ИМЕТО НАШЕ Е НАШАТА ТАТКОВИНА

Зијадин Села

 

АРОГАНЦИЈАТА И ПРИМИТИВИЗМОТ

НА ЗИЈАДИН СЕЛА

**********

Можеби не требам да го речам ова што ме измачува, но и длабоко навредува како Македонец, но сепак ќе го речам, како прашање: Има ли власт во Македонија која се' уште се грижи за Македонците или е анархијата власт која владее и си ги чека своите пет минути? Ако е така, тогаш наскоро за сигурно ќе не снема и срамот и понижувањата на кои пополека се навикнуваме, ќе остане зад нас за секогаш, одбележувајќи не како недораснати да имаме своја сопствена држава.

Дојдовме ли до тој степен да поднесуваме понижувања, со спуштена глава, пред  хулигани, терористи, криминалци, но и пред примитивци кои се на пат да ги тераат Македонците од нивната сопствена земја, а нигде на повид  јунак, кој има храброст да не поведе  во одбрана на нашето заедничко достоинство.

Зборуваме за Албанците и соживотот, а не гледаме дека пополека, но се' побрзо ни ја земаат државата, како да е нивна прчија.  Се повикуваме на нашите вековни придонеси во светската цивилизација, а им подлегнавме на племенски заедници кои не се способни и тоа што го имаат да си го средат како доликува.  И не само тоа, туку ги убедија и нашите интелектуалци, професори, доктори, правници, архитекти ... да им се придружат во остварување на нивната идеја да бидат едини господари над сите балкански народи и послушно да им ги перат шалварите и нивните племенски симболи.

Но, што е со другите кои не спаѓаат во таа група недоветни  чудовишта кои не знаат каде припаѓаат? Си гледаат сеир и молчат, да не ги извалкаат со бојата која до вчера ги фарбаа сите згради на државните институции без никој да ги попречи. И, до каде не доведе таквата толеранција во полза на соживотот? Не донесе до Македонското Собрание полно со претставници, на кои таму не им е местото. Не им е местото, во кое отворено в 'лице ни се закануваат, дека откако ќе формираат своја влада, овде нема да има повеќе македонски претставници, на ист начин, како и во довчерашните македонски државни институции, кои постанаа албански и ги нема повеќе.

Ево што ни порачува   еден од најистакнатите борци за "права" на "обесправените" Албанци во Македонија, Зијадин Села: "Регионалните министерства тука во Струга нема да имаат вработени 20% Албанци или 10% или ниту еден, туку 65% ќе бидат Албанци, Македонците ќе излезат како технолошки вишок, затоа што ги имаат зафатено нашите места."

Ова е изјава од изборен митинг на Зијадин Села, човекот од кого ќе зависи идното Парламентарно мнозинство на СДСМ во Парламентот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е планот што ќе го реализира Села, до колку дојде на власт. Зарем треба и тоа да го дочекаме па да почнеме да ги браниме нашите интереси или само да констатираме што ќе ни се случи? Несфатливо реагирање.

Заев избира меѓу интересите на мнозинството Македонци и ваквите намери на Села, кој од позиција во Влада сите Македонци во Струга сака да ги избрка од работа и да ги прогласи за технолошки вишок. Истиот тој Зијадин Села отворено го негира и македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци.  Истиот тој Зијадин Села јавно кажа дека не го признава македонското знаме и химна и истите планира да ги смени.

Треба да му благодариме на неговиот Алах што ни ги откри неговите намери; што' намерава да ни направи нам и на македонската држава и, при тоа, влакно да не му падне од неговата глава во земјата на "обезправените Албанци"; во земјата, кој тој не ја почитува а таа му дозволува  да зборува, и да и'  се заканува, дури и многу повеќе од што би можел да прави во неговата матична држава, Албанија. Ете тоа е мултиетничко општество, на македонски начин. Но, ние се гордееме и не се срамиме што сме такви.

Меѓутоа, ако неможиме да се справиме со еден Зоран Заев, со една Шеќеринска, со една Најчевска, па Фрчковски, па Ирина Стериовска и нејзините мајмуни и мајмунки од шарената револуција, како ќе се справиме со вакви лојални граѓани на нивната Албанија, кои со отворено и безобразно, арогантно и нецивилизирано однесување не навредуваат сите нас, Македонци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и т.н.т колку не има во македонската интегрирана нација, а сепак да него кренеме својот глас и да им речеме заеднички едно големо СИКТЕР ТАМУ КАДЕ ПРИПАЃАТЕ И НАДВОР ОД МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ!

Секое одолговлечување и заташкавање на проблемот со таквите Албанци кои му го уништуваат животот и на оние вистински македонски Албанци,   само ќе не доведе до уште поголеми проблеми и потешко решливи.

Човекот кој што безсрамно ја доведе Македонија во вакво тереџе и ги отвори вратите на злото со пазарење за нашиот идентитет и јазикот, потоа со прифаќање на Албанска Платформа за уништување на Македонија со нејзина федерализација и двојазичност на целата нејзина територија,  е Зоран Заев;  помилуван криминалец,  заедно со многу други предавници и душмани на Македонија и македонскиот народ.

Се разбира и други надворешни фактори ја злоупотребија македонската чесност, сметајќи ја како слабост, со која може да се манипулира народот, како и во многу случаеви во минатото, кога  беше доведуван во заблуда за неговата национална припадност.

Питер Ванхауте, и самиот човек со сомнителни цивилизациски и културни вредности,  под маската на дипломат, отворено зборуваше за редефинирање на македонската држава, при тоа потценувајќи ги Македонците и навредувајќи ги со други неприлични зборови.

Потоа, албанската пратеничка Масила Дода јавно пред сите се закани дека до колку Заев отстапи од Тиранската платформа, сите Албанци ќе се ангажирале околу остварување на проектот за Илирида и отцепување од Република Македонија, која  за неа е и така албанска провинција.

СДСМ и нивниот недоветен лидер Заев ниту еднаш не ги осудија овие изјави, молчеа и се' уште молчат. Меѓутоа, ако некои работи и би можеле на некој начин да се сватат и ако никогаш одобрат, однесувањето на Трифун Костовски кој што  им го одзеде правото на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјата, неможе никогаш да се опрости, а камо ли да се заборави. Тоа што тој го прави е само во полза на Грците, Албанците и Бугарите и тоа е недопустиво.

Ваш Сотир Гроздановски

 

 

 

 ***********************

МАНИФЕСТОТ ЗА ЕДИНСТВЕНА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

**************

 ВМРО-ДПМНЕ преку Манифесстот за единствена Република Македонија повика за национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии, општествени фактори. 

 

Прв принцип е обединување околу националниот интерес, втор принцип е интеграција во едно општество, трет принцип е владеење на правото за успех на државата и четврт принцип е пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин.

 

 

ПРВ ПРИНЦИП

 ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС

Национален дијалог

*** 

Воспоставување редовен дијалог меѓу секоја власт и опозиција за прашања од национален интерес.

 

Дијалогот да се одвива и решенијата да се наоѓаат секогаш во рамки на институциите на републиката од страна на претставници што се избрани од граѓаните. Истото е најефикасна заштита од надворешни влијанија или реализација на агенди што не потекнуваат од заедничкиот интерес на македонските граѓани - рече Попоски.

Идентитет:

- Зачуување и промоција на националниот, културниот и на јазичниот идентитет на Македонците во земјата и надвор, како и обединет настап против недемократските притисоци со цел негово негирање, секаде каде штп е тоа случај. Зачувување и промоција на идентитетот и посебностите еднакво на сите наши граѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Разновидноста на сите овие култури е нашето најголемо богатство, кое сите треба да го негуваме. Негување на изворното и на тоа што им припаѓа на сите - нашиот јазик, обичаи, песни, историја, милениумската традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност - изјави Попоски.

ЕУ и НАТО:

- Членството во ЕУ и во НАТО е наш интерес и обединувачка цел, каде што природно припаѓаме. Република Македонија ја гледаме духовно и културно сплотена во заедницата на европските народи, како институционално, така и економски интегрирана во Европската Унија. Со цел да обезбеди поефикасна прекугранична соработка во соседството, корисно е формирање европски регион меѓу Република Македонија и соседните земји за подобро користење на фондовите на ЕУ, особено во делот на зачувување на природата, водите и транспортните коридори - рече Попоски.

Право наспроти сила:

- Признавање на македонската национална самосвест и јазична посебност од европските и на меѓународните институции, врз база на гаранциите од Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација за човекови права, кои мора неселективно да важат за сите. Тоа е предуслов за надминување на наметнатата разлика околу името. Разликата се наведува како причина за блокада на патот кон членство во ЕУ и во НАТО. Оттука, може да се надмине единствено како дел од пристапниот процес, врз база на добиеното право на Унијата и меѓународното право, вклучително и пресудата на Меѓународниот суд на правда во 2011 година - изјави Попоски.

За името:

- Нема да се прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија. Нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Нема  да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без предходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството граѓани што ќе излезат на референдум да се согласат со можното решение - изјави Попоски.

Заедно против заканите:

- Обединување против секоја политичка структура или поединци што поттикнуваат раздор или радикализам од верска или национална природа, но и против тие што охрабруваат на кој било начин екстремна идеологија или, пак, регрутираат борци во терористички организации, било да се од домашно потекло или да се странци на територијата на Македонија - рече Попоски.

****************************

 

Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија.

ВТОР ПРИНЦИП 

ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕДНО ОПШТЕСТВО

Република Македонија им припаѓа на сите граѓани

 

- Република Македонија им припаѓа на сите граѓани, без разлика на етничко потекло, религија или мајчин јазик. Граѓаните се срцето на нашиот Устав. Индивидуалните права и слободи на граѓанинот согласно Уставот се нашата обединувачка сила. Обединувањето преку нација, вера и култура е формула за Европска интеграција, каде секој може лично да развива сопствени чувства. Тоа е и формулата која остава простор за јакнеење на поврзувачкиот фактор во општеството, изјави членот на Извршниот Комитет на партијата, Никола Попоски.

Јазици:

- Македонскиот јазик е тој што овозможува интеграција на сите граѓани во едно општество без разлика на нивното потекло. Наша должност и богатство е негување  и промоција на албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот, влашкиот, бошњачкиот јазик согласно Уставот и европските стандарди, а во духот на мултикултурната традиција на нашата земја. Почитувањето на правата и обврските за сите културни заедници подеднакво е најдобра гаранција за спречување на дискриминација и негување на посебностите. Иницирање на дијалог со соседите со цел воспоставување на соодветни стандарди за јазични права во рамки на регионот, а во согласност  со европските стандарди. Со таков пристап би се избегнале двојни стандарди и мешање во внатрешните работи на соседи, за сметка на добрососедството. Политиката за користење на немнозинските јазици треба да биде отворена кон сите, а секогаш во функција на развивање на едно општество каде способноста на поединецот е клуч за успех, без разлика на потеклото, рече Попоски.

Самоидентификување:

- Заштита на право на образование на децата на мајчин јазик, без разлика на етничката самоидентификација на родителите е клучна за развојот на единствена Македонија. Училиштето или богослужењето не смее да бидат алатка за наметнување на култура, јазик или доминација, туку ешто едно средство за сплотување и интегрирање, рече Попоски.

Религија:

- Верската толеранција е суштествена за животот во мултикултурна Македонија. Нашите цркви, нашите џамии и нашите синагоги се нашите духовни храмови. Верските заедници во Македонија се неотуѓив дел од македонскиот менталитет и македонското општество. Солидарноста и подготвеноста да му се помогне на сиромавиот се во духот и на христијанството и на исламот и на јудеизмот, рече Попоски.

Традиција:

- Историското помнење овозможува ренесанса на традицијата. Потребно е да се оживеат старите традиционални вредности. Семејството и солидарноста ги сметаме за темел на културата што ги слави животот и вистинските вредности. Тоа подразбира и култура на напорна работа, деловна чесност, претприемништво и мултикултурен соживот како вредности кои не обединуваат. Секој граѓанин има лична одговорност кон Единството во Република Македонија. Носителите на јавни функции имаат посебна одговорност за поврзување помеѓу сите граѓани со различно потекло и градење на мостови во општествто, заклучи Попоски.

***************************

 

 

 

                                                   

Илија Димовски

ТРЕТ ПРИНЦИП

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ЗА УСПЕХ НА ДРЖАВАТА

Суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните

 

- Почитувањето на Уставното уредување и законите на целата територија, без селективност е предуслов за успешна држава. Културата на законитост и на почитување на законите, доверба во правниот поредок и лојалност кон државата се клучни за владеење на правотот, рече Илија Димовски.

Согласно Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Индивидуалните права на граѓаните, но и обврските  пред се' се тие, од кои се водиме кога креираме политики.

Сите избрани и именувани функционери имаат обврска за отчетност при извршувањето на државните задачи. За напредок на државата е потребна  нејзина долгорочна стабилност. Тоа може да се постигне преку мерки за поголема политичка стабилност како бонус од 20 пратеници за победникот на парламентарни избори, во рамките на сегашниот број на пратеници и согласно со Уставот, или пак со воведување на мнозински изборен модел. Принципот од Уставот за заштита на правата на немнозинските заедници на централно ниво доследно да се применуват во сите единици на локалната самоуправа и за сите заедници без исклучок, но и без разлика какво е мнозинството на локално ниво, рече Димовски.

Тој рече дека попис да се спроведе без одлагање со цел квалитетно планирање на политиките, како и за конструктивен дијалог на меѓуетнички теми.

Пописот треба да е статистичка, а не политичка операција. Затоа е потребно да се води строго според методологијата на европската статистичка агенција "Еуростат" и Организацијата на Обединетите Нации, вклучително да има и механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранции за автентичност на лични податоци и потврда на идентитетот на лицата преку дигитализација на отпечатоците, рече Димовски.

Воведување на механизми за следење на владеењето на правото на локално ниво, вклучително наплатата на локални давачки и практична примена на законодавството, согласно најдобрите европски практики, како и воведување мерки за унапредување на примената на целата територија на Република Македонија.

Територијална поделба водена од економско-географски критериуми со цел надминување на недоследностите од политичкото определување на локалните граници, рече Димовски.

*****************************

 

ЧЕТВРТ ПРИНЦИП

ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА

ЗА ПОДОБАР СТАНДАРД НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН

************************

- Неопходно е национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи, новоотворени работни места за нашите граѓани, затоа што тоа е навистина најпотребно. Докажавме дека е тоа возможно со видно подобрување на рангот на државата на повеќе листи за квалитет на климата за водење бизнис, како и преку создавањето на над 160.000 нови работни места. Неопходно е да се опстои тој курс, што е дополнителна причина за постигнување национално - надпартиско обединување околу овој единствен интерес за сите наши граѓани, рече Димовски.

Обединување околу идеата за Пазар на кој секоја индивидуа, нагласи Димовски, ќе можи да си го најде сопственото место, начин на обезбедување на егзистенција, простор за борба за подобро утре, за посреќно семејство.

Моќта на развиените држави во светот почива на создадената култура, атмосфера, верување дека секој треба да смисли начин како да успее во животот и да не чека друг тоа да го направи за него. Тоа значи дека секој треба да почне да верува дека може да успее ако има добра идеја, упорност, истрајност и подготвеност за ризик. Затоа претприемничкиот дух треба да биде водилка во обезбедувањето на сопствен приход. Тоа е тесно поврзано со остварување на сечиј сон, рече Димовски.

Знаењето и образованието не се доволни сами по себе ако само се повторува тоа што сме слушнале или прочитале, без системски поттик на секој поединец до максимум да ја извлече и развие својата креативност и иновативност и да се насочи кон создавање на сопствен бизнис.

Само општество со граѓани со креативни и иновативни идеи може да продуцира нови успешни бизнис приказни, да креира зголемено ниво на конкурентност на пазарот и борба за пласман на производи и услуги надвор од границите на државата, рече Димовски.

Затоа, нагласи тој, главни елементи на планот на економијата треба да бидат пазарното стопанство, конкуренцијата, натпреварот, можноста за избор, личната одговорност. Пазарот е тој што ги развива натпреварувачкиот и духот на претприемништво и ги поставува критериумите на стручност, успешност и на квалитет. Со тоа, сите заедно да се избориме за поголеми плати, повисок стандард.

Најдобрата социјална политика е политиката која отвара нови работни места и генерира економски раст. Државата води сметка да се намалат нееднаквостите кои може да ги создаде пзарот. Но, праведноста и солидарноста не е исклучиво право на нејзина надлежност. Државата не може да ја замени нити приватната, нити граѓанската и нити локалната иницијатива. Во сета пазарна логика која ја наградуваме, мора да ја зачуваме традицијата за солидарност и помош на најранливите во нашето општество, заклучи Димовски.

Ова се долгорочните принципи за кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага. За краткорочните цели е патоказот за излез од тековната политичка криза. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Манифестот е отворен документ кој нуди решенија за клучните стратешки прашања во државата за долгорочен и среднорочен план. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за дебата и се очекува и СДСМ и останатите општествени чинители да го прифатат и да излезат со свој став.

*****************************

РИСТО СТЕФОВ

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ

ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 30

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

*******************

ГРЧКИТЕ ДВЕ ИСТОРИИ

 

Грците имаат две истории, митологијата креирана од надворешни креатори со задача да ги претставува грчките град-држави и вистинска историја на нејзините поранешни народи: Албанците, Турците, Власите, Македонците и други помали етнички групи кои живееа на земјата денес наречена Грција, асимилирани през изминатите години. Па затоа, Грците не се тоа што го зборуваат да се', туку се тоа што сакаат да бидат, наследници на древните Грци, нестанати пред повеќе илјади години, кои исто така не беа чисти Грци, туку како и денешните, разна мешавина. Тоа треба да се знае.

Према тоа, што се денешните современи Грци и кого тие го преставуваат? 

Како што појаснав и порано во моиве текстови, Грција и Грците се вештачка творевина од асимилирани Власи, Албанци, Турци, Македонци, Роми и многу други помали етнички групи кои живееа на територијата од денешна Грција. Бидејќи Грците не постоеа пред формирањето на денешната држава Грција, во 1828, разбирливо е дека и грчка историја не постоеше. Па така, нивната историја од пред тој период е само измислена креација исполнета со лаги и не вистини, како и грчкиот идентитет. И да би таа креација постанала "вистина", надворешните креатори на луѓето, кои денес живеат во денешните грчки граници, им рекоа дека  тие се  сега Грци. Асимилацијата во новата грчка творевина се вршеше на секој прикладен начин, а повеќето насилно, како што беше случајот со македонскиот народ во Македонија, но и во другите делови под окупација на соседните, исто така, новостворени држави.

Сега се прашуваме, како е можно името Македонија да и' припаѓа на Грција, кога Грција не постоеше пред 1828 година во.н.е.?

Може ли некој да им поверува на грчките лаги дека имале историја пред 1828 година кога Грција пред тоа не постоела? Кога народот кој денес е наречен грчки беа посебни народи и посебни етнички помали групи, секоја за себе, со имињата кои горе ги споменавме?

А сега да се вратиме на македонскиот народ да видиме кои беа и се' Македонците. Македонците до Народната Република Македонија од 2 август 1944 година беа етничка нација без своја држава, но со своја историја и култура од пред многу векови  и со постојан престој на истата територија со име Македонија, се' до нивната насилна поделба во 1913 година од.н.е.

Македонскиот народ за својата слобода се бореше во повеќе востанија, вклучувајќи го и Илинденското од 1903 година против Турската Империја и како резултат беше Крушевската Република, прва на Балканот. Се разбира, нејзиното траење беше кратко, 12-13 дена, но со охрабрувачка сила за народот дека се' е можно, ако се бори обединет и за општо народна цел. Меѓутоа, големите сили не сакаа тоа да се случи, па затоа им дозволија на ново створените држави, од периферните делови на Отоманската Империја, да ја нападнат, да ја поделат македонската територија меѓу себе, а народот секој во својот освоен дел да го асимилираат. Асимилацијата не беше без болна, туку и насилна. И така Македонците одеднаш постанаа Грци, Срби, Бугари и најмалу бројните дури и Албанци. За среќа, голем број од македонскиот народ не дозволи да биде асимилиран и до денешни дни.

Македонците во делот кои му припадна на Србија успеа во 1944 година да организира своја држава во составот на Југословенската федерација, а веќе со нејзината дезинтеграција, во 1991 година да се осамостои под своето Уставно име Република Македонија.

Спрема тоа и како самостојна и суверена држава на македонскиот народ, Република Македонија има можност и меѓународно право да открие многу неправилности и пред меѓународната заедница да ја изнесе неправдата на грчката држава спрема делот од македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија, како на пример:

1. Дека Грција е вештачка творевина и нема ништо заедничко со древната Грција, град-држави и дека поголемиот дел од нејзиното население се етнички Македонци со идентитет и култура подруги од идентитетите на другите етнички групи во новостворената грчка нација, кој никогаш не биле дел од древните грчки град-државички, врз кои современите Грци го темелат своето наследство.

2. Македонија можи да ја информира светската јавност за темелите на грчката држава дека и' се вештачки и на кој начин дојде до македонската територија заедно со Македонците во неа, како и да би остварила хомогеност на својата ново компонована нација, брутално се однесува спрема македонскиот народ, применувајќи меѓународно недозволени човекови и правни мерки.

3. Македонија можи да бара од Грција да ги признае Македонците на својата теритоија и да ги компензира за штетите кои им ги нанела во процесот на нивната насилна асимилација и протерување надвор од нејзините граници.

4. Македонија може да му докаже на светот дека Грција делот од македонската територија под нејзина  окупација го присвоила со војна и империјални средства од народ кој не дозволува да биде окупиран, што би можело да произведе тешки последици по големите сили кои ја дозволиле таквата ситуација и и' ја доделиле на Грција македонската територија, заедно со народот.  

5. Македонија можи да му докажи на светот дека Грција го злоставува добиениот народ заедно со македонската територија со процесот на насилна асимилација и повеќеструкиот геноцид извршен над него, што би можело да води кон судски процеси, против грчката држава.

6. Македонија може да бара поврат на нелегално одземениот имот  од протераните Македонци, што би водело до огромни репарации за Грција.

Горе реченото е само мал пример од можностите кои би и' стоеле на расположение на Македонија, кога би била меѓународно призната со нејзиното сопствено име и дозволено да им се придружи на меѓународната заедница како рамноправнa членкa.

Па затоа Грција заедно со своите патрони побрзаа да смислат нешто ефикасно, како би ја попречиле македонската држва на нејзиниот пат кон таа цел.

Мислам дека Грција и нејзините чувари не беа подготвени за распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија. Исто така не веруваа дека таква Македонија би била способна да преживее   сама, без помош од Србија.

Но ова е "вистинскиот" проблем. Македонија сака да биде самостојна и независна држава. Сака да им се придружи на другите самостоини држави во светот. Меѓутоа од страв, како што реков и порано, Грците заедно со нејзините ментори и креатоти, не сакаат самостојна Македонија.

СОГОВОРНИКОТ: И кој е денес грчки покровител и заштитник?

РИСТО: САД, Велика Британија и Француска; истите држави, кои доминираат во Обединетите Нации и Советот за Безбедност и ги контролираат интернационалните проблеми, вклучувајќи го и проблемот со "разговорите за името", македонското членство во ОН, НАТО, ЕУ и т.н.т. Со други зборови, тие одлучуваат дали Македонија ќе влезе во Меѓународните организации или не...или да ли грчкото однесување е оправдано, праведно или не.

Како што споменав и порано, Грција и нејзините покровители и заштитници размислуваат за се'. Дали е нешто неповолно за Македонија, или дали е рискантно по нивните лични интереси. Тоа е и причината што го измислија  така наречениот проблем со името и ја попречија Македонија кон нејзиниот пат до меѓународните интеграции.

Мислам дека сте задоволни со мојот одговор на вашето прашање.

СОГОВОРНИКОТ: Да, задоволен сум.  Што повеќе слушам за сите овие прашања, се повеќе ме уверувате дека сте во право. Човек треба не само да разбере поедини прашања, туку е потребно да се знае и целата историја. Грците и нивните заштитници презедоа потребни заштитни мерки за да се заштитат себе си и своите интереси. Верувате ли дека можете да излезете на крај со нив?

РИСТО: Да, ќе победиме, меѓутоа ние ќе мораме да ги предизвикаме Грците и нивните сојузници и заштитници на јавен форум и на тој начин да ги изложиме јавно за се' што ни прават и какви штети ни чинат. Вистината е силно оружје...и, ако треба  да се  послужиме со неа, можеме да ги застанеме и да ги победиме... или ќе бидеме избришани. Јас секогаш се навраќам, назад, кон теоријата дека "земјата била рамна", во која навистина целиот свет верувал дека е тоа едината вистина, се' дури  неколку луѓе не покажале со прст кон правата вистина... Сега, никој повеќе не верува дека земјата е рамна...

СОГОВОРНИКОТ: Во неколку случаеви вие се задржавте на прашањето со насилната асимилација на македонскиот народ од страна на грчката држава, те на тој начин тие биле погрчени и станувале Грци. Колку е ефикасно тоа во денешни услови?

РИСТО: Па како би ви одговорил на тоа прашање, би требало да ве пренесам во минатото и да ви објаснам како се работело тогаш, што би се сметало за "асимилација". Но, прво ми дозволете да ви објаснам што се смета за "асимилација".

Спрема Англискиот Оксфорд речник, зборот (assimilate)  "асимилација", значи нешто  или некој што се абсорбира, приклучува кон некоја поголема група со цел да постане ист или сличен со другите ...

За разлика од реченото, во случајот со грчката асимилација на Македонците,  тој процес беше применуван со бришење на све од сеќавањата  на народот за нивната култура, обичаи, јазик и заменувано со друг идентитет вештачки створен и наметнуван во свеста на луѓето на разни начини. Со други зборови, со "забранување" да се биде Македонец и "присилување" да се биде Грк.

Историски зборувајќи, прво Грците покушавале да ги уверат Македонците дека тие се Грци со користење на методи во образовниот систем или други пропагандни методи. Тоа се случувало во времињата  пред и после анексијата од 1913 година. Откако таа метода не се покажа како брза и ефикасна, се премина кон менувањето на имињата и заменување со грчки. Заедно со тоа се избрисаа и преименуваа сите топоними на градовите, селата, патиштата и се' друго што било поврзано со минатото на македоскиот народ. Тоа беше направено през и после 1920 -те години. Откако и тоа се покажа како не ефикасно, грчките власти им го забранија македонскиот јазик, правејќи го  нелегален за  користење во јавните и приватните меѓусебни комуникации. Тоа беше направено во 1930-те години. Кога и тоа не успеа, тогаш властите започнаа со физички мерки, како на пример кастор зејтин, солени риби, физичко злоставување - тепање, затворски казни, иселување и смрт. Овие методи беа применети за време на Метаксовата диктатура во 1936-те години. Кога и тоа не успеа, тогаш Грците се послужија со геноцидни мерки за  физичко и масовно  истребување  на Македонците, што дојде до изражај особено за време на Граѓанската војна  од 1946 до 1949 година.

Денес, Грците и пак нивните спонзори покушаваат Република Македонија да ја тргнат од нејзиниот пат кон европските и светски интеграции.  И во случај тоа да им успее, а би се случило ако македонската страна направи некоја грешка, која сите тие ја очекуваат, како на пример да се одрекнат од "разговорите за името" или да пристанат со менување на името, во тој случај Македонија би можела одново да се вклучи во циклусот на уништување од соседните држави, како и во минатото од 1912 и 1913 година. И никој тоа не го очекува со поголема радост од Грција, Бугарија, Србија или Албанија, да споменеме само неколку од нив.

 

Јоанис Метаксас

Тие Македонци кои се одлучија да бидат асимилирани во грчкото општество, требаа не само да го заборават своето македонско потекло и идентитетот, туку  да го примат вештачкиот и туѓ идентитет на Грција. Тие постануваа Грци, наследници на древните Грци со величенствено историско минато, од пред пет илјади години назад во историјата. За несреќа, сето тоа беше само лага и обмана!

Бизарно, не ли?

СОГОВОРНИКОТ: Што значи за вас да  сте Македонец? Ако се земе во обзир сето тоа што им било направено на Македонците и вие сепак сакате да останете Македонец? Зошто не Грк? 

РИСТО: Да се биде Македонец е судбина, не е ли така? Што би бил друго? Јас сум Македонец, тоа сум што сум. Јас не сакам и неможам да се лажам самиот себе си, моите пријатели, моето семејство, моите деца, моите внуци и да им речам дека не сум Македонец, кога тоа неможам да го кријам. Кога сум тоа што сум - Македонец! Каков би човек бил кога би се одрекнал од својата националност и од својата нација и народ? Па на крајот на краевите, зошто би го направил тоа? Да ја направам среќна некоја нација која самата не знае што е и од каде доаѓа? Не, јас не сакам да бидам било што друго, освен тоа што сум, а јас сум МАКЕДОНЕЦ. Тоа било вградено во мене уште во мојата рана младост и тоа сум што сум.

Со моите сонародници Македонци делам исто минато, заедничка историја, култура, јазик, обичаи, вера и сите среќни и несреќни временски премрежиња на мојот народ...

Што би можел да споделам со Грците? Нивниот мртов јазик?! Нивното славно вештачко древно минато? Нивната митска историја? Како би можел тоа да го поднесам кога знам дека се' што "Грците" имаат и со што се гордеат е лажно и измислено од странци, кои од тоа имаат свои егоистички интереси?

Да ви кажам една мала приказна која ме тера да размислувам зошто сум Македонец и зошто сум горд што сум Македонец. Пред неколку години, нова група од пет Македонци, офицери на македонската армија допатува во војната база Борден, тука во Канада, на четири  и пол месеци  курс по англиски јазик. 

Ден откако допатуваа, отидов да ги посетам и да се поздравам со нив. Никогаш пред тоа не сум имал прилика да се сретнам со нив. Откако ги сретнав и им посакав добредошлица и поразговарав малку, еден млад офицер, поручник, ми се обрати со "Чичко Ристо", ме ослови со "Чичко" од почит, "штом туку ве сретнав и зборувам со вас неколку минути, почувствував како да ве познавам цел мој живот..." Само го погледнав и незнаев што да му одговорам. Тој млад македонски офицер толку ме возбуде со своите зборови, да јас и ден денешен неможам да се одмакнам од тие импресии, кои  се' уште живеат во мене.

Јас доаѓам од Македонија окупирана од Грција и одрастев во Канада. Младиот македонски офицер доаѓа од Прилеп и никогаш не бил пред тоа надвор од Македонија и ево не тука во Канада споделуваме нешто наше заедничко и свето. Тоа е што значи да си Македонец! Можам ли тоа да го почувствувам со Грк или со било кој друг, не Македонец! Не сум сигурен, но мислам никогаш! Грк би ме погледнал безволно, би погледнал долу и би изговорил: "Ти си безвреден Славјан"! И што да сторам да бидам Грк, секогаш за нив би бил "нечист Славјан"; одвратен...Дури и најзадрт Грко-фил ја има почувствувано таа нивна омраза спрема некој кој не е како нив.

СОГОВОРНИКОТ: Занимливо! Меѓутоа, би се вратил малку назад кај "спорот со името" да ве запрашам за времето од 2001 година и што се случило со Албанците...дали е тој сегмент од вашите заеднички односи поврзан со името и спорот околу него? Негде имам прочитано нешто во врска  со тоа, во еден од вашите текстови, дека вашето мислење е дека има некоја врска. Вистина ли е, и каква?

РИСТО: Да, но за да се разбере поарно тоа прашање, треба да се погледне големата слика; Големите сили се' уште сакаат македонскиот идентитет да нестане.

Да го погледнеме "проблемот" од повисоко. Јас ќе го поедноставам. Прашајте се: "Се ли Соединетите Американски Држави за или против Македонија?"

Ако одговорите со "За", како што многу луѓе и веруваат, тогаш зошто иницираа и ја подржаа војната во 2001 година и зошто ја помогнаа и подржаа албанската страна? И зошто на дипломатско поле направија се' за да ја понижат Македонија?

Дозволете ми да го кажам и тоа, дека  САД направија се' што можеаа да ги помогнат Албанците, бидејќи сакаа да им се додворат и да им бидат партнер во нешто друго.  Да речам за сега дека одговорот не го знам што е тоа нешто друго, меѓутоа, нели Албанците им беа партнер во намерата да ги повредат Македонците?

Соединетите Американски Држави ниту покушаа да им "помогнат" на Македонците да го решат проблемот со Грција, али затоа пак направија се' да ги притиснат Македонците да побрзаат да го решат спорот на своја штета, како предуслов...

Да. Јас би рекол дека сите овие проблеми кои Македонија ги чувствува на својата кожа се резултат на мешаните пораки кои доаѓаат од Вашингтон и Брисел. Со други зборови, Република Македонија е оставена на своја рака да се врти во круг, се' дури не погреши и и' се врати одново, на злобната 1913 година. Со други зборови, ништо не се променило во изминатите 200 години и пак останува самите да си ги решаваме нашите проблеми и моделираме нашата судбина. (верувај во себе и во своето магаре - Сотир). И ако направиме грешки како во 1903 и 1946 година, одново ќе доживееме пораз кој би не уништил за секогаш! Можиме ли да си дозволиме уште еднаш такво нешто? Мислам никогаш!

Грчкиот проблем со нашето име, црковниот проблем со Србија, македонскиот јазик и идентитетот со Бугарија и територијалниот проблем со Албанија се дел од истиот проблем; некој веќе гледа одозгора и чека да нестанеме како Македонци! Зошто? Не знам.

СОГОВОРНИКОТ: Мислите ли дека со менувањето на македонското   име би нестанал и идентитетот на македонскиот народ?

РИСТО : Да! Но само за кусо време, зошто Македонците никогаш нема да пристанат да нестанат како Македонци. Тоа го  видовме и никогаш на никого не му успеало ниту ќе му успее да не избрише како такви. Досега немало никого на светот кој пробал на секој начин да не промени и или на просто да не уништи како што го правеле Грците, па ништо не успеале. Ние уште сме тука и одиме напред и живи и здрави и  силни, како некогаш.  Како  што гледаме и така наречените сили покушаваат од петни жили, на некој начин, да не стегнат за врат за самите да се уништиме, но не им успева. По се' изгледа, тркалото на среќата ќе се сврти во наша корист и пак ќе си тргнеме по нашиот зацртан пат. Се' што треба да сториме е да издржиме...И се' што сум научил од  моите стари е дека издржливоста на Македонците е нивниот пат, кон среќата.

СОГОВОРНИКОТ: Зошто мислите дека сте упорни и тврдоглави?

РИСТО: Мислите дека сме? Јас пак мислам дека ако бевме доволно тврдоглави и упорни, не би му дозволиле на никого да не влечка за нос околу наоколу и тоа без срамно и така отворено и денес. Вие сте во право. Навистина сме тврдоглави но во исто време и флексибилни... флексибилни до виткање, но не и до кршење...Тоа е што не сочувало до сега живи, здрави и неуништиви през изминатите векови. Ако ја истражувате нашата историја, ќе откриете дека ние одбравме флексибилност и мудрост со цел да избегнеме стапици од нашите непријатели, но во исто време да ја сочуваме силата, за одбрана, ако затреба. Верувам дека во тоа се состој нашата долгавечност и надеж во поарно утре....

СОГОВОРНИКОТ : Мислите  ли дека вашата лична ангажираност му помага на вашата крајна цел?

РИСТО : Себе се доживувам како дел од нашата борба, но во никој случај не можам да се споредувам со веќе дадените жртви на многу Македонци од минатото до денес. Вклучувајќи ги  и оние кои ги дале своите животи, свесно и храбро, за нашата татковина. Правам што најмногу можам во дадените околности и моите можности. Правам за се' во што верувам дека е добро, особено во образованието на македонскиот народ за неговото минато, како би биле подготвени да се соочат со иднината, која е непредвидлива и секогаш изазовна.

Прво што треба да се "знае" во животот е како да го направиш тоа што го работиш. Јас  покушавам да го предупредам македонскиот народ на историските стапици во кои сме се фаќале во минатото, како би ги избегале  денес но и во  нашата иднина. Во секој случај, сето ова интервју се бави со оваа тематика.

Продолжува

Александар III Македонски, 356-323 г. пр.н.р.

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

ДЕЛ 13

СВЕТАТА СВАДБА ВО СУЗА

**********************

Во 324 г. пр.н.е. целата македонска војска се собира во Суза, каде што царот приредува "Голема света свадба" на која се венчаваат 10.000 Македонци со Персијки; меѓу нив се и сите хетајри и самиот Александар кој се жени со две ќерки на Дареј, Брасида и Парисатида, но и со Охос, најмалата ќерка на Артаксеркс. На свеченоста што трае неколку дена присуствуваат гости од целото царство, меѓу кои се и сатрапите од новоосвоените земји со 30.000 млади Иранци, персиски коњаници, согдиски и скитски стрелци на коњи и пешачки одреди кои Александар ги нарекува епигони, вооружени и извежбани за борба на македонски начин. "Светата свадба" ја симболизира свадбената заедница на  Стариот свет.

По ова, околу 10.000 ветерани, богато наградени, вратени се во Македонија, а нивните нови жени и деца остануваат во Азија; за нив треба да се грижи државата, децата да се воспитуваат на македонски начин, а кога ќе пораснат, да бидат вратени во Македонија.

Александар планира понатамошни походи кои имаат многу повеќе истражувачки и научен карактер отколку воена цел; се подготвуваат проекти за изградба на патишта и храмови, нови експедиции за истражување на Каспиското Море, за поморско патување околу Арабискиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле или Мелкарт, најстариот теснец меѓу Европа и Африка, денешен Гибралтар; Александар се подготвува да ги покори Сицилија и Италија, да плови околу Арабија и Африка и да го трасира новиот пат од Атланскиот Океан до Средоземното Море.

Овие планови пропаѓаат поради смртта на "Великиот" владател. По големата тага за смртта на најблискиот другар и соборец Хефајстион и по последниот воен поход со големи напори против воинствените племиња во Медија и во Сузијана, Александар се враќа во Бабилон и планира градење на пристаниште за илјадници бродови. Меѓутоа, на гозбата во Бабилон Александар добива треска и по седум дена, на 13 јуни 323 г.пр.н.р., умира на триесет и три години, по дванаесет години и осум месеци војување и владеење.

Продолжува

Професорка Ангелина Маркус

БЕШЕ СИ БИЛА ПРИКАЗНА...

 

...ЗА ЦАРОТ САМОИЛ

*************************

Македонската историја е преполна со знамени цареви и царства од најдревни времиња на продолжена линија на династии. Сите тие, неколку илјади години ја потврдувале славата на Македонија.

Династиите на Филип II, Птоломеите, Селеуките, Антигоните, Константиновата и Јустинијановата династија, Васил II и Самоил, Комнените, Крале Марко, Војводите, сите Македонци, биле градители на градови, цркви, манастири, патишта, тврдини и сите оставиле зад себе дела со непроценлива вредност во статуи, мозаици, фрески и ковани монети како мали ремек дела. Тие остатоци од македонската култура блескаат од Охрид и од археолошките ископини низ сите македонски градови.

Самоиловата Македонска држава, најголема во средниот век, се посведочува со тврдини во Охрид, Преспа, Прилеп, Скопје, Струмица, Лариса, Воден, Солун, Дубровник. Тоа што се' уште го гледаме околу нас од тоа време и на целата територија наречена Византија, тоа се местата на  христијанска Македонија, колевка на црковното  писмо, кирилицата, светците, житијата, фреските и црквите што се проширувале низ целиот Православен свет. Охрид и Цариград се светските престолнини на македонската династија нарекувана Василевси што значело сончева сила во лицето на царот.

Кнезот Никола со Цимиски и Васил II ги определил границите на владеење во Македонија. Четирите синови на Никола: Арон, Мојсеј, Давид и Самоил го наследиле таткото и неслогата со своите први роднини од Цариград. Самоил се покажал како  најсилен владател, се крунисал  и започнал да се спротивставува на царот Васил II. Директно се судрил со него, водејќи братоубиствена војна.

Царот Самоил набрзо го обединил Македонското царство во силна држава со големо влијание врз културата на Православниот свет и писменоста. Охрид со својата Архиепископија и првиот Универзитет во Европа, црквата "Св. Софија" и другите цркви за секој ден во годината и како богата престолнина не само на Самоил, Охрид бил престолнина и на син му Радомир, Јован Владислав и други потомци. Истражувањата покажаа дека сите царски лози низ Европа влечат наследен ген од Самоила, особено руските цареви украсувани со македонски круни, жезла и други царски украси. Така Самоил се појавува како сврзувачко ткиво во македонската историја. Го јавал коњот и ја предводел војската со исто оружје, на исти места како и Филип II со борба потврдувајќи ги границите на Македонија.

Трагичните настани по братоубиствените војни со Васил II од цариград, исто така смел воин од Македонската династија, не ја намалиле славата на Самоил и неговите војници овековечени во фреските на манастирот во Водоча. Многу се речити и Самоиловите тврдини во секој град на средновековната македонска Самоилова држава. И карпите над езерото во Охрид како да го врежале ликот на Самоила да го потсетува народот на сите војни и страдања за Македонија.

 

Професорка Ангелина Маркус

Kind regards : 10 април 2017

Sotir Grozdanovski broj 62