сите слават "Петковден").

Поповци, Бешлиовци (слават "Св. Мина").

Македонски православни родови со познато потекло на доселување се: Србиновци (од с. Брајчино во Преспа), Мрсковци ( од соседното село Крстоар, со подалечно потекло од Преспа).

 

ОПШТЕСТВЕНИ УСТАНОВИ 

Во Буково има осмогодишно основно училиште "Коле Канински", амбуланта, пошта и дом на културата. Домот на културата се наоѓа во зградата каде што се наоѓаат и месната заедница и продавницата на сред село.

Селото БУКОВО, БИТОЛСКО. Над селото се гледа буковскиот манастир.

Буковска пипер

ЗАШТИТА НА БУКОЕЦОТ 

НАЈЧЕСТ ЗАЧИН ВО МАКЕДОНСКИТЕ МАНЏИ

**************

 

Често се зборува и дебатира за заштитата на некои национални производи, како автохтони, на поедини подрачја и не само како што се подрачјата на нашите соседи, туку и на нашето, македонското.

Денес ќе ви донесеме размислувања и грижа за опстанокот на буковската црвена пипер,  позната кака БУКОЕЦ меѓу нас кои потекнуваме од Буково или БУКОВЕЦ по "граматикално", што би рекла мојата баба Спасија по татковата ми страна или Петра,  по страната на мајка ми , што не' прави никаква разлика, зошто со неа сме задоени и со неа ќе си одиме таму, каде многу наши Буковци не чекаат, да им се придружиме.

Инаку буковецот, белег на нашата традиционална гастрономија, денес многу ретко се среќава во својата изворна форма. Дури постој и опасност,  да исчезне. 

- Иако буковец може да се сретне во секој ресторант во и надвор од нашата држава, сепак, овој пипер потекнува од селото Буково, Битолско, по што го добил и името. 

Правиме напори за колекционирање стари семиња од оваа сорта за да не се изгубат. Со тоа се задржува автентичноста, велат од Слоу Фуд Македонија кои реализираат проект за зачувување на буковецот.

Целта на проектот е, објаснуваат, заштита на црвената буковска пипер која е локално карактеристична и претставува важен растителен генетски ресурс, популаризација на нејзиното одгледување и преработка во зачин.

 

И покрај комерцијалните сорти 

буковецот доминира 

******

Ќе се селектираат три домаќинства кои имаат семе од "прав" буковец со автентично оригинално потекло и  потоа лабораториски ќе се анализира преку одредени параметри за утврдување 30 типични својства.

 

 

БУКОВСКА ПИПЕР НА БУКОВСКА СОФРА

Нижење на
буковската пиперката

- Ако повеќе од еден век буковската пипер успеала да се одржи, тогаш иднината е на страната на локалните жители. Низ годините се внесувале комерцијални сорти, но сепак, квалитетот и пред се' органолептичките својства биле пресудни за селектирање семе на крајот од секоја сезона од убаво развиените зрели поперки од кои се прават долги низи, вели професорката Сузана Кратовалиева која е вклучена во проектот.

Слоу Фуд Македонија веќе оствари средба со производителите од село Буково. Тие беа посетени и од координаторот на Слоу Фуд  за Балканот, Микеле Румиц, како и од професорката Кристина Пеано од Универзитетот во Торино.

 

Квалитетот одличен

 

- Буково се соочува со висока стапка на миграција од село во град. Сепак, има долга традиција и историја, а симбол се пиперките. Оттука, нивната заштита ќе значи нова можност на заедницата за економски, социјален и културен развој. Во следните месеци ќе развиеме протокол на производството и ќе ги дефинираме карактеристиките со цел добивање висок и еднаков квалитет меѓу производителите. Во исто време ќе се промовира производот на локално, национално и меѓународно ниво, почнувајќи од претстојниот Меѓународен саем за традиционална храна од 23 до 27 октомви во Торино, нагласува Румиц.

Според професорката Пеано, која имаше можност да го дегустира буковецот, квалитетот е одличен.

- Одгледувањето пиперки на високорамнински места како Буково, е економски неповолно, тешко може да се пласира на пазарот. Неколкуте производители во селото се претежно стари луѓе кои тоа што го произведуваат главно го продаваат на познаници, оценува Пеано.

Реализацијата на проектот ќе се одвива во атарот на село Буково, општина Битола. Вклучува теренска посета на експерти чија единствена цел е да ги утврдат својствата на плодовите и растенијата на локалната популација најблиску до исходната форма. Семето е чувано и пренесувано на генерации, поради што не очекуваат поголеми проблеми. Доколку не се најде доволно семе, ќе се купува од семејствата кои имаат буковска пипер.

За карактеризација на растението ќе се користат стандардите на Меѓународниот институт за генетски ресурси.

Во рамки на проектот треба да се изготви и т.н. президиум за буковската пипер - своевидна заштита, потврда на квалитетот и традиционалната постапка при неговото производство.

- Името на президиумот може да се однесува  или на техниката на производството или на самиот производ, а може да се комбинира со името на географската област. Формирањето президиум значи и воспоставување контакт со производителите, средба која е од фундамително значење и каде најважно е да се развије желбата за натамошна соработка која ќе го подобри квалитетот и ќе го промовира производот, велат од Слоу Фуд Македонија.

Президиумите се активни од 1999 година, а подразбираат работа со групи на мали производители, нивно обединување, подршка и поврзување со алтернативни, достапни пазари кои ценат и бараат квалитет. Президиумите воедно промовираат, овозможувајќи остварување контакти со други производители, од странство.

- Брзиот начин на живеење завладеа и со нас.  И покрај големиот број кампањи за зачувување на старите традиционални рецепти,  тие исчезнуваат, ги заменија западно-европските навики. Сакаме да водиме здрав живот, а не знаеме како. Сакаме да купиме природна храна, а не знаеме да ја препознаеме, локална е, органска или можеби ГМО, е дилемата на потрошувачите. Ние токму тоа работиме - заштита на изворното, на автохтоните сорти и раси, на квалитетот, на старите традиционални јадења "по рецептот на баба од кој мириса цела кујна", посочуваат од Слоу Фуд Македонија.

Организацијата најавува и проект за заштита на други македонски производи како гравот и леблебијата.

 

Мирјана ЧАКАРОВА

 

  • ДЕВОЈКА И СОКОЛ

    - Што ме будиш, пиле, сокол пиле,
    што со гради в прозор биеш,
    каква радост, каква милост,
    в срце криеш?

    - Да ли ми те левен Стојан пратил
    за на свадба стројник - весник,
    или ти се, сива птицо,
    гори тесни?

    -Ни сум стројник, ни се гори тесни,
    туку вест сум, бела росо,
    од бел Пирин в мојве гради
    љубов носам.

    И ти носам на крилјава мои
    песна што ја пеел Стојан -
    без слобода не ќе дојде,
    веро моја.


    Славко ЈАНЕВСКИ

  • ЧЕТИРИТЕ

    Четири ајдука одат,
    ноќта ги следи во стапки,
    брезите плискаат на нив
    росница, студени капки.

    Одат...
    Првиот зборува:
    "Си имам девојка танка,
    рујна ко ајдучко знаме,
    бела ко цутје на гранка".

    Одат...
    Вториот зборува:
    "Си имам малечко дете,
    мило ко ајдучка пролет,
    бистро ко поток летен".

    Одат...
    Третиот зборува:
    "Невеста лична си имам,
    драга ко утрено сонце,
    топла ко оганот зимен".

  • Одат...
    Задниот зборува:
    "Никого немам на светов,
    до една кременка лута,
    ЗНАМЕ -
    и ајдучка чета".

    Четири ајдука молчат,
    месецот минува со нив,
    ветерот развева в гора
    ајдучки
    разговор
    sвонлив ...

    Славко ЈАНЕВСКИ

Kind regards : 05 јуни 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 73