There is no video clip yet

МИСЛИ ЛИ НЕКОЈ НА МЕНЕ ?

Тонино Пицула

 ХРВАТСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ТОНИНО ПИЦУЛА

ПРОТИВ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Тонино Пицула на конгресот на СДСМ побара од Зоран Заев да го промени името на Република Македонија како услов за влез во евроатлантските структури на Европа

**********

 

На 22-от Конгрес на СДСМ  одржан во Скопје на 27 мај 2017 година, покрај структурата која ја стави Македонија на пиедесталот најсиромашни земји во светот и на дното по квалитет на животот во текот на 90-те години, присуствуваа и други претставници, слични на Зоран Заев, заедно со сегашното предавничко раководство на партијата.

Меѓу гостите од странските сродни партии присуствуваше и претставник на СДП од Хрватска, господинот Тонино Пицула. Тонино Пицула е исто така и претставник во Европарламентот во Брисел, но и на списокот, како платеник, на озлогласениот Џорџ Сорос,  уривач на легално избраните власти ширум светот, а сега и во Република Македонија.

Присуството на Тонино Пицула во Скопје беше и една врста, како, потсетник на соросовците од "шарената револуција", а особено од кругот на СДС, за да ја извршат својата обврска спрема Сорос и неговата злосторничка светска дружина "отворено општество" за се' што тие направиле за нив во изминатиот период, до времето кога со поставување на нивни премир, да ја преземат власта во Македонија.

Инаку улогата на Пицула, во овој случај, беше јасна и недвосмислена: со промената на името и идентитетот на македонскиот народ да се остварат  целите кои западните големи сили си ги поставиле пред себе, а тие се разнебитување на државата и туркање на македонскиот народ во ЕУ и НАТО како неидентификувана толпа на луѓе со која може да се располага спрема нечии туѓи потреби и интереси. Но, неговото инсистирање до Заев да донесе "тешки одлуки" во врска со промена на името и идентитетот на народот и државата, да ги исполни и своите обврски спрема истиот газда и наредбодавец, Џорџ Сорос.

Ваквиот однос на Тонино Пицула не е во согласност со историските пријателски односи помеѓу македонскиот и хрватскиот народ кои датираат и пред пријателството на македонските преродбеници браќата Димитрија и Константин Миладинови од Струга со хрватскиот кардинал и голем хуманист Јосип Јурај Штросмаер.

 

 

Маријана Петир

Неговиот непријателски однос спрема македонскиот народ и неговата држава е во спротивност и со хрватската европратеничка Маријана Петир и нејзините големи заложби во европскиот парламент за помош на македонскиот народ и Република Македонија. Искрени заложби за прием во европското семејство како рамно правна членка, а потоа, евентуалните недоразбирања помеѓу Грција и Република Македонија, да се решаваат како билатерален проблем. 

Во секој случај, работите не се секогаш такви какви што на прв поглед ни изгледаат.

Тонино Пицула, тоа ни го докажа.

 

Ваш Сотир Гроздановски

Словени во покрет.

  

 СЛОВЕНИТЕ ОД ЗАД КАРПАТИТЕ

НИКОГАШ НЕ СТИГНАЛЕ НА БАЛКАНОТ

****************

Најнови истражувања на генетскиот код

на балканските народи

 

Голема преселба на Словените на Балканот никогаш немало. Ниту некој тргнал од зад Карпатите ниту дишел со помош на трска за да го помине Дунав. Томовите со "научни" претпоставки што тврдат дека се случила таква преселба, дефинитивно треба да бидат продадени како стара хартија, а "експертите" за библиската преселба од шестиот век да ги вратат дипломите на ревалоризација.

Според најновите информации, досега повеќе од еден милион луѓе од разни држави направиле ДНК - анализа, па сега веќе има доволно добар примерок за точна и валидна генетска географија, односно за "генетска мапа на Европа", а тоа значи  и генетската мапа на Балканот. Врз генетскиот материјал прв пат е добиена реална, научно докажана слика за тоа кои се и од каде дошле Македонците, Србите, Хрватите, Босанците или Албанците.

Според истражувањето, Албанците се најблиску до народите на северна Африка, односно хаплогрупите Е2 и Е3 се најраспространети во Мароко и Алжир. Македонците имаат најсличен ДНК- профил со Бугарите и Србите, а Хрватите со Босанците и Србите. Податоците на институтот "Игенеа" во Женева покажуваат дека словенскиот ген е минимално присутен кај сите денешни балкански народи, со што се урива митот за големата преселба на Словените. Кај Србите тој процент е 30 %, кај Хрватите 20% и кај Босанците 15%, кај Македонците само 4% . Според генетскиот код, Босанците се наследници на Илирите 40% , на Германите 20% , на Келтите 15% , па потоа на Словените 10% . На Турците, на пример два пати поблиски им се Албанците од Србите и Македонците, а најдалечни им се Босанците.

 

Како е измислена преселбата на Словените ?

 

Затоа се поставува прашањето кои се Словените, како дошле на Балканот, кој ги предводел, колку време им било потребно со воловски запреги да дојдат до Македонија, да речеме, со какво вонвременско оружје располагале за да ги победат староседелците на целиот Балкански Полуостров и зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поход на разни народи на Балканот пред големата преселба, но и подоцна? Или, зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу 6 и 9 век?

Според историчарите што не се сомневаат дека Словените навистина дошле од зад Карпатите, најголемата маса од речиси 300.000 Словени на Балканот, се доселила во 626 година. Значи тргнале пролетта 625 година и за една година, односно за осум месеци, колку што може да се патува пред да падне зимата, поминале близу 1.500 километри, препливале десетина големи реки, меѓу кои и Дунав, а потоа се населиле каде што им душа сака, каде што си одбрале место за живеење.

Како е возможно старите жители на Балканскиот Полуостров одеднаш да исчезнат, дури и ако се прифати претпоставката за нивно тотално истребување од страна на доселениците,  за многу кратко време, а при тоа останале старите имиња на планините, реките, ридовите, потоците, мочуриштата, изворите, пештерите и слично. Зошто новодојденото население прифатило такво мноштво туѓи имиња од своите претходници, кои немилосрдно ги истребувале и прогонувале? Ако доселениците можеле да искажат таква омраза кон староседелците, сметаат овие истражувачи, тогаш врз која основа го прифатиле нивното јазично и културно наследство? Ако пак доселениците прифатиле некаков период на заеднички соживот во кој успеале да ги научат и усвојат сите називи и обичаи на староседелците, тогаш каква е таа монструозност што ги натерала да ја обноват првичната омраза претворајќи ја во геноцид?

 

Пеш на пат од 1.000 до 1.500 километри

 

Според ставот на официјалната историја, кој се' уште е доминантен и во Македонија, и ако генетските истражувања покажуваат дека словенскиот генетски код е најслаб генетски код на Балканот, Словените на полуостровот се доселиле во релативно краток период кој обично се сместува меѓу 5 и 7 век. Ваквата претпоставка се базира на еден запис од 10 век на византискиот цар Константин VII Порфирогенит, според кој главната преселба се случила во 626-та година.

Досега токму на оваа "историска вистина" се "лепат" речиси сите балкански "официјални" историчари, специјалисти за тој период, модифицирајќи и отфрлајќи ги фактите што не се вклопуваат во таквото сценарио. Сепак, до колку прифатиме дека ваквото масовно доселување навистина се случило, тогаш мора да претпоставиме дека тоа секако морало да предизвика драстични етнички и културни промени на Балканот, иако не се знае како "доселениот народ" ги избегнал сите асимилаторски процеси во моќното византиско царство без да има пред тоа формирано некаква значајна државна формација.

Притоа, доминантната "преселничка историографија" воопшто не обрнува внимание на техничките претпоставки за една толку масовна преселба на цел еден народ. Имено физичкото преселување на населението од едно на друго место подразбира цела низа предуслови и техничка опременост за реализација на преселбата, а потоа и за успешно населување во новата средина. Во секоја селидба не учествува само населението што се сели, туку, во голема мера, и населението што останува на местото на тргнувањето, потоа тука е домицилното население на териториите преку кои се случува преселбата, како и населението меѓу кое доселениците се сместуваат.

Еве, да замислиме преселба од пределот "негде зад Карпатите" на маса од 100.000 до 300.000 земјоделци со комплетните семејства и со сето она што ги чини етничка група и организирана економско- политичка заедница.  Значи, еден убав пролетен ден во 626 година, оваа маса од луѓе тргнува на југ и се населува на Балканот во области на медитеранска клима. Патем мора да се знае дека тоа е население што живее од земеделство, а тоа значи дека е поврзано со земјата, гробовите на предците, родовско-племенската организација и некаков организиран систем на одбрана од разбојници и освојувачи.

Масовната преселба на земјоделското население подразбира неопходност, освен вообичаената резерва на храна, да се обезбеди и храна за барем уште една година однапред. Тоа значи дека е потребна барем двојна годишна резерва на храна на ниво на заедницата, но ако има можност за такви резерви на храна, тогаш каква е потребата од преселба. Сепак, доколку претпоставиме дека и покрај се' овај народ решил негде да се пресели, тогаш се поставува прашањето за транспортот на храната, опремата, алатките, облеката, реликвиите, стоката, живината и друго.

Ако едно семејство од тоа време имало 30 члена во три генерации, тогаш барем неколкумина од нив не се во состојба да поминат пеш пат од 1.000 - 1.500 километри. Според тоа, потребни се запреги за транспорт на овие лица, но и за резервите храна што се носат, па лесно може да се пресмета дека за едно семејство од 30 членови потребни се во просек пет тешки запреги со по четири коњи или волови, или дури 50 товарни коњи ако семејството нема ниту една запрега.

 

Математички грешки во историјата

 

Само за исхрана на еден коњ потребни се дневно меѓу три до пет килограми зоб и околу пет килограми сено. Стварните податоци од оваа област говорат дека просечен товарен коњ може да носи околу 100 килограми товар, а литературата за старите Словени тврди дека нивните преселнички коњи биле високи од 123 до 148 сантиметри. Запрежен коњ на добар и рамен пат може да влече товар со тежина која е трипати потешка од нивната тежина. Оттука, лесно може да се пресмета дека  за потребите на преселбата, едно словенско "заткарпатско семејство" од 30 члена треба да има пет тешки двоколки со по четири влечни коњи или волови, или, доколку нема запрега, да поседува дури 50  товарни коњи! Факт е дека ваква ергела коњи не можело да има ниту  едно тогашно семејство.

Освен куп храна, секое семејство морало да располага и со огромен возен парк од запреги со многу запрежни грла. Ако секое семејство има толку храна, стока, запрега, свињи, овци и кози, тогаш каде е мотивот за преселба на огромно растојание и во непозната средина? Секако воопшто не треба да се пренебрегне фактот дека движењето во непозната средина, со толку стока и храна, всушност е потенцијален плен на разбојници, па потребно е меѓу 10 до 30.000 војници за заштита, од кои барем неколку илјади коњаници, кои, се разбира, исто така, се товар на семејствата.

Или, ако се знае каква габаритна колона е колона од 300.000 луѓе, се поставува прашањето со која брзина и колку долго колоната ќе се движи кон целта? Значи, ваква масовна преселба за толку кратко време едноставно не е возможна.

Сепак, за да видиме колку тој потфат навистина е неостварлив ќе се послужиме со сведоштвото на Карл Фон Клаузевиц, пруски генерал кој во 1812 година влегол во Русија и се борел против Наполеон. Според него, еден организиран марш на голема воена формација подразбира брзина на движење од 45 милји  за десет дена. И тоа, се разбира, е одлична брзина на движење за тоа време. Но, колоната на Словените што тргнале кон Балканот не е воена формација, па брзината на движењето на ваква колона е само неколку километри дневно. Ако за оваа преселба биле потребни да се поминат речиси 1.000 до 1.500 километри, јасно е дека за тоа се потребни најмалку околу 200 дена без поголеми несреќи. Дури и ако народот се движи во  една организирана формација, и ако нема ниту едно име во историјата забележано како водач на ваквата преселба, колоната би била 1.000 километри, затоа што секое семејство би зазело 100 метра со своите запреги, крупна и ситна стока.

Може да се замисли каква колона е тоа, всушност жив мост кој го спојува местото на тргнување со местото на пристигнување. Или, додека едните тргнуваат, другите веќе би стигнувале, на пример, во Скупи, Стоби, Хераклеја или Стибера! Дури и ако би се организирале десет паралелни колони, а тоа е невозможно, зашто нема таква ширина на просторот низ кој се движеле, должината на секоја колона би била по речиси 100 километри. Оттука би биле потребни 30-тина дена секој дел од колоната да ја помине замислената линија на својот пат кон Балканот.

Ако, пак, колоната минува низ еден предел во тек на 30 дена, тогаш јасно е дека трева за испаша на стоката може да има само доколку колоната се развлече во ширина, а тоа треба да биде простор од околу 20 километри, кој би требало да се задржи во текот на целото патување. Со вакво покривање на просторот би била опустошена, односно збришана секоја тревка и грмушка на површина од 150.000 квадратни километри или простор кој е шестпати поголем од вкупната површина на денешна Република Македонија. Притоа проблемот со вода за пиење воопшто не е земен предвид од страна на "официјалните историчари", кои тврдат дека Словените се доселени од зад Карпатите токму на Балканот. Да се напои со вода толкав народ и стока потребно е да се располага со вода за пиење на секои неколку километри зашто нема никаква можност толкаво количество вода да се носи во запрегите. Исто е и со дрвата за готвење и слично.

 

Премин со трска по дното на Дунав

 

Но, да претпоставиме дека овие храбри преселници сепак ги совладале сите реки со пливање, со скелиња или со прегазување, но потоа пред нив доаѓа Дунав. Што со Дунав? За да се зборува за поминување на Дунав со трски за дишење треба да се знаат неколку општи податоци. Имено, Дунав само во должината низ Србија, на пример, има длабочина од 1, 8 до 21 метар и ширина од 380 до 2.000 метри. Од Ѓердап низводно Дунав е длабок 7 метри и широк 2.600 метри. Во вливот тој во просек е широк 15-тина километри.

Од Будимпешта до српската граница, особено на левата страна од Дунав, има повеќе мочуришта во ширина од 5 до 10 километри. Значи преминот преку Дунав воопшто не е наивен потфат ни денес, а не пак пред 1.400 години. Коњаниците во тоа време за премин на реки користеле надуени мешини од разни животни. Во некои учебници се оперира и со некаков премин преку замрзнатиот Дунав. Останува секако и романтичарската верзија дека Словените го поминале Дунав со движење по дното, дишејќи со трски чиј отвор е над нивото на водата. Оваа верзија се разбира е сосема неверојатна, затоа што ширината на реката од неколку стотина метри, длабочината од повеќе метри, големиот мил, густата подводна трева и многубројните водовртежи и вирови сосема ја исклучуваат како можност.

Останува најреално тоа да се стори со пловни средства, зашто чамците и сплавовите биле единствена можност во тоа време да се помине од едниот на другиот брег на Дунав. Меѓутоа, за превоз на 10.000 семејства потребни се 300 сплавови за да може превозот од едниот на другиот брег да се заврши за еден месец. Значи, спроред досега извршените и објавените пресметки, техничко-физичката изводливост на преселбата на Словените од зад Карпатите на југ, на Балканот, со поминување на 1.500 километри само во текот на 626 година е сосема невозможна, всушност тоа е утопија измислена од западноевропските историчари за да се поништи континуитетот на балканските народи.

Имено, тој потфат не само што не е логичен, туку е и налудничав зашто практично нема техничко-физички услови да биде успешно реализиран. Поводот да се измисли една ваква преселба е сублимиран во тврдењето на Александар Фомич Вељтман дека сите народи на Балканот имаат пред антички, антички и средновековен континуитет на истиот простор каде што се и ден-денес. Тој анализирајќи ги записите на Тацит пасус по пасус, наоѓа логични врски со таканаречените словенски племиња дури и во случај кога се работи за најобични називи и привидно неразбирливи описи.

Називите на тие племиња официјалната историја ги игнорира или ги припишува на некои изумрени племиња. Вељтман докажува дека зад многубројните варијанти на племенски имиња, кои често се модифицирани со превод на значењето на странски јазици, како грчки, латински, германски, готски итнт., всушност стојат стари, автохтони балкански народи. Со овие племиња, кои се поклопуваат со локацијата на таканаречените словенски доселени племиња, се докажува континуитетот на ист народ со илјада години, иако современата западноисториска наука воведува многубројни нелогични имиња на племиња со неразјаснети потекла, наоѓајќи за целиот тој хаос едно соломонско решение - голема преселба на народите!

 

Дневник.мк

 

 

 

Цар Персеј

 ИНСТИТУТ ЗА НА ЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

ДЕЛ 21

МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА

РИМСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ

(168 г.пр.н.е. до крајот на III век)

****************

 

1. Територијалната поделба на Македонија

 

Римското освојување на Македонија (168 г.пр.н.е.) го означило крајот на Македонското Царство. Дефинирањето на новиот статус на Македонија било санкционирано една година подоцна во Амфипол, каде што конзулот Емилија Павел, во присуство на царот Персеј и на македонската елита, објавил дека "Македонците ќе бидат слободни, во нивен посед ќе бидат градовите и полињата како и дотогаш, ќе ги користат своите закони и обичаи и ќе избираат секоја година свои магистрати". Притоа, Македонците биле обврзани да му плаќаат "данок на римскиот народ" и тоа "половината од оној што им го плаќале на царевите".

Ваквата привидно подарена "слобода"  имала формален карактер, бидејќи Македонија истовремено била поделена на четири одделни автономни области (мериди). Првата област, со главен град Амфипол, ги опфаќала областите меѓу реките Стримон и Нест, вклучувајќи ги и областите на исток од Нест до реката Хеброс, додека западно од Стримон влегувала цела Бисалтија, заедно со градот Хераклеја Синтика. 

Втората област, со седиште во Тесалоника, на исток граничела со Стримон, без Хераклеја Синтика и Бисалтија, додека на запад се протегала до реката Аксиј, вклучувајќи го и регионот источно од реката. Територијата меѓу реките Аксиј на исток и Пенеј на запад, планината Вермиум на север, вклучувајќи ја и Пеонија западно од Аксиј, со градовите Едеса и Бероја, влегувале во третата област, со Пела како главен град. 

Четвртата област, со седиште во Пелагонија, се граничела со Епир, Илирија, Дарданија, какo и со независните области Орестида и Десаретија. Мерките на Рим предвидувале забрана на трговија и воспоставување брачни врски помеѓу поделените области, како и прекинување на рудната продукција на злато и на сребро. Исконструираната поделба била насочена кон оневозможување на обединувањето на Македонците и кон спречување на реставрацијата на политичката, воената и економската моќ на Македонија. Најпогубната мерка била присилното одведување во Рим на царот Персеј и неговото семејство, како и на македонската елита, вклучително и на машките деца над 15 годишна возраст. Персеј бил префрлен во заточеништво во Алба, каде што под нејасни околности, меѓу 163 и 161 г.пр.н.е. го завршил својот живот.

 

2. Востанието на Андрикс (149 - 148 г.пр.н.е.)

 

Новото уредување Македонците го сметале за наметнато, а административната поделба на четири области како мерка што го разорувала македонското ткиво. Тоа најилустративно го предочува Ливиј, кој констатирал дека на Македонците "им се гледала Македонија така расчеречена, како животно раскинато на делови, кои заемно сe требаат еден со друг".

Тежненијата на Македонците за реставрација на Царството се одразиле низ широката подршка на лидерството на Андриск, кој се претставувал како син на последниот македонски цар Персеј. Тоа му овозможило на Андриск да биде официјално прогласен во Пела за македонски цар во 149 г.пр.н.е. Под водството на Андриск, за кратко време востанатите Македонци ослободиле поголем дел од територијата на Македонија. Употребувајќи ја тактиката на раздор, Римјаните успеале катастрофално да ги поразат Македонците кај Пидна (148 г.пр.н.е.). Пребегнатиот Андриск бил заробен и ликвидиран, со што пропаднал обидот на Македонците за реставрација на Македонското Царство.

 

3. Македонија . прва римска провинција на Балканот

 

Ликвидирањето на востанието на Андриск било проследено со укинувањето на сите форми на привидна внатрешна автономија. Со одлука на Сенатот во 148 г.пр.н.е. Македонија била претворена во римска провинција. Воведувањето на директна римска административна управа, со постојан римски намесник со седиште во Тесалоника, било проследено со распоредување на постојани римски гарнизони. Кон провинцијата Македонија биле приклучени и Илирија и Епир, со што административната територија ја надминувала географската и етничката и се протегала од Јонското Море на запад до реката Нест на исток, нејзината јужна граница била планината Олимп, а северна горниот тек на реката Аксиј.

Римските автори, сепак, правеле јасно разграничување меѓу географско-етничката и провинциската граница на Македонија, идентификувајќи ги Македонците како мнозински жители на македонската тероторија. Воспоставувањето на новата провинциска организација не било проследено со поголеми промени во законите. Меридите и понатаму биле задржани, меѓутоа, тие го изгубиле своето политичко значење. Заедничкиот синедрион, најверојатно, бил трансформиран во македонски коинон (заедница), како своевидно продолжение на стариот коинон од времето на македонското Царство. Со цел да го адаптира новото муниципално уредување на предходните традиции, Рим дозволил македонските градови да го задржат своето старо уредување. Меѓутоа, тоа не било доволно за да стивнат тенденциите на Македонците за реставрирање на Македонското Царство.

 

4. Новите тенденции на Македонците

за реставрирање на државата

 

Во 142 година пр.н.е. Македонците одново востанале против римската власт, овој пат под лидерството на Александар,  кој  исто така се повикувал на своето царско потекло, како син на последниот македонски цар Персеј. Иако Македонците успеале да востановат контрола во областа околу реката Нест, навремената интервенција на Рим го лишила востанието од помасовен карактер и тоа било брзо ликвидирано.

Во 141 г.пр.н.е. започнал долгогодишниот период на речиси непрекинати напади на Македонија од страна на среднобалканските племиња Скордисци, Дарданци, Дентелети, Меди и други. За време на еден од таквите судири (112/111 г.пр.н.е.) Македонците повторно се мобилизирале против римската власт. Оваа "македонска војна" им создавала сериозни проблеми на Римјаните, кои со големи напори ги совладале Македонците во 110 г.пр.н.е.

Мобилизацијата на Македонците била последица и од примената на новата стратегија на Рим, насочена кон искористувањето на геостратегиската позиција на Македонија на Балканскиот Полуостров за реализирање на експанзионистичките планови кон Дунав и кон Мала Азија. Во тој контекст, Рим ја иницирал изградбата на магистралниот пат Виа Егнатија со цел да ја подобри копнената комуникација, што дополнително го истакнало стратегиското значење на Македонија.

Во 88 г.пр.н.е. Македонците одново го манифестирале отвореното незадоволство од римската власт со кревање оружено востание. Користејќи го вмешувањето на понтскиот владател Митридат на Балканот, Македонците ослободиле поголем дел од територијата на Македонија, прогласувајќи го за свој цар Еуфан. Римјаните со големи тешкотии ги совладале побунетите Македонците, чија што тенденција пак била да се реставрира "Царството на Македонците". Тоа било последното изворно регистрирано востание на Македонците за ослободување од римската власт.

Тенденцијата за обединување и обновување на Царството била присутна и во наредниот период, но со изменети методи, што било резултат и на промената во римската политика спрема Македонците. Затоа особено се залагал Цицерон, кој сметал дека само чесниот однос спрема Македонците можел да ги осигура интересите на римскиот народ.

 

Продолжува

************

 

  • МАКЕДОНИЈА


    Стиснете ги тревките
    Неја ќе ја исцедите.

    Наслонете се врз каменот
    Името ќе и' го чуете.

    Симнете се во реките
    дното со неја ќе ве почести.

    Легнете да починете
    И ноќта со неа ќе ве покрије.

    Анте Поповски
    ***************

  • ЉУБОВНА

    Пред да се раздени,
    За неа беше разденето.

    Пред да се стемни,
    За неа беше стемнето.

    Го поврзуваше сонцето со влажна шамија
    И го успиваше крај неа.

    Ние, дури чекавме да расцутат овошките,
    Таа веќе ги береше плодовите од нив.
    Полни чинии поставуваше пред нас
    И ништо не ја возбудуваше.

    Ние ќе и' покажевме камена птица што лета,
    Таа ќе речеше: Да, тоа сум јас, Птица во окото на сонцето!

  • Ќе и' принесевме сини цветови што ги брал
    Александар Македонски покрај Златна река, Таа ќе речеше: Тие цветови веќе сум ги носела в' пазуви!

    И секогаш
    и секогаш молчеше.

    Велеше, се што имам да речам си го реков себе си
    Право е на другите да си молчат за својата судбина.
    Не постоеше ништо што можеше да ја возбуди.

    Цел живот верував дека е жена,
    Не знаев дека е Бог
    Само тој не копнее по ништо.

    Анте поповски
    ***************

Kind regards: 01 јуни 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 72