НЕ ЗА "ШАРЕНА ДЕМОКРАТИЈА", НЕ ЗА АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА, НЕ ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВНИ ЗНАМИЊА ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ -

Талат Џафери

 

ПРОТЕСТ ПРОТИВ НЕПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА И

СТРАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

***

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Пред 70 дена,   граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" ги започна своите  мирни протестни маршеви во знак на неслагање со пост изборната тиранска платформа и за зачувување на унитарноста и мултиетничкиот карактер на Република Македонија. 

Како недовршено злосторничко дело  на европските големи сили и администрациите на американските демократски влади од времето на Вудроу Уилсон (Woodrow Wilson) 28-от претседател на САД од 1913 - 1921, па се' до Барак Обама (2017), македонската држава им беше секогаш трн в'око и секогаш се бараше начин и средства со кои еднаш за секогаш, македонскиот народ да нестане од светската сцена.

Се мислеше, дека во 1913 година, со поделбата на македонската територија меѓу соседните ново компонирани држави Грција, Србија, Бугарија и Албанија, до тогаш сите делови од Отоманската Империја, a подоцна сите под строга контрола на своите креатори  Англија, САД, Франција... ќе се затвори македонското прашање и западот  ќе ја присвои сета оставштина на најстарата европска цивилазација. Меѓутоа, одеднаш и не очекувано, со раѓањето на новата југословенска федеративна држава воскресна македонската држава и македонскиот народ, во лицето на Република Македонија. Се разбира, само на дел од македонската територија, Вардарска Македонија, до тогаш во составот на српската држава.

Се' до распаѓањето на заедничката држава, СФРЈ, во 1990-те години од минатиот век, Република Македонија не им сметаше на никој, ниту на Грција, ниту на Србија, ниту на Бугарија, дури не и на Албанија и ако сите се надеваа, дека еден ден кога некој ќе се најде да ја сруши таа држава од било кои причини, работите пак ќе си дојдат на своето место, како и порано. Меѓутоа, не испадна така, барем не, до после осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, кога се појави потребата за нејзината регистрација во Обединетите Нации како самостојна држава, Република Македонија.

Тогаш се отворија старите тефтери и стравот од името Македонија одново им влезе в'коски на сите оние соседи кои си ги извалкаа и закрвавија своите раце со поделбата на македонската територија, но и со своето нечесно и грдо однесување со македонскиот народ, во окупираните македонски територии. 

За да би се избегнале додатни проблеми во иднина, се постави прашањето за името на новата држава и потребата да и' се редефинира, како не би било некои "недоразбирања со името на грчка Македонија", која се смета за "грчка територија", од "памти век". 

Е, сега почнува правата прикаска и правите цели и намери на западниот свет, пред се' на нашите стратешки партнери, кои не успеаа со своите намери од 1913 година, кога споменатиот 28-ми претседател Woodrow Wilson на Париската мировна конференција не дозволи автономија за Македонија, ами поделба меѓу соседите, со што се стави точка на македонското прашање. Но, само до завршетокот на Втората светска војна.

Точката се прошири во запирка, запирката во Феникс, Фениксот постана Република Македонија. Со неа, одново се појави исконскиот страв од името Македонија и нејзината евентуална привлечна моќ, која би можела во една идна иднина, уште повеќе да ги "налути", сите наши "пријатели". Решение? - "антибиотик"! Каков? - "албански"! - од каде? внатрешен, македонски, зошто е ефтин!

Пошто е ова пошироко прашање, а би сакал да дојдиме до причините за сегашниот  државен удар,   со кој се превзеде законодавниот дом на Република Македонија, Народното Собрание, ќе побрзам и ќе се задржам на поважните работи, а се' друго ќе го оставам за некое друго време. 

Ете вака! Беше четврток, 27 април 2017 година во главниот град на Република Македонија Скопје, околу 18 часот по пладне, кога пред Собранието мирно протестираа илјадници загрижени граѓани, против Тиранската Платформа и политичката криза која се заканува да ја промени судбината на македонските граѓани за секогаш. Да ја промени, во полза на оние, кои не ја сакаа, ниту очекуваа Македонија толку долго да се задржи на светската сцена и да просперира. 

Внатре, во Собранието, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од СДС заедно со своите албански коалициски партнери, а на другата страна претседателот на Собранието Вељановски, подготвен да ја продолжи собраниската седница, спрема дневниот ред. Се слушаа звуците на македонската државна химна, а по тоа и на албанската, како некој да докажува дека и Албанците имаат своја, но за чудо, албанската државна химна, химна на странска држава,  во македонскиот највисок законодавен дом, во кој се очекува избор на претседател, на македонското Собрание.

Не се чека завршеток на редовната дискусија спрема дневниот ред, туку од страна на СДС и Зоран Заев, следен од неговите коалициски албански партнери, се инсистира на прекин на дискусиите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и да се оди на следната точка, избор на претседател на Собранието. Ваквото однесување на опозицијата и нејзините колициски, албански партнери, очито со овај настан сакаа да испровоцираат нешто, што не доликува на парламент.  

Изгледаше, како на некој  да му се брза да ја заврши работата, не берејќи воопшто гајле за редот и собраниските правила и законски прописи.

На сред собраниската пленарна сала гледаме распалени пратеници од СДС (намерно го изоставив кирилското слово М, зошто  оваа политичка партија одамна  не се смета за македонска), потоа албански и конечно, во средината на оваа импозантна група гордо стои и гледа околу наоколу, никој друг, туку самиот Талат Џафери, заедничкиот "кандидат" за претседател на македонското Собрание, како да очекува некого, после церемонијата да му честита на изборот.  

За малку ќе заборавев да ги споменам албанските пратеници, но и неколкуте од кај страната на Шеќеринска, сите со своите попаметни од нив телефони, како нешто сликаат околу наоколу,  сигурно за спомен, за да знаат нивните "соплеменици" дека ете, им успеа да го "преземат" и македонското Собрание, на сред Скопје, опколени од илјадници "каури". 

Одеднаш, после завршетокот на "крунисувањето" на храбриот балистичко-терористички злосторник и двојни војни дезертер, Талат Џафери, од некаде навалија "гости". Чудо од веселба. Од среќа незнаеа кого прв да го прегрнат, па почнаа од другарот Заев и Шеќеринска и завршија со неговите "ангели", кои заборавија дека на "шарените револуционери"  им ги вратија играчките за фарбање на спомениците низ градот, па почитувајќи ги старите "племенски обичаи",  по одобрение на својот "поглавица" Заев, се разбира, испукаа неколку прави истрели од своите службени пиштоли, колку да се знае кој е кој во оваа мултиетничка и двојазична веселба. Но, и да видат што ги чека "каурите" кога ќе им ја донесат демократијата со помош на Џес Бејли, Јоханес Хан, Фредерика Могерини, Коцијанчиќ, па братот Хојт Ји, да не набројувам повеќе, зошто многу ќе ми стани.

Се разбира, во една ваква веселба се случуваат и несреќни случаеви, па медицинската служба требаше да употребува и фластери и други средства за олеснување на некои "несакани" повреди, специјално по носевите и главите. Па затоа, ако случајно го сретнете другарот Заев, Шеќеринска или некои други од нивната тајфа со заврзани глави и носеви со фластери, тоа се знаци од веселбата во Собранието на Македонија, организирана во чест на новиот претседател на македонскиот законодавен дом, Талат Џафери.

А сега сосема на кусо би рекол нешто за плановите на СДС и албанските здружени партии кои имаат за цел да ја завршат недовршената работа на Грција и меѓународната заедница од Европа и Северна Америка.

Прво, тие се платени  за тоа и ќе мораат својата задача да ја завршат, зошто, како и во мафијашкиот систем, кога ќе се фатиш в' оро со ѓаволот, ќе играш како тој ти свири инаку.....

Второ, кој сака на власт со меч, може лесно  од него да остане и без глава.     

Честите посети на највисоките претставници од Европската Унија не се за џабе како и од американската амбасада во која се' уште активно делува Џес Бејли, претставник на Обамината администрација и најголем виновник за положбата на политичката сцена во Република Македонија. Изгледа ќе биде заменет со друг претставник од администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп, кога ќе ја заврши својата задача во Македонија. Дали ќе ја заврши, во многу зависи од сите нас и од нашата мудрост и снаодливост.

По се изгледа, неговото време за заминување како дипломат губитник ќе потрае. Колку? - само претседателот Трамп знае. До тогаш, "уздај се у се и во своето кљусе".

За сега, по се' изгледа, дека првата вистинска фаза со преземањето на законодавниот дом на Република Македонија заврши. Но тоа не значи дека неможи да се врати назад, до колку највисоките македонски судски органи вистински му служат на својот народ и на македонската држава. 

Територијата на Џафери е зацртана и со албанските симболи означена. Ќе видиме кои се неговите следни чекори и колкава интелигенција има во неговата глава. 

Фтората фаза следи,  со формирање на влада и Заев како претседател. Ќе има големи штети на сите страни. Се' уште не се знае какви све ветувања и на кого му дал. Мислам дека неговите ментори и советодавци добро ги подготвуваат своите сценарија, знаејќи дека Заев е подготвен на се или ништо. Неговите закани пред да ја превземе власта во државата доста ни говорат, дека имаме работа со недоветна и болна личност.

Третата фаза можеби е се' уште далеку, менување на идентитетот на државата и народот, но луѓе како Фрчковски нема што повеќе да изгубат. Тој и така е обична сенка, од која ни лицето неможи да си го препознае. Но ако дојде на положај,  се' уште може да направи штети, како ранета sверка, која се бори до својот последен здив.

До колку овие фази за развој на ситуацијата во Македонија поминат, како што помина првата фаза, со неколку скршени носеви и неколку празни глави, на што архитектите на сценаријата за конечно затварање на македонското прашање и сметале, тогаш навистина не сме му дораснале на Зоран Заев, Талат Џафери, Али Ахмети, Шеќеринска и навистина нам не ни треба држава, зошто не ја заслужуваме.

Господ ни дал прилика да се докажеме после толку векови талкање по светот, до колку и него ќе го изневериме, во тој случај нема што повеќе да бараме.

Немораме да ги следиме сите стапалки кои ги изодил еврејскиот народ, зошто сепак сме биле по среќни од него, но затоа немораме да ги поновуваме старите грешки на нашите претци, кои заради неединството и алчноста за власт, си ја изгубиле својата империја.

 

Ваш Сотир Гроздановски

**************************

 

 

ХОЈТ ЛИ И ЏЕС БЕЈЛИ СРЕЌНИ ШТО ИМ УСПЕА ПЛАНОТ КОИ ДОЛГО ГО ПОДГОТВУВАА. НО, КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ИМ ТРАЕ, ЌЕ ВИДИМЕ.

проф. Иванка Додовска

 

 ***************************

НЕМА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА ВЛАДА

БЕЗ МАНДАТ ОД

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

*********

 

Она што остава простор за дилема дали во ситуацијата кога претседателото на Собранието го извести шефот на државата дека е формирано  парламентарно мнозинство, претседателот е должен да го даде мандатот.

Деловникот на Собранието за избор на влада е прецизен и јасен. Во него се вели дека седница за избор на влада неможе да има се' додека шефот на државата не одреди мандатар. При закажаување на седница со точка - избор на влада, претседателот на Собранието мора да има добиено известување од шефот на државата дека е одреден манадатар.

Тоа е должен да го направи во рок од три дена, а потоа мандатарот од 20 дена од доверувањето на мандатот на Собранието му пренесува предлог за состав на владата и програма. Предлогот треба да соджи име и презиме на мандатарот како и список на предложените министри.

Расправа за избор на влада во Собранието може да трае најмногу два дена, а владата ќе се смета за избрана ако за неа гласале мнозинство од вкупниот број пратеници. Како последен чекор, претседателот на Собранието е должен да го извести шефот на државата дека е избрана новата влада.

Она што остава простор за дилема е дали во ситуација кога претседателот на Собранието го извести шефот на државата дека е формирано ново парламентарно мнозинство, претседателот е должен да го даде мандатот?

Сега  имаме токму таков случај, откако новиот собраниски спикер Талат Џафери му испрати писмо на Иванов. Сега останува на претседателот на државата да одлучи дали ќе одреди мандатар. Од неговиот кабинет велат, дека претседателот Ѓорге Иванов ќе постапи согласно Уставот и воспоставената практика.

Во таа насока, размислува и професорката Иванка Додовска. Според неа, давањето на мандат и изборот на претседател на влада и нејзиниот состав се дефинирани како со Уставот, така и со Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

- Очекувам дека и во наредниот период чекорите на претседателот Иванов, како и досега, ќе бидат во согласност со Уставот на Република Македонија и интересите на македонската држава - нагласува Додовска за

Телеграф.мк

*************** 

ЖОЗЕФ ДОЛ

 

ВО МАКЕДОНИЈА

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР 

ИЗБОРИ МОРА ДА ИМА

********

Жозеф Дол, претседател на најголемата политичка партија во Европа, Европската народна партија (ЕНП), на конференцијата "Западен Балкан: Кон европската иднина" што се одржа во Европскиот парламент во брисел, испрати силна порака против она што македонската опозиција го прави во Република Македонија, нарекувајќи го театар.

Дол, кој е претседател на партијата што  ги дава  германската канцеларка Ангела Меркел, европскиот лидерски двоец Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, беше дециден дека она што се прави во Македонија неможе да се толерира и дека затоа се потребни изборите како решение на се', јавува дописникот на МИА од Брисел.

- Корупцијата е голем проблем во сите балкански земји и за истата да се реши, потребно е да се земат европските стандарди. Ние гледаме потешкотии во Република Македонија и кога слушам и гледам што се случува во Македонија имам впечаток, како да е некоја театарска претстава. Потребни се изборите во земјата, бидејќи повеќе не може да се толерира оваа ситуација. Се' мора да се преземе за да се реализираат демократски избори во земјата, час поскоро и одговорноста за тоа е на двата спротиставени политички спектруми во Македонија.  Беше дециден Жозеф Дол.

Инаку на седницата од  04 мај 2017 година во Европарламентот во Брисел учествуваше и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, заедно со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Ивањиќ, претседателот на владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ, Елмар Брок, Едард Кукан, Дејвид Мекалисер, Кристијан дан Пред и други, како и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

 

Дневник.мк

  • Никола Попоски

  • Андреј Пленковиќ

Драган Костовски

 

СДС ДОЗВОЛИ АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ

ДА ВЛЕЗЕ ВО КАБИНЕТОТ НА

ВТОРАТА ПО РАНГ ФУНКЦИЈА ВО ДРЖАВАТА

***************

 

Спротивно на волјата на народот, спротивно на Уставот, Деловникот и законите на Република Македонија, СДС почна да ја спроведува Тиранската Платформа.

СДС имаше обид нелегално да избере претседател на Собранието и направи класично политичко насилство.

СДС дозволи албанско знаме да влезе во кабинетот на втората по ранг функција во државата.

СДС молчи околу најавата на Талат Џафери дека ќе го раководи Собранието на Република Македонија на албански јазик. Нормите се јасни, пратениците да можат да се обраќаат на својот мајчин јазик, до колку истиот го говорат над 20% од населението, бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на председател и во име на институцијата, која што ја претставува и затоа единствен службени јазик и официјален јазик на територијата на Македонија е македонскиот. Со молкот се потврдува стравот на народот дека СДС договорил албанскиот јазик да биде официјален јазик на целата територија на Македонија, само за да се добере до власт, а македонското Собрание да стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик.

Сите овие отстапки на штета на државните и национални интереси кои ја редефинираат Република Македонија, сега Заев сака да ги покрие со најави за популистички мерки и нови кршења на Уставот, како што е реизборот на  судии.

СДС еднаш веќе го имаше унакажено и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии кои ги имаа поминато нивните партиски филтри. Судството тогаш го допре дното. Сега Зоран Заев сака да го реализира истото сценарио само за да се спаси од одговорност за криминалите кои што ги прави. Заев мисли дека доколку во судовите постави партиски послушници, тие ќе го амнестираат исто како што Црвенковски го аболицираше за криминалот во "Глобал" тежок осум милиони евра или како што Катица Јанева го спаси од одговорност во случајот "Пуч".

Целата јавност го виде како бесрамно бара поткуп по едно евро од квадрат кои треба да се уплатат кај Вицето. Целата јавност знае за криминалите во "Цареви кули" и исплатите кон "Струмица гас". 

Делата против државата и уставното уредување кои тој и криминогеното раководство на СДС во континуитет ги прават не застаруваат.

Единствено нешто на кое што Заев може да  се надева е дека со промена на судии, ќе ја одложи правдата, но бегање нема. Казната ќе стаса.

"Македонија"

07 мај 2017

 

Ристо Стефов

 

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ

ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 33

Пишува : Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува:

Сотир Гроздановск

 

За да се решат од Македонците, не беше така лесно. Втората светска војна беше завршена и второ, за таква голема работа им беше потребна надворешна помош; некој кои ќе ги прими. Лесно е да ги туркаш луѓето  околу дури трае војната, ама во мирно време не е така лесно. Тоа беше причината за да се иницира Граѓанска војна. Се знае дека војната генерира бегалци, кои пак за да се спасат, бегаат преку граница.

За Граѓанската војна во Грција зборувавме доволно, па затоа овој пат ќе ги прескокнеме  деталите, меѓутоа, ќе зборуваме за оваа војна како измислена причина за полесно да се избркаат Македонците надвор од Грција. Оваа војна беше контролирана војна. Контролирана од Захаријадис, кој беше испратен во Грција од Британците за да ги разбие комунистите и да се реши од Македонците.

Пошто зборуваме за поделбите, внатре, во македонскиот народ, би сакал да додадам дека надвор од поларизацијата на новите-Грци и поделбата на македонскиот народ, се појави и друга поделба. За време на војната, новите-Грци или Гркоманите беа на страната на грчките власти, кои ја сочинуваа десната политичка опција во Грција. Другиот дел од македонскиот народ или неговото мнозинство,  беше на страната на левата политичка опција, или Комунистичката партија на Грција. Левата и десната политичка опција војуваа меѓу себе. Дополнително почнаа нови поделби во самиот блок на левицата, како резултат на разни ветувања и акции, преземени од КПГ.

Македонскиот народ, позициониран на левата страна од политичкиот спектрум во Грција, знаеше дека е изневерен кога КПГ се согласи Британците да формираат нова политичка партија во Грција, за  што Македонците сметаа дека таа е, "фашистичка" политичка партија.  Со овај чин Македонците беа сигурни, дека грчкиот фашизам  се враќа на политичката сцена заедно со  злосторствата спрема нив. Па така, кога Британците му наредија на ЕЛАС да го предаде оружјето, само Македонците им се спротивставија. Тоа ги доведе во судир со ЕЛАС и меѓусебната војна беше неизбежна. За да би се избегла војната, македонските единици мораа да ја напуштат грчката територија и да преминат во Република Македонија, со што подпаднаа под југословенска контрола.

Македонскиот народ, пак, позициониран  кон левата политичка опција веруваше, дека  единиците кои се префрлија во Југославија беа специјално формирани да ги бранат Македонците од грчката агресија и Гркоманите. Но бидејќи дека тие македонски борци се префрлија во Југославија, од некои беа сметани како предавници, кои ги напуштија, дури, и своите семејства зад себе, на милост и немилост на Грците.

Потоа, како граѓанската војна  се распламтуваше, некои од тие единици се вратија назад да се борат во Грција, но многу од нив останаа во Република Македонија. Таквата положба ја прошири поделбата  и  ги засили нивните меѓусебни обвинувања: оние што останаа во Југославија беа  "кукавици", а оние кои се вратија во Грција им "помагале" на Грците да ја бранат Грција. Грчката комунистичка партија, пак, ја искористи ситуацијаta за свои цели, напаѓајќи ги македонските воени единици кои останаа во Југославија дека се "предавници и дезертери".

И така, македонските меѓусебни обвинувања се проширија уште повеќе, претварајќи се во непремостиво проклетство за времето на Информбировките борби меѓу Тито и Сталин, во 1948 година. Тогаш, македонскиот народ се најде во средината на нивните кавги. Па така, во овој случај добивме четвороструки поделби меѓу нашиот народ.

1.- Македонците на левата политичката опција против Македонците Грко-мани на десната политичка опција;

2.- Македонските партизани против македоските воиници во грчката армија;

3.- Македонците борејќи се во граѓанската војна против Македонците кои останаа во Југославија и противници на граѓанската војна во Грција;

4.- Македонците на страната на Тито против Македонците од страната на Сталин.

Овие македонски, длабоки, поделби останаа до ден денешен.

За несреќа, сите овие поделби беа производ на надворешни фактори, кои го раскинаа македонското ткиво и ги растргнаа Македонците на многу страни. Некои Македонци ја прифатија идеата да, ако неможеш непријателот да го победиш, придружи му се  и преку асимилацијата нестани во неговото општество.

На други пак им се свиѓаа понудите на комунистите, па им се придружуваа. За несреќа, нивните понуди беа не веродостоини и често се менуаваа , зошто и самите не беа сигурни во она, што им го ветуваа на Македонците. Имаа скриени и не чесни накани, вовлекувајќи ги во нивните планови,  преку  воените деиствија во намерно иницираната граѓанска војна, да ги истераат надвор од Грција и од нивните домови. Па така, заедно со вовлекувањето на Македонците во граѓанската војна,  нивните ветувања беа се' по привлечни  и по уверливи. Со зголемувањето на бројот на Македонците во редовите на комунистичките воени формации, нивните ветувања се смалуваа. Тоа беше начинот со кој се контролираше македонското присуство и смалувањето на опасноста од нивното вооружување.

Целта на војната беше една те иста: да се протераат Македонците од Грција, на легален начин. Така сакаа Британците, па затоа иницираа нова војна во Грција, во која сакаа да ги вовлечат нашите луѓе во што поголем број. Па така, чим Македонците се фатат за оружје, во тој случај не би имале друг избор, осем да се "бранат", што би било доволно,  да ги истераат надвор од земјата. Во оваа игра и Југославија беше замешана, со креирањето на НОФ (Националниот Ослободителен Фронт). Целта на НОФ беше да покрене "револуција" во Грција, односно во окупирана Македонија. Но кога дојдоа и почнаа да го викаат населението со оружје да ја ослободат Македонија од грчката окупација, не најдоа на позитивен одsив. Македонскиот народ не сакаше да војува двапати. За нив војната беше завршена (Втората светска војна). Сакаа да уживаат во мирот.

Сите усилби со кои НОФ требаше да ги мотивира Македонците да се борат за слободна Македонија обединета со Југославија, не вродија плод. Требаше нешто посилно да се случи, што би ги кренало и мотивирало. "Белиот терор" беше измислен. Фашистичките сили на десницата беа ослободени и започна правиот терор врз Македонците: убиства, палење на куќите, силување на жените и девоиките, физичко малтретирање на недолжното населени и т.н.т. Ваквата положба во која се најде македонското население вроди страв и им стави на располагање два избора "борба или смрт". Па така се одлучија да го прифатат предизвикот и да ја продолжат борбата за ослободување и обединување со Република Македонија, во заедничката југословенска федерација.. НОФ ги прифати доброволците, ги организира и ги оспособи за војна. Оваа акција, впрочем, не беше негова иницијатива; раководството на НОФ слепо ги следеше наредбите и работеше против своите сопствени интереси.

Во почетокот, комунистичката партија на Југославија ги контролираше настаните на теренот се', дури Британците не го донесоа во Грција Захаријадис. Откако  ја зеде контролата врз комунистичката партија на Грција и потоа НОФ, Захаријадис ја заде контролата врз македонскиот народ.

Сега дозволете ми да да се вратам на некои моменти кои ги дискутиравме во последното интервју и тоа, зошто во ова време војната во Грција не им одеше во полза  на нашиот народ и зошто ветувањата давани  од страна на КПЈ и КПГ, неможеа да се реализираат.

Целите на граѓанската војна во Грција, за која  западната историја не информираше, била да се воспостави комунистички систем во Грција. Меѓутоа, таа цел неможела да се реалзира  бидејќи Сталин, кој ги подржувал левите политички сили во Грција, а Черчил десните, веќе се сложиле Грција да ја стават под британска контрола и "дека нема да има комунистички систем во Грција"

Спрема реченото, тогаш како е можно Захаријадис да креира комунистичко општество во Грција, како му ветил на Македонците, кога двата светски водачи веќе го решиле тоа прашање во полза на Грција? Сигурно дека не беше можно тоа да се случи, зошто неговата задача била да ги уништи комунистичките сили и со тоа  да се реши од Македонците во Грција, еднаш за секогаш.

  • Черчил

  • Захаријадис

  • Сталин

Јосип Броз Тито

Како би ги мотивирале Македонците да излезат масовно и да се борат во граѓанската војна на Грција, двете комунистички партии, југословенската и грчката, им ветиле независност и избор да ја обединат Егејска Македонија со Република Македонија во југословенската федерација. Но под еден услов, до колку грчките комунисти ја преземат власта во Грција, што не беше можно од горните причини. Грција веќе беше ветена!

Другата причина беше дека помеѓу Република Македонија и Грција поминуваше и се' уште поминува Интернационалната граница, која неможеше да се повреди без договор помеѓу големите сили. Неможеше тогаш, а не може  ни денес, без кооперација на големите сили.

На Грците им беше речено, пак, декa "Славјаните" и "славоговорните" се тие кои им прават проблеми внатре во земјата. Исто така, дека Славјаните подржувани од комунистите покушаваат да ja поделат Грција и да им ја дадат "грчка Македонија" на Југославија. За време на сите овие неповолни настани и информации, светската јавност беше уверувана дека ова била "грчка граѓанска војна", во која комунистите покушавале да им се "наметнат на Грција".

Оваа војна не беше само војна со која се покриваше геноцидот врз Македонците, туку и да се обвинат, затоа што  тие ја започнале војната. Ова ги направи Грците да се чувствуваат задоволни, мислејќи, дека се бореле со надворешни сили и победиле, бранејќи ја својата земја. Меѓутоа за светот оваа војна била само политика и идеологија.

Се' до 1970 година, конфликтот внатре во Грција не бил признат како "граѓанска војна во Грција", туку како "разбојничка" војна. За време на воените дејствија грчкиот народ бил информиран дека "грчките патриоти" се борат против  "предавнички славјански банди". Па затоа, неможе да биде "граѓанска војна". Но сепак, вистината излезе на видело и  граѓаните на Грција го сознаа  правото име на војната во Грција.

Кога огромен број  македонски бегалци почнаа да пристигнуваат во Полска, полскиот народ помисли дека Грците се борат да воспостават комунизам во својата земја. Најголем број луѓе од источно европските земји, во кои се скрасија македонските бегалци, не знаеле дека се тие Македонци; тие ниту знаеле дека таков народ и постоел, се' дури и физички не дошле во контакт со нив. Им било речено, дека тие луѓе биле Грци, а не Македонци. 

Чим македонскиот народ, во окупираниот дел од Македонија,  фати оружје за да се брани, веќе скроениот план за нивно искоренување беше ставен во движење и  постана легален. Што требаше Грција да превземе? Требаше  да преземе се', за да се "одбрани" од нападачите кои даѓаат од Север. Дури и Комисија на Обединетите Нации "истражуваше" да ли е вистина дека провокациите доваѓаат однадвор, во главно од Југославија, Бугарија и Албанија.

Јас споменав и порано, дека оваа "граѓанска војна во Грција" беше контролирана војна, па затоа би сакал уште нешто да кажам, во врска со тоа.

Многу Македонци со кои имав можност да разговарам за оваа војна тврдеа, дека ако имавме наши воени старешини и да ни се дозволеше да ја водиме војната  на наш начин, за сигурно ќе победевме. Меѓутоа, повеќето Македонци на теренот не знаеа дека "архитектите" на војната не сакаа Македонците да победат ; тие сакаа да ја загубат војната и затоа беше контролирана.

До колку грчките комунисти сакаа Македонците да се здобијат со своја неовисност, како што им ветуваа, во тој случај би им дозволиле да ја водат војната на начин кој го побаруваа; би им дозволиле да имаат свои воени старешини, да си изберат врста и број борбени единици кои Македонците ги бараа, да изберат битки кои би си ги избрале сами и т.н.т. Грчките комунисти не им дозволија вакви нешта, зошто сакаа да ги контролираат нивните воени деиствија на теренот. Но за да ги контролираат македонските движења, Грците требаа да се инфилтрираат во македонските средини, со цел да ги контролираат и насочуваат спрема плановите, кои самите ги правеа без учество на Македонците. Особено вниманието го насочуваа кон македонските лидери во НОФ и со тоа ги тераа да се движат таму, каде ќе им наредат да одат. Потоа, откако КПЈ му ја препушти контролата врз НОФ на КПГ, Захаријадис ја превзеде целата контрола во своите раце и ја манипулираше целата ситуација на воените деиствија и исходот на војната. Ова не беше случајност; беше планирано намерно да биде така.  Дури и генерал Маркос беше отстранет, бидејќи одби да влезе во "фронтална" војна со непријателот. Маркос знаеше, дека партизанскиот начин на војување, удри не надејно и потоа повлечи се, беше успешно и по безбедно. Кога би ги поставил фронтално и во стациониран положај, брзо би биле уништени. Меѓутоа тие старешини над Захаријадис немаа намера оваа војна да се продолжува, зошто нивните планови беа дизаинирани партизаните да бидат ликвидирани што побргу.

Захаријадис го смени генерал Маркос од неговиот положај и самиот ја презеде војната команда. Ги постави партизаните фронтално и ги изложи на положај без излез.

"... Кога Маркос одби да се повлече од својот положај, Захаријадис го обвини за шпијунажа и го испрати во Русија на ментална терапија. Кога тркалото на историјата зеде друга насока, генерал Маркос испрати писмо до ЦК на КПСС во кое Захаријадис го обвини  за предавство и шпијунажа. Спрема Маркос, главната причина што го испратил писмото не било да го обвинат Захаријадис, туку да ги расчисти неточните оговарања, кои кружеле околу неговата личност. Маркос сакал да се дисасоцира од Захаријадис и да докаже, дека тој не е агент и шпијун  на Британските служби, како  Захаријадис..." (Стојан Кочов)

 

ИНФОРМБИРОТО И СУДИРОТ НА

ТИТО И СТАЛИН

Откако Демократската Армија на Грција - ДАГ, беше уништена од силите на грчката влада, Захаријадис, како би го одвратил вниманието од себе, го обвинил раководството на НОФ. Дека тоа било криво за губењето на војната, бидејќи спрема Захаријадис, "тие работеле за Тито" и биле негови агенти.

Ова  беше уште една нечесна игра која би требала да фрли сенка на некоја друга страна, далеку од него, како не би се открило дека баш тој е виновен за војниот неуспех и уништувањето на грчките комунисти и  протерувањето на  Македонците, и дека баш тој, Захаријадис, бил  британски шпијун.

Многу порано Сталин им наредил на двајцата, Тито и Захаријадис, да ја прекинат војната во Грција, не заради што била без плодна, туку бидејќи негативно се рефлектирала врз Сталина и на спогодбата која ја имал со Черчил. И згора на тоа, тој не знаел како ќе реагираат САД, до колку овој конфликт би се продолжил или проширил. Сталин бил загрижен  САД да не му се осветат на Советскиот Сојуз, до колку заради некоја причина помислат дека Советскиот Сојуз ги помага воените деиствија во Грција. Сталин не сакал да има никакви врски со тоа. Таа била причината што му наредил на Тито да ја прекине секоја помош на Захаријадис и да  ја прекине војната, што побргу.

Меѓутоа Тито одлучил да му се спротивстави на Сталин, вероватно, јас препоставувам, бидејќи направил таен договор со Британците за "уништување" на Македонците? Во секој случај, ваквото однесување на Тито го налутило Сталин, што придонесе одстранување на Југославија од Коминтерната во Јуни 1948 година. Тито беше обвинет за непослушност, па по наредба на Сталин, сите власти во источно европските комунистички држави ги прекинаа сите политички и други врски со Југославија.

Тоа беше крај на нивното пријателство и од тогаш Тито и Сталин постанаа крвави непријатели. Таа ситуација ја искористи Захаријадис и за се' го обвинуваше Тито, вклучувајќи го продолжувањето на војната во Грција, поразот над партизаните и уништувањето на можноста за замена на политичкиот систем со комунистички.  Со други зборови, да би ги сокрил своите сопствени погрешни акции и да не биде  откриен дека баш тој бил британски агент, Захаријадис, ги префрлувал сите причини за неуспесите во Грција врз Тита и НОФ и дека тој, лично, немал ништо со тоа. Ваквата положба меѓу лидерите уште повеќе ја продлабочиле поделбата меѓу Македонците, зошто Захаријадис успеа своите лаги и не вистини за губењето на војната да им ги пренесе како грешки на лидерите на НОФ кои го следеле Тито и неговата агенда, која водела до саботажа на нивната војна, во што многу и му поверувале. 

За несреќа, Сталин се сложил со Захаријадис и ги протерал лидерите на НОФ во далечните Сибирски логори на издржување доживотни казни. После смртта на Сталин, не најдувајќи никаква кривица, лидерите на НОФ биле ослободени и вратени назад во Југославија како "херои", без обзир што беа учесници во играта за уништување на својот народ.

По нивното враќање во Република Македонија, скоро сите членови на НОФ беа примени со отворени раце и наградени со станови и високи положаи во државните институции за да се грижат за добробитот на бегалците, вклучувајќи ги и борците, кои беа расфрлени по источно европските земји и СССР.

И сега замислете си како се чувствуваа поранешните борци,  кога се вратија назад и се сретнаа со поранешните лидери, "предавници", задолжени за нивната судбина... пак...Се сеќавате што им зборуваше Захаријадис на македонските борци дека причините за губењето на војната и терањето надвор од нивните домови и нивната татковина беше предавството на овие исти луѓе од НОФ?

Пред едно десет години имав прилика да бидам сведок во една кавга помеѓу двајца Македонци, кога оној кој го подржуваше Захаријадис тврдеше дека "Захаријадис бил во право". Овие Македонци кои се бореа под негово заповедништво веруваа дека Захаријадис бил "херој" а лидерите на НОФ "предавници". Уверен сум дека никој, нарочито оние кој го "обожава" Захаријадис, беа подготвени да поверуваат дека биле злоупотребени од Захаријадис и принудени да работаат против интересите на нивниот сопствен народ. Никој не сакаше да верува дека, сепак сите тие биле излагани и држани за будали и дека  се бореле да го уништат она во што верувале дека се борат, да го заштитат и сочуваат. Дури и многу од водството на НОФ му верувале на Захаријадис... се' дури на крајот, не беа навистина предадени, лично од него.

Да бидат работите уште полоши, бегалците кои се враќаа во Република Македонија, заедно со борците, не беа примени како добре дојдени. Одма после пристигнувањето во Скопје, беа упатени во Идризово на испитување, третирајќи ги како криминалци и со недоверба. Една жена со три мали дечиња беше затворена цели два дена, за на крајот да почнат да ја испитуваат и да утврдат дека не е крива за ништо. Жената барала објаснување зошто ја третирале на овај начин. Што згрешила, но не добила одговор.

Заправо што ги испрашувале луѓето за време на овој процес? Најважно прашање било во кого се заколнале за Тито или Стали? Лошо се провеле сите оние  кои  рекле за Сталин, бидејќи и "денес", можеби, трунат во некои темни зандани.

Јас се распрашав за овие настани и да ли се' уште некој се наоѓа во логорите од тие времиња... само некои кои пателе од "ментални болести"...ми одговорија.

Да бидат работите и полоши, Македонците кои дезертирале и биле маркирани како "предавници" или "дезертери" од Комунистичката партија на Грција и како борци  на Демократската армија на Грција (ДАГ), биле задолжени да ги испитуваат своите соборци и да доставуваат потребни податоци, на одредени органи на власта.

Ова болело како да им ги триете со  сол,  се' уште крвавите и не зацелени рани.

 

Продолжува

**************

ДЕМЕТРИЈ ПРВИ

****************************

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ  18

******

 

Превласта на Антигон и на Деметриј I 

 

Откако го освојува Евмен, Антигон станува единствен владател во Азија. Во Бабилон му се укажани царски почести (Селевк како сатрап е аменет од Бабилон и бега кај Птолемај) Со големото богатство од Истокот, Антигон со воена поворка, во која има и каравани од камили, тргнува во нов поход кон запад. Сето ова предизвикува страв меѓу другите дијадоси, кои поново се организираат сега против Антигон. При опсадата на градот Тир - 315 г. пр.н.е., Антигон ја свикува македонската војска на собрание за да го реши прашањето за највисоката власт. Антигон говори како единствен претставник на македонските цареви, го обвинува Касандар за убиството на Олимпијада и за апсењето на малиот Александар и мајка му Роксана и бара да бидат ослободени.

Во 311 г.пр.н.е. склучен е мировен договор помеѓу дијадосите, но при тоа уште еднаш се дели Царството: Касандар останува стратег на Европа, до полнолетството на Александар IV; Лисимах е господар на Тракија; Птолемај на Египет; додека на Антигон му е дадена "цела Азиа", освен источниот дел, во кој владее Селевк.

Очигледно е дека со Царството почнуваат да владеат нови владатели, кои веќе не се грижат за царското семејство. Од 310-309 или 308-307 г.пр.н.е., кога Касандар тајно во Амфипол ги убива Александар IV и неговата мајка Роксана, завршува владеењето на варската династија Аргеади.

Во периодот од 311 до 301 г.пр.н.е. дијадосите војуваат на секаде и на територијата на Тракија и на онаа на Хелада и во Мала Азија и во источното Средоземје.

Антигон војува со Селевк во Бабилониј, а во текот на 307 г.пр.н.е. му испраќа на својот син Деметриј I голема флота од 250 брода и пари за наемници за да навлезе во Атина.  По победата над македонската војска на Касандар, Деметриј прогласува ослободување на Атина и враќање на нејзината демократска власт. Градот со воодушевување ги прогласува Деметриј и Антигон за спасители и доброчинители, им подига златни статуи и им прави уште  многу други почести и свечености.

Во познатата опсада кај добро утврдениот град Саламина, Деметриј го добива својот  славен прекар Полиоркет, зошто за прв пат ја применува својата вештина на опсадување градови; на подножјето на sидовите гради направи за опсади, меѓу кои е џиновската справа хелиополис, висока 44 метри, на девет ката, монтирана на четири тркал, начичкана со овнови (направа за уривање на sидови), катапулти и балисти (направа за фрлање камења). Во Саламинското пристаниште се судираат војските на Деметриј и Птолемај - кој ја губи битката, а делови од неговата војска и коњица преминуваат на страната на Деметриј.

Антигон и Деметриј загосподаруваат со Егејското Море и со источното средоземје, а со акламација на војскат се прогласуваат за басилевси. По овој пример Птолемај, Лисимах, Касандар и Селевк, во текот на 306-305 г.пр.н.е. се прогласуваат за басилевси-цареви на оној дел од Царството со кој владеат. Со тоа Царството на Александар е поделено на пет дела.

Антигон не се помирува со својата територија и сака да завладее со Египет; слично како и Пердика и тој е спречен со надојдениот Нил, а еден дел од неговата војска преминува на страната на Птолемај. За да го блокира Египет, Антигон го напаѓа Родос, а Деметриј 305-304 г.пр.н.е. ја организира најголемата опсада во историјата: ангажирана е голема војска, употребени се бродови, воени направи и џиновски машини (повторно хелиополисот, сега монтиран на осум тркала, за чие придвижување биле потребни 3.400 војници).  Опсадата трае цела година, граѓаните на Родос очајнички се бранат, а на крајот се стасува до преговори. По оваа опсада за Деметриј се говорело дека ниту еден град не може да му спротивстави.

По освојувањето на градовите на Пелопонез, во 302 г.пр.н.е. Деметриј ги повикува Хелените во Коринт за да потпишат договор за сојуз кој со содржината е ист како и оној од 337 г.пр.н.е. склучен помеѓу Филип II и хеленските полиси, со таа разлика што Антигон и Деметриј се запишани како басилевси, не како хегемони. Навистина, Деметриј се однесува како апсолутист и во Атина неограничено ја изразува својата волја.

Во следниот воен сојуз се здружуваат Касандар, Лисимах и Птолемај, секој со свој интерес, против Антигон и Деметриј. Пресудната битка се случува во Фригија кај Ипс 302 г.пр.н.е. Причината за поразот можеби е староста на Антигон, кој веќе има осумдесет години. По оваа битка, во која загинува Антигон, азискиот дел на Царството повторно е поделен: Лисимах ја презема Мала Азија до Таврос, Селевк Ерменија, Каподикија, Месопотамија и Сирија, а Птолемај останува во Египет.

 

Продолжува

************

 

Kind regards : 10 мај 2017

Sotir Grozdanovski broj 68