СО НОВИ ИЗБОРИ ДО ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ***********************************************

ЃОРГЕ ИВАНОВ, претседател на Р.Македонија

 

ЕВРОПСКИТЕ БИРОКРАТИ

БАРААТ КАПИТУЛАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И

ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО

21-ОТ ВЕК

*************

Лицемерието  и ароганцијата на европските бирократи нема крај, ниту човечност, а најмалку од она што тие го нарекуваат како "европски демократски вредности и владеење на правото  и правдата".

Непочитување на цивилизациските  норми и достигнувања на народите, во овој случај на македонскиот народ, е само за осуда. Во тоа нема ниту семејно воспитување, а најмалку некое државничо однесување. Има само страв од минатото, но и од иднината на еден народ, кој им ја покажал својата трпеливост, чесност и вродени навики за соживот и почитување на своите соседи и подготвеност да помогне во случаеви на потреба.

Примитивното и варварско-агресивно однесување на највисоките водачи на Европската Унија, кон која за жал и Македонците се стремат, е за осуда, но и за гадење. Заканите кон Македонците дека ќе ги казнеле ако не постават на чело на  својата сопствена држава криминалци и изродници, заедно со албански терористи кој безобразно се однесуваат спрема народот кој им пружил гостопримство и ги спасил од истребување во не одамнешните балкански судири за кои беа самите највиновни, не му доликува на челници во една голема европска заедница на разни и различни народи и нации. Не им доликува и затоа, што не им се дораснати на должностите на кои некои ги избрал и им ја доверил моќта да се грижат за нивната безбедност, благосостојба и соживот со взаемно почитување и солидарност.

Заканите упатени кон македонскиот народ и кон врвните водачи на македонската држава и лично кон претседателот на Република Македонија,   се не неприфатливи, во една цивилизирана средина. Да им паднат на колена на обични бирократи и примитивци со високи овластувања од самите меѓу себе си е  крајно не цивилизирано однесување и за осуда од цела Европа, а не само од еден народ, македонскиот.

"Повлечете се или ќе добиете санкции", закани од Иво Вајгл и Јоханес Хан, па од Фредерика Могерини и други како нив, се крајно непристоини изливи на омраза спрема македонскиот народ, кои не заслужуваат ниту скромен коментар, затоа што излегуваат од устите на примитивци, воени заговорници меѓу европските народи на Балканот.

Македонија не е ничии протекторат или недораснато копиле.  Европските самобендисани и самопоставени "лидери" си земаат за право да интервенираат во животите на таргетирани народи на Балканот, врз кои немаат никакви овластувања, ниту права да се однесуваат како спрема свои потчинети слуги и извршители на сулуди и простачки желби. Тие изигруваат големи луѓе со дебели формални дипломи, но со зачуѓувачки недоволно попзнавање на историските, културните, обичајните и верските традици на народите со кои покушаваат да играат "руски рулет". Делуваат како заедница на злосторници и со силата на оружјето да ги омаловажуваат сите, за кои претпоставуваат дека не им се рамни. Такви им се познати на историјата, која секогаш ги препознавала и заслужено казнувала.

Подржката на  македонските предавници, криминалци и злосторници скриени зад плеќите на СДСМ и на најекстремните наследници на албанските фашистички банди кои освен убивање и плачкосување на своите соседи незнаат ништо друго, е злосторство спрема човештвото и уривање на демократијата, во која западот се крсти, легнува и станува. И тоа не е во ред.

Претседателот на македонската држава, господинот Ѓорге Иванов, со право одби да се сретне и да разговара со овие личности, за кои зборувавме погоре и ја доби подршката на својот народ. Одби да разговара за судбината на својот народ, зошто виде дека  со такви како нив, не е вредно да се разговара. Да не разговара, зошто не му се рамни ни до колена.

Бесот и немоќта да играат богови во земјата во која самиот Бог испрати свои пратеник во лицето на неговиот ученик Павле, нема да вроди очекуван резултат, зошто народот ги препозна како свои непријатели и им го покажа патот  кој ќе ги доведе таму, каде што припаѓаат.

Кога ќе се научат на пристојно однесување и почитување на домаќинот и неговото семејство, во чии дом доваѓаат како гости и со добри намери, можеби и ние  ќе се предомислиме и ќе го замолиме Господа "да им ги опрости греовите, зошто навистина не знаат што прават". Да им ги опрости глупостите и ароганцијата, со кои посакуваат да се вроди страв и послушност кај нас, Македонците. 

До тогаш, потезите ќе ги влече македонскиот народ, зошто достоинството е се' што ни остана и  така лесно не го даваме.

Ваш Сотир Гроздановски

 

РИСТО СТЕФОВ

 

**********************

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 28

Пишува : Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

*************************

 

Во предходното продолжение,  во главно, зборувавме за проблемот со името на Македонија и причините кои ги наведоа Грците да се зафатат за тоа прашање. На кусо, се зафатија за тоа чувствително прашање, како би го сокриле своето криминално и нечовечко однесување спрема Македонците, во македонската земја, под нивна окупација, а тоа е егејскиот дел од Македонија. Се зафатија и затоа, што сакаат без ризик по свите интереси да ја добијат битката, а и да му докажат на светот, кој им верува дека, ете, ние се караме со нив за нешто не важно. А од друга страна, пак, сакаат да не разоружаат во нашата борба за одбрана на нашиот идентитет и опстанок со нашето име и презиме, како рамноправен дел од цивилизираното светско општество.

Денес продолжуваме и на крајот даваме некои одговори на прашањето: - што ако ги прекинеме разговорите.

Но, за тоа, по тоа! - СОТИР.

**********************************

Грција се зафати за ова прашање превентивно, со цел поуспешно да се избори со евентуалните правни последици од причинетите злосторства над македонскиот народ за време на  намерно иницираната Граѓанска војна. И сето тоа со дозвола и соучество на нејзините креатори и заштитници.

Сите нејзини тврдења дека  "Македонија е само грчка", заедно со се' што е македонско, а ние дека сме биле "Славјани" без право на македонското древно наследство, се сулуди игри со вистината. Со ова, Грција сака да го скрене светското внимание од важните и прави причини за наметнатиот спор со името на Македонија.

Со овие лаги и невистини се сака проблемите да се прикажат како измислени од Македонците и претставуваат долги и непотребни академски расправии.

За жал, многу Македонци, вклучувајќи и некои дипломати, наседнаа на овие грчки стапици и сега не најдуваат излез од нив. И затоа денес дури Македонија се труди да преживее како држава, светот мисли дека се бориме за некои неважни и глупи ситнарии, за кои не е вредно да се зборува.

Наместо ние да ја преземевме иницијативата околу  вешто испланираната дипломатска, но провидна игра, си дозволивме Грците да не влечкаат за нос со нивните замки и смицалици, кои немаат никаква врска со вистината, освен за нив. И тоа за името на нашата држава, која до вчера сакаа да ја избришат од лицето на земјата.

Наместо ние, Македонците, на светот да му презентираме докази за грчките злосторства над нашиот народ во Грција, ја прифативме нивната гнасна игра да преговараме за нашето вековно име и се' што е за него врзано. И навистина, што значи тоа? Познато ние, дека Грција од секогаш сакала и сака тоа име да нестане за секогаш, како би се извлекла од одговорнаста за сите злосторства и кражби направени на штета на Македонците.  Дури и на странски научници и познати личности им беше забранувано, при посета на северна Грција, да го споменуваат името "Македонија". Ете како словото "М" постана нешто што не е добро или пристојно да се споменува. И сега наеднаш Грците тврдат дека, "Македонија" e грчки збор и никој друг нема право да го користи?

И ние сега разговараме за нешто зошто Западот сака да не избрише од списокот на народите, а тој збор до вчера Грците не сакаа ниту да го слушнат.  За Грците словото "М"  нема никаква вредност.. тоа е безвредно... Грците сето ова го прават само да не казнат, зошто сме Македонци! Исто како и секогаш во минатото. Прашајте се самите себе си, "Колку од Вас сте страдале од Грците само што сте зборувале македонски и сте се декларирале дека сте Македонци?" Само што сте го зборувале својот мајчин македонски јазик, единствениот јазик кои сте го знаеле! Во овие лудории Грците се непредвидливи,  колку далеку можат да одат да би не "ослободиле" од се' што е наше, македонско. 

Грците ги зацртаа границите, ја контролираат играта и планираат да ја добијат битката со нашата капитулација или самоубиство.

Тие добро го испланираа  името на играта, "спор околу името", ма колку и да звучи глупаво за светот и за нив , ама за нас Македонците значи многу, бидејќи наивно се фативме за нивната стапица и почнавме да разговараме. 

Ете зошто е важно да си ја знаеме историјата што повеќе тоа подобро и да ги познаваме и разбираме  проблемите...пред да скокниме во било која игра, специјално со некои како Грците и нивните "ангели" чувари.

Јас уште еднаш ќе поновам дека, Грците и нивните чувари добро го испланираа и избраа името на играта "спор околу името". Тоа беше стапица за македонскиот народ, за да го вовлечат во бесмислени разговори, преговори, медијации од разни белосветски хохштаплери  и неранимајковци од кои неможеме да се извлечкаме, освен да се склизнеме и да капитулираме. Грците ја планираа играта и поставија правила, а ние треба само да играме. Игра, која вероватно неможиме да ја добиеме на начин како ја играме, толку безплодни години. Што би можел повеќе да Ви кажам?

Меѓутоа, како што реков и порано, Грците не ја играат оваа игра самите. Имаат свои помагачи, искусни во вакви игри ширум светот, а сега тоа искуство го применуваат на нас Македонците. Но изгледа без успех до сега. Колку долго оваа игра ќе трае, ќе видиме.

И како го знам сето ова?

Па добро! Од каде да почнам?

Прво, дозволете ми да кажам дека ништо од било каква важност, како на пример менување на границите, спојување или раздвојување на државите, самостоен избор име на државите  и т.н.т. никогаш не се случило без аминување од големите сили. Малите држави, особено протекторати како Грција, требаат одобрение од големите сили, ако сакаат да преживеат. Па спрема тоа, без одобрение или знаење на големите сили, ништо не завршува добро.

Па кога сме кај ова, а и споменавме порано, Грција, Србија, Бугарија и Албанија, беа креирани од големите сили и затоа се заштитени од нив, но и контролирани од нив. За се од некоја важност за креаторите, треба да бараат одобрение, или би добиле стап по плеќите.

За да би примениле такви мерки спрема независни држави, како на пример Република Македонија, околу избор на нејзино име како легално право спрема меѓународното право, постоат големи последици. Тоа значи, дека Грција треба да добие дозвола од своите ментори како би покренала нешто важно, како е случајот со името на Македонија. Меѓутоа, така наречениот "спор околу името" е само еден од многуте покушаи да го решат овој проблем и проблемот со македонскиот идентитет. (Најновиот покушај е т.н. Тиранска платформа за редефиниција,  федерализација, двојазичност ... на македонски и албански и елиминирање на Република Македонија, таква каква ја знаеме. з. Сотир).

Еден ваков пример беше и Сан Стефанскиот Уговор, кои го потпиша Русија со Отоманската Империја за давање голем дел од Македонија на Бугарија и без согласност на македонскиот народ и без одобрение на западните големи сили. Ова  Руско изразување на сила за несреќа ја охрабри Бугарија, верувајќи дека Македонија е нејзина. Па како брод без кормило, од тогаш до сега, настој да го држи истиот курс, постојано покушавајќи да ја добије Македонија, по секоја цена, за себе и за "македонскиот народ".

Потоа во Јули 1878 година  се одржа  и Берлинскиот Конгрес, за чие време се донесе Берлинскиот Dоговор. Конгресот во главно беше свикан за да се ревидира Сан Стефанскиот Договор, со кој Македонија и' се врати на Отоманите и тоа не само без македонска согласност туку и без икакви гаранции дека, Империјата нема да им се осветува на македонскиот народ. Па така, македонскиот народ одново беше изложен на Отоманската "милост".

"Важноста на овој компромис беше во согласноста помеѓу Англија и Русија на состанокот на Европскиот Конгрес, кои се одржа во Берлин под претседателство на Бизмарк,  да го заменат  Сан Стефанскиот Договор со Берлински Договор" (Page 377, Trevelyan, British History in the 19th Century).

"Спрема нас (Англичаните), противењето на Сан Стефанскиот договор не лежи во зголемувањето на руската сила, туку заради оправданите барања на Грците и Србите, кои не би долго мирувале  заради игнорирањето на нивните расни права, во полза на Бугарија. Лордот Салзбари изразил поголеми симпатии кон ваквото решение, особено во полза на  Грците."

"Успехот на Лордот Салзбари Биконсфилд, како самиот го видел, се состоел во обновувањето на европската моќ на Турција. Toa било постигнато со враќање на Македонија под управа на Турција,  без икакви гаранции за режимските реформи и подобрување на власта, а со тоа и поподносливи односи спрема македонскиот народ. Тоа биле главните разлики од оние со промената на Санстефанскиот во Берлински договор. 'Сега Турција е пак во Европа', рекол Бизмарк, честитајќи му на британскиот премиер - 'Вие му дадовте подарок на Султанот, најбогатата провинција на светот; 4,000 милји богата земја.' За несреќа, зошто и народот отиде заедно со богатата земја, одново во турски раце.  Биконсфилф одлучил, вероватно со право, Македонија да не и' припадне на Бугарија, сепак, заради правилно и по праведно управување некои промени  требало да се направат, под христијанска управа со Управител христијанин. Настрана со сите други прашања поврзани со масакри, суровиот карактер на турската власт е добо познат. Лордот Салзбари изгледа посакувал христијански управител за Македонија, меѓутоа од тоа ништо не било постигнато. Златната шанса била пропуштена." (Page 378, Trevelyan, British History in the 19th Century).

Што би требало уште да речам? Во јули 1878 година, Македонија и македонскиот народ им биле ветувани  на Грците, Србите и Бугарите. Англискиот Лорд Салзбари тоа го посакувал, особено навивајќи за Грците. Од тогаш напред, се'   му било оставено на времето.

Македонскиот народ пробал да се здобие со своја сопствена црква, меѓутоа бил одбиен. Зошто?  Затоа што Русија била наклонета кон Бугарија, да добие нејзина црква. 

За време на Кресенско -  Разловското востание, за да се ослободи од Отоманите,  македонскиот народ се обратил со молба до Русија за помош,  но и тогаш бил одбиен. Исто така не добил помош ниту од големите европски сили пред, за време и после Илинденското востание од 1903 година. Меѓутоа, тие ја потврдиле поделбата на Македонија помеѓу Грција, Србија, Бугарија и Албанија со Букурешкиот договор, од 1913 година.

Ова потврдува без сомневање дека, и големите сили останале слепи и глуви на македонските молби за помош, но затоа ја помагале  бруталната инвазија, окупација и поделба на Македонија меѓу Грција, Србија, Бугарија и Албанија. Тие, подоцна, на овие арамии им дозволија асимилација на македонскиот народ и од него да направат Грци, Срби, Бугари и Албанци и со тоа комплетно македонскиот идентитет да им биде избрисан. За ова веќе во првото интервју Ви дадов докази. Во Грција, на пример, македонскиот јазик беше потполно забранет, имињата на луѓето беа грцизирани, македонските топоними исто така, и ако постоеја со векови. 

А после, за време на Втората светска војна, кога Англичаните открија дека во Грција се' уште живеат Македонци, заедно со Американците презедоа се' за да ги истребат, измислувајќи сосема непотребна така - наречена Граѓанска војна во Грција, а после и со помош на Југославија, како Ви објаснив во моето прво интервју.

За несреќа, напорите на големите сили за уништување на македонскиот идентитет не престанаа. Тие се се' уште присутни и уште по агресивни и по разноврсни, дури со учество на домашни предавници и платеници, од странски финансиери. Доказ за ова е "проблемот со името  Македонија". Грците сами не би могле да излезат на крај со овој измислен проблем, без совети и упатства од Англичаните, Американците и Французите.

До колку македонскиот народ се одлучи, икада, да си го промени своето име, тогаш нестајањето би било убрзано и за народот и за државата Маккедонија, за секогаш.

СОГОВОРНИКОТ- И така, вашето уверување е дека спорот со името е во пат позиција? Дека од оваа позиција нема да се помрдне?

РИСТО - ДА! Под претпоставка да продолжиме со разговорите или "преговорите", како ги нарекуваат нашите "стратешки партнери". 

СОГОВОРНИКОТ - Каков доказ имате дека во оваа  ситуација Грција ја подржуваат големите сили и Америка?

РИСТО - Прво, дозволете да Ви кажам, дека ниту една голема сила, дури и Америка, нема да дозволи нејзините стратешки цели и интереси,  сегашни или идни, да бидат загрозени.

Второ, Грција самата не би можела да влијае врз УН за да ја попречи Македонија да постане членка со нејзиното Уставно име "Македонија". Ова беше направено на нивоо на кое Грција немаше никаква контрола. Само Супер сила, како што се САД можеше да го увери  Советот  за безбедност на Обединетите Нации да и' го одбие влезот на Македонија со нејзиното Уставно име "Македонија". Ова беше направено толку насилно, да УН мораше да ги прекрши сите Повелби за правата на луѓето и на државите, Универзалната Декларација за човекови права од  10ти декември 1948 година, со која се гарантираат човековите права вклучувајќи ги правата да си изберат име за својата држава. Овие права беа прекршени, кога УН одби да ја регистрира Македонија со нејзиното избрани име. Мислите дека Грција има таква моќ самата да го постигне сето тоа?

Незамисливо е да речете  дека "Грција се противи Македонија да го користи своето Уставно име Македонија", и одма мнозинството претставници на државите во Советот за безбедност на УН на слепо да ја прифатат желбата на Грција. До колку сакаа САД, Англија и Франција Македонија да биде примена за член на УН со нејзиното Уставно име Македонија, тие би ја разгледале грчката одлука со која се противи, би увиделе дека е не сериозна и глупа и би ја фрлиле в кош за отпад".

Кога конфликтот во Косово премина во отворена војна помеѓу Србија и Албанците, завладеа страв од нејзиното отцепување од Србија. Американците одма го информираа светот дека "границите на Балканот се неменливи", зошто оваа регија и така е многу чувствителна и ранлива. После шест месеци, САД беа први во светот кои ја признаа независноста на Косово и ги притискаа околните балкански и други држави да ги следат. Па и Македонија набргу мораше да го признае Косово како независна држава, зошто неможеше да го издржи притисокот и од надвор , но и од внатре од албанското малцинство. Мислите дека Србија не се противеше на таа одлука и на притисокот од надвор? Сигурно да беше против отцепувањето на дел од нејзината територија! Зошто тогаш САД не реагираа во полза на Србија, туку наместо помош, беше бомбардирана од авијацијата на НАТО. Повеќе од 70 дена непрестано паѓаа бомби на Белград и на сите важни објекти во државата. И како да ништо не се случуваше. Светот си молчеше, да не им се налутат тие кои пропагираат демократија и мир во светот.

Цела оваа операција беше изведена, зошто отцепувањето на овој дел од Србија беше во интерес на САД. Истото се случи и со приемот на Македонија во УН, ЕУ, НАТО и заради истите причини. Но за да се случи тоа што и' се случи на Македонија, се измисли "проблемот со имете Македонија",  коа бајаги тоа го направи Грција, од нејзини причини.

СОГОВОРНИКОТ - И сега какво е вашето мислење со "проблемот за името Македонија". Што би требало да се направи за да се излезе од оваа нерешлива позиција помеѓу "Грција" и Република Македонија?

РИСТО - Да ги погледнеме можностите. Две работи се можни во оваа ситуација. Едната е двете држави да се одрекнат од овие сулуди и непотребни разговори и другата можност да се разговара и разговара, се' дури едната не пристане да попушти, што не е вероватно.

Грција нема да излезе од оваа игра, зошто ништо не рискира и верува дека ја држи Македонија цврсто за врат, но и затоа, што нема поарен начин да ја заврши работата на своите наредбодавци и покровители.

Македонија "неможи" да ја напушти играта, бидејќи ќе мора да признае дека со влегувањето во оваа стапица направи голема грешка, што е неопростиво за македонската дипломатија. Па така, ако Македонија неможи да ја напушти играта, тогаш рзговорите ќе траат се до тогаш, дури не се случи нешто драстично и неочекувано.

Би споменал уште еден важен момент во целата оваа ситуација, а тој е дека за Македонија нема ништо поарно да се случи, и ако излезе од цела оваа нерешлива работа. До колку ги напушти разговорите, што ќе добие со тоа; да остане осамена во светот, или одново да поднесе молба за прием во ОН?

Ако се одлучи да остане неутрална и сама, Македонија би била изложена на опасности од соседите. Би можела да се понови 1913 година. Бугарите веќе полагаат право на Македонија заради големи сличности со јазикот и  дека Македонците биле  Бугари.

Албанците направија обид за присвојување на дел од македонската територија со војната од 2001 и со помош на Американците. Грција одамна ја почна својата песна дека Македонија е грчка и се' што оди со неа, па не би се двоумела да откине уште некое македонско парче. А Србија? Па Србија се влечка со македонската православна црква, тврдејќи дека и' припаѓа, се разбира заедно со територијата. Па така, во лешинарската дружба се вклучуваат и многу иселенички организации, кои се' уште не размислуваат сериозно.

До колку Македонија ги напушти разговорите со Грција, можи да смета на непредвидлив исход, кој би можел да биде и по лош од овој, во кој сега се наоѓа. Ако пак ги продолжи разговорите со Грција, Македонија, во најмала рака ќе има некоја контрола над својата судбина, во спротивно, знае што ја чека. Се' што треба да прави е, да издржи. На крајот, на краевите, се работи за нашата кожа. Ако би се одлучиле да се повлечеме, нашата судбина би можела да постане неизвесна, зошто се' уште големите сили не имаат на нишанот, за отстрел. 

А сега дозволете ми да направам сума сумарлук на македонските опции со можен излез од "проблемот со името".

Македонија има три опции:

1. Промена на името: Крајниот резултат е самоубиство.

2. Излез од разговорите: Македонија може да биде изолирана со можности на непредвидени проблеми, меѓу кои и окупација и одново поделба.

3. Продолжение на разговорите: крајниот резултат нерешен. Разговорите продолжуваат во недоглед, со опстојување надвор од светските институции. 

Сите три опции се лоши за Македонија и добри за Грција и нејзините пријатели.

СОГОВОРНИКОТ - Во вашиот втор случај, Македонија ги напушта разговорите со Грција и бидува изолирана и изложена на непредвидливи опасности. Ова ми изгледа се' уште некако нејасно; можете да ми дообјасните што мислевте со тоа?

РИСТО - Требаше да ја дообјаснам ова опција, бидејќи е многу важна за иднината на Македонија. Во овој случај се во игра неколку фактори:  

Ако Македонија ја напушти играта со Грција, кои би биле нејзините опции? Таа нема никакви опции бидејќи тој кој ги контролира разговорите, ги контролира и опциите. Да појасниме. На Македонија не ќе и' биде дозволено да се зачлени  во Обединетите Нации, со нејзиното право име Македонија,  зошто Грција и нејзините заштитници, нема тоа да го дозволат. Ако едниот од грчките заштитнице биде САД, силна членка на ОН и членка на Советот за безбедност, во тој случај све зависи од нив. Ма што било Македонија да проба да стори за да се зачлени со нејзиното право име, ќе биде одбиена, заради било која причина, со барање да си го промени, прво, името. Ако ги напушти разговорите, ќе биде изолирана. Но, Македонците виделе и полоши временски периоди и од тоа. Па...

 

Продолжува

 

Стефо Ефтов во Егејска Македонија разговара со Македонци

Александар и Букевалд

 ***********************

МАКЕДОНИЈА СВЕТСКА ИМПЕРИЈА

ДЕЛ 10

 АЛЕКСАНДАР  III МАКЕДОНСКИ

(336-323)

*******************

 

За да се разбере историјата на Александар Македонски, неговиот светски поход, неговиот светоглед кој што ја менува сликата на човековата историја, потребно е да се знае неговото потекло, посебната бујна природа, неговото воспитување, одлично образование и желбата за слава и моќ.

****

Александар е единствен син на Филип II и на Олимпијада, ќерка на молоскиот владател Неоптолем; роден е 356 г. пр.н.е. во Пела (ден. Постол). Римјаните му го даваат прекарот Магнус, зашто е "Великиот" освојувач на Светот. Од детски години Александар е воспитуван во духот на македонската аристократска традиција; на 13 годишна возраст е подучуван од филозофот Аристотел во малото место Миеса (близу до Бероја); неговото образование опфаќа: поезија, астрономија, геометрија, реторика/еристика, натпревар во гимнастички вежби, јавање и лов.

Интересот кон природните науки ќе го отера Александар неговите освојувачки војни на Персија често да ги претвора во истражувачки експедиции поврзани со разни дисциплини: географија, етнологија, биологија, ботаника, метеорологија. Амбицијата на младиот Александар најдобро ја претставува Плутарх (Александар), кој раскажува дека Александар не сакал да добие од татко му ниту богатство, ниту раскош, ниту уживање, туку царство што ќе му овозможи војни и дела исполнети со слава и со чест.

На 16 годишна возраст, Филип му ја доверува првата политичка задача - да управува со Македонија (340  г. пр.н.е.), дури тој е на поход против Бизантион. Првиот воен поход на Александар е против Мајдите (племе од горниот тек на р. Стримон); оваа битка е првата негова победа, па тука го засновува и градот Александрополис. На 18 години Александар учествува во славната битка кај Хајронеја (338 г. пр.н.е.), предводејќи го левото крило на македонската војска против "Светата чета" на тебанците и заедно со татко му Филип, ги победува здружените сили на Хелените.

По убиството на Филип (336 г. пр.н.е.) Македонското собрание, според македонскиот обичај, го прогласува Александар III за владател на Маккедонија. Неговата прва воена акција е насочена кон хеленските полиси, кои се обидуваат да ја отфрлат македонската власт; македонскиот цар ги принудува да ги признаат одлуките на Коринтскиот дооговор со кој Александар ја наследува титулата хегемон на Хелените.

Во походот против Трибалите ја поминува реката Дунав (335 г. пр.н.е.) и ги поразува нивните сојузници Гетите; во изворите се споменуваат и келтските племиња од Јадранот, кои Алексанадар ги најмил за одбрана на северната граница на македонската држава. На веста за побуна на Илирите, Александар се враќа и ги разбива во бој.

По овие воени успеси, Александар со брз марш се спушта од илирската територија во Хелада, каде повторно избувнува антимакедонско востание  поттикнато од Демостен, а жариштето е во Теба; откако не успева да ги убеди тебанците да се предадат, ги поразува во битка и носи одлука Теба да се срамни со земја, а населението да бид продадено во ропство. Поштедени се само храмовите и куќата на поетот Пиндар. Поради политички причини с же однесува великодушно сппрема Атина, не ја напаѓа, а градот повторно го прифаќа понудениот мировен договор.

АЛЕКСАНДАР III цар Македонски и ДАРЕЈ III цар Персиски

Александар III Македонски

По уредувањето на политичко-воените односи на Балкамот, Александар се подготвува за походот против Персија, испланиран уште од Филип II. Војсковосителот Антипатар останува да управува со Македонија, како "стратег на Европа", со 12,000 пешадинци и 1,500 хетајри да ја бранат земјата. Александар тргнува на поход  334 г. пр.н.е. со 40.000 војници, од кои јадрото го сочинува македонската фаланга со хетајрите: 9.000 пеsетајри, тешко вооружени фалангисти, 3,000 хипасписти, лесно вооружени пешадинци, 1,500 хетајри, 300 коњаници од царската ила. Хеленските полиси, со исклучок на Спарта, обврзани со Коринтскиот договор, испраќаат 7,000 хеленски хоплити, 5,000 наемници и 8,000 лесно вооружени стрелци, фрлачи на копја и прачкаши, како и 1,600 воени бродови. Војската на Александар е малубројна во однос на огромната персиска војска, на чие чело стои персискиот цар Дареј III Кодоман; Персиската војска е собрана од голем број држави и народи од територија на Мала Азија, па се' до Индија, заедно со Египет и Сирија. Походот е забележан од историчарите Калистен и Аристобул кој следеле, како и многу други учени дипломати, филозофи, писатели, картографи, биолози...

Продолжува

Професор Ангелина Маркус

 

*********

БЕШЕ СИ БИЛА ....

 

...ПРИКАЗНА ЗА ХАНЗИТЕ И

КАЛЕШИТЕ

*****************

Одамна, пред некои 2300 години, Александар Македонски ги повел Македонците по еден долг космички пат полн со енергија. Со многу идеи и дух ги поврзал двата континента како два света со различни култури и религии. Изградил градови и пробил патишта во најнедостапните краишта. Некои го нарекуваат "патот на свилата", а тоа е македонски пат од светски размери за размена на стока и култура по трајни врски во одредени меридијани. Во некои населби живеат потомци на војниците од фалангата и го гледаат светот со сафирно светли очи. - Ние сме од Македонците, велат, бели сме, различни сме од другите. Од Авганистан, преку Пакистан, до Пенџаб, на околу 400 км се живее живот останат од Македонците, сочуван кај племињата високо во планините, по патот на фалангата по работ на границата на светот. Таму останале калешите и Ханзите. Го чуваат и го негуваат македонскиот бит во носиите, везот, накитот, мелодиите и музичките инструменти, архаичните зборови...

Пред десетина години, во две такви населби дошле грчки мисионери од Атина, за да ги лажат дека биле потомци и браќа на грчки племиња, дека Александар бил Грк и дека Македонија е грчка. Ама Калешите и Ханзите не се предаваат, го чувствуваат својот ген и зборуваат за тоа како од колено се пренесува македонскиот идентитет. Раскажуваат дека Александар дошол со Македонците во нивната земја со непрегледна убавина слична на Македонија. Три години живеел со нив како дома да си бил и се оженил со нивна принцеза. Се ожениле и воиниците и  потомства оставиле. Тоа се тие Ханзите и Калешите, чии претци се Македонци оставени во градовите - Александрии, цели гарнизони, да ја чуваат границата на Македонија, како светска империја. 

Си живееле фамилијарен живот во негибнатата убавина, како да се во Македонија. Во долините преполни со води, шуми, лозја, овошни градини, билки, цветови, растело од семињата што Македонците ги донеле и ги засадиле за да се потсетуваат на Македонија. Останале до денеска насадите на тополи, јасики, црници крај секој поток, како во Пелагонија. Пред секоја куќа босилек и сардела мирисаат, а во секој дом има садови од бронза и глина какви што ги правеле Македонците. Јаболкото од Преспа засекогаш ги освоило луѓето како цвет и како плод во градините. Кајсиите, грозјето и смоквите ги сушат како резервна храна, исто како  што ја носеле во торбите Македонците од фалангата, така ги научиле и потомците да си прават зимница.

 

  • Тополи

  • Македонски бои и везови

  • Ченка

На нашите генетски роднини треба да им помогнеме во осознавањето дека се Македонци. Треба да им овозможиме споредба на шарите  и боите, на везовите и килимите дека се исти како и нашите. Треба да им кажеме дека лавот на нивното знаме доаѓа од Херакло што се наметнувал со лавја кожа, да им објасниме дека обликот на павтите и другите женски украси претставуват македонски штит. Го чуваат споменот за Александар и Македонците, своите претци. Да не ни се случи, дека само си биле Македонци. Ни треба македонски идентитет на секаде низ светот, каде што живеат Македонците.

 

Ангелина Маркус, професор

 

МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА

*********************

  • БЕЗДОМНИ

    се најдовме во еден друг град
    по многу години талкање.

    и ти ми рече:
    јас ќе одам, ти остани.

    и јас ти реков:
    ти оди, јас ќе останам.

    и после со години
    идевме и доѓавме.

    и после се појавија
    неко други луѓе
    и седнаа на слободните места.

    Автор: Ѓоко Здравески

  • БРЗ Е ВЕКОТ

    Брз е векот. Да бев ветер,
    ќе ги лупев корите на дрвјата
    и фасадите на периферните згради.

    Да бев злато, ќе ме криеја во подруми,
    во ровлива земја и меѓу скршени играчки,
    ќе ме заборавеа татковците, а нивните синови
    трајно ќе ме паметеа.

    Да бев куче, немаше да ми биде страв
    од бегалци, да бев месечина немаше
    да се плашам од смртни казни.

    Да бев sиден часовник
    ќе ги криев пукнатините на sидот.

    Брз е векот. Ги преживуваме слабите земјотреси
    гледајќи кон небото, а не кон земјата.
    Ги отвораме прозорците за да влезе воздух
    од местата каде што никогаш не сме биле.
    Војни не постојат, зашто секој ден некој
    го ранува нашето срце. Брз е векот.
    Побрз од зборот.
    Да бев мртов, сите ќе ми веруваа
    кога молчам.

    Автор: Никола Маџиров

  • КАКО НА НЕБОТО - ТАКА НА ЗЕМЈАТА

    Го потегнав нај тенкото, вжарено гранче
    што шири топлина и во најтемното одајче
    од оваа зима со бели распупени снегулки -
    како на небото - така на земјата.

    Гранчето ја потегна гранката со плодовите
    во времето во кое постоиме недозреани
    ни за смртта ни за уште едно раѓање -
    како на небото - така и на земјата.

    Гранката со сето време го потегна коренот,
    коренот ја повлече земјата, а јас ја замолив
    да ми ги прости и врати сите непостојани јас
    во само еден миг од еден пекрасен ден -
    како на небото - така и на земјата.

    Најтенкото гранче со нераспупено сонце
    го потегнав леко за да не ми застане умот
    од небиднината и посакав да има иднина -
    како на небото - така и на земјата...

    Автор: Борче Панов

Kind regards : 25 март, 2017

Sotir Grozdanovski broj 59

Разговори за Албанската платформа

Миленко Неделковски во шоуто на политичкиот аналитичар Лазански во Бања Лука.

Миленко Неделковски во одбана на македонските интереси.

Протести за Заедничка Македонија.

ЏОРЏ СОРОС, светски злосторник.

Мајмуни на шарената револуција.

Протести против не чесноста на Европската Унија.