КАЛФАТА ПОСИЛЕН ОД МАЈСТОРОТ

 

КАЛФАТА ПОСИЛЕН ОД МАЈСТОРОТ!

МОЖНО ЛИ Е?

************

"Нов ден, нова нафака", велат поискусните. Другите пак, им веруваат на секого, кој ќе им се насмее и ќе им рече "Добро утро комшија", дури брат му ви ги краде овците и зимницата од амбарот, уверен дека нема да ја преживеете зимата.

Ете тоа ни се случува деновиве во нашата сопствена држава Република Македонија, призната со нејзиното Уставно име, а народот со неговиот национале идентитет и јазикот негов од искона македонски. Признат од нашиот "докажан пријател и стратешки партнер", уште од времињата кога од остатоците на Османлиската империја се креираа балканските држави, со исклучок на Македонците, кои беа предвидени да ги снема од лицето на земјата. Признат и од наследниците на оние кои не "признаваа" и пред Балканските воини, уверени дека тие признавања нема да им нашкодат пред јавноста со ништо, зошто и така наскоро ќе не снема. 

Меѓутоа, времињата се изменија, силите на светската сцена исто така, заедно со Македонците кои не им ги исполнија очекувањата и не нестанаа од светската сцена. И згора на тоа, сега си створија и сопствена македонска држава, која им стои на патот на нивните погани и не човечки накани. 

Распарчувањата на македонската земја не им ги остварија плановите; физичкото истребување на Македонците од егејскиот дел на Македонија, исто така; етничките чистки со размена на населенијата помеѓу Бугарија и Грција, делумно; забрана на македонскиот јазик од употреба во јавните и приватните комуникации и така и така, за некое време. И што сега?

Лагите се истрошија, институциите за небарем "одбрана" на човековите права си ги покажаа роговите, зошто и тие беа за времињата кога нивниот збор нешто вредеше, а ние немавме свој  за надворешна употреба...Останаа само средствата на лажната демократија во лицата на уцената  "ќе ги добиете" ЕУ и НАТО  (ако не послушате и самите се убиете), и силата, ќе изгубите се' и така и така. Изборот е ваш! Вели Џес Бејли, американски амбасадор во Скопје, или во земјата на која не и' го споменува името кое му го признала неговата голема и силна земја, зошто очекува, со помош на домашните душмани и предавници наскоро самата да си го смени, заедно со националниот идентитет и јазикот, пред не'го да го смени и стави негде на некоа полица од историјата, неговиот сегашен и нов мајстор, Трамп.

Меѓу тоа, не е сигурно нити тоа. Со доваѓањето  на новиот мајстор од истиот еснаф, во стариот дуќан со лоши калфи подучувани од стариот мајстор, тешко дека ќе се промени квалитетот на робата  која неколку стотини години се изработува и се' уште добро се продава со помош на типови како Заев, Фрчковски, Најчевска, другарот Тито, Љупчо Георгиевски, Шеќеринска и многу други како нив, алчни за лесен живот на сметка на народот или Сорос. Тие се' ќе направат за да ја продадат робата, макар и на кредит, со државата како гарант, за која пет пари не даваат.

А македонскиот народ? Па тој е последната одбрамбена огнена линија, која секогаш е изложена на непријателската артилерија. Последниот збор е на македонскиот народ, како и секогаш во историјата. Барем сега има зошто и да прозбори - да си ја сочува државата и својата сегашност и утрешната иднина.

Ваш Сотир Гроздановски

Борис Џонсон

 

ДОАЃАЊЕТО НА ЧИЧКО СЕМ Е ВСУШНОСТ

ДЕЛ ОД ЕДНО СРАМНО

И ПРЕКУМЕРНО ЛИЦЕМЕРИЕ

*************************

 

Во пресрет на  посетата на американскиот претседател Барак Обама на Велика Британија, кога  им предложи на Британците да останат во Европската Унија, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон изјави дека: "Доаѓањето на чичко Сем е всушност дел од едно срамно и прекумерно лицемерие" и дека ниту една држава нема право да и' кажува на друга држава како да ги менаџира внатрешните работи.

Остриот сарказам на Џонсон, продолжува: "На луѓето во Британија ќе им биде кажано да бидат добри со себе и да прават добри работи. Од страна на нашиот најгоелм сојузник ќе ни биде кажано дека е во наш интерес да останеме во ЕУ, без разлика какви недостатоци ние претчувствуваме дека ќе има самата организација. Не е важно губењето на суверенитетот, трошоците, бирократијата во организацијата и неконтролираната имиграција.

За "губењето на суверенитетот", Џонсон ја погоди суштината во сржта.

Било кој од неговите аргументи, е против САД и ЕУ и нивните барања, Македонија да го  смени името, за да се смирела Грција. Само прашајте го Британецот Робин О'Нил, кој беше првиот посредник на ОН за спорот со името меѓу Грција и Македонија и ќе ви каже: "Македонија не смее и нема да го смени своето име за да ги задоволи Грците. Ако Македонија подлегне на притисокот и го смени своето име, тоа само ќе им го зголеми апетитот на Грците во настојувањето да стигнат до својата крајна цел - Македонија да исчезне од географската карта."

Борис Џонсон вели: "Не постој земја во светот што го бранела сопствениот суверенитет со таква хистерија како што се Соединетите Американски Држави."

Зошто е тогаш прифатливо за САД да го загрозува суверенитетот на Македонија со барање за промена на името ? Ова е поентата на Џонсон.

Соединетите Американски Држави, исто како и Велика Британија и поголемиот дел од светот, веќе ја признаа Македонија со употреба на нејзиното вистинско име.

Сепак, само едно нешто може да ги објасни активностите на САД, а тоа е глупавото верување дека тие најдобро знаат како треба и дека имаат право да се мешаат во надворешната политика. Прашањето за името на Македонија се сведува на здравиот разум. Не може една нација да има право да именува друга. Името на Македонија од секогаш било Македонија.

Грција го негираше нејзиното постоење и пред 1988 година за тогаш, како што призна и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, да го наметне спорот за името како изговор да продолжи со негирање на постоењето и со прогонство на своето големо македонско малцинство.

Западот ја распарча Македонија во 1913 година меѓу Грција, Бугарија и Србија (од кој подоцна еден дел отиде во Албанија) и Македонците повеќе од 100 години се жртва на обидите на разни влади за да бидат искоренети како нација и присилно да бидат асимилирани.

Дел од Македонија прогласи независност во 1991 година, а сега Западот, предводен од САД се олицетворува во фарсата "преговори за името" и со посредство на ОН -бара од Македонија да се согласи на компромис за "своето име".

"Привремено"(преку две децении), ОН ја ословува Македонија како "FYROM" (Former Yugoslav Republic of Yugoslavija). Мора да им е многу интересно на македонските спортисти кога чекорат на церемониите на отворање на олимпијадите позади табла со буквата "F".

Како би изгледало ако САД бидат наречени "FBCOA"? (Former British Colony of America). Тие попрво би прогласиле војна отколку да прифатат било какви преговори за името. Ако било кои  од точките на Борис Џонсон беа применети за ситуацијата во Македонија, ние би го немале денес целиот овој хаос. Да видиме дали Велика Британија ќе може да го научи својот помлад американски брат на некое добро расудување и да се откаже од преговорите за името Македонија како напад врз човековите права и здравиот разум.

 

Бил Николов, претседател на  - ММДЧП.

Митеран и Вера Лалчевска

********************************

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО

ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

ДЕЛ 29 А

ВАЖНОСТА ДА СЕ БИДЕ МАКЕДОНЕЦ  

Потеклото и последиците од "спорот за името" помеѓу  

ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА

************** 

 

На "GRADUATE INSTITUTE - GENEVA"  во Септември 2016 година, нашата сонародничка Вера Лалчевска ја одбрани својата докторска дисертација во Развоини студии под наслов: "Важноста да се биде Македонец, потекло и последиците од 'Спорот за името' помеѓу Грција и Македонија".

Претседавател на Испитната Комисија беше професорот Мохамед-Махмуд Оулд Мохамеду, а нејзини членови професорите Исабела Шулте-Тенчкоф и професор Тодор Чепреганов од Универзитетот "Гоце Делчев", Република Македонија.

Нејзината дисертација го истражува "проблемот за името" и неговото значење за Македонците, при тоа, тврдејќи дека тој не е само техничко неслагање околу именувањето на државата, туку тој е поврзан со едно од основните и вонредно важни човекови права: право на македонскиот народ на неговиот етнички и национален идентитет и  неговиот јазик.

Во  излагањето Вера Лалчевска ги презентираше изворите на своето истражување, методологијата со која се служеше, потоа резултатите од истражувањето и на крајот даде и свој заклучок.

 

Првото прашање:

 ВО ШТО СЕ СОСТОЈ "СПОРОТ ЗА ИМЕТО" ?

Па, јас би започнала со една анегдота, која тоа ке ни го објасни многу поарно и посликовито.

Кога во 1994 година номинираниот за награда, роден во Македонија филмски директор од Њу Јорк, Милчо Манчевски, дошол во Венеција да го презентира својот филм " Пред дождот" ("Before the Rain") во Мostra del Cinema, бил дочекан со еден занимлив и неочекуван настан, кој  го објасни вака: "Првиот ден бев повикан во канцеларијата на Фестивалот и бев информиран дека настанал некој дипломатски "проблем". Имено, грчката амбасада во Италија протестирала кај Фестивалот инсистирајќи да го избришат името "Македонски" кога ќе го објаснуваат јазикот со кој се зборува во мојот филм. Грчката амбасада рекла, дека таков јазик не постој. Потоа, јас и' се обратив на претставничката на Фестивалот, една извонредно пристојна и фина дама, со зборовите дали и' изгледам како кукла од картон. Некој кој не постој? Двајцата се насмеавме и така ја завршивме работата". (Interview with Milco Mancevski", La rivista di engramma, December 2011.)

Меѓутоа за жал, за многу Македонци такво недоразбирање би било значајно и пре болно и не би се завршило така брзо и така лесно.

Така наречениот "проблем за името" помеѓу Грција и Македонија се појави на 7ми април 1993 година со Резолуцијата на Обединетите Нации број 817/93 година, после македонската пријава за членство во оваа меѓународна организација. Споменатата Резолуција гласеше дека "државата чија пријава се наоѓа во документот S/25147 ќе биде примена во членство на Обединетите Нации под привремената референца за сите потреби во Обединетите Нации како 'Поранешна Југословенска Република Македонија' ('FYROM') до решавањето на разликте кои се појавија во врска со името на државата" ( UN Security Council 3196th Meeting, Resolution 817 (S/RES/817/1993), 7 April 1993). Советот за безбедност ги обврза двете страни да го решат проблемот во најскоро време и за резултатот да го информираат  Генералниот секретар . Генералниот секретар, од своја страна, назначи специјален посредник во спорот меѓу двете страни. Дваесет и четири години од тогаш, нема "решение" за "разликите" околу Уставното име на Република Македонија. Во меѓувреме, "разликите" популарно постанаа "проблем со името" и како таков зеде глобални и критични димензии.

 

Второто прашање:

ЗОШТО ГО ИЗБРАВТЕ "СПОРОТ ЗА ИМЕТО" ЗА ВАША

ТЕМА НА ИСТРАЖУВАЊЕ?

Заправо темата ме избра мене, а не обратно. Дозволете ми да објаснам. Замислете си еден убав сончев ден, се разбудувате , си го пиете своето омилено утрешно кафе, прелистувајќи меѓународен весник и одеднаш  наслов, кој ви го свртува вниманието : "Македонија не постој"  ви соопштува, за потоа да продолжи со: "Грците ја обвинуваат Македонија за присвојување на историското име, кое и' припаѓа само на Грција." Статијата оди понатака, објаснувајќи дека "древните Македонци биле Грци и дека немало такво нешто како одвоени етнички Македонски идентитет или македонски јазик - такво нешто никогаш не постоело. Наводно, сегашниот народ кој себе се нарекува како Македонци, заедно со нивниот јазик, беа измислени од поранешниот југословенски претседател Тито, пред  околу 50 години." Зачуден, се насмевнувате сметајќи го сето тоа за некоја шега и продолжувате со своето кафе и прелистување на весникот...се' дури овие несватливи навреди не почнуваат да го вознемируваат и вашето семејство и вашите пријатели - заправо и целата земја - и тоа толку силно, да ве тераат и против својата волја  да превземете нешто. И ево јас превзедов. Инаку јас бев н некое време  во Универзитетот Дук и активист за човекови права. Ги паметам зборовите на Др. Мартин Лутер Кинг, Јуниор во неговото "Писмо од затворот во Бирмингем": "Јас неможам само да седам во Атланта и да не сум загрижен за она што се случува во Бирмингем. Неправда некаде е закана за неправда секаде." Тоа беше, во главно, причината која ме натера да се одлучам за докторска дисертација на оваа тема, уверена, дека пишувањето е една од моите нај моќни особини, која ќе ми помогне, да не ги поднесувам, повеќе, неправдите.

 

Третото прашање:

ПА, ЗОШТО Е "ВАЖНО"  ДА СЕ БИДЕ МАКЕДОНЕЦ - КАКО ШТО НИ СУГЕРИРАТЕ ВО ВАШИОТ НАСЛОВ?

Мојот наслов е инспирација од "Важно е да се биде Ернес" од Oscar Wilde - една лицемерна комедија, сега и целоиграни филм (погледнето гo приложеното видео доле) во која протагонистите се приморани лажно да се однесуваат како би избегнале неугодни општествени одговорности. Јас го споредувам ова лицемерие со ситуацијата во Македонија, каде Македонците се примораваат со фиктивен идентитет, односно да си го променат  вистинскиот идентитет, ако сакаат да бидат признати од меѓународната заедница. Ова претставува тешка обврска, просто речено. Фактички, тоа е неподносливо и затоа сметам дека "спорот за името" доведе до индивидуална и колективна траума - во Македонското  општество, како  и во срцата и душите, на секој граѓанин. Ваквата ситуација ги турка Македонците во збунетост и недоверба, дали е ова можно денес и во ова доба да се борат за опстанок на ваков начин, односно да се биде или да се исчезне. Ако одлучат да постоат и понатака со своето вековно име Македонија, го губат правото да постанат дел од НАТО и Европската Унија; нивниот статус во Обединетите Нации ќе постане ранлив и неизвесен; нивната иднина и иднината на нивните деца ќе биде осудена на изолација, која за една мала земја би била слична на самоубиство. Или обратно, ако одлучат да не постоат, ќе го изгубат највредното што еден народ го поседува: идентитетот и јазикот.

Македонците се уценети и втурнати во ситуација од која се очекува одговор на барање, за кое нема решение. Ситуација не замислива за ера на човекови права, ера во која правото на самоопределување е толку важно, да претставува број еден артикал и не секаков артикал, ами Артикал 1  во двата : Меѓународен Договор за граѓански и политички права и Меѓународен договор за економски, социјални и културни права. Овие два обврзувачки документи  произлегуваат од една и најважна декларација за човекови права во историјата на човештвото, УНИВЕРЗАЛНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА.

Апсурдната ситуација е двоструко зголемена ако сватиме дека тие кои ја присилуваат Македонија  со уцени, да се одрекне од своето име, идентитет и јазик, не се диктатори, туку дипломати и политичари претставници на институции кои се замислени како чувари на човековите права: Обединетите Нации и Европската Унија. Да не ја споменеме и додатната иронија, дека земјата која стој зад сето ова, по име Грција, е обновена да биде "бастион на демократијата и колевка на Европската цивилизација." 

Кој  можеше да замисли, дека на еден од најстарите  документирани народи во светот, кој има свое место во Библијата и кој преживеал през сите времиња на историјата - вклучувајќи злосторства, асимилации, егзодуси, размена на населенијата и разни воини - да му се негира правото на неговиот идентитет во средината на дваесет и првиот век; во време на мир и ера на недодирливи човекови права? И кој може македонската сага да му ја опиши  на светот поарно, од македонскиот народ?

 

Четвртото прашање:

СПРЕМА ТОА, ВАШАТА ДИСЕРТАЦИЈА Е ВОЗИЛО ЗА АКАДЕМСКИ АКТИВИЗАМ. СО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА СЕ СЛУЖЕВТЕ ЗА ПИШУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ТЕЗИ?

Јас би  го дефинирала тоа повеќе како будење на досега немата историја пред кршењето на најважните човекови права на еден народ во срцето на Европа, пред носот на Европската Унија и на Обединетите Нации и со  нескриено одобрување на нивните институции. Го открив ова низ внимателно и прецизно истражување на историски, политички, правни и човекови анализи на оригинални и второстепени извори, вклучувајќи и директни контакти. Моите директни контакти вклучуваат над 70 интервјуа, служејќи се со не планирани средби и ненадејни контакти, во главно на теренот на Грција и Македонија, во времетраење повеќе од пет години.

 

Петто прашање:

КАКВИ ЗАКЛУЧОЦИ ИЗВЛЕКОВТЕ ОД ВАШИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И ИНТЕРВЈУАТА?

Мојот прв и најважен заклучок е дека "спорот со името" меѓу Грција и Македонија е далеку од "правичен" процедурален спор меѓу две држави, во однос на уставното име на Република Македонија. Тој е повеќе како резултат на со векови стара асимилациска политика на грчките власти спрема македонското малцинство во Грција, сега проширена на Република Македонија преку "спорот за името".

Пронајдов дека двете политики, домашната и надворешната имаат иста цел: техничка елиминација од постоење, на одвоен етнички и национален македонски идентитет и јазик. Со други зборови, "спорот за името" е само "чадна завеса" за технички етноцид оркестриран од Грција и потпомаган од Обединетите Нации, Европската Унија и меѓународната заедница како целина, со средства и механизми на условување за членство во нивните институции.

Мојата втора констатација е, дека "спорот за името" изнедре индивидуална и колективна траума меѓу Македонците во Република Македонија, и надвор од неа.

 

Шесто прашање:

МОЖИ ЛИ ВАШЕТО ИСТРАЖУВАЊЕ ДА ГО РЕШИ

ПРОБЛЕМОТ СО "СПОРОТ ЗА ИМЕТО"?

Мислам дека можи. За разговорите  меѓу Грција и Македонија кои се' уште се во тек, моите истражувања имаат сосема подруг поглед на проблемот со името - па и кон неговото решавање. Јас сум уверена дека за да би се решил некој проблем, потребно е да се пронајдат неговите причини. Пронајдувањето на причините за "спорот за името" е првиот чекор кон неговото решавање, и не би водело кон вршење притисок врз Маакедонците да си го менуваат своето име "за сите потреби"- внатрешни или надворешни" или пак кон разговори со Грција за некои придавки, додавки и кое што друго пред или после уставното име на Македонија, со кои би се одредил јазикот , идентитетот.. како што грчката позиција во 2009 година бараше од Македонија. ("Pozitions of the Hellenic Republic instructed by the alternative Minister  of Foreing Affairs Droutsas, agreed with Prime Minister Papandreou, 13 November 2009, New York" / Source: confidential). Реченото само би ја потврдила негаторската политика од пред векови и тоа не само спрема македонското малцинство во Грција, туку, спрема сите Македонци во Македонија и надвор од неа, насекаде во светот. Затоа повеќе би сакала првиот чекор кон решавањето на проблемот да биде препознавање на причините за негацијата.

 

Седмо прашање: 

ПРЕДВИДУВАТЕ ЛИ ПРОДОЛЖЕНИЕ МЕЃУ ИСТРАЖНИОТ И ПОСЛЕ ДОКТОРСКИОТ ЖИВОТ?

Работам на документ кој би овозможил трајно решение на проблемот со "спорот за името". Решението би било јавно признавање на долгото негирање на македонскиот идентитет и јазик од страна на грчките власти, но и од меѓународната заедница.

Вториот чекор би бил јавно извинување од грчка страна спрема македонското малцинство во Грција и спрема стотина илјади протерани Македонци од Грција за време на Грчката граѓанска војна од 1946 до 1949 година, како и през различни временски периоди во време на дваесеттиот век, почнувајќи со 1913 година.

Исто така, јас сум ангажирана во планирање на светска  академско-политичка конференција со цел да ги истакнеме корените и причините кои доведоа до проблемите околу името на Македонија. И на крајот, јас работам, заедно со неколку други индивидуалци и интернационални организации на документарец на оваа тема, чија реализација ја очекувам со  интерес и длабока возбуда. 

 

РИСТО СТЕФОВ

СОГОВОРНИКОТ: Пред малку рековте  дека "спорот за името" помеѓу Грција и Македонија не е правиот проблем. Ако не е така, тогаш кој е проблемот? Можете ли да  ни објаснете? Во што се работи?

РИСТО: За мене е лесно да го објаснам проблемот, бидејќи ги познавам Грците; што прават и  како се однесуваат. Со нив ништо не е така, како што на прв поглед изгледа. Затоа е многу важно да се познава добро македонската и грчката историја. Важно е да  се знае кои се Грците, што бараат и како планираат да ја остварат целта.

Грците нема да ви кажат отворено што сакаат и како мислат да го добијат тоа што го бараат. Тоа е затоа, бидејќи нивните методи не се прифатливи во многу општества  од денешниот свет.

Прво, дозволете ми  да Ви кажам, дека Грција е вештачки креирана држава, за да им служи на големите светски сили. Во тоа нема сомнение.

"Canning (Британски политичар, 1812-1862) испланира да го прекине рускиот напредок и тоа не со директно спротивставување, туку со нејзино здружување со Англија и Франција во една политика на ослободување вперена во креирање на национални држави од делови на Турската Империја. Меѓутоа, таквите држави би требале да бидат во состојба да се спротивстават на руското посегнување по нивната самостојност, еднаш кога ќе се одлободат од Турците. Креирањето на Кралството Грција, беше првиот производ од политиката на овој англиски политичар, Canning" ( Page 372, Trevelyan, British History in the 19th Century).

 

Продолжува

Александар III Македонски

 

 

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

ДЕЛ 12

АЛЕКСАНДАР ЦАР НА АЗИЈА

*******************

Преку Сирија, Александар навлегува во северна Месопотамија; војската поминува преку реката Еуфрат; на левиот брег на реката Тигар и кај Гавгамела за последен пат се судираат двете големи војски 331 г- пр.н.е. Александар го предводи десното крило, чија главна ударна моќ ја сочинуваат македонските коњаници; на левото крило, со тесалската коњица, командува Парменион, а во средината на борбената линија е фалангата. Челната борбена линија на Персијците е значително подолга од македонската, затоа Александар прави одличен стратешки план со воведување втор борбен ред; зад секое крило постава  одреди кои, во случај непријателот да ги нападне од грб или од страна, можат да се свртат и, според потребата, да направат затворен правоагален ред со главната линија. Главниот удар Александар го насочува кон центарот каде што се наоѓа Дареј, опкружен од неговите елитни војски, Индијци на слонови, бактриската, персиската и скитската коњица, со српоносни коли. Во текот на борбата Александар го јавнува својот стар коњ Букефал и заедно со хетајрите и хипаспистите се втурнува во центарот на Персијците, ги разбива, а Дареј повторно бега од бојното поле. Алекандар не го прогонува затоа што останува да им помогне на Македонците од левото крило. На 100 км од Гавгамела запленети се богатството на Дареј, неговата борна кола и оружјето.

По оваа голема битка, која ја менува судбината на Персија, Александар се прогласува за  цар на Азија и царски влегува во древниот град Бабилон, главен центар на Персиското Царство, каде ги обновува храмовите разурнати од Ксеркс. Македонските војски ја освојуваат и втората персиска престолнина - Суза, каде се наоѓа најбогатата царска ризница (оттука Александар му испраќа на Антипатар во Македонија 3000 таланти за војна со Спартанците). Преку "Персиската порта", 330 г.пр.н.е., Александар влегува во престолнината на Ахеајменидите - Персепол, каде се однесува одмазнички, палејќи ги царските дворци. Во древниот град Егбатана, според Коринтскиот договор, Александар како хегемон на Сојузот ги распушта хеленските војски и ги враќа дома. Освојувачкиот поход на Исток продолжува со македонската војска.

Во новоосвоената персиска престолнина Егбатана го остава стариот војсководител Парменион, запленетото персиско богатство му го остава на Харпал, а самиот тргнува во потера по Дареј. Познат е брзиот напорен марш на војската која за единаесет дена поминува растојание од 600 км и во Хекантопил го наоѓа мртвото тело  на царот, убиен од персискиот сатрап Бес. Александар му укажува најголеми почасти на мртвиот персиски цар и го погребува во царската гробница во Пасаргада.

Воениот поход го продолжува Александар како цар на Азија, законски наследник на Персиското Царство, а со прстениот печат на Дареј ги одобрува сите наредби што се однесуваат на источниот, азискиот дел на Царството.

Македонската војска продолжува да се движи на север кон Хирканија и Партија, области на југ од Каспиското Море, земји со многу сурова клима и релјев. Периодот од 330 до 327 г. пр.н.е. кога престојува во Бактрија и во Согдијана се најтешките години во воениот поход и тоа поради дивата и сурова природа, високите планини и големите пустини; македонската војска е напаѓана од коњичките одреди на тамошните племиња кои водат герилска војна. Големите напори предизвикуваат незадоволство и бунт на војската; тоа придонесува да се создаде отпор и заговор против Александар. Поради предавството, Александар ги осудува на смрт заговорниците, меѓу кои се и неговите блиски соборци и пријатели Филота, Парменион, а подоцна Клејтос и историчарот Калистен.

Во тек на четири години македонската војска ги освојува сите земји од Средниот Исток. Покрај освојувањата, Александар гради нови градови, наречени Александрии, во Арија, во Бактрија, во Согдијана (Алеџандрија Есцехате - најоддалечена, крајна Александрија). Во Бактрија, 327 г. пр.н.е., Александар се жени со една од најубавите жени, Иранката Роксана, која по неговата смрт го раѓа неговиот син Александар IV.

Според Плутарх, Александар тргнува на поход во Индија со 120.000 пешадија и 15.000 коњица, но и со долга "поворка" од помошни служби, техничари, бродоградители, трговци, служители, жени и деца на војниците. За време на походот се изградени и нови бродови кои запловуваат по реката Инд, а преку изградениот мост на Инд се префрла другата војска.

На бреговите на реката Хидасп, македонската војска ја води својата четврта и последна  голема битка со Пор, кралот на Пенџаб, 326 г. пр.н.е. По оваа победа, Александар ги присоединува земјите од онаа страна на реката Инд;  на местото на победата Александар го оснива градот Никаи, а во близина и градот Букефала, во спомен на неговиот славен коњ Букефал со кој ги извојувал сите свои битки. На бреговите на реката Хифаст, Александар подигнува дванаесет жртвеници на боговите и столб на кој пишувало: "Овде застанал Александар".

Меѓутоа, војската собрана на собрание ги одбива идеите на царот - походот да продолжи во Индија до реката Ганг и Источното Море. Враќањето се одвива во два правца: по едниот тргнува Александар со флотата, која плови по реката Инд, а по другиот Кратер, кој предводи друг дел од војската, со фалангата, борните  слонови, дел од стрелците и дел од Македонците кои треба да се вратат во Македонија. Со бродовите командува војсководителот Неарх. По брегот на Инд Александар основува нова Александрија, презема експедиција за истражување на делтата на Инд, гради пристаништа и бродоградилишта. На брегот на Индискиот Океан војските се делат: едниот дел под водство на Александар се движи по копно, другиот под водство на Неарх плови 80 дена по море.

Продолжува

Професорка Ангелина Маркус

БЕШЕ СИ БИЛА ...

 

...ПРИКАЗНА ЗА ЈУСТИНИЈАН ОД СКОПЈЕ

****************

Римското царство при крајот на четвртиот век се поделило на Западно и Источно. Западното царство во вештачки граници, со вештачки јазик, вештачка конгломерат култура и градбите какви што ги граделе покоруваните племиња од Рим, пропаднале под налетите на Готи, Авари, Хуни, Вандали и кој не други. Источното царство се одржало на македонската територија продолжувајќи ја македонската култура, јазик, црковно писмо, уметност, градби, обичаи. Дадено и' е ново име, Византија и ако народот си е ист - Македонци. Можеби затоа што со новото име се надминати етничките граници на Македонија иако на власт биле македонски владатели. Во крајот на петтиот и шестиот век во Таор и околните царски палати оградени со тврдини до Бадер и Скопје живеела династијата на Јустинијанови. Јустин Први, чичко на Правдин преименуван во Јустинијан го повикал во Цариград да се школува за подоцна да го преземе владеењето врз целото Источно Царство или поранешната Римска Империја. Јустинијан уште повеќе го проширил и го обновил царството од Константин и Александар, во исти битки и на исти места го обединувал светот. Така скопската царска династија оставила траги по сите градови во Македонија. Прокопие, Јустинијановиот советник и секретар, оставил пишувани документи за сите активности на Царот, посебно за градот Јустинијана. Градот бил украсен со големи тврдини и кули, убави згради, цркви со мозаици, водоводи, базилики помеѓу реки и ридови, од Таор до Бадер и Скопје. Камениот мост под тврдините на Скопје, тука е водовод-вијадукт и други градби насекаде, како и бројни наоди од пари со ликот на царот. овие археолошки наоди ги присвојувале сите туѓинци што поминале низ Македонија, а тие си останале тоа што биле секогаш, само македонски и не само во Скопје како роден град на императорот, туку насекаде каде што се простирало македонското владеење.

Наследството на Цариград се гледа и не застарува. Тоа е црквата Св. Софија што ја изградил Јустинијан пред 1500 години и тврдините околу градот, со триесет километри долги двојни sидини и уште многу се' уште видни знаменитости. Низ цела Македонија изградил уште 600 нови тврдини на градовите. На Дунав оставил други 80 тврдини со одбрамбени sидови. Изградил епископии во сите поголеми градови како Солун, Стопи, Еге, Пела, Стибера, хераклеја, Бер, Ниш (Наис), Сердика, Сирмиум, Охрид. Со царицата Теодора живеел раскошен царски живот и ја одржувал царската традиција како што е прикажано на фреските во Равена со сите древномакедонски царски симболи на облека и градби украсени со сонца. Сето тоа Јустинијан го оставил во кодекс на македонското право, низ параграфи го овековечил државното, фамилијарното, приватното и православно живеење во Македонија. Со право името на најугледниот правен факултет во Македонија на скопскиот Универзитет се вика "Јустинијан први".

Професорка Ангелина Маркус

 

 

БИТОЛА

БИТОЛА БАБАН БИТОЛА

 

РЕКАТА ДРАГОР И

НЕЈЗИНОТО СКРОТУВАЊЕ

*************

До средината на деветнаесеттиот век Драгорот имал непостојан тек, не регулиран и променлив водотек, па отклонувајќи лево и десно, формирал бројни блатишта, како во градот, уште повеќе под градот. Ваквите непредвидливи и чести екскурзии ги меморирале народните преданија, ги регистрирале хрониките, а ги потврдија и најновите археолошки истражувања. 

Градбата на камените брегови ("sидови" според битолската терминологија) и регулирањето на водотокот оди во етапи и трае со децении. За османската власт од деветнаесеттиот век, која валијатските објекти беше ги лоцирала околу Драгорот, кротењето и регулирањето стана една од примарните задачи.

Почетоците веќе се познати, поврзани со везирот Дарбухар Решид паша и со Англичанецот Едмунд Спенсер. Годината на стартот е 1850. Идејата и поттикот ја дал Англичанецот. Бил воено лице, по чин капетан. Пропатувал многу низ Ориентот, наверојатно заради разузнувачки цели, дошол и престојувал и во Македонија. Во Битола и во Струга имал средби со Робевци и со Димитрија Миладинов.

РЕКАТА ДРАГОР - БИТОЛА

Повикан бил да потпомогне во модернизирањето на османлиската војска заради што извесно време се задржал во центарот на Третата воена армија, во Битола. Уште при првата обиколка на воените објекти, меѓу другите и на воената болница, останал вџашен од огромниот број заболени војници од грозница. Не му било тешко да заклучи дека виновникот се крие во блатиштата, посебно во оние покрај касарните. Претпоставките им ги изложил на неколкумината германски и италијански медицинари кои се наоѓале на работа во Битола и кои, како што известува, ги прифатле како сосема рационални. Сакајќи да помогне, идејата за нивно исушување му ја изложил и на везирот, но, знаејќи со каков ков луѓе има работа, го направил тоа со такт и со мала итрина. "Благо му ја навестив можноста, бели, дека и самиот тој великан би можел да биде жртва"...

Престрашениот и испаничен османлија се фатил на јадицата и се вдал на работа. Паднала команда сиот град да се вклучи во дренажните работи и во подигањето на бреговите. Сите, "и дебелите граѓани меѓу рајата и мрзливите Турци, Евреите, Ерменците, кои никогаш дотогаш не фатиле лопата в рака, можеа да се видат како копаат дренажи", регистрира воодушевениот Англичанец во својот патопис. Се носеле тули и камења, се правел малтер и се sидало коритото.

Градежниот залет бил таков, што започнале и непланирани, додатни активности, поплочување на улици, отстранување месарски остави и други нечистотии, со еден збор, отпочнал крупен и многу значаен потфат. Акцијата стана образец како со заеднички напори и со добра организација можат да се добијат резултати на дела од општа полза.

Бидејќи патот Битола - Солун бил крајно руиниран, во 1858 година се донесе решение и тој да се реконструира. Каде се подигнати првите метри од sидовите на Драгорот, останува непознато. Би било сфатливо да биле онаму, каде се наоѓале административните згради и резиденциите, односно од Црн мост до Сарајот. Меѓутоа, од извештајот на Спенсер може посредно да се заклучи дека биле од левата страна, под денешниот Безистен, каде што се создавале најголемите градски блата.

Следните метри се подигаат етапно и тоа трае до крајот на деветнаесеттиот век, односно до почетокот на дваесеттиот век. Спиридон Гопчевиќ, кој ја посетил Битола пред 1890 година известува дека во горниот тек веќе биле подигнати. Француската топографска карта, која потекнува од крајот на деветнаесеттиот век или почетокот на дваесеттиот век, го потврдува тоа, со дополнение, дека се изведени до Прилепското Џаде.

Разгледниците од османлискиот период придодаваат уште некои сознанија. Една, во боја, веројатно од почетокот на дваесеттиот век, која го регистрира Црн мост, онаму каде водената струја врти вдесно и силно удира во брегот, открива дека на тоа место подигнат бил sид од обработени камења. Друга, која е снимена при прстојот на султанот Решад V (1911), потврдува дека sидовите пред Стариот сарај се финализирани и дека тоа е изведено со камени коцки и со речен гранит. Со сигурност се знае дека во 1913 година бреговите се докрај изведени, освен оние под Прилепското Џаде. Тоа го открива д-р- Јевто Дедијер.

******************

 

Kind regards : 05 април, 2017

Sotir Grozdanovski broj 61