НОВИ ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕТО ЗА КРИЗАТА

 

ГО УБИВТЕ ОБРАЗОВАНИЕТО

ЈА УНИШТИВТЕ ДРЖАВАТА

***

Со овој наслов, Дарко Ѓорѓиоски , студент за политички науки при Универзитетот во Виена, Австрија, го изразува својот горчлив револт спрема својата сопствена земја и нејзините темелни вредности, вклучувајќи го македонскиот јазик, историјата, и нејзиниот македонски идентитет, без да се премисли дека со плукањето на својата држава,  си го плука  своето сопствено лице и  лицата на сите Македонци, кои не мислат како него. Но најтешко е да се прифати игнорирањето и обезвреднувањето на  сите наши претци кои заедно со своите  животи вградени во темелите на македонската држава ни оставија и парче слободна земја   за  да   се родиме на него, да проодиме по неговите убавини и со силата на мајчиниот јазик да се вивнеме во висините и постанеме луѓе. Меѓу тоа, сите кои ја напуштиле својата татковина од било кои причини, но и многу од нив кој останале во неа,  не постанаа подобри луѓе, ами го изгубија и она малку човеково што го добиле со своето раѓање во Македонија. Се изгубија во времето и постанаа слуги и мрзители на се' што е македонско, заедно со длабоките чувства  да се биде Македонец или Македонка, во земјата од која потекнуваме.

Младиов Дарко Ѓорѓиоски во самиот увод од писмото што го испрати до "ПУБЛИКУМ", едно од повеќето антимакедонски медиуми, клиенти на Сорос и отворените непријатели на Македонија, ќе ни го соопшти следното, како совет научен во туѓа земја и како утрешен политичар, но сигурно не во Македонија:

"За да уништиш една нација, не треба да употребиш хемиско или биолошко оружје, туку да го намалиш квалитетот на образовниот систем".

Точно така, млади човеку, зошто по се' изгледа ти си еден од оние кои останаа смрзнати во минатото  и подучуван од исто такви за кои историјата застана во 6-тиот век и немрднале понатака, односно наназад во длабочините на македонската историја, која значи многу повеќе од она што може да се купи со пари или да се продаде за мали пари.Токму така, мој млади човеку. Ти и многу како ти, со одење надвор од Македонија ја изгуби и Македонија и самиот себе си. Постана свој сопствен непријател, учејќи од учители кои никогаш не биле пријатели нити на Македонија, ниту на македонскиот народ. Наместо да научиш нешто што ќе те вивни уште повисоко во  науката и со повратокот назад во својата земја да му помогнеш на својот народ како да се ослободи од "неспособните и корумпирани политичари кои ја уништија твојата татковината", тебе ти зaсметаа дури и твоите поранешни професори кои се борат, денес, заедно со своите ученици и студенти да ја сочуваат македонската држава и македонскиот идентитет од такви, како што и ти самиот постана.

Ако е да се просудува по твоето реагирање на настаните кои денес се случуваат во Македонија, за сигурно не и' си потребен да и' се вратиш. Зашто, такви  заскитани кои им служат на "демократијата" со која се разнебитува македонската држава, имаме и дома, од кој еден ден Македонија ќе мора да се ослободи, ако сака да опстане како држава на Македонците и на сите малцинства во неа, со сите права за кои Македонците во околните држави и во светот, само сонуваат.

Ајде да видиме, понатака, што сакаш да им соопштиш на младите Македонци кои си останаа во својата родна земја и во своите срца го чуваат споменот на нашите далечни и не така далечни претци. Но и ги почитуваат нивните жртви за она што ти и такви како тебе го сметаат неважно и така лесно да се продаде за грст пари и некој излет во земјите, на дембелиите.

"Денеска токму тоа се случува во нашата држава. Вели нашиот Дарко! Една група на криминалци во својата политичка игра успеаа да ги инволвираат и средношколците, успеаа да му го наметнат национализмот и се' да гледаат преку призмата на политиката и омразата.

Партизираното образование конечно си го покажа своето грдо лице преку сите структури: директори, професори па дури и служители кои ги притискаат учениците да излегуваат на протести, да го бранат лудилото преку прекинување на настава, а на тие што се спротивставуваат им се закануваат со изрекување казнени мерки. Тешко ми паѓа кога ќе ги видам истите оние личности кои ми беа професори, како денеска под знамето на национализмот шират омраза, вршат притисоци, држат квазипартиски говори. Но од друга страна сум восхитен од некои професори и ученици кои со силна волја против неправдата застанаа на вистинската страна и херојски се борат против политичкото влијание, во образовниот систем.

А што велиш за оваа твоја професорка, Дарко!

 

За кого работи оваа професорка и списателка, Дарко? И плус член на Македонската академија на науките и умтностите? Чии партиски наредби ги извршува?

Ова ли се тероризираните за кои ти зборуваш, Дарко? Или предавници на Македонија и Соросови платеници за да ја уриваат легално избраната влада на Македонија? Но и хулигани кои го оштетуваат народниот јавен имот и македонските национални белези?

  • Мирјана Најчевска, Македонија е ќенеф држава.

  • СДС (Албанска)

  • Ирена Стерјовска, "антифашисткиња"

Овие ли се луѓето кои станале на правата страна за да ги бранат националните интереси од "криминалците и ненародната власт"? Или пак професорката Мирјана Најчевска која живее во "ќенеф" држава а не палата како некој и "ветил" дека за неа Македонија ќе ја направи? Или можеби Ирина Стерјовска, наречена Антифашисткиња која фарба до каде ќе стигне по Скопје и никој во тоа да ја попречи? Или пак претседателот на СДС (Албански) Зоран Заев кој со гордост изјавува дека на неговата партија не и' личи да е патриотска партија? Тоа ли се твоите идоли, Дарко Ѓорѓиовски?

И не се само овие "маркантни" личности на "демократијата" "слободата" и "правдата". Има уште многу кои се хранат од јаслите на Сорос и светските наркомани. И за чудо, сите највисоко образовани "великани", како на пример Денко Малески кој е подготвен да ја менува химната македонска, дело на неговиот татко,  Љубомир Фрчковски кој веќе има подготвен план за менување на името на Македонија, Љупчо Георгиевки (поранешен премир на Р. Македонија и бугарски миленик") за кој историјата на Македонија е заправо бугарска и да не набројувам уште низа "угледни" уметници, писатели, архитекти, дури и поранешни министри за култура и  т.н.т. сите од јунак по јунак, големи интернационалисти но и домашни предавници и изроди.

Еднаш кога ќе научиш, мој млад човеку, да  го сакаш своето а да го почитуваш  туѓото, ќе се сметаш за човек.

Ако не ти е мил домаќинот, не му оди на гости. Исто така, ако родителите не ти се во душата, не им ја барај ќерка им, зошто ќе бидеш несреќен.

Ова се однесува на албанските лидери кои си го сакаат само своето, но никако да се оттргнат од македонските јасли, кои ги направија луѓе, зошто во Албанија би биле никои и ништо.

Е, сега, кога ќе ја сватиш суштината на ова што сум го научил јас во мојата младост, а сум го надградувал на многу места и меѓу многу подруги народи од мојот, македонскиот, дојди и ќе разговараме за национализмот и патриотизмот, за да постанеш и ти човек.

 

Ваш Сотир Гроздановски

**************************

 

 

Дипл. Инг. Вангел Божиновски и Академик Живко Попов

 

ЗАКАНИ НАМЕСТО ПОЧИТ

**************

Пред се' изразуваме голема подршка за одлуките на претседателот Ѓорге Иванов, како и за граѓанското движење "За заедничка Македонија"

*************

Македонија е историски и геополитички редок случај на држава и народ кој низ сето и најдлабоко паметење на историјата не ги променила своето име и географската широчина! Само поради овој факт ОН треба да ја помести во заштитените реткости на УНЕСКО.

Како прва и најстара држава во Европа, денешната ЕУ треба да има посебна почит кон Македонија и македонскиот народ и однесувањето на нејзините актуелни високи претставници што не посетуваат треба да биде сообразно со овие непобитни факти. Наместо тоа, Македонија добива директиви и закани кои навредливо го повредуваат елементарното достоинство на Македонија и македонскиот народ.

Затоа, почит кон претседателот на Република македонија и кон граѓаните на Македонија кои повеќе од 60 дена достоинствено ја искажуваат својата демократска волја за нови избори кои се единствен демократски начин за решение кое е заплеткано во неразбирливиот однос на ЕУ кон Македонија во последните 25 години.

ЗАТОА САМО ПЛИТКО ВО

ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА 

*************

Оваа обновена држава е создадена за време на Втората светска војна со гаранции на јужнословенските народи - Србите, Хрватите, Словенците, кои застанаа како гарант на македонскиот народ и неговата народноослободителна борба и во Прохор Пчињски на заседанието на АСНОМ 1944 година, пред високи претставници на Рузвелт, Черчил и Сталин беа поставени темелите на идната македонска држава. Во таа светлина Народна република Македонија беше создадена заради македонскиот народ и јазик и неговото кирилско писмо, а не заради присуството на албанското малцинство и албанскиот јазик. Исто како што неколку децении претходно, пред се', со помош на Англија, Албанија беше установена како држава заради албанскиот народ и јазикот и покрај присуството на други малцинства во неа. Непроменливост на таа состојба во согласност со меѓународното право мора да важи и за двете држави.

МАНИПУЛАЦИЈА СО ПРОЦЕНТИ

***********

Во 2001 година под закана на воен конфликт со Рамковниот договор повторно пред високи претставници на меѓународната заедница - САД, ЕУ, НАТО се дадени поголми права во единиците на локалната самоуправа на етничките заедници кои ќе надминат 20% од локалното население. На овој начин се постигна максимална заштита на албанското малцинство, заштита, каква што ја нема ниедно малцинство во ниедна земја во светот, иако во 2001 година немаше попис со кој можеше да се докаже присуство на 20% албанско население во Република Македонија, туку тоа се направи на база на политичка одлука, изнудена во тој момент.

Денес и понатаму перманентно се манипулира со процентот на албанското население спроред потребата на дневната политика - некои атрактивно го искачуваат и до 35%, а притоа по секоја цена се попречува нов  реален попис на населението, сопственоста на земјиштето и материјалните добра. Без оглед на процентот и бројноста, албанското население живее на мала територија во северозадниот дел на државата, односно на речиси 1/5 од територијата, а во остатокот на државата е малку или воопшто незастапено. Ова е уште една голема причина зошто барањето за двојазичност на целата територија е нереално и непотребно и има друга цел не само да ја преименува Македонија, што е една од целите на ЕУ, туку и да ја промени географијата на Македонија, што веќе се случува надвор од Рамковниот договор во општините каде што е дозволена двојазичноста во овој момент.

Во споменатите општини, покрај македонскиот јазик, како единствен официјален јазик на целата територија, официјален стана и албанскиот; високото образование се реализира преку најмалку два државни универзитети на албански јазик, се дозволи употреба на албанскиот јазик во парламентот, како и при обраќањето на националните институции, соодветна застапеност на Албанците во јавната администрација, полицијата и војската. Бадентерово правило и др.

Во периодот што следуваше и покрај овие максимални права се направија два пати повеќе злоупотреби, преку произволно т.н. автентично толкување на Уставот и законите, а во духот на Рамковниот договор.

Така, направени се многубројни злоупотреби на функции и противуставно променети табли на одделни министерства, републички фондови, училишта, национални музеи, топоними и друго во државата, се разбира, со премолчена, противзаконска согласност на владејачките партии на сите последователни влади по 2001 година заради партиски интерес и одржување коалиција со албанскиот политички блок.

НО, ТУКА НЕ СЕ ЗАСТАНУВА!

*********

Употребата на албанскиот јазик во прламентот на пленарни седници и комисии е исто така загарантирано со Рамковниот договор и Уставот, но тоа не значи дека претседателот на Собранието ако е етнички Албанец ќе го води и законодавниот дом на албански јазик или дека треба да ја промени таблата на Собранието во двојазична, што всушност се заговара со платформата што е сега актуелна.

ЗЛОУПОТРЕБА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

*****************

Понатаму, правото на припадниците на албанската етничка заедница да се обратат до националните институции не значи дека таблите на овие институции може да се променат во двојазични доколку нивни раководители, министри, директори и др. бидат од албанско етничко потекло. Тоа не е можно, бидејќи во согласност со Рамковниот договор и Уставот овие институции се од државен карактер и нивната работа се однесува на целата територија на Република Македонија, а воедно и секој што претендира да биде македонски државјанин, мора пред се' добро да го владее македонскиот јазик.

Политичките фактори на новата влада во својата програма би требало да се обврзат дека ќе ги отстранат овие злоупотреби на Рамковниот договор и Законот за употреба на јазиците, кои ја брануваат и плашат јавноста со меѓуетнички проблеми, а не да ги продлабочуваат и преку подршка на т.н. албанска политичка платформа да дозволат промена на уставниот поредок на државата. Притоа сеедно е дали платформата ја напишал албанскиот премиер или уште полошо ако ја создале македонските Албанци во својство на најзаштитено малцинство во ООН.

Тие имаат толку многу права, што веќе преку низа механизми ги загрозуваат основните права на матичниот македонски мнозински народ и на другите етнички заедници да одлучуваат демократски по пат на гласање во Парламентот принудувајќи ги да носат одлуки преку група лидери во својство на племенски старешини, по куќи и други неофицијални места во присуство на претставници на меѓународната заедница, кои често зборуваат во свое име, бидејќи со себе не носат некакви одлуки донесени на седници на Европскиот парламент, Европскиот совет или влади на членките на ЕУ. Овие нивни неофицијални изјави не  треба да се тема на медиумска презентација, со што личниот став на некој од тие претставници се претставува како службен став на ЕУ.

Каде се сега меѓународните претставници, гаранти на Охридскиот рамковен договор и свидетели, да потврдат и гласно да изјават дека македонските претставници на преговорите никогаш не потпишаа зголемување на политичките права на Албанците на национално, туку само на локално ниво.

Како и да толкувате, елементи за таква работа нема да најдете бидејќи со тоа се променува суштината на Рамковниот договор и Уставот. Албанските политички претставници тоа го бараат долго време, прокламирајќи теза дека тоа е предвидено со Рамковниот договор и со Уставот, а преку нивно произволно и т.н. автентично толкување. Исто така, провокативните тези за нивната автохтовност на македонската територија, која, според нив, претставува делови на некакви антички области Дарданија и Илирида, воопшто не се реални, со што се согласуваат и австриските учени и некои од албанските академици како д-р- Каплан Рејсули, бидејќи за нивниот придонес во културниот и историскиот растеж на овие простори досега во ниедно археолошко наоѓалиште нема траги.

НЕРЕАЛНО Е СПОРЕДУВАЊЕ СО

БЕЛГИЈА И ШВАЈЦАРИЈА

*************

Албанското население битно го зголеми својот процент по скопкиот земјотрес во 1963 година вработувајќи се при изградбата на Скопје, потоа при бегалската криза во 1999 година и др. што значи дека во голем процент не станува збор за автохтоно население. Еден детаљен попис би покажал колкав процент не се родени во Република Македонија или се прво колено на доселеници покрај границата со Албанија и Косово. Многубројните обиди Република Македонија да се споредува со Федералното Кралство Белгија или со кантоните на швајцарската конфедерација се исто така нереални, бидејќи во нив деловите народи од неколку соседни држави се здружиле со свои територии во нова држава, што не е случај со нашата земја.

Меѓународната заедница мора да се држи до своите потписи кога веќе се обидува да го реформира македонскиот правосуден систем. Г-динот Јоханес Хан, покрај волјата на македонскиот народ, треба да го почитува и правилото во ЕУ да се одлучува со концензус. Унгарија, Чешка и Словачка не ја подржаа тиранската платформа, а тој продолжува да се однесува спротивно. Да се потсетиме, тоа не беше случај кога Република Македонија во Букурешт беше кандидат член за прием во НАТО, но поради противењето на Грција, немаше концензус и Македонија не стана членка.

Македонскиот народ во овие историски моменти е исправен пред својата судбина. Македонците се свесни дека идентификација на секој народ и држава е нејзиниот официјален јазик. Не случајно политичката ситуација е насочена кон оваа цел. Сегашната албанска политичка поента рамковниот принцип од 20% на ниво на општини да стане државен, несомнено, покрај двојазичноста и промената на државните симболи, ќе доведе и до промена на името на државата, што го бара меѓународната заедница во име на Грција и во име на сите оние што намерно го држат македонското прашање отворено.

Сите околни и други народи со децении и векови имаат свои национални платформи за кои знаат и работаат нивните политички партии. Само македонските политички партии во независна Република Македонија веќе 25 години не знаат каде ги водат својот народ и државата Македонија. Па, оттука, во ваква тешка политичка ситуација предизвикана од 25-годишното слепило за националните црвени линии политичките елити полни со злоба и пакост едни спрема други не смеат да прифатат никакво ново уценување од кого и да е, ништо што ќе доведе до понатамошно нарушување на македонскиот идентитет и до можност за исчезнување на единствената македонска држава. Тие императивно треба пред претседателот Иванов во писмена форма да се откажат од т.н. албанска платформа, чии цели експлицитно и јавно со месеци ги потврдуваат претставниците на албанскиот политички блок и да се обврзат дека при формирање коалиции тема за преговори не може да бидат македонскиот јазик, државните симболи и името на Република Македонија, односно прашања што имаат референдумски карактер. 

 До колку тоа не се случи, сметаме дека единствено решение на оваа комплицирана политичка ситуација во Република Македонија се нови вонредни парламентарни избори, на кои македонскиот народ со сите други малцинства референдумски ќе ја искаже својата волја во однос на контроверзната и неприфатлива албанска политичка платформа.

Пренесено од Дневник.мк

 

Мирка Велиновска

 

АГЕНТОТ ТЕСЛА ЌЕ ЛЕТА ЗА ВАШИНГТОН

КАКО ЛИЧЕН БАГАЖ НА ЏЕС БЕЈЛИ

*******************

Во Македонија се рашетаа ЕУ- соросоидните Могерини, Туск, Хан и Карл Билт. Завршија како употребени куртони. Еди Рама и Хашим Тачи како последни Соросови оази и дувла на наркомафијата, европска депонија и тренинг-центар за терористи се обидуваат да и' се џилиткаат на Македонија, а сега во очај и на Европа. Ќе ја правеле голема Албанија!? Се' нешто ми изгледа  дека после тоа, прашање ќе биде дали воопшто ќе постој мала Албанија. Време е за големо раскурчување на сите соросоидни дивјачки орди. На македонскиве посебно.

Џес бејли веќе се сретна со својата судбина. Амбасадорот на САД ја доби првата тужба од "Џудишал воч" за своите пучистички дејства во трети држави, во случајов во Република Македонија. Му следуваат и други од  американскиот законодавен дом. "Нашиот" Бејли туку што беше на двојно сослушување  кај сенаторот Мајкл Ли и уште една личност. Извештаите од сослушувањата се фасцинантни. Бејли да ти бил лигавина од човек, мрсулко без достоинство, кој се жали дека неговите дејствија биле погрешно  разбрани од Македонците. Тој бате всушност нам ни помагал. Цело време. Впрочем, како претходно на Турците. Таму им ја организира заедно со УСАИД и Сорос и Гулен Таксим еколошката револуција, која после се претвори во неуспешен воен преврат, а овде се зафати со пленумски востанија кои доведоа до шарена револуција и бриселска платформа на која во Пржино потпис ставија четири партиски поглавици. Па ја надгради преку упад во изборниот процес и постизборната процедура. Информацијата што не ја знаевме досега е дека амбасадорот Бејли ја напуштил Турција како персона нон грата. Го испудиле Турците. А нам црпнатиот император Барак Обама ни го тапоса во Македонија, за набрзинка да ја заврши валканата работа, војните да тргнат од Македонија, оти од говорницата на Советот за безбедност не извести дека не ставил на линија на огнот за триесетгодишните воини што тој и неговото неофашистичко корпоративно друштванце заедно со стратегот Збигњи Бжежински ги испланирал.

Можете да си замислите како ќе изгледаше Балканот и Македонија по тие војни ако на лудакот и Хилари им успееше да победат на последните избори. Ги гледаме сега сите очајнички обиди на губитниците да го одржуваат пламенот на огнената линија која ветува крв до колена и големи профити. За одбраните и црпнати неколкумина и нивните зомби или бројлерски орди. Во оваа дупка падна и целиот состав на ЕУ.

Го разбирам Бејли што се обиде по сослушувањата да пласира во Македонија лажна вест, порака од Стејт департментот. Така функционира очајник. Се надева дека може да избега од пишаното. Затоа мојот интерес сега е насочен кон големата бежанија на "локалното особље" на американската амбасада кое број некои 500 и кусур човеци. Кого ли ќе го качат на хеликоптери за да го извлечат надвор од македонската народна правда, а да ги скријат американските валкани работи, се прашувам. Агентот Силвер? Не. Верушевски не им е од важност. Му доаѓа нешто како Рамбо, потрошна стока, абена повеќе пати во неколку македонски "кризи" и затоа веќе крајно дискредитирана. Овој Зоки што ни спремаше украинско крваво сценарио остана без заштитен чадор со кој се фалеше. Евентуално ако го спасува соросоидна Италија, во што се сомневам по компромитацијата на италијанскиот амбасадор и италијанската разузнувачка служба или Велика Британија под чиј чадор Верушевски стоеше. Невестите на полициските функционери? Јок, бе. Трите мојри на СЈО? Чуму им се уште една Бијонсе и Ленчето со Фатиме. Обвинителки, судијки и адвокатки не можат да бидат. А има суфицит за да бидат специјалки во барови. Што корист би имале пак од Заев, Фрле, Геро, Сашо Ордановски, Ацика Кабрам, Џабир, Насер, Жижи или Борјан и Ива на американска почва. Да ги збогатат своите соросоидни колекции со балкански кловнови? Нема шанси.

И, така, мозокот ми проектира фоторобот на агентот Тесла. Таен агент обвиен со магла. Фантом чии сурат или идентитет наводно никој не го знае, иако едно чудо народ го видел илјада пати. Самиот си одбрал содржајно кодно име оти е убеден дека е гениј во шпионажата. Од наш македонски географски происход е. По манџите и убавата храна е уште од најрано детство оти бил опкружен со семејни готвачи. Развил вкус не само да ги  јаде специјалитетите, туку и самиот да запржува и готви. Кујна му е цела Македонија. Сака да пее. Интимно е врзан со музиката. Опасен е за Американците оти знае многу валкани работи што се правеле во американската амбасада, а во кои тој најдиректно  учествувал. Плус батево си се осигурало за секоја евентуалност. Во посед има над 7.000 атомски бомби кои ги компромитираат угледните деловни луѓе плус банкарите од регионот и сите во Македонија, политичарите од рангот на Црвенковски, Заев, Шеќеринска, божем угледни УЧКИ и ДУИ-џии, косовскиот и албанскиот шверцерско  криминален коплот и над две илјади чувствителни документи за некои кризни настани низ кои мина Македонија од атентатот на Глигоров, до несреќата на Трајковски, војната  во 2001, Рамковниот и се' некои такви "нуклеарни" ракети со голем дострел, а во кои инфлагранти е фатена и Америка. Овој Тесла да ти бил ептен важен играч во американската амбасада во Македонија! До толку што паралелно со извештаите на амбасадорот до Стејт департментот македонскиот контрактор испраќал и свои извештаи во дип стејт. И така Македонец да ти водел надворешна политика на САД. Како стигнал до тој ранг? Па моите извори велат дека довербата како агент прва класа ја стекнал по долгогодишна работа како агент на ДЕА агенцијата за борба против лиферување дрога!? Задолжен бил за Грција и подоцна за цел Западен Балкан.  Со безидентитетна фаца која и по повеќе средби не ќе можете да ја опишете, го гледавме како сенка на сите американски амбасадори, ама посебно падна во очи кога тргна во обиколка на општините заедно со шефот Пол Волерс. Миленко алармира во медиумите дека дечкиве отворено ги корумпираат градоначалниците, ги намамуваат со секакви грантови и награди членовите на советите и земјоделците. Целта беше да се разори од внатрепартиското ткиво на ВМРО-ДПМНЕ. Локалниот агент Тесла го познава и теренот и менталитетот и луѓето. Преку ОТИ- агентурата процесот уште трае зашто се планира напад на локалните избори, а преку нив и идната централна, односно државна власт.

Иако е Тесла таен агент, субверзивец,  кој работи со години против Македонија, мислам дека и мене и на повеќето Македонци ни е добро познат. Пријатен и простосрдечен провинцијалец кој ги надминал комплексите што го има секое гребло. Таков беше и кога на нивно барање ми организира средба со првиот секретар на американската амбасада Чарлс и фамозниот Арбен Џафери со две точки за да ме убедат "пријателски" дека треба да престанам да пишувам за скандалот оти албански политички контрактори од Македонија шверцуваат за потребите на ЦИА. Тогаш дознав дека дотичниот Џафери со две точки, алтернатива на сега покојниот  оригинал Арбен Џафери (без точка), бил  богат бизнисмен од Реџо Калабрија од мафијашки маштап. Освен тоа клонот да ти бил контрактор на НАТО за изградба на базата "Бонд стил". Е, со тој мафијашки сурат нашиов Тесла сакаше да ме искомпромитира и тоа во присуство на официјално службено лице во дипломатското претставништво на САД. Ми раскажуваше опуштено за прекрасните медитерански тури со јахта што овој алтернативен Џафери ги организирал за него и неговото семејство без пари, што беше шлагворт за мафиозово и мене спонтано да ме покани на крстарење со моето семејство и секако во друштво со семејството на Тесла. Кога одбив ваков бесрамен поткуп во  мој стил, го видов и мафијашкото лице на "бизнисменот" од Реџо Калабрија. Пред неговите "дипломатски" содружници ми се закани отворено дека по средбава нема да стигнам ни дома, туку ќе сум завршела во контејнер. На вакви закани јас реагирам како бик на црвено. Прво му се навртев на првиот секретар, цијашот Чарлс и го направив партал, па на "нашиов" Тесла, кој крстари безплатно по Медитеранот во друштво на албански мафијаши и на крајот на криминалецов кому му реков дека ни тој не знае дали жив ќе си отиде од кафулето оти и јас сум си ја организирала заштитата. Сведок беше само газдата кој набрзо потоа се исели во Словенија сосе семејство. Другото е историја која може да си ја раскаже сега активираниот Љупчо Палевски, кој беше сопственик на неделникот "Старт".  Зашто кога со мене не завршија работа, му се навртеа нему.Сакам да кажам,  агентот Тесла е единствениот што со семејството може да мигрира како багаж на Бејли од Македонија. А под американска заштита.

Штом сме кај агентиве, да информирам. Полска има државен институт за евидентирање и регистрирање агенти што работаат во полза на странски држави. Човек да се запрепасти кого се' не ќе види во тоа друштво. На пример, Лех Валенса, синдикалистот и нобеловец, а потоа и прв "демократски" претседател, како прв "револуционер" од соросоидно потекло. Каква лустрација, каква ад хок десороизација, господо! Вака, акни ги квинслинзите во државна архивистичка институција на увид на поколенијата како беспоговорни факти и никакви олеснителни околности. Е, од таков затвор бегство нема.

Мирка Велиновска

*******************

Ристо Стефов


АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ

ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 32

Пишува Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува:

Сотир Гроздановски


Проблемот на Македонците во делот на Македонија окупиран од Грција е неверојатно комплициран. Просто невозможно да се свати за времето во кое живееме. Сум се сретнал со многу луѓе, вклучувајќи и Македонци од другите делови на Македонија, како и од иселеништвото, кои просто неверуваат дека во цивилизирана и демократска Грција која на светот му дала "све", да се случуваат се' уште такви не цивилизирани настани. Како може некој да се бори со такво однесување спрема дел од своето население, Македонците? Се разбира не со молчење: а ние молчевме од 1913 година, кога Грција окупира дел од нашата земја и ја приклучи кон својата територија.

Јас споменав и порано, дека во 2015 година  за прв пат после 50 години, од Канада, се вратив во Грција. Поарно никогаш да не ја посетев таа земја, зошто се разочарав со ситуацијата, во која се најдов, за време на мојот престој. Исто така бев загрижен од помислата, дека грчките граничари може  да не ми дозволат влез на грчка територија, меѓутоа, колку да се нашалам со моите роднини кои сакаа да ме внесат скришум во Грција преку вештачката македонско-македонска граница, како ја нарекуваат границата, се упатив сам, со мојот роднина.

Чим стигнавме до границата,  ме советува да останам во автомобилот за време дури тој му го покажува мојот канадски пасош. Граничарот, седејќи во својата куќичка ми изгледаше  уморен и не заинтересиран за мојата присатност. На мое изненадување, без да гледа во него, му го удри печатот и тоа беше се'. "Влеговме..." рече мојот роднина и тргнавме. "Ниту им е гајле кој влегува внатре, се' дури ги трошат парите во Грција".

И така, јас не знаев дали влегов во Грција легално или не.

Прво што ми падна в' очи беше широката македонска рамница, која многу години ја хранеше Грција, а сега ми изгледаше како да е напуштена. Селата однадвор ми изгледаа иста како оние во Република Македонија. Разликата ми изгледаше дека е само во тоа, што овие села, во делов окупиран од Грција, ми изгледаа  напуштени и празни. Без луѓе. Влегувајќи во Лерин, се почувствував како да влегувам во некое непознато место, кое не сум го видел порано. Скоро празно, како некое село, ни налик на Лерин кој го знаев во времињата на моето детство. Кога прашавме каде се луѓето, ни рекоа само: "отидоа". Отидоа, каде? "Отидоа!" 

Потоа се упативме преку Бигла за Костур и патем застанавме во неколку села. Луѓе со кои успеавме да стапиме во контакт и беа волни да разговараат со нас беа двајца Канаѓани од Торонто, од кои еден ми беше познат. Се поздравивме и тргнавме понатаму кон селото на мајка ми и влеговме во селската меана, која и после 50 години ми изгледаше иста.Зедов неколку фотографии, колку да им ги покажам на мајка ми. Човекот во мојата близина го покри своето лице во моментот кога пробав да ја фотографирам крчмата, што ми сугерираше дека се плаши да биде фотографиран од странец. Тоа ми вли некоја непријатност во мене, но сепак се подигнав, му се приближив и му објаснив дека зедов неколку фотографии за мајка ми. Но не заборавив да го прашам дали зборува македонски, на што ми одговори потврдно. Потоа, човекот си продолжи да си го пие своето кафе и тихо  да си разговара со својот содружник.

Ја напуштивме крчмата и се упативме кон моето родно село, кое не сум го видел цели 50 години. Глетката ми го стегаше грлото во грч. Урнатини и урнатини останаа од куќите кои некогаш служеа за гордост на нивните домаќини. Низ урнатините можевме да видиме само три нови куќи останати за спомен на она што некогаш селото личеше. Само едно македонско семејство живееше во едната од нив, а во другите две не сознав од каде се и што се. 

Влегувајќи во селото, приметивме две млади девоики како перат некои облеки или така нешто и чим не приметија да доаѓаме, одма нестанаа, како да  се уплашија од нешто или  од некого.

Стигнавме до куќата во која македонското семејство беше сместено и зачукавме на врата. После поприлично долго чекање, девојката која ги ставаше опраните тканини да се сушат на нивниот балкон, ја отвори влезната врата. На моето прашање дали зборува македонски ми одговори дека не зборува. Некако пробав да и' објаснам дека ние сме од ова село и дека сме роднини. Ја замолив да го викне дедо и', на што ми одговори дека не бил дома. Приметивме дека не сме добредојдени, па си заминавме разочарани.

Стигнавме во Костур и на повраток влеговме во крчмата на соседното село да се освежиме со пијалок и да поразговараме со некого. Селската тишина не изненади, зошто немавме со кого да поразговараме, освен со конобарката која ја затекнавме сама. Започнавме  кус разговор на англиски, ете само така од пристојност.

Кога се вративме во Република Македонија, му се обратив на мојот роднина и направивме разлика измеѓу однесувањето на луѓето во Грција и луѓето во Република Македонија. Разликите се големи. Во Република Македонија луѓето слободно си разговараат и се однесуваат безгрижно. Без страв од некого да не ги слушне за што зборуваат или за кого зборуваат. До колку приметат дека сте странец, ќе ви пријдат и дури ќе ве поканат да влезете во нивниот дом и да ве почестат со било што, како гостин. Во егејскиот дел на Македонија, се чувствува несигурност  во однесувањето со непознати или странци. Во тоа е разликата помеѓу нашите луѓе одгоени во своја држава и онаа под грчка окупација.

Да не ја  заборавиме и граѓанската војна и што им донесе на нашите луѓе, за што зборувавме во минатиот интервју.  И ако македонскиот народ беше жртва на големата завера со која  се испланира неговото истребување од егејскиот дел на Македонија, сепак, во очите на Грците тој остана како предавник кој сакал да им ја "украде нивната Македонија" и кој трае, до ден денешен.

Тие се' уште Македонците ги сметаат како извршители на некој криминал, кои тие никогаш него сториле. Македонскиот дел под грчка окупација е се' уште во нивни раце; македонскиот народ беше истеран, за секогаш,  од неговата вековна земја на начин како што грчките спонзори испланираа и сепак, во очите и перцепциите на Грците, Македонците се кривата страна во прикаската... И тоа секако да боли!

За жал, перцепцијата на светската јавност е на страната на Грција, сметајќи ја за  цивилизирана и демократска земја, а Република Македонија сиромашна и недемократска. Тоа е навистина неверојатна констатација, а при тоа и потполно не точна. Кој би рекол,  дека светот се' уште верува во  лаги, и не вистини?

СОГОВОРНИКОТ: - Занимливо! Но, кога би Ви се пружила прилика да ја промените положбата на Македонците во Грција, како би го сториле тоа?

РИСТО: - Само еден начин постој, за оние кои би сакале да се заштитат од грчките злосторства, а тој е да им ги покажете повеќето патишта кои им стојат на располагање, со кои би живееле поарно. Ние, кои ја напуштивме Грција пред многу години, заборавивме како е да бидеш во положај да не му веруваш на некој кого не го познаваш, да не зборуваш македонски без страв од некого  кој би можел да те наслушкува, да не бидеш слободен да кажеш дека си Македонец или доаѓаш од Македонија, а да   при тоа не поднесеш неугодни последици, потоа да неможеш да си го кажеш своето име кое мајка ти ти го дала за време на крштевката, а да не биде такво какво грчкиот свештеник ти го наметнал. Јас неможам ниту да почнам да набројувам под какви ограничувања нашиот народ живее во Грција.

Промените  треба да се случат одвнатре. За да се случи тоа, грчката власт треба да го направи првиот чекор со признавањето на маккедонскиот идентитет во Грција со сите права и привилегии. Потоа, треба да се избори и да ја елиминира недовербата кон македонскиот народ практикувана со десетлетија, заедно со грчкиот шовинизам, што би траело  неколку генерации.

За жал, јас не очекувам такво нешто да се случи во блиска иднина, осем до колку не се изврши надворешен притисок врз Грција. Исто така, Грција треба да ја напушти својата идеа за хомогена нација и второ, стравот од "големиот и злочест Славјан" кој доаѓа по неговиот дел од Македонија.

Но сепак, нешто   извонредно важно за Македонците во Грција е да преживеат како Македонци, а да би го постигнеле тоа, треба да знаат кои се и кои им се нивните претци.

Грците неуспеа да ги асимилираат Македонците на својата територија заради ограничувањата кои им ги наметнаа. Од една страна сакаа да ги асимилираат и ги претворат во Грци, а на друга пак не им укажаа доверба и со тоа ги претворија во второ или трето степени граѓани на Грција. Никој не  е задоволен со таков третман, нарочито Македонците кои не се подготвени да си го променат својот македонски идентитет за грчки.  Дозволете ми да го дообјаснам овој мој став. За многу Македонци, оние "нови-Грци" се' уште се предавници, а Грците  пак,  не ги признаваат за еднакви со себе.

Се' уште сите промени во Грција мора да доидат од внатре, а се што ние треба да направиме денес е да ги објавиме нашите проблеми со Грција. На тој начин Грција не ќе можи повеќе да се крије зад својата фасада, како цивилизирана и демократска земја. И еднаш  кога  ќе ја дознае светот таква каква навистина е, со сите маани и злосторнички карактеристики, не ќе има друг избор, освен да направи една од две нешта : да ги признае Македонците во Грција или да биде стигматизирана од светот, како тиранин.

Меѓутоа, јас морам да ви кажам нешто... јас сум навистина незадоволен со Грција. Нема ништо направено за да ја развие Македонија. Местата кои јас ги посетив се  запуштени и го изгубија животот кој некогаш беше присатен на секаде и во секое населено место. Селата се уништени а шумите исечени. Нема живот ниту било каков прогрес било каде. Полошо изгледа од пред многу години порано. Грција не презема ништо за подобрување на животот во Македонија.  На Македонците родени таму не им дозволува да се вратат назад во нивните домови. Ниту да ги посетат своите родни места. Од што се плаши Грција? Можеби да не најдат рајски градини ? Па Грција ја уништи својата земја! Нема ништо што би го восхитило некого, кога е Грција во прашање...

СОГОВОРНИКОТ: - Порано ја споменавте срамотата од граѓанската војна во Грција и последиците од неа по вашиот народ.  Можете ли да ни кажете  нешто повеќе за тоа?

РИСТО: - Да, со задоволство! Од причини кои ги споменав последниот пат, не сакам да ја именувам како "граѓанска војна во Грција'' бидејќи таа не беше "граѓанска војна", а второ, небеше ниту "грчка". Таа правилно би требала да се нарече со нејзиното вистинско име "Македонски геноцид во Грција". Таа беше иницирана војна со цел да се истребат Македонците од Македонија , со помош на надворешни сили вклучувајќи ја Југославија, Англија и САД. Меѓутоа јас нема да зборувам за тие настани овој пат, зошто доста беше речено и порано. Колку се сеќавам, тоа беше во последното интервју. Овој пат ќе зборувам за последиците од војната врз македонскиот народ, внатре во Грција. Да поедноставам. Ќе зборувам само за Македонците кои живеат во Грција и односите меѓу нив.

Како што ви е познато, западната историографија потполно го игнорира македонскиот народ. Заправо, после агресијата на Македонија, потоа нејзината окупација и распарчувањето во 1912 и 1913 година, тој беше толку игнориран, да постана "непостоечки" за западниот свет.

Источниот свет пак, нарочито Југославија, написа своја историја за македонскиот народ да би одговарала на нејзините потреби и политичките цели.  Па така македонскиот народ, од егејска Македонија нарочито, беше тотално одцепен од светот многу години.

Тоа што сакам да кажам е малку познато надвор од македонските кругови и затоа скоро и да не се зборувало.

Не да не е познат фактот дека Македонија и народот македонски се поделени меѓу балканските држави, меѓутоа малку се знае што значи таа поделба и што му направила на Македонците и нивната земја. Дури и пред припојувањето на Македонија кон териториите на Грција, Србија, Бугарија и Албанија, присуството на странските пропаганди преку странските училишта и црквите во Македонија креаираа поделена лојалност на македонскиот народ, кои често доведуваа и до несакани судири.

Откако дел од Македонија беше припоен кон Грција, некои Македонци ги прифатија фактите и постанаа "нови-Грци". Да се биде Грк, дури и под претпоставка и тоа да е возможно, на таквите погрчени Македонци им носело некоја предност во однос на другите, но креирало и несакани тензии меѓу нив.

Тие "нови-Грци" не беа некои осамени групи надвор некаде; тие беа комшии, браќа и сестри, дури маж и жена. Тие живееа еден до друг, дури и во исти куќи. Најлошо што можеше да се случи беше фактот, што погрчените Македонци и членови на исти семејства беа уверени дека со асимилацијата постанаа Грци, па така и се однесуваа едни спрам другите.

"Новите-Грци" почнаа да ги лажат и своите деца дека тие се Грци, потомци од старите Грци и дека немаат никакви врски со староседелците во нивната земја. Како би се разликувале од другите не погрчени Македонци и како би избегнале да ги нарекуваат Македонци, ги викале дека се "доморотци" или "староседелци".  Сваќањата на Грците за "староседелците" беа на некои начин искривени, сметајќи ги за некои "странци",  па "Славјани",  "Бугари", "Ѓупци", па дури и агенти од некоја странска сила кои се населиле на античките грчки земји и т.н.т.

"Новите-Грци" или "Гркоманите", секогаш соработуваа со најекстремните Грци и нивните владини и други организации. Им служеа и како очи и уши на полицијата и другите репресивни органи на властите.

На оние кои беа лојални на грчките власти им беа дадени и поголеми овластувања во односите со "домородците". Морам да споменам, дека ваквите предавници, "Гркомани",  според бројот на македонското население  се малу бројни. Во конфликтни ситуации меѓу овие две групи Македонци, Грците секогаш беа на страната на "Гркоманите".

Многу години пред, па се' до Втората светска војна, Грција беше репресивна држава, нарочито спрема македонскиот народ, како и спрема прогресивните елементи во земјата.  Но после, откако фашистичка Германија изврши агресија на Грција,  тој грчки репресивен режим пропадна. И пред окупаторите да се здобијат со шанса да ја преземат контролата над земјата,  комунистичкиот режим стапи на сцената, а со тоа  се смали и моќта на "Гркоманите" во однос на "домородните" Македонци.

Комунистите не го сторија тоа бидејќи ги сакаа Македонците, туку затоа, што него сакаа репресивниот грчки режим, а и сакаа да ги имаат Македонците на својата страна. Дозволете ми да го дообјаснам ова мое стојалиште.

И покрај тоа што злоставуваните Македонци во овие настани ја презедоа превласта над "новите Грци",  не почувствуваа потреба за реванш. Едноставно, ги оставија на мир сами да се справуваат со злоделата кои им ги нанесуваа за времето на пропаднатиот репресивен грчки режим.

Потоа, после  завршетокот  на  Втората светска војна, големите сили, САД, Англија и Русија одлучија Грција да ја стават под контрола и  покровителство на Британија, репресивниот грчки режим одново се зацврсти во Грција, а со тоа и во окупираниот дел од Македонија. Ваквата ситуација ги разгневи Македонците и уште посилно ги турна во редовите на комунистите.

Македонците не ги сакаа комунистите заради нивните погледи на светот, меѓутоа ги најдоа за по прифатливи од причини што им нудеа поарни алтернативи, но за жал, кои никогаш не се материјализираа.

Како би ги привлекле кон себе, комунистите на Македонците им ветија тоа што најповеќе го посакувале: нивна самостојна македонска држава. Заправо сето тоа беше само измама, само да ги искористат во борбата против окупаторите на Грција. Лагата им успаеа и Македонците масовно им се придружија на комунистите и нивните организации.

Па така, негде меѓу борците за слобода на Грција, Британците "пронајдоа" дека во окупираната Македонија сепак постојат Македонци. Грците на светот му тврдеа дека "Македонци не постојат", а пак британски агенти за време на Втората светска војна известуваа дека Македонци не само што постојат, туку тие се во големи заедници во Лерин, Костур и Воденско и дека фактички од вкупниот број на антифашистичките борци во Грција половината се Македонци. Со други зборови, скоро половината борци на  ЕЛАС (Национално ослободителната армија на Грција) биле Македонци.

Постоењето на Македонците во Грција, при тоа и вооружени на кои им беше ветена и смостојност од комунистите, ги вознемирија Британците, па затоа зад затворени врати одлучија да ги снема. Меѓутоа, како и каде? Оваа земја е нивна татковина!

Спрема декласифицираните документи, Македонците мораат да одат надвор од границите на Грција. Некаде на север. И наскоро после оваа одлука, најдено им место во Југославија. Фашистичкиот југословенски режим им понуде да ги прими. Но пред оваа понуда да биде имплементирана, комунистите на Тито ја презедоа власта во Југославија, па така планот е ставен на чекање.

Британците се загрижија од можноста Русите да интервенираат во полза на Македонците и со тоа да ја стават Грција во опасност, повикувајќи ја да ги признае  и им понуди на  Македонците алтернатива: самите да се погрижат  за својата судбина, спрема Атлантската Повелба. Па така, најдобра алтернатива за Британците испадна да ги истера Македонците надвор од Грција. Но како и каде, а да не побуди сомнеж кај јавноста? Најпослем, такво нешто е нелегално.   Да го откорниш некој народ од неговата земја само заради тоа што на Британците не им се допаѓа и не се вклопува во нивните планови  и политички цели?

Пред крај на Втората  светска војна, Британците беа соочени со неколку проблеми: да ги уништат  комунистите во Грција и да се решат од Македонците.

Кога сме веќе тука, јас би рекол дека и ако ЕЛАС беше комунистичка воена формација, сепак беше ставена под контрола на Британците, а не на Русите. Па затоа не беше проблем за Британците да го разоружаат ЕЛАС и да ја преземат контролата над Грција. И баш тоа се случи. Британија му нареди на ЕЛАС да се разоружа и да го предаде оружјето, а потоа да формира режим по своја мерка, како грчка власт.

 

Продолжува

************

Птолемај I Сотер

 

ВОЕНИТЕ СУДИРИ ПОМЕЃУ 

ДИЈАДОСИТЕ

***********

ДЕЛ 17

*********

Судирите помеѓу дијадосите не можеле да се спречат ниту со обидите да се подели Царството и секој да добие достоен дел за владеење, ниту со роднинското поврзување во брачни заедници. Основната нишка што ги поврзувала наследниците на Александар била Македонија; имено, секој од нив, без разлика колкава територија владеел, тежнеел да ја освој територијата на Македонија и да се прогласи за цар на Македонците. Значи, најчесто Македонија била причината за нивните меѓусебни судири.

Првиот судир е помеѓу Пердика, од една страна, и Антигон, Птолемај, Кратер и Антипатар, од друга страна.  Една од најголемите кавги помеѓу дијадосите е каде ќе биде погребен Алекдандар Македонски.  Во Бабилон било договорено Александар да биде закопан во оазата Сива, како син на Амон-Ра, на света земја која никој од дијадосите не ја посакува. Две години е подготвувана церемонијата на закопот, специјално е изработен саркофагот и е направена монументална погребна кочија. Величенствената погребна поворка, која се движела од Бабилон до Либија, следена од воена придружба, техничари и градители на патишта; луѓе од сите страни на светот му оддавале последна почит на Александар Македонски. Но, на патот до оазата, Птоломај ја насочува поворката во Мемфис, за да го погреба Александар во своето царство, со намера да изгради мавзолеј. Тоа го разлутува Пердика, кој имал намера Александровиот гроб да биде во Македонија, во старата престолнина на Аргеадите - Ајга, според македонските обичаи.

Во текот на 321 г. пр.н.р. Пердика, сметајќи го Птолемај за најголем непријател, со војската навлегува во Египет,  но е спречен од надојдениот Нил. По неколку неуспешни  обиди во поминување на реката, но и поради незадоволството на војската и војсководителите, Пердика е убиен во воениот логор. По смртта на Пердика, војската преминува на страната на Птолемај.

Две години по смртта на Александар, бројот на дијадосите се намалува, а здружените македонски војски влегуваат во нов сојуз. Сега Антипатар, како најстар и највлијателен, станува намесник со неограничена власт и добива задача да изврши реорганизација во државата. Во новата реорганизација најголема моќ добива Антигон, како наследник на Пердика, да заповеда со азиските воени сили. Синот на Антипатар, Касандар,  станува заповедник на коњицата; Птоломај добива неограничена власт во Египет, а Антипатар, како стратег-автократор на Европа, се повлекува во Македонија, заедно со македонските цареви.

 

Антипатар

Антипатар, последниот Филипов соработник, умира на 80-годишна возраст - 319 г. пр.н.е.; верен на традициите на Аргеидите, тој успеал да ја сочува и да ја зајакне македонската држава, а истовремено, и покрај многубројните востанија на хеленските полиси - како Ламиската војна, да ја задржи власта во освоените хеленски територии. Новиот претендент на  македонскиот престол, Касандар, командант на коњицата на хетајрите, сака да го заземе местото што го имал татко му кој, пак, го определил Полиперхонт за свој наследник, сметајќи дека како постар ќе се грижи за царското семејство. Полиперхонт станува епимелет - заштитник, на македонските цареви, можеби спротивно на македонските закони, без согласност од Македонското собрание. Тоа доведува до нов судир меѓу дијадосите и до нов воен конфликт, сега насочен против Полиперхонт; од една страна е Касандар со војска и флота од Антигон, Лисимах и Птоломај, кои се борат на територијата на Хелада, а од друга  Полиперхонт со Евмен се судира со војската на Антигон во Мала Азија; на страна на Полиперхонт е и Олимпијада, мајката на Александар  Македонски, на која Полиперхонт и' ја доверува грижата на Александровиот син, Александар IV и неговата мајка Роксана.

Како победник, Касандар постава македонска војска во Атина и за свој намесник го определува Деметриј од Фалерон, филозоф и ученик на Аристотел.  Оттука се упатува во Македонија, ја презема војската - заедно со слоновите кои ги донел Антипатар и се спушта на Пелопонез.  За време на неговото отсуство Олимпијада и Полиперхонт - 317 г. пр.н.е., ги ликвидираат Филип-Аридај и жена му Евридика, внука на Филип II, заедно со роднини и пријатели на Касандар. За ова сурово се одмаздува Касандар кој, откако ја освојува Пидна, каде се засолниле Олимпијада, Роксана и малиот Александар, ја заробува Олимпијада и ја предава на суд; чудно е како мајка на Александар Македонски не и'  е овозможено да се брани пред македонската војска, туку обвинителите ја убиваат, а Роксана и малолетниот Александар се заробени во Амфипол.

По овие настани, Касандар станува владател во Македонија - 316 г. пр.н.е. Царското семејство, Филип-Аридај, жена му Авридика и нејзината мајка Кинина свечено се погребени во царската гробница во Ајга. За да стане вистински цар на Македонија, Касандар се жени со Тесалоника, ќерка на Филип II и во нејзина чест, на Термајскиот Залив го основа градот Тесалоника; новиот владател основа уште ден град и според своето име го именува Касандреја, на местото на старата Потодаја на Халкидик. За да завладее и со територијата на Хелада, Касандар со војска навлегува низ Термопилите, ја обновува Теба, ги напаѓа Ајатолците каде е засолнет Полиперхонт и освојува некои градови на Пелопонез.

 

Продолжува

*************

КОРИСНИ СОВЕТИ

Сок од Брусница

 

БИЛКИ ЗА

УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

*************

Сокот од брусница долго се препорачува како народен лек за инфекција на уринарниот тракт и е одобрен од страна на западната медицина. Научниците потврдуваат дека брусниците содржат супстанци кои што го разложуваат лепакот кој бактериите го користат да се прилепат за ткивото, отежнувајќи им да се одомаќинат во бешиката.

Ако сте склони на вакви инфекции, треба да водите сметка за следниве нешта: да не носите тесни пантолони, синтетичка долна облека, да не користите индустриски мирисливи сапуни. Праксата покажува и дека многу жени ја добиваат оваа инфекција при гинеколошкиот преглед.

М.С.Т.

Кафето ни помага во многу нешта

 

СЕКОГАШ Е

ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА КАФЕ

*************

Некогаш по напорниот ден ни е потребна само добра шоља кафе со млеко за да се чувствуваме подобро, или во моментите кога сакаме да се опуштиме во друштво и невзан муабет со близок пријател. Впрочем, кафето е најдобер придружник за секаков повод и без никаква причина.

А ако се конзумира правилно, кафето може да биде и многу корисно. Одлично е во борбата против стресот и го забавува процесот на старење. Редовните уживатели во кафето си помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетис  тип два, благодарение на антиоксидантите кои се наоѓаат во оваа напивка. 

Една финска студија покажа дека кафето не влијае само позитивно краткорочно, туку  го намалува ризикот од заболување од Алцхајмерова болест.

М.С.Т.

Kind regards : 01 мај 2017

Sotir Grozdanovski broj 66

ЖЕТВАРКИ

**********************

ЧЕСТИТ ДА НИ Е  01 МАЈ, ДЕНОТ НА РАБОТНИКОТ

И ГРАДИТЕЛОТ НА ДЕНЕШНИНАТА И НАШАТА ИДНИНА!

 

ВАШ СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ

 *********************************