МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ - ВТОРА ФАЗА

Поделена Македонија

 

 *********************

ИСТОЧНАТА КРИЗА И

"МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ"

****************************

Пишува: Сотир Гроздановски

 

Во еден  дел на денешното продолжение на "Анализата за историските настани во Егејска Македонија" зборуваме  за "Источната криза" и "Македонското прашање", како нејзин централен проблем.

Се работи за распаѓањето на Отоманската Империјиа и од нејзините периферни делови, создавање на балканските држави, Грција, Србија, Бугарија и подоцна Албанија. Но и за конечната поделба на Македонија, откако Империјата ќе се повлече од Балканот и ќе ја остави нејзината територија како двориште без стопан, опкружена од споменатите нови и алчни соседи.

И тоа се случи, со двете Балкански војни од 1912 и 1913 година. Македонија конечно беше распарчена на четири не еднаква дела и им беше поделена на соседите, како парчиња од торта.  Се чекаше на асимилациските процеси да проработаат,  па и  на македонскиот народ да му дојде крајот и да нестане од светската сцена, за секогаш. Меѓутоа,  очекувањата на Грција, но и на тогашните големи европски сили и Америка, не се исполнија. Како тврд орев, Македонецот не се предаде и до ден денешен остана она што од секогаш беше, само МАКЕДОНЕЦ.

Раѓањето на Република Македонија, на делот кој  со поделбата на македонската  територија  и' припадна на новостворената српска држава, а особено нејзиното осамостојување после распадот  на заедничката федерална држава СФРЈ, одново го реанимира "Македонското Прашање". И не само тоа, туку ги обнови и старите планови за уништување на се' што било и што остана  да се обновува под името Македонија. Па така се родија и денешните проблеми со кои Грција и нејзините партнери, во сите злосторства од минатото,  одново се упати во крстоносна војна против македонската држава и македонскиот народ, за конечно "решавање" на "Македонското Прашање" од минатото.

Грчките цели останаа исти: задржување на пленот од Балканските Војни без Македонци во него и уништување на Република Македонија и македонскиот народ во неа, со уништување на македонскиот идентитет, како последна пречка во конечното решавање на "Македонското Прашање",  од пред 100 години.

Но, времињата се изменија, македонскиот народ не е оној од пред 100 години, ниту неговата национална свест  остана на исто рамниште, а и има своја мала, но сепак држава и свој систем кој на народот му обезбедува и поарна безбедност, од пред 100 години. Сето тоа нашите вековни непријатели, заедно со нашите сегашни "стратешки партнери" ги натера да размислуваат како и на кој начин ќе се справат со новата ситуација во конечното решавање на своите проблеми со Македонија, Македонците и Македонизмот во нивното соседство.

На помош им дојде еврејскиот милијардер од Америка, Џорџ Сорос, со своето "Отворено Општество" и не владините организации, стационирани во Македонија со своите активисти од скоро сите интелектуални и други сегменти на македонското мултинационално општество. Како да тие не им беа доволни за остварување на нивните погани цели, го купија и  СДСМ на чело со нејзиниот изродник Зоран Заев. Заедно со  дел од најрадикалните албански сепаратисти и отворени непријатели  на македонскиот народ, и со помош на надворешни помагачи и финансиери, сковаа "Тиранска платформа" за разнебитување на унитарноста на македонската држава:  федерализација,  двојазична мочвара, покорност и кутнување на колена на македонскиот народ,   како би им ги исекле главите по лесно. Но, по се изгледа, дека нема и тоа да им успее, зошто Македонците и од Вардар и од Егеј и од Пирин и од Мала Преспа и од целиот свет во дадениот момент ќе се сплотат сите заедно во одбрана на својата  држава и одбрана на самите себе си од домашните предавници и од надворешните непријатели.

Гласот на непокорот, македонски, веќе се слуша на секаде низ Македонија и во Дијаспората. Се слуша гласот на народот за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА на сите кои ја сакаат и кои ја чувствуваат како своја татковина и своја држава.

Затоа Ви донесуваме два видео записа од кои ќе ја почувствувате "вистината" на предавниците и вистината на вистинските борци за Македонија, па просудете самите каде Вие стоите во овие судбоносни времиња, кога секој Македонец и' е потребен на Македонија.

Ваш Сотир Гроздановски

 

 

МАРИЈАНА ПЕТИР

  ***************

МАРИЈАНА ПЕТИР И НЕЈЗИНИОТ

ПОВИК ЗА ОСУДУВАЊЕ И ОТФРЛАЊЕ НА ТИРАНСКАТА АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА И НОВИ ИЗБОРИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА

**********************

 

 

Хрватската европратеничка и лидер на групата "Пријатели на Македонија во Европарламентот" Мирјана Петир деновиве испрати писмо до еврокомесарот за проширување на Европската Унија Јоханес Хан, со кое го замолува да преземе чекори со кои Брисел ќе придонесе за смирување на состојбата во Република Македонија

 

- Почитуван господине Хан, Ви пишувам длабоко загрижена за развојот на настаните по изборите во Република Македонија кои сериозно ја продлабочуваат политичката криза со која земјата се соочува повеќе од две години. Предвремните  парламентарни  избори кои се одржаа во декември 2016 година протекнаа во демократска и мирна атмосфера, без никакви нерегулрности. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место во македонското Собрание и СДСМ 49, додека партиите на албансото малцинство освоија вкупно 20 места (ДУИ 10, БЕСА 5, АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3 и ДПА 2).

Тиранската платформа, која беше договорена по изборите од страна на претседателот на Владата на Република Албанија, господинот Еди Рама и три парламентарни партии што го претставуваат албанското малцинство во Македонија (ДУИ, БЕСА и АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ) поставија услови за формирање на Влада во Република Македонија кои се во спротивност со Уставот на земјата. Покрај тоа, т.н. тиранска платформа претставува јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ во сопствената земја, барајќи конститутивни права за албанското малцинство ( ии број не е познат поради застарениот попис) и кои целосно ги уживаат сите малцински права во Репунлика Македонија. Истата е и загрозување на начелата на Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на земјата и ги става другите малцинства во Македонија на второстепена позиција.

Тиранската платформа не беше дел од изборниот процес, туку беше формирана по него и стана услов за формирање на македонската влада. Покрај тоа, платформата е формирана во странска земја (Република Албанија) и во тесен договор со странска влада. Предвремените парламентарни избори беа со цел да се надмине политичкиот ќорсокак и да се забрзаат реформите (како договорот од Пржино и извештајот на Прибе), а не да донесат нови етнички платформи. Овие два документи не се за нови  придобивки во полза на албанското малцинство од тиранската платформа, туку се за одредување на систематските дефекти во земјата кандидат.

Давањето мандат за формирање нова влада стана заробеник на уцената за етничките платформи од страна на едно малцинство во земјата, како препорака од страна на премиер на друга земја кандидат. Европската унија има обврска и одговорност кон Република Македонија и политичката криза со која се соочува земјата со оглед на тоа што приемот на Македонија во ЕУ е блокиран веќе 12 години. Јас Ве  поттикнувам да ја осудите оваа т.н. тиранска платформа затоа, што претставува директно мешање на една земја кандидат во внатрешните работи на друга земја кандидат, односно Република Македонија. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во намалување на солидарноста во ЕУ и во светот, но исто така и во време на загрозена безбедност во светот.

Вие веќе ги повикавте сите релевантни политички чинители во Република Македонија да ги почитуваат исборните резултати и демократските процеси и да постигнат договор за формирање на нова и стабилна, со почитување на Уставот на Република Македонија. Но, со оглед на тоа што е создаден ќор сокак со т.н. тиранска платформа, ако не може да биде постигнат договор, тогаш нови избори треба да се сметаат за решение.

Членството во ЕУ има трансформациска моќ во земјите од Западен Балкан, што е и Вашето портфолио. Република Македонија заслужува почеток на овој процес уште одамна и ЕУ има огромна пдговорност да го забрза овој процес и да остане максимално ангажирана во Република Македонија, со почитување на суверенитетот и институциите. Почитуван комесаре, примете ги моите изрази на највисоко почитување за Вас лично и за Вашата работа.

Со почит,

Маријана Петир, пратеник во Европскиот парламент.

 

 

АЛИ АХМЕТИ

 

**************

БЕЗ АМИН НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ВЛЕГУВАМ ВО СОБРАНИЕТО

ИЗЈАВИ ЛИДЕРОТ НА ДУИ АЛИ АХМЕТИ

**********************

 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите. Тој во неговото интервју за ПТБ 21 рече дека досега нема никаков знак дека собранието може да биде свикано, но според него се прават напори за тоа.

"Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и останатите партии ние неможеме да правиме експерименти како во тетар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседател на Парламент",  изјави Али Ахмети.

Што се однесува до  не доделувањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, Ахмети рече дека само ВМРО-ДПМНЕ и никој друг не може да влијае да се реши, како што рече, создадениот политички јаз. Ахмети исто така спомна дека барањето на Беса албанскиот премиер Еди Рама да го прифати авторството на заедничката платформа, е максимално употребена од страна на Иванов и Никола Груевски.

 

АНТИПАТАР

***************

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

(Институт за национална историја)

ДЕЛ - 09

**********************

ПОЛИТИЧKИТЕ ДЕЈСТВА НА ДЕМОСТЕН

ЗА ВРЕМЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ

И НА АНТИПАТАР

 

Демостен, како жесток непријател на македонските басилевси, продолжува да говори против Александар, еднакво како што говорел против Филип. Во оваа нова антимакедонска кампања се вмешува персијскиот цар Дареј III Кодоман, кој страхува од азијски поход и знае дека уништувањето на македонската моќ ќе значи и отклонување на опасноста. Персијскиот цар поттикнува антимакедонско востание во Хелада и им нуди парична помош на хеленските полиси. Во овие планови главен помошник е повторно Демостен кој, 335 г. пр.н.е. ги поттикнува хеленските полиси на востание. Теба, со помош на градовите на Пелопонез, се обидува да ја протера македонската посада и да воспостави демократија. Во своите беседи Демостен измислува дека Александар загинал во Тракија, во битката со Трибалите. Но, Александар се враќа и како главен војсководител на Коринтскиот сојуз, ја срамнува со земјата Теба, а жителите ги продава како робови. Атина е повторно во паника, но настаните се повторуваат и Аллександар, како и Филип, ја поштедува Атина; меѓутоа Александар бара да му се предаде Демостен, заедно со другите противници. Атињанецот Демад го смирува Александар, говорејќи дека на овој начин би се повредиле чувствата на атињаните, кои предавството на своите државници би го почувствувале како општо предавство.

По овие настани однесувањето на Демостен се менува, како да се исплашил или да се изморил тврдоглавиот ретор, или веќе сватил дека хеленските полиси не можат да им се спротивстават на македонските владатели. Демостен е воздржан, можеби се надева дека Александровиот поход ќе пропадне, па тогаш атињаните ќе добијат можност да се ослободат.

Пред да замине на азискиот поход (пролетта 334 г. пр.н.е.), Александар апелира Хелените да се воздржат од востанија додека е отсутен. Но, востание е подигнато на Родос, а Спарта, отфрлајќи ги сите воени и политички договори со Александар, стапува во врска со водачите на персиската флота.

Од друга страна Демостен, повторно осилен, се обидува да ги спречи атинските бродови да тргнат како засилување на војската на Александар, сметајќи дека кога Александар ќе се врати, со нив ќе тргне против Атина.

Додека Александар го освојува Далечниот Исток, во Хелада започнуваат немири, но војсководителот Антипатар, кој останува да раководи со Македонија и со Хелада, брзо го задушува востанието на спартанскиот басилевс Агис (330 г. пр.н.е.). Демостен смета дека не е време атињаните да започнат востание и ги спрелува да им се придружат на спартанците.

Годините од 330 до 323 пр.н.е. за Атина претставуваат години на глад, незадоволство и огромно нетрпение спрема македонската власт. Ајсхин подига тужба против предлозите Демостен да биде овенчан со златен венец заради заслугите што ги направил за Атина. Всушност, тужбата е критика на политичката дејност на Демостен. Ви апологетскиот говор - За венецот, Демостен ги брани своите политички ставови и смета дека во тие тешки моменти граѓаните на Атина го одбрале најисправното решение, без разлика што крајниот исход е катастрофален за цела Хелада, зашто во времето кога Филип готвел власт и тиранија над Хелените, ним ништо друго не им преостанувало освен да се борат за својата слобода. Сепак, Демостен срамно бега од Атина, зашто е обвинет за голем број грешки и поткуп.

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ

По смртта на Александар во Бабилон (13 јуни 323 г. пр.н.е.), Демостен се враќа со големи почести. Веста за смртта на Александар претставува можност за ослободување на Хелада од македонската окупација. Така, Атина, Ајтолија и Тесалија поттикнуваат востанија во цела Хелада. Во овие пресудни моменти атињаните повторно му се обраќаат на најглавниот протагонист на нивното ослободување - Демостен. На почетокот на востанието Хелените имаат успех и маккедонскиот стратег Антипатар е опколен во тврдината Ламија. Но, најдобриот хеленски стратег  Леостен изненада умира, а феникиско -македонската флота ја поразува атинската. Овој пат условите што ги поставува македонскиот победник Антипатар се тешки и поразителни: Атина мора да ја прифати македонската посада во една од тврдините на Пиреј - Мунихиј и мора да се откаже од своето вековно демократско уредување и да воведе еден вид плутократска политеја. Најболна е наредбата да се предадат непријателите на Македонија, Демостен и Хиперид; Хиперид е фатен и сурово казнет, а Демостен бега на малиот остров Калаурија. Неумоливиот Антипатар, немајќи никакво чувство спрема Атина и големиот ретор, го гони Демостен, кој испива отров и умира во  храмот на Посејдон.

Смртта на Демостен означува умирање на едно бурно време на жесток антагонизам помеѓу Македонците и Хелените и жестока битка на идеи и идеали на три големи историски личности - Филип, Александар и Демостен; тоа е величенствена битка со трагичен крај: трите историски личности од исто историско време, но од различен историски простор, со противставена историска енергија, умираат согорени од трагичната волја да го изменат светот; поразена е истрошената полисна Хелада, победува Македонија, го презема светот, но и самата бидува преземена од него.

По смртта на двајцата големи Македонци, стариот свет станува поинаков, ни подобар ни полош, но секако сосема различен и многу поширок во рамките на дргоста и различноста: се распрснуваат двете древни култури - хеленската и македонската, се обликува една нова култура врз која се засновува, речиси, целокупната светска цивилизација.

Продолжува

 

РИСТО СТЕФОВ

*************

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ

НАСТАНИ ВО

ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ - 27

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

За Венетите и Славјаните

*********

Изборот на светските современи научници да ги игнорираат обемните археолошки пронајдоци кои ги поврзуваат Славјаните од 6-от век со праисториските Венети само можи да разочарува, а никако да се прифати како пат по кој модерната наука треба да се движи. "Археолошките пронајдоци се толку обемни и уверливи дека Венетите се заправо Славјани, нивното негирање е невозможно да се прифати за сериозно однесување спрема науката" (Page 13, Florin Curta, The Making of the Slavs, History and Archaeology of the Lower Danube Region c. 500/700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001).

Прифаќањето  дека Венетите и Славјаните се тесно поврзани, не ни докажува само  јазичен континуитет на современите  со древните Македонци, туку  го идентифицира  и така наречениот "непостоечки" антички македонски јазик. Верувајќи во  тоа, не можиме да ги заборавиме и фактите, дека јазикот на Славјаните бил тој, со кои се служеле  македонските воиници на Александар и сите оние кои се населувале во освоените подрачја и дека бил раширен на огромен нецивилизиран простор на Источна Европа и Северна Азија. Исто така не би било не скромно да се претпостави, дека Александар колонизирал делови од Европска Русија, што потврдуваат некои топоними, кои се идентични со топонимите во Македонија.

Уште помалку смееме  да заборавиме, дека древните Македонци после времето на Филип II беа мешавина од повеќе разни племенски заедници, како например Илири, Тракијци, Пајонци, Фригијци и други народи, кои никогаш не биле Грци. Сите тие , евентуално, со тек на времето   постанале Македонци. Врз постоечките факти, многу  топоними во Македонија  од тие времиња, имаат  славјански белези.

Како резултат  на веќе констатираното, со широката употреба  во Источна Европа и претрпените еволутивни измени и дополнувања,   не мие тешко да заклучам, дека  славјанскиот јазик би требало да биде многу стар јазик, кои постоел уште од праисториските времиња. Тоа понатака значи, дека славјанскиот јазик во Македонија  бил во употреба  и пред појавата на атичкиот и подоцна, Коине јазикот.

СОГОВОРНИКОТ -  Али  сето ова не е  спротивно  ли на стојалиштата на некои светски историчари, про грчки настроени?

РИСТО - О, да! Меѓутоа јас не им верувам на такви историчари кои ги следат грчките теории!

СОГОВОРНИКОТ - Зошто?

РИСТО - Би ли некој верувал во нешто и некои кои постојано ве негира и тврди дека не постоите? До колку се однесува до мене, не им е за верување на историја која е скувана во 19-от век и е скроена да им погодува на плановите кои ги подржуваат ново компонираните балкански држави Грција, Србија, Бугарија и најпосле, во 1913 година, по распадот на Отоманската Империја,  Албанија. 

Ние, македонскиот народ, сме постоеле през македонскиот, Римскиот, Византиското Римско Царство и периодот на Отоманската Империја од 800 од н.е. се' до 19-от век од н.е. и за после 1913 година одеднаш и комплетно да не снема.  Османлиите со нас, Македонците, немаа проблем, ниту па западниот печат кога се кренавме против Отоманите за својата слобода и самостојност со своја сопствена и неовисна македонска држава.

Јас поседувам на стотина новински текстови кои сведочат за нашето Илинденско востание од 1903 година и во кои  не споменуваат како Македонци. За сето  тоа  одеднаш да нестане после инвазијата, окупацијата, поделбата и присвојувањето на делови од македонската територија кон Грција, Србија, Бугарија во 1912 и 1913 година и на крајот, еден помал дел околу Охридското и Преспанското Езеро кон денешна Албанија? И чудно, за неверување, од тогаш македонскиот народ престанал да постои, осем во најтајните дипломатски преписки и извештаи.

Погледни некоја историска книга напишана од  западен автор. Ниту во една нема да најдеш да се споменува името Македонија. Да, но само како некоја грчка територија или провинција. Да прочиташ нешто за македонското постоење, придонесот кон светската цивилизација или жртвите кои македонскиот народ ги дал за развојот на цивилизацијата и науката.  Мнозинството од борците кои ги задржаа италијанските фашистички наезди за време на албанскиот фронт во Втората Светска Војна беа Македонци; една половина од партизанските борци кои се бореа во терањето на окупаторите од Грција и Југославија во Втората Светска Војна  беа Македонци... Каде се споменати сите  тие борци и нивните жртви во книгите на западните демокрации? НИКАДЕ! Зошто? Очигледно зошто не сме "постоеле" и дека и сега "не постоиме" за нив! И ќе речеш, како го знам сето тоа?

 

 

МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНИ УЧЕСНИЦИ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

ВЕРА ФОТЕВА

Имам прегледано на стотина  тајни извештаи  и декласифицирани дипломатски преписки.  После 1913 година не споменуваа како Македонци во многу таjни дипломатски центри. И покрај сето тоа, Македонците не постоат во обичниот западен свет, а уште помалку, во нивните историски книги!

И затоа немам доверба во ништо што е написано за Македонија и за нас како народ,  од познатите западни историчари.

Само од не одамна, от како Република Македонија се декларира за самостојна македонска дежава, почнавме да слушаме по нешто за Македонците,  за македонски малцинства во соседните балкански држави и тоа од не владини организации,  за човекови права.

Непостои во ниту една книга, после 1913 година, печатена на Западот од некој познат и респектабилен издавач во која се спомнати Македонците со национална идентификација, специјално не во Егејска Македонија, окупирана од Грција. Македонците беа масовно застапени на страната на сојузниците за време на Втората Светска Војна и дадоа многу жртви за заедничката слобода, загрозена од фашизмот и нацизмот на Германија, Италија, Јапан и т.н.т. Но за жал и за овие  придонеси  нема збор во документи и историски книги. за тие времиња.  Сите жртви  и придонеси им беа приписани на Грците.

Затоа  не им верувам на западната историографија и  не им го сакам начинот како  ги третираат древните Македонци, Славјаните и на крајот како комплетно ги игнорираат современите Македонци.

Впрочем слободно тврдам, дека Славјаните се најстар народ во Европа и дека се погрешно третирани од западната историска наука и повеќето нејзини претставници.

Во оваа прилика им се заблагодарувам на моите словенски пријатели, не само за подршката  на моите уверувања, туку и на охрабрувањата да и понатака јавно зборувам за врските и континуитетот на современите со древните Македонци.

СОГОВОРНИКОТ - Јас би станал малку тука, Ристо. Зборувате дека Славјаните се најстар народ во Европа, а цел свет верува дека тие се новодојденци, во 6-от век од. н.е. Што е точно од сето тоа? За ова можеш да бидеш исмеан од другата страна!

РИСТО - Што би рекол! Имам доста дебела кожа. Бев исмејуван заради многу други работи и повеќе пати. Само одите на GOOGLE "Risto Stefov"   и уверете се  сами.

Но за волјата на вашата примедба дека може да ми се смее цел свет, јас би го рекол следното: - до колку верувате дека не сум во право, докажете го спротивното! Баш дека некој мисли дека Славјаните се дојденци на Балканот во 6-от век, не значи дека се во право... Еднаш, не така долго, целиот свет "знаеше" дека земјата е рамна плоча... Се докажа дека не бил во право! Не се секирам многу дали светот ми верува или не, се' дури не ме запалат, можам да живеам со нечии потсмев.

Па на крајот од краевите, кој е тој кој ќе ми се смее? Грците?! Македонците?! Како можат Грците да ми се смеат кога нивната историја е вештачка и лажна! Ако се одлучат да ми  се смеат, поарно ќе биде пред тоа да ми го направат, да  погледаат прво  во самите себе. Македонците? Можат! Баш ми е гајле! И јас бев еден од оние кои веруваа во западната историја која денес со право ја критикувам, а пред тоа ги нарекував дека се "недоветни" другите. Им се смеев на правите патриоти кои имаа храброст  да станат простум и да ја речат вистината, како на пример професорката Ангелина Маркус, која имав чест да ја споменам на почетокот од овој интервју. Ние, Македонците, треба да собереме храброст и да одиме многу подалеку во докажувањето на нашата вистина, ако сакаме да се ослободиме од непријателите кои со лаги и без срам си го врват животот осиромашен од невистината. Ќе бидеме исмејувани, но знаејќи дека вистината е на наша страна, ќе спиеме спокојни и по храбри.

Ние знаеме дека постој врска помеѓу Славјаните и Македонците, но изгледа немаме доволно хтаброст јавно да зборуваме за таа вистина. Првата одбрамбена линија на нашите непријатели е дека ние Македонците за нив не постоиме и дека современите Македонци се Славјани, светско "плашило". Втората нивна одбрамбена линија е дека ние не сме Славјани туку  само Македонци, на што многу Македонци на тоа наседнаа. Вчера бевме "само Славјани" денес пак "само Македонци".  А зошто не и едно и друго? Било како било, ние сме и така и вака Македонци, племиња кои зборуваат славјански кои се подигнаа пред 2000 години, го покорија светот и чинејќи го тоа, го  обединија и просветија половината свет! Може ли некој да ги замисли тие последици денес? Во тие времиња Македонија беше тоа што Велика Британија беше во 20-от век... Македонија на секаде остави свои културни и јазични белези... Сето тоа го понови и во 9-от и 10-от век од н.е. со Христијанството...

СОГОВОРНИКОТ - Добро! Мислам дека тоа е доста да ги разувери тие што сакаат да ги прифатат фактите, а сега можеме ли да одиме на првото прашање? - проблемот со името?

РИСТО -  Па, за обичниот посматрач на настаните, денес иницирани од Грција, можеби изгледаат нешто ново ... Како нешто што вчера изненада се појавило од никаде. Тоа беше изненадување  за Македонците во иселеништвото,  но и за многу во Република Македонија. Ги изненади, како да не беа запознаети со проблемите кои ги задесија Македонците во окупираниот од Грците дел од Македонија - Егејска Македонија.

Овај настан беше  позив за "будење"   за  политичарите  и дипломатите во Република Македонија, кои беа фатени на "спиење", не подготвени за вакви изненадувања, од јужниот ни сосед, што проузрочи големи проблеми, кои траат до денешни дни.

Ние, Македонците  под грчка окупација во егејскиот дел на Македонија ги опоменувавме нашите браќа во Република Македонија да бидат внимателни со  Грците, но изгледа нашите опомени беа игнорирани од некои. Многу години нашите поплаки беа игнорирани и често пати бевме нарекувани како "плачковци".  Еден Македонец еднаш ми рече "....ако сакаш да ти верувам во тоа што ми го кажуваш..." кога му објаснував за  грчките злосторства над македонскиот народ во Грција. "Ако сум сакал тој да ми верува во тоа што јас му објаснувам...?! Што би требало тоа да значи? Дека јас ги измислувам грчките злосторства над половината од вкупниот македонски народ?!"

Неговото непримерено  и неодговорно однесување спрема ситуација за кој го известував за мене беше увредливо и агресивно... Но набрзу кога Република Македонија го почувствува грчкото ембарго ... и народот го почувствува грчкиот карактер на својата кожа... нивниот тон брзо се промени...

Ајде да речеме дека "спорот со името" звучи како нешто ново...нешто како да е од вчера... Ова се толкува како таков проблем зошто народот не е запознат  со така нареченото "Македонско Прашање" и што му се случувало во последните 200 години или повеќе, особено на македонскиот народ во окупираната македонска територија - егејскиот дел на Македонија.

Македонското прашање е едно старо прашање кое се појави после завршетокот на Источната криза, односно, како да се расподели оставштината од Отоманската Империја, која беше во состоба на распаѓање.

Источната криза заврши откако Големите сили одлучија да ги креираат балканските национални држави Грција, Србија и Бугарија од надворешните делови на Отоманската Империја, оставајќи ја нетакната Македонија во рацете на Империјата во распаѓање.

Па така, Источната криза наскоро се разви во "Македонско Прашање", или со други зборови,  што да се прави со Македонија и со македонскиот народ, кога Отоманската Империја комплетно  ќе го напушти Балканот.

Во првиот дел од нашево интервју имавме работа со проблемите со кои македонскиот народ беше соочен од околу 1800 до 1913 година, кога Македонија беше приклучена кон Грција, Србија и Бугарија.

Едноставно, спрема плановите на Големите сили Македонското Прашање требаше да се реши со поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија, а македонскиот народ асимилиран во нивните држави.

И пред сета таа заврзлама да се реализира, со кумството на Големите сили, Македонија беше нападната, окупирана, поделена и припоена кон Грција, Србија и Бугарија и подоцна кон Албанија и направени се напори народот да се асимилира меѓу нив, во нивните држави и така да постани дел Грци, дел Срби, дел Бугари и дел Албанци.

Но за жал за Големите сили и за Грција, Србија, Бугарија и Албанија, македонскиот народ им се спротистави на нивните накани за асимилација. Но и покрај тоа, нивните асимилаторски усилби не застанаа, па така, тие процеси се' уште траат, до денес.

На просто речено, со продолжување на тие асимилаторски процеси, Големите сили се надеваат, евентуално, сепаk да го претворат секој Македонец во Грк, Србин, Бугарин или Албанец и на тој начин да ги избришат Македонците од списокот на народите во светот. Меѓутоа, пак на нивна несреќа, Македонците се доволно свесни и жилави и тоа него дозволуваат да се случи и така да се самоуништат и нестанат за секогаш.

Раѓањето на Република Македонија како независна држава ги охрабри Македонците да ја продолжат својата борба за опстанок и обединување,  со што ги принуди Големите сили , Грција, Бугарија, чак и Србија да ја променат тактиката и мерките во реализирање на своите првобитни цели.

Една од тактиките е спорот помеѓу Македонија и Грција, околу името "Македонија". Меѓутоа, со сигурност можам да ви речам, дека проблемот со името нема врска со тоа, туку тоа е еден чекор напред по 200 годишното патешествие кое го презедоа Големите сили и Грција кон елиминирање на македонскиот идентитет и се' што е македонско.

И зашто ова ви го велам со таква сигурност од моја страна?

Па затоа, што Грција и нејзините заштитници со години настојуваат да го избришат името "Македонија". Буквата "М" како синоним за Македонија остана лош збор за Грција уште од 1913 година и се' до прогласувањето на Република Македонија за самостојна македонска држава со отцепувањето од Југославија во 1991 година, кога зборот "Македонија", постана најважниот збор во грчкиот речник. Зошто?

Па едноставно затоа, што во тој момент, спрема политичката ситуација,  Грција нема голема моќ да ги држи конците во своите раце над Македонија. Тоа значи, дека се' е можно да го сврти курсот против Грција и нејзините заштитници. Со други зборови, Грција е принудена да бара без ризичен излез од оваа сируација за себе , а за Македонија ригорозен, кој би ја уништил.

И баш од тие причини Грција и нејзините покровители го избраа проблемот со името "Македонија", тврдејќи дека е тоа грчко заедно со сите нејзини древни симболи.

Со други зборови, Грците и нејзините покровители и заштитници сакаа на тој начин  да ја спречат Македонија на нејзиниот пат, обвинувајќи ја за "историски арамилук", при тоа блокирајќи ја со безкрајни правни спорови  и исцрпувајќи ги нејзините сили , без икакви ризици за Грција.

За време на нашето последно интервју јас објаснив, дека Грција е современа и вештачка државна творевина те како таква, ништо од горе реченото, името "Македонија", a уште помалку македонските симболи,  не и' припаѓа. И покрај сето тоа, при тоа дишејќи на сламка, Грција заедно со своите ментори успеа од ништо да створи проблем и со тоа да ја вовлече Македонија во ситуација пред светската јавност да изгледа како кривец за се', во еден небулозен и глуп процес, борејќи  се за својата древна култура и историја. И дури Грција го лаже целиот свет дека ова е спор околу древната историја, цврсто го држи македонскиот народ за грло, пред очите на целиот свет.

За македонскиот народ ова не е спор околу "античката историја" и "културното налседство", туку да се биде или не! А не само "крадење на античката историја", за што, баш, никој не дава ни пет пари!

Македонија не се спори заради своето име. Таа е задоволна со него и неби го менувала за цел свет. Грција го оспорува нејзиното име! Спрема тоа, ово не е спор помеѓу Македонија и Грција за името на Македонија, туку грчко настојување да и' нашкоди на својот северен сосед, од свои сопствени интереси или страв од нешто, реално. Македонскиот народ без своето име  е никој и ништо...Ниту пак сака да биде нешто друго освен Македонци. Македонецот  да сакаше да биде Грк, Србин, Бугарин или Албанец, досега ќе беше.

Како многу пати во минатото, ово е уште еден обид на Грција со ставање пречки пред македонскиот народ на неговиот пат кон иднината, да го спречи во неговото меѓународно признавање, како нација. Ово е само обид, ако веќе неможат да ја спречат или да ја успорат неговата  борба за остварување на човекови права, па дури и во неговата Република Македонија. Ако Грците ова му го прават на една самостојна и суверена држава надвор од границите на својата држава, можете ли да замислите што му прават на Македонците внатре во нејзините граници?

Грците се обидуваат македонскиот народ да го фрлат во некое свое мочуриште и да го заплеткаат во контраверзен процес фокусиран на безумен проблем, во време дури тој се бори за својот опстанок и излезот, од сопствените проблеми.

Грците, заедно со своите покровители го водат светот да поверуваат дека "спорот со името" се води околу нешто не важно, како на пример околу "древната историја", за што рековме и порано дека никој и така не дава пет пари.

Грција и нејзините ментори, од една страна го уверуваат светот дека Македонија глупаво се кара околу некои антички симболи, а од друга страна пак упорно настојува да го избриши македонскиот идентитет од лицето на земјата.

Грција мудро, но не чесно, го води македонскиот народ на бојно поле по свој избор, форсирајќи го да се фокусира на неважни проблеми како би ја истрошил својата енергија, а при тоа отстранувајќи го неговото вниманије од најважните проблеми , а тоа е положајот на Македонците во окупираниот дел од Македонија и злосторствата извршени врз нив, со благослов на своите сојузници и државотворци.

 

Продолжува

 

Професорка Ангелина Маркус

 

************

БЕШЕ СИ БИЛА...

 ..ПРИКАЗНА ЗА КАНОН

********************

 

Канон не е само црковен закон. Канонот постоел како обичај и бил посилен од напишаните закони во правото во државата, а се применувал во сите активности во животот на народот. Канонот во Македонија постои  и се применува од најстари времиња. Не е пишуван, а сите го знаат и го применуваат. Канонот е ритуал проследен со песни, ора и благослов. Се пие вино за добродојде и се каснува лепче со сол за ситост и бериќет. Кога се гради куќа,  кога се сади расад, кога се заранува дете, кога се завршува жетва и почнува гроздоберот, кога се жени синот, крштевките, славите, веселбите, кога е крчма и во било која работа и настани, тука се роднините, пријателите, соседите, во сите случувања за среќа и радост присутен е македонскиот канон, длабоко вкоренет кај  народот.

Од сите придржувања кон канонот најбогата содржина има тој што е сврзан со виното и лебот. Лозата на св.Трифун се зарежува со песни, ора и трпеза, попот поздравува и благословува. Се заврзуваат врвци да не се почудуваат ластерите и гроздовите. На празникот Преображнение прв пат се пробува грозјето и на гроздоберот, наесен пак, канонските ритуали се познати во народот уште од времето на Дионис. Ритуал што поминал во театар и во секоја фамилија кај народот.

Црвени и бели конци и пувки се врзуваат и на штотуку искласаната пшеница за зрното навреме да залеби, да не полегне, паламида да не го прошара. Не се гази жито до жетва. Откако ќе се  ожнее последниот сноп, се остава заврзана рака класје украсена со цвеќе и друга таква се носи до амбар. Се заврзуваат срповите за догодина. Пита во црепна печена и маштеница е гозбата. Јатото птици на нива се гозбеваат со зрната, за да не 'рти до новата сеидба. Овие обичаи во Пелагонија се' уште живеат од времето на Хомер. И тогаш лебот со ист канон се приготвувал.

Во ноќвите се сее брашното. Во една преграда се чува струшка, поскура, квасец и посип. По измесениот леб се остава парче за потквас. Во ноќвите  се реди лебот  и се завиткува во ленена дипла. Ноќвите се држат затворени за ситост  на гостите. Си има правила за лебот да излезе добар, навреме да втаса, да не прекисне, да не се препече и домаќинката да биде чиста. Само таква жена можи да меси панагија за нафора. Малер да не ја бије.

Канонот го обогатува и разубавува секојдневниот живот со своето присуство и ритуали. Кога се прават црепни за цело село, се избира чистинка крај река. Момците ископуваат глина. Децата црпат вода и џагорат. Момите со засукани ракави ја прават смесата како леб кога се меси. Фатени на оро рамо за рамо пејат и ја газат смесата со ритамот на песната.Попрскуваат вода и ја  доразработуваат земјата додека втаса за делење на црепните, се обликува и со влажна рака се премазнува да не испука. Во цикличното повторувањее си ја чуваме традицијата. Ги пренесуваме приказните на помладите, затоа што од мали се учат каноните. 

Ангелина Маркус

 

 

МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА

**********************

  • СВЕТОТ Е СВАДБА

    Ѓаволот се жени со воените профитери
    Безкрајно оро за лажни миротворци
    Сценаристи на постојаната апокалипса
    И ороводците ја силуваат невестата
    И бајонетот ја кине невиноста
    А крвта на чаршавот и последната воздишка
    Се воени трофеи од крвавата веселба.
    ********

    СВЕТОТ Е ШОУ

    Маркетинг-кампања за дум-дум и напалм
    Пријателскиот оган е одобрен од експертите
    Колатералната штета е препорачана од докторите
    Дебатна емисија
    Во која секогаш се согласуваат
    Религиските фанатици, силувачите на верата
    И модерните научници, џелатите на уката
    Убиј го различниот од себе
    Вирус за послабиот од тебе
    А шоуто мора да продолжи
    Додека има осиромашен ураниум во камерите.

    Светот е рајска градина
    Во која цвеќињата на животот
    Ги полеваат господарите на смртта.

    Автор: Александар Русјаков

  • НОВО УТРО

    Ако имам ново УТРО,
    Ќе го зграпчам денот,
    Ќе ја соблечам тагава,
    Ќе ја измијам душава,
    Ќе го исчистам срцево,
    Љубовта ќе ја пуштам низ телово,
    И на лицето место, рециклажа на отровот.

    Ако имам ново УТРО,
    Со животот ќе склучам сојуз,
    Судбината да ми падне в раце.
    Илјада амандмани,
    Закони и подзакони ќе донесам,
    Без мнозинство, сама ќе ги спроведам.
    Држава во држава во мене ќе создадам!

    Ако имам ново УТРО,
    Ќе направам забава,
    ВИП гости, брендирани имиња,
    Црвен тепих за вистински пријатели,
    Панделки и бели балони до небо,
    Музика од мои стихови,
    Луда журка со радоста!
    Ако имам ново УТРО...

    Автор: Милена Лунеска

Kind regards : 20 март, 2017

Sotir Grozdanovski broj 58