ВО АЛБАНИЈА МАКЕДОНЦИТЕ ПОСТАНАА БУГАРИ - МАКЕДОНСКИТЕ АЛБАНЦИ ЈА ДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА

Прикажани со црвено места во кои живеат Македонците, но не и во внатрешноста на Албанија

Од сите страни ни пристигаат вести па и од Европскиот парламент, но не баш такви, какви очекувавме од една институција, во чие друштво нашите политичари упорно не туркаат со години, како во последеден вагон, пред исчезнување. Можеби не сосема!

Албанците во Македонија во спрега со внатрешните предавници и доказани криминалци се стремаат кон сериозно растурање на македонската држава од името на "демократијата".

Европскиот парламент, пак, на предлог од Бугарите и Албанците, со општо прифатена Резолуција ги прекрсте Македонците во Албанија во Бугари, со што тргна во отворена хајка против  Македонците и македонската држава.

И сега, слободно можеме да ја запееме одново старата македонска песна: "Каде си сега Ѓорѓи Сугарев, каде си? Каде си сега да дојдиш, од душманите да не куртулиш...." И одново да гинеме за она парче земја, преостанато од  големата дражба на Македонија во Балканските и Првата светска војна

Точно така, зошто  секогаш сме биле атерџии, наивни, не сложни и секогаш подготвени за власт да си ги ископаме очите, не гледајќи дека душманите ни се смеат и не поттикнуваат да си ги исечиме и рацете и нозете, за да не фрлат полесно на буниште.

Овој пат највисоките луѓе во кои најискрено верувавме дека се наши и дека треба да спиеме мирно, за утре посвежи да бидеме на нашите работни места, во игра со ѓаволот   работеа како полесно да не предадат на нивните газди од кои примаат дебели награди, за нивни предавнични услуги. Но за сигурно тоа нема да ги спаси од историјата. Тие и  ако мислат дека не се за ништо криви, сепак ќе бидат за секогаш записани како предавници на својот народ и проколнети од нивните внуци и нивните деца и внуци, за секогаш.

И дури едни се борат за човекови права, другите нија делат државата, за полесно да ја продадат. Како некоја компанија или ливада.

Едни кои долги години стојат, простум и сами, пред светската моќ во одбрана на природните права за самоопределба и соживот на Македонците во големата шума на народите, е ММДЧП или Меѓународното македонско движење за човекови права. Будно следејќи ги настаните во светот и во институциите кои имаат задача да ги бранат правата на послабите народи кои немаат сила самите да се одбранат од посилните, забележа уште една голема неправда од Европскиот парламент против Македонците во Албанија: ги прекрсте против нивната волја во Бугари. Но, ајде да ви го пренесеме, како и во последните наши изданија, нивното реагирање, зошто оригиналот е по веродостоен од секоја копија. Па да почнеме:

 

 

 

ММДЧП  ЈА ОСУДУВА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ СО КОЈА ШТО СЕ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ''БУГАРИ"

******************************

( 17 февруари, 2017 )

 

Дали Европскиот парламент е информиран или е анти-македонски? Овие се двете единствени можни опции. При безсрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето "бугарско" малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. па уште и "препоручува, правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса."

Чувствата би биле прекрасни, но ако ја идентификувале вистинската етничка припадност на тоа население. Но, Европскиот парламент со оваа "безкрајна мудрост" само и' помага на Бугарија во нејзината мисија да го искорени постоењето на македонското малцинство и на се' што е македонско. Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да и' помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки создадениот спор за името и обраќајќи и' се на Македонија (по налог на Грција) со "Поранешна  Југословенска Република".

Дури и ако треба да се одговори на таков арогантен и расистички извештај - со кој што се тврди дека една етничка група, во име на држава која што се обидува да ја уништи - само ја докажува ирелевантноста на таквите европски институции. Да нема дилеми, населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од истите тие институции, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и не толеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент како и меѓународните организации за човекови права. А уште подобро би било до колку европратениците кои гласаа за оваа апсурдна резолуција одат и ги посетат Мала Преспа и Голо Брдо,и да ги видат таму македонските развиорени знамиња и поразговараат со локалното население, кое  веќе ја осуди ова резолуција.

Европската Унија и Евро - парламентот продолжуваат да им помагаат на своите држави-членки Грција и Бугарија во нивната безсрамна анти-македонска надворешна политика.

И сега што имаме - неинформираност или антимакедонска политика? Сечини дека е сепак тоа второто. А ние чекаме  одговор - во прилог на итно повлекување на оваа бизарна резолуција.

**********************

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето за човекови  и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето оснивање во 1986 година. За повеќе информации : 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

***********************************************

 

Ристо Стефов

 

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

**********************************

 

ДЕЛ - 24

Пишува : Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

*************

 

 

Евоне пак со Вас за заедно да ја продолжиме тажната приказна  на нашите сонародници од егејскиот дел на Македонија, кои како грчки заточеници во  татковината им  и ден денес  се борат  за своите основни човекови и етнички права, но и понатака да се запознаваме со нашата историја, која во многу сегменти не смееме да ја повторуваме.

Се борат и нашите сонародници во Бугарија и Албанија, нo за разлика од малцинствата во Република Македонија, да ги истакнеме особено Албанците, кои ги уживаат сите, дури и многу повеќе од што им припаѓаат на малцинствата во било која земја во светот, неможе да се прави интелигентна споредба во никој случај. Дури тие си ги бараат "правата" кои не им припаѓаат, не им паѓа на памет да им помогнат на Македонците во Албанија или Бугарија во нивните барања основни права.   И не само тоа, туку Албанија се' уште неја има признаено Република Македонија со нејзиното уставно име, а пред некое време дури ги прекрсте Македонците во Бугари, заедно со Бугарија. Не е ли тоа недобрососедки однос? Или да речеме со други зборови нецивилизациски? Албанците во Македонија не ги признаваат македонските институцим  дури и  Претседателот на Република Македонија, а бараат да учествуваат на сегде и секаде, без срам и намус. Не треба ли тоа еднаш да престане и од кога ќе се изврши пописот на населението да си го земат местото кое им припаѓа и столицата спрема нивната задница?

Да се биде добар, хуман, демократ  секогаш, но атерџија и наивен никогаш, особено спрема некој кој не и' е лојален на македонската држава, на  македонскиот народ и на сите други малцинства со кои го дели просторот на македонската земја и отворено изразува и извршува непријателски вооружени деиствија.

Да, Албанците, кои толку многу се осилија во македонското општество, дури почнаа да уценуваат со ИЛИ ИЛИ, како Тројански коњи. Таквиот однос во Македонија треба да престане на било кој начин. Па и на начин со кој тие се служат во остварувањето на нивните "човекови права".

Време е македонскиот народ да се тргне од сонот кој ќе ги одведе во вистински амбис, заедно со се' што сме наследиле од нашите претци. Време е да се тргнеме сите заедно и да делиме толку, колку  добиваме. Време е да се тргнеме еднаш за секогаш и да престанеме да следиме недоумни, болни "лидери" а пред се предавници и неранимајковци од сите бои.

На учесниците во срамотењето и обезвреднувањето на македонската држава, уништувањето на општествениот имот од страна на шарените револуционери, не им е местото во македонското општество, како и во македонските културни, образовни и други организации од општонароден интерес.  Треба да им се дозволи слободно да ја напуштат државатa која им ги "ограничува нивните интелектуални вредности" и не им одговара "еколошки".

На сите кои покрај лебот бараат и погача, но во последно време и половината од Македонија, треба да им се рече чисто, отворено и добро соседски јасно, "сиктер",  со речникот на Стефо Влахов Мицев, кој го заслужуваат. Особено на оние кои добија државјанство на подарок од СДСМ, за време на нивното владеење и плачкосување на македонското стопанство, а потоа   повеќе пати кренаа рака на македонскиот народ и неговата држава.

Тоа е сосема доволно за да се престане со атерџилакот,  наивноста и заборавањето на нивните злосторства, од најблиските времиња.

Сотир

 

 

АБЕЦЕДАР - 1925

"АБЕЦЕДАР" КОЈ НИКОГАШ НЕ СТИГНАЛ

ДО СВОИТЕ УЧЕНИЦИ

****************

 

СОГОВОРНИКОТ : -   Зборувавме за АБЕЦЕДАРОТ, успеавте ли да го најдете и да го сочувате за спомен, кога македончињата, веќе, за кои беше печатен немаа среќа да го добијат?

РИСТО : - Ево што се случи во далечната 1925 година;

За време на тие турбулентни и тешки времиња, македонскиот народ во нашиот дел од Македонија, егејскиот, не веруваше многу дека со договорот во Serves Франција од 10-ти август 1920 година, чии потписник беше и Грција,   нивната полжба ќе се подобри. Спрема одредбите во Договорот под Членот 7, 8 и 9, грчката држава презеде обврски дека ќе ги "заштити малцинските права на не- Грците во својата држава". Во споменатите одредби особено беа нагласени : јазикот и образованието. Во почетокот, Грција проба да ги игнорира своите преземени обврски, меѓутоа, во Март 1925 година Лигата на Народите ја потсете на нејзините занемарени обврски и побара да ги исполни. Како резултат на тоа,  до Мај 1925 година Грција подготви и испечати школски  учебник на македонски јазик. Учебникот се викаше АБЕЦЕДАР, а   беше наменет за  децата во македонските училишта, кои се очекуваа да се отворат во Егејска Македонија.

По таа најава, Србија и Бугарија оштро реагираа изразувајќи неслагање. Овие, исто така ново створени балкански држави беа изненадени и збунети со не застапеноста на нивните јазици во АБЕЦЕДАР -от, српскиот и бугарскиот.

Србија и' се закани на Грција со прекинување на меѓусебниот договор за сојузништво и дека ќе започне преговори со Бугарија за поделба на Егејска македонија. Закани пристигнаа и од Бугарите, затоа што Грција ги прекршила меѓусебните договори Македонците да ги признае за "Бугари" а не Македонци.

Како резултат од меѓусебните не слагања на сојузниците, дојде неочекуваниот одговор од претставникот на Грција во Лигата на Народите, дека "јазикот на Македонците во Егејска Македонија ниту е бугарски, а ниту пак српскi, туку сосема посебен јазик". Да ја потврди својата изјава  за посебноста на македонскиот јазик, се послужил со повеќе докази од лингвисти, говорни карти и други документи.

Па така, овој висок претставник на Грција во Лигата на Народите со тоа не само што го потврдил македонскиот идентитет, туку отворено и го заштитил.

И на крајот, Бугарите и Србите заедно со грчката опозиција победија и го попречија АБЕЦЕДАР - от да стигне до рачињата на Македончињата и пред да им се отворат нивните македонски училишта. И сето тоа со наклоност на така наречената "меѓународна заедница".

АБЕЦЕДАР-от беше уништен, но споменот на него остана како потврда, дека сепак Македонците се различни од Грците, Србите и Бугарите.

Во меѓувреме е откриено уште нешто  во архивираните светски весници и списанија, важно да се спомене. Впрочем, во тие весници, кои долго беа архвирани и ретко доступни на јавноста, со  дигитализирањето, нивното прегледување постана многу поедноставно. И така, дури Грците врескаа на цел глас  дека Тито ги креирал Македонците и дека пред тоа не постоеле, западните библиотеки со дигитаризирањето на  своите архивски материјали, специјално весниците од  пред 1900-те на светот им открија до тогаш нешто не откриено.

Тие стари весници потврдија, дека во борбите против Отоманската империја за време на Илинденското востание од 1903 година, се бореа Македонците, а не "Бугарите", како што тврдеа Грците.

Пред главните библиотеки во светот  да го започнат своето длабоко копање и пребарување на своите богати архиви, специјално на весниците, при тоа   дигитаризирајќи ги и правејќи  ги нивните содржини достапни на Интернет, Грците тврдеа дека Македонците не постоеле; дека сите изумреле одамна или побегнале високо во планините, скривајќи се пред наездата на Славјаните. Но кога им покажавме дека постој народ кој самиот себе си се нарекува Македонски и им покажавме примери дека тие  се тука меѓу нас и со нас, тие грубо ги отфрлија таквите тврдења и одговорија дека тие не биле  "прави" Македонци, туку биле "Славјани". Но кога ги запрашавме  како се претворија сега одма во Македонци, одговорија "дека Тито ги створил заедно со  нивната држава,  Народна Република Македонија". Па со каква цел Тито ги створил Македонците, ги прашавме? Повеќето Грци веруваат дека Тито ги креирал Македонците со цел да им ја земе грчка Македонија, онаа која ја "ослободиле" во 19013 година.

 

 

Ослободување од животот.

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД МАКЕДОНЦИТЕ НА ГРЧКИ НАЧИН

**********

 

Грците го убедија целиот свет дека "Македонците не постојат" и дека "модерните Македонци биле креирани од Тито". Дури и ден денес добивам пораки од Грци, кои уште веруваат и ги потврдуваат тие небулозни лаги што им ги всадиле во нивните ментални склопови грчките власти. Но, кога весниците, особено дневните весници од главните издавачки куќи од времињата пред 1800-те и 1900-те години излегоа на виделина, на Интернет, пристапни за сите, се уверивме дека навистина и тогаш, многу пред дури и Тито беше роден, постоеле. Ово беше навистина неверојатно за многу, особено до колку сме  им верувале на Грците, кои "никогаш не лажат" но и на сите Британски најголеми дневни весници, кои пишуваа за Македонците и пред Тито да беше роден.

Соочени со оваа изненадна дилема, еден поголем број од нас заинтересирани за вистинската вистина дали постоел  нашиот род и покрај сите лаги и злонамерни подметнувања во светската јавност, после многу часовно размислување,  благодарејќи му на нашиот пријател  наречен Прави Македонец, го пронајдовме нашиот одговор.

 

Тито и Јованка

ТИТО И НЕГОВАТА

"ВРЕМЕНСКА МАШИНА"

*****************

Единствениот начин со кој би се објаснил проблемот со Титовото  креирање на модерната македонска нација,  како што Грците тврдат, и ако, спрема податоците дека Македонците постоеле и многу пред неговото раѓање, но и потврдено со документите во сите тие весници, би бил : "Тито да ја имал временската  машина како можност да се врати назад во минатото и да го изврши тоа "божје дело".

На ист  начин како што, и во денешно време, главните дневни листови ја известуваат јавноста за настаните кои се случуваат во светот, така и листовите кои излегувале пред векови си ја вршеле својата професионална задача и биле око и уво на народите. Тие известувале за се' што се случувало на Балканот и Македонија, вклучувајќи ги подготовките, почетокот и неуспехот на македонското Илинденско востание од 1903 година и после неа.

И сега, до колку "мораме"  да им веруваме на Грците дека Јосип Броз Тито, претседател на Југославија, заедно со своите "Комунисти'' ги "измислил" Македонците, тогаш исто така треба  да веруваме дека Тито, еден "над природен човек" имаше "временска машина" со која се вратил назад во едно друго време и го креирал тој силен и прилично  броен македонски народ, бидејќи Македонците, по сите документи кои веќе постојат и на Интернет, постоеле  и пред неговото раѓање на 07 мај,1892  во Кумровец, Хрватска.

Скоро секое интернетско писмо кое го добивам од Грци, во последниве десет години, името на Тито е не заобиколно како "креатор" на македонскиот национален идентитет. "Вие не сте Македонци, вие сте Славјани дојдени на Балканот во 6-от век од н.е. изгледа дека е стандардна грчка дефиниција за современите Македонци. Но, ако веќе сме Славјани дојдени во 6-от век, како постанавме Македонци? Е, Грците за се' имаат подготвен одговор: "Па тито ве креира заедно со вашиот идентитет".

Изгледа дека Грците се чувствуваат многу не пријатно кога ќе се најдат во ситуација да немаат подготвен одговор за некое прашање, освен за нашето потекло дека "Тито" бил нашиот створител, нашиот Бог. И тука е точката на секој интелигентен разговор.

"Грчките пропагатори заедно со грчките власти им ги испраа мозговите на своите граѓани како би поверувале, дека Јосип Броз Тито, југословенскиот диктатор, заедно со своите комунисти ги "измислил" Македонците. Бугарите, исто како и Грците  го негираат постоењето на Македонската нација". Вели Правиот Македонец.

Правиот Македонец ја знае Титовата тајна бидејќи тој, заедно со Мартин и Дак го следеле Тито на неговото патување назад во времето и  лично го гледале како ги креира Македонците. Меѓутоа, јас  Ристо Стефов, странец во ова друштво на Тито, Марти, Дак и Правиот Македонец, скриен на задното седиште на Делориан, внимателно ги следев настаните како се одвиваат пред моите очи.

А сега, неби било лошо ако сите заедно  тргниме на пат и со нашите очи да го видиме местото на кое  и кога слета Тито и како ги "креираше" Македонците, назад во времето, пред тој да се роди.

Само уште едно прашање да одгонетниме: " Кoj им бил првотниот идентитет на луѓето кои Тито ги претворил во Македонци"? Мислам дека ќе биде најдобро за одговор на тоа прашање да им се обратиме на Грците!

Најголемата Титова мудрост во целата оваа деликатна мисија, за сигурно, се состоеше во составот на специјалниот тим од научници на кој им ја довери изградбата на  временската машина. Откако беше покрената со брзина од 88 милји на час, неговата машина ја проби временската бариера и нестана назад во иднината. Првото патување Тито го изведе во 1985 година, откако се  обезбеде се  моторот Југо, за својот Делориан.

Од тогаш Тито си патуваше сам каде ќе му текнеше. Само ќе си ја свртеше рачката на својата временска машина и ....... Јас пак,   како што ме знаете, се искрадив и му се сместив во неговиот Делореан, дури тој ја разгледуваше бавчата зад мојата куќа, на 01-ви јануари 2000. Мојата прва возна авантура беше во 1907 година, кога Тито отиде во Пенсилванија да сврши некоја своја тајна работа. (Приказнава беше инспирана од Правиот Македонец кој го споменавме порано).

Откако стигна во Пенсилванија, прво што го посети беше Статистичкиот департмент. Му нареди на статистичарот во компутерот да го внесе следното:

"Железо и челик - вработени ...Македонци...17" ("Годишен извештај на Секретарот за внатрешни работи на Комонвелтот на Пенсилванија", дел III, Индустриска статистика, Вол. XXXV, 1907, страна 73.)

Покрај другите податоци, на страницата бр. 73 можете да ги видите и имињата на работниците, меѓу кои  159 Грци и 3,408 Славјани."

"Кожни производи:  Вработени -  ... Македонци ..43" ("Годишен извештај на Секретарот за внатрешни работи на Комонвелтот Пенсилванија", дел III, Индустриска статистика, Вол.ХХХV, 1907, страна 191.)

На страната 191 исто така се видливи имињата на 20 Грци и 285 Славонци.

"Работни додаток - Течност за бојадисување ... Македонци 3" ("Годишен извештај на Секретарот за внатрешни работи на Комонвелтот на Пенсилванија" дел III, Индустриска статистика, Вол. ХХХV, 1907, страна 247.)

Најголемиот Титов успех сепак беше овој во Пенсилванија, кога  во 1907-та година го наговори статистичкиот службеник да ги евидентира како Македонци 17-те работници кои беа вработени во одделението за железо и челик, 43-те во кожарата и 3-те од  одделението за бојадисување. Тоа навистина беше голем успех за Тито, да креира 63 Македонци, за трен!

После посетата на Пенсилванија, Тито одлучи да скокни назад во 19-от век и да додаде нешто Македонци во еден Англиско-Арабски речник. Шлибна неколку чевчиња ракија, за храброст, а потоа го напи авторот на речникот со малку повеќе ракија и кога тој тресна на земја мртов пијан, Тито му нареди на нашиот Прав Македонец да го модифицира речникот како следи: "Саклабах, Склавините, спрема Арабјаните биле наследници од Секлаб, синот на Џафет. А под ова име, меѓутоа, Махометанците подразбирале дека се Србите, Бугарите, Моесианците, Тракијците, Албанците, Македонците и населението на северниот дел на Грција". ("Еден англиско арабски речник", од Џосеф Катафаго, 1858, стр. 131).

Незадоволен со модифицирањето на некои статистички податоци и една дефиниција во речникот, Тито одлучи да поткупи некои весници, па затоа ја сврти рачката на својот Делориан на 1897 година. Поточно  06-ти февруари 1897.Тогаш тој го наговори Њу Јорк Тајмс да го напише следното:

"До г-динот Гледстон и Балканската Конфедерација. -Друштвото Бајрон, кое е активно ангажирано во ширењето на веста со која се бара од Грција и Бугарија да им помогнат на Македонците во остварувањето на нивните цели, преку своите претставници им испратило писмо од г-динот Гледстон написано на мајчиниот јазик кој се користи во Југоисточна Европа. Со тоа Друштвото сакаше да ги наговори владите на Грција, Србија и Бугарија што побрзо да донесат одлука за решавање на македонското прашање. Содржината на писмото е следната: - 'Кула Хеварден, 19 јануари 1897 година. Драги господине, безпомошноста на турските власти би требало да ме направи среќен очевидец на нивното истерување од земјите кои ги измачуваа, израбуваа и злоставуваа. Освен турските власти, ништо друго неможи да биде полошо и за жалење, од љубомората и зависта помеѓу Грците и Славјаните но и плановите на  веќе постоејќите држави за присвојување туѓи територии. Зошто да не биде Македонија на Македонците како и Бугарија на Бугарите, Грција на Грците и Србија на Србите? И ако се тие мали и слаби, нека се здружат заедно за одбрана, како не би биле покорени од другите, биле тие мали или големи, што би се десило заради неслогата и закараноста меѓу нив. Your very faithful, W.E.Gladstone". ("New York Times", February 6-th, 1897.)

Браво Тито, немие јасно како го постигнавте сето тоа, но сепак Вие го уверивте англискиот претседател на владата да каже "Македонија на Македонците" што ги воодушеви Македонците и пред вашето време!

И уште не дозадоволен со она што е постигнато, Тито го наместе времето на својот Делориан на 11-ти август 1900-та година. Сега тој  убеди читател на Њу Јорк Тајмс да му се обрати на уредникот со следното:

"Христијаните во Турција

До уредникот на Њу Јорк Тајмс:

Прочитав со голем интерес писмо во денешен Тајмс, во врска со протестите на Македонците. Беше речено, дека 'Најлошата христијанска власт е поарна од најдобрата муслиманска', меѓутоа г-динот Бурман, човекот што го напишал писмото, очигледно мисли дека Турците владееле доста добро, на свој начин, или чувствуваат дека Интернационалниот правен систем бара Турција да се сочува во Европа, по секоја цена. Тој зборува за 'акт на одмазда од страната на нивните (Македонските) турските господари'. Како што Турците од секогаш ги нарекувале христијаните како 'кучиња', поимот веројатно бил точен.

К.C. Bataille, Orange N.J., August 11, 1900."

Aх, заборавив да ви кажам. Дури сите беа зафатени со "човекот со речникот" пиејќи ракија, го позајмив Делореан за кусо време и летнав до Лондон. Беше 12 јануари 1814 година и при тоа го замолив свештеникот Хјугс да го напише следното:

"Серај е сместен на отворен простор, близу југо-источниот ќош на Кастрон: тој е голем неуреден куп на згради... Големата хала на оваа голема зграда беше полна со посетители облечени во разнобојни костуми, од  Македонци во црвенкасти шалови до Османли со турбани од Албанци во нивните бели волнени палта до Грчки високи службеник на древна Атина облечен во огртач обложен со бела кожа од Ермин ( ерменска мачка) и огромна  црна капа на главата." ("Патување во Социлија, Грција и Албанија" од свештеникот Тhоs. Smart Hughes, 1820, стр. 472.)

Откако се упатив за Лондон, временската сказалка ја наместив на секунди и со тоа си овозможив подолг останок во разгледување на овој град, а сепак, Тито да не примети дека тоа му го направив. Се надевам дека не ги контролира и "временските милји".

А сега ќе ве напуштам со ова; "Почнувајќи од ерата на Христијанството, како што споменавме порано, постојаното навлегување на странци од северот спрема Грција се намалуваше. Во 6-от век навлегоа Аварите и Славјаните, чинејќи страшни пустоши и насилства.  Снажно и трајно влијание врз земјата, најверојатно, се по чувствува со  постепеното и помирно навлегување на Славјаните во Тесалија и во Епир, при крајот на 7-от век и понатака. Резултат од оваа ситуација се, и денес, славјанските имиња  на местата  на секаде по Пелопонез, каде можеа да се изградат населби. Најважни и најмасовни емиграции  на споменатите простори од грчката територија беа оние на Албанците, кои од 13-от век па до појавата на Турците, постојано ја пополнуваа земјата." ("Расите во Европа, Социолошки студии" од William Z. Ripley, Ph.D. 1910, стр.408).

Па сега речете ми:  кои се сега "правите" Славјани? Така наречените Грци или Македонците?

Ова што го изнесовме за креативноста на Тито е само мал дел од тоа што може да се каже за Титовото креирање на македонскиот народ, спрема грчките тврдења.

Јас имам напишано цела книга на оваа тема со наводи од многу европски, Американски, Канадски и австралиски весници и списанија од 1900-та  и порано кога, претпоставуваме, "Македонците не постоеле". Книгата е насловена  : ''ДОИДЕТЕ И ПРОВОЗЕТЕ СЕ ВО ТИТОВАТА ВРЕМЕНСКА МАШИНА".

Јас навистина неможам да најдам примерени зборови со кои би Ви објаснил како можат Грците, гледајќи ве в очи , толку да лажат и покрај огромниот број на документи кои ги негираат нивните лаги и невистини и пак да очекуваат сите да им веруваат и да бидат сватени зериозно!

По мое мислење, Грците не заслужуваат никаква доверба, не само зошто им имаат нанесено и премногу не правди на Македонците , туку и на самите себе си и нивните интереси. Меѓутоа, зошто би требале да се грижат и срамат? Тие се внатре, во нашите домови, а ние надвор, мрзнејќи  по туѓите улици, молејќи  за правда.

И, кој е тој кој би требало да ни пресуди правда?

Големите сили или Меѓународното право искривувано од истите тие Големи сили? Кога еднаш ќе го научиме сето тоа и  тргнеме по некој друг и посигурен пат до правдата?

СОГОВОРНИКОТ : - Имате ли ги тие споменати весници во кои го пишува тоа што ни го рековте?

РИСТО : - Имам стотина од нив. Тие можат да  се најдат во архивите на повеќе библиотеки: Њу Јорк Тајмс но исто така и во  многу други. 

СОГОВОРНИКОТ: - Сето тоа историско градиво се наоѓа во вашата книга, која ни ја спомнавте?

РИСТО: - Некои од нив ги ставив во мојата книга, колку да индицирам дека тие постоат. Да би ги публиковале сите документи, би ви требале повеќе такви, како мојата, книга. Но во што е поентата. За да им ги истерате сите мушички од главите на  Грците, ви требаат само неколку такви документи, а тие се сите во мојата книга.

СОГОВОРНИКОТ: - Ќе ми откриете како ги пронајдовте?

РИСТО: - Па заправо тие мене ме најдоа. Не можите да верувате какви се' текстови луѓето ми испраќаат и уште повеќе, какви се' одговори очекуваат од мене.....

СОГОВОРНИКОТ : - Интернет? - сум во право? Па така и јас ве најдов!

РИСТО: - Наравно, Интернет! Луѓето бараат и најдуваат што пишувам, разбирливо и затоа, што  има многу   сличности или исто со нивните животни искуства. Но и со сознанијата од разговорите со нивните родители, баби и дедовци или други роднини и соселани. Ете така добивам и дополнителни податоци кои ми ги соопштуваат.

 

Продолжува

*********************

ИСОКРАТ 436-338 пр.н.е.

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

(Институт за национална историја )

 

ДЕЛ 06

АНТИЧКИОТ СВЕТ НА ХЕЛЕНСКИТЕ ПОЛИСИ ПОДЕЛЕН ПОМЕЃУ "ФИЛИПОМИЗИ" и "ФИЛИПОФИЛИ"

 

Прочуениот атински политиколог Исократ, со желба да и' помогне на Атина, но и на хеленската заедница, која е политички и економски растроена, ја заговара идејата за панхеленизам, спрема која хелениските полиси би се обединиле со една цел - да се спасат од внатрешната криза, но и од опасноста од надворешниот непријател. Ова го поттикнува Исократ да размислува за автократска власт, чија волја и моќ ќе се наметне врз несложните хеленски полиси и ќе ги обедини во панбасилеја. За реализација на оваа идеја Исократ го одбира македонскиот владател Филип, кој во тоа време излегува на светската политичка сцена како најголемиот монарх-басилевс, моќен, славољубив и самоуверен, а истовремено владател на држава со која Хелените имале повеќевековни "пријателски" односи. Исократ открива кај Филипа карактеристики на хегемон што е способен да ја понесе "големата" идеја за панбасилеја; стариот оратор ја презема улогата на "советодавец" на македонскиот басилевс зашто страхува од неговата "тиранска" природа и од тоа колку (не) пријателски ќе се однесува спрема Хелените, а од друга страна се плаши со колкава доверба ќе ја прифатат Хелените оваа идеја.

Другата политичка програма, за која се залага Демостен, е одбраната на демократијата и демократските полиси од олигархиското и тиранското уредување. Говорникот смета дека ова е погодна прилика Атина да се покаже како спасителка на сите Хелени од опасноста што им се заканува од олигарсите и барбарите, посочувајќи го Филип, или како што го нарекува "чумата македонска", која уништува се' што е хеленско.

Во Филипиките Демостен со жалење им ја посочува на атињаните големата загуба на Пидна, Потидаја, Метона, Термопилите, Херсон, Олинт и на сите околни места, како и на многу други градови кој во тој миг биле со Филип, а некогаш биле арински колонии. Имено, Демостен смета дека главни виновници за лошата политичка состојба на Атина се самите тие, нивната зачмаеност и небрежност и дека е крајно време да се заинтересираат за државата и да се направи финансиски и стратегиски план  за војување со Филиповата држава. Од друга страна, Демостен смета дека Атина не е во состојба да подготви поголема војска, додека Филип има силна и добро извежбана војска на која атињаните неможат да и' се спропивстават, поради ова Демостен препорачува да се води "герилска" војна со Филип. Војувањето да се сообрази со Филиповата стретегија, да се спречат Филиповите грабежи на "неброени пари", да се спречи одводувањето на нивните граѓани во ропство.... Основно, нагласува Демостен, е Атина да сфати дека тој човек (Филип) им е "душман" на Хелените, дека ги лишува од нивното и дека долго време беснее.

 

 

ДЕМОСТЕН практикува говорништво

 

ЕВБУЛ ЗА МИР СО ФИЛИП II НАМЕСТО ВОЈНА

********************

 

Во средината на IV-от век пр.н.е. во демократска Атина најголема подршка има опортунистичката политичка програма на атинскиот државник Евбул и неговите приврзаници; нагласка на нивната програма е - мировен договор со Филип, кој  ќе и' користи на државата многу повеќе отколку војната. Атина започнува да води двојна политика, од една страна, фиктивен мир со Филип, а од друга страна, мир и соработка со хеленските полиси во борба против Филип. Мировните преговори започнуваат во Атина каде што доаѓаат, од една страна, пратеници на Хелените, а од друга, Филиповите пратеници. Во исто време настапува Исократ, залагајќи се за Филип, па дури составува послание до македонскиот владател (Филип) во кое му се обраќа како на добротвор кој треба да ги обедини Хелените; воедно го слави како храбер војсководец кој може да тргне во војна против персискиот цар.

Поради опасноста дека Филип ќе навлезе преку Термопилите во средна Хелада, и тоа како сојузник на Теба, атињаните брзаат да го склучат мировниот договор. По предлог на Филократ, атињаните одредуваат десет пратеници кои ќе отпатуваат во Пела за да ги разгледаат двете можности за мир и за заедничкиот интерес на Атињаните и Филип. Меѓу пратениците се наоѓаат политичарите Филократ, Демостен, Ајсхин и глумецот Аристодем. Политичкото решение на Атина е, без разлика што Филип поставува неповолни услови, мирот и сојузот мора да се прифатат како привремено решение, за да ја отклонат моменталната опаснот од Филипа. Имено, олигарсите и дел од учените софисти очекуваат економска благосостојба од овие договори;  Демостен констатира дека Филип има "пријатели" во  многу хеленските градови; некои од нив се официјални претставници, избрани од Филип или назначени од Македонското собрание; но има и интелектуалци кои од идеолошки причини (како Исократ) го застапуваат Филип и кои од антимакедонската партија се нарекувани "предавници".

Во текот на мировните договори следи Второто пратеништво: од Атина се испратени пратеници во Пела за да добијат потврда од Филип, со што би го завршиле договорот, пратениците патуваат 23 дена до Пела, а потоа 27 дена мирно го чекаат Филип, кој војува со Керсоблепт и ги освојува сите крепости на тракискиот брег, се' до Пропонтида.

Од ова време Филип станува главна политичка личност на Балканот. Центарот на политичките собитија се префрла од Атина во Пела. Во македонската престолнина пристигнуваат пратеници од цела Хелада, надевајќи се на помош и заштита од Филип.

Македонскиот владател ја користи оваа своја позиција и подготвува стратегија (подоцна добро познатата империјалистичка тактика "подели па владај"; прво како победник во "Светата војна", Филип им се наметнува на хеленските полиси и добива најголемо влијание во одлуките на Амфиктионскиот совет (совет организиран околу светилиштето во Делфи). Во делфиските списоци на храмостроителите Македонците се пратеници на Филип, кои се грижат за градбите и за зачувување на храмот. Наместо Атина, Филип ја добива предноста при обраќањето во делфиското светилиште.

По сите овие настани, Атињаните се во паничен страв: се евакуира околното население, се крие подвижниот имот, а бегалците од Бојотиа и од Фокида се прифаќаат во градот. Филип на Атина и' испраќа ултимативно писмо во кое, дрско и отворено ги налага условите за мир: Атињаните ќе бидат нападнати, ако не му се приклонат, а тој нема да чувствува никаква грижа за раскинувањето на мировниот договор.

Од 346 г. пр.н.е. политичката сцена во Атина е поделена меѓу оние што се за Филип: филиписти, плутократи, панхеленисти и поборници за мир, а од другата страна - приврзаниците на Демостеновата политика: радикали, милитантни демократи, т.е. патриоти. Демостен смета дека приврзаниците на Филип се предавници, поткупени од Филип, како на пример Филократ, за кого вели дека од Филип добил злато, сребро и товари дрвена граѓа, а Ајсхин имоти.

Плутократското дејствување добива и идеолошка подршка во реторските памфлети на Исократ, кој го повикува македонскиот басилевс да ја преземе мировната улога во Хелада за да стане доброчинител на сите Хелени и да ги поведе во војна против Персија. Оваа војна би ги решила социјалните и економските проблеми, а со колонизацијата во Мала Азија би се ослободиле Хелените во Азија и би се отворил простор за да се населат бездомниците од хеленските полиси.

 

Продолжува

******************************

 

Ангелина Маркус

БЕШЕ СИ БИЛЕ.....

 

 

 

.....ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Легендата ни зборува дека само боговите биле обдарени со знаење. Луѓето живееле во мрак, во темнина, при очи светло не виделе.

Еден ден, Прометеј го украл огнот од боговитеи им го предал на луѓето како тајна за просветување. Тоа не бил обичен оган, туку бил ум, знаење и писмо што се ширело како пожар во душите на луѓето што се просветлиле. Од таму и македонскиот збор просвета што стотици милиони луѓе го употребуваат за образованието, за учените со светол образ.

Зевс се налутил и го казнил Прометеја за огнот. Го заковал на Кавкаските карпи и орел секојдневно му го колвал црниот дроб кој ноќе се обновувал за да продолжи мачењето. Потоа дошол Херакло и го ослободил Прометеја од смртните маки.

Светлината останала во Македонија, за да биде света земја и Македонците да се нарекуваат свети луѓе, да ја шират светлината по светот просветлувајќи многу народи со Александровите походи и ширењето со Православието од Библијата. Учените луѓе од Македонија и во денешно време, како многу способни луѓе, се барани по сите континенти.

Од дамнина низ Македонија на карпи, на печати, на плочки, останале пораки во вид на знаци, симболи, цртежи и писмо. Останале траги од школи, учители, ученици, следбеници. Ние сме потомци на тие Македонци.

Многу одамна македонските школи биле на глас низ целиот свет тогашен познат свет. Тоа биле гимназиуми како сегашни гимназии за општо образование. Тоа биле Лицеуми како воени училишта за племството. Симпозиумите се организирале за научна расправа со дискусија. Како и сега музеите, ја чувале инспирацијата за творештво во уметноста. Сите тие школи Аристотел ги обогатувал со библиотеки во секој град. Имал свои ученици, соработници и следбеници, еден комплетен образовен систем каков што е и денес во светот.

 

АРИСТОТЕЛ

 

ГОРЧЛИВИ СЕ КОРЕНИТЕ НО

СЛАТКИ СЕ ПЛОДОВИТЕ

Сите овие Аристотелови школи ја имале царската подршка на Филип II и Александар Македонски. Затоа македонските школи ги сретнуваме покрај царските палати. Царот во Македонија бил секогаш најучениот човек а научникот, филозофот и лекарот секогаш биле царски луѓе. Тие заедно се дополнувале, градејќи логичен метод, вистинит и траен.

Факелот на огнот не ја осветлувал патеката во спортот, туку духовната патека на знаењата стекната низ школите во Македонија. Цената на просветувањето ги отплатила маките на Прометеј откако просветувањето го прифатиле Македонците.

Горчливи се корените, но слатки се плодовите од образованието, рекол Аристотел.

 

Професор Ангелина Маркус

*******************************

 

ОД МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА

  • НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ

    Изгори, мерак, изгори,
    изгори - пепел се стори!
    Сал не скоривај јадови
    на стари, добри мајстори!

    Времиња тешки дојдова
    уште по тешки прокуди,
    од ден на ден се умира
    и душа бере с години.

    Не пеј песната страдална-
    в гората капат лисјата,
    водите течат - ронат брег -
    и влечат млади јасики.

    Чаршиите изумреа,
    дуќаните запустеа-
    пропадна сичко, прокопса
    занает златен - 'рѓоса.

    Кочо Рацин

  • АНГЕЛОТ ШТО ИЗВАДЕ КАМЕН ОД МОРЕ

    Го пратил Господ ангелот за да му земат душата на еден чоек. Едно влегол в куќи, ' видел пет дечиња дробни околу татка си наредени сите и в очи му се пулиле и плакале. Сите пет биле лични како некои ангелчиња: Од голема сиромаштија сите биле голи и боси, така и мајка му била во искинати алишта.

    Кога видел ангелот оти сите плачат и многу сиромаси сет, му се нажалило и отишол при некој стар чоек, веќе што бил догруан (престарен) и од него му ја зел душата, та му ја однесол пред Бога.

    Кога видел Господ дека ангелот не му ја зел душата на сиромајот, ами на стариот, му рекол:
    - Заошто, ангеле, не му ја зеде душата од сиромајот, за кого те пратив, туку му ја зеде од стариот, кај што не те пратив?

    -Е, пред тебе, Господе, лага не бидуат - му рекол ангелот - ми се нажали за петте деца и жената му, што плачеа и дека и видов сите голи и боси.

    -Ја влези ангеле во најдлабокото море да ми изваиш еден камен - му рече Господ.

    Влегол ангелот и му изваил еден камен. Господ го натерал да го окршит и откоа го окршил, ето ти еден црв во каменот, туку се преаќал.

    - Еј ангеле виде оти во најздравиот камен имало еден црв? Кој га ранит него внатре знаиш?

    - Ти Господи - му рекол ангелот- го раниш. Да ми простиш. оти ти грешив.

    -Е, кога јас го ранам црво во каменот, ами не ќе можам шес души чоечки да ранам? Ај однеси му ја душата на стариот и земи му ја душата на сиромајот, оти мојте скришни работи никој не и' знаит.

    Марко К. Цепенков

  • ЛЕНКА

    Откако Ленка остави
    кошула тенка ленена
    недовезена на разбој
    и на наломи отиде
    тутун да реди в монопол
    лицето и' се измени
    веѓи паднаја надолу
    и усти свија корави.

    Не беше Ленка родена
    за тија пусти тутуни!
    Тутуни жолти отрови
    за гради китки розови.

    Прва година помина
    грутка в срцето и' легна
    втора година намина
    болест ја в гради искина.
    Трета година земјата
    на Ленка покри снагата.

    И ноќе кога месечко
    гроб и' со свила виеше
    ветерчок тихо над неа
    жална и' тага рееше:
    "Зошто ми, зошто остана
    кошула недоткаена?
    Кошула беше даровна..."

    Кочо Рацин

Kind regards: 01 март, 2017

Sotir Grozdanovski : 53

ВИДЕО ЗАПИСИ БЕЗ КОМЕНТАРИ