ЌЕ ИМАМ ЛИ СРЕЌНА ИДНИНА?

КОЈ ВИ ДОЗВОЛИ ДА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА МОЕТО ИМЕ?

 

 

САМО ОБЕДИНЕТИ

ПРОТИВ

ПОВАМПИРЕНИТЕ ДУШМАНИ

******************

И време беше "меѓународната заедница"  да свати,  дека македонскиот народ е мирољубив, праведен и достоен за почит. Да свати дека се' има почеток, развој но и крај. Тоа значи, дека црвената линија преку која Македонецот не дозволува толеранција е надмината. Секој 'од во таа насока е недозволив, зошто се работи за нашиот опстанок, кој ни го загрозуваат нашите повампирени душмани, од минатото.

Европа, но и другите нејзини сојузници ја потценија моќта на народот кој се бори со неправдата и обезвреднувањата. Начинот за постигнување на нивните цели не вроди плодови, ма колку "софистициран" изгледал. Мудроста и трпеливоста на Македонецот ги препозна нивните излизани трикови, бидејќи искуствата од минатото го научија да се справува со нив и после секоја нова битка да излегува се' посилен и посплотен. Посплотен, како легендарната македонска Фаланга.

На 25 март, 2017 година,  Европа ја прославуваше 60та годишнина од времето кога во далечната 1957 година со потпишувањето на Римските договори, беше втемелена  Европската Економска Заедница, за јаглен и челик. За разлика од пред 60 години, кога на таа свеченост присуствуваа неколку европски земји, меѓу кои Германија, Франција... овај пат, после  нејзиното проширување, присуствуваа 27 нејзини членки од поранешните 28, пред Англија да ја напушти Унијата, незадоволна од начинот на кои  челниците се однесуваат во реализирањето на нејзините темелни задачи и почитувањето на традиционалните вредности.

Се разбира, радоста да се биде во заедница со повеќе држави и народи, до тогаш во чести кавги и долготрајни деструктивни воини, а сега во блиски и прогресивно-пријателски односи, не е за потценување, ами за посакување. Па како резултат, на оваа свеченост со потписите на сите присутни владатели на државите членки, беше обновена и лојалноста спрема Унијата.

Меѓутоа, прокламираните принципи за еднаквост, правда, праведност како  и почитувањето на европските демократски достигања, се' уште не се реалност за сите европски народи, туку привилегија за посилните, побогатите и нејзините интереси, како и секогаш. Тоа, што Унијата досега  го направила, не е спорно, туку е спорно тоа, што зацртала во својата заложба како темелна задача, а не го учинила. Не го учинила елиминирањето на причините за воините и неслогата меѓу соседните народи и држави, туку ги инкорпорирала во својата програма како средства за постигнување на нечија корист од нив. Тоа е видливо од однесувањето на најодговорните челници на Унијата,  како на пример Комесарот за проширување на Унијата Јоханес Хан, Високата претставничка за безбедност Фредерика Могерини и редица други, кои со своите однесувања не придонесуваат кон зголемување на угледот и авторитетот на Европската Унија , како една од најголемите заедници на народи и држави во светот, туку на против, обратно. 

Случајот со Република Македонија е флагрантно кршење на прокламираните демократски принципи и во спротивност со важноста на нејзиното постоење, како таква. Отворање на патот кон интегрирање во заедницата на европските народи под услов да си го промени своето вековно име Македонија, по барање на Грција, е без преседан во познатите историски записи и документи; бранење на очигледниот геноцид над македонскиот народ во егејскиот дел од Македонија, за време на Граѓанската војна во Грција, и протерувањето на повеќе стотици илјади Македонци од македонската земја е злосторство кое не застарева; инсистирање од страна на Фредерика Могерини на формирање нова влада во Република Македонија од антимакедонски елементи кои бараат разнебитување на унитарноста на државата и нејзино поновно распарчување и конечно бришење од листата на суверените народи и држави во светот е непријателски феномен, за секоја осуда и т.н.т.   

Земајќи ги само горните наводи за однесувањето на високи челници, можеме само да заклучиме, дека Европската Унија не се води со идеи за подобрување на нејзиниот значај на овој конитинент и добробитот на народите кои заедно живеат со векови, туку од  интересите на посилните, со што се враќа во времињата на големите и егоистички империи, иницијатори на големи меѓународни трагедии.

Не е во ред да се омаловажува Македонија и македонскиот народ. При секоја средба со највисоките претставници на македонскиот народ да се служат со погрдни и не пристојни ословувања и идентификувања на државата, избегувајќи го, при тоа, нејзиното Уставно име и наместо Македонија, да се нарекува со "оваа земја", "овој народ" ... Тоа само говори за степенот на нивното културно и цивилизациско ниво, како и не адекватно семејно воспитување, а најмалку државничко однесување.

Мешањето во внатрешните работи на македонската држава не е дозволено во цивилизираните односи меѓу народите и државите. Но изгледа, дека за споменатите личности, од врвот на Европската Унија, како и за уште некои дипломатски претставници, стационирани во Република Македонија, како да не важат тие правила. Со таквиот однос само им нанесуваат  деградирање на угледот и почитот кој македонскиот народ го  искажува спрема државите и народите кои тие ги претставуваат, во Република Македонија.

 

Ваш Сотир Гроздановски

 

 

РИСТО СТЕФОВ

 

*********************

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ

ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 29

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски: Сотир Гроздановски

************************

 

 СПОРОТ ЗА ИМЕТО "МАКЕДОНИЈА" - Продолжение.

Во минатото продолжение зборувавме за опциите кои и' стојат на Македонија во врска со спорот за името на нашата држава и завршивме со една од нив. Сега продолжуваме со истата тема и се' околу тој проблем.

Второ, доколку Македонија самоволно ги напушти разговорите, во тој случај би можела да биде потсетена на евентуалните последици од тој чин, како следи: " Прво сакавте разговори, ние се одлучивме да ви помогнеме, сега се предомисливте и не сакате да разговарате?... ако не сакате да разговарате, во тој случај решете си го проблемот сами на свој начин!.." И сега, на кој начин Македонија ќе го реши "проблемот" кога "проблемот" е креиран од надвор со специјална цел за да се парализира Македонија? Не можи да го реши, зошто тоа би била само уште една не премостива стапица на креаторите. Без помош на меѓународната заедница, односно на истите тие кои го иницираа "проблемот", Македонија би можела да влезе во други проблеми. Грција или Бугарија, можеби Србија или пак Албанија би се полакомиле и би се одлучиле на сулуда и непредвидива игра со напад врз македонската држава и не би било кој да и' помогне. Зошто, затоа што, ето, одлучила проблемот со нејзиното име да си го реши сама и на своја рака.

Меѓутоа, се' дури разговорите  за "името" траат, под покровителство на ОН, никој од надвор не може да ја вознемирува Македонија. Баш таков епилог очекуваат Грците и нејзините заштитници. Тие сакаат ваквата ситуација да трае се' дури таа не биде дестабилизирана од внатре. Знаат дека Македонија не намерава да си го промени своето вековно име и дека ја пикнале в ќош, од кои никој не знае како и кога ќе излезе.

Војната во 2001 година не беше некоја случајност, како и одложените и прекинати парламентарни избори, па и прекинатиот попис на становништвото. Веројатно сте ги приметиле и другите интервенции во внатрешните работи на државата, во главно од Европската Унија, САД и Англија. Тие се причините кои не опоменуваат да бидеме внимателни во нашите однесувања и се' што друго работиме, треба да работиме паметно и со отворени очи.

Меѓутоа, нешто што македонскиот народ може да направи, а што досега не го правеше добро, секогаш да го врти вниманието на светската јавност кон себе и на успесите кои ги постигнува, но и на проблемите   со кои се соочува. Својата приказна секогаш да ја прави позната во светски рамки, а не за своја сопствена употреба.

И премногу убави работи се направени во Македонија и за македонскиот народ, за кои светската јавност е недоволно информирана. Премалку се пишува за Македонија и за нејзината местоположба, за историските настани, традициите, верата, и се друго што и соседите и другите мали држави го прават со мал или поголем успех. Но го прават за да се слушне и сознае и нивната "права" вистина и нивната важност во светската заедница на народите. Без страв, но со гордост, зошто и ние имаме со што да се гордееме. Со други зборови што би рекол народот, "И НИЕ ИМАМЕ ДОБРИ КОЊИ ЗА ТРКА".

Грците ја имале таа прилика, над 100 години, да го лажат светот и да го формираат светското мнение во своја полза. Дури и со помош на своите креатори и покровители. Со помош на Светските сили!

И сега, кога сме втерани во ќора улица и се бориме да преживееме, ние, Македонците, не смееме да останеме неми, мораме да се дигнеме и да му го кажеме на светот нашиот дел од приказната. Да му кажеме на светот све што знаеме и што не мачи, не криејќи ништо. Тоа е во што верувам  дека идниот чекор треба да ни оди кон таа насока, како македонски народ со богато минато, во уште по среќна иднина.

Грција треба отворено да ја предизвикаме  на чист мегдан и со нашата вистина и познавање на нашата историја да и' го земеме приматот стекнат со лаги и кривотворини. Нека светот ја сознае правата вистина за злосторствата и неправдите над Македонците во Грција. За забранувањето на македонскиот јазик да се зборува јавно и приватно во македонските семејства. Да сознае за измачувањата, казнувањето, затворањето и дискриминациите во вработувањето. Насилно учење на грчкиот и забранување на мајчиниот македонски јазик и многу други нечовечности непримерени за времињата во кои живееме.

Помисли само на трен, некој тебе да ти забрани да го зборуваш својот англиски јазик, единствениот јазик кој го знаеш, како би се чувствувал. Да ти каже дека од денес твојот јазик е нелегален да се зборува!

Тоа би било како умот да  ти стане, не ли?! Ете тоа се случуваше и се' уште се случува со македонскиот народ во Македонија, окупирана од Грција. И сепак, ние  се' уште не сме го подигнале нашиот глас доволно високо, за да го слушне целиот свет.

Татко ми беше затворен цели пет години и Грците немаа образ да му кажат зошто. Ништо не им згрешил, ниту направил нешто спротивно на грчките закони! Многу Македонци, на илјади, беа затварани по грчките логори на секаде по егејските острва, без никаква кривица. И покрај сето тоа, се' уште не сум слушнал или прочитал некои приговори или критики од Американски, Англиски или Француски политичари или дипломати. Се прават како никогаш тоа да не го виделе, не го слушнале, не го знаеле... Па наравно да знаат се' за тие грчки sверства. И што направија, НИШТО! А како и би, кога се и самите  нивни соучесници!

И ако ние самите не го подигнеме гласот во одбрана на нашите човекови права и слободи, кој е тој кој ќе го направи за нас? Грците, Американците, Англичаните, или можеби Бугарите, Србите или Албанците? Кои Американци? Владата на Америка беше таа која за време на Граѓанската војна во Грција заедно со Англичаните и Грците проба да не истреби од нашата сопствена земја, Македонија. Со напалм бомби ги палеше претежно македонските партизани и им ги уништуваше селата и домовите, присилувајќи ги да бегаат надвор од границите на Грција. За да ги нема, да не постоат! Зошто?

Американскиот народ? Па тој народ и незнае каде е Македонија и дали воопшто постој таква земја, а камоли да знае што им се прави на Македонците во Грција, која се' уште ја сметаат за "господар" на светот. И чија е тоа грешка? Па сигурно наша, зошто не успеавме да ги информираме за нас и за нашата историја, украдена од Грција. Не успеавме да ја информираме светската јавност дека сме тука меѓу нив и дека од секогаш сме постоеле и постоиме, но се срамиме од срамот кои ни го влеале во нас, па често се криеме зад некои туѓи имиња и туѓи народи, верувајќи дека сме помалку вредни, од поневредните од нас.

Се надевам дека ќе најдете оправдување за причините кои ме натераа да ја форсирам пораката на ова подолго интервју со мојот соговорник и да му ја "соопштам, на целиот свет, вистината на нашата, македонската приказна"!

 

МАКЕДОНЦИТЕ ТРЕБА ДА СИ ЈА ЗНААТ СВОЈАТА ИСТОРИЈА

********************************

 

СОГОВОРНИКОТ -  Покрај веќе реченото, уште што би требало македонскиот народ да направи, за  светот да ја сознае положбата во која се наоѓа, заради "спорот со своето сопствено име" наметнат од Грција и подржуван од македонските "стратешки партнери"?

РИСТО - Па, македонскиот народ треба да си ја знае, прво, својата историја, но не само од странски извори, претежно од грчки, ами од свои историчари, кои фала му на господа ги имаме доста и доволно подготвени за тоа. Ако си ја знае својата сопствена историја, ќе знае да им ја објасни на сите кои не ни ја знаат, а сакаат да ја сознаат, зошто едностраното нејзино прикажување од Грците и нивните платеници, веќе им се качи на главите, и повеќе не држи вода. Се разбира и заради многу други до вчера скриени документи, а сега излезени на светлото на денот, дури и преку електронските медиуми.

До 1991 година, пред Македонија да постани самостојна и независна држава на македонскиот народ и националните малцинства во неа, бевме под влијание на странски сили и нивни учења за нашата историја. Не учеа за нашата историја, анти македонска. Кои сме биле, од каде сме дошле, кога сме дошле, каков народ сме биле. И јас можам да ви кажам, дека ни прикажуваа не баш добра слика за нас самите.

Знаете ли колку пати мене ми беше речено дека "Македонците не постоат" и дека јас сум бил еден "смрдлив Славјанин"?

Меѓутоа јас прифатив тоа што сум и не само тоа, туку и демонските сили кои стоат зад лагите кои сакаат да ми го сотрат мојот идентитет. Се погрижив да научам најповеќе што можев од нашата историја, за таините кој сум и што се случило со нашиот народ...и јас сум подготвен за сите изазови!

Во никоја дебата со Грк нема да бидам победен, бидејќи знам дека картите се посложени против мене и бидејќи, до ден денешен, се' уште немам најдено ниту еден разумен Грк кој е подготвен да ја сослуша мојата страна на приказната. 

Ево што има да каже за Грците Владимир Ивановски, професор по македонски јазик :

"...излегоа на виделина многу сведочења за грчките злосторства над македонскиот народ под нивна управа. Тие со нивните злобни се' моќни експерименти и континуирно нечовечки постапки, през сите периоди на нивното постоење, всадено во себе негуваат само една цел: - асимилација и уништување на се' што е македонско и не грчко..."

Грците се служат со агресивните Макиавелистички стремежи спрема се' страно, како да  е од бога дадено само за нив. Грчките гени се со генерации кодирани за фалсификати, лаги, арамилак, дволичност и неискреност. Еден прочуен Римјанин од првото столетие, Јувенал, рече дека неискрениот Грк е во состојба да ја фалсификува "и својата историја..."

Најдобер начин како да ги победиш Грците е, да не им дозволиш да те водат! Македонците мораат да го одберат бојното поле и да не им дозволат на Грците да ги вовлечат во бесмислени дебати, како на пример за "древна историја". Грците треба да се извлечкаат надвор од тоа поле и да се направат одговорни за она што им го направија на Македонците во Егејска Македонија. Но не врз претпоставки дека Македонците би можеле да бидат "Славјани" или не, или пак дека тие можи и не постоеле, туку дека македонскиот народ се луѓе прво, а Македонци второ. Македонскиот народ беше злоставуван како народ, без разлика на етничката припадност. Универзалната Декларација за Човекови Права од  10 декември 1948 година е прецизна во своите изреки.

Дали Грција му забрани на македонскиот народ да го користи својот македонски јазик, или не? Ако е тоа потврдно, а знаеме дека е така, тогаш Грците се виновни за кршење на Декларацијата и затоа треба да одговараат пред меѓународната јавност! Грците мораат да одговараат за своите недела и тоа зависи до нас, дали ќе ги доведеме пред силата на правдата.

Ова е само еден од повеќето примери, за кои македонскиот народ треба да покрене мерки пред меѓународните институции на правдата, се' дури "спорот за името" трае. Светот треба да сознае во што е работата и зошто ние се бориме, а Грција постојано настој во тоа да не попречува. Тоа е најмалку што ние самите мораме да го направиме за себе и за нашата безбедност.

Македонскиот народ треба чисто и јасно да го информира светот, дека неговите човекови права се драстично повредени и дека "проблемот со името" е уште една од нив. Мора јасно да се објасни дека "проблемот со името" има подруго значение за нас, одошто  за Грција. Светот мора да знае, дека разговарајќи за своето име, Македонците заправо разговараат дали да постоат или да изчезнат како народ, за секогаш. Во тој случај, за сигурно дека оваа "грчка трагедија" ќе го промени својот курс, на движење.

Без дословно разбирање на нашите ставови и која е нашата црвена линија до која можеме да преговараме или разговараме, пред очите на соговорниците се претставуваме како кучиња што лаат ама не гризат. Затоа е многу важно да го направиме светот да разбере, дека проблемот е реален и за Македонија и нејзиниот народ од животна важност. 

През годините што поминаа Грците не направија, со своите лаги и искривување на фактите, да сме ние лошата страна, а себе се прикажуваат како жртви, што би требало да биде, заправо, обратно. Но за жал, светската јавност се' уште тоа не го слушнала доволно гласно, од нас.

Спрема околностите во кои денес се навоѓаме во светот, нашата одбрана стои на слаби ноsе, зошто се' уште чувствата на светската јавност се на страната на Грција, која вложи доста напори, од сите врсти, во таа насока за да ја презентира својата "вистина". Најмалку што ние треба да постигнеме е, да покушаме да ја убедиме светската јавност дека ситуацијата е обратна и после силовито да тргнеме во контра напад, до победа.

Довербата на јавноста може да е силно оружје во вакви околности. Само еден поглед врз Еврејските успеси со промоцијата на Холокаустот во Втората светска војна, па ќе ни биде јасно што треба и ние да направиме во одбрана на нашето достоинство и материјалните загуби со протерувањето на Македонците од нивната татковина, уништувањето на нивните животи и нивните длабоки психички страдања.

СОГОВОРНИКОТ - Што предлагате да се направи за да се експонира Грција како злосторник спрема македонскиот народ?

РИСТО - Треба да направиме, што секој добар адвокат би направил. Да го подготвиме нашиот случај професионално и добро разбирлив и да му го презентираме на светската јавност, а не пред некој суд. Постоат тони материјали за нашата трагична прикаска. Се ' што треба да направиме е да ги организираме и во прифатлива и разбирлива форма да ги презентираме во целост. Најдобер начин е интернетот и социјалните мрежи.

Ние правиме се' што можиме да ги информираме Македонците од англиското и македонското говорно подрачје за да ја научат нашата трагедија и за нејзините причини, но и за причинителите и нивните мотиви. Нашите иселеници се нашите амбасадори надвор од Македонија, во средините во кои се во можност на едноставен начин да ја шират нашата вистина.

Сите можности и средства треба да се искористат во ширењето на нашиот проблем. Секогаш кога средствата за информирање донесуваат погрешни вести штетни по нашите национални интереси, треба да им се одговори адекватно и со факти. Ако Грците или другите наши опоненти и непријатели ја бомбардираат јавноста со лаги, зошто треба ние да молчиме и да не ги нападниме со нашата вистина? 

Можиме да ја користиме телевизијата со разни реклами и прикаски за нашата земја, за нејзините достигања во сите обласи на животот. За дневните добри и не добри настани заедно со причините и причинителите на настаните кои позитивно ја прикажуваат Македонија пред светот, но и за оние кои како платеници на странски агенции и интерсни сфери и' нанесуваат штета. Сето тоа придонесува да се сознае вистинската вистина за нас Македонците, но и за нашата татковина. Да им дадеме прилика на Грците да не нападнат со своите лаги, па да видиме колку далеку ќе стигнат по  патот по кој тргнале. По својот расистичко-фашистички пат.

Ќе можи ли Грција да го оспори фактот дека го забранила македонскиот јазик да се зборува во државата. Во јавниот и приватниот живот на Македонците. И тоа во нивната родна татковина Македонија, брутално украдена со помош на своите покровители и креатори? Како ќе го направи тоа а да пред очите на светот не изгледа расистичко-шовинистички? И во тој случај кои ќе и' даде рамо за плачење?

Баш така треба да се постапи за секоја неправда направена од Грција спрема македонскиот народ. Прво ќе започнеме со така наречениот "спор за името" преку докажувањето дека овој "спор" не е заради името на Македонија, за што Грците пет пари не даваат за него, туку заради правото на Македонците да постоат како народ и нација на овој бел свет. Зошто? Затоа што уште се плашат од минатото!

Објаснете му на светот зошто Македонците рискираат многу со влегувањето во разговори со Грција за сопственото име и за последиците кои би настанале со одбивањето тоа да го прават и понатака.

Докажете му на светот дека Грција не е заинтересирана за името Македонија, туку само за нестанувањето на Македонците од лицето на земјата, заедно со нивниот идентитет.  За што ќе причека малку подолго, од што се надева!

Но за сигурно, некој друг ќе треба да разговара искрено и чесно со САД  и да ги пронајде причините, зошто е толку против македонскиот народ и неговата држава. Што направија Македонците толку страшно, па да се налутат  на сите нас? Не би било лошо да се сознае што има да ни кажат! Можеби би има нешто што би можеле да направиме, со што би ја сманиле нивната загриженост, пред да ја изгубиме нашата сувереност.

СОГОВОРНИКОТ -  Ово ми звучи добро и паметно, но кој би бил тој кој би се впуштил во една ваква "авантура" ?

РИСТО - Па, сите ние треба да земеме учество во оваа авантура, вклучувајќи ја и владата на Република Македонија. Пред да се впуштиме во оваа борба за преживување како народ и нација, треба  добро да се информираме. Треба добро да се запознаеме со проблемот за кој зборуваме. Сите треба да се запознаеме со вистинските околности кои доведоа до овие бесмислени спорови поврзани за нашето име и презиме, за некој од надвор да бара да ги смениме, зошто не им се допаѓаат. 

Ништо не смее да се потцени, без обзир колку глупо и нелогично ни се гледа да е. Грците и нивните заштитници имаа повеќе од 200 години да се подготват за ова што ни го сервираат денес, по нашето осамостојување и формирање на нашата македонска држава. Држава, наследничка на Филиповата, Александровата, Самуиловата ...македонска држава. Знаете ли дека САД имаат 100 годишен план? Да, имаат!

Продолжува

 

БИЛ НИКОЛОВ

******

МАКЕДОНИЈА

Пишува Бил Николов

Претседател на  Македонското интернационално движение за човекови права

 

Зачленувањето во ЕУ повеќе од  една  деценија чека на прием заради условот да се смени вековното име на земјата. Тоа се прави прво со потребата да го задоволат угнетувачот, потоа со посета на "оваа држава" и избегнување да го изговорат вистинското име и конечно, повикувајќи го СКОПЈЕ да ја прифати коалицијата која што има за цел да го уништи етничкото потекло и територијалниот интегритет на земјата.

Таквата политика е совршен рецепт за да се оддалечи државата од ЕУ и од Западот. Секоја ви чест г-дине Комесар за проширување, Јоханес Хан.  Вие и уште безброј други европски и американски официјални лица буквално правите обратно од тоа што треба да се прави за да создадете услови за зголемување на членството во ЕУ и спротивно на идеалите за човекови права и почитување кое што го декларираат ЕУ и Западот.

 

 

ЈОХАНЕС ХАН

Објаснете ве молам, како можете да мислите дека ова е вистинскиот пат? За било кој, Макеонците продолжуваат, со право, со масовни протести низ целата држава - да, државата со име МАКЕДОНИЈА - протести против  Тиранската платформа и странскиот интервенционализам. Платформа, која што е изготвена во странска држава, со цел да се сменат македонското име, идентитет, знаме, химна и да го поткопа територијалниот интегритет на Македонија. Прочитајте ја. И потоа кажете ни, вие г-дине Хан и вашите соучесници, Високата претставничка на ЕУ Фредерика Могерини и сите останати, дали не ја разбирате содржината на таа платформа, или можеби комплексите на вашата вредност ви даваат за право да мислите дека можете да и' диктирате на Македонија како да се справува со нејзините внатрешни проблеми и со нејзиното постоење? 

ФРЕДЕРИКА МОГЕРИНИ

Чекаме на ваш одговор. Барем толку заслужуваме. И уште една сугестија за колку-толку да го поправите овој хаос предизвикан од Западот - Прогласете ги за непотребни антимакедонските преговори за името и направете го со тоа првиот чекор кон здравиот разум.

***********************************

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, ifo@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi,  facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

БИЛ НИКОЛОВ

 

**************************

ПОБАРАНА ОСУДА НА

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА И

КРАЈ НА МЕШАЊЕТО ОД СТРАНА НА САД

**********************************

Пишува Бил Николов

 

На 16 март 2017 година, претседателот на македонското меѓународно движение за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со релевантни претставници на американскиот Стејт департмент и го повтори барањето на ММДЧП за САД да ја осудат Тиранската платформа, наместо истата да ја оправдуваат и да се залагаат за неа. ММДЧП побара амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување на мандат на анти-македонската коалиција и за задоцнетата политика за Македонија, на претседателот Трамп, да се спроведе веднаш.

Николов изрази огорченост заради намерите на САД активно да ја подржат коалицијата чија цел е да се сменат името на Македонија, идентитетот, знамето, химната, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Тој ја потенцира иронијата со револтот од САД поради руската интервенција во неодамнешните претседателски избори, со оглед на тоа што јадрото на американскатат надворешна политика во последните седум децении е токму тоа - странски интервенционизам. Тој побара од американскиот Стејт департмент и особено од американската амбасада  во Македонија, да се држат до принципите на новата администрација на Трамп кои што ветија дека ќе стават крај на американското мешање во внатрешните работи на други држави.

Николов го повтори и барањето на ММДЧП за САД да се откажат од преговорите за името - со што ќе се покаже вистинската американска заложба за суверенитетот на Македонија - за разлика од актуелните напори да го поткопаат истиот. Со ова ќе се елиминира проблемот кој што доведе до нестабилност во регионот, која што е присутна уште од осамостојувањето на Република Македонија, во 1991 година.

Потенцирана беше и потребата за САД да ги осудат антимакедонските изјави, постапки и уцени од страна на ЕУ, Европскиот Парламент и соседите на Република Македонија, а особено бизарната Резолуција на Европскиот Парламент со која што македонското малцинство во Албанија беше прогласено за "бугарско", како и изјавата на Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини, дека разговорите за влез во ЕУ за "оваа земја" ќе бидат во прекин, доколку не биде даден мандат за формирање на Влада на антимакедонската коалиција. Иронијата е во тоа, што на Македонија и' е всушност блокиран влезот во НАТО и ЕУ додека не го смени името за да се задоволи Грција, земја - членка на ЕУ која што ја има подршката на Унијата во негирање на постоењето на македонската нација.

Николов изрази бес дека македонските малцинства на Балканот не само што не уживаат во човековите права "загарантирани" од страна на Европската унија, но и дека често мораат да се бранат од нападите на нивното етничко потекло од самата Европска унија, вклучувајќи ја и високата претставничка од Унијата Могерини, која одбива да ја нарекува Македонија со нејзиното Уставно име. Николов повика , на годишниот Стејт Департмент Извештај за човекови права да се вклучат сите случаеви на кршење на човековите права на Македонците во балканските земји, како што постојано се наведува во информацијата од страната на ММДЧП.  Тој, исто така, потврди дека прогрчки антимакедонски термини како "словенски групи", не смеат да се користат за опишување на Македонците, бидејќи ова е термин кој се користи од страна на Грција, за да го негираат етничкото потекло на Македонците.

Николов изрази огорченост затоа што македонските малцинства на Балканот не само што не ги уживаат човековите права што треба да се "гарантирани" од страна на Европската унија, туку и заради тоа што многу често се во ситуација да мора да се бранат од нападите врз своето етничко потекло. Напади кои што доаѓаат од самата Европска унија, вклучувајќи и одбивање на високата европска претставничка Могерини и  комесарот Јоханес Хан, те државите членки на Европската унија да и' се обраќаат на Македонија со нејзиното Уставно име. Николов побара во годишниот Извештај на Стејт департментот за човекови права во земјите од светот да бидат вклучени и сите кршења на човековите права на Македонците, кои што континуирано ги добиваат од ММДЧП. Тој исто така нагласи и дека про-грчки, анти - македонски термини како "словенски групи", не смеат да се употребуваат во опишување на Македонците, бидејќи тоа е терминот што се користи од страна на Грција за да се негираат етничките белези и потеклото на Македонците.

На крајот, Николов побара уште, истите права кои се загарантирани за албанското малцинство во Македонија со Охридскиот рамковен договор да се имплементираат и за македонското малцинство во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија.

Двојниот стандард за Македонија и Македонците да прекине веднаш. ММДЧП очекува САД да ги почитуваат сопствените декларации за демократија и човекови права и да обезбеди услови тоа конечно и да се оствари.

*****************************

Македонското меѓународно движение за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови  и национални права на Македонците и другите обесправени народи, од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org,  www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

 

Александар III Македонски

 

 МАКЕДОНИЈА СВЕТСКА ИМПЕРИЈА

ДЕЛ 11

АЛЕКСАНДАР  III  МАКЕДОНСКИ

( 336 - 323 )

 

 ПОХОДОТ КОН ИСТОК

**************

 

Александровата војска излегува  во Мала Азија преку Хелеспонт кај Сест; првата станица е древниот град Троја каде во храмот на Атена Александар принесува жртва, посветувајќи и' го на божицата своето оружје и земајќи го оружјето од храмот, со светиот штит на божествениот Ахилеј (следејќи ги хероиските дела од епот Илијада).

Првиот воен судир со персиската војска се случува кај реката Граник на Пропонтида 334 г.пр.н.е.. Војската на Персијците, придружена од хеленските наемници-хоплити, ги зазема позициите на стрмиот десен брег и возвишенијата околу реката, така што лесно го следи движењето на македонската војска. За Александар оваа битка е голем предизвик за да ја покаже силата на македонската војска и да ги истакне сопствените стратешки способности. Тој дава наредба да се прегази реката и заедно со своите хетајри и напаѓа во најгусто збиените редови на непријателот. Во жестоката борба Александар е ранет в рамо. Персијците имаат илјадници загинати војници и 2,000 заробени од кои наемниците - Хелени, Александар ги испраќа во Македонија, на принудна работа.

Победата над персијската војска, предводена од малоазиските сатрапи на Лидија, хелеспонтска Вригија, Голема Фригија, Карија, му го отвори патот на Александар кон Мала Азија; лидијскиот град Сард се предава без борба, како и градовите на Ајолида и на Јонија, меѓу кои е Ефес. Македонскиот цар е дочекан како ослободител од персиското ропство; единствено Милет и Халикарнас, со голема персиска војска даваат отпор 334 г. пр.н.е.

По овие освојувања, Александар ја дели војската на два дела: едниот дел на чело со војсководителот Парменионнда презими во Сард, а другиот тргнува на поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Следната 333 година целата војска се собира во Гордион, престолнината на фригиските кралеви - Гордиј и Мида; според една легенда, Александар го пресекува со меч неразврзливиот јазол на јаремот на кочијата на кралот Мида, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија.

Во освоените територии Александар најчесто го задржува постојниот административен систем: сатрапиите се основни административни единици со кои управуваат саатрапи, најчесто Персијци, кои ја имаат цивилната и воената власт -освен во Лидија, каде што е поставен Македонец, додека со финанската власт раководат Македонци. Македонските војсководители со македонската војска ја контролираат освоена територија.

Првата битка со "големиот цар" Дареј III се случува кај Ис 333 г.пр.н.е.. Движејќи се по крајбрежието на Мала Азија кон Сирија, Александар ги остава болните војници во градот Ис и продолжува да ги гони Персијците. Но, Дареј тргнува со војската кон Киликија, стигнува во Ис и ги убива македонските војници. Александар се враќа и во теснецот кај Ис, помеѓу морето и високите планини, на реката Пинар се одигрува втората голема битка помеѓу Македонците и Персијците. Персијската војска е огромна: тешко вооружени пешадинци, хеленски наемници, коњаници; војската е придружувана од бескраен караван на коли и балдахини со царскиот харем. Дареј не предвидува дека ваква голема војска неможе да маневрира во тесниот простор на реката; за разлика од него,генијалниот стратег Александар во од ја постројува војската во нов борбен ред, не дозволувајќи ми на Дареј да го нападне од грб. Македонската војска ја прегазува реката  и навалува со страшен удар; Александар се нафрла на борната кола на Дареј; тежок е судирот помеѓу македонската фаланга и хеленските наемници, а од друга страна, левото крило со македонскиот војсководител Парменион се бори против персиската коњица. Персијците се обезхрабрени кога гледаат својот цар како бега од бојното поле. Александар не тргнува веднаш во потера по Дареј, туку и' помага на својата фаланга, а по завршување на битката, го гони царот до доцна во ноќта. Дареј успева да се спаси, но Александар ги запленува неговата борна кола, лакот, штитот и наметката и се враќа во персискиот воен логор каде е и запленетото семејство на Дареј, жената и децата; Александар се однесува со достоинство спрема царицата-мајка и нејзините ќерки. Парменион е испратен во Дамаск за да го заплени огромното персиско богатство. Жртвите на персиската страна се огромни, според Птоломеј, околу 100.000 војници, а од македонска страна - 300 пешадинци и 150 коњаници. Со оваа битка Александар ги освојува предноазиските земји на Персиското Царство.

Следното освојување е утврдениот град Тир, каде што Александар сака да принесе жртва на врховниот фојникиски бог Мелкарт - Херакле. Градот, сместен на остров, одбива да се предаде, сметајќи на своето одлично утврдување, но војската прави вештачки насип до островот и, по долга опсада, Тир станува македонска тврдина. Истата судбина ја има и градот Газа.

 

ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕГИПЕТ

**********

Од Фојникија Александар тргнува за Египет, каде е дочекан како ослободител од Персиското Царство. Во Мемфис египетските свештеници му ја предаваат двојната круна на египетските фараони. Александар се однесува со посебна почит спрема египетските обичаи и култови и присуствува на сите церемонии на кои се претставува како фараон на Египет, син на Амон-Ра. Патува во Либиската Пустина до оазата Сива, каде е светилиштето на египетско-либискиот бог Амон -  култот на Амон во Македонија е посведочен како Зевс-Амон. На устието на Нил го основа во 331 г.пр.н.е. градот Александрија. Територијата на градот ја исцртува со брашно од јачмен, според древниот македонски обичај.

Продолжува

 

Саат Кулата во Битола

 

 

МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА

СААТ КУЛАТА ВО БИТОЛА

*****************

 

Саат кулата во Битол за прв пат е спомената во половината од 17тиот век, како помала кула во Манастир. Меѓу првите слики од неа е таа на патеписецот Едвард Лир во 1848 година. Во нејзино најпрво објаснување и опишување на фотографиите истата е забележана како "White Tower"  или "Бела Кула"...

Некаде до 1927 година, Саат Кулата имала големи sвона и со нивните отчукувања го означувала точното време кое до 1912 година било по "ала Турка". Со тоа се побива едно мислење според кое кулата била градена во правец со Јени и Исак џамија за верниците во 12:00 часот да можат да ги погледнат директно стрелките од часовникот и излезат на молитва.

Првиот механизам бил инсталиран 1927 година и го покажувал европското време "ала франга", кој на старите фотографии можете да го разликувате по неговата бела основа и црни стрелки. Послем неговата замена, никој не знае каде завршил.

Во знак на благодарност кон градот за подигнувањето и одржувањето на Германските гробишта во Саат Кулата 1936 година од страна на тогашните Германски власти се вградува германски механизам, кој останува до ден денешен. Од него само еден дел е модернизиран и автоматизиран, а часовникот е со многу голема прецизност.

ЦРТЕЖОТ НА ПАТЕПИСЕЦОТ ЕДВАРД ЛИР ОД 1848 ГОДИНА

Проф. Ангелина Маркус

 

 

*******************

БЕШЕ СИ БИЛА...

...ПРИКАЗНА ЗА ЦАРОТ КОНСТАНТИН

**********************

На крајот на III век по Христа со Римската Империја владееле четири цезари: Диоклецијан од Сплит, Константин од Ниш, Галерие од Сердика (Софија) и Луцијан од Дакија, сите од Македонија, како што и тогаш се викала провинцијата.

Во 306 година по Христа сите ја предале власта на посвоени наследници, а само царот Константин бил избран за цар од војската, како што се бирале наследните македонски владатели од древнина.

Константин во меѓусебните судири за доминација ги поразил совладателите и по примерот на Александар Македонски ја обновил империјата, проширувајќи ја од Египет до Шпанија и Англија. Создал една држава, со еден цар со една религија, градејќи многубројни градби по примерот на македонските палати и базилики, богато украсени со фрески и мозаици. Како и претходните македонски цареви изградил градови кои ги нарекол со своето име - Констанцио, Константинопол...

Со закон го заштитил Христијанството и масовно ги покрстувал паганските племиња. Лично учествувал на Никејскиот собор за да го спречи прогонот и погромот на Македонците од страна на римските војници. Така ја возобновил Македонија како уште поголема држава која подоцна ја нарекувале Византија и која како таква успеала да стане стлб на Православното Христијанство и да ја сочува и развива и понатаму уметноста, писмото и верата за што се залагале сите владатели од македонската царска лоза од Константин I, до Константин XIX, цели 1000 години. Македонците владееле на. три континенти. Повеќе од еден милениум владееле низ цела Европа, Азија и Африка и ги оствариле идеите на Константин исто како што го направил Александар.

 

 

Цар Константин и Царица Елена- Мајка

Мајката - царица Елена, со подршка на целиот двор има голема заслуга за градењето на првите цркви и манастири од Ерменија до Палестина, Египет и Македонија. Таа ги заштитувала пустиниците, го ширела монотеизмот низ цела Европа и ја подржувала војната со крст на мечот, како подршка на Христијанска Македонија.

Во почетокот на IV тиот век и во Скопје била изградена црква "Цар Константин и царица Елена". Во 1963 година за време на земјотресот, во центарот на Скопје се урна црквата која го носеше нивното име и за жал, таа до денешен ден не е обновена. Почитувањето на овие светци продолжува се' до денешното време. Скоро и да нема црква во Македонија каде што нема фреска со нивните ликови која го раскажува нивното житие исто како што и Евзебие го раскажал животот на царот, четирите негови синови-наследници, браќата, внуците и останатите потомци на лозата на Константин.

Во Македонија и денес децата се крштеваат со тоа славно име, Константин Први велики и со милениуми во народот се чува споменот за Македонскиот царски род. Во Ерусалим, во првата црква на Царицата Елена се гледаат Македонски штитови на воините и ангелите како спомен останат од тоа славно време па се' до денес...

*******************

 

Kind regards : 01 април, 2017

Sotir Grozdanovski - broj 60