ПИРИН ПЛАНИНА

АРМИЈАТА ПОДГОТВЕНА ДА ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА

Ѓорге Иванов, претседател на Р. Македонија.

 

*************

ИВАНОВ СТОИ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ И НЕ ПОПУШТА: ПЛАТФОРМАТА ДА СЕ ОТФРЛИ И ОСУДИ

**********************

 

Македонскиот Претседател нема намера да попушти под притисокот и да го додели мандатот за формирање на тиранска влада.

Добро упатени извори велат  дека до него како да не допираат повиците на меѓународниот фактор и единствено на што тој се потпира се граѓаните чиј став е јасен, не за платформа на туѓи држави.

Во последните неколку дена, речиси и да немаше странски дипломат кој не излезе со став за случувањата во Македонија и кој не побара од Претседателот да ја промени одлуката.

Но Иванов, на сите им го соопштуваше истиот став, а тоа е дека негова работа е да го штити Уставот и унитарноста на државата и дека нема намера да се откаже од тоа.

Иванов на дипломатите им повторуваше дека платформата треба да биде отфрлена и осудена, бидејќи ја доведува Република Македонија во состојба на потчинетост кон други држави. Иванов дури испрати и писмо до најмоќните светски лидери и првите луѓе на Советот на Европа и НАТО, во кое побара платформата на Еди Рама да биде осудена и отфрлена.

Огромна подршка, Претседателот секојдневно добива и од стотици илјади граѓани кои протестираат на улиците. Во Скопје, народната канцеларија на Претседателот беше повторно отворена откако хулиганите на Шарената Револуција ја демолираа минатата година. Граѓаните својата подршка ја изразија закитувајќи ја со цвеќиња и македонски знамиња.

************************

 

 

 

ВО ОДБРАНА НА  ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ  ИНТЕГРИТЕТ И НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

*****************

 

Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака, дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за сотаботка со сите добронамерници. Но истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. Ова го порача претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили , Ѓорге Иванов денеска на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата "Рамна Нива" од страна на припадниците на АРМ и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница.

- И денес, како и пред четврт век, се соочуваме со предизвици. Но, и денес, како и пред четврт век, ја имаме Армијата на Република Македонија која е заштитник од заканите, гордост на граѓаните и надеж за мир во земјата, додаде македонскиот претседател.

Армијата, рече Иванов, даде најголем придонес за исполнувањето на високи стандарди на полето на одбраната, а тоа се покажува и со успешното и професионалното справување со заканата од илегалната миграција на нашата јужна граница.

- Од своето осамостојување до денес, Република Македонија води политика и гради систем што ќе овозможи нејзина целосна евроатланска интеграција, во согласност со нејзините интереси, потреби и можности. Трансформацијата и модернизацијата на одбранбениот систем претставуваат наша цврста определба и обврска која и покрај некои објективни потешкотии, успешно се реализираат, порача претседателот Иванов.

Со денешната свеченост беше одбележан и денот на Командата на резервните сили на АРМ.

- Односот помеѓу активната и резервната компонента на Армијата на Република Македонија мора да го трансформираме во согласност со мисијата и со задачите на АРМ, прилагодени за  ефикасна одбрана на целата територија на Република Македонија. Во фукција на ова, приотитетна цел за нас ќе биде одбранбеното планирање, кое јасно ја дефинира потребата од изедначување на оспособеноста и опременоста на резервната на ниво на активната компонента, истакна во обраќањето македонскиот претседател.

Иванов посочи дека современите безбедносни предизвици со кои се соочува Македонија бараат примена на современ, унифициран и сеопфатен систем за образование и обука како на активниот, така и на резервниот состав на Армијата на Република Македонија и дека резервните сили треба да се трансформираат во поефикасна вооружена компонента, со соодветна и прилагодена организациска структура.

На воената свеченост покрај претседателот Иванов, присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, генерали на АРМ, Командата на резервните сили, претставници од МВР, локалната самоуправа, организација на резервни воени старешини и други гости.

По повод 11 Март - денот на Командата на резервните сили на АРМ, беа доделени стимулативни мерки за припадници од единицата за остварени резултати во  работата, им  беше оддадена почит на загинатите борци за слободата на Република Македонија и загинатите припадници на АРМ.

**************************

 

 

Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

**************

ДО КОЛКУ СДСМ НЕ ЈА ОТФРЛИ АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕДВИДИ КАКО ЌЕ РЕАГИРААТ ГРАЃАНИТЕ

****************************

 

Ако СДСМ се одлучи за платформата на Еди Рама, никој не може да предвиди како ќе реагираат граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски во интервју за српскиот портал Телеграф потенцира дека не може да се предвиди како ќе се развива ситуацијата.

"Кога имате стотина илјади луѓе на улиците седој ден, значи дека проблемот е сериозен и дека треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Зоран Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи поради тоа што тие во преговорите ги ставија националните и државните интереси.

Јас се надевам дека раководството на СДСМ ќе ја сфати пораката и ќе го послуша народот. До колку тие тоа го одбијат, исплашени поради уцените и ако се одлучат за Тиранска влада наместо за отфрлање на платформата, тогаш никој не може да каже како ќе се развива зитуацијата" - вели Груевски за Телеграф.

***************************

РИСТО СТЕФОВ

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ - 26

Пишува Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

l

СОГОВОРНИКОТ - Ристо,   одsивoт на интервјуто што им го презентиравме на нашите читатели во минатите 25 продолженија, беше навистина голем и се однесуваше, најповеќе, на минатото на Македонија. Сега би сакал да поразговараме малку за денешните настани,  до колку се сложувате. На пример спорот со Грција околу името на Македонија и се' околу тоа прашање. Што имате да им кажете  на нашите читатели а тие, повеќето, се' уште не сознале.

РИСТО -  Благодарам, меѓутоа, од како ја започнавме оваа серија на разговори јас добив многу коментари и прашања, сите во главно позитивни, па по неколу од нив би сакал да поразговараме, пред да го продолжиме нашиов разговор со прашањата кои Ве интересираат, а и нашите читатели.

Едно од тие прашања се однесуваше за грчкиот јазик, а другото во врска со Славјаните и Македонците.

Еден од нашите читатели се интересираше дали  така наречениот грчки јазик, како што Грците сакаат светот да им верува,  навистина бил жив и во употреба со илјадници години, а да при тоа во ниту една земја надвор од  денешна Грција не се зборува. И ако се зборува, него го научиле во денешните училишта во Грција?

Почитуван читателе, тоа е навистина прашање за Грците. Тие се кои би требале да одговорат на тоа прашање, имено, зашто грчкиот јазик не е нивниот мајчин јазик или јазик на нивната нација или на било која друга нација. Меѓутоа, пред да ни одговорат на тоа прашање, прво треба да се запрашаат самите себе си: "Ако нивниот, така наречен, грчки јазик е во употреба со илјади години, како самите и велат, зошто е во употреба само во Грција и во никоја друга земја во светот?" Грција е држава од 1828 година,  а пред тоа егзистираше без граници околу 2,300 години, па затоа е чудно, како таков древен јазик да не се проширил и во некоја друга територија надвор од денешните грчки граници?

За несреќа, причината што не се зборувал надвор од грчките сегашни граници е таа,  што бил мртов јазик. Исто како и латинскиот. Со него се служеле само органите на власта и институциите на црквата. Покрај тоа, не бил мајчин јазик на модерниот народ на Грција. Тој бил прифатен после, од како грчката држава била креирана во 1828 година и пренесуван на "грчкиот" народ преку образовниот систем на државата.

Ако можам да  до објаснам, грчкиот јазик не се проширил надвор од сегашнните државни граници и затоа,  што никогаш и не бил народен јазик. Дури и за времето на Александар Македонски, кога Коине (така наречен грчки јазик) го заживеал својот живот, бил јазик на трговијата и  на државните институции, а подоцна и на христијанската православна црква. Тие биле причините зашто овај грчки јазик и преживеал до креирањето на првата грчка држава во 19-от век и потоа  предаван на широките маси во училиштата, како грчки јазик.

Зашто мислам дека Грците го забранија македонскиот јазик во окупираната македонска територија? Па го забранија, за да ги натераат и Македонците да го учат тој "грчки" јазик. Овај процес трае до ден денешен и се вика Хеленизација.

Да бидам фер и према македонскиот јазик, па затоа ќе изречам неколку реченици и за него, но прво би  одговорил, на кусо, на следното прашање.... за Славјаните.

Еден пријател од Словенија ми го испрати следното:

"Почитуван Ристо,

Во Вашето интервју  ми  изгледа, како намерно да го избегнавте прашањето за врските помеѓу Славјаните и Македонците. Ако е тоа така, зашто?

Не е така далеку  времето, кога словенските војници се бореа на Солунскиот фронт во Првата светска војна и кога се сретнаа со локалното македонско население. Тогаш, Македонците се гордееа што не се Грци, ами Славјани. Зарем Славјаните не беа на секаде во (окупираниот дел ) Македонија? Луѓето кои тврдеа дека не се Грци туку Македонци беа од Грција, не од Република Македонија.

Исто така, јас стекнав дојам дека вие погрешно  свативте еден важен елемент од книгата на Курта, имено, неговата економска анализа на ситуацијата во Византиската империја.

Спрема Курта,  како последица од ерупцијата на вулканот Кракату и светската климатска криза, во  периодот од 535 до 540 г.н.е. дошло до голема одселба од Балканот, со што настанала  драстична  депопулација на тој регион. Ваквата депопулација довела до инвазија од Славјани, кои очигледно биле запознати со ситуацијата во регионот и дека биле зафатени, во главно, само градовите. Славјаните дошле во Македонија од север за да ги оплачкаат подрачјата и да се вратат назад преку Дунав, без да се населат во Македонија. Настојувале да го избегнат судирот со војската на Византија, што по некогаш и успевале. Меѓутоа, граѓаните на Цариград (Константинопол) и Солун наскоро заприметиле, дека овие нови Славјани се многу слични со оние тукашните "Славјани", односно Македонците кои живееле околу овие градови. Никакви Славјани немало во овај регион се' до 700 г. н.е., што спрема книгата на Курта било крајното време на нивното населување.

Следејќи ја презентацијата на Курта, спомената погоре, јас мислам дека инвазијата на т.н. Славјани плачкаши заправо биле Македонците кои избегале со тек на времето на север преку Дунав. Па така можеме да заклучиме,  дека тие биле Македонски Славјани избегани од Македонија, а не страни Славјани доселеници во Македонија.

Честито на истражувањето.

Поздрав, ваш пријател од Словенија".

Му се заблагодарувам на мојот словенски пријател за оваа информација и за сите други вредни информации кои през изминатите години ми ги испраќаше и ми служеа корисно во моите истаржувања и компарирање на податоците кои јас ги истражував и истражувам.

 А сега за македонскиот јазик. Без сомневање, тој е древен јазик кој ги има своите корења  длабоко во далечната антика, во преисториските времиња, се развивал и останал до денешни денови. За мене, не е важно каде започнал и како дошол таму,  но спрема колку јас сознав, тој е јазик близук до природата и ги има сите елементи да биде многу стар јазик. Дека во себе содржи многу дијалекти, како додаток на својата стара база, односно надградба.

Македонскиот јазик е вистински народен јазик и мајчин јазик на секој Македонец роден во Македонија. И спротивно на многу други јазици, како например латинскиот и Коине, кои беа јазици на институции и со тек на времето изумреле, македонскиот јазик преживеа и успева, особено за време на Христијанството, кога божјиот збор беше во процес да се прошири меѓу обичните луѓе во вид на јазик, кои  сите ќе го разберат.

Традиционално, македонскиот јазик беше усмен јазик, пренесуван од генерација на генерација заедно со традициите, нужни за преживување. Тоа е и причината, верувам,  што многу малку писани траги оставил зад себе. И на крајот, кога времето дојде Божјето слово да се прошири меѓу луѓето, Македонците беа првите кои исчекорија напред и креираа писана форма. И од тогаш, стариот македонски јазик, познат во светот како "Старo славjaнски црковен јазик", постана јазик на просветата. Тој постана многу повеќе од само јазик. Тој постана интернационален јазик креиран да му служи на секого, кој го разбира. Овај јазик беше користен за секоја  потреба во животот на луѓето од дузина различни земји, през повеќе од еден милениум. Тоа за сигурно ние на сите познато. И покрај тие факти, нашите непријатели не убедуваат нас и целиот свет, дека таков јазик "не постој".

Мојот одговор на сето тоа е "погледајте околу себе", македонскиот јазик не само дека  постој, туку е еден од најстарите народни јазици кои постојат денес. Македонскиот јазик  ги преживеа сите понижувања и сепак  постојано напредува во својот развој и усовршување.

И сега, кога би сакале да ги истражуваме грчките објаснувања кои биле Славјаните и од каде дошле, па зашто тие насилно влегле и ја населиле Македонија а не Грција, ние  не би нашле  информации со кои би ја објасниле така наречената славјанска миграција, подржувана од светската историја. Во секој случај и по мое мислење, изгледа дека Грците неберат многу гајле ниту кои се Славјаните, ниту да се запознаат со теоријата на  нивната миграција повеќе од едноставно да речат дека ете тоа се "случило" и потоа да наведат некој автор кој напишал нешто што им одговара и кого го подржуваат на слепо. И уште повеќе од тоа, Грците зборот "Славјан" го користат на понижувачки начин, со што би сакале да ги навредат Македонците. Тие исто така се неми на прашањето зашто Славјаните при својата емиграција се задржале само во Македонија, а не продолжиле уште подолу во Грција, кога ние знаеме дека Славјани постоеле и уште постоат  во Грција до денешни дни, спрема истражувањата на мојот словенски пријател. Факт е, дека на Пелопонез, во селските населби, се' уште има луѓе кои зборуваат славјански јазик.

Ево што најдов во историските книги:

"Македонскиот крал Персеус бил победен во битката кај Пидна во 167 година пр.н.е.. После поделбата на Македонија на четири дела, била ставена под римска контрола. Таа  била лишена од нејзината надворешна неовисност, ама си ја задржала внатрешната самоуправа. Четирите делови (meres, partes, regiones, T. Liv., XLV, 30, 2) не смееле да соработуваат во никој случај, да се женат и мажат меѓусебе, да тргуваат и да копаат злато и сребро и да го продаваат. Сите познати Македонци  постари од 15 години морале да ја напуштат Македонија "доброволно", под  смртна закана, од страв дека би можеле да ја обноват државата и да се дигнат одново против странската доминација."

Исто така било речено дека голем дел од македонското население ја напуштило Македонија за време на римо-македонските воини, особено кога Македонија била победена. Народот побегнал на север. Се разбира дека немало друг правец да го земат, бидејќи Македонија во тие времиња се граничеше со Средоземното Море на југ, Јадранско Море на запад, Црното Море на исток и реката Дунав на север.

Да би избегале од страхотите на војните, Македонците ги користеле северните излези од земјата према Дунав и понатака зад него.

Многу Македонци избегале на север! Но каде? Ни беше речено северно од Дунав, каде подоцна беа најдени Славјаните.

Е сега моето прво прашање е:  што се случи со тој македонски народ? Со толку многу Македонци кои побегнаа на север преку Дунав за да се спасат од грозотите на војните со Римјаните и нивните сојузници? Дали би можело тие да се "Славјаните" кои се вратиле назад во Македонија и најдоа луѓе кои го зборуваа истиот јазик со кои и тие се служеле?

Моето второ прашање   е:  "Колку далеку на север отишле Македонците?" Отидоа, можеби се' до Сибир? Ако е то точно, тогаш го објаснува и прашањето со топонимите и личните имиња и презимиња на луѓето во Русија, кои се исти со некои во Македонија. Или е тоа можеби коинциденција?

И уште поважно: Ако тие Славјани "од северот на Дунав" и Славјаните околу Солун говорат славјански јазик, тогаш што ни кажува тоа? Ни кажува, дека меѓу нив постои јазична врска;  меѓу Македонците во Македонија и Славјаните северно од Дунав! Или и тоа е коинциденција?

А сега треба да се запрашаме самите себе си, како дошло до таа "јазична врска" и дали Македонците кои ја напуштиле својата земја  за време на римско-македонската војна зборувале  славјански јазик или "грчки", како што Грците би сакале и ние во тоа да веруваме? До колку Македонците зборувале "грчки" тогаш  зошто денес северно од Дунав не зборува  никој "грчки"... или било кога записано во историјата? Непостој ни трага од "Грци" северно од Дунав.

Кога би ме некој прашал: "Дали Македонците зборувале грчки кога ја напуштиле Македонија за време на римо-македонската војна?" Јас би му сигурно одговори "не", бидејќи ако зборувале грчки, тогаш би постоеле "археолошки трагови" за Грци барем негде северно од Дунав. Tаму нема ништо од тоа!

Понатака. Многу древни автори тврделе дека Александар III Македонски и неговите Македонци зборувале друг јазик покрај јазикот Коине и дека јазикот не бил само ист како и македонскиот, туку тој  исто така бил нивниот мајчин јазик. Па од сето ова не би ли било можно да заклучиме, дека мистериозниот јазик на кои древните Македонци зборувале, заправо, да е славјанскиот јазик?

СОГОВОРНИКОТ - Сакате да кажете дека древните Македонци зборувале славјански јазик? Па зарем Славјаните не стигнале до Македонија многу подоцна, во 6-от век во н.е.?

РИСТО - Да!  Тоа е повеќе од вероватно дека древните Македонци зборувале славјански, од колку "грчки". Се сеќавате ли дека "грчки" или Коине поточно речено, беше јазик на трговијата и владините институции? Него го користеа само учените Македонци. Исто така, Коине не бил мајчин јазик на Македонците. Кога Македонците од пред 2, 200 години побегнаа од воените дејствија на север од Дунав зборувале "грчки", во тој случај, каде се сведоштвата за тоа? На север од Дунав денес никој не зборува "грчки", а славјански, "секој"!

И затоа со сигурност можам да речам дека не верувам оти "Славјаните" на Балканот дошле за прв пат во 6-от век од н.е. Верувам дека Славјаните беа на Балканот од камено доба и дека повеќето од Славјаните кои дошле во 6-от век од н.е.  заправо беа македонски бегалци кои се вратија назад во Македонија, после повеќе столетија на отсуство.

Гледајте! Се' што сакам да кажам е, дека спрема историските податоци Македонците зборувале "неидентификуван" јазик,  а за малку подоцна да сознаеме дека  тие исти Македонци зборувале славјански јазик. Неби било паметно кога би ги споиле точките и храбро се оддалечиле од "големата историја" и рекле дека тој мистериозен и неидентификуван јазик заправо е славјанскиот јазик? Постоат многу индиректни  историски податоци кои го потврдуваат ова стојалиште. За пример:

1. Многу древни Македонци избегаа на север, северно од реката Дунав, за време на македонско-римјанските воини, населувајќи се и живејќи таму повеќе векови.

2. Многу народи, мнозинството народи од Источна Европа зборуваат славјански, малку подруг славјански јазик, меѓутоа ист славјански јазик кои се зборува денес во Македонија.

3. Нема сомневање дека овие јазици имаат исто минато. На пример, постоат имиња на луѓе и топоними во Украина и Русија кои се идентични со имињата во Македонија. Тоа не може да биде некоја случајност!

И да, точно е и тоа, дека некои Славјани се "вратија" во Македонија во текот на 6-от век од.н.е. и најдоа луѓе со кои делат не само исти јазик, туку и исти обичаи и особини.

И немојте да заборавиме,   нај сериозно ова го нагласувам,  дека Македонија во тие времиња беша најголема држава, пред Римјаните да ја покорат. Се протегаше од Јадранското Море на запад, до Црното Море на исток и од Медитеранското Море на југ и до реката Дунав на север. Дунав беше нејзината северна граница.

Понатака. Да бидеме реални во ова.  Не само што ситуацијата во тие времиња беше по комликувана од што ја замислуваме, али многу групи од разни народи, вклучувајќи елитни борци како на пример Готите, Хуните, Бугарите, Аварите, ит.н.т.  постојано навлегуваа во Македонија, но никој ниту ги споменувал или зборувал за нив. Зашто?

Затоа, што "Славјанскиот феномен" (појава) e повеќето политички феномен од мал историски значај. Причината што овој феномен им е ставен на душа на Славјаните во спротивност со Готите, Хуните, Бугарите, Аварите, етц.., како да се тие  само виновни за инвазии и за уништувања на Балканот, може да се објасни од широкото користење на славјанскиот јазик. Со други зборови,"Славјанскиот феномен" e модерна креација на 19-от век, измислена за објаснување на пренагласената употрена на современите славјански јазици.

Продолжува

**************************

 

 

Александар III Македонски

 

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

ДЕЛ - 08

**********************

 БИТКАТА КАЈ ХАЈРОНЕЈА

ИСТОРИСКА ПРЕСВРТНИЦА

************

 

Војната помеѓу Филип Македонски и хеленските полиси започнува и завршува со една битка, водена кај Хајронеа во август 338 г. пр.н.е.. Македонската фаланга напаѓа на сојузничките хеленски војски, кои се наоѓаат во хајронејската долина. Филип има 30.000 пешадија, приближно колку и хеленската, но со таа разлика што македонските војници беа прекалени во многу битки, верни и достојни на нивниот војсководец Филип. Демостен учествува во битката како хоплит. Наспротив атињаните стои Филип со својата фаланга: Филип на десното крило, а младиот Александар на чело на левото крило наспротив тебанците. По долгата исцрпувачка битка, Александар ја разбива пешадијата на тебанците и нивните сојузници, а Филип ја совладува атинската војска; исходот е - големи загуби за хеленските полиси.

Битката кај Хајронеја е еден од позначајните историски настанаи за античкиот свет затоа што по победата на македонската држава се менуваат историските текови на антиката и започнува нова епоха во која македонските владатели ќе управуваат со целиот тогашен цивилизиран свет и ќе создадат нов светски поредок.

По славната битка, Филип најсвечано ја празнува својата победа, принесува жртви, ги наградува сите што се одликувале во битката, ги спалува мртвите тела на своите војници, додека загинатите атински војници ги погребува со сите почести.

Како секој голем освојувач, Филип ги уредува политичките работи со поразените: спрема Теба се однесува одмазнички, непријателите се казнети со смрт или со прогонство, сместува македонски војски и постава олигархиска власт; спрема Атина (која била во страшна паника) се однесува великодушно, сакајќи да ја придобие за понатамошните политички и воени дејства; ги предава атинските заробеници без откуп, ги враќа посмртните останки на загинатите борци (за кој посмртен говор држи Демостен). Во Атина Филип испраќа свои претставници, меѓу кои  се син му Александар, војсководецот Антипатар и Алкимах, за да им ги соопштат условите за мир. Со овој нов договор Атина ја зачувува својата автономија, својата територија и сферата на доминација на островите Делос, Самос, Скирос, Имброс и Лемнос; најголемата казна за Атина е губењето на Херсон, што значи македонска контрола врз увозот на житото, растурање на Атинскиот поморски сојуз и влегување на Атина во нов поморски сојуз под хегемонија на Филип.

По примерот на Атина и другите хеленски држави склучуваат мир со победникот. Откако ги уредува работите во средна Хелада, Филип тргнува кон Пелопонез. Во многу полиси приврзаниците на Филип ја преземаат власта, Мегара и Коринт се предаваат, а во коринтската тврдина е поставена македонска војска. Ахајските полиси на Пелопонез поединечно склучуваат сојуз со Филип. Војниците на Аркадија, Есенија и Елида, заедно со македонската војска тргнуваат на поход против Спарта, зашто единствено спартанците се спротивставуваат на сојузот со Македонија. Филиповата војска навлегува во Лаконија и ја опустошува, но Спарта, и покрај тоа што нема сила да се спротивстави, не се предава. Од друга страна, Филип нема намера да ја уништи Спарта, веројатно поради истите причини како и во случајот со Атина.

По склучувањето на мировниот договор, на македонскиот владател му се предадени многу почести: Филип и Александар, како пријатели на Атина, добиваат атинско граѓанско право; на Филип му е подигната статуа во име на благодарност; Антипатар и Алкимах добиваат почесни титули- проксени на Атина, заштитници на атинските граѓани кои патуваат во Македонија. На Пелопонез во знак на благодарност му прават големи почести: во Мегалопол е изграден покриен пазар со колонади наречен "Филип", во Олимпија му посветуваат кружно зданије, "Филипеијон", со статуи на Филип, на неговите родители, на Олипијада и на син му Александар.

Есента 338 г. пр.н.е., откако Филип воспоставува поединечни договори со хеленските полиси, освен со Спарта, ги свикува сите Хелени на собир во Коринт, каде што се донесува т.н. Коринтски сојуз, со одлука за општ мир. Дел од договорот е зачуван на две парчиња од стела на Акропол. Познат е дел од  текстот  на договорот кој, всушност, претставува заклетва на Хелените пред Филип дека нема да дигнат оружје ни на копно ни на море против оние што је почитуваат заклетвата; дека нема да посегнат по царската власт на Филип и на неговите наследници ниту, пак, ќе бидат против државните уредби, прифатени од сите (учесници) кои се заколнале на мир; дека ќе тргнат на помош и ќе водат војна со оние што го нарушуваат општиот мир, како што ќе им биде порачано и како што ќе заповеда хегемонот... Организиран е општ  сојузен совет - Синедрион, со седиште во Коринт, во кој сите хеленски членки  испраќаат свои претставници според пропорционален принцип. Синедрионот е овластен да презема решенија, да издава закони, да пресудува околу расправиите  помеѓу сојузниците и да се произнесува за кршење на договорот. Филип е изабран за хегемон на Сојузот, т.е. за главен војсководител на сојузничките војски. Како заеднички војсководител на македонската и хеленската војска, Филип го планира азискиот поход против заедничкиот непријател, големиот басилевс.

Јасно е дека според овој договор Македонија е апсолутен победник и може да поставува безусловни барања но, сепак, македонскиот владател тактизира, сакајќи да ја запази формата на мировен договор.

На последната свеченост на Филип во Ајга, есента 336 г. пр.н.е., подготвена во чест на женидбата на ќерка му Клеопатра со братот на Олимпијада, Александар Епирски, а воедно и триумфална свеченост во која македонскиот владател сакал  да ги прослави сите свои победи, поканети се гости од секаде. Пратениците од Атина носат златни венци и многу подароци за Филип и младоженците; организирани се блескави игри, музички натпревари; во свечената процесија, носени се статуите на дванаесетте олимписки божества, а како тринаесетта е статуата на Филип. Денот кога требало да се прикажат театарски претстави, Филип е во придружба на  син му Александар и зетот Александар Епирски, а толпа народ е собрана да го види најголемиот владател на Европа. Тогаш еден млад македонски аристократ, Павсаниј, го напаѓа Филипа и го прободува со келтски мач. Убиецот а фатен и убиен од Филиповите телохранители Пердика и Леонат.

Народното Собрание на Македонците веднаш го прогласува Александар III за свој цар. Истовремено, без разлика на хеленските политички правила и односи, а според династичкото наследно право на Македонија, Александар III ја презема улогата на хегемон на Коринтскиот сојуз.

 

(Институт за национална историја на Македонија)

Продолжува

*************

 

НИКОЛА ТЕСЛА
10.VII.1856-07.I.1943.

 

 ПОДЕДНАКВО СЕ ГОРДЕАМ И СО МОЕТО ХРВАТСКО И  МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО 

 

НИКОЛА ТЕСЛА е роден на 10 јули 1856 во Смиљани Хрватска, а починал на 7 јануари 1943 година во Њу Јорк, во хотелот Њујоркер.

************************

 

Никола Тесла важи за најголемиот, најоригиналниот, најскромниот, најповлечениот и најслабиот со здравјето од сите гении. Роден е во православното семејство на свештеникот Милутин Тесла и мајката Ѓорѓина Мандичева, заедно со братот Дане и сестрите Милка и Марица.

Името (прекарот) Тесла го добил по дедото (од татко) роден во с. Извор, Велешко. 

Никола Тесла бил голем патриот, борец за мир и братољубие меѓу луѓето и народите кој за себе си изјавил: "Подеднакво се гордеам и со хрватското и со македонското потекло". Починал во најголема сиромаштија во Њујоршкиот хотел "Њујоркер" во текот на војната, на 7 јануари 1943 година.

Во коментарот на Њујоршката радио станица било кажано: "Што мислите? Кој бил најголемиот пронаоѓач на сите времиња? Томас Едисон? Не! Маркони? Не!... Неговото име е Тесла, Никола Тесла... Неговите пронајдоци ви овозможија да слушате радио. Неговите изуми ја овозможија телевизијата...Кога би ги исклучиле сите пронајдоци на Никкола Тесла од нашиот технички живот, тогаш 90% од целата наша работа одеднаш би запрела и тогаш целиот свет би паднал во мрак". 

Никола Тесла е познат, во најново време, и по неговиот изум, кој за жал никогаш не го видел светлото на денот заради интересите на нафтините компании, со кој целиот свет би би снабден со безплатна електрична енергија. Таа енергија би дошла од природни обновливи извори.

By Alexandrova Royal Macedonia

***************************************

 

 

 

***** 

ВТОРА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

**************************************

Втората македонска ударна бригада (позната уште и како Тиквешка ударна бригада) била формирана во селото Фуштани, на планината Кожуф на 20 декември 1943 година. Била формирана од 480 борци на батаљонот "Страшо Пинџур", Вториот батаљон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и Бугарскиот батаљон "Христо Ботев". По неколку дена, батаљонот "Христо Ботев" излегол од неговиот состав (23 декември 1943.) а бил приклучен батаљонот "Мирче Ацев".

  • Цветко Узуновски 1916 - 1994 **************************


    ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

    На 23-от декемвриски ден, во 1943 лето,
    во Егејот долу, во Фуштани село,
    близу до Сопота града,
    се роди Втората македонска ударна бригада.

    Се исполни планот на Кузман и Ченто,
    протестираше генералот Вукманивиќ - Темпо.
    Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци,
    командантот е Туриманџоски Димче - Горски.

    Низ Тиквешко Поле, бригадата оди,
    многу борби со непријателите води.
    Народот свој да го ослободи
    Македонската држава да се роди.

    На 9-ти септември, во 1944-то лето,
    бригадата низ Селце слезе, во Прилеп влезе.
    Со фашистите дојде до уличен судир,
    Се стремеше да им зададе победнички удар.

    Уличните борби прекинаа во градот,
    бригадата со ранети борци, го напушти врагот.
    По третиот ден во Марул таа дојде, народот љубопитен на средсело појде,
    Македонска војска за да види, македонски песни на сред село се пејат, за Гоце и Јане, за Питу и Даме,
    се вее жолто-црвено бригадно знаме.

    Командантот Дончо на сред село говор држи,
    говорот негов од узвици се гуши
    Ченто знај држава да прај!
    Ченто знај држава да прај!

    Бригадата во базата се врати,
    одборот селски, готвена вечера и' прати.
    Насобраните луѓе радосни си разотидоа, македонска војска за прв пат видоа
    бригадата се крена, мостот на Црна да го руши, германската безбедност да ја загуши.
    Во Канатларци, Дончо со Алија се сретна, двајцата меѓусебе нешто си шепнаа.

    Од базата до мостот на реката Црна,
    бригадата теренот во мир го мина,
    Марулската позадина ја обезбедуваше,
    групата од Благоја и Димко, патот го одредуваше.

    Нападот на мостот беше извршен,
    целосно мостот не беше разрушен.
    Во базата бригадата се врати,
    без капка крв тоа да го плати.

  • Втората македонска ударна бригада и Цветко Узуновски за време нејзиното формирање во с. Фуштани, на планината Кожуф 20.XII.1943. *************************************


    Утрото уште во раните зори,
    Од Канатларци додјдоа три запрежни коли,
    Двете со печена лебна храна,
    третата полна со сувомесна прехрана.

    Војникот, Кадинецот, Кебакоски Милан
    доби еден цел слободен ден.
    Во Марул со роднини да се срети,
    родната куќа од мајка му да ја посети.

    Од Марул, бригадата четири коњи зеде,
    на стопаните документи им даде,
    со нив замина за во Дуње,
    да мобилизира таму, нови борбени луѓе.

    До бригадата во Дуње наредба дојде,
    одма да тргне во Гостивар да оди,
    Со балистите таму војна да води,
    народот од тортура да го ослободи.

    Бригадата дојде до селото Зајас,
    се покажа балистичкиот обрач како појас,
    отворија силен оган од сите страни,
    на бригадата и преостана само да се брани.

    Многу борци паднаа, тука жртви,
    балистите удираа со бајонетите и по мртви,
    ужасот тука беше многу страшен,
    тој ден за бригадата беше мрачен.

    Од дедо ми Ристе, коњот црн,
    во ливадата под Зајас, со склештени ноsе стој,
    убиените соборци ги гледа со наведена глава,
    небаре ги брои и почит им дава.

    Тито титна, телеграма прати,
    не смее одмазда крв за крв да се врати,
    шеста и десетта бригада на помош дојдоа,
    многу мртви и ранети борци најдоа.

    Ова сценарио го измислија Тито и Темпо,
    да ја срушат популарноста на Ченто.
    Егејскатат бригада да ја исфрлат од строј,
    да не биде регистрирана со југословенски број.

    Кадинецот Милан, војник на оваа бригада,
    во информировското доба ги губи граѓанските права,
    осуден е на осумгодишна затворска казна,
    оти се борел за Македонија лажна.
    ************

    Автор: Томе Велјановски-Марулецот
    Гетеборг, Шведска

Професор Ангелина Маркус

*********************************************

БЕШЕ СИ БИЛА..

**************

 

...ПРИКАЗНА ЗА ВЕЗЕНА КОШУЛА

Македонија не е позната само по царевите и светоста на земјата преку градба на храмови и крстилници од најстаро време. попознати се нејзините ракотворби од народот во ткаењето, во везењето и плетењето. Камче по камче - мозаик, слики по земја како килими се правеле. Совалка по совалка килимче се ткаело, со мотиви по душа како со стилизиран човек, птица, цвет. Бод по бод со игла, вез по платно се везел. Монисте по монисте ќустек се плетел, во сите бои шарена змија во рацете на ороводец. Камен по камен, куќа Божја се градело. Удар по удар во дрво, олтар во во црква се резбарел. Мотивите кои се везени, плетени, ткаени, сликани, дрворезани исти се од рацете на луѓе од Македонија создавани. Содржината, боите, осмисленоста, ни го одликуваат животот на народот.

Уметничкото творештво најрано го сретнуваме во неолитот како фигури на жена со накит накитена.

Мозаиците по царските палати, театри, крстилници, ни покажуваат настани од животот на Македонците. Во тие мозаици истите се тие цветови, билки, животни и разни ликови врамувани по рабовите, со познатиот македонски преплет. Тоа се знаците на сонцето на подножјето на кратерите со космичко значење.

И рабовите на кошулите, килимите, маските, со истиот преплет македонски попис е  на сите артефакти во музеите по светот. Наши се, си ги знаеме.

Се кренале мозаици од подовите и се искачиле како фрески по sидовите на храмовите со Божји ликови, лица на народот, маченици и ангели облечени во кошули и наметки, ги овековечуваат македонските ракотворби. Рубата на Константин и царицата мајката Елена, Теодора, Евросима, Ана Комнен и другите фрески, опточени се со бисери, мониста, пулејќи на везовите икруните да блескаат под светлото на свеќите. Тоа се вредните раце на македонските уметници што создаваат непроценливо богатство на македонското живеење.

Македонските ора, рамо до рамо, како котелци, како камчиња  во мозаик, како оптоци со бисерни мониста, како преплет на кошулите извезени ни ја покажуваат смислата на Тешкото, оро што го играат сите, арно, ама никој не го тропнува чекорот како Македонците кога играат.

Во Париаз, во музејот на човекот, облеката е претставена со Галичката носија. Македонската кошула со галичкиот вез.

Во Галичкиот вез кошулата е покриена со црвено црн вез. Украсите се со рески и филигрански копчиња. И без музика накитот тропка и при дишење и при двишење и кога сеигра на оро. Девојките цел живот го везат чеизот за да се покажат со полни касели пред свекорот и пред свекрвата.

"Си била кошула ненавезана" - Кочо Рацин, од песната Ленка.

Професор Ангелина Маркус

************************************

  • ПТИЦИ

    Денес ниско летаат птиците,
    Јас сум сон во нивната мисла.
    Јас сакам да сум птица,
    а тие човек.

    Се преплетувам во нашите исчекувања
    да се вивнеме високо
    каде само љубовта царува
    во рамнотежа со сите атоми
    на оваа планета.

    Денес ниско летаат птиците една зад друга,
    прелетуваат над мене.
    Нивниот лет ме потсетува над тебе
    дишеш ти во мене,
    овие птици се сведок на твоето постоење.

    Моето тело трепери
    со секој нов прелет над мојата глава,
    чувствувам како ја галиш мојата коса
    и ти си тука во овој прелет,
    продолжена медитација
    во изгревот на моето сонце
    кога го држиш со двете раце,
    од него потекуваат многу песни и метафори
    за сите птици кои ги хранам со зрна светлина
    и ги убедувам
    дека ќе те сретнам,
    и ќе бидам среќна птица
    во лет со тебе!
    *********

    Мирјана Стојановска
    (Битола 1971)

  • ИМЕТО И' Е МАКЕДОНИЈА

    Јавно видување
    гласно размислување
    опоменување
    без суфикси и префикси
    без пазарење и нагодување
    за името-идентитетот
    нека разберат за секогаш
    и Европа и светот.

    До сите македонски бранители
    Патриоти, ослободители
    до сите локални и државни
    владатели, претседатели
    позиција и опозиција
    за оваа наша чудна
    страмна транзиција.

    Име измислуваме
    прекрстуваме, пазаруваме
    земја разградуваме
    непаметно
    несмислено
    нездраво
    и кој нам ни дал такво право?

    Под сила и присила
    со закани и накани
    комшиски, белосветски
    разговараме договараме, преговараме
    за името за презимето
    за суфиксите и префиксите
    за нашето секојдневно
    име древно македонско.

    Престанете да им верувате
    на сите лажноветни, недоветни
    на сите штетни и суетни
    се закануваат не' замолчуваат
    не' понижуваат омаловажуваат
    име ни оттуѓуваат не' отпишуваат.

    Време е да се свестиме
    и на светот в лице му плесниме
    име свето не даваме не продаваме
    од преговори се повлекуваме
    земја исконска не прекрстуваме
    Македонци за навек остануваме
    за Европа нема да лелекаме
    ниту пак за НАТО во ред ќе чекаме...
    **********

    Перо Дамчевски-Коцин

  • КАРПАЛАК

    Осми август - Света Петка двеилјадаипрво лето господово
    светол божји ден, чуден кобен ден....
    ден, на кого му било судено да биде суден,
    ден, кого по утрото го препознаваат само алчните,
    предавниците.

    Сонцето како да зајде пред време
    јанsа го нагризуваше-насетуваше...
    денот стана ноќ а ноќта ја снема
    младите војници заминаа в зори
    да го исполнат заветот, аманетот прадедовски
    да ја бранат татковината.

    Попат како да ги стигна клетва лоша
    проклетство, издајство, предавство синдром македонски....
    како, кога за грст валкани сребреници
    ни отидоа јабана и Делчев и Сугарев и Турунџев
    Ѓорче Петров, Веле Марков, Христо Узунов
    низа херои знајни и незнајни...
    А, Лопушник, Вејце...а сега, како капак Карпалак.
    Карпалак, тежок македонски залак.

    Заседа мрачна, арнаути клети
    трештат золји и калашникови
    оган гори Карпалак, Македонија пак крвари,
    Потоа молк, зла тишина, мирис на барут река крв.
    Падна мртви херои млади од огнени зрна
    завија мајки, татковци и невести млади во црно.

    Прилеп, градот застана простум, сите се деца негови...
    жал и гнев во него царува, повеќе шепоти отколку зборува
    историјата ни се повторува: Сашо, Љубе, Нане, Ердован,
    Горан, Пецо, Веби, Бранко, Марко и Дарко
    херои се нови во градот под Маркови кули.
    ******************
    (На прилепските-македонски бранители)

    Прва "Прличева награда"- Сиднеј-2004

    Перо Дамчевски-Коцин

Kind regards : 15 март, 2017

Sotir Grozdanovski Broj 57