НЕ ПРОДАВАЈТЕ СИ ЈА ЗЕМЈАТА!

Мирка Велиновска

 

НЕ ПРОДАВАЈТЕ СИ ЈА

ЗЕМЈАТА!

**********************

Пишува: Мирка Велиновска

 

Да, господо. Зборот татковина кој така штедро го користиме малкумина разбираат што симболизира и која му е суштината. Изворно, тоа е законско добиено наследство. Е сега, ако досега имаше такви на кои не им е јасно која операција ја изведува Зоран Заев и неговата балистичка банда, а под покровителство на евро-атланските завојувачи и криминалци, во наредниве месеци ќе им се разјасни до таа мера, што ќе им прснат празните глави.

Се' почна кога Црпко од Муртино од ништо-никаде отиде во Прилеп да ја промовира својата идеја да го направел албанскиот јазик официјален на целата територија на Македонија. Немајќи основна причина зошто во Пролеп или Струмица или Берово албанскиот би бил во официјална употреба, глуп како ноќ рече дека тоа е потребно за Албанчињата што се музички надарени да разбирале нотен материјал!? Додека ние се смеевме на новиот проблесок на глупоста кадровски се' присутна во СДС-балистичка, заборавивме на искуствениот факт дека на злосторникот не му треба рационална причина за да го спроведе тоа што го испланирал.

Тиранската платформа беше само креирање на формална заднина, односно, повод за окупација на Македонија. Освојувањето на централната власт, која е и онака неделотворна и умртвена од Пржино наваму, е само маска за вистинската намера: Преземање на теренот. Оти окупација без освоен терен е за џабе. Така да си знаете.

Окупаторот со своите глутници тргнува во поход на преземање  на општините. Без избори ќе ги заземе советите и ќе си постави градоначалници. По новововедената Талат - процедура. Претпоставувам дека ви е јасно зошто им треба тоа. Па за итно да почне организацијата и спроведувањето на "демократскиот" егзодус на домородното македонско население, кое не само што е доминантно, туку ја поседува земјата со докази, како што се тапии и имотни листови. Во сценариото во кое сме статисти, а го изведува американската цијашка дип стејт со огромна подршка на европските гангстери и пљачкаши, преземањето на празните општини и локалната администарција е почеток на експресното организирано силеџиство врз Македонците за да си ја продаваат земјата, да си го отуѓат имотот за мали пари. Како заврши тоа во Косово и Метохија сите знаеме. Како се одвива тоа во Западна Македонија и тоа го знамеме. А се' повеќе е видливо и во Скопје.

Еден од "греовите" на Никола Груевски што неговите омилени и безалтернативни партнери не  му ги проштеваат е тоа што пресели дел од државните и национални институции на колонизираниот лев брег на Вардар. Во Чаир ни ја врати татковината. Им влезе во џигерот на натрпаните балисти и нивните евро-атлански господари. Затоа преку соросоидните петоколонаши и платеници, а со помош на УСАИД и со водство на СДС се изведе најгротескната претстава за жигосување на "Скопје 2014". Божем за парите што се трошеле на споменици им било, божем архитектурата не ја одразувала македонската мултиетничност или традиции. Не бе батки, секогаш кога тргаат вакви претстави, научете еднаш да не лапате дудинки без да промислите како да не сте кленови. Целта беше и, за жал, ја постигнаа: Општините кои не се Скопје, да гледаат во централната власт непријател. Сега, кога централна власт немаме, дојде време да се окупираат општините. Финалето ќе уследи потоа. 

Како што е познато, секоја војна завршува на преговарачка маса. Западниот Балкан го чека такво финале. Изораните ниви кои пред тоа беа стрништа што ги запалија и исчистија од разум и одговорност и на нив посеаја ГМО-семе од кое никнаа зомби-хуманоиди без самосвест и без корен, подвидови од секакви профукњачи, на таа преговарачка маса ќе бидат врвниот факт кој ќе одреди кој е стопан на Македонија.

По дејтонската операција, кога територијално се делеше БХ, Србите што ја загубија војната со странска интервенција, победија само со едно: на преговорите ги извадија тапиите и имотните листови на своето население. Така се исцртаа денешните граници. Така и опстоја  до денес Република Српска. За разлика од Косово, каде Србите во долг процес се повлекуваа пред налетот на албанските цели. И за разлика од Македонија каде што Македонците од западните делови постојано си го продаваат татковото наследство. Државата, односно нејзините управувачи, политичари и администрација заради алчност, коруптивност и партиски интереси се големи виновници за овој процес и денешни состојби, па сепак, тие се небитни за крајниот исход. Сопственик и стопан на татковината е народот, секој поединечно. Дури и во услови на ново протерување на Македонците, тие ќе останат стопани ако багажот им е имотни листови и тапии за посед. Ако си ги чуваат како очи во глава, ако не си ги продаваат еднократно за безвредни евренци и доларчиња, татковината кога тогаш, ќе си ја вратат нивните потомци. Оти единственото нешто што не застарува се тие докази за сопственост. 

Евреите се повикуваат на светите книги. Вевчанци на тапиите. Македонците протерани од Беломорска Македонија исто така. Впрочем и затоа тврдам, дека причината за спорот со Грција е баш рационален, а се крије за ирационална античка маска. Токму тој доказ за посед на татковината од која под налет на напалм-бомби беа протерани стопаните е грчкиот узурпаторски кошмар. Тапиите се' уште се доминантно во рацете на Македонците. Така ги учеле дедовците и татковците, лесна им земја и миросани коските!

Земја не се продава никому и за ништо на светот! Затоа татковина не се објаснува, ами се чувствува и се чува. Ниту еден узурпатор и окупатор не може да биде спокоен кога знае дека ставил рака и нога на туѓа сопственост. Погледнете ја Америка која во резервати уште ги чува десеткуваните и дрогирани домородни индиоси или Австралија која има кошмари со Абориџините. Погледне ги Весли Кларк и Медлин Олбрајт или оној непрокопсан Џо Бајден. Што им вреди што си го приватизираа Косово, кога Србија се' уште не се откажува од тапијата. Ќе бидат раат само ако сопственикот на татковината доброволно и сам се откаже од својата оставина или наследство. Како царска Русија од Аљаска.

Во Македонија се знае: се бара од нас доброволно да се избришеме како народ со македонски идентитет и доброволно да го предадеме наследството земја, води, руди, минерали, на арамиите. Не мамат со "демократски процедури", не викаат на референдум за името, ни кројат територијални разграничувања и божем се' тоа било модерно, европски и нормално.

Што сакам да кажам, да порачам: По секоја цена бранете го теренот, не давајте ги општините, општинските совети, контролирајте ја поставената, а неизбрана бирократија која ОТИ ја калемеше додека не почнало видливото дејствување на окупаторот. Замрзнете си ги ситните и глупави омрази и кавги што ви ги посеа политиката, чувајте си ги за подобри времиња кога ќе ви стане досадно. Сега е време подготвени да го дочекате налетот на евро-атлантските скакулци и нивните издресирани качаци. 

Во наредниов период по никоја цена и за ништо на овој свет не си ја продавајте земјата. Ниедна педа! Никому. Не заборавајте, баш непријателот ЦИА, во налетот на финасиската криза во 2008 година исцрта карта на светот со оцени за тоа кои земји ќе ја поминат со најмалку последици. Република Македонија беше една од тие ретки европски држави. Причините беа следните: 84 отсто на населението има свое парче земја кое може да прехрани семејство и 82 отсто има свој покрив над главата што не е под хипотека, односно оставина од куќарка, шупа, колиба на сопствена земја. Планерите на сценариото што се изведува го имаат на ум токму ова во изборот на средствата и тактиката со кои ја напаѓаат Македонија. Ако не го даваме своето, победата е наша. Гарант!

За крај ево нешто весело и оптимистично. Трамп го ногираше директорот на ФБИ. Ем тоа во манир на турски султан. По личен курир му прати отказ. Тајно, без да дознае ниту една тајна служба. Ебате службите, кој ги победува еден Трамп во Вашингтон или Мијалков во Бродец и Дива Населба. Што се чита како "почна сушењето на баруштината". Од хистеричната халабука и пискотници на демократските фашисти кои ова шупирање го нарекоа пуч на диктатор, одвај разбрав дека разумниот дел од Америка добро знае дека барањето за формирање на СЈО во овој случај да ти било неуставна категорија и во Америка, не само кај нас. Дека правосудството им страдало од политички и партиски замешателства и мешетарења како и нашиве. Коми ја загубил позицијата зошто залетал од истражител во професијата обвинител, а со една нога цапнал и во доменот на судијата. Како што редовно го прави нашата талентирана специјалка Катица, дресирана и измислена од ЦИА и Бејли. А и Зврлевски, кој е незаинтересиран обвинител, а малку повеќе политичар. Дека Американците како лек за калта во која им потона државата го препорачуваат исклучиво интегритетот и кредибилитетот на судиите и обвинителите. Дека воените акции на САД под изговор изградба на нациите и нивна демократизација не се ништо друго туку најпроста агресија, а загрозаноста на САД од некого е оправдание за војна. Интервенции од видот шарени револуции и креирање конфликти, мешање во избор на влади било вулгарно мешање во внатрешните работи на други држави. 

Њут Гингрич, поранешен  спикер, ни "откри" и што е тоа диктатура. Вели тоа е кога неизбрани формираат власт. Е тоа де! Кај нас во Македонија неизбрани Евроамериканци поставени од неизбрано политичко и профитерско подземје во Брисел и Вашингтон, поставуваат неизбрана македонска власт. 

Ало Зврлевски, го  слушаш ли ти ова? Пендеровски, тутумраче недоделкано, разбираш ли што танториш? Заев не го прозивам заради дијагнозата.

******************************

Ненад Мирчевски

 

"ДИП СТЕЈТ" ИНСТАЛИРА

КВИНСЛИШКА ВЛАСТ

ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

********************

Пишува: Ненад Мирчевски

 

Додека Европа ја прославува годишнината од победата над фашизмот, бриселските дипломати во Македонија инсталираат тоталитарен режим со помош на фашистички методи и техники. Поразително е да се гледа како по повеќе од седум децении по падот на нацистичка Германија, нацистичките методи за поробување држави и уништување народи се' уште се живи и активни. Огромна заслуга за враќањето на фашизмот на голема врата во Македонија имаат структурите на ЦИА од "дип стејт", Џорџ Сорос, албанските радикали и македонските квислинзи кои се дрзнаа да тргнат против сопствениот народ за да се дограбат до власта, по секоја цена.

За да се оправдаат силувањето на демократијата и уништувањето на една цела држава за потребите на надворешни центри на моќ, најважна работа беше да се заменат улогите на жртвите (народот) и насилниците (предавниците од СДС и албанските радикали). За таа цел беше употребена скандалозната тиранска платформа - адаптирана верзија на Карлсбадската програма од 1938 година со која фашистичка Германија си обезбеди алиби за окупацијата на Чехословачка во походот за реализирање на сонот на фирерот за создавање на Третиот Рајх.

Барањата од тиранската платформа не се ништо друго туку алатка за предизвикување гнев кај македонскиот народ за потоа да биде обележан како нецивилизиран, предизвикувач на нестабилност. Бидејќи народот најде начин како мирно и достоинствено да се спротивстави на опасносната тиранска платформа, режисерите организираа нов инцидент во кој предизвикаа народот да излезе од контрола. Тоа беше противзаконскиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на што претходеше пеење на албанската химна. Понижување до крајна граница, на кое неможе да остане имун ни најмирољубивиот човек. Оттогаш Соросовите платеници со употреба на методи на Гебелсовата пропаганда го претставуваат народот пред светската јавност како дива орда, а квислинзите како жртви. Со тоа сценаристите си обезбедија алиби за  реализација на сценариото за насилно преземање на власта.

Но, изборот на Џафери е само првиот чекор од окупацијата на државата со помош на марионетите на ЦИА и на Сорос. Експресното признавање  на легитимитетот на нелегитимниот Талат Џафери, од страна на остатоците од администрацијата на Обама и од дипломати на Брисел, е само потврда за спрегата што постој меѓу овие структури и за одлучноста, по секоја цена да се преземе власта во Македонија. Ваква агресивна политика на уцена, каква што ја презентираат надворешните пријатели на Заев применувал и Хитлер при окупациите на европските држави, провоцирајќи судири по секоја цена.

По 27 април, сосема е јасно дека државата е на чекор од окупација и инсталирање марионетска власт строго контролирана од надвор. На народот насилнички му е одземено сувереното право да избира и да менува власт и секој што се противи и дава отпор ќе се соочи со гневот на новата тоталитарна власт.

Кога дипломатите застанаа зад пучистите и го осудија народот што си ја брани државата, беше јасно дека тоа значи збогум на демократијата во Македонија. Лицемерна беше осудата на насилствата во Собранието од страна на истите оние кои со години организираат и подржуваат обоени револуции под плаштот на некакви наводни народни револуции, преку кои уриваа легално избрани власти на сите континенти на планетата. Никој од овие дипломати (за домашниве платеници не треба ни да се зборува) не се осмели да ги осуди насилствата во Египет, во Либија, во Турција... Уште повеќе, истите тие ги вооружуваа и поттикнуваа бунтовничките групи да се борат против властите. Никој од меѓународната заедница не побара одговорност од српскиот народ кој на 5 октомври упадна во Собранието на Србија, ниту за насилните демонстрации во Сараево, Софија, Атина преку кои народот изразуваше незадоволство од нивните избраници... Кажа ли некој од нив еден збор осуда за насилствата пред Владата на Македонија од 5 мај 2015 година кога беа повредени четириесетина полицајци? Па, за нив и УЧКА во 2001 година не беа терористи, туку борци за човекови права. Нема да чекаме долго по формирањето на квислиншката влада кога Заев ќе ги ослободи и терористите од Дива Населба и ќе ги прогласи за жртви. Но, затоа неговата криминална банда од СДС нема проблем да го обвини својот народ за тероризам.

Народот не го свати предизборното предупредување на Никола Груевски за опасноста што ни претстој. Повеќе од 350.000 Македонци гласаа за Заев сметајќи дека со тоа уриваат режим, а не сопствената држава. Дури сега ќе го видиме вистинското значење на зборовите режим и тоталитиризам. Заканите дека Заев ќе јаде живи луѓе почнуваат да се реализираат со пресметка со сите неистомисленици во партијата, на улица, со медиуми, кај политичките противници..

Буквално со сите што се противат на редефинирањето на државата и нејзиното обезличување. Впрочем, Заев и неговата банда деновиве повторно најавија дека подготвуваат чистка во судството, дипломатијата, здравството, образованието...Квислингот сега се заканува дека ќе спроведе тотално преуредување на општествениот и на економскиот поредок во согласност со политиката на неговите шефови - Сорос и ЦИА. Ако можеа да го легализираат скандалозниот избор на Џафери, тогаш може да помине секоја следна одлука штетна за народот и за државата. Коалициските партнери ќе си гласат што си сакаат, а наредбодавците ќе им ги признаваат одлуките без да им е гајле дали народот се согласува со тоа или не. Едно од најтешките предавства ќе биде одлуката за промена на името, кое деновиве го најави Зоран Заев. Во интервју за црногорски медиум квислингот најавува брзо решение за името за кое "ако треба ќе го прашаме народот". Соросовите медиуми ќе продолжат да ги одработуваат милионите долари со ширење антимакедонски пропаганди и поттикнување насилство кон секој што не се согласува со нивната политика, а во исто време ќе ги правдаат диктаторското владеење и сите антидржавни одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ има дел од одговорноста во однос на лошата стратегија во одбраната на државата. Може да ја напаѓаме дека го остави народот на улица сам. Но, колку и да ја обвинуваме ВМРО-ДПМНЕ дека не успеа од позиција на власт да го спречи во намерата насилно да ја преземе власта и да ја прегазе волјата на мнозинството, мораме да признаеме дека бројот на пратеници што ги доби на последните избори не дозволи да направи ништо повеќе. Единствено што и' остана е целосно да влезе во замката за предизвикување конфликт и да ја вовлече државата во граѓанска војна. Мораме да имаме на ум, дека во таква ситуација која е посакувана и намерно провоцирана од внатрешните и надворешните непријатели, ќе биде уште потешко да се заштитат националните интереси.

Затоа, кога бараме одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, мораме да го побараме истото и од оние 350.000 Македонци што на 11 декември 2016 година го заокружија Зоран Заев. Но, време за барање одговорност ќе има дури по изнесувањето на квислинзите пред лицето на правдата. Колку и да треба време затоа, еден ден сигурно ќе се случи. Заев нема да избега од правдата. Неговите ментори можат да го стават насилно на власт, но неможат да го одржат. Од правдата нема да куртулат ниту неговите потрчковци. Одговорност ќе понесе и целата пропагандна машинерија на Сорос која со години ја манипулираше јавноста. Дури и оние што сега се освестија дека подржувале предавник. Морална, политичка или кривична одговорност ќе мора да понесе секој што на кој било начин и' предизвикал штета на државата и на народот. Од тоа нема бегање, затоа што народот овој пат нема да се откаже од гонење на предавниците!

***************************

Ристо Стефов

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ

ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ  34

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

 

Се' што беше можно да се направи, за да се влоши животот на Македонците во од Грците окупираниот дел на Македонија, се случи. Крајната цел на злосторите беше не само да им го зголеми гневот, туку да се чувствуваат ВИНОВНИ за се' што тргна лошо во војната. Дури тие беа  обвинети што војната беше изгубена. Но ако ја гледаме другата страна на прикаската, заправо Македонците беа "криви" што ги следеа Грците слепо и им веруваа дека се чесни, а не обратно. Беа криви за нивното терање надвор од  татковината...? 

Немаше крај на  македонските страдања, а уште помалку некој да чуе за нив. Живеа со своите маки длабоко скриени во нивните души и  во молк со децении, се' дури  разградувањето на Југославија на Република Македонија не и' овозможи, по мирен пат, да се стекне со својата самостојност и слобода, во 1991 година. 

Луѓето со кои често се сретнувам , се' уште бараат одговор на прашањето: - зошто сме толку не единствени и зошто до ден денешен не сме извлекле поуки од грешките на нашите претци, кои заради алчноста за власт и не единството, ја изгубија славната македонска империја, а народот како лесен плен, падна на милост и немилост на непријателите, кои си ги чекаа и дочекаа нивните пет минути? 

СОГОВОРНИКОТ : - Во текот на нашиве разговори ми рековте нешто за Македонците кои се враќаа назад, во Југославија,  дека биле  изложени на разни неугодности и проверувања на нивната политичка заклетва и лојалност. За Тито или Сталин. 

РИСТО : - Ох, да! Во времето кога Тито и Сталин влегоа во вербална војна, Сталин презеде разни постапки со цел да го компромитира Тита и полесно да го отстрани од функциите кои ги имаше во Југославија, но и во Коминтерната. Покуша дури и физичка ликвидација и растурање на југословенската држава и осамостојување на Република Македонија, со помош на македонските борци од ДАГ, кои Сталин ги задржа и смести  во Ташкент, СССР. Овие закани беа причината што го натераа Тита да ја затвори југословенската граница и да не им дозволи на македонските борци влез во Југославија со нивното оружје. Но исто така, Сталин го турна Тита поблиску до "западниот блок" , а себе во ситуација да влезе во Трета Светска Војна, до колку покуша  отворено да го нападне.

Па така, плашејќи се од македонските борци доваѓајќи и од Грција и од СССР да во некој начин не постанат опасност по југословенската безбедност, спрема заканите на Сталин, Тито му нареди на своите луѓе во кои имаше доверба, да вршат детална контрола и испитувања на влезот во Југославија. А кој би бил нај погоден за таа работа? Така наречените десертери од составот на ДАГ и НОФ (Народно ослободителниот фронт на Македонија)!

Оваа војна се' уште е своеврсна загонетка и ќе помине уште доста време за да се откријат нејзините тајни. Ништо не е така, како што изгледа. Периодот од над 60 години, за несреќа, не помогна премногу во  таа насока.

Само фактот што Грција ја затвори границата за македонските бегалци, цивилни бегалци кои бараа спас за себе и за своите семеиства од масовните ликвидации и забранувајќи им повраток назад во нивните домови, сам за себе зборува многу за војната за која зборувавме.

Овај факт потврдува, дека Грците имаа намера македонските бегалци за секогаш да ги држат надвор од Грција. Па така, нетреба да се познава целата прикаска, па да се знае што се случуваше внатре во окупираната Македонија, за време на "граѓанската војна".

Исто така, комунистите, кои ја започнаа граѓанската војна во Грција, немаа излезна стратегија за борците, во случај работите почнат да одат во погрешна насока. Немаа план за преговори, со кои би се завршила војната...Непостоеше план за повраток на бегалците, вклучувајќи ги и 28,000 деца евакуирани 1948 година...Непостоеше заштитна единица за невиното население... Захаријадис ги информира сите Македонци дека сме на пат да ја добиеме војната за кусо време...Дури и кога преостанатите борци на ДАГ се повлекоа во Албанија, Захаријадис  инзистираше дека војната не  е готова и дека тие се регрупираат и ќе се вратат назад, да ги довршат борбените акции. Не им беше крај на неговите лаги...

СОГОВОРНИКОТ : - Рековте, дека не требало да се знае "целата прикаска", за да би се  имало добра слика  што се' се случувало за времето на "граѓанската војна во Грција". Како го објаснувате тоа?

РИСТО : - Едноставно, по задниот нишан на пушката. Со процесот на елиминација и проучување на ситуацијата спрема што било речено и што е сторено.

На пример, секогаш кога Захаријадис требаше повеќе Македонци за жртвување, би рекол: "со вашето масовно учество во нашата заедничка борба, заслужувате право на самоопределување и своја сопствена држава".

Заправо, кој е тој Захаријадис да дава вакви ветувања и барања? Некој Бог? Па може ли тој да реализира тоа што им го ветува на македонскиот народ без согласност на големите светски сили, Југославија, Бугарија, Албанија и Грција? Па очигледно, овај човек ги лаже Македонците како би ги мотивирал по масовно да се самоуништуваат, со однапред скроените планови за македонскиот нестанок од овие простори.

Најпосле, Захаријадис се послужи и со други  замки, како би ги мотивирал Македонците да му се придружат во неговите напори за нивно побрзо самоуништување, како на пример: "Вие Македонците, со вашето масовно  учество во заедничката борба,  заслуживте да бидете рамноправни со Грците", меѓутоа со напомена, дека неможел тоа да ни го гарантира, се' дури комунистите не победеле.

Зарем овај човек не знаеше дека , прво, Грција беше под влијание на Британците и дека тие по никоја цена нема да им дозволат на комунистите да ја добијат војната? Второ, како би Македонците можеле да очекуваат дека грчките комунисти ќе ја добијата војната, кога тие немаат никаква контрола или влијание врз средствата поврзани со воените планови и дејствија со кои само тие управуваат? Очигледно дека Захаријадис и овој пат се послужи со своите, веќе, испробани лаги.

Колку пати треба некој да е излажен па да свати дека тука нема никаква вистина?

Погледај само  што му е ветено на македонскиот народ, а што од тоа добил. Му беше ветено дека ќе добие своја држава и човекови права, а добија "геноцид". Беше ли тоа само случајност? Ne! Сето тоа беше испланирано! Се' што беше речено и сторено од како нешто се случило, беше само сокривање на фактите и ослободување на кривците од злосторствата.

Геноцидните настани врз Македонците никогаш ниту беа докажувани, ниту осудувани. Таквите однесувања треба само некој поединечно или колективно да ги почувствува, па да види како депресивно делуваат. Површината на така -наречената "граѓанска војна во Грција" беше малку "огребена", па од нејзината трулеж ја загади меѓународната заедница, како активен нејзин соучесник. 

Можам ли по сликовито да ви го опишам грчкиот геноцид над Македонците во Беломорска Македонија?

СОГОВОРНИКОТ : - Колку ве разбрава, споменавте дека и Југославија беше замешана во овие настани?

РИСТО : - Да, верувам во тоа, но сигурен сум, дека само неколкумина во Југославија беа запознати со правата вистина.  Тито беше за се' информиран, што Ви го споменав и порано.  Со така-наречената "железна завеса"; со влијанието на договорот помеѓу Черчил и Сталин; со чувствата и размислувањата на Британците спрема комунистите во Грција...; спрема Македонците во окупираниот дел на Македонија...во сето тоа. И како споменав и порано, Тито имаше и недоразбирања  со Сталин, околу помошта на воените деиствија во Грција.

Е, сега, само како потсетник.  НОФ беше формиран на 23 април 1945 година под водство на Тито и Колишевски и префрлен во Грција под водство на Колишевски, есента истата година, а пак грчката одлука за почетокот на "граѓанската војна" беше предвидена да стапи во сила, на 31 март 1946 година. Зошто Тито и Колишевски го подготвија и испратија во Грција раководството на НОФ за да го започне конфликтот и пред донесувањето на спомената одлука, до колку Тито не знаеше нешто однапред? Не е ли тоа доволно да се замислиме за причината?

Потоа, погледнете ги доверливите Титовисти како се однесуваа спрема македонските борци при враќањето во татковината. Како спрема "криминалци"! Зошто? За да не поставуваат премногу прашања?

Не верувам дека членовите на раководството на НОФ беа  вмешани во некоја завера, туку обратно. Верувам дека беа патриоти, само им дозволија на нивните срца наместо на нивните глави да ги водат. Им недостасуваше храброст да прашуваат "зошто", пред да извршат се' што им беше речено.

Па спрема тоа, Југославија беше вклучена! Само највисоките лидери беа информирани, а другите беа презафатени и лојални да заприметат што се случува околу. Во тие времиња за да се преживее не беше важно колку знаеш, туку кого го познаваш. На малку му беше важно што занеш. Така беше ситуацијата за нас Македонците, од егејскиот дел на Македонија,  под правилата на Југославија.

СОГОВОРНИКОТ : - Какви беа односите во дијаспората? Беа ли исти како и во Република Македонија, после завршетокот на војната?

РИСТО : - Не! Јас не се занимавав со проучување на нашите разделби овде, во иселеништво. Али можам да Ви раскажам како дојдов до тоа.

Што туку ја испечатив мојата книга "Македонците во Грција 1939 - 1949", одлучив да ја посетам Република Македонија за прв пат и природно, со свежи импресии од тие настани. Со нетрпение очекував да се сретнам со моите сонародници и да ја продискутираме таа материја од нашата историја. И што се случи, беше срамотно. Луѓето кои таму ги сртенав зборуваа за настани за кои јас, пред тоа,  никогаш не сум ги чул. Па така, и ако веќе пишував во мојата што туку издадена книга за тие времиња и тие настани, се најдов во потполност надвор од материјата, во темнина. Ете како лошо стоиме ние Македонците од Беломорска Македонија со нашата сопствена историја. 60 годишната тишина беше реална. Тие информации никогаш не излегоа надвор од Република Македонија. Што беше причината за тоа?  Па за нашите проблеми никој не се грижеше. Југославија се грижеше за нејзините   "добрососедските односи" со Грција.

Мислев дека се' што требаше да знам занам, меѓутоа не бев во право. Мислев дека други книги што ја опфаќаат материјата не постојат, што не бев во право.

Се уверив дека постоат на стотини книги на македонски јазик и ниту една преведена на англиски и проширена во светот или доступни до нашите иселеници ширум светот. Никој не се погрижи тоа да го направи, сметајќи дека некој друг таа работа ќе ја заврши за нас. Ниту една државна институција не се погрижи   да ја информира светската јавност за нашата национална историја како што прават другите земји, а особено Грција, промовирајќи на илјади наслови од нашата историја, прикажувајќи ја за своја. 

Кога се сретнав со таа нездрава и антинационална ситуација, душата ме заболи од чудење дали е то можно тоа самите себе си да си го правиме. Се разбира дека протестирав зошто не е направено нешто повеќе во таа насока. Да се информира светот за нашата вистина. Да се информираат нашите иселеници во Канада, Америка, Австралија, кои немаа можност да научат да пишуваат и читаат на македонски, како и јас. Многу од нас директно се дојдени од Грција и во странските земји одраснаа, а да самите себе да не успеаа да се осознаат.

На враќање за Канада, понесов со себе многу подарени книги од моите сонародници со кои имав среќа и задоволство да се сретнам за време на мојот престој во Република Македонија. Од тогаш до ден денешен, мојата средба со татковината ја претворив во моја света мисија:  да преведам што повеќе книги на англиски и да ги правам пристапни на нашите луѓе без платно. Мојата прва задача беше да научам добро македонски да читам и да пишувам. Па така, од тогаш па до денес ( Септември 2016 година), преведов 23 книги и работам на уште повеќе. Сите се достапни на интернет на македонски и англиски јазик.

Преведувањето постана моја опсесија и своеврсна забава, но пред се' желба, нашиот народ да научи повеќе за самиот себе... тоа ми даде одговори на многу прашања и ми помогна да ја видам "големата слика" на светот околу нас, која ја споделувам денес, со вас.

Нема големи и видливи поделби од "таа врста" меѓу нашите луѓе, овде во Канада, зошто немаат сознанија за нив. Има поделби кај Македонците во дијаспората, меѓу тоа тие се во голема мера во врска со "лојалноста" и "одговорностите". Имаме Гркомани, Бугаромани, нешто Србомани (досега не сум сретнал Албаномани). Потоа има, исто така, еден сосема мал број на поделби меѓу Егејци и Вардарци.

Вредно и важно е да се спомене и фактот, дека на македонските бегалци од окупираниот дел на Македонија во Грција кои завршија во источноевропските земји и Советскиот Сојуз, им беше дадена прилика да се школуваат во сите области за кои беа заинтересирани. Скоро секое дете и одраснат човек ја искористи можноста да постане тоа што сакаше да биде во животот. Беа охрабрувани и длабоко веруваа во себе дека образованието е важно за изградбата на нивната татковина таму во Македонија, окупирана од Грција. Веруваа, дека еден ден, кога ќе се вратат назад во нивните родни места ќе бидат корисни за изградбата на земјата. Меѓутоа, Грција никогаш не им дозволи таква прилика, што ги мотивира да работаат на нивното образование уште повеќе за да би успеале да ги остварат своите сни. И успеа. Меѓу нив беа образовани и вешти Македонци во сите области на науката и творештвото.

Кога се вратија во Република Македонија, ја најдоа земјата во голема потреба за секаква врста стручни луѓе за помош во нејзината изградба. Нивните образованија им отворија многу можности за вработување во сите свери на животот кои не можеа да се пополнат од домашното македонско население со помалко наобразование и кои се занимаваа со земеделије и на традиционален пониско продуктивен начин. Па така, "новодојдените Егејци" беа гледани како луѓе кои дојдоа во Република Македонија да им ја земат работата на домашното население. Слично како и ние во Канада кога ги кривиме имигрантите што ни ја земаат работата, а заправо тие работаат и се трудат многу повеќе од нас кои седиме високо на гранките  чувствувајќи се привилегирани, бидејќи сме Канаѓани.

За несреќа "Егејците" и денес се гледаат како некои "виновници", дури и тука во Канада. Именувајќи ги нашите луѓе како "Егејци" во Република Македонија би требало да е навредливо, меѓутоа, овде во Канада, тој израз е редовен и воопшто секојдешен збор.

СОГОВОРНИКОТ : - Споменавте  некои други поделби во дијаспората, ќе ни кажете за што се работи?

РИСТО : - Секако, зошто и јас мислам дека е тоа потребно не само за нив да се зборува, туку и да се објаснат нивните причини. Најизражената поделба меѓу Македонците во нашето иселеништво е поделбата меѓу Македонците и Бугароманите и Гркоманите. Овие групи, негде повеќе а негде помалку, не се дружат меѓу себе и живеат одвоено. Но сепак, по некогаш доваѓаат во контакт за време на некои демонстрации или по некогаш во слаткарниците на разговор, кога имаат прилика меѓусебно да се критикуваат.

Морам да признам дека, јас не сум имал прилика да дојдам во контакт со многу од нив или Бугаромани или Гркомани, зошто, да бидам искрен, и тие не ме сакаат... заради тоа што зборувам гласно и не им посветувам внимание.

Би можел да речам дека во Република Македонија нема Гркомани, барен не јавно. Меѓутоа сум слушнал дека имало Бугаромани...не сум сигурен? Немам сретнато, ни еден од нив. Али затоа пак феноменот  "Гркомани" постој само во Грција и во дијаспората.

Некои веруваат дека ние во Канада сме слободни од Грците и слободно можеме да си одлучуваме за нашата судбина...Меѓутоа, не е баш така. Пред многу години, работев со една средовечна госпоѓа, Македонка, од околијата на Лерин. Еднаш и' поставив обично прашање: "Можам да разберам зошто Македонците од  окупирана Македонија се однесуваат на исти начин како и во Грција, зошто немаат избор, но зошто се однесуваат на исти начин и овде во Канада, кога се слободни од Грците?" Таа ме погледна некако зачудена, мислејќи зошто сум наивен, па ја прашувам за одговор на такво прашање, но сепак ми одговори: "Затоа, зошто некои од нив се криминалци. Тие се криминалци. Затоа што извршија криминални дела врз нашиот народ и сега ги требаат Грците да ги штитат. Тие се едни од оние кои ги шпијунираа нашите луѓе кај Грците. Во случај, ајде да речеме, Грците се одлучат да не признаат и да не прифатат за она што сме, Македонци, во тој случај што мислиш што би се случило со нив? Ако бараме правда и ја добиеме, во тој случај тие би платиле за своите недела. Тие би биле откриени и заслужено казнети...За сигурно, тие не би го сакале да им се случи..."

Верувам дека некои  Гркомани се и криминалци, но не сите. Некои од нив имаа некои интерес да се Гркомани, некои имаат роднини и пријатели во Грција, па сакаат да ги заштитат од прогони... и т.н.т. Таквите луѓе дури и во Канада се чувствуваат не слободни од истите причини како и во Грција. Некои имаат интереси и овде во Канада, па сакаат да ги заштитат. Но исто така има и такви кои се под влијание на грчката пропаганда, па мислат дека се навистина "подруги" и поарни од своите македонски сонародници и блиски се до Грците...Себе се сметаат за "Грци", но од како Република Македонија се декларира за независна, почнаа да се сметаат за "Грчки - Македонци". Своите сонародници ги именуваат со "Славјани".

Инаку Грците направија фантастична работа со изопачувањето на човековите умови и насочувајќи ги луѓето еден против друг. Тоа не  е само срамотно, туку за жалење. Просто нема причина за поделби меѓу нас. Тоа е како нашите непријатели сакаат да не видат, за полесно со нас да владеат. И ние тоа никако да го сватиме. Како да немаме храброст да го прекинеме патот кои не уништува. И причината за тоа е "лојалноста"...ако моите родители беа Гркомани, не сакам да ги разочарам со враќањето кон моите корени, да прифатам дека сум Македонец...?

Заради овај проблем кои се наследува со поколенија, дури и семејствата ни се распаѓаат. Има случаеви, кога децата во гркоманските семејства се одвојуваат од своите родители и прифаќаат дека се Македонци.  Тоа е трагедија. Самото живеење без својот вистински национален идентитет е трагедија и товар за секого.

СОГОВОРНИКОТ : - Што преземаме за да го премостиме овој длабок јаз?

РИСТО : - Па, скоро ништо. Не, се' дури правата вистина не се искаже и не ја види светлината на денот.

Еднаш кога ќе ја изнесеме вистината за нашата болна прикаска од двете страни, тогаш, можеби, ќе постигнеме взаемно разбирање и братско приближување. Тогаш, можеби, ќе си пружиме рака  и се' друго нема да биде поважно од нашето единство и заедништвото. Тогаш за сигурно ќе бидеме моќни и нема никој, повеќе, да си игра со нашата судбина. Тогаш ќе нема Гркомани и Бугаромани. Ќе има само Македонци и светот ќе не почитува.

Лично јас, би сакал до тоа да дојде што побргу. Кога ќе ги слушнеме и разбереме содржините на двете или повеќето вистини, тогаш луѓето ќе одлучат самите за себе која прикаска ќе ја прифатат за своја, заедничка. Ние, Македонците сме мирољубив народ и бргу ги опростуваме грешките на другите и прифаќаме соживот со секого, зошто тоа е во длабочината на нашето битие. Составени од многу, а живееме сложно како едно. Како Македонци, се' дури сме сите вклучени. Нас не ни сметаат другите култури, ниту националностите нивни. Македонците и Грците можат да коегзистираат во мир на ист начин како и со Власите, Србите, Албанците през минатите векови. Меѓутоа, за жал, Грците не се такви. Со нив нема коегзистенција. И затоа Македонците беа доведени во позиција да се борат, како би преживеле.

Грците ги злоставувале Македонците повеќе од еден век. Користеа секоја прилика да ги избришат. Ваквата ситуација трае од како во 1878 година големите сили одлучија да ја поделат Македонија и еден дел од неа и' го дадат на Грција.

Јас често ја споменувам анегдотата за Грција  како брод без кормило наместен за една насока, без можност да се само управува. Грција е креирана како таква и продолжува да функционира со помош и инструкции од своите креатори до денес...За жал, Грција неможи да го реши "македонското прашање" сама и на своја рака, ниту пак ќе ги спречи злосторствата над македонскиот народ, без одобрение на своите ментори. Било би не сериозно за мене да помислам, дека Грција и тоа Грција сама ги чини сите неправди и злосторства спрема Македонците, без инструкции од нејзините газди и креатори.

СОГОВОРНИКОТ : - Мислите ли дека освен Грција, Србија, Бугарија и Албанија некои други се замешани во овие нечесни игри околу Македонија и Македонците?

РИСТО : - Дефинитивно! Ако се сеќавате, јас веќе ги спомнав актерите од минатото, кога Британија, Франција и Русија во 1878 година одлучија да ја избришат Македонија со одобрувањето на Грција, Србија и Бугарија, нивни протекторати, да ја окупираат и поделат нејзината територија меѓу себе. Тогаш, во последната минута, во 1912 година, се вклучи Австроунгарија со својот предлог и инсистирање да се креира и државата Албанија, како би ги спречиле Србија и Русија да излезат на Јадранско Море. Исто така зборувавме и за спречување на Русија да  влези во Медитеранот, со креирање на Грција од страна на Британија. Но, не само тоа. Големите сили добро занаеа, дека со овие акти   ја уништуваат и  Македонија.

Истите овие големи сили ја одобрија и подржаа немилосрдната асимилаторска политика на Грција, со која беше предвидено истребување на се'  македонско од делот на Македонија кој Грција го окупира и присвој кон својата територија.

И на крајот, ако сите тие му мислеа добро на македонскиот народ, тогаш на биоло кој начин ќе го спречеа распарчувањето на македонската територија, нивното иселување, геноцидот со креирањето на така-наречената "Граѓанска војна", но и сите денешни дејствија директно или преку домашни предавници и платеници кои покушаваат да ја  растурат и обезличат Република Македонија.

Големите сили имаат многу начини да му покажат на светската јавност дека се грижат за добробитот и на Македонците, но не ги користат. Зошто? 

 

Предпоследно продолжение.

*********************************

Деметрије I Полиоркет р.337 П.283, Македонски крал од 294 до 288.

*******************

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 19

******************

Деметрије I Полиоркет - нови цар на Македонија

 

Сојузништвото и новите воени конфликти помеѓу дијадосите продолжуваат и во наредниот период. Значајна историска фигура е Деметриј Полиоркет, кој не се откажува од желбата да завладее со целото царство; овој одличен војсководител има најголема флота во источното Средоземје, господари со Морето и има сигурни бази во различни делови на приморјето. По смртта на Касандар 297 г.п.н.е., Деметриј навлегува во Македонија, се судира со војските на египетскиот владател Пир, кој исто така претендира за власт во Македонија.

Во 294 г.п.н.е. Деметриј успева да го убие Александар, синот на Касандар и се прогласува за цар на Македонија. И покрај воените успеси и големата освоена територија (Македонија и територијата на Хелада), Деметриј се подготвува за ново освојување на Исток и за таа цел гради 500 огромни воени бродови.Но, по седум години владеење го напаѓаат Пир, Лисимах и Птолемај, а неговата војска преминува на страната на противничкиот сојуз. По овој судир, за македонски цар е прогласен Пир 288 до 287 г.п.н.е., а на Лисимах му припаѓа источна Македонија, можеби до Аксиос.

Деметриј се повлекува во Азија и продолжува да се бори, сега со голема војска наемничка; но поразен од Селевк, умира како заробеник во Сирија 283 г.п.н.е. По неговата смрт Лисимах,  еден од верните хетајри на Александар Македонски, станува најмоќниот владател на евроазискиот простор (на Херсонес го гради својот град Лисимахеја). Тој се прогласува за македонски цар затоа што ги поседува Македонија и Тесалија. Како по некоја традиција, повторно се судираат, но сега двајцата дијадоси Лисимах и Селевк. Победникот Селевк повторно го обединува источниот со западниот дел на Царството и се прогласува за цар на Македонија. Но и овој  успех завршува трагично, Селевк е убиен од Птолемај Кераун, син на Птолемај Лаг, основачот на династијата на Птолемаидите, кого војската го прогласува за цар во 280 г.п.н.е.

 

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ВЛАДАТЕЛИ -

ЕПИГОНИ

**************

 

Од ова време започнуваат да владеат синовите на дијадосите - генерацијата епигони; така, Птолемај го наследува Птолемај Филаделф, Селевк - Антиох, а Деметриј - Антигон Гонат (еден од династијата Антигониди, кои владеат во Македонија до нејзиното освојување од Рим).

Имено, македонската династија Селевкиди 312-64 г.п.н.е.  владее со Сириското Царство во Мала Азија и во Бабилон, се' до Индија; во II век п.н.е. територијата се сведува на Северна Сирија и Киликија. Позначајни владатели од оваа династија се : Антиох I Сотер 281-261, Антиох II 261-241, Селевк II 246-226/227, Антиох 241-228. Од 64/63 г.п.н.е., по римските освојувања, државата станува римска провинција - Провинција Сирија.

Македонската династија Птолемаиди 323-30 г.п.н.е. владее со Египет. Основачот Птолемај, син на Лаг, роден во Еордаја, другар и соборец на Александар Македонски, го наследува неговиот син Птолемај II Филаделф 283-246, во чие владеење Египет прераснува во најмоќна воена и економска сила на Источниот Медитеран. Позначајни владатели на Египет се: Птолемај III 246-221, Птолемај IV Филопатор 221-205, Птолемај V Епифан 204-180. Последната наследничка од македонската династија Птолемаиди е Клеопатра VII 51/52-30. Нејзиниот живот и владеење се поврзани со Римската Република, со Гај Јулиј Цезар и со конзулот Марко Антониј, со кого се бори против Октавијан Август. Послледната битка во која се поразени војските на Клеопатра и на Антониј е кај Акциј 31 г.п.н.е., по што царицата се самоубива. По нејзината смрт, Египет потпаѓа под римска власт и станува римска провинција. 

Македонската династија Антигониди претставува Втора македонска династија владатели 277-168 г.п.н.е.. Оснивачи се Антигон Гонат 277-239 и неговиот син Деметриј II 239-229, а нив ги наследуваат новата генерација цареви - Антигон Досон 229-222/221, Филип V  221-179 и Персеј 179-168, последниот владател во Македонија, кој заедно со Филип V ги води Македонско-римските војни.

Антигон II Гонат 277-239 син на Деметриј II Полиоркет и на Фила, ќерка на Антипатар, го презема македонскиот престол по победата над Келтите кај Лисимахеја. Како добар војсководител и вешт дипломат, војува со сиријскиот владател Пир и ја проширува македонската власт до Коринт. Војува во Хремонидската војна 261-255 г.п.н.е. и како победник ја потврдува доминацијата на Македонија над хеленските полиси. Тој ја зајакнува поморската флота, што му овозможува да ја победи флотата на египетскиот крал Птолемај II 255 г.п.н.е. и да воспостави превласт во Егејското Море. Антигон е љубител на филозофијата и книжевноста, но познат е како градител: Антигонеја, една од трите негови градови , се споменува како соседен град на Стоби; според Табула Појтингеријана, таа е на 12 римски милји од Стоби на патот за Тесалоника.

Антигон III Досон 229-221 е третиот владател од династијата Антигониди, одличен воен стратег и дипломат; во почетокот владее како регент на осумгодишниот син на Антигон Гонат, Филип V. Прогласен е за легитимен владател откако се жени со мајката на Филип и го посинува младиот цар. Ги зацврстува границите на Македонија, ја обезбедува северната граница, загрозена од Дарданците и повторно воспоставува македонска власт во Тесалија. Политички ја зацврстува државата и ја обновува нејзината доминација на Балканот. Како врховен команндант на копнените и морските сојузнички сили, се сојузува со Ахајскиот сојуз против Спарта; во воениот поход на Пелопонез ги освојува Коринт, Арг и други градови и тврдини во Аркадија и во Ајтолија, со што воспоставува повторна доминација на Македонија над хеленските полиси. По победата над Илирите во Горна Македонија заболува од туберкулоза и умира.

 

Продолжува

 

  • БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ

    Натаму - в поле битолско
    чемрее врба проклета-
    под врбата незнаен гроб,
    в гроб лежи војник непознат.

    Лежи од војна световна,
    лежи и веќе земјосал
    силно го тога изела
    задека тука загинал.

    Никој крај него немаше
    вишното небо врз него,
    земјата скришна под него
    над гробот врба стушена.

    А таде в гори зелени
    в сума гробишта лежеа
    делии одбор јунаци
    за татковината паднати.

    В полноќ се над ним дрвјата
    од жалба силно свиваа
    горските бистри езерца
    в силна светлина светеа.



  • И од ним самовилите
    една по една идеа
    од гроб до гроб го дигаа
    јунак до јунак на оро.

    И кога сите минеа
    покрај врбата стушена
    делии се запираа
    незнаен брат си викаа:
    "Ја стани, море, јабанец
    на оро со самовили!
    Зора се зори, петлите
    скоро ќе в село пропеат!"

    А тој од гробот тепкаше
    дума врз дума чемерна:
    "Минете, браќа, врвете,
    Не сум ви лика прилика!

    Кој умрел за татковината
    и за човечки правдини
    каде вас, братко, не гинел
    со вас до векот живеел.

    Кочо Рацин

Kind regards : 17 мај 2017

Sotir Grozdanovski broj 69