Екатерина Захариева

 

ИНТЕРВЈУ СО ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА БУГАРИЈА И ПОДПРЕДСЕДАТЕЛКА НА БУГАРСКАТА ВЛАДА

************************

И ако, овој пат, немав намера  да ви се јавувам со свои размислувања за актуелните настани во Македонија или за претстојните локални избори за градоначалници во нашите градови, сепак, неможев да бидам спокоен и рамнодушен, а да не ви се јавам и да ве известам за размислувањата и изјавите на Захариева, во поглед на потпишаниот Договор за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Интервјуто трае 14 минути на Видео запис, но многу повеќе во пишана форма.

Сметајќи дека многу од нашите читатели се' уште не се доволно запознати  со содржината на тој Договор но и со вистинските нечесни и непријателски размислувања за нас Македонците,  ( отворено речено непостоечки како посебен народ во Република Македонија но и на секаде до каде тие живеат, посебно во егејскиот дел на Македонија каде по нивна проценка живееле над 200.000  Бугари, а не Македонци итнт. ) одлучив да ви го пренесам разговорот со министерката Захариева. Да ви го донесам во потполност, па да видите со кого имаме работа и со кого Зоран Заев  разговара и договара "добрососедски и добронамерни односи", како капара за влез во НАТО и ЕУ. 

Како круна, пак, на нејзините добрососедски и пријателски размислувања и искрени желби, при крајот на својот интервју го истакна следното:

"Знаете ли дека  во Бугарија, според бугарскиот Устав, секој има право да се самоопредели, како што ќе одлучи?  Јас силно се надевам дека и во вашата држава ќе дојде такво време, кога некој ќе се декларира како Бугарин, Албанец, Турчин, Ром и да биде рамноправен со сите останати (веројатно мислејќи на без имените Македонци)"

Вакви изјави можат да изречат само нашите соседи. почнувајќи од Грците, Бугарите и да завршам со Албанците. Но  раката на срце и многу македонски интелектуалци, не вбројувајќи ги само лидерите на СДС на чело со Зоран Заев, кој со право го зазема челното место во групата на недоветните, како на пример Фрчковски, Најчовска, Калајџиев, Грчиќ и т.н.т., кои навистина направија ЌЕНЕФ (по зборовите на професорката Најчовска Мирјана) од нашата прекрасна Македонија.

Но, да не губиме време и простор, со нив и така избришани од списокот на македонскиот народ, ајде да почнеме од почетокот до крајот со разговорот на Екатерина Захариева, одржан во студиото на ТВ 24 Вести во јули месец 2017 година, па после тоа да донесеме заеднички заклучок, навистина, со кого имаме работа и дома и надвор од Македонија. Да видиме со кого имаме работа и кој ни ја води македонската држава, но и дали воопшто може таков човек, како Зоран Заев да биде претседател на било која македонска влада, во било кое време.

Затоа на претстојните локални избори на 15 октомври 2017 година треба со полн и заеднички глас да им речеме на градоначалниците од СДС, на нивниот водач Зоран Заев и на целата предавничка и ненародна влада:  СИКТЕР ОД МАКЕДОНИЈА!

***********

Па, да почнеме :

ПРАШАЊЕ  01: Госпоѓо Захариева, дали Берлинскиот процес, односно агендата Берлин Плус може да биде замена за влез во ЕУ и формирање на нов балкански сојуз за заеднички економски пазар?

ОДГОВОР: Ако ме прашувате дали Берлинскиот процес ќе го замени полноправното членство во ЕУ, не мислам дека тоа е неговата идеа. Точно е спротивното. Тој е да му помогне на државите од Западниот Балкан во спроведувањето на нивните реформи, да бидат поврзани меѓу себе и со своите соседи и да имаат брза транзиција и побрз процес на пристапување. Вистината е, дека Берлинскиот процес трае повеќе години, околу десетина, но сега во Трст беше поканет и нашиот премиер, всушност со подршка, знаете, таму беа и многу други претставници од Европа, меѓу кои и од државите на Западен Балкан. Во Трст, Македонија ги доби едни од најголемите суми за Коридорот 8, кој што ќе ги поврзи Италија, Албанија, Македонија и Бугарија. Вистината е, дека Берлинскиот процес и посветеноста на тие држави, кои ги набројав, значат подржка на Европската Унија за членство, но, се' е во рацете на владите на Западниот Балкан. Колку подржка ние да даваме, без реформите, без добрососедските односи, нема Европска иднина.

ПРАШАЊЕ 02: Меѓу приоритетите за време на бугарското претседателствување и проширувањето на Европската Унија, дали и колку се остварливи амбициите на македонската Влада да ја внесе земјата во НАТО под привремената референца ФИРОМ или Поранешна Југословенска Република Македонија и да ги отпочне преговорите со Европската Унија?

ОДГОВОР: Да, еден од основните приоритети на нашето претседателствување, на Бугарија и Тројката, е проширување кон Западен Балкан. Веруваите, не беше лесно тој приоритет да биде вклучен во нашата заложба кој почна, ќе започне и започнува од сега, а реално започнува од 25 октомври оваа 2017 година кога во Бугарија ќе се одржи Советот за правда и внатрешни работи на кој ќе бидат поканети државите од Западен Балкан, министрите за правда и министрите за внатрешни работи. На единствената средба на политичкиот врв, наредната година, во Софија, повторно темата ќе биде западниот Балкан. Ако зборуваме  реално, и тоа е веродостојно, знаете дека има редица на препораки, 75 основни приоритети и планови за реформи кои вашата Влада треба да ги исполни. Знаете дека на почетокот на 2001 година до 2004, кога изгледаше дека Македонија доста брзо се движи во процесот, кога 2005 година добивте кандидатски  статус, но, од 2005 година до сега како може да се примети, го подзапревте темпото. Се радувам што оваа Влада го постави како основен приоритет исполнувањето на препораките за реформи, судски, административни, медиумски, борба со корупцијата и ред други реформи, така што реално ќе зависи од темпото на реформите.

ПРАШАЊЕ  03: Дали е реално Македонија да влезе во НАТО со референцата ФИРОМ?

ОДГОВОР : Знаете, Бугарија е една од првите држави, всушност првата која во јануари 1992 година ја призна Република Македонија. Вистината е дека треба да ги решите  прво проблемите со сите соседи. Да,  така ќе има голема веројатност. Ние и до сега го подржувавме партнерството и преговорите со НАТО, но треба  и таму да исполните ред препораки и се надевам дека скоро, како што започнавме со решавањето на проблемите со Бугарија,   ќе успеете да постигнете договор и со Грција.

ПРАШАЊЕ 04: Македонците и Бугарите се блиски според јазикот, историјата, обичаите, па дури и музиката. (Па и поговорките ни се доста блиски и слични - додава Захариева). Зошто беше потребно толку време да помине  политичките елити да постигнат договор и да ги надминат разликите околу одредени историски и јазични прашања?

ОДГОВОР: Основно, заради политичарите, кои за жал ги стимулираа историчарите, дали финансиски, дали идеолошки, да ги разединат двете држави. Така, да се радувам што ние, политичарите созреавме доволно, за да го склучиме овој Договор и да дадеме пример на нашите граѓани затоа што вистината е, како што и самите кажавте, и сте целосно во право, дека сме исклучително блиски. Над 500.000 туристи од Република Македонија ја посетуваат Бугарија и над 350.000 граѓани на Република Бугарија ја посетуваат Македонија. И вистина е, кога ја искривуваме историјата и кога создаваме омраза кон соседите, единствениот резултат од тоа е изолација. Изолација, која за жал продолжува толку години овде.

Ние навистина сме добронамерни и знаете, јас ги поздравувам  двајцата премиери затоа што ја сносат политичката одговорност со потпишувањето на овој Договор. Затоа што им дава иднина на граѓаните, дава иднина на младите луѓе, дава иднина на Република Македонија за европски напредок и поврзаност. Потпишавме денес, освен Договор за добрососедство, пријателство и соработка, Меморандум на двете министерства за транспорт и врски, за поврзаност со Коридорот 8, Меморандум помеѓу министерот за енергетика на Република Бугарија и министерот за економија на Република Македонија за гасоводна поврзаност, кој и пред да стапи во сила, започнува да функционира.

ПРАШАЊЕ 05: Властите и во Скопје и во Софија се соочија со критики и несогласување со содржината на Договорот. Од каде толку не доразбирања помеѓу владите и политичарите и научниците?

ОДГОВОР: Да, јас се радувам дека бугарското Собрание едногласно, меѓу другото, ги подржа напорите на бугарската Влада за потпишување на Договорот за пријателство и добрососедство. Се надевам и ја повикувам вашата опозиција да разбере дека политиката на остар национализам не води до поврзување на нацијата. Води точно кон спротивното. Се надевам, вашата опозиција ќе разбере дека Договорот е пред се' добар за двете страни, независно од пофалбите кои ги добивме од Европската Комисија, пофалбите кои ги добивме од Германија и Франција. Тој пред се' е добар за граѓаните на двете држави.

ПРАШАЊЕ 06: Госпоѓо Захариева, речиси 80% од Договорот за добрососедство бил осогласен помеѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија уште во мандатот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ (би рекла дури 90%, додаде Захариева), зошто сега има толку голем отпор од поранешниот премиер Никола Груевски во однос на потпишувањето на Договорот?

ОДГОВОР: Навистина не наоѓам основа за забелешки и уште повеќе што не 80% туку 90% од текстот на Договорот беше скоро договорен. Но факт е дека не беше потпишан. Јас, како политичар, на некој начин ги разбирам внатрешно политичките спротивности помеѓу владеачкото управување и опозицијата, но одговорната политика, независно дали е во владеачка позиција или во опозиција, би требало да ги подржува активностите на тие што управуваат и ја водат државата кон европскиот напредок и сојузништво со НАТО. Така, да јас не наоѓам основа за критики и затоа ја повикувам опозицијата да го подржи овој Договор и уште повеќе, што голем дел од преговорите, вклучително официјални изјави на поранешниот премиер Никола Груевски и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов биле за потпишување на Договорот за прославување на заедничката историја. И тоа со официјални изјави со писма од Претседателот Иванов до Претседателот на Бугарија Плевнелиев; писмо од министерот за надворешни работи на Македонија до министерот на Бугарија. Спрема тоа, треба да отпочне изградба на доверба помеѓу двете држави. Ќе биде потребно време и сите треба да бидеме свесни за тоа. Договорот не значи 100% доверба, но тоа од своја страна значи дека политичарите од двете држави се на нивото на тоа да работаат за општа иднина на граѓаните од двете држави и јас силно се надевам, сите политичари од двете држави треба да работаат на тоа. Се разбира, во Договорт е предвидено да се оснива Комисија на паралелни принципи. Да ја оставиме историјата на историчарите и нека историјата не обединува  како што се случува во современа Европа и во современиот свет, а не да не разединува.

ПРАШАЊЕ 07: Македонија и Грција треба да постигнат Договор околу разликите за нашето име. Дали со потпишувањето на Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за добрососедство  се отвора патот за пофлексибилни решенија во затворањето на отворените прашања во регионот, вклучувајќи го и спорот околу нашето име?

ОДГОВОР: Знаете, навистина на   примерот кој го дава македонската Влада, и јас се повикувам на најавите на премиерот Заев за решавање на проблемите со соседите, бидејќи како што си зборуваме, кога имаш проблеми со тројца од четирите соседи, можеби би требало да се замислиш каде е проблемот, дали кај соседите или кај тебе...

Од оваа гледна точка се надевам дека разговорите со Грција би требало да продолжат со поголем интензитет. Единственото кое Бугарија го има, како желба, е решението со прашањето за името да не биде поврзано со северни географски поими, бидејќи, така или онака, во Бугарија исто имаме Пиринска Македонија и фактот е дека, јас мислам, дека треба да има добронамерност од сите влади.

Зборував со мојот грчки колега г-динот Никос Коцијас но и со мојот македонски колега г-динот Никола Димитров. Силно посакувам, ние, политичарите еднаш да се научиме како да правиме компромиси, бидејќи политиката и потпишувањето на договори за решавање на спорови се и компромиси и на двете страни.

ПРАШАЊЕ 08: Ќе ви цитирам дел од изјавата на Борис Борисов од 2012 година кога тој вели: "Кога е името со географска одредница, тогаш се создава опасен преседан". Дали Бугарија ќе се противи на секое решение кое Македонија и Грција ќе го постигнат?

ОДГОВОР: Не, не, не е така. Не значи тоа, туку дека не би можеле да се согласиме со решение кое е поврзано со Северна Република, Горна, бидејќи тоа за нас е Пиринска Македонија. Но, со сигурност тоа е разговор на две автономни држави: Република Македонија и Република Грција. Но исто така, како што реков пред малку, за нас има решението важност до колку е врзано со делови од Бугарија. 

ПРАШАЊЕ 09: Неодамна се сретнав со граѓани на Бугарија и така разговаравме и потоа ми одговорија на едно мое прашање дека се Бугари од македонско потекло. Ме интересира, што станува со Турците од бугарско потекло?

ОДГОВОР: Знаете, според бугарскиот Устав, во  Бугарија секој има право да се декларира и самоопредели како што сака. Јас силно се надевам, дека и во вашата држава ќе дојде време кога некој слободно ќе може да се декларира како Бугарин, Албанец, Турчин, Ром и да биде рамноправен со сите останати.

Така, што според бугарскиот Устав, секој може да се декларира како што сака. При последниот попис имаше луѓе кои се декларираа как Џедаи. И сите спрема бугарскиот Устав се рамноправни и никој неможе да ги дискриминира. Исто така, спрема бугарскиот Устав, Бугарија не може да се меша во внатрешните работи на друга држава и да има претензии спрема неизините граѓани, а може да ги брани своите граѓани надвор од Бугарија.

ПРАШАЊЕ 10: Значи, после потпишувањето на овој Договор за добрососедски односи, Бугарија ќе биде еден од главните лобисти на Република Македонијана на патот кон НАТО и ЕУ?

ОДГОВОР: Се надевам дека Договорот ќе се почитува, бидејќи разбрав, оти на националната телевизија на денот на потпишувањето ќе биде емитуван нај анти бугарски филм, така да самото потпишување, кое е многу важно и значи зрелост на политичарите, треба да започне и да се реализира. Но со сигурност Бугарија е голем заштитник на Република Македонија на патот кон НАТО и кон Европската Унија. И не само тоа, туку и на патот кон отворена, добронамерна, поврзана, просперитетна, демократска и таква, што ги почитува правата на граѓаните, Република Македонија.

 

Госпоѓо Захариева,

Ви благодарам на разговорот.

КРАЈ

********************** 

Е, ПА НЕКА НИЕ СЕ  НА ЗДРАВЈЕ "ДОБРОНАМЕРНИТЕ" ПОУКИ ОД НАШАТА УБАВА И МУДРА КОМШИВКА. НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ОСТАНУВА САМО ДА ИМ ВЕРУВААТ И ДА ГИ СЛЕДАТ БУГАРИТЕ, ЗОШТО ОД НИВ, НАВИСТИНА, НИ ОСТАНАА САМО "ЧЕСНИ И ДОБРОНАМЕРНИ"  СПОМЕНИ ОД МИНАТОТО.

 


Ваш Сотир Гроздановски

Џејсон Мико

 

ПОНИЗНОСТ КОН ГРЦИТЕ ИЛИ КОЈ Е ГАЗДА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Џејсон Мико

*****

Досега на сите ни стана јасно дека актуелната Влада на Македонија е во кампања да го "реши" спорот што Грција го има со името на Македонија. Но, мислам дека се' уште не ни е јасно со колкава посветеност тие се подготвени да се откажат од сопствениот суверенитет и да им се потчинат на Грците. Ова не е прифатлива позиција за една суверена држава.

*****

Оваа состојба најдобро можеше да се увиди во далечната Канада. На 6 август Обединетата Македонска Организација од Канада одржа комеморација по повод 2 август, денот на Илинденското Востание, еден од најважните датуми во македонската историја. Генералниот конзул во Торонто, дипломатот Јовица Палашевски, присуствуваше на собирот и одржа говор. До тука се' е јасно. Но, Владата на Грција реагираше хистерично. Зошто? Затоа што дел од сценографијата на настанот беше историската мапа која ги покажува сите територии во југоисточна Европа на кои Македонците живеат. Грците велат дека ова е мапа на "Голема Македонија" и ја сметаат за "иредентистички симбол".

Како навиено, грчкото Министерство за надворешни работи  на 16 август издаде соопштение во кое ги осудува Палашевски и Македонија и тврди дека ова е "уште еден прекршок" од страна на Македонија. Во своето соопштение, грчкото МНР додава дека "новата влада тврди дека сака да отпочне нова фаза во односите со Грција. Сепак, и покрај промената на раководството на земјата, се гледа дека иредентизмот продолжува да биде доминантна државна идеологија и секојдневна пракса во соседната држава".

Како реагираше македонската влада на ова? Дали се обиде да им објасни на Грците дека се работи за приватен настан и дека мапата е всушност историска мапа која покажува територии на кои етничките Македонци живееле или живеат? Секако дека не. На барање на Грција, Палашевски беше отповикан назад на "конзултации". Останува да видиме, дали воопшто ќе се врати во Канада.

Обединетата македонска дијаспора го осуди овој, според мене, кукавички чин, велејќи дека "Палашевски бил поканет како гостин - говорник на настанот организиран  од канадско-македонската заедница при што мапата на историска, географска Македонија не треба да биде сфатена како закана за грчкиот територијален интегритет". Од нивната страна Обединетата македонска организација во Канада упати две писма до македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и до македонското Собрание во кои укажува на истото - дека Палашевски бил гостин на настан организиран од приватна, невладина организација, која славела еден од најзначајните македонски празници. Никаква штета не беше предизвикана. И јас самиот имав чест да говорам пред оваа организација во 2016 година и стоев под истата мапа. Но, сепак, македонската влада се самопонижи и дозволи Македонија да биде понижена со прифаќање на грчките услови. Ова не е случај во кој две еднакви страни културно дискутираат едно прашање околу кое имаат несогласување: ова е ситуација во која инфериорна страна се понижува пред супериорната страна. Ова само ќе ги охрабри Грците да се однесуваат уште полошо во разговорите.

А оваа состојба ќе продолжи се' додека актуелната влада е на власт. Како што напишав во август,  можеме да очекуваме истото ова да се случува и во односот со Бугарите. Во така наречениот "договор за добрососедство" потпишан меѓу Македонија и Бугарија, особено во членовите 11 и 11.б, Македонија се обврзува да преземе ефективни мерки за да се спречи негативна пропаганда од страна на "институциите и агенциите" и да се "обесхрабрат активностите на приватни единки" (тука се мисли на приватни граѓани, компании, верски организации, НВО-а и т.н.т.) кои би поттикнале "насилство, омраза или други слични акти" кои би ги нарушиле односите меѓу Македонија и Бугарија. Јас не сум приврзаник на модерниот тренд да се лепат етикети на "говор на омраза" и овој член од договорот покажува колку се апсурдни ваквите состојби (луѓето треба да смеат да кажат што сакаат - што е различно прашање од обврската да се има лична одговорност и да се исполнува оваа обврска). Во овој случај, доколку приватен граѓанин, компанија или друга институција каже и/или пренесе говор за кој Бугарите сметаат дека е "говор на омраза", тогаш Бугарија ќе поднесе официјално барање до Владата на Македонија да го спречи овој вид на слободен говор. Доколку Владата на Македонија не го стори тоа, тогаш бугарската Влада ќе одбие да ја подржува Македонија во нејзините аспирации кон НАТО и Европската Унија. Ако пак македонската Влада ја сузбие слободата на говор, тогаш ќе имаме уште поголеми проблеми. Но, во трката да се испофали овој договор, како што се залетаа и амбасадата на САД и амбасадите на другите западни држави, овој момент или не беше земен предвид, или, што е поверојатно, на амбасадорите не им беше гајле за него. Во секој случај, Бугарите ќе се спротивстават на слободата на говор на поединци и на слободата на македонските медиуми, во ситуации кога Македонците ќе ги земат во одбрана, преку говор, преку пишување, правата на Македонците во Бугарија, или пак кога ќе посочат дека Бугарија го негира постоењето на Македонците и на македонскиот јазик. Бугарите, во име на "добрососедските односи" ќе бараат да биде ставен крај на овој вид слобода на говор и слобода на медиумите.

Очекувајте нови вакви ситуации во односите и со Грција и со Бугарија, бидејќи Владата на Македонија се обидува да ги исполни нивните желби на секој чекор - и со тоа се откажува од македонскиот суверенитет, достоинство и од се' што е суштинско за една горда, независна, национална држава со историја, култура, име и идентитет.

svest.mk,  28 септември 2017 г.

******************************* 

Александар Вучиќ

КАКО ТОА ВО КАТАЛОНИЈА НЕ ВАЖИ РЕФЕРЕНДУМОТ А КОСОВО МОЖЕ И БЕЗ РЕФЕРЕНДУМ?

**********

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојни аршини и лицемерието на светската политика.

***

- Што кога сега јас ќе одам во Брисел? Кое прашање да го поставам? Како да им кажам: 'А зошто ние, Србите, бевме најлошо третирани'? Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум?, праша Вучиќ на заедничката прес. конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Вучиќ додаде дека и покрај се', Србија ја гледа во ЕУ и поради типот на општството на кое сака да припаѓа и поради подобрата економија.

- Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна, истакна Вучиќ.

 

tvnova.mk, 02 октомври 2017 г.

*******************************

 

Петар Карпош 1655-1689

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

************************

ДЕЛ 47

Македонија под османлиска власт

(од XIV до крајот на XVIII век)

 

 

 

9. Отпорот против османлиската власт

Процесот на внатрешните општествени промени и надворешните воени порази што започнале да го поткопуваат османлискиот феудален систем биле причина за засилување на експлоатација и за влошување на положбата на рајата, особено на христијаните. Тоа предизвикало реакција од нивна страна и тие започнале да се спротивставуваат на се' потешките обврски спрема непосредниот феудален господар и спрема државата. Во тоа спротивставување биле евидентни две основни тенденции. Едната имала социјален карактер и била насочена против прекумерната експлоатација и угнетување, додека другата ги изразувала, до извесен степен, ослободителните стремежи на поробеното население.

Спротивставувањето на економската експлоатација најчесто се изразувало . низ неоружен отпор, кој се пројавувал на различни начини и форми. Широко распространетите форми биле напуштањето на земјата и одењето на други земјишни парцели, преобразувањето на ораниците во лозја, бавчи и градини, криењето за време на пописите или за време на собирањето на даноците, неплаќањето на даноците и сл. Така, 1655 година, судот во Битола донел одлука на селаните од селата Острец, Кишево, Скочивар и Трново за последните три години да не им зема данок со цел тие да се вратат во домовите што ги напуштиле. За намалување на економскиот притисок селаните, исто така, се служеле и со постојани поплаки и молби упатени до високите органи, жалејќи се на однесувањето на локалните феудалци. Овие поплаки понекогаш прераснувале во буни, доколку и државните органи не преземале соодветни мерки за заштита. Таква е Мариовско-прилепската буна, која избувнала есента 1564/1565 година, кога христијаните го тужеле управникот на хасот на везирот Мустафа-паша, во чиј состав влегувале Прилеп и Мариово, дека спротивно на шеријатот земал големи парични казни. Судот не ги признал аргументите на селаните, а војводата ги обвинил дека веќе две години не ги плаќале давачките и побарал тие давачки да бидат наплатени. Тогаш повеќе од 1000 селани, со стапови и камења во рацете, се собрале пред вратите на судот и сакале да влезат внатре. Но, благодарејќи на бројноста на муслиманите во градот,  бунтот набргу бил смирен. Истото се повторило и наредната 1565 година. Вакви буни што имале локален карактер особено зачестиле од втората половина на XVI век па натаму и особено биле присутни во Западна Македонија.

Една од најраширените и најстари форми на оружен отпор против османлиската власт било и ајдутското движење. Оваа општествена појава во XV и XVI век имала силни белези на друмско разбојништво, наследено од средниот век, без никаква врска со организиран отпор против власта. Претворањето на земјата на христијаните во чифлизи му дале на ајдутството поорганизирана форма на социјално движење. Веќе кон крајот наXVI век во изворите се регистрирани првите напади на спахиските имоти и чифлизи од страна на организирани групи од христијани. Иако ова движење имало претежно стихиен карактер и често се сведувало на разбојништво, тоа било еден од  најдолготрајните облици на отпор. Ајдутите, организирани во дружини од 20 до 30 лица обично дејствувале во периодот од мај до ноември, односно од Ѓурѓовден до Митровден, кога можеле да најдат засолниште во планините. Преку зима се засолнувале кај своите јатаци, а нивни чести засолништа биле манастирите. Акциите на ајдутите се состоеле од напади на феудални имоти и убиства на феудалците, палење на чифлизите, грабење  и убивање на добитокот, растерување на работната сила и сл. Честа мета им биле и трговските каравани и собирачите на данок, кои ненадејно биле напаѓани од заседа. Мерките на османлиските власти против ајдутите биле енергични и сурови, но тие сепак не успевале да го спречат нивното постоење. Фатените ајдути најчесто биле осудувани на смрт, а во најдобар случај биле испраќани на доживотна робија како веслачи на галии. Ајдутството особено се засилувало во време на војните на Османлиската Империја со европските држави. За време на Австро-турската војна 1683 до 1699, во североисточна Македонија ајдутскиот водач  Карпош создал територија врз османлиската држава немала контрола. Во XIX  век ајдутството преминало во својата последна фаза, станувајќи дел од оружената борба за национално ослободување. Ослободителните борби на балканските народи од XIX  и во почетокот на ХХ век биле во директна врска со ајдутството, кое социјалната форма постепено ја замениле со политичко-национална идеологија.

Уште од најраниот период македонското население се вклучило и во организираните оружени борби против османлиската власт. Во втората половина на ХV век  тоа активно учествувале во востанието на Скендербег. Востанието започнало во 1443 година и зафатило дел од македонската територија во пределот на Дебарската област. Едно од најзначајните упоришта на востаниците бил Светиград (Kоџаџик)  во Дебарска жупа. Неколку значајни и големи битки меѓу востаниците и османлиската војска  се одиграле на територија на Македонија, а вонив учествувало и македонското православно население. Востанието конечно било задушено 1478 година. По неговото задушување мнозина албански христијани и помал дел од македонското население емигрирале во Јужна Италија, во Калабрија и на Сицилија.

Едно од најкрупните оружени востанија на територијата на Македонија во класичниот османлиски период било Карпошовото востание. Ова востание било подигнато во октомври 1689 година, во североисточна Македонија. На чело на востанието стоел ајдучкиот старешина Карпош. по кого и востанието го добило своето име. Карпош бил старешина на голема ајдучка дружин и дејствувал на планината Доспат, како и во околината на Ниш, Врање, Лесковац, Пирот. Еден краток период бил и мартолозбаша, одговорен за гонење на ајдуците, назначен на таа позиција од страна на османлиската власт, со цел да го придобие. Но, кога во рамките на големата Австро-турска војна 1683-1699 година австриските војски, во октомври 1689 година напредувале во Македонија, тој во кумановско-кривопаланечкиот крај започнал востание против Османлиите. Покрај успехот на австриските војски, причините за востанието лежеле и во тешката економска и социјална положба на христијанската раја. За време на востанието, за краток период била создадена територија од каде била истисната османлиската власт. Главно упориште на таа територија  била касабата Крива Паланка. Но веќе во ноември османлиската војска извршила решавачки напад против Австријците и против востаниците на Петар Карпош. На чело на овие војски се наоѓале сераскекрот Коџа Махмуд-паша и ханот на кримските Татари Селим Гирај. Во деновите меѓу 24 и 28 ноември, надмоќните војски на Селим  Гирај, без поголем судир, првин ја зазел Крива Паланка, која била напуштена и запалена од страна на востаниците. Потоа, кај новоизграденото утврдување пред Куманово, тие ги поразиле востаниците, заробувајќи го притоа и Карпош. Оттука, Селим Гирај  со војската се упатил кон Скопје, во кое влегол без борба, бидејќи австриските војски, откако го запалиле градот, го напуштиле. Кримските Татари поставиле логори во Скопското Поле и оттука се впуштиле кон Тетово, Велес и Мариово, гонејќи ги востаниците. Востанието било задушено, а Карпош, во почетокот на декември 1689 година, по наредба на Селим Гирај, бил погубен во Скопје. Востанието на Карпош претставувало прв позначаен обид на македонското  христијанијанско население да се спротивстави на османлиската власт. Се' до ХIX век, во Македонија немало друг посериозен обид за бунт или востание.

За време на оваа Австро-турска војна австрискиот цар Леополд I, во текот на 1690 година, упатил неколку апели за помасовно вклучување на христијаните од Балканот на страна на Австријците. Во овие апели на сите балкански народи им била ветувана заштита од моќната империја. На 26 април суверенот на Австрија упатил посебно заштитно писмо, кое се однесувало само на Gens Macedonica. Меѓутоа, целта на овие апели за мобилизирање на христијаните на страна на Австријците не бла постигната и тие немале посериозно влијание врз расположението на балканските христијани.

 

Продолжува

 

Ѓорѓи Пулевски, Галичник 1817 - Софија 1893

ТРГНАТИ СМЕ ДА СЕ БИЕМЕ ЗА

МАКЕДОНИЈА

 Слобода или смрт, трето нема

****************************

Писмо од Ѓорѓи Пулевски

до Деспотот Баџовиќ 1878 година

 

"Предраг мој Деспоте,

Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Кузман и му писах да дојде тука и да собери колку што може поголемаа чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за ошчо сме тргнати да се биеме за Маќедонијата. И не само азе, туку всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода или смрт, трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот.

Неколку дена напрет дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш Деспоте, како искаш добруволец и  ветиш 1000-2000 добруволци. Тоа јет убаво и преубаво. Ама азе ќе ти речам да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешто лошо. Ту Болгарите се подигравает сос нас и вратат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на болгарско.

Да ти кажам, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим ув Турско и се биеме за нашата слобода, ама не поштает. Кладоа огон и сега искат поеќе тревога пред Јевропа. Еве, мојте војници се растурају полека, а и азе немат заошто да чекам.

Ако навистина имаш 1000-2000 добруволци, молим серпската влада да помогнит, есапам почовечки сет. Тугаш и јазе сос чета ќе дојда, а и другите чети ќе кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север.

Писмово мое не го давај никому, да не го најдит црнокапецот Натаналил.

Јави ми да зема со време мерки!"

 

mn.mk

 

 

Албански "миротворци"

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА

АЛБАНЦИТЕ

И НИВНОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО

МАКЕДОНИЈА

************************

Албанизација на Кичевија

Овој поднаслов го нареков албанизација на Кичевија, а не населување на Албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. 

 ****

Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 година било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци од 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле "Шопки", па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и  поалбанчиле (Т. Смиљаниќ, Кичевија, 440-441).

Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 година. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа(Т. Смиљаниќ, Кичевија, стр. 431).

Селото Бериково било муслиминизирано околу 1785 година, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, пошто мажите им биле на печалба (Т. Смиљаниќ, Кичевија, стр. 437).

Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро - Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљаниќ, Кичевија стр. 444).

Албанците во с. Јагол биле  преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 година. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с. Поповјани, с. Другово и с. Белица првите Албанци се населиле околу 1840 година од Дебар.

 

Продолжува

Александар Македонски 356-323 п.н.е.

УШТЕ ЕДНА ВИСТИНА ДЕКА 

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

НЕ БИЛ ГРК

***********************

Македонија, 13.02.2013.

 

Александар Македонски не можеше да им прости на Грците и брутално ги казнуваше за секоја грешка.

****

Вака меѓу другото, пишува во својата книга "Александар Велики: Теми и проблеми" познатиот американски историчар и професор на универзитетот во Арканзас, Едвард Енсон. 

Енсон е познат во грчката заедница во САД по нивните неуспешни обиди да го натераат да ги смени своите тези дека античките Македонци биле засебен, па и сосема различен народ од античките Грци.

Енсон првпат го предизвика гневот на Грците, кога во 2004 година ја објави книгата "Евмен од Кардија: Грк меѓу Македонците".

Книгата се однесува на кралскиот секретар на Александар Македонски, Евмен, кој по смртта на кралот се обидел да се дограби до власта врз териториите на Блискиот исток. Професорот Енсон во книгата докажува дека, неуспехот на Евмен се должи на тоа, што Македонците не го прифатиле Евмен затоа, што бил Грк.

 

Избор на Марија Конеска

Проф., Ангелина Маркус

МАКЕДОНСКАТА ЦАРСКА МЕДИЦИНА

И ХИПОКРАТ

ДЕЛ 2

*******************

Проф., Ангелина Маркус

 

Во збираката на дела од медицината кај Хипократ ги има 50 книги, во кои има белешки од пракса, истории на болести, нацрти на теми и друг пишуван медицински материјал. Некои се изгубени или уништени за да се сокрие неговото значење. Изгоре асклепијада со болничка документација и медицинска библиотека од Хипократ во Кос како Александриската библиотека. Потоа долго време се оспоруваат медицинските книги, нивната автентичност, како и постоењето на личноста на Хипократ. Тоа воопшто не му наштети, содржината на неговите книги го потврдија вистинитото. Ништо не смее да се прима изолирано, поединечно, разнебитено, туку во една целина поврзана со условите, времето, луѓето, целта.

Некои од поважните дела се сметаат списот за "светата болест" - падавицата, што настанува со промени во мозокот од некои лечења пренесени во крвта. Го реметат крвотокот и дишењето или нарушена рамнотежа на водата и воздухот во телото.

Во една друга книга, или како што тогаш се викале списи "За воздухот, водата и земјата", Хипократ развил теза за значење на воздухот за здравјето на луѓето. Воздухот за човекот е од витално значење, како водата за рибите. Со воздухот човечкото тело е поврзано преку дишењето и правилно се движи во здрав организам. Влијанието на околината, атмосферските прилики, народните обичаи, битно влијаат врз здравјето. Затоа лекарот мора во прогноза (се мисли на дијагноза) и лечење на болеста да се земат во предвид климатските фактори и квалитет на водата и храната, годишните времиња и ветровите. Патувајќи нашиот лекар низ разни простори, ги согледал атмосферските и антрополшките фактори што различно делуваат и врз болниот и врз здравиот организам, ако не се ускладат со козмичката средина. Кога доаѓал во непознато место, прво прашувал од каде дуваат ветровите. Знаел дека колерата и другите заразни болести се шират преку загадениот воздух и знаел како да ја спречи болеста. Ги барал причините кога ќе ги видел појавите на болеста. Напишал книга за: Епидемиски болести, Прогностика, Диететика, Фрактури и една збирка на афоризми како израз на стегнатотот, дефинирано, збиено мислење. Лаконика. Пишувал за лекарите со повисок стил како псветени списи и пишувал за обичниот народ да го разбере и да го разбере и да го примени лечењето. Вовел набљудувања на симптомите за да може со логичка анализа точно да ја одреди болеста и терапијата.

Хипократ на островот Тасос вршел набљудување на 42 болни од епидемија. Испитувани се психофизичките конституции на болни од маларијата, ноќното слепило, акутната треска и други болести и во други области низ Македонија и покраината Тесалија. Приказите на епидемските болести проучувани во клинички услови претставуваат практична примена на занаењата за воздухот и водата во служба на медицината. Во областа на диететиката при воспаление на белите дробови и другите акутни болести најважно за исходот и текот на лечењето е правилната прогноза, користење на јачмена супа, рамнотежа на храната и активностите, смирување со лесни чаеви. Хипократ за болка препорачувал џвакање на кора од бреза, наместо аспирин и користење на мувла од грнци чувани на влажни места како пеницилин.

Три расправи за хирургијата се можеби најважните меѓу неговите дела или книги, медицински списи. Во нив Хипократ ги опишал дијагностиката, хируршкиот зафат и видот на скршеници и исчашувања. Неговите хируршки методи во лечење на коските се применувале повеќе од 1000 години. Неговите хируршки инструменти се употебувале уште подолго. Тие се на показ низ музеите од Епидаур до Охрид, во Асклепијадите низ сите градови на Македонија.

Постоела збирка за уредување на хируршка ординација, инструменти, завои, со еден збор, се' од хируршката техника.

Таквите и други описи служеле како припачници за медицинските школи и практика за да се вежбаат идните лекари, на сличен начин како и денешните медицински школи.

Афоризмите како списи содржеле 412 поговорки,  поделена по области во седум поглавја: диететска терапија, прогностика, влијание на времето и староста, тепературата, влијание на студ и топлина врз женските болести, хируршки болести и компликации со споредни појави кај болните. Афоризмите на почетокот на книгите служеле како украс - мото, како вињета, како почетните букви во Евангелиата. Можеби биле подзаглавија или курзив на текстот. На пример: "Краток е човечкиот живот" ... или како што и денеска велиме "ако има век ќе имаи лек". "Поволните моменти брзо поминуваат" - упатува на брза интервенција. "Искуството е превртливо" - знаењето е трајно.

Има списи за хигиената и лечење на малите деца за медицинското знаење и статусот на лекарите. Има анатомски и филозофски списи во кои се расправа за четири телесни сокови, што подоцна че се квалифицираат со четирите темпераменти кај луѓето. Се разбира за васкуларниот систем. Во многу дела се расправа за градба на човековото тело (анатомија), со посебни осврти од гинекологијата и стерилитетот, утврдување на бременост. Интересно е дека гинеколошката проблематика се третира на сличен начин во Египетските папируси и Вавилонските плочки. Тоа е доказ на медицинската и филозофската комуникација околу Беломорието. Тие земји набрзо биле македонски и се забрзало влијанието преку Александрија.

Во збирката за развој и исхраната на човекот, под влијание на Хераклит, се зборува за пулсот, сосема стручно образложен. Има уште многу стручни медицински дела, посебно за раните млади години кога Хипократ бил под силно влијание на филозофите. Софистите, материјалистите. Затоа на човекот му припаѓа како на целина, неделива од природната околина, уште од предисторијата, со исти проблеми за решавање на здравјето на луѓето.

Кај Хипократ повеќе доаѓаат до израз проучувања на надворешните органи, како коските, мускулите, што можеле да се лечат преку хируршки интервенции, кај ранетите и болните со силно изразени телесни симптоми. Во врска со тоа добро се опишувани работата на срцето, слезината, црниот дроб, но не и крвните садови, нервите, мозокот. Немало секцирање, прогнозата се составува, како и историјата на болеста со набљудување во болниците со добра хигиенска организација. Животот го одржува топлина со средиште во срцето. Тоа ја променува храната во телесни сокови. Топлината зависи од доводот на воздухот (кислородот) во крвта преку движење. Центрите за мислење, чувства, желби се во мозокот, а осетите, наредбите за движење се пренесуваат пнеуматски. Кај Хипократ се забележува дислокација на мозочната кортификација, делумно се пренесуваат на срцето, некој од психичките функции, но пред се', заради природната топлина, на срцето му се приоѓа како на центар на животот.

За срцето и Аристотел има слично сваќање.

Болестите за Хипократ и неговите лекари, се објаснуваат во склад со неговиот став за нарушена хармонија на телесните сокови, кои во некои временски интервали, за три или седум дена, сами се стабилизираат ако не рецидираат. Силата и вредноста на Хипократската медицина е во клиничката практика

Болеста се проценува со сите сетила, индивидуално зависи од констатацијата на секој човек. Три фактори: болеста, болниот и лекарот кога ќе се најдат на едно место, болеста ќе се совлада, ако болниот се бори, а лекарот помага да се воспостави рамнотежа на организмот со лекување.

Во долгата набљудувачка практика направени се пописи на болести како пневмонија, плевритис, маларија, тифус, туберкулоза, сепса, скорбут, менингитис, тетанус, паралиџа, апоплексија, реума, цисти, хистерија и други болести што од тогаш се' уште се среќаваат во Македонија. За сите тие болести постојат извонредни описи за нивно препзнавање. Некои појави и до денеска го носат името на Хипократ: дигити Хипократика, фациес Хи пократика, митра Хипократика, Нео - Хипократика како движење од XX век за таа древна севкупна медицинаска наука.

За лечење се споменуваат околу 300 лекови и ако нивната примена била значително помала. Физијалната терапија била поизразена. Се користеле бањи, облоги, масажи, сончање, пуштање на крв, слаби наркотици, лесна исхрана со супи, мед, вино, млеко, диета за здравје.

Извонредна била хируршката терапија. Во постоперативното лечење на ампутации, отворени черепи, местење зглобови, имболизација и преврски до денеска се сочувани истите методи и техники. Тоа важи и за стоматологијата, за лечењето и вадењето заби.

Кон така богатиот теоретски и практично сочуван  медицинскиот материјал, применуван во Асклепијадите пред и по Хипократ, ја зголемува важноста и на етичко подрачје, моралот на лекарите. Школувањето на лекарите, обуката, болните, болниците, болестите и лечењето со лековите во Македонија од секогаш се организирало од државата, од поединци и од народот преку стручна помош и нега на сите народи до кадее што се движеле Македонците.

КРАЈ

 

Темистоклис Софулис 1860 - 1949

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА

ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

***********************

ДЕЛ 22

 Глава Трета

ФОРМИРАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА

**********

 1. Обединетата грчка десница во борба

против демократското движење.

 

Пишува Наум Пејов

 

На 7 септември 1947 година, по длабоката владина криза, во Грција беше формиран кабинетот на Темистоклис Софулис, шеф на Либералната партија, која до тогаш, од денот на парламентарните избори од март 1946 година беше во опозиција. Со тоа што Софулис дотогаш беше во опозицијата и ја критикуваше владата на крајната десница за економскиот хаос во земјата, за теретот и т.н. се беше здобил со глас на "мирољубив" и "умерен елемент." Токму тоа му овозможи да стане, со доаѓањето за шеф на коалиционата влада, многу поопасен за демократското движење.

Преземајќи ја владата, Софулис објавува едномесечна амнестија за борците од Демократската армија кои беа се предале; ослободи незнатен број затвореници и интернирци, за да се покаже "доследен" на своите опозициони ставови кои ги заземаше во парламентот. Меѓутоа, Софулис не дојде на власт со намера да се постигне некое компромисно решение, туку да ја продолжи истата политика за задушување со сила на движењето на отпорот. Во таа смисла тој не само што не престана, туку и го засили зацврстувањето на вооружените сили и од американците бара натамошна испорака на оружје. Но истовремено со воените подготовки тој продолжи и со политичките маневри. 

Во периодот на траењето на "амнестијата", единиците кои оперираа против Демократската армија беа инструирани да не вршат отворен терор над населението туку ,напротив, да агитираат дека тие се бореле затоа што Демократската армија била против националните интереси, а дека владата на Софулис била претставник на вистинската демократија, што се гледало и по  дадената амнестија и.т.н.

Софулисовата влада занеше дека со амнестијата не може да ја растури Демократската армија. Најмногу што можеше да очекува е тоа да се предадат извесен број колебливци. То тоа што сакаше да го постигне беше психолошкиот и политичкиот ефект, за да ја оправда својата однапред определена линија за општ напад против Демократската армија.

По истекувањето на роковите на "амнестијата", Софулис објавува "тотална мобилизација на сите национални сили", за борба против Демократската армија. Во врска со тоа ги презеде следниве мерки:

1. Реши да ги лиши масите во земјата од каков и да е контакт со движењето на Демократската армија. Масовно средство преку кое демократското движење имаше контакт со масите беше демократскиот печат кој под тешки услови излегуваше во поголемите градови. Тој забрани отпрво да се растураат демократските весници во северниот дел на земјата, каде движењето беше најмасовно, а подоцна е изгласан закон со кој беше забрането излегување на демократските публикации. Така беше ликвидиран демократскиот печат и од 28 дневни и неделни изданија, приврзани на демократската армија, не излегуваше веќе ниту едно;

2. Продолжи со мобилизација на нови вооружени сили, затоа што силите со кои располагаше не беа доволни да се спротивстават на Демократската армија. Во однос на тактичките задачи организирани беа два вида војска. Од постарите набори и единиците МАИ формирани се единици на Националната гарда, баталјонски формации од по 500 души со задача да ги обезбедуваат градовите. Планот предвидуваше овие единици да бројат 50.000 луѓе. Дргата војска, која требаше да израсне до 150.000 души, беше предвидена да се оспособи и вооружа за офанзивни акции против ДАГ. Во соодветност со горните цели, објавена е мобилизација;

3. Во градовите и поголемите населени места, каде има своја војска и полиција или други вооружени формации, воведена е строга воено-полициска контрол и го контролираа, речиси, секое движење на луѓето. Сето тоа во намера да се изолираат масите од контактот со слободните територии. Голем број од населението го мобилизира за помошни работи, пренесување на муниција и храна на единиците кои се бора против ДАГ, чување на друмските патишта и чистење истите од мините, копање шанци во градовите и на положаите на владините единици.

4. Откако презедоа мерки да не се слуша друга освен нивната агитација, како за време траењето рокот на "амнестијата" така и по тоа, формирани се таканаречени пропагандни одбори од свои угледни личности, кои по градовите и селата развиваат усилени пропаганди, ширејќи разни измислици и клевети против соседните земји, а во прв ред против Југославија. Токму во времето кога е спроведувана "амнестијата" се подготвуваше терен за мобилизација, монархофашистичкиот печат пишуваше дека во Југославија избувнала "револуција" против Тито, а по извесно време дека "бунтовниците се борат и зазедоа неколку места","на бунтовниците им се приклучува и Титовата војска" и т.н. Тоа е правено со намера да се изврши психолошка диверзија и да успее нејзината мобилизација;

5.По истекот на роковите на амнестијат го засили теророт на демократското население. Палат цели села под изговор во нив "да не се вгнездат партизаните", плачкосуваат жива стока и инвентар од селата под изговор дека "тоа го прават и партизаните", иселуваат цели села во чија близина партизаните извршуваат некоја диверзантска акција. Воените судови изрекнуваат смртни пресуди повеќе од кога и да е порано.

Овие беа мерките на Софулисовата влада есента и зимата 1947 година, а во исто време се вршеа диверзантски напади, се подготвуваше за офанзива од поголеми размери во пролетта 1948 година.

Ахиловата пета и на Софулисовата влада остануваше економскиот хаос во земјата. Производството не можеше да се совземе уште од окупацијата. Готовата американска стока и помошта од УНРА беше мизерниот материјален извор за егзистенција на повеќе од милион обездомени и безработни. Не можеше да се воспостави никаква економска рамнотежа -стабилизација на пазарот и парите. Незадоволството во масите беше огромно, но тоа незадоволство владата настојуваше да го искористи за свои цели. Од изгладнетите маси врбува своја војска. Вработува само членови на профашистичките организации а со закон забранува секаква синдикална активност и штрајкови.

Сите овие мерки, сепак, не беа доволни наполно да ги охрабрат грчките контрареволуционерни сили. Затоа беше нужна и некоја отворена манифестација дека американците директно се ангажираат. Во таа маса беше формиран заеднички генералштаб, а во секоја поголема воена формација имаше американски офицери кои раководеа со операциите.

Таква е состојбата во владиниот табор под коалиционата влада на Софулис спроти 1948 година - година која, како раководството на Демократската армија, така и непријателот во Атина ја оценуваше како решавачка за крајниот исход на борбата.

 

Продолжува

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО

ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******************************

Кочо Рацин

 

БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ

  • Натаму - во поле битолско
    чемрее врба проклета -
    под врбата незнаен гроб,
    в гроб лежи војник непознат,
    Лежи од војна световна,
    лежи - и веќе земјосал -
    силно го тога изела
    задека тука загинал.

    Никој крај него немаше -
    вишното небо врз него,
    над гробот врба стушена.
    А таде - в гори зелени
    в сума гробишта лежеа
    делии - одбор јунаци
    за татковината паднати.

    И од ним - самовилите
    една по една идеа -
    од гроб до гроб го дигаа
    јунак до јунак - на оро.

  • В полноќ се над ним дрвјата
    од жалба силно свиваа -
    горските бистри езерца
    в силна светлина светеа.

    И кога сите минеа
    покрај врбата стушена -
    делии се запираа
    незнаен брат си викаа:
    "Ја стани, море, јабанец
    на оро со самовили!
    Зора се зори - петлите
    скоро ќе в село пропеат!"
    А тој од гробот тепкаше
    дума врз дума чемерна: -
    "Минете, браќа, врвете,
    Не сум ви лика - прилика!
    Кој умрел за татковината
    и за човекови правдини -
    Каде вас, братко, не гинел,
    со вас до векот живеел.

    Автор, Кочо Рацин
    Бели Мугри

Kind regards : 05 октомври 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 99

МУЗИКАТА И ПЕСНАТА НЕМААТ ГРАНИЦИ, НИТУ НАЦИИ. ТИЕ СЕ УНИВЕРЗАЛНИ!

ВО КОЈ СВЕТ ОВОЈ ЧОВЕКОЛИК........ ЖИВЕЕ ШТО ЗНАЕ ТОЛКУ ДА ЛАЖЕ А ДА ПРИТОА НЕ МУ ПОЦРВЕНИ БАРЕМ КОСАНА?