ЗОРАН ЗАЕВ МАКЕДОНСКИ КАМЕЛЕОН

Зоран Заев и Ѓорге Иванов, претседател на РМ.

 

 

ЗОРАН ЗАЕВ ЈА ОТФРЛИ

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА? 

 

Заев му ги даде гаранциите на Иванов и ја отфрли Тиранската платформа, како услов за формирање нова влада

 

********

Денес Среда, 17 мај 2017 година точно на пладне, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот на Зоран Заев за состав на нова Влада на Република Македонија истакнувајќи, при тоа,  дека му го дава мандатот на Заев, зошто  обезбедил парламентарно мнозинство.

Во краткото обраќање, претседателот Иванов рече:

- Пречките за состав на Владата се отстранети и затоа денеска пристапуваме кон исполнување на членот од уставот за определување на мандатар. 

Потоа, Зоран Заев, претседател на опозициската партија СДС изјави, дека како што ветил и пред граѓаните, а и пред Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, кое е доставено до Кабинетот на претседателот нагласувајќи дека двете пречки за добивање на мандатот се отстранети. 

Во гарантното писмо се вели:

- Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме територијална целина на земјата, уставниот поредок на државата, како и зачувување на државните интереси. Гарантираме, дека процесот на носење на одлуки за граѓаните ќе биде во согласност со владеење на правото, не доведувајќи ја во потчинетост Македонија од страна на друга држава. Ниту еден документ, декларација, платформа, акт, кој ќе биде во спротивност на горе наведените ставови, нема да бидат услов и основа за дејствување на владата на Македонија.

******************** 

Драги мои сонародници, верувале или не, има една народна поговорка која вели: "Волкот кожата ја менува, ама табиетот никогаш". Можеби има некој некаде, но јас се' уште не сум чул за него, ниту  сум го видел.

Сум дал еден совет и се' уште стојам зад него, а тој е : во ситуацијава во која нашата татковина се наоѓа не треба  брзање и  реагирање премногу емотивно. Непријателот чека баш таква реакција, кога ќе ни го сврти вниманието кон ноктот, за да ни ја сече ногата.

Патот по кој тргнавме е се' уште најдобриот кој сме го избрале. Правдата и демократијата се нашите пушки и куршуми. Ако ги користиме паметно, ќе го победиме злото кое доваѓа баш од таму, од каде ни доваѓаат и тие "добрини". Знаете зошто? Затоа што македонскиот народ брзо учи и има искуства од другите народи кои, пред нас, нестанаа под "демократските" напалм бомби.

Се разбира дека и ние имаме некои генетски маани, но сепак, нашата срцевина е здрава и долговечна.

Сме имале предавници, кукавици, кодоши, нечесни учители, архитекти, правници, политичари, попови, ама како противтежа на злото, секогаш стоел, како бедем, народот. И затоа се' уште сме живи и здрави и неуништиви.

Луѓе како Богдан Илиевски, Борис Дамовски и плејада други Македонци, Македонки, Роми, Власи, Срби, Турци, Албанци и многу други вткаени во македонскиот текстил од кој е створена македонската нација, през вековите кои поминаа, е таа сила, која е не уништива.

Политичарите доаѓаат и си заминуваат, некои како чесни кои оставиле богоугодни траги кои се споменуваат и во историјата и во секојдневните обични разговори и не чесни, кои се споменуваат на истите тие места и меѓу народот, ама жигосани заради не доброто што му го сториле на народот и државата.

Такви  како Зоран Заев, Шеќеринска, Љубомир Фрчковски, Петар Гошев, Стојан Андонов, Мирјана Најчевска, Ирена Стеријовска, Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски и други обоени чудовишта со високошколски дипломи или академски титули, за вечно ќе бидат за жалење и жигосани како злосторници, арамии, ситни души лесно поткупливи за срам најповеќе на нивните семејства. Тие се  дрзнаа да го разнебитат најсветото што народот го има: државата, нејзините симболи, идентитетот и оставштината  од нашите претци.

Срамот  што ги имаме до нас и меѓу нас е прво наш, ама и  дел на сите оние кои соработуваат со нив  и пак остануваат не казнети од нивните сопствени народи и власти. Срам да им е, што за своите нечесни работи се служат со услугите на вакви истрошени и безвредни гниди. Што со други зборови би значело, дека тие, странски високи "државници" кои се мешаат, неповикани, во внатрешнитe работи на народите во кои се примени како гости, а се однесуваат како арамии на мирот и достоинството на своите домаќини,  не се поарни од нив.

И за крај, сето ова што ни се случува денес е оставштина од злосторските планови на големите сили,  со кои пред стотина години беа сигурни дека сосема ќе го уништат македонскиот народ, а не успеа,  сега се враќаат назад за да го докусурат, до колку ќе им успее.

Но, по се' изгледа, по онаа старатa изрека, "доцкан стигнал Марко на Косово".

 

 Ваш Сотир Гроздановски

Ѓорге Иванов, претседател на РМ

 

 

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА

НЕ БЕШЕ САМО ПОЛИТИЧКО,

ТУКУ И БЕЗБЕДНОСНО ПРАШАЊЕ

*******************

 

Така наречената "Тиранска платформа" создаде многу проблеми кај нас и кај нашето население, а создаде лоша слика и за самата Албанија, но и за Косово. Споменав дека министерскиот совет расправаше за тоа прашање, кое не е само политичко туку и безбедносно, зашто сериозно е да се навлегува во прашања на туѓа држава кои се чувствителни и предизвикаа големи протести повеќе од два месеци, смета претседателот на Република македонија, Ѓорге Иванов.

Во "отворено студио" на ТВ НОВА тој изрази надеж дека целата оваа ситуација ќе послужи како поука за во иднина.

Мислам дека со денешниот чин кога Зоран Заев како кандидат на мнозинството во Собранието дадае гаранција за зачувување на унитарноста, како и изјавите на лидерите на албанските парти кои го подржаа чинот, можеме да разговараме на други теми, а ова да го оставиме во минатото како нешто што треба да биде поука кои прашања се пречувствителни и не смеат да бидат предмет на партиска дебата, ниту пак врз нив да темелите прогрма и услов за влез во Влада, изјави Иванов.

Албанија, раѓањето на "Тиранската платформа"

Говорејќи за платформата претседателот даде свој коментар и на барањето за признавање на геноцид кое предизвика бурни реакции во јавноста. Според него, ваквото барање е несериозно.

"Кај нас не постој ниту факт, ниту дебата, аргумент или артефакти. Да се каже дека имало геноцид е голема навреда за сите кои живеат на овој регион. Треба да се извинат тие кои спомнале таква квалификација. Може да излезе обратното дека се вршело геноцид врз македонскиот народ", заклучи Иванов.

 

Република.мк

H.E.Dr. Althauser
Германска амбасадорка

 

ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СЛУЖЕШЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ, ПА МЕРКЕЛ МОРАШЕ ДА СЕ ИЗВИНУВА ЗА НЕТОЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ ДОБИЛА

***********

Пријателските земји доваѓаа со желба да се надмине кризата, советуваа и не упатуваа како да се постапи но имавме и незгодни средби, телефонски повици со некои лица кои не беа информирани и со погрешни претстави носеа судови без да ги проверат, изјави вечерва претседателот Ѓорге Иванов за "ТВ Нова" во коментар за меѓународниот фактор во изминатиов период.

- Треба да не загрижи квалитетот на дел од дипломатите во Република Македонија. Амбасадорката на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за не точни информации кои ги добивала од нивната амбасада. Апелирам до Германија дека вакво ниво на дипломати е навреда за нашата земја. Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Како порано да го дадам мандатот? Со кршење на Уставот?", рече Иванов.

 

Република.мк

Борис Дамовски

 

СЕТА ОВАА ЛАГА, ОВА НАСИЛИЕ ВРЗ НАРОДОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ЌЕ СЕ РЕШИ ПО ПРАВЕН ПАТ

****************

Осумдесет дена сме тука поради лагите, лагите влијаат на нашата мотивација и решение да го дотераме ова до крај, посочи од пред Собранието Борис Дамовски од граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија".

- Денеска тие кршители на меѓународните права го држеа за раче уплашениот лажен претседател на Собранието. Сета оваа лага, ова насилие врз ннародот и демократијата ќе се реши по правен пат. 

Брилијантни правни умови ни се приклучија во борбата, нашата тужба, народната тужба е еден роман за страдањето на народот под притисок на политичките елити во Македонија и меѓународната заедница. Секоја точка, секој настан ќе биде обработен. Секој прекршок ќе биде оптужен. 

Драги мои Македонци, граѓани на Македонија не чека патот на правдата, како што не чекаше и патот на државата. Правдата е достижнa, но духовната болка никој не може да ја плати, истакна Дамовски.

***********************

Богдан Илиевски - лево и Борис Дамовски - десно

 

"ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА"

ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД

ЗА НЕЗАКОНСКИОТ ИЗБОР НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

*****************

 

Граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" ја поднесе претставката пред Уставниот суд за оценка на законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Богдан Илиевски од "За заедничка Македонија" истакна дека секој мора да ги почитува процедурите во оваа држава, дека не може мнозинството во Собрание да прави што сака.

- Тој како претставник на мнозинството во парламентот имал легитимитет да е претседател. Се разбира, но дури и мнозинството во парламентот мора да ги почитува процедурите, тоа  не значи, дека мнозинството во парламентот може да прави што сака. Дополнително, како што кажав, во име на тие притисоци кои што ги споменавте, дека очекувал Уставните судии да не одлучуваат по тоа дали била уставна или не одлуката, бидејќи тоа ќе било мешање во ингеренциите на Собранието, односно мешање во работата на мнозинството во парламентот. Тоа е една смешна и опасна теза и ако така функционираме во оваа држава, ова ќе биде еден преседан кој што во иднина секој ќе го користи на начин каков што сака. Секој еден пат кога ќе се користи се' помалку и помалку ќе имаме правна држава, односно држава, изјави Илиевски.

 

Република.мк

 

Kind regards : 17 мај 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 70