Амбасадорот на САД Џес Бејли на суд

19.04.2017 23:55

********************

 

ПОКРЕНАТО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ

АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЏЕС БЕЈЛИ

ЗА АКТИВНОСТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

**********************

Конзервативната невладина организација, Јудишал Воач, поднесе тужба против американскиот амбасадор Џес Бејли пред судот во Вашингтон за делувањето во Македонија. Тужбата следува откако се појавија сомнежи за незаконско финансирање и политички активности во рамки на фондацијата на Џорџ Сорос, "Отворено општество" во Македонија.

Наводно, оваа фондација примила 5 милиони американски долари од УСАИД во периодот од 2012 до 2016 година.

Тужбата беше поднесена во окружниот суд во Колумбија откако Стејт Департментот и УСАИД не одговорија на барањето за пристап до информации од јавен карактер, што се однесуваат на извештаи и договори за дистрибуција на финансии кои  од Стејт Департментот биле префрлени на сметка на фондацијата "Отворено Општество".

Барањето вклучуваше и информации за контакти помеѓу официјални лица од Стејт Департментот и вработени во фондацијата "Отворено Општество" во Македонија, како и информации за вмешаноста и контактите што ги остварил Амерканскиот амбасадор во земјата Џес Бејли, со организациите.

На веб страницата на УСАИД стој, дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016 година, оваа организација префрлила речиси 5 милијуни долари на сметката на фондацијата "Отворено Општество" во Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации.

Страната на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос и вели дека со проектот биле обучени стотици млади лица на правото на слобода на здружување, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Да се преиспитаат активностите на амбасадорот Бејли и УСАИД неодамна побараа и шестмина конгресмени, меѓу кои и Сенаторот Мајк Ли кој  испрати писмо до Бејли со барање да ја објасни врската помеѓу Стејт Департментот и фондацијата "Отворено Општество".

Republika.mk

 

НА БРИСЕЛ МУ СЕ БРЗА

ДА СЕ ИЗБЕРЕ ВЛАДА ВО МАКЕДОНИЈА

*************************

На Брисел му се брза да се избере влада во Македонија, која би ја спровела албанската платформа од Тирана, со која би се редефинирала Македонија. Тоа е во контекст на плановите на Брисел за редефинирање на државите на Балканот, кои сеуште не се членки на Унијата. Односно, се работи за проект за исцртување на нови граници по етнички принцип, при што Македонија би била монета за поткусурување.

За спроведување на овој план, на Брисел му е потребна македонска влада без кичма, влада спремна без приговор да ги прифати плановите на Европската Унија. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не беше спремна да оди против интересите на македонскиот народ, Брисел свој сојузник најде во лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој само за да дојде на власт е спремен на секакви остапки.

Центрите на моќ направија се' за да се елиминира ВМРО-ДПМНЕ од власта и да се доведе Зоран Заев како човек со кого може да се соработува, човек, кој е спремен да ги продаде виталните интереси на земјата и човек, кој и живи луѓе ќе јаде, само да стигне до целта.

Спроведувајќи го инжињерингот на Брисел, во кој на Заев му е дадена клучна улога, во декември 2016 година во Македонија се спроведоа избори при кои народот беше излажан. Во предизборието, никој не зборуваше за некаква Тиранска платформа, за да  по изборите таа стане главен фактор за елиминирање на победничката партија ВМРО-ДПМНЕ да формира влада.

Со оглед дека пред изборите ниту Зоран Заев, ниту албанскиот блок на партии, предводени од ДУИ, не најавија дека планираат федерализација на Македонија, реагираше народот, бидејќи никој не гласал на избори за албанската платформа од Тирана! Тиранската платформа беше објавена дури по изборите, што преставува изборна измама и обид за уривање на уставноста.

Тиранската платформа е причина претседателот Иванов да одбие да му даде мандат на Заев и од неа произлегуваат реакциите на македонскиот народ, кој повеќе од месец дена протестира и ќе продолжи со протестите по Велигденските празници се' додека има потреба (откажување од платформата и распишување на нови избори).

Граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" продолжува по Велигденските празници со секојдневни собири за зачувување на унитарноста на Македонија и за отфрлање на албанската платформа од Тирана. Тие будно ја следат состојбата и потсетуваат дека нема да дозволат туѓа платформа да биде усвоена во македонското Собрание, која значи вовед во редефинирање на Македонија. Од  граѓанската иницијатива потсетуваат дека, по никоја цена нема да дозволат да се гласа во Собранието закон за двојазична Македонија и бараат од претседателот Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат по веќе истечениот рок.

Поради ваквиот став на македонскиот народ, кој е спротивен на плановите на ЕУ, од Брисел постојано ни доаѓаат препораки или европретставници кои не ибедуваат мандатот да му се даде на Зоран Заев. По Могерини, Хан, Туск во посета на Македонија дојде и поранешниот шведски политичар Карл Билд и сегашен копретседавач на тинк-тенк организацијата која се занимава со политички анализи.

Оваа Сорошова спонзоруша, која има изјавено дека православието на Балканот е поголем проблем од исламскиот радикализам, доаѓа во Македонија да се сретне со политичките лидери и да ги убеди што побргу да се формира нова влада. Се разбира дека се работи за уште еден притисок да се формира Влада која ќе ја спроведе Тиранската платформа.

Но, како и за други кои не го почитуваат македонскиот народ, така и за Карл Билт нема место во агендата на македонскиот претседател. Едноставно неможе да прими човек кој има крајно непринципиелни ставови и необјективен пристап во врска со внатрешната политичка ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија.

Притисоците од Брисел нема да престанат и тие ќе направат се' брзо да се формира квинслишка влада по нивен терк. Тие се спремни дури и да подржат влада без добиен мандат.

Карл Билд не е случајно дојден. По празниците се најавува дека СДСМ и албанскиот блок ќе направат обид да формираат влада без мандат и дека ќе има обид за насилно уривање на Уставот и уставниот поредок. Но, за тој чин им треба амин од Брисел. Дали ќе го добијат зависи од македонскиот народ и процената до каде тој може да оди.

Многумина досега се излажале во проценките за македонскиот народ. Многумина давале лажни податоци и ја искривувале вистината.

Денес во европските медиуми речиси воопшто не се зборува за настаните во Македонија и за обидот да се погази вољата на народот. Но, Македонецот е на штрек, спремен да се бори за својата земја и да го спречи секој насилен обид за рушење на уставниот поредок на државата. Вистината за било каков обид за насилно превземање на власта со мешање од надвор, тогаш сакале или не, ќе се појави на насловните страници на европските и светските медиуми, а тој нема да биде ни малку пријатен ни за нас, ни за нив.

Брисел  мора да знае дека вирусот кој го шират во Македонија лесно може да го зарази регионот, но и цела Европа. Затоа Македонците порачуваат: не се играјте со македонскиот народ, туку нека се распишат веднаш нови парламентарни избори и народот нека каже дали ја прифаќа платформата од Тирана, како и на кого ќе му го довери мандатот за да го чува суверенитетот на македонската држава.

 

"Македонска Нација" 

*********************

 

СВЕКРВА

 

СЦЕНАРИСТИТЕ ЗАБОРАВИЈА

ДА ГО ПРАШААТ

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

*****************

Македонија на огнена линија

 

Во последните неколку години земјата постојано е изложена на насилен притисок. Внатрешни и надворешни фактори спроведуваат специјална војна и со разни сплетки и тајни операции работаат на разнебитување на државата.

Денес нема човек во Македонија на кого не му е јасно дека она што се прави нема да им донесе повеќе демократија, поголеми слободи, туку напротив, црно ропство и физичко истребување на македонскиот народ. Историското искуство го опоменува македонскиот народ дека Тиранската платформа на албанските партии не враќа во времето на фашизмот, во времето на Втората светска војна кога фашистичките завојуватели ја поделија Македонија, а во западната италијанска зона, албанските балисти вршеа терор врз македонското население.

Во Македонија нема катче каде во текот на нејзината историја не проплакаа македонските мајки. Не постој грутка земја која не била попрскана со крвта на македонските синови. Нема македонско село во западна Македонија кое не било запалено од окупаторите.

По осамостојувањето во 1991 година, мршојадците веднаш се нафрлија наова единствено слободно парче македонска земја.

Денес, кога Македонија е нападната од надвор и од внатре, кога повеќето од институциите се парализирани, кога се заканува дестабилизација на земјата, кога се заканува распарчување на ова единствено слободно парче македонска територија, претседателот на државата Ѓорге Иванов и македонскиот народ застанаа на браникот на татковината.

Веќе два месеци македонскиот народ мирно протестира барајќи од лидерот на СДСМ Зоран Заев и од албанските партии од Македонија дистанцирање од Тиранската платформа со која се редефинира Македонија. Тие предупредуваат дека по никоја цена нема да дозволат на наслледниците на Џемо и Мефаил да доведат двојазичност на целата територија на државата, земјата да ја федерализираат и во догледно време да ја поделат.

Платформата од Тирана која е потпишана од Али Ахмети, Билал Касами, Зијадис Села и албанскиот премиер Еди Рама, преставува директно мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија. И ако тие се повикуваат на Уставот и законите на Република Македонија, сите нејзини точки се спротивни и го надминуваат Охридскиот рамковен договор.

Одекот на платформата од Тирана беше огромен.

Таа го разтресе македонскиот народ, ги растресе сите оние кои се предомислуваа и чекаа да видат како ќе заврши наметнатата политичка криза во земјата и до каде домашните предавници и новите Џемовци и Мафаиловци ќе одат.

Со платформата од Тирана народот свати за каква игра на центрите намоќ се работи.

Се зголеми отпорот, почна да се зголемува бројот на тие кои протестираат против Тиранската платформа, а четите кои започнаа со протестите станаа бригади, а задутре и војска. Денес тие протестираат со знамиња, свирчиња, а ќе продефилира и по некој мотор, трактор или багер укажуавајќи на решеноста на македонскиот народ, дека нема да се откаже од придобивките втемелени во Крушевската Република, АСНОМ и 8-ми септември.

Токму овој македонски народ кој денес сеуште мирно протестира, не еднаш покажал дека ако има потреба ќе создаде армија способна да ја барни својата македонска земја од било кој завојувач.

Мајсторите на играта од центрите на моќ преку платформата од Тирана сакаа да создадат услови за ново заграбување на дел од македонската територија.

Сметајќи дека лесно ќе излезат на крај доведувајќи го до свршен чин, сценраистите заборавија на македонската традиција - да го прашаат македонскиот народ.

 

"Македонска Нација"

*********************

 

 

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР

ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА

23 -ТИ АПРИЛ ВО СИДНЕЈ

*****************

18 април 2017 година, Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија - Во организација на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија со КУД "ИЛИНДЕН" од Сиднеј и македонските организации во Нов Јужен Велс, на 23 - ти април 2017 година, недела, со почеток од 11:30 до 14:оо часот во Tumbalog Park, DARLING HARBOUR во Сиднеј, ќе се одржи Семакедонски собир за заедничка и унитарна Македонија!

********

Семакедонскиот собир ќе изрази силна подршка на претседателот на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов.

Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената "тиранска платформа" за бинационална и двојазична држава!

Македонците од Австралија сметаат дека само македонскиот јазик и неговото кирилско писмо треба да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Семакедонскиот собир ќе даде силна подршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

****************

Македонците од Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со владата на Грција во Атина и безусловно продолжување на членството во Ибединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка "Република", како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик "Republic of Macedonia", со меѓународниот код МК, односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Маакедонија и геноцидот врз македонскиот народ од Балканските воини 1912-1913 година кој се' уште трае!

Македонците од Австралија се приклучуваат кон движењето "За заедничка Македонија" и ја подржуваат унитарноста и државноста на Македонија!

Македонците од Австралија ги отфрлаат во целост редефинирањето, кантонизацијата, федерализацијата на нивната татковина Македонија!

Македонците од Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната според "тиранската платформа"!

Македонците од Австралија бараат попис на населението!

Македонците од Австралија повикуваат на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството!

- Очекуваме масовно присуство и силна подршка од Македонците во Австралија за татковината Македонија и за македонскиот народ во целина! Нашите корени се во Македонија. Повикуваме на семакедонско помирување и одбрана на името на Државата и идентитетот на нацијата, одбрана на унитарноста и државноста на Македонија - изјави Џим Стефановски, национален копретседател на Светскиот Македонски Конгрес за Австралија и претседател на СМК за Нов Јужен Велс.

********************

За повеќе информации кај :

Џош Шерман на тел.,0404 493 363 и кај

Стефан Каранфиловски на тел., 0404 159 928

*********************************************

 

Aлександар Џеповски

 

СЕЌАВАЊЕ НА ЕСМА РЕЏЕПОВА

КРАЛИЦАТА НА ПЕСНАТА 

******************

Самиот факт дека цела Индија ја сакаше и почитуваше Есма значи дека само од таму преку милијарда луѓе те сакаат и обожаваат, не е мала работа.

Нејзиното ромско потекло со специфични музички надградби и талент, придонесе да ги афирмира ромската како и македонската музика. Секогаш беше горда да каже дека е од Македонија и љубовта кон Македонија јавно ја искажуваше на секаде.

Есма, преку Радио телевизија Скопје и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски се вивна силно во облаците на музичкото небо. Таа никогаш не го заборави тоа. Македонија и' даде се', воедно и голема љубов, но и Есма несебично и со гордост враќаше секогаш.

Нејзиниот тестамент ги стопли срцата на сите Македонци (можеби не на Соросоидите) со самото тоа што и' остави се' на Македонија. Почит и пиетет кој заслужува секогаш да биде пример како етникумите треба да ја третираат и сакаат земјата каде се родиле.

Сето ова треба да е пример за Албанците. Во животот секогаш се дава и зема, но останува човечкото достоинство да се докажеш како лојален и благодарен на земјата која те сака и прифаќа како свое чедо. Такво нешто од Албанците не сме доживеале, секогаш бараат преку леб погача и сите знаеме дека сакаат само да откинат месо и да си тераат свои агенди.

До тогаш, ние Македонците ќе се гордееме со Есма, Ромите и сите други народности, освен , за жал, со Албанците. Кога можевме секогаш да им честитаме празници, тие ниту еднаш не честитаа Божиќ и Велигден, освен на православните Албанци, ама никој и никаде на Македонците.

Затоа Есма ќе биде секогаш најгоре, а некој секогаш доле. Зависи од културата, совеста, интелегенцијата и цивилизацијата на поединецот и неговата хорда. 

Но еден е Бог и гледа се'.

 

"Македонска Нација"

*********************

Александар III Македонски

 

СУДБИНАТА НА

АЛЕКСАНДРОВОТО ЦАРСТВО

ПО СМРТТА НА ЦАРОТ

**************

ДЕЛ 16

*******

Судбината на новото царство започнува да се "крои" во персиската престолнина Бабилон, веднаш по смртта на Александар Македонски. Имено, според историските извори, се споменуваат шестмина хетајри пред одарот на македонскиот цар. Меѓу нив највлијателен  и најстар е Пердика, кому Александар пред смртта му го остава царскиот прстен-печат, кој треба да се предаде на идниот владател. Но, според македонскиот обичај, носителот на суверенитетот е македонската војска, која во тоа време не е во целосен состав, зашто дел од војниците на чело со Кратер заминале за Македонија, а дел се во Македонија со Антипатар, "стратегот на Европа".

Значи , решение за новиот владател требало да донесе македонската војска во Бабилон; македонската фаланга на чело со Мелеагар се определува за полубратот на Александар, Аридеј, незаконски син на Филип, за кого се говорело дека е ментално и физички слаб, па затоа Пердика предлага да се почека породувањето на Роксана, а во меѓувреме да се одредат регенти кои ќе владеат со Царството. Од друга страна, Антигон и Неарх го предлагаат Херакле - синот на Александар и пергамската принцеза Барсина, а Птоломеј сака да формира заедничка управа од највисоките војсководци. Уште тука започнуваат династичките борби помеѓу македонската аристократија, најблиските соработници на Александар Македонски и траат за време на целиот овој период. На крајот, Македонците го прифаќаат за цар Аридеј под името Филип III, додека се роди Александар IV, синот на Роксана (Филип-Аридај владее до 317 г. пр.н.е.); по неговата смрт Александар е прогласен за цар, но пред полнолетството, 310/309 г. пр.н.е. и тој е убиен).

Александар III на смртна постела се опростува од своите воиници.

Највисоките државни функции се делат помеѓу највидните Александрови војсководци: Кратер, Антипатар и Пердика; Антипатар, како "стратег на Европа", ја обединува воената и цивилната власт во Македонија и хеленските области и обезбедува испраќање регрути во Азија. Кратер добива висока државна функција како простатес (заштитник, повереник  ополномоштеник, ) и врховен заповедник на царската војска, а Пердика како хилијарх (најзначајна политичка функција) и епитроп (намесник, заштитник, чувар) управува со цивилната власт над азискиот дел од Царството и ги подготвува сите државни работи. Птоломеј управува со Египет, Либија и граничниот дел на Арабија со Египет. Дел од сатрапијата Сирија на запад од Еуфрат добива Леомедонт, Феникија ги задржува своите домашни владатели, Тир и Газа стануваат колонии на македонски посади, а слична положба има и Кипар. Со сатрапиите Памфилија и Ликија управува Антигон Едноокиот и кон нив, 333 г. пр.н.е.додадена е и Феникија;  во текот на десет години овој владател ја зацврстува власта во Мала Азија; подоцна Антигон ја проширува власта и во Писидија. На југ, сатрапијата Пафлагонија, заедно со Кападокија и Понтската област ја презема Евмен. На западниот дел од Мала Азија трите сатрапии, Карија, Лидија и хелеспонска Фригија, му се доделени на Леонат, кој е најблискиот соработник на Пердика.

Врховната власт во Европа ја добива Антипатар, кој заедно со Кратер владее во Македонија, Епир, хеленските области, како и со Илирите, Трибалите и Агријаните. Тракија му припаѓа на Силимах, кој можеби како и другите владатели е зависен од врховната власт на Пердика во Бабилон.

Централните области на Царството опфаќаат шест сатрапии, кои за време на Александар имаат ирански сатрапи; некои од нив остануваат независни, други под контрола на Пердика. Источните области се под воена контрола на Македонците, кралот Пор владее со Пенџаб, а со сатрапијата Индија владее Пејтон.

Од највидните Александрови војници единствено Селевк останува како заповедник на хетајрите во Бабилон и не добија сатрапија.

 

Продолжува

Професорка Ангелина Маркус

 

БЕШЕ СИ БИЛА...

 

...ПРИКАЗНА ЗА КРАЛЕ МАРКО

****************

Во XIV век повторно како и во X-от во Македонија со Самуиловото царство ќе блесне царската династија на кралот Волкашин и Крале Марко. Повеќе од 600 години тоа име е легенда, еп, историја и слава на Македонците. Крале Марко како јунак над јунаците се слави исто како нов Херакле. Марковата држава и Охридската Архиепископија претставуваат единствена моќ меѓу Православниот свет и затоа Марковото име се слави на пошироки простори и кај повеќе народи од Влашко до Солун и од Цариград до Јадран. Таа династија ги опфаќа делата на Волкашин со сите свои синови и ќерки што од млади кнезови станале принцези и кралеви. Така е запишано низ сите манастири и цркви чии ктитори биле: "Синот Марко, Андреја, Иванеш и Димитрија (Митраш)"; сестрите Оливера, Дева...сите чеда на Волкашин и царицата Евросима како и Елена. Славен е Прилеп како царска престолнина и како седиште.  Тврдините царски застапени се по сите македонски градови: Битола, Преспа, Охрид, Серез, Лариса, Солун, Струмица, Скопје до Цариград.

Во 1371 г. кралот Волкашин, брат му Углеша и цел одред свети воини сликани по фреските, загинале во битката кај р. Марица во лута битка со Османлиите. На помош не им притекнал ниту еден од Православните соседи, затоа и Крале Марко "касно стигна" на Косовo, се рамнеле стари сметки династички.

 

Крал Марко 1335-1395

 

Младиот Крале Марко, законски престолонаследник на татко му Волкашина и неговите совладатели, мајка му и браќата овековечени се во Марковиот манастир крај Скопје и манастирот под Маркови кули во Прилеп. Тоа е лик на фреска на цар што зрачи со вера и енергија, достоен владател и заштитник на народот. Над влезната врата на манастирот стои натписот: "Јас Кралот Марко го создадов и испишав овој (манастир) Божји храм". Таа заштита на македонското царство лебди над ликот, круната и писмото, со рогот в' раце како симбол на силната православна македонска династија во налет пред турското освојување. Го чува народот, ја чува Македонија.

Дваесет и пет години во своето владеење Кралот Марко и браќата оставија прекрасни цркви, манастири, царски дворови и тврдини по сите македонски простори. Тоа,  е историја пишувана со фрески и македонско црковно писмо, илјада години употребувано во целиот православен и македонски свет. Градбите од тогаш уште стојат со целиот сјај на фрескописот и иконостасите. Таа си заслужи место во епот и митот јунакот над јунаците.

Парите со ликот на Крале Марко биле во оптек насекаде, како и парите од Евросима и младиот крал Андреја, ковани во Марковата ковачница во Охрид. Сите Волкашинови наследници имале самостоен статус и богатство за да градат и живеат раскошно и во благосостојба со народот. Сите со години подигале од среброто во Дубровник што го имал депонирано Волкашин. Крале Марко на коњ со боздоганот в' раце, штитот и копјето, ист е како сите воини, кралеви од Македонија.

Духот на Александар, на Јустинијан, на Самуил, на Крале Марко, на Гоце Делчев уште го чекаат Македонците за да ги штити, како што било тоа од секогаш.

 

професорка Ангелина Маркус

 

Kind regards: 20 април 2017

Sotir Grozdanovski broj 65