МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Ѓорѓе Иванов - Претседател на Република Македонија

 

 *************************

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА СТАНА ПРЕДУСЛОВ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА НА РЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА

****************************

Текстот е преземен од "Македонска Нација", а уреден и прилагоден за "Македонски Збор" од Сотир Гроздановски

*****

 

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов упати писмо до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет, г-динот Доналд Туск, до Генералниот секретар на НАТО, г-динот Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнери на Република Македонија, до претседателот на Соединетите Американски Држави, г-динот Доналд Трамп и до претседателот на Република Турција, г-динот Реџеп Таип Ердоган.

Во продолжение е интегралното писмо од претседателот Иванов:

ПОЧИТУВАНИ,

Во пресрет на состанокот на Европскиот совет, дозволете да Ве запознам со актуелната состојба и со сето она што се случува во Република Македонија.

Република Македонија веќе две и пол години минува низ длабока политичка криза. Со олеснувачката улога на ЕУ и на САД беше постигнат Договорот од Пржино, во чија суштина беше организирање предвремени парламентарни избори во фер и демократски услови и формирање Влада на Република Македонија што најпрво ќе се фокусира на итните реформски приоритети.

На 11 декември 2016 година се одржаа слободни, фер и демократски избори, кои беа поздравени од сите страни. Но, наместо излез од кризата и фокусирање на итните реформски приоритети, ние повторно се најдовме во длабока политичка криза. Имено, по изборите, три од четирите парламентарни партии на етничките Албанци во Република Македонија, со 18 од вкупно 120 пратеници во Собранието, под покровителство на премиерот на Република Албанија, г-динот Еди Рама и неговиот министер за надворешни работи во Тирана создадоа платформа за Албанците во Република Македонија.

Тиранската платформа стана предуслов за формирање Влада на Република Македонија.

Платформата е постизборен документ усвоен во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Со оваа платформа се загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Реализацијата на платформата подразбира промена на Уставот на Република Македонија, со кои би се загрозил унитарниот карактер на државата. Платформата го нарушува Охридскиот рамковен договор, кој ги регулира односите на етничките заедници со државата Република Македонија и нивните меѓусебни односи. Во спротивност со Охридскиот рамковен договор, платформата е дискриминаторска кон другите етнички заедници, бидејќи приоретизира само една заедница. Оваа платформа од Тирана дополнително ја дестабилизира внатрешнополитичката состојба и ги зголемува меѓуетничките тензии во република Македонија.

Со начинот на кој е донесена и со изјавите на официјалните претставници на република Албанија и Република Косово, негативно се одразува на меѓуетничките односи и се врши дестабилизација на регионот на Западен Балкан. Оваа платформа нас не доведе во застој од кои е тешко да се излезе бидејќи има ултимативен и уценувачки карактер.

ПОЧИТУВАНИ,

Во согласност со член 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, на 1 март 2017 година донесов одлука да не определам мандат за состав на Владата на Република Македонија на секој оној кој преговара за платформа на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста. Како претседател на Република Македонија, моја уставна должност е да ги почитувам Уставот и законите и да ги штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

За сите овие нешта лично ги информирав комесарот г-динот Хан и високиот претставник, г-ѓата Могерини. Од нив побарав јавно и јасно да ја осудат и да ја отфрлат платформата како чин на мешање во внатрешните работи на суверена држава и како документ што дополнително не дестабилизира и изложува на внатрешнополитички, меѓуетнички и можни геополитички влијанија. Ќе повторам, дека овој документ кој е ултимативен и уценивачки го суспендира и Договорот од Пржино во кој Европската Унија го вложи сиот свој надворешнополитички кредибилитет.

Сметам дека осудата и отфрлањето на овој документ е единствен начин за излез од безизлезната состојба во која се наоѓаме

Само  на тој начин ќе ги постигнеме целите на Договорот од Пржино, пред се' итните реформски приоритети, политичката стабилизација, намалувањето на меѓупартиските и меѓуетничките тензии во Република Македонија и враќање на државата на патот кон европските и евроатланските интеграции. Во тој контекст, барам со внимание да ја разгледате вистинската реалност со која сме соочени и да се заложите оваа штетна платформа да биде јавно отфрлена и осудена од страна на Европската Унија и НАТО и нивните земји членки. Понатаму, очекувам да го осудите флагрантното мешање во внатрешните реботи на Република Македонија од страна на два нејзина соседа -  аспиранти за полноправно членство во Унијата. Конечно, очекувам да испратите силна порака до нашиот геополитички ранлив регион за неповредливост на границите на Балканот и да ја реафирмирате европската и евроатланската перспектива на земјите од регионот.

Отсуството на јавна осуда на платформата од Тирана од страна на меѓународната заедница само ќе охрабри слични обиди во нашиот , но и во други региони во Европа со сложена етничка, религиска и јазична реалност.

Најискрено се надевам дека ќе наидам на Вашето разбирање. Во прилог Ви доставувам копија од горенаведената платформа, како и изјави на официјални претставници и институции на Република Албанија и Република Косово.

Како претседател на Република Македонија, земја долгогодишен кандидат за членство во Европската Унија и НАТО, очекувам да се ангажирате и да ни помогнете, бидејќи иднината и перспективата на моите сограѓани се пред мошне сериозен предизвик

Ѓорѓе Иванов,

Претседател на Република Македонија.

*********************************

 

 

*************************

МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

*********************************

 

Вистинските Македонци секогаш остануваат Македонци,па и по цена на живот. Македонија се сака со нашата македонска химна, знаме, грб, идентитет и јазик. Никој нема право да ги смени овие национални белези на Македонија, камоли пак тоа да биде Заев и СДСМ.

МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА

 

1. Хашките случаеви да се врата на повторно судење,

2. Територијалната поделба од 2004 да се поништи,

3. Ревизија на криминалната приватизација,

4. Повлекување од Рамковниот договор и укинување на процентот 20%,

5. Врќање на Преамбулата од пред 2001,

6. Враќање на старото изворно македонско знаме и избор на македонски грб,

7. Прекин и напуштање на преговорите за името „Македонија„,

8. Политичка борба за правата на Македонците во соседните земји,

9. Напуштање на курсот за ЕУ и НАТО,

10. Создавање на цврсто македонско лоби со цел штитење на македонските национални интереси секаде во светот.

 

Пренесено од ЕXCLUSIVE

**************************

 

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ А "НЕ СЕВЕРНО МАКЕДОНЕЦ"

 

 

****************

ЧЕСТИТКА НА МАКЕДОНЦИТЕ И

ПОРАКА ОД ММДЧП

****************

 

Македонското меѓународно движење за човекови права им честита на Македонците, од сите политички партии, затоа што заедно застанаа во одбрана на Македонија и ја отфрлија Тиранската платформа - која е во насока на создавање на Голема Албанија, на сметка  на територијалниот интегритет на Македонија.

Одбивањето на претседателот Ѓорѓе Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев и покрај притисокот од западните земји, е сигнал дека македонските политичари конечно застанаа во одбрана на македонските национални интереси, благодарејќи им  на Македонците кои што  масовно проговорија во одбрана на сегашноста и иднината на Македонија.

Уште од осамостојувањето на Република Македонија, ММДЧП во континуитет барале од владата, без оглед која партијае на власт, да не дозволи мешање на странски држави, да отфрли било какви политички пристрасности и пред се' да застане во одбрана на националните интереси на Република Македонија, како што впрочем прави и секоја друга држава. Од тие причини, ММДЧП ги осуди антимакедонските активности од двете најголеми политички партии. За сите граѓански и домашни проблеми, Македонците се тие што самите ќе ги  бараат позитивните и негативните аспекти во политиките на било која партија, а не владите од западните држави, па дури и Македонците кои што живеат надвор од државата. Како и да е, кога станува збор за националните интереси на Македонија и човековите права на Македонците, ММДЧП жестоко ги брани и се залага за нив.

Македонците покажаа дека повеќе нема да толерираат воени злосторства, кои, со странска помош, може да доведат до запечатување на судбината на државата. Македонците нема да толерираат помалку од 20% од населението на државата, кои што се верни на две странски држави да држат во заложништво 80% од луѓето кои живеат во државата. Македонците нема да толерираат ниту еден политичар кој што се покорува на овие антимакедонски барања.

Како што може да се види од неодамнешните најави од страна на Европскиот парламент, Амбасадата  на САД и од Европската Унија, за Македонија, или да бидеме по прецизни за оваа "земја" како што би рекла Федерика Могерини од ЕУ, тие  очигледно интервенираат во внатрешните работи на Македонија, што веќе и не го негираат. ЕУ се закануваат со одложување на приемот на државата во ЕУ, доколку не се дозволи владина коалиција која ќе ја прифати Тиранската платформа. Но при тоа забораваат да наведат дека зачленување во ЕУ може да се случи само доколку Македонија го смени своето име, со што, со подршка од  Западот, би се задоволил апетитот на угнетувачот Грција. Да не го заборавиме и Европскиот парламент кој што застана зад Бугарија, која со расистичка резолуција потврди дека македонското малцинство во Албанија е "бугарско"

ММДЧП останува верна на својата дведецениска политика и од Македонија бара:

1. Неодложно и неотповикливо да се повлече од преговорите за менување на името, под покровителство на Обединетите Нации;

2. Да одбие било какво мешање во внатрешните работи на Македонија;

3. Протерување од државата на амбасадорот Џес Бејли и сите други странски дипломати кои што ги подржуваат активностите на Амбасадата на САД;

4. Да се осудат сите албански воени злосторници кои што добија амнестија за извршените злосторства во 2001 година;

5. Прогласување на времената спогодба од 1995 година за неважечка и, согласно со тоа, да се врати оригиналното македонско знаме;

6. Да се поведе грижа за човековите права на угнетените Македонци во сите региони на распарчена Македонија ( Грција, Бугарија, Албанија, Косово и Србија ) и имплементација на истите права за Македонците како што е загарантирано и за Албанците во Охридскиот рамковен договор;

7. Активно и жестоко промовирање на вистината за Македонија. Ние сме меѓународно признати. И бараме тоа да се почитува.

Ваквите декларации се идентични со активностите на било која држава која што се грижи за себе. Видовме како САД одговорија на нападите врз нивната демократија. Двојните стандарди за Македонија завршуваат сега.

*****************

Македонското меѓународно движење за човекови права ( ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi,  facebook.com/mhrmi,  mhrmi.org/ OurNameIsMacedonia

POSTED BY : Bill Nicholov <nicholov@sympatico.ca>

*********************************************

РИСТО СТЕФОВ

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ - 25

Пишува : Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

СОГОВОРНИКОТ -  За вашите историски истражувања потребни Ви се разни материјали, кои ги нема секогаш на Итернет. Кои средства  Ви стоеја на располагање за комуникација, со своите сонародници?

РИСТО - Секако! Во 2006 година го започнав магазинот "Macedonian Digest" како своевиден форум за дискусии: што имаат да кажат или дали имаат некои необични и важни материјали и т.н.т.  Потоа, почнаа да ми испраќаат секакви материјали; информации за се' и сешто. Во нив пронајдов секакви мерки преземени од грчките власти за полесно да не истераат од нашата земја.

СОГОВОРНИКОТ - Какви мерки?

РИСТО - Секакви! На пример Грците да се женат со Македонки, како би ги асимилирале и раѓале Грчиња, а не Македончиња. Почнаа да отвораат детски градинки, како би ги попречиле децата да си го учат својот мајчин јазик од своите баби и дедовци ...; Македонците кои одлучиле да се иселат во странските земји, како на пример Австралија, морале да потпишат дека нема да се вратат назад. Било лесно да се натераат неписмените луѓе да се потпишат, зошто многу од нив биле не писмени или не знаеле грчко писмо и т.н.т.

СОГОВОРНИКОТ  - Навистина? И луѓето Ви испраќале такви документи?

РИСТО - Да! Грците, заправо, испраќале во Македонија воиници или други чиновници со намера да се женат со Македонки, како би ги асимилирале Македонците. Им правеа на македонскиот народ исти работи што им правеа и Турците во нивно време. Прво ги поставувале луѓето на работни места во администрацијата. Властите добро ги познавале старите трикови дека мајките се тие кои ги учат своите деца да зборуваат на јазикот кои тие го зборувале. Пошто прво тие би биле приморани да зборуваат дома само на грчки, не било тешко и децата да го научат грчкиот јазик како мајчин јазик и т.н.т. Ете, гледате зошто се Грците "по паметни" од Македонците?

СОГОВОРНИКОТ - После сите овие работи што Грците му ги правеле на Македонците, има ли се' уште македонски живот во Егејска Македонија?

РИСТО - Па, и покрај сите промени кои секој ден се прават во светот, Македонците во Грција се' уште поднесуваат понижувања и дискриминација од грчките власти.

За време на 1950-те години населението од неколку села во Леринско, Костурско и Воденско беа приморани да се заколнат на лојаност кон Грција и да се одрекнат од својата македонска националност, заедно и од својот мајчин јазик.

Оваа денационализаторска политика не помина без отпор од македонскиот народ. Тие и понатака продолжија да си зборуваат на својот јазик, се разбира без провокации.

Со распаѓањето на Југославија, обесправените Македонци во Грција исто така се почувствуваа не сигурни, па одма почнаа да организираат свој движења, како на пример Македонско движење за балкански просперитет и Виножито.

На 8-ми септември 1995 година членовите на македонската политичка партија Виножито, во Лерин го отворија своето официјално седиште.

На 19-ти јануари 1997, Втората конференција на Винижито се одржа во Лерин, на која присуствоваа 76 делегати од сите локални единици. На оваа Конференција беше избран Централниот одбор составен од 19 членови, потоа беа прифатени организациските принципи и Политичкиот Манифест.

Централниот одбор својата прва седница ја одржа на 26-ти јануари 1997 година во Воден, на која избраа Централен секретаријат од пет членови, потоа Комисија за економски прашања и уредувачки одбор и т.н.т.

Со Политичкиот манифест  "Виножито" ја декларира својате желба за соработка со сите не-националистички сили во земјата во борбата за мир и европска интеграција.

Партијата "Виножито" е член на Европска слободна заедница, која се бори  со децении за правата на народите без своја држава.

Други настани во врска со Македонците во Грција се отворање на грчка гранка на Европското биро за помалку зборувани јазици (EBLUL), организација за заштита  на таквите јазици во Европа.

Во Европската Унија над 40,000.000 ( 40 милиони ) луѓе зборуваат различен јазик од јазикот на земјата во која живеат. Тие претставуваат 10% од целокупното население во ЕУ,  но наскоро  со  нејзиното проширување,  бројот на населението кое ќе зборува подруг јазик од јазикот во кои ќе живеат,  ќе биде многу повеќе од сегашната бројка. Грција не е изземена ; таа силно ќе се опира, меѓутоа фактите ќе си го направат своето. По сите проценки, многу мал број денешни Грци се двојазични.  Причината за тоа е што одамна не е извршен попис на населението  со дадена можност на изјаснување за националната припадност и мајчиниот јазик. Едино во 1920 -та година пописот покажа подруги бројки, но резултатите за северната регија на државата, никогаш не беа објавени.

Но секако дека долгата традиција на грчката политика за маргинализирање и забранување превладеа, наравно доволно,  во намалување  бројот на оние кои него зборуваат службениот јазик. Насилното однесување спрема повеќе јазичните граѓани во Грција има долга историја, почнувајќи од нејзините рани денови, од оснивањето на модерната државна заедница, од пред 190 години. Во подрачјата во кои се зборуваше повеќе Арванитика (Албански), Грците правеа се' да го одвратат населението од неговата употреба. Веројатно имаа и некое оправдување за тоа,  зошто со сите сили државата настојуваше населението да го обедини во една  грчка држава и во една нација.

Македонците, како на пример Насе Парисис, кој е Претседател на грчката гранка на ЕБЛУЛ, се борат македонскиот јазик да го воведат во грчкиот образовен систем.

Во 1995 година, Хелсинското движење за човекови права ја обвини Грција заради дискриминацијата врз македонското малцинство, за кое Грција тврди дека не постој. Амнести Интернационал и Европскиот Парламен ја присилуваат Грција да го признае македонското малцинство и неговиот јазик и да престане со нивното обесправувањето во неговите граници каде што живеат.

 

ЃОРЃИ ДИМИТРОВ

Што се однесува до Македонците во Бугарија, политичките промени после капитулацијата на фашистичка Бугарија и државниот удар од 9-ти септември 1944 година, позитивно влијаеа врз Македонците во Пиринска Македонија. На 9-ти август 1946 година Комунистичката партија на Бугарија под раководство на Ѓорѓи Димитров, официјално ја призна македонската нација со право Пиринска Македонија да се приклучи кон Република Македонија. После Втората Светска Војна Македонците во Бугарија беа признаени како посебна и различна етничка група. Демографските податоци од пописот во 1946 година докажаа дека мнозинството од населението на Пиринска Македонија се изјасни дека се етнички Маккедонци. Во тие времиња имаше период на културна автономија и потврдување на македонските национални и културни вредности. Македонската литература, јазикот и националната историја беа воведени во образовниот систем и скоро 32,000 ученици учеа македонски. Во 1947 во Горна Џумаја (Благоевград) отворена беше првата македонска книжарница, читалница и околиски македонски национален театар. Од весниците, почнаа да се печатат  "Пиринско дело", "Нова Македонија", "Млад борец" и т.н.т. Литературни, културни и фолклорни друштва беа основани, кои набрзо ја раширија македонската култура.

Со пописот во 1956 година,  спроведен од бугарската држава, 63.7% од населението во Пиринска Македонија се декларира како Македонци. Меѓутоа, откако односите помеѓу Русија и Југославија се влошија, Бугарија ја искористи таквата ситуација за да ги оспори тие резултати и да го негира постоењето на Македонците во Бугарија заедно со македонскиот јазик, како различен од бугарскиот. Со пописот 10 години подоцна, 1965, резултатите беа поразни; само 1% или 8,750 од населението во околијата на Благоевград се прикажани како Македонци. Инаку, оваа ерија во Пиринска Македонија во првиот попис од 1956 година беше со највисок постоток на Македонци кои живеат таму.

Во 1989 година, Македонците осниваа своја македонска организација "Илинден" или Обединета македонска организација "Илинден" (ОМО), со цел Македонците да се изборат за културна и национална автономија во Пирин. Оваа македонска организација во 1999 беше регистрирана и како политичка партија на Македонците од Пиринска Македонија, која учествуваше во локалните избори одржани истата година во Октомври месец, на кои избра пет свои претставници. Меѓутоа, на 29 февруари 2000 година Уставниот суд на Бугарија "Илинден" го прогласи за не уставна организација. Ова беше директен удар против слободата на организирање и слободата за борба против дискриминацијата во бугарската држава.

Бугарските власти одбија да го признаат постоењето на македонското малцинство во Пиринска Македонија и продолжија да им ги кршат нивните основни човекови права. Членовите и симпатизерите на ОМО "Илинден" Пирин (политичка партија и организација за човекови права) и ОМО "Илинден" ( организација за човекови и малцински права) беа снимани, малтретирани, физички напаѓани, парично казнувани дури и затварани едноставно заради барање свои национални, македонски права во бугарското општество.

За разлика од Македонците во Бугарија, Македонците во Албанија на локалните избори од 18 февруари 2007 година успеа да го изберат, за прв пат, членот од Македонскиот сојуз за европска интеграција (МАЕИ) Едмонд Темелко за градоначалник на општината Преспа. Овој Македонец, 36 годишен ветеринар - политичар, така постана прв избран Македонец за некоја државна служба во Албанија.

Се' уште Македонците во Албанија не ги уживаат своите основни човекови права и слободи и ако нивното малцинство во Македонија е' еднакво во правата и слободите со македонскиот народ, па дури во некои сегменти од животот и повеќе од нив. И дури Македонците се ограничени во образованието, користењето на македонските симболи и учеството во државните институции, Албанците во Македонија рамноправно учествуваат во сите државни институции до највисоките позиции: војската, полицијата, владата , министарствата, здравството, економијата, образованието, со државни Универзитети на албански јазик ит.н.т.

Во Албанија, Македонците имаат тешкотии со регистрирањето на своите политички и културни организации, а да не зборуваме за високошколски установи на државна сметка. Со регистрирање на македонската политичка партија "Македонски сојуз за европска интеграција" Македонците ја докажаа својата национална свест и гласаа самите за себе во доволна мера и број. Со ова, тие му покажаа на албанското општество дека  и Македонците  се дел од него и дека сакаат и можат да учествуваат во донесување на важни одлуки за себе и за другите.

Преспанската самоуправна единица има девет градови, во кои Македонците се мнозинство и зборуваат на својот македонски јазик и ги негуваат македонските обичаи и традиции. Упорните барања за поврат на македонските топоними на местата, реките и т.н.т. преименувани на албански јазик во времињата на Енвер Хоџа, наскоро ќе си ги добијат своите македонски имиња.

Албанија за размена со Грција за нешто своја земја во Епир, ја доби Мала Преспа во 1919 година.

Што се однесува, пак, до македонскиот народ во Република Македонија, со распаѓањето на Југословенската заедничка држава ја виде и својата шанса конечно и тој да добие своја сопствена национална држава, со истото име, Република Македонија. Па така, на 8 септември 1991 година со референдум над 95% од населението беше одлучено осамостојување и формирање на своја сопствена независна македонска држава, со првиот претседател Киро Глигоров, на чело.

Волјата на народот беше остварена на 18 септември 1991 во Македонското Собрание, со потврдување на резултатот од референдумот.

На 17 ноември 1991 година беше усвоен Уставот на Република Македонија, со што се потврди и државноста,   а недолго после тоа,  како резултат на војната со Албанците од 2001 година и  притисокот од Меѓународната заедница,  да се измени со Охридскиот договор, во полза на   албанското малцинство во Македонија.

На 8 април 1993 година, во согласност со правилата за признавање легалноста на земјата за држава, Македонија, во Обединетите Нации беше едногласно  примена како 181-а  редовна членка. Меѓутоа, стравувајќи дека може да ги изгуби окупираните територии, Грција прва му се спротивстави на признавањето на новата членка со нејзиното име Република Македонија како независна и самостојна држава.

Меѓутоа, и ако Европската Унија потврди дека Македонија ги исполни сите услови за официјално признавање, заради противењето на Грција, која веќе беше членка на Унијата, Европската Комисија одлучи да го одложи признавањето на Македонија за членство. Уплашена од можноста Македонија да ги постави историските, културните и јазичните барања за Егејска Македонија, Грција упорно ги поставуваше своите барања за забрана на амблемот на античка Македонија - шеснаесеткраковото сонце, на нејзиното знаме. По тој повод, во Јули 1992 година   во Скопје се одржа  голем протестен собир. Но сепак и против забелешките и барањата на Грција,  во 1993 година Обединетите Нации одлучија да ја примат Македонија во членство со привремената референца (не званично име) "поранешна југословенска Република Македонија". Целосни дипломатски односи со многу членки на Европската Унија  следеа, за разлика од Русија, Кина, Турција, Бугарија и многу други светски нации кои ја игнорираа Грција и нејзините не сериозни барања и ја признаа Македонија со нејзиното официјално   и уставно име,  Република Македонија.

Грција, не задоволна од резултатите, во Февруари 1994 година на Македонија и  наметна трговинско ембарго со цел да го принуди претседателот Киро Клигоров да направи промени во името на државата, јазикот, нацијата и Уставот, специјално да го избрише членот 47 кој вели "Република Македонија се грижи за правата и статусот  на луѓето кои му припаѓаат на македонскиот народ во соседските држави, како и помагање на   Македонците - иселеници во странските земји, во нивните културни и други потреби". Интересно да се спомене е и фактот, дека и Грција  ги има, во нејзиниот Устав,  истите или слични одредби за грижата на своите граѓани  на секаде во светот, што не е ништо спорно.

Соочена со економските проблеми во земјата и оставена без надворешна помош, Македонија немаше друг избор, туку да ги прифати грчките уцени и да ги изврши бараните измени во Уставот, за после таа да го укине ембаргото.

Уште не опоравена од грчкото ембарго, како и интернационалното ембарго наметнато врз Србија, грчки традиционален партнер, те и од не решените проблеми со Грција, Република Македонија се соочи уште и со наметната војна со албанското малцинство во земјата, потпомогнато од Албанија, Косово и делови на меѓународната заедница.

Како резултат од конфликтот на северот на Македонија и НАТО-то бомбардирање на Србија, маса војни бегалци, нив над 300.000 (тристотини илјади) влегоа во Македонија. Ваквата ситуација придонесе дополнителни економски, но и политички тешкотии за осиромашената македонска држава од една страна, а на другата страна да се грижи со прекуноќното зголемување на населението за 15%. Како да не беа сите тие насобрани проблеми доволни, па од трета страна дојдоа и критиките од секакви не владини организации финансирани од странски извори и тие со свои интереси, коа бајаги   владата не доволно се грижи за бегалците.

Набргу после завршувањето на оваа криза, навалија вооружени албански банди забегани од борбите со Србите, и ја започнаа својата задача за дестабилизација на Македонија. Во 2001 година, овие вооружени албански банди, прво наречени од меѓународната заедница како   терористи  а потоа како "борци за слобода и човекови права", почнаа да окупираат туристички кампови а после и села во западна Македонија. Во почетокот овие албански банди се сметаа како безопасни, но откако почнаа да го попречуваат сообраќајот по патиштата, да киднапираат луѓе и да ги злоставуваат граѓаните, да го прекинуваат снабдевањето со електрична енергија, да ги напаѓаат резервите со питка вода и да се закануваат со тровање на езерата и реките, македонската полиција  и војската почна да ги гони. Како планирани, западните медиуми станаа во нивна одбрана, нарекувајќи ги групи кои се борат за своите човекови права, игнорирајќи ги нивните  агресивни дејствија против безбедноста на граѓаните и државата, нарекувајќи ги македонските безбедносни сили агресорски.

Оваа од надвор иницирана војна со посебни цели за дестабилизација на македонската држава и општество, а како резултат и од проблемите провоцирани од Грција, му нанесе огромни штети на македонската економија и креира долготрајни поделби помеѓу Македонците и албанското малцинство внатре во Македонија, кои со векови заедно живеле во мир и добрососедство.

Војната траеше околу шест месеци  и официјално заврши со потпишување на Охридскиот договор на 13 август 2001 година. Датум, кој очигледно  намерно, се поклопува со поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година и стварањето на Албанија како држава.

Спрема одредбите во Охридскиот мировен договор, меѓународната заедница беше должна да и помогне на Македонија во воспоставување на мирот, стабилноста и интеграциите во Евро-Атланската заедница.

Како одговор на македонскиот претседател за помош , од 20 јуни 2001, НАТО разработи оперативен план наменет на мирот и стабилноста на Република Македонија. Меѓутоа, НАТО побара три услови  пред да се ангажира во решавањето на кризата во земјата:

1. Завршеток на договорот помеѓу политичките партии во Македонија,

2. Примирјето да се поврзи со амнестија за учесниците во така наречената НЛА на Албанците и на крајот

3. Потполна демилитаризација на НЛА. 

Откако политичките партии ќе го потпишат Охридскиот мировен договор, патот за првата акција на НАТО во Македонија е отворен. Таа мировна мисија на НАТО отпочна на 27 август 2001 година со операцијата за собирање на важна жетва. Што би рекле, собирање на оружјето  од албанските екстремисти на доброволна база и уништување. Таа операција беше во надлежност на 4,600 сојузнички војници, а под контрола на Англиската мисија за брзо дејствување, со што, наводно, се заврши дадената обврска на НАТО, спрема Република Македонија.

СОГОВОРНИКОТ - Ви благодарам за учеството во овј интервју, посветен на минатото,  а наредниот интервју ќе биде за сегашноста.

 

Продолжува

************************************

 

Филип II Македонски

 

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

 

*******************

МАКЕДОНИЈА ДОМИНАНТЕН ИСТОРИСКИ ФАКТОР

ВО АНТИЧКИОТ СВЕТ

*************************

ДЕЛ - 07

********* 

Додека атињаните интензивно се занимаваат со политички процеси и постојано се водат судски парници, Филип се грижи за зацврстувањето  на западната и севернта граница и за зајакнувањето на македонската држава;  постој сведоштво за еден поход од 344 г.пр.н.е. против Илирите во кој македонскиот владател освојува многу нови места се' до Јадранското море; војува и со Дарданците, кои често ја напаѓаа Македонија; дејствува и на море, откако ја засилува својата флота, спроведува колонизација во нови области, во кои населува Македонци, Хелени и Тракијци.

Престолнината на македонската држава, Пела, станува средиште на познати уметници, книжевници и научници. Филип одржува постојани дипломатски и пријателски односи со многу хеленски мажи и политички дејци. Во македонскиот двор како учител на младиот Александар пристига филозофот Аристотел од Стагира, чиј што татко Никомах е лекар и близок пријател на Аминта III.

Воениот поход на македонскиот владател продолжува кон Пелопонез. Во текот на 433 г.пр.н.е. ги користи политичките пресметки помеѓу Спарта и полисите на Пелопонез (Арг, Месена и Мегалополис) и повторно како "спасител" навлегува со својата војска; Аркадијците, како израз на благодарност, му подигаат бронзена статуа на Филип.

Во тој миг Атина заборава на антагонизмот спрема Спарта, на сцена повторно излегува Демостен и страсно говори против Филип, предупредува на опасноста од него, а на Спарта и' предлага сојуз против заедничкиот непријател. Демостен започнува да повикува на заедничка одбрана на сите Хелени, зашто сите се загрозени од македонскиот непријател, кој им готви "гибел".

 

Демостен

Во наредниот период на политичката сцена доаѓа до голем пресврт: во политичките игри и настани се вмешува Персија која, имајќи ја предвид неслогата и расцепканост на хеленските полиси, а страхувајќи од македонскиот владател, брза да склучи сојуз со полисите против Филип. За таа цел, големиот цар Артаксерс Охос испраќа пратеници во хеленските полиси, во Теба и во Арг, да соберат платеници, а на Атина и' нуди да го обноват заедничкото непријателство против Филип. Персискиот цар им ветува голема финансиска подршка за да започнат војна со Македонецот.

Атињаните повторно ги отфрлаат склучените договори со Филип, заземаат негативен став спрема филипистите, го осудуваат на смрт Филократ за предавство и корумпираност. Демостен ја користи оваа прилика  да го нападне Ајсхин како предавник и да го обвини за измамите и за лажните извештаи што ги направил, зашто работи во полза на Филип.

По нарушувањето на мировниот договор помеѓу Филип и Атина, македонскиот цар почнува да дејствува отворено непријателски и тргнува на поход (342/341 г.пр.н.е.) во освојување на целата источна страна на Тракија, се' до Црно Море; со силна војска во неколку напади ја освојува Тракија, и' наложува данок (десеток) и обврска да испраќа војска за потребите на Македонија; Тракија е поставена под управа на македонскиот стратег, а хеленските градови, ослободени од тракиската опасност, доброволно стапуваат во сојуз со Филип. На освоената територија Филип засновува македонски колонии со кои ја обезбедува новата територија и ги користи нивните природни богатства. Најважен му е градот Филипопол, потоа Кабиле (или Калибе) на реката Тунџа, селото Берое (Стара Загора).

Со овие дејства се загрозени атинските колонии од големо значење - морските теснеци од Херсонес до Бизантион (Дарданелите и Босфор), извонредно значаини патишта за хеленската трговија. Тогаш Демостен го држи својот најсилен говор против Филип - Третата Филипика, во која говорникот порачува: конечно да се прифати фактот дека Филип војува со нивната држава и дека тој го крши мирот, па според тоа, единствената задача на Собранието треба да биде што полесно и посигурно да се одбранат од Филип. Говорот има успех, а Демостен е овенчан со златен венец. Во текот на 340 г.пр.н.е. Атина започнува воени дејствија против Филип: им испраќа воена помош на жителите на Бизантион, склучува сојуз со Теба и ги презема Термопилите. Давајќи му помош на Бизантион, Атина одново го освојува босфорскиот трговски пат; со ова Атина официјално влегува во војна со Македонија.

Сето ова како да не го обеспокојува македонскиот владател, кој се движи по строго зацртан план; на ред е одбраната на северната македонска граница нападната од Скитите и од Трибалите; тракиската династија е соборена, а владателите на северните племиња Пајонци, Аркани и Илири се поставени во "вазален" однос.

По овие успеси, Филип го освојува преминот од северна во средна Хелада, од каде само за еден ден може да стигне во Бојотија, а за три во Атина. Демостен трогателно го опишува овој судбоносен момент за Атина. Атински пратеници на чело со Демостен одат во Теба за да склучат сојуз. Едновремено во Теба доаѓаат пратениците на Филип со намера да ги разубедат тебанците од сојузот со Атина, а со предлог заедно да нападнат на Атика или да ги пропуштат македонските воиски да поминат непречено преку Бојотија. Дилемата во Тебанското собрание е решена по страсните говори на Демостен, кои будат чувства на патриотизам и честољубие: хеленските полиси: Евбеја, Мегари, Коринт, Левкада, Коркира, Ахаја и Акарнанија влегуваат во сојуз против филиповата држава; Аркадија, Месенија, Елида и Спарта остануваат настрана од овие настани.

Војната започнува во Бојотија. Атина и Теба на два пати имаат воен успех кај Парапотами и Филип не успева да навлезе во Бојотија. Овие успеси уште повеќе ја зголемуваат популарноста на политичарот Демостен, кој донесува одлука во Народното собрание со која му се објавува војна на Филип. Како награда за овие политички активности во полза на државата и нејзините граѓани, Демостен повторно е овенчан со златен венец.

Меѓутоа, настаните почнуваат да одат во полза на Филип. Со одлична процена на состојбите, Филип го наведува хеленските сојузници да помислат дека се повлекува во Тракија, наводно, за да го задуши тамошното востание. Хеленските војски се повлекуваат кај Хајронеја, а Филип напаѓа на Амфис и на Нафпакт и ги уништува ахајските војски.

 

Продолжува

********************

 

Др. Душко Алексовски

 

******************

ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ

НА КАРПЕСТАТА УМЕТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА Е

НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

*****************************

 

Не е само "шарената револуција" отворен непријател на современата македонска уметност, архитектурата, историјата, мирниот соживот во земјата и безбедноста на македонската држава и нејзините граѓани. Има и многу други скриени и јавни непријатели кои македонскиот народ ги носи на своите плеќи. Има и такви, на кои им пречи и најстарата уметност која ни ја оставија нашите древни и најдреви жители на оваа земја, кои ја населувале, граделе и со нивната креативна зрелост ни оставиле спомени дека пред нас билe тие, а после ние. Да, најстарата,  уметност - карпетастата уметност!

Ќе рече некој, што ме потикнало да зборувам за таа стара уметност што ние оставена по македонските карпи, на секаде околу нас, од  луѓето кои оделе по оваа иста земја по која,  денес, некои по не' цивилизари од нив,  така безмилосно уништуваат се' што не' им е по нивниот вкус, а при тоа не се кадри да створат и остават нешто зад себе, со што идните генерации би се восхитувале и биле горди, да се нивни наследници.

Ме поттикна љубовта, патриотските чувства и упорноста на др. Душко Алексовки од Куманово во докажување на потребата од заштита на карпетастата уметност во Македонија,  како дел од нашата национална историја.

Впрочем, на 22 февруари 2017 година на Фејсбук се појави провокаторски текст од  наш иселеник што живеел во Виена. Неговите погледи кон нашата национална историја се на истата линија како и погледите на нашите соседи, но за жал, како и на поранешниот премиер на Република Македонија Љупчо Георгиевки,  што ме испровоцира да му одговорам. Неочекувано, нашиот иселеник повеќе не се ни појави со додатен коментар, меѓутоа, ми се јави нашиот истакнат археолог и вљубеник во нашето минато, Др. Душко Алексовски, кој со нашиот иселеник од Виена, случајно го делат истото презиме Алексовски. Грешката беше очигледна, но затоа замене корисна. Научив многу работи и поединости за карпетастата уметност, но и за нејзиниот вљубеник, чувар и афирматор во светот.

Неговото љубезно пишување ме охрабри да му се оддолжам, но и нашата јавност да ја запознам со  недоразбирањата и потешкотиите кои ги имал во  работата, од некои одговорни поединци и институции, во Македонија.

Па, ево да видиме што ни пишува  др. Алексовски.

 

Високо почитуван господине Сотир!

Јас не сум на ничија линија. Моите ставови ги градам врз основа на мои лични искуства и страдања.

Карпетастата уметност ја истражувам од 1990 година. За прв пат за карпетаста уметност слушнав во Швајцарија, каде специјализирав метод на археолошки ископувања и каде се стекнав со атест на археолог. Значи, јас го продолжив делото на еден од најпознатите светски археолози, Етјен Пат, кој во 1916 година, како војник на француска армија, прв пат истражува и открива карпетаста уметност во Македонија и Балканот. И ево после повеќе од 74 години, карпетастата уметност повторно постана предмет на научно изтражување.

Кои се тие фалсификати за кои зборувам? Има локалитети кои вештачки се создадени, чисти фалсификати, а за кои се бараше да бидат запишани на листата на УНЕСКО. Mеѓутоа, УНЕСКО експресно ги одби. Се издаде една мала книга за истиот локалитет, а на насловната корица беше ставена сликата на Стоун Хенџ!!!

 

СТОУНХЕНЏ (STONEHENGE) Аменсбери, Англија, 3000-1000 пр.н.е.

Има ли поголем фалсификат од тоа? Никој во Македонија не сакаше да ги откупи писмата на нашите војници од Првата светска војна, каде имаше документ, во оригинал, дека Македонците имале своја армиска единица со сопствен воен штаб, а собирно место бил градот Штип. Нив ги откупи лице, направи тим од научни деици доктори и магистри по науки и после две години се подготви одличен документарец и одлична студија од 600 страници под име "Отпретани сведоштва". Се' одеше преку мене, од откривање до пренос во Македонија. Се прави обид да се направи фалсификат за вистината на писмото. Плочите со тие писма се' уште не им се прикажани на јавноста, а изградивме Музеј

Од светот се крие вистината дека Македонија е најбогата со праисториска уметност. Ние располагаме со огромна документација на слики и цртежи од кои се гледа дека Македонија има поголема палеолитска уметност отколку што има цела Европа!!! Ако ме посетите во мојот дом во Куманово, се' ќе Ви биде презентирано.

И ако документацијата за праисториската уметност во Македонија тежи 30 тома со 15,000 слики и други попратни докази, очигледно за надлежните органи како да немаат никаква важност. Над десет години никој не не финасира. Тоа е по се' намерна оспструкција и пукање во срцето на нашиот народ кој очекува нашата историска вистина да ја сознае цел свет. По се' изгледа дека ние сме една од малкуте земји во светот која недоволно се грижи за своето културно богатство и неговата презентација пред светската јавност. Целата вистина за македонската империјална културна сила е кај нас. без можност да продре во светот.

Дискриминацијата и понижувањата на голем број наши интелектуалци, од цел свет признати само не од своите во својата држава, ги тера да ја напуштаат земјата и бараат разбирање во странските земји.

Да речам, за пример, нешто и за мене: Оснивач сум на Светската академија за карпетаста уметност и нејзин прв претседател; член сум на светскиот Конзорциум за праисторија кој број 8 врвни светски експерти; од светот добив толку признанија, колку што не добил ниту еден друг културен или научен деец.

Како претседател на Академијата ме следуваше дипломатска патна исправа. И ако неа лесно ја добиваа многу други, но не и јас. И ако бев универзитетски професор, експерт за карпетаста уметност, организатор на Светски конгрес за карпетаста уметност во Македонија ( 14 / 21 juli, 2002 ).... ова е капка во море за мојте активности.

Денес, и ако сум во пензија, моето работно време почнува во 5: 30 ч. а завршува околу полноќ. Важно е да напоменам, дека и ако добив ветувања од високи странски функционери оти ќе обезбедат финасиски средства за изградба на велелепни музеј на карпетастата уметност, до колку за тоа добијам дозвола и простор од властите во Македонија. Меѓутоа, власта не искажа државничка грижа за такво нешто и ако би тоа бил проект од светски но и туристчки значај. Сето ова зборува за намерно планирани блокади  врз македонските интелектуални капацитети и вредности, што негативно и деструктивно влијае врз угледот на Македонија и нејзината наука.

Сметам дека е потребна општо народна иницијатива, преку разни предавања и презентации која би влијаела врз институциите да се покренат и почнат да им служат на граѓаните, а не обратно. Нашата национална историја и културното наследство ни ги  присвојуваат соседите, а ние не покажуваме потреба да ги презентираме вистинските факти пред светот.

Проблемот со името е лесно решливо, до колку се знае како и ако се користат сите аргументи, материјалини и иматеријални докази со кои нашата наука денес располага.

 

 

 

 

  • Македонија

  • Македонија

Во таа смисла имав сјајно предавање во просториите на македонското МВР во Скопје. Присутните беа  едногласни: Сјајно, но дали Владата ќе ги прифати Вашите сугестии, професоре Алексовски, не знаеме. За жал, никој од владата не се заинтересира ниту за мене, ниту за моето предавање и ако сите беа информирани од МВР.

Еве и ова писмо Ви го пишувам, неколку минути пред полноќ со желба да ја сознаете вистината за проблемите околу афирмацијата на карпетастата уметност на македонската почва, која намерно или не намерно и' се оспорава местото во културата во нашата земја.

Ви стојам и понатаму на располагање за секое Ваше прашање.

 

Со почит, Душко

***************************

 

Ангелина Маркус

 

******************

БЕШЕ СИ БИЛЕ...

...ПРИКАЗНИ ЗА КИРИЛИЧНОТО ПИСМО

***************************** 

Како јата птици зборовите летаат и ги разнесуваат мислите и пораките на луѓето. Тоа што е напишано останува како цртеж на карпа, симбол, знак, неизбришлива трага на постоење, стигнува до нас како најстаро писмо од Македонија. Ги разбираме писанијата на нашите претци оставени по пештерите, печатите, пергаментите, монетите и книгите со Евангелија од нашата библиска земја. Врвулици од народи и војни со уништувачка сила не ги допреле древниот ум, зборовите, јазикот во комуникација на сите што живееле во македонската империја. Потоа се појавувале нови јазици, како латинскиот и православно-црковниот јазик со истите македонски букви.

Од сите македонски градови и престолнини, славата на Солун си стој меѓу тврдините уште од времето на создавање кога Касандар се оженил со ќерката на Филип II, Тесалка, и во нејзина чест го нарекол градот Тесалоника. Тој град со милениуми е центарот на македонската писменост. Епископскиот град и центар на Православното христијанство од времето на Константин и Јустинијан до Самуил, го чувал чистиот македонски јазик, на кој се препишувала Библијата во сите периоди на покрстување и ширење на  писмото низ Европа.

Ни малку не е случајно што од Солун се повикани браќата Кирил и Методиј и им е доверена  мисијата на описменување на сите народи северно од Македонија. Мисијата ја продолжиле браќата Климент и Наум со илјадници ученици по Моравско, Влашко, Украинско и цела Русија каде што и денеска кирилското македонско писмо е во употреба. Старомакедонскиот црковен јазик се пее во Кириловите манастири по цела Русија, пред сите фрески на Светите просветители од Македонија. Многумина и коските ги оставија таму, заедно со покрстувањето, кирилицата и македонскиот дух за градење на црквите во Киев, Москва се' до Сибир и Владивосток. Рускиот народ не ги заборава своите браќа по род, јазик, библија и православен канон. Во секоја црква и манастир стојат Кирил, Наум, Климент, па фрески на боговите и руските цареви со писмо во раце, нашето македонско писмо на Кирилица.

 

СВЕТИТЕ БРАЌА МЕТОДИЈ И КИРИЛ - СОЛУНСКИ

Св.Св. Климент и Наум Охридски

Охридската архиепископија го имала единственото право на крунисување кралеви. Сите доаѓале во Македонија како во света библиска земја да примат благослов и да формираат свои нации и јазик.

Кирилското писмо во Православниот свет е основа за писменоста позајмена од Македонија. Во македонскиот јазик има некоја архаичност. Тоа е црковниот јазик. Тоа се македонските корени на писмо на фреските. Тоа е Македонија во чии крошни и колевки се извеле букви со Кирилично писмо кое се користи кај сите народи во Православието.

 

Професор Ангелина Маркус

**************************

  • Д-р Олга Дамеска

    БУКЕТ РУЖИ

    Прими го мила букетов ружи со црвени бои
    За тебе мила се и бакнежите мои
    За тебе мила во градиве срцево бие
    Жедни за љубов од усни твои љубов да пие.

    Секој ден ти го посветив тебе
    Да бидеш среќна, дадов се' од себе
    Ти ми го разубави овој свет
    Ти си мојот прекрасен цвет

  • ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ - ДЕНОТ НА ЖЕНИТЕ

    Руживе во рака ти ги давам
    И клетва пред бога ставам
    Ти само моја а јас само твој да бидам
    Среќен јас, а среќна и тебе да те видам.

    Букетов ружи, мила, за тебе е дар
    Знак е на мојот љубовен жар
    Во нашите срца вечна љубов гори
    Букетов ружи за тоа нека збори.

    ***Песнава им ја посветувам на сите девојки и жени и на сите оние кои го заборавија 8-ми Март.

Kind regards : 10 март, 2017

Sotir Grozdanovski broj 56