АКО БАБА ЛАЖИ ТРАПОТ НЕ ЛАЖИ

Вилиам Еварт Гледстон 1809-1898

***************************************

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

V.E Gledston

*********

Многу пати сме пишувале и зборувале за афтохтоноста на македонскиот народ на овие простори од Европа, заедно со неговата државност од прастари времиња, до денес. И историските документи, кои секој ден излегуваат од темните и прашнави архиви на светските библиотеки,  ја потврдуваат вистинската вистина, која се' уште не ја прифаќаат како таква, дури и тие, од чии визби излегува со целата своја доказна моќ.

Без премногу објаснувања и недоразбирања, ако никој друг барем, Библијата нема светот да го лаже. Таа ние сведок со нашето име кое во неа постој и не се менува до ден денешен, ма колку некој сакал да го негира и оспорува. Македонија е втисната на Библиските страници за секогаш и од секогаш.

Може ли некој друг народ од соседството ни, кој впрочем безсрамно и денес претендира на македонската етничка територија, да го докаже со нешто своето автохтоно постоење на овие простори и во овие нивни државни граници да го потврди истото што може македонскиот народ? Тешко! Зошто? Затоа што немаат толку долга историска подлога како што Македонците ја имаат. И покрај тоа, ние не претендираме на нивната територија, а најмалку на нивната историја и културни наследства. Но што е и најважно од се', сите етнички малцинства кои се во составот на македонската држава имаат третман како во ни една друга земја во светот. Дури вклучувајќи ги и нивните матични држави. Па сепак, нивниот однос спрема државата која им овозможила мирен и пристоен соживот се однесуваат не адекватно и не цивилизирано. Јас не би ги набројувал по име соседите кои не опкружуваат и од каде им потекнува нивниот корен, а со тоа и нивната автохтоност на овај дел од Европа, зошто и од насловната географска карта за еден од нив е доста очигледна.

Зарем не беше доволен слоганот на Англискиот  премиер Вилиам  Е. Гледстон (Либерал) со кој посакуваше мир на Балканот пoмеѓу Македонците (Славјаните), Грците, Бугарите и Србите а кој гласеше: "Освен турските власти, ништо друго не можи да биде полошо и за жалење, од љубомората и зависта помеѓу Грците и Славјаните но и плановите на веќе постоејќите држави за присвојување на туѓи територии. Зошто да не биде Македонија на Македонците како и Бугарија на Бугарите, Грција на Грците и Србија на Србите? Ако се тие мали и слаби, нека се здружат заедно за одбрана, како не би биле покорени од другите, биле тие мали или големи, што би се за сигурно десило заради неслогата и закараноста меѓу нив." (Wiliam E. Gladstone, New York Times, February 6th,1897)

Верувам дека еден ден, ќе дојдат генерации кои ќе се срамат за сето ова што денес се случува помеѓу овие соседни држави и народи, а особено помеѓу Грција, Бугарија  Србија, Албанија и Македонија.

Ќе се срамат што сегашните генерации лесно и наивно подпаѓале под влијание на странски сили кои во едната рака држеле морков, а во другата камшик за остварување на нивните тесни интереси на штета на сите горе набројани, за така разединети, полесно  да ги манипулираат и туркаат еден против друг.

Верувам дека текстовите кои ви ги донесуваме во ова издание на "Македонски Збор" ќе бидат доволни да го разберете и мојов воведен текст. На што Ви благодарам, во секој случај.

Ваш Сотир Гроздановски

**********************************

*********************************

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА СЕ ИЗБОРИ ЗА СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА

**************************

 

Политичката криза која ја тресе Македонија повеќе од две години, нема да заврши со формирање на стабилна влада, без разлика дали таа била формирана од СДСМ или ВМРО ДПМНЕ. Всушност, во овој случај вистински мандатор неможе да биде СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ туку ДУИ, кој заедно со другите албански партии  и со помош на албанската платформа, ги уценува партиите од македонскиот блок. Дури и да дојде до договор со било која македонска партија, таквата влада составена од 61 или 62 пратеника не дава стабилно мнозинство за исполнување на барањата на албанските партии.

По појавата на албанската платформа, формирањето на влада меѓу албанскиот блок предводен од ДУИ и СДСМ, или пак ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не дава надеж за брз излез од кризата. Ако таа остане во ваква форма, тогаш ниту новите избори ќе можат да ја решат кризата, но тие ќе дадат појасна слика во која насока ќе се движи македонскоото општество.

Шеќеринска и Заев шарени револуционери.

Мора да се напомене, дека албанската платформа беше предизвикана од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој за да ги добие албанските гласови, вети воведување двојазичност на целата територија. На предвремените парламентарни избори СДСМ доби голем број албански гласови, што ги примора албанските партии да излезат со многу поекстремни барања, кои ја доведуваат во прашање унитарноста на замјата.

И ако денес се слушаат одредени ретерирања кај албанските партии дека нивните барања ќе се движат во рамките на Уставот и Рамковниот договор, револтот е голем, зошто народот не гласаше за платформи, туку за програми. Сметајќи ја албанската платформа за уцена, македонскиот народ, без разлика на својата политичка ориентација,  не само што е гневен, туку и решен да стави крај на бесконачните барања на "вечито  онеправданиот Албанец", во Македонија.

За  чувствата на македонскиот народ говори реториката која се јави на разните телевизиски дебати и на социјалните мрежи. Едноставно, македонскиот народ ја чувствува албанската платформа за антидржавна, која удира врз суверенитетот на македонската држава и нација.

 

Говорот на омраза кој се појави, покажува дека СДСМ и албанската платформа, која доаѓа од Тирана и Приштина, ја подотвори пандорината кутија. Свесни за ризикот дека сето ова може да ескалира, албанските партии делумно ретерираат говорејќи дека нивните барања ќе бидат во рамките на Уставот, но бараат македонско - албанска дебата и договор со партиите од македонскиот блок за употребата на албанскиот јазик, како втор официјален јазик.

Меѓутоа, иако ги уживаат сите права и многу повеќе од тоа што ги уживаат етничките малцинства во другите европски  земји, албанските партии во земјата како да забораваат дека Македонија е држава на Македонците и останатите етнички малцинства, меѓу кои се и тие. И ако со години не дозволуваат да има попис, тоа не значи дека не може да се види дека се помалку и од 20%. Со овој факт треба да се помират, зошто секое поинакво презентирање ги зголемува меѓуетничките тензии кои можат секој момент да ескалираат.

Впрочем, албанската платформа иницира создавање на македонска платформа, нешто што досега единствено Македонците го немаа на Балканот. Таа ќе биде рамка на црвените линии на македонскиот народ чиј праг никој не смее да го премине. Но прво, македонскиот народ треба да се обедини околу главните точки, зашто не би требало да има проблем. Мнозинството е спремно и речиси нема Македонец кој е спремен да го смени името, идентитетот или пак да дозволи двојазичност и федерализација на земјата. Затоа има безброј показатели.

Ако досега се плашевме Македонецот гласно да проговори, време е сега да го дигне својот глас на жртва, врз која се врши со децении агресија и геноцид. Сега е време, светот  да  го слушне гласот на народот. Сега е време кога не смее да се игнорира изборот на народот и време кога не смее ниту еден политичар да ги слуша претставниците на меѓународната заедница. Сега е време кога Македонецот мора по секоја цена да се избори за своите национални  интереси.

Македонецот мора да му ја претстави вистината на светот. Меѓународната јавност мора да дознае за негаторскиот однос на Грција, Бугарија, Србија но и на Албанија, кон македонскиот народ. Светот мора да дознае за Соросовите невладини организации, како и делувањето на поедини претставници на меѓународната заедница кои се замешани во внатрешните работи во земјата, при тоа игнорирајќи ја волјата на македонскиот народ. Светот мора да дознае кој ни ги испраќаше криминално - терористичките  групи и каде заврши снимениот материјал. Тогаш и боговите пред вистината ќе замолчат.

Денес Македонија е заложник на албанскиот политички блок. Од една етничка заедница помалку од 20% зависи иднината на државата, иднината на македонскиот народ и останатите етнички заедници во Македонија. Тоа не смее  повеќе да се толерира. Не може Македонија да ја претставува некој кој во својот кабинет го држи албанското знаме и држи говори пред меѓународната заедница на албански јазик. Каков впечаток ќе има било кој странски амбасадор кога покрај говорот ќе го прочита името на владината институција на албански јазик. Ако се знае дека во Македонија официјален јазик е македонскиот и кириличното писмо, тогаш сигурно ќе се прашува, дали не ја погрешил земјата во која дошол?

Неодамна ДУИ го погази зборот и волјата на народот кога не формира влада со ВМРО ДПМНЕ. Утре тоа ќе го направи и со СДСМ, поставувајќи му се' понови и понови барања, некои небулозни, како што е барање за извинување на Македонецот за извршен "геноцид" врз албанскиот народ. Ако некој треба да се извини, тоа е албанскиот народ за сите злосторства извршени врз Македонците почнувајќи од Али Паша Јанински, па во Втората светска војна и во 2001 година, но и во Кумановската проба да ја дестабилизираат Македонија со вооружен и кукавички напад врз вооружените сили на Република Македонија.

Претставниците на македонските политички партии од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, мора да бидат свесни дека толерирање на албанските барања не може да оди во недоглед. Бидејќи или тие ќе превземат мерки или народот ќе ги преземе институциите.

 

Преземено од "Македонска Нација" а уредил за "Македонски Збор", Сотир Гроздановски. 

**************************************************

 

Академик Ѓорѓи Поп-Атанасов

***************************

ЗА НИСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ КАЈ ДЕЛ ОД ЕТНИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Академик Ѓорѓи Поп - Атанасов

 

Академикот Ѓорѓи Поп - Атанасов, постоен член на Македонската академија на нуките и уметностите во интервју за Прес 24 вели, дека Македонија се наоѓа во ситуација во која е загрозен нејзиниот опстанок и македонскиот национален идентитет.  Загрижува, вели тој ситуацијата кај дел од етничките Македонци, кај кои националната свест е на катастрофално ниско ниво.

- Отежнуачка околност е и тоа што голем дел од етничките Македонци, заслепени од своите лични и партиски интереси, од омразата кон делот од македонскиот народ што припаѓа кон друга политичка опција или друга политичка партија, не е во состојба да ги види опасностите, кои што можат да го загрозат опстанокот на македонската држава и македонскиот национален идентитет, вели Академикот Поп - Атанасов во интервјуто за Прес 24.

За него, од исклучително е итно обединување на македонскиот народ.

- Во овие тешки времиња за Република Македонија не е доволно само еден дел од македонскиот народ да застане во одбрана на својата земја; потребно е сите како еден да застанеме на нејзина страна. Ако не го сториме тоа сега и веднаш, ризикуваме наместо иднина, на својата земја да и' обезбедиме сигурна небиднина. Во името на нашите претци и во името на шите идни поколенија наша должност е да не дозволиме тоа да се случи, вели Академикот за Прес 24.

Платформата со која албанските партии го условуваат формирањето на идната Влада, според него е платформа на Тирана и "самото прифаќање да се разговара за неа во раководните органи на македонските политички партии (мислам на сите политички партии регистрирани во Република Македонија) е чин на велепредавство."

- Во Уставот на Република Македонија експлицитно е наведено дека "на целата територија на Република македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо" и дека во некои единици на локалната самоуправа може да се употребува и втор службен јазик под услов и начин утврдени со закон. Ваквото решение обезбедува соодветна заштита на македонскиот јазик и истовремено ги задоволува и потребите на другите етнички заедници. Секое друго решение што ќе овозможи промена на статусот на македонскиот јазик и промена на државните симболи ќе биде кобно за опстанокот на македонската држава и македонскиот национален идентитет, вели Академикот Поп - Атанасов во интервјуто.

Тој смета, дека за да се обезбеди опстанокот и иднината на Македонија треба да се дефинираат црвените линии:

1. Не смее да се прифати менување на името на Република Македонија, бидејќи во името на секоја држава е кодиран идентитетот на народот што живее во неа. Со менувањето на името на државата, се менува и идентитетот на народот.

2. Не смее да се менува унитарниот карактер на државата, бидејќи тој е гарант за зачувување на целовитоста на Република Македонија како држава.

3. Не смее да се наруши статусот на македонскиот јазик како единствен официјален државен јазик во Република Македонија. Неговата употреба треба да биде задолжителна во државните институции и во јавните настапи на државните функционери, независно од нивната етничка припадност, вели Академикот Атанасов.

ПРЕС 24: Македонија веќе извесен период, можеби повеќе од две години се наоѓа во перманентна политичка криза. Таа почна по изборите во 2014 година, со непризнавањето на резултатите од СДСМ, продолжи со процесот на бомби од страна на опозицијата, а сега е една нова фаза во која постизборно, наместо решение има нова криза со тоа што нема се' уште избрана нова  влада. Како ја оценувате актуелната политичка ситуација?

ПОП - АТАНАСОВ : Актуелната политичка ситуација во земјава е исклучително неповолна за Македонија. Отежнувачка околност е и тоа што голем дел од етничките Македонци, заслепени од своите лични и партиски интереси, од омразата кон делот од македонскиот народ што припаѓа кон друга политичка партија или друга политичка опција, не е во состојба да ги види опасностите кои што можат да го загрозат опстанокот на македонската држава и македонскиот национален идентитет. Ваквата политичка ситуација е исклучително неповолна за Република Македонија (наашата единствена држава), но истовремено е исклучително поволна за непријателите на Македонија, за оние кои што поскуваат да не нема како народ и држава.

ПРЕС 24: Формирањето на новата влада е условено, пред се', од платформата што албанските партии ја поставија, а која во основата има редефинирање на државата. Од воведување на двојазичност на целата територија, па се до промена на националните симболи, химна, знаме, грб...Дали овие позиции на албанските партии се едн вид уценувачки точки?

ПОП - АТАНАСОВ :  Како прво, во Македонија нема и неможе да има албански партии. Албански партии има само во Албанија. Таму има албански села, албански пратеници т.н.т. Во Македонија има македонски партии на етнички Албанци (ако со закон е дозволено формирање на политички партии на етничка основа), македонски села населени со етнички Албанци и сл. Зарем може во македонскиот парламент да има албански пратеници?! Па тоа е апсурд. Албански пратеници има единствено во албанскиот парламент во Тирана. Сите пратеници во македонскиот парламент се македонски пратеници, независно од нивната етничка припадност.

Што се однесува до платформата на таканаречените албански партии, мислам дека не станува збор за платформа на партиите на македонските Албанци, туку за политичка платформа на владата во Тирана, поради што и самото прифаќање да се разговара за неа во раководните органи на македонските политички партии ( мислам на сите политички партии регистрирани во Република Македонија) е чин на велепредавство. Таа треба категорично и безусловно да се отфрли како чин на странска агресија врз уставното ѕредување на Република Македонија и за неа не смее да се разговара.

Во никој случај и под никакви услови не смее да се разговара, исто така, за промена на статусот на македонскиот јазик во единствената матична земја на Македонците - Република македонија. Во Уставот на Република Македонија експлицитно е наведено дека "на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо" и дека во некои единици на локалната самоуправа може да се употребува и втор службен јазик под услови и начин утврдени со закон. Ваквото решение обезбедува соодветна заштита на македонскиот јазик и истовремено ги задоволува и потребите на другите етнички заедници. Секое друго решение што ќе овозможи промена на статусот на македонскиот јазик и промена на државните симболи ќе биде кобно за опстанокот на македонската држава и македонскиот национален идентитет.

PRES 24 : Според актуелниот распоред на силите во Парламентот двете партии од македонскиот политички блок имаат 100 пратенички места. Во ситуација кога партиите од албанскиот блок испорачуваат платформа, која пред се е поврзана со нивни национални црвени линии, што тогаш ги спречува македонските партии да воспостават соработка врз база на националните интереси на државата?

ПОП - АТАНАСОВ: Двете најголеми македонски политички партии се наоѓаат во состојба на тешка политичка конфронтација, која што трае предолго и која што негативно влијае врз стабилноста на Македонија и нејзиниот меѓународен углед. Секојдневните меѓусебни обвиннувања ја продлабочуваат кризата и се создаваат услови во кои нејзиното разрешување ќе биде крајно неповолно за Република Македонија. Зарем има некој во оваа земја на кој се' уште не му е јасно дека во случајот со албанското малцинство не станува збор за барање граѓански права? Македонските Албанци уживаат такви граѓански и национални права какви што нема ниедно малцинство во Европа. Ако сакаат, да им ги понудиме,  тогаш,  правата што ги ужива македонското малцинство во соседните земји? Целта е сосема друга и планот за нејзино остварување е  скроен надвор од Македонија. И мора да ни биде јасно, дека ќе се бараат "права" се' додека не се стигне до посакуваната цел.

Во овие тешки времиња за Република Македонија, не е доволно само еден дел од македонскиот народ да застане во одбрана на својата земја; потребно е сите како еден да застанеме на нејзина страна. Ако не го сториме тоа сега и веднаш, ризикуваме наместо иднина, на својата земја да и' обезбедиме сигурна небиднина. Во името на нашите претци и во името на нашите идни поколенија, наша должност е да не дозволиме тоа да се случи.

ПРЕС 24: Кои според Вас треба да бидат црвените линии на македонските национални интереси?

ПОП - АТАНАСОВ: Нашите црвени линии треба да бидат гарант за зачувување на македонскиот национален идентитет и на Република Македонија како држава, пред се', на македонскиот народ. Затоа што Република Македонија е единствена наша матична земја. Ние друга Татковина немаме.

За да и' обезбедиме опстанок и иднина на нашата земја, по мое мислење, нашите црвени линии треба да бидат:

1. Не смее да се прифати менување на името на Република Македонија, бидејќи во името на секоја држава е кодиран идентитетот на народот кој живее во неа. Со менувањето на името на државата, се менува и идентитетот на народот.

2. Не смее да се менува унитарниот карактер на државата, бидејќи тој е гарант за зачувување на целовитоста на Република Македонија како држава.

3. Не смее да се наруши статусот на македонскиот јазик како единствен официјален државен јазик во Република Македонија. Неговата употреба да биде задолжителна во државните институции и во јавните настапи на државните функционери, независно од нивната етничка припадност.

ПРЕС 24: Изминатиов период, Академијата честопати беше критикувана за пасивност во вакви политички ситуации. Зошто молчи врвот на македонската интелектуална средина?

ПОП - АТАНАСОВ: Во принцип, академиите на науки не треба да се занимаваат со политика туку со научно - истражувачка дејност. Во нашата јавност постој мислење дека МАНУ располага со некое волшебно стапче со кое што може лесно да ги решава политичките проблеми во државата, што сосем не е така. Меѓутоа, во ситуација како сегашнава, кога сме нападнати од сите страни - и однадвор и одвнатре и кога е загрозен опстанокот на македонската држава и на македонскиот национале идентитет, кога. се подготвува елиминација на македонскиот јазик, кој што е основен белег на нашиот идентитет и самобитност, институции како МАНУ, Институтот за македонски јазик, Филолошкиот факултет и др. не смеат да се однесуваат индиферентно. Тие треба решително да застанат во одбрана на виталните национални интереси и да настојуваат со својот авторитет да влијаат врз јавното мислење со цел да се оневозможи создавање клима за политички решенија со далекосежни негативни последици за Република Македонија и за македонскиот народ.

ПРЕС 24: Има ли страв кај македонските интелектуалци да зборуваат за прашања кои се важни за демократските процеси во државата?

ПОП - АТАНАСОВ : Мислам дека меѓу македонските интелектуалци не постој страв да се зборува на вакви теми. Сведоци сме дека секојдневно во печатените и во електронските медиуми се дебатира околу политичката ситуација во замјава, се искажуваат спротивставени мислења и сл. Проблемот е во тоа што во нашето општество постои несфатлив опортунизам, при што личните интереси се поставуваат над националните и државните интереси и потреби.

Ако кон ова го додадеме и тоа што кај еден дел од етничките Македонци во Република Македонија националната свест е на катастролно ниско ниво, може да ни стане јасно зошто државата ни е  во таква состојба, во каква што е.

ПРЕС 24: Ако ги погледнеме ставовите на академиите на соседните држави, тогаш можат да се видат поприлично тврди позиции. Кога во Македонија некој од МАНУ ќе зборува на такви теми, тогаш редовно е предмет на критики. Зошто?

ПОП - АТАНАСОВ :  Јас уште на почетокот реков, дека МАНУ е научна институција и нејзината дејност е главно насочена кон истражувањата во областа на науката. Неспорно е дека некои од одделенијата на МАНУ даваат свој придонес во политичкиот, економскиот и општествениот развој на нашата земја преку научните проекти што се реализираат во рамките на институцијата и надвор од неа. Што се однесува до евентуалните настапи во јавноста на одделни членови на Академијата, мене лично не ми е познато некој поради својот настап или искажан став да бил критикуван од страна на раководен орган во институцијата. Инаку, од страна на одделни членови може да се искажат и спротивставени мислења што е нормално.

ПРЕС 24: Изминативе десетина години владата на ВМРО ДПМНЕ спроведе неколку проекти кои се поврзани со историјата, културното наследство. Еден од тие проекти беше поставувањето на спомен обележја од разни периоди од историјата на Македонија. Опозицијата тоа го дефинираше како антиквизација. Како вие гледате на тие процеси?

ПОП-АТАНАСОВ: Изминативе години Министерството за култура и воопшто Владата на Република Македонија навистина покажа големо разбирање за заштитата на нашето културно наследство. Направени се опсежни археолошки истражувања, заштитени се многу наши културно-историски споменици и сл. За поздравување е и тоа што се поставени броини спомен-обележја поврзани со нашето минато. Мислам дека терминот "антиквизација" е голема бесмислица, бидејќи се' што се случило во минатото на територијата на нашата земја е дел од нашата историја.

Треба ли да се откажеме од нашата историја и од нашето име, бидејќи денешните Грци мислат дека им припаѓаат ним? Особено ако знаеме дека древните Грци не мислеле така? Само како пример ќе го наведеме големиот атински говорник Демостен, кој во неговите говори против Филип II Македонски, познати под името "Филипики", вели дека Филип не само што не е Елин (Грк), туку е најобичен варварин - Македонец. Мислам дека оние Македонци кои сакаат да се откажеме од нашата историја не се во право и работаат во прилог на тезата дека ние во Македонија сме дошле вчера и утре треба да си одиме.

ПРЕС 24: Вие постојано сте во процеси на проучување на средновековните ракописи. Има ли некои новости, нешто што може да биде интересно за јавноста, а кое дава некој друг поглед на она што е сега дел од историјата?

ПОП - АТАНАСОВ :  Мојата научна преокупација е македонското ракописно книжевно наследство. Ги проучавам нашите стари ракописни книги што настанале во периодот од  X-от па се' до преродбенскиот  XIX-от век. Повеќето од овие наши книжевни споменици се однесени надвор од Македонија и сега се наоѓаат во разни странски библиотеки, архиви и музеи. По моја проценка сега во странство има околу 1500 македонски ракописни книги, од кои што скоро половината се пишувани врз пергамент.

Познато е дека по смртта на св. Методиј во 885 година словенската писменост и словенското богослужение во Велика Моравија се забранети со папски декрет, а учениците и словенските просветители се протерани од оваа западнословенска земја. Делото на словенските просветители во Велика Моравија е целосно уништено. Меѓутоа, со доаѓањето во Македонија и формирањето на Охридската книжевна школа, светите Климент и Наум ја одигруваат улогата на спасители на делото на солунските браќа - на словенската писменост и словенското богослужение, кои што подоцна се шират во другите словенски земји.

Познато е исто така дека во минатото во Македонија е создадено огромно ракописно книжевно наследство. Најстарите и најзначајните зачувани старословенски ракописи пишувани со глаголица и кирилица, се со македонско потекло. За жал, ние сме единствената земја на Балканот, која нема оддел за ракописни книги (Археографско одделение) при својата Национална библиотека. Крајно време е во оваа наша библиотечна институција да се формира таков оддел, во кој ќе се формираат потребните стручни кадри и ќе се започне со дигитална реституција на целокупното македонско книжевно наследство што се наоѓа во странство. На тој начин ќе се заштити нашето книжевно наследство што се наоѓа надвор од Македонија и ќе се овозможи негово проучување од страна на нашите историчари на јазикот и книжевноста.

Преземено од  ПРЕС24, а уредено за

"Македонски Збор" од  Сотир Гроздановски

*******************************************

 

 

 

 

СВЕКРВА

 

******************

ПРЕПОЗНАТА ШЕМАТА

ПО КОЈА ЦЕНТРИТЕ НА МОЌ

ЈА МЕНУВААТ СУДБИНАТА НА

ДРЖАВИТЕ

*****************************

Свекрва

ЏОРЏ СОРОС е берзански шпекулант, основач на т.н. Отворено општество кој спонзорира пролиберални организации во посткомунистички земји на Источна Европа. Работи во повеќе од 50 земји, меѓу кои и Македонија. Тој го основал своето Отворено општество наводно заради "собирање и дистрибуција на хуманитарна помош." Меѓутоа, во пракса се работи за сосема нешто друго. Преку отворено општество се внесуваат нелегално големи количини на пари со кои се финансираат организации, медиуми и поединци од суверени држави; се помагаат т.н. семејни здруженија, геј движења и кампањи за граѓанска преобразба, ги презира поборниците за национален и верски идентитет, со што се делува против суверенитетот на одделни земји.

Во процесот на глобализација, Џорџ Сорос кој е дел од светската елита која сака да воспостави нов светски поредок, користејќи ги ресурсите на големите сили, преку својата организација со елементи на специјаална војна се обидува да менува влади, кои им застанале на патот. Анализирајќи ги настаните во современиот свет, политиколозите ја препознаа и објавија шемата по која центрите на моќ и Соросовото  отворено општество ја менуваат судбината на цели држави и создаваат нов светски поредок. По одбирањето на целта, нивните инсталации ги спроведуваат следните активности:

1. Една држава која ти стој на патот кон зацртаната цел се прогласува за криминална држава;

2. Се подржуваат локални терористи и за нив се зборува како за "борци за човекови права";

3. Се прави максимална штета  меѓу цивилното население и се бара меѓународна санкција и меѓународни сили за интервенција! ;

4. Се критикуваат изборите и се бара контрола врз нив. Се зборува дека тие избори не се слободни, дека се лажирани и дека тамошната власт е диктаторска;

5. Се шират лаги кои имаат "меѓународна медијска покриеност";

6. По влез во таа држава се воспоставува контрола врз неа. Тоа може да се нарече "мировна мисија", "ослободување" или "хуманитарна интервенција" и

7. Се изнесуваат сите ресурси од државата и се присвојуваат, а тоа се нарекува "странска инвестиција" и "обновување".

Откако ќе завршат овие фази, што значи дека државата е "ослободена" и "демократизирана", според шемата, се повторува како пример толку често, се'  додека и други земји, кои се спротивставуваат на "послушност", не бидат "ослободени". При тоа, според насоките, не треба да се води сметка за животите на луѓето (освен на сопствените), а  за пропагирање на нивната хуманост и "вистината", во известувањето мора обилно да се користат медиумите. Кога работата е завршена, се става крај на таа мисија, и тогаш го ставаш целото светско население пред избор: или молчите или ќе ја доживеете "судбината на терористите".

Ваквиот начин на делување на ценнтрите на моќ, како Соросовот Отворено општество долго време е толерирано во многу земји. Меѓу овие земји се наоѓа и Македонија, која ги има искусено на сопствена кожа речиси сите фази. Меѓутоа, во поново време дојде до промени. Вистината излегува на виделина и народот веќе не молчи. Се' погласно повеќе земји, меѓу кои и Македонија, се спротивставуваат на делувањето на Соросовото т.н. Отворено општество.

Меѓу првите реагираа Русите. Рускиот државен обвинител утврди дека во 2015 година Соросовиот фонд за Отворено општество не е пожелен во Русија, зошто е "закана за националната безбедност и уставниот поредок во Русија". Тие ги осудија како непожелни и сите меѓународни не владини организации. Тие кажаа дека ова е мека агресија" и повеќе нема да толерираат финансирање на граѓанските организации од странски држави.

Против Сорос стана и Унгарија. Орбан ги исфрли сите Соросови невладини организации од земјата, сметајќи дека овие НВО им "служат на глобалните капиталисти и побараа политичка коректност на сметка на националните интереси"...

Новиот американски претседател на САД Доналд Трамп го обвини милијардерот Сорос дека е дел од "глобалната структура на моќ која е одговорна за економски одлуки кои ја пљачкаат работничката класа, го крадат богатството на својата земја и ги ставаат парите во џебовите на некакви големи корпораци и политички субјекти".

По повеќе од две години на политичка криза, која е предизвикана од СДСМ и Соросовите невладини организации во земјата, Македонија со цел да го спречи субверзивното дејство на Џорџ Сорос, најави десороизација. Слично најавува Србија и Хрватска. Инаку, Сорос во Хрватска е присутен од 1993 година, кога при основањето изјавува дека е важно "да ги проучат начините како  да се пробие постоечкиот систем, за да може да се работи од внатре". Всушност тоа значи "тројански коњ", кој по влегувањето внатре се запознава со сите сегменти од едно општество и сите негови слабости, за да може во еден момент, да го порази од внатре.

Сорос преку своите невладини организации и преку СДСМ се обиде да  ја смени судбината и на македонската држава, да ја избрише картата на Европа. Беа употребени сите фази кои политиколозите при своите анализи ги детектираа. Но за среќа, шемата беше препозната од народот кој не дозволи целата работа да метастазира. Му рече стоп на СДСМ, му рече стоп на албанскиот блок, а за Сорос и неговата инволвираност во земјата, по формирањето на Влада, би бил најдобар препорачаниот хрватски рецепт, заклучок, кој за нас би гласел:

1. Да се забрани работата на Џорџ Сорос и неговата организација во Македонија и да се прогласи Џорџ Сорос за персона нон грата во земјата;

2. Треба да се преиспита финасирањето на граѓанското општество во Македонија и да се стават под строга контрола сите форми на финансиска помош кои доаѓаат од странство;

3. Владата на Република Македонија и Паламентот да усвои закон за контрола на финасирање на не владините организации, со забрана за финансирање од странство, доколку служат за субверзивни цели против суверенитетот и интересите на Македонија.

 На крајот, Македонија како држава еднаш мора да покаже деке не е село без кучиња, каде секој  кој сака  може да го стрижи народот. Секој кој работеше против интересите на македонската држава, секој кој се обиде да си игра со судбината на македонскиот народ, со промена на Уставот и воведување на двојазичност, мора да одговара за велепредавство.

Преземено од "Македонска Нација".

Уредил за "Македонски Збор" Сотир Гроздановски.

Ангелина Маркус

 

****************

БЕШЕ СИ БИЛЕ...

 

...МАКЕДОНЦИ ВО ИНДИЈА

**************************

 

Фалангата крстарела по светот пред двеилјади триста триесет и три години. Александар гологлав ги предводел Македонците во сите победи. Зад него застанувале сите умни луѓе од Македонија: научници, филозофи, архитекти, уметници и сите си ја вршеле својата работа, пред отворените порти на многу народи на исток каде што Александар се движел по патот на сонцето, обединувајќи го светот со својата космополитска идеја.

Неколку градови и воиски се испречиле и морале да бидат уништени до темел. Тоа беа Теба и Тир. Со тоа Александар си го чувал грбот во Македонија. Последна битка била во Индија со Пор. Останатото време Александар го посветил на градење градови Александрии, царски патишта и светилишта оставајќи секаде дел од македонската душа. Не само луѓето и народите, туку и боговите му помагале.

Уште како дете сам заминал во шумата да види како расте дренот висок и до шест метри. Од него се правеле копјата за фалангата. Таму открил калем на дрен со дрен без да се примети спој на стеблото.

Се' што оди, лета и плива, го предизвикувало неговото љубопитство со инстикт за опстанок. Со голема интуиција, вродени предчувства и знаења за природата, ја збогатувал свеста со сознанија. Се конзултирал со сите, а решавал сам со непогрешливост во предвидувањата. Знаел како да ги помине пустините и планините, како да победи десетпати помногубројна војска, како да го одржува духот и довербата кај Македонците, знаеше се' и можеше се'.

Кога се менувале условите, се менувала целата тактика или се пренаменувала фалангата. Така било и во битката со Пор во Индија. Никој неможел да свати што подготвува Александар. Пор чекал со распоредена повеќеилјадна војска, со многу слонови и најразновидно оружје. На Александар, како и пред битките кај Гавгамела со Дарие, му се врежала мислата дека силата не е во мнозинството. Изгледало како да се повлекува, откажува, а тој самиот градел удар врз митолошка основа. Од како разбрал за индискиот култ кон кравата како свето животно, Александар нарачал да се соберат илјадници крави од сета пристапна територија. Пор, со многубројната индиска војска, тргнал кон фалангата. Македонците се разделиле и ги пропуштиле светите крави подгонети во стампедо. Индијците и слоновите во паника се напаѓале едни со други, бегајќи пред налетот на обожуваните свети животни. Ниту еден Македонец не загинал. Пор не побегнал срамно како Дарие, туку се предал барајќи од Александар да постапи со него царски.

АЛЕКСАНДАР И ИНДИСКИОТ ЦАР ПОР ВО БИТКАТА КАЈ ХИДАСП.

Александар III Македонски

Умната постапка на Александар во Индија се почитува. Многу Индијци и денеска се прикажуваат како Македонци по женска линиј. Впечатокот што го оставил Александар и Македонците во Индија, не избледува.

 

Професор Ангелина Маркус

*****************************************

Kind regards : 02 март, 2017

Sotir Grozdanovski број 54

ВИДЕО ЗАПИСИ БЕЗ КОМЕНТАР