ДРЖАВОТВОРЕН НАРОД И МАЛЦИНСКИ ЗАЕДНИЦИ НЕ СЕ ИСТО, ИЛИ.....

 

 

Конгесмен
Рорабакер

 

 

 ПРЕД ПРАВДАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

СЕПАК МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЗА ДЕЛЕЊЕ

 

Американскиот конгресмен Рорабакер ја повлекува својата неодамнешна изјава за албанската телевизија дека Македонија не била држава и дека треба да се подели помеѓу Албанија и Косово од една страна и Бугарија од друга страна. Па во неговата нова изјава од пред два три дена, ево што ни порачува:

"На крајот на едно неодамнешно интервју, направив многубројни неформални искази за Република Македонија. Неодамна согледав дека некои од тие искази погрешно ја пренеле мојата намера. Оваа изјава ја појаснува мојата позиција:

Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите. Мојот коментар алудираше, можеби погрешно, на мојата загриженост кон предизвиците во внатрешното владеење со кои Македонија се соочува во врска со етничките малцинства.

Јас во никој случај не сакав да кажам дека некој друг, освен Македонците треба да го утврди суверенитетот или границите на Македонија. Ако моите зборови беа сфатени на друг начин, јас длабоко се извинувам.

Македонија е вистински пријател на САД. Ова е особено видливо во значајната подршка што македонската армија ја дава во текот на изминатите 20 години на САД, на НАТО, како и на придружните мултилатерални организации за одбрана, на мировните операции и операциите поврзани со бегалците во Авганистан, Ирак, Босна и Косово.

Имав можност да сретнам многу Американци (и Македонци) кои споделија со мене многу корисни историски факти и информации за Македонија и регионот, како и за сегашната динамика на истиот. Со нетрпение очекувам заедничка соработка во иднина и што е најважно, заедно, континуирано, да даваме се' од себе за да помогнеме во формирањето на надворешната политика на САД, така што ќе резултира со мирен, просперитетен и слободен Балкан".

Сепак, македонската  мирољубива и праведна политика придонесува и за светскиот мир со соживот секој во своите сопствени граници, но и за мирот и соработката меѓу соседите, тука на Балканот.

Приредил, Сотир Гроздановски

 

Џејсон Мико

ВЕЧНО ПРОМЕНЛИВИ ИДЕНТИТЕТИ

Малите човечиња како Ван Хауте

***********************************

 

Кусо пред неговата инаугурација за германскиот весник "Билд", Трамп беше цитиран како вели дека - "Државите сакаат свои сопствен идентитет". Во одговорот на тоа, поранешниот француски премиер и кандидат на левиот центар за председателски избори во Франција, Мануел Валс, изјави за "Фајнешел Тајмс": "Ние Европејците мора да бидеме обединети и да кажеме кои сме". Британците, очигледно, сакаат да бидат - Британци. Истото е и со  граѓаните на  многу други држави во Европа. Повеќето сакаат да си го задржат својот идентитет како Данци, Унгарци, Чеси и т.н.т. Тие не сакаат европски идентитет исто колку што повеќето од Американците не сакаат да бидат "граѓани на светот" и ако поранешниот претседател грандиозно го тврдеше тоа ( и со огромно задоволство пишувам "поранешниот претседател"). Па, сепак, истата таа статија во "Фајненешел Тијмс", пропаѓирајќи обединета ЕУ и жалејќи за исчезнувањето на истата, пишува за "профатибилниот трговски коридор" меѓу САД и Европа како парите да се многу поважни од идентитетот. Токму спротивни е.

Минатиот месец, Питер ван Хауте, човек кој очигледно нема сопствен идентитет, повторно ја коментира ситуацијата во Македонија пишувајќи : "Во последните  неколку години, македонскиот идентитет беше оформен од една страна, мислејќи притоа на славното минато на Александар Велики и со илузија дека еден национален идентитет може да се потпира на барокни згради и на т.н. херои од минатото. Проблемот е што националниот идентитет не е оној што мнозинството жители на Македонија го признаваат како свој, без оглед на која заедница припаѓаат. Националниот идентитет, каков што е оформен во последните неколку години, е проблематичен зашто повеќето заедници во државата (Власи, Турци, Роми, Албанци) не чувствуваат никаква поврзаност со него. Проблематичен е и за многу Македонци зашто историјата што се предава во училиштата се' почесто има тенденција да забегува од научната вистина. Наместо неа, некој измислува историја, глорифицирајќи го минатото и заборавајќи ги ужасите од многуте конфликти низ кои земјата мина во минатото".

Прво и најважно, неговиот аргумент е погрешен и лага., зашто тој се занимава со лаги и со измислувања. Не, идентитетот на Македонија не бил "оформен од една страна" во изминатите неколку години. Македонскиот идентитет е оформен низ вековите и од многу луѓе, настани и нешта. Градбите и спомениците се само израз на тоа исто како и во САД, каде што неокласичната архитектура и спомениците се израз на нашиот идентитет. Но измислиците на Ван Хауте не завршуваат тука. Оформувањето на македонскиот идентитет не е ограничен на главниот град и на другите градови - тој е оформен од нешта, настани и луѓе од целата земја и дури како реакција на настаните надвор од земјата. А неговото тврдење дека, "повеќето заедници во земјата немаат никаква благонаклоност кон македонскиот идентитет е флагрантна лага и тој го знае тоа. Тој се нурнува во историјата што се предава во училиштата и тврди дека е таа измислена. Тој е тотално луд. И нема поим за македонската историја. А неговата употреба на "т.н. херои од минатото"? Тоа е најзлобниот начин да каже дека Македонија нема ни историја ни минато. И поради тоа, Ван Хауте е ситна душа.

 

Ван Хауте

Споредете го тоа со она што ирскиот писател и мудер човек, Ос Гинис, го пишува историјата: "Без оглед дали сме поединци, семејства, цркви или нации, мора да продолжиме да ја раскажуваме приказната, не смееме никогаш да заборавиме и мора да подигнеме и сопствени, семејни споменици и национални споменици зашто сеќавањата се клучни за благодарноста и за обновената доверба. Со семејството уништени од катастрофата на таква намерна културна промена, губитници ќе бидат и пренесувањето на културата и традицијата, а со нив и самата цивилизација".

Денес, историјата и семејството се изложени на напади (од луѓе како Ван Хауте, Мануел Валс и Барак Обама) и сега, повеќе од кога и да е, потребно е да продолжиме да ја раскажуваме приказната за нашите семејни спомени и за нашите национални спомени - а ова е од суштинска важност - зашто сеќавањето е клуч за благодарноста и обновената доверба,

Но, на Ван Хауте не му е доволно да го остави на тоа својот напад врз идентитетот на Македонија. Тој продолжува да го нуди својот предлог за создавање национален идентитет пишувајќи : "Сепак, клучното прашање за сите заедници е: како да создадеме вистински национален идентитет? Не со постојано гледање на назад, туку со гледање напред  кон иднината и кон тоа како граѓаните заедно можат да ги подобрат животните услови во земјата. Да заклучиме: националниот идентитет се сведува на тоа како соработувате и како живеете едни со други како граѓани, во границите на истата држава. На заедничко градење на вашата иднина во интерес на сите граѓани, со посветување особено внимание на сите што не се дел од мнозинството".

Е сега, јас не сум психолог или психијатар, ама едно можам да ви кажам: овој човек или е клинички луд или е расипан изопаченик. Или и двете!

Рускиот дисидент Александар Солженицин своевремено напиша: "За да уништиш еден народ, прво мора да му ги исечеш корените". 

И Милан Кундера во својот роман "Книга за смеата и заборавањето" пишува: "Првиот чекор во уништувањето на еден народ е да се избрише неговото памтење. Уништете ги неговите книги, неговата култура, неговата историја... Набрзо нацијата ќе почне да заборава што е и што била". 

Минатото е од клучна важност. Сеќавањето на минатото, славењето на минатото (преку градби и книги, на пример) е од клучна важност. Но светските елити - малите човечиња како Ван Хауте -  би сакале да си го заборавите минатото и веќе да не се сеќавате кои сте. 

 

ЗАПОМНЕТЕ ГИ ОВИЕ РАБОТИ И РАСКАЖЕТЕ ИМ ГИ НА СВОИТЕ ДЕЦА И ВНУЦИ!

 Џејсон Мико

 Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона САД и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа.

**************************************

Александар Дамевски

НИМИЦ ПРИЗНА ДЕКА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ НЕ ПРЕГОВАРААТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

**********

Игрите на меѓународната заедница со името на Македонија продолжуваат. Неколку пати досега медијаторот Метју Нимиц се обидуваше да не убеди дека едно е граѓанска припадност, а сосема друга е национална, дека во пасошите на сите светски држави националност значело едно, а не тоа што ние сме го подразбирале, дека не е лошо ако македонски се пишува во ваква или онаква транскрипција, дека придавката македонски може да се користи и јужно и источно од нас. За да конечно денеска за прв пат кажува дека во ОН за идентитетот не се преговара. Зошто тоа не го кажа пред 20 години?

Зошто тогаш Нимиц сето ова време дозволуваше да се разговара за придавките изведени од Македонија. Кој може да ги заборави сите негови предлози за тоа како да се пишува Македонија и како и каде да се употребува изведената придавка од тоа. Па зарем некој може да заборави дека Нимиц на пример предложил дека за придавката "македонски" се бара одвојување на прашањето во три сегменти : придавка што ќе ја определи нацијата, идентитетот на етникумот и придавка што ќе го определи јазикот изведени од новото име (северномакедонци; северномакедонски јазик, нација, етникум).

Се одеше и дотаму, што Нимиц на маса ја ставаше дури и употребата на кодот МК и МКД. Нимиц се согласуваше со предлогот на Грција согласно новото име да се бара промена и на употребата на називите "Маде ин Мацедониа" или "мацедониан продукт". Грција побара, а Нимиц се согласи да се разговара за целосна замена на употребата на македонските топоними со грчки (на пример Едеса намместо Воден или Флорина наместо Лерин), како и нивна целосна примена во учебниците, мапите, официјалните документи, метериолошката прогноза и др.

Метју Нимиц -лево.
Џорџ Папандреу - десно

Ако во ОН не се преговара за идентитетот, тогаш зошто посредникот во своите документи предлагал покрај тројната формула за името во кирилична и англиска транскрипција, во графата националност да нема Македонци, туку "граѓани на РМ", а за јазикот неофицијално стоело македонски, и ако во официјалниот негов документ на англиски јазик стоела нејасната кратенка МЦДС, што подоцна беше објаснето како техничка грешка.

Кога виде дека сето тоа не поминува, сега наеднаш Нимиц како посредник на ОН ни вели дека во ОН никогаш и никој не преговара за идентитетот. Две децении потоа. Еден е проблемот со Нимиц, ама многу посериозен е и проблемот со нашите преговорачи кои сите овие предлози ги оставаа на масата за разговори и сериозно ги разгледуваа наместо онака, најбезобразно да му ги вратат или да ги скинат овие хартии пред него.

Но, ево дојдовме и до таа фаза. Сега сме пред една нова стапица. На ред е еден друг пазар - сменете го името, а ние ќе го гарантираме идентитетот!!! Демек, еве, ние сме добрите ве разбравме, ги разбравме вашите сериозни и издржани резерви, вие сте на потег. Ова е уште стапица со која нашите дипломати треба да се согласат, да бидат среќни и да ги продолжат преговорите. И што на крај треба сите да сме среќни што Светската организација и Нимиц ќе ни издадат цертификат или гаранција за идентитетот, па секој македонски граѓанин, каде и да оди по белиот свет ќе треба да мавта со тој цертификат и да вика: јас сум од северна Македонија, ама имам тапија дека сум Македонец. Глупости.

И да е така, ваквиот пазар нема шанси да помине и во Грција затоа што за нив во целата оваа папазијанија најбитни им се токму придавките - македонско, македонски, македонска... Се надевам дека овој пазар, под претпоставка да е точен, нашите денешни претставници во разговорите со Нимиц го одбија од прва. Инсистирањето и на шефот на државата и на шефот на македонската дипломатија пред Нимиц да се држиме до меѓународното право и до резолуциите и пресудите на меѓународните институции, очигледно е единствената позиција за која треба да се држиме во овој апсурден спор. А тоа подразбира напуштање на преговорите и почнување една друга правна битка во рамките на инструментите и правните процедури што ги нуди Светската организација без посредници и медијатори.

 

Александар Дамовски

*************************************

Томас Вудроу Вилсон, 28.XII.1856 - 03.II.1924.

 

 

ЗОШТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД ВУДРОУ ВИЛСОН НЕ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА СО ГЛАВЕН ГРАД СОЛУН ?

****************

Во Проектот од 1919 година на американскиот научник Либиер и на британскиот новинар  Баучер пишувало дека "населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко и затоа Македонците треба  да имаат своја држава и самите да си владеат"

 

Како што е познато, по завршувањето на Балканските војни што се воделе за наводно ослободување на Македонија, таа не само што не била ослободена, туку подпаднала под власта на нови поробувачи. Со Букурешкиот мировен договор (28 јули до 10 август 1913 година) била поделена меѓу нејзините соседи - Грција, Бугарија и Србија, а подоцна и со мал дел Албанија, со што била разбиена геополитичката, етничката и економската целина на македонскиот народ.

Избувнувањето на Првата светска војна во Европа (1914-1918 год.) повторно го актуализирало прашањето на Македонија. Во февруари 1919 година, во текот на Париската мировна конференција (18 јануари 1919 до 21 јануари 1920), покрај другите идеи за решавање на ова прашање, се појави Проектот на истакнатиот англиски новинар Џејмс Баучер. Тој, поттикнат од членот на американската експертска група д-р Алберт Либиер, во британскиот печат ја афирмираше идејата за афтономна Македонија со главен град Солун, барајќи да се прифати ставот "Македонија на Македонците". Проектот на Либиер - Баучер предвидувал границите на идната македонска држава да се протегаат од Шар Планина на север до Егејското Море на југ и од бугарската граница на исток до албанската граница на запад.

Д-р Алберт Либиер и Џејмс Баучер дејствувале заеднички и паралелно. Д-р Алберт Либиер во мај 1919 година поднел до Париската мировна конференција Меморандум, со кој се предвидувало решение на македонското прашање. Основната идеја била создавање автономна Македонија од деловите "освоени од Бугарија, Србија и Грција", кои би се обединиле во една политичка целина, со што би се формирала независна држава, која "никогаш не ќе се обедини со ниту една од соседните држави".

Во Меморандумот д-р Либиер вели дека "во Македонија повеќе децении се водат крвави војни" и дека доколку "постоела вистинска желба и волја Балканот да се стабилизира", тоа не можело да се постигне без решавање на "прашањето на Македонија, која повеќе од 25 години е крваво бојно поле". Според него, за да може да функционира таквата политичка целина, потребна е нејзина заштита од страна на "една голема незаинтересирана сила", мислејќи на Соединетите Американски Држави.

Џејмс Баучер, пак, во својата публицистичка дејност, залагајќи се за автономна Македонија, вели : "Населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко и затоа Македонците треба да имаат своја држава и самите да си владеат. Но, на Париската конференција владее конспиративна тишина по македонското прашање и има недостиг од правда. Во Париз владее страшна тишина и тука не допира крикот ниту плачот на ова несреќно подрачје".

Проектот на Либиер и Баучер за автономна Македонија, "што е желба и барање на најголемиот дел од жителите на Македонија" им бил доставен на американскиот претседател Томас Вудроу Вилсон и на повеќе значајни британски институции. Според овој Проект, ако се сака да се обезбеди идниот мир на Балканот, "новите граници на балканските држави, по можност, треба да бидат поставени во согласност со границите на националностите".

 

"Ако сакаш да си створиш непријатели, пробај нешто да промениш ".

Томас Вудроу Вилсон

А до колку не може да се реализира принципот "еден балкански народ не може да се стави под владеење на друг", тогаш овој принцип може да се реализира преку самоопределување на односното население. Според авторите на Проектот, овој начин на решавање на идниот мир на Балканот е "особено пожелен" кога станува збор за Македонија поради "соперничките барања на соседните држави, кои беа причина за безкрајните страдања на оваа земја близу половина век".

На тој начин, со Проектот за автономна Македонија, "под автономна управа, заштитено од големите сили, населението ќе биде способно да се грижи за сопствените интереси и да живее и да прогресира без вознемирувања на кои беше подложено до сега". Во Проектот се истакнува дека "откажувањето на Србија и Грција од македонската територија што тие ја окупираа во 1913 година, кога се има предвид големото проширување што го добија овие две држави сега, не ќе биде неразумно".

И понатаму : "Солун, кој трговски е неделив од внатрешноста, природно, ќе може да стане престолнина на новата држава. Предложеното решение ќе можи да ја задоволи широко распространетата желба за автономија што во Македонија и во Солун постои во изминатите години". Меѓутоа и покрај сите молби, декларации, меморандуми и протести на претставниците на македонскиот народ и на неговите пријатели од други земји - поделбата на Македонија извршена по Балканските војни со Букурешкиот договор од 1913 година, Париската мировна конференција ја потврди.

(Според изданието на МИ-АН, Сто македонски години 1903-2003, Скопје 2004).

Текст пренесен од "Македонска Нација", избран и уреден од Сотир Гроздановски.

***********************************

Ристо Стефов

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ 23

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

***************************

 

Се враќаме назад каде што застанавме во минатиот број.

 

Зборувајќи за македонскиот народ кои за време на Граѓанската војна во Грција беше приморан да ја напуштат земјата, како што и во минатото продолжение споменавме, тие беа насочени кон Албанија, а потоа транспортирани во други земји, како на пример во Полска, најголемиот број од нив, па во СССР. Неколку години подоцна, многу од нив пробаа да заминат за Република Македонија, Канада, САД и Австралија, но беа спречени од тамошните власти.

Во цела оваа приказна беа вмешани Тито и Захаријадис со нивните ветувања во можноста на  обединување на Егејска Македонија со Република Македонија, но заправо знаеја дека е тоа невозможно, зошто веќе беше спуштена така наречената "железната завеса" меѓу нив, која него дозволуваше таквото нешто да се случи.

Многу години подоцна, некои од протераните Македонци успеа да се вратат во Република Македонија, откако успеа да се изнајдат со своите деца, кои веќе живееа во разни странски земји.

Тие кои веќе имаа членови на нивните семејства во Канада, САД или Австралија, со текот на времето успеа да емигрираат и да им се придружат. Ситуацијата после 1970-те години како да се смири, на некој начин. Меѓутоа, за оние Македонци кои се деклариаа како Македонци а не Грци, ситуацијата им се  влоши уште повеќе; беа непожелни да се врата во Грција и покрај тоа што беа протерани, нивните имоти им беа конфискувани.

СОГОВОРНИКОТ - Ајде речи ми нешто повеќе за грчките Македонци.

РИСТО - Пред повеќе години, комунистите, лево ориентирани од политичкиот спектрум, одлучија Македонците во окупирана од Грците Македонија да ги именуваат како "Славо-Македонци". За разлика од првите, Грците кои им припаѓаа во средината или десната страна на грчкиот политички спектрум, пак, во општо не препознаваа постоење на било каква група како Македонци во Грција. За нив, во Грција не живееле такви луѓе,  Македонци.

И, што би требало тоа да значи? Зошто баш Славо-Македонци а не само Македонци? Не постоеше ниту една друга група во Грција со името "Македонци"? Зошто баш Славо-Македонци, за да би се разликувале од некои други кои заправо непостоеле?

Јас верувам дека префиксот "Славо" пред именката Македонци, има различно значење за различни луѓе.

За Македонците "Славо" Македонци, бил, во тие времиња,прифатлив термин, што би значело некои кои зборуваат  славјански јазик. Нешто што би било поарно од  "ендопи" или домородни Грци.

За "понапредните" Грци, пак, зборот "Славо" значеше дека тие се Грци кои зборуваат славјански јазик и живеле во географска Македонија.

За фашистите, пак, значи дека се тие странци кои дошле во Грција од некоја славјанска земја, сметајќи се за Македонци и со намера да откинат парче од Македонија и да го украдат од нив.

Спрема фашистите, со Метаксас како нивни идол, тие кои потекнуваат од старите Македонци веќе живеат во Грција.

За луѓето надвор од Грција кои  на разни начини веруваат дека Македонија е заправо дел од "стара Грција", "Славо" се однесува на "Славјанин", народ кои не приѓаат во Македонија. Со други зборови кои им припаѓат на надворешниот свет "Славо-Македонски", некои кои немаат врска со Македонија, Славјани, доселеници, чии претци дошле во 6-от век од н.е. Со други зборови, "Славо-Македонец" не можи да биде Македонец, бидејќи прав Македонец бил само Грк.

Добро, ајде да видиме што се случи кога се роди Република Македонија, како самостојна држава на Македонците.

Во 1988 година кога веќе постана очигледно прогласувањето на македонската самостојна држава, Република македонија, во Грција зборот "Македонија" постана популарен.

Грција покушаваше,  скоро седумдесет и шест години, да го заборави и го направи името Македонија непостоечко,  за одеднаш   да воскресне и  постане најпопуларниот збор во грчкиот речник. Грчката држава набрзина и'  го врати историското име на северната провинција ( како ја преименуваа Македонија ), покушавајќи на светот
да му докажи  дека таа била едина легитимна Македонија и  и' припаѓа на Грција.

И после сите изминати години тврдејќи дека во Македонија живеат само Грци, одеднаш грчките власти измислија нова етничка група "Грчки Македонци". Оваа нова етничка група, изгледа дека е македонска, ама од грчко потекло;  со потекло од древните Македонци, со  легално право  на  нивното историско и културно наслледство.

Сегашното население во Егејска Македонија изнесува бројка од околу 2,000.000 жители, од нив околу 1,000.000 се од  директно македонско потекло.  После еден век од систематско денационализирање и асимилирање,  многу Македонци   им подлегнаа на насилствата и попримија грчки особини и се претставуваат како Грци или како "грчки Македонци". Сето ова се случи откако Република Македонија постана независна и самостојна македонска држава, после распаѓањето на југословенската федерација.

Грчката држава секогаш го претставувала и го претставува грчкиот идентитет како покултурен и супериорен, во однос на македонскиот, кој го сметаат за нецивилизиран, варварски и загадувачки на чистиот грчки  простор.

Како што споменав и порано, психолошката намера им беше да ги натераат луѓето да престанат да се служат со својот мајчин јазик и да го прифатат грчкиот за свој, сметајќи го македонскиот како "локален дијалект".

Интересно, македонскиот јазик на секаде во светот е признат, дури и катедри за негово изучување во голем број земји се отворени, само  во Грција е едино забранет. Зошто ?

После три генерации насилна денационализациска политика над македонскиот народ во Грција, моралот и македонските чувства кај многу од нив се во таа мера повредени, да оние кои се' уште се опираат на асимилацијата, од страв не  се усудуваат, јавно, да се декларираат како Македонци.

Таквиот страв неможат да го разберат само луѓе кои растеле во слободни општества. Треба да го осетите на својата кожа, како би ги разбрале Македонците во Грција.

Стравот кај постарите македонски генерации е длабоко всаден во нивната совест. Тоа е чувство како да сте постојано подготвени за одбрана од нешто што ви се заканува за секоја постапка или изречен збор да ве земе на одговорност. Како некој  дека ќе ве издаде или да ве слушне некој од грчките власти и да ве казни безмилосно. Како да ве следи потајно и чека на секој ваш изречен збор. Тоа е страв всаден во гените на Македонецот во Грција.

Другиот 1,000.000 од оние 2,000.000 што ги споменавме кои живеат во Егејска Македонија, се не Грци, колонисти и доселеници со текот на времето, повеќето од нив од Мала Азија уште од 1920-те години наваму.

Фактички,  истите тие Грци кои до вчера викаа и тврдеа дека "не постој такво нешто како Македонци", реченица која многу пати и мене мие изречена  лично во моето лице, сега тврдат дека Македонците постојат. Велат дека турските христијани од Мала Азија се "прави" Македонци и дека ние, вистинските Македонци, легални наследници на древните Македонци, сме биле "Славјани", "Скопјани", "Бугари", "Стари Бугари" и уште многу други понижувачки имиња сместени негде во нивниот речник.

А сега  , јас би рекол нешто повеќе за историјата како Македонија постана Грчка.

1. Во историјата има доста веродостоини дикументи за начинот како Македонија постана грчка. Во 1912, 1913, за време на Балканските војни, Грција илегално влезе во Македонија, без да ги праша Македонците за пристанок или на нивна покана за помош и насилно окупира голем дел од нивната територија, околу 51%. Потоа, заедно со своите партнери, Србите и Бугарите, го започнаа дивото бомбардирање и уништување на македонските села и градови, при тоа убивајќи мажи, жени. деца, стари, млади заедно со нивните стоки, како да им беше намерата да ја срамнат земјата за после полесно да ја делат меѓу себе како волците мртвиот плен. (Тоа беше нивниот прв геноцид врз Македонците).

2. Добро е документовано и не човечкото однесување на Грците спрема Македонците одма чим ја зацврстија власта во окупираната македонска теритрија. Го започнаа убивањето  или насилното терање во избеглиштво на сите Македонци кои не ги прифаќаа нивните услови на покорност и сервилност. ( Тоа беше новниот втор геноцид спрема Маккедонците).

3. Исто така добро е документован фактот дека после   етничкото чистење на македонското население, Грците доселија  христијани од Мала Азија, Епирус и од други региони и ги населија во окупираната македонска земја и имотите на протераните Македонци. ( Тоа беше третиот геноцид на Грците во Македонија).

4. После третиот, доваѓа и овој грчки геноцид, кога во 1920-те години ја започнаа кампањата за масовна денационализација на Македонците со забрана на македонскиот јазик во јавниот и приватниот живот, како и промена на македонските топоними со грчки. ( Четвртиот генецид).

5. Исто така добро е документован и фактот, дека за време на Граѓанската војна во Грција, Грците протераа голем број Македонци, вклучувајќи ги и децата бегалци, при тоа нелегално конфискувајќи ги македонските имоти и доделувајќи ги им на доселениците. ( Тоа беше петтиот геноцид врз Македонците).

Територијата која Грците денес ја викаат  "Грчка Македонија" фактички е "Македонија окупирана од Грција" за време на Балканските воини од 1912 и 1913-те години на минатиот век. Така наречените "Грчки Македонци" воопшто не се прави Македонци, затоа што повеќето од нив се како турски христијани доселени од Мала Азија заедно со други доселеници и колонисти кои Грците ги сместија на имотите од протераните или изгинати Македонци, за време на Балканските воини од 1912 и 1913 година.

Важно е да се знае и ова, дека од 1989 до 1993 година грчкото министерство за надворешни работи, предводено од Андонис Самарас, користеше таен фонд од кои на грчките новинари  им исплати 130 милијуни долари за промовирање на "грчкоста" на Македонија! И ако овие пари беа наменети, во прв ред, за надворешна промоција, спрема сведочењето на поранешниот Премиер Константинос Мицотакис, парите завршиле во џеповите на грчките новинари.

Има уште многу и многу да се каже за грчките позиции во врска со нивните негирања на македонското постоење, меѓутоа се' што тие прават е само лажење на сопствениот народ и меѓународната јавност, како би ги покриле своите злостворства спрема Македонците, мислејќи, дека ние ќе нестанеме и ќе ги оставиме сами да чинат што сакаат и понатака.

Грците одбиваат да ги погледнат проблемите од наша гледна точка. Од аголот на Македонците. Колку навреди, понижувања и други штети ни направиле во нашата, македонска земја, през изминатите години со окупацијата на Егејска Македонија.

Но, да продолжиме со нашата приказна.

СОГОВОРНИКОТ  -  ме интересира, луѓето како авторот Колиопулос и некои други автори во Грција кои  и понатака пишуваат...како се гледани и третирани од грчките власти? Се гледа ли на нив како на државни непријатели и како некои кои работаат против грчките национални интереси, кои ја отворија  Пандорината кутијата ?

РИСТО - Па, во Грција постоат делови од општеството кои се противат на отворањето на старите рани, без обsир на нивните про грчки мотиви. Каракасиду на пример, е една од нив. Јас ја прочитав нејзината книга и заклучив, дека е една од про грчките писатели, внимателно изнесувајќи ги своите лични гледишта и почитувајќи ги грчките ставови. Таа не ги признава Македонците. Заправо се' што вели е, дека се' уште имало луѓе кои зборуваат "бугарски" по селата кои ги посетила и ги истражувала. Но и покрај тоа, локалните Грци биле агресивни према неа и и' се заканувале со насилство.

Нешто што јас пронајдов за грчките власти е, дека нив не им се брза да реагираат на нешто што веќе се случило и е написано, а јавноста запозната со неговата содржина. И така се' може да се пронајде во библиотеките и на Интернет, па зошто да се крева прашина за тоа, без потреба? Ако Ристо Стефов сака сето тоа да гу сумира и да им го пренесе на своите читатели, тоа е негова работа. Не е потребно посебно забранување!

Грчките власти се загрижени  само за некои нови информации со кои тие не се запознати и  не и' се никогаш,  пред тоа, презентирани на јавноста. Тие сакаат да спречат секое ново објавување, пред да го проучат и евентуално одобрат за јавноста. Тоа е исто и со работата на Калиопулос. Заправо Калиопулос е добар за грчките ставови, бидејќи не се сложува со се' што се зборува и објавува надвор од Грција, туку напротив, дава свое мислење и така ја заматува водата, уште повеќе.

СОГОВОРНИКОТ - Порано ги спомнавте "Ендопите - домородци". Што сакавте да кажете за нив ?

РИСТО - Дури е смешно кога Македонците се признаваат за "домородно население", а потоа  се именуваат со "Славјани", "Скопјани" или некои  други погрдни имиња, кои не  припаѓаат во Македонија, нивната исконска татковина. Уште еднаш да нагласиме, дека тука и со овие непромислености, Грците самите си скокаат во сопствена уста. Со забранувањето на својот сопствен, грчки, народ Македонците да ги именуваат со нивното право име, тие мораа да им измислуваат непостоечки имиња кои се не логични и не прифатливи за светската информирана и културна јавност. Во почетокот Македонците  ги именуваа како "Бугари" па после како "Срби". Кога Грција се декларира како 98% чиста грчка нација и 2% Грци муслимани, не остана ништо друго како да ги викаат другите националности, па се свртија кон некој не интелигентен излез од своите сопствени заврзлами и глупости, па почнаа да го употребуваат изразот "локални" па пак "локални". Па какви и кои локални ? Сите се локални, па и новиите колонисти од Мала Азија постанаа локални. Па, видоа, не видоа, почнаа Македонците да ги именуваат со идиомот "Ендопи" - домородци, што за секој минимално образован значи Македонец, роден во Македонија, а не во свемирот.

Во случаеви кога Македонец би дошол во грчки суд, и кога судијата би рекол дека е "ендопиос", би бил потребен судски толкувач за да му објасни што значи тоа "ендопиос". Обично судовите имале образовани Македонци, овластени судски толкувачи за такви случаеви, кои би им излегле на рака на нашите луѓе. Такви овластувања  од грчките власти се' уште постојат. Јас ги имам видено!

СОГОВОРНИКОТ -  Како ги пронајде? Кој ти ги покажа?

РИСТО - Од еден во Грција!

СОГОВОРНИКОТ - Некој ти го даде?

РИСТО - Па да! Една личност во Грција ми го даде. Знаеш ли што тоа значи ?

Па значи  Грците признаа дека Македонците зборуваат на свој сопствен македонски јазик, кои тие него разбираат а не  е бугарски, ниту пак српски и затоа го нарекуваат "идиом". Стар македонски јазик кои ги описмени источните европски народи, Грците го нарекуваат "идиом". Каква бизарна ароганција и тотален примитивизам!

Исто така, јас имам копија од лична карта на која е наведено правото македонско име на моето село "Ошчима" како место на потеклото; место за кое денес Грците тврдат дека не постој... и дека никогаш не постоело.

И потоа, имаме "АБЕЦЕДАР" ( "ABECEDAR"), македонски учебник. Книга од извонредна важност за македонските јазикословци и историографи испечатен во Атина; учебникот беше испечатен со наслов  ABECEDAR ( A B C ) со латински букви и наменет за децата на македонското национално малцинство во Грција.

"Во 1920 година Грција потписа пред Лигата на Нациите договор со кој се обврзува на сите малцинства од не грчко потекло да им обезбеди одредени човекови права. Четири години подоцна, во 1924 година, по сугестии на истата меѓународна организација, Грција и Бугарија го потписаа познатиот Калфов- Политис Протокол, спрема кој Бугарија е обавезна на Грците во Бугарија да им ги обезбеди нивните права, како на пример јазикот, училиштата и другите човекови права, а пак Грците, признавајќи ги  Македонците од Егејска Македонија како "бугарско" малцинство, нивните  малцински права. Овај договор беше привидно во полза на Бугарите, но кога во 1925 година Грците тргнаа  со реализирање на преземените обврски и го подготвија учебникот за посебните потреби на тоа малцинство, грчката власт им даде на знаење  на Бугарите,  дека тие  немаат никаква основа врз  која би ги застапувале правата на било кое "бугарско  малцинство", ниту да бараат учебникот да биде напишан  на бугарски јазик, зошто и ако тие зборуваат на славјански јазик, тој не е специфично ниту бугарски ниту српски јазик.

Самиот чин на официјалната грчка влада со ова докажа, дека Македонците  не ги смета  за Бугари во Грција, нити правно ниту стварно (de jure or de facto), туку како одвоена славјанска група ("славјанско говорно малцинство"), е признание од огромна важност за нас. Јазикот во Учебникот беше базиран врз Леринско - Битолскиот диалект.

После речникот на Гианели од 16-от век и Даниловијот Четиријазичник од 19-от век, оваа  беше уште една книга, напишана на македонскиот стандарден јазик. После печатењето, учебникот беше испратен во некои западни региони на Егејска Македонија (Костур, Лерин и Воден), а школските авторитети се подготвија  да им ги поделат на децата од прво до четвртио одделение во основните школи. Заедно со потребните објаснувања на нивниот мајчин јазик. ( Grigorios Dafnis, 'Грција меѓу двете светски војни', 'Elefteria' newspaper, 15 март 1953, Dionisios Romas in 'Elefteria' newspaper од 09 и 12 октомви 1954 година и Dimitrios Vazuglis in Racial and religious minorities in Greece and Bulgaria, 1954).

Грчката држава никогаш  не презеде  искрени чекори за да ги разреши македонските етнички права во Грција. Па така, кога сите мерки беа презедени во насока на отворање македонски училишта, избувна судир помеѓу грчките и бугарските армии кај Петрич, кој после  се претвори во масовна клаоница на невиното македонско население во селото Трлис  близу до Серес. Сета оваа ситуација беше креирана како би се докажало чувство на  несигурност меѓу Македонците и ги напуштат своите аспирации за признавање на малцинските права, те масовно да побегнат во Бугарија. Грчките власти во оваа ситуација вешто ги искористија недоразбирањата помеѓу Југославија и Бугарија, околу прашањата со Македонците во Грција, па со организиран притисок врз македонската популација, по примерот со масакрот во селото Трлис, да покушаат да се решат од проблемите со македонското етничко прашање, преку присилно преселување на Македонците, надвор од Грција.

АБЕЦЕДАРОТ, кој во стварност никогаш не им беше доделен на македонските деца, е самиот за себе силно сведоштво не само за постоењето на голема македонска етничка заедница во Грција, туку и факт, дека Грција беше под обавеза испред Лигата на Народите да преземе се' и да ги исполни обврските спрема ова етничко малцинство и им ги обебеди нивните човекови права".

(Христо Андоновски)

 

Продолжува

********************************

Демостен, 384 пр.н.е. до 322 пр.н.е.

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

 ( Институт за национална историја)

 

ДЕЛ 05

 ВОЕНИТЕ И ПОЛИТИЧКИТЕ УСПЕСИ НА ФИЛИП II

 

Пред да тргне на историскиот поход против Хелда, Филип II војува со Илирите и Тракијците за да ги освои териториите западно и источно од неговата држава. Првата успешна битка Филип ја извојува во 358 пр.н.е. против илирскиот владател Бардилис, освојувајќи ја територијата до Лихнидското Езеро (Охридското).

Следниот чекор је освојувањето на хеленските колонии на македонско-тракискиот брег; најзначајниот поход е освојувањето на најголемиот стратегиски град на овој брег - Амфипол. Диодор раскажува за жестокоста на опсадата, изведена со постјани напади со воени машини до самите градски бедемеи. Откако го освојува градот (357 г.пр.н.е.), ги протерува оние што биле непријателски расположени спрема Македонија, а со другите се однесува великодушно. Со протерувањето на политичките противници, хеленските колонисти, Филип го придобива автохтоното население, кое било непријателски расположено спрема Атина. Од овој настан, заради кој Атињаните се чувствуваат измамени, па се' до 346 г.пр.н.е., Атина војува со Филип.

Во текот на 356/355 г.пр.н.е. Филип го разбива непријателскиот воен сојуз склучен помеѓу тракискиот владател Кетрипор, илирскиот Граб и пајонскиот Липеј. Истата година додека Филип ја освојува Потодаја, според Плутарх, тој добива три радосни вести. Илирите се разбиени од неговиот војсководец Пармениј, неговиот коњ победува на Олимписките игри, а жена му Олимпијада го раѓа идниот цар - Александар Македонски (Филип, 357 г.пр.н.е., се жени со принцезата Олимпијада, ќерка на епирскиот владател Неоптолем).

Следните воени успеси се случуваат во текот на 353 г.пр.н.е. кога Филип ги освојува градовите Абдера и Маронеја, атински сојузници и подготвува напад на тракискиот Херсон. Според Страбон, по овие освојувања е поставена источната граница на Македонија со Тракија - реката Места. Во оваа златоносна област на планината Пангеј тој го основа градот Крениди, подоцна го преименува според своето име - Филипи, во кого населува многу македонски преселници; златните рудници, кои му носат приходи од повеќе илјади таланти, започнува да ги користи за ковање на златните монети "филипики", познати низ целиот Медитеран, во Египет, во централна Европа и во јужна Русија.

Во таа насока, освојувањата на македонско-пиерискиот брег на Филип му биле значајни затоа што преку нив македонската држава излегувала на море: освоена е атинската колонија Пидна (357/356 г.пр.н.е.), а откако ја освојува Метона, во 353 г.пр.н.е.(во битката Филип го губи десното око), градот го населува со Македонци на кои им доделува земја.

Така, Филип (според историските извори) ги направил Македонците господари, а Илирите и "многу далечни народи" ги принудил да им плаќаат данок, ги потчинил Трибалите, ја држел под своја власт Тракија и господарел над многу грчки племиња. Првите големи воени успеси го прават Филип до таа мера моќен што веќе не постој сила која може да ги спречи неговите освојувачки походи на Хелада. По освојувањата во Тракија, на Халкидик и во Термајскиот Залив, македонскиот владател се спушта на југ, во Тесалија, од каде е влезот во хеленскиот свет.

 

ПРОБИВОТ КОН ТЕРИТОРИЈАТА НА ХЕЛЕНСКИТЕ ПЛЕМИЊА

 

За реализацијата на својата политичко-воена програма Филип ги користи неслогата на хеленските полиси во Амфиктионскиот сојуз и политичките игри и интриги меѓу полисите, вообичаени за полисите држави. Македонскиот цар се замешува во т.н. "Света војна"за територии околу светилиштето Делфи.

Тебанците и Тесалците, плашејќи се некој од нивниот род да не добие преголема власт на територијата на хеленските полиси, го повикуваат Филипа напомош како "миротворец". Во текот на 352 г.пр.н.е. Филип со македонската војска навлегува во Тесалија, се соединува со тесалските војски и тргнува кон Пагаса. По победата над фокидскиот тиранин Ономарх кај Кронос Поле, кому му помагаат Атина и Спарта, Филип е избран за доживотни водач на Тесалскиот сојуз и ја добива највисоката почесна титула архонт - врховен војсководител на повторно обновениот Тесалски сојуз. Во многу утврдувања, меѓу кои е и Магнезија, Филип постава македонска војска а Тесалците, во знак на благодарност, му ги отстапуваат доходите од пристаништата и пазарите како отштета за воените расходи и се задолжуваат да му помагаат со војска.

На овој начин Филип успева да излезе на море на три места: кај Амфипол, на Термајскиот Залив (Метона) и кај Пагаса, а со тоа и' нанесува голем удар на атинската голема поморска сила, која дотогаш неограничено владее на Егејското Море.

 

ПОЛИТИЧКИТЕ ГОВОРИ

НА ДЕМОСТЕН, ИСОКРАТ И АЈСХИН

ИСТОРИСКО СВЕДОШТВО ЗА АНТАГОНИЗМОТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ХЕЛЕНСКИТЕ ПОЛИСИ

 

Автентични и веродостојни историски податоци за владеењето на Филип II се наоѓаат во политичките говори  и во други реторички списи на атинските политичари-оратори, современици на македонскиот цар и учесници во сите политички и воени дејства што ги презема Македонецот Филип II.

Експанзионистичката политика на Филип директно ја загрозува Атина, која не може да се помири со губењето на освоени територии. Колку што Филип напредува воено толку во Атина се држат жестоки политички говори со кои се подготвуваат атинските граѓани за војна со Филип. Освојувањата на Филип претставуваат причина Демостен да ги напише говорите против Филип - Филипики и Олинтики, за Филиповите заземања на Олинт и на други богати градови на Халкидичкиот Полуостров. Со вешти дипломатски игри Филип ја користи немоќта на Атина и го заземаа Олинт, го ограбува и го срамнува со земја, а граѓаните ги продава како робови (349 г.пр.н.е.). Другите градови на Халкидик му се предаваат, но Филип се однесува жестоко и кон нив. Меѓу овие градови е и Стагира, родниот град на Аристотел, кој поради почит кон големиот филозоф е возобновен според новите закони.

Со освојување на централната балканска територија Филиповата држава излегува на море, зазема големо обработливо земјиште, има богати шуми и пасишта, бујни реки, рудно богатство и развива градски центри. Сето  ова е  причина за брз развој на еконимијата и трговијата; Македонија гради сопствена флота, која обезбедува нејзин пробив и по морските патишта; Филиповата држава ги стекнува сите услови да стане светска сила; се јавува стремеж за водење завојувачка политика, што најмалку и' се допаѓа на Атина, зашто и таа ги има истите хегемонистички тежненија. Воениот зафат на Филип со кој македонскиот владател зазема територија од 1.000 км. од Термопилите до Пропонтида, ги застрашува атињаните и ги принудува да размислуваат како да му се спротивстават на македонскиот басилевс. Овие настани го претвораат Атинското собрание во арена во која говорниците водат жестоки битки за докажување на нивните политички ставови. Највлијателна политичка личност и највлијателен политички говорник е Демостен, кој држи бројни говори насочени против Филип: колку што расте силата на Филип на бојното поле толку расте и силата на Демостен како политичар, но сето тоа, парадоксално, на штета и на атињаните и на Демостен; Филип ја извршува својата државничка цел, а Демостен доживува политички и личен пораз; едновремено ваквиот пораз го споделува и Атина. Меѓутоа, без оглед на исходот (среќен за Филип, за Демостен-несреќен), и едниот и другиот се здобиваат со безсмртна слава; во историјата нивните имиња се врзани во "дијалектичко единство на спротивности"!

Продолжува

***********************************

Професор Ангелина Маркус

ОД МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА

РИЗНИЦА

****************

 

БЕШЕ СИ БИЛА ...

 .....ПРИКАЗНА ЗА СТИБЕРА

 

Во Македонија нема што нема. Земја, сонце, води, дивеч, билки, се' успева. Високи планини, снежни врвови, ретки шуми како на Пелистер, Бистра, Кожув, планини со гранит, мермер, оникс, ураниум, неметали, цел Менделеев систем на едно место се збрал. Плодовите, цветовите, виното, пастрмката, биволите и разни ендемити се живи сведоци на размената на сите богатства што Александар ги вршел со далечни земји. Прекрасните пејсажи, луѓето и уметничките дела се автохтони, македонски.

Градовите симетрично распоредени и сегашните и древните, се споменици на уникатност на уметничка дарба и способност на генерациите. Природата, животот, умот и човекот заедно ја претставуваат македонската одлика.

Во центарот на Пелагонија, што повеќе од три илјади години така се вика, се наоѓа селото Тополчани. Опкружено е со неолитски наоди, тумби и царски градови. Во подножјето го пара Црна Река (Еригон). Над самото село на ридот е највисока кота на Пелагониска греда што ја дели Пелагонија на половина меѓу Прилеп и Битола или Керамиде и Хераклеја. Од тука се гледаат сите градови и патишта. Во близина е Стибера, Дерион, Алкомена, Пелагонија, Хискана и Хераклеја кои се поврзувале со царскиот пат меѓу себе. Тој пат што е во функција едни велат римски е, а други турски бил, само затоа што македонците граделе и во Рим и во турско, кога Македонија владеела со сите земји. Тука, низ Пелагонија затрупана е целата древна македонска историја. Стибера тоа го покажува.

Од сите досегашни истражувања од тој комплекс на градови таму останале лузни од ограбувања на сите држави и војски што не присвојувале.

Стибера е најголемиот и најбогатиот град од сите македонски древни градови. Стибера е град ковачница на златните монети на царевите Филип II и Александар, се ковало во Бакарно Гумно. Стибера е град светилиште со храм на Тиха и статуа на Асклепио, Херакле, Хефест.

Стибера со Гимназионот, Стадионот, салите - училници, била најголем образовни центар во Македонија цели 600 години. Стибера е седиште на племството од Македонија на Пелагониските, Пеонските, Линкестидските и Дериопските кралски куќи.

Стибера уште не ги покажала царските палати, театарот, лабораториите и Асклепијадите типични за секој македонски кралски град. Досега сите ископувања во подножјето на Стибера се правеле само за да се грабне некоја статуа или плоча со писмо.

Така, колоната од статуи од Стибера, сега се колони во многу светски музеи. Таму тие ја немаат светлоста на Македонија, библиската земја, зјаат само лузни од грабеж.

 

 Професор Ангелина Маркус

******************************************************

 

 

МАКЕДОНСКА ПРОЗА И ПОЕЗИЈА

  • МАРКО К. ЦЕПЕНКОВ

    СВЕТИ СПИРИДОН И СИРОМАИОТ

    Си бил еден сиромав чоек. Си имал две ќерки втасани за мажење. Арно, туку пуста пара си немал да и' омажит. Думал, шестал како да праит. Му дошло на ум, та пошол кај свети Спиридона да му кажит алот. Му се расплакал сиромаиот и му кажал оти имал две ќерки втасани за мажење, ами пара половница немал да му напраит нешто рубичка. Кога му чул свети Спиридон од сиромаиот жалосните зборои, многу му се нажалило, та извадил од десната нога чеолот и му го дал:

    - На брате - му рекол - овој чеол и појди кај некој богат чоек, та кажи му го оти ет мој и за атарот мој ќе ти даит пари за да си и' омажиш девојчињата. Ако неќит да ти даит колку што ти требаат пари да си и' омажиш девојчињата и ако не те поверуаат оти е мој чеолот, дојди другиот да ти го даам.

    Го зел сиромаиот чеолот и отишол кај еден чорбаџија, та му рекол како што беше му рекол свети Спиридон. Арно, туку ич ќе го поверуаат чорбаџијата со чеолот од свети Спиридона. Уште му се подбиле шега и го истерале. Наведил глаа сиромаиот и се вратил кај свети Спиридона, та му кажал оти се подбил шега со чеолот негов еден чорбаџија.

    - На - му рекол свети Спиридон - и другиов чеол, та да поидиш кај чорбаџијата и да му речиш: ако веруаат оти чевлите се мои, нека и' клаит на една терзија и од другата страна пари и ќе познаит оти сет мои.

    И' зел чевлите сиромаиот и отишол кај еден богат, та му рекол како што беше го научил свети Спиридон. Откога му се исшегуал богатиот за чевлите, зел терзиите и и' клал од една страна чевлите, а од другата страна еден зобник пари и за да му се повеќе исшегуа на сиромајот. Арно, туку благосоените чевли од свети Спиридона, со тоари пари да клаваа, и не се поткреваа. Тогај поверува чорбаџијата оти сет од свети Спиридона, та му даде на сиромаиот едночудо пари и за девојчињата да и' омажит и нему да му останат.

    **************************************************************

  • КОЧО РАЦИН

    ДЕНОВИ

    Како на вратот ѓердани
    ниски камења студени,
    така на плешки денови
    легнале па натежале.

    Денови ли се денови
    аргатски маки големи!

    Стани си утре порано
    дојди си вечер подоцна
    наутро радост понеси
    навечер тага донеси -

    ај, пусти да е, пуст да би
    останал живот кучешки!

    Роди се човек - роб биди
    роди се човек - скот умри,
    скотски цел живот работи
    за други, туѓи имоти.

    За туѓи бели дворови
    копај си црни гробови!

    За себе само 'ргај си
    за себе маки тргај си -
    нижи си ѓердан денови
    нижи си алки ковани,

    нижи си синџир железен
    околу вратот навезен!

Kind regards : 20 февруари, 2017

Sotir Grozdanovski број 52

ВИДЕО ЗАПИСИ