СРЕЌЕН И ЧЕСТИТ ДА НИЕ ВЕЛИГДЕН

 

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

ЈУДА ГО ПРЕДАДЕ ХРИСТОС

ЗА 30 СРЕБРЕНИЦИ

*************

 

Убав народ, убав ден - среда пред Велигден.

Пред околу 2000 години, на денешен ден, Јуда го предаде Христа Бога за 30 сребреници. За колку сребреници денешниот Јуда сака да ја продаде Македонија, запраша актерот Владо Јовановски, кој се обрати на денешниот граѓански протест за "Заедничка Македонија".

- Македонија не е на продажба, нема цена со која може да се купи крвта на нашите претци, подвлече Јовановски.

Оваа зграда пред нас, додаде тој, не е само обична сценографија, ова се нарекува народно Собрание,  кое го сочинуваат народните избраници, се разбира ако се народни, а ако се однародени, значи дека не се наши пратеници.

- Не знам зошто и кој ги праќа да ја спроведуваат Тиранската платформа. Не знам и не сум сигурен дали се свесни и дали знаат што прават, но није на овој ден, во очи на најголемиот празник Велигден ќе кажеме: Прости им Боже, не знаат што прават.

Народот, рече Јовановски, одлучува за својата иднина.

- Македонскиот народ од политички објект стана субјект и самиот одлучува за својата судбина и својата иднина. Сплотени, во одбрана на своето, 45 дена чекориме и го одиме патот одново и одново, ако треба илјада пати по толку ќе одиме, но нема да клечиме со свиткана кичма.

 

Пренесено од Press24

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! - ВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Стефан Мицов Влахов

 

ПО СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ГО ПРЕДАВА

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА

****************

Уште во 2010 година писателот Блаже Миневски го објави романот "Свирци", во кој преку симболичен Оркестар за погреби во состав: зурлаџијата - Киро Глигоров, шупелкарот - Бранко Црвенковски, тамбурашот - Љупчо Георгиевски, тапанарот - Никола Груевски и свирачот на дудук - Зоран Заев, видовито го оцрта крајот и погребот на македонската држава.

Да биде уништена цела држава за 26 години е голема работа и напорен труд. Колку од надвор, толку од внатре. Во последниот век се сеќавам само за еден сличен случај - Чехословачка пред Втората светска војна. Во 1938 година нејзините гаранти Франција и Велика британија - како што во однос на Македонија се САД и ЕУ, ја убедуваа доброволно да ја даде на Хитлер Судетската област.

Веднаш потоа Унгарија ја зазеде Јужна Словачка, другиот дел е трансформиран во автономна Словачка и за 5 месеци Чехословачка е уништена. Разликата меѓу неа и Македонија е во тоа, што во Судетската област живеело германско население кое процентуално било со над 50%, денес Македонија се трансформира во трета албанска држава на Балканот само со 16% албанско население.

 

Уништувањето на Македонија се одвива

на ист начин како и во 

Чехословачка:

во име на мирот и безбедноста на регионот

 

Од 1991 година до денес владите во Македонија се само од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ но, во меѓувреме македонската држава од самостојноста стана протекторат, потоа колонија, а сега е пред исчезнување. Вината е на овие две партии. Нивна општа вина е во тоа што прифатија во своите влади партии на албанското малцинство и овозможија нивен сепаратизам.

Вистина е дека потегот за уривање на македонската држава дојде од СДСМ со менување на Уставот, со прифаќање на референцата наместо македонското уставно име и со потпишувањето на Декларација со Грција и одлуката да се преговара за македонското име. Се знае, дека преговори не се водат, доколку не си подготвен за компромис. Законот за територијална поделба исто така беше протуркан од СДСМ.

 

  • Бранко Црвенковски

  • Киро Глигоров

  • Љупчо Георгиевски

  • Никола Груевски

  • Зоран Заев

Истовремено, вистина е дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше потпишана капитулантска Декларација со Бугарија со која се откажавме да го браниме нашето македонско национално малцинство, а потоа го пониживме нашиот автентичен македонски јазик до службен јазик. Притоа и' овозможивме на Бугарија да не блокира во обидите да се зачлениме во меѓународни организации. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше потпишан и капитулантскиот Охридски Рамковен договор во резултат на намерно изгубената војна со косовските терористи. Тој капитулирачки Договор беше преточен во македонскиот Устав, кој со неговите 19 амандмани веќе наликува на партал.

Од 2006 година наваму 10 пати по ред македонскиот народ ја даваше својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Во замена на тоа, во однос на македонските државни и национални интереси, народот не доби ништо. Уште полошо. Ревидирањето на македонската држава продолжи.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ не заврши ниту еден свој мандат? Оправдувањата од аспект дека СДСМ  ги симнува вмровските влади или не им дава можност да го довршат мандатот, се смешни. Ако една партија и влада дозволат пред време да ги симнат од власт, тоа значи дека не чинат. Уште повеќе, ако навистина ги бранат државните интереси.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ до денес не прати ниту еден функционер од СДСМ во затвор за национално предавство?

Зошто не беше пратен во затвор ниту еден крупен криминалец? Зошто владејачката ВМРП-ДПМНЕ и влада го пика народот и државата во рацете на своите непријатели САД и ЕУ? Зошто не реагира против директните територијални аспирации на своите соседи? Зошто ВМРО-ДПМНЕ постојано се улизува на тие кои отворено сакаат да го уништат македонскиот народ и држава? Зошто ВМРО-ДПМНЕ допушта да немаме веќе ниту еден пријател на Балканот како и заладувањето на односите со Србија и Турција? Зошто беше прифатен и потпишан Пржинскиот договор, кој беше уште еден чекор во уривањето на државата? Зошто ВМРО-ДПМНЕ даде можност да се демолираат македонските државни институции и Уставот со гласањето на антиуставното СЈО? Зошто ВМРО-ДПМНЕ удри и врз Претседателската институција, иако со својот минатогодишен потег за аболиција, Претседателот Иванов спречи граѓанска војна во Македонија, а надвор од тоа им ги спаси и главите на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ отиде кај рускиот амбасадор за подршка, а кога Русија истата ја даде преку министерот за надворешни работи Лавров, ВМРО-ДПМНЕ излезе со негативен став додворувајќи му се на САД. Обичните луѓе го нарекуваат дволичниот однос кон Претседателот и кон Русија - ПЕДЕРСКА РАБОТА.  Луѓето кои моментално го окупирале раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го излажат ниту своето членство ниту вистинските македонски патриоти дека се спремни да се борат со македонските непријатели. Како ќе се борат? - Со тоа, што ја даваат Македонија на послужавник на странските и на домашните окупатори?

Ако една држава може да опстој само со декларации, констатации, зборови, ветувањам заклетви и така натаму, Македонија ќе бидеше првата во светот. Само што светската историја не памети таква држава. Сите држави се бранат со крв и жртви, така и' се создале. Македонија неможе да биде исклучок.

На 11 декември 2016 година македонскиот народ и ако разочаран од ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, повторно им ја даде довербата. Недела подоцна, Груевски изјави:"Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија". На 11 февруари Груевски ја смени плочата: "Ако СДСМ ја прифати платформата - албанската, ние сме подготвени да одиме во опозиција и ќе направиме се' што е во наша моќ да не се прифатат таквите барања кои ќе го нарушат мирот". 

Таа теза за мирно предавање на власта Груевски ја турка веќе трета година, задскриена со партиски лозунзи. Мирното уништување на државата им го ветува и на странците, вклучително на средбата со британскиот министер за Европа Алан Данкан и амбасадорот Чарлс Гарет.

Да се потсетиме дека тоа е амбасадорот кој со американскиот амбасадор Бејли е надлежен за распарчување на Македонија, координатор на косовските терористи и на прислушувањето.

Во моментот кога цела Македонија врие од гнев против петте сепаратистички албански партии: СДСМ,ДУИ, БЕСА, АЛИАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ, ДПА.

Извршниот Совет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука "дека Партијата и избраните пратеници ќе се спротивстават на донесувањето на ваков катастрофален закон - за јазиците, и ќе преземат соодветни мерки за да ја заштитат волјата на граѓаните". Значи ги прифаќаат антидржавните елементи да добијат мандат, ги прифаќаат тие елементи да формираат влада и да господарат со државата и со животот на Македонците, ама ќе се спротивставеле на некои "делови од албанската платформа".

Доста веќе вие лажни патриоти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ! Со својата одлука вие сакате да ја демолирате моментално единствената адекватна државна институција - претседателската. Сакате да извршите притисок врз претседателот Иванов за да подлегне на вашето предавство и да го даде мандатот на терористите. Затоа и во актуелизираниот извештај на за Македонија се наметнува безпроблемна транзиција во предавањето на власта.

Уште пред година напишав дека Вашингтон и Брисел ќе се обидат да го искористат Груевски за нивните цели да ја уништат Македонија без војна во име на мирот и стабилноста на другите балкански држави. Да станеме курбан заради другите.

Затоа мора македонскиот народ да не ја бара подршката на политичарите, туку целосно да се самоорганизира за да го брани својот живот и својата држава. Отворете ги очите и ушите, користете ги социјалните мрежи, излезете на улица за да го подржиме претседателот Иванов да не го даде мандатот на терористи и убијци.

Стефан Влахов  Мицов 

***********************

By William F. Marshall

Ronald Reagan must be grimacing in heaven as he witnesses America fund the very forces in Europe he labored to defeat. In Macedonia, a beacon of conservatism in a heavily liberal Europe, U.S. taxpayer dollars are bankrolling a multitude of George Soros' chaos-creating leftist organizations to oppose and ultimately defeat the pro-American, center-right government there, known by the acronym, VMRO-DPMNE (pronounced "V'M-ROW"). We have Barack Obama and his ambassadorial minion, Jess Baily, to thank for this turn of events. We should pay careful attention to Soros's activities in Macedonia, for they serve as a useful case study in the methods he uses to sow discord throughout the world, including in the United States.

*********************

"AMERICAN THINKER" објави детална анализа за ситуацијата во Македонија и за финансирањето на владините организации од страна на Џорџ Сорос и УСАИД. Во анализата се прави паралела меѓу протестите во Македонија ит.н.т. Шарена револуција со протестите за правата на афроамериканците во Соединетите Американски Држави.

- Роналд Реган мора да се превртува во гробот кога гледа како Соединетите Американски Држави финансираат многу сили во Европа за кој тој правеше напори да ги победи. Во Македонија, која е светилник на конзерватизмот во голема либерална Европа, пари од американските даночно обврзници го помагаат мноштвото на хаосот создаден од левичарските организации на Џорџ Сорос за да се спротивстават и да ја поразат про-американската, централно-десничарска влада на ВМРО-ДПМНЕ. За овој тек на настаните треба да му се заблагодари на Барак Обама и неговото амабасадорско суштество, Џес Бејли. Ние треба да обрнеме внимание на активностите на Џорџ Сорос во Македонија, за тие да послужат како корисна студија на методите кои тој ги користи да сее раздор во светот, вклучувајќи ги и САД, пишува Американ Тинкер во деталната анализа која интегрално ви ја пренесуваме во продолжение.

Преку програмата на американската Агенција за меѓународен развој УСАИД наречена "Проект за граѓанско општество", владата на САД во периодот меѓу 2012 и 2016 година пренасочи речиси 5 милиони долари кон групи подржани од Сорос во Македонија. Само пред американските претседателски избори во 2016 година, програмата во Република Македонија беше продолжена до 2021 година, а нејзиното финансирање се зголеми на 9,5 милиони долари.

Малку поновата историја на Македонија ја открива промената која се има појавено во државата во текот на годините на Обама. Македонија беше дел од поранешна Југославија, па по Реган и распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и нејзиниот сојузник Југославија, Македонија успеа мирно да прогласи независност.

Околу 1/4 од населението во Република Македонија го сочинуваат албански муслимани. Две третини од луѓето се Македонци, претежно христијанско-словенско потекло, а околу 10% се од помалите заедници. Иако не беше зафатена од балканскиот конфликт во 1990-тите, Македонија беше под влијание на војната во Косово во 1999 година, откако повеќе од 350.000 албански муслимани побараа засолниште во Македонија. Со барање на Албанците во Албанија и Косово, албанската муслиманска заедница во Македонија започна вооружен конфликт во 2001 годинa, напаѓајќи ја македонската полиција и војска со што се разгореа етничките судири во земјата. За време на конфликтот, многу македонски цркви беа уништени или оштетени од страна на албанските бунтовници. НАТО интервенираше, сепак, се донесе мирно решение за конфликтот, убедувајќи ги Албанците да се разоружаат и да престанат нивните напори за отцепување.

По стекнувањето на независноста на Република Македонија, конзервативната влада успеа  исклучително добро да го симне јаремот на социјализмот, спроведе пазарно ориентирани реформи и создаде модерна, плуралистичка демократија. Светската   банка ја рангира Македонија на 10. место во светот за водење бизнис. Индивидуалните и корпоративните даноци во Македонија се 10%. Македонија ужива постојана и релативно висока стапка на раст на бруто домашниот производ, во просек 3,26% во периодот меѓу 2004-2016 година.

Македонската влада е исто така тесно усогласена со традиционалните интереси на САД. Таа е и близок пријател на Израел. За разлика од повеќето други земји од Стара Европа, таа ги забележа опасностите од бегалскиот бран од Блискиот Исток и Северна Африка во 2016 година, па затоа изгради ограда долж јужната граница. Таа прати војници да служат заедно со американските сили во Ирак и Авганистан. Главниот град на Македонија, Скопје, дури има и улица именувана по Роналд Реган. Според податоците на УСАИД, македонскиот постојан раст и трансформацијата во слободен пазар беше потпомогната преку неидолошка американска помош канализирана преку УСАИД, која во Македонија испрати некаде меѓу 11 и 63 милијуни долари годишно од 2001 година.

Сета таа неидолошка помош се промени откако во 2012 на сцена дојде Џорџ Сорос и Барак Обама. Финансиската помош стана идеолошка. Администрацијата на Обама му помогна на Џорџ Сорос и неговите субјекти во Македонија, чии главен покровител е фондацијата "Отворено општество".

Фондацијата "Отворено општество" доби пари од американските даночни обврзници преку Проектот на УСАИД за цивилно општество, што е тесно поврзано со главната опозициска партија во Македонија СДСМ.

Сепак, од почетоткот во 2015 година, методите на работа на овие организации се нешто друго, освен протести од страна на маскирани млади луѓе, каменување на полицијата, кршење на прозорците на зградите, палење на владини канцеларии и друго уништување на објекти од јавна сопственост. Демонстрантите гордо носат маички со натпис "Соросова армија". Тие ја преведоа книгата на Саул Алински "Правила за радикалите" на македонски јазик. Лидерот на оваа т.н. Шарена револуција, Павле Богоевски е член на Форумот на Невладините организации кој е финансиран од Сорос и УСАИД. Тој беше избран за пратеник во Собранието на партијата СДСМ, што ги покажува односите меѓу левичарската опозициска партија и групите подржани од Сорос и УСАИД.

Соросовата фондација "Отворено општество" во 2015 година донираше 650.000 долари за деструктивните протести "Black Lives Matter" во Балтимор. Организирање масовни демонстрации од страна на Сорос е нешто што сме го виделе во близина на нашиот дом. Според Њујорк Тајмс Сорос финансирал 50 партнерски организации за да протестираат против изборот на Доналд Трамп во "Маршот на жените во Вашингтон". Другите земји во кои Сорос финансира масовни и често насилни левичарски превирања против десноориентирани влади се Албанија, Израел и Унгарија.

Соросовите организации во Македонија сега работаат на усогласување на силите на левичарско осакатување заедно со албанската заедница во Македонија, за отпочнување на комбинираниот централен напад врз конзерватиивната влада. Според извештајот на Американ Спектатор, чии автор се конзултирал со американски и македонски конзервативни аналитичари, "нашата надворешна политика ja дестабилизира земјата и го промовира исламскиот екстремизам".

Во еден разговор со мене, висок македонски функционер ме советуваше дека целиот персонал на мисијата на САД во Скопје, од амбасадорот па надолу, се тврдокорни левичари по калапот на Обама-Сорос и работаат на соборување на конзервативната влада во Македонија.

Членови на Конгресот ја испитуваат помошта на САД на овие организации. Според деталите во писмото до владината канцеларија за одговороност, мисијата на САД  во Македонија "активно интервенирала во партиската политика во Македонија". Ваквите партиски активности од страна на американски официјални лица ја кршат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Јудишал Воач исто така започна интензивна истрага во врска со ова прашање. Во меѓувреме, администрацијата на Трамп треба да го отповика амбасадорот Бејли. Тоа треба да поведе чистка во мисијата на САД во Скопје и да го запре финансирањето на организациите на Џорџ Сорос, кој гордо призна дека соработува со Нацистите.

Авторот на анализата е Вилиам Маршал, кој повеќе од 30 години работел како аналитичар во владата на САД, приватниот и непрофитниот сектор. Тој сега работи како инспектор во Јудишал Воач.

 

Албански Балисти

 

ЗЛОСТОРСТВАТА

НА АЛБАНСКИТЕ БАЛИСТИ

ВО МАКЕДОНИЈА

**********

При пребројувањето на населението во Западна Македонија во 1942 година, Албанците не им дозволувале на Македонците да се запишат како Македонци, туку како Срби или Бугари! Во тој контекст, фашистот Шаип Камбери, пратеник и секретар на Фашистичката партија за Тетовскатат околија, постојано истакнувал дека нема Македонци, туку дека тоа се православни Албанци.

Според проф. д-р Ѓорѓи Малковски од Институтот за национална историја во Скопје, кој го истражувал дејствувањето на балистичката организација во Македонија од 1941 до 1944 година, голем број топоними ва западниот дел на Македонија добиле албанска форма како прв чекор од великоалбанската тенденција на квинслиншките власти за тотална албанизација и создавање етнички чиста територија, пишува денешен "Дневник".

- На улица, дома и насекаде строго било наредувано да се зборува само на албански јазик со цел населението постепено да се албанизира. За албанизација на возрасните се организирале курсеви за задолжително изучување на албанскиот јазик. На тој начин практично се спроведувал засилен и организиран процес за целосна албанизација на населението. Притоа со посебна наредба било побарано сите јавни натписи на установите, трговските и угостителските дуќани да се напишат на албански јазик. Називите на улиците биле обележани со албански имиња. Исто така, со посебна наредба, целокупната администрација на теритотијата под "албанска котрола" морала да се води на албански јазик- пишува проф. Малковски во своето истражување на оваа тема.

 

Диктатурата била неиздржлива

Фашистичката поделба на Македонија за време на Втората светска војна воспоставила линии за разграничување, поделувајќи го македонскиот народ под неколку окупатори. Вардарскиот дел на Македонија до почетокот на април 1941 година се наоѓал под окупација и владеење на Кралството Југославија, додека останатите два дела, пиринскиот и егејскиот се наоѓале под окупација на Бугарија и Грција. Помал дел бил окупиран од Албанија.

По нападот на Југославија, на 6 април 1941 година, во Македонија навлегла Дваесеттата германска армија, во чиј состав била и СС-дизијата "Адолф Хитлер", заедно со 18.армиски корпус, а на југословенско-албанската граница веќе биле концентрирани делови од Деветтата италијанска армија со 4 и 14 корпус. На 17 април во Белград била потпишана капитулација на Југославија, а само  еден дел подоцна, командантот на Дванаесеттата армија издал наредба Педесеттиот армиски корпус да ја превзеде командата во Македонија. Прв декрет за воспоставување окупациска административно-управна власт во западниот дел на Македонија бил декретот на Мусолини од 17 мај 1941 година. Веднаш потоа, во сите градови во овој дел на Македонија биле формирани разграноци на Фашистичката партија на Албанија.

Според документите што ги објавува проф. Малковски, секретар на градските организации биле следните лица: Дебар - Љутви Спахиу, Кичево - Зибер Нимани, Гостивар - Ибрахим Адосани, Тетово - Шаип Камбери и Струга - Махмуд Таро, Есад Доко и Наим Амзи. Мрежата на Фашистичката партија на Албанија многу брзо успеала да го наруши соживотот меѓу Македонците и Албанците на овие простори, а диктатурата што ја спроведувале врз населението била неиздржлива. Во меѓувреме, следејќи ги инструкциите за контрола на окупираната територија, а врз основа на фашистичката платформа од Тирана, веднаш биле формирани голем број фашистички организации како Беса, Фаша, Зото и Таша, а особено битно било формирање на Балистичката организација кон крајот на 1942 година.

- Во подготовките на теренот, италијанската фашистичка власт се обидела да ги влоши односите меѓу христијанското и муслиманското население на верска основа, забранувајќи Македонците да  имаат какво било влијание во локалната власт. Воведувајќи го албанскиот јазик како официјален во училиштата, општините и јавното комуницирање, италијанските фашисти го изолирале македонскиот народ во овој дел од својата сопствена татковина како во логор-смета проф. Малковски.

Целокупната власт му ја дале на многупомалубројното албанско население во западна Македонија, кое пак во тоа гледало "остварување на својот сон за Голема Албанија". Балистичките водачи, во соработка со италијанската власт, настапувале со паролата за создавање на албанска, етнички чиста држава, во која ќе влезат Косово, голем дел од Македонија, Црна Гора и Чемерија во Грција. Врз таа основа Балистичката организација развила голема активност на теренот, особено во Косово и западна Македонија, насочувајќи ги Албанците во борба против македонскиот народ и македонската војска.

 

Телефонските разговори само на албански јазик

Според проф. Малковски, по капитулацијата на Италија, во септември 1943 година, главен балистички центар, под раководство на Кадри Сало, станал Гостивар, но силна била и мрежата што од Тетово ја контролирал Шаип Камбери. Во Тирана било раководството на Централниот комитет; во седиштата на окрузите имало окружни комитети, додека во околиите-подкомитети, а во секое село имало селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови биле поделени на реонски комитети или подкомитети кои имале свои групи од 10 до 15 лица раководени од постари и поистакнати балисти.

Како командант и водач на балистичките воени формации во Гостивар и Гостиварско се истакнале Џемо Хаса од Симница, Акиф Речани и Јусуф Абди од село Речани, Мустафа од Трница, Феим Јонузи од Здуње, Исмаил Ваип од Требиште, Илијаз од Присојница, Осман од Ростуше, Зито Муарем од Горјане и други. Балистичкиот терор врз македонското население го спроведувале банди кои на почетокот броеле по неколку терористи, а потоа биле организирани таканаречени бригади кои слободно крстосувале низ Западна Македонија, правејќи невидени злосторства врз македонското население.

Во архивските документи пишува дека во Западна Македонија, имало од 12 до 15 илјади балисти што вршеле ужасен терор врз Македонците. Така, во периодот од 1943 до крајот на 1944 година балистите ги запалиле селата Малкоец, Попоец, Лактиње, Црвена Вода, Мешеишта, каде што се убиени многу селани, потоа Врбјани, Турје, Кленоец... Било запалено и селото Заграчани, а во Радолиште биле убиени стотина селани, меѓу нив и муслимани кои застанале на страната на македонската војска. 

Паралелно со етничкото чистење на теренот, балистите ги уништувале и црквите и манастирите, кои ни Турците во османлискиот период не ги чепнале. Притоа ограбени и разурнати биле манастирот над селото Сидница, потоа црквата кај селото Седларце, црквата во Ростуше, ја кренале во воздух црквата во Горна Река, а посегнале и по манастирот "Св. Јован Бигорски", од каде што се ограбени стари црковни реликвии за кои и ден-денес не се знае каде се однесени. Балистичките банди вршеле масовни убиства на Македонци, како што е злосторството што го извршиле бандитите на Мефаил во Карбуница, кога целото население било ликвидирано бидејќи во Карбуница и во Буковик се одвивале големи битки меѓу партизанските единици и балистите. Во гостиварскиот крај биле запалени селата Маврово, Леуново, Никифорово, Железна Река, Тумчевиште и при тоа биле ликвидирани речиси 500 Македонци. На 19 септември 1944 година балистите го запалиле селото Беличица каде што биле убиени 36 лица.

Во теророт вршен над Македонците во западниот дел од земјата, учествувале стотици балисти како Џемо Хаса, Акиф Речани, Мефаил Зајази, Елез Јусуфи со синовите  Цене, Јусуф Садик, потоа Селим Лока, Џемаил Меди, Зендел Капори, Мурат и Мифтар Каљоши, синови на злогласните Лан и Асан Каљоши, потоа Шемси Земури, шериф од Желино, Џафер Менедит, Џемаил Мегдин, Али Малиќи од Дебар, Исмаил од Требиште, Иљази од Присојница, Џафер Лита, Ремзи Шакир-бег, Асип Алија, Јусуф Иљази, Алип Ајдар, Илмија од Трница, Мемет Алија од Гостивар, Алил Ќазими, Адем Алил, Гавид Биљали, Сами Колоси, Ахмет Биљали, Гафо Османи, Миџамид Камил Руш, Ремзија Шебир, сите од Чегране, Рушко Весел од Добри  Дол, Али Мислодежда, Демир Делогожда, Усеин Велешта, Емин од Франгово, Етем Калеши, Адил Решад, Зендел од Кичево, Абиб Каљоши, Раим Алими и Нешат Џабир од Лаквица, Ќазим Љуши, водача на тетовските балисти и многу други.

- Во 1942 година, по формирањето на големоалбанскиот комитет во Дебар на чело со Али Реџа и Риза Афус Мемет, почнал планот за брзо иселување на Македонците од градот и околните села. Притоа целата административна власт била вклучена во проектот за протерување на Македонците. При извршениот попис во 1942 година, целокупното население што живеело на оваа територија, без оглед на нивната национална припадност, било запишано како албанско население и добиле албанско државјанство. Друга националност не била признавана. Сите имиња и презимиња на Македонците морале да добијат албански завршеток, целокупната администрација била водена на албански јазик, дури и телефонските разговори морале да се вршат на албански јазик. Мажите морале да носат кечиња на главата. Се разбира, истиот притисок се спроведувал и во другите градови и села во западниот дел на Македонија, кој бил под окупација на Италија, односно Албанија - пишува проф. Малковски.

По одржувањето на Втората призренска лига, во септември 1943 година, доаѓаат тешки денови за македонскиот народ под албанска власт.

- Во Призрен, по обемни дискусии, биле прифатени, а потоа дадени и насоки кои се преточиле во  директиви "за борба против христијаните кои сакаат да организираат своја држава", со инсистирање "христијанското население да се уништува и протерува а неговата земја да ја земаат Албанци". Притоа, на Конгресот, на кој учествувал и Селим Шаип од Тетово, заедно со Хусеин Дерала, Идриз Имери и Неџбедин Селими, биле донесени решенија за "целосно истребување на христијанското население во новоприклучените краишта од Западна Македонија... и целосна албанизација на сите краишта на Македонија..." Во таа насока, со помош на фашистичката власт во западниот дел на Македонија, на "исчистениот" простор од балистите масовно се доселуваат семејства од Албанија и Косово, со цел Албанците да станат помногубројни од Македонците, бидејќи во тоа време наталитетот кај Македонците бил далеку поголем од наталитетот кај Албанците. По ослободувањето на Македонија, албанските колонисти доселени на имотот на протераните Македонци, наместо да бидат вратени таму од каде што дошле, останаа во Македонија, а со тоа почна и продолжи етничката и јазичната доминација во Западна Македонија, која сега веќе е во таква фаза што опстанокот на Македонците на своите родни огништа, во својата татковина е целосно загрозана, пишува проф.Малковски во своето истражување за балистите и нивните злосторства во Западна Македонија.

 

Препорака од идеологот на балистите во Тетово:

Полог да се исчисти од христијанско население.

По капитулацијата на Италија, значи по 8 септември 1943 година, балистите веднаш склучиле спогодба со Германците, тврдејќи дека Албанија е обединета и независна, а со тоа Албанците мора да останат на териториите што ги контролираат, пишува проф. д-р Ѓорѓи Малковски.

- Како благодарност за дозволата да продолжат со своите активности во Западна Македонија, доставиле понуда да се борат заедно со Германците против англо-американско-советската коалиција. Подоцна, по капитулацијата на  фашистичка Бугарија, во септември 1944 година, балистичката организација се проширила и во Куманово, овој пат, се разбира, со помош и подршка од Германците. Притоа оружјето го добиле од оџите, кои на организациски план одиграле голема улога во стратегијата за етничко чистење на Македонците. Штабот на балистите бил во Матејче, а водач бил Суљо од село Отља. Покрај Суљо во Штабот биле и оџите Џафер Азизи и Иљас Керими, како и Ферат Ибраими и Џемаил Џемаили од Никуштак.

Мобилизацијата на албанското население се вршела на верска основа и под паролата за создавање на Голема Албанија, а на лицата што им се приклучувале на балистите, им било дозволувано да пљачкаат и да вршат терор врз Македонците. Во Тетовско, на пример, македонското население било изложено на невиден зулум од страна на настојникот на текијата Чазим, познат идеолог на балистите, кој барал христијанското население целосно да се исели од Полог, пишува проф. Малковски, во своето истражување за БАЛИСТИТЕ.

***********************

 

 

 

Александар на смртна постела се поздравува со своите воиници.

 

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

ДЕЛ 14

ИДЕЈАТА ЗА СВЕТСКА ИМПЕРИЈА

******************

Владеењето на македонскиот цар Александар III, неговиот славен поход и освојувањето на Истокот - Персиското Царство, е најзначајниот дел во историјата на човештвото. Епохата во која Александар го променил античкиот свет ќе остане забележана како историја на херојства, слава, моќ, но и почеток на она што е најважно - спојот на многу култури, народи и држави од три континенти - Европа, Африка и Азија.

Во светската историја, но и во легендите на сите народи од Стариот свет, Александар е запишан и запаметен како најголем светски војсководител и непобедлив воин, одличен стратег и мудрец, дури и бог во апотеоза. Во реална историска смисла, Александар е творец на новиот свет, на новата епоха, на новиот поредок - на идеата за глобализација во цивилизациска смисла, која и денес е актуална. Едновремено, Александар е голем градител, основал 77 нови Александрии, изградил пристаништа, храмови, мостови, историски споменици, кои ги спојуваат народите на Европа и Азија и во голема мера ги надминуваат етничките, културните и јазичните бариери. Навистина, Александар е митски херој, бог за народите од Африка и од Азија; народите на Азија имаат митски приказни и ликовни претстави во кои Александар е "натурализиран" домашен херој, обожуван заради херојските дела.

Великиот Александар Македонски ги урива старите полисни системи и огромното Персиско Царство за да изгради ново светско царство. Во Александровата држава се случува експанзија на финансискиот, трговскиот и стопанскиот живот, интензивен проток на идеи и луѓе, големи научни откритија, зашто секој поход е и експедиција во која научниците ги проучуваат историските, географските и културните обележја на освоените народи, биолозите ја опишуваат природата на земјите и морињата, флората и фауната на морињата и океаните, животинскиот свет на прашумите и пустините, климатските услови на цела Азија. Александар, филозофски образован, знае дека неговиот поход не е само воен поход, туку и научноистражувачки, па затоа со себе води огромен број учени од сите области на науките, кои ги запишуваат природните и културните феномени, води и голем број уметници и градежници, кои на новото царство му даваат нов лик.

Преку освојувањата, Александар го изградил новиот светски поредок во кој Македонците се носители на државното уредување - монархија, прилагодена на различните општествени услови, што зависело од спецификите на освоените народи. Александровото светско царство имало нов политички облик на уредување и нова космополитска култура.

Огромен е бројот на историографи, хронографи, биографи, географи, научници, планери на воена стратегија и стратези, многу други учени и поети кои од антиката до денес пишуваат и го анализираат, го толкуваат и го воспеваат Александровиот светски поход. Меѓу овие учени спаѓаат античките историографи, биографи и хронографи: Плутарх, Аријан, Квинт Куртиј Руф, Јустин, Диодор, Полибиј, Страбон, кои ги преземаат записите од загубените историски списи на Калистен, Аристобул, Птоломеј, современици и придружници на Александар.

 

Продолжува

***************

 

 

 

 

 

 

  

 

РОЗИТА ХРИСТОВСКА

 

ПЛАДНЕВНА ЗАВЕШТАНИЈА

 

Обзорува денот

од четири изгрејсонца

со снопови светлина

прекршени во парче црнозем

на кое од камен живот се раѓа.

 

Тука каде се' започнува

а никогаш духот не умира.

Тука каде е зачната вечноста

и бесмртноста исткаена

од збиени нишки на искони.

 

Тоа тука е токму овде

каде времето оставило стапки

и траги бележани со крв

впиена во земјата

полна со коски

трупани од памтивека.

 

Токму овде кај што газиме 

ние страдалниците

ни една молитва

не ни била залудна.

 

Ете затоа сме уште тука,

ете затоа се' уште не има

такви какви што сме,

ние чедата паталци

распнати низ столетијата

со бреме на завештанија

да не наведнеме глава,

дури шепотот на усни

во вресок не загрми

и небото јасно не се отвори.

******

 

Автор: Розита Христовска

31 март 2017

Kind regards: 15 април, 2017.

Sotir Grozdanovski 63

МАКЕДОНСКА ВЕЛИГДЕНСКА ТРПЕЗА

СРЕЌНИ И ЧЕСТИТИ

ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ

ОД НАШЕТО ДО ВАШИТЕ СЕМЕЈСТВА

ВИ ПОСАКУВААТ

АНИЦА И СОТИР

*****