СТРАТЕШКИОТ "ПАРТНЕР" ПАК НЕ ИЗНЕВЕРИ

Талат Џафери

 

ТАЛАТ ЏАФЕРИ - ЗЛОСТОРНИК

ТАЛАТ ЏАФЕРИ

"ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ"

 

Пред четири години, Македонија се соочи со протести по повод изборот на министер за одбрана на Република Македонија. Не би било ништо необично, да не се работеше за еден тежок злосторник и криминалец од редовите на албанското малцинство во Македонија, Талат Џафери. И тоа не' обичен злосторник, туку воен криминалец и командант во составот на ОНА и УЧК од Косово, учесник во бандитско качачки напад врз безбедностите сили на Република Македонија, со цел отцепување на дел од македонската територија и припојување кон Албанија. Во тие напади кај тетовското село Вејце, на 28 април 2001 година, загинаа многу млади воиници на начин необичен и надвор од рамките на, со меѓународни конвенции, регулирано војување.

Под притисок на странски амбасади и воени инструктори од повеќе земји, овие албански терористички формации, во чии состав беа и Ахмети и Џафери и куп други "револуционери и борци за човекови права" (читај најобични криминалци и воени дезертери од ЈНА и Армијата на Македонија), владата на Македонија со посебен закон мораше да ги амнестира и со тоа им овозможи слободен живот со право да се бават и со политика и други слободни професии, но и вработување во сите сегменти на македонското општество, вклучувајќи ја војската и полицијата.

Со амнестијата од 2003 година, Талат Џафери постана слободен граѓанин на македонската држава и наскоро потоа, постанува член на новоформираната албанска политичка партија ДУИ.  Али Ахмети, еден од врвните воени лидери на озлогласената и злосторничка  ОНА, исто така амнестиран злосторник со крвави раце до рамена, стана на чело на оваа албанска политичка партија и постана  тројански коњ во срцевината на македонската држава: македонското Собрание.

За овие немили настани пишував во "Македонски Збор", зошто сметав дека на некого ќе му биде интересно, но и потребно, да ја научи лекцијата од настанатите грешки кои не смеат да се поновуваат. Но, ете не, сите пак, во ситуација да ја поновуваме историјата во други времиња, "демократски", да речеме, но ништо поарни, или по цивилизирани од оние што поминаа.

Истите луѓе, не луѓе, се осмелија да одат уште подалеку во нивните барања од оние кои им припаѓаат како национални малцинства. 

Повеќе пати ги повторуваа своите не чесни накани спрема македонската држава и македонскиот народ, но и спрема другите помали национални малцинства, па се' до барање федерализација на македонската држава, двојазичност на целата територија, промена на знамето, химната, грбот, парите, униформите и куп други барања, сето тоа наведено во нивната пост изборна, Тиранска платформ, од 11 декември 2016 година.  

Многу од нашите политичари несериозно и неодговорно однесувајќи се спрема албанските барања, само  ги потхрануваа нивните апетити. Па така, со помош на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, на 28 април 2017 година, на нелегален и не уставен начин го поставија Талат Џафери за претседател на Собранието. Пеејќи ја дури и албанската химна, во просториите на највисокиот законодавен дом на Република Македонија, му дадоа на знаење на граѓаните на Македонија дека сега го имаат Собранието, преку кое ќе можат да формираат нивна превратничка влада и со тоа ќе можат да прават се' што сакаат со Македонија, баш така, како што нивните наредбодавци им наредија да направат. Но за тоа ќе видиме дали ќе можат сите делови од нивните планови и сценаријата на странските амбасади во Македонија, да ги реализираат. 

За време на овие настани, за кои зборувавме, околу поставувањето на Талат Џафери за претседател на Собранието, се случи народ. Заправо 60 дена пред овој превратнички и нелегален настан предводен од СДСМ и албанските партии во Собранието, народот протестираше против Тиранската платформа и нејзината содржина, за која зборувавме. Со неа се предвидува распарчување на Македонија, преку промена на името на земјата, како би се конечно решило македонското прашање и задоволување на барањата на Грција, но и на САД да земе тоа што и' треба од националните богатства со помош на марионетската влада, која би ја поставиле. Па знаејќи што Заев од СДСМ и албанските партии подготвуваат внатре во собраниската пленарна сала, влегоа и настана тепачка, во каја имаше повредени пратеници од СДСМ и Албанциите.

По некои проценки, со овој чин требало да се створи ваква ситуација и по цена на жртви, како би се окривил народот кои беше провоциран, а да се заборави на главната причина, а тоа е избор на претседател од составот на оваа колиција од СДСМ пратеници и од неколку албански партии, и конечно да се изигра и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кои одби да им го даде мандатот за формирање на квинслишка влада по желба на Американците. 

Се разбира дека ова сценарио веќе беше подготвено, па пет минути од како  ситуацијата се смири со  помош интервенцијата на полицијата, пристигнаа честитки до Талат Џафери од американскиот амбасадор Џес Бејли  и обвинувања до македонскиот народ дека бил насилнички и.т.н.т. Следните два дена веќе пристигнаа честитки и од ЕУ и претставници на Стејт Департменот со повик да се формира новата влада и земјата да тргнела во "прогрес" и "благосостојба за народот".

А СЕГА НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА

НАШИОТ "ЈУНАК" ТАЛАТ ЏАФЕРИ

***************

Прво, да започнам со фамозниот Охридски рамковен договор, со кој, диригирано од "меѓународната заедница" беа прекинати воените дејствија,  во 2001 година, помеѓу албанските терористи од Косово и Македонија, и  Армијата на Македонија.

******

Познато ни е дека плановите на албанските терористи во оваа нивна наезда врз македонската држава и граѓаните на Република Македонија беа истоветни со оние од Втората светска војна, но и во бандитските наезди после тоа.

Тогаш, кога балистите, како сојузници на Хитлера и Мусолинија убиваа и плачкосуваа во Западна Македонија, очекувајќи дека пак некој ќе им поклони парче од македонската територија,  заедно со питката вода на Охридското и Преспанското Езеро, како во 1913 година, кога за прв пат албанската држава беше креирана. 

Таа накана и денес живее во нивните умови, што не скриено го манифестираат на секаде низ Македонија. Тоа што него постигнаа со оружје, денес  со политички заврзлами и не цивилизирани подметнувања, а пред се' со не почитување на мирот и редот во државата, како и правниот систем на Република Македонија, настојуваат да ја дестабилизираат македонската држава. Се разбира, сето тоа со помош и подршка на своите надворешни покровители и советодавци.

Во секој случај, дел од одговорноста за тоа што денес ни се случува лежи во недоволната будност и занемарување на искуствата од минатото, дури од времињата кога се зацврстуваа корените на старата македонска држава, но и времињата и причините за нејзиното растурање и конечно нејзиното исчезнување.

Затоа се вели, дека кој не си ја знае својата сопствена историја и причините за проблемите со кои се соочува денес, во опасност е да ги поновува грешките,  на своите претци.

Фактите за долговечноста на државите од западниот свет не се должи на нивната памет, која некои ја сваќаат за супериорна, туку на познавањето на својата историја, заедно со  претпазливоста во однесувањето со пријателите и непријателите од минатото. Затоа, се вели: "во вчерашниот непријател не барај свој пријател денес", и ако гласното размислување за тој факт не е посакувано, кај мудриот свет.

Во овој контекст, одговорноста за чување на Македонија како држава на сите Македонци, без разлика на верата или националното потекло зависи до македонскиот народ и квалитетот на неговите претставници, во Собранието.

Преферирањето на едно национално малцинство над другите во едно мултинационално општество  е недозволено и води до растурање на заедничката држава. Исто така, дозволување на чисти малцински политички партии води до поларизација на интересите и растурање на унитарноста на државата како амалгам, на заедништвото и солидарноста. 

Наведените примери се очигледни причини за денешната состојба во македонското општество, зошто отстапките кои им се прават на албанските политички партии со цел да коалицираат со некоја од главните македонски партии во преземањето на власта во државата вродува сепаратистички побуди и нереди, кои лесно се злоупотребуваат од надворешни непријателски сили, за остварување на нивните империјалистички цели, задскриени зад "демократијата и човековите права", кои се реткост во нивните сопствени држави. 

Отстапките кои им се прават на албанските коалициски партнери во Собранието на Македонија се преголеми и пречувствителни за сигурноста по државата. Постоат премногу примери на закани, непочитување на правниот систем на македонската држава, вооружени насилства, злоупотреба на службените положаи во власта, во АРМ, полицијата, локалните самоуправи, просветата и науката и редица други служби... што укажува на нешто што доаѓа пополека,  но за сигурно. Особено кога се има во предвид дека мнозинството на албанските  коалициски партнери се терористчки воени личности од 2001 година и кои денес заземаат високи и најодговорни положаи во сите пори на македонското општество, а особено во одбраната, безбедноста и сега во законодавната власт.

Повод за да го напишам овој текст беше официјалната изјава на Талат Џафери предложен и избран за министер на одбраната на Република Македонија, а објавен во "Македонски Збор" на 11 март 2013 година, и протестите ширум Македонија и во иселеничките средини ширум светот, кои не добија доволно разбирање кај властите во нашата тат ковина.

Изјавата на Талат Џафери беше објавена во една од програмите на "Радио Слободна Европа".

Ево што ни рече тогаш министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери, а сега и "унапреден" од СДСМ во претседател на Законодавниот дом на република Македонија, Народното Собрание, симбол на македонската државност и во древната македонска држава:

"...подготвен сум емоцијално, професионално и човечки да го поднесам сиот товар, без оглед на можните притисоци кои се вршат од надвор и продолжува, - тие што сметаат дека е не споива функцијата министер за одбрана со предходното мое искуство како комадант на ОНА, покажува дека тие луѓе, односно тие поединци кои ја пропагираат оваа констатација, се застанати во времето за најмалку една декада, истакнува Џафери"; непобитен факт е, додава тој, дека во случувањата во 2001 година јас бев еден од командантите во единиците на ОНА, но не побитен факт е дека настаните од 2001 година се окончани со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, по кој Собранието ги изгласа измените на Уставот на Република Македонија, по кој договор Собранието на Република Македонија во првите месеци, односно во првото тромесечие од 2002 година донесе два битни закони. Едниот беше Закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и вториот беше Законот за амнестија на припадниците на ОНА.

Тие два закона беа во составот на Охридскиот рамковен договор и како такви овозможија да се пристапи кон примена и извршување на основните определби на Рамковниот договор за реинтеграција на сите припадници на ОНА, кои можеа да се реинтегрираат во институциите на државата, наведува Талат Џафери во интервјуто".

Ми се чини дека г-динот Џафери не го разбира проблемот кој е во игра. Тој како човек Албанец, не е проблем, туку  неговото искуство во војната против македонскиот народ и македонската држава ите како е проблем.

Неговото дезертерство од Армијата на Република Македонија и приклучувањето кон албанските терористички формации кои ги водеше против таа иста Армија и извршуваше страшни злосторства врз одбрамбените сили на Република Македонија, ите како е проблем. Неговата не лојалност и спрема Армијата и спрема македонскиот народ и држава ите како е проблем. 

Ако тогаш како висок воен службеник на истата Армија, под свечена војничка  заклетва, ја изневери довербата на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија и крена рака со оружје да ја уништува македонската држава, може ли денес повампирен злосторник  со закрвавени раце и издавајќи се за "миротворец" во општо да му се верува? 

Кој закон може да му ги измие рацете од крвта на кукавички убиените воиници  кај Вејце, на 28 април 2001 година и потоа запалени за трага од нив да не остане? Кој закон може да му ги измие рацете од крвта на воиниците на таа иста македонска армија која денес му ја доверија македонските политичари да ја води во некоја друга војна слична на онаа од 2001 година? Можат ли маиките кои останаа без своите синови, невестите без своите сопрузи и децата без своите татковци да ги заборават одеците на куршумите  на овој крвник со кои за секогаш ги зави во црно и децата ги остави без иднина?

Можат ли вдовиците да ги испратат своите синови во АРМ на чие чело во својство на врховен командант стој овој злосторник, Талат Џафери, кои им ги одзеде татковците, им ги изгоре нивните тела,  изваде нивните очи и исече нивните телесни екстремитети и нему да му дадат чесна војничка заклетва?

Самата амнестија на сите поранешни албански терористички злосторници и ноторни убијци на македонскиот народ не смее да биде карта за интеграција во највисоките органи на македонската власт, а најмалку во системот на безбедноста и законодавната власт каде се одлучува за судбината, сегашноста и иднината на граѓаните на Република Македонија.

Кој не ја познава историјата и грешките на предходниците, има тенденции да ги поновува со тешки последици по народот. 

Тоа е цената која македонските граѓани ја плаќаат заради неодговорноста на политичарите кои чувајќи ги своите интереси, ја уништуваат иднината на стотина илјади невини граѓани, жени, деца, стари и млади од сите национални малцинства, од сите вери и политички определби, во Република Македонија.

Кој не го познава минатото, рискира да ја изгуби иднината на својот народ и неговата држава. И што после тоа?

Подготвени ли сме да чекаме други пет векови за одново да ја започнеме илинденската епопеја и народноослободителната војна? Ќе го спере ли некој срамот што во името на демократијата, НАТО и Европската унија ја изгубивме Македонија и македонскиот народ? Ќе ни ги опрости ли некој нашите заблуди што му дозволивме на Зоран Заев и неговата предавничка СДСМ да ни го постави во Собранието Талат Џафери, кои денес се шета низ Собраниските простории со својата злосторничка тајфа и си игра мајтап со сите нас било каде и да сме?

Зависи од нас, а не од нашата вера, националност или политичките убедувања дали утре, кога ќе се разбудиме ќе се најдеме во Македонија или во голема Албанија. Дали меѓу луѓе слични на секој од нас кои се познаваме, па макар и преку Фејсбук, или меѓу sверови кој јадат луѓе, затоа што конечно им дојде времето на одмазда, па макар и со помош на ѓаволот. 

Ваш Сотир Гроздановски

***************************

ТАЛАТ ЏАФЕРИ (со неговата востаничка тајфа - лево)

Ирена Радовановиќ

 

НА ЧЕДАТА НА СОРОС

ИМ СЕ СЛУЧИ НАРОД

 

Што мислеа Заев, Шеќеринска сосе своите партнери Албанци, дека народот што 60 дена протестира пред Собранието само онака се шета секоја вечер од Влада до парламент и само песни пее? Македонците не попусто предупредуваа - да не се дрзне никој да избира претседател на Собрание кој нема да ја отфрли тиранската платформа. Но СДСМ, наспроти предупредувањето на народот, одлучи на денот на годишнината на Вејце да го изберат Талал Џафери. Човекот кому му го припишуваат масакрот на осуммина припадници на Армијата и на МВР во конфликтот во 2001 година и кој само неколку дена со автомобил тргна кон демонстрантите, стана претседател на Собранието.

Наспроти сите пораки на Македонците дека "нема да им помине изборот на Џафери", СДСМ и албанските партии тоа го направија насила и добија сила. Чудо како поминаа само со неколку пукнатини на главата. Народот е толку револтиран од нив што можеше некој и да настрада. Или можеби тоа беше целта? Прашање е зошто изборот на Џафери се случи кога имаше голем број протестанти пред Собранието? Дали ова беше случајно или, пак, намерна провокација за да дојде до крвопролевање, за потоа, се разбира, да го обвинат Никола Груевски, а Зоран Заев и Шеќеринска да се прикажат како жртви.

Од СДСМ никако да разберат дека на Македонците им е дојдено преку глава некој да си прави што сака со Македонија. Македонците се свесни дека тиранската платформа води кон доразнебитување на државата и се подготвени, ако треба, и со пушки да ја спречат намерата на Заев и на неговите налогодавци. И тоа е сосема нормална реакција на човек кој има макар и ронка патриотизам во себе. Тоа чувство е сосема неразбирливо за лице како Заев и Шеќеринска. Заев и самиот рече дека не му личи да биде патриот. Но, не е само тој проблем. Проблем е цела партија штом дозволи не патриот да ги води.

Тој се дрзна да се пазари со државните и национални интереси. Дал беса човекот дека од Македонија ќе прави Швајцарија, значи кантонизирана држава и држава без Македонци и се разбира, име што ќе ја отсликува мултикултурата. Име, што ќе ја отсликува мултикултурата Заев вети веднаш по кумановските настани за една косовска телевизија, кога прв пат ја промовира идејата за двојазичност на целата територија.

Поради пазарот со албанските политичари, тој доби 70.000 албански гласа, што му донесоа плус девет пратеници во парламентот. Заев ја одби понудата на Груевски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да му дадат подршка да направи малцинска влада. Груевски се согласи  да биде уапсен, само Заев треба да се откаже од тиранската платформа. Но, марионетата одби. Заев треба да го спроведе тоа што непријателите на Македонија го планираа овде, а тоа  е исчезнување на државата.

Веќе неколку месеци слушаме пораки за поделба на Македонија. Вакви пораки стигнаа од Тимоти Лес и Рорабакер, а последниве денови и од Хашим Тачи и Еди Рама.

Могерини, која не ја осуди тиранската платформа и која се гушкаше и бакнуваше со Еди Рама и Хашим Тачи, го поздрави изборот на Талат Џафери. Таа важи за човек на поранешниот италијански пемиер Ренци, кој пак се споменува како човек кој им помагал на Заев и Верушевски во прибавувањето на нелегално прислушуваните материјали. А сите заедно се чеда на Сорос. На човекот кој финасира "спонтани револуции" против "диктатори", како што беше случајот во Украина.

Уште кога почна Заев да ги пушта снимените разговори беше јасно дека овде некој има намера да предизвика конфликт за да може да си прави што сака, да спроведува некакво "украинско сценарио". Такво сценарио кое долго време и' се закануваше на Македонија, сега веќе како да почна да се реализира.

Сега "загрижениот" Хан, кој немаше време да ги прими луѓето од "За заедничка Македонија", го осуди насилството во парламентот. А до насилство немаше да дојде, ако Хан и сличните на него ги имаа предвид барањата на оние што секојдневно протестираат и не бараа што поскоро да се избере претседател на Собранието.

Поздрав за изборот на Талал Џафери стигна и од американскиот амбасадор Џес Бејли, што и беше очекувано.

Од сите ќе стигне поздрав, само од македонскиот народ никогаш!

Сигурно Западот со се неговите марионети овде не очекуваше дека Македонците ќе стојат настрана додека некој насилно им ја зема државата. За да докажат дека навистина и' мислат добро на Македонија, треба само едно да направат - да се откажат и да ја осудат тиранската платформа, во спротивно ќе бидат единствени виновници ако дојде до граѓанска војна, која очигледно некој многу ја посакува.

Прашање е, дали може да се остане со ладна глава, да се најде мирно решение и да не се дозволи страдање на невини луѓе?

 

Ирена Радовановиќ "Дневник.мк"

28.04.2017

Дарко Јаневски

 

ТАЛАТ ЏАФЕРИ 

18 и 20  ЧАСОТ

*********

Има една работа поврзана со т.н. избор на Талат Џафери, а која поминува  онака незабележително во целата оваа гужва. Имено, сосема нормално е, логично, СДСМ и неговите ортаци, сцената што ја приредија со неделовничкото гласање да ја изведат до 16 часот, односно пред почетокот на протестите на "За заедничка Македонија", кои два месеца почнуваа во 17 часот. Значи, можеа да предизвикаат прекин на постојната седница, можеа да побараат пауза, па да го исфингираат Џафери и слично. Но се' што имаа на ум да прават беше сосема нормално да го направат порано. Тие решија тоа да го приредат по 18 часот, кога надвор има неколку илјади луѓе и кои два месеца им порачуваа, им ставаа на знаење, што може да се случи. Е, кога го знаеш тоа, кога ти е кажано, останува заклучокот дека си бил свесен или ако сакате, практично си ги повикал луѓето да влезат. Зошто тоа би било потребно, зошто правиш нешто ако знаеш дека тоа ќе предизвика влез во Собранието на луѓето? Има две можности: едната е дека СДСМ не очекувал дека тоа навистина ќе се случи, а ако се случи, дека нема да предизвика насилство кон пратениците, туку евентуално ќе има кршење на инвентарот и толку. Втората е дека СДСМ и албанските пратеници се ставени во улога на жртвени пиони во партијата шах, што ја води некој друг. Зошто?

Причината е едноставна. По два месеца протести и кога претседателот Иванов покажа истрајност во ставот дека нема да го даде мандатот ако не се отстранат правните и политичките пречки, целата ситуација беше доведена на некое ниво на изгледно реми во кое предност имаа Иванов, "За заедничка Македонија" и барањето на нови избори. Со веќе неспорен  преовладувачки впечаток дека луѓето што протестираат (а во еден момент, на пример, при посетата на Хан, нивниот број достигна неколку стотини илјади) и луѓето што не излегуваат на улица, но ги подржуваат, без жртва, а СДСМ и албанските партии беа агресорот што ја нападна државата со постизборната тиранска платформа, таа вистина требаше да се смени. Бидејќи таа всушност го блокира тоа што беше именувано како постизборен инженеринг.

Да се обидеме посликовито да го објасниме тоа со сликата од настаните на Косово во 1998-1999 година. До настанот во Рачак, кој верувам ви е познат, на една страна, беа УЧК како не легална формација, која врши злосторства, а на друга војската на тогашна Југославија, која е должна да си брани територијата од нелегално вооружената формација. Потоа беше инфингиран Рачак и тогаш тргна дипломатско-медиумската офанзива дека УЧК е всушност борец за слобода, а Слободан Милошевиќ и војската на Југославија станаа злосторници и, како што сега вели, Ахмети - окупатори.

И ако споредбата со имињата и настанот не е докрај коректна и точна, ако го сватите тоа буквално, сепак во основа се работи за нешто слично. Завчерашниот настан всушност е обид "агресорот" - СДСМ и албанските партии - да станат жртва, а "За заедничка Македонија", односно поголемиот дел од народот кој стана против тиранската платформа наметната по изборите, од бранител на својата држава со мирни протести, да се претстави и трансформира во агресор.

Ако вака ги гледате работите, тогаш станува јасно зошто целата драма беше организирана по 18 часот. Станува збор за класично извртување на улогите, односно за обид да се сменат улогите на жртвите и агресорите, во домашната перцепција, но и во странската. Кога на ова ќе се додаде и дека амбасадорите што синоќа одржаа прес конференција, всушност од 17 часот биле собрани во хотел на центарот во Скопје кога ќе се додаде и крајно смешното соопштение на американската амбасада (според Американците Талал Џафери бил избран во регуларна процедура, на што не знаеш дали да се смееш или да плачеш), станува сосема очигледно дека е во прашање една синхронизирана операција. Битна била крајната цел, а за таа цел очигледно било предвидено да има и жртви, односно повредени и слично.

Се разбира, тука нема да се застане. Освен потребата да се сменат улогите на жртвите, операцијата веројатно е со цел да се избере и влада, која исто така ќе биде нелегитимна, но во секој случај ќе биде направен обид да се создаде некаков институцијален паралелизам. Тоа дополнето со надворешниот притисок кој сега би требало да биде насочен врз Иванов и врз Груевски, според замислата би требало да вроди со некаков плод на пократок период. Инаку, пропаднаа жртвите. Затоа е сосема провидно инстантното одбивање на СДСМ да го прифати повикот на Иванов за лидерска средба, како и игнорирањето на тој повик од страна на странските замешатели во оваа ујдурма. Инаку,  тие  се тие што до вчера велеа дека секоја криза се решава со дијалог, зар не? Но, овде очигледно станува збор за ситуација за чиј опис повторно ќе се послужиме од историјата на Југославија: кога се распаѓаше државата, а Словенија и Хрватска први се отцепија, во еден момент некои од странците се огласија и рекоа дека за прашањата кои се однесуваат на нив ќе разговараат со владите во Љубљана и Загреб, а не со сојузната влада во Белград. Овде идејата е да се направи нешто слично: од денес за тој дел од странците Џафери е претседател на Собранието, а тој таа група ќе ја разбере за пример, со него ќе разговараат наместо со Емил Димитриев и ќе прават нов циркус. Како потоа ваквата ситуација заврши во СФРЈ е познато, а нема да биде чудо дека и овде се брза со нешто слично, односно позната тајфа амбасадори да прогласи која влада ја сака и која за нив е легитимна, а која не. Фактот што со тоа дополнително ќе ја разгорат кризата многу и не ги  интересира, зар не?

 

Дарко Јаневски "Дневник.мк"

28.04.2017

**********

 

 

Митко Чавков

 

 

НЕ МЕ ПЛАШАТ

ЗАКАНИТЕ НА ЗАЕВ

*************

Не ме плашат заканите на Заев. Интервенција на полицијата во тој момент можеше да значи десетици жртви

 

Директорот на Бирото за Јавна Безбедност (БЈБ), Митко Чавков, му порача на претседателот на СДСМ Зоран Заев, дека не го загрижуваат неговите закани и дека неговото недолично однесување повеќе говори за него и на начинот на кој што  тој делува.

- Минатата година Полицијата беше обвинувана дека не употребила сила против насилничките акти на протестите на таканаречена "шарена револуција", кога беше ограбена и запалена канцеларијата на претседателот Иванов. Освен канцеларијата на Иванов, во континуитет беа напаѓани владата и Собранието, но и објекти на многу други институции. Полицијата тогаш реагираше само кога беа засегнати животите на граѓаните и на безбедносните службеници. Во текот на вчерашниот ден, за жал, бевме сведоци на немили настани кога беше нарушен јавниот ред и мир од страна на дел од лицата кои влегоа на незаконски начин во Собранието. Јавноста треба да ја знае вистината и да нема никакви шпекулации и дезинформации. Полицијата немаше никакви сознанија ниту пак најави за насилни инциденти. Таа ги обезбедуваше протестите, како и секој ден изминатите 60 дена, вели Чавков.

Директорот Чавков потенцираше дека не постоеле никакви дојави дека во текот на вчерашниот ден ќе се случи некаков инцидент, затоа полицијата стандардно со истиот број полицајци го обезбедуваше Собранието на Македонија.

- За жал во Собранието по завршувањето на седницата  се случија неколку инциденти кои го предизвикаа и испровоцираа револтот кај граѓаните. Настаните потоа се одвиваа брзо, како на филмска лента.  Граѓаните за неколку минути го обиколија Собранието и се обидоа да влезат внатре. Имаше обид полицијата да го спречи влезот на иритираните и разгневени граѓани, но употребата на сила во тие услови можеше да значи десетици жртви. Полицијата отпочна со примена на сила, веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција, затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето. Одма ги зајакнавме силите кога проценивме дека може ќе треба да спроведеме брза интервенција и евакуација на присутните пратеници и повредени лица. Од како беше воспоставен јавниот  ред и мир и беа евакуирани лицата чија безбедност беше загрозена, што беше нашата примарна задача, полицијата отпочна со увид и идентификација на осомничените во координација со надлежниот јавен обвинител, истакна Чавков.

Тој вели и дека истрагата и анализите на целиот случај ќе продолжат и во наредниот период и ќе се утврдува поединечната одговорност на сите инволвирани.

- Овие лица кои стојат зад мене учествувале и во воениот конфликт во 2001 година, а своите животи ги ризикувале и во голем број други полициски акции каде го бранеле мирот и безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани. Овие полициски службеници се професионалци. Тоа биле и тоа ќе останат без разлика на политичките обвинувања. Крајно некоректно е нивното постапување да се политизира и истите да бидат претставувани како непријатели на државата и македонскиот народ, рече Чавков.

Денеска на прес конференција лидерот на опозициската партија СДСМ го обвини директорот на БЈБ, Митко Чавков за случувањата во Собранието вчера и му порача да си даде оставка и да бега што подалеку.

- Што се однесува до директните закани  кој кон мене денес ги упати лидерот на опозицијата Зоран Заев сакам да му порачам, дека јас целата моја кариера ја поминав служејќи и' на државата и на македонскиот народ и сум се соочувал со многу сложени безбедносни предизвици. Сум работел префесионално во полза на Република Македонија и во полза на граѓаните на Република Македонија. Затоа му порачувам дека ниту ме загрижува, ниту пак може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури, со ки тој е во спрега. Неговите закани и неговото недолично однесување, повеќе говорат за него и за начинот на кој што тој делува, изјави Чавков.

Митко Чавков, "Дневник.мк"

28.04.2017

*********

Kind regards : 05 мај 2017

Sotir Grozdanovski broj 67