СДСМ СЕ ПЛАШИ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. ЗОШТО ?

Зијадин Села

 ЗИЈАДИН СЕЛА ПРОВОЦИРА ВОЈНА

**********

 Некои луѓе се' уште не научиле од минатото, дека од секој човек и секое друго живо суштество тече течност која се вика крв и дека без неа нема живот и дека после тоа, остануваат само спомени.

***********

 

На  манијаци како овој на сликава, но и како Заев, Шеќеринска, Џафери, Ахмети, Фрчковски, Најчевска, Гошев ... не им е местото во политичките партии, но тоа зависи од луѓето кои ги следат.

Кога ќе се судрат двајца 'Титани" , не се знае изходот на битката. Затоа Мој Зијаде Села, идниот пат за сигурно не ќе биде како првиот.

Ах! Ако не Ви се допаѓа македонскиот претседател или Македонија во која сте "обесправени", бидете барем толку чесни, вратете ги македонските лични документи и одете кај својот Рама од кој многу научивте, до сега!

А до колку сакате да војувате, најдете некое друго место. Македонија има и друга работа, многу по важна отколку да се кара со такви како вас.

Знам дека разбирате македонски, па не треба да ви преведувам.

 

Сотир Гроздановски

РИСТО СТЕФОВ

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ

ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА   МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 35

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува:

Сотир Гроздановски

*****************

 

Kако ние познато, распарчувањето на Македонија го извршија големите светски и европски сили, заради своите егоистички интереси,  па така,   обратниот процес можат да го направат пак тие или ние, кога би биле толку силни,  за да им се спротивставиме. 

Кога не делеа, никој не веруваше дека еден ден ќе се вратиме на светската сцена со нашата библиска и обновена  држава. Држава, на македонскиот народ. Тој факт изненадувачки ги затекна непоготвени, во недоверба и им причина несакани  и неподносливи  проблеми. Проблеми, како само губитниците ги доживуваат.

Не беше случајно, после толкава заедничка пропаганда и не вистини изречени против Македонците, во вербална или писана форма, за светската јавност да поверува дека Македонци повеќе не постоат на овј бел свет и дека се' што е створено од името на Македонија и Македонците, заправо е грчко и точка. И сега, одеднаш од некаде се појавија Македонците со своја сопствена држава, нација, култура идентитет, јазик ...но и смелост да го продолжат својот живот како и сите други, на овој свет.

Можеби Грците беа тие кои на цел глас викаа и докажуваа дека не постоиме повеќе и дека целата работа со распарчувањето на македонската територија е работа  свршена за секогаш. Меѓутоа големите сили, Британците, Французите, Германците, Американците и уште некои други, односно сите кои не делеа и уништуваа духовно и материјално, секогаш беа и се' уште се зад нив, задоволни, што нивните планови успешно се реализираа и така нареченото "македонско прашање"   за секогаш е затворено.  И сега, со осамостојувањето во 1991 година одново им постанавме  проблем,  со "чувства на посраменост", зошто "работата" не им успеа, како што предвидуваа и направија пред, едно, 100 и кусур години.

Затоа не беше исто така случајно, што кога и физички не уништуваа со своите напреднати воени средства за масовно уништување, што никој  небереше гајле за злосторствата против човештвото кои сите тие заедно ги вршеа над нашиот народ во Егејска Македонија, ниту пак што никој не истражуваше и документираше колку невини мажи, жени, деца се изгорени од напалм бомбите и прекумерното бомбардирање само да не исчистат од нашата татковина. Со појавата на Македонците и сведочењата за сe' што се случуваше во продолжената Втора светска војна во Грција,  во лицето на така-наречената "Граѓанска војна", меѓународната јавност ја созна вистината и за чинителите на тие немили настани. И доколку било што истражувано и документирано, се правеше заради некои други причини, а не да им се помогне на Македонците во Грција или светската јавност да биде информирана. Не! Нипошто!

Јас би сакал да видам во некоја книжара, или на некои други места, книга напишана од западни автори после 1913, или некоја година пред Република Македонија да постане самостојна држава, во која е нешто напишано дека во Грција постојат Македонци. Нема ниту една. Тоа е зошто тие не постојат, или зошто некои, од силните светски држави не сакаат Македонците да постојат?

Кога во 1945 година се роди Народната Република Македонија, одма ја нарекоа како "вештачка креација" на Тито. Исто се случи и со македонскиот идентитет. Некои западни медиуми, секогаш наводејќи грчки извори, дури одеа и подалеку, па така тврдеа, а некои тоа го прават и денес, дека Тито го креирал македонскиот идентитет како би стекнал легално право над "грчка Македонија" и дека Македонците кои живеат во Македонија не се Македонци, туку "Словени". Мислите ли дека непризнавањето на македонското постоење беше случајно? Секако дека не! Тоа беше измислено од големите сили и после пропагирано од Грција.

Да се вратам назад на нашето оригинално прашање, како може некој да објасни дека еден народ кој непостоел вчера, одеднаш да се појави денес? Помислете само, како би сето тоа делувало врз историјата. Таа би требала да се пренапише, како би го објаснила "македонскиот феномен". Како е можно сето тоа што историјата го негирала и намерно го скривала од светската јавност, денес да им ја соопшти вистината и им ги соопшти причините?  Па природно дека секој историчар кој се цени самиот себе и ја знае вистината, ќе проба на секој начин тоа да не го чини. Ова е вистината за западните историчари, но и за македонските, исто така, кои ја предавале во образовните институции долги низ години, за време на југословенската ера. Некои од нив, по храбрите, им се извинуваат на своите студенти што ги лажеле и ги учеле погрешно за време на нивните студии през целиот тој период.

Што мислите што ќе се случи кога еден ден македонскиот народ ќе побара "правда" и  санкционирање на кривците за злосторствата над нив во изминатите периоди? Што има да се случи ако еден ден ќе почне разврска на геноцидот врз Македонците во Егејска Македонија, но и на подрачјето на Република Македонија, па во Пиринска Македонија или пак во Албанија?

Па така ве прашувам! Кој пат вие би го избрале: да ги истребите Македонците сега или да ги оставите за по после и да се соочите со правдата? Што би избрале, кога би биле во позиција овој проблем да го направите да нестане  сега и за "секогаш? "

Вака поставена положбата, во која  големите сили и нивната неодлучност да ги исправат грешките од минатото, можеби е полесно да се разбере. Многу земји, вклучувајќи ги  и оние од поранешниот СССР и од поранешна Југославија, дури и некои кои не се квалифицирани да се стават на светската карта како признати држави, како например  Босна и Херцеговина, а се', но не и Македонија. Зошто? Која е правата причина?

Дозволете ми да ви го поставам прашањето на друг начин. Големите сили, кога би сакале Македонија да излезе на површина и постане пак легален дел од светската заедница, во која припаѓа од нејзиното вековно постоење,  би можеле тоа да го манифестираат  дури и со мал чекор и пронајдат место и за неа во овој свет?  Би оставиле малку место во светската историја и за Македонија? Меѓутоа, тие не покажале ниту мал интерес за тоа. Спротивно, тие се' што беше македонско,  им го поклонија на Грците и Бугарите.

Кога  во некој случај Македонците  би го повратиле   историското наследство, украдено и поклонето на други, во тој случај што би останало за Грција и Бугарија? Ништо!

Све што денес светов поседува од некоја историска вредност, а навистина мислам све,  им е приписано на "Грците". "Древните Грци направија за нас ова, древните Грци направија за нас она..." Сите овие не вистини кога би нестанале од перцепцијата на погрешно информираната светска јавност и би се увериле дека така-наречените "Антички Грци" се смеса и творештво на 19-от век, исто  така како и "Модерните Грци", што би останало вредно да се каже за нив? Не многу. Можеби ништо од тоа што им се припишува!

Секој ден во училиштата, телевизијата, писаните и вербалните медии се зборува и нагласува дека Грците ни "дадоа ова", "па она", па "направија за нас ова и она..." Толку многу нешта, да не постој повеќе слободен простор во ниту една библиотека за нешто друго, што е вредно за човековата историја. Меѓутоа, секој би требало да се запраша "од каде  дојдоа тие 2,500 годишни информации" ? Од каде се добиени сите тие фантастични информации? Од "карпестата уметност" во Атина? Од "козјите изрезбарени кожи" пронајдени во пештерите? Можеби тие , така-наречени "Антички Грци" од пред 2,500 години сето тоа "информатичко богатство" ни го оставија на карпите во пештерите или на некои животински кожи? Или пак сето тоа непроценливо богатство "на некој начин" било месено  во некои западни лаборатории со текот на времето на исти начин, како и "класичната историја"?

Што ќе се случи, кога во некоја скора иднина новите генерации историчари, истражувајќи ги историските настани пронајдат дека древна Атина била обично "село" во споредба со Египетска Александрија и нејзините училишта и музеи? Што ќе се случи, кога светот ќе сознае дека Александрија била македонски град а не грчки? Што ќе се случи кога светот ќе сознае дека Македонците ја преведоа Библијата  од Хебрејски на Коине и сето тоа платено од Птоломаите, македонска царска династија, а не Грците? Треба ли уште да набројувам? Постојат  илјади вакви примери. Ќе ви дадам некои "погрешно" припишани на Грците, вклучувајќи ги така - наречените "Грчки богови". Навистина? Дури и боговите им се припишуваат на Грците? Па ете и тоа сме го доживеале и боговите да се грчки!

АЛЕКСАНДРИЈА - ЕГИПЕТ

АЛЕКСАНДРИСКАТА БИБЛИОТЕКА - ЕГИПЕТ

Ево и неколку  мали примери  за што би се случило, кога Македонија би се вратила на она што била. Би настанала огромна револуционерна промена, која би ја потресла целата светска академска заедница и тоа не само што би ги открила грчките лаги и измами, туку би ја осрамотила и неа заради нејзиното играње со вистината и заради кривотворението, на светската историја. Ете тоа, најмалку што би се случило! 

Да бидам искрен, јас ни во кој случај не  тврдам дека антички народ не живеел на грчкиот полуостров и дека не дал некој придонес. Се' што сакам да речам е, дека нивната прикаска и нивните придонеси се "премногу зголемени"... на сметка на Македонците, кои не само што креираа значајна Империја, туку и нивните придонеси, во развојот на човековата цивилизација, се немерливо по значајни во споредба со оние, на било кои древни Грци. И сепак, за жал, како што реков во моето излагање на фактите, лидерите на современиот свет така лесно и не заслужено ним им ги поклонија сите вистински македонски вредности и историски наследства. На една врста  луѓе, кои би зеле се' што поседувате, би ве истерале од вашите домови и на крајот  би ве обвиниле, што сте живи. Една егоистична човекова врста, која не бери гајле за никого друг, освен за самата себе и верува, дека се' што е туѓо, нејзе и' припаѓа.

Македонскиот народ треба да се разбуди и да разбере што му се случува, те да преземе адекватни мерки , како би се ослободил од оваа неугодна положба, во која многу долго живее.

СОГОВОРНИКОТ : - Вие навистина нацртавте мрачна слика за својот народ, не ли?

РИСТО : - Точно. Вистински би сакал да не сум во право. Ние сите се надеваме дека сето ова еден ден ќе го "снема" на ист начин, како што и дошло. Па сепак, останувам реалистичен. Ние ќе продолжиме да одиме напред, ако сме свесни што стој зад нас. Се' што овде разговарам со вас, би сакал да е разбирливо за мојот, македонскиот народ, но  да допре  до ушите и совеста и  на меѓународната заедница. И лагите и вистината треба  да излезат на видело и да бидат јасно искажани. Вистината го сруши старото верување дека земјата била рамна, таа ќе го сруши и грчкиот мит и ќе ги ослободи Македонците, за секогаш.

Никогаш не сум тврдел дека тоа ќе биде лесно и безболно, меѓутоа еднаш и тоа  мора да се заврши ...што побрзо, тоа поарно...нашата прикаска треба да се раскаже и да биде слушната.

СОГОВОРНИКОТ : - Сето ова што го велите ми изгледа изводливо, меѓутоа, како мислите да го информирате вашиот народ. Оставете го светот настрана, за сега.

РИСТО : - Потребна е волја, волја кај македонскиот народ, да направи што е нужно...да ја раскаже својата прикаска и да ги научи прикаските на другите луѓе. Имам сретнато многу наши кои би сакале да ја прошират македонската вистина, меѓутоа се чувствуваат немоќни, бидејќи немаат средства и медии кои би им помогнале. Покрај тоа, нашите непријатели  секогаш  се подготвени да негираат се'  што ќе кажеме, како и секогаш , и да одговорат на свој начин, со контра докази. Грците, Бугарите, Србите, Албанците и нивните покровители и планери секогаш се подготвени добро да  ги камуфлираат  и презентираат   прикаските со кои ги докажуваат лагите за историската вистина, но и својата замешаност во нејзината кривотворба, па затоа е потребна "права" револуција, за да се откријат и потоа обезвредат.

Бидејќи нашиот народ предолго е злоставуван и понижуван , тој изгуби волја да прифати било што, дури и да е вистина, без многу искрени и добро осмислени докази. Па така, ние мораме да направиме многу повеќе од она што сме го правеле досега, како би нашата прикаска и нашата вистина ги разбила сите бариери, предрасуди и непријателски влијанија и допре  до светската јавност.

Покрај  другото, мораме да делуваме по агресивно и да ги предизвикаме сите оние кои ни го оспoруваат нашето постоење. Потребно е да ги предизвикаме на вистинските нешта кои се важни за нас. На пример, Грција е очигледно модерна креација за прв пат креирана 1828 година, па затоа неможи да се прошири наназад зад годината во која била креирана, а таа е 1828 година. Кога нашиот народ ќе свати дека Грција непостоеше пред  1828 година и нема што да бара подалеку од таа година, во тој случај било какво тврдење од грчка страна ќе биде оспорено. Познато ние, дека Грција беше креирана по пат на брутална асимилација на Власите, Албанците, Македонците, Турците и другите етнички групи кои опстојуваа во регијата пред Грција да постане држава. Па така, грчката "стварна" историја е створена врз историите на Власите, Албанците, Турците, Македонците и сите други етнички групи. Историските податоци за Власите и Албанците сведочат дека тие дошле, на грчкиот полуостров, некаде околу 11-от до 13-от век од н.в. Турците многу подоцна. Па спрема овие факти, од каде им е  идеата на Грците дека Македонија ним им припаѓа, а не на Македонците?

Да би ги довеле Грците назад во стварноста, постоат средства и начини кои нашиот народ, а особено политичарите треба да ги знаат и да ги применат, без обзир колку сулуди на прв поглед звучат и изгледаат. Причините што досега не се применуваа се состоат во непознавањето на "вистинската" грчка историја, или во немање смелост да се стане пред Грците и да им се спротивстави на нивните глупости и не сериозни игри. Ваквите чувства можат  лесно да се надминат...со тек на времето...но и со многу труд. Познати ми се ваквите верувања кои се сметаат како не остварливи, следејќи ги денешните однесувања и "самоувереноста" на Грција, меѓутоа вистината е само една. Тие не се по не реални и по сулуди од грчките тврдења дека денешните "Грци"  се вистинските "наследници на древните Gрци" и затоа врз тие "факти", Македонија му  припаѓала на Грција?

Што се однесува, пак, до подучувањето на светската јавност за нашата вистина низ проширувањето на нашата прикаска, како што споменав и порано, требаме да преземеме по енергична иницијатива во таа насока. Да ја кажеме нашата историска вистина, базирана врз стварните историски факти и докази, достапни на секого, и тоа на начин како се случиле, како ние  сме ги искусиле врз на нашите кожи и на начин како ние ги гледаме.  Да престанеме импулзивно да реагираме на грчките провокации и безвредни измислени лаги по примерите од бајките: што сонувале, тоа побарале!

СОГОВОРНИКОТ : - Ви благодарам, Ристо, за вашето време и вашите размислувања.

РИСТО : - Јас, исто така, Ви благодарам за дадената ми прилика да ги споделам, со вас и со нашите читатели, проблемите и темите блиски и важни за мене, но особено важни за мојот народ, македонскиот, било каде и да е во светот: Република Македонија или надвор од неа.

КРАЈ НА СЕРИЈАЛОТ

Ваши: Ристо Стефов и

Сотир Гроздановски

*********************

ФИЛИП V
Македонски

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 20

*********

 

Воениот судир на Македонија и Рим

за време на Филип V

( 221 - 179 )

Филип V, син на Антигон Досон, на шеснаесетгодишна возраст е избран за цар, со пет регенти кои владеат до неговото полнолетство. И овој македонски цар, како и сите негови предходници, се грижи за моќта на Македонија како најголема сила на Балканот. Води успешни војни против Дарданците на север и со Ајатолскиот сојуз на југ, со што наметнува нова македонска доминација на хеленските полиси; воедно ги освојува и териториите околу Лихнидското Езеро.

Филип влегува во сојуз со илирскиот владател Деметриј Фарски кој, по неуспешните војувања со Римјаните, се подготвува за нова војна заедно со Филип. Со флота од стотина бродови Филип тргнува кон Илирија (216 г.пр.н.е.), но Римјаните успеваат да го одбранат градот Аполонија. Воените и политички  интереси на Македонија се судираат со експанзијата на римската држава. Воениот судир доведува до т.н. Прва македонско-римска војна (215 - 205 г.пр.н.е.), која завршува поволно за Македонија. Во 215 г.пр.н.е. Филип склучува сојуз со Ханибал, непријателот на Рим. Оваа стартегија на почетокот е успешна, но кај Аполонија македонската војска е поразена и при повлекувањето Филип е принуден да ја запали македонската флота, блокирана од римските бродови. Затоа, следниот напад Филип го презема по копно и го зазема јадранското пристаниште Лис (212 г.пр.н.е.). Следната година Филип извршува воен поход во Илирија, ги напаѓа Дарданците и војува со Медите. Првата македонско-римска војна завршува со мировен договор со кој Македонија ги задржува Лихнидската област и Скодра, а Рим градовите Епидамен, Аполонија, орик, Лисос и јужниот дел на Коркира.

За време на петгодишното примирје, со обновената македонска флота и во сојуз со владателот Прусија, Филип озвојува повеќе крајбрежни градови на Хелеспонт, како и островите Самос, Милет и Хиос. Од друга стран Рим, по победата над картагинскиот владател Ханибал, се подготвува за нова војна со Македонија.

Втората македонско-римска војна (200-197 г.пр.н.е.) завршува со неуспех за македонската држава. Во оваа војна Римјаните напаѓаат заедно со војските на Илирите, Дарданците и од некои хеленски држави, меѓу кои е Атина, потоа Родос и Пергам. Првите години од оваа војна македонската војска успешно и' се спротивставува на римакста војска, која напаѓа од Илирија, се до битката кај Киноскефали (197 г.пр.н.е.), кога македонската фаланга и покрај почетните успеси, целосно е разбиена: загинуваат 8.000 војници, а 5.000 се заробени; при повлекувањето во Лариса, Филип ја запалува царската архива, со документи значајни за Македонија, пред градот да падне в раце на Римјаните. Кај Темпе е склучено четиримесечно примирје и Филип V со војската се повлекува во Македонија.

Филип мора да се откаже од сите освоени територии надвор од Македонија, но за кусо време успева да ја консолидира Македонија и да ја подготви за нова војна со Рим. Имајќи го предвид најсуспешниот македонски владател Филип II, посебно внимание посветува на развојот на градовите, економијата, земјоделството, сточарството и ги обновува старите рудници за злато и сребро.

 

Персеј (179 - 168), последниот македонски цар

од династијата Антигониди

***************

Овој владател ја продолжува политиката на свој татко, ги обезбедува северните граници на Македонија, води битки со Тракијците, го обновува договорот со Рим за да биде признат за цар на Македонија и ја води Третата македонско-римска војна.

По долги подготовки за војна, Рим и' објавува војна на Македонија (171 г.пр.н.е.). Триесетилјадна римска војска се истоварува во Илирија, а им помагаат и војски од хеленсските полиси. Персеј, на собирот на Македонското собрание носи одлука за војна, собира четириесетилјадна македонска војска и огромни воени резерви за десетгодишен воен период. Во текот на првата година од војната Персеј ги блокира премините од Тесалија во Македонија и го оневозможува пробивот на римската војска. Одбраната на Македонија не е пробиена и со вториот римски напад следната година. Охрабрен, Персеј успешно војува и со Дарданците, а на враќање им нанесува  пораз и на Римјаните кај Пенестија и Илирија.

Во текот на 169 г.пр.н. конзулот Марк Филип го напаѓа и по море (Тесалоника, Касандреја, Еијон и Антигонија) и по копно (навлегува во Дион). Персеј се повлекува во Пела, но успева да го спречи напредувањето на римската војска. Новиот римски напад започнува под водство на римскиот конзул Емилиј Павел (168 г.пр.н.е.); еден дел од војската навлегува преку северна Тесалија и преминот Темпе, а друг нејзин дел војува со илирскиот владател Генциј кај Скодра. По освојувањето на Скодра, илирскиот владател, кој му бил сојузник на Персеј, и целото негово семејство, однесени се како заробеници во Рим. Македонските приморски градови се нападнати од римската флота. Персеј испраќа 10.000 војници да им помогнат на Амфипол, еијон, Пела, Деметрида и Касандреја, што доведува до македонски пораз кај Петра. Персеј се повлекува кај Пидна. По жестока и куса бирка (168 г.пр.н.е.), во која обете страни војуваат со 40.000 војници, македонската фаланга е разбиена, 20.000 Македонци се убиени а 6.000 заробени. По поразот Персеј се повлекува во Амфипол, а римската војска ја пустоши Македонија. Персеј со целото семејство и огромно богатство се засолнува на островот Самотраки, каде е заробен. Потоа Македонија е ставена под римски протекторат.

На крајот треба да се каже дека македонската држава е навистина единствена во тогашна Европа, а силна, богата и достоинствена монархија само во времето на Филип II Македонски. Воедно треба да се признае дека светската империја на Александар III Македонски, која се протегала од Скитија до Индија, претставува виртуална држава но која, парадоксално, станува реално рамниште за многу монархии од Европа, од Азија и од Африка. Треба да се признае, исто така, дека по смртта на Александар Македонски продолжува историски да суштествува македонската држава, но нејзиното реално суштествување е, најблаго речено, драматично, во секој случај - неурамнотежено, насилно, катаклизмично.

Меѓутоа, токму во оваа историска зона се издига светскиот Александров град - Александрија, јадро на повеќето хуманистички, па и егзактни науки; во александриската Библиотека се обединува целокупната умствена енергија на Стариот свет, енергија што силно ја обзема културата на новиот светски господар - Рим, и оттаму ги "поплавува" и Западното и Источното Царство, пробивајќи се во наредните векови на светскатат историја. Во ова лежи големата улога на Александровите подвизи, на неговиот митски и историски хероизам, а со оваа улога и Македонија станува енергетски топос на светската историја. Токму врз овој Александриски град - Александрија се втиснува "царскиот печат" на Македонското Царство.

 

Продолжува

Јосип Јурај Штросмајер
1815-1905

 

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ 

1830 - 1862

***************

 

Константин Миладинов е роден во Струга, во семејството на грнчарот Ристе и Султана Миладинови. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители, браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.

По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, Битолско. По завршувањето на студиите престојувал во манастирот "Зограф" на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска Филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал во неговиот весник "Братски труд", како и во весникот "Дунавски лебед".

Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.

Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување  за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнасет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбената борба.

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напушта Москва. На пат за дома, во Виена се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмајер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмајер прифатил да го финасира печатењето на Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).

Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо во Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснати околности.

На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови.

 

  • Т' ГА ЗА ЈУГ

    Орелски крилја как да си метнех
    и в наши старни да си прелетнех!
    На наши места ја да си идам,
    да видам Стамбол, Кукуш да видам.

    Да видам дали санце и тамо
    матно угревјат, како и вамо.
    Ако как овде санцето ме стретит,
    ако пак мрачно санцето светит:

    На пат далечни ја ќе се стегнам,
    и в други старни ке си побегнам,
    каде санцето светло угревјат,
    каде небото sвезди посевјат.

  • Струга

    Овде е мрачно и мрак м' обвива
    и темна магла земја покрива:
    мразој и снегој и пепелници,
    силни ветришта и вијулици,

    Околу магли и мразој земни,
    а в'гради студој и мисли темни.
    Не, ја не можам овде да седам!
    Не, ја не можам мразој да гледам!

    Дајте ми крилја ја да си метнам
    и в наши старни да си прелетнам:
    на наши места ја да си идам,
    да видам Охрид, Струга да видам.

  • Оригинал: Т'га за југ *********************

    Тамо зората греит душата
    и санце светло зајдвит в гората.
    Тамо дарбите природна сила
    со сата раскош ги растурила:

    Бистро езеро, гледаш белеит
    или од ветар синотемнеит:
    поле погледниш, или планина
    сегде је Божева хубавина.

    Тамо по срце в кавал да свирам,
    санце да зајдвит, ја да умирам!


    Константин Миладинов
    *************************

Kind regards : 25 мај 2017

Sotir Grozdanovski broj 71